ШТО ЕВРОПЈАНИТЕ МИСЛАТ ЗА ПОВРЗАНИТЕ ВОЗИЛА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Структурно програмирање

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Биланс на приходи и расходи

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

Преглед на државите во Западна Африка

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Биланс на приходи и расходи

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ЗАВИСНОСТА МЕЃУ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ, МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРАВЕЊЕ ИЗБОР И ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ИДНИНАТА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

КОРУПЦИЈАТА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

Коисмение.Штозначиме.

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Економски Факултет - Прилеп МАГИСТЕРСКИ ТРУД

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА НА БЕЗБЕДНОСТА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА УЧЕСНИЦИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ВО Р.МАКЕДОНИЈА

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Семејството и заедницата

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

Прирачник за управување со општинскиот имот

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

М А Г И С Т Е Р С К И

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ISA SERVER - ПОЛИТИКИ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СООБРАЌАЈ ВО МРЕЖИ Јасминка Сукаровска Костадиновска, Доц Др.Сашо Гелев

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

Придржување кон препораките за ординираниот лек

УЛОГАТА НА Е-МАРКЕТИНГОТ ВО УСЛОВИ НА ПРОМЕНЕТА ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1 Ова брошура е подготвена од страна на Олга Михајлова Тикваровска и Кирил Миноски за проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, со

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

INTELLECTUAL PROPERTY

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Health South Eastern Sydney Local Health District

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА: ПАТОТ ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ФУНКЦИИ И ВЛИЈАНИЕТО НА ЛОКАЛНО НИВО ВО МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Жените и културното гето: балкански перспективи

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Transcription:

FEDERATION INTERNATIONALE DE L AUTOMOBILE REGION I - EUROPE, THE MIDDLE EAST AND AFRICA ШТО ЕВРОПЈАНИТЕ МИСЛАТ ЗА ПОВРЗАНИТЕ ВОЗИЛА www.mycarmydata.eu #mycarmydata

Содржина 01 КРАТОК ОСВРТ 02 ВОВЕД 05 ГЛАВА 1 СВЕСНОСТ ЗА ПОВРЗАНОСТА 10 ГЛАВА 2 СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ВОЗИЛОТО 14 ГЛАВА 3 ПРОБЛЕМИ НА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ 17 ГЛАВА 4 ПРОФИЛИ ПО ДРЖАВИ 21 ЗАКЛУЧОЦИ

Краток осврт Европјаните велат Податоците се мои FIA Region I спроведе јавно истражување во 12 европски земји, со цел да ги анализира ставовите на потрошувачите за поврзаните возила. Студијата покажува јасна поделеност меѓу податоците кои потенцијално се следат и оние кои граѓаните се подготвени да ги прифатат. Европјаните сакаат контрола над своите податоци и слобода да одлучат со кој понудувач на услуги истите ќе ги споделат. 76% од испитаниците покажале интерес за поврзаните возила, бидејќи веќе поседуваат такво возило (6%), би купиле поврзано возило (18%), или само се заинтересирани (52%). Поголемата безбедност е причина број еден за купување на поврзано возило, а поголемата ефикасност во потрошувачката на гориво и можноста да се избегнат сообрaќајните гужви се на второ и трето место. 90% од испитаниците веруваат дека податоците од возилото му припаѓаат на сопственикот на возилото или возачот. Значајни 91% сакаат да имаат можност да ја исклучат поврзаноста на возилото. 76% сакаат да одлучат кога и колку долго ќе дозволат поврзаност на возилото. Во случај на дефект, 78% веруваат дека треба да имаат можност да изберат кој ќе го поправи. Испитаниците се чувствувале удобно да ги споделат податоците за своите дефекти со локални сервиси за поправка на автомобили, осигурителни компании, производители на автомобили и авто-мото клубовите. хакирање на возилото (85%) и следење на возилото (70%), при што треба да се има во предвид дека со денешните поврзани возила, сè од горенаведеното е навистина можно. 95% од испитаниците веруваат дека постои потреба од посебна легислатива со која ќе се заштитат правата кои произлегуваат од возилото и податоците за возачот. Во насока на ова истражување, FIA Region I ги поддржува следните клучни приципи кои се однесуваат на податоците од поврзаните возила: ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ Законодавството треба да обезбеди возачите да ја задржат сопственоста на податоците, а нивното користење да биде само преку информирана согласност од страна на возачот. СЛОБОДЕН ИЗБОР Возачите треба да имаат право да го изберат давателот на услугите. ЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА Давателите на услуги треба да имаат право да развиваат безбедни производи и функционалности. Кога станува збор за поврзани возила, возачите најмногу се загрижени за откривање на лични податоци (88%), комерцијална употреба на нивните податоци (86%), 1

