УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

03. Investigation 01 MK [rev 2]:Layout :04 Page 1

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Позначајни концепциски разлики во реформата на истрагата во Хрватска и во Македонија

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

М-р Елена Мујоска 1. год. 17, бр. 1-2, (2010) 237

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Прашања за II (втор) колоквиум по Граѓанско процесно право

Биланс на приходи и расходи

КОН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА. 1. Воведни забелешки- ги земаме ли правата и полицијата сериозно?

Биланс на приходи и расходи

НОВ ЗКП ПРАВИЧЕН БАЛАНС МЕЃУ ЕФЕКТИВНОСТА НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН И ЕФЕКТИВНАТА ОДБРАНА. Клучни зборови: судење, притвор, докази, вештачење, откривање

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА)

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

03. Plea Bargaining 01 MK [REV2] :05 Page 1

март - јуни 2006 година

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

БРОШУРА ЗА МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Социо политички и правни аспекти на аболицијата во меѓународната заедница

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

Структурно програмирање

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

GOCE DELCEV UNIVERSITY STIP FACULTY OF LAW STUDENT S SOCIAL SCIENCE JOURNAL

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВОTO ДА СЕ НАПУШТИ ДРЖАВАТА

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Утврдување на способноста на економските оператори

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Од одбраната на обвинетиот ЉУБЕ БОШКОВСКИ од Скопје

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ПРАВНА АНАЛИЗА НА КОНЦЕПТОТ НА КАЗНЕНОТО ДЕЛО НА ОМРАЗА И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

КАКО ДО ПОДОБРА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното работење?

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

УНИВЕРЗИТЕТ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ БИТОЛА

Садирет Речи. Односи меѓу родители и деца во правниот систем на Република. Македонија

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Transcription:

Д-р Иван Наџ УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА 1. Вовед УДК 343.14:351.74/.76 1.02 Прегледна научна статија Новите појавни форми на криминалитет ставаат нови предизвици пред државниот апарат со цел да се изнајдат адекватни решенија за негово сузбивање, но тоа не значи дека е потребно да се занемарат традиционалните форми на криминалитет бидејќи и кај новите и кај традиционалните форми на криминалитет, улогата на полицијата во спроведувањето на поединечни дејствија заради обезбедување на докази, севкупниот процес на докажување и спречување на бегство на сторителот е незаменлива. Токму затоа на полицијата и претстои сложена правна, организациска, криминолошка, социолошка и психолошка преобразба со цел да ги задоволи новите барања на модерното општество. Меѓунардоните полициски односи се појавуваат на почетокот на 19-тиот век како општествена потреба за решавање на криминалитетот кој добива се повеќе меѓународна димензија. Денес состојбата на криминалот во светот може да се препознае како пораст на криминалот воопшто во поголемиот број на држави во современиот свет. Криминалот не само што е во пораст во светот туку неговите појавни форми стануваат се повеќе погубни за темелните вредности кои се наследство на цивилизациската историја на човечкиот род. Најпогубните форми на казнени дела ги планираат и остваруваат групи на сторители кои сè почесто делуваат на подрачјето на две или повеќе држави, па и на повеќе континенти. Во секоја држава полициските истраги се интензивно правно нормирана дејност на овластените државни тела. На ова подрачје државата ја пропишува секоја дејност која нејзините тела ја преземаат со цел да се открие казненото дело. Причина за таквата нормираност е фактот што со дејствијата кои имаат за цел собирање на докази се влегува во подрачјето на темелните права на граѓаните, па со пропишување на начинот на спроведување на тие дејствија се штитат правата на граѓаните и се спречува злоупотреба. 2. Полициски овластувања Полициските овластувања се дејствија пропишани со закон кои му овозможуваат на полицискиот службеник да ги извршува наведените полициски работи. Можеме да ги гледаме како право и должност на полицискиот службеник да преземе одредени активности. Правото и должноста за полицискиот службеник значат дека тој одредено дејствие смее или мора да го преземе исклучиво на начин на кој е пропишано со закон, но и во ситуации кога тоа е пропишано со закон или подобро речено кога законот 1

тоа го дозволува. Во рамките на тие овластувања полицискиот службеник одредени дејствија презема сам или од некое лице-граѓанин бара да преземе или не преземе нешто. Многу е важно да се истакне дека преземањето на одредено овластување не зависи од волјата на полицискиот службеник туку од конкретните околности кои го одредуваат видот на овластувањето како и времето на неговото преземање. Сите полициски овластувања се пропишани со закон. 2.1. Односот на полицијата кон другите државни тела во текот на извидот на казнени дела Полицискиот службеник е одговорен за собирање на информации и податоци со цел заштита на јавниот ред и безбедноста и/или спречување и откривање на казнени дела, користејќи го притоа секој извор кој може да и даде информации на полицијата. За таа цел тој може дури да користи и тајна соработка со поединци, тајно надгледување на лица и простории како и апарати за откривање на локацијата 1. Јавната управа, физичките и правни лица на барање на полицијата мора да дадат идентификациски податоци и други информации кои се собираат на правна основа освен оние чија дистрибуција е забранета со закон. Специфичните правила за користење на изворот на информации, примање и управување, верификација и евалуација на информациите и податоците добиени од нив се воглавно одредени со подзаконски акти кои ги донесува Министерот за внатрешни работи 2. 3. Предистражна постапка Според Глушчиќ целта на претходната постапка е да се соберат докази за веројатноста на казненото дело и на неговиот сторител за да може да се одлучи дали ќе му се суди или постапката против него ќе биде запрена. 3 До таква одлука телата на казненото гонење доаѓаат постепено спроведувајќи претходна постапка преку неколку етапи. Првата етапа ја претставуваат полициските извиди, кои ги покренуваат полициските власти на сопствена иницијатива (доколку постои основано сомневање дека е извршено казнено дело за кое се гони по службена должност, или на барање на јавниот обвинител. 1 Забрането е собирање на информации и податоци за лица само заради сполни, етнички, расни, јазични, верски, политички, религиски и филозофски уверувања како и заради економскиот, образовниот, социјалниот статус, сексуалната определеност и родителството. 2 Zakon o Drţavnoj policiji Republike Albanije бр. 9794 до 4.6.2007., Член 114, Полицискиот службеник е обврзан да ја прими и процени информацијата која му се дава тајно од страна на поединец а вклучува заштита на јавниот ред и безбедноста и/или спречување на казнено дело. Кога поединец потајно соработува со полицијата за да информира за прашања кои се однесуваат на заштита на јавниот ред и безбедноста и/или заштита, откривање и сузбивање на казнено дело, обврзан е да ја чува тајноста на соработката и на информациите се додека не престане правната обврска за чување на тајна. 3 Ѓурѓевиќ, З., Глушчиќ, С., Јосиповиќ, И., Кос, Д., Крапац, Д., Новоселец, Х., Kazneno procesno pravo, Primjerovnik II, izmjenjeno i dopunjeno izdanje, Narodne Novine, Zagreb, 2007. 2

