Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Similar documents
КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Структурно програмирање

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Март Opinion research & Communications

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Биланс на приходи и расходи

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Прирачник за управување со општинскиот имот

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

Безбедност и здравје на работа

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Проект: Поголема партиципација - подобри политики и регулативи. Екстерно оценување, предизвици и следни чекори: Екстерно оценување по секоја цена?

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Издавач: Центар за управување со промени, Центар за одржлив развој АЛКА

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Обука за менаџирање на стрес на работно место

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

Штип. Кристина Анчевска

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

за спроведување обука за полициски интегритет Прирачник DCAF DCAF a centre for security, development and the rule of law

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ТУРИЗМОТ

Коисмение.Штозначиме.

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Родово буџетирање.

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

ВОДИЧ ЗА КОРПОРАТИВНА ФИЛАНТРОПИЈА

Transcription:

MIOA301-P5-Z2 Министерство за информатичко општество и администрација Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ Овој материјал е изработен од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, чија цел е успешна и целосна реализација на проектот за електронски систем на учење - микроучење. Наменет е пред сите, за вработените во организационите единици за управување со човечки ресурси и единиците за ИТ и за службениците во државната служба. 1

С О Д Р Ж И Н А Вовед........ 3 Реализирани активности во 2012 година...4 Карактеристики на електронскиот систем за микроучење и KnowledgePulsе...4 Спроведување на системот за микроучење во 2013 година....4 Улогата на единиците за човечки ресурси........5 Предности и можности на системот за микроучење.........6 Начин на спроведување на обуки преку системот на микроучење (организатор)...8 Улоги во процесот на спроведување на обуки со системот на микроучење...8 Начин на користење на клиентската апликација KnowledgePulsе (корисник)...10 Инсталирање на клиентската апликација KnowledgePulsе. 10 План на активности за вработените во единиците за човечки ресурси......10 Креирање на е-содржини за обуки со KnowledgePulsе...12 Улоги во процесот на креирање на е-содржини за обуки со KnowledgePulsе...12 Контрола на квалитетот на е-содржини со KnowledgePulsе...12 2

Вовед Денес јавниот сектор мора да се насочи кон граѓаните, по примерот од приватниот сектор. Искуствата од модернизацијата на администрацијата покажуваат дека таа се изведува со пакет на реформи и дека иновациите во начинот на работење на институциите не се изолирани проекти. Имено, за подобро функционирање на администрацијата во насока на приближување до Европскиот административен простор, во рамките на Стратегијата за Реформа на јавната администрација 2010-2015, се реализираат голем број на активности. Една од нив е континуирана обука на службениците. Професионалноста и стручноста на администрацијата има клучна улога во спроведувањето на државните политики и давањето на јавни услуги. Но, тие барааат и бројни знаења и вештини поврзани со компетенциите и способностите на службениците. Концептот за електронскиот начин на учење или микроучење, како специфична политика, се спроведува во Македонија од 2012 година и во поширока смисла ќе се одвива долгорочно. Намерата е да се прифати модерната технологија во начинот на спроведување на обуката на службениците. Во почетната фаза ќе се имплементира само во рамките на органите на централната власт, а потоа на ниво на локалната власт, во зависност од тоа колку се технички подготвени единиците на локалната самоуправа. Исто така, за успешна реализација на проектот нужно е сите институции во рамките на своите можности, доследно да го применуваат новиот начин на електронска обука. За таа функција Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја спроведува оваа обука за вработените во секторите/одделенијата за човечки ресурси (ЧР) и единиците за ИТ, кои пак, понатаму ќе ги информираат вработените во нивните институции. Секако, значајно е да се апелира до раководните лица во институциите, да ја зголемат контролата над спроведувањето на понудените мерки во рамките на своите институции. Само комплетна посветеност на сите засегнати страни при реализацијата ќе доведе до успешна имплементација на проектот за микроучење. Оваа брошура претставува дополнителен материјал - како поддршка на обуката и нуди бројни информации и корисни насоки. Нејзината цел е да служи како документирана референца, секојпат кога ќе бидат доведени во прашање аспектите на системот за микроучење. Со брошурата ќе им се помогне на вработените во администрацијата да ги зголемат своите знаења за системот на микроучење, односно да го користат новиот начин на обука во реалноста. Како и самата обука, содржината се состои од два дела: Теоретски дел, каде е објаснета идејата за воведување на новиот пристап во оспособувањето на службениците и Насоки за практично да се воспостави системот за микроучење, со што соодветно ќе им се излезе во пресрет на службениците за да можат успешно да го применат овој начин на обука. Истовремено, предлагаме да се најде соодветен начин, оваа брошура да биде лесно достапна за сите вработени во институцијата. Реализирани активности (во 2012 година) и поставување на Центар за микроучење Електронскиот систем за микроучење е во согласност со Програмата за работа на Владата на РМ 2011-2015 каде е истакната намерата за искористување на можностите што ги нудат информатичко-комуникациските технологии. Исто така во Стратегија за реформа на јавната администрација 2010-2015 се става акцент на обуката на државните службеници за успешно спроведување на реформскиот процес. Потоа се истакнуваат и развојот на културата 3

