БИЛТЕН, I/22 17 февруари 2011

Similar documents
БИЛТЕН, I/9 11 Март 2009

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

БИЛТЕН, I/26 21 ноември 2011

UNIVERZITETSKI BILTEN

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Март Opinion research & Communications

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНД ЗА НАУЧНА ОБЛАСТ МАТЕМАТИКА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј. Куси биографски податоци за кандидатот

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

БИЛТЕН, I/32 11 март 2013

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

И З В Е Ш Т А Ј 1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

UNIVERZITETSKI BILTEN

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н. Бр. 379

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

Број 163, февруари 2016

UNIVERZITETSKI BILTEN

Б И Л Т Е Н. Бр. 419

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Структурно програмирање

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

C U R R I C U L U M V I T A E

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

UNIVERZITETSKI BILTEN

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола; има чест на Наставничкиот совет на БАС да му го поднесе следниов ИЗВЕШТАЈ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА 54

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

1. ВОВЕД 2. ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ И ИЗВЕДУВАЊЕ


UNIVERZITETSKI BILTEN

Биланс на приходи и расходи

МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОД (PLM)

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО-НАУЧНАТА ОБЛАСТ ПИЈАНО НА МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, КРИТЕРИУМИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И СТУДИРАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА

Вид на квалификација Финансиско-сметководствено-банкарска насока Степен Дипломиран економист

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1136

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ЧЕТИРИГОДИШНИ СТУДИИ (ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ)

Б И Л Т Е Н На УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

Република Македонија. Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Архитектонски факултет ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ

ПРИЛОГ 5 Биографии на наставници на студиската програма Докторски студии по метрологија

Биланс на приходи и расходи

БИЛТЕН, I/48 31 јули 2014

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП В О Е Н А А К А Д Е М И Ј А

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Број 204, февруари 2018

С О Д Р Ж И Н А CONTENTS

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

БИЛТЕН, I/54 20 ноември 2015

C U R R I C U L U M V I T A E

Број 174, септември 2016

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Број 196, септември 2017

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

Економски факултет. Втор циклус студии ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ ПРОЕКТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛTЕТ - СКОПЈЕ. Предлог

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

Број 215, август 2018

Transcription:

СОДРЖИНА: 1. Записник од 35-та седница на Советот за научна дејност и последипломски студии, одржана на 21.12.2010; 2. Извештај на рецензентската комисија за оценка на научната издржаност на тема: Регионалната Политика и Соработка како Механизам за Интеграција Социо-политички предуслови за поефикасна регионална соработка во Југоисточна Европа, пријавена за изработка на докторска дисертација од страна на кандидатката м-р Александра Ѓореска; 3. Извештај на рецензентската комисија на докторската дисертација на тема: Формирање на биополитичкиот апаратус пријавена од страна на кандидатот Мелентие Пандиловски; 4. Извештај од рецензентската комисија за избор на д-р Катерина Колозова во звање научен советник/редовен професор.

1. Записник од 35-та седница на Советот за научна дејност и последипломски студии, одржана на 21.12.2010; Присутни на седницата: Проф. д-р Весна Матијашевиќ - Покупец, проф. д-р Катерина Колозова, проф. Д-р Митко Панов, доц. д-р Софија Грандаковска, доц. д-р Панче Велков, Драгана Каровска Чемерска ДНЕВЕН РЕД на триесетипеттата седница на Советот за научна дејност и последипломски студии, одржана на 21 декември 2010: 1. Усвојување на нацрт Записникот од 34-та седница на Советот, одржана на 11.11.2010; 2. Известување за менторското мислење доставено од проф. д-р Катерина Колозова за докторатот на кандидатката м-р Вјолца Истрефи, со наслов: The Role of Islamic Religion in Forming the Women s Identity, и разгледување на Барањето за формирање рецензентска комисија за одбрана на докторска теза, поднесено од м-р Вјолца Истрефи; 3. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на подобност на темата за Докторат од кандидатката М-р Александра Ѓореска. Наслов на предлог темата: Регионалната Политика и Соработка како Механизам за Интеграција Социополитички предуслови за поефикасна регионална соработка во Југоисточна Европа ; 4. Разгледување на пријавата за магистерски труд на Фете Ибраими со предложена тема Статусот на албанската жена во семејството во Дервенскиот крај и на барањето за определување на ментор; 5. Разгледување на пристигнатите пријави за избор во звање; 6. Разно. БР.05.12/589, 15-02-2011 г. Тек на седницата: 1. Усвојување на нацрт Записникот од 34-та седница на Советот, одржана

на 11.11.2010; Советот за научна дејност и последипломски студии едногласно го усвои нацрт записникот од триесетичетвртата седница одржана на 11.11.2010. 2. Известување за менторското мислење доставено од проф. д-р Катерина Колозова за докторатот на кандидатката м-р Вјолца Истрефи, со наслов: The Role of Islamic Religion in Forming the Women s Identity, и разгледување на Барањето за формирање рецензентска комисија за одбрана на докторска теза, поднесено од м-р Вјолца Истрефи; Врз основа на барањето за формирање рецензентска комисија за одбрана на докторска теза, поднесено од М-р Вјолца Истрефи, Советот донесе одлука за формирање на рецензентска комисија во следниот состав: - Проф. д-р Гзиме Старова (претседателка); - Проф. д-р Катерина Колозова; - Проф. д-р Јован Донев; - Проф. д-р Весна Матијашевиќ-Покупец; - Проф. д-р Маја Панова; 3. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на подобност на темата за Докторат од кандидатката М-р Александра Ѓореска. Наслов на предлог темата: Регионалната Политика и Соработка како Механизам за Интеграција Социо-политички предуслови за поефикасна регионална соработка во Југоисточна Европа ; Советот едногласно го усвои заедничкиот извештај на комисијата за научната издржаност на темата Регионалната Политика и Соработка како Механизам за Интеграција Социо-политички предуслови за поефикасна регионална соработка во Југоисточна Европа, предложена од кандидатката м-р Александра Ѓореска. Извештајот е потпишан од сите членови на комисијата: - Проф. д-р Јован Донев; - Проф. д-р Звонимир Јанкуловски;

