Што е ментална болест?

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ПРИРАЧНИК. за промовирање на ментално здравје на деца под ризик MАРИЈАНА МАРКОВИЌ ЕЛЕОНОРА СЕРАФИМОВСКА

Health South Eastern Sydney Local Health District

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Сакај го своето срце. Брз водич што ќе ве поддржи додека закрепнувате од срцева болест. Во болница. План за закрепнување. Заминување од болница

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Коисмение.Штозначиме.

Семејството и заедницата

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Опиоиди во палијативен третман: Сигурно и ефикасно препишување на силни опиоиди за третирање на болка при палијативен третман кај возрасни пациенти

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Структурно програмирање

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Психози и шизофренија кај деца и кај младинци

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

МОТОРНАТА ПИСМЕНОСТ СО ОСВРТ НА ФИЗИЧКАТА ПИСМЕНОСТ И ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ МОТОРНИ СПОСОБНОСТИ КОИШТО СЕ ВЕЖБААТ ВО ФИЗИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ

Фросина Денкова. Кратка содржина

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Биланс на приходи и расходи

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

REVIEW OF SPECIAL EDUCATION PROGRAMS IN JORDAN: CURRENT PRACTICES, CHALLENGES, AND PROSPECTS

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

ЗАВИСНОСТА МЕЃУ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ, МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРАВЕЊЕ ИЗБОР И ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ИДНИНАТА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Штип. Кристина Анчевска

Биланс на приходи и расходи

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова

INTELLECTUAL PROPERTY

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

ПОТВРДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

ПАЛИЈАТИВНО ЗГРИЖУВАЊЕ ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

J.Z.U. Centar za javno zdravje-skopje. Republika Makedonija. Скопје, 2017 година

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Фамилијарен карцином на дојка

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

AGIA TRIADA - GREECE

Обука за менаџирање на стрес на работно место

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Task Force Education And Youth

НЕГА И ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО ЦЕРЕБРОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО ПЕРИОД ОД ГОДИНА ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Остеопороза: проценка на ризик од остеопоротична фрактура

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

Преглед на државите во Западна Африка

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

КАКО ДА СТАНАТ ВАЖНИ ДОКАЗИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊАТА

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Спречување стрес на работното место

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

Жените и културното гето: балкански перспективи

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА менаџмент. Штип. Александар Јакимов

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

Стратегија за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем

КНИГАТА И БИБЛИОТЕКАТА МОСТОВИ КОН НЕНАСИЛНА КОМУНИКАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ ЗБОРНИК НА СТРУЧНИ ТРУДОВИ. Битола, 2016.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА. Математичко-информатичко образование. Добрила Јовановска

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Transcription:

Macedonian Што е ментална болест? (What is mental illness?)

Што е ментална болест? Скоро секој петти Австралиец ќе се разболи од ментална болест и повеќето од нас ќе искусат ментални здравствени проблеми во некој период од животот. Менталната болест е општ термин кој се однесува на група на заболувања, на истиот начин на кој срцевото заболување се однесува на група на заболувања и нарушувања на срцето. Менталната болест е здравствен проблем кој значително влијае на начинот на кој човекот се чувствува, размислува, однесува и комуницира со другите луѓе. Таа се дијагностицира според стандардизирани критериуми. Терминот ментално растројство исто така се однесува на овие здравствени проблеми. Менталните здравствени проблеми исто така може негативно да влијаат на начинот на кој размислува, се чувствува и однесува човекот, меѓутоа во помал степен во однос на менталната болест. Менталните здравствени проблеми се јавуваат почесто и вклучуваат нарушување на менталното здравје кое може да биде привремено како реакција на притисоците во животот. Менталните здравствени проблеми се помалку сериозни од менталните болести, меѓутоа тие може да се развијат во ментална болест ако со нив не се постапува ефикасно. Менталните болести носат големо измаќување за лицата кои се заболени од нив и нивните семејства и пријатели. Освен тоа, се чини дека овие проблеми се зголемуваат. Според Светската здравствена организација (World health Organization), депресијата ќе стане еден од најголемите здравствени проблеми во светот до 2020та година. Видови на ментални болести Постојат различни видови и степени на сериозност на ментални болести. Некои од главните видови се депресијата, анксиозноста, шизофренијата, биполарното растројство на расположението, растројства на личноста и нарушување во исхраната. Најчестите видови на ментални болести се анксиозните и депресивните растројства. Иако секој човек понекогаш чувствува голема напнатост, страв или тага, менталната болест е присутна кога овие чувства стануваат вознемирувачки и неиздржливи во толкава мера што луѓето имаат големи тешкотии да се соочуваат со секојдневните активности, на пример, со работата, да уживаат во слободното време и да ги одржуваат врските со другите луѓе. Луѓето со депресивно растројство во најекстремен облик може да не бидат во состојба да станат од кревет или физички да се грижат за себе. Лица со одредени видови на анксиозно растројство може да не се во состојба да излезат од дома, или може да имаат компулзивни ритуали кои им помагаат да ги намалат нивните стравови. Поретко се јавуваат ментални болести кои може да вклучуваат психоза. Во овие болести се вклучуваат шизофренијата и биполарното растројство на расположението. Лицата кои имаат акутни епизоди на 2/6

