Наоѓање на вербата. Продолжете да се смеете, Gregg Maughan Претседател, Форевер Ливинг Продактс. 2 Јануари

Similar documents
3. Записи: Доколку можете да добиете одобрувања од луѓе кои имаат кредибилитет во јавноста, сѐ што ќе кажете ќе биде многу поприфатливо.

ОПИС И СВОЈСТВА. СОСТАВ Природно рибино масло, масло од каламари, маслиново масло, масло од лимета (природен аромат), ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Март Opinion research & Communications

Компанијата за алое вера

Коисмение.Штозначиме.

ОПИС И СВОЈСТВА ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

Структурно програмирање

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

ДИСЦИПЛИНА И УПОРНОСТ

Бидете беспрекорни со новиот

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Биланс на приходи и расходи

Health South Eastern Sydney Local Health District

Биланс на приходи и расходи

Dear Parents/Guardians,

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

пролет* 60% -60 % -70 % СОВРШЕНА НЕГА за 5-во-1 СЕРУМ 109 ден. ПОПУСТ НАД ЛАК ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НОКТИ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

Прирачник. за производите за нега на кожа Solutions ЗА ПРЕКУ ДЕН ЗА НАВЕЧЕР

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Што е ментална болест?

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Сакај го своето срце. Брз водич што ќе ве поддржи додека закрепнувате од срцева болест. Во болница. План за закрепнување. Заминување од болница

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

T-Mobile. Годишен извештај 2006

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

ЉУБОВТА ЗА АНА ЕКСКЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ

Семејството и заедницата

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Опиоиди во палијативен третман: Сигурно и ефикасно препишување на силни опиоиди за третирање на болка при палијативен третман кај возрасни пациенти

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ИЗДАВАЧКА КУЌА ХАРТ БУКС ПАБЛИШЕР

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

YEARS. 25 години од донесување на "Конвенцијата за правата на детето" Д-р Срѓан Керим OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА ГРИЖИТЕ. Христијанска Црква Оаза во Република Македонија

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

Песната на речните птици Лиса Вингејт

Водич на мислителot за ЛОГИЧКИ ГРЕШКИ

Margina #19-20 [1995] okno.mk 1

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Мобилност МК Mobility MK

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Бенјамин Штајн ПЛАТНО

Постапување правилно ЕТИЧКИ КОДЕКС

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Обука за менаџирање на стрес на работно место

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

тим: Секулоска Вероника, Наумоска Ана, Балоска Ивана, Ристеска Георгина

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

Редни броеви (или песни со посвета)

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2017 YEARBOOK

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

Жан Калвин ( )

ПРИРАЧНИК. за промовирање на ментално здравје на деца под ризик MАРИЈАНА МАРКОВИЌ ЕЛЕОНОРА СЕРАФИМОВСКА

Преглед на државите во Западна Африка

Transcription:

