Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Similar documents
Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

CCBE LAWYERS STATISTICS 2016

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

An overview of Tallinn tourism trends

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS IN ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN FEBRUARY 2011

March 2015 compared with February 2015 Volume of retail trade down by 0.8% in euro area Down by 0.6% in EU28

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN NOVEMBER 2018

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN OCTOBER 2017

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN FEBRUARY 2018

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN NOVEMBER 2017

TRIPS OF BULGARIAN RESIDENTS ABROAD AND ARRIVALS OF VISITORS FROM ABROAD TO BULGARIA IN JANUARY 2018

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

October 2013 compared with September 2013 Industrial production down by 1.1% in euro area Down by 0.7% in EU28

SLOVAKIA. Table 1. FDI flows in the host economy, by geographical origin. (Millions of US dollars)

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Структурно програмирање

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

2016UPS ТАРИФЕН ВОДИЧ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА РАДИОДИФУЗНАТА ДЕЈНОСТ ЗА 2012 ГОДИНА

Policy Position Papers Од областа на Царина

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Industrial Statistics of Lifts and Escalators. Ebru Gemici-Loukas, VDMA ASANSÖR, Istanbul 27. March 2015

FINLAND. Table 1. FDI flows in the host economy, by geographical origin. (Millions of US dollars)

Коисмение.Штозначиме.

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

Системот на јавните набавки во Република Македонија

64 Izvještaj Pokazatelji fiskalne decentralizacije za Jugoistočnu Europu: 2011

Преглед на државите во Западна Африка

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

JAR-145: APPROVED MAINTENANCE ORGANISATIONS. Please find attached a copy of Amendment 6 to JAR-145, effective 1 November 2004.

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Анализа на пазарот на. радиодифузната дејност. за 2010 година

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ПОЛИТИКАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА POLITIKA PЁR ZHVILLIMIN E BARABARTЁ RAJONAL NЁ MAQEDONI

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Please find attached a copy of JAR-25 Amendment 20 dated December 2007.

УЛОГАТА НА Е-МАРКЕТИНГОТ ВО УСЛОВИ НА ПРОМЕНЕТА ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

ПОИМ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОМПЈУТЕРСКИТЕ МРЕЖИ

MORPHOLOGICAL CHARACTERISTICS OF SOME MAIZE HYBRIDS FROM FAO300 AND FAO700 GROWN IN SHTIP REGION

Please find attached a copy of JAR-66 Amendment 2 dated February 2007.

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

JAR-147: APPROVED MAINTENANCE TRAINING/EXAMINATIONS. Please find attached a copy of JAR-147 Amendment 3 dated February 2007.

РПП на ОНЕ.ВИП РЕФЕРЕНТНА ПОНУДА ЗА ПРИСТАП НА ЈАВНА ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА НА ОНЕ.ВИП

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

Reform in water sector on central level

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ЗБИРЕН ПЕРИОДИЧЕН ДЕЛОВЕН ИЗВЕШТАЈ за 2009 година

JAR-23: NORMAL, UTILITY, AEROBATIC, AND COMMUTER CATEGORY AEROPLANES. Please find attached a copy of JAR-23 Amendment 3 dated February 2007.

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

JAR-21: CERTIFICATION PROCEDURES FOR AIRCRAFT AND RELATED PRODUCTS AND PARTS. Please find attached a copy of JAR-21 Amendment 7 dated February 2007.

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

Безбедност и здравје на работа

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Transcription:

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година Скопје, декември 2012 година

Содржина: 1. Вовед...3 2. Регулација на пазарот на поштенски услуги...4 3. Поштенски услуги...6 4. Податоци за вработените во поштенскиот сектор...8 5. Обем на поштенски услуги...10 6. Анализа на писмоносни услуги...18 7. Капацитет на поштенска мрежа...22 8. Финансиски резултати на давателите на поштенски услуги...26 9. Цени на поштенски услуги...28 10. Квалитет на обезбедување на универзална услуга...32 11. Податоци за безбедност и рекламации на поштенски пратки...35 Статистички извештај 2011 2

1. Вовед Агенцијата за пошти на Република Македонија претставува независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, која е основана како самостојно и непрофитно правно лице и врши јавни овластувања утврдени со Законот за поштенските услуги (Службен весник на Република Македонија бр.9 од 18.01.2008). Агенцијата за пошти започна со работа на 15 јули 2008 година со седиште во Скопје. Тргнувајќи од своите законски надлежности, Агенцијата за пошти, а во рамките на редовните активности за анализа на пазарот на поштенските услуги согласно член 22, став 1 од Законот за поштенските услуги, изготви Упатство за обезбедување на информации и финансиски податоци, и на него попратените Извештаи за обезбедување на поштенски услуги, за давателот на универзална услуга и за останатите даватели на поштенски услуги. Согласно член 1 и 2 од Упатството за обезбедување на информации и финансиски податоци давателите на поштенски услуги имаат законска обврска за доставување до Агенцијата пополнет Извештај на секои шест месеци односно два пати во годината. Пополнетиот извештајот за првата половина од календарската година (1 јануари 30 јуни) се доставува до 1 септември, а за втората половина од календарската година (1 јули 31 декември) до 1 март наредната година. До давателот на универзална услуга- АД Македонска Пошта, Агенцијата за пошти во текот на 2011 година достави и неколку дополнителни прашалници во однос на мрежата, во однос на обебзедување на услугите и сл. Податоците кои се добиени од страна на Давателите на поштенски услуги во форма на Извештај за обезбедување на поштенски услуги, како и дополнителните прашалници доставени до давателот на универзална услуга, претставуваат основ за подготовка на Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Македонија за годината на која се однесуваат податоците. Статистичкиот извештај ги претставува давателите на поштенските услуги, анализата на податоците за обезбедување на поштенските услуги, следејќи ги податоците за обемот и видовите на поштенските услуги, финансиските податоци и квалитетот на обезбедување на услугите, межу другото како и податоците за развој на поштенската мреж и ценовното движење на услугите. Статистичкиот извештај со своите анализи и податоци првенствено треба да послужи за самите даватели на поштенските услуги, како би можеле да имаат Статистички извештај 2011 3

