Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Similar documents
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Март Opinion research & Communications

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Биланс на приходи и расходи

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Биланс на приходи и расходи

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Разбирање на проширувањето

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик.

Структурно програмирање

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Утврдување на способноста на економските оператори

МАКЕДОНИЈА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ МЕХАНИЗМОТ ЗА НЕЗАВИСНО ИЗВЕСТУВАЊЕ (МНИ):

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Мобилност МК Mobility MK

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Македонија: завршен извештај за

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Родово буџетирање.

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

КАКО ДА СТАНАТ ВАЖНИ ДОКАЗИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊАТА

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за 2016 година

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

СПРЕЧУВАЊЕ НА РАДИКАЛИЗАЦИЈАТА И ИЗРАЗУВАЊЕТО НА ОМРАЗА НА ТЕРЕН

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

Прирачник за колективно договарање и решавање спорови во јавната служба ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЕКТОРСКИ АКТИВНОСТИ

Коисмение.Штозначиме.

за спроведување обука за полициски интегритет Прирачник DCAF DCAF a centre for security, development and the rule of law

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Семејството и заедницата

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Отворање на владата. Водич за најдобри практики на транспарентност, отчетност и граѓанско учество во јавниот сектор.

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

ЗЕЛС ГЛАСИЛО NEWSLETTER ЈАН. / ФЕВ JAN. / FEB ЗАЕДНИЦА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЗЕЛС

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

Transcription:

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

На кратко: Што претставуваат Националните работни групи за РЈА (НРГ)? НРГ претставуваат национален консултативен механизам за учество на граѓанското општество во дијалогот со релевантните јавни власти за дефинирањето и следењето на процесите за реформа на јавната администрација (РЈА) во Западниот Балкан (ЗБ). 1 НРГ се основани во сите земји од Западниот Балкан, како национален дел од поширокиот механизам за дијалог за РЈА регионалната Платформа ВеБЕР. 2 Како составен дел од Платформата ВеБЕР, НРГ ја следи премисата на Платформата според која само со омоќнување на локалните невладини актери и со јакнење на партиципативната демократија на национално и на локално ниво, може да се продолжи со вршење притисок врз владите и натаму да ги спроведуваат често болните и непопуларните административни реформи и во периодот по пристапувањето. Така, НРГ обезбедуваат дека дијалогот за РЈА ги вклучува сите нивоа на ангажман на граѓанското општество, вклучително и на национално и на локално ниво, преку учество на организации од граѓанското општество во опфатените земjи во НРГ. Следејќи ја истата премиса, НРГ на едно место собираат сеопфатна мрежа на организации од граѓанското општество во секоја од земјите, кои ќе учествуваат во дискусиите и консултациите во рамките на сегментот Контролор на РЈА 3, а кои ќе разгледуваат и други прашања релевантни за областа на РЈА во секоја земја. НРГ ги формираат, управуваат и координираат односните проектни партнери на ВеБЕР и други организации од граѓанското општество од секоја од опфатените земји, 1 Овој Концептуален документ е дел од тригодишниот проект на ВеБЕР (Проект за помош на граѓанското општество во Западниот Балкан за следење на реформата на јавната администрација- ВеБЕР), финансиран од Европската унија и ко- финансиран од Кралството Холандија. Посетете ја интернет страницата на ВеБЕР: http://www.par-monitor.org/. 2 Од концептуалниот документ на Платформата ВеБЕР: Платформата ВеБЕР е регионална платформа за консултации, водена од граѓански организации од Западниот Балкан (ЗБ), насочена кон одржување на дијалог со јавните власти во земјите од Западниот Балкан за процесот на РЈА- процес кој се одвива едновремено во сите земји од Западниот Балкан. За повеќе информации за Платформата ВеБЕР посетете ја интернет страницата: http://www.par-monitor.org/pages/purpose 3 Контролорот на РЈА е темелниот елемент на Платформата ВеБЕР и преставува основа за активностите во рамките на Платформата. Тоа е алатка која ги обезбедува сите потребни средства и методологија за независно следење на РЈА од страна на организациите на граѓанското општество во Западниот Балкан. Овој елемент се заснова на придонесот на граѓанските организации, односно материјали кои се засновани на докази, а методологијата на Контролорот на РЈА ги следи во голема мерка Начелата за јавната администрација дефинирани од СИГМА. 2

