УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

Similar documents
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Биланс на приходи и расходи

Март Opinion research & Communications

Биланс на приходи и расходи

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Структурно програмирање

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Упатство за користење на Електронско банкарство на Еуростандард Банка. (правни лица)

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД СКОПЈЕ

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ со состојба година објавен на година

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Методи на финансиска анализа

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ CASH - FLOW STATEMENT

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

Сектор за информатичка технологија

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ГОДИНА НА РЕКОРДИ YEAR OF RECORDS

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ВРЕДНУВАЊЕ НА ЗАЛИХИТЕ СО ОСВРТ НА МСС 2 VAULATION OF INVENTORIES WITH REFERENCE TO IAS 2

Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност

Извештај за работењето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје за 2011 година Скопје, Март 2012

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Универзитет Св. Климент Охридски Битола Факултет за Информатички и Комуникациски Технологии. студиска програма

Имплементација на модели за вреднување на акциите на пазарот на капитал -магистерски труд-

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ПРОИЗВОД ВО ФАЗАТА НА ВОВЕДУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС. Тамара Јованов Марјанова, Љупче Давчев, Ристе Темјановски

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

КОРИСНИЧКО УПАТСТВО ЗА ИНТЕРНЕТ БАНКАТА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА на Македонска берза АД Скопје за 2016 година

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

софтвер модифициран согласно потребите на помалите финансиски друштва. базиран на врвниот : Bank3000

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

М А Г И С Т Е Р С К И

Извештај на независните ревизори 1. Извештај за сеопфатната добивка 3. Извештај за финансиската состојба 4. Извештај за промените во капиталот 5

tour Е г и п е т ЦРВЕНО МОРЕ

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 7 9 октомври 2007 SCADA - КОМПОНЕНТА НА ДИСПЕЧЕРСКИ ТРЕНИНГ СИМУЛАТОР

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Грозда Костадинова

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Наеми. Меѓународен сметководствен стандард 17

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЛИЧНА И ПРОИЗВОДНА ПОТРОШУВАЧКА

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. втор циклус на студии МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Недвижности, постројки и опрема

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Дизајн и имплементација на модул за извештаи и администрација на СМС систем за паркирање

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет Прилеп

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ВОДЕЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ВО УСЛОВИ НА ДЕФЕКТ

Бизнис центар за тренинг и обука. Bussines center for traning and education

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2013 УНИКА АД Скопје

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

2015 YEARBOOK VOLUME 9 GOCE DELCEV UNIVERSITY STIP FACULTY OF ECONOMICS

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2008 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Коисмение.Штозначиме.

1 Ова брошура е подготвена од страна на Олга Михајлова Тикваровска и Кирил Миноски за проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, со

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

за спроведување обука за полициски интегритет Прирачник DCAF DCAF a centre for security, development and the rule of law

2016UPS ТАРИФЕН ВОДИЧ

Прирачник за управување со општинскиот имот

Transcription:

Македонска берза АД Скопје www.mse.com.mk www.bestnet.com.mk УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МОДУЛОТ МОЕ ПОРТФОЛИО Ноември 2009

Содржина 1. ВОВЕД... 3 1.1. ШТО ВИ НУДИ МОДУЛОТ МОЕ ПОРТФОЛИО... 3 2. ПРВАТА СТРАНИЦА... 4 3. КРЕИРАЊЕ НА НОВО ПОРТФОЛИО... 4 3. КРЕИРАЊЕ НА НОВО ПОРТФОЛИО... 4 3.1. ИЗБОР НА ПРОЦЕДУРА ЗА ПРЕСМЕТКА НА КОЛИЧИНИТЕ НА Х.В. ПРИ НИВНА ПРОДАЖБА... 4 4. ВНЕС НА НОВА ТРАНСАКЦИЈА И ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКА... 5 4.1. ВНЕС НА НОВА ТРАНСАКЦИЈА... 5 4.2. ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКА ТРАНСАКЦИЈА... 6 4.3. ЛИСТА НА ТРАНСАКЦИИ И НИВНИОТ СТАТУС... 6 5. ПРЕГЛЕДИ... 7 5.1. ВРЕДНОСТ НА ПОРТФОЛИОТО ПО ТРАНСАКЦИЈА... 7 5.2. ВРЕДНОСТ НА ПОРТФОЛИОТО ПО ХАРТИЈА... 8 5.3. ПРЕГЛЕД НА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДОБИВКИ / ЗАГУБИ ПО ТРАНСАКЦИЈА... 8 5.4. ПРЕГЛЕД НА НАПЛАТЕНА ВРЕДНОСТ... 9 5.5. ЗБИРНО ПОРТФОЛИО... 9 Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 2

