ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ - ПРАВИЛНИК ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ НА УРЕДИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Биланс на приходи и расходи

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Енергетската потрошувачка во Република Македонија и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања Скопје, 23 ноември 2006

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА КАКО ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА (РЕЗЕРВИ И РЕСУРСИ)

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Структурно програмирање

11. ЕНЕРГИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО

ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ КАКО КАТАЛИЗАТОР НА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГЕТИКА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ЕНЕРГЕТСКАТА ПОЛИТИКА НА МАКЕДОНИЈА ВО КОНТЕКСТ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА. Искра Стојковска Фронт 21/42

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

CONFERENCE PROCEEDINGS

МОДЕЛИРАЊЕ И ОЦЕНКА НА ЕКОНОМСКАТА ЕФИКАСНОСТ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА

2.1. Закон за енергетика и подзаконските акти Закон за енергетика Правилник за енергетски карактеристики на зградите

Стратегија за одржливо производство и искористување на КРР во Преспанскиот регион во Република Македонија

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

НЕПЛАТЕНАТА СМЕТКА ЗА ЗДРАВСТВО

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА СТРАТЕГИЈА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕТО НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО 2020 ГОДИНА

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

НЕКОЛКУ ПРАКТИЧНИ АЛГОРИТМИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ЗАГУБИТЕ ВО ЕЕС И НИВНА ПРИМЕНА ВРЗ МРЕЖАТА НА МЕПСО

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Економски Факултет - Прилеп МАГИСТЕРСКИ ТРУД

МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

ПРЕКУ ИНТЕГРИРАНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ ДО ПОДОБРО ПАЗАРНО ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВИНО

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Разбирање на проширувањето

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

Мобилност МК Mobility MK

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Преглед на државите во Западна Африка

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Методи на финансиска анализа

Reform in water sector on central level

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Технички факултет Битола/Обука за енергетски контролори

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Компостирање во Македонија- Здрава алтернатива или само трула идеја?

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЛИЧНА И ПРОИЗВОДНА ПОТРОШУВАЧКА

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

BUILD UP SKILLS ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ROAD MAP

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

Oдржливост на дефицитот на тековната сметка и можноста за. криза на билансот на плаќање во РМ

Е - МАПАС бр. 10. јули 2014 година. Следете не и на: MAPAS.MK РАБОТЕЊЕТО НА МАПАС ВО 2013 ГОДИНА

М-р Златко Бежовски. ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРЕБАРУВАЊЕТО (Привлекување посетители на комерцијалните Веб сајтови од Интернет пребарувачите)

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Transcription:

