puujdahd bohkq А.Д.-СКОПЈЕ О2 OZ - Врз основа на Глава VI, точка 3 од Кодексот за корпоративно управување во Комерцијална банка АД Скопје, Комисијата за избор и именување, на 26.02.2010, донесе ОДЛУКА за доставување на предлог за именување на член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје Член1 За член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје се предлага следното лице: 1. Кијоши Нишимура, Европска банка за обнова и развој Член2 Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР И ИМЕНУВАЊЕ f \ Ш Сава Димитр ^ Ч
Образложение кон Одлуката за доставување на предлог за именување на член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје Согласно член 344 од Законот за трговските друштва и Дел VI, точка 3, став 6, алинеја 1 од Кодексот за корпоративно управување во Комерцијална банка АД Скопје, Комисијата за избор и именување донесува Одлука за доставување на предлог за именување на членови на Надзорниот одбор на Банката, а Надзорниот одбор на Банката ја одобрува Одлуката на Комисијата. Согласно Одлуката за доставување на предлог за именување на член на Надзорниот одбор на Банката, за член на Надзорниот одбор се предлага следниот кандидат: 1. Кијоши Нишимура, Европска банка за обнова и развој За предложениот кандидат не постојат законски пречки за негово назначување за член на Надзорниот одбор согласно Законот за банки и Статутот на Банката. Податоците за предложениот кандидат по однос на: возраста, полот, образованието, професионалните и други квалификации, работното искуство и како го стекнал, во кои друштва е или бил член на орган на управување, односно на надзорен одбор, и други поважни функции што ги вршел, бројот на акции што ги поседува во Банката и во други друштва, како и заемите и другите обврски кои што ги има спрема Банката, се дадени во прилог и се составен дел на овој предлог. Предложениот кандидат е лице со големо работно искуство од областа на финансиското работење, поседува професионални квалификации да ги извршува работите од делокруг на работењето на Надзорниот одбор на Банката и ќе придонесе и понатаму Банката да работи профитабилно. КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР И ИМЕНУВАЊЕ
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А Д СКОПЈЕ aold год. СКОП Ј Е Врз основа на член 67 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката, на 24-та седница, одржана на 26.02.2010 година, донесе ОДЛУКА за одобрување на Одлуката за доставување на предлог за именување на член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје Член1 Се одобрува Одлуката за доставување на предлог за именување на член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје бр.02-1610-8616/2, донесена од Комисијата за избор и именување на 26.02.2010 година. Член2 Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето. ПРЕТСЕДАТЕЛ HA, НАДЗОРНМС li ЈОТу
Лични податоци за номинираниот кандидат за член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје Кијоши Нишимура ЦЕЛО ИМЕ: Кијоши Нишимура ПОЛ: Машки ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Роден на 28 март 1956 год. во Токио, Јапонија НАЦИОНАЛНОСТ: Јапонец РЕЗИМЕ НА КАРИЕРА: Во текот на 30-годишното искуство во меѓународните финансии и помош за развој на различни мултилатерални организации, владини агенции и приватни компании, а особено во текот на повеќе од 15 години на повисоките нивоа на управување: Активно вклучен во формулирање на оперативните политики и стратегии за големи финансиски институции како што се ЕБРД, ЈБИЦ (Јапонската банка за меѓународна соработка) и ЈЕКСИМ (Јапонската експорт импорт банка), при стекнување на директно искуство за ефикасно спроведување на таквите политики/стратегии со добри вештини на управување и координација; Стекнува високо професионално искуство во темелното согледување на широкиот опсег на развојни прашања кои вклучуваат развој на приватниот сектор, реформи во финансискиот сектор и предизвиците од климатските промени, со особено внимание на искуството во нивната реална примена на терен. Покажува големо искуство за решавање на особено сложени финансиски задачи и мобилизирање на средства за проекти во земјите во развој, особено во доменот на големи развојни проекти за инфраструктура и природни извори; и ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА: Февруари 2010 - до сега април 2009 - јануари 2010 Самостоен банкар, Координатор за финансирање на постројки за обновлива енергија; финансиски институции в.д. Директор, Западен Балкан, Молдавија, Белорусија и Турција Група за работење со финансиски институции ЕБОР На чело на новоформираниот регионален тим одговорен за сите трансакции кај банките клиенти на ЕБОР (и должнички и доверителски производи) од Западен Балкан, Молдавиа, Белорусија и Турција, по реорганизација на Бизнис групата за финансиски институции заради создавање на пред се структура на тимови задолжени за региони во рамки на Групата отклку структура на производи. Паралелно со тоа продолжува да работи како координатор за финансиски институции за финансирање на постројки за обновлива енергија, како што е опишано подолу. Должностите на в.д. директор вклучуваат:
