БИЛТЕН, I/32 11 март 2013

Similar documents
ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, КРИТЕРИУМИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И СТУДИРАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

БИЛТЕН, I/9 11 Март 2009

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

ЕЛАБОРАТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА НА ИНТЕГРИРАНИТЕ ПЕТГОДИШНИ СТУДИИ ОД ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС ПО АРХИТЕКТУРА ИНСТИТУЦИЈА ПРЕДЛАГАЧ:

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ОД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ОСНОВИ НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ФУНДАМЕНТАЛНА КИНЕЗИОЛОГИЈА

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

15.1. Предавања теоретска настава 30 часови активности

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Март Opinion research & Communications

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЧЕТИРИГОДИШНИ СТУДИИ (ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ)

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БИЛТЕН, I/26 21 ноември 2011

UNIVERZITETSKI BILTEN

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ОД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

UNIVERZITETSKI BILTEN

Предметни програми од прв циклус на студии на Факултет за безбедносни науки МИТ Универзитет Скопје според ЕЛАБОРАТ за акредитирање на студиската

Република Македонија Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

СТУДИСКА ПРОГРАМА: АГРОЕКОНОМИКА

БИЛТЕН, I/22 17 февруари 2011

МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОД (PLM)

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. УНИВЕРЗИТЕТ Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА-СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н. Бр. 379

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - КИЧЕВО Е Л А Б О Р А Т ЗА СТУДИСКА ПРОГРАМА ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО

1. ВОВЕД 2. ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ И ИЗВЕДУВАЊЕ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Е Л А Б О Р А Т КОМПЈУТЕРСКИ НАУКИ И ИНЖЕНЕРСТВО

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНД ЗА НАУЧНА ОБЛАСТ МАТЕМАТИКА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

Економски факултет. Втор циклус студии ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ ПРОЕКТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛTЕТ - СКОПЈЕ. Предлог

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Скопје, август 2017 година

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Биланс на приходи и расходи

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА КАТЕДРАТА ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ И ТОЛКУВАЊЕ

Биланс на приходи и расходи

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

Република Македонија. Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Архитектонски факултет ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ

Втор циклус студии. Економски факултет ПРОЕКТ МОНЕТАРНА ЕКОНОМИЈА, ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО ЕКОНОМСКИ ФАКУЛTЕТ - СКОПЈЕ. Предлог

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА КАТЕДРАТА ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

К О Н К У Р С. за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Државниот Универзитет во Тетово во учебната 2011/2012 година

ПРОЕКТИРАЊЕ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

С О Д Р Ж И Н А Стр.

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ - ПРАКТИКУМ

Докторски студии. Економски науки

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ПРАВИЛНИК ЗА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ. Општи одредби

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРОГРАМА ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

UNIVERZITETSKI BILTEN

ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО СОСТАВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ (ЗА ПЕРИОДОТ 2013/ /16)

Структурно програмирање

univerzitetski vesnik

КРАТОК ОПИС НА ПРАВИЛАТА И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТУДИИТЕ

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

СТУДИСКА ПРОГРАМА ОД ТРЕТИОТ ЦИКЛУС СТУДИИ ПО ЈАВНО ЗДРАВСТВО НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

Студиска програма за II (втор) циклус на СТУДИИ ПО МИР И РАЗВОЈ (120 кредити - две години, четири семестра) втор циклус на студии

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

Универзитет Св. Климент Охридски Битола Факултет за информатички и комуникациски технологии Битола ЕЛАБОРАТ

НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ - ПОДГОТОВКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Tehnolo{ko-metalur{ki fakultet

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Transcription:

СОДРЖИНА: 1. Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус универзитетски студии; Институт за општествени и хуманистички истражувања 2. Записник од 7-та седница на Наставно-научниот совет на, одржана на 23.03.2012; 3. Записник од 8-та седница на Наставно-научниот совет, одржана на 17.05.2012; 4. Записник од 1-та седница на Наставно-научниот совет, одржана на 06.12.2012; 5. Записник од 2-та седница на Наставно-научниот совет, одржана на 21.01.2013; 6. Извештај на рецензентската комисија за оценка на научната издржаност на тема: Queer and Cosmology: Queering Plato and Space пријавена за изработка на докторска дисертација од страна на кандидатот м-р Станимир Панајотов; 7. Извештај на рецензентската комисија за оценка на научната издржаност на тема: Развивање на култура за читање кај учениците од основното образование во функција на унапредување на родовата еднаквост пријавена за изработка на докторска дисертација од страна на кандидатот м-р Гзим Џамбази; 8. Извештај на рецензентската комисија на докторската дисертација на тема: Сопствена соба, сопствено гето: Женското писмо во современата македонска проза пријавена од страна на кандидатката м-р Елизабета Баковска; 9. Упатство за студирање на втор циклус на студии на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при.

1. Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус универзитетски студии; Врз основа на чл. 52 Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр.35/08, бр. 103/08, бр. 26/09, бр. 83/09, бр. 99/09, бр. 115/10, бр. 17/11, бр. 51/11) и чл. 36 од Статутот на Универзитетот Евро-Балкан - Скопје (во понатамошниот текст: Универзитетот), Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на 6-ти декември 2012 година го донесе следниот П Р А В И Л Н И К За условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус универзитетски студии ОПШТИ ОДРЕДБИ Чл.1 Со овој Правилник се уредуваат условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на Универзитетот Евро-Балкан Скопје (во понатамошниот текст Универзитетот) во согласност со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот. Чл. 2 Со овој Правилник се обезбедува поголема ефикасност на студиите, како и реализација на насоките од Болоњскиот процес преку обезбедување висок квалитет на студиите, зголемување на мобилноста на студентите и наставниците како и зголемување на проодноста во студирањето. Чл. 3 Одредбите на овој Правилник ги применуваат единиците на Универзитетот коишто вршат високообразовна дејност на студии од втор циклус. Единица на Универзитетот во рамките на својата дејност врши високообразовна, научно-истражувачка, апликативна, односно уметничка дејност во една или повеќе сродни, односно меѓусебно поврзани научни и стручни дисциплини, во една или повеќе сродни уметнички области и се грижи за нивниот развој. Научен институт во состав на универзитет како негова единица може да врши високообразовна дејност за студии од втор и трет циклус во рамките на научната област за која е основан, ако е акредитиран за вршење на овој вид студии и има