Предистражната постапка во пракса најчесто започнува со полициски извиди, кои полицијата ги започнува под одредени законски услови или по службена должност или на барање на јавниот обвинител, при што се пропишува обврска на полициските власти да го известат јавниот обвинител во рок од 30 дена за мерките кои ги преземале, односно секојдневно да го известуваат за преземените мерки на барање на самиот јавен обвинител. Истрагата претставува низа на дејствија заради собирање на податоци потребни за одлучување за покренување на обвинение (т.е. на акт врз основа на кој предметот доаѓа пред суд). Во опишаната смисла, истрагата опфаќа (1) дејствие на откривање на казненото дело и на сторителот и (2) дејствие на собирање на докази за казненото дело и за сторителот врз основа на кои се одлучува за подигање на обвинение. Истрагата содржински опфаќа две целини. Првата целина се однесува на откривањето. Таа ја опфаќа дејноста на откривање (или на сознание) за казненото дело, собирање на податоци за сторителот, жртвите и други податоци, и преземање на мерки заради обезбедување на спроведување на казнена постапка. Во таа фаза на постапување, казненото дело се уште не е целосно одредено, а истото важи и за сторителот. Меѓутоа, истрагата е во многу системи единствена како целина. Во нив нема формално разграничување помеѓу првата и втората фаза. Почетната фаза на постапување во врска со веројатното казнено дело е обележена со повеќе типични карактеристики. Во смисла на сознание, постои почетна или појдовна најниска веројатност дека е сторено казнено дело. Тоа се основи на сомневањето кои можат да бидат ограничени на појдовна веројатност дека е сторено казнено дело или покрај тоа и на појдовна веројатност за сторителот. Во сите модели клучно место во првата фаза на истрагата има полицијата. Во некои земји полициските права и должности за откривање на казнени дела и на нивните сторители имаат само едно тело, а во други повеќе специјализирани тела. Исто така постојат универзални (на пример: ИНТЕРПОЛ) и регионални меѓународни (на пример: ЕУРОПОЛ) тела кои имаат права и должности за собирање на податоци за казнени дела утврдени со меѓународни спогодби. Истрагата во голема мера ја обележува истражното делување. Истражното делување се состои од дејствија (1) на собирање на докази, (2) водење на постапка, (3) одлучување и (4) примена на присила. Одлука за сознание за одредено казнено дело донесува телото за откривање (во правило полицијата) или телото на казнено гонење (јавниот обвинител). Таквата одлука во правило нема формално значење. Посебно место во истрагата имаат дејствијата на присила. Тоа пред сè се однесува на лишувањето од слобода преку апсење и притворување, но и на други дејствија (привремено одземање на предмети, претреси, земање на примероци итн). Клучна функција во истрагата имаат две основни категории на дејствија за обезбедување на докази: а) собирање на вербални докази (испитување, сослушување, препознавање и соочување) и б) собирање на материјални докази. Во првата група станува збор за испитување на обвинетиот, сослушување на сведоци и за соочување. Испитувањето на обвинетиот се разликува со оглед на тоа дали се спроведува како дејство на откривање или како дејство на обезбедување на докази. Сослушувањето на сведоци во некои 3

системи опфаќа и сослушување на вештаци како на посебна категорија на сведоци. Во други системи пак, сведочењето и сослушувањето се одвоени дејствија за обезбедување на докази. Голем број на законодавства разликуваат поединечни видови на сведоци (загрозени, ранливи, стручни и сведоци лаици) за кои се предвидени посебни модели на испитување. Криминалистиката детално ги класифицира и разгледува поединечните категории на сведоци. Пронаоѓањето и обезбедувањето на материјални докази (прегледи, претреси и привремено одземање на предмети, увид, реконструкција итн), нема особена важност во истрагата. Во врска со тоа законодавствата предвидуваат посебни дејствија заради обезбедување и собирање на докази во облик кој овозможува употреба на доказите на главното судење. Тоа се однесува пред се на контрадикторноста. Посебно се уредени вештачењата на душевна состојба, земањето на телесни примероци, трасеологијските идентификациски експертизи и прикриеното истражување. Првото е поврзано со посебни состојби на обвинетиот (поретко на други лица), второто во некои системи не е можно, а во други подлежи на строги услови (кои се разработени и во европски размери).трасеологијските идентификациски експертизи имаат клучна важност во разрешувањето на казнени дела. Прикриеното истражување е предмет на детално уредување во поново време при што некои законодавства имаат соодветни правила во посебни закони, а други во основниот извор на казнената постапка, додека вонпроцесната заштита во правило е уредена со посебни прописи. За тоа постојат и европски извори. 4. Правна основаност на доказите Докажувањето традиционално влегува во материјата на казнено процесно право 4 Во рамките на казнено процесното право се изучува правната страна на докажувањето, казнено процесниот поим на доказот, предметот на докажување (односно активностите кои треба да се докажат). Исто така, се изучуваат и законските основи кои во постапката на докажување треба да се исполнат, доказните забрани, доказните средства односно дејствија со кои се изведуваат докази, правната оценка на доказите, и принципите на слободна судска оценка. Павишиќ 5 начелно смета дека резултатите собрани со извиди, само во исклучителни случаи и со законски предвиден услови, можат да се користат како доказ во казнена постапка, нагласувајќи дека извидите не се процесни дејствија. Разликата помеѓу извидните и истражните дејствија ја пронаоѓа во улогата, па така за извидите смета дека се наменети за откривање, а за истражните дејствија за докажување. Во исклучителни случаи, кога е тоа пропишано со Законот за казнена постапка, резултатите од општите извиди на казнени дела, можат да се употребат како доказ во казнената постапка. Крапац 6, го побива доказниот учинок на извидот од причина што истиот не ги претставува доказите туку само фактите и околностите кои можат да бидат од интерес за казнената постапка. Исто така авторот го потврдува 4 Во: Алексиќ, Ж: Kriminalistika, Beograd, 1982. стр. 198. 5 Павишиќ, Б. Komentar Zakona o kaznenom postupku, Ţagar, Rijeka, 2003, стр. 224. 6 Крапац, Д., Kazneno procesno pravo, Institucije, Narodne Novine, 1993, стр. 338. 4