Вовед Во ова истражување, поврзаното возило беше дефинирано како: Возило опремено со интернет пристап, кое може да праќа и прима податоци за статусот и состојбата на возилото и преференциите на корисникот. Апликациите за паметни телефони, дијагностиката на возило и препораките за паркирање можат да ги користат податоците на возилото и да бидат прикажани на контролната табла на возилото 2 mycarmydata.eu

Вовед ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО FIA Region I ја истражуваше свесноста на европскиот потрошувач и неговата чуствителност на споделување на податоците од поврзаните возила. Студијата имаше цел да ја идентификува свесноста, прифаќањето, вољата и подготвеноста за споделување на податоци. Со неа, исто така, беше опфатено и личното искуство, потреби и очекувања од услугите на поврзаните возила. МЕТОДОЛОГИЈА Research Now за сметка на FIA Region I, спроведе истражување на репрезентативен примерок од 12 европски држави, на примерок од околу 1.000 испитаници во секоја држава. Државите кои беа избрани се: Австрија, Белгија, Република Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија и Велика Британија. Податоците беа собрани по пат на електронски прашалници, во периодот од септември до средината на октомври 2015 година. Вкупно, 12.000 интервјуа беа спроведени на примерок од 1.000 испитаници во секоја држава. Целната група вклучуваше жени и мажи, на возраст од 18 до 70 години, кои живеат во семејства кои поседуваат сопствен автомобил и кои редовно (најмалку еднаш неделно) патуваат со автомобил (сопствен или службен автомобил, кој се користи и за службени и за приватни патувања). 3

Вовед ПРИМЕРОК НА ИСТРАЖУВАЊЕТО 1006 1001 999 995 1000 1006 997 1006 1001 1000 1000 1002 4 mycarmydata.eu

Глава 1 Свесност за поврзаноста Денес, постојат многу нови автомобили опремени со функции за поврзување, кои се во можност да следат и пренесуваат податоци за возилото и неговиот возач. Како и да е, се чини дека многу потрошувачи сè уште не слушнале за оваа технологија. Дури и ако беа свесни за постоењето на поврзани возила, сосема е несигурно дали и колку навистина разбираат што поврзаните возила можат да прават. Оваа глава се однесува на свесноста на потрошувачите, нивното разбирање и нивниот интерес за поврзани возила. 5

Глава 1 Свесност за поврзаноста СВЕСНОСТ НАСПРОТИ РАЗБИРАЊЕ Околу 33% од анкетираните Европејци веќе слушнале за поврзани автомобили. Сепак, постои огромна разлика во овој поглед по држави. Француските, германските и италијанските потрошувачи се покажаа како најинформирани за поврзаните возила, додека, пак, најниска свесност за истите постои во Велика Британија, Република Чешка и во Данска. 70% од француските испитаници тврделе дека имаат познавања за поврзаните возила, додека, пак, само 59% од нив дале точна дефиниција. Во повеќето други држави, пак, се чини дека потрошувачите го потценуваат своето знаење, додека стапката на правилно дефинирање на поврзано возило е повисока. Веројатноста дека испитаниците слушнале за поврзани возила беше поголема кај: Мажи На возраст од 35 до 54 години Сопственици на службени автомобили Членови на авто-мото клубови Оние кои поминуваат најмалку пет часа неделно во автомобил Возачи на понови модели на автомобили Тешки корисници на интернет Луѓе со повисок степен на образование n Дали досега сте слушнале за поврзани возила? n Како би го дефинирале поврзаното возило? 7% 14% 28% 23% 24% 19% 34% 54% 39% 67% 47% 42% 38% 53% 59% 57% 70% 47% 64% 44% 40% 56% 42% 53% 53% 70% ВКУПНО Австрија Белгија Чешка Данска Финска Франција Германија Италија Холандија Полска Шпанија Велика Британија 6 mycarmydata.eu