- Проф. д-р Катерина Колозова. 4. Разгледување на пријавата за магистерски труд на Фете Ибраими со предложена тема Статусот на албанската жена во семејството во Дервенскиот крај и на барањето за определување на ментор; Врз основа на поднесената пријава за магистерски труд и поднесеното барање од Фете Ибраими за определување на ментор за магистерска дисертација, Советот донесе одлука со која Советот го прифати насловот на темата за магистерски труд и ја назначи проф. д-р Весна Матијашевиќ-Покупец за ментор. 5. Разгледување на пристигнатите пријави за избор во звање; Врз основа на барањето за избор во звање на проф. д-р Катерина Колозова, Советот донесе одлука за формирање на рецензентска комисија во следниот состав: - Проф. д-р Митко Панов; - Проф. д-р Јован Донев; - Проф. д-р Весна Матијашевиќ-Покупец. Врз основа на барањето за избор во соработничко звање на д-р Персида Малинска, Советот донесе одлука за формирање на рецензентска комисија во следниот состав: - Проф. д-р Митко Панов; - Проф. д-р Катерина Колозова; - Доц. д-р Софија Грандаковска. 6. Разно. / Записничарка: Претседаваше со седницата на Советот: Драгана Каровска Чемерска с.р. Проф. д-р Јован Донев с.р. Скопје, 21. 12. 2010

2. Извештај на рецензентската комисија за оценка на научната издржаност на тема: Регионалната Политика и Соработка како Механизам за Интеграција Социо-политички предуслови за поефикасна регионална соработка во Југоисточна Европа, пријавена за изработка на докторска дисертација од страна на кандидатката м-р Александра Ѓореска; БР.05.12/573, 20-12-2010 г. ДО СОВЕТОТ ЗА НАУЧНА ДЕЈНОСТ И ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА ИНСТИТУТОТ ЕВРО-БАЛКАН, СКОПЈЕ Со одлука бр. 05.12/474 донесена на триесетивтората седница на Советот за научна дејност и последипломски студии на Институтот, одржана на 10 септември 2010, избрани сме за членови на рецензентската комисија за утврдување на подобноста и способноста за научна работа на кандидатот М-р Александра Ѓореска, како и за одобрување на темата за изработка на докторска дисертација под наслов: Регионалната политика и соработка како механизам за интеграција Социополитички предуслови за поефикасна регионална соработка во Југоисточна Европа По разгледување на приложениот материјал, комисијата во состав Проф. д-р Јован Донев, Проф. д-р Звонимир Јанкуловски и Проф. д-р Катерина Колозова, има чест на Советот за научна дејност и последипломски студии да му го поднесе следниов И З В Е Ш Т А Ј

1. Биографски податоци и научна подготвеност на кандидатот Кандидатот М-р Александра Ѓореска е родена на 07.08.1977 во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломирала во Јуни 2001 година, на Универзитетот во Букурешт, Факултет за странски јазици и литератури. Првиот магистерски труд, од областа на теоретската лингвистика, го брани на Универзитетот во Букурешт, во 2002 година. Вториот магистерски труд, од областа на студиите на Источна Европа (политички науки и меѓународни односи) го брани на Универзитетот во Болоња, Факултет за политички науки, во октомври 2006 година. Досегашното научно-истражувачко и работно искуство, додипломското образование и завршените постдипломски студии сведочат за оспособеноста на м-р Александра Ѓореска за научно истражување и за подготвеноста за изработка на докторска теза. 2. Подобност на темата Предложената тема за докторска дисертација Регионалната политика и соработка како механизам за интеграција Социо-политички предуслови за поефикасна регионална соработка во Југоисточна Европа има за цел да истражи дали регионалната политика, во нејзината повеќекратна смисла, оди во прилог на процесите на европска и глобална интеграција на земјите од Југоисточна Европа, односно колкава е потребата од промена на досегашниот пристап кон регионалниот развој и политики (како во рамките на ЕУ, така и во регионот на Југоисточна Европа) заради позабрзан и поефикасен процес на интеграција на секое ниво. Трудот ќе биде фокусиран на следните аспекти од споменатата тема: Преглед на постоечкиот систем на регионални политики и евалуација на неговите предлости и негативности; Утврдување на предусловите за успешно учество во таквиот систем и за ефикасно владеење со знаењето создадено во рамките на тој систем; Преглед на причините за неефикасност на системот (административни, општествени и други фактори што го ограничуваат натамошниот развој и раст на системот, односно го оневозможуваат неговото преминување во нова фаза на развој); Анализа на соодветните алтернативни модели за унапредување на системот; Испитување на степенот на примена на

прин ципит е на слож ените систе ми, како потен цијал ен моде л за подо брува ње на ефик аснос та на систе мот за регио нална сораб отка во Југои сточн а Евро

па; Создавање на предлог-модел за подобрување на системот на регионална соработка во Југоисточна Европа. При истражувањето на темата за докторска дисертација, кандидатот предоминантно ќе ги употребува квалитативните методи на истражување од доменот на општествените науки. Притоа, доминантна улога ќе имаат аналитичката индукција и текстуалната анализа, особено при анализата на постоечкиот систем на регионални политики врз основа на анализа на неговите примарни документи како основа за утврдување на постојното знаење. Покрај споменатите два метода, кандидатот исто така ќе ги користи методот на анализа на содржина и историскиот метод, заради утврдување на позициите и однесувањето на главните актери во системот. Предложената методологија на истражувањето исто така предвидува користење на неструктурирани интервјуа на одредени групи на актери (кои ќе бидат утврдени како репрезентативни за нивниот контекст) како и користење на јавно достапни статистики и анкети, заради дополнителна проверка на поставените хипотези. Предметот на истражување, предвидената истражувачка методологија, теоретска база и наведената листа на референци, укажуваат на подготвеноста на м-р Александра Ѓореска за изработка на сериозен научен труд, кој несомнено ќе придонесе за подобро разбирање на комплексноста на постојните системи на регионални политики и соработка во регионот на Југоисточна Европа, нивната ефикасност во однос на забрзувањето на интеграцијата на регионот, предностите и слабостите во нивното досегашно функционирање и можностите за нивно понатамошно унапредување. 3. Закучок Врз основа на гореизнесеното, имаме особено задоволство да му препорачаме на Советот да ја одобри изработката на предложената докторска дисертација под наслов: Регионалната политика и соработка како механизам за интеграција Социо-политички предуслови за поефикасна

