С О Д Р Ж И Н А. Број 73 Год. LXV Петок, 12 јуни 2009 Цена на овој број е 220 денари.

Similar documents
ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Март Opinion research & Communications

Број јануари 2015, среда година LXXI

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

С О Д Р Ж И Н А. Број 14 год. LXVII 7 февруари 2011, понеделник Цената на овој број е 190 денари. Стр.

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Биланс на приходи и расходи

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

Биланс на приходи и расходи

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

С О Д Р Ж И Н А Стр.

С О Д Р Ж И Н А Стр.

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Број мај 2013, петок година LXIX

Скопје, август 2017 година

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Структурно програмирање

Број јули 2016, четврток година LXXII

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број ноември 2015, среда година LXXI

Број јули 2014, среда година LXX

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Безбедност и здравје на работа

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

2.1. Закон за енергетика и подзаконските акти Закон за енергетика Правилник за енергетски карактеристики на зградите

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

С О Д Р Ж И Н А. Број 93 Год. LXI Понеделник, 31 октомври 2005 Цена на овој број е 390 денари

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Централна кооперативна банка АД Скопје

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. Доц. Д-р. Бистра Ангеловска

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

08 NOV 2018 REPUBLIKA MAKEDONIJA EFFECTIVE DATE STAPUVA VO SILA NA REPUBLIC OF MACEDONIA AMD AIP 61

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ЗАКОН ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Пол Машки Датум на раѓање 13/10/1986г Националност Македонец. Асистент / Помошник предавач. Систем администратор и помошник сметководител

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Системот на јавните набавки во Република Македонија

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

С О Д Р Ж И Н А. Број 99 Год. LXI Среда, 16 ноември 2005 Цена на овој број е 300 денари 1334.

ЈУ Старски дом Сју Рајдер -Битола; - ЈУ Старски дом Киро Крстевски Платник -Прилеп;

С О Д Р Ж И Н А. Број 105 Год. LXVI Четврток, 5 август 2010 Цена на овој број е 220 денари. Стр.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO SKOPJE

Барањето од став 1 на овој член увозникот го поднесува до Царинарницата според местото на преработувачкиот

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Transcription:

Број 73 Год. LXV Петок, 12 јуни 2009 Цена на овој број е 220 денари www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk С О Д Р Ж И Н А Стр. 1270. Правилник за начинот на регистрирање на возилата на полицијата во Министерството за внатрешни работи, како и за формата и содржината на регистарските таблици... 2 1271. Правилник за формата и содржината на образецот и начинот на издавање и одземање на службената легитимација на Државниот инспектор за техничка инспекција... 7 1272. Правилник за начинот и постапката за фармаколошко-токсиколошкото и клиничкото испитување на лековите... 9 1273. Листа на есенцијални лекови... 10 Стр. 1274. Решение за стапување во примена на востановен катастар на недвижности... 26 1275. Правилник за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот за поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уредите и опремата, за давање на услуги на воздухопловна навигација... 26 1276. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување... 37 Огласен дел... 1-72

Стр. 2 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ 1270. Врз основа на член 27 став 3 од Законот за возила ( Службен весник на Република Македонија бр. 140/08), министерот за внатрешни работи донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ВОЗИЛА- ТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, КАКО И ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЦИ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на регистрирање на возилата на моторен погон и приклучните возила (во натамошниот текст: возилата) на Полицијата во Министерството за внатрешни работи (во натамошниот текст: Полицијата), како и за формата и содржината на регистарските таблици. Член 2 Возилата на Полицијата се службени возила, со и без ознаки на Полицијата. Службените возила на Полицијата што се посебно обележани и опремени, се користат за извршување на полициски работи, согласно прописите за полиција. Регистрацијата на возилата од ставот 2 на овој член се врши во Министерството за внатрешни работи. Возилата на Полицијата што не се посебно обележани се регистрираат и им се продолжува регистрацијата, согласно прописите за регистрација на возила. Член 3 Службените патнички автомобили на Полицијата се обоени со бела боја и имаат: 1. ознака ПОЛИЦИЈА испишана со сини букви од двете бочни страни, со големина на буквите 150 мм. X 135 мм. (Образец бр. 1) над која на предната лева и десна врата е поставен амблем на Полицијата, со димензии 210 мм. X 210 мм., што е со сина основа и на него, на жолта кружна подлога со сини букви се отпечатени зборовите: ПОЛИЦИЈА и РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИ- ЈА, а во средината со жолта боја е отпечатен симболот на Република Македонија (Образец бр. 2); 2. на капакот над моторот и на капакот на задниот дел е поставен амблем на Полицијата, со иста боја и изглед како на левата и десната врата, со димензии 500 мм. X 500 мм., односно со димензии 290 мм. X 290 мм.; 3. на задниот дел, над регистарската таблица има ознака ПОЛИЦИЈА, напишана со сини букви, со големина на буквите 70 мм. X 70 мм.; 4. вградено ротационо или треперливо сино светло на највисокото место на возилото и 5. вграден уред за давање звучни знаци во низа тонови со различна висина. Член 4 Службените патнички автомобили на Единицата за безбедност на патниот сообраќај на автопат се обоени со бела боја и имаат: 1. ознака POLICE испишана со сини букви од двете бочни страни со димензии на ознаката 1200 мм. X 135 мм. (Образец бр. 3); 2. на капакот над моторот поставен е амблем на Сообраќајната полиција во форма на штит, со димензии 500 мм. X 500 мм., што е со сина основа и на него со бели букви се отпечатени зборовите РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и REPUBLIC OF MACEDONIA, а под нив се отпечатени зборовите СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА, под кои, во средината на амблемот е сместен симболот на Сообраќајната полиција и под него се отпечатени зборовите TRAFFIC POLICE (Образец бр. 4); 3. на капакот на задниот дел има ознака ПОЛИЦИ- ЈА испишана со сини букви со димензии на ознаката 140 мм. X 90 мм.; 4. странично, по должината на автомобилот, се наоѓа лента со наизменично распоредени бели и сини коцки, при што ширината на лентата изнесува 280 мм., а коцките се со димензии 140 мм. X 140 мм. (Образец бр. 5); 5. на задниот дел, над регистарската таблица се наоѓа лента со наизменично распоредени бели и сини коцки, при што лентата е со димензии 1200 мм. X 140 мм., а коцките се со димензии 70 мм. X 70 мм.; 6. странично, по должината на автомобилот, како и на предниот и задниот браник се наоѓа бела лента, која е со ширина од 60 мм.; 7. вградено ротационо или треперливо сино светло на највисокото место на возилото и 8. вграден уред за давање звучни знаци во низа тонови со различна висина. Ознаките, амблемот на Сообраќајната полиција, лентата со наизменично распоредени бели и сини коцки и белата лента на службените патнички автомобили од ставот 1 на овој член се изработени од рефлектирачка фолија. Член 5 Службените специјални, теренски и комби возила на Полицијата се обоени со: 1. бела боја и имаат: ознака ПОЛИЦИЈА, испишана со сина боја од двете бочни страни, амблем на Полицијата на капакот над моторот, доколку е тоа можно со оглед на конструкцијата на возилата, два паралелно поставени амблеми на Полицијата на задната страна, доколку е тоа можно со оглед на конструцијата на возилата, ротационо сино светло и уред за давање звучни знаци, согласно член 3 став 1 точки 1, 2, 4 и 5 од овој правилник. 2. темно зелена или сина боја и имаат: ознака ПО- ЛИЦИЈА, испишана со бела боја од двете бочни страни, амблем на Полицијата на капакот над моторот, доколку е тоа можно со оглед на конструкцијата на возилата, два паралелно поставени амблеми на Полицијата на задната страна, доколку е тоа можно со оглед на конструцијата на возилата, ротационо сино светло и уред за давање звучни знаци, согласно член 3 став 1 точки 1, 2, 4 и 5 од овој правилник.