подобар увид во состојбите и трендовите на пазарот, но воедно да послузи и на другите институции и поединци кои се занимаваат со поштенската дејност. Во Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија за 2011 година систематски ќе бидат прикажани следниве параметри: - Податоци за вработените во поштенскиот сектор; - Обем на поштенски услуги; - Анализа на писмоносните услуги; - Капацитет на поштенска мрежа; - Финансиските резултати на Давателите на поштенски услуги; - Цени на поштенските услуги; - Квалитет на обезбедување на поштенски услуги; - Податоци за безбедност и рекламации на поштенски пратки. 2. Регулација на пазарот на поштенски услуги Појдовна основа за регулирање на пазарот на поштенските услуги е Законот за поштенските услуги (Службен весник на РМ бр. 9/08, 158/10). Агенцијата за пошти како регулаторно тело во оваа област е надлежна за овозможување конкуренција во областа на поштенските услуги според објективни, транспарентни и недискриминаторни услови, на постепен и контролиран начин со цел да се обезбеди обезбедувањето на универзалната услуга. Во функција на регулирање на пазарот на поштенските услуги е издавањето на индивидуална дозвола и општо овластување за работа на давателите на поштенските услуги. АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост - Скопје ја обезбедува универзалната услуга со резервираната поштенска услуга до 50 грама на целата територија на Република Македонија врз основа на Индивидуална дозвола издадена од страна на Агенцијата за пошти во 2008 година, за времетраење од пет години. За обезбедување на поштенски услуги на слободниот пазар во текот на 2011 година поднесено е едно ново барање за добивање Општо овластување. Истото е одобрено што може да се види од Табела 1, додека во Табела 2 се прикажани давателите на поштенски услуги на кои во 2011 година им се укинати дозволите (едно Општо овластување, шест Стандардни дозволи и едно Статистички извештај 2011 4

Одобрение). Со донесување на Законот за поштенските услуги во 2010 година, се измени начинот и формата на издавање на дозволите за обезбедување на поштенските услуги, па следствено на тоа имаше промени и во видовите на дозволите каде стандардната дозвола и одобрението се преточени во еден нов вид на дозвола, дефинирано со законот како Општо овластување. Од тука може да се забележи дека во видовите на дозволите кои ги поседуваат правните лица постојат различни видови на дозволи. Постојаното зголемување на конкурентноста при давањето на поштенските услуги на пазарот што може да се воочи од Табелата 1, ќе понуди поштенски услуги со повисок квалитет и поголема достапност на услугите до крајните корисници, а воедно укажува дека пазарот на поштенските услуги во Република Македонија е сеуште во развој и со претпоставка дека и во идниот период се повеќе ќе се развива посебно во услови на целосната либерализација што треба да настапи со почетокот на 2015 година. Табела 1. Лиценцирани даватели на поштенски услуги Даватели на поштенски услуги Вид на дозвола Датум на издавање 1. АД Македонска пошта Скопје Индивидуална дозвола 24.12.2008 2. ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 24.03.2009 3. ТНТ ЕКСПРЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ Стандардна дозвола 25.03.2009 4. ИН ТИМЕ МК БПС ДОО Скопје Стандардна дозвола 30.03.2009 5. СПИДИ ДИЛИВЕРИ ДОО Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 6. Глобко логистик ДОО Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 7. Карго Експрес ДООЕЛ увоз извоз Битола Стандардна дозвола 31.03.2009 8. РСЕ ОПТИМА Вите ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 9. СИТИ БАЈК ЕКСПРЕС ДОО Скопје Стандардна дозвола 30.04.2009 10. ДРД КУРИР ДООЕЛ СКОПЈЕ Стандардна дозвола 26.05.2009 11. СКОПЈЕ ВЕЛОСИПЕДИСТ Стандардна дозвола 29.05.2009 12. ФЛЕШНЕТ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 29.06.2009 13. ДЕЛИВЕРИМЕН ДОО увоз-извоз Скопје Стандардна дозвола 30.06.2009 Статистички извештај 2011 5

14. ИПД - ПОСТ ДОО Скопје Стандардна дозвола 21.07.2009 15. Ветец Цо ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 30.09.2009 16. Брза пратка ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 30.04.2010 17. Бајк Експрес Диливери ДООЕЛ Скопје Стандардна дозвола 25.05.2010 18. ДППУ Жијани Торпедо ДООЕЛ Стандардна дозвола 30.11.2010 19. Сторм МАКС ДООЕЛ Стандардна дозвола 21.12.2010 20. КАРГО ПЛУС увоз-извоз ДООЕЛ Битола Одобрение 09.02.2009 21. Леопард Експрес ДОО Скопје Стандардна дозвола 22.06.2009 22. СИТИ БАЈК ЕКСПРЕС ДОО Скопје Стандардна дозвола 30.04.2009 23. Деливери експрес ДОО Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 24. ЛОГИС ГОС ДООЕЛ увоз-извоз Стандардна дозвола 31.03.2010 25. Карго Експерт 2010 ДООЕЛ Стандардна дозвола 30.09.2010 26. ПОТРЧКО ДООЕЛ Скопје Општо овластување 31.03.2011 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2012) Табела 2. Укинати дозволи Даватели на поштенски услуги Вид на дозвола Датум на Датум на издавање укинување 1. ПОТРЧКО ДООЕЛ Скопје Општо овластување 31.03.2011 31.12.2011 2. СИТИ БАЈК ЕКСПРЕС ДОО СКОПЈЕ Стардардна дозвола 30.04.2009 24.12.2011 3. ФЛЕШНЕТ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје Стардардна дозвола 29.06.2009 16.12.2011 4. КАРГО ЕКСПЕРТ 2010 ДООЕЛ Стандардна дозвола 30.09.2010 17.10.2011 5. ЛОГИС ГОС ДООЕЛ увоз-извоз Стандардна дозвола 31.03.2010 17.10.2011 6. Леопард Експрес ДОО Скопје Стандардна дозвола 22.06.2009 17.10.2011 7. Диливери експрес ДОО Скопје Стандардна дозвола 31.03.2009 17.10.2011 8. КАРГО ПЛУС увоз-извоз ДООЕЛ Битола Одобрение 09.02.2009 17.10.2011 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2012) Статистички извештај 2011 6

