Вовед во мрежата nbn 1 Што е тоа австралиска nbn мрежа? 2 Што ќе се случи? 3 Како да се префрлите на мрежата nbn 4 Што друго ќе биде засегнато? 5 Што треба следно да сторите
1 Што е тоа австралиска nbn мрежа? Мрежата nbn е австралиската возбудлива нова мрежа за фиксна телефонија и интернет. Таа во моментов се воведува ширум цела Австралија, а нејзината цел е секој да добие пристап до брз и сигурен интернет без оглед на тоа каде живее.* Подгответе се да ја искусите разликата Гледајте содржини од целиот свет без постојано прекинување заради чекање да се симнат од интернет Поврзете се со вашите блиски во странство преку видео повици што не се прекинуваат постојано Играјте игри со пријатели што се далеку од вас преку брза врска Учете со помош на образовни алатки преку брза и сигурна мрежа Што ќе се случи? *Вашето искуство, вклучувајќи ги и брзините што сега се постигнуваат преку мрежата nbn, ќе зависи од технологијата преку која услугите се испорачуваат до вашето живеалиште, како и од некои чинители што се надвор од нашата контрола (на пример, квалитетот на вашата опрема, квалитетот на сигналот, софтверот, планот за широкопојасно поврзување, и како вашиот давател на услуги ја изработил својата мрежа).
2 Што ќе се случи? Мрежата nbn ќе го замени поголемиот дел од сегашната мрежа за фиксна телефонија и интернет.* Телефон Ќе треба да ја префлите вашата засегната фиксна телефонска линија на мрежата nbn за да продолжи да работи. Интернет Ќе треба да ја префрлите вашата засегната интернет врска што ја добивате преку фиксна линија на мрежата nbn за да продолжат вашите услуги да работат. Како да се префрлите на мрежата nbn *Услугите давани преку мрежата nbn ќе ги заменат телефонските и интернет услуги што се даваат преку поголемиот дел од постојните фиксни мрежи, вклучувајќи ги бакарните мрежи и поголемиот дел од HFC мрежите во склоп на фиксните линии. Услугите давани преку постојните оптички мрежи (вклучувајќи ги вградените, здравствените и образовните мрежи) и некои посебни и деловни услуги можеби нема да бидат засегнати. За да дознаете дали вашите услуги ќе бидат засегнати, ве молиме јавете се кај вашата сегашна компанија што ве снабдува со телефонски или со интернет услуги. Датумот за преоѓање на новата мрежа може да биде променет. За повеќе информации, посетете го nbn. com.au/switchoff или јавете се на 1800 687 626.
3 Како да се префрлите на мрежата nbn Штом мрежата nbn ќе стане расположива во вашето подрачје, ќе треба да се јавите кај давател на телефонски или интернет услуги. Тие ќе ја завршат преостанатата работа за вас, вклучувајќи го следното: Да ви помогнат да одберете план што ќе им одговара на вашите потреби Да организираат инсталирање во вашиот дом на опремата доставена со мрежата nbn Да ви кажат дали има некои други трошоци за услугите што не се вклучени во вашето бесплатно стандардно инсталирање, на пример, поставување дополнителни кабли Да ви даваат поддршка откако ќе се поврзете на мрежата nbn Што друго ќе биде засегнато?
4 Што друго ќе биде засегнато? Ако имате некоја од следните направи, ќе треба да се јавите кај вашиот снабдувач со опрема и да дознаете дали вашата услуга ќе работи преку мрежата nbn. Направа за тревожење во итен медицински случај, направа што сама повикува телефонски броеви, или копче за повикување во итен случај Надгледувана направа за тревожење во случај на пожар или загрозена безбедност Телефакс или машина за пишување по телефон (TTY) автомати EFTPOS и ATM Кога ќе снема струја Не е многу веројатно дека направите поврзани преку мрежата nbn ќе работат кога ќе снема струја. Треба да размислите за тоа да имате при рака друг вид на комуникација - како што е наполнет мобилен телефон. Ако имате направа чие работење е неопходно за безбедноста, како што е направата за тревожење во итен медицински случај, во случај на пожар или итен случај во лифт, треба да поразговарате со компанијата што ве снабдува со таа направа за други решенија што ќе работат во случај да снема струја. Телефон за итен случај во лифт? Прашања што треба да му ги поставите на вашиот давател на услуги Дали мојата опрема ќе работи преку мрежата nbn? Кои други можности постојат освен користењето на фиксна врска? Дали мојата опрема поврзана на мрежата nbn ќе работи кога ќе снема струја? Што треба следно да сторите
5 Што треба следно да сторите Јавете се во Преведувачката служба на 131 450 за да дознаете дали може да ја префрлите вашата адреса на мрежата nbn. Ако сте подготвени да се префрлите Јавете се кај давател на телефонски или интернет услуги и побарајте да го префрлите вашиот телефон и/или интернет на мрежата nbn. 2016 г. nbn co ltd. nbn, bring it on, Sky Muster и Aurora направата се заштитени трговски знаци на nbn co ltd ABN 86 136 533 741. 1630113(07/16)