ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

Лидија Брашер Тајд (Lydia Brashear Tiede) Анализа на македонската казнена политика и препораки за нејзиниот иден развој: Кон поеднообразен систем

Биланс на приходи и расходи

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Биланс на приходи и расходи

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

Социо политички и правни аспекти на аболицијата во меѓународната заедница

03. Plea Bargaining 01 MK [REV2] :05 Page 1

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

АНАЛИЗА НА КРИМИНАЛНОТО ЗДРУЖУВАЊЕ И ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ОД КАЗНЕНО ПРАВЕН АСПЕКТ

ВЛИЈАНИЕТО НА ОБЈЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ ВРЗ УТВРДУВАЊЕТО НА НЕПРЕСМЕТЛИВОСТА ВО КАЗНЕНОТО ПРАВО

Структурно програмирање

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

Од одбраната на обвинетиот ЉУБЕ БОШКОВСКИ од Скопје

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

КВАЛИФИЦИРАНИ УБИСТВА СПОРЕД НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

03. Investigation 01 MK [rev 2]:Layout :04 Page 1

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА СПЕЦИФИКИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПЕРИОДОТ ГОДИНА

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Позначајни концепциски разлики во реформата на истрагата во Хрватска и во Македонија

НОВ ЗКП ПРАВИЧЕН БАЛАНС МЕЃУ ЕФЕКТИВНОСТА НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН И ЕФЕКТИВНАТА ОДБРАНА. Клучни зборови: судење, притвор, докази, вештачење, откривање

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

март - јуни 2006 година

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА)

КРИВИЧНОТО ДЕЛО НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИ ВО МАКЕДОНСКО ПРАВО

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ТЕОРЕТСКИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА. 1. Воведни забелешки- ги земаме ли правата и полицијата сериозно?

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

М-р Елена Мујоска 1. год. 17, бр. 1-2, (2010) 237

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L HOMME EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПЕТТИ ОДДЕЛ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

С О Д Р Ж И Н А Стр.

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ПРАВНИОТ ОДНОС МЕЃУ ГРАЃАНИНОТ И ДРЖАВАТА ВО ДЕМОКРАТСКО-ПРАВНАТА ДРЖАВА

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

- Пом. Асс. Олга Ѓуркова Универзитет Гоце Делчев - Штип Правен факултет

Transcription:

Д-р Методија Каневчев, редовен професор 1 ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА 1.01 Изворна научна статија УДК: 343.242-051 406 : 343.232/.234 Апстракт Откако првин дава кроки - приказ на моделот за одмерување на казната предвиден во Законот за одредување на видот и одмерувањето на висината на казната, авторот критички опсервира некои негови решенија (за кои смета дека се спротивни со Кривичниот законик) сврзани со формалните услови за примена на некои од алтернативни мерки, кривично-правното дејство на повратот, повеќекратниот поврат, специјалниот поврат, продолженото кривично дело и крајната нужда. Имено тој констатира дека, сега, според ЗОВОВК, примената на некои од алтернативни мерки е можна и кај далеку потешки кривични дела (со што, практично, се дерогираат одредбите на КЗ, за условите под кои тие можат да се изречат), дека повратот, повеќекратниот поврат, специјалниот поврат и продолженото кривично дело (по своето кривично-правно дејство) се облигаторни отежнувачки околности, а дека крајната нужда (која, според КЗ, претставува основа за исклучување на противправноста) се третира како олеснувачка околност при одмерувањето на казната. Клучни зборови: казна, казнена политика, критериуми (за одмерување на казната), хоризонтална класификација, вертикална класификација, олеснувачки околности, отежнувачки околности, поврат, повеќекратен поврат, специјален поврат, продолжено кривично дело. Со Новелата на КЗ од декември 2014 година (ЗИД КЗ СВ 199/14-98), меѓу другото, беше преформулиран членот 39 ст. КЗ, така што во него е изречно статуирано дека судското одмерување на казната отсега ќе се врши според одредбите на еден посебен закон - Законот за одредување на видот и одмерувањето на висината на казната (СВ РМ 199/14-135). Со овој закон (со кој, всушност, беше извршено "позаконување" на поранешниот Правилник) се настојува да й се стави крај на невоедначената казнена политика на кривичните судови во Република Македонија. Во него се предвидени два основни критериуми од кои треба да се раководат судиите при одмерување на казната во конкретен случај: а) објективна категоризација на кривичното дело и б) поранешниот живот на сторителот (чл. 6). Во рамките на првиот критериум, поаѓајќи од видот и висината на пропишаната казна, сите кривични дела предвидени во Посебниот дел на 1 Редовен професор на Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" Скопје, Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје. 1