неискористувањето на општите извиди бидејќи со нив се собираат факти надвор од пропишаниот начин за собирање на докази. Томашевиќ, 7 за општите извиди наведува дека "резултатите од овакво неформално постапување неможат да се користат како доказ во текот на казнената постапка, па во согласност со тоа, на нив неможе да се темели судската одлука", и упатува на издавање на забелешки за разговорот. Љубановиќ 8, наведува дека службената забелешка се составува во врска со дејствието кое нема обележје на процесно дејствије и затоа нејзината содржина неможе да се користи во казнена постапка. Повеќето автори ја наведуваат основната разлика помеѓу истражните и извидните дејствија, и опишуваат дека истражните дејствија се формални, а општите извиди неформални дејствија. Така Глушчиќ, 9 наведува дека кај "неформалните дејствија, Законот не пропишува форма за нивно спроведување па нивниот резултат неможе да се користи како доказ во казнената постапка". За потребите на казнената постапка, докази собираат странките и судот. Пред да започне казнената постапка за да може да постави истражно барање против одредено лице, јавниот обвинител мора да располага со доволно докази од кои произлегува "основаното сомневање" дека лицето извршило казнено дело. Доколку јавниот обвинител не примил докази заедно со казнената пријава или доколку самиот не дошол до нив, тогаш полицијата е должна на сопствена иницијатива или на барање на јавниот обвинител да собере докази. Цела низа на прашања кои се однесуваат на доказите и на докажувањето, се наоѓаат надвор од правната регулатива и по правило не и припаѓаат на материјата на казнено процесно право, а примарно влегуваат во предметот на изучување на криминалистиката. 10 Криминалистиката ги изучува законитостите на формирањето односно на настанувањето на доказите, нивната информативна природа и феноменолошка суштина, потоа законитоста на формирањето на поединечни видови на доказни информации. Врз основа на сознанијата кои се однесуваат на механизмот на настанувањето, трајноста и квалитетот на поединечните видови на докази, криминалистиката истражува и развива методи за нивно откривање, фиксирање, собирање, истражување и проценка на нивната доказна вредност. Доказите во казнено процесното право различно се толкуваат од страна на теоретичарите и тие толкувања довеле до постоење на разлики во одредувањето на поимот на доказ. Владимир Бајер 11, го одредува поимот на доказ на еден единствен начин, не правејќи разлика помеѓу доказите и 7 Томашевиќ, Г., Kazneno procesno pravo, Pravni fakultet, Split, 1998, стр. 160. 8 Љубановиќ, В., Kazneno procesno pravo, Pravni fakultet, Osijek, 2002, стр.136. 9 Глушчиќ, С., Prethodni postupak: Во: Крапац, Д., и др. Kazneno procesno pravo primjerovnik, Narodne Novine, 2001, стр. 50. 10 Водонелиќ, В., Šta je otkrivanje, a šta razjašnjavanje krivičnog djela i razotkrivanje učinioca?, 1990, стр. 40-45. За детално изучување ве упатуваме на многубројните студии во кои се бавел со тие прашања. Погледни: Dokazi i kriminalistički aspekti uzročno posljedične veze u krivičnom postupku, Arhiv za društvene i pravne nauke, broj 2/1992; Naučni problemi na relaciji dokazni izvor dokaz dokazivanje u krivičnom procesnom pravu, Аnali br. 3-4/1994; Kriminalistika, otkrivanje i dokazivanje, 1 i 2 dio. 11 Бајер, В., Jugoslovensko krivično procesno pravo, книга 2: pravo o činjenicama i njihovom utvrđivanju u krivičnom postupku, Zagreb, 1978, стр. 15, 5

доказните средства, поимот го одредува на следниот начин: "Доказот во кривичната постапка можеме според тоа да го дефинираме како израз на сознание за фактите кои се утврдуваат во кривичната постапка, со кој се служи органот кој ги утврдува фактите кога некој факт неможе да го утврди преку сопствено забележување." Понатаму, постојат теоретичари Никола Огорелица 12, Божидар Марковиќ 13 и други, кои прават разлики помеѓу доказите и доказните средства, односно самиот поим на доказ се одредува во правна и во неправна смисла, така што под доказ во правна смисла се подразбира доказна основа или доказ, а во неправна смисла доказно средство односно извор на доказот. Дејствијата за обезбедување на докази во истрагата ги означуваат постапките со кои се собираат докази за казнената постапка. Уредувањето на дејствијата за обезбедување на докази зависи пред се од поединечниот систем на казнена постапка, меѓутоа доколку се има во вид споредбеното истражување се забележуваат некои обележја кои се од голема корист за преглед на тоа исклучително значајно и динамично подрачје. Првенствено треба да се земе во обзир дека покрај националните постојат и значајни меѓународни мултилатерални (универзални и регионални) конвенциски извори за поединечни дејствија за обезбедување на докази (на пример. за меѓународна правна помош, перење на пари, корупција, промет на опојни дроги, кибернетички криминалитет и друго). Потоа донесен е голем број на препораки и на други извори кои имаат за цел да усогласат многу прашања. Дејствијата за обезбедување на докази се исто така предмет на уредување на двостраните спогодби. Клучна функција во истрагата имаат две основни категории на дејствија за обезбедување на докази: -собирање на вербални докази (испитување, сослушување, препознавање и соочување) -собирање на материјални докази. Во првата група се работи за испитување на обинетиот, сослушување на сведок и за соочување. Испитувањето на обвинетиот се разликува со оглед на тоа дали се спроведува како дејствие на откривање или на обезбедување на докази. Сослушувањето на сведоци во некои системи опфаќа и сослушување на вештаци како на посебна категорија на сведоци. Голем број на законодавства разликуваат поединечни видови на сведоци (загрозени, ранливи, стручни и сведоци лаици) за кои предвидуваат посебни модалитети на испитување. Криминалистиката детално ги класифицира и разгледува поединечните категории на сведоци. Пронаоѓањето и обезбедувањето на носители на материјални докази (прегледи, претреси и привремено одземање на предмети, увид, реконструкција и проба) имаат, или би требало да имаат, посебна, клучна важност во истрагата. Законодавствата во врска со тоа предвидуваат посебни дејствија за обезбедување и собирање на докази во форма која овозможува употреба на доказите во главниот стадиум. Тоа се однесува пред се на контрадикторноста. 12 Огорелица, Н. Kazneno procesno pravo, Zagreb, 1989, стр. 326. 13 Марковиќ, Б., O dokazima u krivičnom postupku, Beograd, 1921, стр. 5. 6

