ПРЕДМЕТ: Посебен извештај за состојбите во Привремениот транзитен центар Табановце

Similar documents
ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОСЕТА НА ПРИВРЕМЕНИОТ ТРАНЗИТЕН ЦЕНТАР ТАБАНОВЦЕ

Март Opinion research & Communications

Планот за акција е подготвен според Минималниот Основен Пакет за Услуги 1 (МОПУ) за СРЗ при итни и кризни состојби и катастрофи

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Биланс на приходи и расходи

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Биланс на приходи и расходи

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

РОДОВИ АСПЕКТИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЗАШТИТА НА БЕГАЛЦИ И МИГРАНТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Права и обврски на пациентите

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

МИ КРО БИ О ЛО ШКИ КРИ ТЕ РИ ЈУ МИ ЗА ХРА НУ

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Опиоиди во палијативен третман: Сигурно и ефикасно препишување на силни опиоиди за третирање на болка при палијативен третман кај возрасни пациенти

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Структурно програмирање

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Број јануари 2015, среда година LXXI

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ ВО 2015 ГОДИНА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

Министерство за здравство

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

БИЛТЕН. за семејно планирање. Почитувани пратенички и пратеници во Собранието на Република Македонија,

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

март - јуни 2006 година

Стратегија за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Коисмение.Штозначиме.

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА

СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО НЕПРИДРУЖУВАНИ ДЕЦА - СТРАНЦИ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

Издавач: Фондација Oтворено општество-македонија. За издавачот: Фани Каранфилова-Пановска. Уредници: Сузана Пецаковска Споменка Лазаревска

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

SË BASHKU PËR ARDHMËRINË E KOMUNËS ВКЛУЧИ СЕ NË FORUMET NË BASHKËSI ЗЕЛС ZELS INKUADROHU ВО ФОРУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Преглед на државите во Западна Африка

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

КОН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА. 1. Воведни забелешки- ги земаме ли правата и полицијата сериозно?

Transcription:

ПРЕДМЕТ: Посебен извештај за состојбите во Привремениот транзитен центар Табановце Согласно Законот за народниот правобранител ( Службен весник на РМ бр. 60/03 и 114/2009), покрај останатите надлежности, Народниот правобранител има овластување да следи дали се почитуваат и заштитуваат уставните и законските права на лицата во органите, организациите и установите во кои е ог рани чена слободата на движење. Народниот правобранител како Национален превентивен механизам има мандат утврден со Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друго свирепо, нечовечко или понижувачко постапување, кој овозможува да врши посети во местата на лишување од слобода и местата на задржување и со увид во материјалните услови и третманот, да ги идентификува ризиците за ра ди спречување на тортура и друг вид сурово и нечовечко постапување или каз ну вање. Согласно овластувањата, на 20. 05. 2016 година, Националниот превентивен механизам изврши ненајавена посета на Привремениот транзитен центар Табановце, со цел утврдување на третманот врз лицата сместени во овој Цен тар. Притоа, обрнувајќи особено внимание врз степенот на остварувањето на пра вата на овие лица, загарантирани со националните закони и меѓународни акти, осо бено со Женевската конвенција за статусот на бегалците од 1951 година. Посетата се состоеше од увид врз материјалните услови во Центарот, сред би со одговорните службени лица и со претставници на меѓународните и невладините организации, од што се дојде до сознание за нивната организациска поставеност и функционална надлежност. Притоа, беа направени и неколку не посредни разговори со лица сместени во Центарот, при што Националниот пре вентивен механизам дојде до информации за третманот врз нив и за (не)- можноста за пристап до постапката за признавање на правото на азил. 1

