УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ

Size: px
Start display at page:

Download "УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ"

Transcription

1 УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ Драган А. Лазаревски ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ ВЕРСКИ ГРУПИ И ДВИЖЕЊА И НИВНО ИНВОЛВИРАЊЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА И ИЗВРШУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИЧКИ АКТИ (магистерски труд) Скопје, 2015

2 М е н т о р: вон. проф. д-р Марјан Николовски Вонреден професор на Факултет за безбедност Скопје Универзитет Св. Климент Охридски Битола Членови на комисијата: ред. проф. д-р Томе Батковски Редовен професор на Факултет за безбедност Скопје Универзитет Св. Климент Охридски Битола вон. проф. д-р Злате Димовски Вонреден професор на Факултет за безбедност Скопје Универзитет Св. Климент Охридски Битола Датум на одбраната: 2015 година Датум на промоцијата: Научна област од која се стекнува степенот магистер: Криминалистика и криминологија

3 ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ ВЕРСКИ ГРУПИ И ДВИЖЕЊА И НИВНО ИНВОЛВИРАЊЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА И ИЗВРШУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИЧКИ АКТИ

4 А П С Т Р А К Т Во овој магистерски труд ќе дадеме генерална слика за исламските фундаменталистички верски групи и движења и нивната поврзаност со радикализацијата, регрутацијата и индоктринација на поединци кои стануваат следбеници на овие движења а подоцна и извршители на терористички напади. Исламските фундаменталистички верски групи ја користат верата за да врбуваат нови подржувачи и извршители на терористички акти. Преку верата и преку повикувањето на света војна, тие успеваат да добијат широка подршка кај народните маси, и на тој начин да создадат неисцрпен извор на следбеници и извршители на терористичките напади. Во рамките на овој труд опишани се главните карактеристики на исламските фундаменталистички верски групи и движења, нивните верувања, цели, како и начинот на кој тие се стекнуваат со нови подржувачи. Наведени се местата и начините на кои најчесто се врши индоктринацијата односно радикализацијата на одредена ранлива група на луѓе кои подоцна стануваат радикални исламисти а подоцна и терористи. Главната цел што треба да се постигне претставува изнаоѓање на соодветни мерки и начини на борба против вакви фундаменталистички милитантни групи, првенствено преку нивно препознавање и навремено откривање. Клучни зборови: тероризам, фундаментализам, исламизам, исламски фундаменталистички верски групи, терористички организации, контратероризам

5 ISLAMIC FUNDAMENTALIST RELIGIOUS GROUPS AND MOVEMENTS AND THEIR INVOLVEMENT IN ORGANIZATION AND PERPETRATING TERRORIST ACTS

6 A B S T R A C T In this master thesis will give general picture of Islamic fundamentalist religious groups and movements and their link with radicalization, recruitment and indoctrination of individuals who became followers of this movements and later perpetrators of terrorist attacks. Islamic fundamentalist religious groups and movements use the religion to recruit new supporters and perpetrators of terrorist acts. Through religion and through invoking of holy war, they manage to gain broad support among the masses, and thus create an inexhaustible source of followers and perpetrators of terrorist attacks. Within this master thesis are described the main features of Islamic fundamentalist religious groups and movements, their beliefs, goals, and how they gaining new supporters. The places and ways that are commonly performed indoctrination or radicalization of certain groups of vulnerable people who later become radical Islamists and than terrorists, are also listed. The main goal to be achieved is finding the appropriate measures and ways to combat these fundamentalist minitant groups, primarly via their recognition and timely disclousure. Key words: terrorism, fundamentalism, Islamism, Islamic fundamentalist religious groups, terroristic organisations, counterterrorism

7 И З Ј А В А Од Драган_Лазаревски Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд под наслов Исламски фундаменталистички верски групи и движења и нивната инволвираност во организација и извршување на терористички акти ги почитував позитивните законски прописи од областа на заштитата на интелектуалната сопственост и некористев реченици или делови од трудови на други автори без да ги почитувам методолошките стандарди. Изјавата ја давам под полна материјална и кривична одговорност. Изјавил: Драган Лазаревски

8 С О Д Р Ж И Н А Вовед...1 Прв дел: I Теоретско-хипотетска рамка на трудот Формулација на проблемот Определување на предметот на истражување Теоретско одредување на предметот Појмовно-категоријален апарат Операционално определување на предметот Временско одредување на истражувањето Просторно одредување на истражувањето Дисциплинирано одредување на истражувањето Цели на истражувањето Хипотетичка рамка-хипотези Начин на истражување-методи и техники Научна и општествена оправданост на истражувањето...17 Втор дел: II Исламски фундаменталистички верски групи и движења Ислам Фундаментализам Проблеми околу дефинирањето на фундаментализмот Исламски фундаментализам-исламизам Верска оправданост на тероризмот Големиот сатана (САД) Џихад-света војна Мачеништво (Istishhad) Фатва Обожување на идоли (идолопоклонство) Регрутација и врбување за исламските милитантни движења...38

9 5.1 Социјална мобилизација Основи за регрутација Џамии Затвори Други локаци Врбувачи (агенти регрутирачи) Улога на заедницата Пристапни организации Радикални имами Активисти Интернет Регрутација подржана од интернет Виртуелна саморегрутација Верски групи-секти Поим за верски групи-секти Поим за верски групи-секти од аспект на безбедносните науки Карактеристики на верските групи-секти Поврзаноста на верските групи и тероризмот Исламски верски движења Исламски фундаменталистички верски движења-секти Вахабизам Салафизам Исламски фундаменталистички екстремистички групи и верувања Верски тероризам: Убивање во името на Господ Хезболах Хамас: Исламско движење на отпорот Ал Каеда Исламска Држава Трет дел: III Дефинирање на поимот тероризам Поим на тероризмот Дефинирање на тероризам...121

10 3. Историски корени на тероризмот Тероризмот во антиката Тероризмот и Француската Револуција Тероризмот и Царска Русија Тероризам од 1900 до Тероризам и анти-колонијализам Тероризам и протестите Тероризмот и сепаратизмот Видови тероризам Четврт дел: IV Кривично правна регулатива за тероризмот и одредени рестрикции во практикување на исламот во Европската Унија Велика Британија Шпанија Франција Германија Рестрикции во практикување на исламот во Европската Унија Петти дел: V Борба против тероризмот Контратероризам Мерки за борба против тероризмот Зголемена безбедност Собирање на разузнавачки информации-откривање и превенција Попречување на финансиите Репресија Противнапад или казнување Превентивни акции Специјални противтерористички единици Отстапки и реформи Дипломатски пристап Борба против деструктивното дејствување на верските групи-секти...181

11 VI Истражување за познавањето на граѓаните на РМ на исламски фундаменталистички верски движења коментар на резултатите од истражувањето Заклучок Библиографија Прилог - анкетен прашалник...222

12 КОРИСТЕНИ КРАТЕНКИ ИВЗ - Исламска верска заедница ФБИ - Федерално истражно биро МВР - Министерство за внатрешни работи АРМ - Армија на Република Македонија ЕСЗ - Единица за специјални задачи ЕБР - Единица за брзо распоредување БСН - Баталјон за специјални намени ОН - Обединети нации НАТО - North Atlantic Treaty Organization (Северно атлантски пакт) ЕТА - Euskadi Ta Askatasuna (Земја на слободата) PIRA - Provisional Irish Republican Army (Привремена Ирска Републиканска Армија) UDF - Ulster Defence Association (Сојуз за одбрана на Алстер) М19-19th of April Movement (Колумбиско герилско движење) PLO - Palestine Liberation Organization (Палестинска Ослободителна Организација) CFSP - Common Foreign and Security Policy (Заедничка Надворешна и Безбедносна Политика) НВО - Невладина организација CONTEST - The United Kingdom s Strategy for Countering Terrorism (Противтерористичка Стратегија на Велика Британија) CP - Código Penal (Кривичниот законик на Шпанија)

13 LEC - Ley de Enjuiciamiento Criminal (Законот за кривична постапка на Шпанија) GIA - Armed Islamic Group of Algeria (Алжирската Вооружена Исламска Група) FIFA - Front Islamique Français Armé (Француски Вооружен Исламски Фронт) DST - Directorate of Territorial Surveillance (Дирекција за територијален надзор) RG - Renseignements Généraux (Central Directorate of General Intelligence - Централна дирекција за општо разузнавање) DNAT - Division Nationale Anti-Terroriste (Национална анти-терористичка дивизија) DGSE - Direction Générale de la Sécurité Extérieure (Генерален директорат за надворешна безбедност) PLO - Палестинска ослободителна организација МАК - Maktab al-khidama (меѓународната мрежа за регрутирање) GAI - Al Gama`a al-islamiyya - Egypt AIAI - Al-Ittihad al-islami - Somalia ЦИА - Централна разузнавачка агенција ЗКП - Закон за кривична постапка на РМ ЕУРОПОЛ - Европска полициска агенција

14 В О В Е Д Со терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД, тероризмот на голема врата се промовираше и во новиот век како најголема и најнепредвидлива безбедносна закана за сите земји во светот. Во само еден ден, поединци кои оперирале во четири мали тимови, се покажале способни да организираат и предизвикаат штета на ниво и начин кој го шокира огромното мнозинство на јавноста и властите. Поради тоа што нападите биле извршени од самоубијци, било неможно да бидат изведени пред лицето на правдата. Овој настан предизвика монументални промени во светот. Безбедноста на аеродромите била подигната на многу повисоко ниво. Стравот од тероризам и непријателството кон муслиманите се зголемило значително, откако медиумите станале преокупирани со информации за терористички активности и закани од екстремистите. Веднаш по овој настан беше лансирана воена кампања против терористичката мрежа Ал Каеда во Авганистан, терористичка организација која има свои ќелии по целиот свет и која го практикува глобалниот Вахабизам и Сала физам, односно фундаменталистичкиот и екстремистички начин на живот. Според зборовите на Сајед Кутб, еден од идеалистите на Муслиманското Братство, целта на глобалниот салафи џихад е да воспостави муслиманска земја која ќе функционира како во времето на пророкот Мухамед и ќе се протега од Мароко до Филипините. Посебен акцент на терористичките напади во последните години, даваат исламските фундаменталистички верски групи и движења, кои на директен или индиректен начин се инволвирани во организацијата и извршувањето на нападите, а првенствено во создавање на радикализирани приврзаници кои без многу колебање ќе извршат еден ваков грозоморен чин. Ваквата регрутација на поединци неретко се одвива и во земјите со развиен безбедносен систем како што се западноевропски земји. Радикализацијата на приврзаниците на исламската религија често се одвивала во џамиите кои биле под власт на фундаменталистичките верски движења како што се Вахабизмот и Салафизмот, меѓутоа по нападите на лондонското метро и железничката станица во Мадрид, безбедносните мерки биле зајакнати. Зајакнувањето на безбедносните мерки и строгата контрола на џамиите не значи дека процесот на индоктринација и врбување на поединци за свето војување и извршување на терористички напади запрел, туку дека се преориентирал на други алтернативни 1

15 локации и начини. Така, радикализацијата опстанала и особено се зајакнала на местата каде што поединците се поранливи како што се затворите, универзитетите, центрите за бегалци и азиланти и др. Особено внимание треба да се посвети на интернетот и на регрутацијата која што може да се одвива токму преку оваа глобална мрежа. Во овој труд се прави напор да се опишат одблизу поделбите во исламскиот свет на Сунити и Шиити, на основните податоци за најрадикалните верски движења како што се Вахабизмот и Салафизмот, како и влијанието на овие верски групи и движења врз одредени терористички организации кои се присутни на блискиот исток и пошироко (Ал Каеда, Хамас, Хезболах), кои ако не се поврзани со Вахабизмот или Салафозмот, тогаш повторно се од спротивните табори, или терористичката организација ја подржуваат сунитите против шиитите и сите други неверници или пак обратно. Оваа поврзаност самата по себе доведува до терористички напади, кои што се се почести и екстремно радикални. 2

16 В О В Е Д Е Н Д Е Л 1. ФОРМУЛАЦИЈА НА ПРОБЛЕМОТ Тероризмот претставуваше само еден дополнителен и не толку важен предмет во кривично-правните науки се до терористичките напади на 11 Септември 2001 година, по што одеднаш прерасна во еден од најголемите и најкритични проблеми на денешницата. Горенаведениот терористички акт го шокираше, мистифицираше и го сврте вниманието на светската јавност кон присутната опасност која ги демне сите. Во денешните современи услови на живеење појавата тероризам претставува една од најголемите закани за мирот и безбедноста во светот. Се поголемото отворање на светот едни кон други, се поголемиот проток на луѓе, стоки и услуги помеѓу земјите во светот, го прават светот да биде попорозен и поранлив на глобалниот тероризам. Примарната цел на терористичките организации е да предизвикаат страв и несигурност кај населението и недоверба во институциите на системот на државата а со тоа и уривање на уставниот поредок. Се повеќе тероризмот не е ограничен само во една држава или територија туку преоѓа во една глобална закана на светско ниво, во инструмент со кој се држат народните маси во покорност или како измутиран начин на војување со кој на одредени држави се намнетнува вољата на терористичките организации. Чувството дека ниедно место на светот не може да обезбеди сигурно скривалиште од тероризмот е длабоко всадено во цивилното општество. Токму ова е ефектот кој терористичките групи се стремат да го постигнат, што и во голема мера им успева. Поради овие факти се наметнува потребата од постојано научно и стручно следење на овој феномен, а се со цел од изнаоѓање на начини за успешно спротивставување и борба против тероризмот. Покрај изворите на загрозување на националната безбедност, на глобален планетарен план егзистираат и глобалните закани кои ги загрозуваат глобално, егзистенцијалните и есенцијално виталните функции на меѓународната глобална заедница. Глобалните закани ја загрозуваат глобалната безбедност, но исто така, тие 3

17 индиректни претставуваат сериозна закана и за националната безбедност на современите држави во меѓународната заедница. Глобалните закани претставуваат збир на факти, околности, последици и појави кои продуцираат значајно влијание на глобалната безбедност, односно ја детерминираат глобалната безбедност. Глобалните закани продуцираат несигурност во глобални рамки и според тоа можеме да ги детерминираме како фактори на глобалната безбедност. Во глобални закани, односно фактори на глобалната безбедност можеме да ги утврдиме: 1. Меѓународниот глобалниот организиран криминал; 2. Меѓународниот тероризам; 3. Ширење и контрола на оружјето за масовно уништување; 4. Тираните; 5. Еко заканите; 6. Верски секти и 7. Нови глобални закани. 1 Поврзаноста помеѓу тероризмот и религијата не е нова, но во последните декади оваа форма на тероризам беше во голема мерка засенета од страна на етничкиот и националистичко сепаратистичкиот или идеолошки мотивираниот тероризам. 2 На пример, ниедна од тринаесетте идентификувани групи активни во 1968 (годината која е означена за појава на модерниот, меѓународен тероризам) не може да се класифицира како религиозна. Денес, најмалку дваесет проценти од приближно педесетте терористички групи активни низ светот можат да се опишат со постоење доминантна религиозна компонента или мотивација. 3 Верскиот тероризам претпоставува трансцедентална димензија, и неговите извршители се неограничени од политички, морални или практични ограничувања кои се чини влијаат на другите терористи. Верските терористи сметаат дека насилството не е само морално оправдано, туку е и неопходно делотворно за постигнување на нивните 1 Котовчевски, М., Национална безбедност на Република Македонија трет дел, Скопје: Македонска цивилизација, 2000, стр Rapoport, D., Fear and Trembling: Terrorism in Three Religious Traditions, 2006, стр Hoffman, B., The implications of terrorism motivated by a religious imperative, Va: RAND, 1993, стр. 1 4

18 цели. Затоа, религијата служи како легитимизирана сила, соопштена преку свет текст или соопштена преку свештенички авторитети. 4 Очигледно е дека религиозните верувања можат на чуден начин да доведат до мирољубиво однесување, исто така, како што може да придонесат за појава на најужасните акти на насилство. Затоа оние кои сакаат нивната употреба на насилство да биде морално санкционирана, на кои немаат официјално одобрување од владата, полесно им е да се доближат до моралот што им ја овозможува религијата. Со издигнувањето на борбата на космичко ниво тие можат да ги заобиколат вообичаените морални рестрикции за убивањето. 5 За религиозните терористи, насилството е сакраментален чин или божествена должност извршен како директен одговор на некои теолошки барања или императиви. 6 Религиозните и секуларните терористи имаат сосема различна перцепција за нив самите и нивните насилни акти. Секуларните терористи го гледаат насилството како пат за поттикнување корекција на грешките во системот кој во основа е добар или како средство за создавање на нов систем. За разлика од нив, религиозните терористи се гледаат себеси како да не се компоненти на системот кој вреди да се зачува, туку како аутсајдери и затоа бараат огромни промени во постоечкиот поредок. Ова чувство на отуѓеност им овозможува далеку поголеми деструктивни и посмртоносни видови на терористички операции. 7 Новите терористички групи со силно изразени верски императиви се повеќе ги засенуваат старите националистички или идеолошки побуди, кои неповратно стануваат се побледи и помалку јасни. Исто така мошне значајна карактеристика на новата терористичка генерација не е само прифаќањето на многу поаморфните религиски цели, туку суштински различна е и нивната кадровска и организациска поставеност. 8 До пред десет години, заканата од можни терористички акции кои може да ги извршат сектите главно се засноваше на некои хипотетички аргументи изведени врз 4 Jenkins, B, M., The Likelihood of Nuclear Terrorism, Santa Monica: RAND, 1985, стр. 4 5 Jugensmeyer, M., Religious Nationalism: A Global Threat, Current History, 1996, стр Jenkins, B, M., ibid. стр. 2 7 Taheri, A., Holy Terror: The Inside Story of Islamic Terrorism, London: Sphere Books, 1987, стр. 7 8 Котовчевски, М., Современ тероризам, Скопје: Македонска цивилизација, 2003, стр

19 основа на карактеристиките на сектите. Во таа смисла, наведено е дека многу секти имаат политички аспирации, станува збор за финансиски многу богати организации на кои не им е проблем да обезбедат средства за масовно уништување (отрови, оружје, експлозивни направи и др.), некои од сектите имаат брутални методи на работа (киднапирање, убиства) а меѓу припадниците на сектите секо гаш се наоѓаат лица со психопатолошка структура на личноста. Еден од видовите тероризам кој посебно завзема замав во последниве неколку декади е тероризам од верски побуди, односно наметнување на верата како двигател на теоризмот во светот и еден од главните извори на регрути за извршување на грозоморните терористички акти. Верскиот тероризам се појавува како еден од најлесните начини на прибирање на терористи преку индоктринираните верски фанатици кои лесно потоа се преиначуваат во верски фундаменталисти и екстремисти кои при извршување на терористичкиот акт се повикуваат на верата. Посебно интерсен за овој труд претставува исламскиот фундаментализам кој е израз на едно конзервативно верско движење кое бара враќање кон основните исламски вредности, начела и принципи во исламот восмисла на систематска примена на насилство и примена на такви ставови кои навлегуваат во сферата на извршување кривични дела. Основната поделба во исламот е на учења односно групи: - Сунити - Шиити - Суфисти (кои се појавуваат подоцна); Подоцна како резултат на реакцијата на она што го видоа како слабост на муслиманите кон западните влијанија, се појавиле исламските фундаменталистички секти како моќна идеологија во 18 - от век. Најпознати се: - Кариџити и - Вахабисти (Вахаби движење); 9 Во рамките на исламот има околу 70 други секти а некои од нив се: - Исмаили - Заиди - Фатимиди - Низари 9 Perlmutter, D., Investigating Religious Terroris m and Ritualistic Crimes, Boca Raton, Florida 2003 стр.89 6

20 - Деобанди - Алави - Друзе - Ахмади и др. 10 Екстремистичките групи од исламска вероисповест го користат џихадот (светата војна), односно повикување на света војна, како начин на врбување на извршители на кривичното дело тероризам. Тоа често го прави терористичката мрежа Ал Каеда која повикува на војна против неверниците (одредена земја или народ), истакнувајќи дека подршката на муслиманите е долг за секој муслиман, способен да го исполни, и дека муслиманите долгот кон џихадот можат да го платат со својот живот или да дадат финансиски придонес. Исламскиот милитантен екстремизам е сериозна закана за одбраната и безбедноста на Европа а посебно на Балканот. Геостратешката положба на Македонија дава перспективи за дејствување на терористичките организации, на кои стратешки места не им се само земјите од Балканот, туку и земјите од Европската унија. Едно од најекстремните исламски учења, односно фундаменталистички движења, кое што претставува закана по безбедноста на Република Македонија, претставува Вахабизмот 11. Главната опасност за експанзија на вахабистите во овој регион доаѓа од Косово и БиХ, каде што вахабизмот се шири, како резултат на хаосот, сиромаштијата и кризата во исламската верска заедница. Западот особено стравува од можноста за регрутирање на потенцијални терористи од Косово, БиХ, Албанија и Македонија, кои по физиономијата не се разликуваат многу од другите европски народи, па би им било полесно да изведуваат терористички напади во Европа. Воедно, заканата доаѓа и од фактот дека европските земји се миграциона дестинација за арапскиот свет. Во оваа ситуација, поради игнорантскиот однос на европејците и неприфаќањето на исламската култура, 10 Appendix II: Sects in Islam, Објавено на пристапено на Вахабизмот претставува верско движење или форма на исламот опишано како ултраконзервативно, строго, фундаменталистичко, исламско реформско движење кое настојува да го врати чистото монотеистичко обожување или екстремистичко псевдо-сунитско движење. Пошироко може да се види во Qamar, Z., Wahhabism: Understanding the Roots and Role Models of Islamic Extremism, condensed and edited by ASFA staff, sunnah.org 7

21 мигрантите не се идентификуваат како Холанѓани, Белгијци, туку прво се чувствуваат како Арапи а потоа како Холанѓани. На тој начин поседувањето на странски пасоши им овозможува слободно да се движат низ земјите на ЕУ и да бидат непрепознатливи за безбедносните структури како безбедносна закана. 12 Од погоре истакнатото може да се заклучи дека проблемот кој се поставува пред ова истражување, кој воедно претставува и глобален проблем, се однесува на воспоставување на мерки и активности за спречување на тероризмот преку препознавање на радикалните и екстремистички фундаменталистички движења и групи и нивно неутрализирање со што ќе се спречи регрутирање на следбеници за извршување и организација на терористички акти. Придонесот кој оваа истражување ќе го даде во борба против тероризмот е преку научна дескрипција и анализа на радикалните и екстремистички движења и групи, како и преку криминалистичките, криминолошките и кривично правните карактеристики на кривичното дело тероризам, да се демистифицираат горенаведените групи, да се утврди начинот на дејствување и нивната поврзаност со тероризмот. 2. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО 2.1. Теоретско одредување на предметот Нападите на 11 септември 2001 година на Светскиот трговски центар и Пентагон во САД демонстрираа колку разорен може да биде еден терористички чин. По овој настан следеа низа други напади како што се нападот на туристичките објекти во Бали во 2002 година, заложничката криза односно терористичкиот напад на училиштето во Беслан, Русија во 2003, Лондонското метро во 2005 и други. Овие напади резултираа со голем број жртви и го потврдија фактот дека тероризмот претставува континуиран проблем за целиот свет. Заедничко за сите погоре споменати напади е тоа дека сите беа организирани и изведени од страна на исламски фундаменталистички радикални организации или организации поврзани со нив. 12 Хаџи-Јанев, М., Европа мора да се подготви за мутираниот код на Ал Каида, Македонско сонце, , стр. 17 8

22 Исламското будење на балканот започнало под влијание на Исламската револуција во Иран во 1979 година. Интензивирано е со настаните на Блискиот исток, во Авганистан и во Ирак. Балканот добива на значење како долготрајна и стабилна логистичка, регрутна и финансиска потпора на исламските терористи и екстремисти на тлото на Европа. За тоа придонесува неговата специфична географска положба (простор на кој се испреплетуваат разлики, етнички и религиски предрасуди, а старите територијални претензии го поттикнуваат дејствувањето на екстремистите), етничка структура, миграции, економски проблеми, незавршени реформи во одбрандбено - безбедносните системи и недоволна меѓудржавна соработка. Својата милитантна промоција на Балканот радикалниот исламизам ја имаше за време на конфликтот во Босна и Херцеговина, каде што пристигнаа "свети воини" (муџахедини), од Саудиска Арабија, Иран, Јемен, Тунис, Мароко, Египет, Турција, Судан и други исламски земји. Неколку стотини од нив денес имаат босанско државјанство, живеат во помали комуни околу Зеница, Високо, Травник, Орашац и Долна Бојиња и се активисти на исламски хуманитарни организации. Повеќето се тесно поврзани со Хамас, Хезболах, Џихад и со други екстремистички организации од арапските земји. Со потпишувањето на Дејтонскиот договор и со отворениот прогон на екстремистичките организации во БиХ од страна на силите на СФОР и на Министерството за внатрешни работи, започна нивната повторна дислокација во Албанија, односно во кампоните Кукс, Тропоја, Корча, Валона и Вљора, кои се ставија во функција на изведувачи на обука на парамилитантните албански структури во регионот. Тоа се поклопува со периодот на максимално радикализирање на конфликтот на Косово ( ), што таму доведе до брзо приближување меѓу радикалните исламисти и албанските сецесионисти. Исламот интерпретиран на радикален начин, успеа да се имплантира и во Санџак, односно да се наметне како идеологија кај дел од челниците на ИВЗ, со тенденција за натамошна прогресија. Ваквата појава се должи пред сè на влијанието на ИВЗ на БиХ врз локалните верски лица во Санџак. Воедно во Санџак е издиференцирана и појавата на сè почести барања за наведување на Бошњаците како народ во Уставот на Црна Гора, а истовремено се декларираат и отворени тенденции за отцепување од Србија. 9

23 Ваквата појава меѓу другото се должи и на влијанието на сараевската ИВЗ врз локалните верски лица во Санџак, од кои некои се образовале во Саудиска Арабија. Врз основа на сфаќањата на "Хамас" џихадот не се води само во Авганистан, Ирак и Израел, туку и на Балканот. Поткрепа на ова е податокот дека компакт-дискови на палестинската организација "Хамас", кои илегално се дистрибуираат во делот на исламските образовни установи во светот, укажуваат на тоа дека таа организација се идентификува со чеченскиот и со меѓународниот тероризам и дека нивните цели ќе бидат на просторот на Чеченија, Авганистан, Кашмир, Палестина, Либан и Балканот Појмовно - категоријален апарат Во овој дел ќе укажеме на некои од специфичностите на поимите кои непосредно се употребуваат во истражувањето: Тероризам (според ФБИ) тероризмот е бесправно користење на сила и насилство, против лица или сопственост, за да се заплаши или принуди една влада, цивилно население или било кој друг дел од општеството на остварување на политички или социјални цели. Вера Верата е верување во Бог или повеќе богови или во доктрини или учења на религијата. Односно вистинското потекло на зборот се однесува на прашањата кои не можат да се поткрепат со докази. Религија контроверзен поим што понекогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Секта религиозна секта претставува група која најчесто се смета дека е екстремистичка или лажна и нејзините следбеници често живеат на неконвенционален начин под водство на авторитативен и харизматичен водач. Групи кои можат да се препознаат по својата манипулација насочена кон психолошка дестабилизација на своите следбеници, со цел од нив да се добие потполна потчинетост, намалување на критичкиот дух, прекин со општо усвоените принципи (етички, граѓански, општообразовни) и кои со себе ја повлекуваат опасноста по индивидуалната слобода, здравје, образование и демократски институции. Тие групи користат филозофски, религиозни и 10

24 терапевтски маски за да ја сокријат целта за добивање власт, влијание и стекнување на следбеници. 13 Верски тероризам верскиот тероризам претставува тероризам изведен од страна на оние чии мотиви и цели имаат доминантен верски карактер или влијание. Исламски фундаментализам - претставува поим со кој се опишува религиозната идеологија кој застапува став за враќање на исламот на своите основи. Вахабизам - претставува исламска фундаменталистичка секта чија главна цел е да се врати идеалната основна форма на исламот како што била во времето на пророкот 14. Кариџити - се најстарата исламска фундаменталистичка секта чие име во превод значи "отцепувачи". Тие се екстремно насилни и застапуваат верување дека пророкот им припаѓа на сите кои искрено веруваат а не само на Сунитите и Шиитите. Муџахедини - се муслимански свети воини кои веруваат дека се борат на патот на Господ. Зборот потекнува од истиот арапски корен како и зборот "џихад" што значи борба 15. Џихад - за милитантните исламски фундаменталисти претставува света војна за да се ослободи Муслиманската Света Земја од неверниците и како оправдување да се започне војна против сите непријатели во нивната борба за формирање Исламска Држава. Оперативно - тактички мерки - Оперативно тактичките мерки ги определуваме како оперативни (винпеоцесни) дејствија или цели зафати во оперативната дејност (во криминалистичката контрола и криминалистичката овравотка), со кој заради разјаснување на некој кривичен настан се откриваат и криминалистички се обработуваат носители (сигнали, извори) на криминалистички (оперативни) информации и нивна содржина (т.е. обликот, квалитетот и другите карактеристики на самите информации), а според содржината и значењето за откривање и спречување на криминалитетот амаат 13 Београдски дијалог, Француски парламент о сектама. Београд: Просвета, 1997, стр Perlmutter, D., Investigating Religious Terrorism and Ritualistic Crimes, Boca Raton, Florida 2003, стр Mujahideen. Издаден јули 2011 од 11

25 репресивен и превентивен карактер 16. Тоа се мерките кои ги превзема полицијата во криминалистичката контрола и обработка, поточно во предистражната постапка. Со нив полициските службеници доваѓаат до сознанија за подготовка, планирање или постоење на кривично дело тероризам. Разузнавање - претставува производ на аналитички процес, кој обезбедува интегрирана перспектива на различните информации за криминалот, трендови во криминалот, криминални и безбедносни ризици, и состојби поврзани со криминалот Операционално определување на предметот Услови - Условите од кои зависи појавата на исламските фундаменталистички движења и групи се општествено - економската и политичка состојба во државата, достапноста на изворите за финансирање на терористичките организации, ефикасноста на органите за кривичен прогон и на разузнавачките служби да ги откријат и спречат овие активности. Учесници - Учесниците во формирање на терористичките групи од една страна се индоктринираните исламски фундаменталисти но исто така може да се појават и невладини и хуманитарни организации па се до влади и држави. Субјектите кои се задолжени за кривичен прогон на оваа криминална активност се: МВР - Оддел за организиран криминал, Управа за безбедност и контраразузнавање, Управа за спречување перење пари и финансирање тероризам, Агенција за разузнавање и др. Мотиви, интереси и цели - Примарниот мотив на овие организации е преку експлоатација на верата и убедувањето, полесно да се манипулираат членовите на терористичките организации и непосредните извршители на терористичкиот акт, а преку нив да се добие и публицитет и подршка од широките народни маси. Главната цел на терористичките организации е преку минимални средства да се постигне зацртаниот ефект (добивање публицитет на нивните идеи, одредени политички промени, и др.). 16 Ангелески, М., Криминалистичка тактика 1, Прв приватен универзитет - ФОН, Скопје 2007, стр David L. Carter, Law Enforcement Intelligence: A Guide for State, Local, and Tribal Law Enforcement Agencies, Understanding Contemporary Law Enforcement Intelligence: Concept and Definitions, School of Criminal Justice, Michigan State University 2004, стр

26 Активности - Активностите кај фундаменталистичките движења се состојат во тоа што преку одредена екстремна интерпретација на светите книги да се дојде до поголем број на приврзаници и слепи послушници, а од друга страна да се оправдаат терористичките чинови како нешто што е свето и служи за свети цели (борба против неверниците, создавање Исламска Држава Калифат и др). Методи и средства - Методите и средствата кои се применуваат во фундаменталистичките движења за врбување на истомисленици и организација на терористички акти се пред се силната индоктринација на членовите и нивната мотивација со што се добиваат марионети кои безрезервно ќе им служат за извршување на терористички напади. Резултати - Основните резултати кои се постигнуваат преку фундаменталистичките движења и групи е преку силната индоктринација на следбениците, да се добијат такви извршители на терористички акти кои тешко ќе бидат подложни на одвраќање од намерата и инфилтрирањето на агенти или информатори во терористичката организација практично ќе биде невозможно Временско одредување на истражувањето Истражувањето ќе се насочи кон проучување на кривично - правните, криминолошките и криминалистичките карактеристики на исламските фундаменталистички движења и групи и нивното инволвирање во организација и извршување на терористичките акти во периодот од 2005 до 2014 година. Овој период е доволен за да се анализираат и проучат податоците за радикалните и екстремистички движења и групи и нивното инволвирање во организација и извршување на терористичките акти во светот Просторно одредување на истражувањето Истражувањето ќе се занимава со карактеристиките на радикалните, фундаментални и екстремистички движења и групи и нивна поврзаност со тероризмот на Блискиот Исток. 13

27 2.6. Дисциплинарно одредување на истражувањето Предметот на ова истражување припаѓа на општествените науки и е мултидисциплинарен. Тој припаѓа на научните области безбедност (криминалистика, криминологија, полициски науки), правните науки (кривично - материјално и кривично процесно - право) и општествените науки - методологија на истражување на безбедносните појави и методологија на истражување на криминалитетот. Врската со криминологијата се огледува преку тоа што се проучуваат и криминолошките (феноменолошки и етиолошки) карактеристики на ова кривично дело, за да може да се изгради стратегија за негово спречување и превенција. Поврзаноста со полициските науки е од аспект на надлежноста, должностите и овластувањата што ги има полицијата и останатите субјекти надлежни за кривичен прогон на оваа криминална активност, при откривање, разјаснување и докажување на оваа кривично дело. Одредување во рамките на кривичното право се огледува преку кривично - правните апекти на кривичното дело тероризам. Тука посебно се опфаќаат кривично - правните карактеристики на делото и тоа законското битие, активниот субјект- извршителот, објектот на заштита, субјективната страна на делото, соучесништво, соизвршителство и др. Истражувањето се одредува и во рамките на кривично - процесно право, поради тоа што за откривање и докажувае на ова кривично дело се превземаат низа истражни дејствија и посебни истражни мерки. Поврзаноста со методологија на истражување на безбедносните појави и методологија на истражување на криминалитетот се определува преку практичната примена на методи, техники и методски постапки за проучување на карактеристики на кривичното дело тероризам. 3. ЦЕЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО Генералната цел на овој труд ќе биде преку научно - истражувачки методи да се даде научна дескрипција и објаснување на актот на тероризам, а посебно спречување на тероризмот, преку препознавање на фундаменталистичките движења и 14

28 групи и нивно неутрализирање со што ќе се спречи регрутирање на следбеници за извршување и организација на терористички акти. Практични цели и задачи на научно - истражувачката работа ќе бидат препознавање на недостатоците во откривањето на фундаменталните и екстремистички движења и нивна поврзаност со тероризмот, и предлагање на подобри решенија за превенирање на врбување нови извршители на терористички акти. Посебно: Проучување на законските, криминалистичките и превентивни мерки за заштита; Истражување на факторите (причини, услови и поводи) кои го детерминираат извршувањето на кривичното дело тероризам; Афирмација на позитивните искуства (врз основа на компаративен метод) за откривање и превенирање на ова кривично дело; Тргнувајќи од констатцијата дека тероризмот не е проблем само за Република Македонија и Балканот, туку комплексен проблем со меѓународни размери потребно е интензивирање на меѓународната соработка во овој дел (меѓународно кривично - правна регулатива, формирање на посебни институции, органи и тела за откривање и борба против тероризмот). Преку ова истражување ќе се дојде до конкретни решенија и предлози за спречување и поефикасно откривање на кривичното дело тероризам и до негова поврзаност со фундаменталистичките и екстремистички организации. 4. ХИПОТЕТИЧКА РАМКА - ХИПОТЕЗИ Генерална хипотеза: Исламските фундаменталистички верски групи и движења се инволвирани во организација и извршување на терористички акти на директен начин преку учество на нивни припадници или индиректно преку обезбедување на финансиска, логистичка и друга помош. Посебни хипотези: повикувањето на верата и верски цели при извршувањето на терористичките акти овозможува терористичките организации да врбуваат голем број истомисленици и идни извршители на теористички напади. 15

29 Преку верата, фундаменталистичките а со тоа и терористичките организации вршат силна индоктринација на нивните припадници верата се користи како средство за да се оттргнат припадниците на терористичката организација од реалноста и да се постават само на извршување возвишените цели во служба на религијата. Индоктринацијата и силната мотивираност на извршителите на терористичките организации придонесува во тежината за предвремено откривање а со тоа и одвраќање од извршување на терористички акт потешкотии во откривањето на тероризмот поради силната индоктринација на извршителот. Посебни истражни мерки, како новини во нашето кривично процесно законодавство, облигаторни во фазата на откривање и превенирање на кривичното дело тероризам поради потешкотиите во откривањето на кривичното дело тероризам, примената на овие мерки е неопходна. 5. НАЧИН НА ИСТРАЖУВАЊЕ - МЕТОДИ И ТЕХНИКИ Општи научни методи: Аналитичко - синтетички метод анализа и синтеза на севкупно прибраниот материјал за целосна обработка на предметот на ова научно истражување; Метод на дескрипција - опишување и прикажување на предметот на научно истражување со научно толкување и објаснување; Компаративен метод - споредување на состојбата во некои држави во соседството и развиените држави во светот врз основа на увид во законската регулатива и други акти и сознанија за откривање и спречување на тероризмот; Статистички метод - прибраните податоци ќе бидат статистички обработени, врз основа на што ќе бидат извлечени соодветни заклучоци за истражуваното кривично дело. Посебни научни методи: Анализа на содржина на документи (content analysis) - се однесува на анализа на стручната литература, текстови, написи, статии во различни брошури, списанија и публикации, новинарски извештаи, официјални документи, веб - страници и сл.; Историскиот метод - кој треба да даде сознанија за историскиот развој на тероризмот и појавните облици во кои се појавува; 16

30 Анализа на кривично правна регулатива за КД тероризам. 6. НАУЧНА И ОПШТЕСТВЕНА ОПРАВДАНОСТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО Станува збор за доста актуелно кривично дело тероризам, но уште поактуелен е начинот на кој верските фундаменталистички радикални движења се инволвираат во истото. Овој труд ќе добие научна и општествена оправданост со самото тоа што ќе ја збогати литературата за поврзаноста на феноменот тероризам со исламските фундаменталистички групи и движења, која е прилично оскудна на овие простори. Анализирајќи ги собраните податоци за предметот на овој труд, ќе се утврди состојбата околу ова прашање во светот и ќе навлезе во практично емпириските состојби во оваа област. Регионот во кој се наоѓа и Република Македонија во последните децении помина низ турбулентен период. Период во кој се распаднаа неколку големи држави во Европа меѓу кои и Југославија, во чиј состав беше и нашата држава, што продуцираше војни и вооружени конфликти кои се одликуваа со дотогаш невидена суровост. Во некои од регионите на поранешна Југославија (Босна и Херцеговина, Косово и Македонија), каде што беснееја овие конфликти, евидентно беше учеството на светите борци Муџахедини, кои под превезот на религијата, се бореа за заштита на своите браќа по вера. На овој начин се створи плодна почва за дејствување на одредени групации кои што врбуваа верски фанатици, ги обучуваа низ камповите на блискиот Исток како и Пакистан и Авганистан а подоцна ги ангажираа во конфликтните подрачја на Балканот и за изведување на терористички акти во европските држави. Особено актуелно во последниот период претставуваат врбувањата на истомисленици кои подоцна стануваат дел од радикални милитантни фундаменталистички движења и групации кои војуваат на Блискиот Исток (Сирија, Ирак и др). Со оваа регрутација претежно се опфатени младите муслимани во Европа, а секако тука не заостанува и Балканот (Косово, Албанија, Босна и Македонија) од каде значителен број на индоктринирани милитантни фундаменталисти заминале или се во процес на заминување на боиштата на Блискиот Исток. Преку проучување на начинот на функционирање на овие групации и движења и начинот на врбување на членови за извршување на терористички акти, очекувам овој 17

31 труд да даде придонес во откривање на најоптималниот, најефикасниот и најефективниот начин во нивно демистифицирање а воедно и во нивно откривање и спречување на извршување терористички акти. Со тоа ќе се даде и придонес во изнаоѓањето на конкретни профилактички мерки и соодветни решенија за спречување на извршување на кривичното дело тероризам. 18

32 I ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ ВЕРСКИ ГРУПИ И ДВИЖЕЊА 1. ИСЛАМ За целосно да се сфатат исламските фундаменталистички верувања, неопходно е да се разгледаат суштинските постулати на исламот и да се разбере како фундаментализмот се разликува од другите современи верски движења - секти. Исламот е најмлада од трите главни светски монотеистички религии. Исламот е една од трите Аврамски 18 религии, заедно со Јудаизмот и Христијанството. Додека Христијанството се претставува како префинетост, пречистеност од Јудаизмот, Исламот се претставува како последно откровение во таа низа. За муслиманите, Пророкот Мухамед е печатот во долгата низа од пророци започнувајќи со Адам и вклучувајќи ги повеќето признаени од страна на Јудаизмот и Христијанството. Вербата и правилата на однесување во Исламот се базира на три извори: Светото Писмо (Куран), текстови (хадит) за животот на Пророкот (кој ги комбинира, претставува Суна или традиција) и Шериетот. Исламот е втора религија, по големина и масовност, во светот со повеќе од 1 милијарда приврзаници. Таа претставува доминантна религија кај нациите во развој на Блискиот исток, Африка и Азија. Основните верувања на Исламот е дека постои само еден Господ (Алах). Тој е истиот Господ кој е обожуван од Евреите и Христијаните и тој е единствен и суверен владетел на универзумот. Зборот Ислам е прочистен од арапскиот корен aslama 19 што значи: мир, чистота, потчинување и послушност. Во религиска смисла исламот значи покорност на вољата на Господ и послушност кон неговиот закон. Иако Алах бил познат и на други пророци и времиња, неговото најзначајно и последно откровение било направено во седмиот век од страна на пророкот Мухамед. Следбениците на религијата се нарекуваат Муслимани, што значи оние што се потчинуваат на Господ затоа што верниците мора да се потчинат на вољата на Алах. Исламот учи дека верниците имаат само еден живот за живеење и како го живеат зависи како ќе ја искористат нивната вечна егзистенција. Светиот текст на исламот се нарекува Куран, кој буквално значи читање или рецитирање и индицира основно 18 Аврамските религии се монотеистички вери од западно Азиско потекло, нагласувајќи и лоцирајќи го нивното потекло кон Аврам, или препознавање на духовна традиција која се идентификува со него. Достапно во Derrida, J., Anidjar, G., ed. Acts of Religion, New York & London: Routledge, 2002 и во Smith, Jonathan Z., "Religion, Religions, Religious". In Taylor, Mark C.. Critical Terms for Religious Studies, University of Chicago Press, 1998, pp Објавено на Oxford University Press, пристапено на

33 верување кое што муслиманите го имаат за куранот, дека е рецитирање на вечното писмо напишано на небото и откриено поглавје по поглавје на Мухамед. Муслиманите веруваат дека куранот претставуваат господовите последни зборови за човештвото и се вечни, апсолутни и неотповикливи. Иако исламот ги почитува светите писма на евреите и на христијаните, куранот е разбран како божјата целосна порака. Откриена е од страна на Мухамед кој дејствувал како гласноговорник на Алах и тоа е практично непроменето уште од времето на пророкот. Важен ритуален акт претставува рецитирање на куранот кој е извор на алаховиот благослов затоа што го репродуцирал неговиот божествен говор. Изворите на исламот се куранот и традициите познати како Хадит. Хадит се состои од изреките на Мухамед и неговите дела. Постојат илјадници хадити кои што се развиле на основите на учењата на куранот. Тие биле употребувани од муслимански научници за да одговорат на правни прашања како и да се разјаснат ритуалните должности на исламот 20. Учењето на куранот и хадитот ја сочинуваат основата на религиското образование во муслиманските општества. Исламот во суштина е религија која е базирана на предавањето на Господ. За да муслиманите се потчинат себеси на Алах и за да ја повторат својата верба во исламот, постојат различни практики и верувања кон кои секој муслиман треба да се придржува. За муслиманите, исламот не е само верување туку е начин на живот и во што веруваат муслиманите диктира како тие ќе живеат за Алах. Петте столбови на Исламот се ритуални обврски кои се барани за добар муслиман. Тие вклучуваат: Шахадах (Shahadah) или декларација на верата со повторување на кредото 21 Не постои друг Бог освен Алах и Мухамед е гласникот на Алах; Салахт (Salaht) е името на молитвите кои се обврзувачки, од муслиманите се очекува да се молат пет пати дневно; Закат (Zakat) претставува важен принцип на исламот сите нешта му припаѓаат на Господ и од муслиманите се очекува да го делат она што го 20 Perlmutter, D., Investigating Religious Terrorism and Ritualistic Crimes, Boca Raton, Florida 2003, стр Исповед, симбол на верата, уверувања, принципи, начела искажани во кратка и јасна формулација ; Дигитален речник на Македонски јазик, пристапено на

34 поседуваат со сиромашните, вдовиците и сираците според исламскиот закон, добротворната работа е задолжителна; Савм (Sawm), Ramadan или практикување на постење, да се прави секоја година во месецот на Рамазан. Се смета како принцип на себе прочистување и се прави во сеќавање на месецот кога пророкот го добил своето прво откровение; Хаџ (Hajj) претставува аџилак во Мека. Секој муслиман кој може да си дозволи патување, ритуално е обврзан да оди на аџилак во Мека најмалку еднаш во животот. Постојат, исто така, шест столбови на верата кои се состојат од: Верба во Алах Верба во неговите ангели Верба во божествените откровенија Верба во неговите гласници Верба во живот по смртта Верба во божјата воља Комбинацијата од петте столбови на исламот и на шестте столбови на верата даваат претстава за исламската вера и религиските обврски кои треба да ги практикуваат муслиманите. 2. ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ Фундаментализмот е стриктно почитување на основните принципи на некој субјект или дисциплина. Тоа е форма на религија, посебно исламот или протестанстското христијанство, кое што ги подржува верувањето во строга, буквална интерпретација на светото писмо. 22 Фундаментализмот претставува конзервативно верско движење кое се карактеризира со тоа што ја застапува строгата согласност со светите текстови. Еднаш бил употребен ексклузивно и се однесувал на американските Протестанти кои инсистирале на непогрешливоста на библијата, поимот фундаментализам бил применет 22 Објавено на пристапено на

35 многу пошироко започнувајќи доцна во XX век за различни верски движења. Всушност, во широка смисла на зборот, многу од мнозинските религии во светот може да се каже дека имаат фундаменталистички движења. Доцна во XX век, највлијателното и најконтроверзна студија за фундаментализам бил Фундаменталистичкиот проект ( ), серија од пет тома издадена од страна на американските научници Мартин Марти и Скот Аплбај. Според Марти и Аплбај, фундаментализмот претставува милитантно отфрлање на секуларниот модернизам. Тие тврделе дека фундаментализмот не е само традиционална религиозност туку суштествен политички феномен, иако оваа димензија понекогаш може да биде прикриена. Овие научници исто така тврделе дека фундаментализмот е суштински тоталитарен, доколку се обидува да ги преуреди сите аспекти на општеството и власта во врска со верските принципи. 23 Верскиот фундаментализам, според Вудхед и Хилас, претставува изразито модерно движење на дваесетиот век иако со историски претходници. 24 Концептуално, терминот започнал широко да се применува од 1970-те години за да се опишат бројни, очигледно различен, верски и политички развој низ светот. 25 Сепак терминот за прв пат бил употребен пред еден век од страна на конзервативните Христијани во САД за да се опишат себе си. Тие тврделе дека сакаат да се вратат кон она што тие го сметаат како фундаменти на религијата, како што е опишано во Библијата. Етикетата верски фундаментализам станал генерички термин, кој широко се применува на мноштво на групи од различни верски традиции, кои се состојат од луѓе што делат конзервативен верски изглед. 26 Општо земено, карактерот и влијанието на фундаменталистичките доктрини се лоцирани во моралните и општествени проблеми на државно општествената интеракција. Во некои случаи почетната одбрамбеност на верските фундаменталисти доаѓа од вербата дека тие се нападнати од модернизацијата и секуларизацијата или од упадот на туѓи етнички, културни или верски групи. Верските фундаменталисти се 23 Објавено на пристапено на Woodhead, L. and Heelas, P. (eds), Introduction to chapter two: religions of difference, Religion in Modern Times, Oxford: Blackwell, 2000, pp Caplan, L. (ed.), Studies in Religious Fundamentalism, Albany, NY: State University of New York, Simpson, J., Fundamentalism in America revisited: the fading of modernity as a source of symbolic capital, in B. Misztal and A. Shupe (eds), Religion and Politics in Comparative Perspective: Revival of Religious Fundamentalism in East and West,Westport and London: Praeger, 1992, pp

36 насочуваат кон основните верски текстови како што се христијанската Библија или исламскиот Куран, за да го пронајдат божјото мислење за различни општествени и политички теми, често преку употребата на одбрани читања кои можат да ја формираат базата на програмите или реформите. 27 Современиот верски фундаментализам е вкоренет во неуспешното ветување на модернизмот, реактивен против несакана манифестација на модернизацијата, особено опаѓање на моралните вредности или подкопувањето на семејството како социјална институција. 28 За многу верски фундаменталисти, постоела опасност Господ да биде потиснат од техничкиот прогрес придружен од општествено економски промени. Темпото на општествено економските промени, особено по Втората светска војна, силно ги соочил традиционалните навики, верување и култура, а општества биле под значителен и постојан притисок да ја прифатат модернизацијата. Во растечкиот материјален свет, вредноста на поединецот се мерела според секуларни стандарди за богатство и статус, религијата била игнорирана. Затоа за многу верски фундаменталисти општествените, културните и економските промени биле несакани. 2.1.ПРОБЛЕМИ ОКОЛУ ДЕФИНИРАЊЕТО НА ФУНДАМЕНТАЛИЗМОТ Понекогаш се сугерирало дека верскиот фундаментализам е празен и безсмислен поим. Тој бил погрешно и повремено употребуван, првенствено од западните либерали во врска со широк спектар на верски феномени кои имаат малку нешто заедничко освен фактот дека тие се алармантни за либералите. 29 Со овој став се тврди дека опсегот на луѓе и групи повремено етикетирани како фундаменталисти е толку широк-од револуционерниот политички исламизам на иранската идеологија, Али Шариати, египќанецот Сајид Кутб, пакистанецот Маулана Маудуди и саудиецот Осама бин Ладен, преку општествено конзервативните Христијани во САД, како што се Пат Робертсон и Џери Фалвел, така што на поимот му недостасува јасност, прецизност и значење. Како последица на ова, широката употреба на поимот верски фундаментализам станал повеќе ирелевантен. Сумарно, виден како навредлив концепт, врзан за западните стереотипи и Христијанските претпоставки, обичната употреба на 27 Marty, M. E. and Scott Appleby, R. (eds), Fundamentalisms Observed, Chicago: University of Chicago Press, Haynes, J., Religious fundamentalism and politics, in L. Ridgeon (ed.), Major World Religions: From their Origins to the Present, London: RoutledgeCurzon, 2003, pp Woodhead, L. and Heelas, P. (eds), Introduction to chapter two: religions of difference, Religion in Modern Times, Oxford: Blackwell, 2000 pp.32 23

37 поимот лесно предизвикува недоразбирање и спречува разбирање на динамиката и карактеристиките на различните верски групи со експлицитни политички цели. 30 Поимот верски фундаментализам обично се наоѓаат и во академскиот и народниот говор. Оние аналитичари кои ја прифатиле неговата аналитичка релевантност, го сториле тоа бидејќи ги согледале современите верски фундаменталистички мислители и движења низ светот, дека имаат некои важни заеднички карактеристики, вклучувајќи ги основните верувања, норми и вредности. Ова вклучува: Желба да се вратат на основите на верската традиција Агресивно одбивање на западниот секуларен модернизам Опозициска малцинска група, која го одржува идентитетот на ексклузивен и милитантен начин Обид да се привлече јавната сфера како простор за верска и морална чистота Патријахална и хиерархиска однос меѓу половите 31 Според податоците собрани од студиите од бројни верски фундаменталистички групи од разни верски традиции во различни делови од светот, Марти и Скот Аплбај дошле до следната дефиниција за верскиот фундаментализам. Тие се луѓе кои имаат сет од стратегии, со кои измачените верници се обидуваат да ги зачуваат нивните различни идентитети како луѓе или групи. Тие се дејствуваат како одговор на вистински или измислен напад од оние кои, тие веруваат, сакаат да ги привлече во синкретистичко, верско или нерелигиозно културно миље. 32 Сумарно, може да се каже дека верските фундаменталисти како заедничко го имаат следново: Постои страв дека нивниот посакуван верски ориентиран начин на живот е нападнат од несакани секуларни влијанија или надворешни групи. 30 Hallencreutz, C. and Westerlund, D., Antisecularist policies of religion, in D.Westerlund (ed.), Questioning the Secular State:The Worldwide Resurgence of Religion in Politics, London: Hurst, 1996, pp Woodhead, L. and Heelas, P. (eds), Introduction to chapter two: religions of difference, Religion in Modern Times, Oxford: Blackwell, 2000, pp Marty, M. E. and Scott Appleby, R. (eds), Fundamentalisms and Society, Chicago: University of Chicago Press, 1993а, pp. 3 24

