Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Структурно програмирање

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

УНАСМ БИЛТЕН. Улогата на УНАСМ во македонското синдикално движење УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА. Електронски информатор

РОДОВИ АСПЕКТИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЗАШТИТА НА БЕГАЛЦИ И МИГРАНТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Организатори на програмата

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Резиме на предизвиците во справувањето со трговијата со луѓе заради трудова експлоатација во земјоделскиот сектор во регионот на ОБСЕ

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

- Пом. Асс. Олга Ѓуркова Универзитет Гоце Делчев - Штип Правен факултет

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ПРВ ДЕЛ ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС. Пакет за активирање на училиштата #ДЕЦАТАГИ ПРЕЗЕМААТУЧИЛИШТАТА СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

ЖИВОТОТ ПО ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

Тековни стандарди и барања на ЕУ за прибирање податоци на полето на миграцијата, азилот и визи

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

Препораки за политика и законодавство за делотворна примена на одредбата за неказнување на жртвите на трговија со луѓе

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Семејството и заедницата

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

Коисмение.Штозначиме.

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Мобилност МК Mobility MK

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Мобилност МК Mobility MK

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

views - opinions - dilemmas pogledi - mislewa - dilemi Ljupcho AJDINSKI Љупчо АЈДИНСКИ

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

INTELLECTUAL PROPERTY

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Transcription:

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

Издавач Невладина организација Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе Скопје, Р. Македонија, Септември 2007 Автори За подготовката на овој прирачник се погрижија Јасмина Димишковска Рајковска, Марија Тодоровска и Ѓурѓица Ѓорѓевска во делот за концептирање и креирање на содржината, и свој придонес дадоа во тематскиот дел. Александра Блажевска помогна во создавањето на првичниот концепт. Ирина Николоска придонесе во делот за програмите во борба против трговија со луѓе и хронологија на темите. Лектор Виолета Танчева-Златева Компјутерски дизајн Партес Социал Адвертајзинг ЦИП - Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје 343.431 Трговија со луѓе: прирачник за превентивни лекции (автори Јасмина Димишковска Рајковска, Марија Тодоровска, Ѓурѓица Ѓорѓевска, Александра Блажевска, Ирина Николоска), Скопје: Женско лоби и акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта, 2007 23см; 24см ISBN 978-9989-2751-0-4 1.Димишковска Рајковска, Јасмина а) Трговија со луѓе - Прирачници COBISS. MK-ID 70118410

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И С О Д Р Ж И Н А 1.ВОВЕД 5 2. КОЈА Е ОТВОРЕНА ПОРТА? 6 2.1 ТРИТЕ ПРОГРАМИ НА ОТВОРЕНА ПОРТА СЕ 6 2.2 ПРИСТАП на Отворена Порта 6 3. ШТО Е ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ? 7 3.1 КАКО СЕ ДЕФИНИРА? 7 3.2 КОНВЕНЦИЈА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА БОРБА ПРОТИВ 7 ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ (Варшава 2005) 3.3 КАКО СЕ СЛУЧУВА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ? 9 3.4 КОЈА Е ЗАКОНСКАТА РАМКА ВО Р. Македонија? 11 4. ПРЕВЕНТИВНИ ЛЕКЦИИ - План и содржина на превентивни лекции 13 4.1 ПРАКТИЧНА РАБОТА 14 5. КОРИСНИ СОВЕТИ 20 5.1 ВОДИ СМЕТКА ЗА ВРЕМЕТО 20 5.2 ПРИСТАП 20 5.3 КОРИСТЕЊЕ НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ПОМАГАЛА 20 5.4 СОВЕТИ ЗА УСПЕШЕН ПРЕДАВАЧ 21 6. Други потребни информации 22 6.1 НАЈЧЕСТИ ПРЕВЕНТИВНИ СОВЕТИ 22 6.2 СОС ЛИНИЈА ЗА ПОМОШ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ 23 6.3 ДРУГИ СОС ТЕЛЕФОНИ СО КОИ ОТВОРЕНА ПОРТА СОРАБОТУВА 23 6.4 ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ 24

