ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОСЕТА НА ПРИВРЕМЕНИОТ ТРАНЗИТЕН ЦЕНТАР ТАБАНОВЦЕ

Similar documents
ПРЕДМЕТ: Посебен извештај за состојбите во Привремениот транзитен центар Табановце

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

Март Opinion research & Communications

Планот за акција е подготвен според Минималниот Основен Пакет за Услуги 1 (МОПУ) за СРЗ при итни и кризни состојби и катастрофи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Структурно програмирање

ПРИРАЧНИК. за промовирање на ментално здравје на деца под ризик MАРИЈАНА МАРКОВИЌ ЕЛЕОНОРА СЕРАФИМОВСКА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Обука за менаџирање на стрес на работно место

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

views - opinions - dilemmas pogledi - mislewa - dilemi Ljupcho AJDINSKI Љупчо АЈДИНСКИ

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

Опиоиди во палијативен третман: Сигурно и ефикасно препишување на силни опиоиди за третирање на болка при палијативен третман кај возрасни пациенти

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Коисмение.Штозначиме.

РОДОВИ АСПЕКТИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЗАШТИТА НА БЕГАЛЦИ И МИГРАНТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

Семејството и заедницата

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО НЕПРИДРУЖУВАНИ ДЕЦА - СТРАНЦИ

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

Тековни стандарди и барања на ЕУ за прибирање податоци на полето на миграцијата, азилот и визи

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОРАНЕШНАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Спречување стрес на работното место

Policy Position Papers Од областа на Царина

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

БИЛТЕН. за семејно планирање. Почитувани пратенички и пратеници во Собранието на Република Македонија,

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Безбедност и здравје на работа

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Transcription:

1 ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОСЕТА НА ПРИВРЕМЕНИОТ ТРАНЗИТЕН ЦЕНТАР ТАБАНОВЦЕ Скопје, 28.09.2016 год.

2 Временска рамка, методологија и цел на посетата Народниот правобранител - Национален превентивен механизам (НПМ) на 28.09.2016 година спроведе ненајавена последователна посета на Привремениот транзитен центар Табановце Куманово. Оваа посета беше последна во низата последователни посети што тимот на Националниот превентивен механизам ги спроведе на: 03.06.2016, 08.07.2016, 22.07.2016, 29.07.2016, 10.08.2016 и 18.08.2016 година. Народниот правобранител - Национален превентивен механизам овие посети ги спроведе во рамките на мандатот и надлежностите кои произлегуваат од Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друго свирепо, нечовечно или понижувачко постапување или казнување и Законот за народниот правобранител. Овие посети следат по редовната посета која НПМ ја спроведе во Привремениот транзитен центар Табановце Куманово на 20.05.2016 година, за што изготви Посебен извештај со соодветни констатации и препораки, кои беа доставени до Владата на РМ, министерот за внатрешни работи, министерот за труд и социјална политика, министерот за здравство и до директорот на Центарот за управување со кризи. Целта на овие последователни посети е следење на спроведувањето на препораките од Посебниот извештај на Националниот превентивен механизам од 01.06.2016 година и идентификување на ризици заради спречување на тортура или друг вид на сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Посетите беа реализирани во соработка со органите и организациите коишто учествуваат во менаџирањето и функционирањето на Привремениот транзитен центар, при што тимот на Националниот превентивен механизам имаше непречен увид во местата каде што се сместуваат мигрантите/бегалците и можеше слободно да разговара со нив, без присуство на службени лица. КОНСТАТАЦИИ Проценка на степенот на спроведување на препораките содржани во Посебниот извештај од 01.06.2016 година: НПМ спроведе целна посета која се фокусираше на неколку негативни констатации од Посебниот извештај од 01.06.2016 година и проверка над спроведувањето на дадените препораки за подобрување на состојбите и

