Издавачка куќа Готен Пролет 25, Скопје

Similar documents
A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Март Opinion research & Communications

МИ КРО БИ О ЛО ШКИ КРИ ТЕ РИ ЈУ МИ ЗА ХРА НУ

Земљотрес у праскозорје

Редни броеви (или песни со посвета)

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

ИН ДЕКС. цр ве ни муљ из про из вод ње алу ми ни ју ма дру га чи ји од оног на ве де ног у

ИЗДАВАЧКА КУЌА ХАРТ БУКС ПАБЛИШЕР

КАДА БИ ЈЕ ДАН ЗА ДАНОМ СТРПЉИВО ЦРТАЛА

ОД НО СИ С ЈАВ НО ШЋУ, МЕДИ ЈИ И УБЕ ЂИ ВА ЊЕ

ВИКИНШКИ БРОДОВИ У СВИТАЊЕ

ОЛИВЕР СЕРАФИМОВСКИ ГО ВДИШУВАШ МОЈОТ ЗБОР

диносауруси До ку мен тар ни до да так Диносаурусима pре мрака

Бенјамин Штајн ПЛАТНО

Пред улица Јамајка Саманта Јанг

Прин це за Алиса. и чаробно оgледало. Ви ви jан Френч Илу стро ва ла Са ра Гиб. Пре вео Ни ко ла Паj ван чић

ПРЕДАВАЊА МИЛАНСКИ ЕДИКТ ИЗАЗОВ СВАКОМ ЧОВЕКУ, ХРИШЋАНИНУ И ХРИШЋАНСТВУ НАРОЧИТО

Коисмение.Штозначиме.

ЉУБОВТА ЗА АНА ЕКСКЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ

МЕХАНИЧКИ И НЕЖИВИ СВЕТ У ПИНЧОВОМ РОМАНУ В.

ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ

ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ.

Темјанушки во март Сара Џио

Миљенко Јерговиќ МАМА ЛЕОНЕ

СТО ГО ДИ НА АЛ БАН СКЕ ПРА ВО СЛАВ НЕ ЦР КВЕ

Збогум, најмила. Кристин Хана. Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

МАЈА М. ЋУК. Ал фа БК уни вер зи тет, Фа кул тет за стра не је зи ке, Београд

КОН ТЕК СТУ АЛ НЕ ПРАКСЕ У ОКВИ РУ УМЕТ НИЧ КЕ РЕЗИДЕН ЦИ ЈЕ ЦИ МЕР

МИ СМО РО ЂЕ НИ ЗА ТИ ЈА ЧО ЧЕ ЦИ: О СА БО РУ ТРУ БА ЧА У ГУ ЧИ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Снежана Букал. Тајната на детето Иво

А што по бакнежот? Лорен Лејн. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

Copyright за македонското издание Издавачка куќа Сакам книги, 2011 Сите права обезбедени и задржани во договор со DARLEY ANDERSON BOOKS

Питер Браун: Успон хришћанства на Западу : тријумф и разноликост године

Песната на речните птици Лиса Вингејт

Margina #19-20 [1995] okno.mk 1

гусари Во дич за ис тра жи ва њa бр. 4 До ку мен тар ни до да так Гусарима око pоdне Вил Озборн и Ме ри По уп Озборн Пре вела Ми ли ца Цвет ко вић

ВиГ ЗЕНИЦА Видое Смилевски-Бато 85/1-14 Скопје Upotreba čoveka Белград, Нолит, 1980

КЊИ ЖЕВ НИ КА НОН И КЊИЖЕВ НА ПРО ДУК ЦИ ЈА: НА ГРА ДЕ И КРИ ТИЧ КИ СУД

Маргарет Атвуд ПРИКАЗНАТА НА РОБИНКАТА

Смернице за националну стратегију финансијског извештавања

СО ЦИ ЈАЛ НА ПЕН ЗИ ЈА ИЛИ ПО ВЕ ЋА НА СО ЦИ ЈАЛ НА ПО МОЋ

ОД НО СИ С ЈАВ НО ШЋУ У КУЛ ТУР НИМ ЦЕН ТРИ МА ЗА ДЕ ЦУ И МЛА ДЕ

Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

Kратки и горко-слатки, инспиративни и мотивациони приказни за најважните работи во животот

