Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Similar documents
Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

October 2013 compared with September 2013 Industrial production down by 1.1% in euro area Down by 0.7% in EU28

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Март Opinion research & Communications

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

CCBE LAWYERS STATISTICS 2016

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

External Quality of Service Monitoring

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

MAIS3+ assessment: Current practices around Europe

EUROPEANS EXPERIENCE WITH USING SHIPS AND PERCEPTIONS OF MARITIME SAFETY

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Air transport in the EU27 Air passenger transport up by 0.6% in 2008 Declining trend through the year

ATTITUDES OF EUROPEANS TOWARDS TOURISM

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS IN ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN FEBRUARY 2011

An overview of Tallinn tourism trends

Survey on the attitudes of Europeans towards tourism. Analytical report

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN NOVEMBER 2018

Pocketbooks. Fishery statistics. Data edition. EuropEan Commission. hery.indd :03:37

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN OCTOBER 2017

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN FEBRUARY 2018

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN NOVEMBER 2017

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN JANUARY 2018

March 2015 compared with February 2015 Volume of retail trade down by 0.8% in euro area Down by 0.6% in EU28

in focus Statistics How Eur opeans go on Contents Main features INDUSTRY, TRADE AND SERVICES POPULATION AND SOCIAL CONDITIONS

Europeans and Tourism - Autumn Analytical Report

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ENGLISH. Lombardia in Europe REGIONAL STATISTICAL YEARBOOK

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Fishery statistics P O C K E T B O O K S. Data E D I T I O N KS-DW EN-C. Price (excluding VAT) in Luxembourg: EUR 10

Survey on the attitudes of Europeans towards tourism. Analytical report

Industrial Statistics of Lifts and Escalators. Ebru Gemici-Loukas, VDMA ASANSÖR, Istanbul 27. March 2015

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Cumulative Investments by Sector. Cumulative Investment by Country. Industry, Commerce & Agribusiness 18% Transport 30% Natural Resources 2%

SLOVAKIA. Table 1. FDI flows in the host economy, by geographical origin. (Millions of US dollars)

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

FINLAND. Table 1. FDI flows in the host economy, by geographical origin. (Millions of US dollars)

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

CAP CONTEXT INDICATORS

JAR-145: APPROVED MAINTENANCE ORGANISATIONS. Please find attached a copy of Amendment 6 to JAR-145, effective 1 November 2004.

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Please find attached a copy of JAR-66 Amendment 2 dated February 2007.

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

JAR-147: APPROVED MAINTENANCE TRAINING/EXAMINATIONS. Please find attached a copy of JAR-147 Amendment 3 dated February 2007.

JAR-23: NORMAL, UTILITY, AEROBATIC, AND COMMUTER CATEGORY AEROPLANES. Please find attached a copy of JAR-23 Amendment 3 dated February 2007.

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

JAR-21: CERTIFICATION PROCEDURES FOR AIRCRAFT AND RELATED PRODUCTS AND PARTS. Please find attached a copy of JAR-21 Amendment 7 dated February 2007.

Please find attached a copy of JAR-25 Amendment 20 dated December 2007.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

EUROCONTROL. Visit of the Transport Attachés. 10 April Frank Brenner. Director General EUROCONTROL

Структурно програмирање

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Системот на јавните набавки во Република Македонија

LifeWatch, costing and funding. The LifeWatch e-infrastructure financial issues

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

The impact of economic crisis on air transport Dragotă Violeta Gianina PhD Buzilă Nicoleta PhD Gordean Raoul Sabin PhD student Dogan Mihaela

Chit Chats clients save up to 70% on U.S. and international postage.

The economic impact of ATC strikes in Europe Key findings from our updated report for A4E

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Table I. General questions

CROATIA. Table 1. FDI flows in the host economy, by geographical origin. (Millions of US dollars)

A spotlight on tourism in CEE. Christopher Hinteregger, 14 th May 2012, Vienna

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

COMMUNICATION FROM THE COMMISSION TO THE COUNCIL

СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА РАДИОДИФУЗНАТА ДЕЈНОСТ ЗА 2012 ГОДИНА

O 2 Call Options Explained

Коисмение.Штозначиме.

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

IMD World Talent Report Factor 1 : Investment and Development

Common Market Organisation (CMO) Fruit and vegetables sector Evolution of EU prices of some F&V products

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

irport atchment rea atabase

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

INTERNATIONAL REGISTRY IN ORGAN DONATION and TRANSPLANTATION

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Dr. Violeta Vinceviciene, DG ENV D.2

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Call Type PAYU1 PAYU2 PAYU3 Out Of Bundle

Legal and Institutional Aspects of ATM in Europe. Roderick D. van Dam Head of Legal Service EUROCONTROL

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ПОЛИТИКАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА POLITIKA PЁR ZHVILLIMIN E BARABARTЁ RAJONAL NЁ MAQEDONI

ROMANIA. Table 1. FDI flows in the host economy, by geographical origin. (Millions of US dollars)

CEFS SUGAR STATISTICS 2010

Sustainable Mobility in the Danube region From Coordination and Cooperation to Co-Action

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Transcription:

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година Скопје, декември 2011 година

