Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Биланс на приходи и расходи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

Биланс на приходи и расходи

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Препораки за политика и законодавство за делотворна примена на одредбата за неказнување на жртвите на трговија со луѓе

Структурно програмирање

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

РОДОВИ АСПЕКТИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЗАШТИТА НА БЕГАЛЦИ И МИГРАНТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Семејството и заедницата

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Коисмение.Штозначиме.

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ЖИВОТОТ ПО ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ

YEARS. 25 години од донесување на "Конвенцијата за правата на детето" Д-р Срѓан Керим OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

БИЛТЕН. за семејно планирање. Почитувани пратенички и пратеници во Собранието на Република Македонија,

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

- Пом. Асс. Олга Ѓуркова Универзитет Гоце Делчев - Штип Правен факултет

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ Социјална педагогија

YEARS. Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот. Од Претседателот д-р Ѓорге Иванов

Ариф Пини. Arif Pini. лекар од доверба за пациентите Роми од Гостивар. a doctor of confidence among Roma patients from Gostivar JAN - FEB 2015

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

REVIEW OF SPECIAL EDUCATION PROGRAMS IN JORDAN: CURRENT PRACTICES, CHALLENGES, AND PROSPECTS

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

Садирет Речи. Односи меѓу родители и деца во правниот систем на Република. Македонија

ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО ОСНОВ НА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ПРВ ДЕЛ ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС. Пакет за активирање на училиштата #ДЕЦАТАГИ ПРЕЗЕМААТУЧИЛИШТАТА СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

РОДОТ И КОНТРОЛАТА НА МАЛОТО И ЛЕСНО ОРУЖЈЕ (МЛО)

Transcription:

Семејно насилство Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт Семејното насилство е едно од преовладувачките криминални поведенија во повеќе општества и носи со себе разорувачки последици како по однос на примарната жртва, жената, така и во однос на секундарната жртва децата. Во повеќето земји во светот семејното насилство зазема размери на проблем од примарено општествен карактер. Семејното насилство како проблем се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно општество, а е резултат на историски заснованата нееднаква положба на мажот и жената, во која таа се наоѓа во субординирана положба во однос на мажот. Клучни зборови :Семејство;Семејно насилство;жртва;конвенција за правата на детето;насилство;деца; Вовед Семејството во денешно време за жал се помалку претставува основна келија на здравственото општество. Речиси сите земји во светот уште се соочени со неможноста да се определи бројот на жртвите на криминалитетот, а особено кога се тоа жени. Според анкетите на ОН жените се најчество жртви на сексуални насилства (50%) напади на личноста (10%) и разни напади врз имотот (10%). За насилничкиот криминалитет во семејството во голема мера недостигаат непристрасни сведоци на делата. Се прават усилби ваквата состојба да се надмине со повикување на помош на најблиските роднини и пријатели, а повикувањето на државните институции е многу поретко и во потешки случаи. Жртви на овој вид насилство се најслабите членови во семејството. И додека во педесттите и шесеттите години тоа биле децата, во седумдесеттите жените, а во осумдесеттите тоа беа старите луѓе. Насилничките деликти во рамките на семејството се откриваат мошне тешко и ретко. Конфликтите многу ретко излегуваат на виделина

поради стравот на одмазда на насилникот, срамот од околината и желбата да се задржи добрата претстава за сопствениот брак, но и економската зависност од сопругот. Република Македонија не е исклучок од оваа ситуација, напротив бројот на малтретирани лица во рамките на семејството секојдневно се зголемува, бројот на жени и деца расте, единствениот проблем во случајот е што многу мал број од овие жртви од страв или некоја друга ( материјална или финансиска грижа) ретко се решаваат на следниот чекор пријавување на насилниците кои секојдневно ги принудуваат да го трпат теророт на кој што се подложени. Голем број невладини организации започнаа со работа се со цел да изнајдат решенија кои ќе можат барем во одредени размери да го контролираат овој проблем. Како резултат на нивните долгогодишни истражувања и напори да се навлезе подлабоко во суштината на овој проблем, се дојде до одреден резултат кој претставува солидна основа за понатамошно градење на стратегијата на голем број организации кои имаат намера да продолжат да работат на полето на елиминирање на насилството над децата. Феноменологијата и третманот на семејното насилство во Република Македонија Проблемот на семејно насилство во почетокот не привлекуваше внимание во пошироката јавност, освен во случаи кога се работеше за брутални убиства во рамките на членовите на семејството, за кои се дознаваше од полициски извори или одмедиумите. Декларацијата на тоа што е насилство опфаќа физичко насилство (влечење за коса, шлаканица, тепање, бокс ) Психичко насилство врз детето опфаќа ( закани, следење, изолација, забрана за движење..) и третиот и воедно најлошиот сексуално насилство кое опфаќа ( присила на сексуален однос, обид за присила или друг вид на сексуална активност). Сознанијата за криминалитетот што се темелат врз официјалната статистика се нереални во однос на неговата квантитативна димензија. Утврдено е дека секогаш постои дел кој останува неоткриен, попознат како темна бројка на криминалитетот. За неговото откривање се користат

