ПРОГРАМА НА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА И ФИНАНСИСКИ ПЛАН НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА 2012 ГОДИНА

Similar documents
Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ со состојба година објавен на година

ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА, РАЗВОЕН И ФИНАНСИСКИ ПЛАН. на Стопанска банка а.д. Битола за период година. Март, 2015 година

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работењето на Стопанска банка а.д. Битола. за 2016 година

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2013 УНИКА АД Скопје

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО периодот година

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Годишен Извештај 2007

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ ВО 2009 ГОДИНА

УПРАВУВАЊЕ СО ПОРТФОЛИОТО HA БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ -МАГИСТЕРСКИ ТРУД-

Последни трендови и предизвици на финансиските пазари во РМ

1. Извештај на независните ревизори Финансиски извештаи Белешки кон финансиските извештаи 31 декември

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Март Opinion research & Communications

Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

м-р Маја Кадиевска - Војновиќ Вицегувернер АБИТ - Семинар за млади и идни банкари Скопје, 22 јуни 2016 година

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

Народната банка на Република Македонија

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Грозда Костадинова

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ CASH - FLOW STATEMENT

МЕТОДОЛОШКИ ОБЈАСНУВАЊА Монетарна статистика и статистика на каматните стапки

Годишен Извештај. за работењето на Охридска Банка АД Скопје во 2013 год

Финансиски извештаи изготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување

Коисмение.Штозначиме.

Народна банка на Република Македонија Годишен извештај за 2016 година

Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ВО РМ - магистерски труд -

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

РАЗВОЕН ПЛАН И ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА СО ФИНАНСИСКИ ПЛАН на Охридска банка АД Скопје

Методи на финансиска анализа

ТД МАКОШПЕД АД СКОПЈЕ. ГОДИШЕН РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ на службата за внатрешна ревизија на ТД Макошпед АД Скопје

Извештај на независните ревизори 1. Извештај за сеопфатната добивка 3. Извештај за финансиската состојба 4. Извештај за промените во капиталот 5

Содржина. Вовед. Заклучок

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Штип. Кристина Анчевска

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

Народна банка на Република Македонија Годишен извештај за работењето на НБРМ во 2012 година

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

МАГИСТЕРСКИ ТРУД ИЗБОР НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ФУНКЦИЈА НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ЦЕЛИ

Агробизнис Финансиски прирачник

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски - Битола. Економски факултет - Прилеп. Магистерски труд

ПРОГРАМА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗВАЊЕТО РЕВИЗОР

Финансиски извештаи и Извештај на независните ревизори. М-НАВ АД, Скопје. 31 декември 2014 година

Годиштен извештај 2011 Macedonia. Годишен извештај 2011

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

КАРАКТЕРОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 Декември 2014 УНИКА ЛАЈФ АД Скопје

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД СКОПЈЕ

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Структурно програмирање

Извештај за работењето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје за 2011 година Скопје, Март 2012

ЗБИРЕН ПЕРИОДИЧЕН ДЕЛОВЕН ИЗВЕШТАЈ за 2009 година

Интерна ревизија на побарувањата од купувачите кај деловните субјекти во Република Македонија

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - ПРИЛЕП ЕТИЧКИ НОРМИ ВО ПРОЦЕС НА ИЗГОТВУВАЊЕ И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Централна кооперативна банка АД Скопје

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

СМЕТКОВОДСТВЕНО-УПРАВУВАЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ НА СТРАТЕГИСКИТЕ ТЕХНИКИ НА МЕНАЏЕРСКОТО СМЕТКОВОДСТВО. - докторска дисертација -

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

ОДЛУКА. за доставување на предлог за именување на член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје. Член1

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ИОРРМ КПУ 2012 МСФИ 12 ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ДРУГИ ЕНТИТЕТИ

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

Безбедност на платниот систем со посебен осврт на платниот систем во Република Македонија

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Извештај за транспарентност за 2016 година Deloitte ДОО Скопје

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2008 година

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Transcription:

ПРОГРАМА НА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА И ФИНАНСИСКИ ПЛАН НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА 2012 ГОДИНА Скопје, февруари 2012 год.

СОДРЖИНА: ИЗЈАВА ЗА ПОЛИТИКАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ... 3 I. МАКРОЕКОНОМСКИ УСЛОВИ ВО КОИ БАНКАТА ЌЕ ЈА ОСТВАРУВА СВОЈАТА АКТИВНОСТ... 4 II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА НА БАНКАТА... 5 III. ОПШТ ПРИСТАП ВО УПРАВУВАЊЕТО СО РИЗИЦИТЕ... 6 IV. МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА НА БАНКАТA... 7 1. ЛИКВИДНОСТ И ФИНАНСИСКИ ПАЗАР... 7 2. УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ И ПЛАНИРАЊЕ... 8 3. КРЕДИТИРАЊЕ НА СТОПАНСТВОТО... 9 4. ОДНОСИ СО СТРАНСТВО... 10 5. РАБОТА СО НАСЕЛЕНИЕ... 10 6. ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ОПШТИ РАБОТИ... 12 7. ПРАВНИ РАБОТИ, НАПЛАТА НА ПРОБЛЕМАТИЧНИ КРЕДИТИ И УПРАВУВАЊЕ... 12 8. ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА... 13 9. ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА... 13 10. ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ... 14 11. МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ... 15 12. ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ... 15 13. КОНТРОЛА НА УСОГЛАСЕНОСТ НА РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА СО ПРОПИСИТЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ... 16 14. УПРАВУВАЊЕ СО МРЕЖАТА НА ФИЛИЈАЛИ... 17 15. ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА... 17 16. РАБОТЕЊЕ НА ФИЛИЈАЛИТЕ НА БАНКАТА... 17 V. КВАНТИФИКАЦИЈА НА ОСНОВНИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ... 19 1. Основни претпоставки во конципирањето на показателите... 19 2. Квантификација на показателите од Билансот на состојба и Билансот на успех... 20 ПРИЛОГ ТАБЕЛИ 2/23

ИЗЈАВА ЗА ПОЛИТИКАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ Според изјавата за политиката, Комерцијална банка АД Скопје ќе го врши своето работење врз основа на цврсти банкарски принципи и ќе ги преземе потребните чекори што ќе обезбедат максимална добивка на акционерите на долг рок. Главни стратешки цели на Комерцијална банка АД Скопје се: 1. Комерцијална банка да се развие во водечка, независна, приватна банка која работи на целата територија на Република Македонија. 2. Комерцијална банка ќе се стреми да биде универзална банка што ќе ѝ овозможи да ја зајакне својата веќе стекната позиција во банкарскиот сектор. 3. Комерцијална банка ќе се стреми да ги достигне највисоките стандарди при пружањето на внимателно одбраните квалитетни производи и услуги на своите клиенти. 4. Комерцијална банка ќе се стреми навреме да ги усогласи своите политики и постапки за работење со најдобрите меѓународни пракси. 5. Комерцијална банка работи врз принципот на еднаков третман на клиентите кои се акционери и оние кои не се акционери на Банката. Програмата на мерки и активности на деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје за 2012 година, заедно со нејзиниот годишен буџет, претставуваат едновремено и ревизија на Развојниот план на Банката за периодот 2011-2016 година во 2012 година, врз основа на новонастанатите состојби и промени на претпоставките за развој на Банката во 2012 година. 3/23