на учење во администрацијата, заедно со развој на инструменти за пренос на знаењето и анализа на ефектите од учењето, заложби што го поtкрепуваат воведувањето на новиот начин на обука. Понатаму, со посебна Национална стратегија за Е-влада, исто така се акцентира заложбата за поголема употреба на информатички и комуникациски технологии за поефиксна јавна администрација. Оттука, на 97-та седница одржана на 18.11.2012 година, Владата на РМ заклучи да се отпочне Проектот за електронскиот систем на Микроучење, односно да се воспостави Центар на знаење преку систем за Микроучење во Министерството за информатичко општество и администрација. Проектот се реализира со поддршка на Друштвото за меѓународна соработка од Германија (GIZ), а во соработка со консултанти и експерти од Research Studios Austria (RSA). Карактеристики на електронскиот систем за микроучење и KnowledgePulsе Овој дел се однесува на презентацијата Теоретски основи на електронскиот систем на микроучење и апликацијата KnowledegePulse дадени во прилог на брошурата. Спроведување на системот за микроучење во 2013 година Во почетокот на 2013 година, на 115-тата седница, Министерството ја информира Владата на РМ за текот на спроведувањето на проектот за микроучење во 2012 година каде беше усвоен и Акциониот план за спроведување на системот за Микроучење во државната служба во Република Македонија за 2013 година. Во согласност со заклучоците на Владата на РМ од истата седница, Министерството и во текот на 2013 година ќе го реализара проектот за микроучење и ќе презема активности за понатамошен развој на системот, односно негово проширување во останатите институции на државната служба. Проектот ќе продолжи со поддршка на Друштвото за меѓународна соработка од Германија (GIZ) и во соработка со Research Studios Austria (RSA), Акцискиот план за спроведување на системот за Микроучење се состои од неколку етапи што опфаќаат активности, не само за Министерството, туку и за други страни. Тука спаѓаат пред сите, раководителите и вработените во организационите единици за човечки ресурси, единиците за ИТ, другите раководители во органите и на крај секој државен службеник. Ќе напоменеме дека поради обемноста на администрацијата во РМ, најнапред системот за микроучење ќе се презентира во органите на централната власт, а потоа на ниво на локалната власт, во зависност од тоа колку се технички подготвени единиците на локалната самоуправа да ја имплементираат оваа апликација. Бидејќи МИОА законски е надлежно и за обука на јавната администрација, во подоцнежна фаза ќе се настојува системот за микроучење да се воспостави и во јавните институции-каде е можно. На што се однесуваат активностите предвидени со Акциониот план, за сите засегнати страни? Како координатори на сефкупниот проект за системот за микроучење, најмногу активности припаѓаат во т.н. Центар за микроучење во МИОА. Сепак, не треба да се занемари ниту улогата што ја имаат вработените во единиците за ЧР и единиците за ИТ во институциите, но и секој државен службеник. Во рамките на МИОА се спроведуваат задачи од оперативен карактер што се однесуваат на повеќе аспекти на целиот проект за микроучење. Најнапред е планирањето на активностите за текот на реализацијата на проектот, за кое може да се каже дека е фаза која е донекаде завршена, со самото тоа што е донесен Акциски план за реализација на проектот. Потоа, преземени се мерки кои и континуирано ќе се преземаат за спроведување на обука и презентирање на новиот начин на учење на што е можно поголем број на вработени во администрацијата. Исто така МИОА ќе презема мерки за спроведување на генеричките обуки согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во РМ за 2013 година. Тука припаѓаат и активностите за проширување на системот за микроучење во сите 4