најразлични средства метод на самопријавување, виктимолошка анкета (кога испитаниците се изјаснуваат како жртва на одредено криминално однесување кое го пријавил кај надлежните органи), метод на пријавување на друго лице, метод на проценка на експерти. Од сите наведени најприфатил е методот на виктимолошка анкета бидејќи се смета дека жртвите со внимателен пристап на стручни лица ќе бидат подготвени за соработка, тргнувајќи од фактот дека е доволно голем чекор напред во борбата против ова кривично дело од моментот кога лицето ќе признае дека е жртва на семејно насилство. 1 Иако се ратификувани Конвенцијата за права на детето на ООН и Конвенцијата 182 за чија цел е донесена Препораката 190 на Меѓународната Организација на трудот (MOT) 2 за најлошите видови искористување деца во 2001 па оттогаш и голем број други препораки и конвенции кои биле задолжителни и за Република Македонија, во семејно-правната регулатива не се превземени сите потребни и вообичаени мерки за имплементација на сите конвенции (особено на овие ), односно не се вградени решенија како обврска на родителот за заштита на децата од повредување и занемарување, злоупотребување и малтретирање, вклучувајќи и сексуално малтретирање, економска експлоатација на детето додека е во негова грижа, како од членовите на семејството така и од сите други кои можат да му наштетат во развојот на личноста на детето. 3 Меѓународни документи за заштита на правата на детето Комитетот за заштита на децата, е независно тело составено од експерти кои вршат мониторинг врз државите потиснички на конвенцијата заради правилна имплементација на истата како и нејзините два дополнителни протоколи инволвираност на децата во воени конфликти и трговија на деца, детска 1 Истражување порачано од страна на здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Република Македонија. 2 Препорака донесена на 21 Декември 1991 година од МОТ, основана 24 Октомври 1945 со седиште во Нујорк. 3 Месечен извештај за јавувања на деца на СОС телефонот за деца на ПДАС Меѓаши невладина организација основана Март 1997 Скопје

проституција и порнографија. Комитетот изнесува свои извештаи кои мораат да бидат сумирани од страна на државите потписнички кои ги ратификувале како конвенцијата така и протоколите. Конвенцијата донесена од Обединетите Нации е моќно средство за државата да ги заштитува правата на децата кои веќе се декларирани како такви. Со самото потпишување на оваа конвенција државите се обврзале себеси, да ги стават на располагање сите средства со кои располагаат во интерес на децата. 4 Основно мото на Конвенцијата е дека сите деца имаат еднакви права да ги остваруваат своите потреби, без оглед на тоа каде се наоѓаат во светот. Меѓународното здружение за Превенција од злоупотреба на децата и нивно занемарување (ISPCAN), го објави своето издание за Светско гледиште за злоупотреба на децата. Оваа публикација дава целосна слика за статистиката на политиката на злоупотреба на децата одделно во околу 70 држави ширум светот. 5 Според статистиката на ова објавено истражување 82% од испитаниците кажале дека во нивните земји има пројавено значително голема бројка на случаи во која се појавува детско малтретирање. Повеќето од мерките кои ги превземаат државите во поглед на заштита на децата од злоупотреба, предвидуваат кривични активности против лицата кои малтретираат деца, како и активности за отстранување на детето од средината и семејството во кое било изложено на вакви немили активности. Покрај нискиот степен на стручност на лицата кои нудат услуги за заштита на овој вид жртви, многу е веројатно дека државите ќе бидат принудени да бараат нови начини и стратегии за заштита на децата од ваквиот вид криминал, ова е потребно за да се избегнат последиците кои остануваат кај детето кое било подложено на ваков настан подолг период. По повод 10-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за права на детето на ООН 6, а согласно својата Програма за работа, здружението за заштита на правата на детето организирало Симпозиум од областа 4 На 20ти Ноември 1989 Генералното собрание на ООН ја усвои Конвенцијата за заштита на правата на детето,малолетничка правда,акад.владо Камбовски,др.Татјана Велкова,(2008) 5 Светско гледиште за детска злоупотреба - 7мо издание, 2006 Издадено од меѓународното здружение за превенција на злоупотреба на децата и невнимание,(ispcan) издадено од Deborah Daro, PhD, Chapin Hall центар за деца при Универзитетот во Чикаго. 6 Конвенцијата е донесена од страна на Генералното собрание на ООН, на 20 Ноември 1989

