Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Similar documents
ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

УНАСМ БИЛТЕН. Улогата на УНАСМ во македонското синдикално движење УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА. Електронски информатор

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

Планот за акција е подготвен според Минималниот Основен Пакет за Услуги 1 (МОПУ) за СРЗ при итни и кризни состојби и катастрофи

Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

2012 година ХОПС. Програмскиот. NA HOPS za 2012 godina. на ХОПС за PROGRAMSKI IZVE[TAJ. извештај на ХОПС за. година

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Повик за поддршка на локални граѓански организации

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Биланс на приходи и расходи

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

Биланс на приходи и расходи

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

СТРАТЕШКА РАМКА Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

Мобилност МК Mobility MK

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

Структурно програмирање

Годишен извештај 2016

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

C U R R I C U L U M V I T A E

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Мобилност МК Mobility MK

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ЖИВОТОТ ПО ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

C U R R I C U L U M V I T A E

ГЛАСИЛО НАЈДОБРО РАНГИРАНИОТ ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ДОБИ СВОЈА РЕАЛИЗАЦИЈА BEST RANKED PROJECT ON ENERGY EFFICIENCY IMPLEMENTED NEWSLETTER

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

од имплементирани проекти од програмите АДИ вингинг АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО СТУДИСКИ ПОСЕТИ Tвингинг

h LLL L A 2 13 a o Сексуално и Репродуктивно здравје Сексуални права Родова еднаквост Право на избор Социјална правда

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

БИЛТЕН. за семејно планирање. Почитувани пратенички и пратеници во Собранието на Република Македонија,

ЗЕЛС ГЛАСИЛО NEWSLETTER ЈАН. / ФЕВ JAN. / FEB ЗАЕДНИЦА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЗЕЛС

КАМПАЊИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН:

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ ВО 2015 ГОДИНА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

Мобилност МК Mobility MK

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Transcription:

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА *Тел 02/2 700 107 *факс 02/2 700 367 *е-mail: lastrada@lastrada.org.mk *www.lastrada.org.mk Годишен извештај 2011

Краток преглед на постигнувањата во 2011 Во историјата на секоја организација постојат датуми и години кои остануваат забележани затоа што зад себе оставаат неизбришлива трага. Така и 2011 година e година која за Отворена Порта беше мошне значајна од повеќе аспекти. Во целост се реализираше годишната програма која вклучуваше активности за лобирање и застапување, подигнување на свеста, превенција и едукација, како и обезбедување на помош и поддршка за тргуваните лица. Во текот на 2011 година, 15 тргувани лица беа вклучени во програмата за заштита и социјална поддршка на Отворена Порта. Долгорочно сместување и дневно згрижување беше обезбедено за 9 штитенички, додека другите добиваа услуги надвор од прифатилиште. Во рамки на програмата за поддршка медицински третман и соодветна терапија беше обезбедена за 8 штитенички. Правна помош и застапување пред судски органи добиле 11 штитенички. Вклучување во процесот на образование е обезбедено за 5 штитенички, додека за две е обезбеден курс за стекнување со занаетчиски вештини. Преку реализацијата на превентивни активности Отворена порта директно допре до 1300 деца и млади на возраст од 12 до 18години и обучи 300 професионалци (социјални работници, полиција, претставници од локална самоуправа, професори, невладини организации и итн) за идентификација упатување и превенција од трговија со луѓе. Дополнително СОС линијата обезбеди информација, советување и упатување до соодветни сервиси на 354 лица. Уште еден значаен аспект што ја обележа 2011 година е изработка на новиот тригодишен стратешки план за 2012-2014 година, со што се обезбеди неопходна подготовка за да се справи со новите предизвици. Во текот на изработката на стратегијата Отворена порта ја дополни својата визија и мисија и одреди 5 главни стратешки цели. Како и секогаш Отворена Порта докажа дека има однапред смислени планови на делување во согласност со новите идентификувани потреби за целите групи, и висок капацитет за прилагодување на брзите промени кои се случуваат во општеството. Во текот на 2011 година работата на Отворена порта беше признаена од индивидуалисти и нејзини долгогодишни соработници кои ги почитуваат и поддржуваат активностите кои што организацијата ги превзема во борбата против трговијата со луѓе. Од страна на нејзиниот соработник од Србија НВО АСТРА Отворена Порта беше наградена со пофалница за професионализам, отвореност и подршка. Вкупниот буџет на Годишната програма на Отворена порта за 2011 изнесува 13 246 533,00 МКД, кој придонесе за квалитетна реализација на предвидената програма и активности. Национални кампањи за подигање на јавната свест за проблемот на трговија со луѓе Во текот на 2011 година Отворена Порта спроведе две национални кампањи за подигање на јавната свеста и информирање на граѓаните за проблемот на трговија со луѓе. Првата кампања се спроведе по повод 18-ти октомври (Европскиот ден за борба против трговија со луѓе), а втората по повод Неделата за борба против трговијата со луѓе од 2 до 9ти декември, кои беа поддржани од Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Министерката за Внатрешни Работи. Кампањите се спроведоа во 10 града во Македонија (Скопје, Куманово, Св. Николе, Делчево, Струмица, Битола, Реканскиот крај, Тетово, Кичево, Струга), а активностите беа наменети за различни целни групи со цел актуализирање на проблемот на трговија со луѓе помеѓу младите, целокупната јавност и професионалците, информирајќи повеќе од 10 000 граѓани. Имено, по повод одбележувањето на Неделата за борба против трговија со луѓе Отворена Порта во соработка со мрежата БУДНОСТ реализира 17 превентивни лекции, 14 форум театри и беше организиран еден ликовен и литературен конкурс во 15 средни и основни училишта во 9 градови во Македонија. Воедно, во 7 градови беа организирани тркалезни маси, координативни состаноци, трибини на кои учество зедоа повеќе од 140 претставници од локална самоуправа, полиција, социјални работници, НВО, трудова инспекција, медиуми, здравствени работници, одделението за превенција од МВР, царина, гранична полиција и јавно обвинителство. Централен настан од серијата предвидените настани за одбележување на неделата за борба против трговија со луѓе во Република Македонија беше трибината насловена како,,главните предизвици во справувањето со трговијата со луѓе, која што имаше за цел да стави акцент на главните предизвици со кои се соочуваат институциите и организациите особено во делот на идентификацијата и обезбедување на заштита за тргуваните лица.