Првиот последен бакнеж Али Харис

Шта је то конкуренција и како се штити? CLDS ЦЛДС

Прин це за Шар ло ша. и ро ђен дан ски бал. Ви ви jан Френч Илу стро ва ла Са ра Гиб. Пре вео Ни ко ла Паjван чић

СИ НИ ДИ КА ТИ И ПО ЛИ ТИЧ КЕ СТРАН КЕ У ТРАН ЗИ ЦИ ЈИ

Писмо од главниот уредник

Eдиција Мала психологија. ДОБРА МИСАО ЗА СВАКИ ДАН прво издање. Аутори Памела Еспеланд Елизабет Вердик

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

СРПСКО СРЕДЊОВЕКОВНО ПРАВО: ОД ОСВЕТЕ ДО РЕЗЕРВАТА СУДСКИХ

Писмо од главниот уредник

ТРЕЋА КУЛТУРА: ФИЛОЗОФИЈА И НАУКА

BALCANICA XXXIV ANNUAIRE DE L INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES. Rédacteur LJUBINKO RADENKOVIĆ Directeur de l Institut des Etudes balkaniques

СТИ ЦА ЊЕ СВО ЈИ НЕ од НЕ ВЛА СНИ КА у НА ЦР ТУ ЗА ЈЕД НИЧ КОГ ПОЈ МОВ НОГ ОКВИ РА СТУ ДИЈ СКЕ ГРУ ПЕ за ЕВРОП СКИ ГРА ЂАН СКИ ЗА КО НИК

ГЕ О ГРА ФИ ЈА И УМЕТ НОСТ

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА ГРИЖИТЕ. Христијанска Црква Оаза во Република Македонија

Структурно програмирање

ВРЕ МЕН СКА НАД ЛЕ ЖНОСТ МЕ ЂУ НА РОД НИХ СУ ДО ВА И АР БИ ТРА ЖА 1

Кли мент Џам ба зов ски, на уч ни

РАЗ ЛИ КЕ И СЛИЧ НО СТИ АВРА МОВ СКИХ РЕ ЛИ ГИ ЈА

Сем Брукс 1 EB SCO из да ва штво, САД С енглеског пре ве ла: Ива на Мак си мо вић То мић

ФИЛМ СКА КУЛ ТУ РА И РУ СКА ЕСТЕ ТИ КА ЕКРА НИ ЗА ЦИ ЈЕ

БРАНИСЛАВ СТЕВАНОВИЋ. Уни вер зи тет у Ни шу, Фи ло зоф ски фа кул тет - Де парт ман за со ци о ло ги ју, Ниш

КА КО ЈЕ ЛИ ЦЕ ПО СТА ЛО МА СКА У СА ВРЕ МЕ НОЈ СРП СКОЈ ДРА МИ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Белешке о. иконографији Крштења Господњег у Византији и древној Русији

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

С А Д Р Ж А Ј. П р ед с ед н и к Ре п убл и ке. В л а д а. М и н и с т а р с т в а. Београд, 9. септембар Година LXXI број 77

НЕ СВЕ ДО ЧИ ЛА ЖНО НА БЛИ ЖЊЕ ГА СВО ГА

КА НО ВИМ ВИ ДО ВИ МА КО ЛЕК ТИ ВИ ТЕ ТА

КОМ ПА РА ТИВ НА АНА ЛИ ЗА КОН ЦЕП ЦИ ЈА ИН ТЕ ЛЕК ТУ АЛ НОГ ВАС ПИ ТА ЊА ЏО НА ЛО КА И ЖАН-ЖА КА РУ СОА *1

На раб на лудило Б. А. Парис

DE RE BUS AR TI UM QU A SI PHE NO ME NA APOP HA TI CA

МИЛАН ПОПАДИЋ. Му зеј не ви но сти

Писмо од главниот уредник

РАЗ ВОЈ НА ЧЕ ЛА СУП СИ ДИ ЈАР НО СТИ У ЕВРОП СКОЈ УНИ ЈИ ОД УГО ВО РА ИЗ МА СТРИх ТА ДО УГО ВО РА ИЗ ЛИ СА БО НА **2

ГОСПОДИН НЕОДОЛИВ. Сузан Елизабет Филипс. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