Кривичниот законик (како и во другите, вонкривични закони) се поделени во 55 (хоризонтални) категории. Во првата категорија спаѓаат најлесните кривични дела за кои е пропишана само парична казна, а во последната (55) категорија влегуваат најтешките кривични дела, за кои е пропишана казна затвор од најмалку 15 години или доживотен затвор (чл. 10). Вториот критериум поранешниот живот на сторителот, кој практично се сведува на неговата поранешна (не)осуваност, се определува врз основа на шест (вертикални) категории. Првата ја сочинуваат сторителите кои дотогаш воопшто не биле осудувани, а другите пет (од втора до шеста) се градуирани во зависност од претходно изречените правосилни пресуди и (или) нивната тежина. Така, на пример, во шестата - најтешка категорија, спаѓа сторителот комушто порано му биле изречени пет правосилни пресуди, или две пресуди на затвор од најмалку 5 години или или една пресуда на казна затвор од најмалку 8 години). Во овој критериум влегуваат и застарените осуди, но не и бришаните осуди, како ни осудите на казна затвор до три години, за чиешто бришење се исполнети условите предвидени со закон (чл. 11). Врз основа на претходно споменатите (објективни) критериуми, во секој хоризонтален ред се дадени минималните и максималните граници на казните (изразени во месеци) кои би можеле да му бидат изречени на сторителот на кривичното дело, во зависност од тоа во која вертикална категорија ќе биде класифициран, доколку судот вон секакво разумно сомневање (sic!) утврди дека го извршил кривичното дело за кое му се суди (чл. 12). Во секоја вертикална категорија е определена средна вредност на казната (пак изразена во месеци), која му служи на судијата како појдовна основа за засметување на олеснувачките и отежнувачките околности (што се врши со додавање или одземање на поени односно бодови), врз основа на што ќе ја индивидуализира висината на казната за конкретен сторител. Во член 14 пак, ЗОВОВК предвидува девет групи отежнувачки и олеснувачки околности коишто влијаат врз висината на казната. Сите (освен последната, која, всушност е поранешната одредба од ст. 4 на член 39 КЗ, во кој беа содржани правилата за одмерување на казна за дела сторени во поврат) се преземени од член 39 ст. 2 КЗ. Во рамките на секоја од споменатите групи околности (дадени во посебни листи во Прилог бр. 2, кој е составен дел на овој закон) се предвидени по неколку модалитети (исто така означени како "отежнувачки" односно "олеснувачки"), за кои се предвидени определен број бодови (до десет). Така, на пример, во рамките на околноста "степен на кривичната одговорност" (под I) постојат десет олеснувачки (ментална или телесна попреченост, намалена пресметливост, небрежност - доколку не е елемент на кривичното дело итн.) и два отежнувачки модалитети (планирање на кривичното дело, голема упорност при неговото извршување) кои носат различен број бодови (но не повеќе од десет). Или, во рамките на околноста "јачина на загрозувањето или повредата на заштитеното добро" (стр. 150, под III), постојат три олеснувачки (не настапила последица - ако не е е елемент на делото, отсуство на трајна последица, незаинтересираност на оштетениот за гонење) и две отежнувачки околности (дрскост, свирепост, изживување и сл. доколку не се елементи на кривичното делото, зачестеност на извршувањето на конкретното кривично дело - како појава). Освен изречно наведените, ЗОВОВК предвидува и други олеснувачки (стр. 159) и отежнувачки околности (стр. 159), кои не се наведени таксативно во 2