психоза губат контакт со реалноста и го сфаќаат нивниот свет на ненормален начин. Нивната способност да ги разбираат мислите, чувствата и светот околу нив е сериозно засегната. Психотската криза може да вклучува заблуди, на пример, лажно верување дека лицето е прогонувано, чувство на грижа или заблуда за сопствената големина. Таа може да вклучува халуцинации, при кои лицето гледа, слуша, мириса или вкусува работи кои не постојат. Епизодите на психоза може да ги застрашуваат и збунуваат другите луѓе. Луѓето кои не се запознаети со вакво однесување, тешко можат да го разберат. Лекување на менталните болести Повеќето ментални болести може ефикасно да се лекуваат. Важно е да се препознаат раните знаци и симптоми на менталната болест и да се изнајде ефикасно лекување. Колку порано ќе се започне со лекувањето, толку подобри ќе бидат резултатите. Епизодите на ментална болест доаѓаат и поминуваат во текот на различни периоди во животот на луѓето. Некои луѓе имаат само една епизода на болеста и после тоа целосно заздравуваат. Кај други, болеста се повторува во текот на нивниот живот. Ефикасните видови на лекување може да вклучуваат земање лекарства, когнитивни и бихевиористички психолошки терапии, психосоцијална поддршка, рехабилитација за психијатриска онеспособеност, избегнување на факторите на ризик, на пример, штетно користење на алкохол и други видови на дрога и учење на стратегии за самоконтрола. Лицето кое има ментална болест ретко може да ги отстрани симптомите само со јака воља. Не е корисно во никаков поглед да му се предложи тоа. На луѓето со ментална болест им се потребни истото разбирање и поддршка која ја добиваат луѓето кои имаат физичка болест. Менталната болест не се разликува таа не е болест за која некој треба да се окривува. Луѓето со ментална болест може да бидат изложени на ризик од штетно користење на алкохол и други видови на дрога. Тоа повеќе го осложнува лекувањето, затоа неопходно е ефикасно да се контролира користењето на алкохол и други видови дрога. Кај луѓето со ментална болест се зголемува ризикот од самоубиство, посебно брзо после поставувањето на дијагнозата или излегувањето од болница. Приказни, недоразбирања и факти за менталната болест Менталната болест е опкружена со приказни, недоразбирања, негативни стеротипни претстави и сфаќања. Како последица од тоа, луѓето со ментална болест, нивните семејства и негуватели јавно се осудуваат, дискриминираат и иозолираат. Чести прашања за менталната болест се: Дали менталните болести се вид на интелектуална онеспособеност или оштетување на мозокот? 3/6

Не. Тие се болести како и сите други, како на пример, срцевото заболување, шеќерната болест и астмата. Сепак, обичајот на лицата со физичка болест да им се нуди сочувствување, поддршка и цвеќиња често им се ускратува на оние кои имаат ментална болест. Дали менталните болести се неизлечливи и доживотни? Не. Со соодветно и навремено лекување, многу луѓе целосно заздравуваат и кај нив не се јавуваат понатамошни епизоди на болеста. Кај други луѓе, менталната болест може да се повторува во текот на нивниот живот и постојано да треба да се лекува. Ова е исто како и при многу физички болести, на пример, шеќерната болест или срцевото заболување. Како и овие долготрајни болести, менталната болест може да се контролира така да поединците можат да го живеат животот во целост. Иако некои луѓе стануваат онеспособени како последица на постојаната ментална болест, многумина кои поминуваат дури и низ многу сериозни епизоди на болеста имаат целосен и продуктивен живот. Дали луѓето се раѓаат со ментална болест? Не. Склоноста кон некои ментални болести, на пример кон биполарно растројство на расположението, може да е наследна во некои семејства. Меѓутоа, други луѓе заболуваат од ментална болест без да имаат семејна историја за тоа. Многу фактори придонесуваат за заболување од ментална болест. Тие ги вклучуваат напнатоста, загуба на близок, раскинување на врската со партнерот, физичко и сексуално злоставување, невработеност, друштвена изолираност и сериозна физичка болест или онеспособеност. Нашето разбирање на причините за ментална болест се подобрува. Дали секој може да заболи од ментална болест? Да. Всушност, дури секој петти Австралиец може да заболи од ментална болест во некоја фаза од животот. Сите луѓе се склони на ментални здравствени проблеми. Многумина се чувствуваат попријатно со идејата дека имале 'нервен слом', не ментална болест. Меѓутоа, важно е отворено да се зборува за менталната болест, затоа што тоа го намалува срамот и им помага на луѓето да побараат навремено лекување. Дали луѓето со ментална болест обично се опасни? Не. Ова лажно сфаќање е причината за некои од најштетните стереотипни претстави. Луѓето кои имаат ментална болест ретко се опасни. Дури и луѓето со најсериозна ментална болест ретко се опасни кога соодветно се лекуваат и добиваат поддршка. Дали луѓето кои имаат ментална болест треба да се изолираат од заедницата? Не. Повеќето луѓе со ментална болест брзо заздравуваат и нив не им е потребна дури ни болничка нега. Некои луѓе се лекуваат во болница за кратко време. Напредокот во лекувањето во изминатите декади придонесе повеќето луѓе да можат да живеат во нивните заедници и нема потреба за затворање и изолирање на заболените лица како што тоа често се правеше во минатото. На многу мал број на луѓе со ментална болест им е потребна болничка нега, понекогаш против нивна воља. Со 4/6