6. СОВЕТУВАЊЕ Охрид, 4-6 октомври 2009 Верица Филипова ЕВН Македонија АД, Скопје ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ - ПРАВИЛНИК ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ НА УРЕДИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА КУСА СОДРЖИНА Информацијата е презентирана во три дела. Првиот дел претставува анализа на електроенергетскиот биланс (планирани и остварени количини на ел.енергија) за 2008 година во Република Македонија, со констатација дека структурата е неповолна, голем е процентот на увезена електрична енергија (многу скапа) и на електрична енергија која се произведува во термоелектраните (загадувачи на животната средина); вториот дел претставува запознавање и опис на веќе донесениот Правилникот за етикетирање на уредите за домаќинства, неговата примена од 01.01.2009 година е можност преку енергетската ефикасност на уредите во домаќинствата да се добие независен енергетски извор во Република Македонија, со релативно мали инвестиции; третиот дел претставува увид во состојбата со енергетските етикети во земјите од ЕУ и останатиот свет, искуства и предности на етикетирањето. Клучни зборови: Енергетска ефикасност, електроенергетски биланс, етикетирање на енергетската ефикасност, уреди во домаќинствата, енергетски етикети, снабдувач, дистрибутер, купувач. 1. ВОВЕД Основен акцент во светската енергетска политика, последните петнаесетина години, се става на зголемување на енергијата добиена од обновливи извори и на енергетската ефикасност. Во информацијата ќе биде презентиран начинот на зголемување на енергетската ефикасност преку енергетско означување на уредите во домаќинствата. Уредите се категоризирани во седум енергетски класи, обележани јасно на етикетата - едноставна мерка која дава извонредно добри резултати во штедење на електричната енергија. Енергетското етикетирање веќе петнаесетина години интензивно се применува во земјите на ЕУ и САД, Канада, Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Ј. Кореа во поново време во Индонезија, Индија и др. Базен принцип се обврзувачките стандарди и закони, кои имплицираат енергетско ефикасни модели на уреди да се продаваат по продавниците, стремејќи се кон елиминирање на неефикасните модели и воспоставување на основа за програми кои обезбедуваат стимулации. Тоа овозможува купувачите да донесуваат рационални одлуки, а за производителите и дистрибутерите можност за лојална конкуренцијата и зголемена компетитивност. Етикетирањето е преточено во законски акти во сите 27 ЕУ членки (директива 92/75/ЕЕС ) и во земјите кандидати за членки на ЕУ. Тоа е содржано во програмите и активностите на ООН (програмата ESCAP, UNDP/GEF и др). Обликот, формата и содржината на етикетите за енергетската ефикасност на уредите во сите ЕУ се еднообразни. Република Македонија, како земја кандидат за членка на ЕУ, согласно директивите на ЕУ и Законот за енергетика (член 134 став 2) има донесено Правилник за означување на енергетската ефикасност на уредите за домаќинствата, објавен во Службен весник на РМ на 09.07.2007 година и треба да се применува од 01.01.2010 година. Од обиколката на десетина продавници за C1-13I 1/8

MAKO CIGRE 2009 C1-13I 2/8 уреди за домаќинствата во Скопје и внатрешноста, со проверка на преку 300 уреди, само еден уред имаше прописна енергетска етикета, меѓутоа етикетата беше напишана на бугарски јазик. Мотивот за пишување на оваа информација е иницирање и ажурирање на подготовките за примена на Правилникот, во спротивно нашите продавници би продолжиле да бидат отпад за застарените модели на уреди за домаќинствата од светските производители, со мала енергетска ефикасност и голема потрошувачка на електрична енергија. 2. СТРУКТУРА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ БИЛАНС И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Република Македонија од аспект на енергенси е увозно зависна: нафтата и нејзините деривати се увезуваат, земниот гас се увезува, јагленот е дел од домашни извори дел од увоз, 31,97% од потрошената електричната енергија во 2008 година се од увоз (Табела 1) [3], и слично. Процентот на увоз на електрична енергија, во колку не бидат превземени активни мерки, може да достигне и до 50% до 2030 година, со годишен пораст на потрошувачката од 0,5% [5]. Реалниот пораст на дистрибутивниот конзум последните 6 години изнесувал 1,9% годишно, меѓутоа поради севкупните економски случувања, естимацијата е направена со пораст од 0,5% годишно. За увоз на електрична енергија во 2008 година се потрошени 162,8 милиони евра (по просечна цена на увезената ел.енергија од 82 евра/mwh)[8]. Изградбата на нови извори за производство на електрична енергија е неопходна, но во скоро време не e реална (последните 7 тендери за изградба на електрични централи во РМ се поништени). Потрошувач Табела 1. Електроенергетски биланс за 2008 година/извадок Планиран биланс GWh Остварено GWh Електрана Планиран биланс GWh 1 2 3 1 2 3 Остварено GWh Железара 1236 592,6 ХЕЦ Вруток 376 250,5 Силмак 765 433,8 ХЕЦ Равен 39 29 Титан 113 103,7 ХЕЦ Врбен 39 34,1 МХК Злетово 2 2,3 ХЕЦ Тиквеш 143 55,5 ЖТО 24 24,3 ХЕЦ Глобочица 185 119,4 Алумина 0 0 ХЕЦ Шпиље 300 182,1 Бучим 96 93,5 МАЛИ ХЕ 143 143 Фени индустри 1098 715,9 ХЕЦ Козјак 172 67,4 Рафинерија Окта 59 60,6 Вкупно 1397 881 Рудник Осломеј 21 21,1 ТЕ Неготино 0 119,2 Рудник Суводол 115 115,5 ТЕ Осломеј 603 664,9 Вкупно дир. потр. 3529 2163,3 ТЕ Битола 1 1435 1378,9 Дистрибуција 6303,5 6265,3 ТЕ Битола 2 1441 1536,9 Нето конзум 9832,5 8428,6 ТЕ Битола 3 1302 1333 Загуби 262,5 226 Вкупно 4781 5032,9 Бруто конзум 10095 8654,6 ХЕЦ+ТЕЦ 6178 5913,9 Извоз 0 38,5 Увоз 3917 2779,2 Извоз(остр) 0 0 Увоз(остров) 0 0 Вкупни потреби 10095 8693,1 Расположиво : 10095 8693,1 Втор негативен фактор, во електроенергетската состојба во Република Македонија е големото учество на термоелектраните во вкупно произведената електрична енергија (Табела