1. Организациска поставеност и функционална надлежност на органите и организациите во Привремениот транзитен центар Табановце Во Привремениот транзитен центар постојано се присутни повеќе органи и организации со поделени надлежности, кои преку заедничка комуникација и коор динација учествуваат во раководењето и управувањето со Центарот. Раководењето, односно менаџирањето со Привремениот транзитен центар е во надлежност на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Претставници на ЦУК во Транзитниот центар се присутни 7 дена во неделата, најчесто од 8:00 до 22:00 часот со тројца претставници во смена, од кои 1 (еден) раководител и 2 (двајца) помошници, често и преведувач. Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во координација со ЦУК, се грижи за целокупното функционирање на Центарот, вклучувајќи ги одржу вањето на хигиената и обезбедувањето храна. Претставниците на МТСП на терен се присутни 24 часа, во две смени по 12 часа. Вкупниот персонал ангажиран во Центарот брои 10 (десет) вработени, од кои 2 (двајца) одговорни работници, 4 (четворица) административни и 4 (четворица) социјални работници, кои се распределени во група од по 1 (еден) одговорен, 2 (двајца) административни и 2 (двајца) социјални работници во смена. За одржување на хигиената во Тран зитни от центар Табановце од страна на МТСП се ангажирани 24 лица. Министерството за внатрешни работи (МВР) е надлежно за обезбедување на сигурноста, редот и дисциплината кај лицата и објектите во рамките на Привре мениот транзитен центар. Претставници на МВР, исто така на терен се присутни 24 часа во две смени по 12 часа. Бројот на присутен персонал на сме на е варијабилен, од 5 (пет) до 9 (девет) претставници во смена, зависи од по тре бите. Здравствената заштита во Привремениот транзитен центар е во организација на Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и Црвениот крст на Република Македонија. Медицинската екипа присутна во смена се состои од 1 (еден) доктор, 1 (една) сестра и 1 (еден) возач, а смената трае 12 часа. Медицинската помош во Центарот е достапна 24 часа. Извршителите на здравствената заштита ангажирани во Центарот се црпат од два извори преку Project hope, проект на ангажирани луѓе преку Министерството за здравство и преку вработени претставници од здравствените домови, и тоа Здравствен дом Куманово, Здравствен дом Крива Паланка, Здравствен дом Кратово и Здравствена станица Липково. Покрај погоре наведените претставници ангажира ни на терен преку Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, за здравствената заштита во Центарот ангажирана е и екипа претставници на Цр вениот крст, кои, исто така се сместени во посебен контејнер во Центарот, 24 часа во две смени по 12 часа, а медицинската екипа во смена се состои од 1 (еден) доктор, 1 (еден) парамедик и 1 (еден) преведувач (ангажиран само во една смена). Оттука, вкупниот персонал ангажиран од Црвениот 2

крст брои 2 (двајца) доктори, 2 (двајца) парамедици и 1 (еден) преведувач. Од меѓународните организации активни во доделување помош во При време ниот центар Табановце, покрај UNHCR (УНХЦР) присутни беа и International organisation for migration IOM (ИОМ), UNICEF (УНИЦЕФ) и СОС Детско село. Во надлежност на ИОМ е да им излезат во пресрет на мигрантите кои сакаат да се вратат во сопствените земји, додека пак УНИЦЕФ и СОС Детско село се одго ворни за одржување на просторијата за згрижување на деца. Претставниците на ИОМ располагаат со 15 (петнаесет) лица, мобилна екипа, кои на теренот се при сутни во една смена што трае 12 часа и со 5 (пет) лица во смена. Додека пак, во детската просторија има по 6 (шест) лица во смена, претставници одговорни за негата и грижата за децата, а притоа има и 5 (пет) раководители и 1 (еден) преведувач. Просторијата е отворена 24 часа и функционира во три смени по 8 часа. Персоналот во градинката е во надлежност на СОС Детско село. Од невладиниот сектор, во Привремениот транзитен центар Табановце при сутни се претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Легис. Претставниците на МЗМП на терен се сместени и присутни 24 ча са, а распределени во три смени и најчесто во првата и втората смена има по 1 (еден) правник и 1 (еден) преведувач, а во третата ноќна смена, само правник. Додека пак, екипата на невладината организација Легис е мобилна и најчесто присутна на терен во период од 11.00 до 19.00 часот и истата брои 10 (десет) редовно ангажирани лица за помагање во Центарот и 14 (четиринаесет) волонтери. Од редовно ангажираните и волонтерите, во една смена / посета во Центарот вообичаено се присутни по 7 (седум) лица. 2. Затекната состојба во Привремениот транзитен центар Табановце Тимот на Националниот превентивен механизам постапувајќи согласно Методологијата за вршење превенција од тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, изврши увид во Привремениот транзитен центар Табановце. Материјални услови и актуелна состојба Привремениот транзитен центар Табановце располага со 47 (четириесет и седум) контејнери, 36 (триесет и шест) Икеа модули куќички, 3 (три) шатори рапколи, 1 (еден) шатор топла кујна, 1 (еден) дистрибутивен центар, 1 (еден) централен главен магацин на кампот, 4 (четири) тоалети со по 10 3