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А 1. ВОВЕД Зошто е создаден? Овој прирачник е резултат од долгогодишното искуство на Отворена Порта во превенцијата на трговијата со луѓе. Тој се појавува од неопходноста за реализирање на превентивни лекции. Потребата да пренесеме дел од нашата најдобра практика, од една страна, и унифицирањето на методите за одржување и реализирање на лекциите, од друга страна, се основната причина за создавање на овој водич. За кого е наменет? Со овој прирачник сакаме да им ја олесниме и да им ја поедноставиме работата на сите оние кои ќе го практикуваат. За потесна употреба, тој ќе им послужи на членките на Отворена Порта, а во поширока смисла, и на професорите, учениците, невладините организации и на сите оние кои, како наши стратешки партнери, ќе спроведуваат превентивни лекции во средните и во основните училишта. Заедничко за сите е желбата да се помогне и да се намали ризикот од трговијата со луѓе, преку информирање и зголемување на свеста, пред се, на најмладата популација. Како да го користам? Сакаме само да ве потсетиме дека овој прирачник е создаден за да ве води во реализирањето на едукативни кампањи и превентивни лекции. Затоа, особено ви препорачуваме сите примери што се дадени во него, во практиката да се приспособат на специфичностите и на потребите на групата. Сите оние на кои ќе им служи овој прирачник, своите коментари и искуства можат да ги споделат со Отворена Порта и, истовремено, да помогнат во неговото подобрување и проширување.

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И 2. КОЈА Е ОТВОРЕНА ПОРТА? ОТВОРЕНА ПОРТА е невладина и непрофитабилна организација која постои од 2000 година, кога и официјално започна со своите активности, како Женско лоби и акција против насилството и трговијата со жени. 2.1 ТРИТЕ ПРОГРАМИ НА ОТВОРЕНА ПОРТА СЕ: Информирање и лобирање: Постојани контакти со медиумите, интервјуа, пишување и публикација на статии; Лобирање и следење на реализирањето на меѓународните стандарди за човекови права; Развивање, следење и активно учество во спроведувањето на Националниот план за акција против трговијата со луѓе и против илегалната миграција. Превенција и едукација: Посета на училишта, одржување на лекции за превенција. Изработка и дистрибуирање на едукативен и информативен материјал; Информации, совети и поддршка преку СОС линијата за помош од трговија со луѓе; Семинари за професионалци (НВО, полиција, социјални работници, професори итн.); Градење и поддршка на капацитетите на Националната НВО мрежа за борба против трговијата со луѓе во Р. Македонија. Директна поддршка и прифаќање на жртвите од трговијата со луѓе: Привремено сместување во Прифатилиштето на Отворена Порта; Соодветен психотерапевтски третман, медицинска и правна помош; Курсеви за оспособување/доквалификација (дооформување на образованието и занаетчиски тренинзи) и помош при наоѓањето на работа; Контакти со странски локални невладини организации-членки на мрежата Ла Страда и со останатите земји на потекло. 2.2 ПРИСТАПОТ на Отворена Порта Човековите права мора да бидат основата за секоја стратегија за борба против трговијата со луѓе; Доверливост и чување на личниот идентитет, невиктимизирачко и недискриминирачко однесување во поддршката на жртвите на трговијата со луѓе.

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А Ла Страда - европска мрежа против трговијата со луѓе Холандија, Чешката Република, Полска, Украина, Бугарија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Молдавија, Македонија -,,Отворена Порта, како членка и партнер на Ла Страда, функционира од 2001 година, кога и официјално стана Ла Страда Македонија. Основната цел на Ла Страда е да ја подобри позицијата на жените, да ги промовира нивните права, вклучувајќи го и правото да имигрираат и да работат во странство, како и да ги заштити жените од насилство и од злоупотреба. 3. ШТО Е ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ? 3.1 КАКО СЕ ДЕФИНИРА? Денес постојат многу дефиниции за тоа што претставува трговијата со луѓе, коишто се промовирани и усвоени од владите, од регионалните тела и од невладините организации. Особено голем напредок во дефинирањето на овој феномен даваат: Протоколот за превенција, сузбивање и казнување на трговија со луѓе, особено на жени и деца, со кој се дополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал (Палермо, 2000). 3.2 КОНВЕНЦИЈА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ (Варшава 2005) а. Изразот трговија со луѓе означува вработување, транспорт, трансфер, сместување или прифаќање на лица, со закана или со употреба на сила или други форми на принуда, со грабнување, шверцување, измама, злоупотреба на власта или на состојбата на немоќ, или со нудење или прифаќање на пари или корист заради добивање согласност од некое лице кое има власт над друго лице, со цел за експлоатација. Експлоатацијата подразбира, во најмала мера, експлоатација со проституција на друго лице или други форми на сексуална експлоатација, принудна работа или услуги, ропство или постапувања слични на ропство, зависност или земање органи б. Согласноста на жртвата на трговијата со луѓе на предвидената експлоатација, како што е наведена во алинејата (а) на овој член, не е важна кога некое од средствата наведени во алинејата (а) било употребено;