3. Поштенски услуги Дефинирање на одделни поими од Законот за поштенски услуги: поштенска пратка е пратка адресирана со полна адреса која треба да се пренесе од страна на давател на поштенски услуги. Во поштенски пратки спаѓаат пратки за кореспонденција, пратки за слепи лица, директна пошта, книги, каталози, весници, периодични списанија и пакети кои содржат стока со или без означена вредност, универзална услуга е пакет од определени поштенски услуги кои постојано се обезбедуваат на целата територија на Република Македонија, со определен квалитет и по пристапни цени за корисниците на услугата. поштенски услуги се услуги кои вклучуваат прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај, пратка за кореспонденција е комуникација во писмена форма на каков било физички медиум која треба да се пренесе и достави на адресата означена од испраќачот на самата пратка или на нејзината обвивка, од страна на давател на поштенски услуги. Книги, каталози, весници, периодични списанија и пакети не се сметаат за пратки за кореспонденција, препорачана пратка е услуга со која паушално се гарантира против ризици од губење, ограбување или оштетување на пратката со која на испраќачот, на негово барање, му се обезбедува доказ за достава на пратката на примачот, пратка со означена вредност е услуга со која се осигурува поштенската пратка до вредноста која ја означил испраќачот во случај на губење, ограбување или оштетување на пратката, директна пошта е комуникација која се состои само од рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал со идентична порака која се испраќа на поголем број лица и се доставува на адресата што ја означил испраќачот на самата пратка или на нејзината обвивка. Сметките, фактурите и финансиските извештаи не се сметаат за директна пошта. Комуникација која содржи комбинација од рекламен материјал и други пратки во иста обвивка не се смета како директна пошта, пакет е поштенска пратка со определена големина и тежина која содржи стока со или без означена вредност, Статистички извештај 2011 7

4. Податоци за вработените во поштенскиот сектор Вкупниот број на вработени во поштенскиот сектор во 2010 година кај сите даватели на поштенски услуги изнесува 2,675 лица, од кои 2,361 се вработени во Македонска пошта, а останатите 314 во компаниите на останатите даватели на поштенски услуги (Табела 3.). Бројот на вработени во поштенскиот сектор во Македонска пошта во 2011 година е зголемен за разлика од претходните години, исто така и бројот на вработени кај останатите даватели на поштенски услуги се зголемува, што покажува зголемување на конкуренцијата, односно поединечен развој кај давателите на слободниот пазар и нивно понатамошно заземање поголема улога во обезбедување на поштенските услуги. Табела 3. Вработени во поштенскиот сектор 2008/2011 Вкупен број на вработени во 2008 година 2009 година 2010 година 2011 година поштенскиот сектор А.Д МАКЕДОНСКА ПОШТА 2,285 2,215 2,151 2,361 Останати даватели на поштенски услуги 186 258 239 314 Вкупниот број на вработени во поштенскиот сектор во Република Македонија зафаќа вкупно 0,37% од вкупниот број на вработени во нашата земја, кој изнесува 645,085 лица. Овие податоци се преземени од Државниот завод за статистика, а се однесуваат на крајот на 2011 година. Анализирајќи го процентот на вработените во поштенскиот сектор дава исклучителна важност на овој сектор кој претставува посебна алка во целокупниот општествен и економски дел од државата. Статистички извештај 2011 8

Вкупен број на вработени во Република Македонија и процент на вработени во поштенскиот сектор 99,63% 0,37% Графикон.1 Број на вработени во поштенскиот сектор 2011 година 314 2361 Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Графиконот 2. го претставува бројот на вработени во Македонска пошта во периодот 2004-2011 година каде јасно се забележува дека бројот во 2004 бил најнизок за да во 2011 го достигне својот максимум, со одредени осцилации во периодот од 2007 па до 2010 година. Статистички извештај 2011 9

Графикон.2 Број на вработени во Македонска пошта - 2004/2011 година. 2.400,00 2.350,00 2.300,00 2.250,00 2.200,00 2.150,00 2.100,00 2.050,00 2.000,00 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 5. Обем на поштенски услуги Давателите на поштенски услуги во 2011 година, оствариле вкупно 74,379,486 поштенски и други поврзани услуги (Табела 4). Бројот на остварени писмоносни услуги кај давателот на универзална услуга (во понатамошен текст: Македонска пошта) изнесува 73,207,960 пратки, додека бројот на остварени писмоносни услуги кај останатите даватели на поштенски услуги е 378,962. Бројот на обични пакети кои Македонска пошта ги остварила е 168,705, што е намалување во однос на 2010 година додека останатите Даватели на поштенски услуги во 2011 година оствариле 368,136 обични пакети што е зголемување во однос на минатата година каде што бројот на остварени пакети беше двојно помал од Македонска пошта (Табела.4). Намалување на обемот на обичните пакети кај Македонска пошта е забележано и во текот на 2010 година, што исто така беше посебно назначено и во Статистичкиот извештај за 2010 година. Причините за опаѓањето на услугата се повеќе, меѓу кои е порастот на конкуренцијата во овие услуги, за, но и слабостите на Македонска пошта во делот на доставата на обичните пакети на домашна адреса. Статистички извештај 2011 10