(десет) тоалетни единици, 2 (две) туш кабини, 1 (една) разладна комора и 1 (еден) контејнерски магацински модул. Овие податоци се официјално потврдени и преку увид во самиот Центар и преку официјалниот документиран Попис на сите средства кои се наоѓаат во Транзитниот центар Табановце (објекти, инфраструктура и материјално технички средства), воден од Центарот за управување со кризи. Центарот располага со топла во да 24 часа дневно, но спо ред добиените информации не до стасува вода за пиење. Транзитниот центар има смес тувачки капацитет за 1.000 (ил јада) лица, а на денот на посетата беше невозможно да се дојде до податок за точниот број на присутни лица, од причина што наводно никој од органите одговорни за управување и раководење со Центарот не поседува вакви евиденции. Органите одговорни за водење на овие евиденции меѓусебно ја префрлуваа одговорноста. Според неофицијалните податоците добиени од претставниците на Министерството за 129 1 74 3 внатрешни работи, на денот на посетата Цен тарот броеше 207 (двесте и седум) ли ца, од кои 129 (сто дваесет и девет) од Сирија, 74 (седумдесет и четири) од Авга нистан, 3 (три) од Иран и 1 (едно) лице од Ирак. Лицата присутни во Транзитниот цен тар се пребројуваат само при доделувањето на оброците и на таков начин се дознава колку лица го напуштиле Центарот. Дури и неофицијалната дневна бројка на денот на посетата ко ја ја доби Националниот превентивен механизам од претставникот на МВР била добиена во координација меѓу МВР и МТСП и е добиена како резултат на пребројувањето за време на појадокот. И покрај инсистирањето на тимот на Националниот превентивен механизам и повикувањето на мандатот на На родниот правобранител, сепак пристапот до официјалната евиденција што се од несу ва на бројот на присутни лица во Центарот (категоризирани по возраст, пол, да тум на пристигнување и слично) беше оневозможен. 4

Обезбедување на храна Набавката и дистрибуцијата на храната е обезбедена од страна од Минис терството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Република Маке донија, за разлика од претходниот период во кој храната беше обезбедена пре ку донации на невладиниот сектор. Менито се состои од три оброци дневно и дистрибуцијата и набавката на оброците е сразмерно поделена помеѓу МТСП и Црвениот крст. Набавувачот на храна и менито се идентични со оние од При време ниот транзитен центар Винојуг Гевгелија. Националниот превентивен механизам доби информации дека лицата сместени во Центарот не се задоволни од храната, што патем не отстапува од листата на дневното мени, но добиена е информација дека еден оброк чини 600,00 денари и истиот според квалитетот и количеството не одговара на цената. Активности на невладиниот сектор и на меѓународните организации Преку разговорите со претставниците на невладиниот сектор, Национал ни от превентивен механизам дојде до сознанија дека за секоја донација на дополнителна количина храна, облека, обувки, хигиенски продукти и сл., неопходна е согласност од органите и организациие надлежни за организирање и упра вување со Центарот (ЦУК, Министерство за труд и социјална политика, Црвен Крст на РМ). Македонското здружение на млади правници им помага на лицата сместени во Центарот, на начин што им обезбедува правна помош и ги советува за нивното право на пристап до постапката за признавање на право на азил. Претставниците на невладината организација Легис со своето теренско при сус тво во Привремениот транзитен центар, помагаат преку донирање на храна, облека, обувки и лекови, а во нивна организација и донација се и спортски те и рекреативните активности во Центарот. Одговорните претставници од Легис имаа забелешки во однос на начинот на распределување на донациите што тие ги доделуваат, односно се сомневаат дека донираната храна и облека се злоупотребува и не се упатува до лицата за кои е наменета. Но, од неодамна овој проблем се решава на начин што организациите - донатори и одговорните органи заедно ги дистрибуираат средствата за помош на бегалците. Во Транзитниот центар во организација на УНИЦЕФ и СОС Детско село опстојува и просторија за згрижување на деца на возраст до 10 години. За бројот на деца кои ја користат оваа детска просторија се водат Извештаи, според кои на денот на посетата во градинката имало 119 деца. Во оваа просторија за згрижување деца се организираат активности за психосоцијална поддршка, едукативни и рекреативни активности, учење јазици и сл. Просторијата за згрижу вање деца на најмала возраст е отворена / достапна 24 часа. 5

