МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Биланс на приходи и расходи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Биланс на приходи и расходи

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

GOCE DELCEV UNIVERSITY STIP FACULTY OF LAW STUDENT S SOCIAL SCIENCE JOURNAL

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

Препораки за политика и законодавство за делотворна примена на одредбата за неказнување на жртвите на трговија со луѓе

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Утврдување на способноста на економските оператори

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Структурно програмирање

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

март - јуни 2006 година

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОРАНЕШНАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Родово буџетирање.

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО ОСНОВ НА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

ИЗВЕШТАЈ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет - Кочани

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Прирачник за колективно договарање и решавање спорови во јавната служба ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЕКТОРСКИ АКТИВНОСТИ

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

КАРАКТЕРОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА)

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

Transcription:

Дарко МАЈХОШЕВ 1 УДК: 343.352/.353:341.24 МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА) Апстракт: Трудот ги обработува и анализира меѓународните и регионалните правни инструменти на ООН, Советот на Европа и ОЕЦД кои се однесуваат на кривичните дела против службената положба, односно корупцијата. Овие кривични дела се едни од позастапените во сите држави во светот и уште се нарекуваат службенички кривични дела, поради повредата што ја чини службено лице во вршењето на својата службена должност. Поголем дел од кривичните дела против службена должност имаат елементи на коруптивни дејствија и затоа и кај овие кривични дела се пропишани високи санкции. Во трудот се анализирани правните акти на ООН меѓу кои позначајни се: Конвенцијата против корупцијата, Резолуцијата бр. 51/59 - Акција против корупцијата, Резолуцијата бр. 51/91 против корупцијата и подмитувањето во меѓународните комерцијални трансакции, Конвенцијата против транснационалниот организиран криминал позната како Конвенција од Палермо, Декларацијата против корупцијата и подмитувањето во меѓународните комерцијални трансакции и др. Исто така, во трудот се анализирани и правните акти на Советот на Европа меѓу кои позначјни се: Казнената конвенција за корупцијата, Граѓанската конвенција за спречување на корупција, Дваесет водечки принципи за борба против корупцијата, Резолуцијата (98)7 за формирање на Група земји против корупција (ГРЕКО), Препораката бр. Р (2000)10 за Кодексот на однесување на јавните службеници. Во трудот се анализирани и актите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), односно препораки, конвенции кои претставуваат своевидна (ре)акција во борбата против корупцијата. Клучни зборови: ООН, Совет на Европа, ЕУ, кривични дела, злоупотреба на службена положба, конвенции, резолуции, препораки 1) Универзитет Гоце Делчев Штип (Втор циклус на студии) 209

Дарко МАЈХОШЕВ Darko MAJHOSHEV INTERNATIONAL AND REGIONALS LEGAL INSTRUMENTS AGAINST ABUSE OF OFFICIAL POSITION ( CORUPTION) Abstract: This paper analyzed internacional and regional legal instruments of the United Nacion, Council of Europe and OECD that are refered against the official position or coruption. These crimes are most represented in all countries in the world and call them clerical crimes, because of the injury that the officer in the performance of his official duties making. The bigger part of the crimes against official positions have elements of corruption activities and in these crimes are provided higher sanctions. In this paper are analyzed the legal acts of the United Nations among which are: The Convention against Corruption, Resolution No.51/59 Actions against Corruption, Resolution No.51/59 against corruption and bribery in the internacional commercial transactions, Convention against transnational organized crime as known as The Convencion of Palermo, Declaration against corruption and bribery in international commercial transactions. Also, in this paper are analyzed the legal acts of the Council of Europe among which are: Criminal Law Convention of Corruption, the Civil Convention against Corruption, Twenty principles for fight against corruption, Resolution (98)7 formed for Group of States against Corruption (GRECO), Recommendation No. R(2000) 10 for Code of conduct Public Servants. The paper analyzed the acts of the Organization for Economics Cooperation and Development (OECD), Recommendations, Conventions who represented an (re)actions in the fight against corruption. Key words: UN, Council of Europe, EU, Crimes, Abuse of official positions, Conventions, Resolutions, Recommendations Вовед Кривичните дела против службената должност претставуваат група на кривични дела кои заземаат посебно место во кривичното законодавство. Овој вид на кривични дела уште се нарекуваат службенички кривични дела, односно се дефинираат како повреда на службената должност што ја чини службеното лице во вршење на својата службена должност. Најчести дела на злоупотреба на службената должност се дела на злоупотреба на власта, на службената положба или овластување, на искористување на службената позиција за разни недопуштени дејствија спротивни на јавноправниот карактер на службата. 210

