Почитуван/а Задоволство ни е да Ве известиме дека во времето од 17-19 април 2015 год. во Банско, Република Бугарија ќе се одржи четвртата меѓународна конференција која носи наслов KNOWLEDGE FOR HEALTH. Намерата е да се нагласи значењето, важноста и практичната примена на знаењето, поврзано со здравјето како безвременска категорија. Значење на знаењето како базичната димензија и неговата поврзаност и прагматична употребливост во функција на здравјето е полето на интерес која допира неразделно до сите научни области, што можат и даваат придонес во таа насока. ЦЕЛИ: Општа цел на конференцијата е на едно место да ги собрее релевантните луѓе од академската заедница, со намера да се овозможи сеопфатно споделување и презентација на истражувачките и научни трудови во сите важни области на актуелниот и идниот развој на знаењето поврзано со здравјето воопшто. Посебни цели на Собирот се да го артикулира интересот на сета академска заедница како и младите луѓе во научните облсти кои имаат допирни точки со здравјето. ТЕМИТЕ ГИ ВКЛУЧУВААТ СИТЕ ОБЛАСТИ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЗДРАВЈЕТО - Медицина, Стоматологија, Фармација, Ветерина, Образование, Дефектологија Методологија, Социјални науки, Менаџмент, Финасии, Економија, Политика, Комуникации, Социологија, Психологија, Култура, Право, Безбедност, Спорт, Кинезитерапија, Козметологија, Антропологија, како и останатите други научни области кои имаат конекција со здравјето. ОРГАНИЗАТОРИ - Институт за менаџмент на Знаење Скопје (Македонија) - МИТ Универзитет, Факултет за менаџмент, Скопје (Македонија) - Висока Медицинска Школа Битола (Македонија) - Факултет по обществено здраве и спорт, ЮЗУ Неофит Рилски Благоевград (Бугарија) - КРОК Универзитет, Киев (Украина) - Висока медицинска школа струковних студија, Ћуприја (Србија) - ФАМ- Факултет за менаџмент, Сремски Карловци (Србија) - Црвен крст на Македонија - Висока Школа применјених струкових студија, Врање (Србија) - Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје (Македонија) - Факултет за образовање дипломираних правника и дипломираних економиста за руководеќе кадрове, Белград (Србија) - Факултет за стратешки и оперативни менаџмент, Белград (Србија) - Институт Камел Солар, Скопје (Македонија) - Journal of process management- New Technologies, официјален КО-издавач (Србија) - Висока Школа применјених струкових студија, Врање (Србија ) - Универзитет за пословне студије, правни факултет, Бања Лука (Босна и Херцеговина) - Колеџ по туризам, Благоевград (Бугарија) - Форум за истражување и мобилност, Битола (Македонија) - Факултет по педагогика, ЮЗУ Неофит Рилски Благоевград (Бугарија) - Колеџ за козметологија и кинезиологија, МИТ Универзитет, Скопје (Македонија) - Съюз на учените в България - клон Благоевград, Благоевград (Бугарија)
- Генерален покровител на конференцијата Општина Банско - Медиумски покровител: радио Благоевград ОРГАНИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА 1. Научен Комитет составен од еминентни научни претставници ( 17 земји) 2. Организационен Комитет 3. Сертификационен Комитет ОФИЦИЈАЛНИ ЈАЗИЦИ: англиски, руски и сите балкански јазици ВАЖНИ РОКОВИ - Краен рок за пријавување на апстракт 20 Февруари, 2015 - Нотификација за прифаќање на апстракт 25 Февруари, 2015 - Краен рок за доставување на труд: 20 Март 2015 На Конференцијата ќе се одржат: A) Пленарни сесии (универзитетска, наставничка и студентска) Б) Тематски сесии по области В) Постер сесија На конференцијата на денот на презентациите ќе се поделат: - Certificate of Participation ( учество со труд) - Certificate of attendance ( учество без труд) - Certificate of special issues (модератори, пленарни реферати и сл.) ПУБЛИКАЦИИ: Сите прифатени трудови ќе бидат каталогизирани и публикувани во часописот Knowledge International Journal, со ISBN број: V-8 и V-9/2015 (Универзитетски трудови-научни и стручни) V-10/ 2015 (наставнички трудови) V-11 /2015 (студентски трудови) Примероци од Knowledge International Journal (по 1 примерок на труд од бројот каде е печатен трудот) ќе бидат поделени на самата Конференција, - Учесниците добиваат папка, ЦД, како и рекламни и конференциски материјали за секој автор и КО-автор
- Најдобрите 20 трудови преработени на англиски јазик ќе бидат публикувани од страна на ЈПМНТ Врање, официјален партнер издавач на Конференцијата - Во електронска верзија на сајтот на ИКМ и на ЈПМНТ Врање ќе бидат објавени сите публикувани трудови Учество со присуство: КОТИЗАЦИЈА Категорија Еден автор Два автори Три и пoвеќе автори Учество без труд Наставник, соработник, асистент., PhD студент 50 euro 70 euro 30 euro/ лице 60 еур по лице Студенти 20 euro 40 euro 20 euro лице 25 euro лице Учество со труд без присуство: Наставници, соработници, Еден автор Двајца автори Три и повеќе автори асистенти 60 евра 80 евра 40 евра по лице Студенти Еден автор Двајца автори Три и повеќе автори 25 евра 40 евра 25 евра по лице А) Уплата преку банка (пратете по маил или донесете копија од уплатата) на сметка: Институт за менаџмент на знаењето Јане Сандански, 3-2-13 Скопје НЛБ Тутунска банка Скопје БРОЈ НА СМЕТКА: 210-0635707501-03 ДАНОЧЕН БРОЈ 4030008029203 B) Лично на собирот: само во готово без кредитни/дебитни картички *За наставници во средно образование (групно учество) котизацијата изнесува: - Учество со труд 20 еур по лице - учество без труд 25 еур по лице Претседател на Организацискиот одбор Проф. д-р Роберт Димитровски СМЕСТУВАЊЕ: www.ikm.mk e-mail: info@ikm.mk За учесниците на конференцијата е обезбедено сместување по повластена цена која за едно лице во двокреветна соба изнесува: 16 19 април (за 3 полупансиона) 48 EUR
17 19 април (за 2 полупансиона) 33 EUR