I. МАКРОЕКОНОМСКИ УСЛОВИ ВО КОИ БАНКАТА ЌЕ ЈА ОСТВАРУВА СВОЈАТА АКТИВНОСТ Во 2012 година Банката ќе работи во услови на забавен раст на домашната економија и во услови на зголемена неизвесност и растечки ризици кои се поврзани со движењата во глобалната економија и должничката криза во евро-зоната. Се очекува просечната годишна стапка на инфлација, мерена преку индексот на трошоците на живот, во 2012 година да изнесува околу 2%. Тоа се должи на очекуваното смирување на екстерните инфлаторни притисоци, првенствено светската цена на нафтата и храната, заради влошувањето на екстерниот економски амбиент. Иако во 2012 година ќе се зголемат некои од регулираните цени, како што се цената на електричната енергија и парното греење, сепак општото ниво на цени ќе има умерен раст затоа што економскиот раст на земјата ќе биде под потенцијалното ниво и домашната побарувачка нема да креира инфлаторни притисоци. Во 2012 година се очекува реалниот раст на БДП да се движи околу 2,4%. На расходната страна, домашната потрошувачка ќе има релативно ограничен придонес за растот. Во услови на непроменето ниво на платите и вработеноста, личната потрошувачка ќе остане релативно непроменета, што важи и за јавната потрошувачка. Во такви околности економскиот раст во 2012 година може да биде придвижуван главно од инвестициите, оние на државата и странските директни инвестиции. На производната страна, како и во 2011 година, се очекува да продолжи интензивираната градежна активност. Во билансот на плаќања се очекува дефицитот на тековната сметка да се движи oколу 4,5% од БДП, при оценки за послаб раст на капиталните приливи. Во 2012 година се очекува економските политики да останат неизменети. Фискалната политика ќе ја задржи својата тековна поставеност, со проектиран буџетски дефицит од 2,5% од БДП, за чие финансирање се очекува растечко учество на користењето на домашни извори, односно емисија на државни хартии од вредност со рок на достасување од 5 и повеќе години. Во структурата на буџетските расходи во 2012 година капиталните инвестиции се проектирани да заземаат позначајно место. Монетарната политика и во 2012 година ќе остане насочена кон одржување на стабилноста на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото, како посредна цел за остварување на основната законска цел на Централната банка ценовната стабилност. Референтната каматна стапка на Народна банка на Република Македонија ќе се задржи на постојното ниво од 4% на годишно ниво до евентуално влошување на економската состојба во земјата. Доколку дојде до притисоци на девизниот пазар од влошување на билансот на плаќања, може да се очекува референтната каматна стапка на Централната банка да почне да се зголемува. За 2012 година на годишно ниво се предвидува пораст на паричната маса, според најшироката дефиниција, од 9,0% при очекувања за натамошен раст на денарските и девизните депозити. Се очекува интензитетот на кредитирањето кон приватниот сектор да биде поумерен во однос на 2011 година и да изнесува 7,6% согласно влошените очекувања за растот на глобалната економија и очекувањата за забавен реален раст на домашната економија. 4/23

II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА НА БАНКАТА Приоритетните цели и задачи на Банката се темелат на Изјавата за политиката на Банката, остварените резултати во работењето и степенот на реализација на нејзините стратешки цели. Приоритетните цели и задачи на деловната политика на Банката и за 2012 година се: 1. Одржување на вредноста на капиталот и негово зголемување, и тоа преку политика на понатамошно издвојување на значаен дел од нето-добивката за резерви, со што би се обезбедила стапка на адекватност на капиталот која ќе соодветствува на планираните активности, 2. Максимизирање на профитабилноста на работење со преземање прифатливи ризици, 3. Одржување и евентуално зголемување на учеството на Банката на банкарскиот пазар на Република Македонија во услови на зголемена конкуренција, 4. Успешно и навремено усогласување со законската регулатива за финансиско известување како дел од реформите во банкарскиот систем на Република Македонија, 5. Континуиран развој и усовршување на информативната технологија, 6. Континуирано усовршување на организацијата на работење и усогласување со нејзините стратешки цели и задачи и со законските прописи, 7. Менаџмент на човечки ресурси што ќе обезбедуваат повисок квалитет на услуги, 8. Банката како носител на платниот промет во земјата активно ќе се ангажира за имплементација на решенија што ќе обезбедуваат брзо и квалитетно услужување на комитентите, 9. Развој на банкарскиот маркетинг, 10. Во рамките на задачите на деловната политика на Банката за 2012 година останува обврската на Банката дека, доколку акционерите на Комерцијална банка АД Скопје обезбедат контролен пакет на акции и утврдат соодветни параметри, менаџментот на Банката ќе презема соодветни постапки, мерки и активности за евентуално привлекување на потенцијален странски стратешки инвеститор кој треба да ги исполни условите дефинирани од страна на конзорциумот на акционери на Банката, и тоа: да претставува банка чие име е реномиран меѓународен бренд, понудата да ја одразува реалната вредност на акциите на Комерцијална банка и да достави стратешки план за идниот развој на Банката. Меѓутоа, во услови на очекуван забавен раст на домашната економија и постоење на зголемени ризици во надворешното опкружување, како и поради зајакнувањето на регулаторните барања во делот на управувањето со ризици, Банката за 2012 година ги предвидува и следните дополнителни цели и задачи што ќе овозможат таа и понатаму да го задржи местото на една од најдобрите банки во Државата: 5/23