Меѓународни и регионални правни инструменти против злоупотребата на службената положба (корупцијата) 1. Правни инструменти за борба против корупција, односно злоупотребата на службената положба Кривичните дела против службената должност се синоним на поимот службенички кривични дела. Овој вид на кривични дела најчесто се дела на злоупотреба на службената положба или овластување, искористување на службената позиција, односно овие кривични дела можат да се извршат исклучиво при вршењето на службената должност. Одреден број на казнените дела против злоупотреба на службената должност имаат белези на корупција (коруптивно однесување), затоа правните инструменти на глобално и регионално ниво, како меѓународна-правна реакција во борбата против корупцијата индиректно се однесуваат и на борбата против злоупотребата на службената положба. Најважни меѓународни правни инструменти за борба против корупцијата, односно против злоупотребата на службената положба се актите на ООН, Советот на Европа и ОЕЦД. Акти на ООН 1) Конвенција против корупцијата Оваа Конвенција е донесена од страна на Генералното собрание на ООН, отворена за потпишување на сите држави од 9 до 11.12.2003 г. во Мерида (Мексико) и во седиштето на ООН во Њујорк до 9.12.2005 година. Конвенцијата става акцент на превентивните мерки со кои државите потписнички имаат обврска за воспоставување на превентивни органи, чиј надлежности ќе бидат во рамките на постојните правни системи на државите потписнички. Исто така, со неа се предвидува и усвојување на соодветни законски мерки заради зголемување на транспарентноста на финансирањето на кандидатите за изборни јавни функции, како и финансирањето на политичките партии. Се препорачува и донесување на законски мерки за пропишување на посебно кривично дело за сите облици на прикривање на корупцијата, како посебно казнено дело за опструкција на правдата. Посебен акцент се става на преземање на мерки за заштита на лицата кои доставуваат информации за жртвите на кривичните дела. Се препорачува постоење на посебни специјализирани лица или органи за борба против корупција со ставање на посебен акцент за координација и соработка помеѓу надлежните органи за гонење на овие кривични дела. Во чл. 15 од Конвенцијата стои дека секоја држава потписничка е должна да усвои законски и други потребни мерки за да го утврди како кривично дело, сторено со умисла: a) Ветувањето, понудувањето или давањето на некој државен службеник директно или индиректно, незаслужена имотна корист, за него самиот или за друго лице или ентитет, за да изврши или се воздржи од извршување на некое дело во рамки на вршењето на неговите службени функции. 211

Дарко МАЈХОШЕВ б) Барањето или прифаќањето од некој државен службеник, директно или индиректно, незаслужена имотна корист за него самиот или за друго лице или ентитет, за да изврши или да се воздржи од извршување на некое дело во рамки на вршењето на неговите службени функции. 2) Резолуција бр. 51/59 Акција против корупција Генералното собрание на ООН, загрижена поради сериозноста на проблемите предизвикани од корупцијата, усвои Резолуција бр.51/59 Акција против корупцијата. Со неа ООН како универзална организација искажува голема загриженост поради корупцијата која добива се поизразена форма на организираност и корупцијата ја квалификува како феномен кој ги преминува националните граници. Корупциата како меѓународен феномен разорно влијае врз меѓународната соработка, меѓународната економија и развојот на општеството во целина. Во рамките на оваа Резолуција како анекс е усвоен Меѓународниот кодекс за однесување на јавните службеници. Со него се забрануваат политички и други активности на јавните службеници во службата, забрана за барање или добивање директно или индиректно или каков било подарок или друга услуга која би можела да влијае врз извршувањето на нивните функции. Со кодексот, на јавните службеници им е забрането да ги користат своите службени овластувања поради несоодветно унапредување или финансиски интерес лично или за членовите на нивните семејства. 3) Резолуција бр. 51/91 противкорупцијата и подмитувањето во меѓународните комерцијални трансакции Генералното Собрание на ООН, раководејќи се од начелото, дека ефикасните напори за сузбивање на корупцијата, претставуваат важен елемент за подобрување на условите за развивање на меѓународен бизнис ја донесе Резолуцијата бр. 51/91 позната како Декларацијата против корупцијата и подмитувањето во меѓународните комерцијални трансакции. Со Декларацијата државите членки на ООН се обврзуваат да преземат ефикасни мерки за сузбивање на сите облици на корупција и подмитување и слични незаконски дејствија во меѓународните комерцијални трансакции. Исто така, со Декларацијата државите членки се обврзуваат да најдат соодветни начини за ефикасно спроведување на постојните национални законодавства кои забрануваат поткупување во меѓународните комерцијални трансакции. За сузбивање на корупцијата и подмитувањето, земјите членки се обврзани да соработуваат и да си помагаат во врска со криминалните истраги и други правни процедури во меѓународните комерцијални трансакции. 212