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И в. Вработувањето, транспортот, трансферот, сместувањето или прифаќањето на дете со цел заексплоатација се сметаат како трговија со луѓе, дури и кога не е вклучена употреба на ниту едно од средствата наведени во алинејата (а) на овој член; г. Изразот дете се однесува на секое лице на возраст под осумнаесет години; д. Изразот жртва се однесува на секое лице врз кое е извршено некое од делата во овој член. Каде се случува? Поради се поизразената глобализација на различните нивоа, и трговијата со луѓе стана светски проблем. Овој проблем е заеднички за земјите што се наоѓаат во политичка и во економска транзиција (најчесто именувани како земји на потекло), како и во економски развиените земји (земји на дестинација или транзитни земји). Понатаму, во зависност од тоа дали трговијата со луѓе се остварува во рамките на границите на една држава, таа може да биде внатрешна трговија или, пак, може да биде трансационална, доколку се одвива надвор од границите на една држава. Три основни елементи на трговијата со луѓе: Регрутирање, превезување, пренос, засолнување или прифаќање на лица; По пат на закана или со употреба на сила или други форми на принуда или киднапирање или измама или залажување итн., Со цел ЕКСПЛОАТАЦИЈА, и тоа сексуална екплоатација, принудна работа или принудно услужување, ропство или постапување слично на ропство, слугување или вадење на органи. Кои човекови права се повредени? Трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем затоа што најдрастично ги прекршува основните човекови права - право на живот, слобода на избор, слобода на движење... Трговијата со луѓе, како феномен, стои на спротивната страна во однос на почитувањето на човековите права. Што треба да разликуваме? Миграцијата и криумчарењето на мигранти не е трговија со луѓе. Кога се зборува за трговијата со луѓе, честопати се поистоветуваат овие поими.

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А Миграцијата претставување движење на лица од една земја во друга. Може да се случи со преминување на државните граници на легален или на нелегален начин, доброволно (со согласност и знаење на лицето) или присилно (без согласност). Криумчарењето на мигранти претставува транспорт на лица (со нивна согласност) до друга држава, на нелегален начин. Трговијата со луѓе претставува пренесување на лица во земјата или надвор од неа, измама и употреба на сила, со цел експлоатација (сексуална, трудова), принудно услужување, ропство. 3.3. КАКО СЕ СЛУЧУВА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ? Трговијата со луѓе има неколку елементи. Првата алка е регрутирањето, со измама и со нереални ветувања, кои им помагаат на трговците полесно да дојдат до жртвите. Наташа има 17 години. Таа живее во еден град во источниот дел на државата. Одлучува да го прифати предлогот на својот познаник за работа во ноќен бар во Тетово. Предлогот бил примамлив, со солидна заработка, со обезбедено сместување и храна. Наташа одела на училиште и затоа работела само за време на викендите. Во почетокот, очекувањата и се исполниле, но задоволството траело многу кратко. Имено, сопственикот на барот имал определени барања, како, на пример, пократки здолништа, поголемо деколте и дружење со гостите. По некое време, тој дури и побарал од девојката таа да нуди сексуални услуги за посетителите на барот. Наташа го одбила, по што следувале физичко малтретирање и сериозни закани за нејзиниот живот. Таа постојано била затворена во соба. Кога била,,послушна, сопственикот и дозволувал да се јави дома, но гласно напоменувајќи и дека, само ако проговори за,,вистината во барот, ќе биде убиена, и не само таа, туку и нејзиното семејство. Набргу потоа, Наташа често оди дома, но бидејќи е под закана, не може да им каже ништо на своите родители. Потајно, таа во себе се надева дека сопственикот ќе попушти во своите барања.