Преземање соодветни мерки и активности за успешно работење и прилагодување на новонастанатите пазарни услови, имајќи ги предвид пред сè барањата на постојните и потенцијалните клиенти, - Понатамошно усовршување и модернизација на работењето, воведување нови банкарски производи и услуги, развој на нови некласични банкарски функции, освојување на нови пазари, зајакнување на конкурентската позиција на Банката, што се основни карактеристики на современите и универзалните банки, - Доследна примена на новата Одлука за методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи и новата Одлука за сметковниот план на банките, - Целосно усогласување со новата Одлука за управување со ризиците што ќе придонесе за натамошно стабилно работење и зајакнување на капацитетот на Банката за преземање и управување со одделните ризици, - Натамошно унапредување на електронското банкарство и промовирање на можностите кое истото ги нуди и др. Остварувањето на приоритетните цели и задачи на Банката во 2012 година ќе се реализира во согласност со реализацијата на целите на Макроекономската политика на Владата на Република Македонија за 2012 година, Проекцијата на монетарната политика на НБРМ за 2012 година и другите законски прописи и акти на Банката, со почитување на основните начела на современото банкарско работење (ликвидност, сигурност и профитабилност), усогласување со економските законитости и настани во земјата и во странство, флексибилно прилагодување на Банката на потребите на клиентите и целосно почитување на финансиската и монетарно кредитната дисциплина во извршувањето на преземените обврски кон деловните партнери. III. ОПШТ ПРИСТАП ВО УПРАВУВАЊЕТО СО РИЗИЦИТЕ При остварување на приоритетните цели и задачи за 2012 година, Комерцијална банка АД Скопје ќе продолжи континуирано да управува со ризиците преку идентификување, мерење и оцена, контрола и следење на истите, со цел отстранување или минимизирање на нивното влијание врз работењето на Банката. Управувањето со ризиците Банката го заснова на Стратегијата за управување со ризици и утврдените политики за управување со одделните ризици, при што Банката доследно ќе ги почитува лимитите за изложеност на ризик согласно законската регулатива и интерните лимити за изложеност на ризик. 6/23

IV. МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА НА БАНКАТA За успешна реализација на приоритетните цели и задачи и остварување на позитивни ефекти од работењето во 2012 година, ќе се преземаат конкретни мерки и активности во рамки на сите сегменти од работењето, кои ги опфаќаат сите деловни процеси на Банката. 1. ЛИКВИДНОСТ И ФИНАНСИСКИ ПАЗАР 1. Во делот на ликвидноста, ќе се преземаат мерки и активности за исполнување на пропишаните обврски на Банката и барањата на клиентите. Тие се: 1.1. Управување со оперативната ликвидност (преку исполнување на обврската по основ на задолжителна резерва во денари во согласност со регулативата и актите на Банката, пласирање на вишокот денарски ликвидни средства во благајнички записи на НБРМ и во државни хартии од вредност, учество во развојот на секундарниот пазар на државни хартии од вредност, благајнички записи и репо-трансакциите, купопродажба на странски ефективни средства за плаќање, купопродажба на денарски и девизни депозити во земјата и во странство и чување на девизните средства во првокласни странски банки, во валути и на рокови кои ќе обезбедат соодветна сигурност и приходи од камати). 1.2. Управување со валутниот ризик на оперативно ниво преку одржување на валутната структура на девизните средства која, во зависност од движењето на курсевите на странските валути, ќе овозможи остварување позитивни курсни разлики и 1.3. Одржување, односно зголемување на учеството на девизниот пазар во Република Македонија и задржување и привлекување на клиентите преку формирање прифатливи купопродажни курсеви, како и преку развој и понуда на купопродажба на девизи на термин и други финансиски инструменти. 2. Во делот на тргувањето со хартии од вредност, ќе се преземаат мерки и активности за: 2.1. Унапредување на квалитетот на услугите во делот на тргување со хартии од вредност преку следење на потребите на клиентите, соодветно информирање и известување за можностите и ризиците поврзани со инвестициите во хартии од вредност, усвојување етички кодекс и стандарди на професионално однесување, интензивирање на контактите и соработката со домашни компании од аспект на котација на нивните хартии од вредност, воспоставување на контакти со странски инвестициски фондови како потенцијални инвеститори на пазарот на капитал во Република Македонија и др. 2.2. Потврдување и зајакнување на пазарното учество преку понуда на конкурентни цени со цел задржување и зголемување на бројот на клиенти. 2.3. Развој на нови активности кои ќе овозможат поголема ефикасност, стандардизација на услугите и зајакнување на конкурентска предност, како што се: прифаќање на налози со електронски потпис и имплементација на комуникација со Берзата и останатите клиенти со FIX протокол, понуда на услуги од областа на инвестициското банкарство, учество во активностите за поддржувачи на ликвидноста (market makers) и др. 3. Во функција на обезбедување на висококвалитетни услуги во областа на чувањето на хартии од вредност за клиентите пензиски и инвестициски фондови, како и клиентите нерезиденти, во идниот период ќе се преземаат мерки и активности за усовршување на начинот на известување и комуникација преку отвoрање интернет-портал, континуирано следење на контролните процедури во врска со инвестирањето на средствата и заштитата на доверливите информации, целосна автоматизација на процесот на работење со цел намалување на оперативниот ризик, задржување на постојните но и зголемување на бројот на нови големи клиенти од типот на странски глобални старателски банки, понуда на услуги наменети за клиенти резиденти, како што се осигурителните куќи и приватните инвестициски фондови и др. 7/23

2. УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ И ПЛАНИРАЊЕ Деловната политика на Банката за 2012 година ќе продолжи да се темели на методологијата која обезбедува усогласеност на средствата во активата и изворите на средства во пасивата на Банката, со крајна цел елиминирање на секаков вид ризик кој може да настане заради евентуална нерамнотежа меѓу тие две големини. Покрај тоа, урамнотеженоста на Билансот по обем, динамика, валутна и рочна структура, претставува појдовна претпоставка во изработувањето на годишниот финансиски план на Банката и утврдувањето на развојните приоритети во работењето. Во делот на управување со ризиците ќе се унапредува системот за управување со ризик со цел да овозможи целосна и доследна имплементација на регулативата, со едновремено унапредување на моделите за идентификација, следење и избор на методи за минимизирање на ризиците, како и навремено информирање на Управниот одбор, Надзорниот одбор и на Одборот за управување со ризици во функција на донесување квалитетни и навремени одлуки за управување со истите. 2.1. Во делот на управувањето со кредитниот ризик ќе се преземаат активности за: доследна примена на Политиката за преземање и управување со кредитен ризик, Политиката и постапките за оштетување на финансиски инструменти и Процедурите за идентификување, процена, мерење, следење и контрола на кредитниот ризик и Методологијата за утврдување на исправка на вредност и на посебна резерва на групна основа, следење на веќе воспоставените процеси и системи во рамките на процесот на управување со кредитниот ризик, како и воведување нови процеси и системи во рамките на процесот на управување со кредитниот ризик кои се однесуваат на воспоставување процедури за определување на интерна стапка на адекватност на капиталот, анализирање и процена на усогласена девизна позиција на клиент, анализирање на прилагодливоста на паричните текови на клиентот, следење на кредитниот ризик кај девизните кредити и денарски кредити со валутна клаузула, воспоставување на Процедури за стрес-тест од аспект на кредитниот ризик, предвидување на износот на исправката на вредност/посебна резерва и развој на техники за предвидување, воспоставување на техничко решение за утврдување на денови на доцнење при сервисирање на обврските на клиентите и решение за пресметка на стапката на адекватност на капиталот со примена на стандардизиран пристап, следење на Базелските принципи за управување со кредитен ризик, како и следење и имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди (IAS) и Meѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS) во доменот на управување со кредитниот ризик. 2.2. Во делот на управувањето со останати ризици, каде се спроведува навремено идентификување, мерење и следење, контрола и известување за ликвидносниот, валутниот, пазарниот ризик, ризикот на промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности, оперативниот и репутацискиот ризик, ќе се преземаат и следните активности: финализирање на апликативното решение за пресметување на капитал потребен за покривање на оперативниот ризик согласно избраниот стандардизиран пристап и соодветно заокружување на интерната регулатива која се однесува на овој ризик; следење и утврдување на нивото на ризик присутен кај новите производи; спроведување на стрес-тестови согласно барањата на законската регулатива и интерните потреби и симулации согласно потребите на Банката; 8/23

