Најдобриот настан што може да се раскаже

Similar documents
A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Даниел, силен во Господа

Жан Калвин ( )

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Март Opinion research & Communications

СОВЕТИ З А П О Д О Б РА. с а б о т н а ш к о л а

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА ГРИЖИТЕ. Христијанска Црква Оаза во Република Македонија

Учењата на Исус Христос во

Редни броеви (или песни со посвета)

ВиГ ЗЕНИЦА Видое Смилевски-Бато 85/1-14 Скопје Upotreba čoveka Белград, Нолит, 1980

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Бенјамин Штајн ПЛАТНО

Структурно програмирање

Цркви ширум светот. Аламова Христијанска Нација ОГНЕНИ КОЧИИ. од Тони Аламо. минатото во војни, за трки бидеме спасени. Всушност,

Коисмение.Штозначиме.

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Миљенко Јерговиќ МАМА ЛЕОНЕ

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

Христови Патишта Исус Христос, духовност и Земја:

А што по бакнежот? Лорен Лејн. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ

Margina #19-20 [1995] okno.mk 1

Песната на речните птици Лиса Вингејт

ОЛИВЕР СЕРАФИМОВСКИ ГО ВДИШУВАШ МОЈОТ ЗБОР

ИЗДАВАЧКА КУЌА ХАРТ БУКС ПАБЛИШЕР

ЉУБОВТА ЗА АНА ЕКСКЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ

Таков сум - каков што сум: Не безгрешен, туку грешен, Гладен, страден, безутешен. Таков сум - како што сум, Немирен и смирен, недопирен,

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

Copyright за македонското издание Издавачка куќа Сакам книги, 2011 Сите права обезбедени и задржани во договор со DARLEY ANDERSON BOOKS

Dear Parents/Guardians,

Првиот последен бакнеж Али Харис

тим: Секулоска Вероника, Наумоска Ана, Балоска Ивана, Ристеска Георгина

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ГОСПОДИН НЕОДОЛИВ. Сузан Елизабет Филипс. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

Збогум, најмила. Кристин Хана. Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Издавачка куќа Готен Пролет 25, Скопје

На раб на лудило Б. А. Парис

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Сите права обезбедени и задржани во договор со Susan Elizabeth Phillips c/o The Axelrod Agency

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

Преглед на државите во Западна Африка

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ПРВ ДЕЛ ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС. Пакет за активирање на училиштата #ДЕЦАТАГИ ПРЕЗЕМААТУЧИЛИШТАТА СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Kратки и горко-слатки, инспиративни и мотивациони приказни за најважните работи во животот

Смислата на учењето на класичните јазици денес

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ.

Семејството и заедницата

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Ајде да одиме на работа. Текст: Илустрации: Брунел Марјан. Ауде. Манчек

Водич на мислителot за ЛОГИЧКИ ГРЕШКИ

Биланс на приходи и расходи

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Маргарет Атвуд ПРИКАЗНАТА НА РОБИНКАТА

Наоѓање на вербата. Продолжете да се смеете, Gregg Maughan Претседател, Форевер Ливинг Продактс. 2 Јануари

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

AGIA TRIADA - GREECE

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

ЕВХАРИСТИЈАТА НА ЦРКВАТА - ОСНОВА ЗА СЕВКУПНАТА БОГОСЛУЖБЕНА ПРАКТИКА *

ОСУ,,Св. Климент Охридски ЈУЖЕН БРАН. Година LVII. Списание на ОСУ,,Св. Климент Охридски Охрид. Покренувач и прв уредник Живко Чинго

Биланс на приходи и расходи

Пред улица Јамајка Саманта Јанг

YEARS. 25 години од донесување на "Конвенцијата за правата на детето" Д-р Срѓан Керим OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

