Универзална витрина за чување

Similar documents
Универзална витрина за чување

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Структурно програмирање

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Започнете овде Водич за брз почеток

Започнете овде Водич за брз почеток

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Line Interactive UPS уреди за непрекинато напојување

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Март Opinion research & Communications

Blu-ray диск/dvd систем на домашно кино. Започнете овде Здраво, ова е вашето упатство за брз почеток

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Започнете овде Упатство за брз почеток

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Упатство за употреба. Porto S (E570)

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Биланс на приходи и расходи

NO-FROST COMBI REFRIGERATOR Fridge-freezer Instruction booklet. ФРИЖИДЕР СО ЗАМРЗНУВАЧ NO FROST Упатство за употреба

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Биланс на приходи и расходи

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto Java PKI токен?

ПРИРАЧНИК ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

ПРИРАЧНИК ЗА УПОТРЕБА

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Упатство за корисникот

ВНИМАНИЕ. ВАЖНО - Ве молиме целосно да ги прочитате овие инструкции пред да го инсталирате или да ракувате со телевизорот. Безбедносни информации

Упатство за корисникот

SERIES 3 40S306BF УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ. Ве молиме прочитајте го ова упатство пред да го инсталирате и употребувате вашиот уред.

Упатство за корисникот

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Започнете овде. Упатство за брзо инсталирање DCP-J4110DW DCP-J4110DW ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ ВАЖНО НАПОМЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Blu-ray Disc / DVD -плеер

Упатство за корисникот S312. This is the Internet version of the User guide. Print only for private use.

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Упатство за користење на Електронско банкарство на Еуростандард Банка. (правни лица)

одржина Предговор... 1 Првокласни функции... 2 Сеф... 2 Активирање на камерата од Галерија... 2

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

SM-G920F. Упатство за корисникот

Упатство за корисникот

Упатство за корисникот

Упатство за употреба DSC-S750/S780 МК

ASTRA Прирачник за инфозабавата

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

Упатство за корисникот

Прирачникот е издаден од Здружение на граѓани Отворете ги прозорците. Печатењето на овој прирачник е поддржано од Фондација е Македонија

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

ЦЕНОВНИК ЗА СЕРВИСНИ УСЛУГИ Важечки од Јануари 1 ви, 2017 ПРЕПОРАЧАНИ ЦЕНИ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Blu-ray Disc /DVD систем за домашно кино

CASCADA Прирачник за инфозабавата

Упатство за корисникот

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Преглед на државите во Западна Африка

Упатство за употреба DSC-W150/W170

Упатство за корисникот

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Blu-ray Disc / DVD -плеер

WorkForce Enterprise. Водич за администратори NPD MK

U 2008 Sony Corporation (1)

OH , U.S.A.

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Blu-ray Disc / DVD плеер

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

Blu-ray Disc / DVD плер

Содржина Вовед Радио Аудио плеери Навигација Индекс... 58

LCD Дигитален телевизор

ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

УПАTСТВА ЗА РАКУВАЊЕ МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ WM1474DC

Коисмение.Штозначиме.

Грижа и чистење на системите и сондите за ултразвук

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Грижа и чистење на системите и сондите за ултразвук

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

ВОДЕЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ВО УСЛОВИ НА ДЕФЕКТ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ПРИРАЧНИК ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

Упатство за корисникот

Упатство за користење на програмот InfoSystem

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

08 NOV 2018 REPUBLIKA MAKEDONIJA EFFECTIVE DATE STAPUVA VO SILA NA REPUBLIC OF MACEDONIA AMD AIP 61

СОДРЖИНА. Автоматски часовници. Хронографи. Кварцни хронографи. Автоматски хронографи

Сектор за информатичка технологија

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Упатство за употреба DCR-SR35E/SR36E/SR45E/SR46E/SR55E/ SR65E/SR75E/SR85E. Дигитална видео камера (1)

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

(1) (MK) Дигитален фотоапарат. Упатство за употреба DSC-H300

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Недвижности, постројки и опрема

Transcription:

Универзална витрина за чување Installation, Operating Manual 3,6-Row Models Frymaster е член на Здружението на сервисери на комерцијална опрема за производство на храна (CFESA) и препорачува користење на техничари овластени од CFESA. *8196702* Бесплатен телефонски број за 24-часовен сервис 1-800-551-8633 Електронска пошта:service@frymaster.com Цена: $6.00 819-6702 FEB 12