Како и минатата година, така и оваа година Македонска пошта нема доставено податоци за остварени резервирани пратки што како главна причина е непостоењето на систем за поделба на услугите на универзални, посебно резервирани услуги и останати услуги. Исто така, кај Македонска пошта недостапни се податоците и за обемот на малите пратки и на неадресираните пратки. Обемот на другите поштенски и поврзани услуги што го остварила Македонска пошта во 2011 година изнесува 3,214,702 пратки, додека останатите даватели на поштенски услуги оствариле вкупно 42,384 други поштенски и поврзани пратки. Табела 4. Вкупен поштенски сообраќај 2011 година Вкупен поштенски сообраќај Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Вкупно 2011 година ВКУПНО ПОШТЕНСКИ И ДРУГИ УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ 73,591,367 788,119 74,379,486 1. Писмонoсни услуги, вкупно 70,207,960 378,962 70,586,922 од кои резервирана област 0 3,875 3,875 a) писма 43,051,109 113,790 43,164,899 b) поштенски картички 393,307 0 393,307 c) директна пошта 515,763 19,360 535,123 d) препорачани писма 5,647,788 64,957 5,712,745 e) вредносни 314,584 4,192 318,776 f) хибридна пошта 20,285,409 21,810 20,307,219 g) мали пакети 0 119,011 119,011 h) неадресирани пратки 0 73,921 73,921 2. Обични пакети 168,705 368,136 536,841 3. Други поштенски и поврзани услуги 3,214,702 42,384 3,257,086 Извор: Статистички податоци на Агенцијата за пошти (година 2012) Статистички извештај 2011 11

Вкупниот број на писмоносни услуги во 2011 година е зголемен за 10,878,034 пратки од минатата 2010 година каде вкупниот број на писмоносни услуги беше 59,708,888. Одделно гледано Македонска пошта го зголемила обемот на писмоносни услуги за 10,994,634 пратки, додека останатите даватели на поштенски услуги со 378,962 пратки оваа година го намалиле обемот за 116,600 помалку пратки отколку минатата каде оствариле 495,562 пратки. Причините за ваквото движење на обемот на поштенските услуги е уште еден доказ дека пазарот на поштенските услуги во Република Македонија се уште се дефинира, односно давателите на поштенските услуги се повеќе се ориентираат кон доставата на пакети што го потврдува и фактот на нивно зголемување кај останатите даватели. Графикон 3. Писмоносни услуги Македонска пошта Писма Поштенски картички Директна пошта Препорачани Вредносни Хибридна пошта Статистички извештај 2011 12

Графикон 4. Писмоносни услуги Останати даватели на поштенски услуги Неадресирани пратки Писма Мали пакети Директна пошта Препорачани Вредносни Одделно гледани писмоносните услуги во кои спаѓаат писмата, препорачаните пратки, малите пакети, вредносните и неадресираните пратки во 2011 година се застапени со следниов обем кај Давателите на поштенски услуги. Македонска пошта минатата година остварила најголем број на писма 43,051,109, потоа хибридна пошта 20,285,409 и препорачани писма 5,647,788 (Графикон 3.), додека останатите даватели на поштенски услуги оствариле најголем обем на обични пакети 368,136, писма 113,790и мали пакети 119,011 (Графикон 4.). Во графикон 5 пак е прикажан вкупниот број на поштенски и други поврзани услуги споредбено помеѓу Македонска пошта и останатите даватели на поштенски услуги. Во истиот графикон се воочува дека најголем обем имаат писмоносните услуги кои опфаќаат поголем дел од вкупниот обем на поштенски услуги. Статистички извештај 2011 13

Графикон 5. ОБЕМ НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ-2011 година 100000000 10000000 Писмоносни услуги 1000000 100000 10000 Обични пакети 1000 100 10 1 Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Други поштенски и поврзани услуги Графикон 6. Обични пакети 2011 2010 Останати даватели на поштенск и услуги Македон ска пошта 100.000 150.000 200.000 250.000 300.000 350.000 400.000 Статистички извештај 2011 14

Во графикон 7 е прикажан обемот на сите поштенски и други поврзани услуги за период од 2008-2011 година. Обемот на писмоносните услуги кои ги остварила Македонска пошта има растечки индикации од 2008 до 2011 година, обичните пакети се застапени со неспоредливо помал обем од останатите и бележат пад од 2008 па се до 2011 година, како и другите останати поштенски и поврзани услуги. Кај останатите даватели најголем пораст се забележува токму кај обичните пакети кој е зголемен речиси за три пати повеќе во однос на 2009 година, додека намален е бројот на писмоносните услуги и на другите поштенски и поврзани услуги. 100% 90% Графикон 7. 80% 70% 60% 50% 40% Други поштенски и поврзани услуги Обични пакети 30% 20% 10% 0% 2008 2009 2010 2011 2008 2009 2010 2011 Писмоносни услуги Податоците од Графикон 7 јасно покажуваат дека вкупниот обем на пазарот на поштенските услуги кај Македонска пошта од година в година се зголемува односно во 2011 година во однос на 2008 година обемот е зголемен за 31,1 %, а во однос на 2010 година за 17,2%. Статистички извештај 2011 15