Водење разговори околу политиките со релевантните власти во земјите, во врска со политиките во финансискиот сектор. Утврдување на целите, стратегиите и плановите за работењето на финансискиот сектор во односните земји. Водење на планирањето, спроведувањето и контролата на плановите за работа. Следење на квалитетот на резултатите и остварувањето на целите и годишните цели за тимот. Помагање за ефикасна координација и соработка со други МФИ, кофинансиери и донатори, како и други релевантни дирекции. Преземање на работно раководење со тимот вклучувајќи мотивирање и развивање на капацитетите на персоналот на тимот. април 2008 - април 2009 Самостоен банкар, Група за работење со финансиски институции Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) Водење на развој на производи и развој на Кредит за финансирање на одржлива енергија (КФОЕ) во нови земји и нови сектори, како координатор за финансиски иснституции за овој сложен производ. КФОЕ е кредитна линија со посебна намена за партнерски финансиски институции за финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија, комбинирана со сеопфатна техничка помош и доделување на поттикнување за плаќањата (доколку е соодветно) заради надминување на пречките за инвестирање во оддржлива енергија. Одговорностите на координатор за КФОЕ вклучуваат: Воспоставување на стратегија за КФОЕ и оперативна политика како и воспоставување на оперативни цели и планови за КФОЕ. Унапредување и усовршување на производот заради подобрување на неговата ефикасност и заради негова приспособливост во нови сектори како што е енергетска ефикасност за домакинствата и општините. Следење на имплементацијата на оперативните планови на КФОЕ и спроведувањето на поединечни КФОЕ трансакции како и следење на квалитетот на резултатите. Координација со други Меѓународни финансиски институции, донатори и кофинансиери како и релевантните сектори на ЕБОР. Вршење надзор на банкарите на финансиските институции особено назначени за оперативниот тим на КФОЕ. Лично одговорен за лансирање на нова КФОЕ рамка за Бугарија, Казахстан, Молдавија, Русија и Западен Балкан, како и нова КФОЕ рамка за КФОЕ за општините во Унгарија и Словачка.
Исто така имал улога на координатор на ФИ за земји, како што се Туркменистан и Македонија како и за развој на нови проекти на ФИ таму, надвор од КФОЕ. октомври 2007 - април 2008 април 2007 - октомври 2007 Генеракен Директор, Дирекција за планирање на инвестициско банкарство Јапонска Банка за Меѓународна Соработка (ЈБМС) Раководител на новоформирана дирекција на ЈБМС за поттикнување на влез на ЈБМС во инвестициско банкарство вклучувајќи гарантирање и инвестиции во приватен капитал. Одговорностите на раководител на дирекцијата вклучуваат: Рзвој и формулирање на стратегии и политики за работење на ЈБМС со инвестициско банкарство со посебен акцент на гарантирање, структурни финансиски трансакции, цертификати за депозит и други иновативни финансики инструменти. Формулирање на оперативни упатства и правила за работење со инвестициско банкарство. Институционален развој и човечки ресурси за работење со инвестициско банкарство. Идентификување и подготвки на пилот трансакции. Привлекување на клиенти, (vi) интерна координација меѓу дирекциите и интерно управување на дирекциите и (v) следење на поединечни трансакции вклучувајќи обезбедувања по кредити за мали и средни претпријатија во Малезија, обезбедувања по кредити за возила во Индонезија и употреба на хартии од вредност како обезбедување на Азијската Ексимбанк. Генерален Директор, Дирекција за политика и стратегија за меѓународно финансиско работење Јапонска Банка за Меѓународна Соработка (ЈБМС) Раководител на дирекција одговорна за формулирање на политики и стратегии на ЈБМС за меѓународно финансиско работење (МФР, т.е. работење кое не е во рамки на ДПР-државната помош за развој /ODA-Official Development Assistance/) и предвидување на целокупните активности на МФО (меѓународната финансиска организација) во смисла на обезбедување на нивна ефикасност, квалитет и конзистентност во рамки на мисијата на ЈБМС. Главните одговорности вклучуваат: Развој и на годишни и на среднорочни стратегии и деловни планови/цели за МФО. Формулирање на оперативни упатства и правила за МФО. Целокупна интерна координација на различните сектори во ЈБМС вклучени во МФО. Одржување на ефикасна комуникација и координација помеѓу главните заинтересирани страни (интересни групи) вклучувајќи владини тела, меѓународни организации, бизнис заедници, парламентарни претставници и НВОи. Расчистување на сите трансакции на МФО пред нивно