на правата на детето во ноември 1999. Здружението за заштита на правата на детето е регистрирано во 1998 година, и е членка на Коалицијата за невладини организации во Р.М. Согласно својот статут, здружението има задача да го подигнува нивото за права на децата, чувството на солидарност за правата на децата, да го потикнува и оценува процесот на примена на правата на детето, согласно неговите права предвидени со позитивното меѓународно право. Членот 9 став 1 од Конвенцијата за правата на детето вели дека Државите членки се обврзуваат ниедно дете да не биде одвоено од своите родители..освен кога надлежните органи врз основа на судски увид, во согласност со соодветниот закон и процедури, одлучат дека таквото разделување е неопходно и во најдобар интерес за детето. членот 34 вели Државите членки се обврзуваат да го заштитат детето од сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба и искористување,со тоа тие ги превземаат соодветните мерки за спречување на на наведување или присилувањена детето да учествува во незаконски сексуални активности, на експлоататорско користење на децата во проституција или во други незаконски дејствија. Истражувања направени во државите од Европската Унија Значителен број на истражувања за насилство против децата и младината се направени во земјите од Европа уште од 1990 година. Повеќето се фокусирани на сексуално насилство, сексуално вознемирување, насилство нанесено од страна на родителите, и насилство во училиштата. Направена е класификација по држави на застапеност на сите видови насилство врз децата од страна на нивните родители без разлика дали се работи за сексуално, физичко или психичко насилство. Од добиена статистика по државите е утврдено дека сексуална злоупотреба е најмногу регистрирана во државите Австрија (1993), Финска (1994) и Франција 1989), Германија (1992), Норвешка ( 1994), Шпанија (1995), Романија (1999), Швајцарија (1994),ВеликаБританија(1985). 7 7 Овој извештај е направен within the Co- ordination Action on Human Rights Violations (AHRV) помогнато и финансирано од страна на Европската Комисија проеект бр. 506348.

Понатаму направени се студии на истражувања за насилство врз децата применето во училиштата, како и други луѓе кои не спаѓаат во категоријата на семејно насилство. Меѓутоа пред се нашиот интерес тука е да се задржиме на тортурата на која се подложени илјадници деца во домот во кој живеат. Во овој контекст, повеќето истражувачи се фокусирале на неколку главни прашања: а) периодот кој се смета за детство, б) методите на регрутирање на жртви и пристапот до истите, в) типот и дефинициите за присутно насилство и г) местото на кое насилството и злоупотребата се случила. Во понатамошниот аспект се дадени одговори на тоа како истражувачите дале одговор на овие за нив 4 клучни прашања и нивната важност за истите. 8 1) Детскиот период Периодот во кој детето се уште се смета дека е дете, е перидот од 12 до 19 години ( малку чудни граници за кои би требалло да стои период на младинци, но експертите сметале дека овие години можат да бидат покритични, особено поради периодот што баш овие години децата се развиваат како адолесценти. Тие велат дека овој момент е клучен за развојот на личноста на секоја индивидуа, особено ако е подложена на било каква злоупотреба може да предизвика трајни непоправливи последици. 2) Метод на регрутирање на жртвите и собирање на информации - Истражувачите сметале дека за да постигнат било каков ефект во оваа смисла, најдобро би било да направат подгрупи во кои ќе можат да ги класифицираат жртвите на семејно насилство, во зависност од полот, етничкото потекло, регионот, социјалните класи итн Студиите се направени во 2 посебни категории, категорија на информации во која децата се прашани за тоа дали биле подложени на семејно насилство и категорија во која возрасните биле испрашувани со прашања од типот дали во било кој момент ги имаат подложено своите деца на насилство. Резултатите биле секогаш различни. Испрашувањето на децата секогаш се одвивало во училиштата или во друга средина каде влијанието на родителите не 8 А В Бејкер и Данкан СП (1985), Детска сексуална злоупотреба 9, стр.457-467, Велика Британија Банг и Дегенер (1997) сексуална злоупотреба на децата - истражување, позадина и влијание Weinheim, Folgen, Германија.

