МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Similar documents
Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик.

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Март Opinion research & Communications

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

ИЗВЕШТАЈ ВО СЕНКА ЗА ПОГЛАВЈЕ 23. за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската Унија

ИНСТРУМЕНТ ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА СТАРТ-АП И СПИН-ОФ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Јавен повик бр. 4 за поднесување предлог проекти за финансирање под

РЕФОРМИ ОД КЛУПА КОЛКУ МОЖАТ ДА БИДАТ ЕФЕКТИВНИ? ОДРЕДУВАЊЕ ГЛАВНИ ПОКАЗАТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Reform in water sector on central level

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Годишен извештај 2016

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Структурно програмирање

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

Разбирање на проширувањето

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Родово буџетирање.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

Системот на јавните набавки во Република Македонија

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

КОАЛИЦИЈА СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРОЕКТОТ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

СТРАТЕШКА РАМКА Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Подготвување на финансиските извештаи во согласност со Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување (МСФИ/IFRS)

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Утврдување на способноста на економските оператори

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

2012 година ХОПС. Програмскиот. NA HOPS za 2012 godina. на ХОПС за PROGRAMSKI IZVE[TAJ. извештај на ХОПС за. година

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА НВО СЕКТОРОТ ВО ВРШЕЊЕТО НА ЈАВНИ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Transcription:

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ Проектот го финансира Европската Унија

1. ЗА ПРОЕКТОТ МРЕЖА 23+ Оваа грантова шема е дел од Проектот Мрежа 23+ кој го спроведуваат Институтот за европска политика - Скопје и Хелсиншкиот комитет на Република Македонија во рамките на Програмата на ЕК ИПА за поддршка на граѓанското општество (грант ИПА 2015/372-126). Главната цел на проектот Мрежа 23+ е структуран придонес за вградување на принципот на владеењето на правото во Република Македонија, содржан во Поглавјето 23. Дополнително, проектот ќе придонесе за унапредување на капацитетите на граѓанските организации за истражување и застапување базирано врз докази и аргументи во областите покриени со Поглавјето 23 Правосудство и темелни права. Проектот предвидува грантова шема за граѓански организации активни во областа, со цел зголемено влијание врз процесот на носење одлуки, преку зајакнување и проширување на Мрежата Мрежата 23 е основана со поддршка на истоимениот проект, спроведен во рамките на Програмата на ЕК за поддршка на граѓанското општество за 2013 година, во чии рамки, исто така, беше спроведена грантова шема за граѓански организации. Во Мрежа 23 членуваат 11 граѓански организации. 1. Активностите на Проектот се поделени во три групи: Вклучување, Наоди и Влијание. Ќе бидат подготвени два извештаи во сенка за Поглавјето 23, два документи за јавна политика и месечни мониторинг извештаи. Активностите за застапување вклучуваат соработка со националните институции и одржување форуми за дискусија на јавни политики и конференција што се очекува да има пошироко влијание врз избраните учесници. Воедно, предвидена е презентација на главните наоди од извештаите во сенка во Брисел и консултации со Делегацијата на ЕУ и Директоратот за добрососедски односи и преговори за проширување. Посебен акцент ќе биде ставен на комуникациските активности со медиумите, вклучувајќи ги и социјалните медиуми, како и ангажирање на граѓаните во реформските процеси. Очекувани резултати од проектот Мрежа 23 +: Зајакнати капацитетите на граѓанските организации истражување базирано на докази и аргументи, следење, евалуација, застапување и вмрежување во областите покриени со Поглавје 23; Придонес кон подобрување на партиципативниот модел на носење одлуки преку подготовка на извештаи во сенка и препораки за областите покриени со Поглавјето 23; Зголемен ангажман на граѓаните во процесот на реформите во областа на правосудството и основните права, преку активностите на граѓанските организации. 1 Мрежата 23 е мрежа на 11 граѓански организации, основана во јули 2015 година. Мрежата настојува да се поттикне јавната дебата во Република Македонија за прашањата од областа на правосудството и на темелните права, покриени со Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ, да се обезбеди влијание врз јавните власти и пошироката јавност, врз основа на истражување и на застапување базирано врз докази и аргументи, како и да се овозможи граѓаните да имаат свој збор во клучните прашања на демократијата и владеењето на правото. Членки на Мрежата се: Здружение за еднакви можности Еднаков пристап Скопје; Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија на Република Македонија Велес; Здружение НОВУС Струмица;Здружение Плоштад Слобода здружение за активизам теорија и уметност Скопје; Институт за европска политика; Институт за човекови права; Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници ; Коалиција Сите за правично судење ; НВО Инфоцентар Скопје; Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија; Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп. 2