решение за почеток со работа, на начин и според услови утврдени со статутот на Универзитетот. Чл. 4 Деканот односно Директорот на секоја од единиците на Универзитетот согласно своите надлежности донесува посебно Упатство за студирање на соодветната единица. Упатството заедно со овој Правилник се објавуваат во Билтенот како и на интернет страната на Универзитетот. ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТ НА ОРГАНИТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ВТОРИОТ ЦИКЛУС СТУДИИ Чл. 5 На секоја единица на Универзитетот која врши високообразовна дејност на студии од втор циклус за сите прашања поврзани со организацијата и реализацијата на вториот циклус студии се грижи Наставно-научниот совет на единицата. Составот и надлежностите на Наставно-научниот совет се определени со Статутот на Универзитетот. Чл. 6 Раководител на вториот циклус студии на единиците на Универзитетот кои што вршат високообразовна дејност на студии од втор циклус е Директорот односно Деканот на единицата. Раководителите на акредитираните студиски програми од втор циклус се одговорни за нивната реализација. Чл. 7 Административната поддршка на студиите од втор циклус се остварува во рамките на Универзитетот. УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС Чл. 8 Студиските програми за сите циклуси студии ги усвојува Универзитетскиот сенат по предлог на единиците на Универзитетот. Чл. 9 Вториот циклус на студии го организираат единиците на Универзитетот како

втор циклус на универзитетски академски студии-магистерски студии. Чл. 10 Универзитетските студии од втор циклус на Универзитетот се остваруваат во согласност со Европскиот систем за пренос и акумулација на кредити (ЕКТС). Чл. 11 Универзитетските студии од втор циклус траат една или две студиски години, во согласност со акредитираните студиски програми на соодветната единица на Универзитетот. Со завршување на едногодишните студии од втор циклус студентот се стекнува со 60 ЕКТС. Со завршување на двегодишните студии од втор циклус студентот се стекнува со 120 ЕКТС. Времетраењето на студиите зависи од прифатениот модел на прв и втор циклус студии (модел 3+2 или модел 4+1), при што вкупниот број кредити што се стекнуваат со завршување на вториот циклус универзитетски студии изнесува 300 ЕКТС. Чл. 12 Универзитетот, акредитираните студиски програми, заедно со решението за акредитација издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија, ги објавува на својата интернет страница. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ Чл. 13 На втор циклус универзитетски студии може да се запише кандидат што има завршено прв циклус на студии на факултет или висока стручна школа и кој ги исполнува условите предвидени со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и овој Правилник. На втор циклус универзитетски академски студии во времетраење од една години (60 кредити), можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус на академски студии во времетраење од четири години (240 кредити) и ги исполнува условите од став 1 на овој член. На втор циклус универзитетски академски студии во времетраење од две години (120 кредити), можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус на академски студии во времетраење од три години (180 кредити) и ги исполнува условите од став 1 на овој член. На втор циклус академски студии може да се запише лице кое завршило прв

циклус стручни студии, при што за запишување може да се пропише полагање на диференцијални испити, согласно со акт на единицата. Чл. 14 Компатибилноста на првиот циклус на универзитетски студии за упис на втор циклус универзитетски студии се утврдува со одлука на Наставно-научен совет на единицата на Универзитетот. Чл. 15 Право да се запишат на втор циклус универзитетски студии имаат и странски државјани, според условите утврдени со закон, со статутот на Универзитетот и со овој Правилник. Чл. 16 Студентите запишани на втор циклус студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале најдолго во време што е два пати подолго од пропишаното траење на студиите. Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, со одлука на Директорот односно Деканот на единицата која врши високообразовна дејност на студии од втор циклус се утврдуваат дополнителни услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите. Доколку по истекот и на овој дополнителен рок студентот не ги заврши студиите го губи статусот на студент на втор циклус на студии. Чл. 17 Доколку по истекот на рокот предвиден во претходниот член настане измена на студиската програма, студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма врз основа на одлука на Наставно-научиот совет по претходно поднесеното барање од студентот. Доколку по истекот на рокот предвиден во претходниот член студиската програма згасне, студентот може стекнатите кредити за одредени предметни програми да ги пренесе на друга студиска програма и да ги продолжи студиите врз основа на одлука на Наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот по претходно поднесеното барање од студентот. КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ Чл. 18 Запишувањето на кандидатите на втор циклус студии се врши врз основа на