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 3 Член 6 Службените мотоцикли на Полицијата се обоени со бела боја и имаат: ознака ПОЛИЦИЈА, испишана со сини букви од двете бочни страни на штитникот, треперливо сино светло и уред за давање звучни знаци, согласно член 3 став 1 точки 4 и 5 од овој правилник. Член 7 Службените автобуси и товарните моторни возила на Полицијата се обоени со сина боја и имаат ротационо сино светло и уред за давање звучни знаци, согласно член 3 став 1 точки 4 и 5 од овој правилник. Член 8 Службените патнички, теренски, комби возила, автобуси и товарните моторни возила на Граничната полиција се обоени со бела боја и имаат ознака ГРА- НИЧНА ПОЛИЦИЈА испишана со сини букви од двете бочни страни (Образец бр. 6). Службените мотоцикли на Граничната полиција се обоени со бела боја. Член 9 Бојата на службените возила на Полицијата се утврдува според усвоениот каталог на бои за регистрација на возилата. Член 10 Службените возила на Полицијата наместо регистарска таблица на предната страна имаат таблица со бела боја на која со сини букви е испишана ознака ПОЛИЦИЈА, под која на црвена подлога со бели букви стои ознака POLICE. Регистарската таблица на задната страна од возилото содржи два трицифрени броеви помеѓу кои е поставен амблем на Полицијата. На горната и долната страна на регистарската таблица е втисната права црвена линија (црвени граничници). Регистарските таблици се прицврстуваат на возилото со пластична рамка, која е составен дел на регистарската таблица. Формата и големината на регистарските таблици за службените моторни возила, приклучни возила и мотоцикли, се утврдени во обрасците од број 7 до број 10. Член 11 Обрасците од број 1 до број 10 се составен дел од овој правилник. Член 12 Постојните службени патнички, теренски, комби возила, автобуси и товарните моторни возила и мотоциклите на Граничната полиција кои што се обоени и имаат ознаки согласно Правилникот за регистрацијата на возилата на Полицијата во Министерството за внатрешни работи ( Службен весник на Република Македонија" бр. 137/07 и 146/07) ги задржуваат истите сé до нивното расходување. Член 13 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за регистрацијата на возилата на Полицијата во Министерството за внатрешни работи ( Службен весник на Република Македонија" бр. 137/07 и 146/07). Член 14 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 14.1-36378/1 Министер 2 јуни 2009 година за внатрешни работи, Скопје м-р Гордана Јанкулоска, с.р.

Стр. 4 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 5

Стр. 6 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 7 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА 1271. Врз основа на член 16 став 3 од Законот за техничката инспекција ( Службен весник на Република Македонија бр.88/08), министерот за економија донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНАТА ЛЕГИТИМАЦИЈА НА ДРЖАВНИ- ОТ ИНСПЕКТОР ЗА ТЕХНИЧКА ИНСПЕКЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на службената легитимација на државниот инспектор за техничка инспекција (во натамошниот текст: образецот на легитимацијата), како и начинот на нејзиното издавање и одземање. Член 2 (1) Образецот на легитимацијата е изработен од 300 грамска хартија, во бела боја, а се печати во црно бела боја, со димензии 6.5 х 9.0 cm, на еден лист, сместен во дводелен кожен повез со кожа боја. (2) Образецот на легитимацијата е пласитифициран со 120 микронски мат пластификат и се става во прозирен пластичен џеб во првиот дел од кожниот повез. (3) Предната страна на образецот на легитимацијата го содржи следниот текст: Република Македонија, Министерство за економија, Државен инспекторат за техничка инспекција, легитимација и Државен инспектор за техничка инспекција. Во средината има место за фотографија со димензии 2,5 x 3,0 cm, а под неа место за впишување податоци за името и презимето на инспекторот, број и датум на издавање, место за печат и место за потпис на министерот. (4)Задната страна на образецот на легитимацијата содржи текст за овластување на инспекторот како извод од Законот за техничка инспекција. (5)На вториот дел од кожниот повез е сместен метален амблем изработен од месинг или сличен метал со бронзено - златна боја, рељефно обработен со вдлабнување и испакнување со димензии 50/60/30 мм. Вдлабнатите делови се додатно рустично дообработени за да се потенцира испакнувањето кое е мазно. (6) Амблемот во себе ги содржи симболите: Стилизирано сонце, текстот Државен инспекторат за техничка инспекција иницијалите ДИТИ. (7) Формата на амблемот е елипса пресечена во долниот дел. (8) Кожниот повез е изработен од мазна дупло штемпована и додатно укрутена кожа со кожа боја и се состои од два дела со димензии 80 х 100 мм. (9) Во првиот дел од кожниот повез од внатрешната страна има изработено пластичен џеб за образецот на легитимацијата, а на вториот дел на кожната основа е вметнат амблемот. (10) Кожниот повез кога е склопен е со димензии 80/100 мм, а на предната страна на кожниот повез е втиснат сувиот жиг на амблемот. (11)Образецот на легитимацијата е даден во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Легитимацијата ја издава министерот за економија. (2) Легитимацијата има важност се додека лицето на кое му е издадена има службено својство на Државен инспектор за техничка инспекција. Член 4 (1) Во случај на промена на личните податоци содржани во легитимацијата, по претходно барање на инспекторот, се издава нова легитимација, која ги содржи ажурираните лични податоци. (2) Легитимацијата се заменува со нова и кога поради оштетување или дотраеност ќе стане неупотреблива. Член 5 (1) Во случај на губење или оштетување на легитимацијата, се известува директорот на Државниот инспекторат за техничка инспекција и истата се огласува за неважечка во Службен весник на Република Македонија. (2) Изгубената или оштетената легитимација се заменува со нова која што содржи нов регистарски број. (3) Трошоците за издавање на нова легитимација заради губење или оштетување на легитимацијата, инспекторот ги надоместува од сопствени средства. Член 6 (1) За секое издавање, заменување, поништување, губење или оштетување на легитимацијата се води евиденција. (2) Евиденцијата од став (1) на овој член содржи податоци за: реден број, име и презиме на инспекторот, дата на издавањето на легитимацијата, регистарскиот број на легитимацијата, дата на враќање на легитимацијата, дата на заменување на легитимацијата, дата на поништување на легитимацијата, дата на известување за губење или оштетување на легитимацијата и забелешки. Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на образецот на легитимацијата на Државниот инспектор за техничка инспекција ( Службен весник на Република Македонија бр.9/06). Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 25-2437/5 28 април 2009 година Министер, Скопје Фатмир Бесими, с.р.