38 Нивната цел е создавање традиционално ориентирани, помалку модерни општества. Како резултат, многу превземени кампањи во согласност со што тие веруваат дека се соодветни верски постулати за да менуваат закони, морал, општествени норми и домашни и меѓународни политички конфигурации. Многу од нив се подготвени на политичко оспорување на владејачкиот режим на различни начини за работи кои посегнуваат во области од животот вклучувајќи го образованието, родовите односи и политиката на вработување, за кои верските фундаменталисти веруваат дека се интегрален дел од нивната визија за верски соодветно општество. Тие можат исто така активно да се спротивстават на исто верниците за кои тие веруваат дека се лабави во извршувањето на нивните верски обврски, како и припадниците на ривалската или спротивната религија за која тие можат да ја сметаат како заведена, зла дури и сатанистичка. Употребата на библијата од страна на конзервативните Христијани во САД привлекува внимание на фактот дека верските фундаменталисти генерално користат свети книги како клучни извори за нивните идеи. Користејќи го примерот на американските конзервативни Христијани, многу аналитичари кои го користеле поимот верски фундаментализам укажувале дека тој е правилно применет за Христијанството и за другите Аврамски религии на книгите : Ислам и Јудаизмот. Ова е затоа што Христијанските, Исламските и Еврејските фундаменталисти ги засноваат своите догми за дефинирање од она во што веруваат дека се безгрешноста на сопствените зборови на Господ сместени во светите книги. Со други зборови, поедините откровенија на светото писмо се централни во сите фундаменталистички догми во овие три религии. 3. ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ/ ИСЛАМИЗАМ Суштината на исламскиот фундаментализам претставува стриктно почитување на Куранот и Шеријатот, односно различно толкување на истото кое се разликува од движење до движење. Бајли го дефинира верскиот фундаментализам во однос на верската позиција односно строго придржување кон основните верувања. Ова често резултира со 25

39 нетолеранција спрема други верувања и верници во нивното сопствено кредо кои не претендираат да се одржат на екстремните позиции. Така протестанстските фундаменталисти ги презирале протестантите кои не успеале да ја согледаат опасноста од католицизмот. Еврејските фундаменталисти ги нападнале евреите со секуларни учења, додека муслиманските фундаменталисти веруваат дека тие имаат должност да го избришат исламот од било какви отстапки на културната модернизација. Политичката импликација е тенденцијата на фундаменталистите да се свртат кон тероризмот. 33 Додека муслиманскиот свет, како и христијанскиот, е поделен со религиозни спорови, многу муслимани би прифатиле дека тие се поврзани со вербата, културата, чувствата и идентитетот, колективно фокусирани во глобалната муслиманска заедница, умахот. Меѓународната манифестација за она што може да се окарактеризира како исламско оживување започнала да се појавува посебно по скромниот пораз на арапите од страна на израелците во шест дневната војна во јуни 1967 година и Иранската револуција по неколку години. Исламскиот фундаментализам се појавил во XVIII и XIX век како реакција на дезинтеграцијата на исламската политичка и економска моќ, тврдејќи дека исламот е централен кај двете, државата и општеството, и застапувајќи стриктно почитување на куранот и на исламскиот закон (Шериет). Затоа што поимот фундаментализам е од христијанско потекло, затоа што има негативна конотација, и затоа што неговата употреба во контекст на исламот ги нагласува верските корени на феноменот запоставувајќи ги националистичките и социјалните поплаки кои што ги истакнува, многу научници преферираат да ги нарекуваат исламските фундаменталисти Исламисти. Исламскиот фундаментализам започнал да привлекува поголемо внимание кај западните земји по иранската револуција од каде бил соборен иранскиот владетел Мохамед Реза Шах Пахлави ( ), и била воспоставена Исламска република а поготово по нападите на САД од 11 септември 2001 година од страна на Ал-Каеда, по што била воспоставена меѓународна исламска терористичка мрежа. Спектакуларната природа на овие настани довела до заеднички но погрешни верувања 33 Bealey, F., The Blackwell Dictionary of Political Science, Oxford: Blackwell, 1999, pp

40 на западот дека исламот и исламскиот фундаментализам се тесно поврзани, ако не и идентични. Всушност, не сите муслимани веруваат дека куранот е буквален и непогрешлив збор на господа, ниту пак сите од нив веруваат дека исламот бара строга согласност со сите верски и морални правила во куранот. За разлика од вистинските исламски фундаменталисти, повеќето муслимани не се идеолошки посветени на идејата за држава и општество базирано на исламските верски закони. Карактерот на исламските движења значително варираат низ светот. Некои исламисти го практикуваат тероризмот, другите пак не. Некои се залагаат за левичарски политички и економски програми, позајмувајќи идеи од марксизмот и други варијации на социјализмот, додека други се повеќе конзервативни. Повеќето исламисти инсистираат на усогласување на кодексот на однесување заснован на буквална интерпретација на Светото Писмо. Тие исто така инсистираат на тоа дека религијата ги опфаќа сите аспекти на животот и оттука дека религијата и политиката неможат да бидат поделени. Повеќето фундаменталисти генерално имаат дуалистички поглед на светот: тие веруваат дека се ангажирани во света војна или џихад, против нивните зли непријатели, кои често ги опишуваат како пиони на еврејските и масонските заговори. Исламските движења биле политички значајни во повеќето муслимански земји првенствено бидејќи ги артикулираат политичките и социјалните неправди подобро од секуларните партии, некои од нив биле дискредитирани по колапсот на комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз во Исто така властите на Саудиска Арабија и другите земји производители на нафта во регионот на Персискиот Залив се претставиле себе како оние кои се држат строго до исламскиот закон, продолжуваат да се соочуваат со внатрешната опозиција од исламските движења за нивните прозападни политички и економски политики, екстремната концентрација на богатството на нивните земји во рацете на владејачките семејства, и според исламистичкиот поглед, неморалниот животен стил. Донекаде, исламското непријателство спрема западот за одбивање на модерното, кое што им се припишува на сите фундаменталистички движења, е симптоматично, поради тоа што за она што е модерно а што не е добиено е од западот. Но грешка е да се припише сето тоа непријателство на сето она што е ново. Исто така погрешно е се да се припише на ксенофобијата, иако и ова има влијание. Друг важен 27

41 фактор е исламското незадоволство од западната политичка и економска доминација на Блискиот Исток. Ова е добро опишано во пишувањата односно во пораките на Осама бин Ладен 34, основачот и лидерот на терористичката организација Ал Каеда, каде што постојано го обвинува САД за одземање на територијата на палеситнците, за организирање на меѓународни санкции за Ирак што придонело за смрт на стотици илјадници ирачки граѓани во 90-те, за одржување на воената окупација на Саудиска Арабија за време на војната во Персискиот залив ( ). Бин Ладен го обвинувал и саудискиот режим и многу други влади на Блискиот Исток дека му служат повеќе на интересот на САД отколку на земјите од исламскиот свет. Пуританските преродбенички движења кои повикуваат на враќање на чистиот Ислам на пророкот Мухамед се појавувале периодично низ исламската историја. За време на периодот на европското колонијално владеење во XIX и XX век, овие движења започнале да заземаат полемички карактер. Муслиманските реформатори коко што е Мухамед Абдух ( ) и Џамал ал-дин ал-афгани ( ) истакнувале дека враќањето на рационалниот Ислам на Мухамед кој не бил компатибилен, според нивните гледишта, со науката и демократијата-бил значаен ако муслиманите се ослободеле себе си од европската доминација. Овој аргумент бил последователно усвојуван од некои исламистички фундаменталисти, обвинувајќи ги другите демократии врз основа на тоа дека само божјите закони се легитимни. 4. ВЕРСКА ОПРАВДАНОСТ НА ТЕРОРИЗМОТ Фундаменталистите го оправдуваат тероризмот односно насилството што го превземаат со соодветна интерпретација на светите книги и документи. Оттука, терористичките акции ги правдаат преку своите гледишта за: Сатана Џихад Шериет Фатва Обожавање на идоли 34 Messages and Interviews of Osama bin Laden, објавено на на 17, април, 2013 год. 28

42 Мачеништво ГОЛЕМИОТ САТАНА (САД) Фундаменталистите ја гледаат историјата како космичка борба помеѓу божјите сили на доброто и силите на злото на сатаната. Според нив човештвото е поделено во два спротивни табора на верници и неверници без можна неутралност. Осама бин Ладен во својата фатва Џихад против евреите и крстоносците 36, им се обраќа на САД со терминот Големиот Сатана, со што им дава верско оправдување но и обврска на следбениците да се борат против истата ЏИХАД СВЕТА ВОЈНА Исламските фундаменталисти го правдаат светотот насилство преку различни интерпретации на верската доктрина на џихадот. Поимот џихад, кој буквално не се преведува во света војна, е многу контроверзен и исламските научници се постојано поделени по тоа како треба да биде протолкуван. Слично на другите концепти во куранот, толкувањето на џихадот зависи од верските и политичките ставови на поедини исламистички верски групи-секти. Дури и современите дефиниции се контрадикторни. Според Исламскиот речник (Islamic Glossary) на Муслиманската студентска асоцијација на универзитетот на Јужна Калифорнија, џихадот (jihad понекогаш се пишува jihaad) претставува арапски збор чиј корен е зборот џахада (jahada), што значи да се залага за подобар начин на живот. Други значења на зборот се настојување, напор, трудољубивост и борба да се заштити нечиј живот. Исламот не дозволува на своите приврзаници да бидат инволвирани во света војна. 37 Според Енциклопедијата на политички и верски состојби (Encyclopedia of Politics and Religion states), исламистичката идеја за џихадот, кој потекнува од арапскиот корен кој значи да се стреми или да се направи обид, добива различни значења, од внатрешна духовна борба до постигнување на совршена вера до 35 Perlmutter, D., Investigating Religious Terrorism and Ritualistic Crimes, Boca Raton, Florida 2003, стр Објавено на пристапено на Islamic Glossary, Jihad, Muslim Students Association at University of Southern California, пристапено на

43 надворешна материјална борба да промовира правда и исламски општествен систем. 38 T.P. Hughes Исламски речник (Dictionary of Islam) презентира друга дефиниција, Џихад, напор или стремеж. Верска војна со оние кои се неверници во мисијата на Мухамед. Тоа е верска должност, претставена во куранот и во традицијата како божествена институција, создадена специјално за унапредување на исламот и оттргнување на злото од муслиманите. 39 Според некои, џихадот има значење на борба да се одржи нечија верба. За други, џихадот претставува должност на муслиманите да го зачуваат исламот со ослободување на светот од западните влијанија. Концептот на џихадот за милитантните исламски фундаменталисти, вклучувајќи го Осама бин Ладен, јасно е определен како света војна за ослободување на муслиманската света земја од неверниците. Џихадот исто така претставува оправдување за водење војна против сите непријатели во нивните напори да се создаде исламска држава. Всушност, некои го сметаат џихадот како шестти столб на исламот испуштената или заборавената обврска. 40 Потеклото на бин Ладеновиот концепт на џихад датира од раните години на XX век во Пакистан и Египет. Двајца водечки фигури, Хасан ал-бан и Сајед Абул Маудуди, се обиделе да го вратат исламскиот идеал на унитарноста на религијата и државата кои, како што веруваат тие, може да се постигне со враќање на исламот на традиционалното општество водено со строга интерпретација на исламскиот закон. Ал- Бан и Маудуди го нагласуваат концептот на џихад како света војна за да се стави крај на странската окупација на муслиманските земји. Според ставот на Маудуди, вистинскиот Ислам претставува модерна револуционерна партија: Исламот е револуционерна идеологија чии намери се да го надрасне општествениот поредок во целиот свет и повторно да го изгради сообразно со свои постулати и идеали...џихад придонесува за таа револуционерна борба и напорот што исламската нација/партија го вложува за да ја постигне оваа цел Wuthnow, R., Ed., Encyclopedia of Politics and Religion, Congressional Quarterly, Inc., Washington, D.C., 1998, p Hughes, T.P., Dictionary of Islam, p Perlmutter, D., Investigating Religious Terrorism and Ritualistic Crimes, Boca Raton, Florida 2003, стр Zeidan, D., The Islamic fundamentalist view of life as a perennial battle, Middle East Rev. Int. Affairs, 5, December 2001, p

44 Во 1950, Сајед Кутб, истакнат член на египетското Муслиманско Братство, ги подигнал на многу повисоко ниво аргументите на Ал-Бан и Маудуди и прокламирал дека сите не-муслимани, дури и така наречените луѓе на книгата (Христијани и Евреи) се неверници. Кутб предвидел иден конфликт помеѓу исламот и западот: Исламистите ја нагласуваат битката против незнаењето, традиционално сватена како паганска состојба на незнаење во пред исламска Арабија. Но реинтерпретирана од страна на Кутб да значи, секој современ систем кој не е заснован на оригиналните свети извори на куранот и хадитот и не работат според шериетот. Кутб исто така го реинтерпретирал џихадот да значи постојан конфликт помеѓу исламскиот систем и сите современи неуки парадигми. Концептот на двата система се целосно некомпатибилни, па така не постои можност за компромис или коегзистенција помеѓу нив. 42 Откако египетскиот претседател Абдел Насер го егзекутирал Кутб, неговите пишувања биле прифатени уште пошироко во арапскиот свет, посебно по поразот на арапите во 1967 година во војната со Израел. Пишувањата на Кутб го обликувале милитнтниот поглед на исламот и придонеле за фундаменталистичкото означување на САД како Големиот Сатана. Кутб го поделил светот во два табора: Божјата партија наспроти Сатаната. Човекот се соочува со морален избор кој не може да го избегне и мора доброволно да се потчини на божјите морални закони на шериетот. Има само еден господ и една вистина. Се друго е грешка. Има само еден закон, Шериет. Сите други закони се само човечки инает и своеволност. 43 Пишувањата на Кутб и Маудуди имале влијание врз многу млади арапи вклучувајќи го и палестинскиот научник Абдула Азам кој се борел со ПОО (Палестинска Ослободителна Организација) во 70-те. Додека студирал Исламско право во Каиро, Азам се запознал со семејството на Сајед Кутб, кој што предавал на Универзитетот во Саудиска Арабија каде што еден од неговите студенти бил Осама бин-ладен. За време на битката за ослободување на Авганистан од Советската окупација во 1979, Азам се здобил со можност да ги спроведе своите револуционерни 42 Ibid. p Ibid, p. 4 31

45 идеали во практика. Тој бил наречен Емир на Џихадот затоа што бил еден од првите арапи кои се приклучиле во војната во Авганистан заедно со Осама бин-ладен. Тие работат заедно за да регрутираат Арапи да се борат во света војна и Азам издавал книги и магазини кои ја застапуваат моралната служба на секој муслиман да спроведе џихад. Атентатот врз Азам со автомобил бомба во 1989 година допринесло за уште порадикален фундаментализам воден од страна на Ајман ал-завахири, египќанец, чија кауза била против подржувањето на Заливската војна 1991 која што донела американски трупи во Саудиска Арабија. Бин Ладен и неговите муслимански војници биле екстремно вознемирени да ја видат земјата, која тие ја сметаат за света, окупирана од непријателски војници. Влијанието на Завахири врз бин Ладен и ал-каеда, го трасирало патот за познатата Декларација за војна против САД од 23 фебруари 1998 година, и почетокот на терористичките напади на американски цели. 44 Декларацијата за војна наречена Џихад против Евреите и Крстоносците подоцна станал доказ кој ја поврзува мрежата на бин Ладен со нападите од 11 септември. Бин Ладен, својата декларација за војна против САД и неговите терористички акции, ја оправдува како одбрамбена војна против непријателите кои нападнале и окупирале муслимански земји: Осама бин Ладен не теоретизирал околу џихадот, но тврдел дека тоа е дел од исламската религија, посебно релевантна во случај на одбивање на нападите на неверниците. Стационирањето на западните воени бази на муслиманска земја претставува окупација од страна на неверниците, јасна кауза на џихадот. Во неговата злогласна ladinese epistle во која тој го декларира џихадот против Америка, ја базира врз основа на мислењето на ибн-тајмија кој ја истакнува важноста од справувањето со големите неверници пред да се справи со останатите, помали неверници базиран на принципот на неопходност. Тоа е верска должност да се одврати големата опасност дури и ако тоа значи игнорирање на помалите непријатели на 44 Symon, F., Analysis: the roots of jihad, BBC News, October 16, Објавено на: 32

46 одредено време. Тој го дефинира големиот неверник како Америка, поради нивната окупација на арапскиот полуостров и подршката на Израел МАЧЕНИШТВО (Istishhad 46 ) Самоубиствените напади на Светскиот Трговски Центар и Пентагон се форма на џихад како и сите други акти на тероризам кои се припишуваат на исламските фундаменталисти. Поради тоа што самоубиството е верски забрането во исламот, самоубиствените напади мора да бидат прикажани како форма на свето насилство. Самоубиството како кауза во светата војна не само што е легитимна, туку претставува една од највисоките форми на себе жртвување. Самоубивањето за слава на исламот, од страна на екстремните фундаменталисти се смета за врховна форма на џихад и вид на тероризам кој е дозволен според шериетот. Тоа не претставува самоубиство (intihar), туку мачеништво (istishhad), она што ќе обезбеди специјално место во рајот. Активното мачеништво е уште една зона на интерпретација и имплементација. Мачеништвото активно е охрабрувано и славено од страна на фундаменталистите, и нивната награда во задгробниот живот предизвикала за многу да ги осудуваат. Екстремните фундаменталисти ја оживеале традицијата на кариџитите и асасините на убивања со самоубиства како легитимно оружје во нивниот современ џихад...повеќето радикали се сложуваат дека самоубиството е голем грев забранет во исламот. Како и да е, тие употребуваат стихови од куранот, хадитот и случаи од раната историја на исламот да докажат дека доброволното себе жртвување за каузата на исламот (вклучувајќи да се разнесуваат себе како жива бомба) со цел за одбрана на муслиманите и повредување на нивните непријатели, не се смета за самоубиство туку легитимна борба до смрт. 47 Модерните терористи имаат фундаментални разбирања од природата на светото насилство и како да ја манипулираат политичката ситуација така што обичните мирни луѓе ќе се вклучат во насилството како неопходна верска обврска. Заробени во кругот 45 Zeidan, D., The Islamic fundamentalist view of life as a perennial battle, Middle East Rev. Int. Affairs, 5, December 2001, p Арапски збор за мачеништво, смрт на маченик, херојска смрт, Wehr, H., Arabic-English dictionary: The Hans Wehr Dictionary of Modern Written Arabic, 4th edition, ed. J. Milton Cowan, Urbana, IL: Spoken Language Services, Inc., 1994, p Zeidan, D., The Islamic fundamentalist view of life as a perennial battle, Middle East Rev. Int. Affairs, 5, December 2001, p. 19, 20 33

47 на праведната одмазда, не постои каење затоа што верскиот тероризам е секогаш оправдан од страна на вистинските верници. 4.4.ФАТВА Фатва претставува одлука за одредена точка од исламскиот закон, донесена од страна на признат орган или поединец (муфтија муслимански легален експерт кој е овластен да дава одлуки за верски прашања). 48 Тоа е легално мислење или одлука изречена од страна на исламски верски лидер. 49 Потекнува од раниот XVII век од арапскиот збор fatwā што значи одлука за точка од законот. Фатва е одлука или решение донесено од страна на исламски свештеник. Фатва може да биде одлука за се, и фатвата се издава од исламските свештеници постојано на секојдневни верски предмети, како што се облеката и однесувањето. Фатвата во секојдневните предмети ретко се спомнувани во немуслиманскиот печат. Многу поконтроверзни се фатвите кои повикуваат на смрт на еретички муслимани или немуслимани. 50 Една од најпознатите така наречени смртни фатви во модерно време била декретот од 1989 година издаден од страна на ајатолахот Рухолах Комеини, тогашен лидер на Исламската Република Иран, повикувајќи на смрт на британскиот писател Салман Ружди. Фатвата гласела дека Ружди треба да биде егзекутиран затоа што го навредил исламот во неговата новела Сатанските стихови (The Satanic Verses), издадени во 1988 година. Таа исто така повикува на смрт на секој уредник или издавач кој е инволвиран во издавање на новелата. Фатвата во целост гласи: Авторот на Сатанските стихови, текст напишан, уреден и издаден против исламот, против пророкот на исламот и против куранот, заедно со сите уредници и издавачи кои се свесни за неговата содржина, се осудени на смртна казна. Ги повикувам сите храбри муслимани каде и да се во светот да ја извршат оваа казна без одлагање, за да никој отсега не се осмели да ги навреди светите верувања на муслиманите Објавено на пристапено на Објавено на Kushner, W., H., Encyclopedia of Terrorism, Sage Publications, Inc., California, Ibid. стр

48 Група во Иран понудила награда за секого, муслиман или немуслиман, кој ќе го убие Ружди. Тој ги провел следните 10 години во криење и добивал постојана полициска заштита. На 12 фебруари 1997 година, иранската добротворна организација 15 Кордад објавила зголемување на наградата за убиство на Салман Ружди на 2,5 милиони долари. Во исто време, иранската влада дала свои гаранции дека нема да прати никој да го убие Ружди но исто така нагласила дека никогаш неможе да ја повлече фатвата. Ружди не бил нападнат, но некои од оние кои биле поврзани со неговата работа не успеале да ја избегнат фатвата. Јапонскиот преведувач на книгата, Хитоши Игараши и италијанскиот преведувач Еторе Каприоло, биле избодени со нож во нивните сопствени земји во јули Игараши им подлегнал на повредите веднаш, додека Каприоло бил сериозно повреден. Норвешкиот издавач на книгата, Вилијам Најгард, бил застрелан во Осло во 1993, но го преживеал нападот. Во овие случаи никој не бил уапсен. Друга контроверзна попозната фатва е онаа против Теренс Мекнели. Во октомври 1999, британски свештеник издал фатва со која повикувал за смрт на американскиот драматург Теренс Мекнели, автор на контроверзната драма која го отсликува Исус Христос како хомосексуалец распнат на крст како крал на чудаците - квировите (нешто што е чудно, што отстапува од нормите). Шериетскиот суд на Обединетото Кралство ја издал фатвата, во која нагласува дека Мекнели го навредил Исус, кој е пророк во куранот. Фатвата била потпишана од страна на Омар Бакри Мухамед, екстремистички свештеник и судија во шериетскиот суд на Велика Британија. 52 За време на заливската војна, шеикот Мухамед издал фатва со која повикувал на убиство на поранешниот британски премиер Џон Мејџор. Шеикот Мухамед рекол, Фатвата е да се истакне исламската точка на гледиште дека оние кои го навредуваат Алах и господовиот гласник мора да разберат дека тоа е криминал. 53 Можеби најпознатата фатва е прогласувањето од страна на Осама бин Ладен и четири други фундаменталисти, двајца од Египет и по еден од Бангладеш и Пакистан, на Објавено на на 29 октомври Kushner, W., H., Encyclopedia of Terrorism, Sage Publications, Inc., California, 2003, стр

49 фебруари 1998 година. Оваа фатва е издадена во името на Меѓународниот Фронт за Џихад против евреите и крстоносците со која ги повикува муслиманите да ги убиваат американците и нивните сојузници војници и цивили, нарекувајќи го тоа индивидуална должност за секој муслиман кој може да го стори тоа во секоја земја во која е можно тоа да се стори. Сл. 1 Фатва Меѓународен Фронт за Џихад против Евреите и Крстоносците Фатвата содржи листа од три криминални дела и гревови сторени од страна на американците: 1. Воената окупација на Арапскиот полуостров од страна на САД 2. Агресијата на САД врз народот на Ирак 3. Подршката на Израел од страна на САД 1. Воената окупација на Арапскиот полуостров од страна на САД Првин, веќе седум години САД ги има окупирано земјите на исламот во најсветите места, Арапскиот полуостров, разграбување на нивните богатства, диктирајќи на нивните владетели, понижувајќи ги нивните народи, тероризирајќи ги нивните соседи и претворајќи ги нивните бази 36

50 на полуостровот во ударна тупаница со која се борат против соседните муслимански народи. Ако некои луѓе во минатото не се сложуваа со фактот дека постои окупација, сега сите луѓе на островот тоа го признаа. Најдобар доказ за ова е што американците продолжуваат со агресијата против народот на Ирак користејќи го полуостровот како појдовна точка, иако сите владетели на овие земји се против тоа нивните територии да се користат за оваа цел, но тие се немоќни. 2. Агресијата на САД врз народот на Ирак Второ, и покрај големото уништување нанесена на народот на Ирак од страна на крстоносно-ционистичката алијанса, и покрај големиот број на убиени, кој надмина 1 милион...и покрај сето ова, американците уште еднаш се обидуваат да ги повторат ужасните масакри, како да не се задоволни со долготрајните блокади наметнати по жестоката војна или фрагментација и пустошење. 3. Подршката на Израел од страна на САД Трето, ако американските цели од овие војни се верски и економски, целта исто така е да служи на еврејските ситни држави и свртување на вниманието од окупацијата на Ерусалим и убивањето на муслиманите таму. Најдобар доказ за ова е нивната желба да го уништат Ирак, најмоќната соседна арапска држава, и нивното настојување за фрагментирање на сите држави во регионот како што се Ирак, Саудиска Арабија, Египет и Судан во хартиени државички и преку нивното разединување и слабост да го гарантира израелскиот опстанок и продолжување на бруталната крстоносна окупација на полуостровот. 54 Оваа фатва подоцна била користена од разни исламски екстремистички групи низ светот за да ги оправдаат нападите врз воени и цивилни цели. 4.5.ОБОЖУВАЊЕ НА ИДОЛИ (ИДОЛОПОКЛОНСТВО) Jahiliyya Обожувањето на идоли традиционално е сватено како паганска состојба на незнаење во пред исламска Арабија. Терминот бил користен во исламот да се карактеризираат деновите пред откровението на Мухамед, и пред него терминит значел игнорирање на исламот. Но по него станува концепт на варваризам (поради 54 Објавено на на год. 37

51 недостаток на исламски принципи): џахилија, доаѓа во форма на тврдење на правото на создавање вредности, да донесува закони за колективно однесување, и да се избере било кој начин на живот кој почива во нив, без оглед на она што Бог го препишал. 55 Подоцна тоа е реинтерпретирано да има значење на современ систем кој не се базира на оригиналните свети извори на куранот и хадитот и не работи според шериетот. За фундаменталистите, една од примарните верски вредности е суверенитетот на Бог: Бог создал се и има апсолутно право на се. Но секуларното општество го прекршува суверенитетот со креирањето нови правила со кои ги избегнуваат желбите на Бог. Според Кутб, секоe не муслиманско општество се квалифицира како џахилија затоа што Алах не е суверен, наместо тоа човекот и неговите закони се суверени, заменувајќи го Алах на неговото вистинско место. Со проширување на користењето на овој термин да го вклучи неговото современо општество, Кутб дава исламско оправдување на револуцијата и бунтот. Според Кутб, оваа револуција била џихадот, но не на насилен начин. За него џихадот претставувал процес на првото духовно созревање на поединците и подоцна борба против репресивниот режим: Како мора да почне исламското воскреснување? Претходницата мора да го стави во движење средината на џахилија кој сега владее низ целата земја. Таа претходница мора да одлучи кога да се повлече а кога да бара контакт со џахилијата која опкружува РЕГРУТАЦИЈА И ВРБУВАЊЕ ЗА ИСЛАМСКИТЕ МИЛИТАНТНИ ДВИЖЕЊА Во последните години многу внимание се посветува на тоа што прават луѓето штом станат членови на терористичка група. Според експертите, подеднакво внимание треба да посвети на подобро сваќање на видовите на услови и конфликти кои што ги тераат луѓето да се впуштат во политички екстремизам. Научниците имаат малку да кажат околу механизмот преку кој радикализираните индивидуи стануваат членови на насилни екстремистички групи. Не постои целосно развиена теорија за терористичка 55 Qutb, S., Islamic concept of jahiliyya, објавено на пристапено на Qutb, S., Islamic concept of jahiliyya, објавено на пристапено на

52 регрутација, ниту пак аналитичарите се обиделе да издвојат целосно концептуална рамка во која ќе се разбере прашањето. Начинот и методите преку кои исламските милитанти ги мобилизираат нивните подржувачи и пронаоѓаат нови регрути се од големо значење за службите за спроведување на законот. Исламските милитантни напори за регрутација во голема мера се водат во подземјето, со мало отворено пропагирање и регрутирање што сега се случува во џамиите. Затворите и другите ранливи места продолжуваат да бидат голема причина за загриженост. Наместо радикалните имами, кои изгубиле од своето влијание, сега активистите се моторот на исламското милитантно врбување. Тие често се подготвени за регрути од таканаречените портални организации кои подготвуваат индивидуалци идеолошки и ги социјализираат во екстремистичкото миље. Во регрутирањето голема улога има и интернетот кој започна да игра се поголема улога во исламското милитантно регрутирање, како во подршка на реалната регрутација или во целосно нова форма на милитантни активности наречени виртуелна само регрутација. Регрутацијата претставува начинот и методите преку кој организациите се обидуваат да придобијат членство или активни подржувачи. Ова значи процес со кој индивидуалците се забележани, набљудувани и манипулирани со крајна цел, овие луѓе да учествуваат во џихад. 57 Како и да е, додека ова може да претставува еден начин на концептуализација на регрутацијата во насилен екстремизам, повеќето аналитичари ќе се сложат дека тоа е толку испревртено да се разбере феноменот во неговата целосна комплексност. Најшироко регрутацијата може да се објасни како процес преку кој поединците се приклучуваат во одредени субјекти кои се вклучени во насилен екстремизам. Потребно е да се направи разлика помеѓу регрутација и радикализација. Двата концепта се поврзани, но тие означуваат различни феномени. Регрутацијата опфаќа практични чекори кон зачленување во насилна група, додека радикализацијата ги 57 Оваа дефиниција била усвоена од холандската разузнавачка служба во нејзината студија за регрутација од 2002 година, Recruitment for the Jihad in the Netherlands, The Hague: AIVD, 2002, p.7, објавено на A%2F%2 Fenglish.nctb.nl%2FImages%2FRecruitment%2520for%2520the%2520jihad%2520in%2520The%2520Netherlan ds_tcm pdf&ei=r3ohvi7acij8ywocuohwcw&usg=afqjcnfj_pk52zso4xkn24qbdtnj9bvguq&bvm=bv ,d.bGQ&cad=rja 39

53 опишува промените во однесувањето кои водат кон санкционирање и во крајна линија, вклучување на насилството за политички цели. 58 Едноставно кажано, регрутацијата се наоѓа некаде помеѓу радикализацијата и употребата на насилство. Според Мајкл Тарнбај таа претставува мост помеѓу личните уверувања и насилниот активизам. 59 Уште еден често употребуван термин во студиите за тероризам е екстремизмот. Типично, овој израз се однесува на политички идеологии кои што се спротивни на општествените (уставни) вредности и принципи. Се поврзуваат со идеологии кои се супериорни по природа и ги занемарува основните принципи на демократијата и човечкото достоинство. 60 Терминот исто така се употребува да се опишат методите преку кои политичките актери се обидуваат да ги остварат нивните цели, кои покажуваат непочитување на животот, слободата и човековите права на другите. 61 Исламските милитантни фундаменталисти комбинираат строго, буквално практикување на исламот (најчесто се припишува на Салафи или Вахаби) со револуционерна политичка идеологија (исламизам), прокламирајќи глобалната заедница на верници (умах 62 ) да биде ослободена и обединета под исламско владеење, и вербата дека најефикасниот начин на постигнување на оваа цел е преку насилство или вооружена борба. Следбениците на ова движење веруваат дека се вклучени во војна против коалиција од Христијани и Евреи (таканаречена Алијанса на Крстоносци и Ционисти) како и отпаднатите муслимански владетели, во која индивидуалната должност на секој муслиман е да го брани умахот. 5.1.СОЦИЈАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА Мобилизацијата на терористите е одговор на притисоците и стресовите со кои се соочуваат во едно општество: колку повеќе луѓе се чувствуваат фрустрирани и оттуѓени, толку повеќе тие ќе се приклучуваат на групи кои што даваат отпор на 58 Taarnby, M., Jihad in Denmark: An Overview and Analysis of Jihadi Activity in Denmark, , Danish institute of International Affairs Working Paper, 2006/35, p Taarnby, M., Recruitment of islamist terrorists in Europe: Trends and Perspectives, Research Report funded by the Danish Ministry of Justice, 14 January 2005, p, 6 60 Reinares, F., quoted in David J. Kilcullen, Subversion and Countersubversion in the Campaign against Terrorism in Europe, Studies in Conflict and Terrorism, 30(8) (2007), p Scruton, R., The Palgrave Macmillan Dictionary of Political Thought, 3-th ed., Basingstoke: Palgrave Macmillan, Арапски збор кој буквално означува луѓе, заедница, објавено на 40

54 изворите на фрустрација. Како резултат на ова, многу автори се фокусираат на така наречените корени и причини на тероризмот, надевајќи се дека е возможно да формулираат ефективни против терористички политики базирани точно сваќање на изворите на поплаки кај луѓето. Аргументите се движат од угогата на сиромаштијата, политичката потпора, перцепциите на огорченост и закана, потрага по идентитетот, лични фактори и религија, без ниеден фактор кој обезбедува целосен задоволувачки одговор на прашањето зошто се појавува тероризмот. 63 Една од главните критики на овој пристап е тоа што, додека поплаките се широко распространети, тероризмот не е. Напротив, некои од најрепресивните како и економски сиромашни општества имаат малку искуство со политичкото насилство, додека многу просперитетни и стабилни држави биле цели на многу терористички кампањи. Исто така некои од условите кои се идентификувани како главни причини за современиот исламистички милитаризам во арапскиот свет, подем на модерноста, агресивното наметнување на западната култура, недостаток на демократија и пристап, како и празнината помеѓу богатите и сиромашните се подеднакви низ земјите на Блискиот Исток, иако некои се соочиле со значително повисоко ниво на тероризам и политички пресврти од останатите. 64 Додека отуѓувањето и фрустрацијата може да бидат корисни индикатори за радикализација и револуционерниот потенцијал, тие се доволни во објаснувањето зошто политичкото насилство всушност се појавува ОСНОВИ ЗА РЕГРУТАЦИЈА Прво прашање на кое треба да се одговори за регрутацијата е дали во одредени места или локации е поверојатно да се врши регрутација отколку во другите. Извештаите во медиумите често креираат впечаток дека постојат специфични основи во кои забележувачите ги демнат своите жртви и таквите места треба да бидат затворени или исчистени за да се елиминираат заканите од насилен екстремизам. Ова може да важи за магнети за регрутација, како што се радикални џамии, кои што привлекуваат луѓе од сите географски подрачја. Генерално, постојат два вида на физичка средина каде што се одвива регрутацијата за исламските милитантни 63 Bjorgo, T., Root Causes of Terrorism: Myths, Realities, and Ways Forward, New York and London: Routledge, Meijer, R., Taking the Islamist Movement Seriously: Social Movement Theory and the Islamist Movement, IRSH, 50 (2005), p Richardson, L., Introduction in Louise Richardson (ed.), The Roots of Terrorism, New York: Routledge, 2006, p.2 41

55 движења. Првата средина се местата каде што муслиманите се собираат и среќаваат, односно џамиите. Втората средина се локациите каде што поединците се ранливи и затоа може да бидат приемчиви кон насилните екстремисти. Најдобар пример за оваа локација се затворите. Други локации кои играат улога во регрутацијата припаѓаат во првата или втората категорија ЏАМИИ Исто како кај христијанските цркви, џамиите играат интегрален дел во секојдневниот живот на муслиманските заедници. Тие не се само центри за обожување и духовно збогатување, туку одржуваат образовни активности, вршење на функции на добросостојба и служи како место за собирање на различни генерации. Иако џамиите се надгледувани од страна на комитет и менаџирани од имам (кој најчесто е вработен во комитетот), многу од нив се отворени за различни групи и здруженија кои може да ги користат објектите како место за нивни сопствени настани и активности. Со оглед на централното место што го имаат џамиите во животот на муслиманската заедница, логично е дека насилниот екстремизам се обидува да ги експлоатира истите како место во кое ќе најдат подржувачи и ќе регрутираат следбеници. Едноставно речено, нема подобро и по очигледно место каде може да се сретне голем број на побожни муслимани, кои можат да бидат отворени кон верска политичка порака која исламските милитанти се надеваат да ја пренесат. До неодамна, целта на исламистите била да се контролираат одредени џамии и да ги претворат во центри на екстремистички активности. Во студијата од 2002 година, разузнавачката служба на Холандија трвди дека екстремистите се обидуваат да ги превземат џамиите како безбедно небо од каде ќе ја организираат логистиката и ќе собираат средства за активните муџахедини, но исто така за да привлечат потенцијални регрути, набљудувајќи ги во раните фази и нудејќи објекти за подршка на процесот на интеграција на новите регрути во структурите на исламските милитантни движења. 66 Како што е познато, некои од овие обиди биле успешни и местата како што се Ал Кудс во Хамбург, Исламистичкиот културен центар во Милан, џамијата во паркот Финсбури во Лондон и други станале места за пропагирање на насилниот екстремизам. Овие џамии биле претворени во магнети за радикализирани поединци, кои активно бараат вакви места за да запознаат други истомисленици или да се вклучат во насилниот 66 AIVD, Recruitment for the Jihad, p

56 екстремизам. Со други зборови, радикалните џамии создаваат процес на само регрутација при што поединците кои што веќе се одлучиле да се приклучат, знаат каде да одат. 67 Онаму каде превземањето на џамиите се соочува со потешкотии, таму насилните екстремисти прават систематски напори да се инфилтрираат во нив. Тактиките кои се употребуваат варираат во зависност од околностите. Повремено тие се претставувале како истакнати научници на исламот и се нудат да водат молитва. Во други прилики, тие формираат студиски групи во кои можат да ги пропагираат своите пораки, криејќи нивните мотиви и идентитети се додека личните односи помеѓу членовите не се зацврстат. 68 Онаму каде што ниедна од овие методи не е возможна, тие едноставно ќе седат во аголот, чекајќи да заврши молитвата, а потоа ќе се приближат до поединци, или ќе се впуштат во разговор со група луѓе на кои им го привлекле вниманието. 69 Многу од овие активности се очигледни за остатокот од општеството. Во некои случаи, комитетот на џамиите завземаат робустен став, потиснувајќи ги оние кои биле сметани за радикали. Ова често ги терало екстремистите да ги променат своите активности од внатрешноста на џамиите, надвор од нив, со дистрибуција на летоци по молитвите. Во прилог на систематските напори за регрутација, постојат многу случаи каде што џамиите обезбедуваат формирање на формација на clique 70, кои потоа ќе се вклучат во насилниот екстремизам. Не е случајно дека џамиите, кои се центар на муслиманските заедници, ќе обезбедат услови за регрутни активности. Но, како и да е ова е далеку од тоа да се рече дека џамиите се плодна почва за терористите. Добра студија на случај за тоа како џамиите можат да имаат малку повеќе значење отколку да бидат место за активности на насилните екстремисти е исламистичката милитантна мрежа базирана во 19-та област во Париз, кои првично се среќавале во Икра џамијата во предградието на Левалоис-Перет. Како што подоцна се испоставило, групата станала една од главните точки преку кои млади француски 67 O Neill, S., McGrory, D., The Suicide Factory: Abu Hamza and the Finsbury Park Mosque, London: Harper, 2006, p Wiktorowicz, Q., Joining the Cause, Department of International Studies, Rhodes College, p Chairman of Brixton Mosque, London, interviewed, August Во социјалната наука има значење на група на лица кои комуницираат помеѓу себе по често и интензивно отколку другите во иста постава, објавено на Salkind, N., Encyclopedia of educational psychology, Sage Publications,

57 муслимани можат да се приклучат на бунтовниците во Ирак. Кога неколку француски граѓани кои биле поврзани со групата биле убиени а некои заробени од американските сили во Ирак во 2004 година 71, француските власти одлучија да се спротивстават на џамијата, претпоставувајќи дека е слична со паркот Финсбури во Лондон или Ал Кудс во Хамбург. Во реалноста, затворањето на џамијата во јуни 2004 година направиле мала разлика за групата, која едноставно се преселила во друга молитвена хала. 72 Наместо во Левалоис-Перет, мрежата почнала да се свикува во поголемата Адава (Adda wa) џамија во 19-та област, од каде што доаѓале повеќето од членовите. Се појавиле духовни лидери кои привлекувале дополнителни следбеници и створиле репутација на групата во радикалните кругови. Кога француските власти продолжиле со апсење во 2005 година, Адава дошла до поголемо внимание кај јавноста. Официјалното оправдување од официјалните лица во џамијата било дека во деновите за молитва околу 3000 луѓе присуствувале на истата и дека не можело се да се контролира. 73 Постојат добри причини да се верува дека во последните години, улогата што ја играат џамиите во напорите за регрутирање на екстремистите, се променила. Прво, многу од таканаречените радикални џамии, кои уште се нарекуваат и центар на гравитација за исламистичкото милитантно движење, не постојат повеќе. Тие биле или затворени или превземени од поумерени лидери. Второ, следејќи го откривањето на терористичките завери во повеќето европски земји, многу одбори на џамиите престанале да ги затвораат очите пред активностите на екстремистите, усвојувајќи ја политиката на нулта толеранција кон регрутацијата и активностите на исламските милитанти. Ова заедно со широко распространетата перцепција дека повеќето џамии дека сега се надгледувани од полицијата и разузнавачките агенции, се чини дека одврати многу насилни екстремисти од ангажирање во отворени активности за регрутација. Ова не значи дека џамиите повеќе не играат улога во регрутација на насилните екстремисти. Наместо тоа, се чини дека ако екстремистите продолжат со искористувањето на предностите на џамиите за забележување таленти и како места за прв контакт, но откако тие контакти ќе се воспостават, тие се обидуваат да се 71 Irak: trios Français présumés islamistes détenus par les Etats -Unis, Le Monde, 4 February Vidino, Al Qaeda, p A la mosque Adda wa, à Paris: On ne prêche pas le djihad ici, Le Monde, 9 February

58 оттргнат од џамиите и извршуваат радикализација и регрутација на поединци на затворени локации, како што се приватни станови и импровизирани молитвени сали. Членовите на исламистичките милитантни групи сеуште се мешаат со верниците, но наместо да го разгоруваат проблемот со остатокот од општеството, тие ќе оперираат тивко, на тој начин правејќи се себе си достапни на соработниците и луѓето за кои тие ќе пресудат дека им се од интерес. Овој модел е сличен во скоро сите земји. Како пример може да послужат и бомбашките напади на возови во март 2004 година, џамијата М30 во Мадрид служела не само како место за регрутација туку ефективно како оперативен штаб за ќелиите кои ги планирале нападите, со дневни состаноци кои биле држани на терасите на објектите. 74 По бомбашките напади, насилните екстремисти во Шпанија се притаиле. Како во Британија, се продолжило со праксата џамиите да се користат за идентификување и приближување до потенцијалните регрути, но оние што ја спроведувале регрутацијата се обидуваат да не привлечат внимание. Според постар член на шпанската разузнавачка служба, целта е да се смени поставеноста што е можно побргу, преку убедување на регрутите да присуствуваат на сесиите во приватни станови. 75 Слично на ова, критичарите на обемната програма за мониторинг на џамиите во Франција истакнуваат дека властите не успеале да ги откријат полускриените места за обожување, кои се развиваат и работат надвор од дофатот на државниот систем за надгледување. 76 Заклучокот од ова е дека повисокиот степен на внимание од властите и џамиите ги натерало екстремистите да ги пренасочат своите активности за регрутација во подземјето ЗАТВОРИ Додека улогата на џамиите во регрутацијата на милитантни исламисти се чини дека се намалила, вистината е сосем спротивна за затворите. На почеток, констатацијата звучи парадоксално: додека џамиите може да се најмалку контролираните јавни места, затворите се по дефиниција ограничени простори во кои 74 Juzgado Central de Instrucción Número 6, Audiencia Nacional, Sumario No.20/2004, 10 April 2006, p Former deputy Director of the Spanish foreign intelligence service, interviewed, September Pascale, C. S., An Inside Look at France s Mosque Surveillance Program, Jamestown Terrorism Monitor, 16 August

59 пристапот и движењето се цврсто ограничени. Сепак, затворите се високо, односно уникатно погодна средина за радикализација и регрутација. 77 Некои од основните точки кои произлегуваат од литературата за исламот и европските затвори вредат да се повторат. Прво, затворите се вознемирувачки средини во кои поединците се соочуваат со егзистенцијалните прашања на особено интензивен начин. Ова објаснува зошто стапката на верска конверзација во затворите е поголема отколку кај општата популација: верата обезбедува чувство на сигурност и безбедност и исто така нуди шанса да се раскине со минатото. Второ, разговорите околу исламот од страна на муслимани кои не го практикуваат исламот (станувајќи препородени муслимани) 78 или од поединци со друга верска припадност се во многу поголем број отколку кон другите вери. Некои од експертите веруваат дека популарноста на исламот помеѓу затворениците може да биде објаснето со неговата едноставност и релативна лесност со која некој може да се декларира себе си како Муслиман. 79 Други сметаат дека исламот станал симбол на антисистемската пркос и дека преобратувањето во ислам претставува чин на побуна. Според зборовите на Фарад Косрокавар, исламот во Европа, особено во Франција, станал религија на угнетените, како што бил Марксизмот во Европа порано. 80 Многу затвори низ Европа виделе формирање на радикални исламистички групи, кои се придржуваат до реторички и строги кодови на однесување на исламското милитантно движење. Овие групи се успешни бидејќи успеваат да ги искористат вознемирувачките услови наметнати од затворската средина. Вклучувањето во исламска група ги задоволува ургентните потреби на поединците за социјална мрежа во ситуација во која тие се препуштени сами на себе: им овозможува да избегнат изолација и ги спречува да бидат избрани од другите групи. Покрај тоа, уште поважно веројатно, исламскиот идентитет на овие групи им обезбедува на членовите уникатно чувство на сила и супериорност. Тие можат да се фалат за тоа дека имаат мисија, дека го напуштиле нивното минато заради повисока должност. Како и да е, далеку од тоа да биде во согласност, нивниот нов идентитет ги прави погласни против системот. 77 Beckford, A. James., Joly, D., and Khosrokhavar, F., Muslims in Prison: Challenges and Change in Britain and France (Basingstoke: Palgrave, 2005); Jean-Luc Marret (ed.), Les fabriques du jihad (Paris: Presses Universitaires de France, 2005) 78 Richardson, L., Roots of Terrorism, article of Roy, O., Terrorism and Deculturation, p Beckford, Islamic radicalization in Europe s jails, MSNBC.com, 8 July Smith, S. C., French Prisons-Radicalizing large Muslim populations, (Khosrokhavar citation), New York Times, 20 December

60 Всушност, тоа е нивната тивка агресија комбинирана со употреба на џихадистичка реторика која прави од нив да стравуваат и да бидат почитувани од страна на затворениците и персоналот во затворот. Тешко е да се одреди степенот до кој муслиманските затворски групи треба да се сметаат како полноправни членови на исламското милитантно движење. Некои немаат поврзаност со некоја специфична група или мрежа, што значи дека тие поедини членови се оставени да ги бараат исламистичките милитантни групи по нивното ослободување. Други пак, се во директен контакт со џихадот што ја олеснува нивната регрутација во постоечките мрежи и структури. Овие два принципиелни метода на кои може да се воспостави контакт за џихадот, се најголемите причини за загриженост. Првиот начин за создавање на врската со џихадот внатре во затворот, е преку така наречените радикални имами, кои добиваат пристап до затворската средина поради тоа што тврдат дека пропагираат верски обреди. Во практика, тие ја спроведуваат радикализацијата на затворениците и го олеснуваат регрутирањето во екстремистички мрежи. Проблемот бил препознаен од повеќето власти, но сеуште е тешко да дојдат до решение. Шемите според кои само сертифицирани имами имаат одобрен пристап до затворите бараат многу време за имплементација, главно поради тоа што исламот е соборна вера што не бара формални квалификации за духовен водач. Во Франција, на сила е шемата со сертифициран затворски национален муслимански каплан. Француските власти долго се бореле со прашањето дали е соодветно за државата да се вмеша во обезбедувањето на верска служба за муслиманските затвореници на прво место. Противниците го наведуваат принципот на секуларизам, но погодно игнорираат дека ова не превенирало назначувањето на околу 800 свештеници одговорни за благосостојба на затворениците христијани. Повеќе од 50 % од француската затвореничка популација се проценува дека се муслимани а има назначено 100 имами, затоа се потребни неколку години додека да се исполни побарувачката. 81 Од друга страна, онаму каде што сертифицираните шеми не се на сила, можноста да се следат исламистичките верски обреди во затворите останува 81 Dominique, G., Islam en prison: missions d urgence pour aumôniers musulmans, Le Figaro, 12 January

61 ограничена. Затворскиот персонал не се секогаш доволно обучени да ја забележат радикализацијата или регрутацијата и ќе се колебаат да се мешаат во верската настава и обреди, посебно кога тие се спроведуваат на јазик кој тие не го разбираат. Вториот начин на кој се воспоставува врска со џихадот е преку затворениците исламски милитанти. Не само дека тие ја олеснуваат врската во постоечките мрежи, се (наводно или осудени) терористи, нивната репутација и кредибилитет најверојатно ќе го надмине она на секој радикален проповедник. Со зголемување на бројката, проблемот може да стане по акутен. За разлика од Франција, ниедна друга земја од Европската Унија не придавала поголемо значење на исламистичката милитантна затворска популација пред 11 септември 2001 година. Во само неколку години, бројот се зголемил на троцифрено во земјите како Шпанија и Британија, без ненадејна промена во целокупната ситуација, бројот ќе се зголемува и понатаму. Додека повеќето од ресурсите во моментот се посветени на следење на најозлогласените затвореници, затворскиот систем нема капацитет да ги контролира активностите на оние кои се осудени за полесни прекршоци, од кои некои сигурно ќе се вклучат во радикализацијата и регрутацијата помеѓу општата затворска популација. Оваа категорија на затвореници, кои ќе бидат ослободени во краток временски период, две или три години, заслужуваат најголемо внимание. На краток период, решението може да биде да се концентрираат исламистичките милитанти во специфични затвори и да се изолираат од останатата затворска популација, иако и застапниците на овој пристап сметаат дека, на долг рок, создавањето на џихадистички затвори би било контрапродуктивно и им овозможува на исламските милитанти да ги насочат своите напори да ги претстават европските влади како анти-муслимански ДРУГИ ЛОКАЦИИ Регрутирањето во исламистичките милитантни структури не се појавува само во затворите и џамиите. Од една страна, исламистичките милитанти ги искористуваат местата во кои поединците се ранливи, недостаток на ориентација, или искуства од лични кризи, сите фактори за кои се верува дека ги прават луѓето по приемчиви кон милитантниот ислам. Ова е вистина за затворите, но може исто да се припише на локации како центри и резиденции за барање азил, за кои холандската разузнавачка 82 Reinares, F., Prisons and Radicalisation ; paper delivered at Youth Radicalisation workshop organised by the Global Institute for Counterterrorism, Rome, 11 July

62 служба смета дека се докажани места за регрутирање 83 и муслиманските агенции за благосостојба, за кои се смета дека играат улога во формирањето на ќелиите одговорни за обидите за напад во Лондон и Глазгов. 84 Слична е сликата и во образовните институции а посебно во универзитетите. Многу нешто е сторено од страна на студентите во исламистичките милитантни заговори и наводното постоење на терористички ќелии на универзитетите низ Европа. 85 Нема сомнеж дека универзитетите одсекогаш биле погодни места за радикални мисли, и исто како затворите и центрите за прием на азиланти, тие се место каде што поединците можат да доживеат чувство на изолација и ранливост. Всушност моделот е многу сличен до она што се случува во џамиите и затворите. Повеќето од групите кои се активни во универзитетските кампуси се пристапни организации за насилните екстремисти. Ова може да биде не помалку проблематично во смисла на радикализацијата, но директна регрутација за насилство била ретка. Табела 1. Типологија на места за регрутација 86 Места од општеството Значење/функција Нема посебно значење освен средби на муслимани Примери - Џамии - Интернет кафе - Кафитерии - Сали за вежбање - Летни кампови - и др. Места на ранливост на поединци Искористување на кризите или недостаток на ориентација кај поединци - Затвори - Центри за бегалци - Агенции за благосостојба - Универзитети - и др. Магнети за регрутација Привлекување на заинтересирани од поширок регион - Радикални џамии - Радикални книжарници 83 AIVD, Recruitment, p Kovaleski, F. S., and Cowell, А., British Identify Two Principal Suspects, New York Times, 8 July Anthony Glees and Chris Pope, When Students Turn to Terror (London: The Social Affairs Unit, Recruitment and Mobilisation for the Islamist Militant Movement in Europe, King s College London for the European Commission, 2007, p