јавен конкурс кој го објавува Универзитетот откако ќе биде утврден од Ректорската управа. Универзитетот го објавува конкурсот за вториот циклус студии најмалку пет месеца пред започнувањето на наставата. Одлука за вкупниот број на студенти кои ќе се запишат на втор циклус студии, секоја учебна година, донесува Управниот одбор на предлог на Ректорот односно на предлог на Наставно-научниот совет на секоја единица која што врши високообразовна дејност на студии од втор циклус. Конкурсот се објавува во еден дневен весник што излегува во Република Македонија и на интернет страницата на Универзитетот. Конкурсот содржи: име и адреса на Универзитетот, име на единицата на Универзитетот, назив на студиската програма за втор циклус студии, место на изведување на студиската програма, времетраење на студиите, услови за упис, број на студенти за запишување, потребна документација за пријавување и запишување, рокови за пријавување и постапка за изведување на уписот. ПРИЈАВА ЗА КОНКУРИРАЊЕ Чл. 19 Кандидатот поднесува пријава по објавениот конкурс за запишување студенти на втор циклус студии согласно условите дефинирани во конкурсот со назнака за која студиска програма конкурира. Кандидатот, заедно со пријавата ги поднесува и документите наведени во Конкурсот. Пријавата и потребната документација преку Службата за студентски прашања се доставува до Универзитетот, односно единицата во чии рамки се реализира студиската програма за која кандидатот конкурира. ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ПРАВО НА ПРИГОВОР Чл. 20 Постапката за запишување на кандидатите на втор циклус академски студии ја спроведува конкурсна комисија во согласност со условите дефинирани во конкурсот за запишување на втор циклус студии. Членовите на конкурсната комисија ги именува наставно-научниот совет на

единицата на Универзитетот со посебна одлука која ги содржи бројот и составот на конкурсната комисија како и други прашања од значење за нејзината работа, во согласност со Статутот и овој Правилник. Чл. 21 Конкурсната комисија на единицата ги објавува прелиминарните ранг-листи на огласната табла на Универзитетот и на единицата, како и на интернет страната на Универзитетот. Кандидатот има право на приговор до конкурсната комисија заради неправилности во постапката. Приговорот се доставува во рок од 24 часа од денот на објавувањето на резултатите на огласната табла на Универзитетот, односно единицата. Конкурсната комисија е должна да донесе одлука по приговорот во рок од 3 (три) работни дена по неговото поднесување. Одлуката му се соопштува на подносителот на приговорот усно, се објавува на огласната табла на единицата на Универзитетот и скенираната копија од одлуката му се испраќа по електронска пошта. Доколку кандидатот не е задоволен од одлуката на конкурсната комисија има право да поднесе жалба до Наставно-научниот совет на единицата. Наставно-научниот совет е должен да го разгледа приговорот на кандидатот и да донесе одлука во рок од 5 (пет) работни дена од поднесувањето на приговорот и таа одлука е конечна. По завршувањето на роковите за приговори, конкурсната комисија ја објавува конечната конечната листа на примените кандидати на огласната табла на Универзитетот и на единицата, како и на интернет страната на Универзитетот. Конкурсната комисија на единицата за запишување на студентите е должна да достави до Наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот конечен извештај за резултатите од запишувањето на студентите на студиските програми од втор циклус. Чл. 22 Запишаните студенти на втор циклус студии склучуваат договор за студирање со единиците на Универзитетот. Со овој договор поблиску се утврдуваат нивните меѓусебни права и обврски. ОБЕМ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТУДИИТЕ Чл. 23 Вториот циклус на универзитетски студии се организираат како редовни и вонредни студии.

Чл. 24 Студиските програми од втор циклус студии се поделени на студиски години и семестри. Реализацијата на вториот циклус студии вклучува работа по редовни предметни програми за кои се предвидени наставни и научно-истражувачки активности, како и изработка и одбрана на магистерски труд. Чл. 25 На вториот циклус универзитетски академски студии во времетраење од една година, во текот на два семестра со совладување на предметните програми се освојуваат 50 кредити и со изработка на магистерскиот труд се освојуваат 10 кредити. На вториот циклус универзитетски академски студии во времетраење од две години, во текот на четири семестри се совладуваат предметните програми и се освојуваат 100 кредити и во текот на четвртиот семестар се изработува магистерскиот труд и се освојуваат 20 кредити. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА ЗА РЕДОВНИТЕ СТУДЕНТИ Чл. 26 Студиската година почнува на 15 септември, а завршува на 14 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен. Универзитетскиот календар за организација и реализација на студиските програми за студиската година го донесува Ректорската Управа најмалку 1 месец пред завршетокот на тековната студиска година и го објавува преку своите гласила (огласна табла, интернет страница и сл.). Универзитетскиот календар ги содржи рамковните одредби за почетокот и крајот на студиската година, термините за одржување на наставата, испитите и државните и универзитетските празници. Чл. 27 Секоја акредитирана студиска програма на Универзитетот се организира преку настава, консултации, менторства, групни дискусии и презентации. Наставата се организира и изведува врз основа на утврдениот распоред на часови. Доколку бројот на студенти коишто запишале одреден предмет е помал од 5 (пет), наставата се организира како настава од менторски тип. Единиците на Универзитетот го објавуваат распоредот на часови најдоцна 10 дена пред почетокот на наставата. Распоредот на часовите содржи: име на студиската програма, студиска година,

име на предметот, време (ден и час) на одржување на наставата, место на одржување на наставата (предавална/амфитеатар), име на наставник и други информации за наставата. За секој предмет предметниот наставник го утврдува планот на работа и роковите за проверка на знаењето и истиот е должен да го достави до Деканот односно Директорот на единицата на Универзитетот, најдоцна 15 дена пред почетокот на наставата. Предметниот наставник или соработникот назначен за тој предмет е должен во првата недела од наставата да ги запознае студентите со планот на работа за односниот предмет. Во реализацијата на наставата на вториот циклус студии за определени теми можат да учествуваат и други наставници, соработници и други експерти, кои не учествуваат во реализацијата на завршното оценување. ФИНАНСИРАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ Чл. 28 Вториот циклус универзитетски студии се финансира со средства на студентите. Висината на сите трошоци на студентите е наведена во Трошковникот на Универзитетот кој го донесува Управниот одбор. НАПРЕДУВАЊЕ ВО ТЕКОТ НА СТУДИРАЊЕТО Чл. 29 Студентот напредува во текот на студирањето, односно запишува предмети преку бројот на реализирани ЕКТС кредити. Напредокот во студиите се остварува со пријавување на предмети, запишување и заверување на семестар, како и запишување на студиска година, врз основа на бројот на стекнати кредити, кои ги носат одделните предмети. Чл. 30 Услов за напредување од прв во втор семестар, односно заверување прв и запишување втор семестар, е стекнување на минимум 16 ЕКТС-кредити од првиот семестар. Услов за напредување од втор во трет семестар (за студентите запишани на двегодишни студии), односно заверување втор и запишување трет семестар, е стекнување на минимум 16 ЕКТС-кредити од вториот семестар. Услов за напредување од трет во четврт семестар (за студентите запишани на двегодишни студии), односно заверување трет и запишување четврт семестар, е