MAKO CIGRE 2009 C1-13I 3/8 1)[3]. За 2008 година 85,1% се произведени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, кои работат на нискокалоричен лигнит. При согорувањето на јагленот доаѓа до загадување на воздухот од емисијата на штетни стакленички гасови (јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, сулфур диоксид, азот моноксид и др.), на цврсти честици од чадот, и негативно влијаат врз здравјето на луѓето и на животната средина. Притоа 14,9% од вкупното производство отпаѓа на хидроелектраните. Производството на ел.енергија од обновливи извори, како ветер, сонце, биомаса, геотермална енергија и др. во енергетскиот систем на Република Македонија за сега е во зачеток. Скоро една третина од електричната енергија во Република Македонија се троши во домашните уреди: фрижидери, греалки, машини за перење, машини за миење садови, шпорети, светилки и други уреди за домаќинствата [3]. Енергетската ефикасност на овие уреди има огромно влијание врз вкупниот биланс на електрична енергија, во услови на актуелиот микс на горива употребувани како реагенси, и колку стакленички гасови ќе бидат емитирани во атмосферата. Енергетската ефикасност на уредите во домаќинствата може да биде идниот независен енергетски извор во Република Македонија, до кој може да се дојде со релативно мали инвестиции. Согласно актуелната економско социјална ситуација во државата, не е реално да се очекува дека масовно би се заменувале старите уреди во домаќинствата со нови само заради заштедата на енергија, но сепак при купувањето на нови уреди во продавниците би се нуделе новите ефикасни модели. Структурата на електроенергетскиот биланс во Република Македонија со голем процент на увезена електрична енергија и на енергија произведена од термоелектрани е неповолна. Во иднина, фокусот на штедењето на енергија е потребно да се стави и на енергетската ефикасност - делот за енергетско етикетирање, како практична мерка за намалување на потрошувачката, со која би се добило многу со малку инвестиции, со позитивни импликации врз електроенергетскиот биланс. 3. ПРАВИЛНИК ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА УРЕДИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВА Правилникот за означување на енергетската ефикасност на уредите за домаќинствата, е објавен во Службен весник на Република Македонија на 09.07.2007 година и треба да се применува од 01.01.2010 година [1]. Тој ги уредува барањата и условите кои се однесуваат на означување на уредите за домаќинствата со соодветни етикети и основните податоци за уредите, општите информации за потрошувачка на енергија и другите ресурси, како и дополнителните информации за одделен вид на уреди за домаќинства, со што ќе им овозможи на купувачите да изберат енергетски поефикасни уреди. Во Правилникот се третираат релациите и содржините Снабдувач - Дистрибутер - Купувач - Техничка документација - Информативен лист - Етикета - Индекс на потрошувачка. Одредбите од истиот се однесуваат на следните видови уреди: 1. електрични фрижидери, замрзнувачи и нивни комбинации, 2. машини за перење алишта, машини за сушење алишта со барабан и комбинирани машини за перење и сушење на алишта, 3. машини за миење садови, 4. електрични шпорети, 5. клима уреди, 6. сијалици за домаќинства. Етикетите е предвидено да изгледаат како, која се однесува за фрижидер, и се соодветни за различни уреди. Енергетски поефикасните уреди е предвидено да се одбележуваат со боите од врвот на етикетата (зелени, жолти и сл.) и буквите А, B и сл. (најефикасните уреди се означени со А++), а енергетски понеефикасните уреди со боите од дното на етикетата (црвена,