кои директно учествуваат во регионалната Платформа ВеБЕР. 4 Во Македонија, улогата на координатор ја има Институтот за европска политика ЕПИ. Суштината: Како функционираат НРГ? НРГ произлегуваат од логиката и структурата на Платформата ВеБЕР (преставена на подолниот графикон), која обезбедува заеднички простор за ангажман за организациите од граѓанското општество во следењето и дијалогот за РЈА, на регионално и национално ниво. Секој национален конзорциум во рамките на Платформата претставува Национална работна група во односната земја, која ги зема предвид специфичните карактеристики на граѓанското општество наспроти достапноста и потребата за застапување и истражување засновано на докази за РЈА. Сепак, главната идеја за основањето на НРГ е да се соберат на едно место што е можно повеќе организации од граѓанското општество и да се создаде сеопфатен кредибилен домашен механизам кој ќе ги претставува мислењата и ставовите на граѓанското општество во дијалогот со јавните власти во процесот на следење на РЈА. НРГ се отворени за членство на сите, а единствените ограничувања се 1) организациите од граѓанското општество да изразат интерес за членство и истите 2) да ги претстават активностите кои ги преземаат како дел од полето на нивното дејствување поврзани со РЈА (доколку организациите од граѓанското општество имаат барам основни искуства во однос на РЈА), или да ја изразат нивната волја да бидат активни на ова поле. Ова се остварува преку Повик за изразување на интерес за зачленување во НРГ. Целта на НРГ е да учествува во дискусиите и консултациите во рамките на Контролорот на РЈА, регионални и национални извештаи за следење на РЈА кои ќе бидат изготвувани како дел од Проектот ВеБЕР, но ќе опфатат и други прашања релевантни за областа на РЈА во секоја земја (на пример дискусии за оценките на СИГМА и Извештаите на ЕК за напредокот на опфатените земји, резултатите од состаноците на Специјализираните групи за РЈА, идентификување на теми за идни заеднички активности, итн.) На состаноците на НРГ исто така ќе учествуваат и претставници на релевантните институции од јавната администрација (првенствено министерствата/органите надлежни за РЈА, но и претставници на други релевантни институции). НРГ ќе работат во склад со основачките документи (меморандум за соработка или слично) соодветен работен план и насоки за дејствување, кои ќе бидат следствено дефинирани и донесени. НРГ ќе се состават и основаат како активност во рамките на Проектот ВеБЕР. Сепак, нивната работа и дејствување ќе продолжат и по завршувањето на овој проект. На графиконот: Платформата ВеБЕР 4 Партнерите на ВеБЕР кои го спроведуваат проектот се шест тинк-тенк организации од земјите од Западниот Балкан кои работат на политиките во одредени области, кои се собрани заедно во Мрежата Мисли за Европа (Think for Europe Network)- TEN. Организациите од граѓанското општество од земјите од Западниот Балкан кои го спроведуваат проектот се 1) Центарот за европска политика (ЦЕП), Белград (European Policy Centre (CEP)), 2) Институт за европска политика (ЕПИ), Скопје, 3) Институт Алтернатива (ИА) Подгорица (Institute Alternative (IA)), 4) Институт за демократија и медијација, Тирана ИДМ (Institute for Democracy and Mediation (IDM), Tirana), 5) Група за правни и политички студии (ГППС), Приштина (Group for Legal and Political Studies (GLPS), Pristina) и 6) Иницијатива за надворешна политика (ИНП), Босна и Херцеговина, Сараево (Foreign Policy Initiative BiH (FPI), Sarajevo) 3