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И Жртвите на трговијата со луѓе можат да бидат регрутирани од страна на жени или мажи, вклучувајќи и семејни пријатели, познаници, па дури и долгогодишни пријатели. Вообичаено започнува со примамлива понуда за работа во земјава или во странство, брак, успех... Трговијата со жени не е добро позната во селата, поради тоа девојките продолжуваат да стануваат жртви. Луѓето кои профитираат - трговците -се особено активни во овие региони. Тие секогаш остануваат прикриени, употребувајќи методи на заплашување и контрола врз девојките и врз нивните семејства, со што придонесуваат тие да се чувствуваат беспомошни. Фатима е на возраст од 14 г. Живее сиромашно, со родителите и тројца браќа. Еден ден, две машки лица ги посетиле во нивниот дом и од родителите ја побарале Фатима за мажење. И покажале слика од момчето кое и се допаднало. Фатима и родителите се согласиле на венчавка и веднаш почнале подготовките. По две недели се случила веселбата, но без младоженецот кој, поради работа, бил отсутен и требало да го сретне во Хрватска. По завршувањето на веселбата, Фатима, со родителите на момчето, веднаш заминале за Хрватска. Кога пристигнале, на Фатима и било забрането да контактира со семејството и да каже дека стигнале. Фатима патувањето го продолжила во придружба на сомнителни лица, со брод, при што илегално ја поминала италијанската границата. Била пречекана од некои непознати лица кои и ги врзале рацете, очите, устата и нозете. Ја ставиле во багажник во некоја кола. Фатима била однесена во некоја куќа во Италија, каде ја оставиле да седи. Во куќата веќе имало други снаи и внуци кои биле присилени да крадат и да просат во Фиренца, а кои биле измамени на истиот начин. Фатима била принудувана секојдневно да проси, а парите што ги заработувала им ги давала на,,газдите. Втората алка во трговијата со луѓе обично вклучува пренесување на жртвите од еден во друг град или во друга држава. Најчесто, причината за тоа е што побарувачката за евтина работна сила, сексуални улуги и друго се наоѓа во земјата на дестинација, најчесто развиена западноевропска земја. Од друга страна, изолацијата на жртвите од нивната средина за трговците овозможува целосна контрола врз нив. 10 Во странство тие се подложни на разни ризици, особено ако немаат пари, ако не го знаат соодветниот јазик и ако се без потребните документи. Во овој случај е многу лесно да станат жртви на трговијата со жени. Во странство девојките се соочуваат со реалноста - тие се заклучени во станови, јавни куќи или се избркани на улиците да се проституираат. Тие се под постојана контрола и постојано се набљудувани.

Кој може да стане жртва? О Т В О Р Е Н А П О Р Т А Пријателот на Славе му ветувал голема заработка за работа во градежништво во Полска. Се што му требало било билет, а работната дозвола му била обезбедена од работодавецот. Кога пристигнал, Славе дознал дека треба да работи нелегално. Пасошот му бил одземен и не му било дозволено да се движи слободно. Тој живеел во барака, во лоши услови, работел 7 дена во неделата, по 14-16 часа дневно. Трговијата со луѓе се случува со цел екплоатација, и тоа во сексуалната индустрија или трудова екплоатација (фабрики, плантажи итн.), или други форми: просење, крадење, вадење на органи, присилен брак итн. Поради ранливата позиција, жените и децата го сочинуваат најголемиот процент на жртви од трговијата со луѓе. Меѓутоа, не е занемарлива и бројката на мажи тргувани најмногу заради трудова експлоатација. 3.4 КОЈА Е ЗАКОНСКАТА РАМКА ВО Р. МАКЕДОНИЈА? Во ноември 1996 година на сила стапи првиот Кривичен законик на Република Македонија во кој беше содржано кривичното дело,,посредување во проституција, во чл. 191. Исто така, тој ја воведе и инкриминацијата содржана во чл. 418,,засновање на ропски однос и превоз на лица во ропски однос. Овие два члена се воведени во согласност со меѓународните документи кои ја регулираат оваа материја. Со воведувањето на членот 418-а,,трговија со луѓе, кој стапи на сила во јануари 2002 година, Р. Македонија прави чекор напред во борбата против трговијата со луѓе. На 30.03.2004 година, во Службен весник на Република Македонија беа публикувани измените на член 418-а, а исто така, во Кривичниот закон на РМ се воведоа и два нови члена, член 418-б и член 418-в. Член 418-а 1. Тој што со сила, сериозна закана доведува до заблуда или други форми на присила, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојба на бременост, немоќ на друг или со давање или примање на пари или друга корист поради добивање на согласност на лице кое има контрола на друго лице врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради експлоатација по пат на проституција или други облици на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито посвојување или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човековото тело, ќе се казни со затвор од најмалку четири години. 11