1. Вовед Модулот Мое портфолио е посебен дел од пакетот на услуги кои се содржат во претплатничкиот пакет Бест Нет Аналитика. Овој модул е дизајниран на корисникот да му овозможи реална пресметка на вредноста на портфолиото/портфолијата, пресметка на добивките/загубите од тргување, пресметка на наплатената главнина и камата кај обврзниците и анализа на различните портфолија на хартии од вредност. Корисникот на апликацијата Мое портфолио може да создава повеќе видови на портфолија во зависност од неговата инвестициона стратегија, да ги вреднува на крајот на секој трговски ден, меѓусебно да ги споредува портфолија, да ги префрла компонентите (инвестициите) од едно во друго портфолио сзаради создавање на оптимално портфолио, да ја следи состојбата на целото (консолидираното) портфолио од хартии од вредност итн. 1.1. Што Ви нуди модулот Мое портфолио Модулот Мое портфолио, заедно со останатите модули од пакетот Бест Нет Аналитика, техничка анализа на акции, фундаментална анализа на акции и дневното следење на движењето на цените на акциите, Ви нуди комплетно решение за следење на тргувањето со акциите на компаниите кои се тргуваат на Македонската берза како и целосно решение со кое Ви се олеснува анализата на Вашите инвестициони позиции. Апликацијата Мое портфолио Ви овозможува следење на Вашите трансакции со акции со кои се тргува на сите пазари на Македонската берза како и трансакции со обврницата за старо девизно штедење и обрзниците за денационализација издадени од Република Македонија. Модулот Мое портфолио Ви овозможува следење на Вашите позиции, утврдување на нивната моментална вредност, пресметка на добивките/загубите на нерализираните трансакции како и пресметка на добивките/загубите од Вашите тргувања. Модулот Мое портфолио Ви нуди следење на изложеноста на Вашите вложувања и полесно утврдување на Вашиот ризик од вложување. Со апликацијата Мое портфолио можете да создавате симулирани портфолија и да го следите движењето на портфолијата, при тоа утврдувајќи ги најпрофитабилните хартии во портфолиото како и најдоходовната комбинација (изложеност) на хартии од вредност. Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 3

2. Првата страница Првата страница од посебниот модул Мое портфолио направена е на корисникот на апликацијата да му овозможи прегледност на моменталната состојба на сите портфолија, брз пристап до деталните прегледи на портфолијата, креирање на ново портфолио, промена на постоечкото портфолио прелу внес на нова (куповна или продажна) трансакција или преместување на некоја постоечка количина на хартии од вредност во некое друго портфолио, приказ на збирно портфолио по хартии од вредност и опцијата за бришење на портолио. 3. Креирање на ново портфолио 3. Креирање на ново портфолио Апликацијата на корисникот му овозможува едноставна постапка при креирањето на портфолио, преку внесување на назив на портфолиото и избор на процедура за пресметка на количините на хартиите од вредност при нивна продажба. 3.1. Избор на процедура за пресметка на количините на х.в. при нивна продажба Апликацијата на корисникот му овозможува избор на две процудури за управување со количината на хартиите од вредност. Корисникот треба да избере една од процедурите во зависност од неговата стратегија за проценка на портфолиото. Корисникот може да ја промени процедурта за управување со количината на хартиите од вредност но таа промена ќе важи само за промените во портфолиото кои ќе ги прави во иднина т.е апликацијата не поддржува превреднување на целото портфолио. Објаснување на методите: Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 4

