Албанолошки студии. Јазици, култури и комуникација

Similar documents
* Има познавање на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.

Современи науки и технологии. Магистер по компјутерски науки / Насока: Информациски системи

Бизнис информатика. Современи науки и технологии. Магистер по компјуерски науки / Oбласт: Бизнис информатика

Структурно програмирање

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Март Opinion research & Communications

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

Бизнис и економија. Опис на програмата. Кариера ЕКТС 180 / 240 N-BABE/N-BABE-FA. Дипломиран во Бизнис и Економија / Насока: Финансии и Сметководство

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

ЛИТЕРАТУРНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО СОВРЕМЕН КОНТЕКСТ

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Centropa наставен час- Истражувачки проект. Centropa Филм : Годините си го Прават Своето. Наставник: Драган Ѓоргиевски

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

ПРОЕКТИРАЊЕ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

15.1. Предавања теоретска настава 30 часови активности

Биланс на приходи и расходи

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Современи науки и технологии. Дипломиран по компјутерски науки

C U R R I C U L U M V I T A E

Биланс на приходи и расходи

УПОТРЕБАТА НА ЕВРОПСКОТО ЈАЗИЧНО ПОРТФОЛИО ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ И РАЗВИВАЊЕ АВТОНОМИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ Марија Кусевска 1.

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

ДВОГОДИШНА (120 КРЕДИТИ) СТУДИСКА ПРОГРАМА ПО ИНТЕРКУЛТУРНИ СТУДИИ ОД II (ВТОР) ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

Студиска програма: ГРАФИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН Времетраење на студиската програма: 4 години ЕКТС кредити: 240

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ОД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

ЧЕТИРИГОДИШНИ СТУДИИ (ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ)

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Примената на јазичните теории од Прашката школа во македонската лингвистика

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ ИСТРАЖУВАЊА. Клучни зборови: истражување, проучување, видови истражувања

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОД (PLM)

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ ВО РАБОТАТА СО ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ - ПОДГОТОВКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Економски факултет. Втор циклус студии ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ ПРОЕКТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛTЕТ - СКОПЈЕ. Предлог

Проф. д-р Снежана Ставрева Веселиновска 1. Апстакт. Клучни зборови: реформи, ученици, нови типови на ученици, технологија, училишта.

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - КИЧЕВО Е Л А Б О Р А Т ЗА СТУДИСКА ПРОГРАМА ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО

UNIVERZITETSKI BILTEN

За наставата по македонски јазик како втор (немајчин или странски) во Република Македонија и надвор од неа

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

Сузана МИОВСКА-СПАСЕВА УДК: :

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА. Математичко-информатичко образование. Добрила Јовановска

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Обука за менаџирање на стрес на работно место

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Безбедност и здравје на работа

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика


ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

СТУДИСКА ПРОГРАМА: АГРОЕКОНОМИКА

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Студиска програма за II (втор) циклус на СТУДИИ ПО МИР И РАЗВОЈ (120 кредити - две години, четири семестра) втор циклус на студии

ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ - ПРАКТИКУМ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

КАМПАЊИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН:

Предметни програми од прв циклус на студии на Факултет за безбедносни науки МИТ Универзитет Скопје според ЕЛАБОРАТ за акредитирање на студиската

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК Дискурзивно едукативна програма во рамки на наградата ДЕНЕС

ИНТЕРАКТИВЕН ОБРАЗОВЕН ПРОЕКТ ВО ТРИ МИНУТИ ТРЕТА ФАЗА -А2-

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ИНЖЕНЕРИНГ И МЕНАЏМЕНТ НА ПРОЕКТИ

Мобилност МК Mobility MK

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО КАТЕДРА ЗА ДИДАКТИКА

Преглед на државите во Западна Африка

Втор циклус студии. Економски факултет ПРОЕКТ МОНЕТАРНА ЕКОНОМИЈА, ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО ЕКОНОМСКИ ФАКУЛTЕТ - СКОПЈЕ. Предлог

Task Force Education And Youth

Transcription:

Study program Факултет Циклус на студии Албанолошки студии Јазици, култури и комуникација Втор циклус (Постдипломски) ЕКТС 120 Титула Магистер по албанолошки студии / Oбласт: Jазик или Литература Архивски број [120] 18-1190/4 Датум на акредитација 18.10.2012 Опис на програмата Преку последипломската програма по албанолошки студии студентите стекнуваат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието, како и вештини и компетенции, кои би биле применливи во повисоките нивоа во јавниот и во приватниот сектор. Кариера Дипломираните студенти ќе може да се вработат во низа полиња на професионалниот и општествениот живот: - Настава: во јазичните школи, гимназии, основните и средните училишта, универзитет. - Вработување: јазичар, новинар, во разните установи како лектор, преведувач, интерпретатор на албанскиот јазик во министерства и други владини институции, преведувач/интерпретатор во судови и други слични институции, преведувач/интерпретатор во стручните и професионалните организации, преведувач/интерпретатор ви општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ интерпретатор во меѓународните организации Резултати од учењето Знаење и разбирање Преку оваа програма кандидатот стекнува разни знаења од повеќе јазични и литературни полиња, како за еднодисциплинарни така и за интердисциплинарни. Со ова тој стекнува понови и значајни современи познавања, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните и литературните проблеми. Примена на знаењето и разбирањето Корпусот на знаења му овозможува различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат на образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работи како истражувач во полето на лингвистиката и фолклорот низ разните албанолошки институти. Може да работи како новинар, уредник и лектор, но и како јазичен критичар низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да

придонесе за прашањето за аплицирање на литературната норма. Може да работи како преведувач и толкувач на албанскиот јазик во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др. Способност за проценка Има способност да состави и оценува наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во основни и средни училишта како и во високото образование. Може да ја оцени реализацијата на наставен час по јазик. Има способност да оцени и да спореди преведувања од еден јазик на друг. Може да оцени редактирање и лекторирање на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Едно дело може да го процени и содржински и од композициски аспект, како и да ги истакне јазичните и литературните вредности. Има способност да биде член во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги процени најдобрите јазични и литературни студии. Има способност да се вклучи во истражувачки тимови, да состави литературни и публицистички текстови, лексички и различни други речници. Комуникациски вештини Владее професионална вештина за држење часови по литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласност со план-програмите за основните и средните училишта и за универзитетите. Може да држи курсеви за учење на албанскиот јазик и литература. Може да преведува научно-лингвистички и литературни дела. Може да учествува на локални и меѓународни симпозиуми и семинари и преку свои општења, може да презентира свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Може да напише рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Може да направи независни истражувања и да преземе одговорност за резултатите. Може да издава научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот. Вештини на учење За да постигне подобри резултати, може да презентира нови знаења, може да ги тренира другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др.; може да одржи обуки како се подготвува проект, како се пишува научен труд и др. Може да предложи новини кои недостасуваат во некоја институција како што се отворање на различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Може да предложи методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците. Како и да е, треба да продолжи со своето понатамошно учење и надградување и новите знаења да ги презентира и во институцијата каде што работи и надвор од неа. Листа на предмети Семестар 1 [6.0 ЕКТС] Методологија на истражување [6.0 ЕКТС] Балканска димензија на албанскиот фолклор [6.0 ЕКТС] Албанска цивилизација [6.0 ЕКТС] Дијалектологија - микросистем во контакт [6.0 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1 Семестар 2 [6.0 ЕКТС] Албанска модерна литература [6.0 ЕКТС] Анализа на литературниот текст [6.0 ЕКТС] Етнолингвистика [6.0 ЕКТС] Експериментална фонетика