Содржина: 1. Вовед...3 2. Регулација на пазарот на поштенски услуги...4 3. Поштенски услуги...6 4. Податоци за вработените во поштенскиот сектор...8 5. Обем на поштенски услуги...10 6. Анализа на писмоносни услуги...17 7. Капацитет на поштенска мрежа...20 8. Финансиски резултати на давателите на поштенски услуги...24 9. Цени на поштенски услуги...26 10. Квалитет на обезбедување на универзална услуга...29 11. Податоци за безбедност и рекламации на поштенски пратки...30 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 2

1. Вовед Агенцијата за пошти на Република Македонија претставува независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, која е основана како самостојно и непрофитно правно лице и врши јавни овластувања утврдени со Законот за поштенските услуги (Службен весник на Република Македонија бр.9 од 18.01.2008). Агенцијата за пошти започна со работа на 15 јули 2008 година со седиште во Скопје. Агенцијата за пошти на Република Македонија, во рамките на своите законски надлежности, за редовните активности за анализа на пазарот на поштенските услуги, а согласно член 22, став 1 од Законот за поштенските услуги, изготви Упатство за обезбедување на информации и финансиски податоци на кое следи Извештај за обезбедување на поштенски услуги. Согласно член 1 и 2 од Упатството за обезбедување на информации и финансиски податоци давателите на поштенски услуги имаат законска обврска да доставуваат до Агенцијата пополнет Извештај на секои шест месеци односно два пати во годината, за првата половина од календарската година (1 јануари 30 јуни) се доставува до 1 септември, а за втората половина од календарската година (1 јули 31 декември) се доставува до 1 март наредната година. До давателот на универзална услуга АД Македонска Пошта, Агенцијата во текот на 2010 година достави и неколку дополнителни прашалници во однос на мрежата, во однос на обебзедување на услугите и сл. Податоците кои се добиени од страна на Давателите на поштенски услуги во форма на Извештај за обезбедување на поштенски услуги, претставуваат основа за подготовка на Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Македонија за годината на која се однесуваат податоците. Целта на Статистичкиот извештај е да се прикаже и визуелно да се долови целокупното работење на компаниите кои учествуваат на овој пазар, развојот на конкуренцијата, меѓусебното интегрирање на истите и варирањето на дејствувањето на поштенскиот пазар споредбено за одредени периоди. Во Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија за 2010 година систематски ќе бидат прикажани следниве параметри: - Податоци за вработените во поштенскиот сектор; - Обем на поштенски услуги; Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 3

- Анализа на писмоносните услуги; - Капацитет на поштенска мрежа; - Финансиските резултати на Давателите на поштенски услуги; - Цени на поштенските услуги; - Квалитет на обезбедување на поштенски услуги; - Податоци за безбедност и рекламации на поштенски пратки. 2. Регулација на пазарот на поштенски услуги Појдовна основа за регулирање на пазарот на поштенските услуги е Законот за поштенските услуги (Службен весник на РМ бр. 9/08, 158/10). Агенцијата за пошти како регулаторно тело во оваа област е надлежна за овозможување конкуренција во областа на поштенските услуги според објективни, транспарентни и недискриминаторни услови, на постепен и контролиран начин со цел да се обезбеди обезбедувањето на универзалната услуга. Во функција на регулирање на пазарот на поштенските услуги е издавањето на лиценци (индивидуална дозвола и стандардна дозвола) за работа на давателите на поштенските услуги. АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост- Скопје ја обезбедува универзалната услуга со резервираната поштенска услуга до 50 грама на целата територија на Република Македонија врз основа на Индивидуална дозвола издадена од страна на Агенцијата за пошти за времетраење од пет години. За обезбедување на дел од универзалната услуга, како и за обезбедување на поштенски услуги на слободниот пазар во текот на 2010 година поднесени се четири нови барања за добивање на Стандардна дозвола. Издадени се четири нови Стандардни дозволи (Табела 1.) додека во Табела 2. се прикажани давателите на поштенски услуги на кои во 2010 година им се укинати Стандардните дозволи. Постојаното зголемување на конкурентноста при давањето на поштенските услуги на пазарот што може да се воочи од табелата 1, ќе понуди поштенски услуги со повисок квалитет и поголема достапност на услугите до крајните корисници. Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 4

Табела 1. Лиценцирани даватели на поштенски услуги Даватели на поштенски услуги Вид на дозвола Датум на издавање 1. АД Македонска пошта Скопје Индивидуална дозвола 24.12.2008 2. ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 24.03.2009 3. ТНТ ЕКСПРЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ Стандардна дозвола 25.03.2009 4. ИН ТИМЕ МК БПС ДОО Скопје Стандардна дозвола 30.03.2009 5. СПИДИ ДИЛИВЕРИ ДОО Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 6. Глобко логистик ДОО Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 7. Карго Експрес ДООЕЛ увоз извоз Битола Стандардна дозвола 31.03.2009 8. РСЕ ОПТИМА Вите ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 9. СИТИ БАЈК ЕКСПРЕС ДОО Скопје Стандардна дозвола 30.04.2009 10. ДРД КУРИР ДООЕЛ СКОПЈЕ Стандардна дозвола 26.05.2009 11. СКОПЈЕ ВЕЛОСИПЕДИСТ Стандардна дозвола 29.05.2009 12. ФЛЕШНЕТ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 29.06.2009 13. ДЕЛИВЕРИМЕН ДОО увоз-извоз Скопје Стандардна дозвола 30.06.2009 14. ИПД - ПОСТ ДОО Скопје Стандардна дозвола 21.07.2009 15. Ветец Цо ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 30.09.2009 16. Брза пратка ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 30.04.2010 17. Бајк Експрес Диливери ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 25.05.2010 18. ДППУ Жијани Торпедо ДООЕЛ Стандардна дозвола 30.11.2010 19. Сторм МАКС ДООЕЛ Стандардна дозвола 21.12.2010 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Табела 2. Укинати дозволи 2010 година Даватели на поштенски услуги Вид на дозвола Датум на издавање Датум на укинување 1. Вертикал Солутионс ДООЕЛ Скопје Стардардна дозвола 29.09.2009 31.12.2010 2. МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ Стардардна дозвола 30.06.2009 31.12.2010 3. ИНФОФАКС Тони ДООЕЛ експорт импорт Стардардна дозвола 25.01.2010 31.12.2010 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 5