63 Како џамиите, многу други локации во кои што насилните екстремисти се активни во спроведувањето регрутација, немаат посебно значење отколку да бидат места каде муслиманите се среќаваат и собираат. Ова се однесува на интернет кафињата, кафитериите и фитнес центрите во муслиманските подрачја на големите европски градови како и летните кампови организирани од страна на муслиманските младински организации. Единствени исклучоци се некои исламски книжари, кои вршат слична улога како онаа на радикалните џамии, иако во помал степен. Како радикалните џамии, исламските книжари кои створиле репутација за ширење екстремистичка литература, џихадистички видеа и снимки од радикални свештеници може да прерасне во магнети за исламистички милитанти од пошироко географско подрачје, кои ќе ја посетат книжарата не само за да се снабдат со одредена литература но исто така со цел да сретнат истомисленици. Како во случајот на радикалните џамии, некои книжарници нудат можност, на радикалните поединци без врски во екстремистичките структури, да бараат врска со џихадот, помагајќи ја нивната интеграција во насилниот екстремизам. Генерално, значењето на одредени локации може лесно да се процени. Властите треба да превенираат насилниот екстремизам да создава фиксни центри, како радикални џамии или книжарници, кои служат како магнет и привлекуваат заинтересирани без претходни врски во екстремистичките структури. Регрутацијата во исламски милитанти може да се појави секаде каде што се собираат муслиманите, или онаму каде чувствата на изолација и ранливост може да се искористат за да се здружат поединците во насилен екстремизам ВРБУВАЧИ (АГЕНТИ РЕГРУТИРАЧИ) Врбувачот е од клучно значење за растот и успехот на терористичката организација. Тој претставува врска помеѓу подземјето и остатокот од светот. Тој забележува и избира помеѓу многу кандидати. Значајно е тоа што, тој ги заведува и врши миење на мозокот на несомнителни млади кои сакаат да станат терористи. Постојат бројни поединци и институции кои го олеснуваат процесот на интеграција на луѓето во структурите на ислaмските милитанти, во одредени пристапни организации, радикални имами и активисти. 50

64 5.3.УЛОГА НА ЗАЕДНИЦАТА Врската помеѓу терористичките групи и заедниците од кои се појавуваат е комплексна. Без разлика колку е успешна една терористичка група, дури и најголемите и најпопуларни групи претставуваат малцинство внатре во нивните заедници. Во исто време, иако бројот на поединци активно инволвирани во насилство може да биде мал, во некои заедници, насилните екстремисти се позитивно толерирани. 87 Во европската муслиманска заедница постои голем јаз помеѓу помладата генерација и генерацијата која одамна се населила во Европа. Ова е најзабележливо во Британија. За да не се соочи со исклучување од мнозинската заедница, голем дел од инфраструктурата во заедницата продолжува да биде насочена кон постарата генерација. Затоа постои и недостаток на можности за младите муслимани. Основата на многу џамии во националните култури на земјите на потекло на првите генерации е комбинирана со потрагата по идентитет помеѓу втората и третата генерација на европските муслимани, може да ја зголеми веројатноста за членство во екстремистички организации. Различните начини кои се употребуваат за да се обезбедат лицата со чувство за идентитет, цел и значење е преку обезбедување и употреба на формални (институционални) и неформални (семејство/пријатели) социјални структури. Ова ги сместува поединците во позиција каде нивниот ризик станува по подложни на екстремистичките пораки или се инволвираат во екстремистичките групи, кои им нудат да ја пополнат идентитетската празнина со обезбедување на целта и улогата во нивната група. Како што беше нагласено во контекст на затворите, одржување на екстремистички погледи и инволвираноста во екстремистичките групи може да создаде уличен кредибилитет помеѓу врсниците, кои што служат да ја зајакнат способноста на исламските милитантни групи да привлекуваат членови. Помеѓу муслиманските заедници, постои зголемена свесност за проблемот на радикализација и регрутирање. Ерозијата на социјалната структура во многу европски муслимански заедници може исто така да води кон чувство на беспомошност, што 87 Andrew Silke, The role of the organisation in suicide terrorism, International Journal of Mental Health and Addiction, 4 (2006) 51

65 значи дека луѓето не веруваат повеќе дека заедницата може да го реши проблемот. Наместо да се соочат со заканата, заедниците може тогаш да станат пасивни во соочувањето со подемот на екстремистичките групи. Очигледно дека мерките на против-регрутирањето и против-радикализацијата може да целат на зајакнување на овие заедници со цел да изградат и воспостават позитивна врска со државата и нејзините институции ПРИСТАПНИ ОРГАНИЗАЦИИ Изразот пристапни организации бил употребен од новинарите и научниците за да ги означат субјектите кои, иако не се директно инволвирани во извршување на насилство, сепак го олеснуваат патот на поединците во насилниот екстремизам. Пристапните организации играат улога на спроводник преку кој луѓето се подготвуваат за нивното подоцнежно инволвирање во тероризмот. 88 Случајот против таквите лица се заснова на три тврдења: Индоктринација: пристапните организации ги пренесуваат верските и политички идеи кои се слични, ако не идентични, со оние на насилните екстремисти. Тие им обезбедуваат на поединците идеолошка рамка која води до инволвирање во насилство. Социјализација: пристапните организации ги воведуваат поедниците во радикалното опкружување, во кое станува лесно да се воспостават социјални врски со насилните екстремисти и најдат врска до џихадот. Субверзија: пристапните организации ги прифаќаат вредностите кои се некомпатибилни со демократијата и целосна интеграција на муслиманите во европските општества. Како последица, тие ги задржуваат условите за развој на насилниот екстремизам. Како пример може да се посочат одредени субјекти кои играат улога на пристапни организации. Таков субјект е Џамат ал-таблиг (Jama at al-tabligh), кој се појавил во Индија во 1926 година и се проширил низ светот. Во Франција тој ги претставува принципиелното фундаменталистичко движење во 1970 и 1980-те години и кое генерирало релативно голем број приврзаници, посебно преку нивниот успех во 88 Zeyno Baran, Fighting the War of Ideas, Foreign Affairs, November/December 2005, pp

66 реформирањето на зависници од дрога и криминалци. 89 Во Јужна Азија и Европа, голем број од исламските милитанти имале претходна поврзаност со Таблиг, на пример три од водечките членови на мрежата кои ги спровеле бомбашките напади во Мадрид 2004 година, 90 и некои од поединците кои наводно биле инволвирани во заговорот да разнесат неколку прекуокеански летови во август 2006 година. 91 Таблиг претставува верска група чија основна мисија е да пропагира вера, особено меѓу оние муслимани кои не го практикуваат исламот. Групата се залага за многу цврсто толкување на куранот во кое од следбениците се бара да го одвојат својот секојдневен живот од непобожното општество кое ги опкружува. 92 Додека теолошки, Таблиг може да се опише како фундаменталистичка, нивното водство нагласува дека организацијата нема политички став. 93 Таблиг нуди инструкции кои се целосно компатибилни со верската доктрина на исламските милитанти. Иако може да не постои директна врска, Таблиг претставува исламистичко милитантно движење со потенцијално рецептивна публика помеѓу кои регрутира подржувачи. Втор пример е Хизб ут-тахрир (Hizb ut-tahrir, HT), која организација може да се опише како глобална политичка партија чија принципиелна цел е да го обедини муслиманксиот свет под исламска власт, односно да создаде нов калифат. 94 Политичката порака и аспирациите на организацијата се слични, на оние на исламистичкото милитантно движење. Целта е да се врбуваат регрути помеѓу политичката, воената и професионалната елита, од кои се очекува да ги соборат нивните влади и воспостават исламски држави. 95 Иако членовите на ХТ и исламските милитанти не се сложуваат околу стратегијата, сепак се дел од иста сцена. Третиот пример е Ал Мухаџирун (Al Muhajiroun), која се појавила како отцепена група од Хизб ут-тахрир во 1996 година и била водена од самонаречениот свештеник Омар Бакри Мохамед. На почетокот идеологијата на Ал Мухаџирун била 89 Gilles Kepel, The War for Muslim Minds: Islam and the West (Cambridge, MA: Harvard University Press, 2004), pp Javier J., The Madrid Attacks: Results of Investigations Two Years Later, Jamestown Terrorism Monitor, 9 March Drennan, S., and Black, A., Jihad Online The Changing Role of the Internet, Jane s Intelligence Review, 19 July Kepel, G., The War for Muslim Minds: Islam and the West, 2004, p Klausen, J., The Islamic Challenge, Politics and Religion in Western Europe, Oxford University Press, 2005 p Jean-Francois, M., Hizb-ut Tahrir The Next Al-Qaida, Really?, PSIO Occasional Paper, 4/2004. Also Ed Hussain, The Islamist (London: Penguin, 2007), esp. Chapters 6 and 7 95 Ibid. pp

67 базирана на онаа на Хизб ут-тахрир, подоцна групата брзо се префрлила кон поагресивен пристап, каде јавно ги слават нападите на 11 септември против САД. 96 Искусниот и вешт организатор, Бакри успеал да го прошири дофатот на организацијата, поставувајќи канцеларии во различни земји како што се Данска и Пакистан. Таа се воздржа од учество во насилство. Спротивно на ХТ, Ал Мухаџирун активно промовира и го помага зачленувањето на луѓето кои сакаат да се инволвираат во насилен екстремизам. Самиот Бакри претставува врска со џихадот, кој тврди дека може да им обезбеди на поединци да можат да останат во терористичките тренинг кампови во Азија и Блискиот Исток. Хасан Бут, водачот на канцеларијата на Ал Мухаџирун во Пакистан, успешно ги усмерил британските членови спрема линијата на фронтот по западната инвазија на Авганистан. Во овој случај не се поставува прашање дали Ал Мухаџирун се квалификува како пристапна организација, туку дали треба да се смета како терористичка група. Справувањето со пристапните организации за властите претставува еден од најголемите предизвици во борбата против насилниот екстремизам. Некои земји тврдат дека сите такви субјекти мора да бидат избегнувани, додека други ги гледаат некои од нив ( како што се неполитичката Таблиг и меките исламисти на Муслиманското Братство) како природни сојузници РАДИКАЛНИ ИМАМИ Медиската покриеност на исламското милитантно движење во Европа, доминира со кажувања за радикални имами, чија колоритна реторика привлекла многу новинари исто како и млади муслимани. Традиционалните муслимански лидери често реагираат жестоко на таквата покриеност, поради тоа што радикалните имами погрешно се претставени како пристојно мнозинство и почитувачи на законот. Тешко е да се негира дека луѓето како Абу Хамза во Лондон и Мохамед ел Магреби во Париз одиграле клучна улога во радикализацијата и регрутацијата на малцинството на европските муслимани кои станале дел од исламистичкото милитантно движење. Радикалните имами, може да се каже дека, извршуваат четири главни функции: 96 Michael Whine, Will the ban on the Al Muhajiroun successor groups work?, paper published by the International Institute for Counter-terrorism, 8 August 2006 објавено на 97 Baran, Z., Countering Ideological Support for Terrorism in Europe: Muslim Brotherhood and Hizb ut-tahrir Allies or Enemies?, Connections, 5(3) (2006), pp

68 Тие служат како главни пропагатори, кои ја прават основата на исламистичката милитантност релевантна на животните услови на втората и третата генерација европското муслимански граѓани. Се сметаат како верски авторитети, кои обезбедуваат правила (фатви) и оправдување за насилниот џихад, дури и кога тие немаат формални академски акредитиви. Тие се магнети за регрутација, кои привлекуваат следбеници со различни позадини и ги интегрираат во кохерентна мрежа. Тие прават мрежи од мрежи со фалсификување на национални и меѓународни врски помеѓу различни групи и мрежи, така обезбедувајќи поврзаност која го држи исламистичкото милитантно движење заедно. Студија за лидерство во европското исламистичко милитантно движење ја истакнува круцијалната улога на радикалните имами во регрутирањето и вмрежувањето на насилните екстремисти. Истата покажува дека радикалните свештеници имаат тенденција да се појават како централни точки во формирањето на теорористичките мрежи, но не како видливи или одлучни во фазата на тренинг или тактичкото планирање. 98 Според експерти на британската против терористичка служба, европските држави имаат превземено мерки за сузбивање на активностите на радикалните имами. Така, некои од радикалните имами биле затворени или депортирани, џамиите се помалку им обезбедуваат платформа за проповедање, постојат неколку радикални книжарници кои продаваат нивни материјали и новите закони против глорификација на тероризмот се верува дека ги натерало имамите да размислат два пати пред да ги поттикнат нивните следбеници да се вклучат во џихадот. 99 Особено Франција спровела агресивна политика за да се справи со радикалните свештеници. Започнувајќи од 2001 година, неколку биле депортирани во Северна Африка. Сепак прагот за она што го чини однесувањето неприфатливо за властите е различно кај различни држави. Додека во Британија, само повикувањето на насилство ќе го привлече вниманието на властите, во Франција доволно е да се смета за идеолошка референтна точка за исламските милитанти. Критичарите посочуваат дека ова ги вклучува фундаменталистите Салафисти чии погледи на социјалните работи се често некомпатибилни со европските 98 Exclusive Analysis, Leadership in Europe s, p Senior official, Office for Security and Counter-terrorism, Home Office, Great Britain, interviewed, July

69 норми но чие инволвирање и пропагирање на исламска милитантност е помалку јасно. 100 Всушност некои од така наречените салафисти научници, сега се чувствуваат стиснати помеѓу салафистите џихадисти, кои го осудуваат нивниот тивок став и државните власти, кои ги сомничат нив за тоа дека се радикални. Дури и во Франција, властите сметаат дека некои радикални имами, кои пропагираат и иницираат насилство, продолжуваат да бидат активни. Некои од оние кои ја напуштиле Европа останале во контакт со нивните следбеници во Европа преку веб сајтовите и онлајн комуникацијата каде тие поставуваат проповеди и одговараат на барања за фатви. Сепак може да се заклучи дека просторот за радикалните имами бил значително намален, но дека сепак е прерано да се заклучи дека тие исчезнале целосно АКТИВИСТИ Третиот вид актери инволвирани во регрутацијата често се опишуваат како активисти или претприемачи. Активистот е член на терористичка ќелија што прават нештата да се случат : Тој е повисок другите оперативци, и централен за регрутација, радикализација и тренинг на другите членови на ќелијата. Претприемачите имаат начин на размислување на активисти, кои се водени од идеите а не од личните незадоволства. Тој бара почитување од неговото опкружување и има силно чувство за правда. 101 Ваквите активисти се само мотивирани, интелегентни и тие ги користат своите вештини и инвестираат време и енергија за да ги убедат друтите да се прикл учат на каузата. Луѓето што ги регрутираат, се често помалку способни, и може во некои случаи, да имаат досие за криминални активности пред да бидат вклучени во исламските милитанти. 102 Можно е да се издвојат три главни функции кои што ги извршуваат активистите, кои што ги нагласуваат нивноти значење во регрутирање на терористички ќелии и одржувајќи ја подршката на членовите: Внатрешно, активистите обезбедуваат лидерство и кохезија. Тој е оној од кој потекнува ќелијата, и тој е личноста што ги држи заедно, најчесто преку 100 Smith, S. C., France Struggles to Curb Extremist Muslim Clerics, New York Times, 30 April Petter N., Structures of Jihadist Terrorist Cells in the UK and Europe, paper given at the joint FFI/King s College London conferenc e on The Changing Faces of Jihadism, London, 28 April Exclusive Analysis, Leadership in Europe s, p. 8 56

70 персоналот, харизмата и посветеноста на каузата отколку преку верски авторитет. Активистот го води процесот на експанзија на ќелијата. Не само што тој е најубедливиот и најидеолошки воден член на групата, туку тој е еден од оние кои најчесто имаат мрежа на пријатели и соработници преку кои забележуваат и одбираат нови регрути. Активистите ги менаџираат надворешните односи на групата. 103 Тој ги прави напорите за барање врска со џихадот, и ако се успешни, преговара и го надгледува интегрирањето на ќелијата во мрежата на исламски милитанти, кои можат да ги трансформираат чистите домашни ќелии, во водени ќелии со пристап до стратегиско лидерство и ресурси на поширокото движење. Динамиката со која активистите ја зголемуваат регрутацијата и бараат врска со џихадот, е под влијание на пошироки движења кои што се обликувани од локални фактори. Нема сомнеж дека инвазијата на Ирак предизвикала напори да се реконструираат повеќе кохерентни структури за исламистичкото милитантно движење во Европа и дека ова било проследено со притисок од активистите подолу во хиерархијата. 104 Исто така во Британија, во периодот на инвазија на Авганистан во 2001 година, имало многу обиди на лица да одат во Пакистан да се приклучат на џихадот против Западната коалиција. 105 Се чини дека активистите биле движечката сила на исламистичката милитантна регрутација во Европа одредено време, и дека нивното значење ќе се зголеми, не затоа што другите актери (како што се радикалните имами) малку им опаднало значењето. Активистите се оние кон кои против регрутирачките напори на властите треба да се насочат. Важно е да се знаат не само кои се тие, туку со какви пораки тие менаџираат за да привлечат подршка за исламската милитантност. 103 The evolution of leadership in Europe s Global Jihad Networks, Exclusive Analysis Report, 21 September Leiken, R., Europe's Angry Muslims, Oxford University Press, 2012, pp Doward, J., and Wander, A., The Network, The Observer, 6 May

71 Табела. 2 Функции на агентите за регрутација Пристапни организации Радикални имами Активисти - Индоктринација - Социјализација - Субверзија - Пропаганда - Верска оправданост - Магнети за регрутација - Вмрежување - Лидерство и кохезија - Експанзија на ќелиите - Надворешни односи ИНТЕРНЕТ Информатичката револуција, која резултирала со раст на интернетот од средината на 1990-те години, била од енормен бенфит во зближување на луѓето, ревитализација на демократијата и олеснување на нови форми на бизнис. Веројатно, истите карактеристики кои што направиле глобалната размена и ангажман да бидат возможни исто така го овозможиле насилниот екстремизам да ја експлоатира новата технологија за нивни сопствени причини. Интернетот е светски најраспространета мрежа на комуникација, тој е евтин, глобален, тешко се регулира и им овозможува на корисниците да останат анонимни. Терористите можат да го користат интернетот за широк спектар на цели, кои вклучуваат планирање на напади, извидување, прибирање финансиски средства и дури психолошко војување. 106 Интернетот може да се користи како алат за ширење на информации, олеснување на комуникациите и на крајот, мобилизирање на потенцијални подржувачи. Интернетот е од особена важност за исламистичкота милитантна регрутација. Имено, водечките стратези на Ал Каеда одамна ја препознале важноста на интернетот како принципиелен метод преку кој може да се создаде џихадистичка заедница и разбивање на монополот на воспоставените медиуми. Како што заменикот на Бин Ладен, Ајман Ал Завахири, во 2001 напишал: Ние мораме да ја пренесеме нашата порака на масите и кршење на медиумската опсада наметната на џихадистичкото движење. Ова може да се постигне преку користење на интернетот Timothy L. T., Al Qaida and the Internet: The Danger of Cyberplanning, Parameters, 33(2) (2003), pp Al Zawahiri, А., Knights Under the Prophet s Banner: Contemplations on the Jihad Movement, London Al Sharq Al Awsat,

72 Основните функции на интернетот во исламистичката милитантна регрутација во Европа се: регрутација подржана од интернет и виртуелна само-регрутација. Но пред тоа неопходно е да се појасни накратко како работи џихадизмот онлајн. Сите актери инволвирани во исламистичката милитантност се исто така застапени на интернет. Ова го вклучува самото јадро на Ал Каеда, исламските милитантни свештеници, стратезите, и секако џихадистичкото движење. Нивните улоги варирале и постојано се менувале, и тоа едни како оние кои обезбедуваат информации а другите како корисници на тие информации. Една од најголемите потешкотии во борбата против онлајн џихадизмот, е тоа што движењата играат важна улога во производство и дистрибуција на информација и дека тоа е клучот за одржување на децентрализираната структура на онлајн џихадизмот генерално. 108 И покрај впечатокот на анархија, архитектурата на исламистичкото милитантно интернет присуство е релативно јасна. 109 Прво, постојат официјални веб страници, претставувајќи ги свештениците, стратезите или исламските милитантни организации. Тие се нестабилни, но често добро работат и може да содржат видеа за симнување, коминикеа, документи за дискусија и верски права, а често овозможуваат можности за интеракција со водечките личности. 110 Второ, постојат веб форуми кои се администрирани и посетени од подржувачи на милитантни движења. Веб форумите се значајни за исламистичкото милитантно движење, тие се места каде што се одржуваат клучните дебати за последните вести, формирањето на мрежите и каде што произлегува вистинската смисла на заедниците. Често заштитени со лозинки, тие исто така се користат за размена на видеа, тренинг материјал и линкови до други веб сајтови. 111 Третиот елемент на исламистичкота милитантна интернет архитектура се така наречените дистрибутивни сајтови, кои вклучуваат џихадистички веб директориуми, сајтови за почит односно сајтови посветени некому и веб страни на така наречените медиумски групи. Овие сајтови ја одржуваат инфраструктурата на исламистичкото веб присуство, со дистрибуирање на џихадистички материјал и 108 Rogan, H., Jihadism Online: A study of al-qaida and radical Islamist groups use the Internet for terrorist purposes, FFI Report, 2006/0915, p Brynjar, L., Al-Qaeda online: understanding jihadist internet infrastructure, Jane s Intelligence Review, 1 January Rogan, Jihadism Online, pp Ibid., pp

73 обезбедување на свежи линкови за тоа каде да се пронајдат официјалните сајтови и веб форуми. Веб форумите исто така можат да играат улога на дистрибутивен сајт РЕГРУТАЦИЈА ПОДРЖАНА ОД ИНТЕРНЕТ Вистинските социјални врски продолжуваат да бидат клучни во регрутацијата, но тоа не ја исклучува улогата на интернетот. Напротив, интернетот е значаен во подршката на процесот на регрутација. Постојат три главни функции на регрутацијата подржана од интернет. Прво, интернетот се користи да се илустрира и зајакне идеолошката порака која регрутите најверојатно ја добиваат на приватни студиски сесии. Самиот чин на учество на џихадистички веб форуми создава искуство кај поединецот дека е дел од глобално движење. Во случајот на холандската Хофстад група, повеќето експерти се сложуваат дека групата немало да тргне по патот на исламската милитантност толку брзо и одлучно како што тоа го сторила, без интернетот од каде членовите ја црпеле својата инспирација и идеолошка подршка. 113 Второ, интернетот овозможил регрутите да создаваат мрежи помеѓу истомислениците. Тој им овозможува да стигнат подалеку од нивната основна група на пријатели, и да им помогне да воспостават врски со другите ќелии. Всушност, тој прави за одредени ќелии да пронајдат врска со џихадот и да пристапат до ресурсите на поширокото движење. Така наречената Глоструп мрежа од Данска, не успеала да воспостави врска со џихадот во нивната земја неколку месеци, но бргу успеала да пронајде искусни милитанти во другите европски земји преку интернет. 114 Интернетот треба да се свати како магнет за регрутација, кој овозможува на барателите без првична инволвираност да пронајдат пристап до движењето. Тој ја извршува истата функција како радикалните џамии или радикалните книжарници, со исклучок на тоа што интернетот претставува виртуелно а не вистинско место. 112 Brynjar, L., Al-Qaeda online 113 Vidino, L., The Hofstad Group: The New Face of Terrorist Networks in Europe, 2007, p Taarnby, J., Jihad in Denmark An Overview and Analysis of Jihadi Activity in Denmark , 2006, pp

74 Интернетот може да создаде средина во која поединците посветени на каузата и нивниот концепт за тоа што значи оправданост на одбрана на умахот (нацијата, заедницата) се претерани. Сепак многу од ова претставува театар, со кои мнозинство од учесниците на веб форумите стануваат џихадисти од фотеља во најдобар случај. 115 Ефектот од ова може да биде хиперрадикализација во која најекстремните идеи и решенија добиваат најголемо охрабрување и подршка. Значењето на феноменот на регрутација подржана од интернет и понатаму ќе расне. Иако започнал да игра важна улога во Европа во доцните 1990 ти, пробивот на онлајн џихадизмот настанал во времето на војната во Ирак, 116 кога масовната мобилизација коиндицира со затворањето на вистинските магнети за регрутација (радикални џамии, радикални книжарници и др) и речиси универзална достапност на брза интернет конекција. Од исламистичка милитантна перспектива, логичниот одговор на овие нов сет на можности и ограничувања е да станат виртуелни и има нагло зголемување на бројката на веб форумите и веб сајтовите достапни на модерните европски јазици ВИРТУЕЛНА САМО РЕГРУТАЦИЈА Консензусот помеѓу експертите е дека регрутацијата е групна работа и дека вистинските социјални врски остануваат одлучувачки. Интернетот може да подржи радикализација и регрутација, но никогаш нема да биде во можност комплетно да го замени директниот човечки контакт и врските на пријателство и сродство преку која се формира лојалноста. Поради верноста што џихадот ја бара, не постојат докази дека интернетот е доволно убедлив сам по себе. 118 Констатацијата дека интернетот не е ништо повеќе отколку механизам за подршка на регрутирање на помали групи не е целосно валидна. Во последните години, нови и виртуелни форми на исламски милитантен активизам еволуирале, кои предизвикале влијание врз традиционални шеми на регрутирање. 115 Rogan, Jihadism Online, p Hanna Rogan, Abu Reuter and the E-Jihad, Georgetown Journal of International Affairs, Summer 2007, pp Lia, B., Al Qaeda Online, 2008, објавено на пристапено на Sageman, M., Understanding Terror Networks, University of Pennsylvania Press, 2004 p

75 Ова може да се илустрира преку следниве студии на случаи. Првата е за Јунис Тсули, подобро познат како irhabi007 (терорист007), кој се појавил како неоспорна звезда на онлајн џихадизмот во раните 2004 година. Приклучувајќи се на бројни популарни веб форуми, Тсули успеал да создаде виртуелна врска со портпаролот на Абу Мусаб Ал Заркави, преку која се стекнал со кредибилитет кај останатите онлајн џихадисти. Тсули исто така имал значително познавање во хакирање на компјутерски системи, кое го направило доверлив извор на информации за тоа како да се избегне интернет безбедноста. 119 За неколку месеци Тсули прераснал во една од најголемите врски за џихадистичката онлајн заедница. Тој бил во контакт со неколку исламистички милитантни групи низ Европа, Северна Америка и Блискиот Исток и посредувал за поврзување со џихадот за неколку милитантни групи без лидер. 120 Исто така, како резултат на неговата вмешаност и важност во онлајн движењето, тој заклучил дека сака па учествува во самоубиствен напад. Според британските власти, кои го уапсиле 22 годишникот во стан во Западен Лондон, тој намеравал да се разнесе себе си во Лондон за време на периодот на Божиќ во 2005 година. 121 За неполна година, тој од никој, станал потенцијален бомбаш самоубиец како и еден од најважните фигури во исламистичкото милитантно движење. Уште помаркантно е дека, неговата радикализација и регрутација била целосно виртуелна, каде што Тсули бил свој сопствен регрутер. Според Јасин Мушарбаш: случајот на irhabi007 докажува дека границите помеѓу виртуелниот и актуелниот тероризам, помеѓу интернет џихадот и вистинските напади станале порозни. 122 Вториот пример е за Ирфан Раџа, 19 годишен студент од Лифорд во Англија, кој бил осуден за симнување и споделување екстремистички материјали во септември 2007 година заедно со четири други британски муслимани од пакистанско потекло. Раџа не бил дел од исламските милитанти во Илфорд, ниту пак било кој од неговите пријатели или родители знаеле за неговите радикални тенденции. Неговата радикализација целосно се одвивала на интернет, со часови проведени на интернет симнувајќи екстремистички видеа, постирајќи пораки и разговори со други радикали. Кога Раџа ја искажал својата намера да се приклучи на џихадот, екстремисти од САД 119 Site Institute, Irhabi 007 Unveiled: A Portrait of a Cyber-Terrorist, Site Report, 2006; available at Musharbash, Y., Kreditkarten für Terrorist 007, Spiegel Online, 26 July 2007; available at Musharbash, Y., Die neue al-qaida: Innenansichten eines lernenden Terrornetzwerks, 2006, p Ibid. 62

76 му овозможиле контакт со четири други, сместени во Брадфорд, околу 350 километри од градот на Раџа. Иако никогаш не се сретнале, петмината одлучиле да одат во Пакистан за да присуствуваат на тренинг камп и да се борат во Авганистан. На еден од многуте веб форуми на кои тие биле членови, тие успеале да пронајдат по искусни џихадисти, кои биле способни да обезбедат прецизни инструкции како да стигнат до пакистанската северо западна гранична провинција. Планот бил пробиен, поради тоа што родителите на Раџа откриле белешка, која тоја ја напишал пред да замине за Брадфорд и Пакистан. Во белешката се велело: Ако не на овој свет, ќе се сретнеме на највисоките врвови на небото. 123 Родителите на Раџа веднаш повикале полиција, која ги уапсила сите пет членови на ќелијата. Примерите за Тсули и Раџа докажуваат дека интернетот може да биде доминантен, ако не и единствен фактор кој ја помага радикализацијата и регрутацијата. Поради тоа многу експерти тврдат дека се појавила комплетно нова ера на регрутација во која ниту човечки контакт ниту пак физичката блискост се неопходни за поединци да се приклучат на џихадот. Важно е да се истакне дека случаите како Тсули и Раџа продолжуваат да претставуваат малцинство споредено со многу прилики во кои интернетот се користи за да ја подржи вистинската регрутација. Виртуелната само регрутација не може повеќе да се игнорира поради тоа што не се совпаѓа со претпоставките на експертите околу значајноста на директниот човечки контакт и динамика на групата. Генерално, интернетот може да стане еден од клучните боишта за европските креатори на политиката за борба против порастот на исламската милитантна регрутација. 6. ВЕРСКИ ГРУПИ - СЕКТИ Деструктивното дејствување на верските групи - секти е тема и проблем која во последно време го преокупира интересот не само на стручната туку и на научната јавност. Комбинацијата на тероризмот и сектите, масовните убиства, многубројните кривични процеси и слични настани кои го потресоа целиот свет во последните десет години ги поттикнаа меѓународните и државните институции да се позанимаваат со 123 Dominic Casciani, Students who descended into extremism, BBC News, 3 September 2007; available at 63

77 проблемот на деструктивност на одделни секти, култови и движења, како безбедносен проблем со кој светот во иднина ќе се соочува. 124 Верските групи - секти заради нивната се поголема бројност и начинот на функционирање, претставуваат своевиден феномен на XX век. Изминатиот век ќе биде запаметен по големи човечки загуби, но и по енормно големите загуби на верата, моралот и на другите духовни вредности на човековиот вид. 125 Самите верски групи - секти не би претставувале никаква сериозна опасност и закана по националната безбедност на конкретните држави, а посебно не би претставувале закана за глобалната безбедност, доколку нивните активности се исклучиво верски и човекољубиви. Меѓутоа, најновите социолошки истражувања, а посебно полициската пракса говори дека во позадината на голем број на секти во суштина се крие немилосрдното искористување на луѓето нивните приврзаници, промискуитет, криминал од сите видови (убиства, самоубиства, недозволена трговија со дрога и оружје за масовно уништување), домашен и меѓународен тероризам (можност за супертероризам) и желба за рушење на постоечкиот општественополитички систем ПОИМ ЗА ВЕРСКИ ГРУПИ СЕКТИ Верските секти како глобална закана со својата распространетост и сериозност во определени ситуации може да го манифестираат своето разорно дејство и врз националната безбедност на државите во современата меѓународна заедница. Според податоците на Би-Би-Си (BBC) денес во светот дејствуваат околу различни верски групи - секти. Поради тоа се наметнува елементарно прашање што е тоа верска група или секта? Зборот секта е употребуван низ вековите на христијанската историја со цел да се означат некои учења како еретички. Така наречените еретици примарно биле 124 Милошевска Т. Верски с екти како фактор на глобалната безбедност. Издадено октомври 20, 2010, од - %20Verski%20sekti%20kako%20faktor%20na%20globalnata%20bezbednost.pdf 125 Brzezinski, Z., ʺ Izvan kontroleʺ, Zagreb, 1994, стр Котовчевски, М., Национална безбедност на Република Македонија трет дел, Скопје: Македонска цивилизација, 2000, стр

78 членови на црквата и во почетокот сектата е поврзувана со црквата и со ортодоксната доктрина која црквата ја претставувала. Дефиницијата за сектите како што беше оригинално формулирана од општествените науки во XX век го следеше начинот на дихотомија меѓу црква и секта. 127 Подолго време се верувало дека потеклото на изразот секта е во италијанскиот збор секаре (secare) што означува сечење, одвојување, разделување, па оттаму и мислењето дека верските секти придонесуваат за разделување т.е отцепување на верниците од официјалната верска заедница. Но, иако оваа дефиниција за секти е најраспространета, таа очигледно не може да се однесува на оние луѓе кои пред стапувањето во редовите на сектата биле атеисти, што е чест случа ј во поранешните комунистички земји во Источна Европа. Оваа дефиниција е неприфатлива и во мултикултурните заедници, во кои рамноправноста на верата е загарантирана, а црквите по својот статус се изедначени со сектите. 128 Меѓутоа, ако зборот одвојување, се користи во поширокиот контекст од верскиот, а одвоеноста на членовите на сектата од останатите членови на општеството е една од најбитните карактеристики на сектите, тогаш може да се прифати ова мислење и сектата да се одреди како мала општествена заедница чии членови по карактеристиките и ставовите кои ги застапуваат, се одвојуваат од останатите членови на општеството. Ова мислење има основа, затоа што зборот секта не се користи само во верски контекст. Така, на пример, под секта често се подразбира и струја во политичка партија или некоја заедница која не се согласува со мислењето и идеологијата на мнозинството, 129 а придавката секташки во смисла на одвојување во некоја поширока заедница или затвореност и отуѓеност од широките маси. 130 Сектата претставува подгрупа на верски, политички или филозофски систем на верување, често огранок од поголема верска група. Во минатото најчесто била употребувана да се означи верска група, додека во модерната култура се користи како поим кој се однесува на секоја организација која се одвојува од поголема организација за да следи поинакви правила и принципи. Поимот повремено се користи да се означат 127 Wijnkoop, M., ʺ Die Sekte, die Anderenʺ, Luzern: Edition Exodus, Đurđević Stojković, B., ʺ Verske Sekteʺ, Narodna knjiga Alfa, Мала енциклопедија, Београд: Просвета, 1959, стр Вујаклија, М., Лексикон страних речи и израза, Београд: Просвета, 1992, стр

79 отцепени групи кои следат понегативен пат од оригиналниот. 131 Според дефинирањето на Макс Вебер и Ернст Троелч, во црковно секташката типологија тие се опишани како ново формирани верски групи кои се формирани во знак на протест за одредени елементи од нивната матична религија. 132 Сепак, кога станува збор за верски секти, прифатливо е мислењето кое коренот на зборот секта го пронаоѓа во латинскиот глагол sequi, што во превод значи следење. 133 Под поимот верска група - секта се подразбира заедница на верски истомисленици, чии догми, цели на дејствување и пракса се во колизија со владеачките теолошки, етички и идеолошки ставови и постојаната организација во општеството ПОИМ ЗА ВЕРСКИ ГРУПИ СЕКТИ ОД АСПЕКТ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ НАУКИ Иако црквата и научниците кои се занимавале со проблематиката на сектите постојано укажувале на нивната опасност, општеството не се чувствувало загрозено. Проблемот за сектите се разгледувал како проблем на поеднинецот и неговото семејство. Имало сознанија дека поедини секти дејствуваат деструктивно, дека ги искористуваат своите верници, дека извршуваат одредени криминални активности, но тоа не било разгледувано како сериозен безбедносен проблем. Ставот на општеството спрема ова прашање се промени по неколку трагични настани кои се случија во последните дваесет години (масовно самоубиство на 940 припадници на сектата Храм на народите во Гвајана, самоубиство на 85 припадници на сектата Лоза на дивидијанците во Тексас, терористичките акции на припадниците на сектата Аум Шинрикјо во Токиското метро, самоубиство на припадниците на сектата Сончевиот храм во Швајцарија 69 мртви и сектата на Култот на небесните врати во Сан Диего 39 мртви). 131 Wilson, B., Religion in Sociological Perspective, Oxford University Press, 1982, page McCormick M., Mary excerpt from her book Hearing the Voices of Jonestown, Syracuse: Syracuse University Press, Bartz, V., ʺ Sekte danasʺ, Zagreb: Kriscanska sadasnjost, Đurđević Stojković, B., ʺ Verske Sekteʺ, Narodna knjiga Alfa, 2002, стр

80 Овие настани го поттикнаа основањето на парламентарните комисии во многу земји. Извештаите на комисиите, во кои покрај истакнатите научници (социолози, психолози, психијатри и правници), се наоѓаат и научници од областа на безбедноста, можат да се сметаат како први дела во кои безбедносно се обработува оваа тематика. Во тие извештаи за прв пат се допира до дефинициите за деструктивните секти. Овие дефиниции како основа ги користат социолошките одредувања, прилагодувајќи ги на потребите на безбедносните науки и пракса, т.е, деструктивниот аспект на дејствување на одделни секти како на поединецот, семејството, државата, така и на општеството во целина. Како пример на безбедносна дефиниција на поимот за деструктивни секти ја наведувам дефиницијата која во својата работа ја користи Парламентарната комисија на францускиот национален парламент. Во извештајот оваа Комисија сектите ги дефинира како: Групи, кои можат да се препознаат по својата манипулација насочена кон психолошка дестабилизација на своите следбеници, со цел од нив да се добие потполна потчинетост, намалување на критичкиот дух, прекин со општествените принципи (етички, граѓански, општообразовни) и кои со себе ја повлекуваат опасноста по индивидуална слобода, здравје, образование и демократски институции. Тие групи користат филозофски, религиозни и терапевтски маски за да ја сокријат целта за добивање власт, влијание и стекнување на следбеници. 135 Понекогаш за потребите за проучување на сектите од безбедносен аспект, се пристапува кон одредување на критериумите кои можат да укажат дали во конкретниот случај станува збор за опасна (деструктивна) секта. Тие критериуми се следниве: - Моќ (каде таа се наоѓа) - Лидер (дали е автократски или ја почитува секоја личност) - Внатрешна структура (до која мерка слободите се ограничени, каков е семејниот живот и животот во заедницата) - Финансиите (кое е потеклото, како се користат и кој ги контролира финансиите) - Животот на верниците (на кој начин се придобиваат нови верници, во која мерка тие се вклопени во општеството и заштитени, кое им е професионалното образование) 135 Београдски дијалог, Француски парламент о сектама, Београд: Просвета, 1997, стр

81 - Флуктуација (дали постои слободно стапување и напуштање на групата) 136 Дефинициите кои на основа на нивните карактеристики, условно се наречени безбедносни, во принцип се најсоодветни за проучување на деструктивното влијание на сектите од повеќе причини. Пред се, тие се потполно ослободени од теолошкиот елемент во дефинирање на деструктивните секти. Поточно, верата е ставена во втор план, како пропратна карактеристика на сектите, со што прашањето за нивната деструктивност и штетност. На тој начин може да се игнорира забелешката, на која се повикуваат лидерите на многу секти, дека им се скратени верските слободи и права загарантирани со уставот. Една од основните карактеристики на верските секти е дека тие претставуваат затворена група, отуѓена и негативно ориентирана кон општеството, а чии ставови се во спротивност со општоприфатените верски, културни, морални, образовни и други вредности и норми во општеството. Еден од начините за слабеење на духовното единство на еден народ е слабеење на неговата економска и традиционална структура. Сектите имаат негативно влијание за намалување на чувството за национална припадност, единство на народот и моќта на државата. 137 Верските секти се непријателски ориентирани кон демократијата. Нивна цел е укинување на државата и нејзините институции и нивна замена со божјото царство, формирано според сопствената замисла. Во тој поглед, заслужува вниманието на определени експерти кои наведуваат постоење на паралела помеѓу тоталитарните секти и тоталитарниот режим, каков што беше нацистичкиот. Тоа го потврдува и австрискиот стручњак Фридрих Грос кој наведува дека: во сектите постои, како во нацизмот, строго изработен принцип на водство, идеологија на која се и е подредено, тотална контрола на мислите, чувствата, однесувањето и информациите. Се користат разработени перфидни психолошки методи. Целта на голем број на секти не се сведува само на врбување што поголем број наивни и неупатени граѓани. Целта е многу посериозна. Тоа е најчесто, доаѓање на власт или контрола на носителите на власта. Сектите не тежнеат кон брзо остварување на профит. Тие инвестираат средства, постепено го зголемуваат своето влијание и се подготвуваат за преземање на власта (но 136 Vernette, J., ʺ Sekteʺ, Zemun: Plato, Grujic Korac, T., ʺ Sociolosko pravni pristup razvitku sektaske svestiʺ, Beogradski dijalog, 1998, стр

82 не сами). Токму поради тоа сектите се стремат кон врбување на лидерски кадри, користејќи ги организациските и структурните слабости во младите демократски држави за да го наметнат и зацврстат својот систем на вредности КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕРСКИТЕ ГРУПИ - СЕКТИ Постојат неколку општи карактеристики на верските секти според безбедносните дефиниции: 1. Недостаток на традиција Најголем број од денешните секти не се постари од сто години како што е сектата Аум Шинрикјо која е основана 1987 година. 2. Мал број на верници Сектите од средна големина имаат стотици илјади верници, а помалите секти неколку илјади верници. 3. Интернационалност Ниедна секта своето постоење не може да го поврзе за некој народ и затоа голем број секти пропагираат дека се универзални религии на сите раси и нации. 4. Недоследност Сектите тежнеат кон чести промени како во сферата на организација така и во сферата на доктрината. Се појавуваат под различни имиња, во различни форми и видови. 5. Однос кон општеството Сектите се помалку или повеќе затворени према општественото опкружување во кое се наоѓаат и генерално имаат негативен став кон општествената заедница. 6. Специфична организација, правила на однесување и контрола За сите припадници на сектата важат истите ригорозни правила, најчесто во врска со исхраната, облеката, однесувањето, спроведувањето на верските обреди, апсолутно почитување на авторитетот, доброволна работа, донации, поклони на сектата и сл. Контролата е ригорозна и постојат казни кои се движат од морална осуда до психичко и физичко малтретирање. 7. Начин на пристап во верската заедница Многу секти поставуваат посебни услови за лицата кои сакаат да станат нивни членови (да се полнолетни, да се откажат од имотот, семејството, да дадат одреден прилог, да 138 Djordjevic, M., ʺ Edukacija uslov za uspesno predupreђivanje delovanja verski sekti ʺ, Beogradski dijalog, 1997, стр

83 положат жртва и сл.). Често се дава заклетва за верност и се потпишуваат одредени документи. 8. Доктрина на сектата Под доктрина на секта се подразбира збир на теолошки идеи (религиски, филозофски, квазинаучни, квазипсихолошки, квазимедицински), најчесто се догматски карактер. Доктрината на сектата е многу важна затоа што претставува основа за настанувањето на сектата и содржи прокламирани цели која сектата го спроведува. Доктрините на деструктивните секти од безбедносен аспект можат да се поделат на : - Доктрини чија содржина проповеда деструктивно и криминално однесување - Доктрини чија содржина потенцијално може да се искористи за повикување на членовите за деструктивно однесување - Доктрина чија содржина, барем формално, не се противречи на општествените норми. Деструктивни се оние доктрини кои отворено повикуваат на почитување на општествените норми, рушење на денешното општество, самоубиства, убиства и сл. Врз основа дали содржат политички елементи и идеи (во смисла за промена на светот и општественото уредување) доктрините на сектите можат да се поделат на: - Доктрини кои содржат политички елементи и - Доктрини кои не содржат политички елементи Политичките компоненти и идеи можат да се најдат во многу доктрини на верските, деструктивни секти. Содржините на овие политички компоненти се движат од идеја за промена на светскиот систем (обединување на светот, нов светски поредок), промена на општественото уредување во одделни држави и барања за деполитизација на некои области од општествениот живот. 139 Гледано од безбедносен аспект, сектите со овие доктрини се опасни, бидејќи во себе ја кријат можната опасност од загрозување на политичкиот систем на државата, извршување на кривични дела и тероризам ПОВРЗАНОСТА НА ВЕРСКИТЕ ГРУПИ - СЕКТИ И ТЕРОРИЗМОТ Покрај изворите на загрозување на националната безбедност, на глобален планетарен план егзистираат и глобалните закани кои ги загрозуваат глобално, 139 Стајиќ, Љ., Основи безбедности, Београд: Полицијска Академија,

84 егзистенцијалните и есенцијално виталните функции на меѓународната глобална заедница. Глобалните закани ја загрозуваат глобалната безбедност, но исто така, тие индиректни претставуваат сериозна закана и за националната безбедност на современите држави во меѓународната заедница. Глобалните закани претставуваат збир на факти, околности, последици и појави кои продуцираат значајно влијание на глобалната безбедност, односно ја детерминираат глобалната безбедност. Глобалните закани продуцираат несигурност во глобални рамки и според тоа можеме да ги детерминираме како фактори на глобалната безбедност. Во глобални закани, односно фактори на глобалната безбедност можеме да ги утврдиме: 1. Меѓународниот глобалниот организиран криминал; 2. Меѓународниот тероризам; 3. Ширење и контрола на оружјето за масовно уништување; 4. Тираните; 5. Еко заканите; 6. Верски секти и 7. Нови глобални закани. 140 Поврзаноста помеѓу тероризмот и религијата не е нова, но во последните декади оваа форма на тероризам беше во голема мерка засенета од страна на етничкиот и националистичко сепаратистичкиот или идеолошки мотивираниот тероризам. 141 На пример, ниедна од тринаесетте идентификувани групи активни во 1968 (годината која е означена за појава на модерниот, меѓународен тероризам) не може да се класифицира како религиозна. Денес, најмалку дваесет проценти од приближно педесетте терористички групи активни низ светот можат да се опишат со постоење доминантна религиозна компонента или мотивација. 142 Верскиот тероризам претпоставува трансцедентална димензија, и неговите извршители се неограничени од политички, морални или практични ограничувања кои 140 Котовчевски, М., Национална безбедност на Република Македонија трет дел, Скопје: Македонска цивилизација, 2000, стр Rapoport, ʺ Fear and Trembling: Terrorism in Three Religious Traditions ʺ, стр Hoffman, B., The implications of terrorism motivated by a religious imperativeʺ, Va: RAND,

85 се чини влијаат на другите терористи. Верските терористи сметаат дека насилството не е само морално оправдано, туку е и неопходно делотворно за постигнување на нивните цели. Затоа, религијата служи како легитимизирана сила, соопштена преку свет текст или соопштена преку свештенички авторитети. 143 Очигледно е дека религиозните верувања можат на чуден начин да доведат до мирољубиво однесување, исто така, како што може да придонесат за појава на најужасните акти на насилство. Затоа оние кои сакаат нивната употреба на насилство да биде морално санкционирана, на кои немаат официјално одобрување од владата, полесно им е да се доближат до моралот што им ја овозможува религијата. Со издигнувањето на борбата на космичко ниво тие можат да ги заобиколат вообичаените морални рестрикции за убивањето. 144 За верските терористи, насилството е сакраментален чин или божествена должност извршен како директен одговор на некои теолошки барања или императиви. 145 Верските и секуларните терористи имаат сосема различна перцепција за нив самите и нивните насилни акти. Секуларните терористи го гледаат насилството како пат за поттикнување корекција на грешките во системот кој во основа е добар или како средство за создавање на нов систем. За разлика од нив, религиозните терористи се гледаат себеси како да не се компоненти на системот кој вреди да се зачува, туку како аутсајдери и затоа бараат огромни промени во постоечкиот поредок. Ова чувство на отуѓеност им овозможува далеку поголеми деструктивни и посмртоносни видови на терористички операции. 146 Новите терористички групи со силно изразени верски императиви се повеќе ги засенуваат старите националистички или идеолошки побуди, кои неповратно стануваат се побледи и помалку јасни. 143 Jenkins, B, M., ʺ The Likelihood of Nuclear Terrorismʺ, Santa Monica: RAND, Jugensmeyer, M., ʺ Religious Nationalism: A Global Threatʺ, Current History, Jenkins, B, M., ʺ The Likelihood of Nuclear Terrorismʺ, Santa Monica: RAND, Taheri, A., ʺ Holy Terror: The Inside Story of Islamic Terrorismʺ, London: Sphere Books,

86 Исто така мошне значајна карактеристика на новата терористичка генерација не е само прифаќањето на многу поаморфните религиски цели, туку суштински различна е и нивната кадровска и организациска поставеност. 147 До пред десет години, заканата од можни терористички акции кои може да ги извршат сектите главно се засноваше на некои хипотетички аргументи изведени врз основа на карактеристиките на сектите. Во таа смисла, наведено е дека многу секти имаат политички аспирации, станува збор за финансиски многу богати организации на кои не им е проблем да обезбедат средства за масовно уништување (отрови, оружје, експлозивни направи и др.), некои од сектите имаат брутални методи на работа (киднапирање, убиства) а меѓу припадниците на сектите секогаш се наоѓаат лица со психопатолошка структура на личноста. Таквите предупредувања кои ги даваа познавачите на оваа проблематика, не беа разгледувани сериозно. Критиките се однесуваа на големата апстрактност на изнесените факти, непостоење на конкретни податоци кои говорат во прилог на таквите теории и дека опасноста од терористички напади од страна на сектите е производ на параноичната фантазија на одделни истражувачи. Тоа било, и е една од причините што органите на безбедност не обрнуваат внимание на оваа опасност и не преземаа потребните мерки и активности. Врз основа на анализите на домашните и странските податоци за криминалното дејствување на сектите и на основа на согледување на доктрините, организацијата, методите на работа и целите на деструктивните верски секти, може да се очекува дека верските секти и нивните следбеници ќе се појават како извршители на различни кривични дела. Како извршители на кривичните дела може да бидат лидерите на сектите, лицата кои се на повисоки хиерархиски места во сектата или обичните следбеници. Објект на напад на овие кривични дела може да бидат како поединци (следбеници на сектата или други граѓани), како и општеството во целина (општествените вредности) и државата. Тероризмот кој го спроведуваат сектите не се разликува во однос на тероризмот спроведуван од страна на терористичките организации. Една карактеристика која бара подетално објаснување е политички мотивираната намера. Причина е дека понекогаш е 147 Котовчевски, М., Современ тероризам, Скопје: Македонска цивилизација, 2003, стр

87 тешко да се открие политичката намера кога станува збор за терористички акции кои ги изведуваат припадниците на верските секти. Таа намера кај сектите секогаш не е отворено изразена, но со анализа на времето и конкретните околности кои претходеле на самиот акт, секогаш можат да се извлечат политички конотации ИСЛАМСКИ ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА Низ долгиот период во кој опстои исламската религија создадени се многу верувања односно интерпретирани се на начин кој води до создавање на секти, подгрупи и фракции. Првата поделба датира уште по смртта на Мухамед, кога следбениците дебатирале околу тоа кој треба да го наследи како духовен лидер. Исламот првично се дели во две групи-гранки: Сунити и Шиити. Сунитите се најдоминантна верска група во Исламот, опфаќајки околу 85 % од муслиманите во светот. Сунитите се поделени во четири различни школи на верување, кои варираат од тоа како го интерпретираат животот на пророкот. Сите сунити се сложуваат во верувањата дека тие имаат легитимитет на првите три наследници на Мухамед (Абу Бакр, Умар и Утман) и нивната силна посветеност на Суна (комбинација од Хадит и Куран). Четирите групи на сунитите се Ханабалити, Маликити, Ханафити и Шафити. Сунитите признаваат шест автентични книги Хадит 149, која содржи говорна традиција која му се припишува на Мухамед. Во XX век Сунитите го сочинуваат мнозинството од муслиманите кај сите муслимански нации освен во Иран и Ирак. Нивната бројка се движела околу 900 милиони на почетокот на XXI век. Шиитите го сочинуваат останатиот дел од Исламот и зафаќаат помалку од 15 % од Муслиманите. Шиитите буквално во превод значат "партизан на верата ". Оригиналниот конфликт помеѓу Сунитите и Шиитите е во тоа кој би требало да го наследи Пророкот. Нивното основно верување е дека првиот наследник на Мухамед треба да биде Али, сопругот на единствената преживеана ќерка на Мухамед. На почетокот шиитите биле политичка фракција која го подржувала четврттиот калиф, наследник на Мухамед, односно Али а подоцна и на неговите наследници. Подоцна оваа група се развила во верско движење, Шиизам, кое на само што влијаело на Суни исламот, туку довело до создавање на важни секти. Двете подгрупи на Шиитите се Седмичарите (Seveners) и Дванаестичарите (Twelvers). 148 Стајиќ, Љ., Основи безбедности, Београд: Полицијска Академија, 2004, стр Запис за традициите или изреките на пророкот Мухамед, почитувани и примени како главен извор на верското право и морални насоки 74

88 Суфизамот е мистична верска група во Исламот. Суфистите се сметаат за херетичка верска група поради нивните мистични верувања, а постојат и некои мислења дека тие се најправославните верници во Исламот. Тие се разликуваат од другите верски групи по тоа што веруваат во светци и маченици, што се смета како форма во Исламот на верување во идоли. 8. ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА - СЕКТИ Како резултат на моќната идеологија која се појавила во XVIII век и реакцијата на слабоста на муслиманството поради западното влијание, доаѓа до појава на исламските фундаменталисти, чие што основно верување е да се создаде општество кое што го проповедал Алах. По она што се разликуваат од преостанатите припадници на исламот секако е и по интерпретацијата на Шериетот. Шериетот претставува свет закон кој ги води муслиманите. Ако Куранот е претставен како базата на Исламот, тогаш Шериетот го сочинуваат канонските закони на религијата. Тоа е суштината на тоа како да се биде муслиман, без оглед на сектите и значајно е тоа што ги обединува сите различни заедници на исламот. На кратко, шериетот е исламски закон, кој според муслиманите, е комплетен систем кој што ги води сите аспекти на индивидуалниот и социјалниот живот и е прочистен директно од куранот. Толкувањето на шериетот, претставува главната точка на несогласување помеѓу расличните секти. Исламските фундаметалисти се обидуваат да живеат според стриктната интерпретација на Шериетот и го гледаат Западниот животен стил како закана и антитеза од она што овие свети канонски закони го претставуваат. Постојат над 70 исламски фундаменталистички верски движења - секти. Оние попознати и пораспространети се Вахабизам, Салафизам, Кариџити, Исмаили, Заиди, Алави, Низари, Друзе и др. - Кариџити се најстарата секта во исламот а нивното име потекнува од арапскиот збор khuruj што има значење на револт или востание, додека буквално значење на зборот Khawārij како што се пишува на арапски, е оние кои што се 75