Стр. 8 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 9 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО 1272. Врз основа на член 52 став 3 од Законот за лековите и медицинските помагала ( Службен весник на Република Македонија бр. 106/07), министерот за здравство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ФАРМАКОЛОШКО-ТОКСИКОЛОШКОТО И КЛИНИЧКОТО ИСПИТУВАЊЕ НА ЛЕКОВИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за фармаколошко-токсиколошкото и клиничкото испитување на лековите. Член 2 Фармаколошко-токсиколошкото и клиничкото испитување кое се врши на лековите за употреба во хуманата медицина треба да биде опишано во документацијата за сигурноста и ефикасноста на лекот, која е дел од барањето за добивање, односно за задржување на одобрението за ставање на лек во промет. Член 3 За фармаколошко-токсиколошкото испитување на лековите за употреба во хуманата медицина се применуваат одредбите на Упатството за начелата на добрата лабораториска пракса ( Службен весник на Република Македонија бр.62/09). За клиничкото испитување на лековите за употреба во хуманата медицина се применуваат одредбите на Упатството за начелата на добрата клиничка пракса ( Службен весник на Република Македонија бр. 62/09). За содржината на документацијата за сигурноста и ефикасноста на лекот од член 2 од овој правилник, се применуваат одредбите од Правилникот за добивање на одобрение за ставање на лек во промет ( Службен весник на Република Македонија бр.29/08). Член 4 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 15-4869/1 1 јуни 2009 година Министер, Скопје д-р Бујар Османи, с.р.

Стр. 10 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 1273. Врз основа на член 107 став 3 од Законот за лековите и медицинските помагала ( Службен весник на Република Македонија бр.106/07), министерот за здравство донесе Л И С Т А НА ЕСЕНЦИЈАЛНИ ЛЕКОВИ

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 11

Стр. 12 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 13

Стр. 14 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 15

Стр. 16 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 17

Стр. 18 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 19

Стр. 20 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 21

Стр. 22 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 23

Стр. 24 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 25 Бр. 15-5060/1 8 јуни 2009 година Министер, Скопје д-р Бујар Османи, с.р.

Стр. 26 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ 1274. Врз основа на член 152 став 1 од Законот за катастар на недвижности ( Службен весник на РМ бр. 40/2008), директорот на Агенцијата за катастар на недвижности донесе Р Е Ш Е Н И Е ЗА СТАПУВАЊЕ ВО ПРИМЕНА НА ВОСТАНО- ВЕН КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ Стапува во примена востановениот катастар на недвижности за катастарската општина Хума - Општина Гевгелија. Катастарот на недвижности ќе се применува од 5- тиот ден од денот на објавувањето на ова решение во Службен весник на Република Македонија. Со денот на стапување во примена на востановениот катастар на недвижности од став 1 од ова решение, престанува да се применува катастарот на земјиште за КО Хума, востановен според Законот за премер и катастар на земјиштето ( Службен весник на СРМ бр. 34/72 и 13/78). Бр. 09-9194/1 9 јуни 2009 година Директор, Скопје Љупчо Георгиевски, с.р. АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО 1275. Врз основа на член 136 став 7 и 8, член 138 став 6, член 139 став 2 и член 144 од Законот за воздухопловство ( Службен весник на Република Македонија бр. 14/06, 24/07 и 103/08), директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ, ПРОВЕРКИ, ДОЗВОЛИ И ОВЛАСТУВАЊА НА ПЕРСОНАЛОТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ, КОНТРОЛА И МОНИТОРИРАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ СРЕДС- ТВА, УРЕДИТЕ И ОПРЕМАТА, ЗА ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ НА ВОЗДУХОПЛОВНА НАВИГАЦИЈА 1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот на вршење на обуката за стекнување на стручна оспособеност како и посебните услови во однос на потребниот кадар за обука, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење на организациите или центрите за обука, формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверенијата за вршење на обука на организациите или центрите за обука, начинот на спроведување на редовната и вонредната проверка, условите за стекнување на дозволите и овластувањата, начинот на издавање, продолжување, промена и суспендирање на дозволите, форма, содржина, рок на важење, видот и евиденцијата на дозволите и овластувањата, како и критериумите, начин и постапка за признавање на завршена обука, програми за обука, положени испити, стекнати дозволи и овластувања во странство на персоналот за поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уредите и опремата, за давање на услуги на воздухопловна навигација (во натамошниот текст: ATSEP персонал). Член 2 Одделните изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) технички средства, уреди и системи се оперативни технички средства кои со својата работа и/или функција овозможуваат безбедно и уредно давање на услуги на воздухопловна навигација или се на располагање за користење од страна на учесниците во воздушниот сообраќај; 2) дозвола е исправа со која се потврдува дека лицето кое спаѓа во ATSEP персонал е оспособено за вршење на определени стручни работи на поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уреди и системи за давање на услуги на воздухопловна навигација од значење за безбедноста на воздухопловството; 3) овластување е одобрение запишано во дозволата, со коешто се утврдени посебните услови, права или ограничувања што се однесуваат на работа со одреден тип на техничко средство, уред или систем за давање на услуги на воздухопловна навигација кои се од значење за безбедно и уредно одвивање на воздушниот сообраќај; 4) единица на воздухопловна техника е организациона единица во системот на воздухопловна навигација чија надлежност е извршување на работи на поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уреди и системи за давање на услуги на воздухопловна навигација; 5) компетентност е поседување на соодветно знаење, вештина и искуство неопходни за безбедно извршување на работи на поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уреди и системи за давање на услуги на воздухопловна навигација, соодветни на овластувањата впишани во дозволата; 6) систем на воздухопловна навигација опфаќа организација, служби, персонал, објекти, техничка средства, уреди, системи, процедури, правила и информации кои служат за давање на услуги на воздухопловна навигација; 7) итна (emergency) ситуација е сериозна, неочекувана и често опасна ситуација која бара превземање на брза и прецизна акција; 8) невообичаена ситуација е збир на настани кои не се вообичаени или кои не се имаат доживеано. Основна разлика во однос на итна ситуација е во тоа што опасноста или ризикот постојат и доколку не се превземе соодветна акција ќе настане дефект или итна ситуација;