3. Поштенски услуги Дефинирање на одделни поими од Законот за поштенски услуги: универзална поштенска услуга е минимален обем на поштенски услуги кои постојано се обезбедуваат на целата територија на Република Македонија, со определен квалитет и по пристапни цени за корисниците на услугата.универзалната поштенска услуга ги вклучува како минимум следниве поштенски услуги: - прием,пренос,сортирање и достава на писмоносни пратки со тежина до 2 кг; - прием,пренос,сортирање и достава на пакети со тежина до 20 кг; - поштенски и телематски парични упатници; - книжени услуги и услуги со означена вредност и - прием и дитрибуција на поштенски пратки за слепи лица и за лица со делумно оштетен вид. резервирани поштенски услуги се дел од универзалната поштенска услуга резервирани за давателот на универзалната поштенска услуга за определен период; поштенски услуги се услуги кои вклучуваат прием, сортирање,пренос и достава на поштенски пратки во внатрешниот или меѓународниот поштенски сообраќај; поштенска пратка е пратка адресирана со полна адреса која треба да се пренесе од страна на давател на универзалната поштенска услуга. Во поштенски пратки спаѓаат писмоносни пратки, книги, каталози, весници, списанија и поштенски пакети кои содржат стока со или без означена вредност; обични поштенски пратки се писма, поштенски картички, печатени работи, секограми, мали пакети и друго; книжени поштенски пратки се препорачани писмоносни поштенски пратки, вредносни поштенски пратки, пакети, поштенски парични упатници и телематски парични упатници; мал пакет е отворена поштенска пратка која не содржи писмено соопштение со тежина до 2 кг; Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 6

писмоносна пратка е пратка која содржи писмена порака во затворен плик која треба да се пренесе и достави на адресата означена на самата пратка или на нејзината обвивка; експресна услуга е најбрза поштенска услуга која има предност над другите поштенски пратки и над ограничувањата во цените утврдени за резервираната област; печатени работи се целосно или делумно отворени поштенски пратки или пратки спакувани во провидна обвивка кои содржат книги, каталози, весници и периодични списанија; директна пошта се пратки кои се состојат само од рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал со идентична порака, со исклучок на името, адресата и другите податоци за идентификација на примачот, како и на други променливи елементи кои не ја менуваат природата на пораката, а се испраќа на поголем број лица и треба да се достави на адресата што ја означил испраќачот на самата пратка или врз нејзината обвивка. Сметките, фактурите и финансиските извештаи кои овозможуваат финансиска операција не се сметаат за директна пошта. пакет е поштенска пратка со определена големина и тежина; Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 7

4. Податоци за вработените во поштенскиот сектор Вкупниот број на вработени во поштенскиот сектор во 2010 година кај сите даватели на поштенски услуги изнесува 2,390 лица, од кои 2,151 се вработени во Македонска пошта а останатите 239 во компаниите на останатите даватели на поштенски услуги (Табела 3.). Бројот на вработени во поштенскиот сектор во Македонска пошта во 2010 година е намален за разлика од претходната 2009 и 2008 година, додека бројот на вработени кај останатите даватели на поштенски услуги е намален само во однос на 2009 година, што покажува зголемување на конкуренцијата, односно поединечен развој кај давателите на слободниот пазар и нивно понатамошно заземање поголема улога во обезбедување на поштенските услуги. Вкупен број на вработени во поштенскиот сектор А.Д МАКЕДОНСКА ПОШТА Останати даватели на поштенски услуги Табела 3. Вработени во поштенскиот сектор 2008/2010 2008 година 2009 година 2010 година Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) 2,285 2,215 2,151 186 258 239 Вкупниот број на вработени во поштенскиот сектор во Република Македонија зафаќа вкупно 0,37% од вкупниот број на вработени во нашата земја, кој изнесува 642,809. Овие податоци се преземени од Државниот завод за статистика, а се однесуваат на почетокот на 2011 година. 0,37% 99,63% Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 8

Графикон.1 Број на вработени во поштенскиот сектор - 2010 год. 239 Македонска пошта 2151 Останати даватели на поштенски услуги Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Графиконот 2. го претставува бројот на вработени во Македонска пошта во периодот 2004-2010 година каде јасно се забележува дека бројот во 2004 бил најнизок за да во 2007 го достигне својот максимум и од 2007 па до 2010 година има намалување на бројот на вработените, што секако не значи намалување на обемот на обезбедување на поштенските услуги што понатаму се потврдува со натамошните графикони. 2400 Графикон.2 Број на вработени во Македонска пошта - 2004/2010 година. 2350 2300 2250 2200 2150 2100 2050 2000 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 9