регио нална сораб отка во Југои сточн а Евро па, од м- р Алекс андра Ѓорес ка. Проф

. Д-р Јован Донев с.р. Проф. Д-р Звонимир Јанкуловски с.р. Проф. Д-р Катерина Колозова с.р. Скопје, 20.12.2010Извештај на рецензентската комисија на докторската дисертација на тема: Формирање на биополитичкиот апаратус пријавена од страна на кандидатот Мелентие Пандиловски; 3. Извештај на рецензентската комисија на докторската дисертација на тема: Формирање на биополитичкиот апаратус пријавена од страна на кандидатот Мелентие Пандиловски; БР.05.12/587, 15-02-2011 г. РЕЦЕНЗИЈА на докторската дисертација на тема Формирање на биополитичкиот апаратус, изработена од Мелентие Пандиловски Врз основа на член 25 од Статутот на Институтот за општествени и хуманистички науки и член 49 од Правилникот за начинот и постапка за организирање на последипломските студии и стекнување на научни степени магистер на науки и доктор на науки на Институтот Евро Балкан, Советот за научна дејност и последипломски студии на својата 34-та седница одржана на 11 ноември 2010, донесе одлука за формирање на комисија за одбрана на докторската дисертација на тема Формирање на биополитичкиот апаратус од кандидатот Мелентие Пандиловски. Комисијата во состав: проф. д-р Елизабета Шелева, проф д-р Јован Донев, проф.

д-р Кате рина Коло зова, проф. д-р Весн а Мати јаше виќ Поку пец, доц. д-р Соф ија Гран дако вска, по проу чува њето на докт орск ата дисе ртац ија Фор мира ње на биоп олит ички от апар атус од

Мелентие Пандиловски, има чест да го поднесе следниов И З В Е Ш Т А Ј Краток опис на трудот Докторската дисертација Формирање на биополитичкиот апаратус претставува самостојно научно-истражувачко дело од интердисциплинарен вид, кое опфаќа 285 страници текст. Трудот е поделен во неколку засебни, заемно комплементарни целости. Во првиот дел на трудот, од стр. 8 до стр. 155, се наоѓаат поглавја од теориско-експликативен карактер, кои се однесуваат на поимите на био-технологијата, био-политиката, суштината на апаратусот и развојот на био-технолошката уметност како интердисциплинарен спој помеѓу уметноста, науката и био-технологијата. - Во воведниот дел на трудот, од 8 до 15 страна, кандидатот се осврнува на концептот на докторскиот труд, поимите и историјата во био-политиката и био-технологијата, концептот на креативноста, телесноста, естетиката свесноста, студијата на Апаратите, метафорите итн. - Во првото поглавје, посветено на развојот на био-технологијата од 16 до 42 стр., се наоѓаат подпоглавија коишто се однесуваат на онтологијата на биотехнологијата, историскиот развој во биотехнологијата, економската база на биотехнологијата и вредносните системи во биотехнолошката ера. - Во второто поглавје, кое се однесува на развојот на биополитиката, од 43 до 60 стр., докторантот се осврнува на предметот на биополитиката, релацијата на биокапитализмот кон био-политиката, како и на односот на глобализмот и биотехнологијата. - Во третото поглавје, кое се однесува на суштината на био-политичкиот апарат, од 61 до 68 стр., докторантот јасно ја покажува изградбата на глобалниот био-политички Апарат, вклучувајќи ги на тој начин новите вектори на власт, во поглед на општествените, политичките, економските и административни механизми, како и структурите на знаењето кои имаат капацитет за создавање, одржување и уништување на современото општество. - Во четвртото поглавје, кое се однесува на развојот на био-технолошката уметност, од 69 до 155 стр., докторантот се осврнува на делата кои настануваат како интердисциплинарен спој помеѓу уметноста, науката и био-технологијата. На биотехнолошката уметност ѝ е дадено видно место во ова истражување, со оглед на тоа што уметниците започнаа да работат со темата на био-технологијата уште пред две децении,

при тоа развивајќи релевантни и критички дискурси, реагирајќи на случувањата во областа на био-политиката и био-технологија, што укажува на тоа дека овие области се исклучително потентни со социјални, етички, философски и културни дискурси. Во трудот, од стр.156 до 216 е поместен и инструктивен Речник на философски, уметнички и научни поими, неопходни за проникнување во парадигматиката на новата творечко-критичка платформа, што ја застапуваат приврзаниците на био-технолошката уметност, како и библиографијата и визуелниот материјал. Во завршните делови на трудот, насловени како Додатоци, од стр. 217 до стр. 285, се приложени искуствата од неколкуте одржани работилници на дадената тема, како и повеќе автентични интервјуа на најзначајните био-технолошки уметници со авторот на дисертацијата, кој и самиот во својство на куратор и теоретичар бележи плодна, меѓународна и долгогодишна активност на полето на презентацијата и афирмацијата на био-технолошката уметност. Аналитички опис на трудот Терминот био-технологија, како што укажува докторантот, му припаѓа на модерното време, и истиот е промовиран во 1919 г. од страна на Унгарецот Карл Ереки, со цел да укаже на примената на научните и инженерски принципи во процесирањето на материјали од страна на биолошките извршители (чинители) - а со цел да се обезбедат добра и услуги. Кулминативната точка околу прашањата на биотехнологијата се совпаѓа со почетокот на генетскиот инжинеринг и откривањето на структурата на ДНК во 1953 г, што понатаму овозможува трансфер и прифаќање на гените, односно производство на протеини од други (туѓи) организми, вклучително човечкиот. Од 1978 г. се бележи забрзан раст на биотехнолошката индустрија, што настапува по создавањето на синтетички произведениот човечки хормон инсулин. Генетски модифицираните организми, создавањето вештачки геноми, како и самиот концепт на клонирањето освен потесно научните и технолошки, донесуваат цела низа незанемарливи философски (етички), социолошки, односно политички импликации, кои покренуваат цела лавина контроверзи, по однос на ризиците произлезени од дизајнирањето на посовршени живи битија и луѓе. Меѓу другото, тоа се однесува на создавањето најтесна врска меѓу уметноста и потрошувачката култура, односно, подемот на тн. био-капитализам, термин изворно создаден од страна на докторантот, со цел да ја означи актуелната развојна фаза на капитализмот, но и можностите за неговата натамошна критичка просудба и надградба. Докторантот, во својата теза, предимно се потпира на методологијата на Мишел Фуко и неговиот термин био-политика, потем, на неговата реинтерпретација од страна на Џорџо Агамбен со новиот термин апаратус, а, во содејство со променетите околности во 21 век, истиот дефинирајќи го во духот на Џереми Рифкин, како политички спектар, што ги одразува позициите кон социо-