Графикон 8. Вкупен обем-македонска пошта (2008/2011) 2011 2010 2009 2008 0 20000000 40000000 60000000 80000000 Во продолжение на ова поглавје следи статистиката за движењето на поштенскиот сообраќај во рамките на нашата држава и надвор од неа. Графикон 9 го прикажува тоа движење каде јасно се воочува дека 96,69% е внатрешен поштенски сообраќај, додека нешто повеќе од 3 проценти изнесува вкупниот поштенски меѓународен сообраќај кој се реализира надвор од нашите граници. Графикон 9. Вкупен сообраќај-македонска пошта 96,69% Внатрешен сообраќај 1,81% Меѓународен сообраќај во поаѓање 1,50% Меѓународен сообраќај во доаѓање Статистички извештај 2011 16

Од Графикон 10 се согледува дека обемот на писмоносните услуги е значајно позастапен односно зафаќа околу 96% од вкупно остварените поштенски услуги во домашниот и околу 84% во меѓународниот сообраќај остварени од страна Македонска пошта. Обичните пакети се со значително мал процент, додека обемот кај другите поштенски и поврзани услуги е околу три пати поголем во внатрешниот сообраќај во однос на надворешниот поштенски сообраќај. Графикон 10. Внатрешен сообраќај Надворешен сообраќај Писмоносни услуги Обични пакети Писмоносни услуги Други поштенски и поврзани услуги Обични пакети Други поштенски и поврзани услуги 75% 80% 85% 90% 95% 100% Обемот на поштенските услуги споредбено за изминатите четири години 2008/2011 година остварен од страна на Македонска пошта е следниов: бројот на писмоносните услуги расте од година во година, односно бројот на вкупно писмоносни услуги кои ги остварил давателот на универзална услуга е зголемен за околу 18% односно за вкупно 10,994,634 пратки за разлика од минатата 2010 година кога изнесувал 59,213,326 пратки ( Графикон 11). Статистички извештај 2011 17

Графикон 11. ОБЕМ НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ (2008/2011) Македонска пошта 80000000 Обични пакети 70000000 60000000 50000000 40000000 30000000 20000000 Други поштенски и поврзани услуги 10000000 0 2008 година 2009 година 2010 година 2011 година Писмоносни услуги Графикон 12. ОБЕМ НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ (2008/2011) Останати даватели на поштенски услуги 600000 500000 400000 300000 Други поштенски и поврзани услуги Обични пакети 200000 100000 0 2008 година 2009 година 2010 година 2011 година Писмоносни услуги Другите поштенски и поврзани услуги се со драстично намалување во двете изминати години односно обемот на овие пратки е намален за речиси шест пати во споредба со 2009 година. И кај обичните пакети се бележи намалување од околу 40% за разлика од минатата Статистички извештај 2011 18

година. Кај останатите даватели на поштенски услуги воочлив е фактот дека најголемо зголемување има во обемот на обичните пакети. Драстично намалување се бележи и кај другите поштенски и поврзани услуги и кај писмоносните услуги во однос на минатата 2010 година (Графикон 12). Во следниот графикон 13 ќе го прикажеме вкупниот обем на поштенски пратки остварени во земјите од регионот, според кој Словенија има остварено најголем обем на поштенски услуги со рекордни 2,527,833,233 пратки во 2011 година, додека најмал остварен обем на поштенски услуги има Албанија во измината година 18,781.357 пратки. Република Македонија според обемот на поштенски услуги остварен изминатата година е измеѓу Албанија и Босна и Херцеговина со вкупен обем од 74,379,486 пратки, каде и бројот на жителството е приближно како Република Македонија. Но, доколку ја земеме како пример Словенија која исто така е со население како Република Македонија, а обемот на поштенските пратки изнесува 2.527.833.035 пратки во 2011 година, што во споредба со обемот кај нас е за далеку повеќе, мора да укажеме дека потенцијал има и мора да има во Република Македонија и во иднина треба да има зголемување на севкупниот обем на поштенските пратки што по секако ќе зависи од работата на давателите на поштенските услуги. Графикон 13. Македонија Албанија Босна и Херцеговина Србија Бугарија Словенија Грција Хрватска 2011 година 2010 година 0 1.000.000.000 2.000.000.000 3.000.000.000 Извор: Universal postal union, 2012 Статистички извештај 2011 19

6. Анализа на писмоносни услуги кај Македонска пошта Во ова поглавје од Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година ќе се прикаже кратка анализа на движењето на писмоносните услуги остварени во внатрешен и надворешен сообраќај од страна на Давателот на универзалната поштенска услуга Македонска пошта. Писмоносните пратки се посебно важни за анализирање од причина што најголемиот обем на поштенски пратки е токму во делот на писмоносните пратки и претставуваат важен показател за движење на услугите како и за севкупниот развој. Табела 5. Анализа на писмоносни услуги Македонска пошта Вкупно писмоносни пратки 70,207,960 1. Обични писма 43,051,109 2. Поштенски картички 393,307 3. Директна пошта 515,763 4. Препорачани пратки 5,647,788 5. Писма со означена вредност 314,584 6. Хибридна пошта 20,285,409 Вкупниот број на писмоносни пратки кои ги остварила Македонска пошта во 2011 година изнесува 70,207,960 пратки, од кои 43,051,109 се обични писма, 5,647,788 препорачани пратки, 393,307 поштенски картички, 515,763 директна пошта, 314,584 писма со означена вредност и 20,285,409 хибридна пошта (Табела 5). Последователно на оваа анализа следи и графиконот 14 од која се гледа дека најголем обем од писмоносните пратки кои ги остварила Македонска пошта се обичните писма со вкупно 60% од вкупниот број на истите. Помалку од 30% е застапена хибридната пошта, 10% препорачаните пратки и со незначително мал процент се останатите поштенски картички, директна пошта и писма со означена вредност. Статистички извештај 2011 20