5. Обем на поштенски услуги Давателите на поштенски услуги во 2010 година, оствариле вкупно 63,632,456 поштенски и други поврзани услуги (Табела 4.). Бројот на остварени писмоносни услуги кај давателот на универзална услуга (во понатамошен текст: Македонска пошта) изнесува 59,213,326 пратки, додека бројот на остварени писмоносни услуги кај останатите даватели на поштенски услуги е 495,562. Бројот на обични пакети кои Македонска пошта ги остварила е 201,525, додека останатите Даватели на поштенски услуги во 2010 година оствариле 307,554 обични пакети што е двојно повеќе во однос на минатата година каде што бројот на остварени пакети беше двојно помал од Македонска пошта (Табела.4). Како и минатата година, така и оваа податокот за остварени резервирани пратки од страна на Македонска пошта нема. Исто така, кај Македонска пошта недостапни се податоците и за обемот на малите пратки и на неадресираните пратки. Обемот на другите поштенски и поврзани услуга што го остварила Македонска пошта во 2010 година изнесува 3,353,867 пратки, додека останатите даватели на поштенски услуги оствариле вкупно 60,794 други поштенски и поврзани пратки. Вкупен поштенски сообраќај Табела 4. Вкупен поштенски сообраќај 2010 година Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Вкупно 2010 ВКУПНО ПОШТЕНСКИ И ДРУГИ УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ 62,768,673 863,783 63,632,456 1. Писмонoсни услуги, вкупно 59,213,326 495,562 59,708,888 од кои резервирана област / 9,982 9,982 a) писма 34,359,743 112,769 34,472,512 b) поштенски картички 617,633 / 617,633 c) директна пошта 378,813 24,892 403,705 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 10

d) препорачани писма 5,412,393 22,669 5,435,062 314,711 5,260 319,971 18,130,033 / 18,130,033 g) мали пакети / 79,624 79,624 h) неадресирани пратки / 271,025 271,025 201,525 307,554 509,079 3,353,867 60,794 3,414,661 e) вредносни f) хибридна пошта 2. Обични пакети 3. Други поштенски и поврзани услуги Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Вкупниот број на писмоносни услуги во 2010 година е зголемен за 20,507,553 пратки од минатата 2009 година каде вкупниот број на писмоносни услуги беше 39,201,335. Одделно гледано Македонска пошта го зголемила обемот на писмоносни услуги за 20,548,606 пратки, додека останатите даватели на поштенски услуги со 495,562 пратки оваа година го намалиле обемот за 41,053 помалку пратки отколку минатата каде оствариле 536,615 пратки. Графикон 3. Писмоносни услуги Македонска пошта Писма Поштенски картички Директна пошта Препорачани Вредносни Хибридна пошта Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 11

Графикон 4. Писмоносни услуги Останати даватели на поштенски услуги Писма Неадресирани пратки Директна пошта Препорачани Вредносни Мали пакети Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Одделно гледани писмоносните услуги во кои спаѓаат писмата, препорачаните пратки, малите пакети, вредносните и неадресираните пратки во 2010 година се застапени со следниов обем кај Давателите на поштенски услуги. Македонска пошта минатата година остварила најголем број на писма 34,359,743, потоа хибридна пошта 18,130,033 и препорачани писма 5,412,393 (Графикон 3.), додека останатите даватели на поштенски услуги оствариле најголем обем на неадресирани пратки 271,025, писма 112,769 и мали пакети 79,624 (Графикон 4.). Во графикон 5 пак е прикажан вкупниот број на поштенски и други поврзани услуги споредбено помеѓу Македонска пошта и останатите даватели на поштенски услуги. Во истиот графикон се воочува дека најголем обем имаат писмоносните услуги кои опфаќаат 93,8 % од вкупниот обем на поштенски услуги. Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 12

Графикон 5. ОБЕМ НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ 100000000 10000000 1000000 Писмоносн и услуги 100000 10000 1000 Обични пакети 100 10 1 Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Други поштенски и поврзани услуги Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) 350.000 Обични пакети 300.000 250.000 2009 200.000 2010 150.000 Power (2009) 100.000 Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Expon. (2010) Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 13

Во графикон 6 е прикажан обемот на сите поштенски и други поврзани услуги за период од 2008-2010 година. Обемот на писмоносните услуги кои ги остварила Македонска пошта има растечки индикации од 2008 до 2010 година, обичните пакети се застапени со неспоредливо помал обем од останатите, но сепак бележат пад од 2008 па се до 2010 година, како и другите останати поштенски и поврзани услуги. Кај останатите даватели најголем пораст се забележува токму кај обичните пакети кој е зголемен за повеќе од 50% во однос на изминатата 2009 година. 100% 90% Графикон 6. 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% 0% Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги 2008 2009 2010 2008 2009 2010 Други поштенски и поврзани услуги Обични пакети Писмоносн и услуги Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Податоците од Графикон 6 јасно покажуваат дека вкупниот обем на пазарот на поштенските услуги кај Македонска пошта од година в година се зголемува односно во 2010 година во однос на 2008 година обемот е зголемен за 11,8 %, а во однос на 2009 година за 9,9%. Во продолжение на ова поглавје следи статистиката за движењето на поштенскиот сообраќај во рамките на нашата држава и надвор од неа. Графикон 7 го прикажува тоа движење каде јасно се воочува дека 97,66% е внатрешен поштенски сообраќај, додека помалку од 2,5 проценти изнесува вкупниот поштенски меѓународен сообраќај кој се реализира надвор од нашите граници. Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 14