По повод Европскиот ден против трговијата со луѓе, Отворена Порта подготви и публикуваше изјава која беше потпишана и подржана од сите организации членки на Националната мрежа за борба против трговија со луѓе- БУДНОСТ, преку која повикаа кон ефективна имплементација на сите усвоени мерки за спречување на трговијата со луѓе преку координирана и мулти -секторска соработка, како на национално, така и на локално ниво. Будност истовремено повика кон вложување на поголеми напори во расветлување на новите категории на трговија со луѓе, како што е трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, активно спроведување на компензацијата како моќна казнена мерка против трговците со луѓе и како ретроактивна мерка за жртвите од трговија со луѓе, неопходна доследна примена на законските одредби кои се однесуваат на компензацијата на жртвите од трговија со луѓе и подобрување на ефикасноста на судскиот систем во остварувањето на ова право на жртвата. Изјавата беше публикувана во печатениот дневен весник Дневник и воедно распространета до соодветните институции и други партнери и организации на национално и локално ниво. Воедно, волонтери на Невладините организации, членки на мрежата БУДНОСТ делеа материјали на фрефенктни места во 9 градови во Македонија. Покрената иницијатива за креирање на локални акциони планови за спречување на трговијата со луѓе. Отворена Порта покрена иницијатива за заедничка соработка на граѓанските организации, и локалната самоуправа, кон подобра идентификација, превенција и помош на тргуваните лица. Иницијативата започна со еднодневна работилница во Скопје за развивање на Локални акциони планови за спречување на трговијата со луѓе. Учесници на работилницата беа 30 претставници на невладините оргнизации членки на Националната мрежа за борба против трговија со луѓе во Македонија- Будност како и претставници од Локалната самоуправа и Советите за превенција при СВР од 10 града во Македонија(Скопје, Куманово, Св. Николе, Делчево, Струмица, Битола, Реканскиот крај, Тетово, Кичево, Струга). Целта на работилницата беше да се иницира креирање и имплементација на локални акциони планови против трговијата со луѓе преку мултидисциплинарен пристап и партнерство на различни институции и организации на локално ниво. Дополнително на локално ниво Отворена Порта во соработка со невладините оргнизации во 10те општини организираа тркалезни маси, координативни состаноци, трибини со цел продолжување на иницијативата. До крајот на 2011та, општината Ростуше-Рекански крај го подготви и усвои локалниот акциски план. Општина Струга,Тетово и Делчево создадоа локални акциони планови кои што се спроведуваат, главно, со поддршка на НВО и лобираат за нивно усвојување од страна на општините, додека општините Скопје, Куманово и Кичево се во фаза на создавањето на акциски тим кој ќе продолжи да работи на креирање на нацрт акционен план против трговијата со луѓе. Зголемена информираност и едукација на младите за трговијата со луѓе Од своето основање, Отворена Порта се стреми кон намалување на жртвите од трговија со луѓе преку едуцирање и информирање на младите и професионалците за постоечкиот проблем. Во 2011 беа спроведени 13 редовни превентивни лекции во основни и средни училишта во Скопје и 2 форум театри преку кои беа опфатени околу 500 млади. Воедно, Отворена Порта спроведе дводневна обука за врснички едукатори на тема превенција од трговија со луѓе за 17млади од 8 средни училишта од Скопје. Овие млади едукатори понатаму ќе продолжат да ја шират превенцијата помеѓу своите врсници. Покрај обуката за средношколци, Отворена Порта спроведе и обука за Превенција од трговија со луѓе наменета за наставниот кадар од 15 основни училишта од Општина Кисела Вода и Општина Аеродром на која што учествуваа 21 претставник од различни профили, предметни наставници, дефектолози, психолози и педагози. Обуката имаше за цел да ги зголеми знаењата и сензибилноста на професионалците во поглед на трговијата со луѓе како и да ја зголеми нивната улога во процесот на идентификација, упатување и превенирање на случаи на трговија. Како резултат на обуката, наставници реализираа 21 превентивна работилница едуцирајќи повеќе од 300 деца од 9 основни училишта.