дополнување и унапредување на процесот на интерно утврдување и оцена на потребната адекватност на капиталот од аспект на останатите ризици; унапредување на Serenity - апликативното решение за опфат, складирање и чување податоци за оперативниот ризик, како и изработка на извештаи; продолжување со активностите за што поцелосна апликативна поддршка на извештајните форми за прикажување на изложеноста на останатите ризици; натамошно унапредување на Проектот за имплементација на Bank Business Intelligence Integral System и др. 2.3. Во делот на планирање и анализи ќе се преземаат редовни активности за: изработка на извештаи и анализи за работењето на Банката во согласност со регулативата и барањата на органите на управување, изработка на Програма на мерки и активности на деловната политика на Банката со Буџет за 2012 година, следење на материјалните трошоци, пазарното учество на Банката, профилот на ризичност на Банката од аспект на стратегискиот ризик и др. Покрај тоа, како позначајни дополнителни активности за 2012 година се издвојуваат: - доследна имплементација на регулативата поврзана со управувањето со стратегискиот ризик, - имплементација на измените во регулативата за нето-должници, - известување според оперативните сегменти и изработка на анализа на деловните активности на Банката според оперативните сегменти во согласност со одлуките од НБРМ, - изработка на анализа за работењето на филијалите со примена на соодветен модел за корекција на финансискиот резултат, - изнаоѓање соодветен модел за финансиско планирање и др. 3. КРЕДИТИРАЊЕ НА СТОПАНСТВОТО Активностите и мерките кои ќе се преземаат во 2012 година во рамките на кредитирање на стопанството ќе бидат насочени кон: пораст на денарските кредити на нефинансискиот сектор од околу 5%, при што се земени предвид проекциите за кредитен раст на НБРМ, очекувањата за зголемени ризици во реалниот сектор, како и повнимателниот пристап во анализата на барањата на клиентите, диверзификација на кредитното портфолио по дејности, географски подрачја и квалитет на обезбедувањето на пласманите во согласност со Кредитната политика и постапки на Банката, при што ќе се посвети внимание на индустриските гранки кои не претрпеа големи загуби и ги амортизираа ефектите од економската криза, понуда на производи и услуги во согласност со зголемената конкуренција на македонскиот банкарски пазар. При тоа, се планира преземање на следните конкретни мерки и активности: привлекување на нови бонитетни и кредитоспособни комитенти, но исто така и поддржување на профитабилните проекти на постојните комитенти преку одобрување на краткорочни кредити, долгорочни кредити за основни и обртни средства и кредити од средствата на постојните кредитни линии, дополнување и зголемување на понудата на кредитни производи на Банката за одредена категорија на клиенти во рамките на проектот за финансирањето на мали и средни компании и приоритетни проекти од кредитната линија на ЕИБ, унапредување и промовирање на новата услуга - банкарска гаранција во електронска форма, 9/23

постојано оценување на висината на активните каматни стапки и предлагање измени и дополнување на каматната политика на Банката, што ќе биде во согласност со потребите на комитентите и со интересите на Банката, предлагање измени и дополнувања на деловните акти кои го регулираат кредитното работење, доработка на отпочнатите програмски решенија за поедноставување на процесот на одобрување и администрирање на пласманите на Банката и за изработка на сите извештаи кои ќе се наметнат во текот на работењето на секторот. 4. ОДНОСИ СО СТРАНСТВО Банката во овој сегмент од работењето во текот на 2012 година ќе продолжи да ги извршува редовните активности: одобрување девизни кредити од странски кредитни линии и од сопствени девизни средства, отворање акредитиви и издавање гарaнции, обезбедување на лимити кај странски банки без положување покритие за конфирмирање на издадени гаранции и отворени акредитиви од Банката, редовни контакти и посети на клиентите со цел согледување на нивните потреби и прибирање информации за нивното мислење во врска со дадената услуга од страна на Банката, преземање континуирани мерки за наплата на обврските по девизни кредити, гаранции и акредитиви и др. Покрај тоа, ќе се преземаат и други значајни активности насочени кон: привлекување на извозно ориентирани комитенти со цел зголемување на девизните депозити, девизните приливи и работењето со платниот промет во странство преку Банката, унапредување и поактивно промовирање на услугите на електронско банкарство од областа на платниот промет со странство преку: рекламирање на купопродажба на девизи on-line (купопродажба на девизи во реално време) преку овластување лице за купопродажба на девизи, овозможување прием на налози за отворање на акредитиви преку е-banking, модификација на изводот на девизна сметка преку е-banking, промовирање и рекламирање на форфетирањето како инструмент за подобрување на тековната финансиска ликвидност на комитентите, следење и воведување новини во работењето во оваа област, согласно случувањата во светските финансиски текови и друго. 5. РАБОТА СО НАСЕЛЕНИЕ Согласно очекувањата за забавување на растот на домашната економија, Банката во текот на 2012 година, во рамки на работењето со население, ќе презема соодветни мерки и активности: 5.1. Во областа на работењето со трансакциски сметки и дебитни картички на физички лица, активностите ќе бидат насочени кон: воведување нови пакети на производи и услуги, интензивирање на користењето на услугата Интернет банка и едукација на корисниците за нејзините предности, зголемување на бројот на издадени дебитни картички, воведување нови функционалности на дебитните картички, измени и дополнување на надоместоците и каматните стапки кај одредени производи и услуги, примена на индивидуален приод во одобрување на дозволените пречекорувања и континуирано следење и подобрување на наплатата на побарувањата. 10/23