било присутно, со цел да децата имаат поголема слобода при одговарањето на прашањата и да нема застапено страв дека истите потоа ќе бидат малтретирани од родителите доколку дадат одговор поинаков од оној што родителите би го очекувале. Во овој случај се заштитувала анонимноста на децата на начин што нивните прашалници се ставаат во анонимни коверти и се праќаат во соодветни институти на обработка, на тој начин истражувачите ги собирале потребните информации без на било кој начин да ги доведат во неповолна позиција децата или пак да им влеат страв, па да тие потоа да одбијат на било каков начин да пружат соработка. 9 3) Неколку извештаи добиени од центрите за социјална заштита, посочуваат на фактот што повеќето податоци кои ги добиле центрите за присуство на сексуалната злоупотреба на децата во семејството, најчесто се добиени од случаите решени во суд. Како и да е извештаите кои се добиени од кривичните статистики го потценуваат феноменот и не даваат доволно информации за жртвите. Повеќето студии кои се однесуваат на психолошкото насилство под кое се децата подложени, истите велат дека најчесто истото потекнува од семејството, и тука постојат 2 подтипови на овој вид насилство велат експертите, едното се однесува на психолошко влијание на децата без или со присуство на физичка казна. И тука постојат разни класификации, што доведува до поголемо заплеткување на работите, истражувачите велат дека тоа е тешко да се објасни поради фактот што повеќето од државите применуваат различни методи во процесот на утврдување на семејно насилство и откривање на веќе постоечките и потенцијалните жртви од истото. 4) Објаснување за насилниците - во текот на анализите, особено внимание се посочува на врската која ги поврзува злоупотребуваното дете и неговиот насилник, вклучувајќи ја возраста и полот на двајцата. Притоа без оглед на основата врз основа на која и се прават овие истражувања, истите покажале дека во процент 9 Кели Л. (Истражувачка студија за распространетоста на сексуалната злоупотреба на деца помеѓу 16-21 година) 1991, Едгард К. и Ормстад К. Распространетост и карактеристики на злоупотреба на децата во националниот пример кај Шведските деца на возраст од 16 години стр. 310-319 - 2000, Халперин ДС распространетост на детска злоупотреба помеѓу адолесцентите во Женева, Објевено во Британски здравствен весник 312, 1996

повеќе како жртви се јавуваат девојчиња, отколку момчиња. 10 Препораката (2002) 5 донесена од Советот на Европа Оваа препорака, полека но сигурно се имплементираше од страна на државите, во почетокот државите имаа проблем со тоа кој е вистинскиот начин за имплементација на оваа препорака со цел нејзина правилна примена. Па до крајот на 2002 речиси сите земји на Советот на Европа ја доставија оваа препорака до своите соодветни министерства и надлежни органи. Меѓутоа со оглед на бројот на препораките кои постојано пристигнуваат за имплементација, а не е целта да се имплементира една препорака па да остане без ни мало значење за органите во државата, проценето е дека многу малку од институциите обрнале сериозно внимание на текстот на препораката. Но како и да е неколку од државите, направиле напори за примена и реализирање на оваа препорака. Нивните начини за презентација биле различни, на пример Андора свикала прес конференција на која биле поканети претставници од соодветните надлежни министерства и институции. Понатаму, Шпанија поделила околу 1500 копии по истите овие органи. Некогаш државите сметаат дека е подобро да ваквите инструменти со кои им се помага на надлежните органи да решат некој сериозен проблем со кој се соочува нивното општество, како што е во случајов семејното насилство, да бидат преведени на официјалните јазици на државите, со цел да бидат полесно разбрани од страна на локалните органи, ова особено се однесува на земјите во кои француски и англиски не се зборува речиси воопшто. На пример од извори кои вршеле набљудување на имплементацијата на ваков тип препораки велат дека, на локалните органи, полицијата, судството, во училиштата, социјалните служби, им е многу полесно да дебатираат за проблемите на својот јазик и тоа многу би им помогнало доколку било каква препорака или упатство пратено од трета страна биде на јазик за нив добро разбирлив. Направен е мониторинг ширум земјите во кои се имплементирани повеќето од препораките на советот на европа, според процентите во повеќето од земјите 10 Истражувања на Сариола и Уутела распространетост на детска злоупотреба во Финска Детска злоупотреба и запоставување стр.827 835, 1992, Тимерман МС. Сексуална злоупотрена на адолесценти од нивните професори низ средните школи Sex Rules стр.231-244, 2003 година

