НАУКА, РЕЛАЦИЈА НАУКА- УМЕТНОСТ Проф. д-р СлободаЏекова-Стојкова
ШТО ОПФАЌА? За поимот наука Научен метод- историски развиток Елементи на научниот систем Методи на научното сознавање: индукција, дедукција Видови истражувања Единство наука-уметност Што е научен труд? Класификација на трудовите
ЗА ПОИМОТ НАУКА Науката е специфична мисловна активност чија цел е осознавање на објективниот свет. Претставува развоен систем на вистинити знаења со кои се толкуваат појавите во природата, општеството и на човековото мислење. Систематизирано знаење за определен збир на природни појави. Метод, научен (грчки-барање пат) начин на испитување, начин на работа и начин на мислење.збир на постапки логично и плански поврзани со цел на осознавање и верификација на научната вистина.
НАУЧЕН МЕТОД : ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК Египетски период (15-ти век п.н.е) Документи кои опишуваат емпириски методи во астрономија, математика и медицина Античка Грција (5-ти век п.н.е.) Thales одбива да прифати надприродно, религиозно или митолошко објаснување на природните феномени прокламирајќи дека секоја појава (збиднување) има природна причина Aristotle: empiricism Целокупноточовековознаењедоаѓапрвенственоод неговата сетилност и искуство Емпирицизмот е формализиран од Аристотел, кој верувал дека универзалната вистина се постигнува преку индукција и генерализација на опсервациите. Plato- дедуктивен пристап во резонирањето претставува значајна лествица во научниот метод.
НАУЧЕН МЕТОД : ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК Во 6-от век од нашата ера императорот Јустинијан ја затворил школата во Атина и следните шест века црн период за науката. До 12 век од н.е. развој на Арапската наукависоко сигнификантен нумерички систем (1 час=60 мин; 1 минута = 60 секунди), децимален систем, равенства, вклучување на нулата, определување на непознати варијабли. Alhazen прв исламски истражувач кој внел употреба на експериментирање и квантификација во склоп на општа емпириска ориентација (оптички и физиолошки експерименти)
НАУЧЕН МЕТОД : ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК Roger Bacon (13-ти век) Прв европски претставник на модерниот научен метод. Дава целосен опис на модерниот научен метод, вклучувајќи опсервации, хипотези индукција, експериментирање, независна верификација. Francis Bacon (17-ти век)..со последователни скалила на истражување, се постигнува постапно засилување на аксиомите- од поединечна, преку слаба, потоасреднааксиомаи на крај до најопшта. Воведува нов логичен систем во стариот филозофски процес на силогизми. Ја одделува науката од мистицизмот.
НАУЧЕН МЕТОД : ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК René Descartes (17-ти век) Никогаш не прифаќам ништо за вистина во коешто јасно не сум се уверил дека е така; Секоја тешкотија при истражувањето подели ја на што е можно повеќе помали партии, а штоќе придонесе за донесување на адекватни заклучоци. Ги раководам моите мисли почнувајќи со објекти кои се најпрости и најлесни за сознавање, при што можам да се искачувам малку по малку кон знаењето кое е покомплексно. Ја воспоставува рамкатанаводечкитепринципина научниот метод во неговото дело Discourse on Method.
НАУЧЕН МЕТОД : ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК Isaac Newton (17-ти век) 1. Не прифаќај повеќе причини за природните појави освен оние кои се вистинити и доволни за објаснување на нивното појавување. 2. За исти природни ефекти мораме, колку е можно повеќе, да ги нотираме истите причини. 3. Квалитетот на телата треба да бидат определенитакаштоќегопретставуваат универзалниот квалитет на сите тела каде и да се. 4. Внимавај на пропозициите собрани со процесот на генерална индукција за феноменот, да бидат што посигурни или многу блиски до вистинските.
Научниот метод многу малку се сменил за последните три векови. Елементи на модерниот и успешен научен метод, прифатени во 19-тиот век и сеуште популарни се: Фактите се собираат внимателно со контролиран експеримент. Врз основа на овие факти се верифицира претпоставената хипотеза, објективно тестирана со понатамошни експерименти и, во согласност со тоа, се докажува или се отфрла.
ЕЛЕМЕНТИ НА НАУЧНИОТ СИСТЕМ Научен систем = збир на знаења во кој нејзините поединечни елементи (факти, закони, теории и хипотези) меѓусебно се поврзани во единствена целина. 1. Факти сознавање на некоја појава, нејзино опишување, објаснување и практично применување Научен факт се темели на научно објаснување (објективно и вистинито) Објективно тврдењето може да се провери од страна на секој компетентен научник.
ЕЛЕМЕНТИ НА НАУЧНИОТ СИСТЕМ Науката ги открива и општите и посебните законитости за настанување на појавите во природата откривајќи ја суштината на појавата = природни закони. 2. Научен закон = тврдења кои точно формулираат некој природен закон; = тврдењакоиштосетака проверени да во нив нема сомневање.