5.2. Во областа на работењето со кредитни картички, Банката во текот на 2012 година планира да ги искористи потенцијалите за натамошен развој и да го зголеми обемот на активности, и тоа: - зголемување на бројот на новоиздадени и интензивирање на активноста на веќе издадените картички преку: заокружување на проектот за издавање на чип-картички, воведување нови производи од програмата на MasterCard и Visa и нови кобрендирани картички, спроведување кампањи за активирање на картички, воведување на дополнителни привилегии и поволности за сите корисници на картички, корекција на кредитните лимити и преземање активности за зголемување на нивната искористеност, - ширење на продажната мрежа за прифаќање картички преку инсталирање на нови банкомати и нови POS терминали, брендирање на банкоматите и поставување наменски светлечки реклами, воведување на дополнителни функционалности на банкоматите, имплементација на нова апликација за POS терминали за прифаќањена чип-картички од двата бренда MasterCard и Visa, зголемување на бројот на трговци кои ќе ја користат услугата E-commerce (виртуелен POS терминал), проширување на услугите на СМС банкарството и - обука и едукација на клиентите за предностите на употребата на картичката како платежен инструмент. 5.3. Во областа на депозитното работење и платниот промет со странство за физички лица, во текот на 2012 година се планирани активности за: воведување нови производи (Штеден производ за малолетни лица со рок на орочување до полнолетство и Семеен штеден влог), воведување современи начини на известување на клиентите за пристигнати девизни приливи, подобрување на процесот на давање услуги во делот на платниот промет со странство и сл. 5.4. Во областа на кредитирањето на население се планира спроведување на следните активности: натамошно следење и анализа на пазарот и потребите на потенцијалните клиенти, развивање нови поволни производи за кредитирање, овозможување достапност на апликациите за кредитирање во одделни експозитури, изработка на дополнителни софтверски решенија и извештајни форми за анализа на податоците во апликациите и сл. 5.5. Во делот на наплатата на достасани побарувања по основ на користени кредити на физички лица, кредитни картички и трансакциски сметки, во текот на 2012 година ќе се продолжи со вообичаените активности за телефонско и писмено известување и опоменување на корисниците, активирање административни забрани и други инструменти за наплата и сл. 5.6. Во делот на управувањето на односите со клиентите, основна цел претставува обезбедувањето континуиран и квалитетен пренос на информации што ќе овозможи пласирање на производи и услуги од областа на работење со население, соодветна грижа за постојните клиенти и придобивање на нови, зголемување на задоволството и лојалноста на клиентите и зголемување на профитабилноста од работењето со истите. 11/23

6. ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ОПШТИ РАБОТИ Секторот за човечки ресурси и општи работи во текот на 2012 година ќе продолжи да ги насочува своите активности кон: модернизација и унапредување на условите на работа (реновирање на одредени делови на Банката, набавка на современа опрема и евентуално отворање нови експозитури на Банката во зависност од потребите и барањата на комитентите), - унапредување на организацијата на банкарското работење преку отворање нови организациони единици и нови работни места, поголема екипираност со високостручен кадар, поголема стручност во управувањето и одлучувањето, повисока контрола при работењето, следење на искористеноста на работниците и фондот на работно време и др., - водење соодветна кадровска политика во насока на: подобрување на квалитетот на работењето, доследно почитување и спроведување на упатствата за работа, организирање интерни обуки и упатување на работниците на разни форми на стручно оспособување и усовршување во земјата и во странство, примена на стимулативната политика за наградување на работниците и друго, осигурување на вработените и спроведување на пропишаните мерки за безбедност и здравје на вработените согласно Законот, усогласување со законската регулатива преку изготвување на Акти (упатства, процедури и постапки за работа) со кои ќе се регулираат постојните и новите работни задачи од одредена проблематика, управување, евиденција и продажба на недвижен имот стекнат по пат на реализација на хипотека, и застапување на Банката пред судовите и другите органи, преземање активности околу мониторинг системот и друго. Покрај овие активности во 2012 година планирано е и реализирање на проектот за намалување на потрошувачката на електрична енергија со што дополнително би се намалиле трошоците на Банката. 7. ПРАВНИ РАБОТИ, НАПЛАТА НА ПРОБЛЕМАТИЧНИ КРЕДИТИ И УПРАВУВАЊЕ Во рамки на утврдените надлежности на Секторот за правни работи, наплата на проблематични кредити и управување, во 2012 година ќе се преземаат активности за: наплата на тужените побарувања, наплата на проблематични побарувања која е проценета на околу 937 милиони денари, водење судски спорови во кои Банката се јавува како тужител или тужена страна, процена на имот и опрема прифатени како обезбедување за одобрени кредити, правно усогласување на одлуките, договорите, спогодбите и другите акти од надлежност на органите на Банката и од нејзиното работење со законските прописи и интерни акти, подготовка на седниците на Собранието на Банката, Надзорниот одбор, Управниот одбор, Одборот за управување со ризици, Одборот за ревизија, Кредитниот одбор и другите органи и тела на Банката и изготвување записници, одлуки, заклучоци и препораки од седниците, воспоставување електронско гласање на Собранието на Банката, ажурирање на Регистарот на акти на Банката во електронска форма и воспоставување и водење на електронски деловодник, односи со јавност, објавување на информации и соопштенија преку печатени и електронски медиуми, издавање на печатени публикации, ажурирање и одржување на интранет-страницата на Банката, набавка и дистрибуирање на репрезентативен материјал и др. 12/23

8. ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА Во текот на 2012 година, во сегментот на информатичката технологија ќе се преземаат следните активности: - воведување нови функционалности во електронското банкарство наменети за кредитирање на население и девизно работење за правни лица, развој на апликативно решение за мобилно банкарство и др., - изработка, доработка и имплементација на апликативни решенија согласно потребите на организационите делови на Банката и барањата на регулативата, - имплементација на решенија за следење на активностите на базите на податоци, спречување на одлевање на податоците и регулирање на единствен пристап до истите, управување со идентитетите на корисниците на ИКТ системот и сл., - прилагодување и миграција на банкарските апликации за работа на Windows 7 оперативен систем и миграција на дел од серверската инфраструктура на Windows 2008 оперативен систем, - набавка и инсталација на нов хардвер и миграција на ORACLE базата на податоци за системот за работа со картички на најнова верзија ORACLE 11g R2 EE, - надградба на инфраструктурата на алтернативниот компјутерски центар, воспоставување на план за континуитет во работењето и конфигурирање на истиот за обезбедување алтернативна локација за податоците на КБ Прво пензиско друштво АД, - набавка и имплементација на web application firewall со цел зголемување на сигурноста на сите веб-сервери чии апликации се јавно публикувани на Интернет, - проект за имплементација на Symantec Endpoint Protection V12 и други продукти од овој пакет, - набавка и имплементација на систем од сигурносни мрежни уреди за Unified threat protection за откривање и попречување недозволени активности од и кон ИКT системот, - надградба на дел од хардверската и софтверската инфраструктура за поддршка на работењето на контакт-центарот на Банката, - развој и имплеменатација на нови конектори и приклучување на нови делови од ИКТ системот кон системот за ревизорски траги ArcSight и набавка и имплементација на ArcSight flex за следење на интерните банкарски апликации, - проширување на мрежата банкомати, имплементација на проект за сигурносно обезбедување на мрежниот сообраќај од/кон банкоматите, имплементација на систем за продажба на вредносни ваучери за мобилна телефонија на банкоматите на Банката, набавка и имплементација на решение за мониторинг и управување со банкомати и POS терминали, воспоставување back-up мрежна инфраструктура за POS терминали и др., - продолжување на активностите од проектот за издавање на Visa и MasterCard картички со чип и др. 9. ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА Во функција на зголемување на бројот на правни и физички лица клиенти на Комерцијална банка, како и за подобрување на квалитетот и понудата на производи и услуги, во овој сегмент од работењето на Банката ќе се преземаат следните мерки и активности: - воведување нови платни инструменти согласно измените во законската регулатива и препораките од Стратегијата за развој на платните системи (direct debit - усогласен со СЕПА стандардите, задолжница нов инструмент за обезбедување на наплата при 13/23