Графикон 14. Писмоносни услуги - Македонска пошта Хибридна пошта Писма со означена вредност Препорачани пратки Обични писма Директна пошта Поштенски картички На следниот графикон 15 е претставена анализата на дел од писмоносните услуги за период од осум години односно од 2003 до 2011 година остварени од страна на Македонска пошта. Препорачаните пратки се со најголем обем и се во растечка линија од 2006 па се до 2011 година. Вредносните писма се релативно со приближен број на пратки во текот на овие осум години, додека директната пошта бележи големо зголемување во 2008-та за да понатаму следи со одредени варијации. Статистички извештај 2011 21

Графикон 15. АНАЛИЗА НА ПИСМОНОСНИ УСЛУГИ (Македонска пошта) 2003/2011 година 6.000.000,00 5.000.000,00 Писма со означена вредност 4.000.000,00 3.000.000,00 Директна пошта 2.000.000,00 1.000.000,00 0,00 2003 2004 2005 2006 2007 Препорачани пратки 2008 2009 2010 2011 Во следната табела е прикажан бројот на пратки остварени во Република Македонија по глава на жител. Во табелата 6 прикажан е бројот на пратки по глава на жител за период од 2009-2011 година, на која се гледа дека од година во година бројот на пратки по глава на жител се зголемува. Бројот на пратки по глава на жител во 2011-та достигнува пораст од 36,1 пратки, тоа е 5 пратки повеќе на секој жител во Република Македонија во однос на минатата 2010 година. Табела 6. Остварени поштенски пратки во Република Македонија 2009 год. 2010 год. 2011 год. Број на пратки по глава на жител 28,5 30,9 36,1 Статистички извештај 2011 22

Графикон 16 Број на пратки по глава на жител споредбено - 2009/2010 година 36,1 2011 30,9 2010 28,5 2009 0 5 10 15 20 25 30 35 40 7. Капацитет на поштенска мрежа Точките на пристап кои го покриваат капацитетот на поштенска мрежа Македонска пошта се распоредени на единици на поштенска мрежа во кои спаѓаат поштенски единици за прием на пратки, сезонски поштенски единици, договорни пошти и поштенски единици за достава на поштенски пратки, поштенски сандачиња и поштенски фахови. Доставата на поштенските пратки се врши преку пошторазнесувачи и преку поштенски фахови, лоцирани во поголемите поштенски единици во населените места во Република Македонија. Доставата на поштенските пратки се обезбедува преку 620 пошторазнесувач на 830 доставни реони кои ја покриваат цела територија на Република Македонија. Испораката на поштенски пратки се врши преку 7,050 поштенски фахови. Во табелата 7 е прикажан бројот на точки на пристап кај Македонска пошта и бројот на точки на пристап со кој располагаат останатите даватели на поштенски услуги, каде се воочува Статистички извештај 2011 23

дека бројот на точки на пристап е далеку поголем кај Македонска пошта, што е основа и на правото на обезбедување на универзалната услуга на целата територија на Република Македонија. Вкупниот број на точки на пристап кои ги покрива Македонска пошта изнесува 7.975 додека пак останатите саватели располагаат со вкупно 116 точки на пристап (Табела 7.). Вкупниот капацитет на поштенска мрежа во Република Македонија преку која се одвива целиот поштенски сообраќај изнесува 8.091 точки на пристап. Точки за пристап Табела 7. Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Вкупно 1.Единици на поштенска мрежа 565 116 681 a) Поштенски единици за прием на поштенски пратки, непрекинато работно време 13 / 13 единици на поштенска мрежа со целосно раб.време 90 20 110 единици на поштенска мрежа со скратено раб.време 227 78 205 b) Сезонска поштенска единица 3 / 3 c) Договорни пошти 4 17 21 d) Поштенски единици за достава на поштенски пратки 228 1 229 2.Поштенски сандачиња 360 / 360 3.Поштенски фахови 7,050 / 7,050 Вкупно точки за пристап 7,975 116 8,091 Статистички извештај 2011 24

Графикон 17. Единици на поштенска мрежа Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги 560 460 360 260 160 60 2009 година 2010 година 2011 година За разлика од 2010 година единиците на поштенска мрежа како дел од капацитетот на поштенска мрежа во Република Македонија во 2011 година е зголемен кај останатите даватели на поштенски услуги што е позитивен податок и што укажува дека некои даватели на поштенски услуги веќе се во фаза на развивање и проширување со можност за покривање на поголема територија а и со можност за зголемување на својот обем на пратки во иднина. Кај давателот на универзалната услуга е релативно сличен како претходната година. Бројот на единици на поштенска мрежа со кој располагала Македонска пошта е зголемен само за две поштенски единица во однос на минатата 2010 година, додека останатите даватели на поштенски услуги го зголемиле својот капацитет за 35 единици на поштенска мрежа (Графикон 17). Статистички извештај 2011 25

Графикон 18. Единици на поштенска мрежа Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги 0 100 200 300 400 500 600 Графикон 19. Капацитет на поштенска мрежа-2008/2011 година 2011 2010 Македонска пошта 2009 2008 Останати даватели на поштенски услуги 0% 20% 40% 60% 80% 100% Во Графикон 20 и 21 прикажан е капацитетот на технолошки возила, дистрибутивни и сортинг центри и меѓународни изменични пошти со кои располагаат давателите на поштенски услуги. Македонска пошта располага со 132 возила, 230 дистрибутивни и 4 сортинг центари и 2 меѓународни изменични пошти. Останатите даватели располагаат вкупно со 63 возила, 14 дистрибутивни и 15 сортинг центри и една меѓународна изменична пошта. Статистички извештај 2011 26