3 елиминирање на недостатоците и ризиците кои би можеле да доведат до тортура или друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување. Препорака 1 - Неопходна е подобра и поефективна соработка и координација меѓу органите кои управуваат и раководат со Привремениот транзитен центар Табановце. Одговор по препорака: Координацијата се одвива во рамки на неделни нивоа (координативни состаноци организирани секој четврток во неделата) со институциите во системот, како и невладиниот сектор и Меѓународните организации, застапени во ПТЦ Табановце, а во рамки на тековното работење секое утро се одржуваат брифинг состаноци помеѓу командирот на ГС Север, МТСП и Управителот на ПТЦ Табановце кој е воедно претставник на ЦУК. Констатирана состојба на 28.09.2016 година: За време на посетата како и при претходните последователни посети, тимот на НПМ можеше да увиди дека соработката и координацијата меѓу органите и организациите присутни на терен е далеку подобра и поефикасна и е во насока на што подобро функцонирање и организирање на активностите во Привремениот транзитен центар Табановце. Проценка за спроведување на оваа препорака: Препораката е спроведена. Препорака 2 - Поголема кооперативност на теренските претставници на надлежните органи и организации и овозможување непречен увид на тимот на Национален превентивен механизам во листата за евиденција на присутни лица во Центарот. Одговор по препорака: Водењето на евиденцијата на лица со име и презиме, пол, возраст, место на раѓање и земја на доаѓање го врши Министерството за труд и социјална политика и за истите е изготвена соодветна евиденциона и персонална документација, како и соодветен документ во форма на лична

4 карта со слика и идентификациски податоци. Исто така, обезбедени се и идентификациски картички со бар-код отчитувачи за задоложување со храна и други продукти за секое лице посебно. Констатирана состојба на 28.09.2016 година: Во однос на оваа препорака, тимот на НПМ по дадените препораки има добра соработка со надлежните институции во насока на овозможување на непречен увид во листата за евиденција на присутни лица сместени во Привремениот транзитен центар Табановце. Одговорните органи и институции за водење на овие евиденции, при секоја посета на тимот на НПМ им ги даваат на увид листите со моментално присутни лица и се она што дополнително ќе биде побарано на увид од страна на тимот на НПМ. Проценка за спроведување на оваа препорака: Препораката е спроведена. Препорака 3 - Министерството за внатрешни работи да обезбеди присуство на претставници од Секторот за азил во Привремениот транзитен центар, со цел информирање за правото на поднесување барање за признавање на право на азил и да се овозможи непречен увид во постапката. Одговор по препорака: По оваа препорака не е добиен одговор. До денот на изготвување на овој Последователен извештај, до канцеларијата на Народниот Правобранител се уште нема пристигнато никаков одговор од страна на Министерството за внатрешни работи, иако е пратена и Ургенција за доставување на одговор на 20.07.2016 година. Констатирана состојба на 28.09.2016 година: Екипи на Секторот за азил не се присутни во рамките на овој Центар, со оглед на изменетата фактичка состојба и намалениот број на лица бегалци сместени во Центарот, а сите информации и правни совети во однос на постапката за признавање на право на азил и понатаму се овозможуваат преку разговори со теренските претставници на Македонското здружение на млади правници (МИЛА).

5 Проценка за спроведување на оваа препорака: Препораката не е спроведена, но со оглед на актуелната фактичка состојба понатамошното опстојување на оваа препорака е нецилсходно. Препорака 4 - Да се води официјална и ажурна евиденција за бројот на пристигнати лица и лица кои трајно или повремено го напуштаат Центарот (категоризирани по возраст, пол, датум на пристигнување и слично). Одговор по препорака: Водењето на евиденција на лица со име и презиме, пол, возраст, место на раѓање и земја на доаѓање го врши Министерството за труд и социјална политика и за истата е изготвена соодветна евиденциска и персонална документација, како и соодветен документ во форма на лична карта со слика и идентификациски податоци. Констатирана состојба на 28.09.2016 година: Од утврдената фактичка состојба, тимот на НПМ констатира дека уредно се води евиденцијата за бројот на официјално сместени и задржани лица во Привремениот транзитен центар Табановце. Проценка за спроведување на оваа препорака: Препораката е спроведена. Препорака 5 - Министерството за здравство да обезбеди неопходна медицинска опрема и ладилник за чување на медикаменти, додека пак надлежните за инфраструктурата во Привремениот транзитен центар да спроведат и овозможат постојан пристап до вода за медицински потреби.