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДОКОЛКУ ЗА ВРЕМЕ НА ГАРАНТНИОТ РОК КУПУВАЧОТ УПОТРЕБИ БИЛО КАКОВ ДЕЛ ЗА ОВАА ОПРЕМА ОД ENODIS ОСВЕН НЕИЗМЕНЕТ НОВ ИЛИ РЕЦИКЛИРАН ДЕЛ ШТО Е КУПЕН ДИРЕКТНО ОД FRYMASTER/DEAN ИЛИ ОД БИЛО КОЈ ОД НЕГОВИТЕ ОВЛАСТЕНИ СЕРВИСНИ ЦЕНТРИ, ИЛИ ДОКОЛКУ Е ПРЕПРАВЕН ПРВОБИТНИОТ ОБЛИК НА УПОТРЕБЕНИОТ ДЕЛ, ОВАА ГАРАНЦИЈА ЌЕ БИДЕ НЕВАЖЕЧКА. ПОНАТАМУ, FRYMASTER/DEAN И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КАКВИ РЕКЛАМАЦИИ, ШТЕТИ ИЛИ ТРОШОЦИ ШТО ГИ ИМА ПРЕТРПЕНО КУПУВАЧОТ, А КОИ МОЖЕ ДА НАСТАНАТ ДИРЕКТНО ИЛИ ИНДИРЕКТНО, ЦЕЛОСНО ИЛИ ДЕЛУМНО, ПОРАДИ ПОСТАВУВАЊЕТО НА БИЛО КАКОВ ПРЕПРАВЕН ДЕЛ ИЛИ ДЕЛ ШТО Е ДОБИЕН ОД НЕОВЛАСТЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР. ОВАА ВИТРИНА НЕ Е ПОГОДНА ЗА УПОТРЕБА НА ОТВОРЕНО. КОГА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ОВОЈ УРЕД, ТОЈ МОРА ДА БИДЕ ПОСТАВЕН НА ХОРИЗОНТАЛНА ПОВРШИНА. ВИТРИНАТА НЕ Е ПОГОДНА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА МЕСТА КАДЕ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ МЛАЗОВИ НА ВОДА. ОВОЈ УРЕД НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЧИСТИ СО МЛАЗ НА ВОДА. НЕМОЈТЕ ДА ГО ПОСТАВУВАТЕ ОТВОРОТ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА ВОЗДУХ НА ВИТРИНАТА ПОКРАЈ ИСПУСТ ЗА ПАРЕА ИЛИ ТОПЛИНА НА НЕКОЈ ДРУГ УРЕД. ЗАРАДИ ВАША БЕЗБЕДНОСТ НЕМОЈТЕ ДА СКЛАДИРАТЕ ИЛИ ДА УПОТЕБУВАТЕ БЕНЗИН ИЛИ БИЛО КАКВИ ДРУГИ ЗАПАЛЛИВИ ИСПАРУВАЊА И ТЕЧНОСТИ ВО БЛИЗИНА НА ОВОЈ ИЛИ БИЛО КОЈ ДРУГ УРЕД. НЕМОЈТЕ ДА ЈА УПОТРЕБУВАТЕ ИЛИ СЕРВИСИРАТЕ ВИТРИНАТА БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВА УПАТСТВО. НЕМОЈТЕ ДА ЈА УПОТРЕБУВАТЕ ВИТРИНАТА ДОКОЛКУ НЕ Е ПРАВИЛНО ПОСТАВЕНА И ПРОВЕРЕНА. НЕМОЈТЕ ДА ЈА УПОТРЕБУВАТЕ ВИТРИНАТА ДОКОЛКУ СИТЕ ПЛОЧИ ЗА ПРИСТАП И СЕРВИСИРАЊЕ НЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ И ПРАВИЛНО ПРИЦВРСТЕНИ. НЕМОЈТЕ ДА СЕ ОБИДУВАТЕ ДА ПОПРАВАТЕ ИЛИ МЕНУВАТЕ БИЛО КОЈ ДЕЛ ОД ВИТРИНАТА ДОКОЛКУ УРЕДОТ НЕ Е ИСКЛУЧЕН ОД ИЗВОР НА СТРУЈА. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА ЈА ПОСТАВУВАТЕ, УПОТРЕБУВАТЕ ИЛИ ЧИСТИТЕ ВИТРИНАТА ЗА ДА ИЗБЕГНЕТЕ ДА ДОЈДЕТЕ ВО ДОПИР СО ЗАГРЕАНИ ПОВРШИНИ. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА ЈА ПОДИГАТЕ ВИТРИНАТА. УРЕДОТ ТЕЖИ 90,7 КИЛОГРАМИ. ПРИ УПОТРЕБА НА СТАНДАРДНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНО ПОДИГАЊЕ, ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ТРОЈЦА ИЛИ ЧЕТВОРИЦА ЛУЃЕ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ВИТРИНАТА.

Универзална витрина за чување Поглавје Страна Сервисирање, Гаранција 1-1 Послужавници за производи 1-3 Вклучување 2-1 Преглед на работните карактеристики 3-1 Менување на подесувањата на редовите 3-2 Исклучување на местата 3-3 Програмирање 3-5 Одржување 4-1

UHC-HD 1 Универзална витрина за чување Универзалната витрина за чување (UHC-HD) на Frymaster е развиена и произведена ексклузивно за McDonald s, и претставува уред за краткорочно чување што ја продолжува свежината на голем број на зготвени производи. Витрината ги исполнува сите стандарди за безбедност, ефикасност и чистота на McDonald s. 1.1 Гарантна изјава A. Frymaster L.L.C. ги дава следните ограничени гаранции на оригиналниот купувач само за оваа опрема и резервни делови: 1.1.1 Одредби на гаранцијата - Универзална витрина за чување A. Frymaster L.L.C. дава гаранција против оштетување на материјалот и изработката на сите делови за период од две години. B. Сите делови, со исклучок на осигурувачите, имаат гаранција за период од две години од датумот на поставување на витрината C. Доколку било кој дел, освен осигурувачите, се оштети во периодот од првите две години од датумот на поставувањето, Frymaster ќе ја плати редовната цена на работната рака што е потребна да се замени делот, како и патни трошоци до најмногу 160 км (по 80 км во еден правец). 1.1.2 Враќање на деловите A. Сите делови што ќе се оштетат под гаранција мора да бидат вратени на овластен сервисер на Frymaster во рок од 60 дена за да се добие поврат во висина на нивната вредност. После 60 дена, нема да може да се добие поврат. 1.2.3 Исклучоци од гаранцијата Оваа гаранција не опфаќа опрема што е оштетена поради погрешна и неправилна употреба, преправка или незгода од типот: Неправилна или неовластена поправка; Непридржување кон правилните упатства за поставување или кон редовните постапки за одржување што се пропишани во картонот за одржување; Неправилно одржување; Оштетување при испорака; Неумерена употреба; Отстранување, преправка или уништување на заштитната етикета; Оваа гаранција исто така не покрива: Превоз или пат преку 160 км (по 80 км во еден правец), или време на патување поголемо од два часа; Прекувремена или празнична цена на работна рака. Последични оштетувања (трошок за поправка или замена на друг имот што е оштетен), изгубено време, заработка, употребна вредност или било какви други споредни штети. 1-1