должничко-доверителските односи помеѓу правните субјекти), како и воведување дополнителна услуга за правни лица која се однесува на имплементација на решение за реализирање на трајни налози за наплата на сметки за комунални услуги и др., - проширување на соработката со осигурителните компании и инвестициските фондови, односно нудење на нивните производи и услуги на шалтерите на Банката, - формирање на централна архива на документацијата за реализирани трансакции со спојување на базата на податоци за целокупното работење на депонентите на Банката, - активна имплементација на проектот за пријавување на овластени лица за вршење активности со денарските сметки на правни лица, во согласност со законските барања, како и поради зголемување на безбедноста во работењето, - континуирано надградување на функционалноста и корисноста на работните апликативни решенија и на целокупниот систем за електронско банкарство со цел да им се укаже на постојните и на потенцијалните клиенти за брзината, ефикасноста и сигурноста од користење на истиот, - децентрализација на активностите и промени во поглед на понудата на производите и услугите кои се нудат во експозитурите, со поставување на одговорни лица обучени за квалитетно извршување на децентрализираните активности, - корекции на Тарифата за наплата на надоместоци за услугите кои ги нуди Банката од областа на платниот промет, со цел да се оствари максимална конкурентност и максимална профитабилност во работењето, - подготовка на интерни акти за регулирање на поддршката и поврзувањето на буџетските институции со платните текови, со цел реализирање на електронски плаќања во домашниот платен промет и др. 10. ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ За поголема ефикасност на трезорското работење во Банката, ќе се преземаат следните мерки и активности: унапредување на начинот на извршување на дистрибуција на готовина и промена во начинот на полнење на банкоматите во експозитурите, со цел намалување на ризиците и зголемување на безбедноста на лицата и готовината во транспорт, понуда на услугата транспорт на готовина за потребите на поголемите и клучни постоечки и нови клиенти на Банката кои ќе изразат потреба од таков вид услуга, со цел да се задржи или да се стекне нивната лојалност, континуирано ревидирање на процедурите и упатствата за работа со цел да се обезбеди нивна усогласеност со промените во условите на работење, како и зајакнување на контролата врз трезорското работење во организационите делови на Банката и др. 14/23

11. МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ Во планираниот период маркетинг активностите на Банката ќе бидат насочени кон унапредување на перцепцијата за брендот на Банката и навремено и точно информирање на пошироката јавност за асортиманот на производи и услуги, унапредување на класичните канали на дистрибуција и понуда на посовремени алтернативни решенија согласно потребите и желбите на клиентите. Во доменот на маркетинг истражувањето ќе се преземаат активности за: спроведување на истражување на задоволството на клиентите и други интерни истражувања, користење на резултатите од спроведените истражувања како значајна основа при планирањето на идните маркетинг активности и давање предлози за искористување на можностите кои ги нудат современите комуникациски технологии, како и информирање и градење лојалност кон брендот на Банката. Тоа подразбира искористување на социјалната мрежа Facebook како комуникациски канал, доближување на банкарските услуги до населението преку мобилно банкарство, искористување на новото мени на банкоматите за рекламно-информациони цели, воведување на услугата електронско банкарство на веќе постоечките инфокиосци на Банката, поставување терминали во филијалите и во поголемите експозитури каде клиентите би можеле да се запознаат со можностите и предностите на електронското банкарство и др. Дополнително, повнимателно ќе се управува со трошоците за ребрендирање на банкоматите, што е во согласност со настојувањата за намалување на вкупните трошоци. Во доменот на маркетинг комуникациските активности за 2012 година приоритет на Банката ќе биде информирање на целната публика за да се создаде преференција кон брендот и производите на Банката. Во таа насока ќе се реализираат следните маркетинг комуникациски активности: одржување на корпоративниот имиџ на Банката преку истакнување на корпоративните вредности во сите промотивни активности, промовирање на воведувањето на чип технологија на картичките на Банката, реализација на промотивни кампањи за одредени производи наменети за население, редовно изготвување и ажурирање на печатени промотивни материјали (брошури, летоци и постери) за производите и услугите на Банката и организирање на нивната дистрибуција до експозитурите и филијалите на Банката. Спонзорствата и донациите како интегрален дел од маркетинг комуникациските активности на Банката и во 2012 година ќе бидат насочени кон градење и зајакнување на имиџот на општествено одговорна компанија која ги поддржува вистинските вредности во заедницата. Така, Банката ќе продолжи да поддржува настани и проекти од повеќе области, и тоа: спорт, култура, уметност, научно-истражувачка и издавачка дејност, конференции, хуманитарни проекти и др. 12. ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ Во областа на финансиското работење, планираните активности за 2012 година ќе бидат насочени кон усовршување на водењето на финансиско-материјалното работење, продолжување со активностите за хоризонтален мониторинг во организација на УЈП - Дирекција за големи даночни обврзници, како и следење и анализа на измените и дополнувањата на меѓународните сметководствени стандарди (IFRS). Во согласност со тоа ќе се преземаат следните мерки и активности: 15/23

