Информационо писмо Шеста меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД» работни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски и англиски Почитувани колеги, Ве покануваме да учествувате на Шестата меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД» (со објавување на зборник), која ќе се одржи во Свети Николе, Р. Македонија, во периодот од 17 до 18 Април, 2015 година. Научни насоки на конференцијата: I. Право и политикологија 1. Административно право и јавна администрација 2. Граѓанско право 3. Казнено право 4. Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија 5. Финансии и деловно право 6. Човекот и општеството: граѓанското општество во постсоцијалистичките земји 7. Од партиите на власт кон партиски проекти: партиските системи во постсоцијалистичките земји 8. Судир на интереси: политичките и воените конфликти во постсоцијалистички простор 9. Нови глобални групирања - интересни сфери и геополитички доктрини во светот 10. Поларизацијата и кризата како стратегија која поттикнува тероризам 11. Новиот светски поредок како стратешка перспектива или критичко пишување на историјата 12. Европската унија, поларизацијата исток-запад и владеењето со промените
II. Психологија и педагогија 1. Психолошка поддршка на меѓународната економска соработка 2. Механизам на социјaлното познавање во дијалогот на културите 3. Иднината е сега психологија во образовен процес 4. Ментално здравје во заедница 5. Психотерапевтски техники алатка за организациски и системски развој во компании и институции 6. Психолошки одговори на социјални општествени промени 7. Перспектива на есктерното тестирање од аспект на децата, родителите и наставниците 8. Начини за превентивно делување на училишниот неуспех 9. Глобализацијата и современите модели на воспитание 10. Начини на санација на стресните ситуации во училиште 11. Влијанијата на интернетот и мултимедијалните средства врз учењето 12. Педагошки услови за формирање на меѓукултурна толеранција на личноста III. Економија 1. Етика на взаемното дејство помеѓу власта и општеството 2. Технологии на ефективна организација во работата на раководителот 3. Алатки за управување со персоналот во современите услови на стопанисување 4. Социјално-хуманитарна и правна поддршка на комерцијалните активности 5. Економијата на крстопат: новите предизвици на глобалната економија 6. Развој или стагнација: постојат ли излезни стратегии за развој? 7. Современите економии низ призмата на промените на цените на енергијата и храната и курсевите на валутите 8. Менаџментот на човечки ресурси и нова агенда на организациска ефективност 9. Современиот менаџмент и интернационалниот карактер на промените 10. Современи трендови и предизвици во областа на сметководството и ревизијата 11. Предизвици на современиот маркетинг во пазарната економија 12. Иновативни маркетинг трендови во дигиталните медиуми IV. Филозофија, лингвистика и културологија 1. Културата, идентитетот (културен, транскултурен, мултикултурен) и вредностите 2. Филозофијата, културата и обликувањето на погледот на светот 3. Oпштото и индивидуалното во толкувањето и разбирањето на литературата и творештвото 4. Интеркултурализмот и филозофијата на јазикот 5. Јазикот и јазиците: лингвистичкиот универзализам наспроти лингвистичкиот релативизам 6. Јазикот и конституирањето на значењата низ културните и општествените процеси 7. Јазикот и толкувањето: херменевтичката перспектива во филозофијата и во книжевноста 8. Дијалогизмот, интертекстуалноста и книжевното творештво 9. Јазикот, културата и активноста на преведувањето 10. Плурилингвизмот и современите јазични политики 11. Современите лингво-културолошки тенденции 12. Хуманизмот како цел на литратурното и уметничкото творештво