листите, а се специфични за определени кривични дела. Тие може да се вреднуваат (вкупно) со најмногу десет поени. Судот го пресметува вкупниот број (збирот) на поените добиени од олеснувачките (Прилог бр. 3, Работен лист А, стр. 159) и отежнувачките окоплности (Прилог бр. 4, Работен лист Б, стр. 1 65), и, поаѓајќи од средната вредност на казната, дадена во секоја вертикална категорија, тој број го засметува (додава или одзема) при индивидуализирањето на висината на казната за конкретен сторител. Во членовите 17-19 од Законот, се содржани правила за одмерување на паричната казната спрема правни лица. Тие се идентични со оние предвидени во Кривичниот законик (чл. чл. 96-а, 96-ѓ и 96-е), со тоа што во член 19 е додаден уште еден додатен модалитет (кој го нема во чл. 96-е КЗ): за кривичните дела за кои е пропишана казна од најмалку четири години, правното лице се казнува со парична казна од најмалку 500.000 денари, или, ако делото е сторено од користиљубие или пак е предизвикана штета од големи размери, најмногу до петкратниот износ од предизвиканата штета или остварената корист (т. 3). Со овој закон е уредено и прашањето сврзано со договарањето за видот и висината на казната меѓу јавниот обвинител и обвинетиот во рамките на спогодувањето (чл. 20), како и прашањето за висината на казната што може да му се изрече на обвинетиот, во случај на признание на вината на главната расправа (чл. 21). Па така, според член 20 т. 1, при договарањето во текот на истражната постапка, како и во скратената постапка, до поднесувањето на обвинтелниот предлог, е предвиден лимит, според кој, не може да биде договорена помала казна од 50% од казната, што би била изречена според одредбите на овој закон во редовна судска постапка, а при договарањето во фазата на оцена на обвинителниот акт, договорената казна не може да биде помала од 60% (чл. 20 т. 2 ЗОВОВК). Според член 21 пак, ако обвинетиот ја признае вината во текот на главната расправа (по воведните говори на странките), судот не може да му изрече помала казна од 70% од казната што би му била изречена со примена на одредбите на овој закон во редовната судска постапка. Криминално-политичкиот мотив на законодавецот беше преку објективизирање на процесот на одмерување на казната да се влијае врз воедначување на казнената политика на македонските кривични судови. Но, впечаток е дека со новиот модел вграден во овој закон процесот на судското одмерување на казната премногу се математизира, шематизира, шаблонизира што за консеквенција има драстично (и октроирано) заострување на казнената политика, како и речиси целосно уривање на основниот принцип на судското одмерување на казната: слободното судиско уверување при индивидуализација на казната. Со тоа, македонскиот систем на одмерување на казните многу потсетува на одамна напуштениот систем на апсолутно определени казни (кој, како реакција на средновековното судско самоволие и арбитрерност, за прв пат беше вграден во францускиот револуционерен Кривичен законик од 1791 година). Факт е дека меѓу одделни судови во државата постоеја драстични разлики при одмерувањето на видот и висината на кривичните санкции во слични предмети. Но, прашање е дали остварувањето на вакво нивелирање на казнената политика на кривичните судови во земјава е возможна мисија и дали тоа може и треба да се обезбедува на ваков начин. Одамна е речено дека секој конкретен криминален настан и секој конкретен сторител се приказни за себе: 3

