Повик за поддршка на локални граѓански организации

Similar documents
Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик.

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Март Opinion research & Communications

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Јавен повик бр. 4 за поднесување предлог проекти за финансирање под

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

ИНСТРУМЕНТ ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА СТАРТ-АП И СПИН-ОФ

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Родово буџетирање.

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

Програма за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија - Македонија CCI 2014TC16I5CB006

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

Коисмение.Штозначиме.

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Годишен извештај 2016

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ПОВРЗУВАЊЕ СО ГРАЃАНИТЕ: ДИГИТАЛНИ КОМУНИКАЦИИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Утврдување на способноста на економските оператори

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Штип. Слаџана Стефанова

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

Семејството и заедницата

КАКО ДА СТАНАТ ВАЖНИ ДОКАЗИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊАТА

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

Структурно програмирање

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

документ за јавни политики

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

Придржување кон препораките за ординираниот лек

КАМПАЊИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН:

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

Reform in water sector on central level

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Transcription:

Проект: Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност КриТинк Метаморфозис, фондација за интернет и општество и Евротинк - Центар за европски стратегии во рамки на проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност КриТинк објавуваат Повик за поддршка на локални Рок за поднесување: 6 јули 2018 г. 1 / 6 Проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност КриТинк е спроведуван од Метаморфозис и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Вовед Проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност КриТинк (анг. Critical Thinking for Mediawise Citizens CriThink) го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Евротинк во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2020 година со поддршка од Европската Унија. Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности. Специфичните цели на проектот се: Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности. Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации (ГО) и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции. Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување. Во рамки на проектот КриТинк се спроведува програма за мали грантови (анг. small grants scheme) преку која ќе бидат доделени вкупно 16 мали грантови во износ од 5-7000 евра по грант, во два циклуси. Во рамки на секој циклус ќе бидат доделени по 8 грантови, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од 8-те плански региони. Првиот циклус од програмата ќе се спроведе во периодот од 1 јуни 2018 до 31 март 2019 г. Вториот циклус од програмата ќе се спроведе во периодот од 1 јуни 2019 до 31 март 2020 г. Карактеристики на поддршката Поддршката во рамки на проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност КриТинк се однесува на иницијативи на локални во партнерство со медиуми со кои би промовирале создавање култура на критичко мислење преку промоција на медиумска писменост, односно иницијативи насочени на исполнување на целите на проектот, преку активности прилагодени на потребите на локално ниво во секој од 8-те плански региони. Проектот ги адресира предизвиците со кои се соочуваат поддржувачите на медиумската писменост, кои се поврзани со потребата да се допре до поширока публика со цел да развијат одржливи и сеопфатни релации меѓу организациите од граѓанското општество, медиумите и граѓаните. При тоа, проектите треба да вклучуваат употреба на дигитални технологии за промоција на содржини за јавна едукација на ефективен и иновативен начин и премостување на препреките кои доведуваат до недостаток на меѓусекторска соработка. Ваквиот пристап има за цел да ги зајакне позициите на граѓанските организации, да ја зголеми нивната понуда на содржини за граѓаните, зголемувајќи го нивниот капацитет за соочување со предизвиците во оваа област. Носители на апликациите може да бидат само локални кои работат на основно, грасрут ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиуми (локални или национални), а пожелно е да вклучуваат соработка со образовни и други јавни институции, како и други релевантни чинители. Програмата за мали грантови ќе им овозможи на граѓанските организации да допрат до релевантните засегнати страни, да изградат ефективни коалиции кои би можеле да ги зајакнат своите позиции и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи. 2 / 6