државни институции. МИОА ќе врши и континуирано следење на сите активности, за сите вклучени страни, со цел да се добијат повратни информации за текот на проектот, но и за ефектите што тој ги предизвикува. Како крајна активност е евалуацијата на сите активности, за да се добие слика за актуелните состојби во врска со сите аспекти на системот на микроучење. Со тоа ќе се предвидат и понатамошните чекори за развивање на овој систем на учење, во смисла на одвивањето на целиот процес, во смисла на развојот на е-содржини за обуките, особено за генеричките, развивање на механизми за процена на квалитетот на е-содржините, проширување на системот за микроучење во други институции итн. Улогата на единиците за човечки ресурси Што се однесува до единиците за човечки ресурси, може да се каже дека тие ќе ја имаат носечката улога за спроведување на проектот во секоја институција одделно. Како одговорни за обучувањето и професионалниот развој на вработените, се смета дека токму вработените во овие одделенија се најсоодветни за да бидат обучени (во рамките на оваа обука) како да го презентираат целиот проект за микроучење во рамките на нивните институции. Со оваа новина во областа на обуката за службениците, ќе им се помогне на единиците за ЧР во подготовката и во самата реализација на годишната програма за обука на вработените. Во однос на подготовката на годишната програма за обука, со тоа што ќе добијат алатка за исполнување на дел од предвидените обуки, а ќе им се овозможи и пореално планирање на идните обуки за вработените. Во однос на спроведувањето или исполнувањето на предвидената програма, предноста на системот за микроучење е во тоа што претставува алатка за реализација на обуките - сите генерички, односно обуките предвидени со Националната годишна програма за генеричка обука на државните службеници, а особено на специјализираните обуки од доменот и надлежностите на институцијата. Ова е особено важно за специјализираните обуки, зашто во секој орган, откако ќе се изврши анализата на потреби од обуки, кога ќе се пројави потреба за специфични обуки, или пак, за обуки од конкретно работно место, на вработените од единиците за ЧР им се отвара можноста да ја реализираат потребната обука преку системот на микроучење. Доколку се јави потреба за генеричките обуки, за чиешто спроведување е одговорно МИОА, ќе може да се обратат до МИОА и да ја побараат потребната обука да се активира за оние службеници кај кои е пројавена потребата. Во прилог на брошурата е даден и образец на формулар за евалуација на поединечна обука спроведена преку системот за микроучење и образец за збирна евалуација. Со нив ќе им се помогне на вработените во единиците за ЧР да добијат релевантни податоци за квалитетот и практичната корисност на содржината на обуката, но и за практичната примена на целиот систем на микроучење. Одговорите од прашалниците ќе може да се искористат за подобрување на идните активности во однос на обуките за вработените во сопствената институција. Овде би нагласиле дека Центарот за Микроучење во МИОА стои на располагање за консултации околу сите прашања за одржување на системот за микроучење кај институциите и ќе биде во постојана комуникација со вработените во единиците за ЧР и единиците за ИТ. Предности и можности на системот за микроучење Овој дел дава осврт на предностите што ги поседува системот за микроучење во процесот на спроведување на обуката или пак, за учењето воопшто. Една од целите на микроучењето е да се постигне најдобар можен успех во учењето со оптимално користење на сите вложени ресурси, или 3-те Е (економичност, ефективност и ефикасност). Тоа значи дека предностите и можностите се однесуваат на повеќе аспекти. На пример: аспект на обезбедување на обука, аспект на корисник на системот, аспект на обучувач-дизајнер на е-содржина за обука, андрагошки и дидактички аспект итн. 5