ЖИВОТОТ Е ДОБАР АКО НЕ СЕ ОТКАЖУВАШ

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

Снежана Букал. Тајната на детето Иво

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

ТРАНЗИТОТ НА ВЕНЕРА 6 - ТИ ЈУНИ 2012 КОНЦЕПТ И ТЕКСТ : НИРУЏ МОХАН РАМАНУЏАМ ИЛУСТРАЦИИ: РЕШМА БАРВЕ ПРЕВОД: АЛЕКСАНДАР ШУЛЕВСКИ

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Грчкиот терор врз македонското население на Грција. Macedonia and the Ugly Human Rights Record of Greece

Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата

КВАЛИФИЦИРАНИ УБИСТВА СПОРЕД НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Тишина Џон Зерзан 2007

Жените и културното гето: балкански перспективи

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

СОДРЖИНА. 41.Кратка Биографија за Авторот

Transcription:

Најдобриот настан што може да се раскаже Текст: Илустрации: Рој Харисон Тим Шајри ВАЖНО! Илустрациите за овие серии можат да се купат од повеќето канцеларии на МЕД и онлајн продавници. За да најдеш список на канцелариите на МЕД, како и на онлајн продавниците, посети ја страницата www.teachkids.eu/mk и кликни на Локации. Издадено од: European CEF Kilchzimmer 4438 Langenbruck Switzerland www.cefeurope.com Copyright 2007 European Child Evangelism Fellowship Сите права се задржани. Употребено со дозвола. Смее да се умножува за лична, непрофитна и некомерцијална употреба. За комплетните детали во врска со правата посети ја страницата www.teachkids.eu/mk

Најдобриот настан што може да се раскаже Дополнителни нагледни помагала Запиши ги зборовите што посебно се нагласуваат во лекцијата: Христос умре и воскресна поради грешниците, на големо парче картон во боја, закачен на фланелографската табла. Можеш да го поставиш отстрана на фланелографската табла или во нејзиниот горен дел, додека го поучуваш почетниот дел од лекцијата. Потребен ти е голем календар за да го покажеш на почетокот и во две други пригоди во текот на лекцијата.

Најдобриот настан што може да се раскаже Најдобриот настан што може да се раскаже Библиски текст: Матеј 26:20-28:20 Марко 14:17 и 16:20 Лука 22:21-24:53 Јован 18, 19 Стих за учење напамет: Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот - Јован 3:16. Посебна нагласка (ПН): Христос умре и воскресна поради грешниците Примена (ПР): Поверувај во Христос за да те спаси од твојот грев Почеток: Празнични денови на календарот - Велигден Преглед на лекцијата Вовед Посебни денови на календарот - Велигден Развој на настаните 1. Исус им кажува на учениците дека тие ќе се разбегаат и дека Петар ќе се откаже од Него. 2. Тој се моли, а Петар, Јаков и Јован заспиваат. (ПН) 3. Толпата луѓе го одведуваат Господ Исус во куќата на врховниот свештеник. Грев - љубомора, омраза, лаги, несакање Исус да управува. (ПР) 4. Петар трипати вели дека тој не го познава Господ Исус. (ПН-ПР) 5. Војниците го повредуваат Исус. Лажен доказ. 6. Исус зборува со жените кои плачат. Гревот е сериозна работа. Денес е денот на спасение. 7. Симон е принуден да го носи крстот. 8. Исус е распнат на крстот. (ПН) - Исаија 53:4-6 9. Исус умира поради нас, а еден војник го прободува во ребрата. 10. Бог, Таткото, го воскреснува Исус од мртвите. 11. Жените го гледаат празниот гроб и еден ангел им се обраќа. Христос умрел поради сите наши гревови, дури и поради гревовите во нашиот христијански живот - ПР 12. Петар се среќава со воскреснатиот Спасител. Евреите 7:25 Кулминација: Исус Христос се вознесува на небото. Заклучок: Дали си подготвен да се сретнеш со Него?