ДРУ ШТВЕ НИ КА РАК ТЕР И КУЛ ТУР НИ ОБРА ЗАЦ

СКРИ ВЕ НИ И ОТ КРИ ВЕ НИ СМИ САО СВЕ ТОГ ПИ СМА 2

ЈЕЗИК И УКЉУЧИВАЊЕ ДОСЕЉЕНИКА У ВЕЋИНСКУ ЗАЈЕДНИЦУ: СРБИ У ЉУБЉАНИ *

Цр ква у са вре ме ном се ку лар ном срп ском дру штву

ЈЕ ВРЕ ЈИ И ПРА ВО СЛАВ НИ ЈЕ ВРЕ ЈИ КРУ ШЕВ ЦА

НА ЧЕ ЛО ЈЕД НА КО СТИ У РАД НОМ ПРА ВУ

у Ср би ји Прав ни по ло жај Цр кве у обла сти ме ди ја

Јавне набавке у култури с посебним освртом на библиотечку делатност

Ви ла ди на сти је Обре но вићу Сме де ре ву

Ду ша дах бо жан ски ОСВРТИ. Срећко Петровић Епархија шумадијска, Аранђеловац

Писмо од главниот уредник

Наслов оригинала Colleen Craig AFRIKA

ПРЕСЕК. ИНТЕРВЈУ СА ДЕКАНОМ ФПУ И ПРОФЕСОРОМ ЗОРАНОМ БЛАЖИНОМ страна 3. ИСКУСТВA СТУДЕНАТА СА РАЗМЕНЕ страна 5

3/2016 Medjunarodni ugovori

ГОРАН ГАВРИЋ. Универзитет у Београду, Филозофски факултет Одељење за историју уметности, Београд

МО СКОВ СКА СА ГА Три логи ја

МА СКА КАО СЛИ КА СВЕ ТА

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

СВЕТ И ИСТИ НА КЊИ ЖЕВ НО СТИ: КА МИ ЈЕВ НА ГО ВОР НА ПО МИ РЕ ЊЕ

Прин це за Емили. и леиа вила. Ви ви jан Френч Илу стро ва ла Са ра Гиб. Пре вео Ни ко ла Паj ван чић

Transcription:

Издавачка куќа Готен Пролет 25, Скопје contact@gotenpublishing.com www.gotenpublishing.com За издавачот: Билјана Ставрова-Алаѓозовска Уредник: Роберт Алаѓозовски Катја Ланге-Милер, Злобни овци Наслов на оригиналот: Böse Schafe, Katja Lange-Müller 2007, Verlag Kiepenheuer & Witsch GmbH & Co. KG, Cologne/ Germany Превод: Ксенија Чочкова фондација С. Фишер во име на Традуки Дизајн на корица: Капка Графичко уредување: Дејан Џингарски Лектор: Дејан Василевски Издавањето на ова дело беше поддржано од ТРАДУКИ, литературна мрежа на која припаѓаат Сојузното министерство за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Ми нис терството за надворешни работи на Сојузна Република Гер ма нија, швајцарската фондација за култура ПроХелвеција, Кул турконтакт Австрија, Гете Институтот, Агенцијата за книги на Сло венија ЈАК, Министерството за култура на Република Хрватска, Ресорот за култура на владата на кнежеството Лихтенштајн, фон дацијата за култура на Лихтенштајн, Министерството за култура на Албанија, Министерството за култура и информирање на Република Србија, Министерството за култура на Република Романија и фондацијата С. Фишер. Печати: Арт и арт студио Батев, Визбегово, Скопје Тираж: 800 примероци CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје 821.112.2-31 ЛАНГЕ-Милер, Катја Злобни овци / Катја Ланге-Милер ; превод од германски јазик Ксенија Чочкова. - Скопје : Готен, 2015. - 228 стр. ; 21 см Превод на делото: Böse Schafe / Katja Lange-Müller ISBN 978-608-4625-53-7 I. Lange-Müller, Katja види Ланге-Милер, Катја COBISS.MK-ID 99170570

