Број јули 2016, четврток година LXXII

Similar documents
С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Март Opinion research & Communications

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Број ноември 2015, среда година LXXI

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Број јануари 2015, среда година LXXI

Број јули 2014, среда година LXX

Трет круг на евалуација

С О Д Р Ж И Н А. Број 105 Год. LXVI Четврток, 5 август 2010 Цена на овој број е 220 денари. Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 99 Год. LXI Среда, 16 ноември 2005 Цена на овој број е 300 денари 1334.

С О Д Р Ж И Н А. Број 93 Год. LXI Понеделник, 31 октомври 2005 Цена на овој број е 390 денари

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

С О Д Р Ж И Н А. Број 73 Год. LXV Петок, 12 јуни 2009 Цена на овој број е 220 денари.

Годишен извештај ПАРИТЕ ПОЛИТИКАТА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

ЗАХТЕВ ЗА ПРЕВОЂЕЊЕ У РЕГИСТАР ПРИВРЕДНИХ СУБЈЕКТА

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

Системот на јавните набавки во Република Македонија

Централна кооперативна банка АД Скопје

О Д Л У К У о додели уговора

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

Структурно програмирање

С О Д Р Ж И Н А. Број 171 год. LXVII 13 декември 2011, вторник Цената на овој број е 250 денари. Стр.

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ЈУ Старски дом Сју Рајдер -Битола; - ЈУ Старски дом Киро Крстевски Платник -Прилеп;

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А Стр.

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 14 год. LXVII 7 февруари 2011, понеделник Цената на овој број е 190 денари. Стр.

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

Статистички истражувања во износ од денари. Член 2

С О Д Р Ж И Н А. Број 39 Год. LXIV Понеделник, 24 март 2008 Цена на овој број е 250 денари.

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

З А П И С Н И К од Четириесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на година

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

Број април 2014, четврток година LXX

П Р О С П Е К Т. Акционерско друштво фабрика за чоколади, вафли и бомбони АД ЕВРОПА- Скопје ул.808 бр.8 Скопје

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

во Армијата и до наполнување на 55 години живот, за одбрана ( Службен весник на Република Македонија СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РПП на ОНЕ.ВИП РЕФЕРЕНТНА ПОНУДА ЗА ПРИСТАП НА ЈАВНА ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА НА ОНЕ.ВИП

Барањето од став 1 на овој член увозникот го поднесува до Царинарницата според местото на преработувачкиот

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

2.1. Закон за енергетика и подзаконските акти Закон за енергетика Правилник за енергетски карактеристики на зградите

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Број мај 2013, петок година LXIX

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

Transcription:

Број 125 7 јули 2016, четврток година LXXII www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk СОДРЖИНА Стр. 3167. Одлука за разрешување од функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија... 2 3168. Одлука за изменување на Одлуката за разрешување и избор на претседател и членови на Советот на научно - културните средби Десет дена Крушевска Република... 2 3169. Одлука за разрешување од функцијата член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата... 2 3170. Одлука за максималниот износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на Стр. меѓународниот пазар на капитал - еврообврзница на Република Македонија... 2 3171. Одлука за запирање на исплата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политички партии... 3 3172. Правилник за формата и содржината на образецот на службената легитимација, начинот на издавање, употреба, одземање и евиденција на издадените и одземените службени легитимации на инспекторите за социјалната заштита и заштита на децата... 5 Огласен дел... 1-56