Лекција Покажи го календарот Кога ќе погледнеш на календар, има некои посебни денови што се означени на него. Еден од тие посебни празници е Велигден. Во тоа време во годината, ние се потсетуваме како Господ Исус Христос умрел и воскреснал поради нас. Велигден не е само празник кога се добиваат велигденски јајца и време кога не одиме во училиште. 1. Господ Исус Една вечер, Господ Исус им кажал на Неговите ученици дека еден од нив ќе го предаде. Учениците се натажиле и еден по еден, Го прашувале: Да не сум јас? Да не сум јас? Истата ноќ, Господ ги извел учениците од градината Гетсеманија, на Маслиновата Гора. Тој им рекол: Сите вие ќе се разбегате поради Мене. Но откако ќе воскреснам, јас ќе отидам пред вас во Галилеја. Петар рекол: Никогаш Господе, никогаш! И другите ученици го повториле истото. Господ Исус потоа ги замолил Петар, Јаков и Јован да останат будни и да се молат, а Тој отишол да се моли насамо. И тројцата заспале, наместо да останат будни. Господ Исус се вратил и ги разбудил. Тој му рекол на Петар: Не можеш ли да останеш буден со мене еден час? Господ знаел што ќе се случи и Тој сакал Петар и другите да бидат подготвени и да се молат со Него. Но Тој требало да се моли насамо. Додека Господ Исус се молел, Тој повторно го видел големото страдање низ кое што требало да помине на крстот. Со тага во срцето Тој се молел: Татко нека биде Твојата волја. Додека се молел, почнале да му извираат големи, крвави капки пот. Господ Исус знаел дека треба да умре и да воскресне поради грешниците. Постави го картонот со зборовите со посебната нагласка Христос умре и воскресна поради грешниците Тој требало да умре поради гревовите на Петар, Јаков и Јован, иако тие не можеле да останат будни и да се молат со Него, иако тие ќе побегнеле и ќе Го напуштеле Него, иако Петар ќе се откажал од Него трипати. Каков прекрасен Спасител е Тој! Господ Исус три пати се одвојувал насамо и се молел, и трипати Тој се враќал и ги наоѓал Петар, Јаков и

Најдобриот настан што може да се раскаже Јован заспани. Одеднаш Господ Исус им рекол на Неговите ученици: Еве, дојде мигот да бидам предаден. 2. Стражари на храмот Голема толпа луѓе се приближувале кон нив со мечови и копја. Верските водачи ги испратиле да го фатат Господ Исус. Јуда го предал и им помогнал да го најдат вистинскиот човек. Господ Исус не се обидел да побегне. Тој знаел дека Божја волја е да биде фатен. Но Петар сакал да се бори со нив. Тој не се молел како Господ Исус: Татко, нека биде твојата волја. Наместо тоа, Петар го извлекол својот меч и силно удрил еден од луѓето кои дошле да го фатат Господ Исус. Тој за малку ќе го убиел човекот и со мечот му го исекол десното уво. Господ Исус му рекол на Петар: Остави го мечот! Зар не мислите дека јас можам да се молам и мојот Татко да испрати илјадници ангели да ми помогнат? И тогаш Господ направил уште едно чудо. Тој му го вратил увото на човекот и тој бил целосно исцелен. Нели тоа е прекрасно! Луѓето го зграпчиле Господ Исус и го одвеле со нив. Што направиле Петар и другите ученици? Биле толку исплашени што сите побегнале. Ниеден од нив немал храброст да остане и да го придружува Господ Исус. Петар најпосле се прикрил и го следел Исус оддалеку. Тие го одвеле Господ Исус прво во куќата на врховниот свештеник, за да се појави пред целиот совет на верски водачи. Тие луѓе го мразеле Господ Исус. Му биле љубоморни. Решиле да Го убијат. Се обиделе лажно да сведочат, кажувајќи лаги за Исус. Тоа потсетува на нас, нели! Бог во Библијата ни кажува како треба да живееме, но ние сме Му непослушни. Љубомориме на другите кои имаат подобри работи од нас. Имаме омраза во срцата и сакаме да ги повредиме. Кажуваме лаги. А што е уште полошо од тоа, ние не сакаме Господ Исус да управува со нашите срца и животи. Сепак, Господ Исус требаше да умре на крстот поради грешници како нас. Во куќата на врховниот свештеник, некои од луѓето почнале да Го плукаат Господ Исус. Му ги врзале очите и го удирале по лицето велејќи: Кажи ни кој те удри! 3. Петар си ги топли рацете крај огнот Што правел Петар за сето тоа време? Тој влегол во дворот и седел со луѓето кои го фатиле Господ. Петар си ги топлел рацете крај огнот. Се плашел дека и тој може да