Графикон 7. Вкупен сообраќај-македонска пошта 97,66% Внатрешен сообраќај 1,24% 1,10% Меѓународен сообраќај во поаѓање Меѓународен сообраќај во доаѓање Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Од Графикон 8 се согледува дека обемот на писмоносните услуги е значајно позастапен односно зафаќа околу 99% од вкупно остварените поштенски услуги во домашниот и околу 70% во меѓународниот сообраќај остварени од страна на давателот на универзална поштенска услуга Македонска пошта. Обичните пакети се со значително мал процент, додека обемот кај другите поштенски и поврзани услуги е околу пет пати поголем во надворешниот поштенски сообраќај. Графикон 8. Внатрешен Надворешен 0% 20% 40% 60% 80% 100% Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Писмоносни услуги Обични пакети Други поштенски и поврзани услуги Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 15

Обемот на поштенските услуги споредбено за изминатите три години 2008/2010 година остварен од страна на Македонска пошта е следниов: бројот на писмоносните услуги расте од година во година, односно бројот на вкупно писмоносни услуги кои ги остварил давателот на универзална услуга е зголемен за околу 30% односно за вкупно 20,548,606 пратки за разлика од минатата 2009 година кога изнесувал 38,664,720 пратки ( Графикон 9). Графикон 9. ОБЕМ НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ (2008/2010) Македонска пошта 60000000 50000000 Обични пакети 40000000 30000000 20000000 10000000 Други поштенски и поврзани услуги 0 2008 година 2009 година 2010 година Писмоносни услуги Графикон 10. ОБЕМ НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ (2008/2010) Останати даватели на поштенски услуги 600000 500000 400000 300000 200000 Други поштенски и поврзани услуги Обични пакети 100000 0 2008 година 2009 година 2010 година Писмоносни услуги Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 16

Другите поштенски и поврзани услуги се со драстично намалување за разлика од двете изминати години односно обемот на овие пратки е намален за речиси шест пати за разлика од минатата 2009 година. И кај обичните пакети се бележи намалување од околу 35% за разлика од минатата година. Кај останатите даватели на поштенски услуги воочлив е фактот дека најголемо зголемување има во обемот на обичните пакети односно бројот на истите е зголемен за дури 50% повеќе пакети отколку минатата година. Драстично намалување се бележи и кај другите поштенски и поврзани услуги за околу осум пати помалку пратки во однос на минатата 2009 година. 6. Анализа на писмоносни услуги кај Македонска пошта Во ова поглавје од Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година ќе се прикаже кратка анализа на движењето на писмоносните услуги остварени во внатрешен и надворешен сообраќај од страна на Давателот на универзалната поштенска услуга Македонска пошта. Писмоносните пратки се посебно важни за анализирање од причина што најголемиот обем на поштенски пратки е токму во делот на писмоносните пратки и претставуваат важен показател за движење на услугите како и за севкупниот развој. Табела 5. Анализа на писмоносни услуги Македонска пошта Вкупно писмоносни пратки 59,213,326 1. Обични писма 34,359,743 2. Поштенски картички 617,633 3. Директна пошта 378,813 4. Препорачани пратки 5,412,393 5. Писма со означена вредност 314,711 6. Хибридна пошта 18,130,033 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 17

Вкупниот број на писмоносни пратки кои ги остварила Македонска пошта во 2010 година изнесува 59,213,326 пратки, од кои 34,359,743 се обични писма, 5,412,393 препорачани пратки, 617,633 поштенски картички, 378,813 директна пошта, 314,711 писма со означена вредност и 18,130,033 хибридна пошта (Табела 5). Последователно на оваа анализа следи и табелата 5 од која се гледа дека најголем обем од писмоносните пратки кои ги остварила Македонска пошта се обичните писма со вкупно 60% од вкупниот број на истите. Помалку од 30% е застапена хибридната пошта, 10% препорачаните пратки и со незначително мал процент се останатите поштенски картички, директна пошта и писма со означена вредност (Графикон 11). Графикон 11. Писмоносни услуги - Македонска пошта Обични писма Поштенски картички 18.130.033 Директна пошта 34.359.743 Препорачани пратки 314.711 5.412.393 Писма со означена вредност 378.813 Хибридна пошта 617.633 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) На следниот графикон 12 е претставена анализата на дел од писмоносните услуги за период од осум години односно од 2003 до 2010 година остварени од страна на Давателот на УПУ. Препорачаните пратки се со најголем обем и се во растечка линија од 2006 па се до 2010 година. Вредносните писма се релативно со приближен број на пратки во текот на овие осум години, додека директната пошта бележи големо зголемување во 2008-та за да понатаму следи со одредени варијации. Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 18