Стр. 2 - Бр. 125 7 јули 2016 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3167. Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, а во врска со членот 65 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 6 јули 2016 година, донесе ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. Од функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија се разрешува - м-р Весна Стоименовска. II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија. СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 08-3104/1 Претседател 6 јули 2016 година на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. 3168. Врз основа на членот 3 од Законот за научно-културните средби Десет дена Крушевска Република ( Службен весник на Република Македонија број 29/98), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 6 јули 2016 година, донесе ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА РАЗРЕШУ- ВАЊЕ И ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА НАУЧНО - КУЛТУРНИТЕ СРЕДБИ ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА" I. Во Одлуката за разрешување и избор на претседател и членови на Советот на научно - културните средби Десет дена Крушевска Република" ( Службен весник на Република Македонија број 32/15), во точката II, под б, за членови, во алинејата 5 зборовите: Харун Ибраими, заменик директор во МРТ се заменуваат со зборовите: д-р Музафер Бислими, историчар, вработен во Институтот за национална историја. II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија". СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 08-3105/1 Претседател 6 јули 2016 година на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. 3169. Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, а во врска со членот 372 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ( Службен весник на Република Македонија брoj 169/15, 226/15 и 55/16), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 6 јули 2016 година, донесе ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ЧЛЕН НА РЕПУБЛИЧКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА I. Од функцијата член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се разрешува - Зоран Василевски, м-р на машински науки од. II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија". СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 08-3107/1 Претседател 6 јули 2016 година на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3170. Врз основа на член 18 став 5 од Законот за јавен долг ( Службен весник на Република Македонија бр. 62/05, 88/08, 35/11 и 139/14), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 21.6.2016 година, донесе ЗА МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС НА НОВО ЗАДОЛ- ЖУВАЊЕ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ-ЕВРООБВРЗНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Со оваа одлука се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал - еврообврзница на Република Македонија, кои Министерството за финансии ќе ги емитува во 2016 година. 2. Министерството за финансии ќе издаде глобални сертификати за обврзница на вкупниот износ на емисијата, врз основа на кои, во согласност со барањата на издавачите, еврообврзниците може да се издаваат во помали износи, и сите такви помали износи ќе бидат претставени со глобалните сертификати за обврзница (во понатамошниот текст еврообврзница ).

7 јули 2016 Бр. 125 - Стр. 3 3. Еврообврзницата се издава за буџетска поддршка во 2016 година и 2017 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Македонија. 4. Рокот на доспевање на еврообврзницата ќе биде до 10 години, во зависност од пазарните услови, интересите и побарувањата на инвеститорите. Главницата на еврообврзницата достасува на денот на доспевање означен во условите за еврообврзницата. 5. Вкупната номинална вредност на еврообврзницата изнесува до 650.000.000,00 евра или противвредност во американски долари. 6. Министерството за финансии плаќа камата на еврообврзницата еднаш годишно, доколку еврообврзницата е во евра, или полугодишно, доколку еврообврзницата е во американски долари. 7. Министерството за финансии ги плаќа главницата и каматата на еврообврзницата или во евра или во американски долари, без притоа да пресметува и наплатува какви било даноци, провизии или давачки од сопствениците на еврообврзниците. 8. Минималниот износ на номиналната вредност на една еврообврзница изнесува или 100.000 евра и кој било повисок износ што е делив со 1.000 евра, или 200.000 американски долари и кој било повисок износ што е делив со 1.000 американски долари. 9. Регистарот на сопственици на еврообврзницата се води во согласност со Договорот за фискален и платежен агент, склучен меѓу Министерството за финансии и Дојче банк АГ, Лондон (Deutsche Bank AG, London). 10.Министерството за финансии ги плаќа главницата и каматата на еврообврзницата преку својот фискален и платежен агент, Дојче банк АГ, Лондон (Deutsche Bank AG, London). Распределбата на главницата и каматата по основ на еврообврзницата се врши преку системите за порамнување: Еуроклиар банк СА/НВ (Euroclear Bank SA/NV), Клиарстрим, Луксембург (Clearstream, Luxembourg) и/или Депозитари траст компани (Depositary Trust Company). 11. Еврообврзницата ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската берза за хартии од вредност (Irish Stock Exchange). 12. Министерството за финансии може, во име на Република Македонија, да ги откупи еврообврзниците на отворениот пазар или на друг начин по која било цена. Секоја еврообврзница што е така откупена може да биде поништена или чувана или повторно продадена. Секоја еврообврзница што ќе биде така поништена не може повторно да се издаде. 13. Во случај на настан на неисполнување на финансиските обврски коишто произлегуваат од еврообврзницата, таа може предвремено да достаса и да биде платлива. 14. Емисијата на еврообврзницата и понатамошните постапки поврзани со исполнувањето на обврските од страна на Република Македонија се спроведуваат врз основа на договорите регулирани според англиското право, кои Министерството за финансии ќе ги склучи со инвестициските банки, фискалниот и платежен агент и другите страни наведени таму, вклучувајќи ги, без ограничување, Договорот за запишување (Subscription Agreement), Договорот за фискален и платежен агент (Fiscal and Paying Agency Agreement), сертификатите за глобална обврзница и други такви договори и инструменти, кои се сметаат за неопходни или соодветни за издавањето на еврообврзницата и за нејзиното котирање на Ирската берза за хартии од вредност. 15. Оваа одлука влегува во сила на денот на донесување и се објавува во Службен весник на Република Македонија. Бр. 73/1 Заменик на претседателот 21 јуни 2016 година на Владата на Република Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА 3171. Врз основа на член 27-б од Законот за финансирање на политичките партии ( Службен весник на РМ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13), министерот за правда, донесе ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА СРЕДСТВА ЗА РЕДОВНО ГОДИШНО ФИНАНСИРАЊЕ ОД БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Сe запира исплата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политичките партии и тоа: 1. ДЕМОКРАЦИА Е РЕ-ПАРТИЈА ЗА НОВА ДЕ- МОКРАТИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски 2. ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 3. ДЕМОКРАТСКА УНИЈА НА АЛБАНЦИТЕ (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 4. СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА УНИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25); 5. ДОСТОИНСТВО (не е доставена годишна сметка/член 26);