Придонес на Отворена Порта во унапредување на образовниот систем Во текот на 2011 Отворена Порта им овозможи на 10 студенти од Институтот за Социјална работа и Социјална политика при Филозофскиот факултет од Скопје 3 месечна практична работа во Отворена Порта. За овие практиканти беа организирани и две обуки на следниве теми: Обезбедување социјална асистенција на тргуваните лица и Работа на СОС линија за помош од трговија со луѓе. Воедно 60 студенти од педагошкиот факултет од Скопје, Тетово, Штип и Филозофскиот факултет - Институт за социјална работа и социјална политика од Скопје преку тридневна обука беа информирани и едуцирани за трговијата со луѓе. Имено реализираните активности се дел од имплементацијата на меморандумот за соработка потпишан со Филозофскиот факултет од Скопје во 2010 кој е наменет за развој на практиканство и унапредување на практичните вештини на идните професионалци -студенти по социјална работа и социјална политика. Овој меморандум покажува дека Отворена Порта е идентификувана како организација која може да им понуди квалитетни волонтерски и практикантски програми за студентите. На барање на Бирото за развој на образование, Отворена Порта изготви 300 копии од филмот,,ти си жива,, кој што беше дистрибуиран во 100 средни училишта во Македонија, со цел да се зајакне превенцијата од трговија со луѓе помеѓу младите кои што се идентификувани како најризична категорија. Имено филмот,,ти си жива беше одбран од Бирото за развој на образованието како алатка која ќе се користи од страна на професорите за информирање и едукација на учениците од основните и средните училишта во Македонија.. Отворена Порта потпиша меморандум со МТСП со цел обезбедување на услуги во државното прифатилиште за жртви на трговија со луѓе. Отворена Порта беше одбрана и повикана да работи во државното прифатилиште за да ја спроведува психо-социјална програма за помош на тргуваните лица. Соработката беше официјализирана со потпишување на Меморандум за Соработка помеѓу Отворена Порта и Министерството за Труд и Социјална Политика. Меморандумот ги регулира правата и обврските помеѓу потписничките, односно начините на меѓусебна соработка. Отворена Порта според Меморандумот ги обезбедува сите трошоци во однос на активностите кои се однесуваат директно за жртвите од трговија со луѓе. Исто така обезбедува персонал кој ќе работи во смени 24 ч. на ден и спроведува активности во однос социјалната програма за жртвите од трговија со луѓе. Министерството за Труд и Социјална политика со Меморандумот се обврзува да ги обезбеди сите режиски трошоци во однос на функционирање на прифатилиштето. Обезбедена помош, поддршка и заштита на тргуваните лица Исто како и изминатите години, тргуваните лица кои беа вклучени во програмата за заштита и социјална поддршка и оваа година имаа пристап до голем број на специјализирани услуги. Беше обезбедена: Медицинска помош медицински прегледи за жртвите преку посета на општ лекар или специјалист во зависност од потребите; Соодветен психотерапевтски третман (индивидуални или групни сесии); Основна и специјализирана правна помош; Овозможување на контакти со семејството; Помош при вадење на лични документи итн. Во текот на престојот, Отворена Порта им овозможи на тргуваните лица учество во различни активности, креативни работилници, рекреативна програма итн. Во текот на 2011 година, 15 штитенички беа вклучени во програмата за заштита и социјална поддршка на Отворена Порта. Долгорочно сместување и дневно згрижување беше обезбедено за 9 штитенички, додека другите добиваа услуги надвор од прифатилиште. Во рамки на програмата за поддршка медицински третман и соодветна терапија беше обезбедена за 8 штитенички. Правна помош и застапување пред судски органи добиле 11 штитенички. Вклучување во процесот на образование е обезбедено за 5 штитенички, додека за две е обезбеден курс за стекнување со занаетчиски вештини.