односно институциите надлежни да го пратат бројот на жртвите од семејно насилство се поставени стандардни прашања. На прашањето дали полицијата е должна да одговори на сите повици на кои е пријавено семејно насилство? Одговорено е дека, работа е на полицијата да ги притвори или повика на информативен разговор сите пријавени осомничени сторители на семејно насилство, меѓутоа истите понатаму неможе да гарантира дека ќе бидат подложени на санкција, тоа спаѓа во надлежност на надлежните судски органи. Дали државата има превземено соодветни мерки за кривично гонење против сторителите на сексуална злоупотреба врз своите деца? Од страна на извештаите дадени од јавните обвинителства на државите членки на Совет на Европа, стои дека во домашната легислатива на секоја од државите стојат посебни мерки кои државите ги применуваат против овие сторители. Јавните обвинители имаат разработено стратегија со која ќе ги заштитат жртвите од семејно насилство, на тој начин што нема да остават гонењето против овие насилници да го остават на жртвите, со тоа што самото соочување на жртвата со својот насилник претставува дополнителен товар и психичко малтретирање, туку целата постапка да се води по службена должност па на тој начин жртвата да нема никаков контакт со насилникот. 11 Дали на децата кои се сведоци на употреба на насилство врз нивната мајка, како и децата кои сами подлежат на сексуална злоупотреба им се нуди лекарска помош и дали тоа се наплаќа? Децата кои се жртва се веднаш подложени на лекарски преглед, имаат достапно, специјален тим кој се состои од гинеколози, психијатри, педагози, медицински сестри и други песонал кој може да помогне во утврдување на состојбата на детето откако ќе биде спасено од една средина која влијаела негативно несамо на неговиот организам, туку и целосно на неговата психа, ова е потребно со цел да се увиди дали има оставено трајни последици врз телото на детето како и моменталната психолошка состојба на детето жртва. И уште едно битно прашање кое често се поставува при вршење мониторинг е дали има во секоја држава некоја програма или превземени активности кои можат да им се 11 Дански кривичен законик, делот што се однесува на жртви од психичко и сексуално малтретирање.

понудат на децата жртви во школите со цел да им се помогне во надминувањето на последиците оставени од примената на насилство врз нив? Основно образование, и слични основни информации им се даваат на децата во склоп на некои од предметите кои се дел од програмата во училиштата. Меѓутоа програми кои имаат за цел да се разбуди свеста на децата и склоноста кон насилство која за жал се повеќе расте, бара многу работа како и специјално обучени луѓе кои ќе можат да ја остваруваат оваа настава, ова за жал сеуште не е остварено во повеќето земји, бидејќи бара инвестиција на поголема сума пари, која државите сеуште не ја издвојуваат во оваа насока. Ова за жал е проблем и во Република Македонија. Имав можност да присуствувам на една дебата 12 која се одвиваше во Собранието на Република Македонија а беше во организација на комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Една од реакциите на повеќето присутни беше зошто вакви сериозни теми стојат под покровителство на оваа комисија, децата сами по себе се доволно сериозна тема и заслужуваат внимание на основање на сопствена комисија и луѓе кои ќе работат само со нив а не да бидат дел од програмата на друга комисија. На ова од ораганизаторите на оваа дебата, кои беа пред се претставници на владата на нашата земја, беше одговорено дека сега за сега децата ќе останат дел од оваа приграма затоа што било какво понатамошно издвојување бара дополнителни средства кои државата во моментот неможе да ги издвои. Последици врз личноста на детето Зошто споменувам дека насилството има големи последици во понатамошниот развој на целокупната личност на едно дете, истражувањата покажуваат дека поголем број од женските деца биле сведоци на насилство вршено врз нивните мајки во периодот кога тие биле беспомошни деца па не можеле да го сфатат криминалитетот во дејствието кога нивната мајкла била физички малтретирана од страна на нивниот татко или очув, и покрај тоа настанот на едно дете, расте во неговата потсвест заедно со него во текот на годините, 12 Дебата одржана од страна на комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените одржана на ден 28 фебруари 2008