-Финансиски аспект. Иако за системот на микроучење фокусот не е на овој аспект, сепак треба да се нагласи дека истиот допринесува за намалување на трошоците кои се вообичаени за класичниот начин на обука. Имено, софтверското решение KnowledgePulse (администраторскиот интерфејс и клиентската апликација), развиени од Research Studios Austria, е донација на Министерството од страна на Германското друштво за меѓународна соработка-гиз. МИОА пак, истото го става на располагање на институциите за спроведување на обука на работното место, согласно нивните потреби. Трошокот којшто ќе го имаат институциите се сведува на средства потребни за ангажирање на експерти за креирање на е- содржини од конкретни области, односно за специјализираните обуки. -Аспект на овозможување на обука. Не само што претставува дополнителна алатка на класичниот начин на предавање или учење и обука, системот овозможува да се продолжи процесот на учење и во други услови. Имено, во овој случај, вработените ќе можат да следат обука, односно да се усовршуваат и на работното место. Понатму, постои можноста да се зголеми бројот на тематски курсеви како за генерчките, така и за специфични области во зависност од ресорот. Како крајна цел е одржувањето на знаењата и вештините стекнати преку обуки на традиционален начин или пак, стекнување на нови знаења. -Аспект на ефективност. (добиени посакувани резултати) Со системот на микроучење ќе се овозможи зголемување на бројот на државни службеници кои ќе имаат достапност до обуки. Истиот е средство за реализација на генеричката обука во исклучителни ситуации, на пример, кога има потреба за обука на голем број службеници за определена област, а не постои можност да се реализира на традиционален начин, поради недоволни ресурси. Воедно и институциите ќе располагаат со бројни тематски курсеви што ќе може да ги користат секогаш кога ќе се јави потреба за обука кај нивните вработени и во време кое нив им одговара. -Аспект на време. Во денешни услови времето има важна улога во секојдневието, не само за професионалните ангажмани, туку и во приватноста на луѓето. Оттука електронскиот систем на микроучење му нуди на поединецот индивидуално учење во неговото секојдневие. Учењето може да се одвива и во домашни услови и на работното место, со употреба на личните направи како што се персонални компјутери и мобилни телефони. Корисниците (одговорните за активирање на обуката и самите слушатели на обуката) можат да го прилагодат периодот во кој ќе се следи обуката според расположливото време, и во текот на годината, но и на индивидуално ниво-секој поединец како претпочита во текот на работниот ден. -Андрагошки/дидактички аспект. Системот на микроучење се прилагодува и на индивидуалните стилови и брзина на учење на поединецот, односно управувањето со циклусот на учење си го одредува самиот корисник. Исто така, на авторите на е-содржини за обука им овозможува на различни начини, систематски да ја подготват содржината, при тоа имајќи ги предвид правилата на дидактиката. Во контекст на државната администрација, со овој начин на обука, се отвара можноста за зголемен степен на реализација на годишните програми за обука во одделните институции, но и во реализацијата на националната годишна програма за генеричка обука за службениците. Спроведувањето на обуката преку системот за микроучење како научени искуства, ќе доведе до повеќе можности за МИОА и за институциите, меѓу кои, како главни би ги навеле следните. За МИОА се отвараат можности за: -Стандардизирање и развивање на процедурите за понатамошно спроведување на микроучењето за администрацијата во Република Македонија; -Проценка на вклученоста на системот за микроучење во севкупниот систем на обучување, како комплементарна алатка на класичниот начин на спроведување на генеричките обуки или како самостојна алатка за обука; 6