Стр. 4 - Бр. 125 7 јули 2016 6. ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член извештај/член 7. ПАРТИЈА НА СЛОБОДНИ ДЕМОКРАТИ (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 8. ТАТКОВИНСКА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗА- ЦИЈА ЗА РАДИКАЛНА ОБНОВА-ВАРДАР-ЕГЕЈ-ПИ- РИН (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25 и годишен финансиски извештај/член 9. РАБОТНИЧКО ЗЕМЈОДЕЛСКА ПАРТИЈА (не е доставена годишна сметка/член 26); 10. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски извештај/член 11. ОБЕДИНЕТА ПАРТИЈА ЗА ЕМАНЦИПА- ЦИЈА-ОПЕ (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски 12. СОЈУЗ НА РОМИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 13. ДЕМОКРАТСКА УНИЈА НА РОМИТЕ (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 14. НОВА АЛТЕРНАТИВА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски извештај/член 15. ПАРТИЈА ЗА ДЕМОКРАТСКА ИДНИНА ((не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 16. ПАРТИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ (не е доставен годишен финансиски 17. ПАРТИЈА ЗА ЦЕЛОСНА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА РОМИТЕ (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски 18. СРПСКА НАПРЕДНА СТРАНКА ВО МАКЕ- ДОНИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски 19. САНЏАЧКА ЛИГА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски 20. ДЕМОКРАТСКА ЛИГА НА БОШЊАЦИТЕ (не е доставен извештај од регистар на примени донации/член 25); 21. ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (не е доставен извештај од регистар на примени донации/член 25); 22. ПАРТИЈА НА ПРАВДАТА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишен финансиски 23. РЕПУБЛИКАНСКА АЛИЈАНСА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член извештај/член 24. ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА РОМИТЕ (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25. ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ НА РЕПУБЛИ- КА МАКЕДОНИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 25, годишна сметка/член 26 и годишен финансиски 26. ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ 21 (не е доставена годишна сметка/член 26); 27. АЛИЈАНСА ЗА ПОЗИТИВНА МАКЕДОНИЈА (не се доставени: извештај од регистар на примени донации/член 28. ОБЕДИНЕТА ПАРТИЈА ЗА ЕДНАКВОСТ НА РОМИТЕ (не е доставен извештај од регистар на примени донации/член 25. Политичките партии од точките 3, 7, 8, 13, 15, 19, 20, 23 и 25 согласно известувањето на Основниот суд II број 03-СУ.бр. 620/2016 од 27.5.2016 година се избришани од Единствениот судски регистар на политички партии. Запирањето на исплатата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија за политичките партии ќе трае до уредно исполнување на обврските согласно член 25, 26 и 27 од Законот за финансирање на политичките партии. Оваа одлука е конечна и истата ќе се објави во Службен весник на Република Македонија согласно член 27-б став 6 од Законот за финансирање на политичките партии ( Службен весник на РМ бр. 76/04, 86/0, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13). О б р а з л о ж е н и е До Министерството за правда согласно член 27-б од Законот за финансирање на политичките партии ( Службен весник на РМ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13 ), Државниот завод за ревизија достави предлог број 23-414/1 од 27.05.2016 година за донесување на Одлука за запирање исплата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политичките партии, кои не ги исполниле обврските за финансиско известување за периодот од 1.1.2015 до 31.12.2015 година, односно не доставиле извештај од регистар на примени дона-