Глава 1 Свесност за поврзаноста ИНТЕРЕС ЗА ПОВРЗАНИ ВОЗИЛА Во примерокот на студијата, 6% од потрошувачите веќе поседувале поврзано возило. Во просек 18% изјавиле дека нивното следно возило ќе биде поврзано. Италијанските, шпанските и француските возачи покажаа најмногу расположение за усвојување на новата технологија. Дополнителни 52% од возачите беа заинтересирани за поврзаните автомобили, но им недостасуваа информации за услугите од поврзаните автомобили, или воопшто немаа намера да купат нов автомобил. Во вкупниот примерок, 24% се колебаа околу поседувањето, или купувањето на поврзан автомобил, со најмногу колебливи потрошувачи во Австрија, Данска, Финска и Холандија. ПРИЧИНИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПОВРЗАНО ВОЗИЛО Кога станува збор за петте најважни функционалности на поврзаните возила, потрошувачите ги навеле: #1 Следење во случај на кражба 44% #2 Помош во итни случаи 35% #3 #4 Навигација со сообраќајни информации во реално време Помош во случај на дефект 35% 31% #5 Одржување 29% При купување на не-поврзано возило, безбедноста, потрошувачката на гориво и трошоците за одржување се клучни фактори кои влијаат на одлуката за купување. Кога станува збор за поврзани возила, интересите на потрошувачите остануваат исти, а новите функционалности не го земаат приматот на традициналните фактори на одлучување. Безбедноста и потрошувачката на гориво и понатаму остануваат топ приоритети, а подобрување на фрекфенција на сообраќај е трета најчеста причина за купување на поврзано возило. Заради кои карактеристи би купиле поврзано возило (3 избори максимум) 56% 48% 39% Ефикасност во потрошувачката на гориво Поголема безбедност Избегнување сообраќаjен метеж 7

Глава 1 Свесност за поврзаноста ТИПОЛОГИЈА Од добиените одговори, можат да се издвојат шест различни пристапи со добро дефинирани мислења за поврзаните возила. Ваквите мислења можат да се поделат на Ентузијасти, Поврзани и релаксирани, Заинтересирани, но колебливи, Дистанцирани, Вознемирени и незаинтересирани и Спротивставени. Сликата подолу дава преглед каде овие типови припаѓаат на скалата на интерес за поврзани возила наспроти загриженоста за сигурноста на податоците. МИСЛЕЊА ЗА ПОВРЗАНИТЕ ВОЗИЛА Не се загрижени за сигурноста на податоците 20% 2. Поврзани и релаксирани 4. Дистанцирани 19% Немаат интерес за поврзани возила 10% 6. Спротивставени 14% 5. Вознемирени и незаинтересирани 25% 1. Ентузијасти 12% Имаат висок интерес за поврзани возила 3. Заинтересирани, но колебливи Загрижени се за сигурноста на податоците 1. Ентузијасти - 12% - Љубители се на автомобили и висока технологија - Заинтересирани се за сите функционалности на поврзаните автомобили - Или веќе поседуваат, или имаат намера наскоро да купат поврзано возило - Подготвени се да ги користат сите карактеристики кои ќе го подобрат нивното искуство во текот на возењето - Подготвени се да ги споделат своите лични податоци, или податоците од возилото, дури и кога се загрижени за сигурноста на податоците и откривање на лични податоци. 8 mycarmydata.eu

Глава 1 Свесност за поврзаноста 2. Поврзани и релаксирани - 20% - На поврзаното возило гледаат како на можност постојано да бидеш поврзан на интернет, дури и тогаш кога возиш - Подеднакво се заинтересирани како за забавните функционалности, така и за оние кои се директно поврзани со автомобилот - Се чувствуваат посигурно во однос на останатите групи во врска со сигурноста на податоците - Чувствуваат дека придобивките од поврзаните возила се многу позначајни од сигурноста на податоците 3. Заинтересирани, но колебливи - 25% - Според возраст на припадниците се најголема и најстара група - Користат интернет и поседуваат повеќе уреди од просечниот број - Покажуваат интерес за сите функционалности на поврзаните возила - Загрижени се за заштитата на податоците - Не се подготвени да ги споделат личните податоци 4. Дистанцирани - 19% - Според возраст на припадниците е најмлада група со помал интерес за автомобили - Помалку се свесни за постоење на поврзани возила - Покажуваат интерес за поврзаните возила, иако немаат намера да купат - Најмногу се заинтересирани за фунционалностите кои овозможуваат заштеда на гориво, или избегнување на сообраќајни гужви - Подготвени се да ги споделат нивните податоци во случај на дефект, или за потребите на далечинска дијагностика на возило - Се чинат помалку загрижени за сигурноста на податоците - Подготвени се да ги споделат податоците, главно со локален сервис за автомобили -Ја поддржуваат можноста за ограничување на времето на пристап до податоците на автомобилот 5. Вознемирени и незаинтересирани - 14% - Не се заинтересирани за функционалностите на поврзаните возила, освен за оние директно поврзани со ефикасноста или безбедноста - Не гледаат никаков интерес од интернет конекција во автомобилот - Многу се загрижени за сигурноста на податоците - Им пречи да ги споделуваат податоците од возилото, освен во случај на дефект - Не се подготвени да споделат лични податоци - Ќе ја прочитаат политиката со која се дефинираат нивните права кога се купува поврзано возило - Претпочитаат да дадат пристап до податоците само едно возење 6. Спротивставени - 10% - Имаат пониско академско образование - Помалку се поврзани и мобилни во нивниот секојдневен живот - Воопшто не се заинтересирани за функционалностите на поврзување при купување на автомобил - Не се подготвени да ги користат функционалностите на поврзаните возила, или да ги споделат своите податоци - Малку повеќе од просечно се загрижени за сигурноста на податоците 9