Спроведено истражување за постоечките механизмите за компензација за жртвите од трговија со луѓе. Со истражувањето се утврдија недостатоците во правната постапка и се создадоа препораки за надминување на недостатоците. Препораките беа претставени пред јавните обвинители, истражните судии, адвокати како и претставници од Министерството за Внатрешни работи, Министерството за Труд и социјална политика/ НМУ и различни невладини организации кои во своето работење се залагаат за спроведување на законските рамки во однос на трговијата со луѓе. Како резултат на произлезените препораки од истражувањето, претставник на Отворена Порта беше поканет да учествува на работилница организирана од страна на здружението за судии и обвинители, на тема Ефективно спроведување на законите во случаите на трговија со луѓе, каде што беа презентирани препораките и беше развиена плодна дискусија за начините на ефективна имплементација на истите. Во ноември 2011 во случај на трговија со луѓе каде жртвата е вклучена во програмата за социјална заштита вклучувајќи и правно застапување беше превземена мерката конфискација на имот што упатува на поактивно искористување на оваа мерка од страна на правосудните органи. Покрената иницијатива за проактивна идентификација на принудната работа и трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација Согледувајќи ја потребата за обезбедување на подобар пристап на работниците до квалитетни услуги и зајакнување на системот на упатување на тргуваните лица, Отворена Порта во ноември 2010 започна со спроведување на едногодишниот пилот проект,,превенција од екстремно прекршување на работничките права Проектот беше насочен кон воспоставување соработка помеѓу Отворена Порта и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) во борбата против трговијата со луѓе и зголемување на свеста за различните форми на трговија со луѓе и експлоатацијата на трудот меѓу членовите на синдикат. Како производ од овој проект беше изготвена анализа на постоечките капацитетите и подготвеноста УНАСМ за спроведување на активности и програми против трговија со луѓе и принудна работа во Македонија. Со анализата се дојде до сознанија околу присутноста, перцепциите и ставовите за трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, принудната работа и трудовите права и воедно се идентификуваа области на соработка помеѓу Отворена Порта и УНАСМ. Едногодишната соработка на Отворена Порта со УНАСМ резултираше со креирање на заеднички акционен план за адресирање на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација. Воедно, Отворена Порта креираше и испечати 20 000 примероци на превентивно-информативен материјал наменет за подигање на свеста за трудова експлоатација на работниците. Примероците ќе се делат во специфични сектори помеѓу работниците. Зголемени организациски и професионални капацитети Подобрувањето на индивидуалниот и организациски портфолио на Отворена Порта е интегративен дел од генералната стратегија за менаџмент со работниот кадар и со ресурсите што се користат за остварување на целите во организацијата. Затоа, Отворена Порта од своето формирање вложува во развојот на капацитетите на својот персонал преку учество на специјализирани обуки, работилници, студиски посети, семинари, конференции и други начини на надградба на своите знаења. Вредни за споменување студиската програма за запознавање со системот за борба против трговија со луѓе во Обединетите Американски Држави и програма на Harvard Kennedy School за Стратешки менаџмент на лидери од невладините организации. Отворена Порта, во изминатата година учествуваше и во обуките организирани во рамките на Академијата на одржливост, кои ги опфатија следниве теми: проектен менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, финансиски менаџмент, стратешко планирање, прибирање на финансиски средства, застапување и лобирање, градење на тимот и сл. Воедно Отворена Порта беше дел и од други најразновидни обуки кои придонесуваат за стручен и ефикасен одговор на потребите на целните групи.