поли тичк ите посл едиц и од биотехн олош ката рево луци ја. Во врем е и усло ви, кога жив отот стан ува/с е прет вора во сток а, кога поед инци, но и цели груп и луѓе се мена џира

ат во соодветство со био-моќта - се актуелизира и низа философски прашања и проблеми, кои докторантот ги постулира соодветно на феноменолошкиот метод на Вилем Флусер каде што теоретизираниот објект и теоријата се дел од истиот спектар на дискусијата. Био-технолошката уметност го премостува јазот, вештачки исконструиран меѓу уметноста и науката, обидувајќи се конечно да воспостави дијалог меѓу двете култури. Докторантот, во своето истражување применува феноменолошко истражување на делата од најзначајните автори и критичари од оваа интердисциплинарна сфера: Едуардо Кац, Џо Дејвис, Џорџ Гесерт, Дејвид Кремерс, Ендру Бродик, Јуџин Текер, Џина Чарнецки, Critical Art Ensemble, Tissue Art & Culture, Триш Адамс, Ники Спероу, Гери Кас. Феноменолошкото истражување се покажа како плодотворно бидејќи со најголем број од нив кандидатот има остварено долгогодишни соработки преку курирањето на нивните дела во македонските и австралиските галерии; преку организација на конференции и работилници во кои истите зедоа учество; како и преку уметничка критика на создадените дела и теоретски осврт за значењето на истите во стручните списанија од културна и научна провиниенција. З А К Л У Ч О К Докторската дисертација на тема Формирање на биополитичкиот апаратус од кандидатот Мелентие Пандиловски претставува самостоен научен труд. Во изготвувањето на дисертацијата кандидатот демонстрираше богати теоретски познавања од областа на био-политиката, теоријата на био-технологијата, конвергенцијата на науките и уметностите со посебен акцент врз био-технолошката уметност, што резултира со софистициран методолошки приод во селекцијата, анализата и сумирањето на материјалите како и во конципирањето и спроведувањето на истражувањето. Добиените резултати кандидатот ги презентира на јасен и прецизен начин, со користење на феноменолошкиот метод. Анализирајќи ги добиените резултати, со користење на богата литература и на сопствените искуства стекнати од досегашната работа и за време на изготвувањето на дисертацијата, кандидатот изведува заклучоци кои се критички, прецизни и јасно прикажани и се во рамките на најсовремените сознанија. Во тие рамки, особено внимание заслужува терминот био-капитализам, изворно промовиран од страна на Пандиловски, со цел да ги дополни и надгради постоечките терминолошки и хеуристички алатки во односната сфера на истражувања а којшто (термин), во иднина, веројатно ќе побуди и поширок интерес, односно потреба од натамошни расправи за неговата употребливост и примена во академскиот дискурс, не само кај нас, туку и пошироко. Можностите за заживување на овој термин, кој воедно претставува и своевидна хеуристичка алатка, ги насетуваме како повеќекратно големи и значајни, не само во полето на потесните академски кругови, туку и пошироко, во предизвикувачкиот простор на јавниот критички дискурс, каде не само академски се констатираат/дијагностицираат, туку и делотворно критички се

надм инув аат/т ранс ценд ираа т пост ојнит е, длаб око запл етка ни конт рове рзи и зака ни од нед озво лено блис киот спој на биол огија та, техн олог ијата, капи тали змот и фило софи

јата. Според својот обем, амбициозно поставениот аналитички ракурс, слоевитата научна и интерпретативна аргументација, применетата мултидисциплинарна методологија и апликативната, хеуристичка вредност - дисертацијата на Мелентие Пандиловски несомнено претставува висок и иновантен научен придонес во испитувањето на комплексните, повеќестрано актуелни, сеуште недоволно расветлени и длабоко интригантни соодноси помеѓу био-политиката, философијата на биотехнологијата, како и био-културата/био-уметноста, иницирајќи серија деликатни и сериозни прашања и дилеми, кои во нашата академска и културна средина допрва ќе станат предмет на поширок научен интерес и третман. П Р Е Д Л О Г Врз основа на анализата и изнесениот заклучок, Комисијата позитивно ја оценува докторската дисертација на Мелентие Пандиловски под наслов Формирање на биополитичкиот апаратус и има чест на Советот за научна дејност и последипломски студии на Институтот Евро-Балкан да му предложи да ја прифати и овозможи нејзина одбрана. Рецензентска комисија: Проф. д-р, Елизабета Шелева, с.р. Проф. д-р Јован Донев, с.р. Проф. д-р Катерина Колозова, с.р. Проф. д-р Весна Матијашевиќ Покупец, с.р. Доц. д-р Софија Грандаковска, с.р. Извештај од рецензентската комисија за избор на д-р Катерина Колозова во звање научен советник/редовен професор. 4. Извештај од рецензентската комисија за избор на д-р Катерина Колозова во звање научен советник/редовен професор.

