Коисмение.Штозначиме.
Исто како стоките и податоците, така GW ги движи и луѓето кои доаѓаат во контакт со портокаловата мрежа, внатрешно или надворешно. Ние се движиме напред со нашите клиенти, со напреден пристап и иновативни идеи. Како специјалист за логистика, GW ги контролира глобалните синџири за снабдување. Ние нудиме глобални решенија преку нашата меѓународна мрежа. Нашата главна цел е одличната услуга. Наша цел е да импресионираме со нашите услуги и производи. Свесни сме за нашата финансиска и социјална одговорност како компанија и бараме еколошки прифатливи решенија. За нашите клиенти да искусат дека GW Ве движи.
the orange way of Independence Се осврнуваме на долгата историја како независна, семејна компанија. Стоиме на цврсто тло со непрекинат, иновативен развој. Нашата независност ни овозможува самите да решаваме за времето и насоката на нашиот развој. Долгорочните партнерства ја збогатуваат нашата мрежа. Во центарот на нашето внимание се постојните и идните потреби на нашите клиенти кои можат да му веруваат на GW. За нашите клиенти да искусат: GW Ве движи.
За мене, храброста е синоним со имањето волја за развој низ предизвици. За мене, размислувањето во мрежа е важна алатка кога се соочуваме со голема одговорност. Frank Herzog Директор за продажба и маркетинг 8 години во GW Хари Стијастни Директор на логистиката за управување со системите, 29 години во GW
the orange way of Sustainability Сакаме и ни треба одржлив успех за да осигураме дека остануваме конкурентни преку инвестиции и иновации. Во исто време, многу сериозно ја сфаќаме нашата одговорност да развиваме и користиме еколошки прифатливи и одржливи најмодерни системи во областа на транспортот и логистиката. За нашите клиенти да искусат: GW Ве движи.
Напуштањето на старите структури и преземањето на пресметаниот ризик со насочување кон нови патеки бара храброст. Социјалните и еколошките вредности треба да се вкоренат во компанија на тој начин што одговорното однесување станува нормален начин на однесување. Оскар Крамер Управител на подружници 29 години во GW Жанет Бандшух Управување со контрола на квалитетот и заштита на животната средина, 3 година во GW
the orange way of Commitment Нашиот единствен профил е евидентен внатрешно и надворешно. Високиот професионализам се прикажува преку целосниот ангажман и почит кон клиентите и колегите, а нашиот исклучително висок степен на мотивираност преку лојалноста, подготвеноста за учење и довербата. Вредноста на GW е дека тој навистина живее според овие вредности. За нашите клиенти да искусат: GW Ве движи.
За мене, храброста значи преземање нови одговорности дури и по многу години работа во компанијата како и соочување со постојаните побарувања и учење нови работи. Може да се потпрете на квалитетот на мојата работа дури и ако треба да работам прекувремено. Михаела Тесадри Асистент за подружници и општо управување 22 години во GW Отмар Холзер Работник во магацинот 11 години во GW
the orange way of Service Excellence Наша цел е да ги инспирираме клиентите. Така, нашата најбитна работа е квалитетот на услугата. Нашата хомогена меѓународна организација значи дека сме најдобро поставени за да го постигнеме тоа. Нашите луѓе убедуваат со подготвеноста и насоченоста кон решенија. Ние сме проактивни и постојано се стремиме кон подобрување. За нашите клиенти да искусат: GW Ве движи.
Грижа за корисниците значи дека мора да го испорачате тоа што ќе го ветите со 100% квалитет и лична посветеност. За мене, преземање одговорност значи исполнување со задачите што ми се доверени како да лично мои. Клаус Бенварт Управител на програмата за спорт и забава 21 години во GW Алојз Руп Надзор за товарање 12 години во GW
www.gw-world.com Version 1 2010 00-6462