Графикон 20. Македонска пошта 230 Teхнолошки возила 132 Дистрибутивни центри Сортинг центри 2 4 Меѓународни изменични пошти Графикон 21. Останати даватели на поштенски услуги 168 Технолошки возила 20 Дистрибутивни центри 18 Сортинг центри 1 Меѓународни изменични пошти Статистички извештај 2011 27

8. Финансиски резултати на давателите на поштенски услуги Според податоците од извештаите кои ги доставуваат давателите на поштенски услуги до Агенцијата за пошти, во следната Табела 8 се прикажани податоците за финансиските резултати кои ги оствариле давателите во 2011 година. Од табелата се гледа дека приходот од обезбедување на поштенски и други поврзани услуги во внатрешен и во меѓународен сообраќај и кај Давателот на универзалната услуга и кај останатите даватели е позитивен како и нивниот заеднички збир со што се докажува успехот на нивното работење во поштенскиот сектор како и развојот на пазарот на поштенски услуги. Табела 8. Финансиски резултати на Давателите на ПУ Вкупни приходи од обезбедување на поштенски и други поврзани услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај- 2011 Вкупни расходи од обезбедување на поштенски и други поврзани услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај - 2011 А.Д МАКЕДОНСКА ПОШТА 1,469,648,176 1,463,353,096 Останати даватели на поштенски услуги 590.444.299,50 490.434.152.5 Вкупно остварени финансиски резултати 2.060.092.475,50 1.953.787.248,50 Статистички извештај 2011 28

Графикон 22. ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА ДАВАТЕЛИТЕ НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ Останати даватели на поштенски услуги 490.434.152,00 590.444.299,00 Вкупни расходи Македонска пошта 1.463.353.096,00 1.469.648.176,00 Вкупни приходи 1.000.000 501.000.000 1.001.000.000 1.501.000.000 2.001.000.000 Во Графикон 23 е прикажана разликата односно растот на приходот гледано 2008-2011 година, каде што и Македонска пошта и останатите даватели постигнале зголемување на нивниот вкупен приход од година во година остварен од поштенски и други поврзани услуги. Вкупниот приход што го остварила Македонска пошта во 2011 година е зголемен за 30% во однос на 2010 година. Процентот на зголемување на приходот во 2011 година кој пак го оствариле останатите даватели на поштенски услуги изнесува 16% во однос на минатата 2010 година. Статистички извештај 2011 29

1.600.000.000,00 1.400.000.000,00 1.200.000.000,00 1.000.000.000,00 800.000.000,00 600.000.000,00 400.000.000,00 200.000.000,00 Графикон 23. ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ - 2008/2011 година Остварени приходи- 2008 Остварени приходи- 2009 Остварени приходи- 2010 0,00 Македонска пошта Останати даватели на поштенски услуги Остварени приходи- 2011 9. Цени на поштенски услуги Цените на давателот на универзална услуга ги регулира Агенцијата за пошти и за истите дава согласност. Согласно Директивите на Европската Совет и Парламентот цените треба да бидат еднакви за сите корисници на целата територија, што значи почитување на правото на недискриминација, на транспарентност и објективност. По секако дека висината на цените треба да биде базирана на трошоците за ефикасно обезбедување на услугите. Цените за услугите кои се на слободен пазар ги формираат самите даватели на поштенски услуги, и истите треба да бидат доставени до Агенцијата. Почитување на резервираната услуга посебно се одразува преку одредување на висината на цената на овие услуги доколку се обезбедуваат. Статистички извештај 2011 30

Табела 9. Цени (20г, 1ва класа) единица 2011 Услуги во внатрешен сообраќај: Ценовник за стандардно (1ва класа) писмо со тежина под 20г (универзална услуга) Услуги во меѓународна услуга: Ценовник за стандардно (1ва класа) писмо со тежина под 20г (универзална услуга) Национална валута Национална валута Производи (пр.димензии/ формати) 16,00 До 20гр 36,00 73,00 До 20гр До 100гр Табела 9 - Цени на универзална услуга од 07.06.2009 година. Teжина/ ограничување на цена за поштенски пратки во внатрешен сообраќај 2011 година Тежина кг 50гр Ограничување на цена 32,00 Национална валута Teжина/ ограничување на цена за директна пошта 2011 Тежина кг 50 гр Ограничување на цена Национална валута 8,00 Директна пошта: минимум број на пратки со идентична содржина кои се сметаат за директна пошта број 1.501 Статистички извештај 2011 31

Цена за стандардно писмо во внатрешен сообраќај во европските земји (изразено во евра) Macedonia Malta Slovenia Cyprus Spain Estonia Romania Czech Republic Hungary Lithuania Netherlands Portugal Poland Bulgaria UK Germany Ireland Latvia France Luxembourg Greece Slovakia Italy Austria Sweden Belgium Switzerland Finland Denmark Norway 0,26 0,19 0,27 0,34 0,35 0,35 0,38 0,39 0,42 0,45 0,46 0,47 0,49 0,51 0,54 0,55 0,55 0,56 0,58 0,6 0,6 0,6 0,6 0,62 0,63 0,71 0,72 0,75 1,07 1,12 0 0,2 0,4 0,6 0,8 1 1,2 Извор: Deutsche Post, Letter prices in Europe 2011;