биде приведен. Му се приближила една млада слугинка. Го видела Петар како се топли крај огнот и му рекла: И ти беше со Исус од Назарет. Петар ѝ одговорил: Не знам што зборуваш. И тој станал од крај огнот за да си замине и застанал на влезот. Токму тогаш запеал петел. Малку подоцна некој друг човек му рекол: Ти си еден од Неговите ученици, нели? Петар му одговорил: Не сум! Не го познавам човекот. По околу еден час некој друг човек му рекол: Ти сигурно си еден од нив. Те видовме во градината со овој човек? Ти си од Галилеја; се познава по твојот акцент при зборувањето. Петар третпат рекол: Не знам за што зборуваш. Тој почнал да се колне велејќи: Не го познавам овој човек. Токму тогаш петелот повторно запеал. Господ Исус се свртел и погледнал кон Петар. Петар се сетил на тоа што го рекол Господ: Пред петелот двапати да запее, ти трипати ќе кажеш дека не ме познаваш. Срцето на Петар се скршило. Зошто тој направил таква ужасна работа? Тој излегол надвор, и долго време плачел. Можел ли Господ некогаш да му прости за таков грев? Сепак, прекрасната работа е што Господ Исус дошол да умре и да плати дури и поради таквите гревови. Веројатно, некој те прашал за Исус Христос, а ти ништо не си му кажал. Се преправаш дека не знаеш. Дали некогаш си го ползувал името на Господа за колнење? Тоа е грев, бидејќи во Библијата пишува: Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог (Излез 20:7а). Господ Исус Христос дојде на земјата да умре и поради тоа. Откако погледнал кон Петар, Господ Исус бил одведен во палатата на гувернерот Понтиј Пилат. Иако Тој не направил ништо лошо, ниту кажал или помислил нешто лошо, Пилат ѝ Го предал Исуса на толпата и заповедал Господ Исус да биде распнат. Војниците се подбивале со Него. Му ставиле венец од трње на главата. Го удирале со стапови. Го плукале. Го камшикувале. Го удирале со раце. Ах, колку зли можат да станат луѓето, кога тие не го сакаат Господ Исус. Исус не им возвраќал. Тој не ги мразел тие луѓе. Тој ги сакал, иако тие толку многу го повредувале. Тој нѐ љуби и нас и покрај нашиот грев. Тој бил подготвен да умре за нас. Тие го одвеле Господ Исус да го убијат. Голема толпа луѓе ги следела.