6 Одговор по препорака: По оваа препорака не е добиен одговор. Препораката воопшто не е земена предвид во доставениот писмен допис - Одговор на доставениот Посебниот извештај, од Министерството за здравство од 20.06.2016 година. Констатирана состојба на 28.09.2016 година: Во однос на оваа препорака, Националниот превентивен механизам констатираше дека неопходната медицинска опрема и ладилникот за чување на медикаменти се навистина обезбедени, меѓутоа и понатаму е проблематичен постојаниот пристап до вода за медицински потреби во Привремениот транзитен центар. Во врска со овој проблем, тимот на НПМ разговараше и со останатите надлежни органи и институции во рамките на Центарот, при што беше потврдено дека и понатаму останува проблем овозможувањето на пристап до проточна вода за медицински потреби. Проценка за спроведување на оваа препорака: Препораката е делумно спроведена. Препорака 6 - Надлежните органи да обезбедат поголема транспарентност во дистрибуцијата на донираните средства. Одговор по препорака: По оваа препорака не е добиен одговор. До денот на изготвување на овој Последователен извештај, до канцеларијата на Народниот Правобранител се уште нема доставено никаков одговор од страна на надлежните органи и институции. Констатирана состојба на 28.09.2016 година: За време на посетата како и при последователните посети, тимот на НПМ доби информација дека во однос на дадената препорака за потранспарентна дистрибуција на донираните средства и намирници, екипите на Црвен крст пред дистрибутивниот центар имаат поставено листа преведена на англиски и арапски јазик на донирани средства и материјални продукти кои

7 им следуваат на неделно, месечно и тромесечно ниво на бегалците во Прифатниот транзитен центар Табановце. Проценка за спроведување на оваа препорака: Препораката е спроведена. КОНСТАТИРАНИ СОСТОЈБИ (заклучно со 28.09.2016 година) Тимот на Националниот превентивен механизам констатира дека во Привремениот транзитен центар Табановце, на денот на последно извршената посета се сместени вкупно 61 лице, од кои 13 мажи, 12 жени и 36 деца. Евидентно е дека во однос на посетата од 20.05.2016 година бројката на официјално сместени лица бегалци во овој Привремен транзитен центар е многу помала, што упатува на фактот дека лицата сместени во овој Привремен транзитен центар можат многу полесно да го напуштат иститот, за разлика од Привремениот транзитен центар Винојуг. Слика 1 Влез во ПТЦ Табановце Од разговорот со претставниците на невладините организации, тимот на НПМ доби информација дека во Прифатниот транзитен центар Табановце во изминатиот период пристигнуваат и краткотрајно се сместуваат и задржуваат

8 групи на ирегуларни мигранти затекнати на територијата на Република Македонија. Она што особено загрижува е фактот што дел од овие лица се непридружувани малолетници за кои не се спреведуваат Стандардните оперативни процедури за постапување со непридружувани деца-странци, бидејќи за истите не се информира веднаш Центарот за социјална работа, кој би требало да им назначи старател. Националниот превентивен механизам утврди дека во Привремениот транзитен центар Табановце е завршено реновирањето и поставувањето на 10 (десет) тоалети и 10 (десет) туш кабини, заменети се постоечките икеи куќички со контејнери, а во однос на храната и нејзиното обезбедување и снабдување, одговорноста премина исклучиво во надлежност на Црвениот крст. Слика 2 Тоалети и туш кабини Кога станува збор за инфраструктурата, реализирана е изградба на детско игралиште во соработка на UNICEF и СОС Детско село, а поставени се и комарници на прозорите во сместувачките капацитите на мигрантите. Истовремено во финална фаза е и изградбата на био-прочистителна станица, којашто се очекува да биде готова во најкус можен временски период, а се планира и изградба на бекатон патеки за полесно движење во рамките на Привремениот транзитен центар Табановце.