Графикон 12. АНАЛИЗА НА ПИСМОНОСНИ УСЛУГИ 2003/2010 година 6.000.000,00 5.000.000,00 4.000.000,00 3.000.000,00 2.000.000,00 1.000.000,00 Писма со означена вредност Директна пошта 0,00 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 Препорачани пратки Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Во следната табела е прикажан бројот на пратки остварени во Република Македонија од страна на Македонска пошта по глава на жител. Во табелата 6 прикажан е бројот на пратки по глава на жител за период од 2003-2010 година, на која се гледа дека од година во година бројот на пратки по глава на жител се зголемува, освен во 2005 година каде има незначително намалување од 24.20 во 2004-та на 23.97 пратки во 2005-та. Бројот на пратки по глава на жител во 2010-та достигнува пораст од 30.57 пратки, тоа е речиси 3 пратки повеќе на секој жител во Република Македонија во однос на минатата 2009 година. Табела 6. АД Македонска пошта 2003 год. 2004 год. 2005 год. 2006 год. 2007 год. 2008 год. 2009 год. 2010 год. Број на пратки по глава на жител 22.92 24.20 23.97 25.09 / 27.69 27.87 30.57 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2011) Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 19

Графикон 13. Број на пратки по глава на жител споредбено - 2003/2010 година 30,57 25,09 23,97 24,2 22,92 27,87 27,69 2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003 0 5 10 15 20 25 30 35 7. Капацитет на поштенска мрежа Точките на пристап кои го покриваат капацитетот на поштенска мрежа на Давателите на УПУ се распоредени на единици на поштенска мрежа во кои спаѓаат поштенски единици за прием на пратки, сезонски поштенски единици, договорни пошти и поштенски единици за достава на поштенски пратки, поштенски сандачиња и поштенски фахови. Доставата на поштенските пратки се врши преку пошторазнесувачи и преку поштенски фахови, лоцирани во поголемите поштенски единици во населените места во Република Македонија. Доставата на поштенските пратки се обезбедува преку 611 пошторазнесувач на 847 доставни реони кои ја покриваат цела територија на Република Македонија. Испораката на поштенски пратки се врши преку 8,173 поштенски фахови. Во табелата 7 е искажан бројот на точки на пристап кај Давателот на УПУ и бројот на точки на пристап со кој располагаат останатите Даватели на поштенски услуги, каде се воочува дека бројот на точки на пристап е далеку поголем кај Давателот на УПУ, што е и очекувано заради обемот на распространетост кои го опфаќаат. Вкупниот број на точки на пристап кои ги покрива Давателот на УПУ изнесува 9,628 додека пак останатите Даватели располагаат со вкупно 81 точки Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 20

на пристап (Табела 7.). Вкупниот капацитет на поштенска мрежа во Република Македонија преку која се одвива целиот поштенски сообраќај изнесува 9,709 точки на пристап. Точки за пристап Табела 7. Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Вкупно 1.Единици на поштенска мрежа 563 81 644 a) Поштенски единици за прием на поштенски пратки, непрекинато работно време 6 4 10 единици на поштенска мрежа со целосно раб.време 91 42 133 единици на поштенска мрежа со скратено раб.време b) Сезонска поштенска единица c) Договорни пошти 231 19 250 3 / 3 4 13 17 d) Поштенски единици за достава на поштенски пратки 228 1 229 2.Поштенски сандачиња 475 / 475 3.Поштенски фахови 8,590 / 8,590 Вкупно точки за пристап 9,628 81 9,709 Графикон 14. Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги 560 460 360 260 160 60 2009 година 2010 година Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 21

За разлика од минатата 2009 година единиците на поштенска мрежа како дел од капацитетот на поштенска мрежа во Република Македонија во 2010 година е зголемен и кај Давателот на универзалната поштенска услуга и кај останатите даватели на поштенски услуги. Бројот на единици на поштенска мрежа со кој располагала Македонска пошта е зголемен за 231 единица во однос на минатата 2009 година, додека останатите даватели на поштенски услуги го зголемиле својот капацитет за 13 единици на поштенска мрежа (Графикон 14). Графикон 15. Единици на поштенска мрежа Македонска пошта Останати даватели на поштенски 0 100 200 300 400 500 600 Графикон 16. Капацитет на поштенска мрежа 2008/2010 2010 Македонска пошта 2009 2008 0% 20% 40% 60% 80% 100% Останати даватели на поштенски услуги Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 22

Во Графикон 17 и 18 прикажан е капацитетот на технолошки возила, дистрибутивни и сортинг центри и меѓународни изменични пошти со кои располагаат давателите на поштенски услуги. Македонска пошта располага со 96 возила, 14 дистрибутивни и еден сортинг центар и една меѓународна изменична пошта. Останатите даватели располагаат вкупно со 63 возила, 14 дистрибутивни и 15 сортинг центри и една меѓународна изменична пошта. Графикон 17. Македонска пошта 96 Teхнолошки возила Дистрибутивни центри 14 Сортинг центри Меѓународни изменични пошти 1 1 Графикон 18. Останати даватели на поштенски услуги 63 14 Технолошки возила 15 Дистрибутивни центри Сортинг центри 1 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година Меѓународни изменични пошти 23