Финансиски услови: Редовно Редовно со престој Вонредно 1 автор 70 100 70 2 автори 100 130 100 Повеќе од 2 автори* 130 Според учесници 130 *Бесплатен зборник добиваат максимум тројца учесници (како автори на еден заеднички труд). За секој нареден автор што сака да подигне зборник, истиот се доплаќа 15 евра. За учесниците од Македонија уплатата се врши на следнава смeтка: 320100002856845 депонент ЦКБ примач: Меѓународен Славјански Универзитет Г.Р.Державин Св.Николе, додека пак уплатата за странските државјани се врши на следнава сметка во евра: IBAN: MK07200002273146492 SWIFT CODE: STOBMK2X Банка на примач: Стопанска Банка АД Скопје примач: Меѓународен Славјански Универзитет Г.Р.Державин Св.Николе На котизацијата задолжително да се посочи насловот на конференцијата, презиме и име на учесникот, или доколку се повеќе автори, името на првиот автор. Сместувањето и оброците за учесниците на конференцијата се обезбедени од страна на организаторите на конференцијата. Патните трошоци се на трошок на учесниците на конференцијата. Технички барања за статијата: Задолжителен превод на насловот на англиски јазик. Да се вклучи апстракт на мајчин јазик со превод на англиски (до 100 зборови секој) Задолжително внесување на клучни зборови на мајчин јазик со превод на англиски Големина на статијата: од 3 до 5 страници. Материјалите треба да бидат подготвени во Microsoft Office Word (.doc или.docx) Големина на фонт: 12; Фонт: Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка); Line spacing (проред): 1.5 Маргините: лево 30 mm, десно 15 mm, горе и долу 20 mm Пример за целосно подготвена статија веќе објавена во зборникот ќе Ви биде доставен заедно со информационото писмо. Истиот ќе можете да го најдете и на нашата веб страница: http://msu.edu.mk/konferencija
Пријавување: Учесниците кои се пријавуваат со заеднички труд пополнуваат заедничкo барање. Формат на барање за учество на Шестата Меѓународна научна конференција МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД (Може да биде преземено од нашата веб страница http://msu.edu.mk/konferencija) Презиме и име, на автор/и Фотографија во боја (портрет, се внесува во барањето) Наслов на статијата: Кон која од дадените теми се однесува трудот: Работна организација и должност: учење (цело име на универзитетот, должност, научен степен и звање) Адреса на живеење со град, поштенски број, држава (за достава на зборникот) Телефон со меѓународен код: Е-маил адреса: Форма на учество на конференцијата: (редовно или вонредно) Датум на учество: (само за редовните учесници, се избира еден од понудените датуми: 17-ти или 18-ти април) 1. (презиме и име на прв автор) 2. (презиме и име на втор автор, доколку има) 3. (презиме и име на трет автор, доколку има) 4. (презиме и име на четврти автор, доколку има) (на мајчин јазик) (на англиски јазик) Барањето за учество и статијата Ве молиме да ги испратите на следнава e-маил адреса: konferencija@msu.edu.mk, најдоцна до 01.04.2015. Барањата кои ќе бидат доставени после горенаведениот рок, нема да бидат објавувани.
Доставување на материјалите: Барањето, материјалите и потврдата за уплата за котизација се испраќаат во посебни фајлови, но во иста е-маил порака, со назнака За учество на 6-та Меѓународна конференција. Ве молиме обратете внимание на следново: Името на фајлот со трудот треба да биде труд (и презимето на авторот) Името на фајлот со барањето треба да биде барање Името на фајлот со скенираната уплатница за уплатена котизација треба да биде уплата (и презимето на авторот) Организациониот комитет го задржува правото за избор на статиите. Конференцијата ќе се одржи на 17 и 18 Април 2015 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Г.Р.Державин во Свети Николе. Учесниците кои доаѓаат од други градови (земји) ги молиме да го потврдат своето присуство најдоцна до 1 април 2015 година и да остават телефон за контакт. Статиите на учесниците на конференцијата ќе бидат издадени во публикација по одржувањето на конференцијата. Примероците од Зборникот учесниците ќе ги добијат на конференцијата, додека на вонредните учесници ќе им биде доставен по пошта на соодветна адреса. Контакт: Технички раководител на конференцијата: Ѓорчева Михаела +389 75 226 775 m_gjorceva@msu.edu.mk Технички секретар на конференцијата: Милена Спасовска + 389 78 827 914 milena.spasovska@msu.edu.mk Адреса на комисијата: Маршал Тито 77 Свети Николе Р. Македонија