10. Квалитет на обезбедување на универзална услуга Согласно член 31 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти ги пропишува барањата за квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење, согласно утврдените CEN стандарди за мерење на квалитетот на универзалната услуга. Давателот на универзална услуга е должен да ја обезбедува универзалната услуга согласно пропишаните барања за квалитет и да врши мерење на квалитетот на обезбедувањето на универзалната услуга во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, преку независна компанија. Согласно законската обврска која произлегува од член 4 од Правилникот за утврдување на методологијата за мониторинг врз квалитетот на универзалната поштенска услуга ( Службен весник на Република Македонија бр. 131/2008), Македонска пошта во 2011 година има вршено мерење на квалитетот на пренос на писмоносните поштенски пратки во внатрешниот поштенски сообраќај преку независна компанија во период од 01.01 2011 до 31.12.2011. Согласно доставените податоци, мерењата се извршени според барањата на стандардот EN 13850, во кој се определени методите на мерење на пренос на поштенски пратки од приемот до доставата на поединечни писмоносни пратки. Согласно Правилникот за барањата за квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење, пропишаниот квалитет на пренос на писмоносни поштенски пратки во внатрешниот поштенски сообраќај изнесува: D +1 = 85% D +2 = 90% D +3 = 95% Резултатите од мерењето на квалитетот на писмоносни поштенски пратки во внатрешниот поштенски сообраќај кај давателот на универзална услуга за 2011 година (од 01.01.2011 до 31.12.2011 година) изнесува: D +1 (во еден работен ден) доставени се 57, 20% од пратките D +2 (во два работни дена) доставени се 70, 29% од пратките D +3 (во три работни дена) доставени се 81, 60 % од пратките

Во текот на мерењето ангажирани се 75 панелисти еднакво распоредени по 15-те поштенски единици, кои имаат доставени 10173 тест пратки, кои ги разменуваат меѓусебно, од кои 9169 важечки, што претставува 90,13% од сите пренесени тест пратки. Графикон 24. Квалитет на писмоносни поштенски пратки во внатрешниот сообраќај 2010/2011 година 90% 85% 80% 2011 година 2010 година 82% 85% 75% 70% 70,29% 72,40% 65% 60% 55% 57,20% 60,30% 50% D+1 D+2 D+3 Заклучоците кои можат да се изведат од доставените податоци, посочени од консултантската куќа, во врска со доставените податоци за мерење на квалитет на пренос на универзалната услуга упатуваат на недостигнување на вредности во роковите D +1, D +2 и D +3 пропишани со законската регулатива. На лошите резултати според забелешките од консултантската куќа која го врши мерењето, влијание имале грешките направени при упатување на тест пратките, тесните грла во секоја фаза на преносот, застој при зголемување на бројот на пренесените пратки, недоследност на вработените при прифаќање и доставување на пратките, како и можното влијание на човечкиот фактор кај панелистите. Статистички извештај 2011 34

11. Податоци за безбедност и рекламации на поштенски пратки Во согласност со Законот за поштенските услуги секој корисник има право да по поднесе рекламација за поштенски пратки. Условите и начинот на поднесување на рекламација давателите на поштенски услуги се должни да ги објават на видно место во просториите за обезбедување на поштенски услуги. Во доставените прашалници давателите на поштенските услуги ги внесуваат податоците и за поднесените рекламации. Македонска пошта во 2011 година има 3,978 рекламации, од кои најмногу за препорачани писма кои изнесуваат 94% од вкупно поднесени рекламации (Табела 10). Табела 10. Вид на пратки Број на рекламации Во внатрешен сообраќај Во меѓународен сообраќај Обични писма 1 0 Препорачани писма 2,904 862 Вредносни писма 15 Пакети 35 Вредносни пакети 111 12 19 18 Статистички извештај 2011 35

Графикон 25. Процент на решени рекламации за поштенски пратки во внатрешен сообраќај кај Македонска пошта -2011 година 100% 90% 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% Позитивно Негативно 0% препорачани писма вредносни писма пакети вредносни пакети обични писма Графикон 26. Процент на решени рекламации за поштенски пратки во меѓународен сообраќај кај Македонска пошта-2011 година 100% 90% 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% Позитивно Негативно 0% препорачани писма вредносни писма пакети вредносни пакети Статистички извештај 2011 36

При анализа на графиконите 25 и 26 по однос на поднесени рекламации кај Македонска пошта од вкупно поднесени рекламации и во внатрешен и во меѓународен поштенски сообраќај 3,320 рекламации се решени позитивно односно 80% од вкупниот број на рекламации за што е исплатена оштета во износ од 307,818 илјади денари. Графикон 27. Процент на рекламации за поштенски пратки кај останати даватели на поштенски услуги Пакети 70,0% Препорачани писма 0,0% Писма 30,0% Вреносни пакети 0,0% По однос на бројот на рекламации кај Македонска пошта во поглед на обезбедување на универзалната услуга во споредба со 2010 година (Графикон 28), бројот на рекламации за 2011 година е зголемен за 9,8% што е и за очекување со оглед на лошите резултати од брзината на достава на поштенските пратки, податоци прикажани во глава 10. Квалитет на обезбедување на поштенски услуги. Неминовно е Македонска пошта да работи на подобрување на брзината на достава, што ќе се рефлектира позитивно и на квалитетот општо, а одразено преку намалување на бројот на рекламации те. Статистички извештај 2011 37

Графикон 28. Процент на рекламации (Македонска пошта) споредбено 2010/2011 година 3586 2010 година 3978 2011 година 3.300 3.400 3.500 3.600 3.700 3.800 3.900 4.000 4.100 Статистички извештај 2011 38