2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ Грантовата шема има вкупен фонд од 4.786.744 денари, додека пак максималниот износ по поединечен грант е 614.000 денари. Повикот е отворен за граѓански организации активни на локално и национално ниво, при што во грантовата шема ќе бидат вклучени најмалку 8 граѓански организации. Предлог-проектите треба да бидат во времетраење од 15 месеци. Право на учество на повикот имаат граѓански организации кои: се регистрирани во Република Македонија како здруженија или форми на нивно здружување согласно Законот за здруженија и фондации; се основани најмалку една година пред датумот на објавување на овој повик; имаат спроведено активности во областа на демократијата и владеењето на правото (специфичен фокус на Поглавјето 23 Правосудство и темелни права ќе се смета за предност); имаат организациски капацитет. Како вкрстени прашања, посебно ќе се земат предвид: врската со локалната заедница, меѓуетничкиот пристап и пристапот на еднакви можности. На повикот не можат да учествуваат организации кои се корисници на грант (beneficiary), од Делегацијата на Европската Унија, ниту како координатор, ниту како партнер, во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (IPA CSF Civil Society and Media Programme 2014) - повик EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK. 3. СОДРЖИНА НА ПОВИКОТ Грантовата шема во рамките на проектот Мрежа 23+ е тематски ориентирана и се фокусира на клучните аспекти од Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права. Како основа за идентификување на темите се земени Итните реформски приритети на Европската комисија, наодите од Извештајот на Европската комисија за Македонија во 2015 година (Политички критериуми - Демократија и Владеење на правото, Човекови права и заштита на малцинствата и Поглавје 23 - Правосудство и темелни права), како и Стратегијата за проширување во делот Владеење на правото. Приоритетни се следниве теми: I. Правосудство Избор и унапредување на судии и јавни обвинители според систем заснован на заслуги; Непристрасен механизам за спроведување дисциплински постапки и постапки за разрешување на судии и јавни обвинители; Финансирање и управувањето на судската власт на начин што обезбедува независност; Функционална автономија, интегритет и транспарентност на независните тела во правосудството; Компетентност и непристрасност на правосудните тела; Подобрување на квалитетот на судските пресуди; 3

II. III. Фер и правична судска постапка; Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права; Обезбедување на подобар пристап до правда, вклучително унапредување на системот на бесплатна правна помош; Објавување на судските одлуки; Воспоставување и почитување на конзистентна судска пракса. Борба против корупција Следење на случаите на корупција на високо ниво; Спроведување на Законот за укажувачи. Темелни права Почитување и заштита на правото на приватност и строги ограничувања на следењето на комуникации; Промоција на слободата на изразување, вклучително плурализам на медиуми; Почитување на принципот на презумпција на невиност; Изрекување на мерката притвор во согласност со домашното законодавство и меѓународните стандарди; Превенција и спречување на тортура, нехумано и понижувачко постапување; Правично одмерување на казните за сторителите на кривични дела; Примена на системот на алтернативни санкции; Почитување на процедуралните права на слобода и безбедност во судската постапка и правото на фер и правично судење; Унапредување на заштитата на личните податоци; Мерки за борба против дискриминацијата и интеграција на ранливите групи; Промовирање на професионализам во работата на адвокатите. Во предлог-проектите се поттикнуваат анализи за тестирање на одредена јавна политика, фокусирани на одредени случаи од практиката; анализи на јавна политика согласно методологијата за следење и евалуација 2 ; анализи кои се однесуваат на споредба и примена на одредени меѓународни стандарди и стандарди на ЕУ; извештаи од редовно следење на спроведувањето на одредени политики; активности за застапување и вклучување на граѓаните во релевантните процеси; истражување за јавна перцепција по одредена политика; иновативни форми на истражување, базирани на податоци добиени од терен. Предлог-проектите може да се однесуваат на структурирано следење на функционирањето на независните тела кои дејствуваат во областите на правосудството, борбата против корупцијата и темелните права, како и судовите и другите правосудни институции. Воедно, проектите може да предвидуваат и структурирано набљудување на судски постапки. Конечните резултати од спроведениот проект треба да бидат презентирани и објавени во форма на документи за јавна политика, а ќе бидат поставени и на базата на податоци МЕРЦ (Македонија ЕУ Ресурсен центар за Поглавје 23). 2 Методологијата за мониторинг и евалуација на јавните политики од Поглавјето 23 Правосудство и темелни права од законодавството на Европската Унија, изработена во рамките на проектот Мрежа 23, е достапна на: http://www.epi.org.mk/docs/metodologija_mk.pdf. 4