Посебно се уредени вештачењата на душевната состојба, земањето на примероци од телото, трасеологиската идентификациска експертиза и прикриеното истражување. Првото е поврзано со посебна состојба на обвинетиот (поретко на друго лице), второто во некои случаи воопшто не е можно, а во други подлежи на строги услови (кои се разработени и во европски размери). Трасеологиските идентификациски експертизи имаат клучна важност во разјаснувањето на казнени дела. Прикриеното истражување во поново време е предмет на детално уредување при што некои законодавства содржат соодветни правила во посебни закони, а кај други тие правила се во основниот извор на казнената постапка, додека вонпроцесната заштита е скоро во правило уредена со посебни прописи. За тоа постојат и европски извори. 4.1. Уредување на системот на незаконски докази Поимот на незаконски доказ е одреден според начинот на собирање на доказите. Собирањето на докази треба да се сфати според начелото на процесна аквизиција или на заедница на резултати од поединечните дејности на процесните субјекти. Собирањето на докази се однесува на сите фази на докажување во казнената постапка. До незаконски докази може да се дојде во било која фаза од постапката за собирање на докази. Значи, судските одлуки неможат да се темелат на незаконски докази. Законот за казнена постапка како незаконски начин за собирање на докази предвидува четири групи на незаконски докази: -кршење на правата на одбрана кои се загарантирани со Уставот или со меѓународното право, -кршење на правото на достоинство, углед и чест, -неповредивост на личниот и семејниот живот и -повреда на одредбите на казнената постапка кои се строго предвидени со закон. 14 Основаноста на доказите е значајна и во односите помеѓу различните системи на казнената постапка. Таа е предмет на уредување на двострани и повеќестрани договори или на посебни одредби на домашното право кои ја уредуваат меѓународната казнено правна соработка. 14 Како незаконски докази ЗКП на Хрватска ги одредува оние извори на сознанија кои се прибавени со повреда на одредбите на казнената постапка и со повреда на одредбите кои се строго предвидени со закон. Од тоа следи дека незаконски доказ е само тогаш кога доказот е прибавен (со постапување спротивно на одредбите од Законот и оној кој е строго со закон предвиден како незаконски доказ), пример за тоа се одредбите од член 177, ст. 6 (содржина на казнената пријава е известување за казненото дело, таа неможе да служи како доказ во казнената постапка. Нејзината цел е на јавниот обвинител да му даде известување за казненото дело), член 217. (претрес извршен без судски налог или без присуство на сведоци), член 225 (испитување на обинетиот без присуство на бранител во случај на задолжителна одбрана и слично), член 250. (вештак неможе да биде лице кое неможе да се испита како сведок или лице кое е ослободено од обврската за сведочење, ниту пак лицето кон кое е извршено казненото дело), член 265, ст. 4 (кон осомниченото лице, односно кон обвинетиот или сведокот не е дозволено пружање на медицинска интервенција или давање на средства со кои би се влијаело на нивната волја при давањето на исказ) и член 367. ст. 2 (доколку на главната расправа учествувал судија или судија поротник кој морал да се изземе). 7

Казненото процесно право содржи прописи со кои се забранува докажување на одредени факти или се забранува употреба на одредени докази за утврдување на некои факти. Прописите со кои се забранува докажување на одредени факти првенствено сакаат да ја заштитат нивната тајност од јавно истражување во казнената постапка затоа што законодавецот смета дека интересот за заштита на таквата тајна е позначаен од интересот за откривање за потребата на казнената постапка или законодавецот сака да го спречи отварањето на расправа за правно релевантните факти каде странките во постапката склопиле спогодба. Бројни се прописите со кои се забранува употреба на одреден доказ за утврдување на некој факт. Прописите забрануваат одредени факти во казнената постапка да се утврдуваат со некој друг доказ освен со пропишаниот, односно, забрануваат во казнената постапка фактите да се утврдат по пат на незаконски докази. Според начинот на собирање на докази, постои поделба на законски и на незаконски докази. Имено, во теоријата на казнено процесно право постои се поголем број на теоретичари кои се бават со оваа проблематика и тоа: В., Бајер, М., Дамашка, 15 Ж, Алексиќ 16. Во текот на класификацијата на докази, односно начинот на собирање на докази, се поаѓа од ставот на законодавецот и може да се констатира дека постојат начини и докази кои се дозволени и начини и докази кои се незаконити. Законски докази се всушност сите докази кои се собрани во согласност со законски наброените доказни средства и на законски дозволен и пропишан начин. Доказите собрани со законски предвидените доказни средства, но на законски забранет начин се сметаат за незаконски докази. 17 Во незаконски докази спаѓаат исказите на обвинетиот кои се добиени со употреба на сила, закана, или на други слични средства, односно доколку обвинетиот е испитан без присуство на бранител, незаконски претрес на лица или на простории и друго. Во редот на незаконски докази припаѓаат сите докази врз кои не може да се темели судската одлука и таквите собрани докази се издвоени и се чуваат во затворени списи. 4.2. Правни последици од незаконитоста На повеќе места во овој текст се говори дека со незаконските докази се задира во основните човекови права кои се загарантирани со Уставот и меѓународните документи. Државата мора заради остварување на целите на казненото гонење и заштита на одредени вредности, да ги одреди ситуациите и условите во кои може да го ограничи тоа право. Од друга страна, раководејќи 15 Дамашка, М., Okrivljenikov iskaz kao dokaz u suvremenom krivičnom postupku, Zagreb, 1962. 16 Алексиќ., Ж. Primena naučnih dostignuća kod ličnih izvora dokaza u krivičnom postupku, Beograd, 1964. 17 Чл.10 од Законот за кривична постапка на Федерацијата на Босна и Херцеговина пропишува законистост на доказите. "Забрането е од осомничениот, обвинетиот или од било кое друго лице кое учествува во постапката да се изнудува признание или било каква друга изјава. Судот неможе да ја темели својата одлука на докази кои се собрани со повреда на човековите права и слободи пропишани со уставот и со меѓународните договори кои ги ратификувала Босна и Херцеговина, ниту на докази кои се собрани со битни повреди на овој закон. Судот неможе да ја темели својата одлука на докази кои се добиени врз основа на докази од став 2 на овој член". 8