89 отцепиле или оние кои што излегле. 150 Тие се првата секта која што се одделила од исламот и за прв пат се појавиле во VII век, концентрирани во денешен јужен Ирак. По убиството на третиот калиф, Утман и наследувањето на Али (зетот на Мухамед) како четврт калиф, Муавија, гувернерот на Сирија се обидел да се одмазди за убиството на Утман. По неодлучната битка со силите на Муавија (657 година), Али бил принуден да се согласи на арбитража од страна на судии. Ова го навлекло гневот на голема група од следбениците на Али, кои протестирале поради тоа што верувале дека пресудувањето му припаѓа само на Бога. 151 Мал број од незадоволните се повлекле (kharaju) во селото Харура под водство на Ибн Вахб. Кариџитите како што од тогаш станале познати се противеле на тврдењата на Али и на Муавија. Одрекувајќи се од сите муслимани кои не ги прифаќале нивните видувања, Кариџитите влегле во кампања на малтретирање и терор. Во битката во Нахраван, Ибн Вахаб и повеќето од неговите следбеници биле убиени од страна на Али, но Кариџити движењето опстојувало и понатаму преку серија бунтови со кои се соочувале Али (кого кариџитите го убиле во 661 година) и Муавија (кој го наследил Али како калиф). Во периодот на цивилната војна која следела по смртта на Јазид I (683 година), Кариџитите претставувале извор на сериозни пореметувања во Умајад 152 и во Арабија. Константното вознемирување од страна на Кариџити на муслиманските власти не било поради лично непријателство туку практикување на нивните религиозни верувања. Тие тврделе дека Божјиот суд може да се изрази преку слободен избор на целата муслиманска заедница. Тие инсистираат дека секој, па дури и црн роб, може да биде избран за калиф ако поседува потребни квалификации, верска побожност и морална чистота. Калифот може да биде соборен ако изврши некој голем грев. Како предлагачи на демократски принципи, Кариџити привлекле кон себе многу кои биле незадоволни од постоечките политички и верски авторитети. Кариџитите биле познати по нивниот пуританизам и фанатизам. Секој муслиман кој направил голем грев бил сметан за отпадник. Луксуз, музика, игри и вонбрачни заедници без согласност на жените се забранети. Бракови и односи со другите муслимани не се 150 Schisms and Heterodoxy among the Muslims, објавено на irfi.org, пристапено на Куран, 6: Умајад калифат бил втор од четирите големи исламски калифати воспоставени по смртта на Мухамед 76

90 препорачувале. Доктрината за одобрување со вера без дела е отфрлена, а се инсистирало на буквалното толкување на куранот Исмаили - во осмиот век настанал спор околу тоа кој треба да ја води шиитската заедница по смртта на шестиот Имам, Џафар ибн Мухамед (познат и како Џафар ал Садик). Оние кои го следеле учењето на Муса ал Казим станале главен дел од шиитите, додека оние кои го следеле учењето на братот на Муса, Исмаил, биле наречени Исмаили. Исмаилите уште се нарекуваат Седмичари (Seveners), затоа што се отцепиле од шиитската заедница поради несогласувањето за идентитетот на седмиот Имам. 154 Според исмаилите, Куранот содржел внатрешни или скриени значења кои тајно биле пренесени на Али, а од него понатаму на соодветните наследници. Според доктрината на исмаилите, историјата е поделена на седум периоди. Секој период започнува со пророк кој е следен од шест непогрешливи имами. Првите шест пророци биле Адам, Ное, Абрахам, Мојсеј, Исус и Мухамед. Секој имам го следи толкувач за да го пренесува тајното значење на зборовите на имамот на мала група ученици. Претходните шест толкувачи биле Сет, Шем, Исак, Арон, Симон Петер и Али. За неговите следбеници, Исмаил станал поврзан со различни движења кои барале соборување на целиот општествен поредок. Целта била целосно претолкување на исламот кое требало да вклучи различни елементи од Хеленистичкото христијанство кое било распространето на Блискиот Исток. - Заиди претставува верска група издвоена од шиитите, а водена од Заид, внук на Хусеин. Тој тврдел дека вистинскиот имам треба јавно да го наметне своето барање до властите и да бара надминување на коруптивниот режим воден од неприфатливи владетели. Всушност, Заид предводел само револт и бил убиен во тој процес на предводење, но неговите идеи живееле многу подолго. Неговите следбеници кои станале познати како Заиди, го прифатиле него како вистински имам и ги отфрлиле неговиот брат и внук, кои пак биле прифатени како петтиот и шестиот имам од повеќето шиити. Следбениците на Заид исто така ја отфрлиле доктрината за скриениот имам кој само духовно е присутен, наместо тоа, како што веруваат Исмаилите, и тие веруваат дека имамот е присутен. Заидите веруваат дека имам може да биде секој наследник на Али кој 153 Khārijite, Encyclopædia Britannica, Encyclopædia Britannica Ultimate Reference Suite, Chicago: Encyclopædia Britannica, Cline, A., Ismaili Islam, Islamic Groups and Muslims, објавено на пристапено на год. 77

91 е доволно учен и има воени способности, па затоа може да има и повеќе од еден имам. За разлика од повеќето шиити, Заидите не веруваат дека имамот е непогрешлив или способен да прави чуда. Денеска, последните Заиди можат да се најдат само во Јемен, во кој владееле имами заиди до 1962 година. Според нивната доктрина, Заидите имаат повеќе заедничко со Сунитите отколку со Шиитите Алави кои уште се познати и како Нусаири, се гранка од исмаилизмот кој има сосема друг правец што многу муслимани веќе не го сметаат како форма на исламот. Поимот Алави значи следбеници на Али, кој се користи во некои земји како поим кој се однесува општо на сите шиити. Денеска Алавите можат да се сретнат во цела Сирија, каде што нивната бројка се движи околу 1,350,000 и го сочинуваат најголемото верско малцинство во Сирија. Долго време етничките малцински групи кои ги сочинуваат алавите имале пред исламски верувања, но по исмаилистичкото влијание тие значително се придвижиле кон исламот. Тие исто така имаат додадено христијански елементи во развојот на нивните религиски верувања преку влијанието на Византијците и Крстоносците. Како пример се посочува дека Алавите слават Божиќ, Велигден и Водици, и употребуваат жртвено вино во некои церемонии. Нивното потекло се поврзува со единаесеттиот шиитски имам ал-хасан ал-аскари и неговиот ученик Ибн Нусаир. Другото вообичаено име за алавите е Нусаири кое што потекнува од Нусаир. Постојат четири Алави конфедерации, сите поделени на племиња а тие се: Калбија, Кајатин, Хададин и Матавира. Познати се три Алави доктрини кои предизвикуваат тие да бидат отфрлени од повеќето муслимани како валидна форма на исламот. Првата е верувањето во инкарнацијата - идејата дека Бог може да биде во човечко тело, како во случајот на Али. Се верува дека Али го создал Мухамед, кој пак го создал Салман, ран шиитски светец. Овие троица формираат Тројство. Тие го сметаат Али за Значење ; Мухамед, кого Али го создал од неговата сопствена светлина, претставува Име ; Салман претставува Порта. Алави изрека се изразува преку зборовите: Се вртам кон Портата; Се поклонувам пред Името; Го љубам Значењето. Една Алави молитва гласи: Сведочам дека не постои Бог туку Али, што доведува до идеја дека тие го 155 Cline, A., Islam and Muslims, Zaidi Muslims, објавено на пристапено на год. 78

92 обожуваат Али како Бог. 156 Второто еретичко верување за муслиманите е отфрлање на Куранот и сите традиционални молитви кои се поврзуваат со сунитските учења. Петте столбови на исламот се следат, но тие се протолкувани на алегориски начин за да ги задоволи постулатите на заедницата. Третото еретичко верување е во реинкарнацијата и дека жените немаат души и тие не се реинкарнираат. Заради ова тие не се учат со ниедна од доктрините на Алави. Според доктрината секоја личност се реинкарнира повеќе пати и се верува дека треба да се подложат на трансформација седум пати пред да завземат место помеѓу звездите каде што Али е принц. Неверниците се реинкарнираат во животни. - Низари претставува исламска верска група односно секта која била воспоставена кога Хасан Ибн ал-сабах одбил да го признае ал-мустали како нов калиф во 1094 година, а наместо тоа го подржал братот на ал-мустали, Низар кој исчезнал под сомнителни околности. Оваа секта е добро позната низ светот под друго име: Асасини. Името асасини произлегува од поимот оние што конзумираат хашиш, име кое им било дадено од нивните непријатели. Тие станале познати по нивната тактика на праќање на луѓето на на самоубиствени мисии да ги убиваат командантите на армиите кои се закануваат да ги завземат нивните упоришта. Но како и некои други движења, Низарите со време станале поумерени и поненасилни. Затоа што биле прогонувани во Иран, тие започнале да се придвижуваат кон иднискиот подконтинент во XIV век. Таму тие станале познати под името Коџа (од персискиот збор кваџа, што значи господар). Низарите значително ги промениле своите верувања поради идниското опкружување, а во XIX век нивната популарност била повратена по долг период на релативна анонимност. Денеска имаат следбеници низ целиот свет, кои главно се бизнисмени од иднискиот подконтинент. Нивната бројка се движи околу 20 милиони, со 2 милиони кои живеат во Пакистан. - Друзе претставува монотеистичка верска група најзастапена во Сирија, Либан, Израел и Јордан. 157 Друзе потекнуваат од Исмаилизмот, гранка на шиитскиот ислам, и нивната вера содржи елементи од Абрахамските религии како и Гностицизам, Неоплатонизам, Питагоранизам и други филозофии, создавајќи 156 Cline, A., Islam and Muslims, Alawis, објавено на пристапено на год. 157 Radwan, Chad K. "Assessing Druze identity and strategies for preserving Druze heritage in North America". Scholar Commons, June,

93 различна интерпретација на Светото писмо и истакнувајќи ја улогата на умот и вистинитоста. Друзе себе си се нарекуваат Ahl al-tawhid (Луѓето на монотеизмот) или al-muwahhidun (Унитарни). Оваа верска група играла значајна улога во формирањето на историјата на Левант 158 а посебно Либан. Обичаите на Друзе значително се разликуваат од оние на Муслиманите или Христијаните. Името Друзе е изведено од името на свештеникот Мухамед бин Исмаил Наштакин ад-дарази. Подоцна настанал спор помеѓу ад-дарази и Хамза бин Али, кој бил загрижен околу претерувањето на ад-дарази кое се однесува на верувањето дека Бог бил инкарниран во човечко суштество (посебно Али и неговите потомци Ал-Хаким би-амр Алах, кој во тоа време бил Калиф) и за тоа што ад-дарази се именувал себе како Меч на Верата. Иако верските книги на Друзе го опишуваат ад-дарази како дрзок и ограничен, името Друзе сеуште се користи заради идентификација и заради историски причини. Во 1018 година ад-дарази бил убиен. 159 Друзе во различни држави имаат различен начин на живот. Некои тврдат дека тие се муслимани, други пак не. За Друзе верската група се вели дека ги следи исламските принципи, но нивното верување се разликува од исламот по многу фундаментални точки. 160 Главната доктрина на Друзе вели дека Бог е трансцедентен и иманентен, во која тој е над сите атрибути но во исто време тој е присутен. 161 Светиот текст на Друзе претставува Kitab al Hikma (Посланија на мудроста). Вахабистичкото движење се смета за најреакционерно од сите Муслимански секти. Вахабистите одбиваат да прифатат секаква ревизија на Куранот. Нивната цел е враќање на идеалната фундаментална форма на Исламот како што била во ерата на првите четири калифи кои го следеле пророкот. Многу исламски научници и организации преку разни публикации го осудија Вахабизамот дека е особено крута малцинска исламска секта која е нетолерантна кон другите форми на исламот. 158 Историско географски поим кој се однесува на голем простор во Југоисточна Азија ограничена со планината Таурус во Анадолија на север, Егејското море на запад и на север Арабиската пустина и Месопотамија на исток. Rosendahl S., "Council for British Research in the Levant homepage", 28 of November Swayd, S., The Druzes: An Annotated Bibliography, Kirkland, WA, USA, Dana, N., The Druze in the Middle East: Their Faith, Leadership, Identity and Status, Sussex Academic Press, January 1, Makarem, Sami Nasib, The Druze Faith,

94 8.1. ВАХАБИЗАМ Вахабизмот е поим со различни конотации, но генерално се однесува на движење кое настојува да ја прочисти исламската религија од сите иновации или практики кои отстапуваат од учењето од VII век на Пророкот Мухамед и неговите придружници. На Запад, поимот се користи најчесто да се означи форма на Ислам која се практикува во Саудиска Арабија и која што се проширила на различни страни од светот. Во многу муслимански земји, верниците кои што се придржуваат кон ова движење, преферираат да се нарекуваат себе си Унитарни - единствени (muwahiddun) или Салафисти (Salafi, Salafiyya). Последниот збор потекнува од зборот salaf што значи да следи или претходат, кој се однесува на следбениците и придружниците на Пророкот. Општо земено, употребата на поимот Вахабизам од страна на западот, муслиманите го гледаат како поим што има негативна и навредлива конотација. Првиот концепт кој мора да се разбере кога се проучува вахабизмот, е тоа дека тие се сметаат себе си како единствено вистинско Салафистичко движење а од другите биле сметани како Салафисти од Саудиска Арабија. 162 Оваа карактеризација е подржана од фактот дека вахабизмот претставува екстремно толкување на пуританскиот ислам кој претставувал основа на легитимитетот на саудискато кралско семејство и постојат многу сличности помеѓу вахабистичкиот ислам и доктрината на Муслиманското Братство. 163 Вахабизмот се појавил во Наџ во Саудиска Арабија во XVIII век како верско преродбеничко движење водено од страна на Мухамед Ибн Абд ал-вахаб ( ). Како што верувал тој дека низ вековите, од почетокот на исламот, муслиманските општества се вратиле во ерата на незнаењето (jahiliyya) преку спречување на исламот. 164 Целта на движењето било да се врати вистинското значење на tawhid (единство со бога или монотеизам) од страна на луѓето, да ги игнорира традиционалните дисциплини и практики кои еволуирале низ вековите, како што се теологијата и судската пракса, и да го елиминира обожувањето на почитувани поединци наместо Господ. 165 Вахабизмот го прифаќа tawhid како основен концепт на исламот и тврди дека вистинската верба е недоволна без спојување со чисто исламско однесување. Ова тврдење се толкува така што има значење, од гледна точка на 162 Moussalli, A., Wahhabism, Salafism and Islamism: Who is the Enemy?, A Conflict Forum Monograph, January, 2009, стр: Oxford Analytica, Dialogue with Islam, Oxford Analytica Ltd., 2004, стр: International Crisis Group, Saudi Backgrounder: Who are the Islamists?, стр: Moussalli, Wahhabism, Salafism and Islamism: Who is the Enemy?, стр: 4 81

95 вахабизмот, вербата во Господ не е доволна без укинување на актите и обичаите кои промовираат идолопоклонство и неверување (kufr). Затоа, вахабизмот забранува практики на слушање на одреден тип на музика, цртање на било кое живо суштество со душа, молење на гробови и светилишта (вклучувајќи го и гробот на пророкот) и следење на било која од училиштата (madhhabs) на исламската јуриспруденција (студија и теорија на правото) кои отстапуваат од оригиналните извори, се она од што се состои сунитската ортодоксност и се практикува од страна на сите муслимани Сунити надвор од Саудиска Арабија. 166 Вахабистите (кои потекнуваат од сунитите) се разликуваат од сунитите по тврдењето дека ги следат примерите од побожните предци (al-salaf al-salih) кои себе си се нарекуваат Салафисти, и тврдењето дека побожните предци се модел што сите муслимани треба да го подржуваат. Ова верување ги водело до тоа да го обвинуваат мнозинството од сунитските муслимани кои живееле под отоманскиот калифат за извршување на bid a (иновација) и kufr (неверување) поради тоа што политичкиот систем бил непознат на побожните предци. 167 Вахабистите исто така се декларирале дека сите Шиити и Сунити (не вахабисти) кои не го следат патот на побожните предци се предмет на екскомуникација (исфрлање од заедницата takfir), во суштина се наведува дека сите муслимани кои не го следат вахабизмот се виновни за грев на политеизмот (shirk). 168 Ова обвинување имало големи последици откако бил дозволен џихад против сопсвениот народ, 169 што му дава на вахабизмот оправдување да убива други муслимани и да воспостави независна исламска држава што резултира со бројни кампањи за убивање кои кулминирале со воспоставување на модерната саудиска држава (или кралство). Со создавањето на модерната држава од страна на Абд ал-азиз, вахабизмот тогаш бил сменет од движење на револуционерниот џихад и теолошки takfir прочистување во движење на конзервативен општетвен, политички, теолошки и верски повик и да се оправдува институцијата која покажува лојалност кон кралското саудиско семејство и апсолутната моќ на кралот Ibid. 167 Ibid., Ibid. 169 Ibid. 170 Ibid.,

96 Вахабистичкиот став за Исламот е дека сите кои не се придржуваат кон нивните верувања се неверници, вклучувајќи ги тука и Сунитите и Шиитите. Вахабистите практикуваат екстремна форма на прочистување на исламот вклучуваќи ги тука простите кратки молитви, недекорирани џамии и не дозволуваат името на Пророкот да биде испишано на џамиите ниту пак го слават неговиот роденден. Всушност секоја форма на преголема духовност се смета за форма на идолство. Вахабистичкото строго толкување на Шериетот, донесува екстремни закони и соодветни форми на казна. Моментално постојат илјадници приврзаници на Вахабизмот. Повеќето од жителите на Саиудиска Арабија, вклучувајќи и стотици членови на кралското семејство, се приврзаници на вахабизмот. Според Стефан Шварц во еден напис во весникот Гледач (Spectator) од 6 Октомври 2001 година, сите тогашни акти на тероризам биле извршени од страна на Вахабисти: "Бид Ладен е Вахабист. Исто така вахабисти се и бомбашите самоубијци во Израел. Исто така и сојузниците на Бин Ладен од Египет, кои го величеа тоа што избоделе до смрт странски туристи во Луксор неодамна, капејќи се во крв до нивните лакти и создавајќи богохулен плач во екстази. Вахабисти се и Алжирските исламиски терористи чиј придонес кон прочистувањето на светот се состоеше од убивање на луѓе заради гревови како што се пуштање филмови на прожектор или читање на секуларен весник. Вахабисти се и герилците во талибански стил во Кашмир кои убиваат Хиндуси." 171 Според некои извори, Талибанците не се приврзаници на Вахабизмот, но практикуваат нешто што е познато како Деобанди движење, кое го добило името според мал град во Индиските Хималаи каде што било создадено во 1860 година за време на Британското владеење. Слично како Вахабизмот, ова движење е необично строга форма на Сунитскиот Ислам. Следбениците на Вахабизмот и на Деобанди движењето прават остра разлика помеѓу светото и човечкото знаење и затоа го исклучуваат секое учење кое не е свето. 171 Perlmutter, D., Investigating Religious Terroris m and Ritualistic Crimes, Boca Raton, Florida 2003 стр

97 Деобанди филозофијата остави во потомство многу фундаменталистички исламски групи во светот вклучувајќи ги тука и Талибанците во Авганистан, како и Авганистанците кои биле дел од ова движење од неговиот почеток. Во текот на втемето, Деобанди движењето се изменило кон православноста и милитантниот фундаментализам. Вахабистичкото движење било основано од Мухамед ибн Абд ал-вахаб во XVIII век. Тоа е во суштина прочистување од Сунитскиот Ислам и односот на почитување на идоли, огромно обожување и луксузно живеење го смета како зло. Вахабизмот вели дека сите додатоци во исламот по третиот век од муслиманската ера се погрешни и дека треба да бидат одстранети. Членовите се опишуваат себе како Мувахидуни (унитарни - единствени) кои цврсто ја застапуваат доктрината дека господ е еден, единствен. Во 1744 година, основачот на Вахабистичката секта, Абд ал- Вахаб, бил прогонет од родниот град, Ујајна, поради неговите контроверзни проповеди од неговата книга, Kitab al-tawid (Книга на Единството). За време на прогонот тој патувал на североисток во Неџд и убедува саудиско племе во своето учење. Откако Саудискиот шеик бил убеден дека неговата религиозна мисија е да отпочне света војна, џихад, против сите останати форми на исламот, тој започнал со освојување на неговите соседи во 1763 година. До 1811 година, Вахабистите завладеаја со цела Арабија со исклучок на Јемен. Отоманскиот султан се обидел да ги сруши со праќање на експедиции, но без поголем успех. Султановиот успех дошол дури по повикот на Мухамед Али од Египет и до 1818 година вахабистите биле потиснати во пустината. Во Неџд тие повторно ја повратиле моќта и од 1821 до 1833 година започнале да го контролираат брегот на персискиот залив во Арабија. Припадниците на вахабистичкото семејство и понатаму држат важни позиции во Саудиска Арабија бидејќи нивните предци помогнале на Саудиското владеачко семејство да го обединат нивното кралство во 1932 година. Вахабизмот исто така служи како инспирација на други исламски реформски движења од Индија и Суматра до Северна Африка и Судан. Вахабистичката теологија се базира на учењето на Ибн Тајмијах и на легалната школа на Ахмад ибн Ханбал. Тие ја истакнуваат буквалната верба во Куранот и 84

98 Хадитот и во воспоставување на муслиманска држава базирана само на Исламскиот закон. Современото вахабистичко движење е во процут во секоја муслиманска држава. Во Либан пресметано е дека движењето брои околу 4000 членови. Сектата има многу повеќе приврзаници во Египет, Саудиска Арабија и Пакистан. Се појавува под повеќе имиња како Икван, Вахаби, Салифија, Мовахабин и добро познатото Талибан. Муслиманите анти-вахабисти го нарекуваат вахабизмот "Проблемите од Неџд". Вахабистите имаат заеднички милитантни погледи со сунитите и финансиска подршка од највисоко ниво од владата на Саудиска Арабија. Вахабистичките верски училишта, кои се нарекуваат Мадреси, припаѓаат на светската мрежа на муслиманските екстремистички организации. Започнувајќи на возраст од 7 до 15 години, младите се индоктринираат со фундаментите, почетоците на строгиот ислам, верските обврски и радикалната милитантност во вахабистичките училишта. На возраст од 15 до 25 години, младите се подготвуваат за џихад или света војна и се обучуваат да се борат за победа на вахабистичкиот ислам. Не сите млади луѓе што ги посетуваат овие вахабистички училишта се обрнуваат кон насилството. Некои од нив стануваат верски учители и огромното мнозинство од вахаби заедницата не ги подржуваат отворено вооружените милитанти иако и тие се вклучуваат во паравоена обука. Исклучок се Талибанците, чии приврзаници не го кријат оружјето. Очигледно терминот Вахаби има погрдна конотација и Саудијците воопшто не го користат, претпочитајќи себеси да се нарекуваат Унитарни (единствени) - верници во едно неделиво божество. Насилството предизвикано поради верските движењата Деобанди и Вахаби е значително. Помеѓу илјадниците цитати и статии напишани за исламскиот фундаментализам по 11 Септември, една статија ја покажува верската врска : "Не се сите муслимани бомбаши самоубијци, но сите муслимани бомбаши самоубијци се Вахабисти". Никој не може да го оспорува насилството што оваа верување го инспирира и продолжува да го инспирира. За жал на сите ни се познати имињата на терористичките организации како што се Ал-Каеда, Исламско движење на Узбекистан, Египетски исламски џихад, Вооружена исламска група, Харакат ул-муџахедин (Пакистан) и Абу Сајаф (Филипини), сите кои беа поврзани со Бин Ладен. Насилствата кои беа извршени од страна на овие групи вклучуваат многу инциденти како самоубиствени бомбашки напади, киднапирања, киднапирања возила и воздухоплови и убиства. 85

99 Саудиските власти како и богатите саудиски поединци, го подржуваат ширењето на вахабизмот како форма на исламот во неколку муслимански земји и на Западот. Според некои експерти дека тие промовираат тероризам и предизвикуваат исламска милитантност низ светот. 172 Саудиското финансирање на џамиите, мадрасите и добротворните организации, од кои некои се поврзани со терористички групи како што се Ал Каеда, ја зголемиле загриженоста дека вахабистичкиот ислам бил употребуван од страна на милитанти кои ја прилагодиле оваа идеологија да одговара на нивните политички цели и која се потпира на саудиските донации за да ги подржи нивните аспирации. Еден аргумент оди во прилог на ставот дека ширењето на вахабизмот било употребено да ги смири најрадикалните и контроверзни верски групи кои биле закана на саудиското владејачко семејство. 173 Други тврдат дека исламот, како другите религии, поседуваат свети текстови кои можат да се повикаат за подршка на (мир или насилство), во зависност од околностите. 174 Вахабистичките верски научници (ulama) кои биле дел од државата, го истакнале мислењето дека не државните вахабисти кои не се сложувале со ниедно прашање со научниците ја враќаат нео Вахабистичката перспектива. Појавата на нео-вахабизмот датира од Заливската војна каде што постоела голема доза на незадоволство од саудиската монархија и верските научници заради нивната одлука да побараат помош од САД за отстранување на Ирак од Кувајт и заради дозволување на престој на не муслимански (неверници) сили во Саудиска Арабија. Нео-Вахабистичкото движење користи насилни и ненасилни средства и еволуирало во поддвижење со различни цели и ставови по различни прашања соочувајќи се со исламот во модерниот свет. 175 Иако Мусали, појавата на нео- Вахабизмот го сместува во периодот во пост Заливската војна, сепак според него, постојат докази кои укажуваат дека движењето настанало дури и порано но од неодамна се здобило со глобален интерес. Докази за ова негово тврдење тој посочува во статија на Меѓународната Кризна Група, Позадината на Саудиска Арабија: Кои се 172 Во контроверзниот труд на новинарот Schwartz, S., The Two Faces of Islam, New York: Doubleday, авторот пишува дека Вахабизмот воздигнува и промовира смрт во секој елемент на своето постоење: самоубиство на своите следбеници, масовни убиства како оружје против цивилизацијата, и над се гушење на милоста отелотворена во исламот, 2002, p Montgomery, D., Radical Re-Education, The Fort-Worth Star-Telegram, Dec. 3, David, P., In the Name of Islam, The Economist, објавено на на Sept. 13, Moussalli, Wahhabism, Salafism and Islamism: Who is the Enemy? 86

100 Исламистите?, кој заклучува дека потеклото на саудискиот исламизам може да се подели во три подгрупи: Реформисти, Отфрлувачи (the Rejectionists) и Џихадисти. Овие подгрупи ја претставуваат основата на развојот на Нео-Вахабизмот. Реформистите (al-sahwa al-islamiyya или Исламско будење) се појавиле во превирањата на верскиот активизам во 1970-те и 1980-те години под влијание на прогонетите членови на Муслиманското Братство. Реформистите го комбинираат традиционалниот Вахабизам во полето на општествените прашања и современиот пристап кон политичките прашања како Муслиманско Братство ( или Салафисти). 176 Иако не биле одговорни за заземањето на Големата Џамија во Мека во 1979 година, реформистите го сметале овој настан како точка на пресврт за реформистичкото движење. Сепак, на реформистите им недостасувала вистинска обединетост и како резултат на тоа, се фрагментирале во подгрупи кои подоцна се асимилирале едни во Вахабизам а други во Муслиманското Братство. 177 Отфрлувачите (the Rejectionists), понекогаш биле нарекувани како нео- Салафисти а понекогаш биле мешани со реформистите. Главната грижа на оваа група не биле социјалните, културните или политичките прашања, кои биле главна грижа на реформистите, туку повеќе се занимавале со прашања на поединечна верба, морал и ритуални практики. Како и реформистите така и оваа група била фрагментирана и немала централна организациона структура. 178 Отфрлувачите настојувале да работат во заедници кои се на работ, повлечени од општеството, кои практикуваат многу конзервативен животен стил. Најзабележителните отфрлувачи биле тие од ал-џама ал- Салафија ал-мухтасиба (al-jamaa al-salafiyya al-muhtasiba (JSM)), кои биле одговорни за завземањето на Големата Џамија во Мека. Како последица на овој настан, она што останало од JSM добиле егзил во други муслимански земји и некои исламистички групи тврделе дека се нивни наследници. 179 Џихадистичката група настанала како резултат на саудиската активна подршка на авганистанците во нивната војна против Советскиот Сојуз со посветеноста на илјадници саудијци да се борат во прилог на финансиска и логистичка подршка. 176 International Crisis Group, Saudi Backgrounder: Who are the Islamists? Ibid. 178 Ibid. 179 Dillon, R. M., Wahhabism: Is it a Factor in the Spread of Global Terrorism?, Naval Postgraduate School, Monterey, California, Септември, 2009, стр

101 Саудијците, од овој конфликт, се здобиле со милитаристички и насилен поглед на светот и поголемо разбирање на политиката надвор од Саудиска Арабија. 180 Овие саудијци можеле да патуваат во и надвор од Саудиска Арабија слободно, што им овозможило додатен пристап до саудиската младина да влијаат и да ја регрутираат за џихадистички цели. Многу од оваа младина барале да добијат воена обука и борбено искуство, што ги довело до камповите на ал-каеда во Авганистан. Џихадистите веруваат дека единствениот начин да се донесат политички или општествени промени е со насилство, што не е случај со реформистите или отфрлувачите, но некои од отфрлувачите се впуштаат кон понасилни средства на активизам. 181 Без разлика дали нео-вахабистичкото движење започнало во 1970-те или те години, два различни факти остануваат јасни кога се споредуваат нео-вахабизмот и Вахабизмот. Прво, нео-вахабизмот и Вахабизмот ги делат истите фундаменталистички верувања, доктрини, практики и цели. Второ, разликите помеѓу двете групи биле методите или средствата кои тие ги користат за да ги исполнат тие цели САЛАФИЗАМ Салафизам е модерно движење кое се појавило доцна во XIX век со клучни личности како што се Џамал ал-дин ал-афгани, Мухамед Абду и Рашид Рида, кои се нарекувале исламски модернисти. Нивната форма на Салафизам била фундаментално различна од современиот Салафизам. Овие салафисти сакале да го вратат Куранот и Суната како оригинални извори кои ќе ги ослободат да иновираат и да ги вклучат западните идеали. Нивната логика била базирана на вербата дека куранот и суната се отворени на многу толкувања, додека пресудите од страна на правниците од училиштата (madhhabs), биле повеќе ограничувачки. Тие ги одбиле слепата имитација (taqlid) и повикале на тоа да бидат отворени за нови толкувања (ijtihad). Салафизмот е идеолошко верско движење обединето под систем на заеднички верувања кој обезбедува принципи и методи за решавање на прашањата од модерно време и грижите со кои се конфронтира исламскиот свет. Како Вахабизмот, и 180 International Crisis Group, Saudi Backgrounder: Who are the Islamists? Ibid.,

102 Салафизмот се заснова на строго почитување на единството со бога. 182 Салафистите веруваат дека со строго придржување до правилата и водството на куранот и суната (Sunna патот или примерот на Пророкот Мухамед) тие ги елиминираат предрасудите на човечката субјективност и самоинтерес, на тој начин дозволувајќи им да се идентификуваат со единствената вистина на господовите заповеди. 183 Тие, од ова верување, заклучиле дека постои само едно вистинско толкување на божјата порака, нивната, а исламскиот плурализам е непостоечки. Исто како вахабизмот, салафизмот ги дели заедничките верски верувања и пристапи до практиката, но поделен е во подгрупи засновани на тоа како тие верувања и практики треба да се применат на модерните прашања и грижи. 184 Три вакви подгрупи се појавиле во Салафи движењето базирани на овие различни мислења за примената на нивната верба за модерни прашања и грижи. Првата подгрупа се пуристите (the purists - прочистувачите, реформаторите), кои се фокусирани на ненасилни средства на пропагирање, прочистување и образование (на исламот) и ја гледаат политиката како диверзија која охрабрува девијантни појави. 185 Втората подгрупа се политикосите (the politicos), кои се залагаат за соединување на салафи верувањето со политиката. Последната подгрупа се џихадистите, кои ја користат милитантната позиција на употреба на насилство за постигнување на цели поставени од салафи верувањето. Сите салафисти се обединети под заеднички систем на верување кој претставува јадро на нивното верско разбирање и толкување на исламот. Овој систем на верување се базира на концептот на tawhid (единство со бога) кој вклучува три компоненти, кои сите салафисти мора да ги исполнат за да некој се смета како вистински муслиман. Прво, муслиманите мора да прифатат дека постои само еден вистински Господ и тој е креатор и суверен на универзумот. Второ, муслиманите мора да прифатат дека Господ е врховен и единствен не споделувајќи никакви карактеристики со оние кои тој ги создал. Ова значи дека сите мора да се придржуваат кон целиот шериет, кој отфрла закони создадени од човекот и секуларизам кој што е предизвик за божјиот авторитет. Муслиманите мора да прифатат дека Господ е единствен кој е вреден да биде 182 Wiktorowicz, Q., Anatomy of the Salafi Movement, Taylor & Francis Group: Studies in Conflict & Terrorism 29, 2006, стр: Ibid. 184 Ibid., Ibid.,

103 обожуван, а обожувањето на други, дури и Пророкот, ќе се смета како shirk (грев на политеизмот). 186 Сите муслимани ги делат овие доктрини и не постои уникатен придонес од групата во унапредување на овие услови. 187 Во прилог на единството со бога, салафистите веруваат дека сите аспекти на човечкото однесување и верување треба да се регулира со Куранот и Суната, и за да го заштитат единството со бога (tawhid), муслиманите треба строго да се придржуваат кон оваа доктрина. Салафистите веруваат дека секоја акција или верување кое ги крши овие доктрини е форма на иновација (bid a), која се заканува на единството со бога. Употребата или консултирање на било која друга доктрина резултира со отстапување од правиот пат што доведува до девијантност и поделба на секти. Салафистите веруваат дека тие се спасената секта (al-firqa al-najiyya), и со држењето до овие доктрини, обезбедено им е спасение на Судниот ден. 188 Како вахабистите така и салафистите ја отфрлиле имитацијата на претходните научници (taqlid), следејќи ги училиштата на јуриспруденција и други широко прифатени инструменти за давање религиозни правни мислења. 189 Салафистите веруваат дека постојат два опасни предизвици со кои се соочува чистиот ислам во модерно време. Првиот предизвик се човековите желби кои се закануваат на чистотата на исламот со мешање на локалните обичаи со исламската традиција кога исламот се шири во нови региони. Салафизмот ја обележува културата како непријател на чистиот ислам и тоа го прави како дел од нивната мисија да се елиминираат иновациите креирани од културата. Вториот предизвик е примената на човечкиот интелект и логика (или толкување) на куранот и суната како доктрини, во очите на салафистите, очигледно резултираат со отфрлање на верскиот плурализам. Ова отфрлање доаѓа од верувањето дека толкувањата го лишуваат Господ од неговите атрибути и буквалното сваќање би предизвикало антропоморфизам (Припишување човечки особини на сè што е околу човекот). Затоа, кај салафистите преовладува 186 Ibid., Dillon, R. M., Wahhabism: Is it a Factor in the Spread of Global Terrorism?, Naval Pos tgraduate School, Monterey, California, Септември, 2009, стр Wiktorowicz, Anatomy of the Salafi Movement, Ibid. 90

104 мислењето дека разбирањето треба да се постигне без разбирање како божјите атрибути се надвор од човековото разбирање. 190 Како резултат на овие предизвици, салафистите сметаат дека се во постојана борба со рационалистите (човековиот интелект и логика) и човечките желби. Оваа битка ставила акцент на проучување на исламот и научниците, кое некои го карактеризираат движењето како голема образовна мрежа. Сите подгрупи ја препознале важноста на научниците, што резултирало во нивниот заеднички систем на верување. 191 Првата подгрупа се пуристите (прочистувачите, реформаторите) кои првенствено се занимавале со одржување на чистотата на исламот подржана од куранот и суната и консензусот на пророковите придружници. Тие веруваат дека целите на салафистичкото движење треба да го промовираат нивниот систем на верување и да се борат против девијантните сили кои се закануваат со следење на примерот даден од пророкот кога го основал исламот. Тие сметаат дека впуштањето во политика или превземање на политички акции пред да се прочисти исламот може само да резултира со корупција и неправда, затоа што општеството би имало игнорантски однос кон сваќањето на постулатите на верата. Затоа тие го следат методот на имплементација од три чекори: 1) da wa (пропагирање), 2) tazkiyya (прочистување) и 3) tarbiya (верско образование или одгледување). 192 Втората подгрупа, политикосите (или отфрлувачите), имаат поголемо разбирање за модерните прашања и проблеми во споредба со пуристите и се подобро прилагодени да го имплементираат и спроведат салафистичкиот систем на верување во модерен контекст. Откако Саудиска Арабија ја избегнала колонизацијата, приоритетот на пуристите била чистотата на исламот а политиката била оставена на владетелите. Пред претставувањето на Муслиманското Братство во Саудиска Арабија, политикосите не можеле да се здобијат со никакво влијание или моќ. Политикосите верувале дека нивна должност била да започнат политичка дискусија и да бидат критички за неисламските владетели и политики за да го прошират нивното влијание држејќи се строго до нивниот салафи систем на верување. Политикосите верувале дека 190 Ibid., Ibid. 192 Ibid. 91

105 за да вистински ја заштитат чистотата на исламот, неопходно е решавање на политички прашања, во спротивно владетелите би го уништиле исламот. 193 Последната подгрупа, џихадистите, се здобиле со искуство и моќ на истиот начин како и џихадистите кај вахабистите. Џихадистите го стекнале искуството и знаењето за џихадот на боиштата во Авганистан. Џихадистите добиле моќ по саудиското казнување на политикосите во периодот по заливската војна. Ова им овозможило на џихадистите можност да го пополнат местото оставено од политикосите и отворено да се спротивстават на присуството на силите на САД во Саудиска Арабија. Поделбата помеѓу Салафизам и нео-салафизам, како поделбата помеѓу Вахабизам и нео-вахабизам, не се базирани врз основа на различни мислења во врска со системот на верување, доктрините кои се користат да се оправда верувањето или целите и практиките на тие верувања. Разликата е во методите со кои системот на верување се однесува на одредени прашања со кои се соочува муслиманскиот свет. Огромни сличности постојат помеѓу вахабистичкиот и салафистичкиот систем на верување. Помеѓу приврзаниците, предност се дава на терминот Салафизам над терминот Вахабизам. Овие поими имаат различни историски корени, но биле користени наизменично во последните години. Вахабизмот, од некои експерти се смета како саудиска форма на Салафизам. Модерните салафистички верувања потекнуваат од реформски ориентирано движење од раните години на дваесети век, кои постепено станувале поконзервативни. Во редот со пуританското исламистичко учење, салафистите веруваат дека крајната верска власт се наоѓа директно во куранот и во практиките на пророкот, а не во коментарите кои ги интерпретираат овие извори. 194 Салафистите исто така тврдат дека тие се единствената (муслиманска) група која ќе биде спасена на Судниот Ден. 195 Салафизмот не е унифицирано движење и не постои само една Салафи секта. Салафизмот е распространет кај муслиманското население во Африка, Азија, Северна Америка и на Блискиот Исток. 193 Ibid., Dallal, A., Appropriating the Past: Twentieth-Century Reconstruction of Pre-Modern Islamic Thought, Islamic Law and Society 7, no. 1, Leiden, 2000: pp Wiktorowicz, Q., The New Global Threat: Transnational Salafis and Jihad, Middle East Policy 8, no. 4, 2001: pp

106 Употребата на насилен џихад не е неразделно поврзан со пуританистичките исламски верувања. Кај одредени пуритански муслимани, застапувањето на џихадот е релативно нов феномен и е спорно прашање во овие групи. Некои научници, за надмоќта на милитантноста помеѓу салафистите, велат дека датира од војната на отпорот против Советската окупација на Авганистан во 1980-те години. Војната против Советите се здобила со широка подршка низ муслиманскиот свет и мобилизирала бројни доброволни борци. Радикалните верувања се ширеле рапидно низ одбрани групи на џамии и мадраси (исламски верски училишта), 196 лоцирани на Авганистанско-Пакистанската граница, кои биле финансирани првенствено од Саудиска Арабија и на моменти од САД и Европа. Следејќи ја војната и растот на пуритански ориентираните Талибанци, џихадистичките салафисти ги осудувале лидерите на земјите како што се Саудиска Арабија и Египет како отпадници и како возила за олеснување на Западниот империјализам. Џихадистичките Салафи групи како што е Ал Каеда се залагаат за соборување на саудиската влада и други режими и воспоставување на држави која ќе се одржи на пуританистичката исламска доктрина спроведувана под строга примена на Шериетот или исламскиот закон. Треба да се спомене дека постојат Салафисти и Вахабисти кои веруваат дека насилството треба да биде последно средство, и ако се употреби, треба да биде крајната фаза во долгиот процес на лична трансформација, прочистување и самодисциплина во која секој муслиман треба да се вклучи и која крајно треба да води кон создавање на чиста исламска држава. Овие реформисти се спротивставуваат врз база на практиките на Пророкот Мухамед. 9. ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ ЕКСТРЕМИСТИЧКИ ГРУПИ И ВЕРУВАЊА Исламистичките групи настојуваат да ја променат сегашната општествена и политичка поставеност со употреба на различни политички начини. Ова вклучува поединечни реформи на постојаниот политички режим на различни начини, вклучувајќи, ако е возможно, учество и победа на изборите преку покровителство на политичка партија, како и употреба на политичко насилство или тероризам во некои 196 Armanios, F., Islamic Religious Schools, or Madrasas: Background, CRS Report RS

107 околности. Дали овој курс на дејствување е поврзан со природата на нивното фундаменталистичко верување, може да се одговори, ако се согледаат некои од идеите изразени од страна на исламски мислители на дваесетиот век: Маулана Маудуди, Сајид Кутб, Али Шариати и Ајатолах Хомеини. Роден во Индија, Маулана Маудуди ( ) бил еден од највлијателните муслимански теолози на дваесетиот век. Неговата филозофија, продуктивноста и неуморниот активизам придонел неизмерно кон развојот на исламското политичко и општествено движење низ светот. Идеите на Маудуди длабоко влијаело на Сајид Кутб од египетското Муслиманско Братство (Jamiat al-ikhwan al-muslimun), уште еден водечки муслимански филозоф на дваесетиот век. Заедно, Маудуди и Кутб се сметаат како основоположници на глобалното исламистичко движење. Идеите на Маудуди за исламска држава се широко прифатени како основниот темел за политичкиот, економскиот, социјалниот и верскиот систем на секоја исламска земја која има желба да живее под исламски закон (шериетот). Тоа е идеолошки систем кој, намерно врши дискриминација помеѓу луѓето според нивната верска припадност, но во никој случај не припишува прифатливост на политичко насилство, уште помалку на тероризмот. Сајид Кутб ( ) бил по потекло од Египет, истакнат исламист и член на Муслиманското Братство, најстарата исламистичка група во арапскиот свет, која се залагала за исламистичка држава во Египет. Политичкото мислење на Кутб била под силно влијание од револуционерниот радикализам на современиот исламист, Маулана Маудуди. Идеолошкиот развој на Кутб се дели на два различни периоди: пред 1954 година, и по престојот во САД, од 1954 до неговата егзекуција од страна на египетските власти во 1966 година, по затворањето и тортурата од страна на секуларната влада на Гамал Абдел Насер. По обидот за атентат врз Насер во Октомври 1954 година, властите затвориле илјадници членови на Муслиманското Братство, вклучувајќи го и Кутб и официјално ја забраниле организацијата. За време на неговата втора, по радикална, фаза, Кутб ја прогласил западната цивилизација како непријател на исламот, ги осудил лидерите на муслиманските нации за непочитување на исламот доволно и се обидел да го рашири верувањето помеѓу сунитските муслимани дека нивна должност е да превземат џихад за да го одбранат и прочистат исламот. Може да се забележи дека во овој концепт џихад не мора секогаш да значи анти западен 94

108 конфликт, наместо тоа може да се однесува на индивидуалниот стремеж на муслиманот за духовно себе прочистување. Ајатолах Рухолах Хомеини ( ) бил ирански шиитски лидер и Шеф на држава во Иран од 1979 година до неговата смрт во Бил уапсен во 1963 година и прогонет во 1964 за своето противење на режимот на Шах Мухамад Реза Пахлави. Се вратил во Иран по паѓањето од власт на Шах во 1979 и донел нов устав кој му давал врховни овластувања. Неговото владеење било обележано по враќањето на строгото придржување на исламскиот код. Иранската револуција била поделена на два дела: првиот, со сојузот на либералите, левичарите и исламските групи кои го соборила Шах; вториот дел, често именуван како Исламска Револуција, во кој ајатоласите дошле до моќ. За време на вториот дел Хомеини се здобил со статус на почитуван духовен лидер помеѓу многу шиитски муслимани. Во Иран тој официјално бил именуван како Имам, наместо како Ајатолах. Иранецот, Др. Али Шариати ( ), бил уште еден влијателен исламист. Шариати бил социолог, добро познат и почитуван за неговата работа на полето на социологија на религијата. Тој бил под големо влијание од работата на западно индискиот автор и револуционер, Франц Фанон ( ). Шариати повикал Муслиманите да ја напуштат Европа и да се стави крај на невозможните задачи на дејствување како посредници помеѓу нив и силите на проектот за колонизација. На овој начин идеите на Шариати ја одразуваат загриженоста во Азија, Блискиот Исток и Африка која што го рефлектира она што може да се нарече свест на Третиот Свет и растечкото незадоволство од резултатите на сегашните и историски епизоди на западната инволвираност и интеракција. 197 Сумарно, загриженоста изразена од страна на Маудуди, Кутб, Хомеини и Шариати го одразуваат на различни начини исламистичкиот раст, истражување и генерирање на дискурсот на протест против Западот. 198 Она што им е заедничко, е чувството дека Западот, поради неговиот експанзионизам и презирот за религијата општо и исламот посебно, е клучен проблем за муслиманите ширум светот. 197 Milton-Edwards, B., Islam and Violence in the Modern Era, Basingstoke and New York: Palgrave Macmillan, 2006, pp Ibid, pp

109 За овој проблем со нееднаквост и неправда, со воспоставени корени во историски западната хегемонија манифестирана во раниот период од страна на колонијализмот и империјализмот а сега преку глобална капиталистичка економска контрола, се вели дека е клучен фактор кој што го поттикнува растот на исламизмот во муслиманскиот свет. 199 Во 1998 година, Осама бин Ладен ја објавил формацијата на Меѓународниот Фронт за Борба против Евреи и Крстоносци, алијанса создадена за убивање на американци и уништување на интересите ширум светот на САД. Групата членки ги вклучува Ал-Каеда, Египетски Џихад, Пакистанско друштво на Улемаси, Движење Ансар, Бангладешки Џихад и Исламска Армија за Ослободување на Светите Места. За учеството на исламистичките екстремистички групи во организацијата и извршувањето на терористичките напади зборуваат и бројките на жртвите од нападите предизвикани од извршители поделени по категории, кои што се наоѓаат во извештаите на националниот противтерористички центар на САД за терористичките акти од 2005 до 2010 година. Тие изразени преку графикони изгледаат вака: Жртви групирани по категорија на извршители на терористички напади во 2005 ( жртви во 2005) Исламистички екстремисти (Сунити) 23% Секуларни/политички/анар хисти 16% Исламски екстремисти (непознати) 2% Други 3% Непознати 56% Графикон 1: Извештај за терористичките инциденти Akbar,M. J., The Shade of Swords: Jihad and the Conflict between Islam & Christianity, London: Routledge, National Counterterrorism Center, Report on Terrorist Incidents -2006, 30 April,

110 Жртви групирани по категорија на извршители на терористички напади во 2006 ( жртви во 2006) Исламистички екстремисти (Сунити) 19% Секуларни/политички/анар хисти 16% Исламистички екстремисти (Шиити) 2% Други 4% Непознати 59% Графикон 2: Извештај за терористичките инциденти Жртви групирани по категорија на извршители на терористички напади во 2007 ( жртви во 2007) Исламистички екстремисти (Сунити) 20% Секуларни/политички/анар хисти 14% Други 5% Племенски/клан/етнички 3% Непознати 58% Графикон 3: Извештај за терористичките инциденти Idib. 202 National Counterterrorism Center, 2007 Report on Terrorism, 30 April,

111 Жртви групирани по категорија на извршители на терористички напади во 2008 ( жртви во 2008) Исламски екстремисти (Сунити) 52% Секуларни/политички/анар хисти 16% Христијански екстремисти 6% Други 5% Непознати 21% Графикон 4: Извештај за терористичките инциденти Жртви групирани по категорија на извршители на терористички напади во 2009 ( жртви во 2009) Исламски екстремисти (Сунити) 62% Секуларни/Политички/Анар хисти 14% Христијански екстремисти 7% Племенски/клан/етнички 3% Други 1% Непознати 13% Графикон 5: Извештај за терористичките инциденти National Counterterrorism Center, 2008 Report on Terrorism, 30 April, National Counterterrorism Center, 2009 Report on Terrorism, 30 April,

112 Жртви групирани по категорија на извршители на терористички напади во 2010 ( жртви во 2010) Исламски екстремисти (Сунити) 69% Секуларни/Политички/Анарх исти 16% Христијански екстремисти 2% Други 1% Непознати 12% Графикон 6: Извештај за терористичките инциденти Жртви групирани по категорија на извршители на терористички напади во 2011 ( жртви во 2011) Исламски екстремисти (Сунити) 70,9% Секуларни/Политички/Анар хисти 15,3% Христијански екстремисти 0,6% Други 1,3% Непознати 12,1% Графикон 7: Извештај за терористичките инциденти Од приложените графикони се гледа дека најголем број на терористички напади, односно најголем број жртви од терористички напади биле предизвикани од страна на исламистичките екстремистички движења и дека уделот на исламистичките екстремисти во вкупниот број на изведени терористички акти од година на година расте. Во 2012 година бројката на жртвите од терористички напади благо се намалува 205 National Counterterrorism Center, 2010 Report on Terrorism, 30 April, National Counterterrorism Center, 2011 Report on Terrorism, 12 March,

113 за да достигне бројка од 11,133 жртви. Во 2013 година оваа бројка значително се зголемува и достигнува до жртви. И во овие две последователни години најголемиот број на жртви биле предизвикани од исламистичките екстремистички движења ВЕРСКИ ТЕРОРИЗАМ: УБИВАЊЕ ВО ИМЕТО НА ГОСПОД Бранот на самоубиствени бомбашки напади во Израел и Ирак, самоубиствените грабнувања на воздухоплови на 11 септември 2001 година, во САД и бомбашкиот напад во лондонското метро на 7 јули 2005 година, не се нов феномен. Нивното потекло може да се следи од раните денови на христијанската ера. Како што забележува истакнатиот научник за тероризам Давид Рапопорт, три англиски зборовиzealot, thug и assassin водат потекло од верските терористички групи, the Zealots (зилоти ревносни), the Thugs (разбојници, силеџии) и the Assassins (асасини убијци). 207 Во името на нивната вера, овие групи превземале насилни акции за да го променат политичкиот систем; тие биле првите терористи. Потекнувале од три различни религии Јудаизам, Хиндуизам и Ислам. Зилотите, еврејска терористичка организација, предизвикале масовен револт против Рим во година, конфликт кој завршил со спектакуларно масовно самоубиство во Масада. 208 Движењето траело само 70 години, но во период од еден век две еврејски терористички востанија биле инспирирани од зилотите. The Thugs биле култ од седмиот век кој ја тероризирал Индија до средината на деветнаесетиот век. Служејќи на хиндуистичкиот бог Кали, божица на деструкцијата, тие се сметале себе како потомци на Кали. Асасините биле посебно активни од 1090 до 1215 година. Тие претставувале муслиманска шиитска исламистичка секта која се борела за одвраќање на христијанските крстоносци. Насилните акти на асасините биле свети, божествена должност, кои се темелеле на нивното толкување на верскиот текст. Нивното само жртвување ќе им обезбедило повисоко место во рајот. Ова биле историските претходници на денешните радикални исламистички терористи. 207 Rapoport, D., (ed.), Inside Terrorist Organizations, New York: Columbia University Press, Ibid., p