Ставките во буџет мора да се поставени во функција на реализација на предвидените активности. Образецот за предлог-буџет ги содржи ставките кои можат да бидат финансирани во рамките на грантовата шема (eligible costs). Трошоците за ДДВ не се признаваат. Организациите со кои ќе биде склучен договор можат да спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретаријатот за европски прашања, во соработка со спроведувачот. Предлог-проектите треба да бидат во времетраење од 15 месеци, додека пак документите за јавна политика треба да бидат изготвени 12-тиот месец од спроведување на проектот (февруари 2017 година). 4. ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА Апликантите треба да достават: пополнет Oбразец за пријавување (Прилог 1); пополнет Предлог-буџет во ексел формат (Прилог 2); тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија, не постара од шест месеци; резиме на членовите на тимот. Објаснувањата за пополнување на Образецот за пријавување и на Предлог буџетот се дадени во самите обрасци. Апликациониот пакет се доставува само по електронски пат на адресата: network23@epi.org.mk. Рокот за доставување е 20.04.2016 година. Проектниот тим со електронска порака ќе го потврди приемот на апликацијата. 4. ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе организираат информативна сесија за заинтересираните кандидати за овој повик. Сесијата ќе се одржи во просториите на Институтот за еврoпска политика, на 4 април 2016 година, со почеток во 12.00 часот. Институтот за европска политика се наоѓа на ул. Антоние Грубишиќ 2/2 (мапа). Ве молиме вашето присуство задолжително да го најавите на: network23@epi.org.mk или на телефонскиот број 02 3 280 110, најдоцна до 1 април 2016 година. По одржувањето на сесијата, партнерските организации ќе објават Q&A на нивните интернет страници. Патните трошоци за автобуски превоз на оние што ќе дојдат до Скопје ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет со доставување на билетот и фискална сметка. Доколку доаѓате со сопствено возило трошоците ќе ви бидат покриени во висина на повратен автобуски билет со приложена сметка за гориво. 5