се со тие начела во заштитата на правата на граѓаните, државата мора да ги пропише и последиците од повредата на тоа право. Во зависност од интензитетот и видот на повредата, сите последици можат да бидат: -казнено процесни, -казнено материјални и -имотноправни последици. Во текот на целата казнена постапка, судот е должен по службена должност или на предлог од странките со решение од списот да ги издвои доказите на кои не може да се темели судската одлука, таканаречените незаконски докази. Доколку издвојувањето на докази од списот го предлагаат странките, судот е должен да одлучи по предлогот со решение со кое ќе го прифати предлогот за издвојување и од списот ќе ги издвои предложените докази, или со решение со кое ќе го одбие барањето на странките. Незадоволната странка има право на жалба против решението на судот, освен во случај кога за издвојувањето одлучува судот во текот на главната расправа, па одлучи да продолжи со главната расправа. Во тој случај незадоволната странка може да го побива решението со жалба против пресудата. Казненото процесно право содржи прописи со кои се забранува докажување на одредени факти или се забранува употреба на одреден доказ за утврдување на некој факт. Забрането е од осомниченото лице, обвинетиот или од било кое друго лице кое учествува во постапката да се изнудува признание или било каква друга изјава. Судот не може да ја темели својата одлука врз докази кои се собрани со повреда на човековите права и слободи пропишани со Уставот и со меѓународните договори, ниту пак врз докази кои се собрани со битни повреди на законот за казнена постапка. 18 4.2.1. Казнено процесно правни последици Според Глушчиќ, казнено правните последици од незаконските докази претставуваат еден сегмент на вкупниот однос на законодавецот кон начинот на собирање на докази во казнената постапка. 19 Одговорот на ова прашање 18 Како правно забранети докази законот ги одредува оние извори на сознанија кои се добиени или изведени на законски забранет начин. Во таа смисла, забрането е изнудување на признание или на некоја друга изјава од осомниченото лице, односно од обвинетиот или од било кој друг учесник во постапката (на пример. сведок, вештак, оштетениот во смисла дека на пример се откажува од изјавување на жалба, толкувач, законски застапник на правното лице). Се забранува одреден облик на постапување, без оглед дали изнуденото признание, односно изјава е вистинито и без оглед на тоа дали за осомничениот, односно обвинетиот или друго лице кое учествува во казнената постапка можат да настапат штетни последици. Значи, без оглед на тоа дали изнудувањето успеало (во смисла дали бил изнуден исказ) и каков резултат дало (во смисла дали изнудениот исказ е вистинит, важен и слично) тоа е забрането. Во таа смисла, испитувањето на осoмничениот и на другите учесници во постапката треба да се изврши на начин да се почитува интегритетот на секој учесник во казнената постапка. Меѓународните и уставни стандарди за заштита на основните човекови права и слободи се потврдени преку одредбата на начин што се забранува изнудување на признание или на некоја друга изјава од осомничениот, односно од обвинетиот или дека се забранува изнудување на изјава од друго лице кое учествува во постапката.. 19 Глушчиќ, С., Pretraga stana prema odredbama zakona o kaznenom postupku, Kaznenopravnокriminalistička biblioteka, "Vladimir Bayer", Zagreb, 2001. 9

всушност претставува одговор на прашањето како државата гледа на кршењето на правилата кои ги поставила за своите граѓани, но овојпат прекршители се државните тела кои делуваат во нејзино име, односно таа самата (државата поставува правила, тогаш тие правила важат за сите, како за неа така и за сите граѓани). Доказите кои се добиени со кршење на пропишаната процедура треба да се исклучат од доказниот материјал и тие ниту на еден начин не смеат да се употребат при донесување на судска одлука. 20 Правото на оштета и рехабилитација има лицето кое е неоправдано осудено за казнено дело или лицето кое е без основа лишено од слобода, како и право на надомест на штета од буџетските средства и други права утврдени со закон. 21 Меѓународното право за правата на човекот предвидува секој кој е жртва на незаконско апсење или притварање, како и на погрешна и неоправдана осуда има право на надомест на штета во согласност со законот и со праксата. Начелото на надомест на штета на лицето кое е неосновано лишено од слобода или е неоправдано осудено претставува еден од начините за заштита на темелните права и слободи на човекот. Во таа смисла, анализата на наведените меѓународни прописи во оваа област покажува дека секое лице кое е жртва на незаконско лишување од слобода или на притвор има право на надомест на штета. 22 Покрај тоа, како што стои во самиот текст на меѓународните документи, меѓународноправните гаранции за правото на надомест заради неоправдана осуда предвидуваат дека доколку некое лице е осудено за казнено дело со правосилна пресуда, иако подоцна неговата осуда била укината или било помилувано заради тоа што некој нов или новооткриен факт неоспорно укажува на судска грешка, лицето кое претрпело казна како последица на таквата осуда ќе добие надомест на штета во склад со законот или праксата на таа држава, доколку не се докаже дека тоа е во потполност или делумно одговорно за тоа што непознатиот факт не бил откриен на време. Важно е да се напомене дека според наведените прописи, правото на надомест на штета е право кое го има секој поединец во однос на државните власти. 23 20 Закон за кривична постапка на Република Хрватска од 1976 во чл. 83 ги одредил како несновани доказите: исказ на обвинетиот, сведокот или вештакот доколку истите се добиени спротивно на одредените прописи, и известувања кои го собрало телото за внатрешни работи во претказнената постапка. Во претходните Закони за кривична постапка не постоела експлицитна одредба за ексклузија на незаконските докази. 21 Komentari Zakona o krivičnom/ кaznenom postupku u Bosni i Hercegovini, Savjet/Vijeće Europe i Europska Komisija, Sarajevo, 2005. 22 Павишиќ. Б., Kazneno pravo Vijeća Europe, Izvori, komentari, praksa, Golden marketing tehnička knjiga, Zagreb, 2006: Надомест на штета заради погрешна пресуда (Протокол бр. 7), во одредбите на член 3. од Протоколот 7. се признава правото на лицата кои биле жртви на грешка на судот. За да може да се примени мора да се исполнат шест кумулативно поставени услови: мора да постои казнено дело, лицето мора да биде осудено, врз основа на правосилна пресуда, лицето мора да трпи казна како резултат на таа осуда, осудата морала да биде укината или лицето морало да биде помилувано, до укинување на осудата или помилување морало да дојде како резулат на нови или на новооткриени факти (тие факти мораат непосредно да докажат дека дошло до грешка на судот). 23 Хартли, Т.Ц., Temelji prava Europske Zajednice, Uvod u ustavno i pravo Europske Zajednice, Pravni fakultet Rijeka, Оpen Society Institute /Constitutional and Legal Policy Institute (COLPI), Rijeka, 1999, стр. 139. 10