9 Слика 3 Детско игралиште, донација од UNICEF СОС Детско село Во однос на организацијата и координацијата на надлежните органи и организации на терен и нивната кооперативност во соработката со тимот на НПМ, констатирани се подобрувања и спроведување на претходно дадените препораки од страна на Националниот превентивен механизам, се со цел поефикасно и поорганизирано управување со Привремениот транзитен центар Табановце. Тимот на Националниот превентивен механизам за време на посетите констатира евидентно влошување на психичка состојба на лицата сместени во Привремениот транзитен центар, што се должи на недостатокот од информации за статусот што го уживаат во оваа држава и неизвесноста за нивната иднина. Токму поради тоа, Националниот превентивен механизам во овој извештај најголемо внимание посветува на проблемот со влошената психичка состојба на бегалците, како и проблемите со недоволната работна ангажираност на овие лица. Од разговорот со претставниците на невладината организација СОС Детско село, Националниот превентивен механизам констатира дека нивното присуство во Центарот е постојано, при што на најмладите им пружаат психосоцијална заштита и секојдневно спроведуваат активности за анимирање и исполнување на времето на мигрантите сместени во Центарот. Програмските активности за децата се поделени на рекреативни и образовно-едукативни часови и се приспособени и структуирани согласно

10 нивната возраст. Како најпродуктивни беа издвоени надворешните активност ( outdoor activities ), а истовремено беше напоменато дека од часовите по art therapy се дознава многу за психолошката состојба на децата. Во оваа смисла беше истакнато дека кај децата веќе се чувствува хиперактивност и мала агресија, поради ограничениот простор во којшто се наоѓаат. Од преставниците на невладината организација Ла Страда, Националниот превентивен механизам доби информации дека нивните активности, исто така, се насочени кон овозможување на психосоцијална заштита и преземање на разни програмски активнoсти (рекреативни и воспитно-образовни) за децата и возрасните присутни во Центарот. Од разговорот со психологот и социјалните работници од оваа организација се добија сознанија дека кај лицата сместени во привремениот транзитен центар владее состојба на анксиозност, депресивност, исчекување, високо ниво на депресивност што доведува и до несоници, тахикардии, па дури и до случаи во кој одредени лица пројавиле суицидни намери. Токму поради овие новонастанати состојби, Националниот превентивен механизам во однос на проблемот со влошената психичка состојба на бегалците во Привремениот транзитен центар Табановце, во текот на месец август ги ангажираше надворешните соработници д-р Андромахи Наумовска од Комората на психолози и проф. д-р Димитар Боневски од Здружението на психијатри на РМ, со чија помош е изготвено истражување во однос на психичката состојба на лицата сместени во Привремениот транзитен центар Табановце. Во таа насока, како методологија при изготвување на ова спроведено истражување, беа посетени и oпсeрвирани тековните активности во Привремениот транзитен центар Табановце, опсервирано е однесувањето и невербалната комуникација на децата, адолесцентите и возрасните, беше разговарано и со волонтери, помагачи во Центарот, медицински персонал и персонал ангажиран на шалтерот за информации, а употребени се и специфично структуирани прашалници за самопроценка од страна на бегалците за психичката состојба. За возрасните бегалци употребен е Mental Health General Questionnaire, а за децата бегалци употребен е Child & Youth Mental Health General Questionnaire Recommendations. Прашалниците беа пополнети од 1/3 од бегалците во Привремениот транзитен центар Табановце. Основните цели на испитувањето се утврдување на:

11 1) зачестеноста на психолошко-психијатриски нарушувања кај децата и возрасните бегалци; 2) проценка на потребата од третман на овие нарушувања и негово специфицирање во условите на бегалските кампови. Утврдена состојба од страна на надворешните соработници Надворешните соработници од своето присуство на теренот утврдија дека за децата постојат одредени едукативни работилници, меѓутоа тоа е далеку од целосна едукација која би била еквивалент за учење, со цел да се добие сертификат за завршување полугодие или школска година. Ова упатува на фактот дека кај децата постои едукативна запоставеност. Исто така, од страна на експертите истакната е потребата родители да се вклучат во образованието на децата, со оглед дека на тој начин и самите ќе имаат одредени активности, ќе имаат доживување дека се важни, а одредени едукативни активности би можеле и подобро да ги координираат со актуелните едукатори. Тоа позитивно би делувало и на децата за нивните школски ангажмани и социјално адаптирање. Воведување на дополнителни психосоцијални активности за возрасните би било од големо значење за подобрување на севкупната психичка состојба. Во тој контекст, креирање на одредена окупациска работа - терапија за возрасните (особено со можност за одреден паричен надомест) би имала изразено позитивно влијание за подобрување на сликата за себе, за нивното чувство на задоволство и намалување на фрустрациите дека престојуваат во место каде што се затворени, во изолација, во земја во која не сакаат да бидат и при тоа се соочуваат со неизвесноста од времетрањето на ваквата состојба. Надворешните соработници заклучија дека со намалување на здодевноста и чувството на осаменост секако би се помогнало да се намалат и симптомите на депресивност, анксиозност, посттрауматско стресно растројство, а истовремено би се изградило и чувство на поголема сигурност за нивниот нов живот и би придонело да градат и чувство на моќ, наспроти несигурноста, немоќта и неизвесноста која актуелно ја чувствуваат. За таа цел би можело да се осмислат дополнителни работилници во кои лицата би се стекнале со нови вештини за работа, со цел да се подготват за работа и да можат да ја воочат перспективно нивната иднина, а и за да се подобри нивната психолошка состојба. На тој начин им се помага да изградат нов идентитет, затоа што нивниот е загубен, им се помага да се социјализираат во културата во која сакаат да го продолжат својот живот.

12 Надворешните соработници препорачуваат, покрај одредени психосоцијални активности, да се приспособи одредено место - катче кое бегалците би можеле да го користат за спонтани социјални активности. Тоа, од психолошки аспект би значело дека имаат свој личен простор и заеднички, групен простор за автономни интеракции, а не само за организирани групни активности. Според надворешните соработници е неопходно да се овозможи бегалците повремено да излезат од кругот на центарот, на контролиран и безбеден начин, што би помогнало да се намали чувството на беспомошност и безизлезност и би овозможило враќање на делумно доживување на сопствена контрола. Надворешните соработници, покрај останатото, добија впечаток и дека стручните лица вклучени во работа на психосоцијални активности со бегалците манифестираат евидентни знаци на симптоми на синдром на согорување поради несомнената стресност на ваквата работа, па потребна е специфична психотераписка поддршка за нив, за едукација за препознавање на симптомите од стресот и траума кај бегалците, соодветен однос кон нив и препознавање на сопствените симптоми на стрес и прегорување во работата и техники за ослободување од истото. Актуелна состојба во однос на образовно едукативните акивности што се наменети за најмладите Од разговорите со преставниците на UNICEF како и надлежните органи и институции одговорни за раководењето и координирањето со Привремениот транзитен центар Табановце, тимот на НПМ доби информација околу спроведувањето и започнувањето на образовно едукативна програма за децата во Центарот која е одобрена од Министерството за труд и социјална политика. Образовно-едукативната програма е од формален карактер и има за цел да им овозможи на децата секојдневно да посетуваат часови каде ќе имаат можност да учат и да ги надоградуваат своите знаење во обид што помалку да заостануваат во поглед на образованието споредено со своите врсници ширум светот. Националниот превентивен механизам смета дека ова претставува позитивен исчекор кон образовниот развој на децата сместени во Привремениот транзитен центар, но цени дека е потребно учество и на Министерството за образование. Во оваа смисла потребно е претставниците на Министерството за образование да дадат свое мислење и оценка за соодветноста на образовната програма и начинот на којшто се спроведува, да преземат конкретни мерки за