- набавка на нов деловен софтверски пакет за финансиско-материјално работење, со што ќе се постигне целосен и интегрален систем на евиденција, анализа и известување и ќе се опфатат сите елементи, фази и организациони единици во Банката, - надградба на постојните софтверски решенија согласно интерните потреби и измените во законската регулатива, - продолжување на активностите на Банката во проектот за хоризонтален мониторинг во организација на УЈП, чија основна цел е контрола во спроведувањето на даночната регулатива, навремено откривање на проблемите и ризиците, нивно решавање, како и избегнување на евентуални дополнителни трошоци и др. 13. КОНТРОЛА НА УСОГЛАСЕНОСТ НА РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА СО ПРОПИСИТЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ Усогласеното работење на Банката со важечката регулатива треба да обезбеди заштита и елиминирање на сите последици кои можат да се јават како резултат на непочитување и неправилна примена на важечката регулатива. Во текот на 2012 година оваа цел ќе се остварува преку преземање на следните активности: - следење на новата регулатива, измените и дополнувањата на истата, оцена на нејзиното влијание врз работењето на Банката и предлагање корективни мерки заради целосна усогласеност на работењето на Банката, - учество во изготвувањето и ревидирањето на интерните акти на Банката од аспект на нивна усогласеност со прописите, - следење на исполнувањето на важечката регулатива во однос на доставувањето на извештаите и другите акти до институции надвор од Банката, - идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето на Банката со прописите и редовно информирање на органите на Банката во врска со истото. Во однос на исполнувањето на обврските поврзани со спречување на перење пари и финансирање на тероризам, планираните активности за 2012 година се следните: - следење на законската и подзаконската регулатива од областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризам и следење на спроведувањето на истата при извршување на активностите во Банката, - континуирано усогласување на интерните акти на Банката од областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризам со екстерната регулатива од оваа област, - континуиран мониторинг и анализа на трансакциите во Банката и детектирање на ризични - сомнителни трансакции по индикатори на сомнителност, - усовршување на софтверското решение за спречување на перење пари, како и надградби кај останатите апликации за автоматска поддршка во процесите заради спречување на перење пари и финансирање на тероризам, - процена на ризик од перење пари и финансирање на тероризам, согласно Методологијата за начинот на мерење на изложеноста на ризик од перење пари/финансирање на тероризам и параметрите утврдени во истата, - соработка со надворешните институции вклучени во спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам и доставување на пропишаните извештаи, - редовно информирање на Управниот и на Надзорниот одбор и другите тела во Банката за утврдените состојби и предложени мерки и активности. 16/23

14. УПРАВУВАЊЕ СО МРЕЖАТА НА ФИЛИЈАЛИ Дирекцијата за управување со мрежата на филијали и во текот на 2012 година ќе продолжи со воспоставените активности за: секојдневна комуникација и координирање на филијалите заради брзо и навремено доставување на податоци и информации, секојдневен мониторинг и известување за промени во регулативата или во процесите и начините на работа, како и насочување и поддршка со цел нивно проширување и развој, анализи на можностите за подобрување на профитабилноста на филијалите и останати тековни активности (изработка на редовни и дополнителни извештаи со цел филијалите да се посветат на своите оперативни задачи, полнење на податоци во соодветните апликации, посредување при затворање на сметки, давање или гаснење на привилегии, наплата на побарувања, подготвување на основни софтверски решенија или измени на решенија и сл). 15. ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА Ефикасниот систем на внатрешна контрола претставува основа за стабилно и сигурно работење на Комерцијална банка АД Скопје и истиот обезбедува заштита на вредноста на средствата и максимизирање на вредноста на Банката, изработка на точни финансиски извештаи, зголемување на ефикасноста на вкупното работење, унапредување на ефикасноста на управувањето, како и усогласеност со интерните политики на Банката, законите и регулативата која се однесува на банкарското работење. Внатрешната ревизија обезбедува објективна и независна оцена на адекватноста и ефикасноста на системот на внатрешна контрола, точноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи, усогласеноста со интерните политики и процедури на Банката и со законите и регулативата што е во сила, како и на општата ефикасност во работењето на Банката. Политиката на Банката продолжува во насока на имплементирање и одржување на адекватна внатрешна ревизија којашто претставува независна и објективна активност за уверување (проверка) и консалтинг, за да се зголеми вредноста на средствата и да се унапреди и подобри квалитетот на работењето на Банката. Оваа функција ѝ овозможува на Банката да ги постигне поставените цели воведувајќи систематски и дисциплински пристап за процена и подобрување на ефикасноста на управувањето со ризиците, контролите и процесот на управување. Внатрешната ревизија и во текот на 2012 година ќе ги извршува своите активности во согласност со Годишниот план за работа на Внатрешната ревизија за 2012 година кој, согласно член 96 од Законот за банки, член 121 од Статутот на Банката и интерните акти за работа, е одобрен од Надзорниот одбор на Банката. 16. РАБОТЕЊЕ НА ФИЛИЈАЛИТЕ НА БАНКАТА Поддржувајќи ја во целост стратегијата на Комерцијална банка АД Скопје за натамошен развој во водечка банка на територијата на Република Македонија, која ги применува највисоките стандарди и политики на меѓународната банкарска пракса, филијалите како нејзин составен дел ќе преземаат мерки и активности насочени кон реализација на утврдените приоритетни тековни и развојни цели и задачи на деловната политика на Банката, и тоа: 17/23

1. Максимизација на профитабилноста во работењето, како услов за одржување и зголемување на вредноста на капиталот на Банката, 2. Натамошен пораст на кредитниот потенцијал преку мобилизирање нови депозити од физички и правни лица од своите региони, во функција на зголемување на учеството на Банката на банкарскиот пазар во Република Македонија, 3. Финансирање на развојот на приватното претприемништво и малото стопанство преку програми и проекти кои имаат пазарна верификација и гарантираат профитабилност во работењето, како и поддршка на развојот на гранките со позначајни економски и извозни потенцијали, 4. Управување со ризиците од работењето во насока на нивна идентификација, контрола, минимизирање и заштита, 5. Интензивирање на активностите во платниот промет во земјата преку зголемување на бројот на депонентите и проширување на видот на услугите, како и водење сметка за конкурентноста следејќи ја висината на провизиите на другите банки, 6. Максимална поддршка на извозно увозната активност на комитентите на Банката во функција на зголемување на платниот промет со странство, со заложба за привлекување нови комитенти од тие подрачја, 7. Организационо и кадровско усовршување, во функција на поуспешно и поефикасно работење и подобрување на квалитетот на услугите во сите домени од работењето. За реализација на овие приоритетни цели и задачи филијалите ќе преземаат конкретни мерки и активности кои ќе бидат во согласност со мерките и активностите на ниво на Банката, како и во согласност со насоките и заклучоците на органите на управување на Комерцијална банка АД Скопје. 18/23

