Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Similar documents
Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик.

Март Opinion research & Communications

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ИНСТРУМЕНТ ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА СТАРТ-АП И СПИН-ОФ

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Јавен повик бр. 4 за поднесување предлог проекти за финансирање под

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Структурно програмирање

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

Утврдување на способноста на економските оператори

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

МАКЕДОНИЈА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ МЕХАНИЗМОТ ЗА НЕЗАВИСНО ИЗВЕСТУВАЊЕ (МНИ):

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

Reform in water sector on central level

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Програма за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија - Македонија CCI 2014TC16I5CB006

Системот на јавните набавки во Република Македонија

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

Коисмение.Штозначиме.

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА НВО СЕКТОРОТ ВО ВРШЕЊЕТО НА ЈАВНИ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Штип. Слаџана Стефанова

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

бр.02 декември АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЧЛЕНКИ НА МРР НА РМ 2. ELARD 3. АКТИВНОСТИ НА МРР НА РМ ВО ЈАВНИ ДОБРА

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Transcription:

ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015 Поддршка на организациите на граѓанското општество во рамките на Акцискиот план за граѓанско општество 2015 година Проект "Национален рурален парламент како глас на руралното население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Референца: EuropeAid /151569/DD/ACT/MK Краен рок за поднесување на апликации: 15.04.2018

Содржина: 1. ВОВЕД... 3 2. KРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ... 4 5. ФИНАНСИСКИ АСПЕКТИ НА ПОВИКОТ... 6 6. ПРАВИЛА ЗА ОВОЈ ПОВИК... 7 7. ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР НА АПЛИКАЦИИТЕ... 9 8. ИНДИКАТИВЕН РАСПОРЕД... 12

1. ВОВЕД Проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното население" (NRP), е имплементиран од Фондацијата за поврзување на природните вредности и луѓето ЦНВП, во партнерство со Мрежата за рурален развој на Република Македонија (во натамошниот текст MPP) и Акција за рурален развој (во натамошниот текст АкРРа). Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија во рамките на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2015, за Поддршка на организациите на граѓанското општество во рамките на Акцискиот план за граѓанско општество 2015 година. Проектот ја нагласува потребата за идентификација и вмрежување на граѓанските организации кои работат во руралните средини со цел да се подобри пренесувањeто на знаење меѓу граѓанските организации поврзани со руралните предизвици и донесувањето на одлуки. Општите цели на проектот се: 1) зајакнување на влијанието на граѓанското општество преку негово вклучување во развојот на јавните политики, граѓански дијалог и процесите на донесување одлуки за подобрување на основните права. Специфичните цели се: 1) да се зајакне капацитетот на граѓанските организации кои работат во руралните средини за вмрежување и застапување со цел да се влијае на процесот на локално одлучување Проектот има за цел да ги развие капацитетите за управување на граѓанските организации кои работат во руралните средини за да ги водат процесите за рурален развој. Пристапот одоздола-нагоре ќе се искористи при преземањето активности кои ќе го дефинираат заедничкиот интерес на граѓанските организации преку регрантирање. Можноста за регрантирање ги оспособува организациите на граѓанското општество да управуваат со фондови и да дејствуваат како ефективни и одговорни, независни чинители. Како резултат на ова пак националните и локалните власти ќе бидат под влијание да ги препознаат ГО како еднакви партнери во идната

имплементација на политиките, како и активностите кои се однесуваат на пошироката популација. Во рамки на овој проект преку програмата за мали грантови се нуди поддршка на трети страни, односно на граѓанските организации кои се регистрирани во Македонија преку ре-грантирање, менторство и флексибилни механизми за поддршка, создавајќи рамка која ќе обезбеди успешен пример за проект на граѓанското општество водена од долгорочно организациско планирање. Програмата за регрантирање ќе придонесе и кон зајакнување на капацитетите на ГО за: подобрување/воспостваување на организациски и управувачки механизми, поголема транспарентност и одговорност на системите за финансиско управување, вмрежување и координација на иницијативи за застапување, како и подобрување на видливоста и односите помеѓу ГО и нивните крајни корисници. Оваа програма има за цел да ја зајакне соработката помеѓу вклучените граѓански организации со цел да се подобри дијалогот со засегнатите страни (локалната власт, како и локалните бизниси) кои се вклучени во процесите на локален развој во руралните средини. 2. KРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ Програмата за мали грантови (ПМГ) е отворена само за граѓански организации (ГО) во Македонија активни во рурални средини. Една организација може да биде дел од само една пријава/предлог-проект. Секоја од организациите може да учествува во максимум еден проект: - како апликант во предлог проект или - ко-апликант во предлог проект. 2.1. Граѓанските организации кои ги исполнуваат следниве критериуми имаат право да аплицираат:

Правен непрофитен ентитет регистриран согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации (како што се: здруженија на граѓани, асоцијации, фондации, професионални здруженија); ГО регистрирани во Македонија; ГО регистрирани најмалку 2 години пред објавувањето на овој повик; ГО активни во рурална средина ГО директно вклучени во подготовката и спроведувањето на предложените активности; Забелешка: Поединци, политички партии, меѓународни и странски организации, верски заедници, организации основани или управувани од владини/јавни институции немаат право да учествуваат на овој повик како апликант или коапликант. 2.2. Партнерства Во рамките на овој повик задолжително е склучување на партнерство со најмалку еден ко-апликант. Ко-апликантите треба да учествуваат во подготовката и спроведување на проектните активности, а трошоците што ги преземаат се подобни на ист начин како и оние за главниот апликант. Партнерствата помеѓу ГО не можат да се состојат од организации кои се финансиски или правно поврзани. 2.3. Соработници Во проектите можат да бидат вклучени и други организации (јавни/владини институции, здруженија). Таквите соработници би имале важна улога во проектните активности, но не можат да бидат корисници на средства од грантот. Соработниците мора да се споменат во Анекс 1 Формулар за пријавување. 2.4. Локација Локацијата на имплементација на проектите во рамки на програмата за мали грантови (ПМГ) се рурални средини во Република Македонија. 2.5. Времетраење на проектот Имплементацијата на сите проекти доделени во рамки на овој повик треба да трае најмногу 7 месеци од денот на потпишување на договорот. 3. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ

Целта на повикот е да се зајакне меѓусебната соработка помеѓу граѓанските организации и да се подобри дијалогот помеѓу граѓанските организации и чинителите (локалната самоуправа и локалните бизниси) кои се вклучени во руралниот развој. 4. ТЕМАТСКИ ОБЛАСТИ НА ПОВИКОТ Со овој Повик ќе се поддржат иницијативи на граѓански организации кои ќе придонесат за: Зајакнување на можностите за размена на знаења и вештини помеѓу граѓанските организации и чинителите; Подобрување на капацитетот и структурата на граѓанските организации кои делуваат во областа на руралниот развој (финансиско и проектно работење; диверзификација на финансирање; лобирање и застапување) Предложените иницијативи може да се фокусираат на следните активности: Подобрен дијалог меѓу граѓанскиот сектор и локалните / националните институции; Вмрежување за посилни партнерства во руралните области и споделување на најдобрите практики; Застапување и лобирање во врска со руралниот развој; Обуки за градење капацитети на руралните граѓански организации. 5. ФИНАНСИСКИ АСПЕКТИ НА ПОВИКОТ Вкупниот буџет на повикот е 3.684.000 денари за поддршка на 10 иницијативи на ГО. Финансирањето ќе биде обезбедено до максимален износ од 368.400 денари по предлог-проект. Кофинансирањето на апликантите не е задолжително, но е дозволено, единствено од извори на финансирање различни од Европската

Комисија. Во партнерството, само една организација - главниот апликант, ќе биде директно одговорна за управување со финансиите за целиот проект. 5.1. Прифатливи и неприфатливи трошоци 5.1.1. Прифатливи директни трошоци Сите трошоци кои се предвидени во проектот, а се неопходни за спроведување на проектот и се образложени во Анекс I Образец за пријавување и Анекс III Предлогбуџет се сметаат за подобни. 5.1.2. Неприфатливи трошоци Покривање на загубите или каматните стапки на корисникот; Купување или закуп на опрема; Финансирање на нелегални активности; Сите други трошоци кои ќе бидат оценети како несоодветни. 6. ПРАВИЛА ЗА ОВОЈ ПОВИК 6.1. Како да се аплицира и да се следи постапката? Предлог-проектите треба да бидат напишани на македонски јазик вклучувајќи и кратко резиме (максимум 1 страна) на англиски јазик. Апликантот мора да го достави целосниот пакет на апликација составен од: 1. Анекс I Образец за пријавување; 2. Анекс II Работен план; 3. Анекс III Предлог-буџет; Сите документи треба да се достават во електронски формат, со скенирани страници каде што е потребно потпис и печат од страна на апликантите / коапликантите.

Заедно со документите од пакетот за пријавување, апликантите и ко-апликантите мора да ја достават и следната дополнителна документација (скенирана): Тековна состојба од Централен Регистар на Република Македонија (не постара од 6 месеци) за апликантот и ко-апликантот; Скенирана копија од Статутот на апликантот и ко-апликантот Скенирана копија од Завршната сметка за 2017 година со потврда од Централен регистар за прием и обработка; Пријавите треба да бидат испратени по е-пошта на nrpsubgranting@cnvpeu.org не подоцна од 15.04.2018 година, до 14:00 часот, со назнака (предмет) "Повик од програмата за мали грантови". Секоја пријава примена преку е-пошта ќе добие повратен одговор што ќе го потврди приемот на пријавата. Нецелосните пријави, пријави поднесени на друг начин и/или на обрасци различни од дадените во рамки на овој повик нема да бидат земени во предвид. Сите пријави испратени по крајниот рок автоматски ќе бидат одбиени. Доказ за доставување на пријавите ќе биде времето на прием пријавата на е-пошта. 6.5. Дополнителни информации за пријавата Во случај на потреба од дополнителни информации, прашања може да се праќаат по е-пошта на nrpsubgranting@cnvp-eu.org најдоцна до 08.04.2018 година, со назнака на е-пошта "Прашања за повикот од програмата мали грантови". Договорниот орган нема обврска да дава појаснувања за прашањата добиени по овој датум. Одговорите ќе бидат дадени најдоцна до 11.04.2018 година. Прашањата што можат да бидат релевантни за другите апликанти, заедно со одговорите, ќе бидат објавени на веб-страницата на проектот http://mk.ruralnet.mk/essential_grid/national-rural-parliament-as-a-voice-of-ruralcitizens/. За да се обезбеди еднаков третман на апликантите, договорниот орган не може да даде претходно мислење за подобноста на апликантите и проектите или конкретните активности.

7. ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР НА АПЛИКАЦИИТЕ Изборот на предлог-проектите ќе се врши врз основа на следниве критериуми: сеопфатност на апликацијата (идентификувана потреба, јасни цели, видливи резултати, план за одржливост, минато искуство во организацијата и работењето, посветеност на целите на проектот, квалитет на работниот план со предлог на буџетот); капацитетот на идентификуваните активности за постигнување на дефинираните цели; односот помеѓу предложените активности и финансискиот план; планираното влијание на проектот и идната одржливост. Евалуацијата на предлог-проектот ќе се одвива во две фази. Во првата фаза ќе се спроведе Административна проверка на доставените документи (Анекси I, II и III, заедно со дополнителната документација). Предлогпроектите со доставената потребна документација во согласност со упатствата ќе се оценуваат во втората фаза Оценување на пријавите, од страна на Комисија за евалуација. Овие проекти ќе бидат оценети во согласност со критериумите утврдени во Упатствата. Листа на поддржани проекти ќе бидат објавени на: вебстраницата на проектот, http://mk.ruralnet.mk/essential_grid/national-rural-parliamentas-a-voice-of-rural-citizens/, http://cnvp-eu.org. Критериумите за оценување се поделени во насловите и поднасловите. Критериумите од став 1 се елиминирачки. Ако одговорот на некој од критериумите е "Не", пријавата ќе биде одбиена по оваа основа. За наслов 2, секој поднаслов ќе добие оценка помеѓу 1 и 5, на следниов начин: 1 = незадоволувачка; 2 = задоволувачка; 3 = адекватна; 4 = добра; 5 = многу добра. Два критериуми од став 2 (конкретно 2.7 и 2.8) ќе бидат оценувани врз основа на квалитетот на доставените документи. Предлозите со подобар квалитет ќе добијат повисоки оценки. Откако ќе се оценат сите пријави, ќе се состави листа со предложените активности рангирани според нивниот вкупен бодовен збир од наслов 2 Оценување на пријавите. Пријавите со вкупна оценка од најмалку 30 поени (од поднасловите 2.1-2.6) ќе бидат земени во предвид за предселекција. По евалуацијата на пријавата, договорниот орган ќе испрати писма со известување само до избраните (успешни)

апликанти. По евалуацијата на доставените документи ќе се состави листа на пријави според нивниот вкупен резултат. Доколку некој од избраните кандидати не треба да влезе во програмата поради некоја причина, првиот следен апликант од листата ќе биде понуден да го замени.

Табела за оценување: 1. Административна проверка Да Не 1.1 Рокот за поднесување на апликацијата е исполнет 1.2 Апликантот ги исполнува критериумите за подобност во делот 2.1. 1.3 Дополнителните документи се доставени во согласност со упатствата Ако сите претходни одговори се ДА: Одлука: Апликацијата е прифатена 2. Оценување на пријавите 2.1 Дали апликантот и ко-апликантот имаат доволно проектно искуство? 5x2 2.2 Апликантот има претходно работно искуство во секторот на предложениот проект? 5x2 2.3 Соработка со релевантни чинители. 5 2.4 Колку е релевантен предлог-проектот во однос на целите и приоритетите на повикот? 2.5 Колку се јасно дефинирани и стратешки избрани оние ентитети кои се вклучени во проектот (корисници, целни групи)? Дали нивните потреби се јасно дефинирани и како предлогот ги адресира? 5x2 5x2 2.6 Оперативен и финансиски капацитет на апликантот 5 2.7 Дали активностите се добро планирани (временски активности на планот за имплементација) 2.8 Дали буџетот е реалистичен и точен? 5x2 5x2 Дали буџетот е во согласност со планираните активности? ВКУПНО 70

8. ИНДИКАТИВЕН РАСПОРЕД Чекор Датум* Време Инфо ден Битола 21 03.2018 11:00 Инфо ден Куманово 23.03.2018 11:00 Инфо ден Тетово 26.03.2018 11:00 Инфо ден Струмица 28.03.2018 11:00 Краен рок за барања за појаснувања 08.04.2018 - Краен рок за одговори на барања за појаснувања Краен рок за доставување на пријавите Информации за апликантите за евалуација на пријавите 11.04.2018 15.04.2018 14:00 30.04.2018 - Потпишување на договорот и почеток на имплементација 03.05.2018 - * Забелешка: овој распоред може да се промени во текот на постапката за повик за предлози. Во тој случај, ажурирана верзија ќе биде објавена на веб-страницата на договорниот орган.