114 Во раните 1980-ти години биле создадени две милитантни исламистички групи кои се активни денес: Хезболах и Хамас. Воздигнувањето на Хезболах било инспирирано од исламската револуција на Ајатолахот Хомеини во 1979 година, кој го вовел концептот на спојување на политиката и радикалниот Ислам. Хомеини бил привлечен од темите во историското искуство на Шиитскиот Ислам кој оправдува насилство и акции спрема не муслиманските држави во извршувањето на исламската револуција. Наследството на шиитизмот, старо повеќе од 1400 години, е мачеништвото, прогонот, мачењето, страдањето, немоќта и несигурноста. 209 Според шиитската доктрина, кротките се праведни и силните се зли. Затоа Хомеини тврдел, дека најсилните нации, суперсилите, се најзлите и се одговорни за целата корупција во светот. Иако сме преокупирани со исламскиот милитантен тероризам, всушност, во текстовите на секоја од монотеистичките вери, Јудаизам, Христијанство и Ислам, постои запис кој не се толкува само дека одобрува убивање, туку дека убивањето во името на Господ претставува света обврска. Исламските милитантни терористи убиваат во името на Алах, но историски гледано, сите фундаменталистички религии ги оправдувале своите убиства во името на верата ХЕЗБОЛАХ Во 1978 година, додека бил во посета на Либија, Муса ал-садр, харизматичниот либански шиитски имам, мистериозно исчезнал. Психолошките и идеолошките темели на Хезболах можат да се следат од времето на имамот кој пристигнал во Тир, Либан во 1960 и започнал со организирање на либанските шиити, кои биле исклучени од политичката и економската моќ од времето на граѓанската војна во Либан во Обидувајќи се да формира шиитско масовно движење, харизматичниот ал-садр го основал Движењето на лишените (Harakat al-mahrumin) во 1974 година. Ал-Садр, нагласувајќи ги темите на виктимизација и понижување, се залагал за трансформирање на општественото движење во милитантна организација, Баталјоните на Либанскиот Отпор, познат како Амал. Во прилог на исчезнувањето на Муса ал-садр во 1978 година, Исламската револуција во 1979 година во Иран и израелската инвазија во Либан во 1982 година служеле како додатен катализатор за формирање на Хезболах. Израелската инвазија на Либан во 1982 година, што предизвикало шиитите да се 209 Hamzeh, A., In the Path of Hizbullah, Syracuse, NY: Syracuse University Press,

115 чувствуваат посебно загрозени, воделе кон тоа Амал да бидат поделени околу политичките разлики, со лидерот на Амал Набих Бери кој претпочитал политички пат. Во август 1982, Иранскиот Врховен лидер Ајатолах Хомеини ја свикал првата Конференција за Угнетените во Техеран, за време на која тој се сретнал со бројни Либанските свештеници, вклучувајќи го Ајатолах Фадлалах, Шеик Абас Мусави и Шеик Хасан Насралах. Хомеини ги повикал да се вратат дома во Либан и да ја организираат заедница на муслимани да формираат отпор на израелската инвазија. Враќајки се дома од овој состанок, Шеик Мусави констатирал: Спремни сме да се бориме против Израел, ние бараме мачеништво и ќе се бориме против нив дури и од гробовите. 210 Во 1982 година, Мусави, заедно со група на либански шиитски муслимани, формирале партија посветена на воспоставување на исламска држава во Либан. Тие се нарекувале себе си Хезболах (партијата на Господ). Првично формирана како милитантна фракција во Шиитската верска група во Либан, Хезболах се посветиле на насилен отпор против Израел, особено со упади во опозицијата на Израел и окупацијата на Јужен Либан. Изјавите на групата ги фокусирала своите напади на Израел и САД заради нејзината подршка на Израел. Исто така, Хезболах ги покажал своите против израелски чувства, осудувајќи ја израелската окупацијата на Палестина. Претставниците на Хезболах го споредувале Израел со малициозна болест, заедничка психолошка воена техника за дехуманизација на противникот. Во прилог на анти-израелските чувства, економската нееднаквост и маргинализацијата на Либанското шиитско малцинство ги формирале основите на популарната база за подршка на Хезболах. Пред формирањето на Хезболах во 1982 година Шиитите во суштина биле граѓани од втор ред во Либан. Кризата создадена од страна на шиитската економска нееднаквост во 1970-те години одиграла главна улога во поттикнување на растечка подршка за Хезболах. Јужен Либан и Бика долината биле економски запоставени рурални региони и мигрираните Шиити биле подеднакво запоставени во предградијата на Бејрут. Далеку 210 Al-Musawi, Min Antum Hizbullah?, in In the Path of Hizbullah, ed. Ahmad Hamzeh, Syracuse, NY: Syracuse University Press, 2004,

116 од подобрување на нивните животи, миграцијата креирала растечка урбана сиромаштија, која послужила како база за потенцијални регрути за Хезболах и други насилни милитанти. Како сиромашни жители на квартови познати како појаси на мизеријата, шиитите ги формирале најзагрозените сегменти од либанското општество. Увеличувајќи го шиитското незадоволство, лидерите на Хезболах ја иссмејувале елитата на Либан, истакнувајќи дека богатите либанци на Американскиот Универзитет во Бејрут се идентификувале со западот, а не со сиромашните во земјата. 211 Овој економски јаз создал предвидливо и широко распространето чувство на виктимизација помеѓу шиитите, незадоволство кое создало плодна почва за радикализам. За време на израелските акции во јужен Либан во 1980-те години, посебно масовното затворање на машката популација дополнително ја влошиле шиитската горчина и омраза. Еден автор забележал дека до 1983 година, либанци и палестинци биле држени како заробеници во затвори контролирани од Израел. Во затворот Ансар се наоѓале половината од машката популација од јужен Либан во периодот помеѓу 1982 и 1985 година. 212 Додека големината на бројката на пријавените може да е претерана, јасно е дека овие акции додавале анти израелски чувства во Либан. Незадоволството и лутината кон Израел била интензивирана од страна на шиитската миграција далеку од погодениот од конфликт јужен Либан. Израелските акции, влијаеле врз 80 проценти од селата во јужен Либан и со тврдењата дека бројот на жртвите достигнале , предизвикале масовна миграција на шиитите од југот, кои потоа се преселиле, ширејќи се во предградијата на Бејрут каде оформиле непријателски милитантни кампови. Во 1982 година околу 1500 до 2000 припадници на Иранската Револуционерна Гарда биле распоредени со мисија да го обучуваат и подржат Хезболах во Долината Бека, означувајќи го почетокот на иранското спонзорство, подршка и моќното влијание на Хезболах. Абас ал-мусави забележал дека Иранската Револуционерна Гарда не се гледа од страна на партијата како нормален дел од исламското тело, туку како дел од главата. 213 Со тренингот кој го добиле од страна на Иранската Револуционерна Гарда, Хезболах ги проширила своите воени можности и се здобила со растечка подршка од домашното шиитско население. Амал, традиционално поголема и помоќна шиитска 211 Saad-Ghorayeb, A., Hizbu llah: Politics and Religion, London: Pluto Press, 2002, Ibid., p Ibid., p

117 милиција во Либан, започнала со губење на голем број на радикалните шиитски регрути во корист на Хезболах. Овие регрути продолжиле со зголемување на бројот како одговор на успешните израелски милитантни акции, проширувајќи ја популарната подршка за Хезболах. Иранската подршка на Хезболах се проширила надвор од обуката од страна на Револуционерната Гарда. Подршката и водството за Хезболах доаѓала од страна на иранската тајна служба и различни ирански организации, дизајнирани со изрична цел за ширење на вербата во Иранската Револуција. Финансиската подршка од Иран е не помалку критична во развојот на Хезболах. Се проценува дека годишниот буџет на Хезболах, од околу милиони долари, милиони долари биле обезбедени од Иран. Овие цифри со текот на времето раснеле за да во еден момент достигнат 150 милиони долари од иранскиот допринос, но подоцна се намалил како последица на тешката економска ситуација на Иран. 214 Како резултат на ова инволвирање, Иран се здобил со значителна контрола врз радикалните групи во Либан, Хезболах станал најистакнат пример. Иранската контрола станала директна, како што се гледа од иранската способност да преговара со западот за време на заложничката криза во Либан во доцните 1980-ти. 215 Првично замислен да се справи со напливот од бегалци од Јужен Либан, Хезболах ги зголемил своите социјални услуги кои вклучуваат добротворна работа, хуманитарни напори и социјална работа. Мрежата на социјални услуги која ја нагласувала поврзаноста со Иран, била позната како Комитет за помош на Хомеини. Проширената финансиска подршка овозможило градби на болници, медицински клиники, училишта, сиропиталишта и центри за физички хендикепираните (фондовите се проценуваат дека се движат на десетици милиони долари годишно). Нивното ефективно овозможување на медицински и социјални услуги им овозможило широка подршка од шиитската заедница во Либан, кои се едни од најсиромашните и прави скоро 40 проценти од либанската три милионска популација. Хезболах има и финансиски оддел кој издава образовни заеми, како и заеми за бизнис производство и агрикултурни потфати. Од оние на кои им се позајмени одредени средства, се бара 214 Laqueur, W., The New Terrorism: Fanaticism and the Arms of Mass Destruction, Oxford: Oxford University Press, 1999, , Wardlaw, G., Political Terrorism: Theory, Tactics, and Counter-Measures, 2nd ed. Cambridge: Cambridge University Press, 1989,

118 само да ги враќаат заемите кога ќе можат, без камати, кои се против исламскиот закон. 216 Идеолошкото влијание на социјалниот сервис на Хезболах била зголемена поради третманот на сиромашното шиитско малцинство од страна на либанските власти. Шиитските региони историски биле запоставени од централнатите власти на Либан, правејќи го Хезболах единствен извор на помош на многу осиромашени региони. Политичкото крило на Хезболах длабоко е инволвирано во либанскиот политички систем. По две децении без избори, Либан одржал парламентарни избори во 1992 година, што резултирало со освојување на 12 парламентарни места на Хезболах. Ајатолахот Сајид Мухамад Хусаин Фадлалах, спиритуалниот ментор на Хезболах, имал двосмислена врска со групата. Додека нема формална организациска интеракција или поврзаност помеѓу Хезболах и Фадлалах, јасно е дека од идеолошка перспектива, Фадлалах имал значително влијание врз групата. Роден во Наџаф, Ирак, во 1935, Фадлалах започнал со верска обука од рана возраст. Надарен верски научник со уникатна способност да развие верско оправдување на акциите (подоцна применети посебно во оправдувањето на насилни акти на отпор), Фадлалах бил окарактеризиран според неговата проширена обука во традиционалната исламска мисла, комбинирана со иновативните толкувања. Фадлалах имал уникатна ревизионистичка интерпретација на Куранот, морална логика со која тој ги оправдувал киднапирањето, атентати и самоубиство. 217 Фадлалах ја изедначил смртта како бомбаш самоубиец со војници кои влегуваат во битка знаејќи дека можат да умрат, тврдејќи дека не постои морална разлика и дека единствената разлика била времето на смртта. Фадлалах ја употребил оваа морална логика да ги оправда самоубиствените бомбашки напади изведени од шиитските сили, класифицирајќи ги овие напади како акции оправдани со угнетувањето и воената асиметрична природа на војната против Израел. Според Фадлалах: Ако угнетените луѓе неможат да им се спротивстават на САД и Израел со оружје во кои тие се супериорни, тогаш тие 216 Jaber, H., Hezbollah: Born With a Vengeance, New York: Columbia University Press, 1997, Kramer, M., The Moral Logic of Hizballah, in Origins of Terrorism: Psychologies, Ideologies, Theologies, States of Mind, ed. Walter Reich, Washington, D.C.: Woodrow Wilson Center Press, 1998,

119 поседуваат непознато оружје. Угнетувањето прави угнетените да откријат нови отужја и нови сили секој ден. 218 Изјавата на Фадлалах била насочена кон тоа да ги легитимизира самоубиствените напади. Тој забележува дека додека исламот дозволува мачеништво под екстремни околности, израелската окупација на Либан била таква околност, и заклучил: Маченичките операции не се дозволени освен ако тие не го згрчат непријателот. Верникот неможе да се разнесе освен ако тоа не резултира со надминување на душата на верникот. Маченичките операции не се фатални несреќни случаи туку легална обврска водена од правила, и верниците неможат да прават престап на правилата на Господ. 219 Според Фадлалах, практиката на самоубиства, убиства и земање заложници биле крајности и требало да се превземат само во исклучителни случаи. Ова станало оправдување за практиката на киднапирање, иако Куранот конкретно повикува на гостопримливост кон странците. Во врска со киднапирањата на 37 американци и заложници од западот во 1982 година, следбениците на Фадлалах ги искористиле исклучителните случаи за да го оправдаат кршењето на строгите наводи во куранот: Како што слободата се бараше за неколку европејци, таа исто така е барана за милиони Муслимани. 220 Додека Фадлалах бил верски лидер по професија, тој покажал познавање во политичката стратегија. Сваќајки дека напорите мора да се насочат против ограничен број на непријатели, Фадлалах го истакнал приоритетот за борба против Израел, за која не останал прифатлив компромис. Како стратег, Фадлалах ги препознал потешкотиите за инволвирање на повеќе фронтови против Израел и САД, и поради тоа се обидел да се фокусира на борбата против Израел, кој тој го сметал за најголемо зло Ibid., p Kramer, M., Hezbullah: The Calculus of Jihad, in Fundamentalisms and the Sta te: Remaking Politics, Economies, and Militance: The Fundamentalism Project, vol. 3, eds. M. Marty and R. S. Appleby, Chicago: University of Chicago Press, Kramer, M., The Moral Logic of Hizballah, in Origins of Terrorism: Psychologies, Ideologies, Theologies, States of Mind, ed. Walter Reich, Washington, D.C.: Woodrow Wilson Center Press, 1998, Post, M. J., The Mind of the Terrorist, The Psychology of Terrorism from the IRA to Al -Qaeda, Palgrave MaCmillan, New York,

120 9.3. ХАМАС: ИСЛАМСКО ДВИЖЕЊЕ НА ОТПОРОТ Основан за време на првата интифада (Палестинско востание против израелската окупација на палестинските територии, кое траело од декември 1987 до потпишувањето на договорот од Осло во 1993 година 222 ) Хамас, исламското движење на отпорот, влече свои корени од Муслиманското Братство, основано во Египет во 1928 година. Братството се обидело да го ревитализира исламот и да воспостави исламска држава, без разлика помеѓу религијата и државата. Неговите членови ја сметаат Палестина, трајно и исклучиво, муслиманска земја назначена од страна на Алах. Според нив, должност на муслиманите е да ја ослободат во целост Светата Земја од не муслиманските власти. Според имамот Хасан ал-бана, основач и Врховен водач на Муслиманското Братство: Израел ќе биде основан и ќе остане основан додека исламот не го поништи како што го поништил она што било пред тоа. Во природата на исламот било да доминира, а не врз него да се доминира, да ги наметне своите закони на сите нации и да ја прошири својата моќ на целата планета. 223 И покрај овие тоталистички цели, за кои е јасно дека бараат џихад за во иднина, Хамас на почетокот била основана како општествено и верско движење, градејќи стотици џамии во осиромашената Газа и прогласувајќи џихад. Овие ставови кои се спротивни на Хезболах, кој започнал како насилна вооружена формација, подоцна комбинирајќи ги борбените сили со мрежата на социјални услуги и последователен успех на изборите. Шеик Ахмад Јасин и неговите колеги, кои биле членови на Муслиманското Братство, започнале со развој на обемни социјални услуги во Палестина од 1973 до 1987 преку мрежа од џамии и верски и образовни институции. Само по 14 години стрпливо поставување на своите темели тие се придвижиле во политичко насилство. Растењето и еволуцијата биле заштитен знак за Хамас-процес кој е постепен, но секогаш се движи напред. Кога започнала првата интифада во 1987 година, Шеик Ахмад Јасин свикал група од лидерите на Муслиманското Братство. Тие одлучиле да воспостават посебни организации да учествуваат во интифадата. Ова ќе ги заштити од обвинување ако револтот не успее, но ќе им овозможи да се здобијат со поверение ако тоа успее. Тие ја нарекле новата организација Хамас, што значи ревност, сила и храброст на 222 Nasrallah, N., 'The First and Second Palestinian intifadas,' in David Newman, Joel Peters (eds.) Routledge Handbook on the Israeli-Palestinian Conflict, Routledge, 2013, pp.56-67, p Ibid, стр

121 арапски, но исто така е и скратеница за Harakat al-muqawama al-islamiyya (Исламско Движење на Отпорот). Формирано во 1987 и 1988 година, Хамас дал приоритет на две краткорочни цели-отстранување на израелските сили од окупираните територии и долгорочна агенда-создавање на исламска држава во историските граници на Палестина. Кога Хамас зборува за историските граници на Палестина и ослободување на окупираните територии, тие се однесуваат на современите граници на Израел. Според оваа апсолутистичка идеологија не постои солуција за две држави на тие простори. Во 1988 година, Хамас издал повелба на групата, насловена како Повелбата на Алах: Платформата на Исламското Движење на Отпорот. Повелбата недвосмислено ја идентификува Палестина како исламска по природа, што укажува на целта на Хамас да создаде исламска држава: Палестина е исламска земја која ја има првата од двете Qiblas (насоката на која се вртат муслиманите за време на молитва), третото од светите исламски светилишта, и појдовната точка на Мухамед за полноќното патување до седмото небо (Ерусалим). 224 Повелбата на Хамас е клучна за сваќањето на менталитетот на групата, особено за врската со исламот, историската Палестина и отпорот за израелското присуство во Палестина. 225 Клучен момент во интифадата се појавил во октомври 1990 година проследен со убивањето на седумнаесет палестинци од страна на израелските сили за безбедност, во рамките на Харам ал-шариф или Ридот на Храмовите. Искористувајќи го овој момент, Хамас повикал на џихад против ционистичкиот непријател насекаде, на сите фронтови и со сите средства. 226 Ова довело до драматичен пораст на нападите изведени од Хамас. Преобратувањето на Хамас од социјални услуги на насилство, најверојатно било поради рефлексијата на успехот на политичкото движење на Фатах (водечка политичка партија во Палестина) и признанието на водството на Хамас дека без агресивни акции, нивниот постоен систем е недоволен да се натпреварува политички со Арафат и Фатах. 224 Saad-Ghorayeb, A., Hizbu llah: Politics and Religion, London: Pluto Press, 2002, Quotations from the charter are taken from Taheri Dealing with Hamas, International Crisis Group Middle East Report, Number 21. Amman/Brussels, January, 26, 2004, 7 108

122 Втората клучна точка за пресврт се појавила во 1992 година кога Израел депортирал повеќе од 400 членови на Хамас, вклучувајќи го Шеик Јасин и други клучни лидери. Овие депортации се покажале како суштински катализатор за стратешкиот и политичкиот раст на Хамас. Депортациите создале интеракција помеѓу Хезболах и Хамас и дури некои членови од Хамас посетувале обука на Хезболах во Јужен Либан. Хамас станал повеќе радикален откако палестинците станале фрустрирани со Фатах и со Израел, а со тоа и поотворен за прифаќање непријателски тактики. За време на преговорите во Осло ( ), Хамас ја иницирал својата кампања на самоубиствени бомбашки напади и киднапирања за да го прокопа процесот во Осло за да бидат сигурни дека палестинските власти нема да бидат во можност да донесат мир. Оние палестинци кои не сакале да ги прифатат преговорите или компромисот со Израел и оние кои биле разочарани од Арафат и од Палестинската Ослободителна Организација (PLO-Palestine Liberation Organization), се повеќе се свртувале кон Хамас. Придонесот за растот на популарноста на Хамас било незадоволството на палестинската младина на териториите во кои административните позиции како и ледерството биле превземени од страна на луѓето на Арафат, кои излегле од егзил. Палестинската младина, кои ја спроведувале интифадата и платиле многу за нивната борба, наместо поданици на Арафат, се насочиле кон тоа да добијат моќни позиции во новата палестинска власт. За да создаде политички авторитет помеѓу палестинците незадоволни од движењето на PLO кон владеење, Хамас ги засилил терористичките акти во 1995 и Лидерството од затвор одиграло витална улога во процесот на донесување на стратегиски одлуки во Хамас. Затворените членови на Хамас уживале херојски статус и легитимитет, базиран на нивното затворање за акти за палестинската кауза. Како најрадикална и посветена група помеѓу лидерството, тие биле во можност да ја протуркаат својата радикална агенда, туркајќи ги прашањата на границите на политиката. Нивното влијание било толку проширено, така што многу експерти тврделе дека ниедна од политичките акции на Хамас немало да се покажат како успешни без подршката од лидерството од затворите. Шеик Ахмад Јасин бил најистакнат пример, откако ги раководел активностите на Хамас за време на неговото 227 Laqueur, W., The New Terrorism: Fanaticism and the Arms of Mass Destruction, Oxford: Oxford University Press, 1999,

123 издржување казна затвор. Шеик Ахмад Јасин бил главниот лидер на милитантната фракција во Муслиманското Братство во Газа кој го основал Хамас како воено крило на Братството во 1987 година. Тој останал духовен лидер се до неговиот атентат во 2004 година. Демонстрирајќи ја моќта на харизматичното водство и неговата способност да ги инспирира своите млади регрути, Јасин ги пренел целите на мачеништвото на Насра Хасан, експерт за муслиманските прашања на ОН: Љубовта на мачеништвото е нешто длабоко во срцето. Но овие награди не се сами по себе цел на маченикот. Единствена цел е да се добие задоволството на Алах. Ова може да се направи...на најбрз начин со умирање за каузата на Алах. Алах е тој кој ги одбира мачениците. 228 Хамас се докажала како плодна машина за односи со јавноста, демонстрирајќи за време на интифада кога организацијата правела и дистрибуирала летоци на масите насочувајќи ги и координирајќи ги демонстрациите, бојкотите, протестите и други политички активности. Хамас исто така се докажал особено ефективен во мобилизирање на нови медиуми за да ја подржат регрутацијата, размена на информации и координација на логистиката. Интернет сајтот за al-qassam Brigades ги одржувал сајтовите кои овозможувале комуникација помеѓу членовите на Хамас и другите симпатизери кои може да сакаат да се вклучат во насилството како и оние симпатизери кои не се членови да се приклучат на каузата. Хамас креирал интернет сајт кој обезбедувал инструкции за градење и произведување на бројни терористички оружја, вклучувајќи ракети и експлозиви. Военото крило на Хамас создал Воена академија, која спроведува онлајн курсеви за правење бомби, курс од четиринаесет лекции како дел од програм за проширување на терористичките бомбашки одлуки. Дополнителни теми вклучуваат како да се произведе пластичен експлозив и избирањето на терористички цели. Во 1996 година, вебсајтот на Хамас издал книга со наслов Муџахедински прирачник за отрови, детален, прирачник од дваесет и три страници за тоа како да се подготвуваат отрови и смртоносни гасови наменети за терористички напади Hassan, N., An Arsenal of Believers: Talking to the Human Bombs, New Yorker, November 19, Forest, J., Teaching Terror: Strategic and Tactical Learning in the Terrorist World, Rowman & Littlefield, May 2006, p

124 9.4. АЛ КАЕДА ОСАМА БИН ЛАДЕН: ОСНОВАЧ И ЛИДЕР НА АЛ КАЕДА Осама бин Ладен бил роден во Џеда, Саудиска Арабија, во 1957 година, седумнаесетти од 20 синови на Мохамед бин Ладен, кој имал 52 или 54 деца вкупно. 230 Имигрантот од Јемен, Мохамед бин Ладен, кој се спријателил со кралското семејство, основал голема градежна компанија и натрупал богатство од околу 2 до 3 милијарди долари до неговата смрт во 1967 година во авионска несреќа. Бин Ладен наследил околу 57 милиони долари на 16 годишна возраст од имотот на неговиот татко. 231 Бин Ладен го посетувал универзитетот Крал Абдул Азис во Џеда. Станал сертифициран градежен инженер и работел на стекнување степен по бизнис менаџмент (нема податоци дека го завршил курсот) подготвувајќи го да игра водечка улога во распространетите бизнис интереси. 232 Големо влијание на политичката идеологија на Осама имал Абдула Азам, радикален исламистички професор на универзитетот во Џеда. Азам се стекнал со докторат по исламска судска практика на универзитетот ал-азар во Каиро, каде што бил изложен и ја прифатил идеологијата на Сајед Кутб, влијателен лидер на египетското Муслиманско Братство. За време на студирањето на универзитетот Азам ги сретнал Ајман ал-завахири, кој подоцна станал заменик на бин Ладен, и Шеик Омар Абдел-Рахман, познат како слепиот шеик, кој се смета за организатор на бомбашкиот напад на Светскиот Трговки Центар во Азам станал централен интелектуален ментор за бин Ладен. Тој издал фатва, Одбрана на муслиманските земји, прва обврска по вербата, во 1979 година по инвазијата на Авганистан од страна на Советскиот Сојуз. Визијата за она што треба да се стори како одговор на Советската инвазија на муслиманската држава Авганистан и која улога бин Ладен треба да ја игра, потекнала од Азам. Тој му ја пренел на бин Ладен важноста за обединувањето на муслиманите од целиот свет за одбрана на 230 Dickey, C., and McGinn, D., Meet the bin Ladens, Newsweek, Dorschner, J., Osama bin Laden: The Mastermind of Terror, Knight Ridder Newspapers, September 24, Beyer, L., The Most Wanted Man in the World, Time.com, ; McFadden, R., Bin Laden s Journey From Rich, Pious Boy to the Mask of Evil, New York Times, September 30, Gunaratna, R., Inside al-qaeda: Global Network of Terror, New York: Columbia University Press, 2002, тврди дека, спротивно на другите извештаи, бин Ладен не студирал инженерство 111

125 Авганистан од безбожниот Советски Сојуз. Демонстрирајќи ги менаџерските вештини, бин Ладен му асистирал на Азам, кој ја основал меѓународната мрежа за регрутирање Maktab al-khidama (МАК) 233 во Пешавар, Пакистан и се рекламирал низ целиот арапски свет за младите муслимани да се борат за авганистанкиот џихад. Во прилог на арапскиот и муслиманскиот свет, биле направени напори за регрутирање во САД и Европа. Овој масивен меѓународен напор за регрутација донел муслимани од целиот свет 5000 биле регрутирани од Саудиска Арабија, 3000 од Алжир и 2000 од Египет кои биле познати како авганистански арапи, јадрото на следбениците на бин Ладен. Додека бин Ладен бил посветен на меѓународната борба, Абдула Азам ги фокусирал своите напори кон градење на Авганистан во модел на исламска држава, која водела до зголемување на тензијата помеѓу Осама и неговиот ментор и разделба во 1988 година. Со јадрото од неговите лојални следбеници, бин Ладен и Ајман ал- Завахири, таткото на исламскиот џихад во Египет, ја создале ал-каеда (базата) како директен резултат на МАК. Во наредните години Абдула Азам загинал во мистериозна експлозија на автомобил бомба. Бин Ладен останал како неприкосновен лидер на движењето. По отстранувањето на Азам од лидерската улога, бин Ладен станал единствениот одговорен за победата над Советската суперсила и ширење на џихадистичкото движење, во очите на неговите следбеници и во неговата грандиозна психологија. 234 Со поразот на Советскиот Сојуз, бин Ладен и неговите лојални борци го изгубиле својот непријател. Во 1993 година, поради тоа што, дотогашниот сојузник, САД имал воена база на саудиска земја на почетокот од Заливската криза, и поради сквернавење на светата саудиска земја од страна на американските неверници, бин Ладен ти критикувал саудиските власти дека им се продаваат на САД. Му било одредено домашен притвор, но побегнал во Судан, каде што ги продолжил своите анти саудиски и анти американски критики. Тој го префрлил своето непријателство од првата поразена суперсила, Советскиот Сојуз, на преостанатата суперсила, САД. Пристапот на ал-каеда за создавање сојузи со различни постоечки терористички групи низ светот го зголемил транснационалниот дофат на организацијата. Ал-Каеда 233 National Commission on Terrorist Attacks Upon the United States, Monograph on Terrorist Financing - Staff Report to the Commission, Post, M. J., The Mind of the Terrorist The Psychology of Terrorism from the IRA to al -Qaeda, Palgrave MacMillan, New York, 2007, pp

126 работела на воспоставување односи со различни групи, не само географски туку и идеолошки. Така тие воспоставиле односи со организации како што се Хезболах, кои не ја следат строгата вахабистичка ал-каеда верзија на Салафи/Сунитски Ислам. Ал- Каеда воспоставила врски со најмалку 30 исламски терористички групи, вклучувајќи ги добро познатите групи како што се Египетскиот Исламски Џихад, Al Gama`a al- Islamiyya (GAI Egypt), Harakat ul-ansar (Pakistan), Al-Ittihad al-islami (AIAI Somalia) и Палестинскиот Исламски Џихад и Хамас. Освен својата примарна логистичка база во Авганистан, ал-каеда воспоставила директно присуство во Судан, Јемен, Чеченија, Таџикистан, Сомалија, Индонезија, Малезија и Филипините преку врските со исламските организации кои веќе постоеле во овие земји. 235 Како многу други терористички организации, ал-каеда нема формална стратегија за регрутација. Наместо тоа, таа се потпира на семејни врски и односи, оние што ќе ги забележат во џамиите како потенцијални регрути и многу нови регрути кои доброволно се пријавуваат и активно се приклучуваат во оваа почитувана организација. Членовите на ал-каеда регрутирани од нивните сопствени семејства и општествени групи, еднаш откако ќе ја поминат обуката, повторно се реинтегрираат во нивните заедници. Многу слично на Муслиманското Братство, концептот на братството се базира на концептот дека семејните врски во исламскиот свет се обврзувачки. Членовите на ал-каеда се однесуваат спрема другите како спрема браќа и ја гледаат организацијата како нивно проширено семејство. Ал-Каеда развила проширени тренинг материјали кои се употребувале во нивните кампови. Како додаток на парамилитантната обука, големо значење се дава на исламските студии-исламско право, историја и тековната политика. Овие материјали за обука направени од ал-каеда, јасно ги демонстрира нејзините тренинг целииндоктринација на регрутите преку воени и верски студии. 236 АЛ-КАЕДА ВО ПОСТ 9/11 ЕРАТА Уникатната и далекусежна транснационална природа на ал-каеда претставува една од најголемите закани со која во моментот се соочува меѓународната безбедност. По нападите на 11 септември 2001 година, беше спроведена масивна воздушна и 235 Gunaratna, Inside al-qaeda, Post, M. J., The Mind of the Terrorist The Psychology of Terrorism from the IRA to al -Qaeda, Palgrave MacMillan, New York, 2007, pp

127 копнена кампања против ал-каеда, нејзините операционални бази и нејзините талибански подржувачи во Авганистан. Како резултат на оваа кампања, ал-каеда претрпела многу загуби, вклучувајќи и убивање и заробување на неколку високи лидери. И покрај овие загуби и дисперзија на членовите низ светот, организациската структура на ал-каеда останала оперативно непроменета- ранета, но секако не уништена. Организацијата прогресивно се променила, со што започнала да оперира поавтономно, без претходната централизирана хиерархиска контрола. Ал-Каеда со организациската структура од пред нападот на Авганистан во 2001 година, со централизирано планирање, персонал, команда и контрола, била уништена во оваа воена кампања во Авганистан. Формата и функцијата на ал-каеда значително се променила по нападите во САД од 11 септември 2001 година, но попрецизно, по воениот напад кој бил спроведен против организацијата, нејзините оперативно бази, талибанските подржувачи во Авганистан во есента Ал-Каеда со поавтономно оперирање и со широка организација, која што настанала по воената кампања во Авганистан, станала идеологија која обезбедува инспирација за глобалното Салафи џихадистичко движење. Се претпоставувало дека со убиството или заробувањето на бин Ладен ќе се стави крај на заканите од ал-каеда. Во случај на смрт или заробување на бин Ладен, дисперзираната организациона структура на ал-каеда, присуството на наследник, природата на лидерството и харизмата на бин Ладен и Завахири и нивната верска мисија, индицира дека терористичката мрежа ќе преживее. Загубата на бин Ладен би било уназадување на организацијата, но Завахири водел и пред тоа одредени операции на ал-каеда, па така неговата транзиција на местото лидер на организацијата би била речиси беспрекорна. Осама бин Ладен, е убиен во Аботабад, Пакистан, на 2 мај 2011 година, нешто по 01:00 часот по пакистанско време 237, од страна на специјалните сили на САД (SEAL Team Six). Операцијата носела кодно име Операција копјето на Нептун (Operation Neptune Spear). 238 Тогаш на чело на ал-каеда доаѓа дотогашниот заменик на бин Ладен, Ајман ал Завахири. 237 Greg, M., "CIA spied on bin Laden from safe house", The Washington Post, објавено на Retrieved, May 6, Ken, D., "CIA led U.S. special forces mission against Osama bin Laden", Los Angeles Times, објавено на Retrieved, May 14,

128 9.5. ИСЛАМСКА ДРЖАВА Исламска Држава (скратено ИД), позната и како Исламска Држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) или Исламска Држава на Ирак и Сирија (ИСИС) 239 претставува исламистичка екстремистичка група која контролира територија во Ирак и Сирија. На 29 јуни 2014 година, ИСИС прогласила светски калифат и се преименувала во Исламска Држава, име кое наишло на големи критики и осуди во ОН, различни влади и традиционалните муслимански групи кои одбиле да го признаат. 240 За калиф бил прогласен Абу Бакр ал-багдади. 241 Оваа група била прогласена за терористичка организација од страна на Обединетите Нации, ЕУ, Велика Британија, САД, Австралија, Канада, Индонезија, Малезија, Турција, Саудиска Арабија, ОАЕ, Сирија, Ирак, Израел, Египет, Индија и Русија. Преку 60 земји се во коалицијата за борба против ИД предводена од САД. Групата била основана од страна на Абу Мусаб ал-заркави под името Jama at al- Tawhid wal-jihad во 1999 година. Под името Jama at а подоцна како AQI, од август 2003 година групата партиципира во бунтот во Ирак кој следел по инвазијата во Ирак во март 2003 година. Во тој период групата под водство на јорданскиот салафист Абу Мусаб ал-заркави, се стекнала со озлогласеност поради самоубиствените напади на шиитските џамии, цивили, владините институции во Ирак и врз италијанските војници кои биле дел од меѓународните сили во Ирак. Групата на ал-заркави официјално ветила верност на ал-каеда во октомври 2004 година, кога и го сменила своето име во Tanzim Qaidat al-jihad fi Bilad al-rafidayn попозната како ал-каеда во Ирак (AQI). 242 Во јануари 2006 година, AQI се здружила со неколку помали ирачки сунитски бунтовнички групи за да го формираат Муџахединскиот Шура Совет (МШС). На 7 јуни 2006 година, ал-заркави бил убиен од страна на САД во воздушен напад, а бил наследен од египетскиот милитант Абу Ајуб ал-масри. 243 На 12 октомври 2006 МШС 239 Ishaan, Т., "ISIS or ISIL? The debate over what to call Iraq's terror group", The Washington Post, Retrieved 21 June Jessica, L., "Iraq crisis: Could an ISIS caliphate ever govern the entire Muslim world?", ABC News, Australia, Retrieved 22 November 2014 и "What does ISIS' declaration of a caliphate mean?", Al Akhbar English, Retrieved 25 November Adam, W., Iraq crisis: Isis changes name and declares its territories a new Islamic state with 'restoration of caliphate' in Middle East, The Independent, Retrieved 29 June Jeffrey, P., (16 December 2004). "Zarqawi's Pledge of Allegiance to Al -Qaeda: From Mu'Asker Al-Battar, Issue 21", Terrorism Monitor 2 (24): The Jamestown Foundation, Archived from the original on 30 September 2007, Retrieved 30 July Al-Qaeda in Iraq names new head, BBC News, 12 June 2006, пристапено на

129 се обединил со неколку помали групи и сунистички племиња и ја формирале коалицијата Мутајибин. Ден подоцна, МШС прогласил воспоставување на Исламска Држава на Ирак (ИДИ) со Абу Омар ал-багдади поставен за емир. 244 Под водство на Абу Бакр ал-багдади, ИДИ пратила делегати во Сирија во Август 2011 година по отпочнување на граѓанската војна во оваа држава. Овој огранок бил наречен Jabhat an-nusrah li-ahli ash-sham или al-nusra Front (ал-нусра фронт) и воспоставил големо присуство во регионите со сунитско мнозинско население во Сирија во провинциите Рака, Идлиб, Деир и Алепо. 245 По проширувањето во Сирија, на 8 април 2013 година ал-багдади преку аудио снимка прогласил спојување на ИДИ со огранокот во Сирија ал-нусра фронт, и го променил името на новосоздадената група во Islamic State of Iraq and Al-Sham (ISIS), 246 а била позната и под името Islamic State of Iraq and the Levant (ISIL). Групата останала блиска до ал-каеда до фебруари 2014 година, каде што по осум месеци борба за превласт (помеѓу водачот на ИДИ ал- Багдади и водачот на ал-нусра ал-јавлани) односно поради неприфаќањето на спојување на овие две групи како од ал-јавлани така и од лидерот на ал-каеда Ајман ал-завахири, ал-каеда ги прекинала сите врски со истата. Така на 29 јуни 2014 групата прогласила Светски Калифат на чело со Абу Бакр ал-багдади како калиф, а истата се преименувала во Исламска Држава (ИД). 247 Основна цел на групата е да воспостави Исламска Држава. 248 Во јуни 2014 година, ИД издала документ во кој се тврди дека тие ја следат линијата на својот лидер ал-багдади за враќање кон Мухамед. 249 ИДЕОЛОГИЈА И ВЕРУВАЊЕ Според некои извори ИД претставува Салафистичка група. 250 Таа следи екстремно толкување на исламот, промовира верско насилство во однос на 244 Al-Qaida in Iraq (AQI), Dudley Knox Library, Naval Postgraduate School, Archived from the original on 1 April 2007, Retrieved 14 July Liz, S., Islamic law comes to rebel-held Syria, The Washington Post, 23 Јули, ISI Confirms That Jabhat Al-Nusra Is Its Extension in Syria, Declares 'Islamic State of Iraq And Al -Sham' As New Name of Merged Group, MEMRI, 8 April 2013, Retrieved 10 April Adam, W., Iraq crisis: Isis changes name and declares its territories a new Islamic state with 'restoration of caliphate' in Middle East, The Independent, Retrieved 29 June Mohammad, А.,Letter dated 9 July 2005, Office of the Director of National Intelligence, Retrieved 22 July 2014, See page 2 onwards 249 Alex, M, J., Deviant and Pathological': What Do ISIS Extremists Really Want?, NBC News, Retrieved 5 September

130 неверниците и отпадниците односно оние кои не се согласуваат со таквото толкување. 251 Филозофијата на ИД е претставена преку симболизмот на стандардната црна варијанта на легендарното борбено знаме на Мухамед кое тие го усвоиле. Знамето го прикажува Печатот на Мухамед во бел круг, со фраза над него Нема друг Бог освен Алах. 252 Се верува дека ваквиот симболизам укажува на тоа дека ИД верува дека тие го претставуваат обновувањето на калифатот од раниот ислам со сите политички и верски последици што следат. 253 Според други извори пак, корените на ИД се во вахабизмот. Групата поставувала слики од вахабистички верски книги од Саудиска Арабија во училиштата кои што ги контролира. Видеа од територијата под контрола на ИД покажуваат вахабистички текстови залепени на комбиња. 254 Целта на ИД е да се врати на раните денови на исламот, одбивајќи ги сите иновации во религијата, за кои се верува дека го расипуваат оригиналниот дух. Ги осудуваат оние кои отстапуваат од чистиот ислам, и имаат за цел да го оживеат оригиналниот вахабистички проект за обновување на калифатот предводен од строга салафистичка доктрина. Следејќи ја Салафи-Вахаби традицијата, ИД ги осудува следбениците на секуларните закони како неверници. Салафистите како ИД веруваат дека само легитимен авторитет може да го предводи џихадот и приоритет претставува борбата против немуслиманските земји и прочистување на исламското општество. Затоа ИД ја смета палестинската сунитска група Хамас како отпадници кои немаат легитимен авторитет да водат џихад и сметаат дека борењето против Хамас претставува прв чекор кон конфронтација со Израел. 255 Други извори пак ја опишуваат ИД не како сунити туку како Кариџити. ОН за прв пат ИД ја ставил во листата на терористички организации под името Ал-Каеда во Ирак на 18 октомври 2004 година како група поврзана со ал-каеда. На 2 јуни 2014 година, групата е додадена во листата под името Исламска Држава на Ирак и Левент. ЕУ ја усвоила листата на ОН во 2002 година Hassan, H., The secret world of Isis training camps ruled by sacred texts and the sword, Sunday 25 January, Retrieved 2 December Islamic State, Australian National Security, Australian Government, Retrieved 22 July Prusher, I., What the ISIS Flag Says About the Militant Group, Time.com, 9 September Speckhard, А., Endtimes Brewing, Huffington Post, 29 August David, D, К., ISIS' Harsh Brand of Islam Is Rooted in Austere Saudi Creed, The New York Times, Retrieved 26 September Ali, М., Why Islamic State has no sympathy for Hamas, Al-Monitor, Retrieved 1 August Martin, W., 2010, EU Terrorist Listing - An Overview about Listing and Delisting Procedures, Berghof Foundation, Retrieved 3 November

131 ИД наишла на критики од муслиманските научници ширум светот. Во септември 2014 година, 126 сунитски имами и исламски научници упатиле отворено писмо до лидерот на ИД ал-багдади, експлицитно одбивајќи и побивајќи го толкувањето на исламските свети книги, Куран и Хадит, употребувани од ИД за да ги оправдаат своите акции. 257 КАКО ИД ЈА ШИРИ СВОЈАТА ПОРАКА ОНЛАЈН ИД е позната по добро финансираната пропаганда преку веб и социјални медиуми, кои вклучуваат интернет видеа од обезглавување на војници, цивили, новинари и хуманитарни работници, како и намерно уништување на културното наследство. Особено употребувана социјална мрежа претставува Твитер (Twitter), преку која ИД поставува слики и видеа со заробени војници и цивили, во кои тие ширејќи одредени пораки и закани упатени до одредени држави или државници, на свиреп начин ги убиваат. Специјалната војна што ја применува оваа група односно, ширењето страв преку социјалните мрежи и веб порталите, го поткрепуваат и со објавување закани до жителите на градовите кои што се опколени. Во своите твитови (постови на социјалната мрежа Твитер), ИД даваат опширни детали за своите операции, вклучувајќи ги и бројот на бомбашки напади, самоубиствени мисии и атентати што тие ги извршуваат, како и за контролните точки и градовите што тие ги контролираат. Најголемиот број на твитови доаѓаат од Саудиска Арабија, Кувајт и други заливски земји. Најкористените hashtags (страни на Твитер на кои се поставуваат слики и статуси) кои ги користи ИД се: "#Baghdad_is_liberated" и "#Iraq_is_ liberated". 258 Групата, исто така, изработува професионални промотивни видеа и повици за подршка за својата кампања, каде што се повикуваат муслиманите да поставуваат пораки, слики и видеа на Twitter, Instagram и YouTube за подршка на ИД и нејзината кауза. На 20 јуни 2014 ИД започнала глобална онлајн кампања за подршка на операциите на групата во Ирак и Сирија. Групата иницирала хаштаг на Твитер на арапски кој во превод значи Петок за подршка на ИСИС (#thefridayofsupportingisis), барајќи од подржувачите ширум светот да го развиорат знамето на ИД во јавност, се снимале себе си и ги поставувале видео материјалите на социјалните мрежи. 257 Samuel, S., International Coalition of Muslim Scholars Refute ISIS' Religious Arguments in Open Letter to al- Baghdadi, The Christian Post, Retrieved 18 October Irshaid, F., How Isis is spreading its message online, , објавено на 19 јуни

132 Горенаведеното укажува дека ИД користи добро испланирана стратегија и групата е селективна во она што поставува на социјалните мрежи. Тие одбираат слики кои имаат потенцијал да имаат силно влијание, веројатно да создаде страв меѓу своите непријатели и да добие восхит од други радикални групи. 119

133 III ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ ТЕРОРИЗАМ 1. Поим на тероризмот Тероризмот претставува една од најсериозните закани за безбедноста во светот, но и феномен за кој и покрај издадените бројни конвенции и одржани конференции се уште нема заедничка дефиниција околу која ќе се обединат земјите во светот. Етимолошкото потекло поимот тероризам води од зборот терор. Во извесен период од историјата овие два поима се поистоветувале. Поимот терор доаѓа од францускиот збор terreur кој во груба смисла значи сеење страв 259 или пак, од латинскиот збор terror што значи ужас, страв и треперење, примена на застрашување, политичко насилство. 260 Тероризмот, пак како поим се објаснува и како доктрина и метод на борба за одредени цели по пат на систематска употреба на сила. 261 Најпрвин треба да се разберат релевантните основни поими кои опишуваат како тероризмот е уникатна форма на агресија и како тој се разликува од останатите форми на агресија како што се криминалот, војна и бунт. Значајно е да се земат предвид и различните типови на тероризмот и основните карактеристики со кои се манифестира секој тип. Едмунд Бурк бил меѓу првите кои го употребиле терминот тероризам, со кој сакал да го опише Робеспјеровото "Владеење на терор", стратегија насочена кон задушување на противниците и контролирање на масите по Француската револуција. 262 Робеспјер бил радикален лидер на Јакобинците во Француска влада. Тој употребувал застрашување со тоа што егзекутирал илјадници со гилотина, а други стотици илјади биле убиени или оставени да умрат во затворите, во името на демократските идеали, како инструмент на социјална контрола од страна на државата за да го поврати редот за време на анархија. Оваа позитивна конотација на тероризмот останала во употреба се до 1930 година, кога поимот започнал да се користи за да се заговара репресија врз масите од страна на тоталитарните држави, вклучувајќи ги тука нацистичка Германија, фашистичка Италија и сталинистичка Русија. 259 Политичка енциклопедија-савремена администрација, Белград, 1975, стр Мала енциклопедија-ип Просвета Београд 1970, стр Вујаклија, М., Лексикон на странски зборови и изрази, Просвета, Белград, 1970 год., стр Burke, E., Reflections on the Revolution in France, New York: Oxford University Press,

134 2. Дефинирање на тероризмот Што претставува тероризмот? Брус Хофман забележува дека стандардните дефиниции од речниците не се од помош бидејќи тие имаат тенденција да се прешироки и се често застарени. Тој исто така забележал тешкотија во дефинирањето на поимот: смислата за тероризмот се менувала често и прилично значително во последните 200 години. 263 Проблемите што се јавуваат при дефинирањето на тероризмот, се поврзани со фактот што одредени лица, групи или одредени дејствија, за некои претставуваат терористички акти, додека за други тие се борци за слобода, бранители на демократијата и човековите слободи и права. Не постои добра дефиниција за тероризмот. Всушност, феноменот може многу тешко да се дефинира затоа што е од нематеријална природа и варира во зависност од историски и географски контекст. 264 Не е изненадувачки што има толку многу дефиниции за тероризмот. Многу дефиниции се доста комплексни или имаат многу елементи. 265 Со ваквите комплексни и дефиниции што вклучуваат се, тероризмот може да вклучува индивидуи, групи или држави; нападите можат да бидат различни или селективни; заплашувањето пропагандата можат да бидат цели; а целите сами по себе можат да бидат ексцентрични, политички или криминални. За да бидат корисни дефинициите мораат да исклучат исто како што вклучуваат разни видови на насилство. Лакер го смета тероризмот за нелегитимна употреба на сила за постигнување на политички цели. 266 Оваа дефиниција е навидум едноставна, но исто така и таа вклучува многу активности. Таа ги избегнува проблемите при дефинирање на тероризмот со истакнување на она што е легитимна а што нелегитимна употреба на сила. Со текот на годините САД има листа на земји за кои смета дека се подржувачи на тероризмот. Куба, на овој список остана многу подолго откако престана да ги подржува терористичките групи во Латинска Америка. Листата, како и да е, ги игнорира земјите подржувачи на тероризмот кои претставуваат или се потенцијални 263 Hoffman, B., Inside Terrorism, New York: Columbia University Press, O'Connor, T., "Definitions and Typologies of Terrorism," MegaLinks in Criminal Justice, Schmid, A. P., Political Terrorism: A Research Guide to Concepts, Theories, Data Bases, and Literature, New Brunswick, NJ: Transaction Books, Laqueur, W., The Age of Terrorism, Boston: Little, Brown, 1987 или 121

135 сојузници, бидејќи нивното вклучување ќе создаде проблеми, или поради тоа што нивните акции не ги тангира САД. Јужна Африка ги помагаше терористичките групи во Ангола и Мозамбик, но никогаш не беше вклучена во списокот. 267 Како и САД, така и Обединетото Кралство има свој список на терористички организации. Тринаесет различни дисидентни групи се наоѓаат и на двата списока, но Обединетото Кралство има осум групи кои не се на списокот на САД, додека САД има петнаесет кои не се на Британскиот список. 268 Дури ни блиските сојузници не можат да се сложат, и највпечатливата разлика претставува фактот дека списокот на САД никогаш не ја вклучи ИРА, иако вклучува отцепени ирски групи. Очигледната поента е дека владите прават дефиниции кои ќе одговараат на нивните потреби. Наместо да се развива дискусија за можните дефиниции, полесно би било да се обезбеди работна дефиниција во која би биле специфицирани различните елементи кои се дел од дефинициите. Оваа дефиниција ќе важи за сите оние кои го практицираат овој вид на политичко насилство, без разлика на политичките цели на терористите или на политичките погледи на поединците како цели на терористите. Оваа дефиниција е дериват од делата на Crenshaw 269, Hoffman 270 и Claridge. 271 Тие му приоѓаат на прашањето на тероризмот од друга перспектива, но сепак ги покриваат клучните делови кои ги содржат терористичките активности. Комбинирајќи ги прашањата покренати во овие трудови резултира со следната дефиниција, која има шест главни компоненти: Тероризмот вклучува политички цели и мотиви. Тој е насилен или третира насилство. Тој е дизајниран да предизвикува страв на одредена група луѓе кои се протегаат надвор од непосредните жртви на насилството. Насилството е спроведено од страна на препознатлива организација. Насилството вклучува недржавни субјекти или субјекти како сторителите, жртвите на насилството или обата заедно. Актите на насилство се дизајнирани да креираат моќ во ситуации во кои моќта пред 267 James L., Brenda L., Global Terrorism, Routledge, 2008 стр Silke, A., An Introduction to Terrorism Research, in A. Silke (ed.) Research on Terrorism:Trends, Achievements and Failures, London: Frank Cass, 2004, p Crenshaw, M., Introduction: Reflections on the Effects of Terrorism, in M. Crenshaw (ed.)terrorism, Legitimacy, and Power: The Consequences of Political Violence, Middletown, CT: Wesleyan University Press, 1983, p Hoffman, B., Inside Terrorism, revised and expanded edition, New York: Columbia University Press, Claridge, D., State Terrorism? Applying a Definitional Model, Terrorism and Political Violence, 1996, p. 8, 3:

136 тоа недостасувала (пр. Насилството се обидува да ја зголеми моќта на организацијата која што ја превзема акцијата). Првиот клучен елемент од оваа дефиниција е дека насилството е сторено од политички причини. Всушност тероризмот бил сметан како политички по природа, дури бил сметан и како продолжение на политиката. 272 Политичките цели се клучен елемент кои ги делат актите на тероризам од другите форми на насилство. 273 Насилството не е превземено од финансиски или поради лични причини. Киднапирањето на политичките лидери или менаџерите на големите корпорации за да дадат политички изјави се поразлични од киднапирањето како криминален потфат за здобивање на киднаперите со финансиски средства. Создавањето на страв за да се извлечат пари од бизнисите е криминален акт а не политички. Понекогаш одредени групи користат киднапирање или грабежи на банки за да ги финансираат своите организации, и се попознати како цена на револуционерниот данок на групите кои се принудени да платат. Во овој случај, целите се сеуште генерално политички, затоа што парите што ќе се добијат од ваквите активности се користат за финасирање на одредени политички активности, вклучувајќи повеќе насилство, отколку тоа да води кон стекнување на лично богатство. Додека политичките цели се клучни за дефинирање на тероризмот, целите кои се барани од терористите можат да се вбројат во повеќе категории. Терористите можат да бараат промена на политиките на владата, да запрат одреден програм или да го стопираат усвојувањето на некои нови политики. Политичките цели можат да вклучат напори да се сменат лидерите на политичките елити, оквалификувани како корумпирани или нелегитимни. Целите можат да одат и до тоа, да бараат комплетна промена на владата, или промена од монархија во република или од цврсто централизиран систем во децентрализиран или од воена диктатура во теократска држава, водена од религиозни лидери. Терористите, дури, можат да бараат промена на националните граници, да отцепат регион за да создадат нова држава, да припојат некоја територија кон некоја друга држава, или да спојат постојани држави во нова држава. 272 Sick, G. G., The Political Underpinnings of Terrorism, in C. W. Kegley, Jr (ed.) International Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, New York: St Martin s, 1990, p Long, D. E., The Anatomy of Terrorism, New York: Free Press, 1990, p