недозволувајќи му објективно да размислува и анализира средината во која живее. Она што е занимливо во развитокот на настаните е дека, жртвите на ваков вид насилство ги пријавуваат случаите многу години откако се случила или престанала да трае тортурата врз нивното тело или психа, меѓутоа многу ретко се случува да се даде објаснување зошто се чекало толку време за да се пријави едно вакво злодело. Како една од причините се смета беспомошноста на децата во тие мигови како и недоволна подршка од страна на друг член од семејството. Најчесто се случува, со текот на развојот децата да се идентификуваат со своите родители, и да можат да усвојат модел на однесување во своето идно семејство, кој значи примена на агресивно реагирање на конфликтни ситуации. Ваквото гледиште би требало да значи дека доколку таткото бил насилник, кој го малтретирал своето дете, многу веројатно е дека и детето ќе постане насилник доколку наиде на исти услови во кои живеел додека бил тој малечок. Кога во средината на децата има лица врз кои се врши тортура, таа неизбежно влијае и на детето, дури и индиректно. Целосното разгледување на психолошкото влијание на насилството врз децата и комплетните насоки за водење евалуација на деца што биле подложени на насилство неможе да се опфати, но може да се сумираат некои кратки моменти: Прво, кога постои сомнение дека едно дете било подложено на насилство или сведок на истото, лицето од кое ќе биде детето прегледано мора да обезбеди детето да биде опкружено од лица што ќе му пружаат сигурност и заштита. Лекарот, мора да има предвид дека сите деца, не ги манифестираат подеднакво чувствата во поглед на она што биле подложени како и секое друго трауматско искуство. Степенот до кој децата се способни да ги вербализираат мислите и афектите зависи од возраста на детето и неговото развојно ниво. Како и од развојните карактеристики на општеството динамиката во семејството и културнитенорми. Мнногу е битно, доколку се утврди дека детето е сексуално злоупотребувано да биде прегледано од лекар специјалист, прегледот кој најверојатно ќе биде траумален за детето потребно е да го изврши лекар искусен во интерпретиртање на

наоди исто така битно, лекарот треба да знае дека прегледот може да биде потсетување на насранот на самото дете, можно е и очекувано детето за време на прегледот спонтано да реагира. 13 Адолесценцијата, е турбулентен развоен период, ефектите од насилството може да предизвикуваат длабоки промени вои личноста на адолесцентите, кои ќе резултираат со антисоцијално однесување. 14 Експертите од оваа област велат дека детето, во текот на својот живот може да има симптоми на редоживување на настанот/е од минатото. Кои може да се манифестираат како визуелни сеќавања на настанот ноќни мори, социјално повлекување, ограничување на афектот, промени во стравот, несигурност, никаква самодоверба и недоверба спрема околината, нарушувања на сонот, плашање да се оди во кревет, страв од непознати лица. Мерки и интервенции за заштита Многу полесно можеме да зборуваме, за заштита на возрасна личност од насилство отколку на мало дете, од причина што детето па речиси и никогаш нема да се реши да го пријави свијот џелад во полиција, па макар и да станува збор за некој од неговите родители. Заштитата на децата спаѓа во обврските на родителите. 15 спрема своето дете тоа е дефинирано во одредбите на Законот за семејство ( Сл. весник на Р Македонија бр. 80/92 од 22 декември 1992 год.). Но што се случува кога самото семејство е виновно за тортурата над своето дете, законот вели дека заштитата над детето во тие моменти паѓа како одговорност на државата 16 односно Центарот за социјални работи. Со истражувањата е 13 Базични документи против тортурата 1 Издание на Хелсиншки комитет за човекови права на РМ Скопје 2004. 14 V.Grappe La guerre en ex- Yougoslavie: un regard sur les enfants refugies 15 Член 8 од закон за семејство на РМ Декември 1992 Родителското право го вршат родителите заедно во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница. На родителот може да му биде одземено или ограничено вршењето на родителското право под услови предвидени со овој закон. 16 Член 84 Исто Центарот за социјална работа е должен да презема потребни мерки заради заштита на личноста, правата и интересите на детето. Секој граѓанин, орган и правно лице должен е да го извести центарот за социјална работа веднаш штом дознае дека родителот не го врши родителското право или дека од други причини е потребна заштита на личноста, правата и интересите на детето.