Начелото на слободна оценка на доказот им дава право на Судот, Тужителот и на другите тела кои учествуваат во казнената постапка слободно да го оценуваат постоењето или непостоењето на факти т.е. во оценувањето дали постои или не постои некој факт не се врзани, нити ограничени со посебни формални доказни правила. 24 4.2.2. Казнено материјално правни последици Според Златариќ, Б., 25 примената на казненото материјално право е еден од инструментите за заштита на основните права на граѓаните. Без него не би било практично возможно да се остварат тие основни права бидејќи нема држава која може да гарантира дека никогаш и никаде нема да дојде до повреда на тие права. Казненото материјално право ги штити основните права на граѓаните на начин што во посебен дел од Казнениот закон одредува кои однесувања смета дека е потребно да се да се пропишат како казнени дела и за секое од нив да се пропише казна која може да му се изрече на сторителот на таквото казнено дело. 26 Со закон е утврдена посебна постапка за надомест на штета, рехабилитација и остварување на други права на лицата кои се неправедно осудени или неосновано лишени од слобода. Секој кој е неоправдано осуден или неосновано лишен од слобода има право на надомест на штета и на други права пропишани со закон. На лицата кои се неоправдано осудени за казнено дело или кои се без основа лишени од слобода законот им дава право на рехабилитација, право на надомест на штета од буџетските средства, како и други права утврдени со закон. Крајната цел на постапката е што потполна материјална и морална сатисфакција на лицата оштетени во казнената постапка. Правна основа за надомест на штетата е повредата на основните права, правото на праведно судење и правото на слобода, бидејќи во случај на неоснована осуда и на неосновано лишување од слобода овие права се прекршени во најгруб облик. Заради тоа законот утврдува посебни правила за надомест на штета по две законски основи, заради неоправдана осуда и заради неосновано лишување од слобода. 27 24 Чл. 15 ЗКП на БиХ, "Слободната оценка на докази од страна на Судот, Тужителот и на други тела кои учествуваат во кривичната постапка да го оценуваат постоењето или непостоењето на факти не е врзана ниту ограничена со посебни формални доказни правила". 25 Златариќ, Б., Ljudska prava i jugoslavensko krivično pravo, Arhiv za pravne i društvene nauke, 4/1968. 26 Хорватиќ, Ж., Novo hrvatsko kazneno pravo, Zagreb, Organizator, 1997, стр. 305. 27 Во: Komentari Zakona o krivičnom postupku u Bosni i Hercegovini, Vijeće Europe i Europska Komisija, Sarajevo, 2005, се говори дека со поднесувањето на тужба до надлежниот суд за надомест на штета, оштетениот стекнува право на поднесување на тужба во парничната постапка заради надомест на штета кај надлежниот суд во случај да биде исполнет еден од двата алтернативно поставени услови. Првиот услов се однесува на донесување на решение за управна постапка по кое оштетениот се одбива во целост со барањето, што значи дека управната постапка е спроведена. Вториот услов се однесува на потполна неактивност на Министерството за правосудство во постапката на спогодба на начин што во законскиот рок од три месеци од денот на поднесување на барањето не донесе одлука односно не покрене управна постапка, ниту го извести оштетениот за тоа. Надлежен суд во смисла на одредбата од овој став е судот во парнична постапка. 11

4.2.3. Имотноправни последици Кај имотноправните последици можеме да разликуваме повеќе различни ситуации. Една од можните ситуации е во текот на законското постапување од страна на надлежните тела или лица кои ги спроведуваат законски пропишаните мерки, да се изврши казнено дело. Втората можна ситуација е во текот на законското постапување да настапи одредена штета на имотот на лицето кај кое се врши одредено законски пропишано дејствие и во текот на тоа дејствие да не се пронајдат докази, траги или предмети, па во такви случаи може да се доведе во прашање оправданоста на преземањето на дејствието. 28 Кога станува збор за пресуди за надомест на штета заради неоправдана осоуда, разбирливо е дека се работи за судски одлуки кои се донесени на главната расправа, а решение со кое се прекинува постапката може да донесе само судијата. 29 Законот за казнена постапка имотноправното барање го утврдува како барање кое настапило заради извршување на казнено дело и кое ќе се разгледа на предлог од овластените лица во казнената постапка, доколку со тоа не би се одолжила постапката. Имотното барање може да се однесува на надомест на штета, поврат на предмети и на поништување на одредена правна работа. Иако се пропишани условите под кои во текот на траењето на казнената постапка може да се расправа за имотноправното барање сепак потребно е во прв ред постоење на предлог од овластеното лице 30, како диспозитивно дејствие кое по своето процесно значење би можело да се изедначи со тужба во парничната постапка. Полицијата во реформата на казнената постапка Реформата на казнената постапка во целина, а особено реформата на претходната постапка во последните неколку години интензивно се одвива по 28 Законот за казнена постапка дава одговори за текот на постапката и за надомест на одредени штети според посебни прописи за надомест на штета и остварување на други права на неоправдано осудени или неосновано уапсени лица. Законот дава одговори за надомест на штета на лицата кои се оштетени со казненото дело и за надомест на штета на неоправдано осудени и на неосновано уапсени лица. 29 Во: Komentari Zakona o krivičnom/ кaznenom postupku u Bosni i Hercegovini, Savjet/Vijeće Europe i Europska Komisija, Sarajevo, 2005. се говори дека со одредба дополнително се обезбедува потполна рехабилитација на лицето кое било неоправдано осудено, односно на лицето кое е неосновано лишено од слобода. Имено, без оглед на тоа на кој начин некое лице дојде до податоци кои се однесуваат на неоправдана осуда или на неосновано лишување од слобода не смее да ги употреби на начин кој би имал штета за рехабилитацијата на лицето против кое е водена казнена постапка. Значи, оваа забрана не се однесува само на лицето кое има право на разгледување и на препишување на судскиот спис, туку се проширува и на секое лице кое на било кој начин дојде до овие податоци. Тука се работи за податоци кои се пред се поврзани со судскиот предмет, предметот на казнената постапка, траењето на притвор, имињата на сведоците и на вештаците, итн. Злоупотребата на овие податоци може да резултира со казнена или граѓанска одговорност на оние лица кои тие податоци ќе ги употребат на начин кој ја нарушува потполната рехабилитација на оштетеното лице. 30 Павишиќ, Б., Komentar zakona o kaznenom postupku, Zagar, Rijeka, стр. 167 и 168. 12