Зибиле Берг Мажот спие Роман Катја Ланге-Милер ЗЛОБНИ ОВЦИ Превод од германски јазик: Ксенија Чочкова ГОТЕН Скопје 2015 3

Дрвено човече, Дрвено човече, покажи ми ги твоите нозе (од јапонски; непознат автор) 5

6

I Лежиме на двата душека, не еден покрај друг, сепак глава до глава. Артеријата над твојата слепоочна коска пулсира до мојот образ. Твојата коса го допира мојот нос, но не ме скокотка, само мириса на шампон и на те бе. Со минути и часови одвај се движиме, не велиме ниш то, дишеме површно. Очите ти се затворени, моите гле даат високо кон отворениот прозорец во кој не се пока жува ништо друго освен парче од безоблачното, ниту свет ло ниту темно небо. И ако воопшто сакам нешто да се прашам, тогаш само дали зазорува утрото или смрачу ва вечерта. Не се чувствувам ниту изморена ниту будна, ниту тешка ниту лесна, ниту морам да пушам ни ту да јадам, ниту да пијам, ниту да одам во бањата. Не мам потреба за дистанца, но немам желба ниту да те прегрнам. Слободна сум не за туку од сѐ, а сепак не сум осаме на... Овој филм се одмотува веднаш штом помислам на те бе, на нас. Го гледам и истовремено се гледам себе си како се појавувам во него (дека играм во него би бил по 7

грешниот збор), не како жената која сум сега, туку онака каква што бев пред многу години: помлада, поубава и нај често покрај тебе. Не можам да го премотам веќе малку избледени от и изгребан филм, можам само да ги забрзам или да ги раз влечам, да ги паузирам секвенците што ми се до па ѓаат, додека да се разлеат мислите, бидејќи повторно ѕвони телефонот или поштарот или бидејќи јас, непо пречувана од никој друг, сум го достигнала денес поблис киот, утре подалечниот брег на сонот. Колку подолго трае филмот, толку помалку нас тани има во него и можеби споредбата со еден филм во кино или на телевизија, што неправилно се одмотува, не е најдобрата, можеби овие слики што ми треперат една по една пред мрежниците многу повеќе ѝ припаѓаат на една серија не толку остри и токму затоа меѓу себе слични ди јапозитиви, чијшто несвесен, никогаш идентичен редо след зависи од ударите на моите трепки, од тоа кога и колку често се затвораат, се отвораат, се затвораат моите очи... Зазореното парче небо големо колку прозорец, без об лаци и ѕвезди, душеците во заднината на мојата соба постелени во сигнално црвена боја, нашите тела што се до пираат, ние на улиците на Берлин, ти кај Џо, јас пред ед на кутија со стари ветошини... само силата на мојата фан тазија ја создава секоја одделна од овие слики и сите заедно, што ја оправдува филмската метафора исто тол ку колку и онаа за серијата дијапозитиви, да не беа 8

ту ка и мирисот на твојата коса, лепливата топлина на тво јата слепоочница и мојот образ, нашето асинхроно ди шење и слободата на ветувачката непотребност што ја чув ствував и постојано одново ја чувствувам, што откако прв пат ја доживеав, ја нарекувам среќа, маѓесничка недра матична среќа што ми се враќа со секој спомен. 9