утвредено дека поголем број од жртвите во ситуација на насилство не ги знаеле можностите за интервенција и помош на овие институции од аспект на нивната надлежност како служби за прва помош и заштита. Затоа целта ми е да напоменам дека центрите за социјални работи имаат мошне значајна позиција и широк простор на дејствување при пружање заштита на пред се децата во семејството. Меѓутоа, тука секако не се исклучуваат и сите останати членови на семејството кои може да бидат потенцијални жртва на насилство. Социјалната заштита што може да ја пружат центрите за социјални работи опфаќа широк спектар на мерки, кои помагаат да се разрешат конфликтите во семејството. Овие мерки се остваруваат преку давање најразлични облици на подршка и советување на лицата кои се непосредно изложени на насилство. Во суштина, дејноста на центрите за работа е да ги детектираат сите најбитни проблеми поврзани со малтретирањето на децата во семејството и општествената реакција за проблемот, застапеност на проблемот, каузалноста на насилството, критериумите за правни интервенции, проблемот на откривањето на насилството, изборот на пристап до жртвата во зависност од нејзината возраст и моменталната психичка состојба. 17 Нашите центри за социјални рабори, посочуваат дека пристапот и вршењето на увид во семејното насилство е недоволен, од причина што најголемиот број на жртви деца кои биле на било кој начин злоупотребувани од страна на членови на семејството, не го пријавиле истото или од страв го негирале настанот на прашање од страна на службените лица во центрите. На едно од интервјуата направени на лица овластени да работат со лица кои биле жртви на семејно насилство дури и подложени на синџирот трговија со луѓе од страна на нивните најблиски луѓето во центрите за социјални работи велат дека неможат да превземат конкретни мерки или активности против причинителите на семејно насилство доколку нивните жртви не признаат или барем посочат дека биле жртви на истите. Службените лица велат, дека пријавите за семејно насилство најчесто ги добиваат на некој друг 17 Член 91 Исто Центарот за социјална работа кога ќе дознае дека постои опасност од злоупотреба на родителското право или опасност од грубо занемарување на родителските должности, должен е веднаш да преземе мерки за заштита на личноста, правата и интересите на детето.

основ ( материјано необезбедени, социјални проблеми). Како пречки за откривање на семејно насилство центрите најчесто ги наведуваат; затвореноста на семејството, стравот од стигматизација, недоволна ангажираност на други органи и институции.кога детето не е директна жртва на насилство, возрасните често имаат навика да ги потценуваат тие влијанија врз детската психа и развој. Кога родителите на детето, оние кои тоа најмногу ги сака силувачи, прогонувачи, или кога детето било сведок на некое насилство, тоа самото може да развие дисфункционални верувања, дека тоа е виновно за лошите настани, што во неговата личност може да манифестира чувство на вина, нелојалност, проблеми во созревањето на неговата личност, затоа лицата одговорни за заштита на децата како и родителите треба особено да обрнат внимание на однесувањето во присуство на децата. Конвенцијата за заштита на детето член 17 вели дека: Државите потписнички на оваа конвенција се должни да ги коритат средставата за јавни информнирање, да шират материјали и информации од социјален карактер особено за културен интeрес на детето во согласност со член 29 од истатa конвенција; да ја потикнуваат меѓународната соработка во производствот, размената, ширењето, на таквите информации од различни културни, национални и меѓународни извори. Во конвенцијата стои дека како заштитни мерки, треба да се опфатат ефикасните постапки за установување и поддршка неопходна на детето и на оние на кои им е доверена грижата на детето, како и други облици на утврдување спречување, проследување истрага, постапување и следење на случаите на наведеното малтретирање на детето. Имено, треба да се превземаат санкции за родителот кај кого не е доверено детето доколку два пати едно подруго не го почитувал решението на центарот за социјална работа, односно доколку во одредениот рок не го вратил детето.

