Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата

Similar documents
Март Opinion research & Communications

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Семејството и заедницата

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Структурно програмирање

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Биланс на приходи и расходи

Обука за менаџирање на стрес на работно место

Implementing. in Macedonia УЧИЛИШТА ВКЛУЧЕНИ ВО ОБУКА-НА-ОБУЧУВАЧИТЕ, ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Биланс на приходи и расходи

Проф. д-р Снежана Ставрева Веселиновска 1. Апстакт. Клучни зборови: реформи, ученици, нови типови на ученици, технологија, училишта.

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

AGIA TRIADA - GREECE

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ПРВ ДЕЛ ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС. Пакет за активирање на училиштата #ДЕЦАТАГИ ПРЕЗЕМААТУЧИЛИШТАТА СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО КАТЕДРА ЗА ДИДАКТИКА

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ - ПОДГОТОВКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА. Математичко-информатичко образование. Добрила Јовановска

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

УПОТРЕБАТА НА ЕВРОПСКОТО ЈАЗИЧНО ПОРТФОЛИО ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ И РАЗВИВАЊЕ АВТОНОМИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ Марија Кусевска 1.

Коисмение.Штозначиме.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Сузана МИОВСКА-СПАСЕВА УДК: :

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ ВО РАБОТАТА СО ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Алгпритам Центар Едукативен Центар

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Abstract. psychological and pedagogical survey. psiholo{ko - pedago{ki pregled. Danijela ILICH-STOSHOVICH. Даниела ИЛИЌ СТОШОВИЌ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

views - opinions - dilemmas pogledi - mislewa - dilemi Ljupcho AJDINSKI Љупчо АЈДИНСКИ

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

REVIEW OF SPECIAL EDUCATION PROGRAMS IN JORDAN: CURRENT PRACTICES, CHALLENGES, AND PROSPECTS

Dear Parents/Guardians,

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Прирачник за наставници

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

КНИГАТА И БИБЛИОТЕКАТА МОСТОВИ КОН НЕНАСИЛНА КОМУНИКАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ ЗБОРНИК НА СТРУЧНИ ТРУДОВИ. Битола, 2016.

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ Улогата на наставниците

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Состојба и перспективи на наставата по физика дизајнирана според преземени и адаптирани наставни програми

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

Проект: Поголема партиципација - подобри политики и регулативи. Екстерно оценување, предизвици и следни чекори: Екстерно оценување по секоја цена?

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

Centropa наставен час- Истражувачки проект. Centropa Филм : Годините си го Прават Своето. Наставник: Драган Ѓоргиевски

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Современи науки и технологии. Магистер по компјутерски науки / Насока: Информациски системи

Придржување кон препораките за ординираниот лек

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

Платон (427 п.н.е до 348 п.н.е) ученик на Сократ и учител на Аристотел

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

за спроведување обука за полициски интегритет Прирачник DCAF DCAF a centre for security, development and the rule of law

Zaedni~koto u~ewe e zabavno! Kako malite deca go u~at angliskiot jazik kako drug jazik

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

РОДОТ И КОНТРОЛАТА НА МАЛОТО И ЛЕСНО ОРУЖЈЕ (МЛО)

Task Force Education And Youth

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Спречување стрес на работното место

МОТОРНАТА ПИСМЕНОСТ СО ОСВРТ НА ФИЗИЧКАТА ПИСМЕНОСТ И ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ МОТОРНИ СПОСОБНОСТИ КОИШТО СЕ ВЕЖБААТ ВО ФИЗИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Mотивација

РЕЗИМЕ Вештини, не само дипломи Управување со образованието за резултати во источна Европа и централна Азија. Светска банка

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ОД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Transcription:

Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата Вебинар 12 - помошна стручна брошура ДИПЛОМА

Фонд за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) 2014 За авторот: Д-р Питер Грајмс е лектор за инклузија и развојно образование на универзитетот Крајст Черч во Кентербери, Британија, и виш специјалист за образование на Владата на Филипини. Интензивно работел во Европа, Југоисточна Азија, Индија и Јужна Африка, поддржувајќи го развојот на системите за инклузивно образование. Потребна е дозвола за репродукција на било кој дел од оваа публикација. Дозволата им се дава бесплатно на образовни или непрофитни организации. Другите ќе треба да платат мал надомест. Координација: Паула Фредерика Хант Уредување: Стивен Бојл Подготовка за печат: Камила Туве Етнан Ве молиме контактирајте со: Division of Communication, UNICEF, На внимание на: Permissions, 3 United Nations Plaza, New York, NY 10017, USA, тел.: 1-212-326-7434; е-пошта: nyhqdoc.permit@unicef.org Со голема благодарност до Аустралијан Еид (Австралиска помош) за цврстата поддршка на УНИЦЕФ и неговите колеги и партнери, кои се посветени на остварување на правата на децата и лицата со попреченост. Партнерството Права, образование и заштита (РЕАП) придонесува кон реализација на мандатот на УНИЦЕФ за заговарање заштита на правата на сите деца и за проширување на можностите за остварување на нивниот целосен потенцијал.

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата Вебинар брошура Како може да ви помогне оваа брошура Акроними и кратенки 4 6 I. Вовед 7 II. Што е тоа инклузивен наставник? 8 III. Настава и учење во инклузивни средини 12 Дали образовните потреби на децата со попреченост се поинакви или специјални?. 12 Постои ли специјална педагогија?... 17 Педагогија во чиј центар се децата...18 IV. Подготвителна обука за наставници 28 Разбирање на инклузивното образование... 28 Модели на обука за наставници... 30 Содржина на обуката за наставници... 31 Обучувачи на наставници... 32 Вклучување на лицата со попреченост во обуката за наставници... 33 V. Континуирана поддршка за наставниците 35 Континуирана обука за наставниците... 35 Поддршка за наставниците... 38 VI. Резиме 43 Поимник Библиографија 45 47 Фусноти 49 3