Соработка на Отворена Порта со медиумите Имајќи ги предвид улогата и значењето на медиумите во општеството, Отворена Порта во 2011 година продолжи да ги негува постојаните и стабилни односи со медиумите кои ги гради со години. Истовремено Отворена Порта перманентно и ги унапредува инструментите за комуникација со сите целни групи градејќи проактивен однос кон медиумите како главно средство за пренесување на своите пораки до целните групи. Во 2011 Отворена Порта искористи повеќе инструменти и активности за комуникација: соопштенија до јавноста, веб страна, прес конференции, трибини, изјави, интервјуа, издавање на електронски информатори, специјални настани и други методи кој овозможија на успешен начин да ја информираат јавноста за проблемот од трговија со луѓе. Па така вкупно се регистрираа 40 објави во електронските и печатените медиуми. Преку навремена и редовна комуникација со медиумите јавноста беше информирање за проблемот од трговија со луѓе, нејзиното ширење и потенцијалниот ризик што овој проблем го носи како и можностите за превенција од истиот. Издавањето на печатени публикации ( 2 лифлети, годишник, истражување за компензација на тргуваните лица и други превентивни материјали) исто така беа дел од работата на организацијата во текот на изминатата година. Преку печатените публикации Отворена Порта ја распространуваше својата работа со цел да допре до пошироката јавност, да ја подигне јавната свест за проблемот на трговија со луѓе, ја исполнуваше својата мисија и при тоа ги почитуваше основните човекови права. Главни проекти и донатори за 2011 година Институционален грант преку CIVICA Mobilitas Период на имплементација: 01/01/2011-31/12/2011 Цел на институционален гранд: Финансиска поддршка на годишната програма на Отворена Порта за 2011 година насочена кон спроведување на активности за јакнење на организациските капацитети, превенција и едукација, помош и поддршка на тргуваните лица и застапување и лобирање. Име на проектот: Локален одговор на трговијата со луѓе Соработници во проектот: Национална мрежа за борба против трговија со луѓе БУДНОСТ Период на спроведување Февруари 2011 Февруари 2012 Цел на проектот: The overall goal of the proposed intervention is to provide stronger civil society organization in Macedonia to reduce trafficking in human beings, raise public awareness and strengthen citizen/government cooperation to improve support to potential and trafficked persons. Донатор: Европска Комисија Име на проект: Обезбедување на помош и заштита на жртвите од трговија со луѓе Период на спроведување: Април - Декември 2011 Цел на проектот: Обезбедување на заштита и економско јакнење на жртвите од трговијата со луѓе преку поддршка за функционирање на државното прифатилиште кое овозможува сместување, медицинска и правна помош како и оспособување со реинтеграциони способности за жртвите. Донатор: Генерален Секретарјат при Владата Име на проектот: Обезбедување на услуги за реинтеграција на жртви на трговија со луѓе Период на имплементација:01/01/2011-31/12/2011 Цел на проектот : Обезбедување на заштита и економско јакнење на жртвите од трговијата со луѓе преку поддршка за функционирање на државното прифатилиште кое овозможува сместување, медицинска и правна помош како и оспособување со реинтеграциони способности за жртвите. Донатор: Швајцарска организација Christliche Ostmission Име на проектот: Превенција од екстремно прекршување на работничките права Период на имплементација: 20/10/2010-20/11/2011 Цел на проектот: Идентификување на областите на можна соработка меѓу Отворена Порта и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) за решавање на прашањето на трговијата со луѓе, со фокус на трудова експлоатација, создавање на заеднички акционен план и подигање на информираноста за трговијата со луѓе.

Име на проектот : Европска Акција за компензација на тргуваните лица Период на имплементација: 01/07/2010 30/06/2011 Цел на проектот: Да се воведе Компензацијата - надоместок на штета во националните мерки против трговијата со луѓе и во меѓународните политики, и развој на алатки и инструменти за спроведување на овие мерки, обезбедувајќи пристап на тргуваните лица до надомест на штета. Име на проектот: Зајакнување на капацитетите на идните професори и социјални работници во мултиетничка средина Период на имплементација: 01/10/2011-31/12/2011 Цел на проектот: Надградат на капацитетите и знаењата на студентите за работа со деца во мулти-етничка средина и овозможување на практична работа во невладини организации. Име на проектот: Партнерска акција против трговија со луѓе (PAAT) во Југоисточна Европа (ЈИЕ) Период на имплементација: Јануари 2010 Јуни 2011 Цел на проектот: Да се придонесе за стабилноста, демократизацијата и почитувањето на владеењето на правото во југоисточна Европа преку промоција на усогласување со правните регулативи на ЕУ во напорите да се практикуваат правата на жртвите на трговија со луѓе Име на проектот: "Програмата за реинтеграција на жртвите на трговија со луѓе во Република Македонија" Период на имплементација: Април, 2010 - март 2011 година Цел на проектот: Обезбедување на помош и поддршка на тргуваните лица, со цел нивна успешна реинтеграција во социјалната средина. Донатор: Фондацијата Крал Бодуен