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 27 9) деградиран (degraded) технички систем е невообичаена ситуација која е резултат на системска техничка грешка или дефект кој предизвикува губење на дуплицираните оперативни елементи или функции во системот или дел од услугите. Член 3 Одделните кратенки употребени во овој правилник го имаат следното значење: ATSEP (Air Traffic Safety Electronics Personnel) - Инженерски и технички оперативен персонал за извршување на работи во системот на воздухопловна навигација, поврзани со безбедно и уредно одвивање на воздушниот сообраќај односно давање на услуги на воздухопловна навигација; ICAO (International Civil Aviation Organization) - Меѓународна организација за цивилно воздухопловство; ЕUROCONTROL - Европска организација за безбедност на воздушна пловидба; CNS/ATM (Communication Navigation Surveliance / Air Traffic Management) Комуникација Навигација и Надзор / Управување со Воздушен Простор COM (Communication) комуникации; NAV (Navigation) - навигација; SUR (Surveillance) - надзор; DP (Data Processing) обработка на податоци; PS (Power Supply) електроенергетско напојување; МЕТ (Meteorology) - метеорологија; VOR (VHF Omni-directional radio Range) - Високо фрекфентен повеќенасочен радио опсег; NDB (Non Directional Beacon) - Ненасочен радио емитер; DME (Distance Measuring Equipment) - Уред за одредување на оддалеченост; ILS (Instrument Landing System) - Систем за инструментално слетување; PSR (Primary Surveillance Radar) - Примарен радар; MSSR (Monopulse Secondary Surveillance Radar) - Монопулсен секундарен радар; VAG (Voice Air Ground) - Комуникација воздух земја; VGG (Voice Ground Ground) - Комуникација земја земја; VS (Voice Switch) - Систем за комутација на говор; DLC (Data Link Communication) - Податочна комуникација; RC (Recorder) - Снимач на аудио сигнали; COM network (Communications network) - Комуникациска мрежа; FDP (Flight Data Processing) - Процесирање на податоци за воздухоплови; RDP (Radar Data Processing) - Процесирање на радарските податоци; DP Network (Data Processing network) - Мрежа за процесирање на податоци; UPS (Uninterrupted Power Supply) - Уред/систем за непрекинато електрично напојување; GenSet (Engine-generator set) - Агрегат за резервно електрично напојување; Batteries/Bat.Station - Батерии/Батериски станици; PS Network (Power supply network) - Електроенергетска / електрична мрежа за напојување; LV Distribution (Low Voltage Distribution) Нисконапонски разводни постројки VOLMET (Meteorological Information for Aircraft in Flight) - Метеоролошки информации за воздухоплови во лет; МЕТ sensors (Meteorological sensors) - Метеоролошки сенсори. 2. СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ 1. Услови за вршење на обука Член 4 Стручна оспособеност на ATSEP персоналот се стекнува во овластени организации или центри за обука кои треба да ги исполнуваат посебните услови пропишани со овој правилник. Член 5 За да вршат обука на ATSEP персонал, организациите или центрите за обука треба да ги исполнуваат следниве посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење: - да имаат програма за обука за ATSEP инженерски и/или ATSEP технички оперативен персонал во согласност со ESARR 5 на EUROCONTROL и ICAO Doc 7192 - AN/857 Part E-2, ATSEP Training manual одобрена од Агенцијата за цивилно воздухопловство (во натамошниот текст Агенцијата); - да имаат стручен кадар кој ќе ја спроведува обуката и кој поседува дозвола/овластување за инструктори согласно одобрената програма за обука; - да имаат соодветни простории и опрема за изведување на обуката согласно одобрената програма за обука и - да имаат соодветна стручна литература согласно одобрената програма за обука. 2. Форма, содржина, евиденција и начин на издавање, продолжување, обновување и промена на уверението за вршење на обука на ATSEP персонал на организациите или центрите за обука Член 6 (1) За издавање, продолжување, обновување или промена на уверението за вршење на обука на ATSEP персонал, организациите или центрите за обука поднесуваат барање до Агенцијата, со кое се приложуваат докази дека се исполнети условите за добивање на уверение наведени во член 5 на овој правилник. (2) Барањето за продолжување на уверението се поднесува најмалку 30 дена пред истекот на важноста на уверението, а за обновување во рок од 30 дена по истекот на важноста на уверението.