подобреното лекување, потребата за тоа е се поретка и помалку од едно од 1000 лица се лекуваат на овој начин. Дали јавната осуда е еден од најголемите проблеми за луѓето кои се заболени од ментална болест? Да. Една од најголемите препреки со која се соочуваат лицата кои заздравуваат од ментална болест е негативниот став на другите луѓе. Тоа често значи дека луѓето со ментална болест се соочени со изолираност и дискриминација едноставно заради тоа што се болни. Позитивните и охрабрувачките ставови на семејството, пријателите, доставувачите на услуги, работодавците и другите членови во заедницата кон луѓето со ментална болест се важни за да може да се обезбеди квалитетен живот за луѓето кои страдаат од ментална болест и поддршка при нивното заздравување. Што може да се направи во врска со јавното осудување на менталната болест? Размислувајте за менталните болести како било кои други болести или здравствени проблеми и отворено зборувајте за нив. Отворено зборувајте за менталната болест со секој што ќе го сретнете ќе бидете изненадени колку многу луѓе се засегнати од ментална болест, посебно широко распространетите растројства, како што се депресијата и анксиозното растројство. Подучувајте ги луѓето во заедницата за да ги надминат негативните стереотипни претстави кои се засноваат на недоразбирање. Промовирајте го менталното здравје и здравите ставови во текот на детството и зрелите години. Поддржувајте го здобивањето на отпорност: научете на кои начини да се справувате со напнатоста во врските со другите луѓе, во различни ситуации и настани. Assist friends and family with a mental illness to obtain care and treatment as early as possible. Помогнете им на пријателите и семејството со ментална болест да добијат нега и лекување колку што се може побрзо. Активно подржувајте ги семејствата и негувателите на лицата кои имаат ментална болест, кои исто така може да бидат збунети, да страдаат и јавно да се осудувани заради менталната болест. Посветете се на дискриминацијата во секоја област од животот, вклучувајќи вработување, образование и обезбедување на производи, услуги и помагала. Поттикнувајте ги истражувањата во областа на менталните болести за да помогнете да се разбере како овие болести влијаат на луѓето и како тие може да се спречат и/или ефикасно да се лекуваат. 5/6

Каде можете да се обратите за помош Кај вашиот доктор од општа пракса. Во здравствениот центар во вашата заедница. Во центарот за ментално здравје во вашата заедница. За информации во врска со услугите кои можат да се добијат, во локалниот телефонски именик најдете ги телефонските броеви на Службите во заедницата за помош и социјална грижа (Community Help and Welfare Services) и телефонските броеви на кои можете да се јавите во ургентни случаи 24 часа во денот. Ако ви треба преведувач, телефонирајте во службата (TIS) на 131450. За итна помош во врска со советување, телефонирајте на Lifeline на 13 11 14. На Lifeline исто така може да ви дадат контактни броеви, повеќе информации и помош. Повеќе информации може да се добијат на: www.ausienet.com www.healthinsite.gov.au www.mifa.org.au www.ranzcp.org www.sane.org www.mmha.org.au Insert your local details here За оваа брошура Оваа брошура е дел од серијата на брошури за ментални болести кои ги финансира Австралиската влада во склоп на Националната стратегија за ментално здравје (National Mental Health Strategy). Другите брошури во оваа серија се: Што е анксиозно растројство? Што е биполарно растројство на расположението? Што е депресивно растројство? Што е нарушување во исхраната? Што е растројство на личноста? Што е шизофренија? За примероци на други јазици, телефонирајте во: Multicultural Mental Health Australia Телефон: (02) 9840 3333 www.mmha.org.au Бесплатни примероци од сите брошури може да се добијат од Mental Health and Workforce Division of the Australian Government Department of Health and Ageing: GPO Box 9848 CANBERRA ACT 2601 Телефон 1800 066 247 Факсимил 1800 634 400 www.health.gov.au/mentalhealth Version 1 November 2007 6/6