R E F E R A T ZA ПРЕДВРЕМЕН ИЗБОР ВО ЗВАЊЕТО НАУЧЕН СОВЕТНИК / РЕДОВЕН ПРОФЕСОР ВО ИНСТИТУТОТ ЕВРО-БАЛКАН ВО СКОПЈЕ Советот за научна дејност и последипломски студии на Институтот Евро-Балкан на својата редовна 35 седница одржана на 21.12.2010 година нè избра за Рецензентска комисија во врска со пријавата на проф. д-р Катерина Колозова за избор во звањето научен советник. Кон пријавата се приложени потребните материјали, документи и податоци: биографија на кандидатот, библиографија со објавени трудови и примероци од објавените трудови кои го сочинуваат опусот на научно-истражувачката, наставнонаучната, стручно-апликативната и организациско-развојната дејност. Врз основа на поднесените материјали, Рецензентската комисија ги презентира следниве мислења и заклучоци: 1. Биографски податоци на д-р Катерина Колозова; 2. Преглед и оцена на научно-истражувачката, наставно-научната, стручноапликативната и организациско-развојната дејност; 3. Оцена за исполнетоста на условите за избор во звањето научен советник / редовен професор. Комисијата во состав: проф. д-р Митко Панов, проф. д-р Јован Донев и проф д-р Весна Матијашевиќ Покупец, по увидот на материјалот, го поднесува на усвојување следниов ИЗВЕШТАЈ I. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

Д-р Катерина Колозова е родена на 20.10.1969 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала во 1992 година на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 1995 година ја одбранила магистерската теза на Институтот по Философија при Философскиот факултет во Скопје. Во 1998 година успешно ја одбранила докторската дисертација на Институтот по Философија при Философскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, во програмска соработка со EHESS-Paris и Collège de France, на тема,,хелените и смртта: Традициските и философските концепти за смртта во античка Грција и нивните рефлексии во модерноста. Од 1999 г. е редовно вработена во Институтот Евро-Балкан, а од октомври 2007 е избрана во звањето виш научен соработник. Во тековните активности на Институтот Евро-Балкан, д-р Колозова извршува повеќе раководни и научно-наставни функции, меѓу кои Директор за наука и последипломски студии (Декан на Институтот), како и Директор на Одделот за родови студии. Таа учествува во основањето и реализирањето на Регионалната мрежа за родови/женски студии за Југоисточна Европа. Повеќе години е главен уредник на меѓународното списание за политика, род и култура Идентитети. Била директор на повеќе меѓународни летни школи во рамките на Охридскиот летен универзитет во периодот 2005-2010, а од 2004 до 2006 раководела со регионалниот семинар за родови и европски студии за Југоисточна Европа. Моментално активно учествува во наставата на повеќе универзитетски позиции во земјата и во странство. Професионалната компетентност на д-р Колозова се манифестира и преку раководењето и координирањето со мноштво меѓународни проекти, студиските престои во странство, учеството на бројни меѓународни научни собири и конференции во земјата и во странство, објавените монографии и научни прилози во референтни меѓународни научни списанија и научни книги, членствата во повеќе домашни и меѓународни институции и мрежи, како и преку менторствата и членувањето во комисии за одбрана на магистерски тези и докторски дисертации. II. НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА И НАСТАВНО-НАУЧНА ДЕЈНОСТ Oбемната научно-истражувачка дејност на д-р Катерина Колозова (од последниот избор во звање Одлука бр. 05.12/15, од 15.10.2007) во квантитативна смисла изнесува вкупно 14 објавени трудови, од кои една монографија на англиски јазик, три делови од монографија, како и десет статии во меѓународни научни списанија од кои повеќето со импакт фактор. 1. Објавени монографски трудови: Во монографијата The Lived Revolution: Solidarity with the Body in Pain as the New Political Universal, EvroBalkan Press Identities Series of

Books, Skopje, 2010, објавена на англиски јазик, д-р Колозова ги анализира епистемолошките прашања на постструктуралистичката политичка теорија, можностите од нова форма на реализам во политичката филозофија и иновативните потенцијали на феминистичката современа философија. Меѓународната афирмација на научниот опус на д-р Колозова наоѓа израз и во рецензиите на нејзините трудови објавени во меѓународни списанија. Во извештајниот период, нејзината монографија The Real and I која е меѓународно афирмирана, е рецензирана од Џејн Купер во референтното научно списание Feminist Theory - Sage Publications, no 10 (December 2010), 379-380. 2. Дел од монографија: Д-р Колозова се јавува и како автор на повеќе меѓународни научни публикации, односно делови од монографии - 1) Radical Solitude in the Heart of Love, in Miglena Nikolchina and Nadya Radulova (eds.), Places of Love. Sofia: Altera Publishing, 2007; The Project of Non-Marxism: Monstrously Radical Concepts and Monstrous Representation, (eds.) Holger Briel, New York University Skopje (во печат); Thinking Revolution in Terms of non-marxism and Non-Christianity во Mullarkey, John and Anthony Paul Smith (eds.) Laruelle and the Democracy of Thought, Edinburgh University Press, 2011 (во печат); За Грчката трагедија: Философски концепти на грчката трагедија, во издание на EPOHA од Skopje (во печат). 3. Трудови со оригинални научни резултати објавени во научни списанија: Оригиналните научни резултати на д-р Колозова од областа на феминистичката философија и современите теории за субјективитетот и идентитетот, се презентирани во меѓународни научни списанија, повеќето со импакт фактор - 1) Casting Žižek: Manliness as a Masquerade, International Journal of the Humanities (Melbourne 2007), Vol. V, 7-15; 2) Thinking The Political By Way Of Radical Concepts, International Journal of Žižek Studies Vol 3, No 1 (2009; ISSN 1751 8229); 3) The Project of Non-Marxism: Monstrously Radical Concepts and Monstrous Representation, Cultural Logic (ISSN 1097-3087); 4) Sheer Life Revolting: The Concept of Life and its Political Meaning in Spinoza, Agamben, and Butler, Identities: International Journal of Politics, Gender and Culture, Vol VII (2009 ISSN 1409-9268); 5) Totalitarian Kitsch in Grandakovska, Sofija & Antonio Petrov (eds.) Doma Vol.I, 167-172 (2010 ISBN 978-608-65159); 6) Žižek Imagining the Balkans accepted for publication in Psychoanalysis, Culture and Society (of Pallgrave Mcmillan) (во печат есен 2011); 7) Revisiting the Anti-Universalistic Paradigm in Contemporary Feminist Theory, ProFemina Belgrade (во печат пролет 2011); 8) On The Status of Gender Studies in Macedonia Today, Aspasia Vol. V (2011), Berghahn Publishers (во печат) 4. Прегледен напис во научно списание: Д-р Колозова е присутна во меѓународната научна јавност и преку нејзините критички рецензии кон научните изданија, како Yvonne Corcoran-Nantes, Lost Voices: Central Asian Women Confronting Transition (Zed Books:

2005), Feminist Theory 8 (1), Sage Publications: Spring 2007, 125-126. 5. Учество на научни собири, конференции и летни школи: Оригиналните резултати од научно-истражувачката дејност на д-р Катерина Колозова, наоѓаат практична примена и при презентацијата на повеќе меѓународни симпозиуми, конференции и научни средби, што ги вклучува и панел предавањата и дискусии. Нејзината висока стручност наоѓа израз и во организирањето на пет меѓународни летни школи во рамките на Охридскиот летен универзитет во својство на директор. 6. Учество во научни проекти: Д-р Колозова учествува во својство на координатор и главен истражувач во повеќе меѓународни проекти и меѓународни истражувачки конзорциуми. Посебно треба да се истакне фактот дека д-р Колозова е меѓу ретките истражувачи од Република Македонија, која во својство на координатор и главен истражувач учествувала во мултинационален проект поддржан од истражувачката програма на Европската унија FP7. Нејзината исклучителна научно-истражувачка дејност наоѓа израз и во учеството на меѓународниот истражувачки проект The nation-state and the institutions of academic knowledge: production and legitimation of dominant discourses of/on knowledge about society. Со нејзиниот ангажман во својство на координатор на истражувачкиот тим инволвиран во долгорочниот интердисциплинарен истражувачки проект од областа на родовите студии во рамките на Евро-Балкан, д-р Колозова има особено значаен придонес и во создавањето на млад истражувачки кадар. 7. Уредник на меѓународно научно списание: Д-р Колозова е ко-основач и долгогодишен главен уредник на меѓународното научно списание Идентитети, кое има висок статус во меѓународната научна јавност. 8. Член на уредувачки одбор на меѓународно научно списание: Член е на уредувачкиот одбор на списанието Ouverture non-philosophique, во Париз, Франција. 9. Рецензент на текстови објавени во меѓународно научно списание: Учествува како рецензент на текстови објавени во меѓународни научни списанија, и тоа две рецензии во списанието Feminist Theory (SAGE) и една во Journal of Feminist History. 10. Одржано предавање по покана од референтна научна институција/универзитет: Mеѓународната афирмираност на д-р Колозова се потврдува и со одржанoто предавање по покана на референтниот Универзитет Аристотел во Солун, Грција, на тема Vulnerability Preconditioning Humanity (јуни 2008). 11. Студиски престој во странство: Како добитник на престижната Фулбрајтова стипендија, д-р Колозова во пролетниот семестар 2009, активно учествува како визитинг професор и истражувач на University of California-Berkeley, Department of Rhetoric/Program of Critical Theory.

12. Одржување настава на последипломски студии: Опсежната научноистражувачка дејност, д-р Катерина Колозова ја надополнува и со активното учество во наставната дејност. Д-р Колозова е професор по философија, епистемиологија и род на четири последипломски програми на Институтот Евро-Балкан и тоа: за Философија и род; Социологија и род; Политички студии на Југоисточна Европа и Културни студии. Таа е активно ангажирана и како: 1) професор на последипломските студии за комуникологија и социологија на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј; 2) визитинг професор за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј; 3) визитинг професор за феминистичка философија и субјективна современа философија на Центарот за интердисциплинарни последипломски студии при Универзитетот во Сараево; 4) визитинг професор за последипломската програма на Центарот за родови студии при Универзитетот во Софија; 5) визитинг професор за последипломската програма на Центарот за женски студии при Факултетот за политички науки, Универзитетот во Белград; 6) визитинг професор за родови студии и философија при Универзитетот American College во Скопје 13. Ментор на докторска дисертација и магистратура: Д-р Катерина Колозова со својот активен наставен ангажман воедно има значаен придонес во усовршувањето на научен подмладок. Во изминатиот период, таа била ментор на повеќе докторски дисертации и магистратури. 14. Член на комисија за оцена или одбрана на докторат и магистратура: Во повеќе наврати била член на комисија за оценка и одбрана на докторски дисертации и магистратури. III. СТРУЧНО-АПЛИКАТИВНА И ОРГАНИЗАЦИСКО-РАЗВОЈНА ДЕЈНОСТ Д-р Катерина Колозова има особено значајно влијание во усовршувањето на научната и наставната практика, што се потврдува и од пројавената сеопфатна стручно-апликативна и организациско-развојна дејност. 1. Раководни функции: Д-р Козова повеќе од една деценија е директор во Институтот