доставување до Одборот на ЈБМС за одобрување. Раководење со дирекцијата. јули 2004 - март 2007 февруари 2001 - јуни 2004 Генерален Директор, Дирекција за меѓународно финансирање II Јапонска Банка за Меѓународна Соработка (ЈБМС) Како раководител на Дирекцијата за меѓународно финансирање II на ЈБМС, одговорен за работењето на МФО вклучувајќи кредитирање на извоз и заедничко кредитирање за Европа, Африка, Среден Исток, Централна Азија и Кавказ, како и финансирање на ЈБМС на инфраструктурни проекти во приватниот сектор во овие региони. Главните одговорности вклучуваат: Формулирање на стратегии и деловни планови/цели на МФО за Европа, Африка, Средниот Исток, Централна Азија и Кавказ. Целокупно управување и надзор на работењето на дирекцијата вклучувајчи оценка и усовршување на работењето. Внатрешна и надворешна координација на работењето на дирекциите вклучувајќи договарање на политики со владите на земјите. Односи со савност со главните интерсни групи вклучувајќи стопански клиенти, членови на парламентот и НВОи. Достсвувсње на трансакции до Бордот на ЈБМС за нивно одобрување како и одобрување на кредити во рамките на моите овластувања. Управување со портфолиото и расходите на дирекцијата. Поголемите реализирани трансакции вклучуваат големи инфраструктурни проекти во Египет, Казахстан, Јужна Африка, Русија, Турција и Оман, non-recourse IPP/WPP проекти во Бахраин, Јордан и ОАЕ, проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија во Бугарија и Украина. Самостоен банкар, Група за работење со финансиски институции Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) Како самостоен банкар во Групата за работење со финансиски институции, одговорен за голем број на проекти од областа на финансиите и односни прашања во врска со политиките. Меѓу другото, главните задачи и одговорности вклучуваат: Оперативен лидер (ОЛ) за должничко доверителски трансакции и за банки и за небанкарски финансиски институции (особено лизинг и осигурителни компании)во Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Македонија, Русија и Узбекистан. Кредитен ОЛ за лансирање на Иницијативи на ЕБОР за земјите во почетна фаза на транзиција наменети за регионите на Централна Азија и Кавказ и воспоставување на Средна рамка за кофинансирање,
т.е. иновативен регионален рамковен кредит наменет за зголемување на работењето на ЕБОР во овие региони преку поделба на ризикот со локалните банки. Координатор за земји во финансискиот сектор за земјите како Албанија, Косово, Македонија и Узбекистан со задача за формулирање на развојни стратегии на финансискиот сектор и следење на проекти на финансискиот сектор во овие земји. Директор за односи со клиенти за јапонски компании/банки со одговорност за промовирање на нивно користење на Програмата за финансирање на трговијата и други кредити на ЕБОР. Координатор за пазарите на капитал, одговорен за формулирање и координирање на политиките на ЕБОР за помош за развој на регионалните пазари на капитал. октомври 1999 - јануари 2001 октомври 1994 - септември 1999 Директор, Сектор за координација на политики, Дирекција за политика и стратегија за Меѓународни финансиски организации Јапонска Банка за Меѓународна Соработка (ЈБМС) Одговорен за формулирање на оперативни политики на Групата на ЈБМС за меѓународно финансирање (која е одговорна за работење кое не е во рамки на ДПРдржавната помош за развој /ODA-Official Development Assistance/) и следење на работењето на Групата со кредити и инвестиции како раководител на Секторот за координирање на политиката во рамки на Дирекцијата за политика за меѓународно финансирање. Главните одговорности вклучуваат: Разгледување на сите предлози на Групата за кредитирање и инвестирање пред нивно доставување до Одборот на ЈБМС Формулирање/креирање на нови финансиски производи/шеми (вклучувајќи воспоставување на нова шема за запишување на јавно понудени обврзници од страна на ЈБМС на нови пазари) Преговори/консултации со релевантни владини министерства/парламентарни членови Директор, Дирекција за кредитирање I Експорт-импорт Банка на Јапонија Како директор на Дирекцијата за Азија (т.е. Дирекција за кредитирање I) на Експорт-импорт Банка на Јапонија, раководител на два сектора; еден одговорен за работењето со Јужна Азија, во периодот 1994-1997 и другиот одговорен за работењето на ASEAN, во периодот 1997-1999. Главните одговорности и задачи вклучуваат: Финансирање (и реструктуирање) на големи ифраструктурни проекти вклучувајќи го проектот за електрична енергија Paiton I во Индонезија, проектот Hub Power во Пакистан, проектот повеќенаменска брана San Roque и проектот Metro Rail Transit на Филипини.