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И 2. Тој којшто врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа деца или малолетни лица заради експлоатација, со овој член ќе се казни со затвор најмалку осум години. 3. Тој којшто ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона исправа заради вршење на делото од ставовите (1) и (2) на овој член ќе се казни со затвор од најмалку четири години. 4. Тој којшто користи или овозможува на друг користење на сексуални услуги од лице за кое знае дека е жртва на трговија со луѓе ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. 5. Ако делото од став (4) на овој член е сторено со дете или малолетно лице сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години. 6. Ако делото од став (1) го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. 7. Предметите и превозните средства употребени за извршување на делото, се одземаат. Постои ли програма за борба против трговијата со луѓе? Во март 2006 година Владата на Р. Македонија го усвои Националниот план за акција за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, кој беше поднесен од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција. Во создавањето на овој документ учествуваа како членовите на Националната комисија, така и членовите на Секретаријатот на Националната комисија, кој е составен од владини преставници, од претставници на меѓународни организации и невладини организации. Овој документ ги опфаќа сите сегменти на превенцијата и заштитата од трговијата со луѓе. Покрај овој документ, релевантните актери во борбата против ова зло работат и според еден друг владин документ и го имплементираат, а тоа е Националниот план за акција за борба против трговија со деца, кој го изготви Подгрупата за борба против трговија со деца, како посебно тело на Националната комисија. 12

4. ПРЕВЕНТИВНИ ЛЕКЦИИ О Т В О Р Е Н А П О Р Т А Лекциите и обуките се еден од најприменуваните, но и најуспешните методи на превенција. Тие се особено ефикасна превенција од трговијата со луѓе бидејќи овозможуваат директен начин на пренесување на пораката и информацијата, директен контакт со целната група и брза оценка за тоа колку лекцијата/обуката е корисна. Овој метод, исто така, овозможува употреба на креативни техники какви што се интерактивност, употреба на практични вежби и сл. Цел на лекциите е: да им се зголеми свеста за способноста и капацитетите што ги поседуваат за да дејствуваат самостојно; да им се покаже дека тие можат да ги решаваат проблемите; да се објасни дека трговијата со луѓе може да се препознае преку неколку мали чекори; да се објаснат човековите права. План и содржина на превентивните лекции Во зависност од времето што го имате на располагање за одржување на една лекција, од бројот на учесниците, како и од нивната возраст, превентивните лекции може да се реализираат на различни начини. При планирањето на превентивните лекции треба да имаме предвид дека секоја превентивна лекција се состои од неколку основни елементи, и тоа: 1. Претставување на предавачите и учесниците - на почетокот на секоја лекција, пожелно е меѓусебно запознавање на предавачите и учесниците. Се препорачува употреба на некоја вежба која би помогнала во креирање на пријателска и работна атмосфера. 2. Претставување на главната цел на лекцијата - предавачот, на самиот почеток, мора да ја каже целта на лекцијата и да ги запознае учесниците со методите кои ќе се користат во текот на лекцијата (на пр., видеопрезентација, дебата, филм, групна дискусија, поњер поинт презентација и сл.). 3. Инволвирање во проблемот - предавачот ги воведува учениците во темата,,трговија со луѓе. Самиот избира на кој начин ќе го прави тоа. Се разбира, во зависност од условите што ги има, се препорачува пократка вежба за откривање факти и важни информации во врска со темата. 4. Презентација на проблемот - усна презентација на предавачот за темата што се разработува или визуелно претставување на проблемот преку презентација на филм, поњер поинт презентација и слично. Во овој дел се практикува и дискусија (предавачот ја поттикнува со поставување на прашања, или со наметнување на тема на разговор), или умствена вежба за истражување на проблемот подлабоко. 5. Евалуација - оценка на лекцијата. Како учесниците ги доживеале вежбите? Што им се допаднало, а што не? Што им било тешко, а што лесно? Што научиле? Што ќе им користи во иднина? Се делат евалуациони листови или се прави усна евалуација. 13

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И 4.1 ПРАКТИЧНА РАБОТА План на лекцијата 45 минути 1) Запознавање...10 минути Вежби за запознавање (ICEBREKERS) Целта на овие вежби е запознавање на учесниците преку учење на нивните имиња на еден неконвенционален начин, односно преку игра. Воедно, се постигнува и опуштање и зголемување на енергијата во групата. Игра штит Број на учесници: 10-20 Време: 5-10 мин. Материјал: стикери и пенкала Нацртај го својот штит на хартија. Подели ја хартијата на 4 квадрати: напиши го своето име, нацртај нешто за својата земја (град), нацртај нешто што сакаш, напиши го твоето хоби. Имиња Број на учесници: 30-40 10 мин. Време: зависно од бројот на учесници, за 30 учесници околу Материјал: не е потребен Секој од учесниците си го кажува своето име и кажува некоја интересна работа поврзана со името. На пр., како го добил, кое е неговото значење и сл. 14 Совет: Оваа игра има многу варијации. Може, покрај името, учесниците да кажуваат која им е омилена боја, која им е омилена песна, што сакаат, а што не и сл. Се зависи од изборот на предавачот.