-Оценка на прифатеноста на иновативниот систем за микроучење од страна на државните службеници; -Ревидирање и подобрување на содржината на тематските генерички обуки. За институциите се отвараат можности за: - Спроведување на специјализираните обуки за вработените во органот, во време кое самите ќе го одредат, но и според пројавените потреби; - Отварање на работно место во единиците за ЧР за лице кое ќе се занимава исклучиво со овој систем за обука (следење на вработените што користеле обука на овој начин, од аспект на развој на е-содржини за специјализираните обуки, комуникација со МИОА за микроучењето итн); - Пореално предвидување на средствата во буџетот на органот потребни за реализација на годишната програма за обука на вработените. Од горенаведеното може да се потврди оправданоста на примената и развојот на системот за микроучење за во иднина. Со електронскиот систем на микроучење се очекува да се подобрат условите за стручното оспособување и усовршување на службениците. Меѓутоа, следењето на обуки преку овој систем, ќе доведе и до промена во нивните знаења и изведба на работното место. Како крајна цел е подигање на нивото на професионалност и стручност кај вработените во администрацијата. Начин на спроведување на обуки преку системот на микроучење (организатор) Овој дел се разработува со Планот за спроведување на обука со KnowledgePulse даден во прилог на брошурата. Улоги во процесот на спроведување на обуки со системот на микроучење Подолу се претставени улогите што ги имаат сите вклучени страни во реализацијата на проектот за електронскиот систем на микроучење. Задача Активности Влучени страни Управувачки активности Унапредување, координирање и промоција на Центарот за микроучење -Обезбедување на соодветна инфраструктура и експертиза во МИОА за спроведување на обуки со системот за микроучење -Вклучување на микроучењето во системот на обука во државната служба, во соодветните програми и стратешките документи -Промоција на микроучењето како дел од целокупниот систем за обука во државната служба -Комуникација со засегнатите страни -Вклучување на креирање на е- содржини наменети за системот за микроучење како обврска од договорот со обучувачот за развој на материјали и спроведување на обука МИОА Координативни активности на тимот задолжен за микроучење во МИОА 7

Координација на оперативните активности на Центарот за микроучење -Координација на активности во рамките на Центарот за микроучење -Поддршка за спроведување на обуки со системот за микроучење -Координација на развојот на содржини за микроучење од страна на обучувачи и експерти -Развој на стратегии за мотивација на корисници -Планирање на промоцијата, вреднувањето и евалуацијата на ефектите од микроучењето Оперативен тим задолжен за микроучење (МИОА во соработка со институциите) Тим задолжен за микроучење во МИОА Управување со курсеви и комуникација Осигурување на квалитет на содржини Креирање на курсеви -Воведување во апликацијата KnowledgePulse за корисници, соработка со обучувачи и ИТ администратори -Спроведување на активности за комуникација и вреднување -Соработка со лица задолжени за односи со јавност за промовирање на системот за микроучење -Известување за статистика за користење на системот -Ревидирање/подобрување на процесот за учење и мотивација -Обука за обучувачи (авторите на содржини) за креирање на содржини -Поддршка при креирање на курсеви - Осигурување на квалитет на содржини (според пропишани стандарди) -Евалуирање на квалитет на содржини согласно целите на обуката и целната група -Давање повратна информација на авторите на курсеви -Развој на курсеви и нивно структурирање (курсеви/лекции/картички за учење) -Ревидирање на содржини согласно насоките дадени од тимот за микроучење -Ревидирање на содржини согласно препораки од спроведена евалуација Тим задолжен за микроучење во МИОА Одделенија за УЧР и ИТ во институциите Тим задолжен за микроучење, МИОА Одделенија за УЧР во институциите (во иднина ќе има обука за обучувачи за креирање содржини) Обучувачи/ експерти во одредени области Активности за учење и мотивација Техничко имплементирање (ИТ) -Отворање/назначување на курс -Поддршка при процесот на учење -Следење на прогресот при учењето -Спроведување на активности и мерки за мотивација на корисници -Директна поддршка- одговарање на прашања од корисници -Инсталирање на клиентската апликација KnowledgePulse на корисници -Креирање кориснички имиња и лозинки за државните службеници корисници и нивно Тим задолжен за микроучење во МИОА Одделенија за УЧР во институциите Одделенија за ИТ во институциите Одделение за ИТ во 8