Цели на повикот Програмата за мали грантови ги има следните цели: Да се поттикне создавање на поволно опкружување за развој на граѓанските организации и медиумите и поголемо вклучување на засегнатите страни во активностите за медиумска писменост и проверка на фактите, вклучително и преку поголема транспарентност и отчетност; Да придонесе кон зајакнување на ГО и медиумите, како на национално, така и на локално ниво, како и на зголемување на нивната активна улога во медиумската писменост и проверка на фактите; Да се зголеми побарувачка на граѓаните за одговорни медиуми преку јавно образование и промовирање на професионални стандарди и меѓународни практики кои ја штитат слободата на мислење и изразување; Да се придонесе кон продлабочено разбирање и инклузивност на активностите за медиумска писменост и проверка на фактите, со што би се се создавале различни е-содржини; Да дејствува на понатамошен развој на дијалогот помеѓу носителите на одлуки и засегнатите страни врз основа на докази и најдобри практики; Да им се овозможи на граѓанските организации и на медиумите ефикасно да учествуваат во консултативните процеси, преку зајакнување на нивниот капацитет за анализи базирани на докази, релевантен мониторинг и ефикасно застапување, истовремено подобрување на вештините за мрежно поврзување, партнерство и коалиција; Да се поттикне култура на критичко размислување преку едукација на пошироката јавност за штетното влијание на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности; Да се зголеми капацитетот на граѓанските организации и медиумите за решавање на медиумските манипулации (вклучувајќи го и говорот на омраза) преку подобрување на нивото на медиумска писменост и одговорност за медиумите, преку заеднички ангажман со државните институции. Претпочитани активности Програмата за мали грантови ќе ги поддржи иницијативите за стимулирање на културата на критичко размислување преку промовирање на медиумската писменост со следниве активности од оваа индикативна листа (листата не е ограничувачка, постои можност за поддршка и на други активности, доколку се утврди дека тие се во согласност со целите на проектот): Продукција на содржини за јавна едукација на интернет и/или за традиционалните медиуми (радио, ТВ, печат) Промоција на едукативните содржини преку различните видови медиуми; Поттикнување на јавна дебата за прашања кои влијаат врз медиумската писменост и критичкото мислење; Ангажирање на граѓаните за зголемување на нивните барања за производство на високо квалитетни медиуми; Градење на капацитетите на членовите на локалната заедница, вклучувајќи обуки, работилници и предавања; Онлајн промоција преку кратки видеа, банери и други видови на мултимедијални содржини; Овозможување на граѓаните да ги користат надлежните државни институции / регулаторни тела, како и саморегулаторните механизми на новинарската професија за решавање на медиумските манипулации; Стратешка употреба на социјалните медиуми за да се допре до поширока и/или насочена публика, вклучувајќи онлајн реклами; Воспоставување на соработка и вмрежување помеѓу различни засегнати страни за застапување на медиумската писменост на локално и национално ниво; образовен и бизнис сектор. 3 / 6

Методологијата за програмата за мали грантови е дизајнирана и како процес на учење кој ќе биде комплементарен со самите активности. Одбраните апликанти ќе бидат поддржани низ целиот процес на имлементација на нивните грантови, во сите фази од имплементација на проектот. По одобрувањето на предложениот проект, на апликантите ќе им биде пружена техничка асистенција базирана на нивното ниво на компетентност преку посебно дизајнирани менторства за натамошно зајакнување на капацитетите, поддршка на нивните специфични потреби вклучувајќи односи со јавност, комунникации, евалуација и сл. Административниот и финансовиот персонал на Фондацијата Метаморфозис ќе им овозможи менторство поврзано со административното и финансиското работење на проектот. Процес на евалуација Ќе бидат селектирани апликациите за проекти кои во својата суштина: Се директно комплементарни со целите на проектот КриТинк; Покажуваат посветеност во зајакнувањето на критичкото мислење преку помоција на медиумската писменост; Воведуваат иновативни и нови модели на соработка помеѓу и медиуми; Овозможуваат креативни и ефективни стратегии за ангажман на нивните целни групи/публика; Продуцираат едукативни мултимедиумски содржини што можат да бидат дистрибуирани преку различни платформи (на пример, видео-клипови што можат да се употребат за ТВ прикажување; како онлајн спотови и сл.) Покажуваат стратешка определба да употребуваат традиционални и нови медиуми за да ја постигнат видливоста на своите активности; Промовираат интегративен пристап кон различните етнички зедници и внимаваат на родовата застапеност; Зајакнуваат партнерства и соработка меѓу различни чинители, вклучително граѓански организации, медиуми, јавни институции на локално и државно ниво, образовен и деловен сектор. Селекцијата на кандидатите ќе биде процес од три фази: пред-селекција, оценување и доделување. Секоја апликација ќе биде пред-селектирана за да се осигура дека ги исполнува основните барања на повикот и дека е во согласност со следните основни предуслови: Апликантите да се од целните плански региони (или да вклучуваат активности во нив); Предложената иницијатива да демонстрира јасна визија, задоволувајќи ги потребите на жителите на планските региони; Предложената иницијатива прикажува јасна улога на сите партнери во иницијативата; Формуларот за аплицирање е целосно пополнет вклучително сите други придружни документи; Формуларот за аплицирање е приложен пред рокот за аплицирање; Бараната финансиска поддршка не го надминува максималниот износ за мали грантови; Апликацијата мора да ги исполнува сите горенаведени критериуми за да продолжи во фазата на оценување. Апликациите што не ги исполнуваат основните предуслови ќе бидат отфрлени. Следниве апликации ќе се сметаат за приоритетни во процесот на селекција: Креативни и исплатливи иницијативи со висок потенцијал за долгорочна одржливост; Иницијативи кои придонесуваат за зајакнување на мрежното поврзување на локално, регионално или национално ниво; Сите апликации позитивно оценети за време на претходна проценка ќе бидат презентирани на 4 / 6