2) Цел на лекцијата...5 мин. О Т В О Р Е Н А П О Р Т А Предлог бр 1: Предавачот ги информира учениците за лекцијата, за целта на лекцијата и за методите на работа што ќе се користат. Предлог бр 2: Дозволете им на учениците сами да кажат што тие претпоставуваат дека лекцијата би содржела. 3) Инволвирање во проблемот...10 мин. Вежби за воведување во проблемот Цел на овие вежби е брза оцена на информираноста на учениците за темата и раздвижување на учениците Бура на идеи Број на учесници: од 5 до 50 Време: 5-15 мин. Материјал: табла и креда или флип-чарт и маркер Групата се запрашува дали некој слушнал за трговија со луѓе или на што ги асоцира трговија со луѓе и сл. прашања. Сите одговори добиени од групата се запишуваат.. Основни правила за бура на идеи: Соберете колку што е можно повеќе идеи; Сите идеи се запишуваат без коментар или дискусија; Седете близу еден до друг; Еден од учесниците нека биде одговорен за фаќање забелешки. Вербален квиз Број на учесници: од 5 до 50 Време: 5-15 мин. Материјал: не е потребен 15

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И Учесниците треба да ја изберат правилната дефиниција за жртва на трговија со луѓе. Понудени се 4 можни одговори. А) Некој кој заминал од сопствената држава по сопствена волја, но ја преминал границата без потребни документи; Б) Некој кој заминал од сопствената земја бидејќи неговиот/нејзиниот живот бил во опасност; В) Некој кој бил одведен од својата земја и бил принудуван да работи, со што бил постојано експлотиран; Г) Некој кој помага границата да се помине без потребните документи (пасош, виза), а за тоа добива паричен надомест. Точниот одговор е под В) А) нерегуларен мигрант Б) Мигрант (си ја бара среќата на друго место) Г) Криминалец, регрутант (трафикант) Совет: веднаш по вежбите за вовед, пожелно е да дадете кратка презентација со факти и информации 4) Презентирање на проблемот------------------------------------------------ 10 мин. Умствени вежби Целта на овие вежби е, преку игра, учесниците да се активираат да размислуваат за проблемот трговија со луѓе Играње на улоги Број на учесници: од 5 до 50 Време: 10-15 мин. 16 Материјал: флип-чартови и маркери Предавачот ги дели учесниците на три групи и им дава по 10 мин. време за работа. На секоја од групите им се дели по една приказна и им се објаснува што треба да се прави.

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А I група. Вие сте трафиканти и работите во голема, добро организирана и моќна криминалистичка мрежа. Размислете за колку можете повеќе начини да заведете и да вовлечете во бизнисот со трговија со луѓе едно 15-годишно девојче, од некое мало гратче во Македонија. II група Ти си 15-годишно девојче, од некое мало гратче во Македонија, ти се додворува атрактивно момче кое сака да те однесе во Италија. Ти вели дека вие никогаш не можете да бидете успешни во Македонија, сака да се ожени со тебе и да замине некаде на 2 недели. Ти му веруваш, но сакаш да се осигураш дека ја зборува вистината. Што може да направиш за да се осигураш дека не е трафикант? Смисли што е можно повеќе опции. III група Ти си полицаец кој е одговорен за законот и редот во едно село. Размисли за повеќе начини за да ја спречиш трговијата со луѓе. Совет: Оваа вежба се препорачува за различни целни групи, вклучувајќи професионалци и повозрасна група. Огласи за работа Број на учесници: од 5 до 50 Време: 10-15 мин. Материјал: листови со фотокопирани огласи од весници или весници со огласи каде можат да се видат различни типиови на огласи. Оние кои ги содржат сите елементи и такви каде има само тел. број и име. Групата се запрашува да ги препознае елементите на сомнителните огласувања и што би направила за подобро да се заштити. Совет: Може учесниците да ги поделиме во помали групи и на секоја група да и поделиме различни огласи, а потоа да се развие дискусија. 17