во заднината на секое кривично дело се наоѓа човекот со безброј побуди (завист, алчност, љубов, омраза итн.) и стремежи што на делото му удираат посебен печат и (иако навидум изгледа сосема еднакво по вид и тежина) го прават ]\различно од кривичното дело на друг сторител, поради што не може и не треба да се инсистира на идентични (па дури ни на приближно исти) казни односно санкции. Со други зборови, потребно е внимателно сообразување на репресијата спрема личноста и делото на сторителот (преку индивидувализација на казната), заради остварување на специјално-превентивните и генерално-превентивните цели на казната. ЗОВОВК предвидува основање на специјална Комисија за воедначување на казнената политика на судовите (чл. 4-8), како независно и советодавно тело, чијашто задача е, меѓу другото, да го следи и менаџира прашањето сврзано со судското одмерување на казната (и на другите кривични санкции), во функција на воедначување на казнената политика на кривичните судови во Република Македонија. Комисијата брои седум члена кои ги избира Собранието на Република Македонија со четиригодишен мандат и со право на повторен избор. Во составот на оваа Комисија влегуваат по два члена кои се избираат по предлог на Јавниот обвинител и на Судскиот совет на РМ, од редот на јавните обвинители односно судиите со најмалку десетгодишно работно искуство во кривичната материја; еден член се избира по предлог на Адвокатската комора на РМ, од редот на адвокатите со најмалку десетгодишно работно искуство во кривичната материја; а по еден член се избира по предлог на министерот за правда и Владата на РМ од редот на вонредните или редовните професори по предметите од казнената област (поради комлексноста на проблематиката, како поради огромниот обем на работа, би било добро да се зголеми бројот на членовите на комисијата и тој да изнесува барем 15). Комисијата ги има следниве надлежности (и обврски): да ја следи и анализира казнената политика на судовите во државата; да предлага мерки за обезбедување сигурност и правичност во исполнувањето на целите на казнувањето, заради избегнување неоправдан диспаритет меѓу сторителите на кривични дела со слични карактеристики осудени за исти или слични кривични дела (според објективната категоризација на кривичните дела), со почитување на диспозицијата на судовите при оценката на олеснувачките и отежнувачките околности; да доставува предлози до Министерството за правда за изменување и дополнување на Кривичниот законик и на овој закон; да доставува годишен извештај до Собранието на РМ; до Министерството за правда да доставува шестмесечни извештаи за прашања од нејзината надлежност (за што Министерството ја известува Владата на РМ); да доставува известувања до Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители, Врховниот суд и Јавниот обвинтел на РМ за примената на овој закон по судови и да дава предлози и укажувања за начинот на воедначување на казнената политика (член 6). Ова решение треба да се подржи како една од можните опции за надминување на проблемот сврзан со драстичните разлики во политиката на казнувањето меѓу одделни кривични судови во Република Македонија. Но, пред тоа, ЗОВОВК треба да се укине, со тоа што некои од решенијата содржани во него (хоризонталната и вертикалната класификација, рамковната и средната казна, некои олеснувачки односно отежнувачки околности итн.) би можеле да послужат како појдовна основа при изградувањето на критериумите што 4

Комисијата би им ги сугерирала на кривичните судовите во Република Македонија да ги имаат предвид како своевиден (незадолжителен) ориентир во процесот на одредувањето на видот и одмерувањето на висината на казната. Иако сите закони формално-правно имаат еднаква правна сила, фактот што Законот за одредувањето на видот и одмерувањето на висината на казната е во функција на Кривичниот законик (одмерувањето на казната, имено, е иманентно кривично - правно прашање), го обврзуваше законодавецот да внимава тој да не биде во спротивност со КЗ. За жал тој не водеше доволно сметка за тоа бидејќи редица решенија вградени во него се во директна спротивност со КЗ. Со други зборови, во овој закон може да се најдат решенија со кои се дерогираат некои одредби и институти од општиот дел на КЗ, што предизвикува серозни проблеми и дилеми во судската практика (што е уште една причина за негово укинување). Во оваа прилика ќе се осврнеме врз неколку такви решенија. 1) Поинакви формални услови за примена на некои од новите алтернативни мерки. - Според нашиот КЗ (како и според сите други кривични законодавства во Европа и светот) алтернативните мерки се првенствено наменети за сторители на полесни кривични дела. Така, формален услов за примена на општокорисната работа е да се работи за кривично дело за кое пропишана парична казна или затвор до три години (чл. 58-б ст. 1), куќниот затвор (по измените од декември 2015 година) може да се примени за дела за кои е пропишана парична казна или затвор од пет години, а судот изрекол казна затвор до три години(чл. 59-а ст. 1), за условното прекинување на казната се бара да е пропишана парична казна или затвор до една година (чл. чл. 58-а ст. 1), а за судската опомена исто така парична казна или затвор до една година, со тоа што, по исклучок, оваа алтернативна мерка може да се примени и за кривични дела за кои е предвидена казна затвор до три години (чл. 59 ст. 1 и 2). Но, сега, според ЗОВОВК, примената на некои алтернативни мерки е можна и кај далеку потешки кривични дела, со што практично се дерогираат одредбите од КЗ за условите под кои може да се применат алтернативните мерки. Според член 16 од овој закон имено, во случаите кога судот ќе утврди казна затвор до 24 месеци (две години), а при евалуацијата (на отежнувачките и олеснувачките околности) во значителен обем преовладуваат вториве, при што разликата е најмалку 5 поени во нивна корист, може вака утврдената казна да ја услови или да примени некоја од другите алтернативни мерки, предвидени во чл. 48-а КЗ, ако оцени дека и со изречената условна осуда или друга алтернатвна мерка ќе се постигнат специјално-превентивните и генерално-превентивните мерки на казнувањето. До утврдена казна од две години може да се дојде и преку институтот ублажување и тоа (според чл. 41 ст. 1 т. 4 КЗ) за кривични дела за кои е пропишана казна затвор до четири години, а според ЗОВОВК до таква казна може да се дојде заклучно со кривичните дела за кои е пропишана казна затвор од една до десет години. `Од друга страна, овој закон допушта можност општокорисната работа да се примени заклучно со кривичните дела од XXXIX хоризонтална категорија (за кои е пропишана казна затвор од една до десет години и парична казна) и II вертикална категорија (кога се работи за веќе осудени лица на кои им се изречени до две правосилни пресуди за кривични дела за кои е пропишана парична казна или затвор до пет години), иако КЗ изречно статуира дека општокорисната работа се применува спрема дотогаш неосудувани лица (чл. 58- б, in fine), со што уште еднаш се дерогираат одредбите на КЗ! 5