MAKO CIGRE 2009 C1-13I 4/8 портокалова и сл.) и буквите G, F и сл. Етикетите се попрецизно опишани во содржината на Правилникот. Снабдувачот е потребно на дистрибутерот бесплатно да му ги доставува етикетите. Секогаш кога во продавница се изложува уред од горенаведените, дистрибутерот треба да прицврсти соодветна етикета на јасно видливо место и на начин утврден во Прилогот на Правилникот. Во Правилникот се уредува уште и содржината на информативниот лист на уредот (покрај етикети со основните податоци уредите треба да содржат и информативни листи со поподробни податоци). Уредите е предвидено да содржат и техничка документација, која би содржела: општ опис на уредот; име и адреса на фирмата снабдувач; резултати од извршените пресметки при дизајнирањето на уредот; извештаи од релевантни тестови кои се спроведуваат во акредитирана лабораторија, во согласност со процедурите извршени според стандардите за испитување наведени во Правилникот; релевантни цртежи и др. Контрола и инспекцијата врз спроведувањето на одредбите од Правилникот е предвидено да ја врши Државниот пазарен инспекторат. Согласно член 11 став 2 од Правилникот, контролата на точноста на информациите од етикетата се врши со испраќање на соодветниот уред на испитување во акредитирана лабораторија. Во Република Македонија треба да се акредитира таква лабораторија/ии (на пример во Република Бугарија се акредитирани три лаборатории). Во Прилозите на Правилникот, од I до IX, се дадени поединечно и детално стандардите за испитување, содржината на етикетата, на информативниот лист и на техничката документација за секој тип на уред, поединечно. За реална примена на законските процедури и нивно практицирање во реалниот живот, на пазарот, потребни се соодветно финансирање, време, како и достапни информации за практична примена. Дисеминацијата би се спровела со користење на информации преку: web страница; национална промоција, промотивен материјал и брошури; конференции, семинари и работилници; база на податоци со национални и интернационални учесници; обуки за организации на потрошувачи, владини и невладини организации; обуки за дистрибутерите; и слично. Искуствата од проектот CEECAP (образложен подолу) би биле корисни. 4. ЕВРОПСКАТА УНИЈА И ЕНЕРГЕТСКОТО ЕТИКЕТИРАЊЕ Светски лидер во оваа област е ЕУ, каде во текот на 1992 и 1993 година беа донесени првите Директиви за штедењето на електрична енергија преку етикетирање. Овие Директиви успешно се имплементирани во пракса кај постарите земји членки(слика 1) и (Слика 2), тие интензивно се имплементираат и кај поновите земји членки.