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА Евалуацијата ќе се спроведе според следната методологија: ДА НЕ АДМИНИСТРАТИВНА ПРОВЕРКА (прва фаза) Апликацијата е доставена во рамки на временскиот рок објавен во Повикот (20.04.2016 година). Апликацијата е уредна и ги содржи сите прилози објавени во повикот (Прилог 1 - Образец за пријавување, Прилог 2 Буџет, тековна состојба, резиме на членовите на тимот). Организацијата ги исполнува формалните услови за учество во повикот (основана e и регистрирана во Република Македонија согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации најмалку една година пред датумот на објавување на овој повик). Доколку сите претходни одговори се ДА: ОДЛУКА: Одборот за евалуација ја спроведе административната постапка и предложи понатамошна евалуација на проектната апликација. ЕВАЛУАЦИЈА НА ЦЕЛОСНАТА АПЛИКАЦИЈА (втора фаза) ВКУПНО ДОДЕЛЕНИ Евалуација на Образецот за пријавување 75 бода - Предложениот проект обезбедува меѓусебна конзистентност. 15 бода Поврзаноста помеѓу целта, резултатите и предложените активности е видлива и јасна. - Проблемот е успешно и прецизно поставен. Целта на проектот е 10 бода прецизно поставена и одговара на целите на проектот Мрежа 23+. - Активностите се прецизно и успешно поставени и одговараат на 15 бода временската рамка. - Буџетот е реално поставен и одговара на предложените активности. 10 бода Почитувани се принципите на солидно финансиско работење. - Пристапот на проектот е заснован на застапување и вклучување на 10 бода граѓаните во политичките процеси. - Организацијата има соодветен организациски и финансиски капацитет. 5 бода - Организацијата има досие на успешност во реализирање на проекти во 5 бода областа на правосудството и темелните права. - Мултиетнички пристап, врска со локална заедница, еднакви можности и сл. 5 бода ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТ (трета фаза) ДА НЕ Одборот за евалуација има потреба од доставување дополнителни информации од страна на граѓанската организација. Одборот по спроведената евалуација донесе предлог-одлука за доделување грант и ја достави до Проектниот совет што е надлежен за конечен избор на грантистите. Врз основа на спроведената постапка, Одборот за евалуација ќе подготви листа на рангирани проекти, вклучувајќи и резервна листа. Највисоко рангираните организации-потенцијални грантисти ќе бидат повикани на поединечни состаноци за понатамошно дискутирање и усогласување на преложениот проект и буџет. Пријавените организации ќе бидат известени по електронски пат за конечните резултати, a листата на избрани организации ќе биде објавена на веб страната epi.org.mk и merc.org.mk. 6

6. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ГРАНТОВИТЕ Институтот за европска политика и грантистите ќе потпишат договор со кој се дефинираат меѓусебните права и обврски, како и начинот на спроведување и исплата на добиениот грант. Во текот на спроведувањето на проектот, избраните граѓански организации се обврзуваат до Институтот за европска политика да доставуваат квартални наративни и финансиски извештаи на секои три месеци од спроведувањето на грантовата шема, најдоцна петтиот ден од наредниот месец. По завршувањето на проектите, во рок од 30 дена грантистите ќе достават и конечни наративни и финансиски извештаи. За таа цел, на грантистите ќе им бидат доставени упатства и обрасци за подготовка на наративните и финансиските извештаи. Исплатата на грантовите ќе се врши на следниов начин: прва рата 50% од целосниот грант 15 дена по потпишувањето на договорите; втора рата 30% по одобрување на третиот квартален наративен и финансиски извештај; трета рата 20% по одобрување на конечниот наративен и финансиски извештај. При исплатата на ратите од грантовите ќе се земе предвид и динамиката на спроведувањето на проектните активности и буџетот. Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе обезбедат менторство на избраните организации. Партнерските организации ќе одредат ментори за секој проект што ќе го следи спроведувањето на проектите и соодветна поддршка. Предвидено е и одржување на менторски сесии и мониторинг посети. Избраните организации ќе добијат насоки за спроведување на проектите и насоки за обезбедување видливост на активностите. За таа цел, ќе бидат одржани работилници за дополнително зајакнување на нивните капацитети за следење и евалуација, при што ќе бидат разменети најдобрите практики и ќе се применува peer-to-peer пристап: првата работилница ќе биде посветена на принципите за административно и финансиско управување со проекти финансирани од Европската Унија (мај 2016 година); втората работилница ќе биде за областа темелни права (август 2016 година); третата работилница ќе се однесува на областа правосудство (септември 2016 година); четвртата ќе биде посветена на областа борба против корупција (октомври 2016 година); петтата работилница ќе се однесува на подготовка на документи за јавна политика (во текот на 2017 година); шестата работилница ќе биде фокусирана на комуникациски вештини (во текот на 2017 година); регионална работилница за вградување на најдобрите ЕУ практики (во текот на 2017 година). Работилниците и според содржината и според временскиот распоред се усогласени со динамиката на спроведување на проектите и прилагодени на потребите на граѓанските организации во секоја фаза од проектниот циклус. Учеството во работилниците е од задолжителен карактер за сите грантисти. 7