Директно одговорен пружање на итна помош од страна на ЈЕКСИМ (Експорт-импорт Банка на Јапонија) на земјите погодени од кризата за време на Азиската валутна криза, вклучувајќи спроведување на Новата Мајазава Иницијатива Иницирање на вклучување на ЈЕКСИМ (Експортимпорт Банка на Јапонија) во работење со приватни капитални фондови вклучувајќи формирање на Asian Infrastructure Development Co. (AIDEC). јули 1991 - септември 1994 јули 1988 - јуни 1991 април 1979 - јуни 1988 Самостоен економист Експорт-импорт Банка на Јапонија Главните одговорности вклучуваат оценка на политиките за структурни реформи вклучувајќи ги реформите на финансискиот сектор и оценка на ризикот на земја на поголемите суверени корисници на кредит на ЈЕКСИМ (Експорт-импорт Банка на Јапонија) вклучувајќи ги Индија и Филипини. Исто така одговорен за воспоставување на систем за оценка на ризик на земја на ЈЕКСИМ (Експортимпорт Банка на Јапонија). Економист, Дирекција за преглед и развој на политики Меѓународен Монетарен Фонд (ММФ) Деташиран во ММФ како Економист во Секторот за надворешни финансии, Дирекција за преглед и развој на политики. Главните одговорности вклучуваат (i) формулирање и следење на политиките за надворешно финансирање (вклучувајќи политики на девизен курс) во рамки на програмите на ММФ за Гвајана, Бангладеш и Нигерија како член на преговарачките тимови на ММФ и (ii) формулирање на модалитет за намалување на долгот за земји кои имаа среден приход вклучувајќи ја Полска и Египет како специјалист на ММФ за реструктуирање на Парискиот Клуб. Служба за кредитирање / Помошник директор Експорт-импорт Банка на Јапонија (ЈЕКСИМ) Во текот на првите години од мојата кариера во ЈЕКСИМ (i) активно вклучен во формирањето на службата за финансирање на проекти на ЈЕКСИМ и успешно реализирани финансиски трансакции по првиот проект на ЈЕКСИМ за проектот North West Shelf LNG во Австралија и проектот Escondida во Чиле, (ii) работев на кредитни анализи и односи со јавност, (iii) една година пауза за завршување на магистерските студии по економија на Универзитетот на Британска Колумбија. ДРУГО ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО: 2001-2004 Член на Надзорен Одбор, АБН АМРО Банка Узбекистан, Узбекистан 2001-2004 Член на Надзорен Одбор, Узбек Лизинг Интернешенел, Узбекистан ОБРАЗОВАНИЕ:
1983-1984 Магистер по економија, Универзитет на Британска Колумбија, Ванкувер, Канада 1974-1979 Дипломиран економист, Кеио Гијуку Универзитет, Токио, Јапонија 1971-1974 Средно училиште во склоп на Универзитетот за образование на Токио, Токио, Јапонија ПУБЛИКАЦИИ: Март 2005 Реформите во банкарството и улогата на ЕБОР во Централна/Источна Европа и Поранешниот Советски Сојуз, Весник на ЈБМС Институтот Февруари 1999 Инфраструктура во Азија перспективи за 21 век, Keio University Press