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И Прашања и теми за дискусија 1. Што мислиш, зошто токму земјите во транзиција, од една страна, и развиените земји, од друга страна, се територии погодни за трговија со луѓе? 2. Се вели дека трговијата со луѓе е високо профитабилна и нискоризична криминална активност.како ти тоа го разбираш? 3. Дали секој може да стане жртва на трговија со луѓе и зошто? Кој се може да стане жртва на трговија со луѓе? 4. Што мислите дека треба да се направи за трговијата со луѓе да се спречи/ намали? 5) Завршна вежба/евалуација...10 минути Цел на вежбата е усна или писмена евалуација - оценка на лекцијата и презентирање на наученото. Евалуациони листови Овој тип на евалуација е писмена евалуација која се врши преку однапред подготвени евалуациони листови. Евалуационите листови содржат прашања преку кои се дава оценка на работата и се добиваат информации за: познавањето на темата, текот на работата, оценка на предавачот и слични информации за работилницата. 1.Како би ја оцениле обуката? Прашалник за оценка на обуката 1 2 3 4 5 2.Дали сметате дека имавте доволно време за дискусија и размена на мислења? Слабо добро Одлично 3.Дали досега имате посетувано обуки на тема трговија со луѓе? 4.Дали сознанијата стекнати во текот на обуката ќе ви користат во понатамошната работа? Да Не 18 Објасни: 5.Доколку имате какви било забелешки и коментари во врска со обуката, ве молиме наведете ги.

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А Усна евалуација. Усната евалуација се одвива на тој начин што секој учесник, заедно со предавачите, спроведуваат оценка на целокупната работа и се даваат препораки за иднина. Вежба Пирамида Предавачот им предлага на учениците да изградат Пирамида од знаење. Со ставање рака врз рака, сите ученици кажуваат што научиле и колку се задоволни од лекцијата. Потоа им се делат евалуациони листови на учесниците, кои треба да ги пополнат анонимно. Совет: усната и пишаната евалуација може да се комбинираат во текот на една лекција. 19

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И 5. КОРИСНИ СОВЕТИ За да бидете успешен предавач, потребно е да бидете верни на себеси или автентични, односно да ги користите вашите природни способности, а не да ја сфаќате обуката како обична изведба. Бидете отворени за промени и секогаш добро подготвени, внесувајте динамика и разновидност во својата програма, поставете јасни цели и редовно проверувајте дали тие се остваруваат. 5.1 ВОДИ СМЕТКА ЗА ВРЕМЕТО Почни навреме Прави паузи Заврши навреме 5.2 ПРИСТАП Однесувај се кон учесниците со: еднаквост почит разбирање отвореност доверливост 5.3 КОРИСТЕЊЕ НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ПОМАГАЛА Мултимедијални презентации (Power Point) Презентации на едукативни филмови за трговија со луѓе Друг видеоматеријал Превентивни материјали - флаери, лифлети, брошури кои содржат корисни информации за трговијата со луѓе за време на одржувањето на превентивните лекции - се секогаш препорачливи. На тој начин, учесниците не само што ќе имаат пишан материјал од темата која ја обработувале, туку и ќе можат да учествуваат во поделбата на материјалите на своите соученици. 20

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А 5.4 СОВЕТИ ЗА УСПЕШЕН ПРЕДАВАЧ научи што е можно повеќе за проблемот; изрази интерес за мислењето на другите; прашувај и одговарај на прашањата; употребувај едноставен јазик; изрази благодарност (добра воља) за соработка. 21

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И 6. ДРУГИ ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ 6.1 НАЈЧЕСТИ ПРЕВЕНТИВНИ СОВЕТИ Пасош - личен документ кој му се издава на државјанинот на Р. Македонија заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата. За време на престој во странство, пасошот служи за утврдување на идентитетот и како доказ за државјанство (лица под 18 год. смеат да преминат граница само со согласност од двајцата родители/ старател); Виза - одобрение за патување во странство; Договорот за работа е секогаш неопходен документ кога заминуваш во странство со цел да работиш. Пред да заминеш во странство, на твоите најблиски остави им ги следниве информации: Копија од пасош, виза и договор; Понова фотографија; Адреса и телефон на Македонската амбасада во земјата каде што патуваш; Адреса и телефон на местото каде што ќе живееш и работиш; Име на семејството или на работодавецот; Адреса и телефон на пријателите или познаниците (ако ги имаш) во земјата каде што патуваш; Имиња и адреси на луѓето со кои патуваш. 22 Што треба да си понесеш со себе: Адреса и телефонски броеви на Невладини организации; Адреса и телефон на Македонското дипломатско-конзуларно претставништво во државата во која планираш да патуваш; Адреса и телефонски броеви на пријатели, доколку ги имаш во државата во која патуваш; Бројот на СОС линијата за информации и превенција од трговија со луѓе, во Р. Македонија и во странство.