Глава 2 Споделување на податоци за возилото По проценката на општото разбирање и интересот за поврзаните возила, цел на истражувањето стана проценка на условите во кои потрошувачите би се чувствувале удобно во интеракција со поврзаните возила. Целта беше да се идентификува како, кога и со кого потрошувачите би се чувствувале удобно да ги кориситат функционалностите на поврзаните возила. 10 mycarmydata.eu

Глава 2 Споделување на податоци за возилото ПОДАТОЦИТЕ СЕ МОИ Голем број на испитаници сметаат дека податоците генерирани од автомобилот треба да бидат во сопственост на возачот, или на сопственикот на возилото. Речиси сите возачи сакаат да постои можност да ги исклучат сите комуникации на возилото. Колку сте подготвени да ги споделите следните податоци од возилото? НИВОА НА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ВОЗИЛОТО Кога станува збор за споделување на податоците од возилото, потрошувачите се многу поподготвени да споделуваат податоци од возилото, иако ваквата подготвеност е најголема кога станува збор за традиционални поправки, одржување и технички информации. Подготвеноста за споделување на информации генерирани од возилото зависи од контекстот. Тие беа помалку подготвени да споделат податоци за профилот на возачот и лични податоци, како на пример користење на функционалностите за поврзување и идентитетот. Тип на податоци Податоци за дијагностицирање на дефект на возило Податоци за возилото како километража, ниво на течности (гориво, масло...) Профилот на возење: брзина, забрзување, кочење Навики во возењето: користење на функциите на контролната табла, опциите на седење Неподготвеност за споделување Подготвеност за споделување 12% 88% 15% 85% 32% 68% 30% 70% Локација 38% 62% Забава: музика, филмови, игри Користење на функционалностите за поврзување : фрекфенција, времетраење, локација Идентитет на возачот 47% 53% 44% 56% 52% 48% СМС пораки, електронска пошта и повикани телефонски броеви 64% 36% n Воопшто неподготвени n Донекаде неподготвени n Донекаде подготвени n Подготвени 11

Глава 2 Споделување на податоци за возилото Истражувањето, исто така, беше насочено кои идентификување на ситуации во кои возачите би биле подготвени да ги споделат податоците генерирани од возилото. Без изненадувања, во случај на нужда, како на пример, како резултат на дефект, возачите покажуваат поголема подготвеност да ги споделат податоците од возилото, додека, пак, кога станува збор за споделување на лични информации постои многу помала подготвеност за нивно споделување. Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија генерално се поотворени за споделување на податоци независно од ситуацијата, додека Австрија, Данска, Финска и Германија се помалку подготвени за истото. Колку сте подготвени да споделите информации од вашето возило во секоја од следните ситуации? Тип на податоци Неподготвеност за споделување Подготвеност за споделување Имате дефект на автомобилот. Службата за помош на пат сака да пристапи до вашата локација и возило Вашиот сервис треба далечински да пристапи до податоците за дијагноза на вашето возило Можете да добиете цена за осигурување врз основа на бројот на поминати километри Производителот на возилото/вашиот редовен сервисер сакаат контрола над возилото со цел автоматски да ве известуваат за потребните активности на вашето возило Сакате поддршка за еко возење во реално време за кое се потребни податоци од вашето возило. 13% 87% 22% 78% 27% 73% 31% 69% 32% 68% Осигурителната компанија ви нуди цена врз основа на стилот на возење (брзина, забрзување, кочење...) Вашето возило бара синхронизација со контактите од вашиот телефон, електронска пошта и историјата на повикување n Воопшто неподготвени n Донекаде неподготвени 40% 60% 61% 39% n Донекаде подготвени n Подготвени 12 mycarmydata.eu