UHC-HD Во изреченото не постои никаква гарација што се подразбира, можност за продажба или прикладност за особена употреба или цел. Горе наведените постапки важат и за меѓународна гаранција, со тоа што купувачот е одговорен за превозот и царинските трошоци. ПОРАЧУВАЊЕ НА ДЕЛОВИ И СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ Порачки за делови може да се направат директно кај вашиот локален овластен сервисер или дистрибутер на Frymaster. Списокот на овластени сервисери и дистрибутери на Frymaster е вклучен во пакувањето при испорака од фабриката. Доколку немате пристап до овој список, ве молиме да стапите во контакт со Сервисната служба на Frymaster преку телефонските броеви 1-800-24-FRYER или 1-318- 865-1711. Ве молиме да имате предвид дека порачките за жичени или пластични послужавници, комплети за редење, колички и тркалца треба да се направат кај вашите снабдувачи со кујнска опрема. Frymaster не врши снабдување со овие помошни делови. За да ја забрзате вашата порачка, потребни се следните информации: Број на моделот Сериски број Напон Каталошки број на делот Потребно количество Оваа услуга може да се добие преку стапување во контакт со вашиот локален овластен сервисер или дистрибутер на Frymaster. Сервисни информации може да се добијат со повикување на Сервисната служба на Frymaster. Следните информации ќе бидат потребни за да ви биде пружена помош брзо и ефикасно: Број на моделот Сериски број Опис на проблемот Потребни се и сите други информации што би можеле да помогнат во решавањето на вашиот сервисен проблем. ЧУВАЈТЕ ГО ОВА УПАТСТВО НА БЕЗБЕДНО МЕСТО ЗАРАДИ ПОНАТАМОШНА УПОТРЕБА. 1-2

1.2 Послужавници за производи UHC-HD Постојат три големини на послужавници за производи: A. Еднотретински пластичен послужавник B. Еднотретински жичен послужавник C. Пластичен послужавник со полна големина Употребувајте ги во склад со упатството за работа и обука за вашата држава. Важни совети за употреба Кога ставате послужавник во витрината, осигурајте линијата на дршката на послужавникот да биде порамнета со работ на редот. Фрлете ги напрснатите и оштетените послужавници. Кога вадите порции од послужавник, извлечете го послужавникот само онолку колку што е потребно, а потоа бргу вратете го на местото. Погледнете ги новите распореди на послужавници за шесторедната витрина во вашите упатства. 1-3

UHC-HD 1.3 Поставување на држачот за производи пржени на скара Држачот е наменет за држење на еднотретинскиот послужавник за производи пржени на скара. Тој се поставува на скарата за да го направи префрлувањето на производи од скарата во витрината побрзо и побезбедно. Поставете го предниот дел од држачот под работ на скарата. Спуштајте го задниот дел од држачот додека отворите не налегнат на прачките од скарата. Држачот би требало цврсто да стои на предниот дел од скарата. Доколку држачот не може цврсто да се постави, едноставно отпуштете ги четирите навртки што се наоѓаат под држачот и гурнете или повлечете го колку што е потребно за да се прицврсти до прачката. Прицврстете ги завртките откако држачот ќе биде правилно подесен. The grill clip attaches to the grill and holds grilled product in a UHC-HD tray, making transfer to the holding cabinet easier. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА ЈА ПОДИГАТЕ ВИТРИНАТА. УРЕДОТ ТЕЖИ 90,7 КИЛОГРАМИ. ПРИ УПОТРЕБА НА СТАНДАРДНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНО ПОДИГАЊЕ, ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ТРОЈЦА ИЛИ ЧЕТВОРИЦА ЛУЃЕ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ВИТРИНАТА. 1-4

UHC-HD 2 Вклучување СИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ УПРАВУВАНИ УРЕДИ МОРА ДА БИДАТ ЗАЗЕМЈЕНИ ВО СКЛАД СО ЛОКАЛНИТЕ ПРОПИСИ, ИЛИ, ДОКОЛКУ НЕ ПОСТОЈАТ ЛОКАЛНИ ПРОПИСИ, СО НАЦИОНАЛНИОТ ПРАВИЛНИК ЗА ЕЛЕКТРИКА, ANSI/NFPA БР. 70-1990. A. Потребна струја: Напон 208/240 VAC 2620 W при напон од 208 V 3420 W при напон од 240 V Фреквенција 50/60 Hz Една фаза Јачина на струја до 20 amp ОВОЈ УРЕД Е ОПРЕМЕН СО ТРИКОНТАКТЕН ПРИКЛУЧОК ЗА ЗАЗЕМЈУВАЊЕ ЗА ДА ВЕ ЗАШТИТИ ОД ОПАСНОСТА ОД СТРУЕН УДАР, И МОРА ДА БИДЕ ВКЛУЧЕН ВО ПРАВИЛНО ЗАЗЕМЈЕНА ПРИКЛУЧНИЦА ЗА ТРИКОНТАКТЕН ПРИКЛУЧОК. НЕМОЈТЕ ДА ГО ОТСЕКУВАТЕ ИЛИ ОТСТРАНУВАТЕ КОНТАКТОТ ЗА ЗАЗЕМЈУВАЊЕ НА ОВОЈ ПРИКЛУЧОК. НЕМОЈТЕ ДА ГО ПОСТАВУВАТЕ ОТВОРОТ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА ВОЗДУХ НА ВИТРИНАТА ПОКРАЈ ИСПУСТ ЗА ПАРЕА ИЛИ ТОПЛИНА НА НЕКОЈ ДРУГ УРЕД. СИТЕ УРЕДИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИКЛУЧЕНИ НА ЗАЗЕМЈЕН СИСТЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА. 2.1 Претходно загревање 1. Вклучете ја универзалната витрина за чување во извор на струја. 2. Поставете празни послужавници за храна на сите места во редовите. 3. Поставете го прекинувачот во положба за вклучување. 4. Подесете ја витрината на саканото мени. 5. На витрината ќе се прикаже Low Temp (Прениска температура), и ќе се менува во името на ставката од менито кога ќе биде достигната соодветната температура. 6. Вклучете го тајмерот додека храната се постава на загреаните послужавници. 2-1