Евро-Балкан и истовремено повеќе години ја извршува функцијата Директор за наука и последипломски студии (Декан) на Институтот. Таа ја извршува и функцијата директор на Одделот за родови студии при Институтот Евро-Балкан. 2. Подготовка на наставни програми: Д-р Колозова се јавува и како иницијатор за основање и подготвка на повеќе наставни програми за последипломски и докторски студии во рамките на Институтот Евро-Балкан.. 3. Членства во научни и стручни тела: Членува во повеќе научни и стручни тела во земјата и во странство: 1) Националното философско општество; 2) Organisation non- Philosophique, Париз, Франција; 3) Советодавниот одбор на Центарот за родови студии при Универзитетот во Софија, Бугарија; 4) Советодавниот одбор на Центарот за интердисциплинарни последипломски студии при Универзитетот во Сараево, БиХ; 5) Член и ко-лидер на истражувачката група во рамките на ATHENA (the European Network for Women s Studies); 6) Член на Националното женско лоби; 7) Член на AOIFE (Association of Institutions for Feminist Education and Research in Europe). 4. Подоготвка на стручен речник: Учествува во подготовката на стручниот речник античко грчки-македонски, во издание на Матица Македонска, Скопје. 5. Учествo на научни трибини и на РТВ емисии. Нејзиниот ангажман опфаќа и учество на бројни научни трибини, што ги вклучува и пленарните излагања. Настапувала и на повеќе РТВ емисии, а објавувала и повеќе научно-популарни статии во весници. ЗАКЛУЧОК Д-р Катерина Колозова е водечки научен работник во областа на философијата, родовите и идентитетите. Нејзиниот исклучителен научен опус го карактеризира висока ерудиција и оригиналност, кој е валоризиран и од светската научна јавност. Нејзината меѓународна афирмираност произлегува и од одржаните предавања на реномирани странски универзитети, како и студискиот престој во САД како добитник на престижната

Фулбрајтова стипендија. Своите научно-истражувачки резултати, д-р Колозова ги презентира на релевантни меѓународни научни симпоизиуми, конгреси и конференции, на кои настапува и како панелист. Учеството во бројни меѓународни проекти со висок академски статус, на кои се јавува во својство на раководител и координатор, е дополнителен индикатор за особено значајниот придонес на д-р Колозова во развојот на научната мисла во земјата и во странство. Ваквата оценка произлегува и од фактот што д-р Колозова истовремено е и иницијатор за воведувањето на родовите студии и идентититите како научно-истражувачка и наставно-научна дисциплина во Република Македонија. Со активниот професионален ангажман во областа на философијата, родовите студии и идентитетите, таа придонесува за развој на овие дисциплини во пошироки регионални рамки. Потврда за тоа е и нејзиното ангажирање како визитинг професор во рамките на последипломските програми на повеќе домашни и странски универзитети и високообразовни институти, како и нејзиното раководење со бројни меѓународни летни школи. Треба да се истакне и фактот што д-р Катерина Колозова, како координатор на истражувачкиот тим од областа на родовите студии во рамките на Евро-Балкан, како и преку наставно-научната дејност на повеќе институти и универзитетски центри, што ги вклучува и менторствата на докторските дисертации и магистерски трудови, има особен придонес во создавањето и усовршувањето на научен подмладок. Нејзините бројни раководни функции во Институтот Евро-Балкан, ги илустрираат и научниот капацитет на д-р Колозова при реализирањето на стручноапликативната и организациско-развојна дејност. Врз основа на изнесените податоци и оцени за вкупната научно-истражувачка, научнонаставна, стручно-апликативна и организациско-развојна дејност на д-р Катерина Колозова, виш научен соработник/вонреден професор, Рецензентската комисија во состав: проф. д-р Митко Панов, проф. д-р Јован Донев и проф. д-р Весна Матијашевиќ Прокупец, смета дека кандидатот ги исполнува сите услови за избор во највисокото научно звање. Оттаму, рецензентската комисија има особена чест да му предложи на Советот на институтот Евро-Балкан да ја избере д-р Катерина Колозова во звањето научен советник / редовен професор. Рецензентска комисија: Проф. д-р Митко Панов с.р. Проф. д-р Јован Донев с.р.

Проф. д-р Весна Матијашевиќ Покупец с.р. ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА ЦЕЛОКУПНАТА АКТИВНОС Т НА КАНДИДАТОТ Д-Р КАТЕРИНА КОЛОЗОВА 1. Научноистражувачка и наставно-научна дејност (НИ+НН) Монографија: The Lived Revolution: Solidarity with the Body in Pain as the New Political Universal, EvroBalkan Press Identities Series of Books, Skopje, 2010 12 2 Дел од монографија: 1) Radical Solitude in the Heart of Love, in Miglena Nikolchina and Nadya Radulova (eds.), Places of Love. Sofia: Altera Publishing, 2007; 2) The Project of Non-Marxism: Monstrously Radical Concepts and Monstrous Representation, (eds.) Holger Briel, New York University Skopje (во печат); 3) Thinking Revolution in Terms of non-marxism and Non-Christianity во Mullarkey, John and Anthony Paul Smith (eds.) Laruelle and the Democracy of Thought, Edinburgh University Press, 2011 (во печат); 4) За Грчката трагедија: Философски концепти на грчката трагедија, во издание на EPOHA од Skopje (во печат) 8 6 8 6