Глава 2 Споделување на податоци за возилото Две третини од испитаниците би се согласиле да споделат анонимни податоци. Возачите навеле дека споделувањето на лични податоци треба да им овозможи директни придобивки, како на пример подобрување на искуството од возење, или зголемување на безбедноста, или парична придобивка како попусти или купони. ИЗБОРОТ Е ВАЖЕН ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ Во случај на дефект, 78% од испитаниците сметаат дека треба да имаат можност да изберат кој ќе им го поправи возилото. Кога беа прашани со кој од понудувачите на овој тип на услуги се најподготвени да споделат податоци за дефектот, локалните сервисери, осигурителните компании, производителите на автомобили и авто-мото клубовите беа првиот избор. Ако испитаникот е веќе член на авто-мото клуб, тогаш кај 30% веројатноста дека податоците ќе ги сподели со клубот е најголема. Подготвеност за споделување на податоци од возилото беше поголема меѓу: Мажите Возачите на службени возила Испитаниците свесни за поврзаните возила Сопствениците на понови автомобили (до 5 години стари) Луѓе кои поминуваат повеќе од 2 часа дневно на интернет Луѓе кои ги користат социјалните мрежи повеќе од половина час дневно Италија, Шпанија и Австрија Ви се случува дефект на возилото. Само едно копче од возилото, ќе ви овозможи да повикате помош и да пратите информации за вашиот дефект. Ќе ги споделите ли вашите информации? 85% се подготвени да ги споделат податоците Ако да, колку ви е важно да имате можност да го изберете давателот на услугата 92% сакаат можност да го изберат давателот на услугата 13

Глава 3 Проблеми на споделување на податоците Истражувањето, исто така, имаше цел да утврди околу што возачите се најколебливи кога станува збор за поврзаните автомобили. Возачите покажаа загриженост за времетраењето на согласноста за пристап до податоци. Исто така, стравуваат и околу тоа што би можело со тие податоци да се стори. Постоеше силна поддршка за легислатива која ќе ги заштити потрошувачите кога станува збор за податоците кои ги генерира возилото. 14 mycarmydata.eu

Глава 3 Проблеми на споделување на податоците ПРИСТАПОТ ДО ПОДАТОЦИ ОД ВОЗИЛОТО ТРЕБА ДА БИДЕ ВРЕМЕНСКИ ОГРАНИЧЕН Во истражувањето, потрошувачите јасно кажаа дека согласноста за пристап до податоци од возилото треба да биде временски ограничена, па дури и да биде согласност за пристап за едно возење. Многу малку испитаници би прифатиле еднократна согласност за пристап до нивните податоци која би била валидна во текот на целиот животен век на возилото. ПРОБЛЕМИ СО СИГУРНОСТА Испитаниците изразија отворен страв дека нивните приватни податоци би можеле да бидат користени од трети страни, или да бидат користени за комерцијални цели. Понатаму, постои стравување од следење на локацијата, па дури и хакирање на возилото со цел да се превземе управувањето со возилото. Вашата согласност за пристап до податоци од возилото би била? (Постојана / Со граничено времетраење / По возење) 76% веруваат дека пристапот до податоци од возилото треба да биде временски ограничен Австрија Белгија Чешка Данска Финска Франција 13% 53% 34% 21% 56% 23% 13% 64% 23% 17% 61% 22% 18% 49% 33% 24% 58% 18% 25% 17% Германија 13% 53% 33% Италија 20% 56% 24% Холандија 13% 61% 26% Полска 20% 61% 19% 58% Шпанија 24% 57% 18% Велика Британија 19% 61% 21% n Постојана n Со граничено времетраење n По возење 15

Глава 3 Проблеми на споделување на податоците Кој демонстрира поголема загриженост кога станува збор за споделување на податоци од возилото? Откривање на приватни податоци 88% Повисока загриженост кај оние кои погрешно ги дефинирале поврзаните возила, постари возачи на автомобили, поприсутни во Република Чешка и во Полска Следење на возилото 70% Повисока загриженост кај лицата на возраст од 18 до 34 години, кај оние кои возат помалку од 2 часа неделно, оние кои поминуваат повеќе од 35.000км, оние кои поминуваат повеќе време на социјалните мрежи, поприсутни во Република Чешка, Данска и во Холандија Хакирање на возилото заради превземање на управувањето 85% Повисока загриженост меѓу возачите со сопствен автомобил, поприсутни во Полска Комерцијална употреба на личните податоци 86% Повисока загриженост меѓу возачите со сопствен автомобил, оние кои погрешно ги дефинирале поврзаните возила, оние кои возат помалку од 2 часа во неделата, постари возачи, оние кои поминуваат помалку време на социјалните мрежи, поприсутни во Република Чешка. ПОТРОШУВАЧИТЕ САКААТ ЛЕГИСЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕ Огромно мнозинство на корисници побараа легислатива за заштита на податоците кои ги генерираат поврзаните возила. Постоеше извесна неодлучност околу тоа дали ова треба да биде европска или национална легислатива, но сепак извесна наклонетост постоеше за европска регулатива. Дали сметате дека постои потреба од специфична правна рамка за заштита на правата на потрошувачите во поглед на податоците за возилото и возачите? 95% Според вас, кој би требало да ја дефинира оваа правна рамка за пристап до податоците од возилата? сакаат легислатива за заштита на податоците од поврзаните возила ВКУПНО Австрија Белгија Чешка Данска Финска Франција Германија Италија Холандија Полска Шпанија Велика Британија 41% 44% 15% 40% 43% 18% 26% 58% 16% 51% 25% 25% 51% 32% 16% 46% 33% 21% 41% 46% 13% 44% 43% 13% 33% 57% 10% 33% 52% 15% 38% 54% 8% 25% 62% 13% 62% 20% 18% n Национална легислатива n Европска легислатива n Не знам 16 mycarmydata.eu