Меѓународни и регионални правни инструменти против злоупотребата на службената положба (корупцијата) 4) Конвенција против транснационалниот организиран криминал / Конвенцијата од Палермо Оваа Конвенција е усвоена од Генералното собрание на ООН во 2000 година. Истата се смета за најзначаен инструмент во сузбивањето на транснационалниот организиран криминал и конечно во сузбивањето на корупцијата. Според чл. 8 за корупција ќе се сметаат следните дејствија: А) Ветување, нудење или давање на јавен службеник, директно или индиректно, несоодветна предност, за службеното лице или друга личност или субјект, со цел службеното лице да постапи или да се воздржи од постапување во извршувањето на неговите/ нејзините службени должности. Б) Барање или примање од страна на јавен службеник, за службеното лице или друго лице и субјект, со цел службеникот да постапи или да се воздржи од постапување во извршувањето на неговите/нејзините службени должности. 5) Декларација на ООН против корупцијата и подмитувањето во меѓународните комерцијални трансакции Оваа Декларација е донесена од страна на Генералното собрание на ООН, во декември 1996 година и според неа како подмитување се смета: а) Понуда, ветување или давање на некое плаќање, подарок или друга погодност, директно или индиректно, од страна на некоја приватна или јавна корпорација, вклучувајќи и транснационална корпорација или поединец од државата на некој јавен службеник или избран претставник од друга држава како несоодветен начин на извршување или воздржување од извршување на должностите на тој јавен службеник во врска со меѓународни комерцијални трансакции, должностите на тој службеник или претставник, во врска со меѓународните комерцијални трансакции. Земјите членки треба да преземат и мерки за обезбедување на јавните службеници од разни облици на застрашување и несоодветни влијанија на нивните активности. Исто така, во конвенцијата пропишани се обврските за воведување одговорност на правните лица, конфискација и запленување на имотна корист за кривично дело, екстрадиција, заемна правна помош, специјални истражни технички мерки, полициска соработка, тренинг и техничка помош и др. Акти на Советот на Европа Најважни акти на Советот на Европа кои се однесуваат на борбата против корупцијата, а во тој контекст и злоупотребата на службената должност се: Казнената конвенција за корупција, Граѓанската конвенција за спречување на корупцијата, Дваесетте водечки принципи за борба против корупцијата, Резолуција за формирање на група земји против 213

Дарко МАЈХОШЕВ корупцијата (ГРЕКО), Препораката бр. Р (2000)10 за примена на Кодексот на однесување на јавните службеници, Антикорупциска иницијатива за Југоисточна Европа, Конвенција за спречување на корупција. 1) Казнена конвенција за корупција Казнената конвенција за корупцијата 2 е донесена во Стразбур од страна на Советот на Европа во 1997 година. Во неа е дадена дефиниција на поимите јавен службеник, судија и правно лице. Според одредбите на Конвенцијата под јавен службеник се подразбира функционер, јавен службеник, министер, градоначалник, или судија во националното право на државата во која соодветното лице ја врши оваа функција и онака како таа е применета во нејзиното национално законодавство. Од Конвенцијата произлегува обврска за секоја држава да донесе законски мерки за утврдување на кривичното дело за активна корупција на државните јавни службеници. Ова подразбира намерно понудување или давање, директно или индиректно, незаслужна имотна корист, на некој од јавните службеници, за него или друг, да изврши или да се воздржи од извршување на некое дело во рамките на вршењето на неговите функции. Под поимот пасивна корупција на државните јавни службеници се подразбира намерно барање или примање од страна на јавен службеник, директно или индиректно незаслужена имотна корист, за него или за друг, или да го прими понуденото или ветеното за да изврши или да се воздржи од извршување на некое дело во рамките на неговите надлежности. Советот на Европа, како паневропска организација, залагајќи се за изнаоѓање заеднички одговори за предизвиците во борбата против ширењето на корупцијата, на Вториот самит на шефовите на држави и влади, што се одржа во Стразбург во 1997 година, ја донесе оваа Конвенција за изнаоѓање заеднички одговор на предизвиците против корупцијата. Со Конвенцијата се предлага усвојување на законски мерки за казнување на активна и пасивна корупција сторена од страна на: членовите на националните јавни институции; странски јавни службеници член или лице на која било јавна институција која врши законодавна или управна функција на некоја друга држава. Со Конвенцијата се пропишува утврдување на кривична одговорност, согласно со националното право и на секое лице, член на парламентарното собрание на меѓународните организации, чии член е државата, како и на лица кои вршат правосудни функции во Меѓународниот суд, чија надлежност е прифатена од државата или функционер во Секретаријатот на таквиот суд и др. 2) Службен весник на РМ бр. 32/98. 214

