ОЛИВЕР СЕРАФИМОВСКИ ГО ВДИШУВАШ МОЈОТ ЗБОР

Similar documents
Оливер Серафимовски. Ја насликав со зборови

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Март Opinion research & Communications

Редни броеви (или песни со посвета)

Copyright за македонското издание Издавачка куќа Сакам книги, 2011 Сите права обезбедени и задржани во договор со DARLEY ANDERSON BOOKS

Првиот последен бакнеж Али Харис

ИЗДАВАЧКА КУЌА ХАРТ БУКС ПАБЛИШЕР

Стихозбирката е посветена на мојата една и единствена муза,муза која 22 години ме инспирираше и водеше во сите понори и височини.

Пред улица Јамајка Саманта Јанг

ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ

Сите права обезбедени и задржани во договор со Susan Elizabeth Phillips c/o The Axelrod Agency

Најдобриот настан што може да се раскаже

ВиГ ЗЕНИЦА Видое Смилевски-Бато 85/1-14 Скопје Upotreba čoveka Белград, Нолит, 1980

Kратки и горко-слатки, инспиративни и мотивациони приказни за најважните работи во животот

А што по бакнежот? Лорен Лејн. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

ЉУБОВТА ЗА АНА ЕКСКЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ

Миљенко Јерговиќ МАМА ЛЕОНЕ

Песната на речните птици Лиса Вингејт

Збогум, најмила. Кристин Хана. Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

Структурно програмирање

ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ.

Зима со мирис на капини Сара Џио

Издавачка куќа Готен Пролет 25, Скопје

Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

ГОСПОДИН НЕОДОЛИВ. Сузан Елизабет Филипс. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

СОДРЖИНА. 41.Кратка Биографија за Авторот

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Margina #19-20 [1995] okno.mk 1

Биланс на приходи и расходи

На раб на лудило Б. А. Парис

тим: Секулоска Вероника, Наумоска Ана, Балоска Ивана, Ристеска Георгина

Темјанушки во март Сара Џио

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

Биланс на приходи и расходи

Бенјамин Штајн ПЛАТНО

ЖИВОТОТ Е ДОБАР АКО НЕ СЕ ОТКАЖУВАШ

Таков сум - каков што сум: Не безгрешен, туку грешен, Гладен, страден, безутешен. Таков сум - како што сум, Немирен и смирен, недопирен,

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

Маргарет Атвуд ПРИКАЗНАТА НА РОБИНКАТА

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА ГРИЖИТЕ. Христијанска Црква Оаза во Република Македонија

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Даниел, силен во Господа

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

Во овој број ќе читате: Детска недела. Меѓународен ден на Старите лица. Ден на гладта. Проекти. Инфо. Млади писатели. Дали знаеш? Бонка.

Снежана Букал. Тајната на детето Иво

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Учењата на Исус Христос во

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Жан Калвин ( )

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

СОВЕТИ З А П О Д О Б РА. с а б о т н а ш к о л а

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Хомеопатски информатор

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Коисмение.Штозначиме.

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Ајде да одиме на работа. Текст: Илустрации: Брунел Марјан. Ауде. Манчек

Преглед на државите во Западна Африка

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Sick at school. (Болесна у школи) Serbian. List of characters. (Списак личности) Leila, the sick girl. Sick girl s friend. Class teacher.

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Филолошки факултет, Универзитет Гоце Делчев, Штип ЖЕНСКИОТ МЕНТАЛИТЕТ ВО РАСКАЖУВАЧКАТА ПРОЗА НА ЈОСИП КОЗАРАЦ Р Е З И М Е

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

Смислата на учењето на класичните јазици денес

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Вики и очилата. Текст: Ивона Брежинова Илустрации: Ментор Лапаштица

Водич на мислителot за ЛОГИЧКИ ГРЕШКИ

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

Dear Parents/Guardians,

49 ден. МОДАТА Е САМО ИЛУЗИЈА КРЕМ ЗА РАЦЕ ВО ПРАКТИЧНА ГОЛЕМИНА ЗА САМО НОВИТЕ ПРОИЗВОДИ! ТИ ЈА ПРЕТСТАВУВАМЕ НОВАТА КОЛЕКЦИЈА THE ONE DISGUISE

СПУГД. Еден од тројца млади секојдневно се среќаваат со говор на омраза

Цркви ширум светот. Аламова Христијанска Нација ОГНЕНИ КОЧИИ. од Тони Аламо. минатото во војни, за трки бидеме спасени. Всушност,