Глава 4 Профили по држави Со расчленување на одговорите по држави, истражувањето помогна за креирање на национален профил кој покажува како потрошувачите би реагирале. Резултатите се далеку од хомогени. 17

Профили по држави Споредено со европскиот просек, возачите во Италија, Шпанија, Франција и во Република Чешка се поголеми ентузијасти кога станува збор за поврзани возила. Со поумерен интерес, но и со извесно двоумење во поглед на поврзаните возила, некаде во средина се најдоа возачите од Полска, Германија, Белгија и од Велика Британија. Возачите од Австрија, Данска, Холандија и од Финска се најмалку подготвени кога станува збор за поврзани возила. АВСТРИЈА Австриците слушнале за поврзани возила и повеќето од нив дадоа точна дефиниција, но интересот за поврзаните услуги е релативно низок. Ова е една од најнеентузијастички расположена земја кога се во прашање поврзаните автомобили. На оние кои се подготвени да ги споделат податоците, важно им е да имаат можност да го изберат давателот на услуги. Австријците чуствуваат голема загриженост за сигурноста на нивните податоци, па демонстрираат и поголема потреба да ги поседуваат податоците во споредба со другите европејци. Тие силно ја поддржуваат идејата за специфична легислатива за заштита на податоците од поврзаните возила и се повеќе склони тоа да биде европска, а не национална регулатива. БЕЛГИЈА Белгијанците покажаа просечна свесност, разбирање и интерес за поврзаните возила. Кога станува збор за причините заради кои би користеле вакви услуги, интересот за одржувањето беше поголем од просечниот. Белгијанците, во споредба со другите држави, се чувствуваат поудобно за да споделат информации за километражата, нивните навики во возењето и користењето на функционалностите за поврзување, или за нивните телефонски активности. Покажуваат поголема загриженост во споредба со другите држави за сигурноста на податоците и имаат силна потреба од специфична законска рамка, иако интересот за можноста да ги исклучат комуникациите на возилото е помал. РЕПУБЛИКА ЧЕШКА Чешките возачи не се многу информирани за поврзаните возила, но демонстрираат висок интерес за услугите, особено за можноста за лоцирање во случај на кражба. Тие се чуствуваат поудобно да споделат информации за дефекти, профилот на возач и користењето на функционалностите на поврзување во споредба со другите држави. Возачите во Република Чешка се поподготвени да им дозволат на производителите на автомобили, или локалните сервиси да вршат мониторинг на возилото и автоматски да им сигнализираат кога е потребна поправка или сервис. Позагрижени се во споредба со другите држави за сигурноста на податоците и имаат силна потреба за специфична правна рамка. ДАНСКА Данците имаа најниско ниво на свесност и знаење за поврзаните автомобили и понизок интерес за истите во споредба со другите европјани. Данските возачи не се ентузијасти за купување на автомобил и се помалку заинтересирани за сите останати карактеристики. Помалку удобно се чуствуваат кога станува збор за споделување на податоци во случај на дефект, или податоци за километража. Спротивно на ова, поудобно од просечното би се чувствувале да споделат информации за идентитетот на возачот. Данските возачи се помалку загрижени за откривање на лични податоци, комерцијална употреба на личните податоци и хакирање на возилото заради превземање на управувањето. Гледаат јасна потреба за специфична правна рамка и генерално повеќе би сакале национална регулатива. 18 mycarmydata.eu