[6.0 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2 Семестар 3 [6.0 ЕКТС] Експериментална фонетика [6.0 ЕКТС] Студии на современата албанска проза [6.0 ЕКТС] Студии на современата албанска поезија [6.0 ЕКТС] Стилистика и прагматика [6.0 ЕКТС] Изборен предмет 1 Семестар 4 [30.0 ЕКТС] Магистерски труд Description of courses Задолжителни предмети Методологија на истражување Материјата во рамките на овој предмет се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански јазик и литература. Во суштина тука се опфатени методите, формите, техниките, организирањата на индивидуалната истражувачка научна работа со своите специфични карактеристики. Балканска димензија на албанскиот фолклор Станува збор за многу богата материја сконцентрирана во албанскиот и балканскиот фолклор, преку која се одликуваат високите вредности на душевната култура, наследени од народниот гениј, вредности кои сведочат за убавината на поетскиот дух на анонимните творци, за нивните творечки умешности во областа на уметноста, кои го претставуваат мошне јасно и убаво историското минато на албанскиот народ и на народите на Балканот Албанска цивилизација Се откриваат најрелевантните аспекти на културата на националната цивилизација на современото албанско општество. Предметот нуди основни знаења низ неколку клучни области, анализирајќи ги на сестран начин литературата и културата во една европска перспектива. Дијалектологија - микросистем во контакт Главните теми се од историскиот развој на дијалектите, класификацијата на дијалектите и поддијалектите во сите земји каде што се зборува албанскиот јазик, промените на дијалектите од фонетски, морфолошки, синтксички, лексисчки и фразеолошки аспект; транскрибирање на дијалекти. Албанска модерна литература Главните карактеристики на албанскиот модернизам се позитивните тенденции на модернистите, нивните барања во книжевноста, социјално-политичката и книжевната состојба, доминантните мотиви и субјектот во нивните дела, универзалната идеја, животната филозофија, предвидувањата на маките, големиот животен оптимизам, темите зa историските настани. Анализа на литературниот текст Детално се презентираат литературните текстови и нивните претставници, од анализа на различни теми и мотиви, прашања од стилистиката и начините на толкување на книжевниот текст. Етнолингвистика Во рамките на овој предмет се опфаќаат односите помеѓу јазиците и народите и меѓусебните влијанија на јазичните и етничките фактори во развитокот на јазикот како и разните особености на стереотипи. Етнолингвистиката има влијание во јазикот, културата, ономастиката, литературата и др. Експериментална фонетика Предметот ја опфаќа историјата на фонетиката, експерименталната фонетика, фонолошките компоненти, фонемите, нивното формирање и начинот на одвојување по групи и подгрупи, улогата на фонолошките

елементи, разликата меѓу стариот албански јазик и денешниот стандарден албански јазик. Експериментална фонетика Во рамките на предметот се опфаќаат теоретскиот и практичниот дел и основните концепти кои се однесуваат на односот на јазикот и општеството, односно со начинот на кој јазикот го користиме во различни општествени контексти, како и за основните причини на јазичните варијации. Функцијата на јазикот во општеството, односот меѓу јазикот и културата, хоризонталната и вертикалната стратификација на јазикот, социолектната диференцијација, јазичната политика и нормирањето на стандардизацијата Студии на современата албанска проза Особини на современата албанска проза со еден осврт и квалитетен производ во современото време. Култот на убавото во уметноста, почетокот на една епоха и култивација на уметничките и литературните вредности. Определување и номинирање на стилските концепти. Студии на современата албанска поезија Избор на песни од најистакнатите современи албански поети со критички осврт за нивното творештво. Појавата на феноменот на интимната лирика во поетското творештво, смислата и значењето што го има новиот поетски глас во современата албанска поезија. Улогата на поезијата како оглас на општествено релевантните состојби и проблемот на творештвото воопшто. Преку помошната литература и критичкиот коментар, студентите ги прошируваат своите знаења во врска со современата албанска поезија. Стилистика и прагматика Содржина: прагматичко знаење, разбирање скриени пораки, начин на постигнување цели во процесот на комуникација, употребување елементи како: содржани пораки, имплицитни пораки и претпоставки. Магистерски труд Студентите се воведуваат во студиската програма и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за тезата. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни методи. Изборни предмети Реторика Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот. Мултилингвализам и мултикултурализам Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието. Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд Целта на овој предмет е: * Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд. * Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови. * Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот. Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци Целта на овој предмет е: * Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците. * Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка

Powered by TCPDF (www.tcpdf.org) обработка на податоци. * Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација. Професионална комуникација Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа. Методологија на наставата Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите. Современа албанска критика Запознавање со основите на литературните студии - како да се чита, да се засака и да се учи албанската современа литературна критика. Се обработува односот меѓу литературата, историјата и политиката и критичното мислење како важна `критичка теорија`. Книжевни теории и методи Се обработуваат посебните поими на теориите и литературните методи и основните проблеми од научното студирање на овој вид литература. Се појаснуваат потеклото, функцијата и целта на посебните поими кои најчесто се среќаваат во теоријата на литературата, нè упатуваат во целите и методите на студирањето на литературата и овозможуваат една ориентација во разните правци на денешниот развој на науката за литературата. Јазиците во контакт Историја на контактната лингвистика; Поими: мешање на јазиците; Творци на модерната теорија на јазиците во контакт, директни и индиректни контакти; Функција на контактните јазици во средините каде што се реализираат.