Организациите од граѓанското општество кои ги водат и координираат НРГ (кои исто така се нарекуваат национални конзорциуми ) се организациите кои истовремено се членки на регионалната Платформа (виде погоре), а тие се: Институт за европска политика- ЕПИ, Скопје (Координатор на НРГ и проектен партнер на ВеБЕР), Институт за развој на заедницата, ИРЗ, Тетово, Центар за управување со промени ЦУП, Скопје Асоцијација за развојни инцијативи Зенит, Скопје. 5 Членовите на Платформата во Република Македонија, како и членовите на Платформата од останатите земји, се избрани преку Отворен повик за изразување на интерес. Конкретно: Зошто да се зачлените во Платформата ВеБЕР и нејзините НРГ? 5 Сите членки на Платформата ВеБЕР можете да ги видите на: http://www.par-monitor.org/pages/members. 4

Особениот карактер на Платформата ВеБЕР и на НРГ формирани во рамките на Платформата наоѓа израз во сеопфатниот приод кој се концентрира на сите нивоа на управување и на градење на партнерства меѓу организациите од граѓанското општество на повеќе нивоа и следствено да се зголеми нивното влијание во следењето на РЈА. Конкретно НРГ: Ги вклучуваат организациите од граѓанското општество во земјата кои се вистински заинтересирани и/или активни во следењето на работа на локалните (општински и под-националани) управи; Создаваат можности за организациите од граѓанското општество да ги изградат сопствените капацитети преку обуки и работилници конкретно дефинирани според нивните потреби и преку можна поддршка за примена на Методологијата за следење на РЈА на национално и на локално ниво; Создаваат можности за локалните организации од граѓанското општество кои немаат претходно големо искуство во областа на РЈА да го прошират полето на нивно дејствување со активности во оваа област. Затоа сите граѓански организации се поттикнуваат да предложат идеи за проекти и да се пријават за мали грантови за следење на реформата на јавната администрација во нивните земји. (Непосредната) иднина: Првите чекори Национални консултации и завршување на концептуалните документи Предлог концептуалните документи за НРГ ќе бидат доставени до организациите од граѓанското општество во секоја земја. Членките на националните конзорциуми во секоја земја потоа ќе бидат поканети да учествуваат во консултациите за овој документ. Резултатите од процесот на консултации ќе се вградат во финалните концептуални документи за формирањето на НРГ. Повик за изразување на интерес По консултациите и финализацијата за концептуалните документи, поканата за организациите од граѓанското општество да се зачленат во НРГ ќе биде доставена преку Повик до организациите од граѓанското општество за изразување интерес за зачленување во НРГ, со главната цел да се создаде сеопфатна мрежа на организации од граѓанското општество, земајќи ги предвид основните капацитети и искуствата на организациите кои се зачленуваат, но пред сè земајќи ги предвид волјата и мотивацијата за учество во процесот на следење на РЈА. Точниот број на учесници во НРГ (и организации - учеснички) ќе го определат националните конзорциуми во секоја од опфатените земји. Основање на НРГ Првите консултативни состаноци на НРГ ќе се одржат во секоја земја, откога ќе се регистрира, односно евидентира членството на организациите од граѓанското општество. Оваа активност ќе вклучи потпишување на документите за основање на НРГ (Меморандум за соработка или сличен документ, во зависност од одлуката на секој национален конзорциум). Состаноци на НРГ По одржувањето на првите основачки состаноци на почетокот на 2017 г., НРГ од секоја земја ќе одржи два дополнителни состанока. Двата состанока ќе имаат консултативен карактер: - Вториот состанок на НРГ, кој ќе се одржи подоцна во текот на 2017 г., ќе има за цел одржување на полугодишни консултации за напредокот на истражувањето и аналитичката работа за примена на Контролорот на РЈА, координација со проектите и инцијативите на останатите инволвирани граѓански организации кои учествуваат во НРГ, кои се релевантни и кои може да се искористат 5

како придонес кон Контролорот на РЈА, како и да се поразговара за идеи за собирање средства како дополнителна поддршка за Контролорот на РЈА и работата на НРГ; - Третиот состанок на НРГ во 2018 г. во секоја земја ќе се одржи заедно со конечната работна сесија за дефинирање на методологијата за Контролорот на РЈА, при што веќе ќе се разговара за предлог националните извештаи. 6