Најдобриот настан што може да се раскаже 4. Плачот на жените Некои жени плачеле силно, кога го виделе Господ Исус толку претепан, со модрини. Господ Исус им рекол: Жени ерусалимски, не плачете за мене, плачете за вас и за вашите деца. Ќе дојдат тешки времиња кога ќе посакувате да умрете. Тие жени плачеле, бидејќи требало Исус да биде убиен. Со зборови не може да се искаже страдањето на Исус. Потребно е да сфатиш дека твојот грев го повредува Него. Гревот е многу голем и заслужува да биде казнет. Сѐ додека не се одвратиш од твојот грев и не поверуваш во Господ Исус, сам треба да си ја понесеш казната за твојот грев. Потребно е да побараш од Господ Исус да те спаси од твојот грев. Тој дојде да умре и воскресне за да спаси грешници. Покажи го календарот Постои еден посебен ден, што не е поинаку одбележан на овој календар. Тој ден е ДЕНЕСКА, бидејќи во Библијата пишува: Денес ако го чуете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца (Евреите 4:7), Еве, сега е погодното време, еве, сега е денот на спасението (2 Коринќаните 6:2). Можеби утрешниот ден никогаш нема да го дочекаш. Не одлагај да дојдеш кај Христос! Денешниот ден ќе биде најважниот ден во твојот живот, ако поверуваш во Господ Исус. Дали денеска ќе биде денот на твоето спасение? 5. Исус го носи Својот крст Додека луѓето го носеле Исус да го погубат, Му дале тежок, дрвен крст да го носи. Тој требало да го носи крстот на кој требало да умре. Каков ужасен срам требало да поднесе поради тебе и мене! Ние заслужуваме да бидеме осудени; но Тој ги зеде нашите гревови. Луѓето одвеле и двајца други мажи, крадци, да ги погубат заедно со Господ Исус. Тие требало да умрат поради лошите работи што ги направиле. Господ Исус не направил ништо лошо. Тој никогаш не требало да умре, бидејќи Тој бил единствениот Кој живеел совршен живот. Војниците и толпата народ биле собрани околу Господ Исус. Крстот бил тежок, а Господ Исус бил слаб по сето тепање и мачење што го претрпел. Тој се потсопнувал и паѓал поради тежината на крстот. Каде биле Неговите ученици тогаш? Зошто Петар или некој друг од учениците, не Му помогнале на Исус да го носи крстот? Се плашеле. Сите се разбегале. Петар дури трипати се одрекол од Господ Исус.

Еден човек по име Симон, токму тогаш поминувал таму. Тој бил од Киринеја, во Северна Африка. Војниците го фатиле и му рекле да го носи крстот на Господ Исус, додека тие Го воделе Исуса. Симон тогаш не знаел, но Господ Исус требало да умре на тој крст за да ја земе казната за сиот негов грев. Симон дознал за тоа подоцна. Ако тој тоа го дознаел порано, сигурен сум дека војниците не ќе требало да го присилат да го носи крстот. 6. Три крста Тие пристигнале на местото наречено Голгота. Било девет часот претпладне. На врвот на ридот, Симон го оставил крстот на земја. Свирепите војници го зеле Господ Исус и го положиле врз дрвениот крст. Заковале големи шајки низ Неговите стапала и низ Неговата лева и десна рака. Тие раце го исцелиле слепородениот човек и лепрозниот; тие раце ги благословувале децата. Тие раце правеле само добри дела. Кога војниците го распнале Господ Исус на крстот, Тој се молел: Татко, прости им, зашто не знаат што прават. Војниците ископале дупка во земјата, за крстот да стои исправен. Тие го подигнале крстот заедно со Исус Христос распнат на него. Со силни удари, го набиле крстот во земјата. Ах, какви болки биле тоа за Господ Исус! Ние сме тие кои заслужуваме да бидеме казнети, но Исус ја зеде казната за нашиот грев на крстот. Казна за гревот е да бидеш одвоен од Бог засекогаш. Таму на крстот, Господ Исус бил одвоен од Бог поради нас. Болката во неговите дланки и стапала и раните на грбот и главата биле ништо во споредба со болката што ја чувствувал во Своето срце, бидејќи Тој на крстот ја презел казната за нашите гревови врз Неговото тело (1 Петрово 2:24). Слушни што пишува во Библијата. Прочитај во својата Библија (Исаија 53:4-6) Тој беше ранет поради нашите гревови. Тој ја презел казната за сите наши гревови кога сме Му биле непослушни на Бог. Тој беше мачен поради нашите беззаконија - Тој страдал на крстот за секој наш грев кога не сме го правеле тоа што е исправно. Во Библијата пишува дека Бог го презеде врз Него гревот на сите нас. Поради нашиот грев, Тој бил казнет од Бог и мачен. Некој умрел за нас - Синот Божји, Господ Исус Христос. Ох, колку Тој нѐ љуби тебе и мене!