стекнување на вкупно 92 ЕКТС-кредити во текот на првиот, вториот и третиот семестар. Преостанатите предметни програми студентот може да ги полага во предвидените испитни сесии по соодветната предметна програма. Заверувањето на семестар се врши врз основа на реализираните обврски на студентот коишто опфаќаат: - Присуство на наставата и активно учество на групните дискусии; - Поднесување на наслов и работни тези на семинарскиот труд до предметниот наставник, најдоцна до завршувањето на семестарот во кој го слушал предметот за кој подготвува семинарски труд. - Стекнатите кредити според ставовите 1 и 2 од овој член. Чл. 31 За студентите коишто нема да го исполнат условот од стекнување на минимум 16 ЕКТС-кредити за запишување на втор односно 92 ЕКТС за запишување во четврт семестар, им се одобрува дополнителна поправна сесија која ќе се организира во април во тековната академска година. За студентите коишто нема да го исполнат условот од стекнување на минимум 32 кредити за запишување на трет семестар, односно за запишување во втора година, им се одобруваат две поправни сесии кои ќе се организираат во септември и средината на октомври во тековната академска година. Чл. 32 Студентите кои не исполниле услов за запишување на втор односно четврт семестар заклучно со априлската поправна сесија во тековната академска година, повторно ја запишуваат предметната програма, односно предметните програми во следната академска година и испитот, односно завршните испити, ги полагаат во првиот семестар од таа академска година. Студентите кои не исполниле услов за запишување на трет семестар заклучно со октомвриската поправна сесија во тековната учебна година, повторно ја запишуваат предметната програма, односно предметните програми во следната академска година и испитот, односно завршните испити, ги полагаат во вториот семестар од таа академска година. За секое повторно запишување на предметната програма (предмет кој студентот го повторува), студентот е должен да уплати соодветен паричен надоместок. Чл. 33 Студентот запишан на едногодишни студии може да пријави тема за изработка на магистерски труд доколку во текот на студирањето се стекнал со најмалку 42 кредити и ги остварил сите предвидени финансиски обврски.

Студентот запишан на двегодишни студии може да пријави тема за изработка на магистерски труд доколку во текот на студирањето се стекнал со најмалку 92 кредити и ги остварил сите предвидени финансиски обврски. Магистерскиот труд студентот може да го предаде во натамошна процедура по положувањето на сите испити, односно стекнувањето на потребниот број на кредити, и извршувањето на другите обврски предвидени со студиската програма. Успешната одбрана на магистерскиот труд на студентот му обезбедува 10 кредити за едногодишните студии и 20 кредити за двогодишните студии. Пријавување на предмети Чл. 34 Студентите се должни за секој завршен испит, односно колоквиумска испитна презентација, да поднесат пријава до службата за студентски прашања на Универзитетот. Врз основа на пријавата, предметниот наставник, го спроведува полагањето на завршниот испит, односно колоквиумската испитна презентација, како и оценувањето. Студентите ги избираат предметните програми од наредниот семестар во обем од 30 до 42 студиски кредити оптоварување за семестар, најдоцна две недели пред почетокот на семестарот. Запишување и заверување на семестар и запишување на година за редовни и вонредни студенти Чл. 35 Заверувањето и запишувањето на семестарот и запишувањето на годината е задолжително за сите студенти. Врз основа на заверувањето и запишувањето на семестарот и запишувањето на годината се утврдува колку ЕКТС кредити стекнал студентот. На студентот му се заверува семестарот доколку истиот во индексот има потпис од сите предметни наставници со кои се верификуваат реализираните обврски регулирани со Чл. 30 од овој Правилник. На студентот кој не го исполнува условот од став 3 од овој член, може да му се завери семестар под посебни услови утврдени со Oдлука на Наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот, по претходно барање на студентот. На вонреден студент ќе му се завери семестар ако ги исполнил финансиските обврски кон Универзитетот за тој семестар, без потписи во индексот.

Студентот може да запише нареден семестар доколку му е заверен претходниот семестар. Студентот запишан на едногодишни студии кој нема да завери прв и запише втор семестар, ја презапишува годината. Студентот запишан на двегодишни студии, кој нема да завери и запише прв, втор и трет семестар во роковите утврдени со академскиот календар, презапишува прва година. Дополнителните трошоци за презапишување ги сноси студентот. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ Чл. 36 Единиците на Универзитетот го определуваат начинот на остварување на наставните активности за вонредните студенти. Вонредните студенти се обврзани да присуствуваат на предвидените консултации со предметниот наставник, како и на облиците на проверка на знаењето, како што е предвидено со програмата на предметот. Облиците на проверка на знаењето задолжително се одвиваат во просториите каде што се организира наставата за редовните студенти. Предиспитните активности за вонредните студенти се состојат во изработка на семинарска работа и се вреднуваат со максимум 50 поени; Завршниот испит, откако ќе се изведат консултациите и откако ќе биде прифатена семинарската работа, носи максимум 50 поени. ОЦЕНУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ Чл. 37 Во текот на студиите од втор циклус стекнатото знаење на студентот подлежи на задолжително оценување. Оценувањето го врши соодветниот предметен наставник. Оценувањето на редовните студенти од втор циклус се врши врз основа на успешноста во исполнувањето на обврските кои им се дадени на студентите. Согласно акредитираните програми обврските на студентите на вториот циклус студии се состојат од: - редовно посетување на настава; - совладување на предметната програма и на посочената литература; - активно учество во групни дискусии; - изготвување на семинарски трудови, како и друг вид писмени изработки во согласност со предметната програма;