2. - Кривично правно дејство на крајната нужда - на стр. 149, во прилог бр. 2, под I (степен на кривична одговорност), меѓу околностите кои судот треба да ги има предвид при одмерувањето на казната, како олеснувачка околност (под 3) изречно е наведена крајната нужда. Ова решение е во целосна спротивност со решението на КЗ за кривично-правното дејство на овој институт. Имено, крајната нужда е основа за исклучување на противправноста од Општиот дел на Кривичниот законик. Тоа значи дека делото сторено во состојба на крајна нужда воопшто не е кривично дело (бидејќи недостига противправноста, како еден од конститутивните елементи на општиот поим на кривичното дело), поради што судот е должен да донесе ослободителна пресуда. Со други зборови, ако судот во конкретен случај утврди дека сторителот го извршил делото во состојба на крајна нужда, тоа никако не смее да се третира како олеснувачка околност при определувањето на видот и висината на казната (како што тоа се прави во ЗОВОВК), туку само (односно единствено) како основа за исклучување на противправноста (како еден од елементите на општиот пом на кривичното дело), што доведува исклучување постоењето на кривичното дело. 3. - Кривично-правно дејство на повратот. Со Новелата на КЗ од февруари 2014 година (СВ РМ 28/14-8) одредбата за одмерување на казна во случај на поврат, поместена меѓу општите правила за одмерување на казната (чл. 39 ст. 4 КЗ), беше целосно изменета, така што сега законодавецот го задолжува судот при одмерувањето на казна да го има предвид само фактот дали кривичното дело е сторено во поврат (а посебно да внимава дали се работи за специјален поврат или продолжено кривично дело и дали постои исклучителен висок степен на противправност што во корелација со другите околности под кои е сторено делото го оправдува изрекувањето построга санкција). Делот од одредбата во кој таксативно беа наведени околностите за кои судот посебно требаше да води сметка при одмерувањето на казна за кривично дело сторено во поврат (дали поранешното дело е од ист вид како и новото дело, дали делата се сторени од исти побуди и колку време поминало од поранешната осуда, односно од издржаната или простената казна) е префрлен во член 14 ЗОВОВК, како IX група во листата на олеснувачките односно отежнувачките околности (од општ карактер) кои влијаат врз висината на казната во конкретен случај. Од анализата на одредбите содржани во чл. 39 ст. 1-5 КЗ произлегува дека повратот по своето кривично-правно дејство е факултативна отежнувачка околност. Тоа, со други зборови, значи, дека во случај на поврат (повторно извршување кривично дело по претходна осуда за едно кривично дело) судијата може (но не мора) да изрече потешка казна (од онаа што би ја изрекол кога не би постоел поврат), при што не смее да го пречекори посебниот законски максимум на казната затвор пропишана за новото кривично дело. Но, со донесувањето на ЗОВОВК ова решение на КЗ се дерогира, така што сега повратот се третира кaко облигаторна отежнувачка околност, што за консеквенција има обврска (а не само можност, опција) за судијата да изрече потешка казна. Да земеме еден пример, преку кој (во чекори) ќе го прикажеме процесот на одмерување на казната затвор во случај на поврат: да речеме дека некому му се суди за кривично дело за кое е пропишана казна затвор од една до пет години; судијата утврдил (од увидот во казнената евиденција) дека пред тоа обвинетиот сторил некое кривично дело за кое со правосилна пресуда бил осуден на казна затвор од девет години; според ЗОВОВК (стр. 144, прилог бр. 1) 6