Дали требаше, кога се одвиваше нашиот филм во реал ното време, кога ќе можевме да се фотографираме, да те распрашам за твоите чувства, иако најчесто се однесу ваше така како воопшто да не те засегаат? Можеше ли во општо да ги искажеш своите чувства? Или, пак, ти беше само поудобно таквите работи да ги изразуваш физич ки, со погледи, придвижувања на лицето, мимики и по некогаш со курот? Дали некогаш сум се осмелила да те пра шам што се криеше зад твојот горд израз на поларна меч ка, твојата отсутна рамнодушност, твоите ретки напа ди на акција или љубов? Кога сакав да го знам тоа, а доволно често сакав, ја маскирав соодветната реченица како наводно најтипичното од сите едноставни женски праша ња: Што мислиш? Твојот уште поштедлив и класичен маш ки одговор речиси секогаш гласеше: Ништо. Или: Ништо конкретно. Сигурно не се вбројуваше меѓу оние што имаат по треба да соопштат нешто, беше молчалив и, што беше уш те поважно, воздржан. Се задржуваше во твоите подобри моменти на штихвортовите и параболите, на поентирачките изреки, но читаше со задоволство, на учно-фантастични романи, најдебелите што можеа да се најдат. Зборот полесно ти поаѓаше во окото и од рака откол ку преку усните; беше учел за слагач, како мене. Вчеравечер првпат од пред една вечност повлеков црта. Прекрасно е да си слободен, а сонцето толку топ ло. 10

Но, и понатаму треба да не го правам тоа, сосем кон секвентно. Во планот стои: да набавам кеш, да вежбам кара те, да си побарам сопствена гајба. Се прашуваш зошто ти го цитирам она што сепак са миот си го напишал? Бидејќи тетратката со твоите неда тирани записи што никогаш не ја видов кај тебе во текот на времето што го минавме заедно, некогаш ми припад на мене и не знам дали и ако да, колку добро се се ќаваш на твоите точно осумдесет и девет реченици во кои не се појавува моето име и кои сепак или токму за тоа ќе ги повторувам, не хронолошки, но збор по збор, до крајот на нашата приказна. Ах, Хари, да завршеше оваа тетратка кај некој друг и тој да беше доволно љубопитен и да ја прочиташе, не маше да може да насети дека сум постоела некогаш во тво јот живот, кој беше и е и мој. 11

II Беше случајност тоа што се сретнавме. Што инаку? Можеби сепак беше нешто како судбина, бидејќи ис то толку веројатно ќе можевме и да се пропуштиме. Ден та кога ни се споија патиштата, ти не беше сам, а јас не бев ниту дванаесет месеци замината оттаму каде што порас нав и каде бев останала до мојата триесет и деветта година. Можам да се присетам во секое време и на сце ните од оној седумнаесетти април 1987 година, што ме засегаа мене, па барем во првите часови дури и тебе; и за разлика од филмските или дија-сликите од идилата на душекот овие сцени секогаш стануваат појасни и по деталирани и токму сега ми стојат речиси текстуално прециз ни пред очите, онака како да не се случиле, туку како да се измислени, како да се резултат на мојата фантазија под вли јание на моќниот копнеж: Метрото застана над Нолендорфплац, слегов и пов торно се радував, на ширината распослана пред моите стапала, што како да беше порабена со киосците за донер, кафулињата, продавниците за третокласна стока и 12