Стр. 28 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 (3) Доколку организацијата или центарот за обука не поднесе барање за продолжување или обновување во роковите утврдени во став (2) на овој член, уверението се смета за повлечено. Член 7 (1) Агенцијата по приемот на барањето, врши проверка дали е уплатена административна такса, проверка на приложената документација, како и оперативна проверка со цел да се утврди дали организацијата или центарот за обука ги исполнува условите и техничките можности за вршење обука на ATSEP персонал. (2) Проверките од став (1) на овој член се вршат и при продолжување, обновување или промена на уверението. (3) При извршување на проверките од став (1) на овој член Агенцијата користи листи за проверки претходно изготвени согласно документацијата и податоците кои се проверуваат. (4) Доколку од проверките наведени во став (1) на овој член Агенцијата утврди дека одредена организација или центар за обука ги исполнува условите за вршење обука на ATSEP персонал донесува решение за издавање, продолжување, обновување или промена кое заедно со уверението за вршење на обука му се доставуваат на барателот откако ќе донесе доказ дека го платил надоместокот за издавање, продолжување, обновување или промена на уверението за вршење на обука. (5) Доколку Агенцијата утврди дека одредена организација или центар за обука не ги исполнува условите за вршење обука на ATSEP персонал донесува решение за одбивање на барањето за издавање, продолжување, обновување или промена на уверение за вршење на обука кое ги содржи причините за одбивањето. Член 8 (1) На организации или центри за обука, уверението за вршење обука на ATSEP персонал, им се издава во форма и содржина согласно административното упатство на JAA AGM дел 5, прилагодено на ATSEP персонал. (2) За издадените уверенија за вршење на обука на ATSEP персонал, Агенцијата води евиденција. (3) Евиденцијата од став (2) на овој член содржи податоци за работата на организацијата или центарот кој врши обука на ATSEP персонал, како и контакт телефони и адреси на одговорните лица. 3. Посебни услови и начин на вршење на обука Член 9 (1) За да биде примен на почетна обука, кандидатот треба да ги исполнува следните услови: 1) да има наполнето најмалку 18 години живот; 2) за ATSEP техничар да има најмалку средна стручна подготовка од електротехничка струка, односно за ATSEP инженер висока стручна подготовка од електротехничка струка; 3) да има лекарско уверение за здравствена способност класа 4; 4) да има основно познавање на англиски јазик; (2) За обука за овластување, кандидатот треба да има завршено почетна обука. (3) За континуирана обука, кандидатот треба да ги исполнува следните услови: 1) да има завршено обука за овластување 2) да поседува важечка дозвола и овластување тип А и/или Б; (4) За напредна обука кандидатот треба да има завршено почетна обука и обука за овластување, како и да ги исполнува следниве услови: 1) да поседува важечка дозвола со најмалку две впишани овластувања тип Б; 2) да има најмалку 4 (четири) години работно искуство како ATSEP персонал со соодветно овластување тип А и Б. Член 10 (1) Стручното оспособување на ATSEP персонал има за цел стручно да ги оспособи лицата кандидати за ATSEP персонал со неопходното знаење, рутина и вештина за стекнување на дозвола и/или одредени овластувања. (2) Стручното оспособување од став (1) на овој член се состои од: почетна обука, обука за овластување, континуирана обука и напредна обука. 3.1. Почетна обука Член 11 (1) Почетната обука има за цел да го оспособи лицето кандидат за ATSEP персонал на одредено ниво на компетентност, кое ќе му овозможи започнување на обуката за овластување. (2) Обуката од став (1) на овој член се изведува на начин детализиран во програмата за обука во две фази, и тоа: основна обука и квалификациона обука за најмалку еден од петте модули (COM/MET, NAV, SUR, DP, PS). Член 12 (1) Основната обука има за цел стекнување на основни познавања за CNS/ATM опкружувањето, услугите и системот на воздухопловна навигација, а која е наменета за сите кандидати за ATSEP персонал. (2) Квалификационата обука има за цел стекнување на знаења и вештини поврзани со одредена категорија на работно место, соодветни на дисциплината (модулот) што треба да се спроведуваат во рамките на CNS/ATM опкружувањето. (3) Почетната обука се смета за успешно завршена ако кандидатот покажал успех од минимум 75% за секој предмет поединечно. 3.2. Обука за овластување Член 13 (1) Обуката за овластување за одреден тип на оперативно техничко средство, уред или систем има за цел да го оспособи лицето кандидат за ATSEP на одредено ни-

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 29 во на компетентност за работа во оперативниот дел на системот за воздухопловна навигација, неопходно за стекнување на одредено овластување тип А и/или тип Б. (2) Обуката од став (1) на овој член се изведува во одредена единица на воздухопловна техника во две фази, и тоа: подготвителна обука и теоретско-практична обука за работа со одредено оперативно техничко средство, уред или систем. (3) Секоја единица на воздухопловна техника мора да има одобрена програма за оспособување на ATSEP персонал за стекнување на овластувања со цел интегрирање во практика на претходно стекнатите знаења, рутини и вештини поврзани со работното место на кандидатот и во одредено работно CNS/ATM опкружување. (4) Обуката за овластување се смета за успешно завршена ако кандидатот покажал успех од минимум 75% за секој предмет поединечно. Член 14 (1) Подготвителната обука има за цел да го оспособи лицето кандидат за ATSEP персонал на одредено ниво на знаење за прво стекнување на дозвола и успешно започнување на теориска и практична обука за работа со одредено техничко средство, уред или систем. (2) Теоретско-практичната обука за работа со одредено техничко средство, уред или систем има за цел интегрирање во практика на претходно стекнатите знаења, рутини и вештини поврзани со работното место под надзор на квалификуван ATSEP и во одредено работно опкружување, а со цел стекнување овластување. (3) По исклучок од став (2) на овој член, ако во употреба се воведува нов тип на техничко средство, уред или систем за кој нема лице со соодветна важечка дозвола, односно овластување за инструктор, оспособувањето го спроведува стручно лице овластено од страна на производителот. (4) Обуката од став (2) на овој член се одвива во неколку фази во зависност од програмата за обука, типот на техничкото средство и типот на овластувањето (обука под менторство, обука од лице овластено од производителот, и др.). 3.3 Континуирана обука Член 15 (1) Континуираната обука има за цел одржување и подобрување на компетентноста на ATSEP персонал и подготовка за нови технологии. (2) Обуката од став (1) на овој член се изведува во три фази, и тоа: обука за обновување и подобрување на компетентноста, обука за оперативно-посебни ситуации и обука за промена. Член 16 (1) Обуката за обновување и подобрување на компетентноста има за цел проверка, зајакнување и надградување на стекнатото знаење и вештини. (2) Обуката за оперативно-посебни ситуации има за цел подготовка на кандидатот за постапување во итни, невообичаени ситуации и ситуации на деградиран технички систем. (3) Обуката за промена има за цел стекнување на знаења и вештини во случај на промена на работно место, работно опкружување или уред/систем. (4) Континуираната обука се смета за успешно завршена ако кандидатот покажал успех од минимум 75%за секој предмет поединечно. 3.4. Напредна обука Член 17 (1) Напредната обука има за цел стекнување на знаења и вештини потребни во случај на промена на професија или напредок во кариера, односно стекнување на овластување инструктор. (2) Напредната обука се смета за успешно завршена ако кандидатот покажал успех од минимум 75% за секој предмет поединечно. Член 18 (1) Организациите или центрите за вршење на обука на ATSEP персоналот водат посебно досие за секој кандидат кој посетувал обука во кое се наведуваат личните податоци на кандидатот и податоци за траење на обуката, податоци за инструкторите кои ја вршеле обуката, за положените испити, степенот на оспособување и видот на работите за кои кандидатот се обучува. (2) Организациите или центрите за вршење на обука на ATSEP персоналот водат и евиденција за извршените обуки и за издадените потврди за завршена обука. Член 19 (1) Организациите/центрите за обука му издаваат потврда за завршена обука на секој кандидат кој ја завршил обуката. (2) Потврдата од став (1) на овој член содржи: име на организацијата/центарот, лични податоци за кандидатот, податоци за обуката која што ја завршил кандидатот, датум на почеток и завршување на обуката, оценки по предметите и општиот успех на кандидатот. 3. НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕДОВНА И ВОНРЕДНА ПРОВЕРКА 1. Редовни проверки Член 20 (1) Кандидатот треба во рок од 12 месеци по успешно завршената обука за стекнување на дозвола и/или овластување, да поднесе писмено барање до Агенцијата за полагање на испитот за стекнување на дозвола и/или овластување. (2) Со барањето за полагање на испитот од став (1) на овој член, кандидатот за полагање на испит за стекнување на дозвола за ATSEP техничар во системот на воздухопловна навигација поднесува доказ за завршено средно образование од електротехничка струка од соодветните насоки: електроника и телекомуникации, енергетика, компјутерска техника и автоматика.