Наоѓање на вербата Бев зад сцената на Ден на успехот во В. Британија и сретнав убаво младо семејство една мајка и нејзината прекрасна ќерка. Девојчето ми рече дека има 8 години. Ќе ја наречам Faith. Сакав да ви раскажам за ова семејство, бидејќи во нив препознав многу од нас. И како што ги слушав, помислив на милиони луѓе ширум светот кои имаат слична оптимистична и надежна иднина поради Форевер иако можеби имале предизвикувачко минато. Како што зборувавме, Faith ми ги покажа забелешките кои ги водела за време на Ден на успехот. Таа запишала работи како: да се биде позитивен, да се надминат препреките, насмевка од внатре кон надвор, напорна работа итн. Сè што имаше запишано и нацртано беше позитивно и мотивирачко. Бев инспириран од нејзината работа и мотивација да води забелешки и позитивни опсервации. Бев трогнат што Форевер преку нејзината мајка, ја учи многу моќни и применливи животни лекции. Сите ние имаме историја и патешествие кое нè донело во Форевер. Нашите приказни се многу различни во деталите, но многу слични генерално. Без оглед дали за личен развој, здравје, финансии, пријателство или сè од наведеното, ние сме тука за да ги подобриме нашите животи и да решиме проблем или два. Мајката на Faith ми кажа дека во минатото имала некои лоши соработки кои оставиле трага врз нејзината доверба, но сега, преку нејзините нови релации со Форевер, обуки и зголемени приходи, таа се чувствува многу подобро. Знам дека не е осамен случај, бидејќи сум сретнал безброј мажи и жени ширум светот кои се подобриле и сум благодарен на сите спонзори во мрежите, соседни мрежи, клиенти, СФБ предавачи кои се подготвени да им помогнат на нашите сопственици на Форевер бизнис ширум светот да изгледаат подобро и да ја изградат својата доверба повторно. Нема подобро чувство од тоа да го сакаш лицето во огледало! Кога им кажав збогум на Faith и нејзината мајка, двете ја изразија својата благодарност за можноста што Форевер ја нуди. Ги почувствував нивната надеж и оптимизам за иднината, тоа беше неверојатно чувство и јас им благодарам ним и на сите вас ширум светот кои го одбравте Форевер како ваше возило за подобрување на вашите животи и животите на вашите сакани. Нашата кратка средба ме инспирираше, но бев малку тажен од помислата дека сè уште има многу семејства како ова на Faith ширум светот кои не знаат за Форевер. Толку многу би имале корист од тоа што го нудиме. Го повикувам секој од вас да направи повеќе. Да разговара со повеќе луѓе, да направи повеќе телефонски повици, да присуствува на повеќе состаноци, да користи и споделува повеќе производи. Споделив со сите наши генерални директори, членовите на Глобалниот лидерски тим и персоналот ширум светот, дека нашата нова цел е ДА ЈА УДВОИМЕ ПРОДАЖБАТА, бидејќи верувам во вас и чувствувам одговорност да ја споделиме нашата можност со колку е можно повеќе луѓе. Убеден сум дека ако му пристапиме на регрутирањето како на потрага по Faiths попрво отколку трка по бодови, сите ќе можеме ДА ГИ ЗГОЛЕМИМЕ ДВОЈНО НАШИТЕ ПРОДАЖБИ. Многумина ќе кажат не, јас го разбирам тоа, но многу ќе кажат да и кој знае, можеби еден ден вие ќе се сретнете со мало девојче и нејзината убава мајка и можам да ви ветам дека никогаш нема да ги заборавите. Јас знам дека нема да ги заборавам! Продолжете да се смеете, Gregg Maughan Претседател, Форевер Ливинг Продактс 2 Јануари 2017 www.foreverliving.com

Дарот на времето Дали се сеќавате на филмот од пред неколку години, за еден млад човек кој имаше далечински управувач кој може да го контролира времето? Мислам дека се викаше Click? Кога размислувам за сè што се случува во Форевер ширум светот, посакувам да можев да го позајмам далечинскиот управувач и да го успорам времето за да можам да ве посетам сите секоја година. Само замислете може да го користиме далечинскиот управувач да го забрзаме времето и да поминеме побрзо низ тешки времиња. Сепак, имам забележано дека кога работите стануваат тешки, ние стануваме посмирени, љубезни и благодарни и јас мислам ќе се согласите дека овие се големи атрибути! Па, можеби не е потребно да го забрзаме времето со далечински управувач. Можеби нѝ е потребно само малку поголемо трпение. Се сеќавам на еден цитат: лошата вест е дека времето лета, добрата е дека ти си пилотот! Каква голема мисла. Ние не можеме да го контролираме времето, но можеме да го контролираме она што го правиме со нашето време. Искористете ги предностите на новите перспективи кои ги обезбедува Новата Година. Најдете време да испитате што сте направиле и за што сте потрошиле време во 2016, колку тоа вредело и дали времето можело да биде подобро искорист ено. Како можете да ги користите вашите дарби и вештини за да им вратите на оние околу вас? Оваа Нова Година нашата молба до секој од вас е да ги споделите вашите таленти и да бидете подготвени да ги инспирирате другите насекаде каде што одите. Има милиони сопственици на Форевер бизнис, персонал, пријатели и семејства ширум светот што може да биде позитивна сила за добро, ако сме подготвени да го споделиме тоа што го имаме со другите. Не постои ограничување на она што може да се постигне ако сте подготвени да го споделувате. Гледате, ова е суштината на успехот кога сме подготвени да ги споделуваме нашите таленти, дарби и можности со другите. Тоа ги подобрува нивните животи, а за возврат и вашите. Иако сезоната на празници заврши, имаме цела година за споделување со Форевер. Дајте поддршка. Споделете добрина. Зголемете ја довербата. Бидете најгласен поборник. Споделете го вашето време. Овие дарби се оние кои ќе имаат вистинско, долготрајно влијание и откако некои играчки и нова електроника се заборавени. Овие се дарби кои можат навистина да го променат животот. Ви благодарам за вашиот придонес во 2016 и со нетрпение очекувам да работам и споделувам со вас во 2017 и понатаму. Засекогаш Ваш, Rex Maughan CEO, Forever Living Products www.flp.bg Јануари 2017 3