цела Европа и се настојува да се измени постоечкиот мешовит тек на постапката. Важно е да се напомене дека новиот Закон за казнена постапка кој се воведува во Европа е многу повеќе од едноставна замена на судската истрага со истрага на тужителот. Значи, опасно е да се поедноставуваат работите и при тоа треба да се сфати дека во новиот закон не се менува ништо друго туку само улогата на истражниот судија. Во иднина, во согласност со измените на Законот, јавниот обвинител сигурно нема да ги врши истите должности кои досега ги вршеше истражниот судија. Интенцијата е дека во новиот систем полициската истрага и истрагата на тужителот мора да се надополнуваат и фузионираат, додека пак судската истрага се прескокнува и не се заменува со формална истрага на тужителот. Наведените измени се попратени со одредени двојби, особено помеѓу овластувањата кои денеска ги имаат телата на гонењето и правата и слободите на лицата инволвирани во истрагите. Усогласувањето или донесувањето на нова казнена постапка во повеќето европски држави се одвивало во различни услови, од мирна транзиција, големо учество на меѓународната заедница, до вонредни ситуации условени со војна, а особено заради потребата за делотворно процесуирање на тешки казнени дела пред се на тероризам и на организиран криминалитет. Клучни обележја на процесот на транзиција биле: усогласување со Европската конвенција и со праксата на Европскиот суд во поглед на темелните права на лицата во казнената постапка; диференцирање на процесното уредување со оглед на видот и на тежината на казненото дело; јакнење на акузаторните елементи во постапката; нова положба и улога на судијата кој во претходната постапка ги губи истражните функции и добива положба на тело кое одлучува за правата и слободите; јавниот обвинител станува клучен субјект dominus litis на претходната постапка, т.е. тело кое собира докази за обвинение, ја води претходната постапка и има овластување да им издава налози на другите истражни тела; воведување на забрзани, скратени постапки со пошироки можности за мирење, спогодба, условно откажување од прогон; зајакнување на положбата на обвинетиот како странка во постапката и настојување за изедначување на средствата на обвинителството и на одбраната; уредување на посебни права на жртвите на казненото дело и процесна заштита на загрозени сведоци. Денес во повеќето современи држави водењето на претходната постапка му е доделено на јавниот обвинител кој во тесна соработка со полицијата и со се поголемиот број на специјализирани тела работи на следење, анализа и откривање на различни форми на криминал и корупција. Јавното обвинителство се повеќе се профилира како посебна респектабилна институција која во современите и демократски заедници ќе го гарантира владеењето на правото. Гледајќи ја улогата на полицијата во казнените постапки на државите настанати со распадот на поранешна Југославија, можат да се забележат приближувања кон западноевропските акузаторни постапки. Тоа произлегува од нормативната поставеност на казнената постапка во Босна и Херцеговина и во Република Хрватска, а во тек е подготовка на измена на таквите постапки во Република Србија, Македонија, Словенија и Црна Гора. Во наведените држави најголемите измени во Законот за казнена постапка се однесуваат на измената 13

на улогата на субјектите на казнената постапка во истражната постапка. Исто така, постои интенција спроведувањето на истражната постапка да го води јавен обвинител, кој може одредени овластувања во истражната постапка да пренесе на полицијата, царината, како и на овластени лица од други државни тела. Со наведените измени му се овозможува на јавниот обвинител уште од самиот почеток на истрагата да обезбеди законско собирање на докази. Анализирајќи ги новите донесени закони за казнена постапка како и измените и дополненијата на законите во земјите на поранешна Југославија, може да се констатира дека улогата на полицијата и на тужителот и нивниот однос во истрагата не се јасно дефинирани во законите за казнена постапка, и дека нивниот однос мора да се регулира со донесување на низа подзаконски акти. Донесените закони, колку и да се добри секогаш оставаат потреба и простор за толкување како и за додатно подзаконско регулирање по пат на спроведбени прописи. Тоа го покажуваат искуствата во Босна и Херцеговина и најновиот усвоен Закон за казнена постапка во Република Хрватска, кој дури сега по усвојувањето бележи повеќе од стотина предлози за измена и дополненија на одделни членови. Значи, новиот Закон за казнена постапка не смее да се сфати на начин дека полицијата и останатите служби кои работат на откривање на казнени дела делуваат само во фаза на откривање и на пријавување, и дека потоа јавниот обвинител самиот ќе ја преземе и води постапката. Напротив, полицијата и останатите служби стануваат главни соработници на јавниот обвинител во текот на целата постапка. Босна и Херцеговина има de lege lata преземена акузаторна постапка, во која по природа на работите доминантна улога има јавниот обвинител и тоа во стадиумот на откривање на казненото дело, па така Јавниот обвинител во Босна и Херцеговина може да презема извиди на казнени дела или да побара нивно преземање од полицијата. Постапувањето на полицијата пред извидот е опфатено преку криминалистичката известувачка дејност на полицијата, а таа дејност мора да биде уредена со полициски прописи. Со донесувањето на новиот Закон за казнена постапка во Република Хрватска настапија значајни измени на многу процесни правила, а меѓу нив и на извидите на казнени дела. Измените за кои станува збор ги ставаат извидите на казнените дела de lege во Закон за полициски работи и овластувања додека Законот за казнена постапка ги пропишува општите услови за нивно преземање. Со оглед на тоа дека извиди на казнени дела можат покрај полицијата да преземаат и јавните обвинители, се поставува прашањето како нормативно да се пропишат условите кои се неопходни за нивно спроведување. Причина за такво прашање е новата процесна положба на јавниот обвинител и потребата за подоследно содржинско уредување на постапувањето во случај на сомневање дека е извршено казнено дело. Со новиот закон во Хрватска јавниот обвинител доби битни нови овластувања наспроти откривање и докажување на казнени дела. Јавниот обвинител може самиот да спроведува извиди или може спроведувањето на извиди да и го наложи на полицијата. Јавниот обвинител има право и должност на постојан надзор над спроведувањето на извиди кои и се наложени на полицијата. Полицијата е должна да го изврши налогот или барањето на јавниот обвинител во спроведувањето на надзор над извидите и за таа работа му одговара на јавниот обвинител. Должноста за собирање на 14