Универзална витрина за чување 3 Преглед на работните карактеристики Универзалната витрина за чување (UHC-HD) има шест реда во кои може да се чуваат најмногу по три послужавника со производи, или три реда во кои може да се чуваат по три послужавника. Секое место во редот има свој екран што го прикажува производот и времето на чување за тоа место. Ја вклучува/ исклучува единицата. Ги откажува чекорите за програмирање. Внесете режим за програмирање. Се покажува мени или податоци за програмирање и оперативни чекори. Внесете букви/бројки. Го прикажува останатото време на сите активни позиции oд редовите. Ги започнува намалу вањата, го запира тајмерот за одбројување. Одобрете го записот. Покажувач за напред/назад. OK,,, illuminated when active Ја прикажува температурата на сите редови. Го менува менито прикажано во редот, го исклучува редот и го поставува редот во режим за чистење. Избраните ставки се потврдуваат со копчето ОК. 3-1

Универзална витрина за чување Витрината е спремна за употреба веднаш штом ќе се извади од кутијата, а местата се подесесни на стандардните подесувања на менијата. 3.1 Употреба на витрината 1. Поставете го прекинувачот во положба ON (ВКЛУЧЕНО). 2. Екраните ќе засветлат и ќе прикажат LOW TEMP (Ниска температура), и ќе ги прикажат имињата на производите кога витрината ќе ја достигне соодветната температура. 3. Внесете го производот во соодветниот ред и притиснете го тајмерот. Најосветлените екрани ги прикажуваат местата со најмало преостанато време на чување. 4. Притиснете го копчето што се наоѓа на крајната десна страна од редот за да го смените режимот на работа на редот, да го исклучите редот, или да го подесите во режим за чистење. Притиснете го копчето ОК (Прифаќање) за да ја прифатите промената. 3.2 Употреба на тајмерот Светлото копче и светлата ставка од менито на екранот покажуваат која позиција на редот треба да се користи прва. Светлото копче во позицијата на редот покажува дека позицијата е активна, но е е позиција со најмалку останато време на задржување. Нејзиното име од менито ќе стане осветлено кога ќе стане позиција со најкусо останато време на задржување. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа над посакуваното место. Копчето се осветлува; името на производот исто така се осветлува доколку тоа е првото или единственото место со таа ставка од менито. Осветленоста на приказот на ставката од менито го покажува местото со најмало преостанато време на чување. Копчињата над местата со истиот производ ќе се осветлат кога ќе бидат притиснати. Името на ставката од менито ќе остане затемнето се додека тоа не стане местото со најмало преостанато време на чување. Редослед на сигналите на екранот на тајмерот Осветлено копче и осветлен приказ на местото во редот со најмало време на чување; осветлено копче на местата во редот со истиот производ. Cook Now (Потребно готвење) со еден звучен сигнал пред истекот на времето на чување XXXXX со постојан звук на истекот на времето на тајмерот; притиснете го копчето на тајмерот за да го запрете алармот. Запирање на тајмерот Притиснете го копчето на тајмерот над местото во редот за да го исклучите тајмерот. Тајмерот запира и копчето на тајмерот се затемнува. Приказот на следното соодветно место во редот се осветлува. 3-2

Универзална витрина за чување 3.3 Менување на подесувањето за редот Притиснете го копчето за режим на работа на редот што се наоѓа на десната страна на витрината. Приказите за одбраниот ред се менуваат помеѓу ставки од менито, режим за чистење и исклучување. Кога ќе биде прикажан посакуваниот режим, притиснете го копчето ОК од тастатурата. На главниот контролен екран ќе биде прикажана ставка од менито или Mixed (Комбинирано) доколку се употребуваат повеќе ставки од менито во витрината. 3.4 Приказ Потребно готвење Приказот Потребно готвење се појавува по истек на претходно подесеното време, а пред престанок на употребливоста на последниот послужавник со определен производ. Не е потребно да се потврди дека приказот е прегледан. Звучниот аларм во траење од три секунди и прикажувањето на CooK NOW (Потребно готвење) служат како потсетник дека треба да се зготви уште од потребниот производ. 3.5 Употреба на режимот за чистење Притискајте го копчето на менито се додека не се појави приказот Clean Mode (Режим за чистење). Притиснете го копчето ОК. Доколку има вклучени тајмери, витрината нема да дозволи со копчето на менито да се избере Clean Mode (Режим за чистење). Кога нема вклучени тајмери, избирањето на Clean Mode ќе ја стави целата витрина во режим за чистење. Ќе се сменат имињата на сите места во редовите. Подесувањето за сите редови станува 52 C. Екраните прикажуваат SLOT CLN MODE (Режим за чистење на местата) NOT SAFE YET (Не е безбедно) се додека температурата на местата не достигне 52 C. Екранот прикажува CLEAN (Чистење). 3.6 Исклучување на местата Притиснете го копчето за режим на работа на редот што се наоѓа на десната страна се додека не се прикаже OFF (Исклучено). Притиснете го копчето ОК од тастатурата. 3.7 Намалување на времето на чување Времето на чување може да се намалува во чекори од пет минути со притискање и отпуштање на копчето на тајмерот што се наоѓа над вклученото место. Ова се прави за да се поништи времето што производот го поминал во друга витрина за чување. 3.8 Прикажување на температурата Притиснете го копчето за температура на витрината и левиот ред на екрани ќе ги прикаже горната и долната температура. Температура на најгорниот послужавник Температура на најдолниот послужавник 3.9 Аларми за температура Постојат четири аларми за температура: Превисока температура Прениска температура Откажување на сензорот Споро време на загревање Доколку се случи состојба за аларм, ќе се слушне звучниот аларм и екранот наизменично ќе ги прикажува името на производот и пораката на алармот. Тајмерите не може да се вклучат доколку на тоа место е прикажана алармна порака. 3-3