7 јули 2016 Бр. 125 - Стр. 5 ции, годишна сметка или годишен финансиски извештај. Споменатите законски обврски не ги исполниле следните политички партии: ДЕМОКРАЦИА Е РЕ- ПАРТИЈА ЗА НОВА ДЕМОКРАТИЈА, ДЕМОКРАТ- СКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, ДЕМОКРАТСКА УНИЈА НА АЛБАНЦИТЕ, СОЦИЈАЛ ДЕМОКРАТ- СКА УНИЈА, ДОСТОИНСТВО, ОБЕДИНЕТИ ЗА МА- КЕДОНИЈА, ПАРТИЈА НА СЛОБОДНИ ДЕМОК- РАТИ, ТАТКОВИНСКА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗА- ЦИЈА ЗА РАДИКАЛНА ОБНОВА-ВАРДАР-ЕГЕЈ-ПИ- РИН, РАБОТНИЧКО ЗЕМЈОДЕЛСКА ПАРТИЈА, МА- КЕДОНСКА АЛИЈАНСА, ОБЕДИНЕТА ПАРТИЈА ЗА ЕМАНЦИПАЦИЈА-ОПЕ, СОЈУЗ НА РОМИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА, ДЕМОКРАТСКА УНИЈА НА РО- МИТЕ, НОВА АЛТЕРНАТИВА, ПАРТИЈА ЗА ДЕ- МОКРАТСКА ИДНИНА, ПАРТИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИ- ЈА НА РОМИТЕ, ПАРТИЈА ЗА ЦЕЛОСНА ЕМАНЦИ- ПАЦИЈА НА РОМИТЕ, СРПСКА НАПРЕДНА СТРАН- КА ВО МАКЕДОНИЈА, САНЏАЧКА ЛИГА, ДЕМОК- РАТСКА ЛИГА НА БОШЊАЦИТЕ, ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПАРТИ- ЈА НА ПРАВДАТА, РЕПУБЛИКАНСКА АЛИЈАНСА, ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА РОМИТЕ, ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ 21, АЛИЈАН- СА ЗА ПОЗИТИВНА МАКЕДОНИЈА и ОБЕДИНЕТА ПАРТИЈА ЗА ЕДНАКВОСТ НА РОМИТЕ. Согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии ( Службен весник на РМ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13), политичката партија подготвува извештај од регистар за добиените донации, кој го доставува најдоцна до 31 март за претходната година заедно со годишниот финансиски извештај од членот 27 од овој закон до Државниот завод за ревизија. Согласно член 26 од Законот за финансирање на политичките партии ( Службен весник на РМ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13), надзорот над финансиско-материјалното работење на политичките партии го врши Државниот завод за ревизија согласно истиот се спроведува секоја календарска година за претходната година. Исто така, годишната сметка за финансиското работење, согласно со законските прописи, политичките партии ја доставуваат до: Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Државниот завод за ревизија, а должни се да ја објават на своите веб страни. Согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии ( Службен весник на РМ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13), политичките партии, најдоцна до 31 март изготвуваат годишен финансиски извештај за претходната година. Извештајот го содржи финансиското работење на сметката на политичката партија, како и потсметките на локалните ограноци и потсметката на партиско истражувачко аналитичкиот центар на партијата. Согласно член 27-а годишниот финансиски извештај политичката партија е должна јавно да го објави на своја веб страна, најдоцна до 30 април во тековната година за претходната година. Со оглед дека партиите наведени во оваа одлука не постапиле согласно член 25, 26 и 27 од Законот за финансирање на политичките партии ( Службен весник на РМ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13), согласно член 27-б став 4 од истиот закон, а по предлог на Државниот завод за ревизија, се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука. ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука политичките партии можат да поведат управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на објавување на истата во Службен весник на Република Македонија. Бр. 11-2434/2 27 јуни 2016 година Министер за правда, м-р Валдет Џафери, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 3172. Врз основа на член 206 став (4) од Законот за заштита на децата ( Службен весник на Република Македонија бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15 и 27/16), член 234 став (2) од Законот за социјална заштита( Службен весник на Република Македонија бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15 и 30/16) и член 45 став (8) од Законот за инспекциски надзор( Службен весник на Република Македонија бр.50/10, 162/10, 157/11, 147/13, 41/14, 33/15, 193/15 и 53/16), министерот за труд и социјална политика, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА СЛУЖБЕНАТА ЛЕГИТИМАЦИЈА, НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ, УПОТРЕБА, ОДЗЕМАЊЕ И ЕВИ- ДЕНЦИЈА НА ИЗДАДЕНИТЕ И ОДЗЕМЕНИТЕ СЛУЖБЕНИ ЛЕГИТИМАЦИИ НА ИНСПЕКТОРИ- ТЕ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА И ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на службената легитимација, начинот на издавање, употреба, одземање и евиденција на издадените и одземените службени легитимации на инспекторите за социјалната заштита и заштита на децата (во натамошниот текст: легитимација).