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Како може да ви помогне оваа брошура Целта на оваа брошура и придружниот вебинар е да им помогне на вработените на УНИЦЕФ и на нашите партнери да разберат како може да се подготват и да се поддржат наставниците за настава во инклузивни услови и кои наставни методи се најпогодни. Во оваа брошура ќе се запознаете со: Профилот на инклузивните наставници. Различните перспективи на посебните образовни потреби. Пристапи на настава за децата со попреченост во редовните училишта. Модели на подготовка за работа во инклузивни услови на идните наставници. Стратегии за поддршка и обука на наставниците кои веќе работат во инклузивни услови. За информации околу следниве сродни теми, погледнете ги другите модули во оваа серија: 1. Конципирање на инклузивното образование и негова контекстуализација во мисијата на УНИЦЕФ 2. Дефинирање и класификација на попреченоста 3. Законодавство и политики за инклузивно образование 4. Собирање податоци за детската попреченост 5. Мапирање на децата со попреченост кои не одат на училиште 6. ЕМИС и децата со попреченост 7. Партнерства, застапување и комуникација за социјални промени 8. Финансирање на инклузивното образование 9. Инклузивни предучилишни програми 10. Пристап до училиште и до наставна средина I физички, информатички и комуникациски 11. Пристап до училиште и до наставна средина II универзален наставен концепт 12. Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата (оваа брошура) 13. Учество на родителите, семејството и заедницата во инклузивното образование 14. Планирање, мониторинг и евалуација Како се користи оваа брошура Секој дел започнува со преглед на клучните точки. Линковите во рамките со активности ќе ве одведат до веб-страници со видеа и студии на случај за да го продлабочите своето разбирање на оваа тема. Прашањата во рамките со активности ќе ви помогнат да ги поврзете материјалите со оваа брошура. На крајот од секој дел ќе најдете рамка со прашања за рефлексија. Овие прашања ќе ви помогнат критички да размислите за содржината на оваа брошура и да ја ставите во сопствен контекст. Ве охрабруваме да разговарате за активностите и прашањата за рефлексија заедно со колегите и партнерите. Низ целата 4

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа брошура ќе најдете рамки со предлози за дополнителна литература, или алатки кои ќе ви помогнат да ги спроведете главните идеи. Ако во било кое време сакате да се навратите на почетокот од оваа брошура, едноставно кликнете врз изразот Вебинар 12 - помошна стручна брошура на горниот дел од секоја страница, и ќе бидете насочени кон Содржината. За да пристапите до помошниот вебинар, само скенирајте го QR кодот. ОБУКА ЗА ЛОКАЛНИОТ ПЕРСОНАЛ 5

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Акроними и кратенки ОЛП НВО УНЕСКО УНИЦЕФ Организација на лица со попреченост Невладина организација Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура Фонд за деца на Обединетите нации 6

I. Вовед Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Наставниците се клучни за обезбедување квалитетно образование за сите деца. Насекаде во светот, наставниците се посветени на обезбедување на правото на образование за сите деца. Иако многумина работат во тешки околности (големи паралелки, неадекватна инфраструктура, недостаток на основни наставни материјали, висок степен на отсуствување, нефлексибилни политики и наставни програми, ниски плати, и сл.), тие вредно работат за да одговорат на потребите на сите ученици во училиштата. 1 И покрај напорите на креаторите на политики, директорите и наставниците, многу деца сé уште немаат соодветно обучени и поддржани наставници кои ќе одговорат на нивните потреби. УНЕСКО проценува дека во светот се потребни уште 1,6 милиони наставници за да се обезбеди универзално основно образование до 2015 г. 2 Постои реален ризик дека под притисокот за зголемување на бројот на наставници во многу краток рок, квалитетот на нивната обука ќе опадне. Инклузивното образование може да се гледа како луксуз или како одговорност на специјалисти, 3 но тоа е пресудно за пристап до квалитетно образование за сите деца. 4 Добро обучените, поддржани и мотивирани наставници влијаат врз уписот, учеството и успехот на сите деца, а особено на децата со попреченост на кои им треба дополнителен поттик и поддршка за да дојдат и да останат на училиште. 5 Во брошурата 1, Конципирање на инклузивното образование и негова контекстуализација во мисијата на УНИЦЕФ, инклузивното образование се дефинира како: процес на решавање и одговарање на разновидните потреби на сите ученици преку зголемување на учеството во учењето, културата и заедницата, како и преку намалување на исклученоста во, и од образованието. Тоа вклучува промени и измени во содржината, пристапот, структурите и стратегиите, со заедничка визија, која ги опфаќа сите деца од соодветната возраст и со уверување дека државата е одговорна за образованието на сите деца. Затоа, инклузивното образование претставува динамичен процес кој налага континуирана поддршка и професионален развој на наставниците. Инклузивното образование не завршува со адаптирањето на училницата. Тоа претставува непрекината рефлексија и самооценување во целата училишна заедница, околу бариерите со кои се соочуваат децата при пристапот до квалитетно образование, и како тие да се отстранат. Во оваа брошура, ќе бидете охрабрени да размислите за неколку клучни прашања поврзани со наставата во инклузивни услови. Ве покануваме да разговарате за прашањата со вашите колеги и локални партнери, и да се обидете да ги поставите во вашиот конкретен контекст. Прашањата и активностите во секој дел ќе ви помогнат подлабоко да размислите и да проанализирате како се конципираат посебните образовни потреби, како наставниците одговараат на разновидноста во својата училница, и како се обучени и поддржани во вашиот контекст. Секој дел вклучува линк за дополнителна литература. Клучните прашања се: Што значи да се биде инклузивен наставник? Што се тоа посебни образовни потреби? Дали на децата со попреченост им требаат поинакви наставни техники и стратегии? Како може наставниците да се подготват за работа во инклузивни услови? Како може да се поддржат наставниците кои веќе работат во инклузивни услови? 7