- презентации на резултатите од совладаната предметна програма; - пријавување, изработка и одбрана на магистерску труд. Пред почетокот на учебната година студентот за секој предмет добива соодветен наставен план и програма. Во нив се содржани сите обврски кои студентот требa да ги исполни за да се стекне со соодветен број на кредити. На почетокот на студиската година студентот добива и соодветна читанка која задолжително треба да ја совлада. Чл. 38 Согласно законските одредби во Република Македонија дваесет и пет часа активна работа на студентот се вреднуваат со еден кредит. Еден час изнесува 60 минути. За да се стекне со еден кредит студентот треба: - да посети десет предавања од траење по еден час, или; - да совлада 150 страници стручна или научна литература, или; - да напише семинарска во износ од 15 страници, или; - да учествува во три групни дискусии, или; - да подготви две презентации, или; - да има 10 часа консултации со професорот или соодветниот соработникистражувач; - дваесет и пет часа поминати на практична работа се вреднуваат со еден кредит. Чл. 39 Оценувањето е квантитативно. Завршната оценка на студентот за соодветната предметна програма е изразена со квантитативни мерки, при што максималниот број на бодови е 100 и тие се изразени на следниов начин: - 10 поени за редовност на настава и активно учество на групните дискусии; - 40 поени за изработка на семинарска работа; - 25 поени од презентација или вкупно 50 поени за две презентации, односно два колоквиумски испити. Чл. 40 Оценувањето се врши со следниве оценки: - А-91-100 бодови или 10 (десет); - В-81-90 бодови или 9 (девет); - С-71-80 бодови или 8 (осум); - D-61-70 бодови или 7 (седум).

- Е-51-60 бодови или 6 (шест) Доколку студентот се здобие со помалку од 51 бодови од вкупната оценка во тој случај се смета дека не го положил соодветниот испит. Чл. 41 Доколку студентот не е задоволен од добиената оценка, односно смета дека не е објективно оценет, во тој случај има право на приговор. Приговорот од став 1 на овој член се поднесува во рок од 24 часа до Деканот односно Директорот на единицата на Универзитетот, во кој детално се образложуваат причините за приговорот. Деканот односно Директорот е должен во рок од 48 часа да одговори на поднесениот приговор. Во одговорот Деканот го известува студентот дали го прифаќа или одбива приговорот. Доколку Деканот односно Директорот на единицата на Универзитетот го прифати Приговорот на студентот должен е веднаш во рок од 24 часа за својата одлука да ги извести Ректорот и Директорот на Универзитетот. Чл. 42 Ректорот на Универзитетот по добивањето на известувањето од став четири на претходниот член, во рок од 48 часа формира трочлена комисија која ќе ги провери наодите изнесени во приговорот на студентот. Членови на комисијата се професори од акредитираните студиски програми. Комисијата е должна во рок од 72 часа да ги провери фактите наведени во приговорот на студентот и за своите наоди да го извести Ректорот на Универзитетот. Доколку наодите на Комисијата покажат дека студентот е во право, односно дека предметниот наставник не пристапил совесно при оценувањето, во тој случај Ректорот е должен привремено да го суспендира предметниот наставник и да покрене дисциплинска постапка против него. Врз основа на наодите на трочлената комисија претседателот на истата на студентот му овозможува комисиско полагање на испитот од трочлена испитна комисија. Оценката од претходниот став се запишува во индексот на студентот и се внесува во студентското досие. Чл. 43 Резултатите од оценувањето на студентот, како и неговите писмени трудови се внесуваат во студентското досие. Оценката се внесува и во студентскиот индекс. Формата и дизајнот на индексот ја утврдува Ректорската управа во согласност

со Законот за високото образование. Чл. 44 Стручната служба на Универзитетот за секој студент во моментот на склучувањето на договорот за запишување на студии од втор циклус му отвора студентско досие, кое задолжително треба да биде и во електронска форма. Секој студент во моментот на отварањето на студентското досие се здобива и со студентски индекс. ПЛАГИЈАТОРСТВО Чл. 45 Доколку кај студентот се утврди плагијаторство во форма на пренесување туѓ семинарски труд, академски есеј или друга форма на писмена изработка во свое име, наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот покренува дисциплинска постапка, врз основа на писмено барање од предметниот наставник. За сторена дисциплинска повреда, на студентот може да му се изрече една од следниве дисциплински мерки: 1. Забрана за полагање на завршни испит од соодветната предметна програма во тековниот семестар; 2. Повторно запишување на предметот; 3. Исклучување од студиите. Постапката и правилата за утврдување на дисциплинска одговорност на студентите, се уредуваат со посебна Одлука. ПРЕМИН ОД ЕДНА НА ДРУГА СТУДИСКА ПРОГРАМА НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ Чл. 46 Студентот може да премине од една на друга студиска програма на втор циклус во рамките на единицата на Универзитетот или од други единици на истиот или на други универзитети. Одлука за можноста и за преминување од една на друга студиска програма, носи Наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот. Чл. 47 Студентите од претходниот член имаат право да побараат признавање на стекнатите кредити од претходната студиска програма. За таа цел тие поднесуваат писмено барање со соодветна документација до стручната служба на Универзитетот која ги разгледува приложените документи и со

