Компјутерски игри Тема 2: Компјутери Одделение: VI деветгодишно Час број:16 Проф. Андријана Томовска
Цели на часот: Да знае што е компјутерска игра Да знае во која категорија на апликации спаѓа според поделбите Да ги знае основните карактеристики на игрите Да знае што е видео игра Да знае да опише некоја игра
Видео игри Видео игри се програми за забава кои се прикажуваат на некој уред со екран. Може да се играат со помош на конзола за играње, компјутер, моби лни телефони и слично. Играчот игра преку копчиња, џојстик, тастатура, глу вче, волан и слично во зависност од уредот на кој игра. Конзолите за играње се електронски уреди со меморија и процесор, а некои од нив и со хард диск. Тие работат со свои оперативни системи. Има ат CD или DVD уред за вчитување на видео игрите. Конзоли за играње се, на пример, многу популарните Sony PlayStation, Microsoft Xbox и Nintendo.
Компјутерски игри Дефиниција за компјутерска игра: Програмите за забава кои се играат на компјутер се викаа т компјутерски игри. Компјутерите многу често се користат за забава. Денес постојат повеќе компјутерски игри за децата, но и за возрасните. Тие се појавува ле паралелно со развојот на персоналните компјутери. Со текот на врем ето станувале побогати со графички и со звучни ефекти и сè подобро ја симулираат реалноста.
Spacewar. Првата компјутерска игра во светот била направена во 1961 год. во Америка под името Spacewar. Таа не била направена за персонален компј утер туку за голем компјутер кој бил користен за статистички пресметки. Играта се состоела од две вселенски летала управувани од играчите, кои се движеле околу една централно поставена ѕвезда и се обидувале да се уништат едно со друго
Првите компјутерски игр и за персоналните компјутери б иле интерактивни и текстуални авантури. Играчот внесувал наред би преку тастатура и добивал од говори и насоки за играта. Подо цна во игрите била внесена, пок рај текстот и графиката.
Подоцна биле направени ком пјутерски игри во кои биле потребни брзи рефлекси. Меѓу првите такви иг ри биле игрите за редење геометриск и фигури кои паѓаат - Tetris, избегнув ање препреки и собирање поени Pacman, Mario Bros и др.
Во деведесетите години биле направни првите тродимензи онални игри со играч во прво лице. Тоа се игри во кои играчот се движ и низ играта со очите на главниот лик во играта. Овие игри го направиле компјутерот многу популарен уред за играње видео игри.
Карактеристики на игрите Секоја игра има свои правила на игр ање и цел која играчот треба да ја п остигне. Целта може да биде победа, решавање н а логички проблем, поминување на сите нивоа, што подолго играње и слично. Според правилата на играта играчот влеч е потези за да ја постигне целта. Некои и гри имаат временско ограничување, друг и просторни итн.
Поделба на игрите Според бројот на играчи, игрите можат да бидат за: еден играч (singlе player сингл плеер), повеќе играчи (multyplayer мулти плеер). Според содржината, игрите можат да бидат за: Аркадни (акции), логички, симулации, стратегии Според приказот на графиката, компјутерските игри може да бидат 2D или 3D. 3D игрите се просторни игри и можат да бидат: класични - во кои играчот го гледа ликот со кој игра и целата околина, игри во прво лице - играчот игра и се движи низ играта како да гледа низ о чите на главниот лик.
Аркадни (акции) Акции се едноставни игри, мали и лесни за играње. Најчес то се поминува по некој пат и се добиваат поени за одредена рабо та. Целта на играта е да се најде начин како јунакот да ги премине сите пречки и опасности употребувајќи многу вештина и брзина за реакција. Пример: Херкулес, Тарзан, pac-man, Super Mario и др.
Логички Логичките се оние игри кои што бараат логичко разрешување на п роблемот за постигнување на целта
Стратегии Целта на стратегијата е логично разре шување на состојбите. Играчот треба д а одбере најдобра стратегија (најдобар начин) која ќе доведе до завршување н а играта. Пример: Фараон, Цезар, Warcraft, Age of empires Starcraft, Command & Conquer, Age of Empires, Dune и др.
Симулации Симулации се игри во к ои ликовите се однесуваат како во животот. Најчесто треба да с е изгради град во определено в реме, да се најде храна итн. (Sims, SimCity). Во овој жанр се вбројуваат и симулации на возе ње и летање, како и спортски иг ри. (FIFA Soccer, NBA Live)
Која е вашата oмилена компјутерска игр а? Опишете ја вашата омилена игра: според поделбите каква игра е, кој е главен јунак, како се игра односно кои се командите, која е целта, и истражете за нејзината појава!