8. Финансиски резултати на давателите на поштенски услуги Според податоците од извештаите кои ги доставуваат давателите на поштенски услуги до Агенцијата за пошти, во следната табела 8 се прикажани податоците за финансиските резултати кои ги оствариле давателите во 2010 година. Од табелата се гледа дека приходот од обезбедување на поштенски и други поврзани услуги во внатрешен и во меѓународен сообраќај и кај Давателот на универзална поштенска услуга и кај останатите даватели е во позитива како и нивниот заеднички збир со што се докажува успехот на нивното работење во поштенскиот сектор како и развојот на пазарот на поштенски услуги. Табела 8. Финансиски резултати на Давателите на ПУ Вкупни приходи од обезбедување на поштенски и други поврзани услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај- 2010 Вкупни расходи од обезбедување на поштенски и други поврзани услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај - 2010 А.Д МАКЕДОНСКА ПОШТА 1,456,642,652 1,378,860,977 Останати даватели на поштенски услуги 495,965,839 378,227,792 Вкупно остварени финансиски резултати 1,952,608,491 1,757,088,769 Графикон 19. ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА ДАВАТЕЛИТЕ НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ Останати даватели на поштенски услуги 378.227.792,00 495.965.839,00 Вкупни расходи Македонска пошта 1.378.860.977,00 1.456.642.652,00 Вкупни приходи 1.000.000 501.000.000 1.001.000.000 1.501.000.000 2.001.000.000 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 24

Во Графикон 20 е прикажана разликата односно растот на приходот гледано 2008-2010 година, каде што и Македонска пошта и останатите даватели постигнале зголемување на нивниот вкупен приход во 2010 година остварен од поштенски и други поврзани услуги. Вкупниот приход што го остварила Македонска пошта во 2010 година е зголемен за 0,93 % во однос на 2009 година. Процентот на зголемување на приходот во 2010 година кој пак го оствариле останатите даватели на поштенски услуги изнесува 0,35% во однос на минатата 2009 година. Графикон 20. 1.600.000.000,00 ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ-2008/2009 година 1.400.000.000,00 1.200.000.000,00 1.000.000.000,00 Остварени приходи- 2008 800.000.000,00 600.000.000,00 400.000.000,00 Остварени приходи- 2009 200.000.000,00 0,00 Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Остварени приходи- 2010 9. Цени на поштенски услуги Висината на цените на услугите што ги обезбедува давателот на универзалната поштенска услуга, треба да бидат базирани на трошоците за ефикасно обезбедување на услугите. Цените на поединечните услуги што се опфатени во универзалната пошта мора да бидат еднакви за сите корисници на целата територија на Република Македонија. Цените на УПУ треба да бидат утврдени на недискриминаторска основа и така одредени да не смеат да предизвикуваат ценовно фаворизирање или дефаворизирање на одредена услуга. Давателот на универзалната поштенска услуга е должен пред секоја промена на цените навреме, претходно да побара согласност од Агенцијата. Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 25

Табела 9. Цени (20г, 1ва класа) единица 2010 Услуги во внатрешен сообраќај: Ценовник за стандардно (1ва класа) писмо со тежина под 20г (универзална услуга) Услуги во меѓународна услуга: Ценовник за стандардно (1ва класа) писмо со тежина под 20г (универзална услуга) Национална валута Национална валута Производи (пр.димензии/ формати) 16,00 До 20гр 36,00 73,00 До 20гр До 100гр Во табела 9 се прикажани цените на поштенските услуги кои важат од 07.06.2009 година. Teжина/ ограничување на цена за поштенски пратки во внатрешен сообраќај 2010 Тежина кг 50гр Ограничување на цена Национална валута 32,00 Teжина/ ограничување на цена за директна пошта 2010 Тежина кг 50 гр Ограничување на цена Директна пошта: минимум број на пратки со идентична содржина кои се сметаат за директна пошта Национална валута 8,00 број 1.501 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 26

График 21. Цени за внатрешен (прва класа) писма со тежина до 20 гр (во евра) 1,20 1,00 0,80 0,60 0,40 0,20 0,00 AT BE BG HR CY CZ DE DK EE FI FR EL HU IE MT LT LU LV NO RO PL PT SI SK SE CH UK 1 July 2008 0,55 0,54 0,46 0,37 0,34 0,42 0,55 0,74 0,35 0,55 0,57 0,42 0,55 0,19 0,45 0,50 0,44 0,87 0,27 0,63 0,45 0,23 0,53 0,58 0,62 0,46 1 July 2009 0,55 0,59 0,46 0,54 0,34 0,39 0,55 0,74 0,35 0,80 0,56 0,58 0,37 0,55 0,19 0,45 0,50 0,57 0,89 0,38 0,44 0,47 0,26 0,53 0,56 0,66 0,46 1 July 2010 0,55 0,69 0,46 0,64 0,34 0,39 0,55 0,74 0,35 0,80 0,58 0,58 0,37 0,55 0,19 0,45 0,50 0,56 1,06 0,37 0,47 0,47 0,29 0,60 0,62 0,76 0,50 Извор: Deutsche Post, Letter prices in Europe 2009;

10. Квалитет на обезбедување на поштенски услуги Согласно член 31 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти ги пропишува барањата за квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење, согласно утврдените CEN стандарди за мерење на квалитетот на универзалната услуга. Давателот на универзална услуга е должен да ја обезбедува универзалната услуга согласно пропишаните барања за квалитет и да врши мерење на квалитетот на обезбедувањето на универзалната услуга во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, преку независна компанија. Согласно законската обврска која произлегува од член 4 од Правилникот за утврдување на методологијата за мониторинг врз квалитетот на универзалната поштенска услуга ( Службен весник на Република Македонија бр. 131/2008), Македонска пошта во 2010 година има вршено пробно мерење преку независна компанија во период октомври декември. Графикон 22. 100% 95% 90% 85% 80% 75% 70% 65% 60% 55% 50% Квалитет на обезбедување на поштенски услуги во период октомври декември Внатрешен сообаќај Надворешен сообраќај 60,30% 55,50% приоритетни писмоносни пратки D+1 72,40% 64,70% неприоритетни писмоносни пратки D+3 94% 85% достава на пакети D+3