соодветно писмено мислење целиот предмет го доставува до Наставно-научниот совет. Во постапката за признавање на положени испити (освоени ЕКТС кредити) при премин од една на друга студиска програма, за еден предмет од едната студиска програма, може да се пренесе и друг број на кредити на студиската програма. Ако предметите од двете студиски програми имаат иста содржина или се со висок степен на компатибилност, но носат различен број на кредити, на студиската програма на која се продолжуваат студиите, целосно се признава испитот и се прифаќа бројот на кредити предвидени според таа студиска програма. Доколку се работи за премин од една на друга студиска програма во рамките на истата единица на Универзитетот, тогаш признавањето на испитот/испитите и пренесувањето на кредитите се реализира без посебна процедура. Одлука за признавањето на испитите и пренесување на кредитите донесува Наставно-научниот совет. Доколку станува збор за признавање на испити и пренесување на кредити при премин од една на друга студиска програма од различни единици од истиот или од други универзитети, тогаш процедурата за признавање се реализира преку Комисијата за признавање испити на единицата на Универзитетот каде преминува студентот. Ако предметите од двете студиски програми се делумно компатибилни, на студиската програма на која се продолжуваат студиите, испитот се признава делумно. Комисијата за признавање испити, во соработка со предметниот наставник на соодветниот предмет, ги утврдува потребните дополнителни активности на студентот (семинарски трудови, есеи, делумно полагање пооделни теми итн.) за целосно признавање на испитот и стекнување на предвидениот број кредити за предметот од студиската програма на која се префрла студентот. Ако предметите од двете студиски програми не се компатибилни, тогаш испитот не се признава и нема префрлување на кредити. Одлука за непризнавање на испит донесува Комисијата за признавање на испити. Чл. 48 Комисијата за признавање на испити по иста постапка, како таа предвидена во претходниот член, може да признае и/или додели кредити стекнати од студенти преку нивно учество во научно истражувачки проекти, научни конференции, семинари, летни школи и слично. При тоа задолжително се почитуваат критериумите утврдени со овој Правилник како и со Правилникот за ЕКТС на Универзитетот. Врз основа на доделените кредити од претходниот став на овој член студентот има право да поднесе барање за ослободување од полагање на најмногу еден изборен предмет од студиската програма на која што е запишан (за студентите запишани на едногодишни студии од втор циклус), односно два изборни предмети од студиската програма на која што е запишан (за студентите запишани на двегодишни студии од

втор циклус). ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВА, ОЦЕНКА И ОДБРАНА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД Чл. 49 Во согласност со студиската програма студентот изработува и брани магистерски труд. По обезбедувањето на потребниот број на кредити утврдени со овој Правилник, студентот има право на пријава на тема за изработка на магистерски труд. Пријавата на темата за изработка на магистерски труд се поднесува во електронска форма до стручната служба на Универзитетот. Во пријавата студентот е должен да внесе: - биографски податоци за кандидатот; - наслов на темата; - образложение за научната и стручната оправданост на темата; - план и методологија за работа; - преглед на литература; - предлог за ментор. Чл. 50 Раководителот на стручната служба по проверката на пријавата, доколку е правилно пополнета и ги содржи сите елементи, за тоа го известува претседателот на наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот. Претседателот на наставно-научниот совет е должен правилната пријава да ја стави на првата наредна седница на Наставно-научниот совет. Чл. 51 Наставно-научниот совет ја разгледува пријавата за изработка на магистерски труд и формира трочлена комисија за оценка за подобност на темата за изработка на магистерски труд. Комисијата од претходниот став најдоцна во рок од 30 дена поднесува извештај за подобност на темата за изработка на магистерскиот труд до Наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот. По поднесувањеото на извештајот од претходниот став на овој член Наставнонаучниот совет на првата наредна седница го разгледува извештајот за подобноста на темата за изработка на магистерскиот труд и одлучува за негово прифаќање. На истата седница Советот донесува и одлука за назначување на предложениот ментор. За ментор може да биде избрано лице кое најмалку има стекнато звање доцент, односно научен соработник.

Чл. 52 Насловот на прифатениот труд и назначениот ментор се објавуваат во Билтенот на Универзитетот. Чл. 53 Менторот го води студентот во неговата истражувачка и научна работа и му дава помош во целокупниот процес на изработка на магистерскиот труд. По правило за ментор се бира лице кое е на списокот на ангажирани професори од страна на единицата на Универзитетот. Во одредени случаи, за ментор може да биде избрано и лице кое поседува соодветно наставно-научно звање а работи на некои од високообразовните или научни установи во Република Македонија. Чл. 54 По исклучок и со посебен договор со студентот за ментор може да биде избрано и лице кое поседува соодветно наставно-научно звање и е ангажирано на некои од високообразовните или научни установи надвор од Република Македонија. Во посебниот договор, кој Универзитетот го склучува со студентот во случајот предвиден во став еден на овој член, студентот се обврзува на својот ментор да му ги надокнади сите трошоци кои произлегуваат од ваквата негова одлука, а не се дел од предвидената висина на трошоците кои ги покрива Универзитетот на менторите ангажирани во Република Македонија. Чл. 55 Во текот на изработката на магистерската теза, кандидатот има право да поднесе барање за промена на менторот доколку истото е соодветно образложено. Барањето за промена на менторот се доставува до Наставно-научниот совет на единицата на Универзитетот. Претседателот на наставно-научниот совет е должен да го извести менторот за соодветното барање и барањето на студентот да го стави на разгледување на првата наредна седница. Заедно со барањето за промена на ментор студентот доставува и предлог за назначување на нов ментор. Чл. 56 Наставно-научниот совет го разгледува и прифаќа барањето од претходниот член на овој Правилник и назначува нов ментор во согласност со темата на магистерскиот труд.