Вебинар 12 - помошна стручна брошура II.Што е тоа инклузивен наставник? Клучни точки Инклузивното образование е одговорност на сите наставници. Не постои фиксен збир на вештини и знаења што треба да ги стекнат сите наставници за да може да држат настава во инклузивни паралелки. Инклузивното образование налага наставниците постојано да размислуваат за тоа како децата учат и учествуваат во паралелката, училиштето и заедницата, и за тоа како да ги земат предвид различните потреби на децата кога држат настава во редовните училишта. Инклузивните вредности и ставови се од суштинско значење. Наставниците кои веруваат дека имаат одговорност да ги учат сите деца се поефективни во целина. Во следните делови ќе биде разјаснето дека поимите како што посебни образовни потреби и посебна педагогија за децата со попреченост се проблематични. Сите наставници во своите паралелки ќе сретнат деца со различни потреби, способности и интереси. Во инклузивниот пристап, наместо етикетирање на одредени групи деца како посебни и вклучување на специјализирани наставници или центри за нивно образование, сите наставници се сметаат за одговорни околу учењето и благосостојбата на сите ученици во своите паралелки. Сите наставници треба да бидат инклузивни. Како што е објаснето во Воведот, инклузивното образование е динамичен процес. Затоа, не е можно да се обезбеди дефиниран збир од основни вештини и знаења што треба да ги имаат сите наставници за да држат настава во инклузивни средини. На пример, во која било дадена година, во паралелката може да има дете со оштетен вид и наставникот ќе треба да умее да ги прилагоди наставниот стил, содржината и материјалите, земајќи ги предвид специфичните потреби на децата со оштетен вид. Следната година, детето со оштетен вид веројатно ќе оди во наредното одделение, а во паралелката може да има дете со пречки при учењето. Наставникот ќе треба да ја прилагоди наставата на сосема поинаков начин. Наместо да се фокусираат само врз конкретните вештини и познавања на наставни стратегии, наставниците треба да развиваат рефлексивен став и инклузивни вредности. Тие треба да веруваат дека сите деца имаат право да одат во редовни училишта, да ги анализираат условите во училиштето и училницата и да размислуваат за тоа како да ги направат достапни и целисходни за сите свои ученици. Ова ќе треба да го прават преку непрекинат процес, бидејќи заедниците, културите, интересите, потребите и способностите на децата и наставниците постојано се развиваат. Како резултат на тоа, сите деца ќе се чувствуваат подеднакво вредни во инклузивните паралелки. Европската агенција за развој во образованието за посебни потреби изработи профил на инклузивни наставници 6 врз основа на четири основни вредности и сет компетенции поврзани со секоја основна вредност. Потврдено е дека инклузивните вредности и ставови во наставничката обука се суштински за инклузивните наставници. Активностите во инклузивните училишта (како на пр., адаптации на наставниот стил, содржината и материјалите) кои не се поврзани со инклузивните вредности како еднаквост, права, почитување на различноста, учество, и сл., се помалку одржливи и поповрзани со инструкции од повисоките органи. Затоа, вештините и знаењата што наставниците ги учат за да држат настава во инклузивни средини треба да бидат вградени во инклузивните вредности за да имаат смисла. 7 Наставниците кои веруваат дека имаат одговорност да ги учат сите деца се поефективни во целина. 8 8

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Вредност 1: Вреднување на разновидноста кај учениците различноста кај учениците се смета за ресурс и средство за образование. Области на компетенции за наставниците: Концепции за инклузивно образование. Гледиште на наставникот за разликите кај учениците. Вредност 2: Поддржување на сите ученици наставниците имаат високи очекувања за успехот на сите ученици. Области на компетенции за наставниците: Промовирање на образовно, социјално, практично и емоционално учење кај сите ученици. Ефективни наставни пристапи во хетерогени паралелки. Вредност 3: Работење со другите соработката и тимската работа се суштински пристапи за сите наставници. Области на компетенции за наставниците: Соработка со родителите и семејствата. Соработка со голем број други просветни работници. Вредност 4: Личен професионален развој. Области на компетенции за наставниците: Наставниците како рефлексивни практичари. Иницијалното образование на наставниците како основа за постојано професионално учење и развој. Активност Погледнете го видеото за Лора и Карлос: https://www.youtube.com/watch?v=bp5dhoek0_w Прашања за рефлексија: Што може наставниците да направат за да го поддржат учењето на Лора и Карлос? Како вредностите и ставовите на наставниците на Лора и Карлос влијаат врз процесот на учење? Што мислите, кои се основните знаења, вештини и ставови кај наставниците на Лора и Карлос? 9

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Погледнете го поглавјето IV, потточка Содржина на обуката за наставници за подлабоко да размислите околу основните компоненти на обуката за наставници. Прашања за рефлексија Дали клучните чинители во вашата земја (наставниците, родителите, децата, креаторите на политики, и сл.) ги делат основните вредности за инклузивни наставници? Што мислите, кои се клучните ставови, вештини и знаења на инклузивните наставници? Дали тие се различни од ставовите, вештините и знаењата што наставниците општо треба да ги имаат? Дали наставниците во вашата земја имаат доволно поддршка за да ги стекнат потребните ставови, вештини и знаења околу држење настава во инклузивни услови? Ако не, што недостига? Што треба да се промени за наставниците подобро да се подготват за работа во инклузивни услови? Што може УНИЦЕФ и другите агенции или партнери уште да направат за поддршка на наставниците и засегнатите страни при занимавање со потребните ставови, вештини и знаења за настава во инклузивни услови? 10

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа За да дознаете повеќе, одете на: http://www.european-agency.org/news/teacher-education-for-inclusion-profile-of-inclusive-teachers Дополнителни прашања по читањето на профилот на инклузивни наставници: Дали профилот на инклузивен наставник се вклопува во вашиот контекст? Дали компетенциите наведени во профилот на инклузивни наставници се различни од знаењата, вештините и ставовите што треба да ги има секој наставник? Како со подготвителната и континуираната обука во вашата земја наставниците веќе се подготвуваат да ги стекнат компетенциите наведени во профилот? Кои компоненти недостигаат во обуката за наставници во вашата земја? Како тоа влијае врз спроведувањето на инклузивното образование? Активност Со колегите направете скица за тоа како мислите дека треба да изгледа инклузивен наставник во вашиот контекст. Обидете се да размислите за основните вредности и компетенции на инклузивните наставници. Проследете го ова со дискусија за начините на кои може да се поддржи развојот на инклузивните наставници преку активностите на УНИЦЕФ и партнерите. 11

Вебинар 12 - помошна стручна брошура III.Настава и учење во инклузивни средини Клучни точки Постојат два начина за конципирање на образовните потреби на децата со попреченост: Индивидуалното гледиште го сместува проблемот во самото дете со попреченост, што доведува до негово етикетирање како посебно. Ова е проблематично поради неколку причини: етикетирањето ги намалува очекувањата на наставникот кон децата со попреченост; наставниците може да сметаат дека не се одговорни, ниту пак способни за подучување на тие деца; и се пропуштаат можности за внесување промени во наставниот стил, паралелката и во училишната средина, кои би биле корисни за сите деца. Наставното гледиште го проблематизира образовниот систем, а не детето со попреченост. Тоа се заснова врз претпоставката дека сите деца може да доживеат тешкотии на училиште и дека тие тешкотии укажуваат на начините со кои наставата и учењето може да се подобрат за сите деца. Сите деца со попреченост не ги делат истите наставни потреби и не е можно за нив да се утврдат посебни наставни стратегии кои се значително различни од општите наставни стратегии. Бидејќи нема конкретни наставни стратегии за децата со попреченост, инклузивните наставници ја користат и ја адаптираат педагогијата во чиј центар се децата за да ги исполнат потребите на сите деца. Клучните елементи на педагогијата во чиј центар се децата се: овозможување повеќе патишта на учење; поттикнување кооперативно учење; создавање целисходни наставни можности; развивање атрактивни и флексибилни наставни средини; и преосмислување на стратегиите за оценување, и менување на улогата на наставниците. Дали образовните потреби на децата со попреченост се поинакви или посебни? За да се одговори на ова прашање, важно е прво да се испитаат начините на кои децата учат. Сите деца без исклучок можат да учат, но како учат се разликува во различни точки од животот, а може да се разликува и за различни теми. Некои деца учат од слушање на наставникот, додека другите повеќе сакаат да прават вежби, користејќи нагледни средства или групни дискусии. Може да се разграничат седум различни патеки на учење: 9 12