Универзална витрина за чување 3.9.1 Аларми за висока и ниска температура Доколку температурата на местото е повисока или пониска од ограничувањата за избраниот производ, екранот ќе прикаже SLOT TEMP HIGH (Превисока температура на местото) SLOT TEMP LOW (Прениска температура на местото). Ќе се слушне алармот. Притиснете го копчето на тајмерот за да го исклучите звучниот аларм. Звучниот аларм не се вклучува за време на првото вклучување на витрината. 3.9.2 Аларм за откажување на сензорот Алармот за откажување на сензорот означува дека сензорот прикажува вредност на температура повисока или пониска од опсегот за местото од 32-121 C. Ќе се слушне звучниот аларм. Прикажаната порака е SENS ALRM (Откажување на сензорот). Притиснете го копчето на тајмерот за да го прекинете звучниот аларм. Потребно е сервисирање за да се поправи алармот за откажување на сензорот. 3.9.3 Аларм за споро време на загревање Алармот за споро време на загревање означува дека по вклучувањето температурата на местото не можела да ја достигне работната температура во претходно подесеното време. Прикажаната порака е SLOT RISE RATE (Споро време на загревање на местото). Ќе се слушне звучниот аларм. Притиснете го копчето на тајмерот за да го исклучите звучниот аларм. Потребно е сервисирање за да се поправи алармот за време на загревање. 3.9.4 Дополнителни прикази за недозволени вредности Приказот ННН (ХХХ) на екранот означува грешка на сензорот. Потребно е сервисирање. Приказот LLLL (ЛЛЛЛ) означува грешка на сензорот или температура на местото помала од 10 C. Оставете местото да работи 10 минути. Доколку приказот LLLL (ЛЛЛЛ) остане, побарајте сервисер. 3-4

Универзална витрина за чување Преглед на програмирањето Со притискање на копчето за програмирање и внесување код се пристапува кон петте области на картотеката, појаснети во продолжение. Modes (Режими) MENUS (Менија) Ја прикажува конфигурацијата на менијата. Користете го за да промените ставки во конфигурации Ги прикажува менијата од картотеката. Користете го за промена на прикажаната конфигурација или префрлање кон чисто. Items (Ставки) Locale (Локални стандарди) Користете го за промена на јазик и прикажување на температурниот опсег. Користете го за додавање ставки, уредување на постојните ставки. Settings (Поставки) Користете ги за промена на нивото на звукот, вчитување или извезување конфигурации, поставување на екранот да покажува производ и останато време на задржување и прикажување на верзиите на софтверот. Програмирањето се врши со употреба на тастатурата и копчињата на тајмерите во левата колона на редовите. Притиснете го копчето Program (Програмирање) од тастатурата, внесете ја шифрата и екраните на витрината ќе се променат (како што е прикажано горе). Кога на главниот контролен екран е прикажано Program (Програмирање): Притиснете го копчето на тајмерот до приказот Modes (Режими) за да се прикажат подесувањата на менито и режимот за чистење. Притиснете го копчето на тајмерот до приказот Menus (Менија) за да ги промените подесувањата на менито. Притиснете го копчето на тајмерот до приказот Items (Ставки) за да додадете ставка во менито или да избришете или измените некоја од постоечките ставки. Притиснете го копчето на тајмерот до приказот Locale (Локални подесувања) за да го измените јазикот на приказот или температурниот опсег од фаренхајтови степени во целзиусови. Притиснете го копчето од тајмерот што се наоѓа веднаш до Settings (Поставки) за да го приспособите нивото на звукot, да го промените прикажувањето на позицијата на редот кај производот и останатото време на задржување, да пристапите кон можностите за извезување и увезување и да ги видите броевите на верзиите на софтверот. Во секој од овие случаи, кога копчето ќе биде притиснато зборовите на местата во редовите на картотеката ќе се сменат. Ќе бидат прикажани ставките што се од важност за избраното мени. Упатствата поминуваат на екранот на тастатурата. 3-5

Менување на режимот на работа Универзална витрина за чување Употребувајте го ова за менување на општото мени на витрината. 1. Притиснете го копчето Рrogram (Програмирање). 2. Се појавува приказот Enter access sequence (Внесување на пристапната шифра). 3. Внесете 1955. 4. Притиснете го копчето ОК. 5. Притиснете го осветленото копче до приказот Modes (Режими) и првата колона ќе прикаже пет избори на менија и режим за чистење. 6. Притиснете го посакуваното мени. 7. Сите екрани го прикажуваат избраното мени. На контролниот екран поминува Press OK to confirm mode change (Притиснете ОК за потврда на промената на режимот на работа). 8. Притиснете го копчето ОК. 9. Контролниот екран прикажува CHG Complete (Промената е извршена). Копчето со стрелката останува осветлено. 10. Притиснете го копчето три пати за витрината да почне да работи во избраното мени. Напомена: Ова го менува менито на картотеката кај сите редови одеднаш. Единичните редови може да се променат со користење на копчето за редови од десната страна на секој ред. 3-6