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ТРАНЗИТОТ НА ВЕНЕРА 6 - ТИ ЈУНИ 2012 КОНЦЕПТ И ТЕКСТ : НИРУЏ МОХАН РАМАНУЏАМ ИЛУСТРАЦИИ: РЕШМА БАРВЕ ПРЕВОД: АЛЕКСАНДАР ШУЛЕВСКИ


Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески


НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Мобилност МК Mobility MK

Тишина Џон Зерзан 2007

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

Универзитет Гоце Делчев Штип Goce Delcev University Stip Факултет за образовни науки Faculty of Educational Sciences UDK 378 (497.

КАТАЛОГ ПРАЗНИЦИ. Среќни и весели ЗА ВОЛШЕБНИ ПРАЗНИЦИ: МОМЕНТИ КОИ НИЕ ГИ САКАМЕ: ЕСЕН/ЗИМА до -50% попуст на одредени парфеми

ОПИС И СВОЈСТВА. СОСТАВ Природно рибино масло, масло од каламари, маслиново масло, масло од лимета (природен аромат), ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Transcription:

ОЛИВЕР СЕРАФИМОВСКИ ГО ВДИШУВАШ МОЈОТ ЗБОР Скопје, 2013 2

СОДРЖИНА: Сета болка 5 Ме пронижи со бакнеж 6 Лежиме заедно 7 Приватен Ромео 8 Потребата за жед...непресушна 9 Пронајди ме 10 Колку ли лица само минаа 11 По мирисот те најдов 12 Ја мразам таа насмевка 13 Крвникот 14 Разголен пред вистината 15 Ѕвер со бедна суета 16 Магла 17 Црна 18 Стаклен поглед и затворена приказна 19 Сами... 20 Потонат во синиот океан 21 Твоето сонце...твоето сонце да го видам...наназад 22 Разголена приказна 23 3

Твојот вкус обвиен со тајна 24 Вечен оган 25 Искрено 26 Со мене се сладеа 27 Бесмртни емоции 28 Врежани иницијали 29 Заедно во еден момент 30 Во ноќта 31 Убава мисла 32 Со сјајот на очите 33 Го вдишуваш мојот збор 34 Удавени во сопствената идиотштина 35 Додека ветрот на размисла ме кани 36 Го плукна в очи 37 Ги посака ѕвездите и месечината 38 Дождлива игра распрсната на ситни атоми 39 Сосем обичен ден 40 За навек името е врежано 41 Љубов сокриена 42 Човек без лик 43 Силно ја прегрнав љубовта 44 4

Сета болка... Сета болка се збрала во една грутка која стои како Сизифов камен... верувај, со мојава сила ја туркам... паѓа но, повторно стои онаму од каде тргна среќна сум, а тажна и загубена како Ана Каренина силна, а кршлива како сува гранка повредена... до сржта на моето битисување... љубовта дишам од секоја пора на кожава моја а воздух немам убавина во очи од солзи немам среќа во нив во огледало не гледам љубов имам... а, што или поточно каде е љубовта? мојава душа ја чуствувам како соба без врата само провев ја дува верувам...сакам да верувам дека и за мене среќа има...има... но, каде е и зошто ми бега? кога во мојава темнина јас ќе се најдам... а, страв ми е да сум сама од тој момент животната светлина ќе ја примам... светлина на вистина, искреност и моја потполност... и покрај сета болка на Калина 5

********** Ме пронижи со бакнеж Со усните памук меки Со вкусовите твои Ме однесе на пат Со мислите На кој видов И сеништа и вили И дождови и сонце Со усните Само моите ги допре И ја видов насмевката Која вели: Љубам... задоволно љубам... 6

Лежиме заедно На креветот мекиот чаршаф две тела го собрале до состојба кога самиот почнува да се загушува а само до пред некоја минута беше измазнет онака лежерно проучувајќи го секое наше движење без да изусти дека му сметаме во неговата бежтежинска состојба пред да го обесиме на две штипалки кои го стискаат за да може да се протне меѓу двете тела го тргнав од мене те покрил како пердув обидувајќи д ате милува го тргнав... љубоморно и почнав... да те милувам со врвот на прстите по стомакот гол е колку ти е само мека кожата чуствувам дека е растеглива знаеш и самата зошто многу е убаво чуството кога те гледам со затворени очи како уживаш во мојата приказна која ти ја шепотам по стомакот но не ти ја откривам иако ме молиш... ќе ти ја кажам кога ќе лежиме сите заедно 7