судијата овој случај треба да го класифицира во XXIX хоризонтален односно VI вертикален ред (категорија), за што е предвидена рамковна казна од 48-60 месеци (или 4-5 години) затвор и средна казна од 54 месеци (или четири и пол години); по засметувањето на бодовите (поените) добиени по вреднувањето на олеснувачките односно отежнувачките околности, судијата одмерува (и изрекува) финална казна која треба да гравитира кон посебниот законски максимум и да се движи меѓу четири и пет години, со тоа што таа не смее да го надмине максимумот на казната затвор за новото дело (од пет години) пропишан со КЗ, ниту границите на рамковната казна (4-5 години) утврдена со ЗОВОВК. Да резимираме: околноста што сторителот порано еднаш бил осуден со правосилна пресуда на казна затвор од најмалку 8 години (во нашиот пример 9 години) судот мора да ја вреднува како отежнувачка околност и на сторителот да му изрече построга казна од она што би му ја изрекол кога не би постоел повратот. Затоа велиме дека сега (според ЗОВОВК), повратот по своето кривично-правно дејство е (законски предвидена) задолжителна отежнувачка околност и дека ова решение не кореспондира со решението вградено во Кривичниот законик. 4) Кривично-правното дејство на повеќекратниот поврат За разлика од КЗ, ЗОВОВК го третира како облигаторна отежнувачка околност и повеќекратниот поврат (извршување ново кривично дело по најмалку две претходни осуди). За илустрација на процесот на одмерување на казната во случај кога судијата пред себе има обвинет кој е повеќекратен повратник може да ни послужи погоре наведениот пример, со следнава модификација: судот (преку увидот во казнената евиденција) да се осведочил дека на сторителот порано му биле изречени пет или повеќе правосилни пресуди или пак две правосилни пресуди на казна затвор од најмалу пет години затвор. И во овој случај ЗОВОВК му налага на судијата да ги преземе истите потези (чекори) како и кај општиот поврат: да го класифицира предметот (делото, сторителот) во истиот хоризонтален и вертикален (XXIX/VI) ред (категорија), за што како што видовме, е предвидена казна рамковна казна затвор од 48-60 месеци (или 4-5 години затвор) и средна казна од 54 месеци (или четири и пол години) а финалната затворска казна мора да му ја одмери во границите меѓу четири и пет години (но не и пет години). 5. Продолженото кривично дело како околност за промена на квалификацијата на делото ЗОВОВК го третира продолженото кривично дело како околност за задолжителна промена на првичната класификација на делото на построго, што ќе рече - како облигаторна отежнувачка околност (стр. 16, т. 5.2). Кривичниот законик не познава вакво решение. Имено, според чл. 45 КЗ на сторител кој (под определени околности) со умисла ќе стори временски поврзана серија од две или повеќе дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело судот ќе му изрече единствена казна во рамките на казната пропишана за тоа дело (ст. 1). Ако (под условите од ст. 1) временски поврзаната серија од дејствија претставува повеќекратно остварување на истородни дела, судот ќе изрече казна во границите на казната предвидена за најтешкото дело (ст. 2), а ако со дејствијата од ст. 1 и 2 како вкупна последица биде остварена последицата на некое потешко дело, сторителот ќе се казни со казната пропишана за тоа дело (ст. 3). И тоа е се. Нема опција за прекфалификација на ниту еден од модалитетите на продолженото кривично дело (предвидени во чл. 45 ст. 1-3 КЗ) на построго и нема обврска за судијата за одмерување на потешка единствена казна што ќе гравитира кон посебниот 7