137 Вториот елемент од терористичката акција е дека насилството или кредибилитетната закана за насилство е присутна. 274 Барањата за смени, демонстрациите и петициите не се тероризам, колку тоа и да ја засега владата. Иако масовните демонстрации можат да ја направат владата загрижена за својата иднина, тоа не е директна закана со насилство. Вистинското насилство е лесно за откривање и препознавање. Заканата со насилство е најефективна како техника кај група која веќе демонстрирала дека е способна и има намера да биде насилна. Заканите на политичка организација која никогаш не превземала некој вид на политичко насилство нема да имаат кредибилитет. Откако ќе биде употребено насилство, заканата од додатно насилство можат да предизвикаат страв кај владата која потоа ќе ги исполни барањата на терористичката група, без разлика кои и да се барањата. Измамите, како последица, може да бидат дел од терористичките кампањи, посебно ако следат по одредени насилни акции. Трето, како насилство, дури и како политичко насилство, за да се оквалификува како тероризам, тоа мора да има влијание на одредена целна група на луѓе покрај непосредните жртви, како дел од напорите да се остварат политичките цели на организацијата. Актите на насилство имаат ефект врз непосредните настани. 275 Тероризмот е форма на психолошко војување кое има влијание врз владата и јавноста. 276 Ако врз политички лидер е направен атентат со цел тој да се отстрани таа личност за да се создаде прилика за некој друг да го замени, смртта е политичко насилство, и нема целна група. Од друга страна пак, ако врз политички лидер е извршен атентат за да се прати порака на другите членови на политичката елита дека тие треба да ја сменат политиката за да избегнат иста судбина, тогаш атентатот е терористички акт. Бомбите во згради (со или без жртви) или автомобилите бомби во населени подрачја, најчесто имаат намера да демонстрираат на јавноста дека е ранлива. Стравот, како резултат на терористички акт, може да создаде притисок од јавноста врз владата, за да владата ја смени политиката, или да води кон слабеење на подршката на лидерите заради тоа што се неспособни да ги заштитат граѓаните од мали банди на дисиденти. Ако иницијалните напади не го генерираат потребното насилство, групите 274 Badey, T. J. Defining International Terrorism: A Pragmatic Approach, Terrorism and Political Violence, 1998, p Jenkins, B. M., International Terrorism: The Other World War, in C. W. Kegley, Jr (ed.) International Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, New York: St Martin s, 1990, p Chalk, P., West European Terrorism and Counter-Terrorism: The Evolving Dynamic, Basingstoke: Macmillan, 1996, p

138 можат да го ескалираат насилството во подолги кампањи на напади. 277 Потребата од достигнувањето на целната група е една од причините зошто терористичките групи бараат публицитет. Ако никој незнае за терористичкиот акт, целта не е постигната. Ако смртта на припадниците на владата настапи во авионска несреќа а не од подметната бомба во авионот, целната група може да дојде до погрешен заклучок за тоа кои се заканите за државата или за безбедноста на индивидуите. Потребата од публицитет е причината зошто некои организации имаат воспоставено претходно утврдени кодирани зборови со медиумите, за потоа да можат да ја потврдат автентичноста за предупредувањето на организацијата дека бомбата ќе експлодира. Локалните ситуации и целта можат често да дадат до знаење дека одредена група на дисиденти стојат позади овие активности. Ако свастики се нацртани на еврејски синагоги, анти - семитската порака е очигледна. Ако експлодира автомобил бомба пред штабот на владеачката партија, јавноста најверојатно ќе знае дека зад тоа стои локална малцинска група или е тоа политичката опозиција. Некои дефиниции за тероризмот велат дека целите на терористичкото насилство се цивилите. 278 Герилските групи најчесто како цели ги избираат полицијата и армијата. Бунтовничките напади на воениот персонал во Ирак, на пример, нормално не се сметаат како терористички напади. Цивилите се најчесто цели на тероризмот, и кога герилските групи како цели ќе ги земат цивилите, тие најчесто преоѓаат во тероризам. Додавајќи ја оваа компонента во дефиницијата додаваме комплексност. Дали полицајците кои не се на должност или резервниот воен персонал се прифатливи цели? Што со цивилите кои се вработени во воените бази? Кога нападите резултираат со воени и цивилни жртви, дали цивилите тогаш се сметаат за цели или како прифатлива колатерална штета? За да се вклучи оваа компонента во дефиницијата треба да се знаат намерите на оние кои ги изведуваат нападите. Не е неопходно да се вклучи таргетирањето на цивилите како клучна компонента во дефиницијата, но полезно е да се препознае дека цивилната популација се најчестите цели на терористичките напади од причина да се зголеми стравот меѓу целната популација. Четвртто, за политичкото насилство да стане тероризам, мора да има препознатлива организација. Индивидуата не е способна да изведува акција, да ја 277 Neumann, P. R., and Smith, M. L. R., Strategic Terrorism: The Framework and Its Fallacies, Journal of Strategic Studies, 2005, p Schmid, A. P., Frameworks for Conceptualising Terrorism, Terrorism and Political Violence, 2004, p

139 погоди целната група, и да ги презентира политичките барања за промени кои се неопходни за крај на насилството. Ефективната кампања за промени, бара акциите да бидат кредибилитетни, напор кој ја надминува индивидуата како поединец. Ефективниот тероризам се заснова на потенцијалот за повторување и систематска употреба на насилство. 279 Терористичките акции неизбежно водат до жртви или до апсења помеѓу дисидентите, оттука, индивидуата како поединец најверојатно ќе биде уапсена или убиена. Неопходно е организацијата да ја продолжи политичката битка. Теодор Качински, Унабомберот, е класичен пример за ограничувањата кои ги имаат кампањите водени од индивидуа. Неговите бомби низ годините предизвикувале страв, но целната група била неодредена, и не било очигледно што се очекува од целната група да направи. ФБИ и други полициски агенции, поради форензичките анализи, знаеле дека поставувањето бомби биле поврзани случаи, но тие не биле во можност да докажат поврзаност помеѓу жртвите, ниту пак можеле да идентификуваат политичка агенда на личноста која стоела позади овие случаи. Поврзаноста била позната само на Качински поради протест против модерното општество. Тој долго време не издал никаква изјава па со тоа додатно се намалува влијанието врз целната група. Поради тоа што владата на САД и јавноста не добиле никакво барање од страна на Качински, не било возможно да се превземат никакви политички промени. Кога Качински се обидел да ги претстави своите политички гледишта, бил идентификуван и уапсен, па така завршиле бомбашките кампањи. 280 Со развојот на модерната технологија, се промени и начинот на кој се организираат терористичките организации. Не сите терористички групи имаат константна организација. Различни членови можат да се здружат повремено за специфични напади и потоа повторно да се разделат а не да бидат постојани членови на организацијата. 281 Во други случаи терористите во суштина стануваат повремени активисти. Тие можат да прифатат централизирани упатства како да постапуваат, но не се централистички контролирани. 282 Поединци може да учствуваат во, како што го нарекуваат, отпор без лидер каде нивните акции се во договор со дисидентните 279 Badey, T. J. Defining International Terrorism: A Pragmatic Approach, Terrorism and Political Violence, 1998, p James L., Brenda L., Global Terrorism, Routledge, 2008 стр Cameron, G., Multi-Track Microproliferation: Lessons from Aum Shinrikyo and Al Qaida, Studies in Conflict and Terrorism, 1999, p Hoffman, B., Holy Terror : The Implications of Terrorism Motivated by a Religious Imperative, Studies in Conflict and Terrorism, 1995, p

140 организации, но не се директно дел од групата. Криминалните акти на индивидуалци сторени од омраза спрема малцинството не се квалификуваат како тероризам. 283 Ако напаѓачите ги изведуваат своите акции како дел од широка кампања насочени против одредена малцинска група, што произлегува од заедништвото со пристрасните поединци, може да прерасне во тероризам. Со помош на можностите кои ги пружа интернетот и брзата комуникација, терористичките акции во рамките на мрежата или послабо координираните групи не само што се можни туку можат исто така да бидат и многу ефикасни. 284 Овој вид на слабо координирани групи егзистираат како подршка на конвенционално организираните групи, но не ги заменуваат комплетно. Овие групи имаат некои предности за дисидентите. Нивната аморфна природа им овозможува да можат многу потешко да бидат откриени, во нив да биде извршена инфилтрација и да бидат уништени. 285 Извршителите на акциите имаат релативна слобода во правењето на тактички одлуки за нападите. 286 Недостатокот од централните упатства можат да ги лимитираат ограничувањата што нормално доваѓаат со една организирана структура. Без централна контрола, слабо подредените индивидуи кои не се загрижени за ефектот на долг рок на нивните акции или за најдобриот начин за користење на терор за постигнување на политички цели, може повеќе да се заинтересирани за предизвикување на повеќе жртви и користење на егзотични оружја, отколку како што конвенционалните дисидентни групи користат политичко насилство. 287 Петтата компонента од дефиницијата ги специфицира целите и извршителите на насилството. Па така, тероризмот се дефинира како ситуација во која извршителите на политичкото насилство, жртвите, или заедно не се држави или влади. Акциите помеѓу државите, вклучувајќи и војна, не се вклучени. За време на војна или за време на конфронтациите од студената војна, владите и нивните вооружени сили можат да генерираат терор кај непријателот или помеѓу цивилната популација. Монголците ги масакрирале луѓето во градовите кои давале отпор за да ги убедат другите градови да се предадат и да ја избегнат сличната судбина. Бомбардирањето на Ротердам и Лондон 283 Jenkins, P., Images of Terror: What We Can and Can t Know about Terrorism, New York: Aldine de Gruyter, 2003, p Kushner, H. W., Terrorism in America: A Structured Approach to Understanding the Terrorist Threat, Springfield, IL: Charles C. Thomas, 1998b, p Chalk, P., The Evolving Dynamic of Terrorism in the 1990s, Australian Journal of International Affairs, 1999, p Hoffman, B., Change and Continuity in Terrorism, Studies in Conflict and Terrorism, 2001, p Parachini, J. V., Comparing Motives and Outcomes of Mass Casualty Terrorism Involving Conventional and Unconventional Weapons, Studies in Conflict and Terrorism, 2001, p

141 од страна на Германците и Хамбург, Токио и Хирошима од страна на Сојузниците за време на Втората светска војна, биле со намера да создадат терор. Секако, во двата случаја на акции превземени од страна на државни или недржавни субјекти, се дефинирани како тероризам, воспоставена е еднаквост помеѓу дисидентните групи и владите. Овие аргументи, секако, имаат легитимитет, но тие додаваат додатна забуна на проблемот и обично се покренуваат да се промовираат причините на дисидентите. Ограничувајќи ја дефиницијата за тероризмот да ги исклучи акциите помеѓу државите, како и да е, не го оправдува или игнорира насилството кое што е направено од страна на државите. Како последица на ова, улогата на државата во понатамошните терористички акции ќе биде земена во предвид и ќе биде дел од студиите на случаи. Владите употребуваат терор против одредени сегменти од нивната сопствена популација за да постигнат некоја политичка цел. Често, политичкото насилство вклучува парамилитантни групи или таканаречени одреди на смртта, што и дозволува на владата официјално да негира секаква улога во акциите но и покрај тоа да има бенефит од теророт креиран кај целната група. Владите можат секогаш да ја одрекуваат вината и да ја одржуваат веродостојноста (или дури и неверодостојноста) на одрекувањето. 288 Понекогаш одмаздничките групи можат да ги нападнат и сопствените граѓани. Овие групи можат да бидат подржани од владата, но секогаш се прецизни затоа што владата е премногу слаба да управува ефективно. 289 Во други случаи одмазднички групи можат да се појават поради мислењето на нивните членови дека владата е неспособна да ги заштити нивните интереси. 290 Важно е да се истакне дека репресијата од страна на државата не е исто како тероризмот. Дури и во репресивните држави поединци добро го познаваат законот и да ги избегнуваат акциите кои што ќе водат до казна. 291 Владината примена на тероризмот против сопствените граѓани, создава ситуации во кои поединците неможат да избегнат да станат жртви. Последниот дел од дефиницијата зависи од фактот дека терористичките акции се користат за да се подобри моќта на организациите кои ја користат оваа форма на политичко насилство. Иако агендите на групите што користат тероризам се различни, 288 Campbell, B. D., Death Squads: Definition, Problems, and Historical Context, in B. D. Campbell and A. D. Brenner (eds) Death Squads in Global Perspective: Murder with Deniability, New York: St Martin s, Abrahams, R., Vigilant Citizens: Vigilantism and the State, Cambridge: Polity Press, 1988, p Pedahzur, A., and Perliger, A., The Causes of Vigilante Political Violence: The Case of Jewish Settlers, Civil Wars, 2003, p Sproat, P. A., Can the State be Terrorist? Terrorism, 1991, p

142 сите ја поседуваат оваа карактеристика. Тие се обидуваат да ја подобрат својата моќ, да ја зголемат веројатноста да бидат способни да вллијаат на политичките одлуки. Терористичките кампањи најчесто се изведуваат од страна на организациите кои не успеале на друг начин да ги наметнат посакуваните промени, односно се политички слаби. Тие не успеале на демократски избори да створат доволна моќ за да донесат промени. Владата ги игнорирала мирните протести и жалби, или пак се соочиле со владината репресија кои што ги спречуваат натамошните напори за мирни промени. Затоа што се релативно немоќни во конвенционалната политика, соочени со ограничена подршка наспроти владината репресија, тие преминуваат на неконвенционални методи во напорот за подобрување на нивната моќ. Тероризмот е привлечен за послабите групи затоа што можат да се превземат со ограничени ресурси и можните награди се големи. 292 Овие групи го прават тероризмот техника на избор поради тоа што другите методи не се ефикасни или траат предолго. Групите исто така можат да користат тероризам за мултиплицирање на силата што се користи, за зголемување на генерираниот страв, правејќи употребата на ограничените ресурси да биде поефективна. 293 Сите овие шест карактеристики кои се неопходни за една акција да се смета за терористички акт, се меѓусебно поврзани. Политичките цели се поврзани со организациите кои избираат насилство со оглед на нивната релативна слабост. Политичките цели генерално вклучуваат акции за да влијаат како на владата или други актери во политичкиот систем, така и на целната група од јавноста, е очигледно неопходно за стварање на влијание. Важно е да се истакне дека дефиницијата се однесува на сите групи кои користат политичко насилство за да создадат страв во напор за да издејствуваат политички промени во сите насоки. Дефиницијата не е специфична за било која група ниту пак ги исклучува другите. Горенаведената дефиниција од шест дела базично е за академска употреба. Создадена е да помогне во разбирањето на феноменот тероризам. Не може да послужи како соодветна дефиниција пред судот. Владите вообичаено имаат потреба од попрецизна законска дефиниција, за да ги користат судовите и легалниот систем за обвинување, судење и казнување на поединците кои се инволвирани во терористичките акции, и може да биде есенцијално за владата за да одлучи дали лице обвинето за тероризам може некаде да биде 292 Crenshaw, M., The Causes of Terrorism, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003a, p Vinci, A., The Strategic Use of Fear by the Lord s Resistance Army, Small Wars and Insurgencies,

143 екстрадирано. 294 Националниот законски систем, во многу случаи, не бара специјална дефиниција за тероризмот. Грабнување на авион, поставување на бомба и убивањето луѓе се кривични дела кои се предвидени со националните закони, дури и кога кривичните дела се сторени за политички цели. Доколку државата сака да наметне поцврсти казни за кривични дела поврзани со тероризмот, тогаш некои законски дефиниции стануваат важни. Слично на тоа, доколку со националната легислатива се сака да се забрани финансискиот допринос на терористичките групи, тогаш властите треба да обезбедат систем за означување на групите кои се забранети. Последните опции можат да воведат произволни елементи, но обично обезбедуваат флексибилна постапка дозволувајќи на властите да го избегнат изборот кои ги оттуѓуваат домашните групи. Дефиницијата употебувана од страна на Стејт Департментот на САД, е двосмислена давајќи им на властите голема доза флексибилност во неговата примена. 295 Неопходни се меѓународни дефиниции за тероризмот и терористите, и тие дефиниции несомнено ќе бидат различни во зависност од тоа во која држава се користат. Меѓународната дефиниција би била корисна за екстрадиција и враќање на бегалците. Во идеален случај може да одговара на националните дефиниции или дури и на аналитичките дефиниции. Реално, потребна е некоја минимална дефиниција која ќе биде прифатена од повеќето земји. Веројатно треба да вклучува специфични акции и треба да остави некои зони на активности неоткриени. Било каква покриеност со меѓународното право е подобра од никаква покриеност. Секако, за некои дефиниции да бидат функционални, властите би требало да ја ризикуваат можноста за оние што ги гледаат како борци за слобода да треба да ги екстрадираат и обвинат заедно со терористите. Државите ќе треба да одлучат кога насилните политички акти не се тероризам и кога на лицата вклучени во овие акции нема да им се суди или нема да бидат екстрадирани. Властите треба да направат разлика помеѓу борците за слобода и терористите, кога истите акции се прифатливи а кога не се. Политичарите ќе треба да одлучат, а локалното јавно мислење ќе биде важно во таа одлука. Јавното мислење не е секогаш негативен фактор за да биде земен во предвид во одредени ситуации, но 294 Schmid, A. P., The Response Problem as a Definition Problem, Terrorism and Political Violence, 1992a, p Badey, T. J., Defining International Terrorism: A Pragmatic Approach, Terrorism and Political Violence, 1998, p

144 властите секогаш ќе се двоумат помеѓу изборот на правилен пристап, земајќи ги предвид специјалните околности. Современата употреба на терминот, развиен во средината на дваесетиот век, го опишува тероризмот како алатка на етнички и религиозни фанатици која им служи во политички цели, како што се ослободување од вонземски окупаторски групи, или едноставно да спроведат праведна одмазда против групите кои се етикетирани како закана или непријатели. Гус Мартин во 2006 година ги прочистил поимите забележувајќи дека тероризмот во денешницата вклучува лабави, ќелиски базирани мрежи кои се политички мотивирани, кои спроведуваат асиметрично насилство против "меки" цели, цивилни и административни цели а не воени. 296 Тој забележува дека употребата на поимот е оправдано преку екстремистичкиот јазик полн со нетолеранција, морален апсолутизам, широки заклучоци, конспиративни верувања кои се насочени кон вознемирување или евентуално уништување на целни групи па и на цели популации. Меѓународните организации како што се Лигата на Народите и Обединетите Нации имаат одредени потешкотии во развивањето на консензуална дефиниција за тероризмот. Во 2005 година, Генералниот секретар на ОН Кофи Анан предложил проширување на официјалната дефиниција за тероризмот, за да ОН може да има посилен мандат за да посредува каде што е потребно. При редефинирањето на поимот, тероризамот го опфаќа секој акт со кој има намера "да предизвика смрт или сериозни телесни повреди на цивили." Некои Арапски земји направиле исклучок од овој предлог. Имајќи ги предвид Палестинците, тие побарале ослободување за тие кои "се борат против странска окупација" Соочувајќи се со вакви потешкотии, Џонатан Вајт во 2006 година нуди една концизна дефиниција која гласи : употреба или закана за употреба на сила насочена кон создавање политички промени. 297 Други додаваат дека тероризмот претставува незаконски акт или закана, кој може да се примени против луѓе или имот, кои цели се најчесто невоени цивилни цели и кој акт го вклучува следното : недискриминирачко насилство, намера да се постигне политичка цел преку заплашување и елементи на организирање и планирање да се постигнат тактички или стратегиски цели. 296 Forst B. Terrorism, crime, and public policy, Cambridge University Press, 2008, стр White, J. R., Terrorism and Homeland Security, 5th edition, Belmont, CA: Thompson-Wadsworth,

145 Општата дефиниција која се среќава во речниците за зборот "терор" е слична со онаа на зборот "страв". Централната улога што стравот ја има во актите на тероризмот е значителна и потценета. Разбирајќи ја улогата на стравот, го продлабочува нашето сваќање на тероризмот. За тероризмот е значајно однесувањето на одредена таргетна група на популацијата кога се соочени со закани. САД во својата легислатива го дефинира тероризмот на следниов начин однапред предвидено политичко однесување спрема недолжни цели од страна на националистички групи и нивните агенти, претежно насочени да влијаат врз јавноста. Американскиот Стејт Департмент ја дава следнава дефениција тероризмот е планирано и политички мотивирано насилство, извршено против невоинствени цели од страна на маргинални национални групи или тајни агенти на некоја држава чија цел главно е да се има влијание врз јавноста. 298 Министерството за одбрана на САД го дефинира тероризмот како незаконска употреба насилство или закана за употреба на насилство врз лица или нивната сопственост, извршувајки присилување или заплашување на општеството или владата со цел да се постигне одредена идеолошка, политичка или религиозна цел. 299 ФБИ го дефинира тероризмот како бесправно користење сила и насилство, против лица или сопственост, за да се заплаши или принуди една влада, цивилно население или кој било друг дел од општеството на остварување на политички или социјални цели. Дефиницијата за тероризмот на ОН гласи: секој чин извршен со намера да предизвика смрт или тешка телесна повреда на цивил или било кое друго лице кое не учествува во непријателствата во ситуација на вооружен конфликт, кога целта на тој акт, според неговата природа или контекст, е да ја заплаши популацијата или да ги принудат властите или меѓународна организација да направат или да се воздржат од правење на одреден чин. 300 Во секој случај, прецизна дефиниција за тероризмот со која ќе се согласат сите е невозможна. Некои дефиниции ја игнорираат заканата, некои се фокусираат на 298 Title 22 of the U.S. Code, Chapter 38, Section 2656f(d) 299 Sandler, T., Enders, W., The Political Economy of Terrorism, Cambridge, 2006, стр Article 2(b) of International Convention for the Suppression of the Financing of Terrorism, May 5,

146 повредата на човечките животи а го игнорираат имотот, и дефинициите варираат за тоа што го сочинува цивилот. Некои дефиниции ги земаат во обзир даночните обврзници кои обезбедуваат финансиска подршка на терористичките организации, и ги сметаат како соработници и легитимни цели; Некои вклучуваат акти на етничко чистење кои се мотивирани чисто од омраза и недостаток од било која легитимна политичка цел; Некои исклучуваат акти кои се направени од страна на суверени држави против нивниот сопствен народ, сметајќи ги повеќе за акти на тиранија отколку за тероризам; некои пак додаваат дека тероризмот треба да содржи и елементи на тајност за да актот ја шокира целната популација. Властите на некои држави понудуваат минималистички дефиниции за да ги избегнат овие комплексности. Сунил Килнани, тврди дека тероризмот е само тактика, метод на различно насилство. 301 Игор Приморац дава уште построга карактеризација: Само две работи се чисти: тероризмот е вид на насилство, и е лоша работа, не е нешто со кое некој би бил горд или би го подржувал. 302 Проблемот со ваквите дефиниции е тоа што тие се концептуално ограничени и нудат мала помош за превенција и одговор на проблемот или на научниците кои работат на тестирање на своите хипотези за тероризмот и со тоа да ги разберат неговите причини. 3. Историски корени на тероризмот Појавните облици на тероризмот и неговиот еволутивен развиток го следат човековото постоење од најстари времиња па се до денес. Тероризмот бил застапен во античко време преку неговите појавни облици манифестирани со атентати и убивања на поедини владетели или одредени важни лица. Неговата еволуција доживеала експанзија во денешно време. Периодот на постоење на тероризмот може да се подели на повеќе историски периоди, и тоа: Тероризмот во антиката Тероризмот и Француската револуција Тероризмот и Царска Русија Тероризам од 1900 до Khilnani, S., The Politics of Terrorism, Political Quarterly, Vol. 64, No. 3, Primoratz, I., What is Terrorism? in Terrorism: The Philosophical Issues, Igor Primoratz, editor, London: Palgrave,

147 Тероризмот и анти-колонијализмот Тероризмот и протестите Тероризмот и сепаратизмот Тероризмот во антиката Од тероризмот во антиката произлегуваат бројни поими кои сеуште се употребуваат во модерната ера. Зелотите, асасините и слични поими се употребуваат и денес за осуда. Зелотите демонстрирале националистички и верски занес во првиот век од н.е. во провинциите на Светата Земја во Римската империја. Асасините биле приврзаници на муслиманскиот култ, Шиитскиот ред на асасиние, заколнат да ги избрка Христијанските освојувачи на Палестина за време на крстоносните војни во единаесеттиот и дванаесеттиот век. Овие групи посветени на мисијата имаат одредена паралела со денешните бомбаши самоубијци на Хезболах од Либан и со Тамилските Тигри од Шри Ланка Тероризмот и Француската Револуција Тероризмот за време на француската револуција ги акцентирал политичките цели на еден невообичаен начин. Лидерите на револуцијата биле очајни и полни со несогласување помеѓу себе. Во борбата тие немале единствена цел да се ослободат од противниците туку и сакале да му вкоренат страв, па затоа применувале владеење со терор наречен државен терор. Владеењето со терор или државниот терор бил воспоставен со цел да се задржи воспоставената кревка влада и да се заплашат сите оние кои би се обиделе да се спротивстават на таа влада. Robespierre и самиот со своите постапки бил терорист понекогаш, тој сметал дека стравот на луѓето ке донесе до полесно остварување на неговата цел. Теророт како инструмент на власта станал доблест во владеењето. 3.3.Тероризмот и Царска Русија Тероризмот во Царска Русија во повеќето аспекти бил спротивен од оној во револуционерна Франција. Робеспјер преку поимот волјата на народот се залагал за заштита на општеството преку методи на терор. Стотина години подоцна, тероризмот беше применет против Царската автократија и корупција. Група на Руси, главно 303 Whittaker, J. D., Terrorists and Terrorism in Contemporary World, Routledge, London, 2004, стр Ibid, стр

148 студенти и интелектуалци, биле убедени дека само насилна субверзија ќе се борат против државното негирање на слободата. Тоа бил периодот на руските револуционерни движења кој траел 60-тина години ( ). Тој е период кој вообичаено се нарекува револуционерен тероризам. Започнал со создавањето на народните организации, продолжил со теророт над руските јакобинства и анархизам, па завршил со индивидуални акции во и по Октомвриската револуција. Во тој период согледувањата на повеќето револуционерни организации биле дека без крвава и беспоштедна револуција, кој радикално ке смени се и ќе ги ликвидира припадниците на дотогашното општествено уредување, нема слобода. Меѓутоа во услови на разгорена граѓанска војна, кога реакционерните сили применувале голо насилство, тероризмот настанал како одговор на таквата состојба и според некои автори, тој не е револуционерен тероризам туку одбранбен тероризам. Годината 1905 царска Русија била зафаена со штрајкови и бунтови, како резултат на незадовлното селско население, се појавиле еден нови на таканаречени аграрни терористи. Тоа бил револт против спахиите и владата, така што ги спалувале имотите на спахиите, куќите, ги запоседнувале имотите и ги убивале најомразените спахии. 3.4.Тероризам 1900 до 1945 Политичкиот натпревар станал заштитен знак на тероризмот во првата декада на дваесеттиот век. Неговиот фокус се поместил на источните и југо источните граници на Европа. Од страна на националистичките агитатори во Србија, Бугарија, Грција и Турција, Отоманската и Хабсбуршката империја биле сметани како деспотски и оние на кои им треба елиминација. Раните години на дваесеттиот век биле години на растечки тензии. Насилството како стратегија било како составен дел од многу агенди заедно со владините планови за војни и демонстраторите убедени дека само со робустни, деструктивни акции ќе се здобијат со јавно внимание. Тероризмот добил нов правец во 1920 и 1930-те години. Низ Европа во тоа време имало голема доза на незадоволство и превирања поради неисполнетите надежи по завршувањето на Првата Светска Војна. Тероризмот се здобил со ново значење, станувајќи институционализиран. Владеењето во Германија, Италија, Полска, Романија, Грција и Унгарија се базирало на методите на цврста рака, кршејќи ги основните човекови права. Теророт во овие години повеќето станал техно-тероризам 135

149 употребувајќи радио и 24 часовна машинерија за печатење. Не постоело место за компромис или дебата. 305 Во 1930-те години, во времето на економската криза, тероризмот се развил драматично и на голема врата станал инструмент на државна моќ. Втората Светска Војна која следела од 1939 до 1945 година не познавала граници на човечкото почитување. Теророт станал значаен дел од нацистичката окупација на Европа и варваризмот на геноцидот. Тероризмот во многу форми го зафатил населението на Европа и Азија, доведувајќи ги цивилите на бојното поле Тероризам и анти-колонијализам По 1945 година, тероризмот како насилен политички активизам, се здобил со нови значења. Во тој период започнале анти-колонијалистичките борби на оние кои сакале да го уништат по секоја цена империјалното владеење на Британија, Франција, Холандија и Португалија во Африка и Азија. За народните маси гладни за еманципација, ова биле борци за слобода. За Лондон, Париз, Хаг и Лисабон тие претставувале терористи кои го кршеле колонијалното владеење на правото, терористи кои требало да се ловат и затворат. 3.6.Тероризам и протестите Сите терористи се демонстранти. Историјата покажала дека протестите на кои властите не обрнувале внимание може да доведат до експанзија на насилство кое потоа се толкува како тероризам. Во последните 40 години од дваесеттиот век, два главни примери за колективни протести во кои ескалирало насилството биле оние во Германија и Италија. 307 Германија во доцните 1960-ти години направиле значителен прогрес, излегувајќи од нацистичкото минато. Сепак на граѓанските реформи им недостасувало темпо и визија. Универзитетите биле задушени со бирократија, па така помеѓу студентите протестите станале најгласни. Со протестите тие имале намера да се здобијат со публицитет како вовед за принудни промени. Во центарот на овие собирања биле жестоките активисти кои себе си се нарекувале Фракција на Црвената 305 Ibid, стр Ibid, стр Ibid, стр

150 Армија, главно составени од професионални и академски семејства, додека од работничките семејства биле многу малку активисти. Конфронтацијата со полицијата довела до жртви и бес. Камењата и молотовите коктели биле заменети со бомби, пушки и подметнати пожари, во Франкфурт, Берлин и Хамбург. Протестите пламнале во намерно потпирање на методите на терор и избирање на жртвите-водечки индустријалци, судии, уредници на весници, банкари и НАТО персонал. Тероризмот станал успешен начин да се биде на насловите во весниците. 308 Италијанското искуство помеѓу 1970 и 1990 година претставува контраст. Постоеле студенти и средна класа како во Германија, но радикалните италијанци сакале да ја превземат владата која за нив била диктаторска. Оние што протестирале во тоа време во Италија се нарекувале себе Црвени Бригади. Според нив, насилството на власта кое претставувало репресивно кршење на човековите права, требало да се соочат со оправдано насилство, по било која цена. 309 Слабата против-терористичка тактика од страна на властите, ја зајакнале сликата дека реформите се изводливи преку насилство. 3.7.Тероризмот и сепаратизмот Студената војна ги држела односите Исток-Запад постојано замрзнати. Со рушењето на Берлинскиот ѕид, и одмрзнувањето на 35 годишниот политички ќорсокак, етнонационалистичките и сепаратистички групи станале попродорни во сите делови на Африка, Индонезија, Кипар а потоа и на Балканот и новите руски републики. Со тоа сепаратистичките групи во рамките на државите ги истакнале своите барања за само определување. Тие се здобивале со кредибилитет преку терористичките инциденти. Насилните тактики на некои парамилитанти во Северна Ирска, подметнувањето пожари на баскиската ЕТА, бомбашките напади во Кашмир и Шри Ланка, заткулисните пресметки во Косово, се граничеле со здравиот разум Видови тероризам Како што не постои добра дефиниција за тероризмот, така постојат и повеќе типологии на истиот феномен. Тероризмот може да се класифицира на различни начини, според различни критериуми. Според професорот Ескриџ, од неговиот курс за 308 Ibid, стр Ibid, стр Ibid, стр

151 тероризам универзитетот во Небраска, тероризмот е класифициран според повеќе критериуми. Така: 1. Тероризам класифициран според место Домашен - од страна на жители на земјата извршен во самата земја Меѓународен - од страна на претставници на земјата, против друга земја Не-државен - екстремизам и револуција за сопствени цели Спонзориран од државата-од страна на властите против нивниот сопствен народ или како подршка на меѓународен тероризам против друга влада Меѓунационален - конфликт што се прелева во друга земја или се одвива на странска почва 2. Тероризам класифициран според личната особина Ментално пореметени личности - силен став за опстанок, но не заснован на реалноста; егоцентрични; цели јасни само за сторителот; ирационални и непредвидливи; напади по случаен избор Крстоносци - жртвено смртоносен став; мешавина од политика и вера; ретко подготвени за преговори; ориентирани кон задачата и рамнодушни на ризик; бараат публицитет и колку што е можно поголема група Криминалци - силен став за самоодржување; себични; ориентирани кон задачата; избегнуваат висок ризик; нивните активности очекувано се насочени кон мали групи Тероризам класифициран според целта Политички - за идеолошки и политички цели Неполитички - за лични цели или добивки Квази-тероризам - киднапирање на воздухоплови и земање заложници Ограничен политички - идеолошки но не револуционерен Официјален или државен - користен од страна на народ против народ 4. Тероризам според целта на напад Масовен терор - извршен од страна на политичките лидери (примервладеењето на Иди Амин во Уганда); ја таргетира општата популација; организирана или неорганизирана принуда 311 Hacker, F., Crusaders, Criminals, Crazies: Terror and Terrorists in Our Time. NY: Norton,

152 Династички терор - извршен од поединци или групи (пример-руските анархисти); таргетирање на шефови на држави или владејачката елита; како тактика го имаат селективното насилство Терор по случаен избор - извршен од поединци или групи (примербомбашки напад на летот 103 на Пан Ам); таргетира секого на погрешно место во погрешно време; тактика-поставување бомби на јавни места како што се кафитерии, пазари, аеродроми Фокусиран терор по случаен избор - извршен од поединци или групи (пример-pira 312 и UDF 313 бомбашки напади во Северна Ирска); таргетира специфични јавни места користени често од опозицијата Тактички терор - извршени од страна на револуционерни движења (пример-нападот на М на колумбиските судии) ги напаѓаат владините или политички привлечните цели Тероризам според проблемот кој го опфаќа Револуционерен - за цел има промена на постоечката власт предизвикувајќи репресивен одговор кој може да биде оценет како нехуман (Фракцијата на Црвената армија, Хезболах, PLO- Palestine Liberation Organization) Политички - тешко вооружени групи со тенденција да бидат фокусирани околу превласт, владин упад или верски ревизионизам (Ариевска нација) Националисти - го промовираат интересот на малцинството или верските групи кои биле прогонувани од владеењето на мнозинството (Сиките радикали, Муслимански фундаментализам) Заснован на причина - групи посветени на социјални или верски причини употребувајќи насилство за решавање на нивните проблеми (Исламска света војна) 312 Provisional Irish Republican Army-парамилитантна организација во Ирска која се залага за отцепување на Северна Ирска од Обединетото кралство, види Moloney, Ed, A Secret History of the IRA, Penguin Books, 2002, p Ulster Defence Association-најголема парамилитантна и одмаздничка група во Северна Ирска, види Mulholland, M., Northern Ireland: A very short introduction. Oxford University Press, p th of April Movement (in Spanish: Movimiento 19 de Abril) била колумбиско герилско движење, подоцна станала политичка партија, достапно на - bin/groups/view/ Combs, C., Terrorism in the Twenty-First Century, 3e. Upper Saddle River, NJ: Prentice Ha ll,

153 Животна средина - групи посветени на успорување на развојот за кој веруваат дека им штети на животните (Фронт за ослободување на животните, Земјата на прво место) Спонзориран од државата - кога репресивен режим ќе ги принуди своите граѓани на целосна послушност (Бразил, Колумбија, Гватемала, Хондурас, Перу, Ирак, Судан, Хаити) Нуклеарен - забрана на држави кои претставуваат нуклеарна закана (Либија, Северна Кореја) Геноцид - кога властите се обидуваат да ја избришат малцинската група на нејзина територија (Камбоџа, Руанда, Босна, Ирак, Турција) 316 Според Ричард Шулц, постои типологија на политички тероризам што опфаќа: Револуционерен тероризам. Овој тероризам има за цел целосна аболиција на претходниот политички режим и негова замена со нова политичка структура (шпанската ЕТА, италијанските Црвени бригади). Естаблишмент-тероризам. Се одликува со употреба на насилство од страна на државата против внатрешна или надворешна опозиција. Естаблишменттерористите уште се познати и како државни терористи. Тие се спонзорирани од државата или некоја политичка фракција. Ваквиот тероризам е многу тешко да се идентификува поради тоа што е под закрила на државата. Практикуван е најмногу од страна на СССР и САД за време на Студената војна, како и од страна на други земји. Субреволуционерен тероризам. Се карактеризира со употреба на насилство со цел за промена на владејачката номенклатура (владејачката коалиција, партија), но без да се прави суштинска промена кон односниот тип политички систем. 317 Во 1975 година, Помошната Администрација за Спроведување на законот во САД го формирала Националниот советодавен Комитет за Стандарди и цели на кривична правда. Еден од петте тома што ги напишала комисијата бил наречен Нереди 316 O Connor, T., Program Manager of Criminal Justice and Homeland Security, достапно на Лабовиќ, М, и Николовски, М., Организиран криминал и корупција, Факултет за безбедност, Скопје,

154 и тероризам, подготвен од работната група за Нереди и тероризам. 318 Работната група го класифицирала тероризмот во шест категории: Граѓански немири форма на колективно насилство кое се меша со мирот, безбедноста и нормалното функционирање на заедницата Политички тероризам насилно криминално однесување создадено првенствено да создаде страв во заедницата или значителен дел од истата, за политички причини Ограничен политички тероризам вистинскиот политички тероризам се карактеризира со револуционерен пристап; ограничениот политички тероризам се однесува на акти на тероризам кои се извршени за идеолошки или политички мотиви но кои не се дел од усогласена кампања за воспоставување контрола врз државата. Официјален или државен тероризам се однесува на народи чие владеење е базирано на страв и угнетување што достигнува до тероризам или слични пропорции. Може исто така да се однесува и на Структурен тероризам кој може да се дефинира пошироко како терористички акти извршени од страна на власта заради политички цели, често како дел од нејзината надворешна политика. 318 Disorders and Terrorism, National Advisory Committee on Criminal Justice Standards and Goals, Washington D.C.:

155 IV КРИВИЧНО ПРАВНА РЕГУЛАТИВА ЗА ТЕРОРИЗМОТ И ОДРЕДЕНИ РЕСТРИКЦИИ ВО ПРАКТИКУВАЊЕ НА ИСЛАМОТ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Поради потребата од флексибилен одговор во справување со тероризмот, против-терористичките мерки на Европската Унија страдаат од двосмисленост. Ова дава сигурност дека овие мерки можат да се справат со огромниот број променливи закани кои што ги претставува тероризмот, додека поседуваат доволно правни насоки за олеснување на истрагата и гонењето на осомничените за тероризам. Како и да е, многу мерки страдаат од неодреденост, немаат доиздржаност, како и кохерентност кон другите правни норми и обврски кај човековите права и против-терористичките парадигми. Ова карактеризирање му се припишува на институционалниот моментум предизвикан од нападите на 11 Септември, нападите во Лондон, нападите во Мадрид и присутните закани на земјите. Затоа што нивото на закана останува значајно, правниот развој мора да биде експедитивен за да осигура легислативен одговор на терористичките закани во Европската Унија. Затоа, на сметка на кохерентноста и почитувањето на мерките, многу мерки се имплементирани набрзина. Без разлика на брзината со која се имплементирани мерките потребно е да ги задоволат флексибилните барања кои мора да ги пропишуваат. 319 Европската Унија има широк против-терористички приод. Тие ги координираат против терористичките мерки на поединечните земји членки, мерки кои се посебно важни во спроведувањето на нормативната рамка. Но и покрај ова, се појавуваат значителни етички тесни грла. Овие тесни грла се појавуваат во примената мерките против финансирање на тероризмот, задржувањето на податоците, патна документација и екстрадиција во трета земја. Етичките тесни грла на ЕУ мерките вклучува: широка дефиниција за тероризмот, недостаток од фер принципи за судење во контекст на финансирање на тероризмот, недостаток на заштита на приватноста во мерките на задржување на податоците и патната документација, и недостаток на заштитни механизми за човековите права при екстрадиција во трета земја. 319 Transnational Terrorism, Security & the Rule of Law, The Ethical Justness of European Counterterrorism Measures, 19 December,

156 Рамковната дефиниција за борба против тероризмот воспоставува широка дефиниција за тероризмот. 320 Ова е тренд кој се манифестира преку мерките на земјите членки. Но оваа дефиниција е преширока бидејќи има потенцијал кој ги вклучува акциите на поединците инволвирани во легитимни протести. Постои граница помеѓу дозволување на политичките несогласувања и спречување на тероризмот, но има недостаток во рамковната одлука односно етичко тесно грло кое ги исклучува поединците од тоа да знаат точно кога и со кој процес ја преминуваат линијата. Мерките за финансирање на тероризмот имаат опасна тенденција да ги игнорираат принципите на фер судење. Ова е главното етичко тесно грло во против терористичките мерки на ЕУ. Заедничките позиции 2001/930/CFSP, 2001/931/CFSP и 2002/402/CFSP, како и регулативата 2580/2001 и 881/2002 се соочуваат со предизвикот на законитоста и легитимни основи. Во поглед на легитимноста, мерките се неодредени. Вклучување на листата на санкции е главно предмет на агенциите за разузнавање а не на судските наоди. Од друга страна пак, откако ќе биде вклучена во листата на санкции, не постои ефективна процедура за бришење од листата и исто така други принципиелни права на одбрана се игнорирани. Бројни судски случаи против финансирањето на тероризмот се завршени. Етичките тесни грла од мерките против финансирање на тероризмот, се фактите дека тие не вклучуваат демократски надзор и не дозволуваат на поединците увид во доказите против нив, ниту пак можноста да ја преиспитаат вклученоста на листата на санкции. Правото на приватност е игнорирано кај мерките задржување на податоци и патна документација. ЕУ прави обиди да створи баланс помеѓу мерката задржување на податоци и злоупотребата на податоците, но со развојот на технологијата и зголемената употреба на информациската технологија од страна на терористите, се истакнува потребата од надгледување и зачувување на електронскиот профил на одредена личност. Мерките кои што го одредуваат задржувањето на податоците вклучувајќи ја и патната документација не се доволно јасни. Во врска со задржувањето на податоците, нема одредби во ниеден од ЕУ документите кои што одредуваат кој праг треба да го достигнат правните концепти на националната безбедносна закана за задржување на податоците. Со други зборови, етичките тесни грла кои произлегуваат од оваа се дека не постои експлицитен активатор за задржување на електронските 320 Council Framework Decision of 13 June 2002 on combating terrorism 143

157 податоци на поединците. Исто така, податоците за патната документацијапрепознавање на името на патникот-не прави експлицитна рамка за задржување на податоците на патниците со авион. Не е споменато со какви стандарди треба да се собираат и задржуваат податоците-дали тие да бидат селективни или рамномерни за сите. Така, етичките тесни грла на овие две мерки е тоа што одсуствува презумцијата на невиност и правото на приватност. Процесот на екстрадиција со трети држави, особено во САД, претставува исто така тесно грло. Исто како Европскиот налог за апсење, кој котира високо кај правните индикатори, договорот за екстрадиција САД-ЕУ е отворен за значителни прекршувања на човековите права. Особено акутен во овој поглед е фактот дека земјите членки не се обврзани да ја одбијат екстрадицијата ако бараното лице се соочува со тортура или смртна казна. Ова, според Amnesty International, е против Европските протоколи за екстрадиција, како и против Европската конвенција за човековите права. Надвор од прекршоците на човековите права, договорот прави обиди да ги замени претходните билатерални договори помеѓу САД и земјите членки на ЕУ. Процесот на ратификација не е само предмет на парламентарниот процес, туку производ на извршната власт. Произлегува дека етичките тесни грла претставуваат недостаток на демократски надзор во ратификацијата на договорите и потенцијалните остри кршења на човековите права. 1. ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Велика Британија има долга против-терористичка практика и е во првите редови на меѓународната соработка против заканата од меѓународен тероризам. Практиката вклучува правни аспекти како и милитаристички методи. Поранешните мерки уживаат широка подршка од британците за попречување на можноста на терористите да му наштетат на британското општество. За таа цел, неколку од мерките развиени во Велика Британија имаат директно влијание врз животот на британските граѓани. Сите овие мерки ги предизвикуваат цивилните слободи и биле предмет на критики од страна на парламентарни дебати, НВО извештаи и академски списанија. Од 2000 година наваму, Британскиот парламент донел серија на против терористички закони наречени терористички акти, кои го опфаќаат тероризмот општо. Времето на донесување на овие закони коиндицира со нападите од 11 септември 2001 и бомбашките напади во Лондон на 7 јули, како и политиката на глобална војна против 144

158 тероризмот. Со овие закони се предвидела дефиниција за тероризмот со која станало возможно да се воспостават нови различни полициски овластувања и процедури, надвор од оние поврзани со обичниот криминал, кои може да се применат во случај на тероризам. Листата на закони донесени по 2000 година и што со нив поблиску се определува се дадени подолу: Терористички Акт 2000: Дава широка дефиниција на тероризмот за прв пат Обезбедува проширена листа на терористички организации надвор од оние поврзани со Северна Ирска Дозволува на полицијата да приведе осомничени за тероризам на испрашување до 7 дена Дозволува на полицијата да запре и пребара секој поединец или возило во одредени области без лицето да биде осомничено Анти-терористички, кривичен и безбедносен акт 2001: Донесен по нападите од 11 септември 2001 година Содржи мерки кои биле одбиени од актот од 2000 година Дозволува на министерот за одбрана, вооружените сили да оперираат надвор од воените бази дури и за случаи во кои не постои тероризам 321 Делот 4 овозможува странците да бидат притворени како осомничени за тероризам на неодредено време Законот за кривична правда 2003: Го зголемил двојно периодот на притварање на осомничен за тероризам за испрашување на 14 дена 322 Претходната мерка била оправдана со тоа дека форензичката анализа хемиските материјали на оружјата не можат да се комплетираат за 7 дена 323 Акт за превенција од тероризам 2005: 321 "Section 98, Anti-terrorism, Crime and Security Act 2001" 322 "Section 306, Criminal Justice Act 2003" 323 TheyWorkForYou (20 May 2003). "Debate on Criminal Justice Bill" 145

159 Воспоставена контрола со наредба која претставува форма на домашен притвор Терористички Акт 2006: Издаден по бомбашките напади во Лондон на 7 јули 2005 Го дефинира кривичното дело славење на тероризмот Го ревидира периодот на притварање на осомничен за тероризам без покренато обвинение до 28 дена Зголемувањето на периодот на притварање бил оправдан со тврдењето дека неопходните докази со кои може да се одлучи за покренување на обвиненија може да се шифрирани на еден од илјадници хард дискови и дека ќе биде потребен толкав период за да се дешифрифаат и пребараат 324 Закон за тероризам (мерки на обединетите нации) 2006: Дава ефект на Резолуцијата 1373 на Советот за безбедност на Обединетите Нации (2001) 325 Овозможува на министерството за финансии да замрзнуваат средства на осомничени за тероризам Против-терористички Акт 2008: Дозволува на полицијата да врши испрашување на осомничените и откако против нив ќе се покрене обвинение Бара осудените терористи да ја известуваат полицијата за нивната местоположба (слично како и барањата за сексуалние престапници) Ја проширува екстра-територијалната надлежност на судовите на терористички прекршоци во странство Коронарен и Акт на правдата 2009: 324 TheyWorkForYou (9 November 2005). "Debate on Terrorism Bill" 325 Резолуцијата 1373 на Советот за безбедност на Обединетите Нации претставува против терористичка мерка донесена на 28 септември 2001 по терористичките напади од 11 септември. Резолуцијата има за цел попречување на терористичките групи на различни начини. Земјите членки на ОН биле охрабрени да споделуваат разузнавачки информации за терористички групи со цел да помогнат во борбата против меѓународниот тероризам. 146

160 Ги проширува казнените одредби во Законот за кривична правда 2003 на делата на тероризам 326 Од 2003 па до 2011 година биле издадени три верзии од британската долгорочна стратегија за борба против меѓународниот тероризам и екстремизмот кој стои позади тероризмот. Целта на оваа стратегија била да се намали ризикот од меѓународниот тероризам. Британската против-терористичка стратегија е позната како CONTEST и е поделена на четири главни области: Продолжување-да се сопрат терористичките напади Превенција-да се сопрат луѓето да станат терористи или да го подржуваат насилниот екстремизам Заштита-да се зајакне заштитата против терористичките напади Подготвеност-каде нападот неможе да се сопре, да се ублажи неговото влијание Во оваа стратегија се обрнува внимание на состојбата во која се наоѓа терористичката група ал-каеда како и терористичките групи поврзани со неа, а кои се закана за безбедноста на Британија и нејзините граѓани. Во освртот се вели дека ал- Каида во овој период е послаба отколку од периодот пред 11 септември 2001, и дека не игра важна улога во случувањата во Северна Африка и Блискиот Исток поради тоа што нејзината идеологија биле дискредитирана и не ги исполнила нејзините цели. Но и покрај овие констатации, ал-каеда продолжува да биде закана за Британија. Исто така, други групи, независни од ал-каеда но кои имаат широки симпатии кон нејзините цели, продолжуваат да се појавуваат и спроведуваат напади ширум светот. 327 Овие групи но и терористи поединци се обидуваат да оперираат во Британија. Некои планирале напади кои веќе биле откриени. Други пак, регрутирале луѓе за напади во странство, шират пропаганда и собираат фондови. 328 Во стратегијата се истакнува дека најголеми закани за безбедноста на Британија доаѓа од терористички групи базирани во Пакистан. Британските граѓани (помеѓу стотиците други европејци) се обучуваат или оперираат во Пакистан а некои имаат намера да отпатуваат во Авганистан. Луѓето од Британија патуваат во овие земји за да 326 Coroners and Justice Act 2009, sections CONTEST: The United Kingdom s Strategy for Countering Terrorism, HM Government, July Ibid,

161 се приклучат на терористички активности, а некои од нив се враќаат да планираат и водат терористички операции во Британија. 329 Според стратегијата, четири фактори ќе продолжат да овозможуваат на терористичките групи да растат и да преживуваат: конфликт и нестабилност, аспекти на модерната технологија, продорни идеологии и радикализација ШПАНИЈА Шпанската против терористичка легислатива има долга историја. Оваа земја се справуваше со сепаратистичкиот тероризам на Баскија (Euskadi Ta Askatasuna-ЕТА) повеќе од 30 години. Додатно на ова, иако со помал степен, галициските и каталонските сепаратисти поставувале и свои закани. Исламските терористи пристигнале во Шпанија со катастрофална мода на 11 март 2004 година (11 М, како што е познат во Шпанија). Нападот на 11 М е значаен во против терористичката политика на Шпанија. По нападите Шпанија дојде до сознание дека мора да ги обнови своите против терористички мерки, претходно ориентирани кон заканите од сепаратистите од Баскија. По 11 М, Шпанија имаше потреба да се соочи со заканите од меѓународниот џихад тероризам. 331 Шпанските власти се сметаат себе за лидери во напорите да се комбинираат ефективни против терористички мерки со целосно почитување на меѓународно признатите човекови права. 332 Шпанија одговори на трагедијата од 11 септември со растурањето на многу ал-каеда ќелии во земјата, преку апсења на поединци кои биле под полициски надзор со години. 333 По смртоносните бомбашки напади во Мадрид во 2004 година, кој бил составен од серија од 10 координирани експлозии чија цел биле патниците во центарот на градот, поголемите политички партии за нападите ја 329 Ibid, Ibid, Transnational Terrorism, Security & the Rule of Law, The Ethical Justness of European Counterterrorism Measures, 19 December, Human Rights Watch, Setting an Example? Counter-Terrorism Measures in Spain, 1 January 2005, January 2005 Vol. 17, No. 1(D), Accessed 5 August 2012, достапно на Ibid. 148

162 посочиле ЕТА. 334 Подоцна произлегло дека всушност ал-каеда ги извршила нападите, со што против терористичките мерки во Шпанија добиле меѓународни димензии. Од една страна, Шпанија била критикувана за нејзините контроверзни против терористички стратегии, кои се обвинети за кршење на основните гаранции предвидени со меѓународниот закон за човекови права 335, за обезбедување неадекватни мерки против малтретирањето во притвор 336 и прекршување на правото на фер судење. Спротивно на тоа, спорните мерки за борба против домашните терористички закани се докажале како значително ефикасни. 337 Шпанија нема специјален анти-терористички закон. Кривичниот законик (Código Penal, CP) го дефинира кривичното дело тероризам. Законот за кривична постапка (Ley de Enjuiciamiento Criminal, LEC) ги воспоставува овластувањата на агенциите за спроведување на законот и судските власти во истражување на злосторствата на тероризмот, додека во исто време ги пропишува правата на осомничените за тероризмот. Овие посебни мерки произлегуваат од член 55(2) од Уставот кој дозволува суспензија на правата во однос на должината на притворот, приватност во домот и тајност на комуникациите што се однесуваат на одредени лица поврзани со истрага на активностите на вооружените или терористичките групи. Членот 571 од Кривичниот законик ги дефинира терористите како оние кои припаѓаат и дејствуваат во служба на или соработуваат со вооружените групи, организации или групи чија цел е да го срушат уставниот поредок или сериозно го нарушат јавниот мир извршуваат напади опишани во член 346 (напади на згради или транспортни средства или комуникациска инфраструктура со употреба на експлозивни направи) и член 351 (подметнување пожар предизвикува ризик од повреди или смрт). Членот не го криминализира самиот чин на припадност на одредена група, туку извршувањето на кривичните дела од страна на членовите на овие групи со претходно споменатите цели. 338 Членовите го воспоставуваат минимумот и максимумот 334 Britannica, Accessed July 31, 2012, Human Rights Watch, Setting an Example? Counter-Terrorism Measures in Spain, 1 January 2005, January 2005 Vol. 17, No. 1(D), Accessed 5 August Ibid. 337 Perkoski, Evan J. Rethinking Repression: Exploring the Effectiveness of Counterterrorism in Spain. Bachelor Thesis, Wesleyan University, Cándido Conde-Pumpido, attorney general, The Spanish Counter Terrorism Model ( Modelo español de la lucha antiterrorista ), Speech given at the Universidad Complutense de Madrid, July 13,