Меѓународни и регионални правни инструменти против злоупотребата на службената положба (корупцијата) 2) Граѓанска конвенција за спречување на корупција Граѓанската конвенција за спречување на корупција е донесена од страна на Советот на Европа на 4.11.1999 година во Стразбур. Конвенцијата содржи 23 члена. Државите членки на Советот на Европа, поаѓајќи од фактот дека борбата против корупцијата треба да биде сеофатна и дека истата го спечува економскиот развој и го доведува во прашање чесното функционирање на пазарната економија, особено во настојувањето за обезбедување чесен надоместок за луѓето кои претрпеле штета од корупција, во 1999 година ја донесе Граѓанската конвенција за спречување на корупција. Со одредбите на Конвенцијата под корупција се подразбира барање, нудење, давање или прифаќање директно или индиректно на поткуп или на било кое друго несоодветно предимство, со што се попречува совесното извршување на било која должност или однесување што се бара од лицето кое прима поткуп за несоодветно предимство или поради тоа. Со Конвенцијата се пропишани обврски со внатрешното законодавство, лицата кои претрпеле штета од корупција, да покренат постапка за да добијат целосен надоместок за претпрпената штета. Исто така, согласно внатрешното (националното) законодавство, од страна на државата постои обврска за пропишување на надомест на штета предизвикана од дејствие на корупција од страна на службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Со конвенцијата пропишани се рокови во кои што може да се бара надомест на штета, така што субјективниот рок изнесува три години, а објективниот рок десет години, од денот на дејството на корупцијата. Со Конвенцијата е пропишана обврска со внатрешното законодавство да се донесат законски основи за ништавност на договорите или нивни одредби кои се однесуваат на корупцијата. Посебно се заштитениод казна сите вработени кои имале разумни основи за сомневање дека постои корупција и кои, со добра намера, за своето сомневање ги известиле одговорните лица. 3) Дваесет водечки принципи за борба против корупцијата Државите членки на Советот на Европа и членовите на Комитетот на министри, цврсто решени да се борат за сузбивање на корупцијата, на 101-та сесија одржана на 6.11.1997 година ги усвоија Дваесетте водечки принципи за борба против корупцијата. Со цел да навлеземе во суштината на овие принципи во продолжение истите ќе ги презентираме во нивниот автентичен текст. Согласно со одредбите на Дваесетте принципи, државите членки на Советот на Европа имаат обврска да: 215

Дарко МАЈХОШЕВ Преземе ефикасни мерки за превенција од корупција и во врска со ова да ја подигне јавната свест и да промовира етичко однесување; Да обезбеди оние кои се надлежни за превенција, истрага, обвинување и за пресудување, по однос на прекршоците поврзани со корупцијата, уживаат независност и автономност, соодветно на нивните функции и дека се ослободени од несоодветно влијание и имаат ефикасни средства за прибирање докази, за заштита на лицата кои им помагаат на властите во борбата против корупцијата и за зачувување на доверливоста на истрагите; Да обезбеди соодветни мерки за запленување и лишување од средствата остварени од корупцијата; Да обезбеди соодветни мерки за оневозможување на правните лица да бидат искористени за прикривање на прекршоци поврзани со корупцијата; Да го ограничи имунитетот заради поведување истрага, обвинување или посредување за прекршоци по основ на корупција, до степен што е неопходен за демократските општества; Да промовира специјализација за лицата или за органите надлежни за борбата против корупцијата и да им обезбеди соодветни средства и соодветна обука за извршување на нивните задачи; Да осигура дека фискалната регулатива и органите надлежни за нејзино спроведување придонесуваат за сузбивање на корупцијата на ефикасен и на координиран начин, особено по однос на одбивањето да се дадат даночни олеснувања, согласно со законот или со практиката, за давање поткуп или за други трошоци поврзани со прекршоците поврзани врз основа на корупција; Да осигура дека организацијата, функционирањето и постапката за донесување одлуки од страна на јавната администрација ја земат потребата за сузбивање на корупцијата, особено преку осигурување на таквата транспарентност, конзистентна на потребата за постигнување ефикасност; Да осигура правилата во врска со правата и должностите на јавните службеници да ги земаат предвид барањата за борба против корупцијата и обезбедуваат соодветни и ефикасни дисциплински мерки, промовирајќи натамошна спецификација за очекуваното однесување на јавните службеници, преку соодветни средства, како што се кодексите на однесување; Да обезбеди дека се применуваат соодветни постапки за контрола на активностите на јавната администрација и на јавниот сектор; Да ја потврди улогата којашто може да ја одигра постапката за контрола во заштитата и во откривањето на корупцијата, надвор од јавната администрација; 216