Универзална витрина за чување Менување на ставки од менито 1. Притиснете го копчето Рrogram (Програмирање). 2. Се појавува приказот Enter access sequence (Внесување на пристапната шифра). 3. Внесете 1955. 4. Притиснете го копчето ОК. 5. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот Menu (Мени). 6. Во левата колона на екрани на витрината ќе се прикажат изборите на менија. 7. Притиснете го посакуваното мени. 8. Ќе биде прикажано тековното подесување за тоа мени. 9. Притиснете го копчето на тајмерот до местото што треба да се измени*. 10. Прегледајте ги изборите со осветленото копче на тајмерот или со копчињата (копчињата со стрелки овозможуваат прегледување напред и назад) од контролната табла. 11. Кога посакуваната ставка ќе биде прикажана притиснете го копчето ОК. 12. Контролниот екран прикажува CHG Complete (Промената е извршена). Копчето останува осветлено. 13. Притиснете го копчето три пати за витрината да почне да работи во избраното мени. Менување на менито во еден ред Картотеката се покажува со прикажаното мени Breakfast (Појадок). * НАПОМЕНА: Ставките од менито што ја менуваат температурата на редот мора да се внесат во левиот дел од редот. Ставките што се наоѓаат на средина и во десната страна мора да имаат иста температура. Ставките од менито со температура што е несоодветна во однос на левата позиција не се прикажуваат кога ги прегледувате производите. 1. Притиснете го копчето за режим на работа на саканиот ред. 2. Изборот на режими, вклучувајќи ги OFF (Исклучено) и Clean (Чистење), се прикажува со секое притискање на копчето. 3. Кога ќе биде прикажан саканиот избор од менито, притиснете го копчето ОК на тастатурата. 4. Приказот на контролниот екран се менува од името на претходното мени во Mixed (Комбинирано). Со притискање на копчето за режим на ред (погледнете ја стрелката) се покажува низа на избори од менито. Притиснете го копчето ОК од горната тастатура кај посакуваното мени за прикажаниот ред. 3-7

Универзална витрина за чување Додавање, менување или бришење на ставка од менито 1. Притиснете го копчето Рrogram (Програмирање). 2. Се појавува приказот Enter access sequence (Внесување на пристапната шифра). 3. Внесете 1955. 4. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот Items (Ставки). 5. Екранот на витрината прикажува Add Item (Додавање на ставка), Chg Item (Избирање на ставка) и Del Item (Бришење на ставка). 6. На тастатурата се прикажува Select Task (Избирање на опција). Детални упатства за секоја опција се дадени долу: Додавање на нова ставка Кога витрината е во режим Items (Ставки), притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот Add Item (Додавање на ставка). Во левата колона на екрани ќе се прикажат Item Name (Име на ставката) Top Temp (Горна температура) Bot Temp (Долна температура) Hold Time (Време на чување) Cook Now (Потребно готвење) 1. Притиснете го копчето Item Name (Име на ставката). На екранот на тастатурата се прикажува Select Setting to Change (Избирање на подесување што треба да се измени). На екранот за името се прикажува Name New Item (Име на новата ставка). Употребете ја тастатурата за да го внесете името на производот. 2. Притиснете го копчето. На екранот се прикажува Select Setting to change (Избирање на подесување што треба да се измени) or Press OK to Save (Притиснете ОК за да сочувате). 3. Притиснете го копчето Top Temp (Горна температура). Употребете ја тастатурата за да ја внесете горната температура. 4. Притиснете го копчето. На екранот се прикажува Select Setting to change (Избирање на подесување што треба да се измени) or Press OK to Save (Притиснете ОК за да сочувате). 5. Притиснете го копчето Bot Temp (Долна температура). Употребете ја тастатурата за да ја внесете долната температура. Ставките Add (Додај), Change (Промени) и Delete (Избриши) се прикажуваат кога во режимот на програмирање се направи избор на ставка (Item). Со избирање на која било опција во режимот Item (Ставка), се појавува екранот прикажан погоре. НАПОМЕНА: Не може да се внесат температури повисоки од 93 C и пониски од 73 C. Некои нумерирани тастери стануваат нефункционални при температура поставена на максимум или минимум, спречувајќи внесување поголем или помал број. 6. Притиснете го копчето. На екранот се прикажува Select Setting to change (Избирање на подесување што треба да се измени) or Press OK to Save (Притиснете ОК за да сочувате). 7. Притиснете го копчето Hold Time (Време на чување). Употребете ја тастатурата за да го внесете времето за кое производот може да се чува во витрината. 8. Притиснете го копчето. На екранот се прикажува Select Setting to change (Избирање на подесување што треба да се измени) or Press OK to Save (Притиснете ОК за да сочувате). 9. Притиснете го копчето Cook Now (Потребно готвење). На тастатурата се прикажува Change Item (Менување на ставка). Употребете ја тастатурата за да го внесете моментот во одбројувањето кога на витрината ќе биде прикажано Cook Now (Потребно готвење). 10. Притиснете го копчето ОК. На екранот се прикажува Select Setting to change (Избирање на подесување што треба да се измени) or Press OK to Save (Притиснете ОК за да сочувате). 11. Притиснете го копчето ОК. Екранот прикажува CHG Complete (Промената е извршена). 12. Притиснете го еднаш копчето за да внесете друг производ, почнувајќи со копчетоitems (Ставки). Притиснете го копчето уште два пати за да ја вратите витрината во режим за нормална работа и да престанете со програмирањето. 3-8