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Вербално или јазички Децата размислуваат и учат преку пишување и говор, помнење и потсетување Логички или математички Децата размислуваат и учат преку резонирање и сметаање. Лесно користат броеви, препознаваат апстрактни обрасци и вршат прецизни мерења Визуелно или просторно Телесно или кинетички Децата размислуваат и учат преку нагледни средства. Сакаат уметност, лесно читаат мапи, дијаграми и графикони Децата учат и размислуваат преку движење, игри и драма Музички или ритмички Децата учат преку звуци, римување, ритам и повторување Интерперсонално Децата учат во групи преку соработка. Лесно ги разбираат социјалните ситуации и лесно развиваат односи Интроперсонално Децата учат преку концентрација и саморефлексија. Можат да работат сами и се свесни за своите чувства, предности и слабости Во паралелка каде наставникот користи само учење напамет, повторување на наставната содржина одново и одново, наставниот пристап веројатно ќе одговори само на мала група ученици (оние кои претпочитаат вербално учење). Другите деца може да имаат повеќе тешкотии во следењето на наставата. Ова не мора да значи дека имаат тешкотии при учењето. Погледнете го Поглавје III, потточка Повеќе патеки на учење, за да прочитате повеќе околу тоа како да се земат предвид различните патеки на учење при планирањето на часовите и наставните активности. Традиционално, во многу земји каде децата со попреченост доживувале образовни тешкотии, проблемот бил лоциран во детето - што водело до дијагнозата дека детето има посебни образовни потреби. Ова се нарекува и индивидуално гледиште за ученикот. 10 Образовните тешкотии се дефинираат врз основа на индивидуалните карактеристики, како што е попреченоста кај детето. Тоа се заснова на следните претпоставки: Се идентификува група деца кои се посебни или поинакви. На овие деца им треба посебна настава за да се одговори на нивниот проблем. Најдобро е децата со слични проблеми да се подучуваат заедно. Другите деца се нормални и ги користат постојните форми на образование. 13

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Индивидуалното гледиште се критикува поради неколку причини: 11 Етикетирањето или ставањето на децата во категории, на пример: деца со оштетен вид, може да ги намали очекувањата на наставниците кон овие деца. Прекумерната заштита од наставниците може да доведе до недволен предизвик и стимулација. На пример, за да се избегне притисокот, децата со интелектуална попреченост може да се замолат да цртаат, додека другите деца работат писмени вежби. Ова може да биде здодевно, да ги жигоса децата и на крајот да доведе до многу мал образовен напредок кај детето. Поделбата на децата во категории или типови ја поттикнува идејата дека овие групи деца треба да се учат на ист специјален начин (види повеќе за специјалната педагогија во Поглавје III, потточка Постои ли специјална педагогија? ), од страна на поинакви видови наставници, па дури и во поинаква средина. На пример, вообичаена практика е на децата со попреченост да им се зададат дополнителни или посебни задачи за да се изедначат со другите во паралелката. За ваквите посебни задачи, децата често се двојат од класот кога другите имаат одмор, часови по ликовно или физичко. Ова не само што ги изолира, туку и пропуштаат активности кои се важни за развојот на социјалните или другите вештини потребни за севкупниот развој. Пред сè, тоа ги жигосува децата. Исто така, присуството на дополнителни возрасни заради поддршка на одделни деца во класот може да стане пречка за интеракцијата меѓу детето и другите во паралелката, освен ако дополнителниот возрасен не се гледа како помош за поголема флексибилност на наставата за сите деца. Поради фокусот врз индивидуалните карактеристики (како на пр., интелигенција, слух, и сл.), наставниците може да помислат дека не е можно да се надминат тешкотиите при учењето на детето, или дека стручни лица треба да се занимаваат со нив. Повеќето деца не се вклопуваат уредно во категории, а различни стручни лица може да дадат противречни совети за истото дете. Категоризацијата на децата може да ја зацврсти идејата дека на децата со попреченост им требаат дополнителни ресурси и ја намалува самодовербата кај редовните наставници, кои може да помислат дека децата со попреченост можат да научат само со такви дополнителни ресурси. Поради индивидуалниот фокус, не се преиспитуваат пошироката училишна заедница, училишната организација и наставниот план. Може да се пропуштат можности за подобрување на училиштето за сите деца. 14

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Дијаграм Детето како проблем. 12 Детето има попреченост Детето не може да оди на училиште Детето не реагира, не може да учи,... Детето не може да ја следи наставната програма Детето како проблем На детето му треба посебна опрема На детето му треба специјален наставник Детето не е прифатено од другите Во последно време, наместо да се проблематизира детето, се проблематизира образовниот систем. Ова понекогаш се нарекува наставно гледиште. 1 3 Образовните тешкотии се дефинираат врз основа на услугите и активностите предвидени за децата, и условите создадени во училиштето и заедницата. Клучните претпоставки се: Секое дете може да доживее тешкотии на училиште, а не само децата со попреченост. Ваквите тешкотии може да укажат на начините со кои може да се подобри наставата. Овие подобрувања водат до подобри услови за учење на сите деца. Наставниците треба да добијат поддршка за развивање на поинклузивна практика (наместо да се внесуваат специјалисти кои ќе работат со децата со попреченост). 15

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Дијаграм Образовниот систем како проблем. 14 Наставниците не го разбираат инклузивното образование Крута наставна програма Непристапни училишта Недостиг на наставни помагала и опрема Образовни от систем како проблем Наставниците и училиштата немаат поддршка Родителите не се вклучени Децата не се во центарот на наставата Прашања за рефлексија Како се дефинираат поимите попреченост и посебни потреби во вашата земја? Како тоа влијае врз актуелните интервенции и програми за децата со попреченост? Дали децата со попреченост се вклучени во редовните училишта или се сегрегирани во специјални училишта? Што мислите, колку се ефективни актуелните аранжмани за вклучување на децата со попреченост во училиштата во вашата земја? Како може да се подобрат сегашните аранжмани? 16