податоци во истрагата му припаѓа на тужителот на кој му помага истражителот како нов субјект на претходната постапка. Функцијата на истражител ја врши криминалистичката полиција, потоа истражителот на јавното обвинителство, а за одредени казнени дела, друго со закон овластено посебно државно тело. За потребите на казнената постапка полицијата ги открива казнените дела и нивните сторители и учествува во пронаоѓањето и обезбедувањето на докази. Дејствијата за обезбедување на докази со кои се задира во правата и слободите во истрагата ги одобрува судијата на истрагата на предлог на јавниот обвинител или на осомниченото лице. Дејствијата за обезбедување на докази можат во исклучителен случај да се наложат и на предлог на оштетениот. Судијата на истрагата одлучува за основаноста на одделни дејствија за обезбедување на докази (претрес и посебни дејствија за обезбедување на докази) чие спроведување во законски пропишани случаи го наложил јавниот обвинител. Врз основа на анализа на споредбениот приказ на казнена постапка, може да се констатира дека во државите на поранешна Југославија постои поголем број на проблеми во практичната примена на наведениот закон. Воочено е дека доаѓа до одредени разлики кои влијаат на соработката како што е степенот на реформа на казненото законодавство, степенот на специјализација, човечки ресурси, различни методи на едукација и друго. Меѓутоа, повеќето проблеми во секојдневната работа се појавуваат во комуникацијата помеѓу полициските службеници и јавните обвинители. До овие проблеми најмногу доаѓа заради неприлагоденоста на промените кои ги воведува реформата на казнената постапка и заради неизедначеното толкување на улогите и на должностите во секојдневната работа. Од оваа генерална констатација во поранешните држави на Југославија можат детално да се изведат три основни групи на практични проблеми: 1. Известување на јавниот обвинител за извршеното казнено дело а) во пракса различно се толкува начинот на известување на јавниот обвинител од страна на полицијата кога постојат основи за сомневање дека е извршено казнено дело. Во суштина тоа не би требало да значи во истиот момент, туку кога ќе се извршат неопходните проверки кои барем делумно би укажувале на основа за сомневање, б) постои проблем на неизвестување на јавниот обвинител за настани кои можат да се окарактеризираат како казнени дела. 2. Истражни дејствија а) во пракса најчесто се случува јавниот обвинител да издаде усмена наредба за спроведување на истрага, т.е. наредба службениците на полицијата да ги извршат сите потребни дејствија во согласност со законот, б) јавните обвинители честопати се жалат на лошо известување за казненото дело, кое не го содржи потребниот фактички опис на настанот, потребата на докази за и против осомниченото лице, 15

в) различен пристап во составувањето на извештаи, записници и друга документација за размена на податоци помеѓу полицијата и јавното обвинителство, г) собирање на законски докази како основен услов за истите да можат да се искористат на суд, д) неизлегување на јавните обвинители на увиди, ѓ) при преземањето на истражни дејствија на препознавање на лица честопати се случува да нема доволен број на граѓани со соодветни карактеристики, е) наредбите на јавниот обвинител за спроведување на истражни дејствија честопати се без детали, а понекогаш изобилуваат со премногу детали, ж) посебни истражни дејствија честопати се користат до максималниот истек на рокот, највеќе мерки се издадени за злоупотреба на дрога, криумчарење на лица и на роба и слично, з) оценката на доказите а најчест проблем на несогласување на јавниот обвинител и на полицијата. Јавното обвинителство често и замера на полицијата дека не собрале добри докази и дека не се ангажирале доволно во собирањето на докази, додека пак полицијата му замера на јавното обвинителство дека ги отфрла казнените пријави иако тие сметаат дека собрале доволно докази. 3. Поделба на улогите помеѓу полицијата и тужителот и различни визии на полицијата и на тужителот во борбата против криминалот а) еден од проблемите е некомпатибилноста на полициските и на евиденциите и уписниците на јавното обвинителство, б) продолжување со работа на полицијата откога ќе му предаде казнена пријава на јавното обвинителство. Полицијата смета дека веднаш штом ќе ја предаде казнената пријава престанува нивната работа на предметот и дека јавниот обвинител треба да иницира нивно продолжување со работа на предметот, додека пак јавните обвинители сметаат дека полицијата не покажува доволно иницијатива и дека го извршува само она што јавниот обвинител ќе го побара од нив, в) сведочењето на полицијата на суд е исто така обележено со одредени проблеми, г) известувањето на јавноста за истражните дејствија во предметите не е усогласено помеѓу полицијата и јавното обвинителство, односно кога и во која фаза на постапката може да се даде соопштение за јавноста. Врз основа на горенаведеното може да се заклучи дека полицијата има значајна улога во преземањето на дејствија за обезбедување на докази во казнената постапка. Полицијата скоро секојдневно се наоѓа под политички притисоци и критика, а од друга страна постои голема недоверба од страна на граѓаните, тоа доведува до своевидна изолација на полицијата и стигматизација 16