163 на затворските казни за различни кривични дела кога се извршени од страна на членови на вооружените групи или оние кои делуваат во нивно име. Членот 580 дозволува шпанските судови да ги земат во предвид странските пресуди за активности поврзани со вооружените групи како еквивалент на пресудите донесени во шпанскиот закон за да се овозможи да се земе предвид рецидивизмот како отежнувачка околност. Карактеристика на шпанските против терористички одредби се продолжениот период на полициски притвор, дозволен пред затвореникот да биде изнесен пред судија и употребата на изолиран притвор. Со оглед на тоа што со Законот за кривична постапка (LEC) е утврдено дека сите уапсени лица мора да бидат изнесени пред компетентен судија до 72 часа од апсењето, оние притворени кои се осомничени за членство или соработка со вооружена група (вклучувајќи терористичка организација) можат да бидат задржани за дополнителни 48 часа. Ова значи дека осомничените за тероризам можат да бидат во полициски притвор пет дена пред да бидат изнесени пред судија. 339 Законот за кривична постапка исто така предвидува дека надлежниот судија може да нареди секој притвореник да се држи изолирано додека е во полициски притвор (три или пет дена), додека тие кои се обвинети за членство или соработка со вооружена група (вклучувајќи терористичка организација) или сторил кривично дело со две или повеќе лица може исто така да се држат изолирани за дополнителни пет дена ако се вратени во притвор. Покрај тоа статусот на изолиран може да биде повторно изречен дури и по максимум истечени десет дена, и да се продолжи за три дена. На изолираните притвореници им се гарантираат многу од правата како и на другите притвореници со неколку важни ограничувања. Лицата во изолациски притвор имаат право да: Бидат информирани веднаш на начин на кој ќе разберат на која основа се уапсени и кои се нивните права Молчат додека да бидат изведени пред судија Не се инкриминираат себе или да признаат вина Да користат, бесплатно, преведувач, ако е неопходно Да биде известен нивниот конзулат ако се работи за странски државјани 339 Human Rights Watch, достапно на 150

164 Лекарски преглед од страна на државниот форензички медицински офицер, и да побара втор преглед од друг државен форензички медицински офицер. За разлика од другите притворени лица, оние во изолиран притвор немаат право да: Да ги известат роднините или трето лице по нивен избор, за апсењето и местото на притвор Примаат и праќаат преписка или други комуникации Примаат посети од верски лица, приватни доктори, роднини, пријатели или било која друга личност Назначат свој сопствен адвокат-мора да бидат помогнати од правен застапник Се консултираат со нивниот правен застапник во било кое време Шпанскиот закон го гарантира правото на правна помош за сите лица обвинети за кривични дела. Оние кои финансиски неможат да си дозволат правен застапник односно бранител, им се гарантира бесплатна помош од правен застапник. Осомничените за тероризам, кои се држат во изолациски притвор немаат право да најмат адвокат по нивен избор. Наместо тоа, одделот за правна помош на локалната адвокатска асоцијација доделува адвокат по барање на органот што го извршил апсењето ФРАНЦИЈА Во последната декада, француската противтерористичка стратегија била признаена како една од најефикасните во Европа. Оваа карактеризација била развиена од долгото француско искуство со тероризмот и неговото повторување што еволуирало во 1980 те и 1990 те. Како и другите европски земји, Франција се соочила со смртоносната закана од исламскиот тероризам на нејзина територија уште од 1980-те години. Бројни напади во Париз од страна на Хезболах, терористичка мрежа поврзана со Иран на Фуад Али Салех во 1985 и 1986 година, предизвикале длабоки промени во организацијата и законодавната база на француските против-терористички мерки. Овие мерки биле зајакнати по нападите на Алжирската Вооружена Исламска Група (ГИА) во 1995 и 1996 година. 340 Human Rights Watch interview with Marisol Cuevas, head of the Legal Aid Department, Madrid Bar Association, Madrid, July 13,

165 Клучните елементи во француската против-терористичка стратегија се привилегираните врски помеѓу разузнавачките служби и надлежните судии, како и квалификацијата на актите на тероризам како автономни дела казниви со зголемени казни. Посебното кривично дело назначено како здружување или заговор за тероризам, го прави превентивниот судски пристап возможен. Во меѓувреме, софистицираниот систем по име Vigipirate 341 (план за тревога) на национално ниво, биле развиени претходно испланирани безбедносни мерки. По нападите во Лондон во јули 2005, Vigipirate бил поставен на црвено ниво со кој брзо биле повикани голем број дополнителни безбедносни мерки на јавни места и јавен транспорт во Франција и долж нејзините граници. Франција била цел на меѓународен тероризам поради ситуацијата на Блискиот Исток во 1980-те години, потоа во врска со Исламската Вооружена Група (Groupe Islamique Armée, GIA) во Алжир во 1990-те години, и од 2001 година во врска со меѓународните џихадистички движења инспирирани или поврзани со ал-каеда (убиства и киднапирања на француски граѓани во Саудиска Арабија, Мавританија, Мали, Алжир и Авганистан во 2007, 2008 и 2009). Соодветно на тоа, францускиот законодавец реагирал на секој терористички бран со донесување на нови закони. Така, четирите големи против-терористички закани се оние од 1986 (Закон број од 9 септември), од 1996 (Закон број од 22 јули), од 2001 (Закон број од 15 ноември) и од 2006 (Закон број од 23 јануари). Следејќи ги терористичките напади во 1986 бил донесен првиот противтерористички закон (Закон број од 9 септември), кој не креирал нови кривични дела, но одредени кривични дела извршени во контекст на тероризам ги става под посебен режим, на кои започнале да се применуваат специјални процедурални правила. Од тогаш, одредени кривични дела како што се актот на еколошки тероризам (член од Кривичниот законик), здружување со терористи (член од Кривичниот законик) и финансирање на тероризам (член од Кривичниот законик) станале различни кривични дела. Борбата против тероризмот била централизирана во Париз. Така, судството, обвинителството и од 2006 година, извршувањето на казните за 341 Vigipirate претставува француски национален безбеднос ен систем за тревога. Создаден е во 1978 година од страна на претседателот Валери Жискар Дестен, и до сега бил обновен три пати: во 1995 следејќи ја терористичката кампања со бомбашки напади), во 2000 и

166 кривични дела поврзани со тероризам се сконцентрирани во Париз. Заедно со централизацијата одела и зголемената специјализација на надлежните судии и обвинители. Специјализацијата обезбедувала зголемено знаење и експертиза за работи поврзани со тероризмот, во исто време водело до опасна концентрација од голема моќ кај мал број на луѓе. Друга карактеристика на овој закон била дека тероризмот не бил дефиниран, туку наместо тоа била креирана листа од одредени кривични дела, кои во комбинација со дополнителни субјективни елементи, биле подложени на различни процедурални и правила за изрекување казни. Овие специјални правила вклучуваат продолжен полициски притвор до 4 дена и претрес на домот без со гласност од сопственикот. Слично како политиката на Обединетото кралство, францускиот законодавец ги отстранил судиите поротници од судовите кои се занимаваат со терористички кривични дела, и ја префрлиле компетентноста за судење на кривични дела од областа на тероризмот на специјален суд. Следната важна против-терористичка мерка била донесена во 1990 година со законот број од 6 јули 1990, кога бил креиран гарантиран фонд за жртви на тероризам. Во 1993 година биле донесени два закона кои го одложиле правото на притвореното лице осомничено за тероризам да се види со својот адвокат за време на притворот (Закон број 93-2 од 4 јануари година кој подоцна бил модифициран со законот од 24 август ). Со модифицираниот закон од 24 август 1993 се одредува дека, додека под нормални околности лице во полициски притвор може да го види својот адвокат по 20 часа од притварањето, ова право не може да се остварува во целост ако притворот бил предмет на правилата за продолжување кои се применуваат во случај на тероризам и кривични дела поврзани со дрога. Трета точка на пресврт, како и во повеќето земји, била 2001 година: по 11 септември, неколку нови закони биле усвоени, со цел за зголемување на внатрешната безбедност. Законот од 15 ноември 2001 година бил усвоен како брз одговор на овие напади. Законот се фокусирал на превенцијата од тероризам со отстранување на финансиските средства наменети за финансирање на тероризмот. Така, поврзаните кривични дела како што се трговија со оружје или криумчарење на дрога биле посебно истакнати, можностите за конфискација на парични средства биле проширени и 342 Loi n 93-2 du 4 janvier 1993 portant réforme de la procédure pénale (Art. 231 J. O. of 5 January 1993, in force since 1 March 1993) 343 Loi no du 24 août 1993 modifiant la loi no 93-2 du 4 janvier 1993 portant réforme de la procédure pénale, JORF of 25 August 1993,

167 овластувањата на институциите одговорни за следење на финансиските трансакции биле исто така зајакнати. Зголемувањето на полициските овластувања воведени со законот од 2001 година, вклучува полициски овластувања за пребарување на возила во врска со истрага за тероризам (чл од Законот за кривична постапка), како и новата можност да се извршуваат ноќни пребарувања за време на претходната полициска истрага. Безбедноста на аеродромите била проширена (чл. 25, 26 од Законот). Бројот на кривичните дела за кои генетските информации на сторителот на кривично дело треба да бидат регистрирани во националната автоматизирана база на податоци за ДНК профили, претходно ограничени на сексуални кривични дела, биле проширени на различни кривични дела, вклучувајќи ги кражбите, изнудување, уништување и акти на тероризам. 344 Други специфични карактеристики од француското против-терористичко законодавство по 11 септември вклучува воведување на приватни безбедносни офицери, на кои им било доделено далекусежното пребарување и ограничени овластувања во одредени области: нови овластувања да пребаруваат возила и да ги фотографираат патниците. Понатаму, законот број , од 23 јануари, кој се однесува на борбата против тероризмот содржи различни одредби кои ја тангираат безбедноста и граничната контрола. Бил создаден како резултат на лондонските бомбашки напади од 2005 година а неговото издавање било засенето од немирите во предградијата на Париз. Целта на овој закон била да се следи стратегијата на Велика Британија и на тој начин да се хомогенизира против-терористичката стратегија меѓу Британија и Франција. Законот ги зајакнал овластувањата на властите да го контролираат движењето на лицата, да ги следат електронските и комуникациските врски. Исто така било проширено видео набљудувањето, времетраењето на полицискиот притвор бил продолжен до шест дена (наместо претходните четири дена). Моментот кога уапсеното лице има право да се види со неговиот адвокат било одложено на 96, или во одредени случаи на 120 часа. 345 Казните биле зголемени за кривичните дела учство во 344 Art. 56 of the Law, introducing a new Art to the Code of Criminal Procedure 345 Art

168 терористичка организација (член од Кривичниот законик). Извршувањето на казните било централизирано во Париз. 346 Создавањето на новите бази на податоци (наречени Edvige - Exploitation documentaire et valorisation de l information générale и Cristina - Centralisation du renseignement intérieur pour la sécurité du territoire et les intérêts nationaux) поттикнало јавна дискусија за прашањата за приватност. Edvige служела за собирање податоци за криминалци и осомничени за кривични дела. Cristina служела за собирање податоци за борба против тероризмот. Двете бази на податоци биле воведени со владин декрет, и нивна главна цел била превенцијата од тероризам. На 21 декември 2012 година, парламентот го донел законот број за безбедност и борба против тероризмот. 347 Со овој закон биле зајакнати казните за оние кои повикувале на тероризам преку интернет и дозволува на францускиот правен систем да гони поради акти на тероризам извршени во странство од страна на лица со француска националност или лица со престој во Франција вклучени во терористички тренинг кампови во странство дури и ако тие не извршиле некое кривично дело на француска територија, и ја продолжило казната на замрзнување на фондови и други финансиски средства за оние кои охрабруваат или повикуваат на тероризам. 348 Француските власти сватиле многу рано дека исламскиот тероризам претставува нова, комплексна закана и развиле систем кој содржи одлучувачки предности. Ова спречувало акти на исламски тероризам на територијата на Франција од декември 1996 до октомври 2004 година, кога различни завери биле откриени и спречени. Ова ги вклучувало плановите за бомбашки напад на париското метро во декември 2002 и заверата за напад на туристички објекти на францускиот остров Рејунион во Индискиот океан во јуни Франција останала на листата на цели за ал-каеда и групите поврзани со неа, додека последните трендови ја предизвикуваат долгорочната ефективност на францускиот пристап. Експлозијата близу амбасадата на Индонезија во Париз на 8 октомври 2004 година бил првиот акт на тероризам во Франција за осум години. Одговорноста ја презела дотогаш непознатата група Front Islamique Français Armé (FIFA) која и се 346 Art of the Fr ench Code of Criminal Procedure (Art. 14 of the Law) 347 Loi n du 21 décembre 2012 relative à la sécurité et à la lutte contre le terrorisme 348 France, Counter-terrorism, Legislationline, објавено во јуни 2013, на 155

169 заканила на Франција и барала, меѓу другото, ослободување на двајца терористи осудени заради нивното учество во нападите од 1995 година. Експлозивната направа што ја користеле се состоела од резервоар за гас во ранец, што наликувала на направата употребена во нападите од 1995 што покажало уште еднаш дека тероризмот може да се употреби против општеството многу евтино. Француските служби за спроведување на законот се строго хиерархиски по природа, што резултира со неколку агенции и одделенија во истата агенција инволвирана во против-тероризмот. Во националната полиција тие се ДСТ, Општата разузнавачка служба (RG) и Националната анти-терористичка Дивизија (DNAT). Исто така Надворешната Разузнавачка Служба (DGSE) на Министерството за Одбрана има удел во против-тероризмот како и Жандармеријата и Правосудната Полиција во Париз. 4. ГЕРМАНИЈА Кога ја анализираме компатибилноста на против терористичките мерки со човековите права важно е да се спомене дека Германија нема само обврски превземени од инструментите за човекови права кои се во сооднос со против терористичката регулатива, туку и различни меѓународни обврски за борба против тероризмот. Почнувајќи од 1975 година донесени се повеќе закони за заштита од тероризмот. Така во 1976 година донесен е законот Anti Teroristen-Gesetzom, па во 1986 година Gesetz run Bekempfung des Terorismus 349, кои се закони што ги дополнуваат одредбите на метеријалното кривично право, кривичното процесно право и извршното кривично право. Недостатокот од меѓународен договор околу дефиницијата за тероризмот се отсликува и на национално ниво. Ниту законот од 1970 година не дал чиста дефиниција на поимот. 350 Најрелевантна одредба претставува членот 129а од германскиот кривичен законик, донесен во 1976 година. Тој ги инкриминира формирањето на терористичка организација како и подржување и регрутација за истата. Во материјалното кривично право на Германија се разликуваат три типа на однесување од терористички карактер. 349 Vogel, H., J., Strafvefahrensrecht und Terorismus-eine Bilanz, Neue Juristishe Wochenschrift, heft Supra note 5, at

170 Првиот тип се врзува за класичните злочини на убиства како и некои други злочини против личноста (грабнување, земање заложници), кои ги применуваат терористите. Во процесите против одреден број на терористи или лидери на терористички организации, пред германските судови овие кривични дела име се припишуваат во најголем број на случаи. 351 Во своето законодавство Германија со антитерористичкиот закон од 1986 година го педвидела и вербалиниот деликт на насилство, пишан или усно изречен пред јавните манифестации, или создавање клима за насилство карактеристично за областа на деликтите на недозволените јавни манифестации, односно поттикнување на насилство по писмен пат или преку јавен настап. Посебен дел од кривичните дела се однесува на создавањето на терористичка организација. Предвидено е посебно кривично дело создавање терористичко здружение кое претставува потежок облик на кривичното дело создавање криминално здружение. Ова дело опфаќа организирање злосторничко здружение на терористи заради вршење кривични дела. 352 здружение во смисла на ова дело се подразбира постоење на повеќе од две лица вклучени во нивниот состав, согласни да извршуваат одредени кривични дела. Терористичкиот карактер на ова здружение е дефиниран со целта и активностите на формираната организација. Во оваа смисла во диспозицијата на овој член законодавецот навел цела листа злочини и тешки престапи против личната и општата сигурност. Според нив, терористичкото здружение има за цел вршење на следниве кривични дела: Против животот на луѓето и телесниот интегритет Против личните слободи Еден број на општоопасни дејства: тешки дела на предизвикување пожар, експлозија, експлозија со атомска енергија, јонизирачко зрачење, предизвикување поплави, напад на воздушниот сообраќај и општоопасно труење Кривични дела против уништувањето на средставата за работа. 353 После донесувањето на законот за итни случаи во 1967 година Германија има долга историја на борба против терористички закани, од внатре и од надвор на земјата. 351 Jung, H., Anti-Terrorgesetz, Juristishe Sculung, 1987, стр Tuttner, M., Kriminalistik, No. 7, 1991, стр Dahs, H., Das Anti-Terroristen-Gester- Neue Juristisebe Nochenchsifti, 1985, Heft, 47 Под 157

171 Откако левичарскиот тероризам ослабнал во доцните 1980 и средината на 1990 година, започнал нов бран кој имал влијание по безбедноста на државата. Така, Безбедносните пакети I и II од 2001 по 9/11 не биле изолирана реакција на нападите во САД, кои повеќе биле повод отколку вистинска причина. Како контраст на мерките кои веќе биле на сила, фокусот на Безбедносните мерки биле повеќето превентивни отколку репресивни. Овие безбедносни пакети измениле 19 различни закони и шест законски одредби. Една од првите мерки во септември 2001 година донесена со Безбедносниот Пакет I била укинувањето на така наречените верски привилегии, под кои спаѓаа верските или идеолошките здруженија и организации а кои не биле предмет на Vereinsgesetz (Закон за регулирање на приватни здруженија) и затоа не можеле да бидат забранети соодветно. Сега верските здруженија можат да бидат забранети-во согласност со членот 9(2) Grundgesetz (основниот закон)-под членот 3(1) од законот кога нивните активности се насочени против Кривичниот законик, уставниот поредок или против идејата за меѓународно разбирање. Во практика, по укинувањето на верските привилегии, министерството за внатрешни работи забранило неколку муслимански здруженија и организации: Турската исламска група Kalifstaat (Држава Калифат) заедно со 19 поврзани здруженија. Целите на Kalifstaat биле да ја соборат турската секуларна власт и да ја заменат со систем заснован на Шериет. Забраната била потврдена од страна на Федералниот Административен Суд врз основа на тоа дека групата е во спротивност со принципите на демократијата, владеењето на законот и човечкото достоинство. 354 Лидерот на Kalifstaat, Метин Каплан, бил осуден на четири години затвор поради поттикнување на убиство. Здружението Al-Aqsa било забрането поради финансиска подршка на Хамас и Hizb ut-thahir al-islami (Исламската Партија за Ослободување) била забранета заради пропагирање насилство и анти-семитизам. 355 Врз основа на фактите, овие забрани биле оправдани и никако не биле непропорционални. Според Безбедносниот Пакет II, лицата можат да бидат протерани кога тие се закануваат на демократскиот поредок или националната безбедност, извршуваат политички цели со насилни средства или јавно поттикнуваат насилство, или се членови на организација која го подржува меѓународниот тероризам или подржува такви 354 Supra note 5, at Annual Report of the Office for the Protec tion of the Constitution 2002, at 148, 165, 168f. 158

172 организации, прават лажни или некомплетни извештаи кои се однесуваат на нивните контакти со лица или организации кои се осомничени за подршка на меѓународниот тероризам. 356 По нападите од 11 септември, Германија брзо ги ратификуваше резолуциите на Советот за безбедност на ОН, регулациите на ЕУ и два домашни анти-терористички пакети. Германската влада исто така изготви национални акти и амандмани чија цел е да се спречат натамошни терористички напади, олеснување на истрагата и гонење на терористите. За време на претседателствувањето на Германија со ЕУ, противтерористичките мерки беа распространети, вклучувајќи ја иницијативата провери го интернетот која што ги следеше виртуалните терористички мрежи во ЕУ. Исто така, Prüm конвенцијата 357 била свикана за време на германското претседателство. Конвенцијата вклучува седум ЕУ држави чија цел е подобрување на нивната прекугранична соработка за прашања на криминалот и тероризмот. Што се однесува до земјите од опкружувањето, тероризмот како кривично дело го опфаќаат во постојните кривични законици а не со посебни закони за тероризам. Република Албанија - Терористичкиот акт е дефиниран во глава VII член 230 од КЗ на Република Албанија 358, кој гласи извршување насилни акти против животот на човекот, здравјето на луѓето, личната слобода преку киднапирања на луѓето или грабнување на јавни транспортни средства, со намера сериозно да се наштети на јавниот ред и мир и создавање на страв и несигурност во јавноста ќе биде казнето со не помалку од 15 години или доживотен затвор. Понатаму, во овој КЗ од 2004 година, се инкриминира и финансирањето на тероризмот (чл. 230/а), прикривање на средства и други добра кои се наменети за финансирање на тероризам (чл. 230/b), терористичка организација (чл. 234/а) односно, воспоставување, организирање, водство и финансирање на терористичка организација се казнува со казна од најмалку 15 години, а самото учество во терористичка организација се казнува со затвор од 7 до 15 години. 356 Aliens Act art.47(2); Counter-terrorism Law art.11(8). 357 Prüm Convention, COUNCIL OF THE EUROPEAN UNION, Brussels, 7 July, Criminal Code of the Republic of Albania, Law No. 7895, dated 27 January 1995, Consolidated version 1 December

173 Република Босна и Херцеговина - Кривичното дело тероризам е опфатено во глава XVIII од КЗ на БиХ, односно во чл. 201, кој гласи, оној кој извршува терористички акт со цел за сериозно да ја заплаши популацијата или да ги принуди властите во Федерацијата да извршат или да не извршуваат некое дејствие, или со цел сериозно да ги дестабилизира или уништи основните политички, уставни, економски или општествени структури во Федерацијата, ќе биде казнет со затвор од најмалку три години. Во оваа иста глава се одредени и кривичните дела поврзани со тероризмот како земање заложници (чл. 200) и финансирање на тероризмот (чл. 202) 359. Република Косово - Тероризмот е поместен во глава XIV член 135, кој гласи извршување на еден или повеќе кривични дела и тоа земање заложници, киднапирање или противправно лишување од слобода, загадување на водата за пиење или производството на храна и загадување на околината, предизвикување општа опасност, пожар или експлозија, уништување, оштетување или отстранување на јавните инсталации или загрозување на јавниот сообраќај, неовластено снабдување, транспорт, производство, размена или продажба на оружје, експлозив или нуклеарно, биолошко или хемиско оружје, неовластено поседување оружје, експлозив, нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, загрозување на меѓународно заштитени лица, загрозување на персоналот на ОН, грабнување на воздухоплов, загрозување на цивилното воздушна пловидба, грабнување бродови, неовластена употреба, трансфер или отстранување на нуклеарен материјал, со намера за сериозно да се заплаши популацијата или да се натераат властите да извршат или да не извршат некое дејствие, а со цел сериозно да се дестабилизира или уништи политичкиот систем, економски и општествени структури. Со овој Кривичен законик се инкриминира и регрутацијата за тероризам (чл. 139), вршење обука за тероризам (чл. 140), поттикнување за извршување на терористички напади (чл. 141), прикривање или непријавување на терористи или терористички групи (чл. 142), организација и учество во терористичка група (чл. 143), подготовка на терористички напад (чл. 144) Criminal Code of the Federation of Bosnia and Herzegovina, Official Ga zette of the Federation of Bosnia and Herzegovina, 36/03, Criminal Code of the Republic of Kosovo, Code No. 04/L-082, 1 January,

174 1. РЕСТРИКЦИИ ВО ПРАКТИКУВАЊЕ НА ИСЛАМОТ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Земјите од Европската Унија се соочиле со прашањето за муслиманските превези во различни форми како што се бурка - служи за покривање на целото тело или никаб кој што го покрива само лицето, освен очите. Прашањето за превезите било дел од широка дебата за мултикултурализмот во Европа, откако властите се сложиле дека е потребно поголеми напори за асимилација на етничките и верските малцинства. Првенствено, забраната за носење муслимански превези е поради зголемените закани од тероризам во последните години, но и заради еднаквоста на жената. Муслиманските превези и шамии кои што се носат во муслиманските земји се следните: Хиџаб - претставува шамија која што покрива се освен лицето и рацете. Зборот на арапски има значење на превез. Во западните земји се носи шамија во форма на квадрат што ги покрива главата и вратот но не и лицето. Никаб - е превез за лицето што го остава просторот околу очите непокриен. Може да се носи со посебен превез за очи. Се носи со додатна марама. Бурка - претставува муслимански превез кој највеќе покрива. Овој превез ги покрива целото лице и тело, оставајќи само решеткаст простор за да може преку него да се гледа. Ал-Амира - е превез кој се состои од две парчиња. Се состои од капа и придружна цилиндрична шамија. Шајла - е долга правоаголна шамија, популарна во земјите во Заливот. Таа е обвиткана околу главата и закачена во пределот на рамената. Кимар - е долг превез во форма на наметка која виси во пределот на половината. Ги покрива косата, вратот и рамената целосно, а лицето го остава непокриено. Чадор - е наметка за целото тело, која ја носат многу жени од Иран кога се надвор од куќите. Често се комбинира со помала шамија под наметката. 161

175 Франција - е првата европска земја која ги забранила превезите за целосно покривање на лицето на јавни места. Во Франција постојат околу 5 милиони муслимани и претставува најголемото муслиманско малцинство во Западна Европа. Забраната стапила на сила на 11 април 2011 година, така што секоја жена французинка или од странство која што ќе го напушти домот со покриено лице со превез се соочува со парична казна. Казната за тоа е 150. До септември 2012 година, 425 жени биле парично казнети а 66 биле предупредени за прекршување на забраната за носење превези. Европскиот Суд за Човекови Права ја потврдил забраната на 2 јули 2014 година по случајот со 24 годишна французинка која тврдела пред судот дека забраната ја повредува нејзината слобода на вероисповест и изразување. Белгија - законот за забрана на превезот што го покрива целото лице стапил на сила во јули 2011 година. Законот забранува секаква облека што го сокрива идентитетот на лицето што го носи на јавни места како паркови и улици. Во декември 2012 година, белгискиот уставен суд ги одбил жалбите за забраната да биде укината, одлучувајќи дека тој не ги крши човековите права. Пред стапување на сила на законот, бурката била забранета во некоку области. Шпанија - и покрај тоа што сеуште нема планови за национална забрана на муслиманските превези во Шпанија, градот Барселона вовел забрана за превезите за лице на јавни места како општинските канцеларии, јавни пазари и библиотеки. Во регионот Каталонија, кој што ја вклучува и Барселона уште два града ја имплементирале забраната. Забраната за превези во градот Леида била поништена од страна на шпанскиот врховен суд во фебруари 2013 година, одлучувајќи дека претставува повреда на верските слободи. Велика Британија - не постои забрана за исламска облека во Британија, но училиштата можат да одлучат за нивен сопствен начин на облекување. Италија - неколку градови имаат локални забрани за превезите за лице. Градот Новара е еден од местата каде што има правила за да се спречи јавна употреба на исламскиот превез. Германија - не постои национален закон кој што забранува носење превези. Во септември 2003 година федералниот уставен суд пресудил во полза на учителка која сакала да носи исламска шамија во училиште. Но и покрај ова државите можат сами да одлучат дали ќе ја забранат оваа појава. Половина од германските 16 држави им 162

176 забраниле на вработените во училиштата да носат шамии што ја покриваат главата, а во државата Хесе забраната се однесува на сите државни службеници The Islamic veil across Europe, објавено на 01 јули

177 V БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ 1. КОНТРАТЕРОРИЗАМ Овде ќе бидат објаснети потенцијалните решенија за борба против тероризмот во светот. Контратероризам според дефиницијата дадена од страна на одделот за контратероризам на Федералното истражно биро на САД, претставува: здружени технички и оперативни активности составени од отворено, офанзивно и директно дејствување против сите видови на терористички дејства, организации и последици кои настапуваат од нивното дејствување. 362 Програмите за противтероризам се состојат од спектар на активности почнувајќи од откривање и превенција на насилни терористички активности од страна на полицијата, безбедносните агенции и воените сили, до повеќе вклучени напори да се елиминира подршката на терористичките групи во општеството. Интересно е да се напомене дека како властите се обидуваат да се справат со терористичките закани, ќе влијае на иднината на терористичките организации и општеството. Некои акции може да ги поразат терористите, но неуспех може да ги зајакне терористичките групи. Не постои солуција за справување со сите видови на терористички групи. Она што е успешно на едно место и во едно време, може да биде неуспех на друго место и време. Тероризмот е премногу комплексен за една солуција да може да биде ефективна во справување со сите можни закани. Помеѓу повеќето можни одговори на заканите од тероризмот се обезбедување на поголема безбедност, подобро откривање и превенција: попречување на финансиските средства, репресија, противнапад или казнување на странските подржувачи на дисидентните групи, превентивна акција, специјални противтерористички единици, воспоставување реформи и дипломатски пристап и меѓународна соработка МЕРКИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ 2.1. ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ Една од солуциите за терористичките закани претставува зголемената безбедност, посебно околу критичните цели или персонал. Со одстранувањето на целите кои на терористичките групи им обезбедуваат публицитет, тогаш поттикот за 362 Дефиницијата е превземена од интернет страницата на FBI USA James, M. L., and Brenda, J. L., Global Terrorism, second ed., Routledge, New York, 200 8, стр

178 напади може да се елиминира. Зголемената безбедност може да биде од помош, но постојат премногу цели за да безбедносните мерки бидат ефективни. Ако потенцијалните цели вклучуваат било кои владини или партиски функционери или било кој член од силите за безбедност, ниедна одбрана не е комплетно ефективна. Ако целата популација или значителен дел од населението претставува цел, секогаш ќе има некој кој ќе биде ранлив. Автомобилите бомби се премногу лесни за правење и употреба, а постојат премногу канцеларии, споменици, згради, училишта, места за богослужба (храмови) и други структури кои треба да се одбранат. Во средини кои се богати со потенцијални цели, терористите можат секогаш да ги избегнат силно бранетите цели и да пронајдат полесни алтернативи. 364 На пример, оперативците на Хезболах извршиле бомбашки напад на израелската амбасада во Буенос Аирес во 1992 и Еврејскиот културен центар во 1994 година во истиот град како одмазда за израелските акции на Блискиот Исток. Буенос Аирес очигледно бил избран за нападите поради тоа што Хезболах имал мрежа за подршка во тој реон и поради тоа што во Аргентина недостасувал строг безбедносен апарат. Аргентина како земја немала посебно значење освен погодноста за таков напад. 365 Нападите врз амбасадите на САД во 1998 година во Најроби и Дар-ес-Салам биле исто така прашање на погодност, вклучувајќи го фактот дека Кенија и Танзанија имаат послаба безбедност отколку другите земји. За терористите возможно е да пронајдат цел, дури и во земјите со поголем степен на безбедност. Израел спаѓа во групата на земји со поголем степен на безбедност и има значително искуство во откривање на терористите, сепак бомбашите самоубијци и други напаѓачи биле во можност скоро рутинирано да навлезат во многу делови од земјата и да извршат напади. Фактот дека апсолутната безбедност е невозможно да се постигне, не значи дека зголемената безбедност не е исплатлива. Физичкото обезбедување може да спаси животи и да ја ограничи штетата од нападите. 366 Подобрувањата во аеродромската безбедност низ годините значело дека многу киднапирања на воздухоплови биле избегнати, иако не и оние од 11 септември во САД. Целосната аеродромска безбедност никогаш не била возможна, и неможе да се постигне во блиска иднина. Метал детекторите во зградите спречиле некои напади но не успеале да откријат оружје во 364 Raymond, G. A., The Evolving Strategies of Political Terrorism, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003, стр Pillar, P. R., Terrorism and U.S. Foreign Policy, Washington DC: Brookings Institution, 2001, стр Ibid. стр

179 други случаи. Бомбите сеуште можат да поминат, како и вооружени терористи иако е многу тешко да се изведе. Персоналот за обезбедување може да ги менува рутините или да превземат соодветни мерки за безбедност за да спречат киднапирања или напади. Секоја мерка која исклучува секаков можен напад од секоја можна терористичка група за секој можен мотив не е дури ни теоретски можна. 367 Зголемената безбедност и превенција може да ја ограничи штетата што ја создаваат нападите, но неможат веднаш да ја елиминираат сета опасност од овие напади. Зголемената безбедност може да има само привремени ефекти во намалување на нападите. Терористичките групи во период на зголемена безбедност најверојатно ќе останат повлечени додека безбедноста не попушти. 368 Ваквата безбедност може да има и негативна страна. Распространетата употреба на метал детектори на аеродромите води до посмртоносни бомбашки напади врз воздухопловите. 369 Кога амбасадите на големите земји, посебно на САД, станале тешки цели за латиноамериканските терористички групи поради зголемената безбедност, терористите се пренасочиле кон амбасадите на помалите земји кои биле поранливи. 370 Превентивните акции од страна на развиените земји по 11 септември водат до пренесување на нападите на терористичките групи кон послабо заштитените реони во земјите во развој. 371 Мерките за зголемена безбедност ги зголемува трошоците на властите и на приватните компании и групи. Ресурсите наменети за други цели треба да се пренасочат за обезбедување на заштита. Ако силите за безбедност, полицијата или армијата треба да се прошират тогаш финансиите и ресурсите треба да се пренасочат од другите сектори на економијата. Ако една од целите на терористичките групи е да предизвикаат економска дислокација и потешкотии со извршување на напади, тие тогаш ќе успеат кога екстра мерките за безбедност ќе влезат во сила. Во екстремни случаи, можно е како резултат на притисоците врз економијата, да доведе до паѓање на владата или дури и промена на политичкиот систем. 367 Hoffman, B., The Confluence of International and Domestic Trends in Terrorism, Terrorism and Political Violence, 1997, стр Gurr, T. R., Terrorism in Democracies: When It Occurs, Why It Fails, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003, стр Silke, A., Retaliating against Terrorism, in A. Silke (ed.) Terrorists, Victims and Society: Psychological Perspectives on Terrorism and Its Consequences, Chichester: Wiley, 2003b, стр Jenkins, B. M., Embassies under Siege: A Review of 48 Embassy Takeovers, , Santa Monica, CA: RAND, 1981, стр Enders, W. and Sandler, T., The Political Economy of Terrorism, Cambridge: Cambridge University Press, 2006, стр

180 2.2. СОБИРАЊЕ НА РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ-ОТКРИВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА Борбата против тероризмот е комплексна, долготрајна, непредвидлива, со брзи пресврти и со променлив успех. Таа секогаш започнува со активности на прибирање информации на разузнавачките служби, кои треба да ги откријат терористичките намери за напади уште во фаза на нивно планирање, односно пред извршување на терористичкиот напад. Превенција преку собирање на разузнавачки информации и инфилтрација во терористичките групи е уште една солуција во борбата против тероризмот. Разузнавачките податоци од областа на тероризмот претставуваат прокукт кој се добива преку собирање, проценка, анализа, обединување и толкување на сите достапни информации кои се однесуваат на тероризмот како сериозна безбедносна закана, за терористичките организации во земјата и надвор од неа, како и зоните на изведување на операции кои се потенцијално значајни за планирањето на борбата против тероризмот. 372 Постојат шест основни категории на разузнавачки податоци кои во исто време се карактеристични (со своите специфики) и за успешно водење на борбата против тероризмот. 373 Политички податоци кои што се однесуваат на карактерот на домашната и меѓународната политика на земјата. Врз основа на нивните сознанија може да се утврдат потенцијалните цели на терористичките напади. Пример: постоењето на екстремни левичарски групи кои ги напаѓаат вредностите на капиталистичкиот поредок или други екстремни идеолошки групации кои своите дејства ги насочуваат на определени општествени вредности со друго симболичко значење. Воени податоци кои се неопходни за создавање на целосна слика за воената моќ, борбените капацитети, борбените тактики, системите на вооружување, експлозивите, можноста за производство на оружје за масовно уништување карактеристични за државите кои го спонзорираат тероризмот или се директно вклучени во изведувањето на определени терористички злосторства. 372 Котовчевски, М., Разузнавањето златен клуч во борбата против тероризмот-разузнавањето браник во одбрана од тероризмот, Кратка содржина, стр ibid. 167

181 Научни и технички податоци првенствено се однесуваат за нивото на научно технолошки достигнувања како во цивилниот, така и во воениот сектор. Овие податоци уште повеќе добиваат на значење ако се поврзани со земјите кои активно или пасивно го помагаат меѓународниот тероризам. Акцентот повторно се става на достигнувањата на нивниот развој во сферата на истражувањата и производството на оружје за масовно уништување и на нивната пролиферација на црниот пазар. Посебно се истражува можноста за опременоста, капацитетите и потенцијалните можности, определени терористички организации да дојдат во посед на овие видови оружја, или во најлоша варијанта, да изградат капацитети и за сопстввено производство и активирање на оружјето за масовно уништување. Социолошки податоци се однесуваат првенствено на социолошката анализа на определени критични субгрупи во општеството на кои им припаѓаат претставниците на терористичките организации, односно на потенцијалните општествени субгрупи (според етничка, верска и др. припадност) кои може да претставува солидна база (база за активна подршка) од кои би можеле да се регрутираат идните терористи и да имаат активна подршка од групата на која им припаѓаат. Социолошките податоци можат да бидат драгоцени за правење на валидни проекции и сценарија, односно за прецизно лоцирање на потенцијалните терористички општества, но и за прогнозирање на идните терористички сојузи можните сојузнички односи помеѓу различни терористички групи (во земјата и пошироко на меѓународен план). Со тоа се овозможува и идентификација на потенцијалните симпатизери на терористите во конкретната заедница врз основа на групните карактеристики и врски. Исто така, врз основа на анализата на определени социо-економски, социо-политички и социо-културни параметри може да се прогнозираат и определени внатрешни судири во рамките на терористичките организации и конфликтите помеѓу нив и социјалната база-милје од кое потекнуваат терористите. 374 Економски податоци кои се однесуваат на сите суштински економски параметри кои го детерминираат економскиот развој, стандардот и сите други елементи потребни за создавање на јасна слика за економската основа и економските состојби и односи во определено општество. Со анализа на 374 ibid, стр

182 определени финансиски текови, посебно на севкупните економски трансакции може да се следат трагите на илегалните недозволени финансиски трансакции во функција на спонзорирање и финансирање на терористичките организации. Каналите, изворите и моделите за нивно финансирање се многубројни и аналогно на тоа многубројни се методите за откривање и следење на патиштата за финансирање на тероризмот и за анализа на структурата и функционирањето на определени меѓународни терористички групи. Податоци за средината кои се однесуваат на сите значајни воено географски, климатски, временски параметри, вегетација, хидрографија, ендемични заболувања, состојба со водите и можноста за нивно користење, можноста за преживување на теренот и др. Спецификацијата на овие елементи ќе бидат посебно неопходни за зоните на потенцијалните кризни жаришта. Познавањето на карактеристиките на теренот на потенцијалниот судир помеѓу силите на државата и терористите, во голема мера ќе ги детерминира шансите за успех на онаа инволвирана страна која ќе биде повешта во користење на предностите на овие фактори од круцијално значење за победа во идниот судир. За успешна борба против тероризмот и за целосно и ефикасно превенирање и менаџирање на кризата предизвикана од појавата на терористички активности, државите ќе мора да располагаат со правовремени разузнавачки податоци. Од нивниот висок квалитет ќе зависи креирањето на политиката за борба против тероризмот, детерминирањето на опсежни сознанија и валидни заклучоци за целите и тактиката на делување на терористичките организации, нивното оружје, експлозивите, муницијата и опремата што ја користат, нивниот систем за безбедност и разузнавање и се друго што е неопходно за создавање на јасна слика за терористите и терористичките организации. Целта на безбедносните структури е правовремено да се превземат сите неопходни безбедносни мерки за спречување на терористичките напади (функција на превентивно делување). Со примена на овие мерки најдобра варијанта е ако се попречат терористите во фазата на планирање и подготвување. Во екот на нападите од 2001 година на Светскиот Трговски Центар и Пентагон, ЦИА и другите агенции за разузнавање на САД биле обвинети за неоткривање што ќе се случи или за непрепознавање на вредноста на информациите кои им биле достапни. Очигледно, разузнавачките агенции не ги сватиле заканите од страна на Ал Каеда 169

183 доволно сериозно. 375 Постоењето на мноштво на цели во секоја земја, ја прави многу помала ефективноста во откривањето на терористичките планови и сите потенцијални цели да неможат да се заштитат. Дури и разузнавачките агенции да знаат дека претстои терористички напад, тие не би знаеле кој метод ќе биде применет. Превенцијата преку собирање на информации е тешка. Без некој кој е уфрлен во групата што планира или без прилика да се испрашува некој кој е инволвиран во планирањето, информацијата најверојатно нема да биде доволно прецизна за да обезбеди детали неопходни за ефективна превенција од нормални разузнавачки извори. Собирањето на разузнавачки информации во САД во значителна мера се потпира на технологијата отколку на човечки ресурси. 376 Додека ваквите мерки биле ефективни за време на студената војна против технолошки софистициран противник, потпирањето на технологијата е помалку ефективно во справувањето со не државни, терористички групи. Руските напори за справување со чеченските бунтовници и терористи биле многу попречени од истите разузнавачки ограничувања. 377 Во САД, ЦИА има недостаток поради тоа што не ги контролира целосно собирањето на разузнавачките информации. Постојат конкурентни агенции-вклучувајќи ги ФБИ, воените служби и Националната Безбедносна Агенција. ЦИА контролира околу 15 проценти од целиот разузнавачки буџет. 378 Ефективното собирање разузнавачки податоци, бара сојузници чии национални полиции можат да ги соберат основните податоци за анализа. Разузнавачките агенции на САД, на пример, неможат да бидат ефективни ако работат сами, дури и со големи ресурси. 379 Како и разузнавачките агенции на САД така и на другите земји, потребно е да регрутираат и обучуваат локални агенти кои потоа ќе ги снабдуваат со информации, но овој процес одзема доста време. Регрутирањето на агенти и инфилтрирање во терористичките групи претставува најдобриот и најтешко остварлив начин за добивање непосредни информации од врвот 375 Betts, R. K., The Soft Underbelly of American Primacy: Tactical Advantages of Terror, Political Science Quarterly, 2002b, стр Ilardi, G. J., Redefining the Issues: The Future of Terrorism Research and the Search for Empathy, in A. Silke (ed.) Research on Terrorism: Trends, Achievement and Failures, London: Frank Cass, 2004, стр Kramer, M., The Perils of Counterinsurgency: Russia s War in Chechnya, International Security, 2004/5, стр Zegart, A. B., September 11th and the Adaptation Failure of U.S. Intelligence Agencies, International Security, 2005, стр Posen, B. R., The Struggle against Terrorism: Grand Strategy, Strategy, and Tactics, International Security, 2001/2, стр

184 на терористичката пирамида. Иако најголем број на терористички организации имаат изградено непробоен безбедносен и самозаштитен бедем против секаков облик на непријателска инфилтрација, сепак не е невозможен успех и на овој план, односно нивниот бедем не секогаш е несовладлив. Покрај инфилтрирањето на агенти и информатори, неопходна е инфилтрација и во мрежата на комуникации на определена позната или можна терористичка организација од страна на соодветни стручни разузнавачки институции. Чекор напред кон прибирањето на информации важни за борбата против тероризмот можат да дадат и посебните истражни мерки кои се предвидени и во македонскиот ЗКП (Закон за кривична постапка чл. 146). Службите за безбедност имаат некои предности кога се борат против домашните дисидентни групи за разлика од оние кои доваѓаат надвор од земјата. Потенцијалните оперативци или агенти го знаат јазикот и локалната култура и не им е потребна напредна обука за да се инфилтрираат во терористичките групи и да прибираат информации. Но дури и во овој случај на терористички групи од земјата, службите за безбедност имаат потешкотии. САД не се покажал како многу ефикасен во справувањето со локалните десни екстремистички групи. Иако осомничениот од ФБИ Ерик Рудолф бил одговорен за бомбашките напади на клиниката за абортуси и на Олимпијадата во Атланта, било потребно седум години за да биде уапсен. 380 Француските разузнавачки служби, се подобриле со текот на времето откако биле релативно неефикасни. Разузнавачките служби биле лошо подготвени кога требале да се соочат со терористичките напади во 1980 година. Властите и службите не ги предвиделе нападите и не биле во можност да ги уапсат извршителите. По 1990-те години француските власти докажале дека се многу поспособни во собирањето на информации за терористички групи поврзани со бунтовниците во Алжир а подоцна и Ал Каеда. 381 Тие го научиле тоа од искуство, иако од искуство на неуспех. Подобрување на способностите се возможни, но треба да се научат со текот на времето, а новите видови закани бараат нови способности. Разузнавачките операции се поефективни против големи организаци кои се поранливи на инфилтрација и собирање информации. 382 Потешкотиите со откривањето и превенцијата се зголемени кога терористичките групи се мали. Кога сите членови се 380 Heymann, P. B., Terrorism, Freedom, and Security, Cambridge, MA: MIT Press, 2003, стр Shapiro, J., and Suzan, B., The French Experience of Counter-Terrorism, Survival, 2003, стр O Neil, A., Terrorist Use of Weapons of Mass Destruction: How Serious Is the Threat? Australian Journal of International Affairs,

185 знаат меѓу себе лично, инфилтрацијата на информатори е исклучително тешка. Движењето 17 ноември во Грција опстанало долго поради неговата мала големина. Константните напори за инфилтрација во терористичките групи или откривање факти за нив може да биде успешно, но потребни се години за овој процес. Само кога нова терористичка група изврши напад тогаш реалната закана станува очигледна. Многу потенцијални терористички групи никогаш не се обидуваат да извршат напад, а други можат да бидат откриени пред да направат вистинска штета. Советот на патриоти од Минесота била откриена додека складирала отров рицин пред да имаат шанса да го употребат. Ќелиите на Ал Каеда биле откриени во многу делови од светот. Некои групи нема да бидат откриени додека не извршат напад. Една од најголемите потешкотии на разузнавачките служби е да ги следи сите потенцијални насилни дисидентни групи кои што се присутни во општеството. Неуспехот на израелските безбедносни служби во откривање и превенција на палестинските бомбашки напади, вклучувајќи ги и самоубиствените напади, е уште еден пример за фактот дека превенцијата не секогаш е можна. Израелските разузнавачки служби ја докажале својата вредност многу пати и имаат големо искуство во справувањето со палестинските дисидентни групи, но сепак тие не ги откриле сите напади или обезбедиле информации за сите аспекти за раководството и планирањето на различни палестински групи кои во моментот се спремни за употреба на насилство, како и оние кои можат понатаму да употребат насилство. Израелские безбедносни служби исто така биле неефикасни во детектирање на напади од страна на еврејските екстремистички групи, веројатно затоа што скоро сите нивни ресурси се фокусирани на палестинските закани. Самата природа на тероризмот значи групата што е одговорна за одредени катастрофи е групата која останала неоткриена ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ФИНАНСИИТЕ Специјална област каде разузнавањето може да се комбинира со други напори се обидите да се ограничи или елиминира протокот на финансиска подршка на терористичките организации. Оваа финансиска подршка е важна за многу терористички групи. Финансиите може да се обезбедат од странските влади, но можат да бидат и од приватни извори. САД ги охрабрувал поединците да обезбедат фондови 383 Imai, R., Weapons of Mass Destruction: Major Wars, Regional Conflicts, and Terrorism, Asia -Pacific Review, 2002, стр

186 за герилците во Никарагва, кога официјалните фондови биле ограничени. Богатството на Осама бин Ладен и подршката од неговите муслимански соработници помогнало да се создаде Ал Каеда. ПЛО (Палестинската Ослободителна Организација) поставила различни бизниси и развила свои сопствени извори на добивка за да ја дополни подршката од арапските власти. Популацијата од дијаспората обезбедуваат фондови за многу дисидентни групи. Соработката со криминалните групи и профитот од трговија со дрога станале многу важни за одредени терористички групи. Кој и да е изворот, парите се важни за одржување на терористичките групи или за нивно зајакнување. Кога финансиските извори на групите можат да бидат сопрени, нивната способност да изведуваат напади ќе се намали ако не и елиминира, а со тоа групите стануваат помалку опасни. Разузнавачките агенции можат да ги идентификуваат корпорациите, хуманитарните организации или други групи кои се користат да ги канализираат финансиските средства до терористите. Постојат национални закони кои забрануваат придонеси за терористичките групи или перење пари, а некои од овие финансиски текови можат да бидат следени и стопирани. Сметководителите и ревизорите на владите можат да ја откријат поврзаноста помеѓу подржувачите на терористичките групи и нападите кои се планирани или кои ќе бидат изведени, со следење на трагот на парите. Успехот во прекинување на финансиската подршка за терористичките организации е ограничен. Првите напори на САД за заплена на средствата на терористичките организации имало само минимални резултати. 384 Напорите за попречување на финансиските ресурси на терористичките групи се покажале како доста тешки. Првичните напори на сметководителите или разузнавачките оперативци да се пронајдат или следат финансиските извори за Ал Каеда се сретнале само со ограничен успех и само во мал процент нејзините фондови биле сопрени. 385 Ал Каеда била успешна употребувајќи заедно модерна технологија и традиционална и лични финансиски мрежи 386 -како што се hawala 387. Ова исто така е присутно и во исламските 384 Pillar, P. R., Terrorism and U.S. Foreign Policy, Washington DC: Brookings Institution, 2001, стр Cronin, A. K., How al-qaida Ends: The Decline and Demise of Terrorist Groups, International Security, 2006, стр Feldman, R., Fund Transfers African Terrorists Blend Old and New: Hawala and Satellite Telecommunications, Small Wars and Insurgencies, Hawala претставува неформална вредносен трансфер систем заснован на перформансите и честа на голема мрежа од финансиски брокери, први чно сместени на Блискиот Исток, Северна Африка, Рогот на Африка и Индискиот потконтинент, работејќи паралелно и надвор од традиционалните банкарски и финасиски систем. Интерпол ја дефинира како трансфер на пари без движење на парите. 173

187 добротворни организации, кои водат свој сопствен бизнис, да бидат инволвирани во криминални активности и да пронајдат друг начин на стекнување на фондови. 388 Уште еден индикатор за потешкотиите при попречување на финансиите, се неуспесите на властите низ светот за ефективно да ги откријат профитите од трговија со дрога, било тие пари да се употребуваат за финансирање на терористички или криминални организации. Повеќето од парите стекнати со трговија на дрога успешно поминуваат низ процесот на перење пари. Нарко картелите го користат софистицираниот систем на големите мултинационални компании и нивната способност да го употребуваат маѓународниот банкарски систем со релативна тајност и неказнивост. 389 Фондовите кои се поврзани со терористички групи се потешки за откривање бидејќи тие се само мал дел од износите кои се стекнати од криминалните организации. 390 Во Република Македонија постои посебна единица за финансиско разузнавање под името Управа за финансиско разузнавање. Управата функционира од 2002 година најпрвин под името Дирекција за спречување на перење пари, па потоа под името Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за подоцна да го добие сегашното име. Основна надлежност на единицата претставува прибирање, обработување и доставување на податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање на тероризам РЕПРЕСИЈА Еден фактор кој прави разлика за појавата на не државен тероризам, или за неговото непојавување, претставува присуството на тоталитарен политички систем или моќна авторитарна држава. Овој вид држави имаат многу ефективни разузнавачки агенции како дел од нивниот контролен механизам. 391 Тоталитарните држави имаат голема контрола врз општеството, па поради тоа тие успеваат да избегнат многу терористички закани со нивната способност да ги елиминираат терористичките или потенцијалните терористички организации пред тие да се организираат. 388 Abuza, Z., Funding Terrorism in Southeast Asia: The Financial Network of Al Qaeda and Jemaah Islamiya, Contemporary Southeast Asia, 2003а, Klare, M. T., The New Face of Combat: Terrorism and Irregular Warfare in the 21st Century, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003, стр Cronin, A. K., Behind the Curve: Globalization and International Terrorism, International Security, 2002/3, стр Heymann, P. B., Dealing with Terrorism: An Overview, International Security, 2001/2, стр

188 Репресијата на насилните групи претставува опција за сите држави вклучувајќи ги и демократските. Всушност секоја држава која се соочува со закана од терористичко насилство избира репресија ако ваквите акции би биле успешни. Регуларната полиција или силите за безбедност откриваат и уништуваат поголем дел од дисидентните групи кои преминуваат на тероризам пред тие да претставуваат вистинска закана за државата. Успешната борба против овие групи зависи од употребата на разузнавачки извори и редовни полициски истражни методи за откривање на извршителите на криминални или терористички акции. Нема гаранции дека репресијата ќе биде успешна. Во Колумбија властите не успеале да ја повратат контролата на нејзината територија со отстапки за левичарите. Континуираните напори за репресија не биле успешни во Шри Ланка со Тамилските тигри, во Баскија со ЕТА и др. Израел употребувал голема сила и проширена и софистицирана разузнавачка мрежа во напорите да ги контролира палестинците во Окупирание територии. Само репресијата нема да стави крај на тероризмот со кој се соочува Израел. Репресијата може дури да биде и контрапродуктивна ако тероризмот може да предизвика репресија од власта, која стимулира натамошен тероризам, кој предизвикува повеќе репресија. 392 Државниот тероризам претставува екстремна форма на репресија за справување со насилни дисиденти, иако не секој државен тероризам е дизајниран како противтерористичка стратегија. Како што репресијата од власта и теророт може да доведе до формирање на терористички групи, тероризмот може да доведе до употреба на терор од власта како противтерористичко оружје ПРОТИВНАПАД ИЛИ КАЗНУВАЊЕ Возвраќање на ударот претставува една од популарните противтерористичките можности но овој избор е полн со потешкотии. Земјите извршуваат противнапад кога имаат докази за подршка на домашниот тероризам од страна на друга земја. 392 Crenshaw, M., Introduction: Reflections on the Effects of Terrorism, in M. Crenshaw (ed.) Terrorism, Legitimacy, and Power: The Consequences of Political Violence, Middletown, CT: Wesleyan University Press, 1983, стр Wilkinson, P., Why Modern Terrorism? Differentiating Types and Distinguishing Ideological Motivations, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003, стр