Приватен Ромео Полека заминува и овој ден во заборав бидејќи утрешниот ќе ги потисне сите претходни приказни кои со ништо нема да бидат поинтересни од оние кои ги слушаме секојдневно летни низ приказните и како пердув слетај на перницата на која ги милувам моите соништа и тивко потшепни нека одѕвони твојот глас раскажувајќи ми ја приказната за љубовта во која јас сум твој приватен Ромео будејќи се до тебе јас... твој приватен Ромео 8

****** Знам дека кога ќе ти ја подарам месечината ќе ја прегрнеш како што ме прегрнуваш силно, недозволувајќи да замине со првите зраци на сонцето кое го исцртува мојот лик на твоето тело кога ќе те допрам со усните ги чуствувам сите вулкани активни сета гориш а јас се топам полека на твојата гола кожа за да те изгаснам и полека ме размачкуваш по себе секоја моја студена капка навллегува во секоја твоја пора задоволувајќи ја потребата за жед која по мене знам е непресушна 9

Пронајди ме Побарај ме во својата зеница Каде како сенка за секунда ќе исчезнам поткрени го каменот и само рој мали црви ќе здогледаш како се вијат бегајќи од силната светлина зад ридот каде сонцето ќе се прекрши од боите на виножитото ќе ја собереш сета енергија потребна за да го отвориш срцето и во него во некоја од коморите ме пронајдеш 10

*** Колку ли лица само минаа и со своите злобни очи се обидоа да ја пренесат својата злоба врз нас а ние ја зедовме среќата и заминавме онаму каде се посветивме еден на друг седејќи на крајбрежјето заедно со среќата во нас 11

*** По мирисот те најдов скриена зад тешката завеса осамена во неколку концентрирани кругови си ја затворила љубовта... те бакнав за да го смирам твојот монолог во сонот наизуст кажан и полека се сврти на другата страна од која ќе започне нова приказна само во твојот сон раскажана 12

Ја мразам таа насмевка Се насмевна (колку само ја мразам таа насмевка) а, со неа само го уби и она малку човечкото што мислев дека го имаш (Ах, се излажав) и си плукнав в лице во одразот во кој верував дека постои човечност 13

Крвникот Крвникот над нив со болна мисла да дава и зема живот крвнички и цинично се смееше додека го молеа да ги помилува од казната изречена и глупоста која го имаше обземено но, не ја научи лекцијата дека неговата глава ќе биде покажана и фрлена на масата гладна за циркус која задоволно ќе ејакулира на расфрланото и растргнато тело по правта на паланката за да и во смртта му одѕвонуваат криците на оние кои под него лазеа и молеа за спас и во само еден момент да се сладат со крвта негова за паметник на следните 14

Разголен пред вистината Ох, слатка љубовнице те повикувам лудост моја да ме обземеш сиот полека ти слатка љубовнице ме испиваш до последна голтка и се разложуваш во мојата сивкаста материја за да ме излудиш наочиглед на сите... на сите вистини-лаги на изречени-некажани зборови пред сите ме разголуваш со крик во ветер распослан да се одбранам од зборови кои во мене одѕвонуваат: ЛУД СТЕ ВИЕ, СИНУ НА ВИСТИНАТА!!! 15

Ѕвер со бедна суета Го мразам тој лик и сакам да му го кажам тоа во лице за да го почуствува мојот гнев лик на ѕвер... одвратен влегов во утробата негова... на ѕверот и одвнатре да почнам да го демонтирам системот кој произведува машини кои ниту себе си неможат да се одржат а да не зборуваме за цел погон мравки кои треба да создадат иднина но... тоа нема никаква врска со него и глупоста која го одржува за да тој ја нахрани својата бедна суета... системска 16

Магла Како со нож ја сечев... со секој мој чекор барајќи ја твојата рака задскриена во еден агол за да ја пронајдам и да ја почуствувам, како што ме препознаваш дека сум тука, за тебе... за двајцата...ја подадов мојата искреност да ја зграбиш и низ оваа магла која со нож ја сечеш да ме пронајдеш стуткан од студ како ја чекам твојата љубов 17