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Постои ли специјална педагогија? Терминот педагогија во образованието најчесто се користи за да означи чин на настава заедно со придружниот дискурс. Тоа е она што треба да се знае, како и вештините што треба да се совладаат. 15 Истражувачите дебатираат дали наставата за децата со попреченост бара специфични наставни приоди, или дали наставниците може да ги користат редовните наставни приоди. Постојат два главни става во ваквата дебата: 16 Ставот на уникатни разлики. Учениците имаат потреби кои се заеднички за сите и потреби кои се уникатни за нив како поединци. Наместо да претпостават дека постои посебен педагошки пристап за децата со попреченост, за да одговорат на потребите на сите ученици, наставниците користат педагогија во чиј центар се децата. Некои ја нарекуваат педагогија по мерка на децата за да нагласат дека наставниците не треба секогаш да одговараат на децата поединечно, туку дека понекогаш може да одговорат на нивните заеднички потреби. Ставот на општи разлики. Освен потребите кои се заеднички за сите ученици и освен уникатните индивидуални потреби, учениците имаат потреби специфични за нивната подгрупа. Меѓутоа, децата не потпаѓаат уредно во подгрупите (кои често се поврзуваат со попреченоста: на пр., деца со комбинирана попреченост). Истражувачите не можат да најдат докази во поткрепа на аргументот дека сите ученици во подгрупата имаат исти потреби. Слично на тоа, не постојат јасни докази во поддршка на аргументот дека за подгрупите се потребни конкретни наставни стратегии кои се значително поразлични од општите наставни стратегии. Претпоставката дека децата со попреченост имаат посебни потреби и дека им требаат специфични наставни методи може да ги натера редовните наставници да помислат дека не се способни, ниту одговорни за подучување на сите деца во училницата. Концептите континуум на наставните пристапи со висок интензитет и со низок интензитет се воведени за да се нагласи дека наставните пристапи што наставниците ги користат в училница се исти за сите деца. Меѓутоа, за некои деца, пристапите се користат поинтензивно или понеинтензивно. Општо, не се смета за корисно да се поттикнуваат наставниците да веруваат дека постојат специјални и различни наставни приоди потребни за децата со попреченост. Наставниците треба да се охрабрат да ги вклучат и да ги учат сите деца во редовната настава. 17

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Прашања за рефлексија Како наставниците во вашата земја одговараат на децата со попреченост во редовната настава? Колку се ефективни тие пристапи? Што мислите, кои се бариерите што ги спречуваат наставниците поинаку да размислуваат за педагогијата? Како УНИЦЕФ и другите агенции може да го поддржат овој процес? Педагогија во чиј центар се децата Како што е објаснето во претходните делови, наставниците во училиштата ќе сретнат деца со многу различни потекла, способности, интереси и наставни потреби. Бидејќи не постои посебна педагогија за подучување на децата со попреченост, наставниците во инклузивните средини користат педагогија во чиј центар се децата за да ги исполнат потребите на сите деца. Меѓутоа, не е многу корисно да се направи крута поделба меѓу образование во чиј центар е наставникот и образование во чиј центар се децата. Во многу делови од светот, образованието е многу традиционално (учење напамет), а во многу култури почитувањето на наставникот е многу важно. При спроведување на педагогија во чиј центар се децата, треба да се почитуваат и да се земат предвид локалните услови и култура. Елементи на педагогијата во чиј центар се децата може да се применат во потрадиционални околности. 1 7 Клучната работа што треба да се запомни е дека за наставниците да развијат поинклузивна педагогија, често треба да започнат со менување на своето однесување в училница: каде стојат, како ги користат ресурсите, начинот на кој зборуваат и комуницираат со децата, и како ги оценуваат. Ова може да се види во студијата на случај од Проектот за инклузивно образование во Лаос, во текстот за активноста подолу. 18

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Активност Прочитајте ја студијата на случај Инклузивен час на стр. 105 http://www.eenet.org.uk/resources/docs/a_quality_education_for_all_laopdr.pdf Размислете за следниве прашања: Како наставничката го променила однесувањето при наставата, во споредба со традиционалните пристапи за учење напамет? На кои начини оваа наставничка ги вклучува сите деца во часот и го поддржува нивното учење? Како умее поефективно да оцени што научиле децата? Главни одлики на наставните пристапи во чиј центар се децата: Некои од пристапите употребени во студијата на случај се објаснети подетално во следниов дел. Целисходни наставни можности Ако учениците ги разбираат целта на часот и училишните активности, ќе бидат помотивирани. Важна е поврзаноста меѓу што и како се предава со секојдневниот живот на децата. Ова може да се направи само ако наставниците вложат напор да се поврзат со своите ученици, ако знаат што им е важно и ако создадат опуштена атмосфера во која учениците ќе се чувствуваат безбедно да разменуваат едни со други и со наставникот. Идеи за тоа како да се воспостави ваквата поврзаност се следниве: 18 Часот нека се надгради врз претходното знаење и вештини на учениците. Наставникот треба многу добро да ги познава учениците и да им даде можност да покажат што знаат и значајно да придонесат на часот. При објаснување нови концепти, користете ги секојдневните искуства на децата како примери. Ова за нив ќе ја зголеми релевантноста на наставата. Учениците може да се охрабрат да донесат предмети од дома и да ги споделат своите приказни и искуства. Повторно, наставникот треба да биде многу свесен за животните околности и културата на учениците. Наставата направете ја целисходна со давање можност децата во секојдневни ситуации да го практикуваат она што го научиле. 19