1. FIFO - First-In-First-Out. При продажба на хартија од портфолиото, прва ќе излезе онаа количина од хартијата од вредност која е прва влезена во портфолиото (со трансакција со најран датум на купување). Доколку се случи да се продаде количина на хартии од вредност која што е поголема од набавената количина во куповната транскација со најран датум, следната потребната количина ќе се земе од наредната куповната транскација со најран датум. Овој метод се смета дека го фаворизира Прегледот за Реализираните капитални добивки (види објаснување подолу), при претпоставка дека цените постојано растат. 2. HIFO FIFO Метод - Highest-In-First-Out - First-In-First-Out. При продажба на хартија од портфолиото, прва ќе излезе онаа количина од хартијата од вредност која е купена по највисока цена. Во случаите кога на повеќе различни датуми корисникот купувал по исти цени, апликацијата ја користи помошната метода FIFO, при што ќе ја извади количината купена по највисока цена со најран датум. Доколку се случи да се продаде количина на хартии од вредност која што е поголема од набавената количина во куповната транскација со највисока цена, следната потребната количина апликацијата ќе ја земе од наредната куповната транскација со највисока цена и најран датум. Овој метод се смета дека е најправичен при пресметка на порфолиото затоа што секогаш ја вади најскапо купената количина од хартијата во порфолиото. 4. Внес на нова трансакција и преместување на веќе постоечка 4.1. Внес на нова трансакција Внес на нова куповна или продажна трансакција корисникот може да направи при креирањето на ново портфолио или преку почетната страница на апликацијата со избор на полето Промена на портфолио и потоа Нова трансакција. На сликата прикажана погоре презентирана е страницата за внес на нова трансакција. При тоа корисникот како задолжителни полиња кои треба да ги внесе во апликација се датумот, бројот на налог и трансакција, видот на трансакција, шифрата на хартијата од вредност, куповната односно продажната цена и купената / продадената количина. Апликацијата полињата кои се поврзни со хартијата од вредност (како на пр. ISIN број, номинална вредност итн.) сама ги пополнува од базата со податоци на Берзата. Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 5

Апликацијата овозможува внесување на трансакции со акции со кои се тргува на сите пазари на Берзата како и трансакции со обврницата за старото девизно штедење и обрзниците за денационализација издадени од Република Македонија. Сите трансакции кои ќе се внесат во апликација може да бидат со различен датум од датумот на внес на трансакцијата. Апликацијата ги поддржува и трансакциите со обрзниците кои корисниците ги склучиле со подоцнежен датум и при тоа наплатиле дел од главнината и камата. Корисниците во апликацијата за внес на трансакции може да ги внесат податоците од оргиналната трансакција при што апликацијата самата ќе ја пресмета преостаната главнина како и вредноста на наплатена главнина и камата. 4.2. Преместување на постоечка трансакција Корисникот на апликацијата може да направи преместување на некоја постоечка трансакција од едно во друго портфолио со избирање на опцијата Премести трансакција од Листата со трансакции (слика прикажана подолу). Во самата процедура за преместување, корисникот може да ја избере количината на хартии од вредност кои сака да ги премести како и тоа во кое портфолио може да ги премести. Апликацијата при прместување на обврзниците не ја дава опцијата за преместувања на количината, туку корисникот може само да ја премести целата количина на обврзници во ново портфолио. 4.3. Листа на трансакции и нивниот статус Откако корисникот ќе ги внесе и сними трансакциите, апликацијата го носи корисникот на страницата на која се презентирани сите трансакции и нивните карактеристики. Во овој дел од апликацијата корисникот може да ја промени методата за пресметка на количините на хартијата од вредност при продажба, да го смени називот на портфолиото, да премести некоја постоечка трансакција и да внесе нова трансакција. Колоната Volume во табелата ја покажува количината од хартијата од вредност (т.е. од куповната трансакција) која е преостаната и која може да се премести. Трансакциите во табелата се подредени по датум и време на внес (а не според датум на трансакција). Количината на хартии од вредност кои се расположливи за продавање и кои можат да се Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 6

преместат во друго портфолио се обележани со темна боја а оние кои не можат да се преместат или се продажни трансакции се обележани со светла сива боја. 5. Прегледи За полесно следење на своите вложувања корисникот на алатката Мое портфолио, апликацијаму нуди два различни приказа за вредноста на портфолиото, еден приказ за вредноста на реализираните (продадени) хартии од вредност и преглед за наплатената главнина и камати од обврзниците во портфолиото. Состојбата на сите вложувавања на корисникот собрано од сите портфолија, корисникот на Мое портфолио може да ги следи преку опцијата Збирно портфолио. Вредноста на портфолиото и реализираните добивки загуби по транакција како и вредноста на наплатената главнина и камати од обврзниците се прикажани преку 4 tabови: - Вредност на портфолиото по трансакција - Вредност на портфолиото по хартија - Реализирани добивки / загуби по трансакција - Наплатена вредност 5.1. Вредност на портфолиото по трансакција Горната слика го прикажува приказот на Прегледот за вредноста на портфолиото по трансакција. Корисникот може да го избере периодот во кој сака да прави анализа на своите вложувања, преку едноставно одбирање на датумите од кој сака алатката Мое портфолио да ги презентира вредностите. Прегледот ќе ги прикаже сите трансакции и вредноста на трансакциите кои корисникот ги остварил во наведениот период. При тоа треба да се напомене дека цената по која ќе се пресметува вредноста на трансакцииите и нереализираната добивка е од последниот датум на тргување. Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 7