Црна Во косата Во очите Во усните Црна во лицето Телото Како антилопа во бегство Градите како тотем изрезбан во дрво Нозете цврсти како дрва среде савана Црна, со прекрасна бела насмевка Мистична како црна магија Енергична во борбата за слобода Рацете подадени кон небото Во молитвен танц за дождец Да ја покрие сувата земја Со солза во окото За детето кое моли Силна Да го спаси Жена со бреме обременето Со верба Со надеж Со љубов 18

Стаклен поглед и затворена приказна Ја затвори приказната која беше испишана со нејасни знаци од самиот почеток нејасна за читање, прераскажување, а камо ли за живеење ја затвори вратата на оваа приказна оставајќи ја тапо нејасно да го гледа со нејзиниот стаклен поглед полн со омраза 19

Сами... Магловито утро И јас сам со него Загубен во магичен круг ги гледам неговите линии Кои се движат полека кон мене Од другата страна си ти И градот пуст Со дождовни капки на лицето Ти... Од другата страна јас... Ти и јас... Ме сечат замислените линии Срипувам во сон Тука сме ти и јас Или јас и ти Сами 20

Потонат во синиот океан Барам мир самотија да ме исполни и да отпатувам далеку без образложение одговор даден на парче лист хартија на кој ќе ги излеам сите лаги кои сакаш да ги чуеш без да почуствувам грижа дали ќе ми веруваш бидејќи ќе бидам длабоко потонат на дното на синиот океан 21

Твоето сонце... да го видам твоето сонце... наназад Одевме наназад зборувавме дазанан тргнавме кон будните затворени во бескраен свет свет во кој се оние бесмртните кои и љубовта и омразата ја спознаа на кратко, но болно Како Ромео и Јулија Парис и Елена Спасе и Цвета ме гушкаш силно како руска тајга и ме внесуваш нанзад зборувајќи ми дазанан низ железната врата по која остана да ни одѕвонува нејзиното чкрипење студ и темнина никаде светлина ниту твоите очи да ги видам освен по здивот и топлината на твојата рака по друго и не треба да те препознаам доцна е за љубов и предоцна за омраза едноставно гризни дел од мене и пушти ме да заминам со болка... на светлина а јас ти го оставам мојот мирис да навлезе во секоја твоја пора пушти ме да заминам наназад и сето ова да ти го кажам дазанан само за да го видам твоето сонце Само твое 22

Разголена приказна Полека... ти приоѓа одзади те бакнува... те прегрнува ти ги подава рацете те голтнува... насмеан и те води низ приказна долга по некогаш убава... по некогаш грозна среќна и болна шетате по патека широка и светла или пак тесна и темна од неа не сакаш да избегаш за да се скриеш во себе си туку се разголуваш целосно пред сите за да ја прочитаат твојата приказна која едноставно се вика љубовна 23

Твојот вкус обвиен со тајна Највкусна си кога ќе ја вкусам твојата сол од телото кое страстно ја завршило својата игра задоволен ги вкусувам твоите гради почнувам да го откривам зачинот со кој ме привлекуваш а те вкусувам со јазикот на кој се топат твоите зборови за да полека ја соџвакам твојата тајна со која заведуваш 24

Вечен оган земи ме пробај ја крвта моја густа...црвена тешка како т гата кон југот полека испразни ме кога ќе завршиш со оваа сеанса легни до мене загреана стопли ја мојата студеност со усните помини по кожата која пука пушти ги внатре своите топли зраци да запалат оган мој вечен оган 25

Искрено Летнаа покрај мене Зборови Кои не ги разбрав За кои немав мудар одговор Освен да им довикнам Најсилно ЕС ЕТИБЕ Да и најискрено тоа го мислев ЕС ЕТИБЕ ДА ЕС ЕТИБЕ Остана само да ми одѕвонува Мојот глас Заедно со она што најискрено го мислев ЕС ЕТИБЕ ДА ЕС ЕТИБЕ 26

Со мене се сладеа... Ја спуштив главата На твоите гради И веднаш заспав...... во одаја полна со чудни женски битија непознати играа околу приближувајќи се кон мене... со рацете почнав да мавтам да се бранам а, тие... освојуваа дел по дел од мене и се сладеа... допирајќи ме со своите пластични усни врескав колку што ме држеше гласот но... само јас го слушав а тие... се смееа со своите отворени пластични усни...се разбудив на твоите гради градите на мојата надувана пластична кукла 27