Меѓународни и регионални правни инструменти против злоупотребата на службената положба (корупцијата) Да обезбеди дека системот на јавните обврски или одговорности ќе ги земе предвид последиците од корумпираното однесување јавните службеници; Да усвои соодветни транспарентни процедури за јавните набавки, кои промовираат фер конкуренција и одвраќање на корумпираните лица; Да го поттикне усвојувањето, преку избрани претставници, на кодексите на однесување и да промовира правила за финансирање на политичките партии и на изборните кампањи што ќе ја застапуваат борбата против корупцијата; Да обезбеди медиумите да имаат слобода да примаат и да пренесуваат информации во врска со корупциските работи, кои се само предмет на ограничување и рестрикции, неопходни за демократските општества; Да обезбеди граѓанскиот закон да ја земе предвид потребата од борба против корупцијата и обезбедува особено ефикасни жалбени постапки за оние чиишто права и интереси се погодени со корупцијата; Да го поттикне истражувањето за корупцијата; Да обезбеди од секој аспект на борбата против корупцијата се земени предвид можните поврзувања со организираниот криминал и со перењето пари; Да развива најширока можна меѓународна соработка во сите области на борбата против корупцијата и со цел да промовира динамичен процес за ефективно спречување и сузбивање на корупцијата. 4) Резолуција (98)7 за формирање на Група земји против корупција (ГРЕКО) Оваа Резолуција е донесена на 1.05.1999 година од страна на Советот на Европа, односно Мултидисциплинарната група за корупција (ГМК), со цел групата земји против корупцијата да го подобри капацитетот на нејзините членки во борбата против корупцијата. Секоја држава членка на ГРЕКО именува своја делегација составена не повеќе од два претставника. Во ГРЕКО, освен претставниците од државите членки, свој претставник именуваат и: Европскиот комитет за правна соработка, Европскиот комитет за кривични проблеми. Една од основните надлежности на ГРЕКО е усвојување на извештаи за оценување на земјите членки за тоа колку членките се придружуваат кон селектираните прописи содржани во водечките принципи и во другите меѓународни правни инструменти усвоени согласно со Програмата за акции против корупцијата. Извештаите за оценување ги подготвуваат Тимови за оценување определени од ГРЕКО врз основа на одговорите дадени по Прашалникот и можат да бараат дополнителни информации, од членката што е подложна на оценување, кои можат да бидат доставени по устен или писмен пат 3 3) Витларов Т., Репресија и превенција на корупцијата, 2-ри Август С, Штип, 2006, стр. 217