На корисникот за полесна прегледност на своите трансакции, апликацијата му нуди два прегледа, скратен и детален. Скратениот преглед покрај исновните податоци од трансакцијата ја дава и позицијата на трансакцијата во вкупните вложувања и моментална состојба. Деталниот приказ на трансакцијата дава податок за целата трансакција, вклучувајќи ги деталите за купувањето, преостаната количина, моменталната вредност, вредноста на акумилираната камата за обврзници, нереализираната добивка / загуба од трансакцијата, процентуалната промена на вложувањето од моментот на купување на хартијата, учеството на вредноста на трансакцијата во вкупната вредност на портфолиот итн. Успехот од вложувањето во поединечна трансакција, апликацијата ја мери преку колоната % промена од купување на хв која покажува колкава е процентуалната промена на вложувањето од моментот на купување на хартијата од вредност. Алоцираноста на трансакциите во вкупната вредност на портфолиото е прикажано преку колоната % од вредноста на вкупните вложувања. Сумарните вредности во прегледот не ги вклучуваат трансакционите трошоци, но апликацијата го прикажува нивниот износ во деталниот преглед по трансакција. 5.2. Вредност на портфолиото по хартија Горната слика го прикажува приказот на Прегледот за вредноста на портфолиото по хартија. Корисникот може да го избере периодот во кој сака да прави анализа на своите вложувања, преку едноставно одбирање на датумите од кој сака алатката Мое портфолио да ги презентира вредностите. Прегледот ќе ја прикаже состојбата на хартиите од вредност и нивната вредност кои корисникот ги остварил во наведениот период. При тоа треба да се напомене дека цената по која ќе се пресметува вредноста на хартиите и нереализираната добивка е цената од последниот датум кој корисникот го избрал за анализа. Вредноста на нереализираната добивка / загуба од вложување во поединечна хартија од вредност се пресметува кога од вредноста на вложувањето според последна пазарна цена ќе се одземе трошокот на набавка на хартијата а вредноста се прикажува преку колоната Нереализираната добивка/загуба во (ден). Диверзификацијата на портфолиото по хартија е прикажано преку колоната % од вредноста на вкупните вложувања. Сумарните вредности во прегледот не ги вклучуваат трансакционите трошоци потребни за набавка на одредена хартија. 5.3. Преглед на Реализираните добивки / загуби по трансакција Сликата подолу го прикажува Прегледот на Реализираните добивки / загуби по трансакција. Корисникот може да го избере периодот во кој сака да прави анализа на своите реализираните трансакции, преку едноставно одбирање на датумите од кој сака Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 8

алатката Мое портфолио да ги презентира вредностите. Прегледот ќе ја прикаже вредноста на трошокот на набавка по трансакција, продажната вредност на хартијата и реализираната добивка загуба од трансакцијата. Сумарните вредности во прегледот не ги вклучуваат трансакционите трошоци потребни за набавка и продажба на хартијата од вредност. 5.4. Преглед на наплатена вредност Наплатената главнина и камати од обврзниците во портфолиото корисникот на алатката Мое портфолио може да ја следи преку Прегледот за наплатената вредност, прикажан на сликата погоре. Модулот ги пресметува и прикажува сите наплатените камати и главнината на обврзниците пресметани по среден курс на НБРМ на датумот на наплата. Сумарните вредности во прегледот не ги вклучуваат трансакционите трошоци потребни за набавка хартијата од вредност. 5.5. Збирно портфолио Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 9

Вредноста на сите хартии од креираните портфолија на корисникот на апликацијата Мое портфолио се прикажани преку опцијата Збирно портфолио. корисникот на апликацијата во опцијата Збирно портфолио може да пристапи преку почетната страница на алатката Мое портфолио. Упатсво за користење на модулот Мое портфолио 10