189 Противнападот може да биде во форма поинаква од воена акција. Може да се воспостават економски санкции против земјата која е осомничена за тероризам. Потенцијалните санкции може да вклучуваат трговско ембарго, како што било воспоставено на Куба од страна на САД. Вакви санкции подржани од ООН и САД биле ефективни во намалување на подршката на тероризам од страна на Либија. 394 Противнападот може исто така да се превземе против терористички организации. Некои групи како Хезболах, се преголеми за да бидат уништени со неколку добро изведени напади, дури и ако можат да бидат ослабнати. 395 Израел често се одмаздува на палестинските милитанти кога се соочува со самоубиствени бомбашки и други напади. Настаните со Израел идницира на тоа дека предупредувачкиот ефект на одмазднички напади е поверојатно да бидат ефективни против држави отколку против терористички групи ПРЕВЕНТИВНИ АКЦИИ Земјите можат да превземат превентивни акции, а тоа може да биде неопходна стратегија ако заканата од одмазда нема ефект на одвраќање. 397 Нападите можат да бидат против кампови за обука на терористичките групи или против државите подржувачи. Нападите од 2002 година против Ал Каеда и талибанците во Авганистан биле одмазднички и обид за превентивни напади. Додека превентивните акции ќе бидат успешни во некои случаи, многу е веројатно дека ваквите напади ќе бидат доволно успешни да ја елиминираат заканата од терористички организации. 398 Превентивните акции, секако, бараат одлични разузнавачки информации за да бидат ефективни. Без детално знаење за активностите на терористичките групи и за нивниот персонал, нема да биде возможно да се иденти фикуваат целите со доволна прецизност. Неопходно е, исто така, да се откријат групите кои имаат потенцијал да напаѓаат во иднина. 394 Crenshaw, M., Why is America the Primary Target? Terrorism as Globalized Civil War, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003 b, стр Pillar, P. R., Terrorism and U.S. Foreign Policy, Washi ngton DC: Brookings Institution, 2001, стр Chyba, C. F., Toward Biological Security, Foreign Affairs, 2002, стр Richelson, J. T., When Kindness Fails: Assassination as a National Security Option, International Journal of Intelligence and Counterintelligence, 2002, стр Sederberg, P. C., Global Terrorism: Problems of Challenge and Response, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003, стр

190 Превентивните напади против дисидентните групи кои станале насилни, исто така се тешки кога терористичките групи се потпираат на организација како што е отпор без лидер. Лабаво поврзаните мрежи како што е Ал Каеда е тешко да бидат нападнати со превентивни напади за да се спречат идни напади. Врските помеѓу групите најчесто стануваат видливи откако ќе бидат извршени одредени напади. Еднаш кога ќе се извршат вакви напади, редовните полициски и разузнавачки методи ќе бидат недоволни за да се следат инволвираните поединци и нивната мрежа за подршка СПЕЦИЈАЛНИ ПРОТИВТЕРОРИСТИЧКИ ЕДИНИЦИ Повеќето земји во светот имаат обучено специјални единици кои се наменети за справување со терористички ситуации. Единиците можат да учествуваат во спасување, но можат да служат и за одмазднички и за превентивни акции. Присуството на специјалните единици може да го промени контекстот во кој тероризмот може да се појави и може да ги модифицира опциите достапни на властите во справување со терористичките групи. Креирањето на вакви единици, претставува премолчано признание дека терористичките инциденти неможат секогаш да се превенираат и дека постојат ситуации каде што има потреба од вакви сили. Овие единици можат да се користат во ситуации во домашната земја или како дел од ослободување заложници држани во станство. Ако ваквите единици се често успешни во ослободување заложници или превземање објекти, тие ќе бидат позитивен ефект на пречка за терористичките организации во некои случаи. Успешноста на специјалните единици може да ги направи терористичките групи да бидат поранливи и помалку способни да ги постигнат своите цели. Олимписките игри во Минхен во 1972 година, односно заложничката ситуација во која беа спортистите на Израел, претставува пример на неуспешен обид за спасување. Во тоа време Западна Германија немала противтерористички сили, па затоа обидот за ослободување на заложници резултирало со смрт на сите израелски олимпијци. Германските власти поучени од искуството, започнале со обука на специјални единици за можна употреба во иднина. Кога бил грабнат воздухоплов на Луфтханза во Могадиш во Сомалија, Западна Германија добила одобрение од Сомалиските власти да изведат акција за ослободување. Специјалната единица успешно го извршила нападот на авионот. Египетските командоси исто така успешно 177

191 извршиле акција за ослободување заложници од авион во Луксор. 399 Подоцнежните напори на египетските командоси да го следат германскиот успех во Могадиш со грабнатиот авион во Малта, резултирало со смрт на шеесет од деведесет и осум патници и членови на екипажот. 400 Ослободувањето на заложници во Русија во московскиот театар Дубровка во 2002 година кои беа држени од страна на чеченските бунтовници, претставува неуспех, кога непознат гас за онеспособување бил вбризган во театарот преку вентилацијата. Тоа резултирало со смрт на голем број заложници. Заложничката криза во училиштето во Беслан претставува уште еден неуспешен пример за ослободување заложници во Русија. И покрај овие неуспеси, поверојатно е дека присуството на вакви единици може да ги одврати терористите од некои ситуации а одсуството на специјалните единици можат да го охрабрат земањето заложници од страна на терористичките групи. Во Република Македонија постојат специјални единици кои меѓу друго се наменети и за борба против тероризмот. Дел од специјалните единици егзистираат во склоп на МВР (Министерството за внатрешни работи) и тоа единица за специјални задачи - ЕСЗ Тигар и единица за брзо распоредување - ЕБР, а дел во АРМ (Армија на Република Македонија) во Полк за специјални операции каде што се наоѓаат Баталјон за специјални намени БСН Волци и Ренџерски баталјон ОТСТАПКИ И РЕФОРМИ Уште еден потенцијален пристап за справување со тероризмот претставува драматично различна тактика. Кога се соочуваат со активни терористички групи, властите можат да признаат дека тероризмот се појавил како резултат на постоечки проблеми во земјата. Етничкото малцинство, верските групи или идеолошките фракции можат да бидат запоставени или да се соочуваат со дискриминација. Како последица на зголемената фрустрација на групите се појавило терористичкото насилство. Додека властите можат да продолжат да користат репресија, откривање и безбедносни мерки за справување со терористите, истот така, може да побара промена на политиката со цел да ги реши прашањата кои водат до терористичко насилство. 401 Се верува дека правењето отстапки на терористичките барања, ги охрабрува да 399 Enders, W. and Sandler, T., The Political Economy of Terrorism, Cambridge: Cambridge University Press, 2006, стр Pillar, P. R., Terrorism and U.S. Foreign Policy, Washington DC: Brookings Institution, 2001, стр Crenshaw, M., Thoughts on Relating Terrorism to Historical Contexts, in M. Crenshaw (ed.) Terrorism in Context, University Park, PA: Pennsylvania State University Press, 1995b, стр

192 продолжат со своите активности, но доказите за ова се слаби. 402 Отстапките можат да се направат како дел од напорите да се намали подршката за терористите помеѓу оние кои ја фаворизираат нивната кауза или властите можат да направат промена во политиката поради тоа што постои реален проблем кој треба да се решава. Така реформите стануваат одговор на присуството на тероризмот во општеството. Реформите можат да ги одвратат новите членови од вклучување во терористичка организација или подршка на насилство, но ваквите напори нема да допринесат активните членови да ја напуштат групата. 403 Отстапките во некои случаи претставуваат одговор на насилството од страна на терористите. Крајните отстапки во ситуацијата со колониите биле независноста на територијата каде што се појавило насилството. Британците ги напуштиле Кипар и Палестина, додека Франција му дала независност на Алжир. Во регионот Баскија, активностите на ЕТА воделе до отстапки од шпанските власти во смисла на регионална автономија која ја ограничила подршката за ЕТА. Бројни влади во Европа ги стесниле своите имиграциони политики во напорите да ги лишат домашните екстремисти од тоа да се фокусираат на агитација и насилство. Неуспехот во превземањето на реформи може да доведе до продолжување или ескалирање на насилството. Друг вид на реформи ги вклучува владините програми за решавање на проблемите на популацијата кои ги подржуваат терористите. Економскиот развој, образованието и вклученоста во политиката се потенцијални долгорочни решенија за верскиот тероризам на Блискиот Исток. 404 Реформите можат да бидат многу скапи. Ако реформите се прават да се елиминираат основните причини за тероризам, особено во сиромашни земји, би имало многу трошоци. Ако реформите се создадени да се справат со проблемите кои доаѓаат со глобализацијата и модернизацијата кои придонесуваат за раст на терористичките групи, тоа ќе бара големи суми. 402 Crenshaw, M., Questions to be Answered, Research to be Done, Knowledge to be Applied, in W. Reich (ed.) Origins of Terrorism: Psychologies, Ideologies, Theologies, States of Mind, Washington, DC: Woodrow Wilson Center Press, 1998, стр Gurr, T. R., Terrorism in Democracies: When It Occurs, Why It Fails, in C. W. Kegley, Jr (ed.) The New Global Terrorism: Characteristics, Causes, Controls, Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall, 2003, стр Ibid. стр

193 2.9. ДИПЛОМАТСКИ ПРИСТАП Меѓународните договори постигнати преку дипломатијата се уште една додатна можност за справување со тероризмот. Соработката помеѓу народите во смисла на справување со тероризмот е зголемена, обезбедувајќи надеж дека овој пристап може да помогне. 405 Голем проблем, сепак останува користењето на дипломатски пристап за ставање крај на тероризмот. Некои земји избегнуваат потпишување некои конвенции поради тоа што тие во тој момент не се соочуваат со терористички закани, а откако ќе потпишат и ја почитуваат таквата конвенција може да доведе до одмазднички напади од страна на терористичките групи. 406 Во други случаи, проблемот со дефинирањето станува повторно важно. 407 Властите имаат потреба од законска дефиниција за тероризмот за да се согласат со одредена меѓународна конвенција. Дали убиство или атентат на политичка личност од страна на дисидент претставува тероризам или политички акт? Ако е тероризам, дали лицето може да биде екстрадирано? Тешко е да се замисли дека САД можат да екстрадираат лице во Ирак за атентат или обид за атентат на нивен претседател, додека формален договор теоретски може да бара ваква акција. Многу држави преферираат да бидат флексибилни во дефинирањето на неприфатливото насилство и во зависност од случај до случај дали да соработува или не во справувањето со лицата кои се обвинети за тероризам. Конвенциите и претпоставените меѓународни правила можат да бидат игнорирани кога државите одлучат да го сторат тоа. 408 Меѓународните конвенции и дипломатскиот пристап ќе биде ограничен со неуспех на меѓународната заедница да дојде до дефиниција за тероризмот и неуспехот да гарантира дека лицата идентификувани како терористи ќе бидат изведени пред суд. 409 Европските земји соработуваат повеќе во оваа област во последните години, а по нападите од 11 септември 2001 година, била подобрена координацијата за апсење лица поврзани со Ал Каеда или организации кои работат со бин Ладен. Ваквата 405 Jenkins, B. M., Terrorism and Beyond: A 21st Century Perspective, Studies in Conflict and Terrorism, 2001, стр Wilkinson, P., Terrorism versus Democracy: The Liberal State Response, London: Frank Cass, 2000b, стр Richardson, L., Terrorists as Transnational Actors, in M. Taylor and J. Horgan (eds) The Future of Terrorism, London: Frank Cass, 2000, стр Crelinsten, R. D., Terrorism and Counter-Terrorism in a Multi-Centric World: Challenges and Opportunities, in M. Taylor and J. Horgan (eds) The Future of Terrorism, London: Frank Cass, 2000, стр Dartnell, M., A Legal Inter-Network for Terrorism: Issues of Globalization, Fragmentation and Legitimacy, in M. Taylor and J. Horgan (eds) The Future of Terrorism, London: Frank Cass, 2000, стр

194 соработка продолжува и понатаму, и таа демонстрира што може да се постигне преку меѓународна соработка дури и кога конвенциите и договорите изостануваат. 3. БОРБА ПРОТИВ ДЕСТРУКТИВНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ВЕРСКИТЕ ГРУПИ - СЕКТИ Деструктивното дејствување на верските секти е тема и проблем која во последно бреме го преокупира интересирањето не само на стручната туку и на научната јавност. Многубројни се барањата за заштита на општеството од деструктивното дејствување на одделни секти, култови, правци и движења. Во светот се основаат парламентарни комисии со цел да ги проучат механизмите на дејствување на сектите и да пронајдат најефикасни начини за спротивставување на нивното деструктивно дејствување. Оваа тема не го заобиколи ни Европскиот парламент. Некои европски земји (Германија, Швајцарија, Италија, Франција) преземаат обемни мерки, донесуваат закони и други правни акти со кои се регулираат начинот, организацијата, методите на работа и финансирањето на верските секти а во некои случаи и се забранува работа на деструктивните секти. На основа на изработените извештаи, Европскиот парламент во 1996 година донесе одлука за спроведување на одредени мерки на наднационален план, во кој се содржани инструкциите за земјите членки на Европската унија поврзани со деструктивните секти и култови. Во таа одлука Европскиот парламент: ги повикува земјите членки да се погрижат за судството и полициските власти ефикасно да ги користат правните акти и средства кои постојат на национално ниво, како и активно да соработуваат, посебно во рамки на ЕУРОПОЛ, заради спротивставување на кршење на основните права за кои се одговорни сектите. Исто така, земјите членки се повикуваат да ја подобрат меѓусебната размена на информации со цел обединување на податоците за феноменот на сектата, нивната организација, методите на работа, а воедно да се пронајдат и најдобрите методи за ограничување на непожелното дејствување на верските секти, како и изработување на стратегии за информирање на населението за нив Berliner Dialog., 1996, стр

195 Како основа за ефикасно организирање на општеството и државните институции за спроведување на мерки за ограничување и спречување на деструктивното дејствување на сектите, се преземаат низа одредени активности кои се состојат од: - Детално изучување на оваа појава од различни аспекти (историски, социолошки, психолошки, општествено политички, економски, безбедносни); - Анализирање на сите активности на сектите и издвојување на карактеристиките на тие активности по време, место, опкружување и нивни носители; - Изработка на прогноза и предвидување на идните начини и правци на дејствување во однос на воено политичките, безбедносните услови и меѓународните односи; - Составување на стратешка програма и план на централно ниво, кои би ги опфатил активностите и мерките на одредени субјекти, нивната соработка и координација (судство, полиција, војска, средства за информирање) за превенција и репресија на деструктивните секти. 411 Традиционалните пристапи и политики за борба против тероризмот можат да не бидат релевантни, малку ефективни на заканите поставени од страна на религиозните терористи. Политичките отстапки, финансиската корист, амнестиите и други лични побуди веројатно ќе бидат неделотворни. Длабоко чувство на алиенација и изолација на овие верски секти и религиозни движења има потреба активно да се пренасочи. Мостот треба да се пронајде помеѓу матичното општество и екстремистите за да тие не се чувствуваат загрозени или пак да учествуваат во превентивни акти на насилство на сочени против општеството кое тие го сметаат за грабливо. Од друга страна, јасно е дека се соочуваме со закана која има нови и длабоки смртоносни димензии. Со завршувањето на Студената војна, светските разузнавачки служби бараа мисија: со нападот во Токио и неговите импликации тие ги пронајдоа: контратероризмот и контрапролиферацијата. Нивниот императив е ако се бориме соодветно против овие закани тогаш нашата одбрана и безбедносните мерки се динамични: способни да одговорат ефикасно под најтешките околности, земајќи ги во предвид сите можности, за да се избегнат изненадувања и да се биде подготвен за сите непредвидени ситуации. Тоа е неизбежна разузнавачка задача која треба да претставува приоритет Стајиќ, Љ., Основи безбедности, Београд: Полицијска Академија, 2004, стр Hoffman, B., The implications of terrorism motivated by a religious imperativeʺ, Va: RAND, 1993, стр

196 VI ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПОЗНАВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА Во рамките на магистерскиот труд спроведено е истражување за познавањето на граѓаните на Република Македонија на исламските фундаменталистички верски движења, како и на моменталините збиднувања околу врбувањето на борци за војување на боиштата на Блискиот Исток и извршување терористички акти и донесените нови законски решенија во овој правец. За потребите на ова истражување спроведена е анкета на 60 студенти, по 30 од Факултет за Безбедност - Скопје и Институтот Безбедност, одбрана и мир на Филозофски Факултет - Скопје. Анкетата беша анонимна. Анкетниот прашалник е составен од 18 прашања, од кои 14 се прашања од затворен тип а 2 прашања се однесуваат на фреквенциите или зачестеноста на одредена појава. Останатите 2 прашања се од отворен тип со цел да се утврди познавањето на испитаниците на исламски фундаменталистички верски движења и на тоа што треба да се превземе за борба против ваквите движења и регрутирањето лица за извршување терористички акти. Анализата е направена врз основа на добиените резултати од истражувањето, а резултатите се презентирани преку табели и графикони. Од вкупниот број испитаници 29 или 48,3% се припадници на машкиот пол, а 31 или 51,7% се од женскиот пол, што значи дека имаме приближно еднаква полова застапеност во ова истражување. Табела 1 Машки 29 48,3% Женски 31 51,7% Вкупно % 183

197 Полова застапеност 51.70% 48.30% Машки 29 Женски 31 Графикон 1 На првото прашање, Постои ли во Република Македонија опасност од тероризам?, 44 испитаници или 73,3% одговориле потврдно, односно дека во нашата држава има опасност од тероризам, додека само 16 испитаници или 26,7% сметаат дека во државава нема опасност од тероризам. Од ова се гледа дека населението е свесно дека постои голема можност нашата земја да биде цел на одредени терористички групи. Табела 2 Постои ли во Република Македонија опасност од тероризам? Да 44 73,3% Не 16 26,7% Вкупно % Постои ли во Република Македонија опасност од тероризам? 26.70% 73.30% Да 44 Не 16 Графикон 2 На второто прашање, Сте слушнале ли за поимот фундаментализам?, 27 испитаници или 45% одговориле дека слушнале и дека го знаат неговото значење, 33 испитаници или 55% дале потврден одговор но дека не го знаат неговото значење. Значајно е да се напомене дека ниеден испитаник не одговорил дека никогаш не слушнал за овој поим. 184

198 Табела 3 Сте слушнале ли за поимот фундаментализам? Да, и го знам неговото значење 27 45% Да, но не го знам неговото значење 33 55% Не, никогаш не сум слушнал/а 0 0% Вкупно % Сте слушнале ли за поимот фундаментализам? 55% 0% 0 45% Да, и го знам неговото значење 27 Да, но не го знам неговото значење 33 Не, никогаш не сум слушнал/а 0 Графикон 3 Дека постои базично непознавање на поимот фундаментализам, покажува резултатот од одговорите од треттото прашање кое гласи Дали поимот фундаментализам е својствен само за исламската религија?. Дури 26 испитаници или 43,3% одговориле дека незнаат, 11 или 18,3% одговориле дека постојат само исламски фундаменталистички движења, а само 23 испитаници или 38,4% одговориле дека постојат фундаменталистички движења и во другите религии. Табела 4 Дали поимот фундаментализам е својствен само за исламската религија? Да, постојат само исламски фундаменталистички движења 11 18,3% Не, постојат фундаменталистички движења и во другите религии 23 38,4% Не знам 26 43,3% Вкупно % 185

199 Дали поимот фундаментализам е својствен само за исламската религија? Да, постојат само исламски фундаменталистички движења % 43.30% Не, постојат фундаменталистички 38.40% движења и во другите религии 23 Не знам 26 Графикон 4 Мислењата на испитаниците се поделени околу прашањето на тоа дали сите исламски фундаменталистички движења се поврзани со тероризмот во светот? На ова прашање 31 испитаник или 51,6% гледа поврзаност, додека според 29 или 48,4% испитаници не постои поврзаност на овие фундаменталистички групи и тероризмот. Табела 5 Сите исламски фундаменталистички движења се поврзани со тероризмот во светот? Да 31 51,6% Не 29 48,4% вкупно % Сите исламски фундаменталистички движења се поврзани со тероризмот во светот? 48.40% 51.60% Да 31 Не 29 Графикон 5 Дури 46 испитаници или 76,6%, на прашањето дали во Македонија постојат исламски фундаменталистички движења, одговориле потврдно. Само 14 испитаници или 23,4% одговориле дека такви движења во нашата земја не постојат. 186

200 Табела 6 Дали во Македонија постојат исламски фундаменталистички движења? Да 46 76,6% Не 14 23,4% Вкупно % Дали во Македонија постојат исламски фундаменталистички движења? Да 46 Не 14 Графикон 6 Според одговорите на прашањето дали сте слушнале за фундаменталистичкото движење Вахабизам, повеќето од испитаниците односно 34 или 56,6% никогаш не чуле за истото, додека 26 или 43,4% знаат дека вакво движење постои. Табела 7 Дали сте слушнале за движењето Вахабизам? Да 26 43,4% Не 34 56,6% вкупно % Дали сте слушнале за движењето Вахабизам? % 43.40% Да 26 Не 34 Графикон 7 187

201 Следното прашање претставува многу важно прашање за целта на истражување. Ова прашање е од отворен тип, каде што испитаниците можат слободно да го кажат своето мислење за појавата што се истражува. Така преку одговорите на прашањето кое гласи На што ве асоцира кога ќе го слушнете поимот Вахабист или Салафист?, се согледува перцепцијата на испитаниците за припадниците на исламските фундаменталистички движења. Најголем дел од оние кои што одговориле на ова прашање (21 испитаник) напишале дека овие поими ги асоцираат на исламска религија, исламски фундаменталистички движења, на лица кои се предани на исламот и се спремни да умрат за верата, верски фанатици, секта, терористички активности, терористи, радикални верници, луѓе со наметнати мислења, насилство. Од овие одговори може да се види дека овие поими имаат негативна конотација кај поголемиот број од испитаниците. На прашањето дали некој близок роднина или познаник е дел од некое фундаменталистичко движење најголемиот број од испитаниците одговориле со не и тоа 53 или 88,3%, а само 7 испитаници или 11,7% одговориле дека познаваат лице кое е дел од ваквите движења. Табела 8 Дали некој ваш близок роднина или познаник е дел од некое фундаменталистичко движење? Да 7 11,7% Не 53 88,3% вкупно % Дали некој ваш близок роднина или познаник е дел од некое фундаменталистичко движење? 11.70% 88.30% Да 7 Не 53 Графикон 8 Уште едно прашање преку кое се согледува перцепцијата на испитаниците на исламските фундаменталистички движења, претставува прашањето дали радикалните 188

202 фундаменталистички движења регрутираат лица за џихад?. Преку ова прашање се утрврдува дека најголемиот број испитаници, ваквите движења ги сметаат за непријателски, за движења преку кои се вршат нелегални активности и лицата се поттикнуваат на насилно решавање на споровите. На ова прашање со потврден одговор одговориле 36 испитаници или 60%, 6 испитаници или 10% одговориле со не, а дури 18 испитаници или 30% незнаеле да одговорат. Табела 9 Дали радикалните фундаменталистички движења регрутираат лица за џихад? Да 36 60% Не 6 10% Не знам 18 30% вкупно % Дали радикалните фундаменталистички движења регрутираат лица за џихад? 10% 30% 60% Да 36 Не 6 Не знам 18 Графикон 9 Општата присутност во медиумите на една од најозлогласените терористички групи на денешницата - Исламска Држава, доведува до тоа да оваа група е добро позната и на овие простори. Ова се согледува од одговорите на испитаниците на прашањето сте слушнале ли за терористичката група Исламска Држава?. Дури 54 од испитаниците или 90% одговориле дека слушнале за истата, додека само 6 испитаници или 10% од вкупно 60 испитаници одговориле дека не знаат за таква група. 189

203 Табела 10 Сте слушнале ли за терористичката група Исламска Држава? Да 54 90% Не 6 10% вкупно % Сте слушнале ли за терористичката група Исламска Држава? 10% 90% Да 54 Не 6 Графикон 10 Секојдневните информации што ги добиваме од медиумите за присутноста на македонските граѓани на боиштата на Блискиот Исток, односно за учеството во воените активности на страната на Исламска Држава, влијаеле во одговорите на следното прашање: дали лица од Македонија партиципираат и војуваат во Исламска Држава? На ова прашање 51 испитаник или 85% одговориле потврдно, а 9 испитаници или 15% одговориле негативно. Табела 11 Дали лица од Македонија партиципираат и војуваат во Исламска Држава? Да 51 85% Не 9 15% вкупно % 190

204 Дали лица од Македонија партиципираат и војуваат во Исламска Држава? 15% 85% Да 51 Не 9 Графикон 11 Мислењето дека лицата кои војуваат на боиштата низ светот во одредени паравоени и терористички структури, по нивното враќање во сопствените држави ќе претставуваат безбедносна закана, се повеќе го истакнуваат државите од кои потекнуваат ваквите лица. Оваа загриженост преовладува и во Република Македонија што може да се согледа и од одговорите на испитаниците на прашањето дали овие лица по враќање од боиштата ќе претставуваат закана по безбедноста на Република Македонија?. На ова прашање 48 од испитаниците или 80% одговориле дека постои опасност, а 12 испитаници или 20% одговориле дека не постои опасност. Табела 12 Дали овие лица по враќање од боиштата ќе претставуваат закана по безбедноста на Република Македонија? Да 48 80% Не 12 20% вкупно % Дали овие лица по враќање од боиштата ќе претставуваат закана по безбедноста на Република Македонија? 20% 80% Да 48 Не 12 Графикон

205 Преку следното прашање се согледува дали под одредени услови и околности испитаниците би станале членови на одредена терористичка организација. Како одговори се наведени повеќе услови и околности како што се идеологија на терористичка група, финансиска корист и респектираност од опкружувањето. Најголемиот број од испитаниците или 49 од нив што претставува 81,6% од вкупниот број одговориле дека никогаш не би станале дел од терористичка организација. За 8 испитаници или 13,4% пресуден услов за станување член на терористичка организација е нејзината идеологија, додека 3 испитаника или 5% поради финансиска корист би станале припадник на терористичка организација. Табела 13 Дали под одредени околности би станале член на терористичката група ИД или на која било друга терористичка организација? Зависи од идеологијата на терористичката група 8 13,4% Да, ако тоа е проследено со добра финансиска корист 3 5% Да, на тој начин ќе бидам пореспектиран од моето опкружување 0 0% Не, никогаш 49 81,6% вкупно % Дали под одредени околности би станале член на терористичката група ИД или на која било друга терористичка организација? Зависи од идеологијата на терористичката група 5% % 13.40% 0% Да, ако тоа е проследено со добра финансиска корист 3 Да, на тој начин ќе бидам пореспектиран од моето опкружување 0 Не, никогаш 49 Графикон 13 Во следното прашање, испитаниците беше потребно на скала од 1 до 10, каде што 1 е најретко а 10 најчесто, да означат кои се најчестите начини на кои едно лице се радикализира а потоа станува член на некои фундаменталистичко движење или терористичка група. Беа понудени четири одговори при што се добиени следните 192

206 резултати. Како најчест начин на кој едно лице се радикализира, од страна на испитаниците е обележан одговорот преку познаници кои веќе имаат радикални ставови или се припадници на терористички организации со вредност од 7,75. Со слична вредност е и радикализирањето преку интернет со 7,7. Според испитаниците помалку веројатно е лице да биде радикализирано преку активисти на терористички организации со вредност од 7,3; а најмала веројатност за радикализирање има преку радикалните имами во џамиите со вредност од 6,7. Најчести начини на кои едно лице се радикализира Најчести начини на кои едно лице се радикализира Графикон 14 Во ова прашање беше потребно да се означат најчестите места каде што едно лице се радикализира а потоа и станува член на некое фундаменталистичко движење или терористичка група. Како во претходното прашање, така и овде требаше да се означи фреквентноста, односно на скала од 1 (најретко) до 10 (најчесто) да се обележи местото каде што едно лице може да биде радикализирано. Понудени се повеќе одговори и притоа се добиени следните резултати. Како место каде што најчесто може едно лице да биде радикализирано се посочени џамиите со вредност од 7,9; потоа следуваат затворите со вредност од 7,5; следни по веројатност места за радикализирање се центрите за бегалци со вредност од 6; места со помала веројатност за радикализирање на поединци, според испитаниците се интернет кафеата со вредност од 5,7; следат универзитетите со вредност од 5,5; потоа се кафитериите со вредност од 193

207 5; а како место каде што лицата најретко можат да бидат радикализирани се означени салите за вежбање со вредност од 4,4. Најчести места каде едно лице може да се радикализира Најчести места каде едно лице може да се радикализира Графикон 15 Од следното прашање може да се види колку испитаниците се запознаени со најновите измени и дополнувања на Кривичниот законик на РМ, со кои се изврши допрецизирање на постоечкото кривично дело кое се однесува на учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации. Од вкупниот број на испитаници 32 или 53,3% одговориле дека не се запознаени, 23 или 38,3% се делумно запознаени а само 5 од нив или 8,4% одговориле дека во целост се запознаени со измените во Кривичниот законик. Ова наведува на фактот дека граѓаните не се доволно информирани за последните законски измени, па затоа нивна подобра информираност треба да претставува приоритет поради тоа што на тој начин ќе се постигне репресивноста на оваа законска измена. Табела 16 Дали сте запознаени со измените и дополнувањата на КЗ на РМ за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравојска и параполициски формации? Не сум запознаен/а 32 53,3% Делумно сум запознаен/а 23 38,3% Во целост сум запознаен/а 5 8,4% вкупно % 194

Март Opinion research & Communications

Март Opinion research & Communications Март 2014 Opinion research & Communications Метод: Телефонска анкета Примерок: 800 испитаници кои следат македонски спорт стратификуван со репрезентативен опфат на сите етнички заедници, урбани и рурални

More information

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура ) Инфо ЕНаука.мк е единствениoт интернет пoртал вo Р.Македoнија кoј ги следи и пренесува најактуелните нoвoсти, истражувања и достигнувања во повеќе научни области. Главни цели на порталот се враќање на

More information

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО Дисперзирани студии: БИТОЛА. Симона Маџевска

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО Дисперзирани студии: БИТОЛА. Симона Маџевска УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО Дисперзирани студии: БИТОЛА Симона Маџевска ВРБУВАЊЕ НА ГРАЃАНИ ЗА СЛУЖБА ВО СТРАНСКА ВОЈСКА, КАКО ЕДЕН ОД ИЗВОРИТЕ ЗА ТЕРОРИСТИЧКО ЗАГРОЗУВАЊЕ

More information

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep   ABSTRACT Тутун / Tobacco, Vol.64, N⁰ 1-6, 46-55, 2014 ISSN 0494-3244 Тутун/Tobacco,Vol.64, N⁰1-6, 62-69, 2014 UDC: 633.71-152.61(497) 2008/2012 633.71-152.61(497.7) 2008/2012 Original Scientific paper DYNAMIC PRESENTATION

More information

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи 1 of 5 06.03.2016 12:00 ЕМБС: 05196248 Целосно име: Здружение за советување,лекување,реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции ИЗБОР-Струмица Вид на работа: 540 Тип на

More information

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи 1 of 5 28.02.2015 23:20 ЕМБС: 05196248 Целосно име: Здружение за советување,лекување,реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции ИЗБОР-Струмица Вид на работа: 540 Тип на

More information

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство Кратка биографија ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ Презиме и име: Контакт адреса: Татјана Димоска Телефон: +389 46 262 147/ 123 (работа) Факс: +389 46 264 215 E-mail: Националност: Македонка Дата на раѓање: 16.10.1974

More information

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Автор: М-р Теодора Христовска Јануари, 2016 ВОВЕД Модерните држави, за време на процесот на обезбедување

More information

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 9 став 1а точка 8 и став 1в точка 2 и член 56 став 1 точка 3 од Законот за здравственото осигурување ( Службен весник на РМ бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003,

More information

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година Заштита на личните податоци во Република Македонија Охрид, 27 мај 2014 година 1 1 Правна рамка за заштита на личните податоци 2 Закон за заштита на личните податоци ( Службен весник на Република Македонија

More information

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива Трета анализа на пазар за Физички пристап до мрежна инфраструктура (целосен и поделен разврзан пристап) на фиксна локација и четврта анализа на пазар за услуги со широк опсег м-р Марјан Пејовски Сектор

More information

САЈБЕР ТЕРОРИЗМОТ КАКО ЗАКАНА КОН БЕЗБЕДНОСТА НА ДРЖАВАТА

САЈБЕР ТЕРОРИЗМОТ КАКО ЗАКАНА КОН БЕЗБЕДНОСТА НА ДРЖАВАТА САЈБЕР ТЕРОРИЗМОТ КАКО ЗАКАНА КОН БЕЗБЕДНОСТА НА ДРЖАВАТА Автор М-р Јасмин Калач, Јануари 2017 година Вовед Огромните достигнувања и развојот на врвната технологија, софистицираните компјутерски системи

More information

РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ д-р Драге ПЕТРЕСКИ, д-р Андреј ИЛИЕВ, Кемо Ѓозо drage_petreski@yahoo.com; andrej220578@gmail.com

More information

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ) ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ) Современост, Скопје, 2013 За издавачот: м-р Славчо Ковилоски Рецензенти: проф. д-р Марија Ацковска проф. д-р Толе

More information

Тања МИЛОШЕВСКА УДК: : СОРАБОТКА И ФОРМИРАЊЕ СТРАТЕГИСКИ СОЈУЗИ ПОМЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Тања МИЛОШЕВСКА УДК: : СОРАБОТКА И ФОРМИРАЊЕ СТРАТЕГИСКИ СОЈУЗИ ПОМЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ Тања МИЛОШЕВСКА УДК: 327.88:343.9.02 СОРАБОТКА И ФОРМИРАЊЕ СТРАТЕГИСКИ СОЈУЗИ ПОМЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ Кратка содржина Агендата која се однесува на тероризам што се поврзува

More information

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија Презентира: Верица Костова Што е ревизија http://www.youtube.com/watch?v=rjmgrdjhufs&sns=em Регулирање на внатрешната ревизија Закон за банки Закон за супервизија

More information

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT Образец бр.2 Назив на органот до кој барањето се поднесува Name of the receiving authority Priemen штембил Stamp of receipt БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR

More information

Структурно програмирање

Структурно програмирање Аудиториски вежби 1 Верзија 1.0, 20 Септември, 2016 Содржина 1. Околини за развој.......................................................... 1 1.1. Околини за развој (Integrated Development Environment

More information

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија Славчо Христовски Иницијативи за заштита Птици Растенија Пеперутки Лилјаци Заштитата на сите загрозени видови поединечно е практично невозможна.

More information

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари.  Стр. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk С О Д Р Ж И Н А Стр. 225. Одлука за давање согласност на Одлуката за припојување на Јавната

More information

Тања Милошевска ТЕОРИЈА НА КОНВЕРГЕНЦИЈА НА ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ. Кратка содржина

Тања Милошевска ТЕОРИЈА НА КОНВЕРГЕНЦИЈА НА ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ. Кратка содржина 192 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ Тања Милошевска УДК: 343.9.02(100) ТЕОРИЈА НА КОНВЕРГЕНЦИЈА НА ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ Кратка содржина Криминалните и терористичките групи започнуваат

More information

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт? ,,Secrecy, being an instrument of conspiracy, ought never to be the system of a regular government. Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

More information

Kриминализиравме, и сега што?

Kриминализиравме, и сега што? Policy Brief Септември 2014 Kриминализиравме, и сега што? Одговор на Западниот Балкан на заканата од странските борци Андреја Богдановски Security Research Fellow Design by Muhsin Güler analyticamk.org

More information

Преглед на државите во Западна Африка

Преглед на државите во Западна Африка Преглед на државите во Западна Африка 1.Географска положба и природни одлики 2.Држави (15): BEN, CIV, BUR, GUI, MLI, NIG, SEN, TOG, GAM, GHA, NGR, SLE, GBS, CPV, LBR -население: NGR, GHA, CIV...GBS, CPV.

More information

03/2018. Kosovar Centre for Security Studies

03/2018. Kosovar Centre for Security Studies ИЗВЕШТАЈ ОД KCSS 03/2018 Kosovar Centre for Security Studies НЕИСТРАЖЕНА ВРСКА: ПРАШАЊАТА НА РАДИКАЛИЗАМ И НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА МАРТ 2018 Овој извештај е подготвен благодарение на финансиската

More information

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма: Универзитет Св. Климент Охридски- Битола Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола Студиска програма: Администрирање со јавни политики Влатко Степаноски ВЛИЈАНИЕТО НА ПРЕТПРИСТАПНИТЕ

More information

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ Распоред на активности 10.00-11.30 прв блок часови 11.30-11.40 пауза 11.40 13.10 втор блок часови 13.10 13.50 пауза за ручек 13.50 15.20 трет блок часови 15.20 15.30

More information

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА Trajče Stafilov, Biljana Balabanova, Robert Šajn GEOCHEMICAL ATLAS OF THE REGION OF THE BREGALNICA

More information

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА? ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА? Доц.д-р Снежана Јованова-Митковска Универзитет Гоце Делчев Штип Педагошки факултет Краток извадок Целта на секое научно

More information

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година 2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година ОСНОВНИ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА Со Законот за безбедност и здравје при

More information

ДИЈАСПОРА И ТЕРОРИЗАМ www.maturskiradovi.net 1 Вовед Со проблематизирање на безбедносните последици на дијаспората за земјите домаќини, се ризикува оставање на впечаток дека дијаспорите создаваат безбедносен

More information

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА) Дарко МАЈХОШЕВ 1 УДК: 343.352/.353:341.24 МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА) Апстракт: Трудот ги обработува и анализира меѓународните и

More information

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox УПАТСТВО Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox Верзија: 4.0 Датум: 10.01.2018 103.11 КИБС АД Скопје 2017 КИБС АД Скопје, сите права задржани http://www.kibstrust.mk Содржина 1. Како да го преземам

More information

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 ) МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА ISSN 1409-5327 (год. 20, бр. 1, 2013 ) I. ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД СИТЕ ФОРМИ НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДОМАШНО НАСИЛСТВО ИСТАНБУЛСКА КОНВЕНЦИЈА II. ПРИКАЗИ

More information

Предмет: КРИМИНОЛОГИЈА Тема:,, ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Предмет: КРИМИНОЛОГИЈА Тема:,, ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ Предмет: КРИМИНОЛОГИЈА Тема:,, ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ www.maturskiradovi.net АПСТРАКТ Целта како и предметот на овој труд е да се дефинира и објасни терминот организиран криминал. Притоа, по самото дефинирање

More information

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space recording existing state of the facility listening to client s requests real assessment of space capabilities assessment of state of structual elements recomendation for improvement of stability of existing

More information

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ ГРУПА СОЦИЈАЛНА ПЕДАГОГИЈА КАНДИДАТ: ТАЊА КАМЧЕВА ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО МАГИСТЕРСКИ ТРУД

More information

Работа кон градење отпорни заедници

Работа кон градење отпорни заедници Работа кон градење отпорни заедници Автори: Самет Шабани Амир Кадри Скопjе 2018 Овој проект е поддржан од Амбасадата на Кралтсвото Холандија во Македонија. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките

More information

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН У Н И В Е Р З И Т Е Т С В. К Л И М Е Н Т О Х Р И Д С К И Е К О Н О М С К И Ф А К У Л Т Е Т П Р И Л Е П МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

More information

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ Врз основа на член 131 од Законот за високото образование

More information

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО Надица Речкоска ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ (магистерски труд) КИЧЕВО, 2017 Ментор: Проф. д-р Никола

More information

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ Проф. д-р. Стеван Алексоски Универзитет,,Гоце Делчев Штип, Доц. д-р Дејан Маролов Универзитет,,Гоце Делчев Штип, ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ ABSTRACT

More information

Предметни програми од прв циклус на студии на Факултет за безбедносни науки МИТ Универзитет Скопје според ЕЛАБОРАТ за акредитирање на студиската

Предметни програми од прв циклус на студии на Факултет за безбедносни науки МИТ Универзитет Скопје според ЕЛАБОРАТ за акредитирање на студиската Предметни програми од прв циклус на студии на Факултет за безбедносни науки МИТ Универзитет Скопје според ЕЛАБОРАТ за акредитирање на студиската програма на прв и втор циклус на студии - Решение за акредитација.

More information

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА Во организација на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, дел од Enterprise Europe Network,

More information

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје УПОТРЕБАТА НА ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОЛИТИКА ВО СИГУРНОСНИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА САД И РУСИЈА НА БАЛКАНОТ И ПОМЕСТУВАЊЕ НА СИГУРНОСТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност,

More information

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници MIOA301-P5-Z2 Министерство за информатичко општество и администрација Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ Овој материјал е изработен од страна на Министерството за информатичко општество и

More information

ORGANIZED CRIME AS SECURITY-POLITICAL AND DESTABILIZING FACTOR OF DEVELOPMENT ON SOCIETIES IN TRANSITION (case study-republic of Macedonia)

ORGANIZED CRIME AS SECURITY-POLITICAL AND DESTABILIZING FACTOR OF DEVELOPMENT ON SOCIETIES IN TRANSITION (case study-republic of Macedonia) Тања МИЛОШЕВСКА АПСТРАКТ Овој труд го детерминира организираниот криминал како национална безбедносна закана за општествата во транзиција, ги открива факторите и спецификите за појава на организираниот

More information

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип Иван Стефанов КРЕИРАЊЕ НА ПРЕПОЗНАТЛИВА ДЕЛОВНА ЕТИКА И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ПОСТИГНУВАЊЕ СОПСТВЕН

More information

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет - Прилеп ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ Кандидат: Снежана Дупчинова, 52/09 Ментор:

More information

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред Support for Improvement in Governance and Management (Поддршка за подобрување на владеењето и управувањето) Заедничка иницијатива на ОЕЦД и на Европската унија, главно финансирана од ЕУ Втора Регионална

More information

Коисмение.Штозначиме.

Коисмение.Штозначиме. Коисмение.Штозначиме. Исто како стоките и податоците, така GW ги движи и луѓето кои доаѓаат во контакт со портокаловата мрежа, внатрешно или надворешно. Ние се движиме напред со нашите клиенти, со напреден

More information

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа Together Combining diversity and freedom in 21 st Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа Содржина: Извршно резиме Вовед Прв дел Заканата А. Кои се ризиците и колку се тие сериозни?

More information

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа Автори: Татјана Фомина, Интернационален центар Ла Страда - Молдавија и Мариа

More information

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ Автор: м-р Снежана Лековска Септември, 2014 г ВОВЕД На почеток од секоја дискусија за комплексна тема како што е перењето пари, секогаш е корисно

More information

Влада на Република Македонија

Влада на Република Македонија Влада на Република Македонија Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ (2018-2022) Скопје

More information

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , ) МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС, 2 (2017), 107 121 КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (1996 1998, 2007 2009, 2013 2015) Лидија Кондинска 1 Снежана Ристовска 2 Промените во наставата

More information

СПРЕЧУВАЊЕ НА РАДИКАЛИЗАЦИЈАТА И ИЗРАЗУВАЊЕТО НА ОМРАЗА НА ТЕРЕН

СПРЕЧУВАЊЕ НА РАДИКАЛИЗАЦИЈАТА И ИЗРАЗУВАЊЕТО НА ОМРАЗА НА ТЕРЕН СПРЕЧУВАЊЕ НА РАДИКАЛИЗАЦИЈАТА И ИЗРАЗУВАЊЕТО НА ОМРАЗА НА ТЕРЕН НАСОКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ И РЕГИОНАЛНИТЕ ВЛАСТИ Текстот е усвоен на 20 октомври 2015 година во рамки на Стратегијата на Конгресот за справување

More information

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО Автор: Асистент м-р Марјан Габеров (Европски Универзитет Р.М. Факултет за правни науки) Октомври, 2015г. Општи напомени Конфликтот кој што може да се појави

More information

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата British Embassy Skopje Проектот е финансиран од Британска Амбасада - Скопје, а спроведен од Здружението за одржлив развој и соработка АЛКА од Скопје. The

More information

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација 2 Содржина Листа на табели... 7 Листа на графикони... 10 1. ВОВЕД... 11 1. 1. Мотивација, предмет и цел на истражувањето... 11 1. 2.

More information

C U R R I C U L U M V I T A E

C U R R I C U L U M V I T A E C U R R I C U L U M V I T A E Лични податици Име Далиборка Блажеска Телефон +38978428969 E-маил Националност d.blazeska@utms.edu.mk Македонка Датум на раѓање 08.04.1974 Пол Академска титула Женски доктор

More information

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија UDC 316.774:792 Апстракт: Театарот како најстар медиум долго време го држеше

More information

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ 1. ВОВЕД 1.1. Позадина

More information

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЈЗУ ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- СКОПЈЕ УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Скопје, 2015

More information

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ Нацрт анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ Пишува:

More information

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО Дисперзирани студии: Битола Бојан Наумовски ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ (магистерски

More information

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот Technical Assistance for Civil Society Organisations Macedonian Office This project is funded by the European Union. Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот Датум: 26ти Октомври

More information

ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ ИСТРАЖУВАЊА. Клучни зборови: истражување, проучување, видови истражувања

ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ ИСТРАЖУВАЊА. Клучни зборови: истражување, проучување, видови истражувања Асс м-р Снежана Јованова Митковска ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ ИСТРАЖУВАЊА Апстракт Предмет на истражување во областа на воспитанието и образованието можат да бидат бројни педагошки прашања и проблеми за чие истражување

More information

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија Автор: M-р Александра Талевска Декември, 2013година 1. Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија de lege lata Општествената положба

More information

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт Семејно насилство Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт Семејното насилство е едно од преовладувачките криминални поведенија во повеќе општества и носи со себе разорувачки последици како

More information

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА д-р Срѓан Керим 1 ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1 Авторот е Претседател на 62.заседание на Генералното собрание на ООН и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија 1 Поминаа

More information

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ Во републик а МакедоНија Вовед Иако првите знаци на феноменот кој денес се нарекува европска бегалска или миграциска криза започнаа

More information

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА Бр. 02-2524/1 23.11.2015 година Врз основа на член 40 став 1 алинеја 14 и член 41-а од Законот за заштита на личните податоци ( Службен

More information

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ 2 10 8 25 2 Реактор - Истражување во акција, 2012 Проект поддржан од страна на UN Women и имплементиран

More information

САЈБЕР НАПАДИТЕ КАКО НАЈСОВРЕМЕНА ЗАКАНА ВРЗ ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ И КРИТИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

САЈБЕР НАПАДИТЕ КАКО НАЈСОВРЕМЕНА ЗАКАНА ВРЗ ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ И КРИТИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА САЈБЕР НАПАДИТЕ КАКО НАЈСОВРЕМЕНА ЗАКАНА ВРЗ ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ И КРИТИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА Митко БОГДАНОСКИ, Марјан БОГДАНОСКИ, Елениор НИКОЛОВ, Драге ПЕТРЕСКИ Воена академија Генерал Михаило Апостолски

More information

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS Thieves Laws Mad house Comedy We citizens Theater/ Acting Corruption Money laundering Politic Invalid parliament Very little work Lies Untouchable State body Humor

More information

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје Правен факултет Јустинијан Први Скопје РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје Сузбивање на трговијата со луѓе со посебен осврт врз трговија со малолетни лица Кандидат: Елена Иванова

More information

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО Тања Кикерекова, дипломиран правник 1 ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО 1.04 Стручна статија УДК

More information

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA 325.14-027.583(497) C E N T R U M 5 Aleksandar KITANOVSKI, PhD 1 Prof. Aleksandar DONCEV, PhD 2 IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION

More information

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА УДК 338.244.025.88 (497.7) 1988/96 330.567.2 (497.7) 1988/96 Тисен Илка (Викторија, Канада) ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Апстракт: По распаѓањето на социјалистичка

More information

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП Зорица Арсова-Сарафиновска Трајан Балканов Марија Дарковска-Серафимовска Верица Ивановска 1 Штип, 2015 УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП Зорица Арсова-Сарафиновска; Трајан

More information

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА)

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА) УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА) Аниtа Трајковска * Најбитна компонента на секој закон којшто се донесува

More information

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада Основи и развој на е-влада Основи и развој на е-влада 1 Издавачи: УСАИД/Проект за е-влада Министерство за информатичко општество Фондација Метаморфозис За издавачите: Елена Стаматоска, директор на УСАИД/Проект

More information

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015 Проф. д-р Сашо Кожухаров Детерминирање на менаџирањето на ризикот Процес на менаџирање на ризикот Одлучување и донесување одлуки Системи за поддржувањето

More information

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА Апстракт Организациската промена е компонента на современото претпријатие,бидејќи се смета дека процесот на промените го подобрува работниот систем.при

More information

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ За издавачот: Проф. д-р Борче Давитковски, Декан Автори: Д-р Ана Павловска-Данева

More information

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) SATELLITE, 4X2 Мануелен менувач 18.320 EUR / 1.132.176 ден SATELLITE, 4X2, СО КЛИМА УРЕД Мануелен менувач 18.969 EUR / 1.172.285 ден SATELLITE,

More information

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1 UDK 371.125.8:371.87 Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1 СТРУЧНИОТ СОРАБОТНИК - ПСИХОЛОГ ВО УЧЕНИЧКИОТ ДОМ КАКО МЕНТОР НА ВОСПИТНИОТ ТИМ ВО МЕНАЏИРАЊЕТО НА КОНФЛИКТИТЕ МЕЃУ ВОСПИТАНИЦИТЕ Апстракт Ученичкиот

More information

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ ГОДИШЕН ЗБОРНИК 73 Илија АЦЕСКИ УДК: 316.723-021.463 КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ Кратка содржина Во трудот се анализираат некои аспекти на феноменот на колективниот идентитет поврзан со национализмот

More information

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ Реф. бр. ЦМ-МАК-01 ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА (се пополнува/поднесува само доколку апликантот е писмено поканет да поднесе пријава) Апликант: Име на акцијата:

More information

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон C U R R I C U L U M V I T A E Лични податoци Име Сашко Граматниковски Телефон +38972254199 E-маил Националност s.gramatnikovski@utms.edu.mk Македонец Датум на раѓање 14.01.1975 Пол Академска титула Машки

More information

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА УЧИТЕЛОТ И СРЕДИНАТА ЗА УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ (одржана на ден 02.10.2015 година, Факултет за образовни науки, Штип) 2016, Штип За издавачот: проф. д-р Соња

More information

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато? Вовед во мрежата nbn 1 Што е тоа австралиска nbn мрежа? 2 Што ќе се случи? 3 Како да се префрлите на мрежата nbn 4 Што друго ќе биде засегнато? 5 Што треба следно да сторите 1 Што е тоа австралиска nbn

More information

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017 Скопје, февруари 2018 COPYRIGHT 2018 MACEDONIAN YOUNG LAWYERS ASSOCIATION Наслов: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

More information

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Управни спорови - предности и недостатоци и нивно влијание врз прекршочната постапка - мaгистерски труд - Кандидат: Дејан Најдовски Ментор: доц. д-р Јадранка

More information

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997 СИГМА Поддршка за подобрување на раководењето и управувањето Заедничка иницијатива на ОЕЦД и Европската унија, главно финансирана од ЕУ КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ

More information

ПРЕГЛЕД НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПРЕГЛЕД НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО

ПРЕГЛЕД НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПРЕГЛЕД НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПРЕГЛЕД НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПРЕГЛЕД НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО 1 ПРЕГЛЕД НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

More information

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Ивана Трендафилова УЛОГАТА НА МЕНАЏЕРОТ - ЛИДЕРОТ ВО УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ ПРЕКУ ПОТТИКНУВАЊЕ НА КОНСТРУКТИВНИ, А РАЗРЕШУВАЊЕ И ИЗБЕГНУВАЊЕ

More information

Клучни зборови: МИР, СТАБИЛНОСТ, ВОЈНА ОРГАНИ- ЗАЦИЈА, ВОЈНИК, КОНФЛИКТ, КРИЗНИ РЕГИОНИ, ГРАДЕЊЕ

Клучни зборови: МИР, СТАБИЛНОСТ, ВОЈНА ОРГАНИ- ЗАЦИЈА, ВОЈНИК, КОНФЛИКТ, КРИЗНИ РЕГИОНИ, ГРАДЕЊЕ ГОДИШЕН ЗБОРНИК 337 Синиша ДАСКАЛОВСКИ УДК: 355.121 ВОЈНИКОТ НОСИТЕЛ НА МИРОТ Кратка содржина Градењето на мирот и стабилноста во кризните региони најавија нов развој на релациите меѓу мирот и војникот.

More information

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија Анализа на наоди од истражување на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија Justice and Environment 2013 a Udolni 33, 602 00, Brno, CZ e info@justiceandenvironment.org

More information