доставување до службениците -Обезбедување поддршка при најава и употреба на системот МИОА Начин на користење на клиентската апликација KnowledgePulsе (корисник) Овој дел е содржан во Упатство за брз почеток на KnowledgePulse за Windows дадено во прилог на брошурата. Инсталирање на клиентската апликација (KnowledgePulsе) Овој дел се однесува на Упатство за инсталирање на KnowledgePulsе и Компатибилна технологија дадени во прилог на брошурата. План на активности за вработените во единиците за човечки ресурси Бидејќи станува збор за проект кој е новина, потребно е сите вработени во администрацијата да се запознаат со електронскиот начин на обука, кој е алтернативен пристап во однос на досегашното оспособување на службениците. Како што е веќе споменато, покрај Министерството за информатичко општество и администрација (Центарот за микроучење), произлегуваат обврски и за секторите/одделенијата за човечки ресурси како главни носители на активностите во секоја институција засебно. Тоа значи дека ќе треба системот да се претстави пред сите вработени во институцијата. Воедно пожелно е вклучување на концептот за елктронскиот систем на микроучење во интерните упатства за процедурите на работење и да се размислува за редовна обука на секој нововработен во службата, за да му се презентира оваа алатка за обука и професионален развој. Секако, значајно е да се апелира и до раководните лица во институциите, да ја зголемат контролата над спроведувањето на понудените мерки во рамките на своите институции. Во функција на успешна реализација на проектот за микроучење, по следењето на оваа обука треба да се преземат и соодветни активности од страна на сите вклучени. Потсетуваме дека МИОА како координатор на сефкупнот проект, е должно да ја известува и Владата на РМ за текот на проектот. Следствено, како најбитни информации што се однесуваат на спроведувањето на проектот, ќе бидат податоците содржани во известувањата од институциите што ќе треба да ги достават до МИОА. Обврски што МИОА ќе ги преземе се: 1. Да се испрати допис до институциите за запознавање на раководителите со обврските што ќе треба да се преземат за имплементација на новиот систем на микроучење, 2. Да ја информира Владата на РМ на седница во јуни 2013 година за текот на реализацијата на проектот за микроучење. Конкретните активности за вработените во единиците за ЧР и во единиците за ИТ, што ќе треба да ги спроведат во рамките на институциите се следните: 1. Да се подготви план за реализација на обврските и истиот да се одобри од страна на раководните лица во институцијата, со цел да започне нивната реализација. 2. Да се пренесе содржината на обуката, односно да се презентира системот за микроучење преку обука на сите вработени. 9

3. Да се диссеминира материјалот од обуката до секој вработен (по електронска пошта или со упатување на веб-локацијата на МИОА). 4. Да се инсталира клиентската апликација KnowledgePulsе на персоналните компјутери на сите вработени. 5. Да се испрати допис-известување до МИОА за реализираните активности. Дописот треба да ги содржи следните податоци: - датум на спроведување на презентацијата/обуката, - опфатот на државни службеници кои ја посетиле обуката (според звања), - начинот на кој го дистрибуирале материјалот (во хартиена верзија или електронска, со упатување на веб-локацијата на МИОА), - потврда дека апликацијата KnowledgePulse е инсталирана кај сите вработени. - Во прилог на дописот се очекува да се достават и следните документи: копија од листите на присуство на обуката на вработените во институцијата (за секоја обука посебнодоколку има повеќе презентации), список со име и презиме на вработените кај кои е извршена инсталација на апликацијата KnowledgePulse. Реализацијата на горенаведените активности во рамките на секоја институција, се очекува да се заврши во рок од 4 седмици од денот на одржување на обуката. Во овој рок е вклучено и испраќањето на дописот за реализираните активности до МИОА. Креирање на е-содржини за обуки со KnowledgePulsе Овој дел се однесува на Прирачник за креирање на содржина даден во прилог на брошурата. Улоги во процесот на креирање на е-содржини за обуки со KnowledgePulsе Овој дел е содржан во презентацијата Креирање на содржини за микроучење даден во прилог на брошурата. Контрола на квалитетот на е-содржини за обуки со KnowledgePulsе Овој дел е содржан во презентацијата Креирање на содржини за микроучење даден во прилог на брошурата. 10