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Поврзете го она што децата го учат по еден предмет со она што го научиле по друг предмет. Многу предмети се меѓусебно поврзани и важно е да се покаже ваквата кохерентност. Повеќе патеки на учење Децата учат на различни начини. Повеќето ги користат сите различни патеки на учење во текот на наставниот процес (види Поглавје III, потточка Дали образовните потреби на децата со попреченост се поинакви или посебни? ). Наставниците треба да умеат да ги насочуваат ваквите патеки на учење со помош на различни наставни приоди, со цел сите деца да учествуваат и да учат заедно. 19 Наставниците стануваат рефлексивни практичари во рамките на педагогијата во чиј центар се децата. Тие треба постојано да размислуваат за следново: Кои патеки на учење им се најпријатни на децата во класот. Причините зошто некои деца не напредуваат со исто темпо како другите. Стратегиите и техниките со кои на сите деца ќе им се овозможи да учат и да бидат успешни. Како за сите да се приспособат ресурсите, активностите и/или пристапот. Мотивацијата и ангажманот на децата, и влијанието на нивното конкретно потекло и искуства. Како културните претпоставки ја обликуваат интеракцијата со, и меѓу децата, со другите наставници и родителите. Во зависност од многу фактори - како на пр., темата на лекцијата, конкретните патеки на учење на учениците, контекстот и вештините на наставниците - наставникот ќе користи различни наставни приоди како следниве: Давање можности за истражување, изразување, учење и консолидирање на знаењето. Давање слобода децата да ги користат сопствените вештини на истражување и решавање проблеми, како и нивно насочување најдобро да ги искористат своите природни таленти. Многу наставници добро го познаваат учењето напамет. Често, и самите минале низ овој традиционален стил на настава кога биле деца и за време на подготвителната обука за наставници. Наставниците треба да се охрабрат да им даваат можности на децата за истражување и доживување (на пр., преку екскурзии и едукативни игри), да потпомагаат групни дискусии и работа во групи и да користат широка низа наставни средства. Принципите на универзалниот наставен концепт може да се употребат за да се одговори на различните потреби и стилови на учење кај децата. Клучните принципи на универзалниот наставен концепт се: 20 Обезбедување повеќе начини на претставување. Децата се разликуваат во начинот на кој ги примаат и ги разбираат информациите. На пример, децата со сензорна попреченост, пречки при учењето или со различна културна припадност поинаку приоѓаат кон содржината. Користењето различни начини на претставување им овозможува на учениците да воспостават врски во, и меѓу концептите. Така ќе се зголеми квалитетот на наставата за сите деца. Наставниците може наизменично да користат визуелни и аудитивни информации, разни локации на изложување, да појаснуваат симболи и вокабулар, да илустрираат преку повеќе медиуми, да ги нагласат шаблоните, и сл. Обезбедување повеќе начини на активност и изразување. Децата се разликуваат во тоа како го изразуваат она што го знаат. На пример, можеби децата со пречки во говорот ќе сакаат да се искажат преку пишани текстови, наместо усно. Сите деца користат различни стилови на изразување во 20

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа процесот на учење. На пример, наставниците може да користат асистивни уреди и помагала за алтернативна комуникација, да ги охрабрат децата да истражат различни начини на комуникација и изразување, и да им овозможат да го изразат она што го научиле на различен начин (писмено, усно, преку цртежи, и сл.) во различно време. Обезбедување повеќе начини на вклучување. Децата имаат различни мотиви за учење. Некои се вклучуваат преку нешто ново и спонтано, додека ова ги плаши другите кои повеќе сакаат структура и рутина. Некои деца сакаат да работат индивидуално, додека други сакаат да работат во групи. Наставниците може да понудат избор и самостојност, да ја минимализираат опасноста и одвлекувањето на вниманието, да ги потпомогнат вештините за снаоѓање, и да развиваат самооценување и рефлексија. Види и брошура 11 за повеќе информации околу универзалниот наставен концепт. Учење преку соработка При учењето преку соработка, учениците ги делат одговорноста и средствата во насока на остварување заеднички цели. Кооперативната групна работа може да биде моќна за подобро разбирање на поимите кај децата и за позитивни ставови кон работата и кон другите. Кога добро се спроведува, работата во групи им овозможува на наставниците да поминат повеќе време со поединците и со малите групи. 21 Постојат различни пристапи кон кооперативното учење и работата во групи. За наставниците е важно да размислат како да ги поделат децата во групи. За ефективна групна работа во инклузивната настава, особено кога има деца со попреченост, најдобро е да се избегнува формирање на групи врз основа на степенот на способност. Ставањето на децата со попреченост во една група може да предизвика стигматизирање и нуди малку можност за соработка и учење. Формирањето групи со деца од различна заднина обезбедува најмногу наставни можности за сите. 22 Наставниците треба да создадат средина во која децата ќе се чувствуваат ценети и поддржани да преземаат ризици и да придонесуваат. Групната работа треба внимателно да се испланира за да биде целисходна за сите, а наставниците треба да бидат на располагање во текот на задачите и да дадат поддршка кога треба. Децата ќе треба да научат и да применуваат вештини за успешна работа во групи (разбирање на зададеното, поделба на задачите и ресурсите, наизменична работа, вреднување на меѓусебниот придонес, изразување идеи, активно слушање, итн.) Секое дете може да има улога. Улогите треба да се ротираат и секој треба да биде лидер на тимот. Исто така, важно е децата со попреченост да добијат вредна и клучна улога во работата на групата. Често е потребно со децата да се утврдат основни правила на однесување пред почетокот на работата во групи. 23 За да има смисла, работата во групи треба да оди подалеку од ситуации во кои децата индивидуално ги завршуваат задачите и им помагаат на другите кога треба. Најинтересните наставни искуства произлегуваат од ситуации каде децата зависат едни од други и мора да соработуваат за да ја завршат задачата. Различните форми на меѓусебна зависност за време на групната работа се: 24 Меѓузависност заради цел: групата има единствена цел. Меѓузависност заради награда: целата група добива признание за постигнување на целта. Меѓузависност заради ресурси: секое дете има различни ресурси (материјали и знаење) кои треба да се искомбинираат за да се заврши задачата. 21