Менување на ставка Универзална витрина за чување Кога витрината е во режим Items (Ставки), притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот CHG Item (Менување на ставка). Екраните на витрината ќе се исполнат со имиња на ставки. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до ставката што треба да се измени. Екранот на витрината прикажува: Item Name (Име на ставката) Top Temp (Горна температура) Bot Temp (Долна температура) Hold Time (Време на чување) Cook NOW (Потребно готвење) Притиснете го копчето на тајмерот до вредноста што треба да биде изменета и следете ги чекорите што се прикажани во одделот Додавање на нова ставка за да измените една или повеќе вредности во врска со чувањето на производот. Притискајте го копчето се додека витрината не се врати во режим за нормална работа. Бришење на ставка Кога витрината е во режим Items (Ставки), притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот Del Item (Бришење на ставка). Екраните на витрината ќе се исполнат со имиња на ставки. Прегледајте ги и другите имиња со употреба на осветлените копчиња. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до ставката што треба да се избрише. Екранот на витрината прикажува: Item Name (Име на ставката) Top Temp (Горна температура) Bot Temp (Долна температура) Hold Time (Време на чување) Cook More (Потребно подолго готвење) На контролната табла се прикажува Delete Item (Бришење на ставка). Притиснете го копчето ОК од тастатурата. На екранот на тастатурата се прикажува Change Complete (Завршено менување). Притиснете го копчето за витрината да се врати во режим за нормална работа. Менување на јазикот 1. Кога витрината е во режим Program (Програмирање), притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот Locale (Локални подесувања). 2. Екраните во левата колона прикажуваат Language (Јазик) и Degrees (Степени). На централниот екран се прикажани важечките подесувања. 3. Притиснете го копчето Language (Јазик). 4. Екраните на витрината ќе се исполнат со имиња на јазици. Доколку е потребно, прегледајте ги и другите јазици со употреба на стрелките од тастатурата. 5. На горниот лев екран се прикажува важечкиот јазик. 6. Притиснете го копчето со саканиот јазик. Избраниот јазик ќе се прикаже на горното лево место; сите други места ќе бидат празни. 7. Притиснете го копчето ОК. 8. Притиснете го копчето за витрината да се врати во режим за нормална работа со новиот јазик. НАПОМЕНА: Лизгајте до дополнителните прикажани ставки, ако има потреба, со тастерите од тастатурата. Прикажана картотека со ставки од менито. Ставката што треба да се избрише се избира со копчето на тајмерот. Бришењето се потврдува со копчето ОК на управувачот. Се покажува картотека со приказ на LOCALE (ЛОКАЛНИТЕ СТАНДАРДИ). Веднаш до Language (Јазик) е моменталниот избор на јазик; веднаш до Degrees (Степени) е моменталниот температурен опсег. Внесување на режимот за програмирање Притиснете го копчето Рrogram (Програмирање). Се појавува приказот Enter access sequence (Внесете пристапна низа). Внесете 1955. Притиснете го копчето ОК. 3-9

Универзална витрина за чување Менување на приказот на температурниот опсег Поставки 1. Кога витрината е во режим Program (Програмирање), притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот Locale (Локални подесувања). 2. На екраните во левата колона се прикажуваат Language (Јазик) и Degrees (Степени). На соседните екрани се прикажуваат важечките подесувања. 3. Language (Јазик) и Degrees (Степени) се прикажани со важечкото подесување на соседното место. 4. Притиснете го копчето на тајмерот до Degrees (Степени). 5. Приказите Fahrenheit (Фаренхајтови) и Celsius (Целзиусови) се наоѓаат еден над друг. 6. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до саканата скала. 7. Избраната скала на степени ќе се прикаже на горното лево место; сите други места ќе бидат празни. 8. Притиснете го копчето ОК од тастатурата за да го потврдите изборот. 9. Притиснете го копчето за витрината да се врати во режим за нормална работа со новата температурна скала. Менито Settings (Поставки) воведува неколку опции: приспособување на нивото на звукот, приспособување на екранот, што го додава останатото време на задржување на екранот во позицијата на редот, увезување конфигурација од интернет сајтот за конфигурација на картотеки на Мекдоналдс (McDonald's) и извезување конфигурациски датотеки за користење во други картотеки. Исто така, можете да ги видите и верзиите на софтверот. Карактеристиките се опишани подолу во редослед во кој се појавуваат во картотеката. Звук Со притискање на тајмерот што се наоѓа веднаш до Degrees (Степени) се појавува екранот прикажан погоре. Притиснете го копчето за време што се наоѓа до посакуваниот температурен опсег. 1. Кога картотеката е во режим Program (Програмирање), притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до приказот Setting (Поставка). 2. Моменталното поставување на звукот е прикажано горе лево; другите нивоа на звукот се прикажани на местата во редовите веднаш под моменталната поставка. 3. На екранот на тастатурата поминуваат упатствата. 4. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до саканата поставка. 5. Избраната поставка ќе се прикаже во горниот лев агол, а сите други прикази ќе бидат празни. 6. Притиснете го копчето ОК за да го потврдите изборот. 7. Притиснете го копчето со кружната стрелка за картотеката да продолжи да функционира со новото ниво на звук. Внесување на режимот за програмирање Притиснете го копчето Рrogram (Програмирање). Се појавува приказот Enter access sequence (Внесете пристапна низа). Внесете 1955. Притиснете го копчето ОК. 3-10

Екран Универзална витрина за чување 1. Кога картотеката е во режим Program (Програмирање), притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до DISPLAY (Екран). 2. DSP MODE (Режимот Екран) се прикажува во горниот лев агол, моменталната поставка на екранот FULL (Целосен) или Short (Кус) се прикажува во средината на горниот дел. На екранот на тастатурата поминуваат упатствата. FULL (Целосен) го прикажува целосното име на производот. Short (Кус) прикажува скратено име и останатото време на задржување. 3. Притиснете го копчето што се наоѓа до DSP MODE (Режим на Екран). 4. Горната позиција ја поместува моменталната поставка, позициите веднаш под неа стануваат FULL и SHORT. 5. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до саканиот режим на екран. 6. Избраната поставка ќе се прикаже во горниот лев агол; а сите други прикази ќе бидат празни. 7. Притиснете го копчето ОК за да го потврдите изборот. 8. Притиснете го копчето со кружната стрелка за картотеката да продолжи да функционира со променет екран. Извезување 1. Кога картотеката е во режим Program (Програмирање), внесете флеш меморија со конфигурации за картотеката снимени од веб-сајтот за програмирање на Мекдоналдс или извезени од картотеката. 2. Притиснете го копчето од тајмерот за да направите IMPORT (Увезување). 3. Позициите на редовите на картотеката се пополнети со имиња на датотеките за конфигурација на картотеката од флеш меморијата. 4. Притиснете го копчето на тајмерот што се наоѓа до саканата конфигурација. 5. Избраното име на датотеката е прикажано во горниот лев дел од редот. Другите позиции од редот се празни. Екранот се поместува до Press OK to Confirm (Притиснете го копчето ОК за потврда. 6. Притиснете го копчето ОК. 7. CHG Complete (Целосен CHG) е тоа што се појавува. 8. Притиснете го копчето за да го напуштите режимот за програмирање и да ја вратите картотеката во режим на нормална работа. НАПОМЕНА: *Исклучиво Мекдоналдс управува со пристапот до софтверот заснован врз интернет и упатствата за негова употреба. Податоци за контакт: Глен Шакмут Телефонски број: 630-623-2154 е-пошта: Glenn.Schackmuth@us.mcd.com 3-11 Горната позиција го поместува моменталниот избор. Осветлените копчиња подолу се изборите. Кај режимот Short на екранот, името на ставката и останатото време на задржување се прикажани постојано. Некои од имињата на ставките ќе бидат напишани со скратеници. Имињата на датотеките за конфигурација на картотеката што се во флеш меморијата се видливи во картотеката (горниот дел) при извезување конфигурација. Конфигурација се избира со притискање на соседното копче од тајмерот. Тоа име на датотеката се појавува во горниот лев агол (илустрацијата подолу). Сите копчиња на тајмерот се угаснати, а сите други прикази на позиции на редот се празни. НАПОМЕНА: Конфигурациите од менито снимени на флеш меморијата со постапка за код опишана на страница 4-13 не може да бидат вчитани во картотеката како датотеки создадени на интернет. Користете ја постапката со код за овие датотеки, а постапката заснована врз интернет (веб) за датотеки создадени на интернет.