ЕЛЕМЕНТИ НА НАУЧНИОТ СИСТЕМ Освенфактиизаконивосекојанаука постојат и теории и хипотези. 3. Теории = објаснување на одредена група појави формулирајќи ги причинските односи; = објаснување под кои конкретни услови ќе се манифестира дејството на одредени закони.
ЕЛЕМЕНТИ НА НАУЧНИОТ СИСТЕМ 4. Хипотезите сетврдењазакоине постојат објективни докази. Однос меѓу закон и хипотеза често се сведува на определување на степенот на провереноста на тврдењата содржани во нив.
МЕТОДИ НА НАУЧНОТО СОЗНАВАЊЕ Методологија претставува гранка на логиката која ги проучува и развива логичките рамки на научното сознавање. Основниметодинасознавањесе: анализа, синтеза, апстракција, индукција, дедукција, генерализација.
МЕТОДИ НА НАУЧНОТО СОЗНАВАЊЕ Анализа расчленување на сложените мисли на поедноставни; раставување на некоја целина на нејзините делови; Синтеза спојување на поедноставни мисли во сложени; Апстракција одделување на битни од небитни својства; Генерализација постапка со која се преминува од општи на уште поошти поими.
ИНДУКЦИЈА Индукција посредно заклучување кај кое тргнуваме од поединечно кон општо, тоа значи она што вреди за секој поединечен случај на една врста, вреди за целата врста. Се почнува со специфични опсервации и мерења; Се детектира примерокот; Се формулира хипотезата која се испитува; Се донесува генерален заклучок или теорија.
ДЕДУКЦИЈА Дедукција форма на посреден заклучок кадешто заклучокот се изведува од општо кон посебно или поединечно. Се започнува со размислување за теорија околу предметот на интерес; Потоа се оди во поспецифични хипотези кои може да се тестираат; Се вршат опсервации во врска со хипотезата; И се потврдува или отфрла оригиналната теорија.
ДЕДУКЦИЈА Кога дедуктивниот заклучок има точно две премиси и заклучок, се нарекува силогизам. Пример: Најпознат силогизам: - Сите мажи се смртни - Сократ е маж - Затоа Сократ е смртен
ДЕДУКТИВНИ И ИНДУКТИВНИ НАУКИ Освен општите закони кои важат за сите појави во природата, восекојапосебнагранкананауката постојат специфични законитости. Во колку некоја наука е поразвиена, се изведува релативно поголем број на специфични ставови (закони, теории) започнува со неколку едноставни состојби (аксиоми)- дедуктивни или аксиоматски науки: математика, физика... Индуктивни или емпириски науки: - започнува со многу опсервации во природата : биолошки науки, медицина... Емпирискиот карактер на определена наука не мора да биде знак само за нејзина неразвиеност, туку и на специфичност и сложеност на предметот на истражување (жива природа).
ВИДОВИ ИСТРАЖУВАЊА Фундаментални, основни, темелни истражувања- научна работа на подрачје на темелните појави и настани, без намера резултатите да бидат директно иистовремено применливи во секојдневната медицинска практика. Апликативни, применети истражувања се врзани со цел однапред и јасно зададена, и имаат директна практична примена. Клиничките истражувања се најчеста форма на применети истражувања, чии резултати директно се применуваат во дијагностика и превенција на болестите, лекување на болните итн.
ВИДОВИ ИСТРАЖУВАЊА СПОРЕД ИЗВОРИТЕ НА ПОДАТОЦИ Примарни (проспективни истражувања) -измерени и собрани во тек на планираното истражување - најголема вредност Секундарни (ретроспективни истражувања) - собирање податоци од извори кои веќе постојат - сигурност на изворите( медицински бази на податоци, попис на населението, државен статистички завод) - секогаш да се наведе изворот на податоци Комбинирани
ЕДИНСТВО НАУКА - УМЕТНОСТ Науката и уметноста претставуваат највисоки манифестации на човековиот творечки гениј. Кога науката достигнува врв на совршенство, таа се приближува кон уметноста и обратно кога уметноста, усовршувајќи се до крајни граници, достигнува своја кулминација, таа на свој начин се претвора во наука. Заеднички карактеристики на науката и уметноста се: 1. - идеја- Чајковски (не признава инспирација): 2. - труд Инспирацијата се раѓа од работата и за време на работата.
ЕДИНСТВО НАУКА - УМЕТНОСТ Карл Маркс: - Нема широк пат што води во науката, само оние имаат изгледи да се искачат на нејзините светли врвови, кои не се плашат од замор при качувањето низ нејзините угорничави врвици.
ЕДИНСТВО НАУКА - УМЕТНОСТ Освен идејата која има пресудно значење во мисловната страна на трудот, како и самиот труд кој се вложува, едновремено е важно да биде совладана техниката, т.е. технологијата на процесот на создавање.