13 верификување на соодветно завршениот степен на образование, со што би се овозможило продолжување на образовниот процес на децата. Покрај спроведувањето на оваа образовна едукативна програма за децата, надлежните органи и институции информираа и за воспоставената пракса еднаш до два пати месечно да се организира прошетка на бегалците во градот Куманово и околината на градот. Сепак, од разговорите со дел од бегалците, НПМ констатираше дека и натаму најсериозен проблем претставува нерегулираниот статус на бегалците кои веќе неколку месеци се во истата ситуација, што само ја зголемува нивната нетрпеливост и вознемиреност, кои заглавени на територија на Република Македонија постојано се надеваат дека во скоро време ќе се отворат границите како би можеле слободно да транзитираат до посакуваната дестинација. Како што информираа во разговорите, бегалците генерално се задоволни од материјалните услови во Центарот и од третманот кој го добиваат од органите и организации присутни секојдневно на терен, и во таа насока немаат никакви посериозни забелешки. ИНДИВИДУАЛЕН СЛУЧАЈ На 27.10.2016 година, тимот на Националниот превентивен механизам од претставниците на меѓународната организација UNICEF, доби информација дека во рамките на Привремениот транзитен центар Табановце веќе неколку денови престојува непридружуван малолетник странец, за кого се уште не е спроведена процедурата согласно Стандардните оперативни процедури за постапување со непридружувани деца странци. По добиените информации за конкретниот случај, претставници од канцеларијата на Народниот Правобранител на Република Македонија веднаш се упатија во Привремениот транзитен центар Табановце каде остварија разговори со претставници на Центарот за управување на кризи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, како и со дел од невладините и меѓународни организации присутни на терен. Претставниците на Народниот правобранител им укажаа на надлежните инстуции за должноста да ги преземат сите неопходни мерки за доследно спроведување на постапките предвидени во Стандардните оперативни процедури за постапување со непридружувани деца странци и придружувајќи се до начелото за најдобар интерес на детето веднаш да постапат по мерките за идентификација и определување на старател на непридружуваното малолетно дете - странец.

14 За конкретниот случај Народниот правобранител формира посебен предмет за заштита на правата на малолетното лице. Неспрорведени препораки од претходниот извештај на Националниот превентивен механизам кои се уште се актуелни: 1. На припадниците на Министерството за здравство да им се овозможи постојан пристап до вода за медицински потреби КОНСТАТАЦИИ Позитивни констатации: 1. Подобрена соработка и координација меѓу надлежните органи што учествуваат во управувањето и организирањето на Привремениот транзитен центар. 2. Преземени конкретни активности за подобрување на ифраструктурата во Привремениот транзитен центар Табановце и во таа смисла е извршена замена на сите икеи (куќарки) со контејнери за сместување на бегалците, како и изградба на игралиште за децата. 3. Бегалците/мигрантите се генерално задоволни од материјалните услови во Центарот и третманот кој го добиваат од страна на надлежните органи и организации присутни на терен. 4. Спроведување на едукативно образовни активности за децата во Центарот, со програма прифатена и одобрена од Министерството за труд и социјална политика. 5. Воспоставена пракса еднаш до два пати месечно да се организира прошетка на бегалците во градот Куманово и околината на градот. Негативни констатации: 1. Мигрантите/бегалците јасно го манифестираат незадоволството од повеќемесечното задржување во рамките на ПТЦ Табановце, без да имаат конкретни информации за статусот што го уживаат во Република Македонија. 2. Непочитување на процедурите во однос на непридружуваните деца, согласно Стандардните оперативни процедури за постапување со непридружувани деца странци

15 3. Високо ниво на депресивност и анксиозност кај мигрантите/бегалците сместени во Привремениот транзитен центар Табановце. 4. Воочена генерализирана анксиозност и депресивност кај децата задржани во Привремениот транзитен центар Табановце што се одразува со поизразено нарушување на нивното внимание и однесување. 5. Министерството за образование не е доволно вклучено во спроведувањето на образовно-едукативните актувности и нема преземено мерки кои би имале за цел верификување на соодветно завршениот степен на образование ПРЕПОРАКИ (заклучно со 28.09.2016) 1. Да се преземат конкретни мерки за регулирање на статусот на лицата сместени во Привремениот транзитен центар Табановце. 2. Во секој поединечен случај навремено да се спроведуваат процедурати за непридружувани деца, согласно Стандардните оперативни процедури за постапување со непридружувани деца странци 3. За бегалците кои манифестираат нагласени симптоми на пострауматско стрестно растројство (ПТСР), анксиозност и депресија неопходен е комбиниран психијатриско-психолошки, медикаментозен и психотераписки третман. 4. Да се организираат различни психолошки работилници за децата заради справување со психолошките тешкотии и разбирање, а по потреба да се обезбеди потребен психијатриско медикаментозен третман. 5. Министерството за образование да дадe мислење и оценка за соодветноста на образовната програма и начинот на којшто се спроведува, да преземат конкретни мерки за верификување на соодветно завршениот степен на образование, со што би се овозможило продолжување на образовниот процес на децата. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ Иџет Мемети