ОПИС И СВОЈСТВА Со напредување на возраста во различни делови на телото започнуваат да се појавуваат знаци на стареење и честопати недоволното движење води до отежнато извршување на некои физички активности. Тоа се случува кога мускулите нѝ се изморени, а зглобовите едноставно не функционираат како што треба. Намалената подвижност нѝ пречи да уживаме во саканите работи и да водиме активен живот како претходно. Сето тоа може да се промени со новиот револуционерен производ на Форевер Ливинг Продактс - Forever Active HA. Нашето тело, најпросто кажано, претставува една голема биомеханичка машина со 230 подвижни зглобови. Од моментот кога ќе станеме наутро, до моментот додека си легнеме навечер, овие зглобови се во движење. Ова непрекинато оптеретување, со текот на годините, доведува до намалување на подвижноста на зглобовите. Организмот произведува посебен протеин наречен хиалуронска киселина која ги подмачкува и омекнува зглобовите и мускулите. Но, со напредувањето на возраста, се произведува сè помалку хиалуронска киселина. Тоа доведува до недоволно подмачкување на зглобовите и до сушење на кожата. Исто како што на автомобилот му треба масло во моторот за да функционира, така и нашето тело има потреба од подмачкување на мускулите. На помош доаѓа Forever Active HA! Ова е уникатна формула на хиалуронска киселина со ниско молекуларна маса. До неодамна оваа корисна киселина во организмот се додаваше исклучиво преку инјекции, затоа што хранопроводниот систем не може да ја прими во природниот состав. Благодарение на новиот процес Injuv, сега HA може да се прима и орално. Forever Active HA содржи и масло од ѓумбир и куркума, за да создаде еден од најхранливите додатоци во исхраната за подмачкување на зглобовите. Со векови во Кина овие две билки се користат за подобрување на функцијата на зглобовите кај возрасни луѓе. Маслото од коренот на куркума е богато со калиум и железо, а клиничките испитувања го докажаа неговото благотворно дејство кај зглобовите. Форевер Ливинг ги комбинираше овие корисни состојки во револуционерен додаток во исхраната. Forever Active HA е одличен додаток на Forever Freedom и Aloe MSM Gel. Употребувани заедно, овие производи можат да ви помогнат да ја вратите радоста на движењето и одново да уживате во вашите сакани активности! СОСТАВ Injuv комплекс на хиалуронска киселина (обезбедува 9% хиалуронска киселина со ниско молекуларна маса од натриум хиалуронат), ѓумбир (Zingiber officinale) масло (корен), куркума (Curcuma longa) (95% куркумин), соино масло, желатин, глицерин, жолт прополис, малтодекстрин, пречистена вода, цинк оксид и лецитин. КОЛИЧИНА 60 гел капсули ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ По една гел капсула два пати на ден.

Почитувани сопственици на Форевер бизнис, драги пријатели, Ја испративме најуспешната година во историјата на Форевер Бугарија и Македонија 2016-та! Растот на нашиот вкупен бизнис е 16%, исполнетите мечти се стотици, а луѓето околу нас кои се чувствуваат и изгледаат подобро со производите на Форевер се илјадници! Сè ова е повод за задоволство и радост, но уште поголемо е нашето задоволство од фактот што заедно сме дел од мисијата на еден исклучителен човек Рекс Мон, кој ја создал Форевер Ливинг Продактс пред повеќе од 38 години. Тогаш тој ги обединил двете основни цели во својот живот: да им обезбеди на луѓето достапни можности и за подобро здравје, и за финансиска независност. Истите ги остварува, бидејќи создава природни алтернативи за поголема виталност со помош на висококвалитетни производи и начин за остварување на добри доходи преку лесен и дарежлив бизнис план. Им обезбедува на сите можност да им помагаат и на другите да бидат поздрави и побогати. Долгата историја на успехот на Форевер во Бугарија и Македонија и ширум светот нѝ дава уште поголема увереност дека сме на правилното место, во најправилниот момент. Оваа увереност е толку голема што Рекс и Управниот одбор на компанијата упатуваат кон сите нас, сопствениците на Форевер бизнис во целиот свет, еден исклучително смел предизвик за 2017 година. Тој звучи вака: УДВОЈТЕ ГО ВАШИОТ БИЗНИС! Започнете ја 2017 година со активности, ентузијазам и верба во своите способности! Планирајте го бизнисот така да што е можно најбрзо да го удвоите неговиот обем. За вас и луѓето околу вас тоа би значело два пати поголеми можности да живеете така како што мечтаете. Искористете го моментумот во кој се наоѓа бизнисот во Бугарија и Македонија и уште оваа година постигнете повисоко ниво во маркетинг планот, станете Менаџер ОРЕЛ, заработете ја долгорочната програма за стимулирање, квалификувајте се за Глобалното рели. Ако сите заедно ги обединиме усилбите под ова мото, ви ветуваме дека веќе оваа година е можно да станеме дел и од програмата Chairman Bonus! 2017-та нè пречекува со одлични можности. Никогаш досега моментот не бил посоодветен да направиме нешто кое ќе го промени нашиот живот комплетно. Работете здраво, бидете последователни и дисциплинирани, вложете го потребниот труд и сигурно претстојната година ќе биде година која нема да сакате никогаш да ја заборавите! Удвојте го Вашиот бизнис! Веруваме во вас и сме убедени дека секој од вас може! Со Форевер! Со љубов и секогаш со Вас, Стефан и Тања Стаеви и целиот тим на Форевер во Бугарија и Македонија