Профили по држави ФИНСКА Финците имаа ниско ниво на свест и интерес за поврзани возила. Само малкумина веќе знаеја за поврзаните возила, или имаа намера да купат. Поголемиот дел од финците не се заинтересирани за функционалностите на поврзување кога купуваат возило. Во Финска, возачите се најрезервирани кога станува збор за споделување на податоци од возилото, независно од ситуацијата. Финците се загрижени за сигурноста на податоците кои ги генерираат поврзаните возила и имаат потреба за сопственост над истите повеќе отколку остантите европјани ГЕРМАНИЈА Германиците имаат високо ниво на свесност и знаење за поврзаните возила. За нив позначајни се интеграцијата на телефонот и функционалностите за забава. Генерално, тие се чувствуваат помалку удобно да споделуваат податоци, споредено со другите европски земји. Имаат јасно дефинирани ставови околу споделувањето на податоците, каде процентот на многу удобно и воопшто неудобно е повисок од европскиот просек. Германците се позагрижени во споредба со другите европјани за сигурноста на податоците и изразуваат силна потреба за специфична правна рамка на регулирање. Неподготвеноста и загриженоста на германците за споделување на податоци е во корелација со ниската стапка на корисници на социјалните мрежи.. ФРАНЦИЈА Французите демонстрираа високо ниво на свесност и беа прилично заинтересирани за поврзаните возила во споредба со европскиот просек. Значителн број на Французи сакаат нивниот следен автомобил да биде поврзан. Тие им се наклонети на функционалностите за поврзување како предвидување на потребата од сервисирање, помош во итен случај, или следење во случај на кражба. Французите се поотворени во врска со споделувањето на податоци, но се поселективни при изборот со кого истите ќе ги споделат. Согласни се да ги споделат податоците од возилото за потребите на наменски креирани осигурителни услуги и совети за еко-возење. Тие ги делат истите грижи во врска со сигурноста на податоците и, исто така, повикуваат на донесување на легислатива за заштита на правата. ИТАЛИЈА Италијаните имаат висока свесност и разбирање за поврзаните возила. Тие покажувааат голем интерес за услугите за поврзување, па дури покажуваат и намера да купат поврзано возило во блиска иднина. Тие имаат позитивно мислење за услугите за поврзување и се чуствуваат удобно околу споделување на податоците. Во сите категории, тие се чувствуваат поудобно да споделат податоци споредбено со европскиот просек, вклучувајќи ги податоците во случај на дефект, нивоата на течности, навиките за возење, па дури и податоци од мобилниот телефон. 17% повеќе од европскиот просек би споделиле податоци за профилот на возач. Помалку се загрижени во споредба со другите земји за сигурноста на податоците, но поддржуваат европска легислатива за заштита на податоците. 19

Профили по држави ХОЛАНДИЈА Холандија се наоѓа меѓу петте последни земји кога станува збор за познавања на услугите на поврзување. Холанѓаните покажуваат потпросечен интерес за услугите на поврзаните возила и не ја разгледуваат можноста за купување на таков вид на возило. Тие се чувствуваат помалку удобно во врска со споделување на лични податоци, но поудобно да споделат податоци поврзани за возилото, нивните навики во возењето и информации за одржувањето на автомобилот. Тие се значително помалку заинтересирани за осигурување според километражата или стилот на возење. Тие се загрижени исто како и останатите европјани за сигурноста на податоците и чувствуваат силна потреба од специфична правна рамка. ПОЛСКА Пољаците покажуваат просечна свесност, разбирање и интерес за услугите на поврзаните возила. Тие покажуваат висока ангажираност при купување на возило, но функционалностите на поврзување не се меѓу одлучувачките критериуми. Пољаците се чуствуваат поудобно во споредба со другите земји во врска со споделување на податоци, особено за километражата, дефект или профилот на возач. Дополнително, тие би се чувствувале поудобно да споделат податоци за нивната локација, користењето на функционалностите за поврзување, или активностите на нивниот телефон. Позагрижени се во споредба со другите земји за сигурноста на податоците и имаат силна потреба за воведување на специфична законска рамка. ШПАНИЈА Шпанците имаат високо ниво на свесност за поврзаните возила и најголем интерес за истите во Европа. Од друга страна, само нешто повеќе од половина од оние кои веќе поседуваат поврзано возило сметаат дека се добро информирани за истото. Шпанците се чувствуваат поудобно во споредба со европскиот просек во врска со споделување на податоците. Тие се подготвени да споделат податоци за возилото, но и лични податоци како навиките во возењето и профилот, па дури и SMS пораки, електронска пошта и телефонските броеви од именикот. Многу се заинтересирани за наменски типови на осигурување и се порасположени во споредба со европскиот просек за споделување на податоци за километражата и стилот на возење со осигурителните компании. Иако се отворени за споделување на податоци, Шпанците се многу загрижени за сигурноста на податоците и даваат силна поддршка на специфична европска легислатива. Шпанија е една од земјите кои се најзаинтересирани за поврзани возила, подготвена за споделување на податоци во повеќето ситуации и покрај тоа што шпанските возачи се загрижени за сигурноста на податоците и поддржуваат законска регулатива. Според нив предностите на поврзаните возила ги надминуваат нивните недостатоци. ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Британците имаа ниско ниво на свесност и просечно разбирање и интерес за услугите на поврзаните возила. Интеграцијата на мобилниот телефон и апликациите на социјалните мрежи се функционалности од најголем интерес, а помал интерес постои за телематиката и консиерж услугите. Поудобно би се чувствувале да споделат податоци за локацијата, идентитетот на возачот, вкусовите за забава, или телефонските активности. Поддршката за еко-возење, исто така, е силен мотиватор. Подготвени се да споделат податоци со цел да добијат совет во реално време. Позагрижени се во споредба со другите земји за сигурноста на податоците и имаат силна потреба за специфична законска рамка, но повеќе би сакале тоа да биде национална регулатива. 20 mycarmydata.eu