тез гите за цвеќе, без луѓе и на тоа дека претходниот ден ги изгубив само ситните пари заедно со евтиниот па ричник, но не и документот за бегалци од ГДР допатувани пре ку приемниот логор Мариенфелде, што им даваше пра во цела година бесплатно да ги користат сите јавни пре возни средства. Пролетното сонце стоеше високо на не бото и фрлаше блескаво силна, речиси бела светлина врз плоштадот што по росата, на која сепак не ѝ следуваше дожд, изгледаше исто толку невино колку и пропаднато; го гледам и ова дете, слабо девојче во неонско зелено зим ско палто, што ми помина одлево во видокругот, зад се бе ја влечеше својата торба за вежбање и очигледно не са каше да изостане од часовите во училиштето. Од симсот покрај киоскот зграбив еден стуткан Бинго-БЦ со важечки датум, што претходниот соп ственик, сигурно бидејќи не сакал едноставно да фрли нешто пла тено и што сѐ уште можеше да се користи, го оставил та му за некој како мене, зашто тогаш со задоволство ги чи тав трачовите и морничавите приказни што стоеја во тесни колони под претераните и понекогаш многу смешни наслови. Прелетувајќи преку весникот, цигара меѓу усните, се упатив кон мојата суштинска цел, кадата во станот на ед ен социјален работник доселен од баварската област, кој ми се допаѓаше таму се појавивте од никаде ти и тво јот другар. Се однесувавте необично, опуштено, дури и по будалено: како две кучиња пуштени од синџир, но 13

кои спие ле само една ноќ под туѓи прозорци и сѐ уште не се пре терано многу гладни; а сепак светкањето во нивните зеници, ова лудило со кое се одржуваат меѓусебно во добро расположение, веќе упатува на тоа дека наскоро ќе ја запознаат и ќе ја платат цената на слободата. Убави мажи бевте вие, и двајцата, ти синоок, блед, со ру са коса како пепел, тој до тебе со темен тен, кос тен лива кадрава коса, очила за сонце, мала сребрена обет ка на увото. А тоа дека тренирките што беа оптегнати на вашите широки рамена, веројатно потекнуваа од скла дот со облеки на центарот за грижа на работници, сѐ уш те не го бев забележала тогаш. Мора и јас да сум ви паднала исто толку во очи кол ку и вие мене, иако не бев нашминкана, а моето силно тело се криеше во оној вид фустан што се нарекува при колка, зашто застанавте, ти од мојата лева, другиот од мо јата десна страна. Па, глувчице, каде си тргнала? рече ти толку раз влечено јасно, што за момент помислив дека си испил ве ќе три-четири пива. Но, во твојот здив што можев да го по мирисам, зашто твоето лице додека зборуваше му се доб лижи на моето, немаше ништо киселкаво алкохолно, за тоа, пак, имаше нешто од што добив апетит за какао. Ве ќе не знам што ти одговорив, но зборот глувчица не го загуби своето дејство, зашто ме доведе до заклучокот де ка ти, и покрај твојот иритирачки бавен начин на из 14

ра зување, со чиста артикулација, можеше да бидеш само бер линец, а не некој чијшто клун израснал на исток. До тој ден кога ви се стрчав в прегратка, не бев сретнала еден тол ку млад и на тоа, според клишето, и смешен земјак или, пак, вистински градски маж од оваа страна на ѕидот. Мал куте луѓе што ги бев запознала подобро во текот на ме сеците по Мариенфелде потекнуваа како Баварецот со кадата од југот на Германија и Самостојната политич ка единица ја набљудуваа како еден вид меѓулогор, во кој можеше да се студира и на тој начин сосема легал но да се игнорира повикот кон армијата, кон знамето, како што велевме ние од онаму. Потраја од реде но време додека да сфатам дека овие другите не се раз ликуваа суштински од мене ГДР-ката, дека и тие беа побегнале од нешто, да, дека сите кои фатиле магла ту ка, северни, јужни, западни и источни Германци сосе Тур ците, Италијанците, Грците, Кинезите, Французите, Аме риканците... ја претставуваа приближно половината од на селението на оној дел од мојот град во кој не бев родена. На валканата корица на првата книга што си ја купив како пиратско издание од првите нови пари во ед на кафеана, на почетокот на декември 1986 година, напишав: Откако се движам низ западниот дел на Берлин, во меморијата зачувана топографијата на источниот дел, знам, овој град навистина е еден; куќите што преостанаа 15