проектното жири за одобрување / одбивање / условно одобрување. Жирито ќе ги оценува апликациите врз основа на следниве критериуми за селекција: 1. Технички пристап (максимум 70 поени) Релевантност на потребите и прашањата кои ги адресираат (30 поени) Квалитет на предложените активности (15 поени) Активности ориентирани кон резултати (15 поени) Иновација (10 поени) 2. Организациски капацитет и минати перформанси (максимум 10 поени) Административни, финансиски и менаџерски капацитети (5 бода) Релевантно искуство од минатото и резултати во слични области (5 поени) 3. Предлог за трошоци (максимум 20 поени) Ефективност на буџетот, во смисла рационално планирање на трошоците во функција на исполнување на зададените цели (20 поени) Следејќи ги примерите за добри практики на Делегацијата на ЕУ во Македонија, ќе биде поставен праг од 70 поени за прифаќање на предлог-проектите, при што ќе бидат разгледувани оние проекти кои го надминуваат прагот. Грантовите ќе бидат доделени на највисоко рангираните предлози од секој плански регион, додека останатите ќе бидат сместени на резервна листа. Во случај на неможнст да се додели грантот на највисоко рангираниот предлог од даден плански регион, или пак највисоко рангираниот предлог-проект е под прагот, предлозите од резервната листа ќе бидат земени предвид, почнувајќи од највисоко рангираниот. Нема да се разгледуваат апликации кои опфаќаат активности од следните видови: индивидуални спонзорства за учество на работилници, семинари, конференции и конгреси; покривање индивидуални школарини за студии или обуки; поддршка на политички партии или кандидати за избори; ретроспективно финансирање на проекти чие спроведување е во тек или се завршени; проекти кои носат исклучива полза за индивидуи или одредени ексклузивни групи лица; проекти кои опфаќаат активности во поддршка на политички партии; покривање основни трошоци за функционирање на апликантите или коапликантите (т.е. кога буџетот е главно наменет за покривање организациски трошоци); хуманитарни активности; градежни работи или реконструкција на градежни објекти; набавка на опрема (т.е. кога буџетот е главно наменет за набавка на опрема). Во рамките на овој повик ќе бидат доделени 8 (осум) грантови со износ од 5.000 до 7.000 евра. Периодот на имплементација не смее да биде подолг од 6 (шест) месеци. Поднесување на апликациите Граѓанските организации ќе треба да ги поднесат нивните апликации преку користење на стандардниот формулар за аплицирање на фондацијата Метаморфозис, кој ги вклучува следните составни делови: Пополнет Прилог 1: Формулар за аплицирање на македонски јазик (word формат); Скенирана копија на последната страница од формуларот за аплицирање (со печат и потпис); Пополнет Прилог 2: Формулар за буџет, на македонски јазик (excel формат); Пополнет Прилог 3: Формулар за временската рамка за имплементација, на македонски јазик (word формат); 5 / 6

Пополнет Прилог 4: Формулар со краток опис на проектот на англиски јазик (word формат); Дополнителни прилози: Работни биографии (CV) на проектниот тим; Копија од документ за регистрација; Копија од Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци; Годишен извештај за работа и финансиски извештај, за претходната година. Доколку организацијата согласно член 18 од Закон за сметководството на непрофитните организации не е должна да изработи финансиски извештај, истата е потребно е да достави само известување. Во случај доколку не е помината една година од денот на регистрација, организацијата не е должна да достави годишен извештај за работа. Ревизорски извештај за претходната година (опционо). Информации за партнерите: писма за поддршка. За целосно поднесена пријава ќе се смета онаа која ги вклучува сите целосно пополнет формулари и сите дополнителни прилози. При пополнување на Образецот за буџет потребно е да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање, како и за тоа дека во соработка со Метаморфозис и Евротинк сите избрани грантисти самостојно ќе спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретеријатот за европски прашања (СЕП). Краен рок за аплицирање 6 јули 2018 г. до 17 часот, исклучиво преку формуларот за аплицирање достапен на адресата http://crithink.mk/formular. Формуларите за аплицирање мора да се пополнат на македонски јазик, при што Формуларот за краток опис на проектот треба да биде пополнет на англиски јазик. Апликантите на кои ќе им бидат потребни појаснувања или дополнителни информации за повикот треба да поднесат прашања по е-пошта до contact@crithink.mk до 22 јуни 2018 г. до 17 часот, за да може да добијат одговори на време, пред истекот на крајниот рок. 6 / 6