Универзална витрина за чување Извезување 1. Внесете ја флеш меморијата кога картотеката е во режимот Program (Програмирање). 2. Притиснете го копчето од тајмерот што се наоѓа до EXPORT (Извезување). 3. Позицијата на копчето во горниот лев агол од редот свети, а екранот од Master Display (Главниот приказ) се поместува до Enter Export Filename (Внесете име на датотеката што се извезува). 4. Внесете име за датотеката со тастатурата. Буквите се појавуваат веднаш до осветленото копче. (Ова е името што ќе го има датотеката и ќе биде видливо во основата на флеш меморијата и во картотеката, бидејќи датотеката е увезена од флеш меморијата.) 5. Притиснете го копчето ОК. 6. CHG Complete (Целосен CHG) е тоа што се појавува. 7. Притиснете го копчето за да го напуштите режимот за програмирање и да ја вратите картотеката во режим на нормална работа Верзија Името на датотеката мора да ѝ биде дадено кога таа се извезува од картотеката. 1. Кога картотеката е во режим Program (Програмирање), притиснете врз времето веднаш до Version (Верзија). 2. Firmware (фирмверот, вградениот софтвер) се прикажува во позицијата на горниот лев агол од редот, а бројот на верзијата се прикажува веднаш десно. 3. USB се прикажува во позицијата на левиот дел од вториот ред, а бројот на верзијата се прикажува веднаш десно. 4. Притиснете го копчето за да го напуштите режимот за програмирање и да ја вратите картотеката во режим за нормална работа. 3-12

Чистење и превентивно одржување Универзална витрина за чување Чистете ги послужавниците и полиците на секои четири часа. 1. Отстранете ги сите пластични и жичени послужавници. Однесете ги послужавниците и полиците во мијалник за чистење. 2. Исчистете ги послужавниците со миење во топол раствор на повеќенаменскиот супер-концентрат McD All-Purpose Super Concentrate (APSC) (HCS) направен со помош на размерник, или измешајте 2,35 милилитри McD APSC (HCS) за еден литар раствор. Исплакнете ги темелно послужавниците и полиците со топла вода. 3. Дезинфикувајте ги послужавниците и полиците со потопување во растворот за дезинфекција во мијалник McD Sink Sanitizer (HCS) (едно пакување на 38 литри вода) или во растворот за дезинфекција McD Sanitizer (HCS) (четири пакувања на 38 литри вода), во траење од најмалку 1 минута. Извадете ги од растворот за дезинфекција и оставете ги на воздух да се исушат. Чистете ја витрината секој ден 1. На крајот на работниот ден, вклучете го уредот во режим за чистење. Следете ги чекорите од страна 3-3. Напомена: Немојте да го употребувате растворот за дезинфекција во мијалник McD Sink Sanitizer (HCS) за чистење на надворешноста на Универзалната витрина за чување. 2. Оставете уредот да се лади се додека приказот SLOT CLN MODE (Режим за чистење на местата) не се затемни. Употребете четка за да ги отстраните наслагите од површината на местата така што ќе ги истуркате честичките низ спротивната страна на витрината. Напомена: Употребувајте ја само четката за чистење на витрината за чистење на местата во витрината. Челичните четки, рапавите крпи, или металните стругачи ќе ја оштетат трајно површината на местата во витрината. Напомена: Немојте да употребувате никакво друго средство за чистење освен повеќенаменскиот супер-концентрат McD All-Purpose Super Concentrate (APSC) (HCS). Употребата на други средства може да доведе до оштетување на контролните делови. 3. Со употреба на четката за чистење на витрината истуркајте ги сите честички низ спротивната страна на витрината. 4. Употребувајте влажна и дезинфикувана крпа и четката за чистење на витрината за чистење на местата. Исчистете ја и горната и долната страна на секое место. 5. Избришете ги сите надворешни површини на витрината со чиста и дезинфикувана крпа што е натопена во повеќенаменскиот супер-концентрат McD All-Purpose Super Concentrate (APSC) (HCS). 6. Исклучете го уредот. 4-1

Адреса на испорака 8700 Line Avenue, Shreveport, Louisiana 71106 ТЕЛЕФОН 1-318-865-1711 ФАКС (За делови) 1-318-219-7140 ФАКС (За техничка подршка) 1-318-219-7135 ИСПЕЧАТЕНО ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ 1-800-551-8633 Цена: $6.00 819-6702 FEB 12