2. Труд со оригинални научни резултати објавен во научно списание: 1) Casting Žižek: Manliness as a Masquerade, International Journal of the Humanities (Melbourne 2007), Vol. V, 7-15; 2) Thinking The Political By Way Of Radical Concepts, International Journal of Žižek Studies Vol 3, No 1 (2009; ISSN 1751 8229); 3) The Project of Non-Marxism: Monstrously Radical Concepts and Monstrous Representation, Cultural Logic (ISSN 1097-3087); 4) Sheer Life Revolting: The Concept of Life and its Political Meaning in Spinoza, Agamben, and Butler, Identities: International Journal of Politics, Gender and Culture, Vol VII (2009 ISSN 1409-9268); 5) Totalitarian Kitsch in Grandakovska, Sofija & Antonio Petrov (eds.) Doma Vol.I, 167-172 (2010 ISBN 978-608-65159); 6) Žižek Imagining the Balkans accepted for publication in Psychoanalysis, Culture and Society (of Pallgrave Mcmillan) (во печат есен 2011); 7) Revisiting the Anti-Universalistic Paradigm in Contemporary Feminist Theory, ProFemina Belgrade (во печат пролет 2011); 8) On The Status of Gender Studies in Macedonia Today, Aspasia Vol. V (2011), Berghahn Publishers (рецензирана статија во печат) 15 15 6 6 6 15 6 15 3. 4. 5. Прегледен напис во научно списание: Yvonne Corcoran-Nantes, Lost Voices: Central Asian Women Confronting Transition (Zed Books: 2005), Feminist Theory 8 (1), Sage Publications: Spring 2007, 125-126. Одржано предавање по покана од референтна научна институција/ универзитет: 1) Предавање на Универзитетот Аристотел во Солун, Грција, на тема Vulnerability Preconditioning Humanity (јуни 2008) Учество на научен/стручен собир со реферат: 1) SEUM Symposium in Vienna 14-15 December 2010, University of Vienna: Revisiting the Anti-universalistic Paradigm in Contemporary Political Philosophy 2) Панел презентација "The Constitutive Interrelatedness of Theory and Practice in Feminism: Investigating the Balkan Perspective"International Conference Ideology, Democracy and Social Change in the Western Balkans: Challenges for the Social Sciences organized by the University of Fribourg-Switzerland in Ohrid 26-28 June 2009. 3) Конференција Advanced Thematic European Network for Women s Studies (Athena) in Utrecht 2-4 June 2009, University of Utrecht Faculty 5 6 2 2 2

6. 7. of Humanities Координатор на проект: - од пошироко меѓународно значење во рамките на FP7: Мultinational European research team on Violence (violence related to cultural and ethnic difference, gender and migration) within the nternational research consortium GE.M.IC (www.gemic.eu) supported by the FP7 Program of the EC Research Directorate General. - од меѓународно значењe: Multiyear research project, conducted in collaboration with University of Fribourg (Switzerland) under the title: The nation-state and the institutions of academic knowledge: production and legitimation of dominant discourses of/on knowledge about society Член на уредувачки одбор на научно списание: 1) Ouverture non-philosophique, Париз, Франција: 7 годишни мандати 2) Идентитети, Евро-Балкан, Скопје, Република Македонија 10 годишни мандати 7 5 3 2 8. Ментор на докторска теза - 1 1X3 9. Ментор на одбранета магистерска работа: 2 во земјата и 1 во странство 2X2 1X3 10. Член на комисија за одбрана на докторат: 2 2X1,5 11. Член на комисија за одбрана на магистратура : 3 во земјата и 2 во странство 1X3 2X1,5 12. Изготвување и пријавување на проект: 1) GE.M.IC supported by the FP7 Program of the EC Research Directorate General. 2) RRPP 2 проекти 3) European Research Foundation (FP7) 4) Erste Foundation 5) Europe for Citizens project 6) Kvinna till Kvinna 3 проекти 8 2X5 8 8 8 3X8 3X8

13. 14. 7) OSCE 3 проекти 8) Германска амбасада, Stability Pact 1 Организација на летна школа Директор на меѓународните летни школи: 1) International Summer Colloquia Cluster in Epistemology of Social Sciences and Humanities and Gender Studies, 21-24 June 2010 in Ohrid organized in cooperation with Ohrid Summer University and supported by RRPP of Fribourg University Switzerland 2) International Winter Colloquium on Thematic and Epistemic Issues in the Area of Gender Studies Gender Studies of and for the Region of the Balkans Ohrid Summer University 2009 3) International Winter Colloquium on Thematic and Epistemic Issues When the Theory on Non-Discrimination and Activism Meet Ohrid Summer University 2008 4) International Summer School Non-Discrimination, Social Inclusion and European Citizenship Ohrid Summer University 2008 Студиски престој во странство Визитинг професор и истражувач на University of California-Berkeley, Department of Rhetoric/Program of Critical Theory (пролетен семестар 2009). 8 5 5 5 5 3 15. Изготвување на читанка за настава на постдипломски/докторски студии - 5 5X3 16. Одржување на настава од втор и трет циклус на студии Професор на четири последиломски програми на Институт Евро-Балкан: - Задолжителен предмет 3 од 2007 до денес - Изборен предмет род и антика, античка филозофија, сајберкултура и род, психоаналитичка теорија и феминизам и др. 3X2X4 4X1X4 17. Визитинг професор 1) Последипломски студии за комуникологија и социологија на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. 2) Родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. 11X2 2

18. Кирил и Методиј, Скопје. 3) Феминистичка философија и субјективна современа философија на Центарот за интердисциплинарни последипломски студии при Универзитетот во Сараево. 4) Последипломската програма на Центарот за родови студии при Универзитетот во Софија. 5) Последипломската програма на Центарот за женски студии при Факултетот за политички науки, Универзитетот во Белград 6) Родови студии и философија при Универзитетот American College во Скопје Рецензент на научен/стручен труд Maja Aнгеловска-Панов, Религиските формации и родовите идентитети (Скопје, 2010) 5X6 7X6 7X6 3X2 1 19. Член на комисија за избор во звање 3 3X0,5 Вкупно (НИ+НН) 499,5 1. 2. Стручно-апликативна и организациско-развојна дејност (СА+ОР) Директор на центар или оддел на Институтот Директор на Одделот за родови студии во Институтот Евро-Балкан oд 1999 г. Директор за наука и последипломски студии (Декан) Директор за наука и последипломски студии (Декан) во Институтот Евро-Балкан - од 2007 11X7 3X6 3. Раководител на програма за последипломски или докторски студии oд 2007 г. 3X5 4. Подготовка на стручен речник - 1 3

5. 6. Изработка на усвоена нова наставна програма 3 Учество во комисии и тела на државни и други органи Комисија за оценка на меѓународни истражувачки проекти од областа на родовите студии финансирани од МОН во 2010 3X5 1 7. Објавена научно-популарна статија во весник вкупно 8 8X1 Учество во РТВ-програма вкупно 6 6X0,5 8. (СА+ОР) Вкупно 140 Професионални референци на кандидатот за избор во звање НИ+НН 499,5 СА+ОР 140 Вкупно 639,5