Здравствена заштита Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и Црвениот крст на РМ се одговорни за здравствената заштита во Центарот. Во поглед на здравствената заштита беше констатирано дека Амбулантата е снабдена со потребните лекови и опрема, уредно се води евиденцијата на лица кои побарале редовна и итна медицинска помош. Лекарскиот персонал активен на терен изрази потреба од поголеми количини вода, неопходна за непречено овозможување на здравствената заштита, како и ладилник како дел од лекарската опрема за чу вање на одредени медикаменти. Како што и понапред беше споменато, медицинската екипа на теренот е присутна 24 часа, а ова се практикува од 08 март оваа година заради зголемување на потребите од медицинска помош, како резултат на актуелните состојби со наплив на бегалци. Националниот превентивен механизам наиде на одлична соработка со меди цинските екипи присутни во Центарот и беше овозможен непречен и целосен при стап до сите материјали и информации потребни за увидување на фактичката со стојба, тргнувајќи од преглед на физичките услови во кои Амбулантата оп стојува, набавената опрема и медикаменти, до увид во евиденцијата на сите лица врз кои се интервенирало со каква било медицинска помош. Вакви увиди во евиденцијата извршени се и во Амбулантата на претставниците на Јавното здравје и во евиденцијата на претставниците на Црвениот крст. Од евиденциите и разговорите Националниот превентивен механизам констатира дека во моментов нема епидемии и проблематични заболувања, но неодамна имало појава на шуга, вошливост и варичела. За ваквите состојби биле преземени потребните мерки и истите се санирани. Постои и посебен контејнер / куќарка за инкубација и според кажувањата на медицинските лица, задо волени се условите за справување со вакви епидемии. Според состојбата на денот на посетата, во Центарот имаше 1 (едно) лица заболено од дијабет и е под со одветен медицински третман, како и соодветен третман со исхрана. Имало до сега неколку случаи по разни основи за итна медицинска помош и надвор од Центарот, истата била преземена, а тоа укажува на задоволувачки услови за упатување на пациентите надвор од Центарот, на специјалист или на посебна итна медицинска помош. Секако, медицинските екипи располагаат и со 1 (едно) соодветно медицинско возило на смена. Покрај вообичаените прегледи и третмани, во Центарот се преземаат и покрупни хигиенски и заштитно медицински акции. Во периодот од 19 до 24 април оваа година кога во Центарот биле сместени над 600 (шестотини) лица, било спроведено вакцинирање на точно 604 (шестотини и четири) лица со полио вакцина. Во Центарот редовно се прават анализи на водата и епидемиолошки увиди, а два пати дневно се врши и дезинфекција, што опфаќа и дератизација и дезинсекција. 6