Иако зимата има свои убавини, сепак оваа временска промена дополнително се одразува на телото, на кое треба да му се обезбеди подобра исхрана и дополнителна нега на кожата. Ненадејните температурни варијации предизвикуваат телото да минува низ брзи приспособувања кои навистина не се лесни, со оглед дека животната средина стана сериозно непредвидлива поради злоупотребата на кревкиот екобаланс. Што треба да направиме за да ја минимализираме штетата на нашите тела, и тоа како од внатре така и од надвор и да го сочуваме оптималното здравје? Најдобар начин е да се придржуваме кон здравата и хранлива исхрана која ќе го поткрепува нашето здравје од внатре, воедно ќе ја хидратира и кожата и ќе ја штити од сите предизвици поврзани со зимата. За среќа, пред нас е компанијата Форевер Ливинг Продактс и тука ќе најдеме и повеќе од тоа што му е потребно на нашето тело за да се спротивставиме на лошите ефекти од временските промени. Значи кои се најефикасните додатоци во исхраната? Aloe Vera Gel: Сите наши други додатоци во ихрана ќе го достигнат својот максимален потенцијал, кога нашите тела би ги одржувале без токсини и кога ќе го зајакнеме имунитетот на секоја клетка! Впрочем, ние сме резултат од трилиони и трилиони клетки споени заедно! Forever Freedom: Најдобар начин за да ги одржуваме нашите зглобови и `рскавици добро подмачкани и функционално активни. Луѓето кои страдаат од слични трауми се соочуваат со зголемен број на непријатности за време на зимската сезона. Forever Bee Propolis: Што може да биде посоодветно од најдобриот и најмоќен антибиотик кој ни го дарува природата! Пчелите го користат за да ги одржуваат стерилни своите кошници, а ние го користиме за нашиот организам да се справи со бактериите и инфекциите. Совршен за возрасни и деца, мажи и жени, стари и младиникогаш нема да згрешите со консумирањето на овој производ! Forever Arctic-Sea: Омега 3 масните киселини обезбедуваат заштитна мембрана на секоја клетка, и со тоа им помагаат на клетките да се борат ефикасно со негативните ефекти од слободните радикали. Нашето тело исто така ги користи како главен градбен материјал за создавање на телесни масти кои се потребни во соодветни количини за да се згрееме.

Покрај додатоците во исхрана, треба да обезбедиме дополнителна заштита и нега на нашата кожа од надворешните влијанија за време на зимскиот приод. Кои се најефикасните производи за нега на кожата? Sonya Skin Care: Ултра модерен сет производи за ексфолирање, чистење, тонирање, хидратирање и одржување на целокупното здравје и надворешниот изглед на кожата. Ретките и уникатни состојки го прават овој пакет нешто кое задолжително мора да го имате. Испробајте го и доживејте ги придобивките лично! Aloe Lotion: Производ кој може да го користите во текот на целиот ден. Производ збогатен со масло од јојоба и витамин Е кој ќе ви помогне да ја одржувате кожата мазна, еластична и хидратирана во текот на 24 часа. Aloe MSM Gel: Идеален партнер на Forever Freedom - болните мускули и зглобови ќе ви бидат благодарни, откако ќе ги почувствуваат лековитите својства на овој исклучителен производ! Aloe Moisturizing Lotion, Aloe Activator, Alpha E Factor и Aloe Propolis Creme: ф антазија погодна за кралици и принцези, но исто така доволно добра и за спротивниот пол! Промешајте ги сите и наполнете стаклено шишенце со пумпица, а потоа третирајте ја вашата кожа со врвен луксузен лосион, секоја вечер пред да си легнете! Секое утро ќе имате пријатно изненадување кога ќе се погледнете во огледало.