максимум на казната пропишана за кривичното дело под кое е супсумирана временски поврзаната серија од дејствија. 6) Кривично-правното дејство на специјалниот поврат - Иста е состојбата и со специјалниот поврат (кога новото дело е исто/родно со претходното), кој ЗОВОВК исто така го третира како околност за промена на класификацијата на делото. Имено, спред одредбата на ЗОВОВК содржана во т. 5. 1. на стр. 166, доколку при одмерувањето на казната судот утврди дека сторителот е специјален повратник (а во рамки на иста категорија), ќе го (ре)класифицира кривичното дело во построгите вертикални колони, со тоа што не може да се движи повеќе од две колони во десно од колоната во која е основната класификазција на делото. Тоа практично значи, дека сега специјалниот поврат (исто како и општиот поврат) по своето кривично - правно дејство е облигаторна отежнувачка околност, зашто задолжителната рекласификација всушност значи преквалификација на делото на построго, така што новата квалификација доведува не само до потешка рамковна казна, туку и до потешка средна казна, која пак е појдовната основа од која тргнува судијата при вреднувањето на олеснувачките и отежнувачките околности во процесот на финалното одмерување на казната. З А К Л У Ч О К По анализата на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната авторот констатира дека некои негови решенија се во целосна спротивност со Кривичниот законик, како и тоа дека неговата примена во практиката доведува до драстично заострување на казнената политика и до речиси целосно уривање на основниот принцип врз кој се темели судското одмерување на казната: слободното судиско уверување при индивидуализација на казната во конкретен случај. Затоа, тој предлага законот да се укине, а проблемот сврзан со разликите при судското одмерување на видот и висината на кривичните санкции во слични предмети, да се решава преку делувањето на посебната (советодавна и независна) Комисија за воедначување на казнената политика. Притоа, тој смета дека некои од решенијата содржани во ЗОВОВК би можеле да бидат искористени и да послужат како појдовна основа при изградувањето на критериумите и насоките што Комисијата би им ги сугерирала на кривичните судовите во Република Македонија, како патоказ во процесот на одредувањето на видот и одмерувањето на висината на казната. 8

Prof. Metodija Kanevcev, PhD 2 SOME (CONTROVERSIAL) DECISIONS OF THE LAW ON THE DETERMINATION OF THE TYPE OF SENTENCE AND THE DETERMINATION OF THE LENGTH OF THE SENTENCE Summary 1.01 Original Scientific Article UDK After first giving sketch - presentation of the model to mete out punishment prescribed by the Law for determining the type and determining the lenght of the fine, the author critically observe some of his decisions (which it considers contrary to the Criminal Code) relating to the formal requirements for applying some of the alternative measures, the criminal legal action of returns, multiple return, the special refund, continued crime and extreme necessity. Namely he stated that now, according the sentencing law, the application of some of the alternative measures is possible in far more serious crimes (which are practically derogate the provisions of the Criminal Code, the conditions under which they may be ordered) that the refund multiple returns, the special refund and the continued criminal offense (in its criminal legal action) is obligatorni aggravating circumstances and the ultimate need (which, according to the criminal Code, the basis for the exclusion of illegality) is treated as a mitigating circumstance in determining the penalty. Keywords: penalty, penal policy, criteria (Sentencing) classification horizontal, vertical classification, extenuating circumstances and aggravating circumstances, returns, multiple return, special return, continuous crime. 2 Professor at the University of Ss. Cyril and Methodius, Faculty of Law Iustinianus Primus Skopje. 9