MAKO CIGRE 2009 C1-13I 5/8 Слика 1. Етикета за фрижидер Слика 2. Уред во продавница Бројни студии од поново време потврдуваат дека Директивите за етикетирање имаат значаен придонес во трансформацијата на пазарот кон уреди со поголема енергетска ефикасност. Анализата на мотивите за етикетирање во ЕУ-15 земји покажува драматичен пораст на понудата и потрошувачката на енергетско ефикасни модели на уреди, откако етикетите и стандардите биле имплементирани (Слика 3)[4]. Продажбата на фрижидери и замрзнувачи се зголемила за 26% во периодот 1992-1999, скоро за една третина е добивката од етикетирањето (Слика 4)[4]. Освен ова, со естимација е добиено дека со замена на клима уредите, машините за садови и машините за перење, благодарение на етикетирањето, во делот на домаќинствата би се заштедиле 700 ТWh во периодот од 1996-2020 [4]. Од извршените анализи на потрошувачката по домаќинствата, одредена е типичната електрична карактеристика на уредите за домаќинствата. Во последните 30 години постигнато е подобрување на ефикасноста за 50-60% [6]. Денешниот фактор на пенетрација има достигнато висок степен кај уредите за готвење, ладење, перење, сушење, ТВ, аудио, итн. Слика 3. Влијанието на стандардите и етикетите за енергетска ефикасност врз продажбата на ел.уреди за домаќинства во продавниците

MAKO CIGRE 2009 C1-13I 6/8 Слика 4. Влијанието на стандардите и етикетите врз продажбата на фрижидери во ЕУ-15 Преглед на главните причини за успехот на етикетирањето во ЕУ: Етикетирањето е обврзувачко за целиот ЕУ пазар, покриено со националните легислативи врз основа на Директивите на ЕК; Се укажува на потрошувачите како енергетски ефикасниот уред може да се употребува (со пример и на лесно разбирлив начин), Oвозможува на производителите и снабдувачите да си конкурираат врз база на ефикасноста на уредот преку разните енергетски класи; 4.1. Проект CEECAP Проектот CEECAP (Central and Eastern European Countries Appliance Policy) бил основан од страна на Европската комисија со цел имплементација на ЕУ политиката за уредите за домаќинства во земјите на централна и источна Европа. Програмата била иницирана и кофинансирана од IEA и IEEA, а се темелела врз искуството во оваа област на првите ЕУ-15 членки. Земји партиципиенти биле Чешка, Бугарија, Романија, Германија, Литванија, Холандија, Полска и Словачка. Траела од Јуни 2006 - Јуни 2008 година [4]. На почетокот биле детектирани главните локални проблеми: Пасивна трансформација на законодавството без реална мотивација; Долго време кое е потребно за прифаќање на новите етикети; Контролните институции биле индифирентни или имале повисоки приоритети; Немало контрола помеѓу играчите ; Постојните етикети во продавниците биле разнообразни. Локални партнери во проектот биле: Владини оддели, пазарна инспекција, државни енергетски инспектори: оние кои ги креираат и контролираат законите Производители/дистрибутери на уреди за домаќинствата: оние кои ги користат етикетите при нивната продажба или промоција Потрошувачки групи, јавни гласила и граѓанството: оние за кои сето тоа се правело итн. Проектот содржел: Упатства за обука (увид во ЕУ енергетската политика, енергетски етикети, законски обврски, зошто се прави сето тоа) и програми за двете страни: за владините претставници и за производителите/дистрибутери; Работилници и индивидуални консултации; Национални обврски и пазарно претставување со нивна имплементација:

MAKO CIGRE 2009 C1-13I 7/8 Брошура од завршниот проект за интернационална дисеминација и интернет страна; Национални промотивни материјали. Така на пример, во Бугарија биле организирани 6 регионални работилници, биле издадени промотивни брошури кои содржеле информации и за етикетирањето на уредите и за енергетската ефикасност, неколку типа на CEECAP брошурите, печатени по 1000 примероци секоја, партнерство со UNDP/GEF проектот за Локални капацитети за енергетска ефикасност при градба на колективни и индивидуални станбени и деловни простори, шест општински консултативни канцеларии. Научени лекции од Проектот: Етикети во продавниците: не постоела видлива разлика помеѓу многуте ЕУ земји, не биле неопходни дополнителни државни контроли; Ниско ниво на посети на продавници, многу малку проби (тестови); Законски приоритет; Добрa соработка со производителите/дистрибутери кои се мотивирани за промоција; Мала разлика меѓу однесувањето при купување помеѓу ЕУ-15 и ЕУ-27. 5. ИСКУСТВА ОД ДРУГИ ДЕЛОВИ НА СВЕТОТ Потребата за штедење на енергија е присутна во целиот свет. Огромниот пораст на светската популација (6,707 милијарди население во 2008 година наспроти 1,650 милијарди во 1900 година) [7] и ограничените количини на фосилните горива, кои се основниот светски енергенс, ја ставаат енергетската ефикасност меѓу приоритетите на ООН и на националните законодавства. И покрај бројните активни мерки за штедење на електрична енергија, сепак резултатите сеуште се минимални. Со порастот на националниот GDP (gross domestic product/бруто национален производ) се зголемува и потрошувачката на електрична енергија (Слика 5)[7]. Слика 5. Зависност на потрошувачката на електрична енергија од GDP "Energy star" е заедничка програма на Агенцијата за заштита на животната средина на САД и на Министерството за енергетика на САД, започната во 1992 година, со активности за штедење на енергија и заштита на животната средина преку енергетски ефикасни уреди (Слика 6)[2]. Оваа програма е широко имплементирана во секојдневното живеење во САД, посебно последните години, а резултатите се веќе видливи. Американците, со помош на Energy star заштедиле енергија во 2008 [7] која е еквивалентна на емисија на стакленички гасови од 29 милиони возила, со вредност од 19 милијарди $ заштеда на нивните домашни сметки за комуналии. Дел од програмата се однесува на етикетирање на уредите за домаќинство. Според анкетите направени во САД, 56% од Американците ги препознаваат и користат овие ознаки. Повеќе од 1.400 производители, 550 дистрибутери, 21.000 продавници и 330 стоковни куќи и

MAKO CIGRE 2009 C1-13I 8/8 државни претставници, превземаат дејствија запазувајќи го Energy star брендот, тој е платформа преку која се покажува грижата за човековата околина и зголемување на енергетската ефикасност. Energy star како интернационален стандард за енергетско ефикасни уреди е усвоен и во други делови на светот: Канада, Јапонија, Тајван, Австралија, Нов Зеланд и др. Слика 6. Логото на Energy star 6. ЗАКЛУЧОК Неопходно е итно иницирање на подготовки за примена на Правилникот за означување на енергетската ефикасност на уредите за домаќинствата во Република Македонија [1], во спротивно нашите продавници би продолжиле да бидат отпад за застарените модели на уреди за домаќинствата од светските производители, со мала енергетска ефикасност и голема потрошувачка на електрична енергија. Придобивките од штедењето на електрична енергија преку оваа едноставна мерка би изостанале во колку се пролонгира датумот на примена на Правилникот. 7. ЛИТЕРАТУРА [1] Службен весник на Република Македонија, Правилник за означување на енергетската ефикасност на уредите за домаќинствата, од 09.07.2007 год [2] S. Wiel, J.E.McMahon, Collaborative and Appliance Standards Program (CLASP), Washington, D.C., USA, Februari 2005 [3] Online: http:// www. mepso.com.mk [4] Проф. д-р. В. Гламочанин: Означување на енергетската ефикасност со етикети, ДААД Компетентен центар, Работилница А.1.7, Скопје 06.2007 [4] Online: http:// www. CEECAP.com/Guidelines/policy design [5] Online: http:// www.stat.gov.mk [6] G.Brauner, S.Fuerlinger, H.Haidvogl, " Potential for the efficiency improvment in the private sector", CIRED, 19 th International Conference on Electricity Distribution, Vienna, 21-24 May 2007 [7] Online: http//www.wrweb.com/energy/guidebook [8] Online: http//www.erc.org.mk