Дарко МАЈХОШЕВ (Витларов, 2006: 132). Врз основа на собраните информации, тимот ќе подготви прелиминарен нацрт-извештај за оценување на состојбите во врска со законите и практиката избрани за рундата на оценување. Заради постигнување на поставените цели, ГРЕКО ќе го надгледува спроведувањето на Дваесетте водечките принципи во борбата против корупцијата, како и примената на меѓународните правни инструменти коишто треба да бидат усвоени според Програмата на акција против корупцијата согласно со одредбите содржани во таквите инструменти. 5) Препорака бр. Р (2000)10 за Кодексот на однесување на јавните службеници Оваа Препорака е донесена на 11.5.2000 година од страна на Комитетот на министри, имајќи предвид дека јавната администрација има важна улога во демократските општества и дека тие мора да располагаат со соодветен персонал кој правилно ќе ги спроведува професионалните обврски. Овој Кодекс се однесува на сите јавни службеници, а не се однесува на јавно избраните претставници, членовите на влада и на носителите на правосудните функции, и во него се дадени основните принципи на однесување на јавните службеници. Во Кодексот е пропишано дека јавниот службеник не треба да бара ниту прифаќа подароци, услуги, гостопримство или каква било друга корист за себе или за своето семејство, за блиските роднини или пријатели, или за лицата или за организациите со кои имал или има деловна соработка или политички врски што би можеле да влијаат или да изгледа дека влијаат на непристрасноста со којашто тој ги извршува своите должности или можеби, или само така се чини, дека добива награда за своите обврски. Ова не се однесува на помалите подароци и вообичаеното гостопримство. Советот на Европа има донесено и други инструменти кои се однесуваат на борбата против корупцијата. Овде би ги споменале Антикорупциската иницијатива за Југоисточна Европа, донесена во февруари 2000 година во Сараево од страна на државите членки на Пактот за стабилност и Конвенцијата за спречување на корупција, во која се вклучени службеници на Европската Унија и службеници на државите членки на Европската Унија, заедно со Прв протокол. Документи на ОЕЦД Освен ООН и Советот на Европа, значајно место во борбата против корупцијата има и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Со цел да не го оптоваруваме текстот на ово труд и да не се повторуваме, сметаме дека е потребно да ги споменеме само најважните инструменти на ОЕЦД против корупцијата. 218

Меѓународни и регионални правни инструменти против злоупотребата на службената положба (корупцијата) Советот на ОЕЦД во 1996 година ја усвои Препораката за даночно намалување на поткупот на странски јавни службеници, а во 1997 година усвои два правни инструмента: Препораки за сузбивање на поткупот во меѓународните деловни трансакции и Конвенција за сузбивање на поткупот на странските јавни службеници во меѓународните деловни трансакции. Во трите горенаведени правни инструменти недвосмислено е содржана реакцијата на ОЕЦД против корупцијата. Генерално содржината на препораките и конвенцијата се однесуваат на државите членки на ОЕЦД со кои се обврзуваат да преземат соодветни акции за спречување на корупцијата од повеќе аспекти. Заклучок Кривичните дела против службената положба, односно корупцијата имаат универзален карактер и се јавуваат во сите држави во светот, без разлика на степенот на демократија во нив, обликот на политичкиот систем, економскиот развој и сл. Корупцијата е универзално зло кое не познава граници. Одредени активности во борбата против ова општествено негативна појава презедоа најважните меѓународни организации како ште се: ООН, Советот на Европа, ОЕЦД и др. Споменатите меѓународни и регионални организации донесоа голем број на меѓународни и регионални правни инструменти кои се однесуваат на борбата против овој вид на кривични дела. Тие ги обврзуваат државите членки на наведените меѓународни организации да ги имплементираат одредбите во нивните национални законодавства и да преземаат соодветни акции за субивање на истите. Република Македонија како држава-членка ги има имплеметирано најважните меѓународни акти на ООН, Советот на Европа, ОЕЦД и др. во своето национално законодавство, а во тој контекст презема соодветни акции во борбата против кривичните дела против службената положба и корупцијата. Користена литература Витларов Т., Репресија и превенција на корупцијата, 2-ри Август С, Штип, 2006 Kosevaliska, O. (2013): Script for Criminal Law Applied Program, University of Goce Delcev Stip Kosevaliska, O. (2013): Practicum for Criminal Law Applied Program University of Goce Delcev Stip Акти на ООН Convention against Corruption. Resolution 51/59 Action Against Corruption. 219

Дарко МАЈХОШЕВ Resolution 51/91 United Nation declaration against Corruption and Bribery in Internacional Commercial Transacions. Convention against transnational Organized Crime, adopted by General Assambly, opened by signitded in Palermo, Italy, 17-18.12.2000. Declaration on UN Against Corruption and Bridery in Internacional Commercial Transaction. Акти на Советот на Европа Казнена конвенција за корупција, Сл.весник на Р.Македонија бр.32/98 Civil Law Convention on Corruption, Council of Europe, Strazburg, 23-24 jun 1999. The Twenty Guiding Principles for the fight against corruption. Resolution (98) 7. Authorizing the Partial and Elarget Agreement Establishing the Group of states Against Corruption (GRECO). Recommendation No R (2000)10. Акти на ОЕЦД Recommendation of the Council on the tax Deductibility of Bribes to Foreign Public Official, 1996, OECD. 220