Бесмртни емоции Ти воопшто не знаеш што е љубов... Рече и се повлече два чекори наназад Знам што е љубов... во неа го пронаоѓаш другиот во себе Тоа е најважното во љубовта, кога најважен е тој... другиот За тоа се работи кога е во прашање љубовта! А јас се прашувам како може за неа да зборува личност која освен себе си Не гледа никого друг... зарем таква личност може да зборува за љубовта... Едноставно егоцентрична си... ти имаш љубов само за себе... Ги навлажни сувите усни после завршувањето на својот монолог И ја погледна во нејзините зелени очи Ајде одговори ми ја гледаше и ја молеше да му одговори онака како што Само таа знаеше Двајцата зборуваа за љубовта со омраза и лутина еден на друг Меѓу нив немаше ништо друго освен разговор полн со омраза и лутина Ти говориш за љубовта? Тоа навистина нема смисла... љубовта или ја доживуваш или не... љубовта е љубов и ништо повеќе за неа не треба да кажеш, ништо. За неа правиш работи кои ти не можеш да ги разбереш бидејќи не си ги доживеал, но тебе те познавам за да можам слободно да кажам дека ти љубовта не ја познаваш, од причина што ти секогаш си бил од другата страна на љубовта... зад границата од која љубовта почнува... никогаш ја немаш ниту почуствувано, ниту си знаел да ја живееш... таа се живее, да таа се живее... заврши и го погледна во неговите очи, полни со омраза и лутина, истите бесмртни емоции кои тој ги гледаше во нејзините зелени очи Бесмртни емоции на две личности во кои нема повеќе љубов 28

Врежани иницијали Полека сврти се и замини замини и полетај слободно ти илузија лажна измама со наместени усни меки распукани полни со крв добив желба да потонам длабоко за да ги испишам моите иницијали на површината која заводливо ја милуваш со нив ја исцртав првата буква ги отвори полека усните од болка во тој момент ти се најубави здивот поминува по нив студен е... студен се исплаши скокаш додека ги врежувам подлабоко моите иницијали твојата болка достигнува највисоко ниво на издржливост забрзано дишеш го чувствуваш здивот студен срипуваш кога конечно те обележувам без чувство на вина а потоа замини слободно замини 29

Заедно во еден момент Заедно во моменти на среќа кога ѕвездите ни се насмевнуваат Се сакаме или се сакаш себе си и јас во моменти на среќа како во рајот заедно Се сакаме од небото не покрива топла ѕвездена покривка 30

Во ноќта... Со телово те покривам како прекривка и само чекам да заспиеш... во ноќта со облак дождовен те освежувам од игра со која те заведував... заведувам едноставна... љубовна 31

Убава мисла Заклучи ги лошите мисли и голтни го клучот за да останат длабоко и изгнијат од сопствената злоба води љубов со убавата мисла слободно помини по неа со врвот на прстите нека те почуствува заведи ја насмевни и се води љубов со убавата мисла остани во нејзината прегратка дозволи и да те одведе до крајот со насмевка по љубовта со убавата мисла 32

Со сјајот на очите Со сјајот на очите призна Моја си похота би била со мене сами... некаде или пак на раскрницата од мојата улица со сјајот на очите ме покори да се разголам за да ме одведеш со тебе во чувствена наслада ги исклучи сите светла сјајот на твоите очи ги осветли двете голи тела и додека градот спие за нас љубовта штотуку почна 33

Го вдишуваш мојот збор Прекрасно се движиш кон мене полека забележувам лице на жена а во него лице на сите жени мои ги препознавам во тебе гледам лице избраздено од бакнежи многу усни, сечии на него оставиле траг тоа си ти ги препозна моите ноти отсвирени низ песниве и ги вметна во оквирот на твојата љубов да останат таму за да можат други во нив да се препознаат слушајќи го твојот глас како наизуст ги опева од твоите усни со зборовите љубиш како дете ги гушкаш носејќи ги во себе длабоко во твоите коски низ волшебните раце го растегнуваш моево тело и секој мој збор го вдишуваш да остане тука, сега и кога ќе заминам 34

Удавени во сопствената идиотштина Го премачкав телово Со потта за да можам да се провлечам Расипано во една дупка Онака генетски предодредено со ЧЕ Како и сите радосно да се задоволам Со радосниот крик: ИМА И ПОЛОШО ОД ОВА!!! И се приближив до епицентарот на оваа пеколна паланка Која се гуши во својата прљава елегенција И ја продава приказната Преточена на парче бел мермер Кој ладно покажува Кон анусот на митското животно За да можам да се премачкаме со неговиот прекрасен измет на прљавштина и лицемерие без да видиме дека се давиме во сопствената летаргија без обид да испливаме од сопствената идиотштина 35