6.2 СОС ЛИНИЈА ЗА ПОМОШ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ О Т В О Р Е Н А П О Р Т А За поефективна превенција, НВО Отворена Порта отвори СОС телефонска линија за помош од трговија со луѓе. Станува збор за единствена СОС линија од ваков вид во државата, која функционира 24 часа и обезбедува информации за потенцијалните жртви, како и директна помош и поддршка на жртвите на трговија со луѓе. Целокупната јавност, особено младите, може постојано, во текот на 24 часа, бесплатно да добие соодветна информација, совет и асистенција, само доколку се јават на СОС бројот 0 800 11111 ( бесплатна линија) 24 часа секој ден + 389 2 2 777 070 ( за повици од странство) СОС линијата обезбедува: Основни информации за трговија со луѓе; Поддршка и разбирање; Информација и совет за ризикот поврзан со работата во странство; Информација и помош на клиентот во невоља; Разговор и совет од стручно лице; Помош при враќање во матичната земја; Сместување во прифатилиште; Насочување кон други служби и воспоставување контакти со соодветни институции. 6.3 ДРУГИ СОС ТЕЛЕФОНИ СО КОИ ОТВОРЕНА ПОРТА СОРАБОТУВА Во Република Македонија Меѓаши СОС линија за помош на деца и младинци 0800 11444 СОС за помош од дрога 0800 12222 ХОПС СОС линија за информации за сексуално преносливи болести 02/ 3 130 058 ОЖС линија за семејно насилство 15700 ЕСЕ линија за правна помош 02/ 3 117 866 Во странство Молдавија СОС линија: Украина СОС линија: 00373 2 23 33 09 00373 0 800 77777 00380 44 234 04 46 00380 44 205 36 94 23

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И Бугарија СОС телефон: 00359 2 981 76 86 Белорусија СОС линија 00375 17 295 31 67 (09.00-21.00) Босна и Херцеговина СОС линија: 00387 36 557 190 Чешка СОС линија 00420 222 71 71 71 Полска СОС линија: 0048 22 628 9999 Холандија СОС линија 003130 271 60 4 Србија - Астра СОС линија 00381 11 3347 817 Црна Гора СОС линија: 081 232 232 6.4 ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ Прифатилиштето за жртви од трговија со луѓе, или,,резиденција, е раководено од НВО Отворена Порта. Во него им се обезбедува директна поддршка на жртвите и на потенцијалните жртви од трговија со луѓе. Во Резиденцијата се нудат специјализирани сервиси за корисниците, какви што се безбедно сместување, храна, облека, психо-социјална подршка, медицински третмани, правна помош и занаетчиски обуки. Тимот од професионалци, во кој се вклучени социјални работници и психолози, се достапни 24 часа на ден. Генерално, сите жртви на трговија со луѓе (жртви и потенцијални жртви) можат да бидат прифатени и сместени во Резиденцијата. Можноста за сместување во Резиденцијата се прави врз основа на проценка од страна на тимот на Резиденцијата. Сите жртви на трговија со луѓе во Резиденцијата се на доброволна основа. Резиденцијата е сместена на тајна и безбедна локација. Сите информации што се однесуваат на сместувањето на жртвите се чуваат во тајност. 24

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А КОРИСНИ ЛИНКОВИ НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ И ОРГАНИЗАЦИИ www.nacionalnakomisija.gov.mk МЕЃУНАРОДНИ La Strada Internаtional Global Alliance Against Traffic in Women (GAATW) www.gaatw.net/ Save the children www.savethechildren.net Secretariat - Office of the Special Representative and Co-ordinator for Combating Trafficking in Human Beings http://www.osce.org/cthb Human Trafficking http://www.humantrafficking.org/ Child Trafficking - Digital Library http://www.childtrafficking.com/ Human Trafficking Search http://www.humantraffickingsearch.net/ Council of Europe http://www.coe.int/ 25

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И Користена литература 1. Прирачник за превенција од трговија со луѓе - Отворена Порта обука на НВО 2003 2. Human Right and Trafficking in Person A Handbook - Global Alliance Against Trafficking in Women. 3. Manuel for Prevention, La Strada Czech, La Strada B&H. 4. Human trafficking - Our Response; Manual for peer education 26

О Т В О Р Е Н А П О Р Т А СОС Линија за помош од трговија со луѓе 0800 11 111 П. фах 110 тел +389 2 700107 lastrada@on.net.mk www.lastrada.org.mk 27

П Р И Р А Ч Н И К З А П Р Е В Е Н Т И В Н И Л Е К Ц И И Печатењето на прирачникот финансиски е поддржан од женева Глобал 28