Пристап до правото на азил Од разговори со претставници на Македонското здружение на млади правни ци, како и од непосредно извршените разговори со три лица од Сирија кои из разија јасна намера за поднесување барање за признавање право на азил, Националниот превентивен механизам доби сознанија дека на овие лица им е оневозможено да поднесат барање за признавање право на азил, со разни образложенија (во смисла, повторно да размислат и да се преиспитаат дали навистина сакаат да поднесат барање за признавање право на азил, како и честите наводи од полициските службеници дека треба да се консултираат со раководните службени лица во однос на овозможување на поднесување на бара ње за остварување на правото на азил). Народниот правобранител Национален превентивен механизам констатира дека бројот на згрижени лица во Привремениот транзитен центар постојано се намалува, така што за разлика од првичната бројка од над 1.200 (илјада и двесте) лица кои беа присутни во месец јануари, при посетата беше констатирана бројка од само 207 (двесте и седум) лица. Од добиените информации произле гува дека ниту еден орган не води евиденција (или пак намарено не му се до ставуваат податоци на Народниот правобранител), колку лица и на каков начин го напуштаат Центарот, а не се единствени и по однос на прашањето дали Привремениот транзитен центар е од затворен или од отворен карактер. Воспоставената пракса говори дека лицата сместени во Центарот постојано го напуштаат оградениот простор без да бараат некаква посебна дозвола, а за тоа надлежните органи не водат никаква официјална евиденција. Националниот превентивен механизам, исто така доби информација дека во периодот од 15 до 29 април бројката на мигранти / бегалци била значително намалена така што од згрижените 600 700 (шестотини седумстотини) мигранти / бегалци во моментот во Центарот престојуваат околу 200 (двесте) лица (за што не постои официјална евиденција). Од информациите добиени од невладините организации, Националниот превентивен механизам дојде до сознание дека токму во тој период од страна на Центарот за управување со кризи бил донесен За клучок, со кој било ограничено присуството на дел од организациите на невлади ниот сектор во ноќните часови. КОНСТАТАЦИИ 1. Слаба е соработката и координацијата помеѓу надлежните органи и организации кои раководат со управувањето и организирањето на Центарот. 2. Националниот превентивен механизам беше попречен од претставниците на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи да изврши непосреден увид во листата за евиденција на присутни лица во Центарот. 7

3. Министерството за внатрешни работи ги попречува бегалците/мигрантите во намерата да поднесат барање за остварување на правото на азил. На теренот нема претставници од Секторот за азил кои би ги информирале бегалците / мигрантите за пристапот до ова право. 4. Никој не води официјална евиденција за бројот на пристигнати лица и лица кои го напуштаат Центарот (категоризирани по возраст, пол, датум на пристигнување и слично), ниту пак некој од надлежните органи врши евиден тирање на лицата кои секојдневно повремено излегуваат и влегуваат во Центарот. 5. Недостасува соодветна медицинска опрема, односно вода за медицинска упо треба и ладилник за чување на медикаментитите во мобилната амбуланта на Министерството за здравство. 6. Постојат пропусти во распределбата и дистрибуцијата на донираните предме ти (облека, обувки, храна, медицинска помош и сл.). ПРЕПОРАКИ 1. Неопходна е подобра и поефективна соработка и координација меѓу органите кои управуваат и раководат со Привремениот транзитен центар. 2. Поголема кооперативност на теренските претставници на надлежните органи и организации и овозможување непречен увид на Национален Превентивен механизам во листата за евиденција на присутни лица во Центарот. 3. Министерство за внатрешни работи да обезбеди присуството на претставници од Секторот за азил во Привремениот транзитен центар со цел информирање за правото на поднесување барање за признавање на правото на азил и да се овозможи непречен пристап до постапката. 4. Да се води официјална и ажурна евиденција за бројот на пристигнати лица и лица кои го трајно или повремено го напуштаат Центарот (категоризирани по возраст, пол, датум на пристигнување и слично). 5. Министерството за здравство да обезбеди неопходна медицинска опрема и ладилник за чување на медикаменти, додека надлежните за инфраструктурата во Привремениот транзитен центар да спроведат и овозможат постојан пристап до вода за медицинските потреби. 6. Надлежните органи да обезбедат поголема транспарентност во дистрибуцијата на донираните средства. 8