Најдобриот настан што може да се раскаже Во дванаесет часот, напладне, се стемнило. Бог ја заменил светлината со темнина цели три часа. Господ Исус ги презел нашите гревови на крстот, а Бог Таткото Го свртел Својот поглед од Него. Господ Исус викнал: Боже мој, Боже мој, зошто ме заборави? Тој станал грешник поради нас. Бог Го свртел Својот поглед од Него, бидејќи во Тој миг Исус станал грешник поради нас. Бидејќи Исус бил човек, Тој можел да умре наместо нас и бидејќи Тој бил Бог, тој можел да ја преземе казната за сите нас. Најпосле, во три часот попладне, Господ Исус викнал: Свршено е! Тој платил за сиот наш грев. Тогаш Тој му рекол на Неговиот небесен Татко: Татко, во твоите раце го предавам мојот дух. Господ Исус го дал Својот живот за нас. Темнината се подигнала. Откако Исус умрел, еден војник го прободел во ребрата со копје, па му потекле крв и вода. Кога истечува вода и крв, тоа значи дека човекот чувствувал длабока тага. Господ Исус умрел со скршено срце. Неговото срце било скршено бидејќи Тој го презел нашиот грев. Телото на Исус Христос било спуштено од крстот и положено во нова гробница - пештера што неодамна била издлабена во карпа. Потоа Јосиф и Никодим ставиле голем камен на отворот, за да го затворат влезот на гробницата. Но таа гробница и тој голем камен не можеле да го задржат телото на Господ Исус затворено. Третиот ден, по Неговата смрт, Бог направил големо чудо. Бог, Таткото, го воскреснал Исус Христос од мртвите. Тој го вратил повторно во живот телото кое било тепано и мачено, кое било распнато на крст. 7. Жените одат на гробот Во неделата, наутро, неколку жени влегле во гробницата каде што било положено телото на Господ Исус. Тие сакале да го намирисаат Неговото тело. Но Бог испратил ангели да го истркалаат каменот од влезот - да покажат дека гробницата е празна. Кога некој оди в затвор поради извршеното злосторство, откако ќе ја издржи казната за лошото дело што го направил, се пушта на слобода. Бог сакал да покаже дека Господ Исус платил за сиот нашиот грев, па така Тој го пуштил Исуса на слобода. Тој покажал дека Исус е Божји Син, Кој платил за сиот наш грев. Жените виделе дека гробницата е празна. Марија Магдалена не чекала со другите жени туку веднаш истрчала да им каже на учениците дека телото на Господ Исус го нема. 10