V. КВАНТИФИКАЦИЈА НА ОСНОВНИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ Реализацијата на целите и задачите на деловната политика на Банката за 2012 година претпоставува и остварување на конкретни финансиски ефекти изразени во квантифицирани показатели. 1. Основни претпоставки во конципирањето на показателите 1.1. Макроекономски претпоставки: - стабилен курс на денарот, - стапка на инфлација од околу 2% (мерена според индексот на трошоците на живот), - реален пораст на бруто домашниот производ од околу 2,4%, - пораст на најшироката парична маса М4 од 9,0% и - пораст на кредитите кај приватниот сектор од 7,6%. 1.2. Интерни банкарски принципи: - Планирана профитабилност изразена преку ROE над 10% и ROA над 1% 1, - Таргетирана нето каматна маржа (NIM) од над 3% на годишно ниво, - Пораст на депозитите до ниво што ќе обезбеди нивно учество во вкупните средства на Банката над 70%, - Зголемување на каматоносните пласмани во согласност со движењата на отворената девизна позиција и преку водење сметка за соодносот на денарската и девизната компонента на активата на Банката, како и одржување на изложеноста на Банката на валутен ризик во рамките на законски предвидениот лимит, - Издвојување на значаен дел од нето-добивката за резерви, при стапка на исплата на дивиденда што ќе се движи околу 45%, - Ликвидност што ќе обезбедува минимална ликвидност пропишана од НБРМ и градење на соодветно портфолио на хартии од вредност како инструмент за обезбедување на секундарна ликвидност, - Одржување на вредноста на капиталот и зголемување на стапката на адекватност на капиталот преку издвојување на дел од добивката во резерви, - Планиран коефициент на трошоци пресметан како сооднос помеѓу оперативните трошоци и вкупните приходи помеѓу 45% и 55%. 1 Во 2012 година се очекува отстапување во остварувањето на овие стратешки определени показатели, што е резултат на очекувана намалена добивка согласно подолу образложените причини. 19/23

2. Квантификација на показателите од Билансот на состојба и Билансот на успех 2.1. Биланс на состојба Табела бр. 1: Проекции на Биланост на состојба на Комерцијална банка АД Скопје за 2012 година (во милиони денари) АКТИВА Состојба 31.12.2011 План 31.12.2012 План. пораст Индекс Износ Стр. Износ Стр. (5-3) 5:3 1 2 3 4 5 6 7 8 1 Парични средства и депозити во НБРМ 28.168 35,1% 29.496 35,2% 1.328 105 2 Средства за тргување 24 0,0% 24 0,0% 0 100 3 Пласмани во, и краткорочни кредити на други банки 1.358 1,7% 1.016 1,2% -342 75 4 Кредити на комитенти 42.734 53,3% 44.807 53,5% 2.073 105 5 Вложувања 1.779 2,2% 1.792 2,2% 13 101 6 Постојани средства 1.807 2,3% 2.095 2,5% 288 116 7 Активни временски разграничувања и останата актива 4.332 5,4% 4.472 5,4% 140 103 Вкупна актива 80.202 100,0% 83.702 100,0% 3.500 104 ПАСИВА Состојба 31.12.2011 План 31.12.2012 План. пораст Индекс Износ Стр. Износ Стр. (5-3) 5:3 1 2 3 4 5 6 7 8 1 Обврски по краткорочни и долгорочни кредити 2.825 3,5% 3.275 3,9% 450 116 2 Депозити од комитенти 66.695 83,2% 69.600 83,2% 2.905 104 3 Пасивни временски разграничувања и останата пасива 1.155 1,4% 1.125 1,4% -30 97 4 Акционерски капитал 3.051 3,8% 3.051 3,6% 0 100 5 Сопствени акции 0 0,0% 0 0,0% 0 0 6 Резерви 5.390 6,7% 5.981 7,1% 591 111 7 Нераспоредена добивка 1.086 1,4% 0 0,0% -1.086 0 8 Бруто-добивка 0 0,0% 670 0,8% 670 0 Вкупна пасива 80.202 100,0% 83.702 100,0% 3.500 104 20/23

Вкупната актива на Банката во 2012 година се планира да се зголеми за 4%. Позначајните позиции во активата на Банката за кои е планиран пораст се: - Паричните средства и депозитите кај НБРМ се планира да се зголемат за 5% како резултат на очекуван пораст на задолжителната резерва на Банката во денари и девизи согласно проекциите за пораст на депозитите, како и по основ на планирано учество на Банката на аукциите на благајнички записи и пласирање средства во странски банки со рочност до три месеци. - Вкупните нето-кредити на комитенти се планира да се зголемат за околу 5%, при планиран пораст на бруто-кредитите на правни и физички лица од по 5%. Ваквиот кредитен раст е проектиран во согласност со очекувањата за забавување на економскиот раст во 2012 година и сознанијата за потешкотиите со кои се соочија стопанските субјекти во текот на 2011 година. Притоа, не се планира промена на рочната и валутната структура на бруто-кредитите на комитенти. - Вложувањата на Банката се однесуваат на вложувања во ХВ расположливи за продажба, ХВ чувани до доспевање и вложувања во подружници и придружни друштва. Во текот на 2012 година е планирано одржување на нивото на вложувањата класифицирани до доспевање кои во најголем дел се однесуваат на државни записи. Кај вложувањата во подружници и придружни друштва е планиран пораст по основ на нетоудел во планирана добивка од придружните друштва. - Постојаните средства се планира да се зголемат за 288 милиони денари како резултат на набавка на средства за работа. Планираните износи се во рамките на законски пропишаниот мултипликатор за основни средства. - Активните временски разграничувања и останатата актива кои како најголема ставка ги содржат преземените хипотеки, се планира да остварат пораст од 3% како резултат на планирано преземање на имот во 2012 година со едновремено намалување на хипотеките кои достасуваат за отпис согласно примената на методологијата пропишана со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања. Планираниот пораст на пасивата на Банката е резултат на следните движења: - Обврските по краткорочни и долгорочни кредити се планира да се зголемат за 16%, главно како резултат на повлекување нови транши од кредитната линија од ЕИБ преку МБПР. Во оваа позиција исто така е планирана отплата на достасани обврски по кредитните линии кои ги користи Банката. - Вкупните депозити на Банката се планира да се зголемат за 4%, при што во текот на 2012 година не се планира промена на рочната и валутната структура на вкупните депозити на комитенти. - Акционерскиот капитал е на ниво на претходната година, додека резервите на Банката се планира да се зголемат за 591 милион денари по основ на издвојување на дел од нераспоредената добивка за 2011 година, со што дополнително ќе се зајакне капиталот на Банката и стапката на адекватност на капиталот ќе се одржи над 12% 2. 2 Согласно рокот дефиниран во Одлуката за управување со ризиците (Сл. Весник бр.42/2011), Глава III.3, Банката ќе го заокружи процесот на интерно утврдување и оценка на потребната адекватност на капиталот. 21/23