Заклучок Како, што може да се забележи во погоре наведеното, истражувањата во поглед на злоупотребата на децата се големи, и доста големо внимание е направено во поглед на анализа на сите видови злоупотреба на децата како и начини за откривање на семејно насилство, причините што го предизвикуваат истото, како и заштита на децата од ваквите услови во кои се принудени да живеат. Она што за жал не е направено, е целосна имплементација на конвенциите и други акти донесени од невладини организации и други меѓународни тела инволвирани во борбата против овој нов вид на криминалитет, чија таргет група се токму на оние деца кои допрва треба да почнат да го развиваат својот интегритет во општеството. Иако сеуште постојат некои разлики во поглед на примената на заштита на децата од страна на државите, сепак мора да напоменам дека се направени чекори во поглед на искоренување на конфликтите кои се раѓаат во семејството. Во Република Македонија донесен е и Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Надлежните институции треба да се погрижат за негово доследно спроведување. Повторно споменувам дека се работи за чувствителна тема, од аспект на тоа дека семејството е заедница во која нејзините членови имаат право да уживаат семеен живот и дискреција; исклучок од ова право е интервенцијата на државите во моментите кога тие исти членови го злоупотребуваат тоа право. И покрај разликите во дефинициите за семејно насилство што тоа опфаќа, и злоупотребата на децата во истото, и најразновидната методологија која експертите ја применуваат при собирање на статистики за децата; сепак денес во светот е сеуште голем бројот на деца кои се подложени на сексуално злоупотреба во рамките на семејството, меѓутоа нивниот случај сеуште не е откриен; секојднево во медиумите читеме за откриени шокантни настани каде деца биле злоупотребувани од нивните родители, но од разни причини не биле во состојба да кажат. 18 18 Детска сексуална злоупотреба Студија направена во Велика Британија 1985

Користена литература : Малолетничка правда,акад.владо Камбовски,др.Татјана Велкова,(2008); А В Бејкер и Данкан СП (1985), Детска сексуална злоупотреба 9, стр.457-467, Велика Британија Банг и Дегенер (1997) сексуална злоупотреба на децата - истражување, позадина и влијание Weinheim, Folgen, Германија; Светско гледиште за детска злоупотреба - 7мо издание, 2006 Издадено од меѓународното здружение за превенција на злоупотреба на децата и невнимание,(ispcan) издадено од Deborah Daro, PhD, Chapin Hall центар за деца при Универзитетот во Чикаго; Кели Л. (Истражувачка студија за распространетоста на сексуалната злоупотреба на деца помеѓу 16-21 година) 1991, Едгард К. и Ормстад К. Распространетост и карактеристики на злоупотреба на децата во националниот пример кај Шведските деца на возраст од 16 години, Халперин ДС распространетост на детска злоупотреба помеѓу адолесцентите во Женева, Објевено во Британски здравствен весник 312, 1996; Истражувања на Сариола и Уутела распространетост на детска злоупотреба во Финска Детска злоупотреба и запоставување, 1992, Тимерман МС. Сексуална злоупотрена на адолесценти од нивните професори низ средните школи Sex Rules, 2003 година; Закон за семејство на РМ Декември 1992;

You are free: Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported to Share - to copy, distribute and transmit the work Under the following conditions: Attribution. You must attribute the work in the manner specified by the author or licensor (but not in any way that suggests that they endorse you or your use of the work). Noncommercial. You may not use this work for commercial purposes. No Derivative Works. You may not alter, transform, or build upon this work. For any reuse or distribution, you must make clear to others the license terms of this work. The best way to do this is with a link to this web page. Any of the above conditions can be waived if you get permission from the copyright holder. Nothing in this license impairs or restricts the author s moral rights. The document was created by CC PDF Converter