Заклучок Потрошувачите сакаат да знаат кои податоци ги споделуваат додека се возат со својот автомобил. Во моментот, само неколку производители имаат пристап до податоци од ваков тип за специфични модели на возила. Транспарентност на пазарот мора да постои. FIA Region I и нејзините членки од Европа, ја започнаа кампањата МоеВозило, МоиПодатоци! (My Car, My Data!) (www.mycarmydata.eu), со цел да ја зголемат свесноста на јавноста за податоците кои поврзаните возила ги генерираат и да повикаат на усвојување на правна легислатива и фер пазар на пост продажни услуги на поврзување. Во врска со поврзаните возила со оваа кампања се бара: ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ Законодавството треба да обезбеди информирана согласност за пристап до податоците од возилото. Ова значи дека потрошувачите мора да бидат целосно информирани за податоците кои се пренесуваат и за целта. Возачите треба да ја задржат сопственоста на податоците кои возилото ги генерира и контролата околу тоа како и колку долго истите се користат. СЛОБОДЕН ИЗБОР Возачите да имаат право да го изберат давателот на услугите, според производи и услуги кои се најсоодветни на нивните потреби. Правото да изберат од мноштвото фунционалности и производи за поголема безбедност, мора да биде загарантирано. Давателот на услугите мора да може да се промени во текот на животниот век на возилото и тоа без никакви дополнителни административни трошоци. ЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА Давателите на услуги треба да имаат право да развиваат производи и функционалности кои се однесуваат на податоците од возилото во услови на лојална конкуренција и слободен пазар. Ова ќе им овозможи на возачите да изберат давател на услуги кој ќе има пристап до нивните податоци од возилото. Ова иницијално истражување на јавното мислење за поврзаните возила само ја нагласува потребата од продолжување на работата во врска со поврзување на возилата. Тоа индицира дека европјаните силно веруваат дека тие се оние кои треба да ги поседуваат и контролираат податоците кои нивното возило ги следи и пренесува. Постои потреба за избор и контрола на текот на податоците. Ова е можно само преку строга заштита на податоците, слободен избор на давател на услуги и слободен пазар на услугите кои се однесуваат на податоците од возилото. Само кога постои фер, непречен, директен и неконтролиран пристап до податоците од возилото за сите доверливи играчи на пазарот, потрошувачите ќе можат слободно да одлучат дали ќе ги споделат своите податоци или не. Ова ќе овозможи целосен потенцијал на оваа технологија, која ќе отвори нов пазар за европски раст. 21

За FIA Region I FIA Region I, лоциран во Брисел, е тело кое ги застапува интересите на 111 мото и туринг клубови и нивните 38 милиони членови низ цела Европа, Блискиот Исток и Африка. FIA ги застапува интересите на овие членови како возачи, корисници на јавен транспорт, пешаци и туристи. Основната цел на FIA Region I е да осигура безбедна, достапна, одржлива и ефикасна мобилност. Со овие цели како приоритет, работата на FIA Region I e фокусирана на безбедноста на патиштата, заштита на правата на потрошувачите, заштита на животната средина и промоција на одржлива мобилност. АМСМ е единствена членка на FIA од Република Македонија. www.mycarmydata.eu www.mycarmydata.eu #mycarmydata / @FIA_Region_I Rue de la Science 41, 1040 www.amsm.mk Bruxelles +32 2 280 07 58 info.region1@fia.com FEDERATION INTERNATIONALE DE L AUTOMOBILE REGION I EUROPE, THE MIDDLE EAST AND AFRICA