СЕНИОР МЕНАЏЕР Др. Роза и Драган Гелевски КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА ВКУПЕН ОБЕМ (декември) ТОП 10 НЕМЕНАЏЕРСКИ БОДОВИ (декември) МЕНАЏЕР Георгиевски Жарко - Куманово СУПЕРВИЗОР Др.Гордана Алексиќ Врање Стевановиќ Радица Врање Клуб 4 ниво 1 Др.Гордана Алексиќ Тања Стоилковиќ АСИСТЕНТ СУПЕРВИЗОР Богдановиќ Дејана Врање Бошковска Билјана Пехчево Др.Минур Бајрами - Куманово Величковиќ Снежана Врање Динчиќ Марина Врањска Бања Ѓорѓевиќ Верица Грделица Ѓошиќ Славица Врање Ѓоргиевска Елена Скопје Иванова Анче Скопје Јованчева Маријана Скопје Јовановска Вера Куманово Кузмановска Данијела Куманово Мазхар Мерсиха Готивар Милевска Даниела Штип Митева Зорица Струмица Младенова Ивона Скопје Нацева Весна Неготино Николиќ Тамара Кладово Османи Рамадан Куманово Прокиќ Маргарита Куманово Саздовска Бранкица Скопје Станојковиќ Габриела Куманово Стевановиќ Бранкица Врање Стојановиќ Билјана Врање Стојановска Кристина Скопје Стојковиќ Сунчица Врањска Бања Стојмирова Стефанија Скопје Тодоровиќ Татјана Врање Томановиќ Тодорова Ана Скопје Шахпазова Димеска Мира - Скопје Шварц Љубинка Куманово Шљивиќ Слаѓана Ивањица ФОРЕВЕР ЛИВИНГ ПРОДАКТС ДООЕЛ www.foreverliving.com бул. Јане Сандански 3б, 1000 Скопје, Р. Македонија; тел:+389 (0)2 2465846, 2465815; факс:+389 (0)2 2465826; e-mail:flp@t-home.mk Содржината на оваа публикација е наменета исклучиво за едукативни цели, а не како трговско средство или материјал поврзан со продажба. За да се избегне вадење на овие информации од контекст, не се препорачува копирање или вадење на дел од публикацијата без претходна дозвола од ФЛП Македонија. Консултирајте се со лекар пред употреба за медицинска цел на било кој од производите. 1. Др.Роза Гелевска 2. Др.Снежана Контра 3. Жарко Георгиевски 4. Игор Николиќ 5. Блага Крстеска 6. Катерина Трајчевска 7. Славица Донакова 8. Слафко Михајловски 9. Др.Гордана Николиќ 10. Вера Златковска 1. Др.Роза Гелевска 2. Др.Снежана Контра 3. Жарко Георгиевски 4. Игор Николиќ 5. Снежана Манасијевиќ 6. Др.Гордана Николиќ 7. Вера Златковска 8. Славица Донакова 9. Катерина Трајчевска 10. Дончо Ѓорѓиев ТОП 10-2016 1. Др.Роза Гелевска 2. Др.Снежана Контра 3. Слафко Михајловски 4. Славица Донакова 5. Блага Крстеска 6. Катерина Трајчевска 7. Жарко Георгиевски 8. Вера Златковска 9. Дончо Ѓорѓ иев 10. Младен Димовски SUCCESS DAY 22.01.2017 Holiday Inn, 12 часот Влезници може да се подигнат од Форевер Лотаријата ќе се извлекува за време на SUCCESS DAY и само уредно приложени купони ќе бидат добитни. Форевер забава Ресторан Имес, 16 часот Мени: 650 ден. ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИТЕ НА ВАША АДРЕСА Како да порачате: - онлајн преку линкот http://flp.bg/mac/order/ - доколку не сте во можност да порачате онлајн, можете телефонски на 02 2465846 секој работен ден од 9 до 19 часот. Порачките кои се примени до 14 часот се испраќаат од канцеларијата на Форевер истиот работен ден. Вие ја добивате порачката на домашна адреса во рок од 24 часа и ја плаќате на доставувачот.