Стр. 6 - Бр. 125 7 јули 2016 Член 2 Легитимицијата е изработена од 135 грамска хартија кундздрук во осенчена окер боја, пластифицирна со 175 микронска фолија со димензии 90 Х 55 мм, која е сместена во дводелен кожен повез со сино зелена боја, и секој дел е со големина 75 Х 105 мм. Легитимацијата од став 1 на овој член се издава на образец кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник. Член 3 Легитимацијата е сместена во десната страна од кожниот повез, под проѕирна пластична фолија. Образецот на легитимацијата на предната страна содржи: во најгорниот средишен дел е грбот на Република Македонија, под него е испишан текстот: Република Македонија, а под него е испишан текстот: Министерство за труд и социјална политика, во средината од десната страна е испишан текстот СЛУЖБЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА, а под него е испишан текстот: Инспектор за социјална заштита и заштита на децата, од левата страна има место за фотографија со димензии 24ммх 22 мм, под нив има место за впишување на податоци за името и презимето на инспекторот за социјална заштита и заштита на децата и работното место. Задната странана образецот содржи: адреса на живеење и единствен матичен број на инспекторот, датум на издавање и регистарски број на легитимацијата, под овој текст се впишува крвната група на инспекторот, потпис на министерот и печат на Министерство за труд и социјална политика. На внатрешната лева страна од кожниот повез се наоѓа метална значка која е изработена од металпозлатен месинг, со кружен облик каде што крајнитеточки од кружниот облик се во висина 50 мм, а во ширина 58 мм. Во средината на значката е втиснат грбот на Република Македонија, а околу грбот е испишан текст,,ре- ПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА-СЕКТОР ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОРОД ОБЛАСТА НА СОЦИ- ЈАЛНА ЗАШТИТА И ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА. Во долната половина во средината е втиснат бројот кој е истоветен со бројот на легитимацијатa. Член 4 Инспекторите ја употребуваат легитимација само за време на вршење на инспекцискиот надзор. Член 5 За издадените и одземените легитимации Министерството за труд и социјална политика води евиденција во електронска форма. Евиденцијата од став 1 на овој член содржи: реден број, име и презиме на инспекторот, ЕМБГ, работно место, крвна група на инспекторот, датум на издавање на легитимацијата, регистарски број и број на легитимација, датум на одземање или замена, како и рубрика за забелешки во која се запишуваат измените на податоците. Член 6 Легитимацијата има важност сé додека лицето на кое му е издадена има статус на инспектор за социјална заштита и заштита на децата. На барање на инспекторот, легитимацијата му се заменува со нова најдоцна за пет дена, кога поради оштетување или дотраеност ќе стане неупотреблива, истата е изгубена или кога инспекторот ги сменил податоците кои се впишани во легитимацијата. Член 7 Легитимациите кои се вратени или заменети се поништуваат. Член 8 На носителот на легитимацијата на кој ќе му престане работниот однос или ќе биде распореден на друго работно место, му се одзема легитимацијата најдоцна за 24 часа. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за формата и содржината на образецот на службената легитимација, начинот на издавање, употреба, одземање и евиденција на издадените и одземените службени легитимации на инспекторите од областа за заштита на децата ( Службен весник на Република Македонија бр.121/15)и Правилникот за формата и содржината на образецот на службената легитимација, начинот на нејзиното издавање, употреба, одземање и евиденција на издадените и одземените службени легитимации на инспекторите за социјална заштита ( Службен весник на Република Македонија бр.182/15). Член 10 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 11-4703/1 Министер 27 јуни 2016 година за труд и социјална политика, Диме Спасов, с.р.

7 јули 2016 Бр. 125 - Стр. 7

Стр. 8 - Бр. 125 7 јули 2016 www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о. - бул. Партизански одреди бр. 29. Поштенски фах 51. в. д. директор и одговорен уредник Ангела Атанасова телефон: +389-2-55 12 400 телефакс: +389-2-55 12 401 Претплатата за 2016 година изнесува 10.100 денари. Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ,.