Стр. 30 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 (3) Со барањето за полагање на испитот од став (1) на овој член, кандидатот за полагање на испит за стекнување на дозвола за ATSEP инженер во системот на воздухопловна навигација поднесува доказ за завршено високо образование од електротехничка струка од соодветните насоки: електроника и телекомуникации, електроенергетика, индустриска електроенергетика и автоматика, компјутерска техника, информатика и автоматика. (4) Со барањето за полагање на испитот од став (1) на овој член, кандидатот за полагање на испит за стекнување на дозвола или овластување на АТЅЕР инженер/атѕер техничар во системот на воздухопловна навигација поднесува доказ за работно искуство, и тоа: 1) за овластување тип А најмалку една година на работа на одредено оперативно техничко средство, уред или систем; 2) за овластување тип Б најмалку три години на работи од точка 1) на овој став. (5) Со барањето за полагање на испитот од став (1) на овој член, кандидатот за полагање на испит за стекнување на овластување инструктор поднесува докази дека ги исполнува следните услови: 1) да поседува важечка дозвола на ATSEP инженер/atsep техничар во системот на воздухопловна навигација со најмалку две впишани овластувања тип Б; 2) да има најмалку пет години работно искуство од стекнување на дозволата. Член 21 (1) Агенцијата, по прием на барањето за полагање на испит, врши проверка дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испит од член 20 на овој правилник. (2) Ако се утврди дека кандидатот ги исполнува пропишаните услови, Агенцијата во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение за одобрување на полагање на испитот во кое се одредува терминот и местото на полагање на испитот. (3) Полагањето на испитот не може да биде одредено во рок помал од 15 дена од денот кога решението од став (2) на овој член му било доставено на кандидатот. (4) Ако Агенцијата утврди дека кандидатот не ги исполнува пропишаните услови за полагање на испитот, донесува решение за одбивање на барањето за полагање испит кое ги содржи причините за одбивањето. Член 22 (1) Испитот го спроведуваат испитувачи кои со решение ги определува Агенцијата од утврдената листа на воздухопловни стручњаци. (2) Бројот на испитувачи се утврдува во зависност од бројот на предметите, односно од обемот на практичниот дел на испитот, при што еден испитувач може да спроведе испит за најмногу три предмети. (3) Испитувачите во рок од седум дена од денот на завршувањето на испитот доставуваат извештај до Агенцијата. Член 23 Секој испитувач за спроведување на испитот го испрашува кандидатот од областа за која е именуван со решението и по завршување на испитот го оценува успехот на кандидатот по предметите со оценка положил или не положил. Член 24 (1) Испитот за стекнување на дозвола и/или овластување се состои од теоретски и практичен дел. (2) Теоретскиот дел од испитот се состои од писмен и устен дел. (3) Практичниот дел од испитот опфаќа практичната проверка на стекнатите знаења во работа со одредено техничко средство, уред или систем. Член 25 (1) Писмениот дел на испитот е успешно поминат ако се оцени дека содржи најмалку 75% точни одговори. (2) Усниот дел на испитот кандидатот го полага по успешно поминат писмен дел од испитот. (3) Кандидатот кој нема да го положи писмениот или устниот дел на испитот има право на поправен испит во рок кој го определува Агенцијата и кој не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 60 дена од денот на доставување на извештајот за одржаниот испит до Агенцијата. (4) Ако кандидатот не го положи поправниот испит од ставот (3) на овој член се смета дека испитот не е положен и дека треба да го полага повторно во целина. Член 26 (1) По успешно поминат теоретски дел на испитот кандидатот го полага практичниот дел на испитот. (2) Ако кандидатот не го положи практичниот дел на испитот, се смета дека испитот не е положен. Член 27 Полагањето на испитот кандидатот може да го повтори уште два пати доколку времето помеѓу две полагања да не е пократко од три месеци и не подолго од шест месеци. Член 28 Теоретскиот дел на испитот за стекнување на дозвола на ATSEP персонал во системот на воздухопловна навигација, се состои од: 1) технички средства, уреди и системи за давање на услуги на воздухопловна навигација - основни принципи, поделба и намена; 2) воздухопловни прописи; 3) систем на воздухопловна навигација; 4) човечки фактор (Human Factors); 5) основни принципи на системот за безбедност (Safety System); 6) стручна терминологија на англиски јазик. Член 29 Испитот за стекнување на овластување тип А или тип Б за одреден тип на техничко средство, уред или систем се состои од:

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 31 1) Теоретски дел 1.1. опис, технички карактеристики и намена; 1.2. принципи на работа; 1.3. составни делови и склопови; 1.4. техничка документација/оперативни процедури; 1.5. лимитации/вообичаени откази; 1.6. други релевантни податоци. 2) Практичен дел 2.1. мерна опрема и алат за работа; 2.2. методи и средства за вршење на контрола и мониторинг на исправноста во работењето; 2.3. методи и средства за одржување, подесување, калибрирање и отклонување на неправилностите во работењето. Член 30 Испитот за стекнување на овластување за вршење на работи на инструктор, се состои од: 1) Теориски дел 1.1. методика на наставата и основи на педагогијата; 1.2. воздухопловни прописи, стандарди, препораки, упатства и програми за стручно оспособување на ATSEP инженер/atsep техничар во системот за воздухопловна навигација, домашни и меѓународни (ICAO, Eurocontrol); 1.3. стручна терминологија на англиски јазик. 2) Практичен дел 2.1. подготовка и одржување на наставен час. 2. Вонредни проверки Член 31 (1) Постапката за вонредна проверка ја спроведува Агенцијата, врз основа на предлог мерките во инспекциски записник, во кој ATSEP инженер/atsep техничар се упатува на вонредна проверка. (2) Агенцијата донесува решение за вонредна проверка со кое се определува начинот и времето на спроведување на вонредната проверка и се доставува на лицето од став 1 на овој член. (3) Вонредната проверка на стручна способност се спроведува за определени предмети од теорискиот и/или практичниот дел на испитот за стекнување на дозвола и/или овластување. (4) Во случај на успешно завршена вонредна проверка, Агенцијата со решение го повлекува решението за суспензија. (5) Во случај на неуспешно завршена вонредна проверка, Агенцијата со решение ја повлекува дозволата, односно овластувањето. 4. УСЛОВИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ И ВИД НА ДОЗВОЛИ И/ИЛИ ОВЛАСТУВАЊА 1. Услови за стекнување на дозволи и/или овластувања Член 32 (1) Услови за стекнување на дозвола на ATSEP персоналот се: 1) Да поседува потврда за завршена соодветна обука во овластена организација или центар за обука односно успешно завршено стручно оспособување во единица на воздухопловна техника за одредено работно место; 2) Да поседува доказ за завршена стручна подготовка од електротехничка струка од соодветна насока пропишана со овој правилник; 3) Да има положено испит за стекнување дозвола и/или овластување; 4) Да има минимум една година работно искуство во единица на воздухопловна техника. 5) Да поседува лекарско уверение за здравствена способност класа 4; (2) Услови за стекнување на ново овластување кое се впишува во дозвола на ATSEP персоналот се: 1) Да поседува важечка дозвола за ATSEP персонал; 2) Да поседува потврда за завршена соодветна обука во овластена организација или центар за обука; 3) Да има положено испит за стекнување на овластување; 4) Да има работно искуство во единица на воздухопловна техника пропишано со овој правилник. 2. Видови на дозволи и овластувања Член 33 (1) На ATSEP персонал може да му се издаде: - дозвола за ATSEP инженер или - дозвола за ATSEP техничар. (2) Во дозволата на ATSEP персонал можат да се впишат овластувања за вршење на работи на следните видови на технички средства, уреди и системи: 1) радио-навигациони уреди и системи (VOR, NDB, DME, ILS, и др.); 2) радарски уреди и системи (PSR, MSSR, и др.); 3) телекомуникациски уреди и системи (Voice, Air Ground, Voice Ground, Ground Ground, Voice Switch, DLC, Recoder, COM Network и др.); 4) уреди и системи за автоматско процесирање на податоци (FDP, RDP, AFTN, DP Network, и др.); 5) електроенергетски уреди и системи за непрекинато и резервно напојување (UPS, GenSet, Batteries/Bat.Station, PS network, LV Distribution и др.); 6) метеоролошки уреди и системи (VOLMET, MET sensors и др.) Член 34 (1) Имателот на дозволата, за ATSEP персонал во која е впишано овластување тип А може да ги извршува следните работи на одреден тип на техничко средство, уред или систем: - мониторирање (надзор на работата на средството), - контрола (управување од предна плоча со цел обезбедување на непрекината работа), - превентивно одржување (редовни проверки на техничкото средство, уред или систем според одобрени процедури и упатства за работа).

Стр. 32 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 (2) Имателот на дозволата за ATSEP персонал во која е впишано овластување тип Б освен работите од став (1) на овој член, може да ги извршува и следните работи на одреден тип на техничко средство, уред или систем: - превентивно одржување (редовен периодичен сервис со наместување и калибрирање на средството), - корективно одржување (интервенции за отстранување на пречки или дефекти во работата), - модификации и/или измени во наместувањата според одобрени процедури и упатства, - анализа на работа и утврдување на причинителот на пречките и дефектите, - предлагање на развој и измени на процедури и упатства за работа и одржување, - предлагање на модификации и/или измени во подесувањата. (3) Имателот на дозволата за ATSEP техничар во која е впишано овластување инструктор може да спроведува практична обука за стекнување на овластувања, тип А и/или Б, за технички средства, уреди или системи впишани во неговата дозвола. (4) Имателот на дозволата за ATSEP инженер во која е впишано овластување инструктор може да врши теоретска и практична обука за стекнување на овластувања, тип А и/или Б, за технички средства, уреди или системи впишани во неговата дозвола. 5. ФОРМА, СОДРЖИНА, НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ, ПРОДОЛЖУВАЊЕ/ОБНОВУВАЊЕ, ПРОМЕНА И СУСПЕНДИРАЊЕ, РОКОТ НА ВАЖЕЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ДОЗВОЛИТЕ И ОВЛАСТУВАЊАТА 1. Форма и содржина Член 35 (1) Дозволите и/или овластувањата ги издава, продолжува/обновува, суспендира, повлекува и променува Агенцијата. (2) Формата и содржината на дозволата и/или овластувањата на ATSEP персоналот се дадени во прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. 2. Начин на издавање, продолжување/обновување, суспендирање и повлекување на дозволата и/или овластувањето и рок на важење Член 36 (1) За издавање, продолжување/обновување или промена на дозволи и/или овластувања на ATSEP персонал, кандидатот поднесува барање до Агенцијата, кон кое се приложуваат докази дека се исполнети условите пропишани со овој правилник. (2) Образецот на барањето од став (1) на овој член е даден во прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. (3) Агенцијата по приемот на барањето, врши проверка дали е уплатена административна такса и проверка на приложената документација. (4) При извршување на проверките од ставот (3) на овој член Агенцијата користи листи за проверки предходно изготвени согласно документацијата и податоците кои се проверуваат. (5) Доколку од проверките наведени во ставот (3) на овој член Агенцијата утврди дека кандидатот ги исполнува условите пропишани со овој правилник донесува решение за издавање, продолжување/обновување или промена кое заедно со дозволата се доставуваат на кандидатот откако ќе донесе доказ дека го платил пропишаниот надоместок за издавање, продолжување/обновување или промена на дозвола и/или овластување на ATSEP персонал. (6) Доколку Агенцијата утврди дека кандидатот за ATSEP персонал не ги исполнува условите за издавање, продолжување/обновување или промена на дозвола и/или овластување пропишани со овој правилник донесува решение за одбивање на барањето кое ги содржи причините за одбивањето. Член 37 По исклучок од член 36 на овој правилник, ако во употреба се воведува нов уред, систем или опрема за која нема лице со соодветна дозвола, односно овластување, на барање на раководителот на воздухопловна техника во системот на воздухопловна навигација, директорот на Агенцијата може да одобри впишување на овластување за самостојно вршење на определена стручна работа ако лицето ги исполнува следните услови: 1) да поседува важечка дозвола со овластување инструктор или две овластувања тип Б и 2) да поседува сертификат за завршена обука од страна на производителот на новиот уред или систем. Член 38 Дозвола на ATSEP инженер или ATSEP техничар во системот на воздухопловна навигација се издава со важност од две години. Член 39 (1) Барање за продолжување на важноста на дозволата на ATSEP инженер или ATSEP техничар се поднесува најмалку 15 дена, но не повеќе од 60 дена, пред истекот на важноста на дозволата. (2) Лицето кое поднесува барање за продолжување на важноста на дозволата треба да ги обезбеди следниве докази: - лекарско уверение за здравствена способност класа 4, - потврда за работно искуство во единица на воздухопловна техника од најмалку 40 часа во текот на секои шест последователни месеци во рамките на важењето на дозволата, и тоа во работа на техничките средства, уреди и системи впишани во дозволата и - потврда за положен практичен дел од испит за стекнување на овластување.