Чл. 57 Магистерскиот труд е самостоен труд во којшто кандидатот ја обработува одбраната тема со примена на научни и стручни методи, докажува дека ја совладал наставната програма и се стекнал со научни и стручни компетенции во согласност со целите на студиската програма. Чл. 58 Резултатите на магистерскиот труд треба да претставуваат придонес во: - Систематизацијата на научни решенија во одредена област; - Решавањето на актуелната научна задача што е поставена како цел на трудот; - Примената на постоечки научни достигнувања во решавањето на комплексна задача. Чл. 59 Магистерскиот труд треба да биде јазично, стилски и технички коректно обликуван, во согласност со современата методологија, техника и технологија за изработка на публикации. Магистерскиот труд по правило се пишува на македонски јазик и треба да содржи од 50 до 60 страници или 15-20000 знаци за едногодишните студии, односно од 100 до 120 страници или 30-40000 знаци за двогодишните студии. Во овој обем не се опфатени страниците кадешто е наведена содржината на трудот, користената литература и фуснотите. Наставно-научниот совет по барање на студентот може да одобри магистерскиот труд да биде напишан и на англиски јазик. Чл. 60 По завршувањето на менторската фаза: - менторот со образложена позитивна оценка го известува наставно-научниот совет за завршена менторска фаза; и - студентот доставува еден примерок од магистерскиот труд во електронска форма и пет примерока во тврда копија до стручната служба на Универзитетот. Заедно со примероците од магистерскиот труд, доставува и барање за формирање на комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд. Чл. 61 Раководителот на стручната служба на Универзитетот врши увид во

студентското досие и изготвува записник. Ако студентското досие е комплетно (положени сите испити предвидени со соодветната студиска програма, освоен потребниот број кредити, исполнети евентуалните други обврски предвидени со студиската програма, регулирани сите финансиски и административни обврски и сл.), на студентот му се одобрува продолжување на постапката за формирање Комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд и за таа цел му се издава потпишан извештај. Доколку студентското досие не е комплетно, тогаш Раководителот на стручната служба го враќа досието во службата за студентски прашања и по неговото комплетирање ја продолжува постапката. Претседателот на наставно-научниот совет барањето за формирање на комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд го става на дневен ред на првата наредна седница на наставно-научниот совет на единицата. Чл. 62 Наставно-научниот совет на единицата формира тричлена комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд. Комисијата е должна во рок од триесет дена да достави извештај до наставнонаучниот совет, односно, доколку има потреба, писмено да достави евентуални забелешки до студентот. Студентот е должен во рок од еден месец да постапи по евентуалните забелешки на комисијата. Комисијата може да му го врати на кандидатот трудот со забелешките најмногу двапати и да му определи рок од најмногу два месеци да постапи по нив. Чл. 63 По добивањето на позитивен извештај од страна на комисијата, наставнонаучниот совет на единицата на Универзитетот е должен во рок од петнаесет дена по усвојувањето на истиот да го определи датумот за одбрана на магистерскиот труд. Чл. 64 Извештајот на комисијата, како и одлуката за денот на одбраната се објавуваат во билтенот на Универзитетот. Соопштение за одбрана на магистерскиот труд се објавува на огласна таблa на единицата на Универзитетот, најмалку 7 дена пред денот на одбраната, а студентот за одбраната се известува преку пријавената електронска адреса (e-mail). Чл. 65 Одбраната на магистерската теза е јавна и се одвива на македонски или на англиски јазик.

Одбраната на магистерскиот труд труд се врши на следниов начин: - претседателот на комисијата ја отвора постапката за одбрана на магистерскиот труд, ги изнесува податоците за студентот, насловот на трудот, времето на изработка и менторот; - студентот го претставува својот труд, со образложение на целта, задачите, методите на изработка, добиените резултати, дискусиите за резултатите и заклучоците; - членовите на комисијата можат да поставуваат прашања и да ги коментираат резултатите на магистерскиот труд; - претседателот на комисијата може да им дозволи на присутните да поставуваат прашања или да ги коментираат резултатите на магистерскиот труд; - комисијата се повлекува заради донесување на одлука; - претседателот на комисијата, по спроведената постапка, му ја соопштува на студентот одлуката на комисијата. Чл. 66 По завршувањето на одбраната, комисијата за одбрана на магистерскиот труд ја соопштува својата оценка јавно. Оценувањето се врши со две описни оценки: - го одбранил магистерскиот труд; - не го одбранил магистерскиот труд. Чл. 67 За текот на одбраната се води записник на македонски јазик. Во записникот се внесува и оценката. Записникот го потпишуваат сите членови на комисијата за одбрана и истиот се внесува во студентското досие. Чл. 68 Студентот кој ги положил сите испити предвидени за вториот циклус на академски универзитетски студии, го одбранил магистерскиот труд и ги исполнил останатите обврски пропишани со правилата на Универзитетот, се стекнува со соодветен степен, односно диплома за завршен втор циклус на студиска програма. Со дипломата задолжително се издава и додаток на диплома, заради детален увид во нивото, природата, содржината, системот и правилата на студирањето и постигнатите резултати во текот на студиите. Дипломата ја потпишуваат Ректорот и Деканот односно Директорот на единицата на Универзитетот. ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПЛАГИЈАТОРСТВО ЗА МАГИСТЕРСКИ ТРУД Чл. 69 Tешка дисциплинска повреда претставува плагијаторството кое подразбира