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Меѓузависност заради улоги: секое дете има различна улога што е потребна за да се заврши задачата (чувар на време, известувач, и др.) Атрактивни и пристапни наставни средини Паралелката и училишната средина може да поддржат учење и настава во чиј центар се децата. Наставните простори од ваков тип нудат добредојденост за сите деца, безбедни се за сите, овозможуваат еднакво учество на сите ученици и ставаат фокус врз самостојно откривање. 25 Иако е важно да се создадат привлечни и пристапни наставни простори за сите, ова не е крајната цел, туку е средство за реализација на наставните пристапи во чиј центар се децата и со кои се почитува и се уважува правото на сите деца на пристап до квалитетно образование. Некои одлики на наставните простори во чиј центар се децата вклучуваат: 26 Физички простор: погрижете се сите деца да можат слободно да се движат во класот и низ училиштето, да работат индивидуално и во групи, и да приоѓаат кон наставните ресурси кога им треба. Катчиња за учење: во училницата направете различни катчиња за учење, каде децата ќе учат самостојно или во мали групи, преку самонасочено учење. Во секое катче треба да има ресурси и упатства. Катчињата на децата им овозможуваат да го збогатат претходно наученото, да вежбаат нови вештини и да истражуваат нови концепти. Учениците може да учествуваат во планирање, организирање и управување со катчињата за учење. Ова ќе ја зацврсти врската меѓу домот и училиштето. Изложбени простори: направете изложбена табла во училницата, на која ќе ги прикажете изработките на (сите) деца и ќе дадете повратни коментари за активностите. Често менувајте ја содржината на таблата и користете ја како наставно помагало. Одделенска библиотека: книгите се многу ефективни наставни помагала кои им помагаат на децата да научат нови концепти, да го развијат јазикот и да разбираат пораки. Локалните книги или книгите направени од децата може да бидат исто толку ефективни како и скапите книги за деца. Оценување Во различен момент од часот, неделата, полугодието или годината, сите наставници ќе сакаат да знаат што научиле нивните ученици и како умеат да ги применат знаењата, вештините и ставовите. Во традиционалниот наставен пристап, оценувањето обично е сумативно. Децата треба да меморираат обично тешка содржина на наставните планови и еднаш или двапати годишно да покажат што запомниле на писмени или усни тестови. Овој пристап претставува пречка за многу деца. Децата кои имаат тешкотии да обработат големи количества содржина, на кои им треба повеќе време да одговорат на прашања или кои тешко го изразуваат тоа што го научиле писмено или усно може да не поминат на тестот, иако научиле и стекнале нови вештини и знаења. Со континуираното формативно оценување, што се користи во инклузивни паралелки во чиј центар се децата, сите деца имаат можност да покажат што научиле на различен начин, во согласност со различните патеки на учење. Континуираното оценување обезбедува повратни информации за наставниците, кои во секој момент може да ги прилагодат часовите за децата разберат што се случува, а пак децата учат како може да напредуваат. Тоа помага на родителите редовно да им се соопштуваат силите и слабостите, за и тие да се вклучат во процесот на учење на своите деца во текот на учебната година. Во овој пристап, оценувањето му служи на образовниот процес преку унапредување на учењето и насочување на наставата. Тоа е оценување за и на учењето. 27 22

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Техниките на формативно оценување може да вклучат: 28 Набљудување и евиденција на забелешките, фактички неосудувачки белешки за активностите на децата. Поставување отворени прашања за време на активностите за да се оцени способноста на децата вербално да се изразат и да се дознае зошто се однесуваат на одреден начин. Тестови за проверка, за да се дознае што децата веќе знаат и умеат да прават, и за да се обезбедат целисходни наставни можности. Портфолија за оценување. Портфолиото опфаќа примероци од работата на детето (писмени изработки - состави, стории и извештаи; илустрации - слики, мапи, дијаграми, математички листови, и сл.) Исто така, може да се евидентираат воннаставните активности на децата, како на пр., функција во класната заедница. Портфолијата покажуваат што научило детето и како го научило тоа. Фокусот е на успесите, а не на неуспесите. Преку портфолиото, детето може да се вклучи во оценувањето, на пример, така што ќе одлучи што да се стави во него. Портфолиото може да се користи за оценување на напредокот на детето во одреден период (наместо меѓусебно да се споредуваат резултатите на децата). Тоа служи како основа за дискусија со децата и нивните родители за напредокот во учењето. Стории за учењето: оваа форма на наративно оценување вклучува писмена документација и слики од учењето на детето. Таа не се фокусира на грешките или слабостите. Со неа се потврдува дека учењето се одвива преку уникатна интеракција на децата со светот. Родителите и децата обично се вклучуваат во документирање на учењето. Квизови, листи за проверка, тестови, дневници и средби за наученото, и сл. Повратните коментари се многу важен дел од формативното оценување. Со нив децата се мотивираат, се информираат за тоа како напредуваат и им се покажува како може да се подобрат. Но, наставниците треба да внимаваат како ги оценуваат и како им даваат повратни информации на децата, особено во инклузивната настава. Често, на децата со тешкотии при учењето не им се поставуваат директни прашања на час, за да не се посрамотат и да не се наруши текот на часот. Ова ги остава без повратни информации долго време. Наставниците треба да изнајдат начин да ги вклучат сите деца во оценувањето и во повратните коментари. Нив може да ги дадат наставниците, врсниците, родителите и самите деца. 29 Разлики меѓу сумативното и формативното оценување: 30 Сумативно оценување Формативно оценување Оценување на успехот на детето Оценување на напредокот на детето На крајот на модулот или курсот За време на курсот или модулот Заради конечна оценка на она што го постигнало детето Заради давање можности за подобрување на процесот на учење 23

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Активност Погледнете го ова видео со примери за стратегии на формативно оценување: https://www.youtube.com/watch?v=ab4hbisoonu Прашања за рефлексија: Како се одразени клучните принципи на образованието во чиј центар се децата во овие стратегии на формативно оценување? Како формативното оценување го зголемува квалитетот на образованието во видеото? Зошто со формативното оценување на децата со попреченост им се даваат повеќе можности да покажат што научиле отколку со сумативното оценување? Менување на улогите на наставниците Во потрадиционални образовни средини, наставникот има јасна улога: тој им дава информации на децата. При примена на пристап со поголем фокус врз децата, улогата на наставникот ќе се промени. Тој повеќе нема да има фиксна улога, туку ќе се адаптира на ситуацијата. Можните улоги за наставниците во настава со фокус врз децата се: 31 Модератор: обезбедува соодветни можности за учење и ги поттикнува децата да даваат конструктивни идеи. Раководител: планира и насочува дискусии за сите деца да дадат придонес. Набљудувач: ги набљудува децата додека работат сами, во групи и додека играат. Ова ќе му помогне подобро да ги разбере и да смисли подобри наставни активности. Ученик: размислува за часовите и бара начини како да ги направи поцелисходни во иднина. Развивање инклузивна култура Инклузивното образование е повеќе отколку сместување на децата со попреченост во редовните училишта; тоа е повеќе од адапација на училницата; па дури и повеќе од менување на педагогијата. Инклузивните училишта делат култура на инклузија која влијае врз начинот на нивното работење, изработката и примената на политиките, решавањето на проблемите, поддршката на наставниците и вклучувањето на заедниците. 32 24