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 33 Член 40 Лицето што нема да ја продолжи важноста на дозволата во рокот од член 39 на овој правилник може да го стори тоа со полагање на практичниот дел од испитот за стекнување на овластувањата впишани во дозволата, доколку од истекот на важноста на дозволата не поминале повеќе од шест месеци. Член 41 (1) Доколку од истекот на важноста на дозволата поминале повеќе од шест месеци, но не повеќе од 12 месеци, лицето кое поднесува барање за обновување на рокот на важноста на дозволата, мора повторно да полага испит за стекнување на овластувањата впишани во дозволата. (2) Доколку од истекот на важноста на дозволата поминале повеќе од 12 месеци, лицето мора да го полага испитот за стекнување на дозвола. Член 42 Дозволата односно овластувањето се суспендираат во случаите наведени во Законот за воздухопловство. 7.3. Евиденција Член 43 Агенцијата води евиденција за издадените дозволи и овластувања. 6. КРИТЕРИУМИ, НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЗ- НАВАЊЕ НА ЗАВРШЕНА ОБУКА И ПРОГРАМИ ЗА ОБУКА, ПОЛОЖЕНИ ИСПИТИ, СТЕКНАТИ ДОЗВО- ЛИ И ОВЛАСТУВАЊА ВО СТРАНСТВО ЗА ATSEP ПЕРСОНАЛОТ Член 44 Завршена обука, програма за обука, положени испити и стекнати дозволи и овластувања во странство се признават доколку се спроведени или изготвени согласно ESARR 5 на EUROCONTROL и ICAO Doc 7192 - AN/857 Part E-2, ATSEP Training manual. Член 45 (1) Лицето кандидат за признавање на завршена обука и програми за обука, положени испити, стекната дозвола и овластувања во странство поднесува барање до Агенцијата. (2) Со барањето за признавање на завршена обука во странство се доставуваат следните документи: - Доказ дека центарот или организацијата за обука е овластен од националната воздухопловна власт за спроведување на обука за ATSEP персонал; - Доказ дека обуката е завршена согласно ESARR 5 на EUROCONTROL и ICAO Doc 7192 - AN/857 Part E- 2, ATSEP Training manual; - Програма за обука според која е обучуван кандидатот; - Доказ за уплатен надоместок за признавање. (3) Со барањето за признавање на стекната дозвола и/или овластување во странство се доставуваат следните документи: - Дозвола и/или овластување во оригинал; - Доказ дека дозволата и/или овласувањето е стекнато согласно ESARR 5 на EUROCONTROL и ICAO Doc 7192 - AN/857 Part E-2, ATSEP Training manual; - Лекарско уверение за здравствена способност класа 4; - Доказ за уплатен надоместок за признавање. (4) Стекнати дозволи и овластувања во странство, се признаваат доколку се достават документите од став (3) на овој член и доколку кандидатот ги положи оние предмети кои ги нема положено согласно овој правилник. (5) Агенцијата врши увид во доставената документација за исполнетост за критериумите за признавање на завршената обука, односно дозволи и овластувања стекнати во странство. (6) Доколку се утврди дека се исполнети критериумите за признавање, Агенцијата донесува решение со кое се признава завршената обука, односно дозвола и/или овластувања стекнати во странство и му се издава соодветна дозвола. (7) Доколку се утврди дека не се исполнети критериумите за признавање, Агенцијата донесува решение со кое се одбива барањето за признавање. 7. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 46 Дозволите и/или овластувањата издадени согласно Правилникот за стручна подготовка, испити и дозволи за работа на воздухопловно-техничкиот персонал на контрола на летање ( Службен лист на СФРЈ бр. 13/79 и Службен весник на Република Македонија бр. 73/2005), остануваат во сила до денот на нивно истекување, по што се заменуваат со дозволи и/или овластувања согласно овој правилник. Член 47 Со отпочнување на примената на овој правилник престануваат да се применуваат Правилникот за стручна подготовка, испити и дозволи за работа на воздухопловно-техничкиот персонал на контрола на летање ( Службен лист на СФРЈ бр. 13/79 и Службен весник на Република Македонија бр. 73/2005) и Правилникот за стручната подготовка, стручната обука, испитите, дозволите за работа на персоналот на контролата на летање овластен за врски ( Службен лист на СФРЈ бр. 12/88). Член 48 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 октомври 2009 година. Бр. 03-721/2 8 мај 2009 година В.д. директор, Скопје Зоран Крстевски, с.р.

Стр. 34 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 35

Стр. 36 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 37 1276. ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ...

Стр. 38 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 Член 5-а. Бр. 02-11067/3 Управен одбор 4 јуни 2009 година Претседател, Скопје Фисник Ибраими, с.р.

12 јуни 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 73 - Стр. 39

Стр. 40 - Бр. 73 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 јуни 2009 www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2009 година изнесува 9.200,00 денари. Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.