ПОСЛЕДЕН ТЕСТАМЕНТ ОД ПРОФ.ПАВЛОВ УПАТЕН НА МЛАДИТЕ НАУЧНИЦИ, 1936 ГОД.... трудете се да работите последователно во стекнување на вашето знаење. Никој пат не го покривај незнаењето со хипотези кои немаат основа. Тренирај постојано трпеливост и внимание, Студирај, споредувај, акумулирај факти. Не е важно колку се совршени крилјата на птицата, тиеникојпатнемадаиовозможат на птицата да летне без подршка од воздухот. Воздухот, тоа се факти во науката. Без нив вие нема никогаш да полетате. Без нив теориите кои ги вклучувате во вашата работа се без поткрепа и празни.
ПОСЛЕДЕН ТЕСТАМЕНТ ОД ПРОФ.ПАВЛОВ УПАТЕН НА МЛАДИТЕ НАУЧНИЦИ, 1936 ГОД. Додека студирате, експериментирајте, набљудувајте; не бидете само архивар на фактите. Обидетеседанавлезетевосуштинатананивната природа. Второ скромност. Никој пат не помислувајте дека знаете се. Не дозволувајте гордоста да ве надвладее. Гордоста ве прави да ги одбивате корисните совети и пријателската помош. Трето пасија. Науката бара од човекот вонредни напори и голема љубов т.е. пасија. проф. Павлов
ШТО Е НАУЧЕН ТРУД? Дефиниција според Day: - научен труд претставува дело кое е напишано и - објавено и - содржи опис на оригинални резултати од истражувањето. Дефиниција според Силобрчиќ: - научниот труд е прво објавување на - оригинални резултати од научното истражување (набљудување) - достапни на меѓународната јавност, - напишани такашто истражувањата може да се повторат и заклучоците да се проверат.
ШТО Е НАУЧЕН ТРУД? Оригинални резултати? - ново, дотогаш непознато сознание во светски рамки. Достапни на меѓународната јавност? - печатен во меѓународен часопис ( со меѓународна соработка); - се печати на еден од светските јазици; - има странски рецензенти; - се реферира во релевантни секундарни публикации.
ШТО Е НАУЧЕН ТРУД? Истражувањата да се повторат и заклучоците да се проверат? - Мора да ги содржи сите значајни поединости кои ќе овозможат повторување и проверка на добиените резултати и донесените заклучоци. Рецензирањето на ракописот е обврзан дел за објавување на научен труд во сите научни часописи.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ТРУДОВИТЕ (УНЕСКО) Дадените дефиниции за научен труд може да се искористат за класификација на трудовите во примарните научни и стручни публикации. - Изворен научен труд (Original scientific paper) - Кратко соопштение ( Brief communication) - Претходно соопштение ( Preliminary communication) - Прегледен труд (Review) - Излагање на научни собири (Conference paper) - Стручен труд (Professional paper)
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ТРУДОВИТЕ Изворен труд важат дефинициите за научен труд, најчесто во област на природните науки; - кратко соопштение изворен труд само пократок (содржи резултати од помали, но заокружени истражувања). Претходно соопштение не е научен труд. Кратко обавестување за резултатите без детали. Обично по него следи изворен научен труд.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ТРУДОВИТЕ Прегледен, ревиски труд: - ревискинаучентруд не содржи оригинални резултати или сосема малку и нецелосни, систематизира веќе објавени резултати, а оригинални се анализата и синтезата на резултатите, нови хипотези за понатамошни истражувања. Во оваа група се вбројуваат и поканетите предавања ( invited lecture) кои се вбројуваат во групата на конференциски трудови; - ревиски стручен труд собирање и систематизирање на веќе објавен материјал.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ТРУДОВИТЕ Излагање на научни собири некои се изворни научни трудови, а некоине се. Стручен труд не содржи оригинални погледи и резултати, се обработува познат материјал, се применува познатото во ширење на знаењето. Книги, учебници, монографии, прирачници научни или стручни дела? - мерило за нивно класифицирање е секогаш оригиналност и можност за поверка на резултатите.
ДОКТОРСКИ, МАГИСТЕРСКИ И ДИПЛОМСКИ ТЕЗИ Докторска теза (дисертација) еоригиналентрудкој претставува нов прилог во науката, која заради оригиналност вреди да се објави. Магистерска теза (магистериум) е обработка на една тема која претставува или оригинални податоци и заклучоци, или обработува некоја тема во облик на објавување. Дипломска работа претставува обработка на една мала тема со која се докажува способноста за стручна работа, која не мора да има карактер на оригиналност. Немаат меѓународна достапност иако докторатите имаат оригинални резултати. Доколку се печатат како монографии во меѓународен часопис добиваат карактер на научно дело.
ПРЕПОРАЧАНА ЛИТЕРАТУРА 1. Марушиќ М, Петровечки М, Петрак Ј, Марушиќ А. Воведвонаучнатаработаво мeдицината. Второ обновено и дополнето издание, Култура, Скопје, 2003. 2. Richard D. Jarrard. Scientific Methods (on line book), 2001. Институт за имунобиологија и хумана генетика, Медицински факултет, Скопје-предавањата во pdf формат www.iibhg.ukim.edu.mk/obrazovanie/phd_predavanja.htm