Табела 10. Таргети и резултати за 2009 и 2012 по земји EN 13850 D + 1 Targets 2009 Results 2009 Targets 2010 If available Results 2010 If available D+1 = % D+1 = % D+1 = % D+1 = % AT Austria 95.00% confidential 95.00% 95,39% BE Belgium 90.00% 93.20% 90.00% 93.30% BG Bulgaria 80.00% 84.20% 80.00% 83.60% HR Croatia 85.00% 62.80% 85.00% 78.00% CY Cyprus 90.00% 86.40% 90.00% 89.60% CZ Czech Rep. 91.00% 92.09% 92.50% 93.19% DK Denmark 93.00% 95.70% 93.00% 93.30% EE Estonia 90.00% 93.80% 90.00% 92.70% FI Finland 85.00% 93.50% 85.00% 91.10% FR France 84.00% 84.70% 84.00% 83.40% DE Germany 80.00% fulfilled 80.00% fulfilled GR Greece 87.00% 81.50% 87.00% 87.70% HU Hungary 85.00% 93.05% 85.00% 93.68% IE Ireland 94.00% 84.00% 94.00% 85.00% LV Latvia 97.00% 96.30% 97.00% 97.30% LT Lithuania 85.00% 77.10% 85.00% 64.95% LU Luxembourg 95.00% 97.93% 95.00% 97.99% MT Malta 93.00% 95.10% 93.00% 95.10% NL Netherlands 95.00% 95.20% 95.00% n.a. NO Norway 85.00% 88.30% 85.00% 83.50% Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 29

PL Poland 82.00% 52.70% 82.00% 53.40% PT Portugal 94.50% 95.20% 94.50% 94.70% FYROM Republic of Macedonia 85.00% RO Romania 85.00% 46.20% 85.00% 52.60% SK Slovakia 96.00% 96.01% 96.00% 96.82% SI Slovenia 95.00% 93.90% 95.00% 95.50% ES Spain SE Sweden 85.00% 95.70% 85.00% 93.70% CH Switzerland 97.00% 97.70% 97.00% 97.20% UK United Kingdom 93.00% 87.90% 91.40% Извор:ERGP - report on the quality of service and end-user satisfaction 2011 11. Податоци за безбедност и рекламации на поштенски пратки Во согласност со Законот за поштенските услуги секој корисник има право да по поднесе рекламација за поштенски пратки. Условите и начинот на поднесување на рекламација давателите на поштенски услуги се должни да ги објават на видно место во просториите за обезбедување на поштенски услуги. Во доставените прашалници давателите на поштенските услуги ги внесуваат податоците и за поднесените рекламации. Македонска пошта во 2010 година има 3565 рекламации, од кои најмногу за препорачани писма кои изнесуваат 93% од вкупно поднесени рекламации. Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 30

Графикон 23. Процент на решени рекламации за поштенски пратки во внатрешен сообраќај кај Македонска пошта 100% 90% 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% 0% Позитивно Негативно препорачани писма вредносни писма пакети вредносни пакети Графикон 24. Процент на решени рекламации за поштенски пратки во меѓународен сообраќај кај Македонска пошта 100% 90% 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% Позитивно Негативно 0% препорачани писма вредносни писма пакети вредносни пакети Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 31

При анализа на графиконите по однос на поднесени рекламации кај Македонска пошта од вкупно поднесените рекламации и во внатрешен и во меѓународен поштенски сообраќај 2564 рекламации се решени позитивно односно 72% се позитивно решени за што е исплатена оштета во износ од 262,222 илјади денари. Графикон 25. Процент на рекламации за поштенски пратки кај останати даватели на поштенски услуги Препорачани писма 60,00% Пакети 40,00% Вреносни пакети Писма 0,00% 0,00% Графикон 26. Рекламации кај Македонска пошта за пречекорување на рокот за достава или за оштетување на поштенски пратки Оштетени поштенски пратки Пречекорување на рок за достава Обични писма 1 Вредносни пакети 4 17 Пакети 5 132 Вредносни писма 2 2 Препорачани писма 20 98 1 10 100 1.000 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 32

Графикон 27. Рекламации кај останати даватели на поштенски услуги за пречекорување/оштетување на поштенски пратки Оштетени поштенски пратки Пречекорување на рок за достава Вредносни пакети Пакети 0 0 0 2 Вредносни писма 0 8 Препорачани писма 0 4 Обични писма 0 5 0 2 4 6 8 10 По однос на бројот на рекламации кај Македонска пошта во поглед на обезбедување на универзалната услуга во споредба со 2009 година, во бројот на рекламации за 2010 година е зголемен за добри 55% за што посебно треба да се обрне внимание посебно ако се има во предвид дека бројот на поштенските пратки кај Македонска пошта постојано е во пораст и дека треба да се работи на подобрување на квалитетот за да ваквата динамика на зголемување на обемот продолжи и понатаму. 3586 2010 година 2309 2009 година 0 500 1000 1500 2000 2500 3000 3500 4000 Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година 33