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа Општите карактеристики на инклузивната училишна култура се: 33 Прифаќање на разликите кај учениците и персоналот како ресурси. Организациски карактеристики со кои се поддржува здружување меѓу вработените. Кооперативен интеракциски стил на решавање на проблемите кај персоналот и децата. Рефлексивен став што доведува до измени во програмите и стратегиите на училишниот персонал. Лидерство кое се дели и се распределува меѓу формалните лидери и вработените. Подготвеност за борба околу одржување на инклузивните практики. Разбирање на општествено-политичката природа на инклузијата. Користење на јазикот и симболите за пренесување на идеите и ширење на заложбата во училиштето и во заедницата. Фокус врз учениците наместо врз содржината при планирање на наставните активности. Бескомпромисна посветеност и верба во инклузивното образование. Стратегии за развивање инклузивна култура во училиштата: 34 Преведување на националните политики за инклузивно образование во политики на училиштето. 35 Ваквите училишни политики треба да опфатат заложба за недискриминација и вклучување, изработка на училишна рамка во чиј центар се децата, самооценување и планови за развој на училиштето. Ваквите политики треба да бидат одразени во сите аспекти на училишниот живот: наставата и односите в училница, училишните и состаноците на одборот, надзорот на наставниците, екскурзиите, однесувањето надвор, буџетот и секоја интеракција со локалната заедница или со пошироката јавност. Вклучување на здруженијата на наставници, училишните одбори, здруженијата на родители и наставници, и другите функционални групи за училишна поддршка во програми за поголемо разбирање и познавање на попреченоста. Ставање крај на сегрегацијата во училиштата преку: Обезбедување заложба за инклузивна настава. Развивање општински политики за инклузивни наставни средини, вклучувајќи училишта, наставници, општински функционери, училишни администратори, родители и деца, како и други чинители. Обезбедување поддршка за децата со попреченост во редовните паралелки. Редовно следење на училиштата заради спречување формална или неформална сегрегација. Следењето треба да ги вклучи родителите на децата со попреченост, за системите да бидат транспарентни и одговорни пред нив и нивните деца. 25

Вебинар 12 - помошна стручна брошура Прашања за рефлексија Како клучните одлики на образованието во чиј центар се децата може да им помогнат на наставниците да осмислат часови што ќе ги исполнат потребите на сите ученици со попреченост? Кои одлики на образование во чиј центар се децата веќе се користат во вашата земја? Каква поддршка и обука им треба на наставниците во вашата земја за да применуваат педагогија во чиј центар се децата? 26

Вебинар 12 - помошна стручна брошураа За да дознаете повеќе, одете на: Наставниците често сметаат дека е корисно да научат нови идеи со кои ќе ги модифицираат часовите и училишните средини за да ги исполнат потребите на децата со попреченост. Тоа ги уверува дека наставата за учениците со попреченост во редовните училници не бара сложено и специјализирано знаење, вештини и материјали. Така се потврдува дека умеат да учат деца со попреченост, користејќи наставен пристап во чиј центар се децата. Такви идеи може да се најдат во следниве извори: Алатки за создавање инклузивни средини по мерка на учениците, http:// www.unescobkk.org/education/inclusive-education/resources/ilfe-toolkit/ Прирачник за училишта по мерка на децата: http://www.unicef.org/publications/ files/child_friendly_ Schools_Manual_EN_040809.pdf Наставнички водич за разбирање и одговарање на потребите на децата во училницата: http://unesdoc. unesco.org/images/0012/001243/124394e.pdf Стратегии за инклузивна настава на наставниците: http://www.cte.cornell.edu/ teaching-ideas/building-inclusive-classrooms/inclusive-teaching-strategies.html Дополнителни прашања по читање на изворите: Како овие водичи за настава на децата со попреченост го подобруваат квалитетот на наставата и учењето за сите деца? Дали некои стратегии се скапи или комплексни за примена во вашиот контекст? Зошто мислите така? Кои стратегии се нескапи? Кои може лесно да се применат во редовните училишта во вашиот контекст? За кои стратегии на наставниците ќе им треба дополнителна поддршка? Каде може да ја најдат во вашата земја? Колкава флексибилност за адаптација, кога е потребна, дозволуваат наставната програма и постапките на оценување во вашата земја? 27

Вебинар 12 - помошна стручна брошура IV.Подготвителна обука за наставници Клучни точки Дефинирањето на инклузивното образование влијае врз обуката за наставници. Во земјите каде политиките за попреченост се втемелени во медицинскиот модел, обуката за наставници ќе се фокусира врз идентификување на децата со попреченост, импликациите од попреченоста врз способноста за учење и наставните стратегии за нив - наместо врз основните вредности и педагогијата во чиј центар се децата, со што се намалува потребата од посебни прилагодувања за децата со попреченост. Втемелениот пристап според кој сите идни наставници учат за инклузивното образование во сите елементи од обуката е поефективен при нивната подготовка за работа во инклузивни услови отколку одвоените модули за инклузивно образование. Сите наставници треба целосно да ја разбираат инклузивната педагогија и основните вредности. Тие треба да стекнат основно разбирање за различните групи попречености и како да направат адаптација за на децата со попреченост да им овозможат учество во редовното образование врз основа на принципите за инклузија. Идеално, професорите на идните наставници треба да имаат практично искуство во инклузивно образование и да моделираат педагогија во чиј центар се децата, како и саморефлексија во наставниот пристап. На идните наставници им треба искуство во успешни инклузивни училишта, каде ќе учат од искусни инклузивни наставници кои моделираат ефективни практики. Лицата со попреченост треба да се вклучат во обуката за наставници. Редовната обука често не успева на наставниците да им влее самодоверба, вештини и знаења што им се потребни за поддршка на учењето кај децата со попреченост во редовната настава. Недостатокот на поддршка за наставниците да ги исполнат потребите на сите ученици е една од клучните причини зошто толку многу деца со попреченост сé уште не одат на училиште, го напуштаат предвреме или се исклучуваат од настава. На сите наставници им треба соодветна почетна обука, поддршка на работното место и континуирано стручно усовршување во инклузивното образование. 36 Наставниците кои се обучени за инклузивно образование умеат да ја препознаат и да ја ценат разновидноста кај учениците и се попозитивни кон вклучување на децата со попреченост во редовните училишта. 37 Разбирање на инклузивното образование Постојат многу различни дефиниции за инклузивното образование. Разбирањето што претставува тоа не само што се разликува од земја до земја, туку може во голема мера да варира од нивото на политика до нивото на пракса во земјата. Важно е да се размисли како инклузивното образование се сфаќа во обуката за наставници, бидејќи ова влијае врз неговата имплементација. Повеќето меѓународни конвенции, договори и цели за инклузивно образование се засновани врз моделот на права, т.е. социјалниот модел на попреченост (види брошура 3, Законодавство и политики за инклузивно образование, за повеќе информации околу пристапот кон инклузивното образование базиран на права). Дури и во земјите каде националните политики за инклузивно образование се 28