Таа не го слушнала ангелот кој ѝ кажал на другата жена: Го барате Исус распнатиот. Тој не е овде. Тој воскресна. Одете и кажете им на учениците и на Петар дека Тој ќе се сретне со вас во Галилеја. Ангелот рекол да му кажат и на Петар. Подоцна, кога жената му ја кажала таа порака на Петар, тоа него сигурно го охрабрило. Петар го изневерил Господ Исус, но Исус сѐ уште го сакал и бил подготвен да му прости. Ако си христијанин, можеби се сеќаваш на нешто лошо што си го направил во твојот христијански живот. Можеби твојот учител ги прашал учениците од твоето одделение дали некој навистина верува во сето тоа што го пишува во Библијата, а ти си се исплашил да кажеш дека веруваш во тоа. Си се засрамил да застанеш зад Господ Исус и зад Неговото Слово. Запомни, Тој сѐ уште те љуби и е подготвен да ти прости. Тој умрел поради сите твои гревови, дури и за гревовите во твојот христијански живот. Кажи му на Господ Исус за она што си го направил и дека ти е жал за тоа. Тој ќе ти прости. Во Библијата пишува: Оној што ги исповеда и ги напушта своите гревови, ќе биде помилуван (Поговорки 28:13). А Господ ги исполнува сите Негови ветувања. 8. Петар се среќава со Господ Исус (Лука 24:34; 1 Коринќаните 15:5). Во Библијата пишува дека Господ Исус по Неговото воскресение се сретнал со Петар. Петар Го видел и зборувал со Него. Неговиот Спасител бил жив. Тој сѐ уште имал траги од шајките на дланките и стапалата. Ребрата сѐ уште му биле прободени, на местото каде што војникот му го забодел копјето. Но тоа било прекрасно, воскреснато тело со кое Господ Исус ќе се врател на небото. Тоа тело можело да излезе од гробницата, пред каменот да биде истркалан од влезот. Тоа тело можело да влезе во горната соба, каде што биле собрани учениците, дури и кога вратите биле заклучени. Преку воскресението на Господ Исус, ние кои веруваме во Него, еден ден ќе имаме тела како Неговото, кога Тој ќе се врати. Какво ли големо чудо било тоа кога Бог го воскреснал Исус од мртвите! Бидејќи Господ Исус е жив во Библијата пишува дека: Тој може да ги спасува за вечни векови тие кои преку Него доаѓаат кај Бог (Евреите 7:25). Ако сакаш, ти можеш да дојдеш кај Исус денеска. Можеш да Му кажеш: Господе Исусе, згрешив. Ти благодарам што умре на крстот поради мене. Те молам, спаси ме од гревот. Преземи ја контролата 11

Најдобриот настан што може да се раскаже 12 во мојот живот. Ако сакаш повеќе да ти објаснам како можеш да дојдеш кај Христос за да бидеш спасен, по часот можеш да дојдеш и да седнеш во првиот ред. Ако те видам дека седиш таму по часот, ќе ти објаснам од Библијата како да се спасиш. Ти само треба да отидеш и да седнеш таму, ако ти е потребна помош за ова важно прашање. Господ Исус се сретнал со учениците повеќепати во Ерусалим и во Галилеја. По четириесет дена откако Бог Го воскреснал од мртвите, Господ Исус се сретнал со учениците последен пат. Тоа било на Маслиновата Гора, надвор од Ерусалим. Тој им рекол дека тие треба да одат и да им кажуваат на другите луѓе за радосната вест. Тој ги подигнал рацете за да ги благослови и во тој миг бил вознесен на небото. 9. Небо (Постави го на десната страна на таблата.) Нашиот воскреснат Спасител сега е таму со сета Негова слава. Тој се моли за сите оние кои поверувале во Него, како во нивни Господ и Спасител. Тој отишол да подготви место за нас. 10. Небо (Постави го на левата страна на таблата.) Ние денес зборувавме за Петар и што се случило со него пред и по смртта и воскресението на Господ Исус. Но во оваа лекција најмногу поучувавме за Господ Исус Христос (покажи на силуетата). Тој е Оној Кој умрел и воскреснал поради грешниците како Петар и грешниците како што сме ти и јас. Тој е Оној Кој ветил дека повторно ќе дојде да ги одведе на Небото, сите оние кои поверувале во Него. Дали си подготвен да се сретнеш со Него? Ако Тој повторно дојде на земјата денес, дали си сигурен дека ќе отидеш да бидеш со Него на небото? Можеш денеска да поверуваш во Господ Исус Христос и да побараш од Него да те спаси. Ние не знаеме во кој ден Господ повторно ќе дојде. Во Библијата пишува: А за тој ден и час, никој не знае (Матеј 24:36). Но еден ден во оваа година или во некоја друга година (покажи на календарот) Тој повторно ќе се врати. Можеш да побараш да те спаси додека сѐ уште има време за тоа. Во Библијата пишува: Затоа и може да ги спаси за вечни векови тие кои преку Него доаѓаат кај Бог (Евреите 7:25). Поверувај во Христос за да те спаси од гревот и да те направи тоа што Тој сака да бидеш.