на две те страни си заличуваат исто толку меѓу себе колку оние што следуваа по војната. Берлин, истокот и западот, ме потсетува на некреативен подарок, како бонбо ниера од стоковна куќа, што стои тука со недели без ни кој да ѝ обрне внимание, бидејќи содржината не ѝ е мно гу вкусна (тука би рекле слатка ). Во вдлабнатините на плас тичниот релјеф клечат, побелени или гризнати и не весело вратени назад, од десната страна голите чо коладни бонбони, а од левата оние обвиени во златно, што, ако им се извади фолијата, се исти како и другите до влак но исти, би можело да се рече, кога чоколадните бонбо ни би имале коса. А на еден лист од календарот од четиринаесетти март 1987 година, што се наоѓаше како означувач на страни ците во истата книга, сум ги забележала и следниве две реченици: Одам наоколу, ги гледам луѓето и мислам: тој и тој и таа и таа... како и јас, и тие некогаш дошле тука, за да про должат веднаш или повторно да отпатуваат, најдоцна со последниот воз. Но, сите возови одамна за минаа, а последниот никогаш не тргна; оттогаш сме на пат кон железничката станица, а таа се вика Западен Берлин Зоологишер гартен. Јас Хари, тоа Бено, рече, поклонувајќи се, но при тоа не алудирајќи на слуга. А јас сум Соја, дополнив мош не не волно, бидејќи стравував дека сега, како и 16

ре чиси секогаш кога тука на запад му се претставував не кому, ќе почне големото кикотење. Соја? Ах, и како по натаму? Зрно или Сос?! Само еднаш се обидов да објас нам дека не сум одговорна за своето име, туку мајка ми, зашто токму во оние тешки часови на своето прво породување морала да помисли на својот идол, партизанката Соја Космодемјанскаја, која ја убиле германски те фашисти, која требаше како ѕвезда-водилка да ми го осветлува животниот пат и на тоа ме дочека уште поголема ведрина. Но, вие не се смеевте веќе како претходно. Па, Соја, ре че ти, што е? Ќе одиме ли да се напиеме какао? Погледот со кој му одвратив на твојот, сигурно ти по кажал колку се чувствував фатена на дело. Од каде знае ше која асоцијација ја ослободи во мене мирисот на тво јот здив? Вашиот дрзок настап и онака ме направи несигурна, но тоа што некој ми ги читаше мислите сега навис тина ми изгледаше необично, но и возбудливо, уште по веќе што ти беше овој некој. Павтав со рацете како да ќе можам така да ја напуштам земјата или барем на овој сра межлив начин да ви ставам до знаење дека не сте со си те. Нешто ме привлече кон тебе, а истовремено нешто дру го ме предупреди: ситничавата срцева инерција што во секој случај се засноваше на искуството. Зарем не беа, ка ко што еднаш беше рекла баба ми, повеќето авантури на крајот само скапи вечери?! Освен тоа, ме очекуваше и ка дата на Кристоф; воопшто не се чувствував доволно 17

све жа за неодредениот копнеж што ме зафати и сакаше да ме закачи на твојот врат. Или, пак, се појави низ па покот внатре во мене како гас што се собираше зад мојата дијафрагма и се ширеше и веќе почна да ми го крева расположението? Не, реков, не може. Ме очекуваат. Во ред, сметаше твоето друштво, кое досега не се беше јавило за збор, очигледно олеснето и те фати за ра кавот, толку грубо што кршливата ткаенина на трикото на вистина испушти еден вид жален звук, зашто ти остана да стоиш, сакаше исто толку малку да бидеш одвлечен, кол ку што и јас го сакав тоа. Сепак, го сторив она на што ме присилија моите закарани чувства; почнав да одам, со свртена глава, без да го помрднам погледот од тебе, и ти до викнав: Можеби подоцна. Тогаш ти се ослободи, така што твојот ракав се скина како хартија, потрча по мене, ме стигна. Добро, точно во три часот, точно тука, рече остро, речиси заканувачки и пре стана да ме следиш дури откако јас, бидејќи веќе се бев удрила во една минувачка, одлучив дека сега би било се пак подобро да гледам повторно нанапред. 18