Додека ветрот на размисла ме кани Боли и боли Природно е тоа Не дека јас сакам или пак нешто ме тера На такво чувство Солза по којзнае кој пат Капнува или пак не само стои во очите... две и не дозволувам да паднат како карпа со која би убил поради тежината нивна туку од нивната леснотија а толку тешки ветеров ми ја оладува мислата но напротив не ја прочистува за да мислата ја оттргнам од лошата енергија туку ветеров ме потикнува да размислувам на убавина природа... слобода енергија која е околу мене... во мене размислувам за насмевка за она лошото низ насмевка... лудост искажана грешка имам грешката е дел од мене грешка е тоа што сум во моментов јас ПРЕСЕЧИ... ОДЛУЧИ... ВИКНИ За среќа... за живот За себе... за другиот... за нас 36

Го плукна в очи Ја исплука љубовта на асфалтот помеѓу флеките од растечено масло продолжи да оди и лутито промрморе: Проклет да е погледот... прв 37

Ги посака ѕвездите и месечината Посака ѕвездите да те бакнат и месечината да те прегрне... полека на прсти зачекорив по млечниот пат и полека ги собрав ѕвездите во прекрасно подготвен букет да ти ги подарам за да те бакнуваат додека не те прегрнам со месечината 38

Дождлива игра распрсната на ситни атоми Дождливо утро а, на креветот празен ти гола сонуваш и си поигруваш со косата заведуваш со затворени очи сета светиш полиена од моите капки пот со врвот на прстите ги собираш и ја спознаваш мојата сол дождлива ноќ и на креветот топол две тела исполнети со атомска енергија во експлозија на ситни атоми го пополнуваат секој ќош од собата темна 39

Сосем обичен ден Низ облак намрштен се пробива зрак заводлив кој со удар на рацете по белиот ѕид почнува игра страстна и полека к`о љубовник лукав ја зема в прегратки девојката на ѕидот насликана за миг... и ја озарува насмевка мистична... во сосем обичен ден 40

За навек името е врежано На каменот бел го исклеса своето име како паметник во малата капела се помоли да го чуваат сите светии и на пат долг замина во земја непозната меѓу луѓе незналци ****** Години поминаа а низ очи солзи протекоа се сети на каменот со името свое само прашање пролета дали е таму како потсетник за своето присуство во земјата своја каде ветрот те милува а бранот со среќа те заплиснува се присети и повторно чиста солза низ очи пролеа ****** Раце кои ветер приказна животна издлабил го помилува каменот со своето име кое како потсетник го испиша, кое времето и ветерот го изабело, но знаеше дека е тука... во срцето за навек исклесано 41

Љубов сокриена лежиме еден покрај друг две тела испотени од страст истоштени очите говорат се не зборуваме молчиме збор кажан... непотребен e само усни се допреа топлина... љубовна низ тела проструи во прегратка љубовта ја сокривме како тајна незнајна од туѓи очи скриена... заштитена 42

Човек без лик Во талогот од кафе прстиве оставиле трага на соголена душа за да ја истражам до најдлабоката точка... скриен зад првиот свиок ѕирка силуета на... Човек без лик 43

Силно ја прегрнав љубовта како пердув... лесен се спуштив на твоите гради цврсти ја чувствував твојата топлина која ме изгоре оставајќи лузна видлива го слушав срцебиењето кое во такт на тапан го најавуваше надоаѓањето на твојата армија силна љубовна пешадија која ја освои мојата љубов на убав и тивок начин со погледот на твоите очи допирот на меките раце и се предадов... за да силно ја прегрнам љубовта 44

Attribution-NoDerivs 3.0 Unported You are free: to Share - to copy, distribute and transmit the work Under the following conditions: Attribution. You must attribute the work in the manner specified by the author or licensor (but not in any way that suggests that they endorse you or your use of the work). No Derivative Works. You may not alter, transform, or build upon this work. For any reuse or distribution, you must make clear to others the license terms of this work. The best way to do this is with a link to this web page. Any of the above conditions can be waived if you get permission from the copyright holder. Nothing in this license impairs or restricts the author s moral rights. The document was created by CC PDF Converter