пренесување туѓ текст или туѓ магистерски труд во сопствено име. За утврдена дисциплинска повреда плагијаторство на кандидатот му се изрекува забрана за изработка и одбрана на магистерскиот труд којшто е плагијат. Чл. 70 Издавањето, формата и содржината на дипломата се уредува со посебен акт на Универзитетот. Студентот кој ќе го одбрани магистерскиот труд се запишува во главната книга на дипломирани студенти на втор циклус на студии. Чл. 71 Уредноста и редовноста во пополнувањето на матичната книга на запишани студенти на втор циклус студии и главната книга на дипломирани студенти на втор циклус на студии на Универзитетот е во надлежност на стручната служба на Универзитетот. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Чл. 72 Со денот на влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за начинот и постапката за организирање на студии од втор циклус и стекнување со научен назив магистер на науки на Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан донесен од Наставно-научниот совет на седницата одржана на 07.10.2011 година (05.12/690 од 10.10.2011). Стекнувањето научен степен доктор на науки се регулира со одредбите од делот IV од Правилникот за начинот и постапката за организирање на последипломски студии и стекнување научни степени магистер на науки и доктор на науки на Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан донесен од Советот за научна дејност и последипломски студии на седницата одржана на 14.03.2008 година (05.12/66 од 20.05.2008). Чл. 73 Овој Правилник влегува во сила на денот на неговото донесување. проф д-р Митко Панов, с.р. РЕКТОР

2. Записник од 7-та седница на Наставно-научниот совет на, одржана на 23.03.2012; Присутни на седницата: Проф. д-р Јован Донев, проф. д-р Митко-Панов, проф. д-р Весна Матијашевиќ-Покупец, проф. д-р Јане Коџабашија, доц. д-р Софија Грандаковска, доц. д-р Рубин Земон, доц. д-р Иванка Апостоловска, доц. д-р Бошко Караџов, доц. д-р Александар Колекески, м-р Душица Димитровска Гајдоска, м-р Славчо Димитров, м-р Илија Милчевски, м-р Викторија Боровска, м-р Александра Велева, м-р Методи Чилиманов, Јордан Шишовски, Велимир Жерновски, Драгана Каровска Чемерска, Ивана Крајчиновиќ Дневен ред на 7-та седница на Советот: 1. Усвојување на нацрт Записникот од 6-та седница на Советот, одржана на 30.01.2012; 2. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатот м-р Игор Сековски. Наслов на предлог темата: Помеѓу естетското и комуникативното. Плакатската уметност во дигиталното доба ; 3. Известување за менторското мислење доставено од проф. д-р Весна Матијашевиќ-Покупец за докторатот на кандидатката м-р Билјана Кочишка, со наслов: Свадбената иницијација-традиција и континуитет, и разгледување на Барањето за формирање рецензентска комисија за одбрана на докторска дисертација, поднесено од м-р Билјана Кочишка; 4. Разгледување на Барањето поднесено од доц. д-р Софија Грандаковска за изземање од членство во комисијата за оценка на издржаност на тема за докторат од кандидатот м-р Станимир Панајотов. 5. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатот м-р Дејан Георгиевски. Наслов на предлог темата: Евроазиската супранационална интеграција и нејзините импликации врз меѓународните односи ; 6. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатката м-р Ана Блажева. Наслов на предлог темата: Меланхолија и политика Меланхолија на маргинализираниот субјект и заедници во Р.

Македонија ; 7. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатката м-р Мирјана Павловска-Шулајковска. Наслов на предлог темата: Византиската музичка култура на територијата на Македонија во периодот на националната преродба ; 8. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатот м-р Живко Груевски. Наслов на предлог темата: Улога на Почесните Конзули во ерата на глобализација - потенцијал и перспективи за интензивирано користење на мрежата на Почесни Конзули во дипломатскоконзуларното претставување на Р. Македонија и земјите од регионот ; 9. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатот м-р Ермал Мехмети. Наслов на предлог темата: Теорија на виолиниските перформанси на Ан Софи Мутер, Ванеса-Мае, Мидори Гото и Хилари Хан ; 10. Разгледување на повикот за учество на првата студентска конференција во организација на Институтот Евро-Балкан, поднесен од доц. д-р Софија Грандаковска, координатор на студиските конференции организирани во академската 2011/2012 година; 11. Предлози. Записник од 7-та седница на Советот: 1. Усвојување на нацрт Записникот од 6-та седница на Советот, одржана на 30.01.2012; Советот за научна дејност и последипломски студии едногласно го усвои нацрт записникот од шесттата седница одржана на 30.01.2012. 2. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатот м-р Игор Сековски. Наслов на предлог темата: Помеѓу естетското и комуникативното. Плакатската уметност во дигиталното доба ; Советот едногласно го усвои заедничкиот извештај на комисијата за научната

издржаност на темата Помеѓу естетското и комуникативното. Плакатската уметност во дигиталното доба, предложена од кандидатот м-р Игор Сековски. Извештајот е потпишан од сите членови на комисијата: - проф. д-р Небојша Вилиќ; - доц. д-р Софија Грандаковска; - доц. д-р Иванка Апостолова. Советот го назначи проф. д-р Небојша Вилиќ за ментор на докторската дисертација под наслов: Помеѓу естетското и комуникативното. Плакатската уметност во дигиталното доба. 3. Известување за менторското мислење доставено од проф. д-р Весна Матијашевиќ-Покупец за докторатот на кандидатката м-р Билјана Кочишка, со наслов: Свадбената иницијација-традиција и континуитет, и разгледување на Барањето за формирање рецензентска комисија за одбрана на докторска дисертација, поднесено од м-р Билјана Кочишка; Врз основа на барањето за формирање рецензентска комисија за одбрана на докторска теза, поднесено од м-р Билјана Кочишка, Советот донесе одлука за формирање на рецензентска комисија во следниот состав: - Доц. д-р Рубин Земон, претседател на комисијата; - Проф. д-р Весна Матијашевиќ-Покупец, членка на комисијата; - Проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, членка на комисијата; - Доц. д-р Софија Грандаковска, членка на комисијата; - Доц. д-р Иванка Апостолова, членка на комисијата. 4. Разгледување на Барањето поднесено од доц. д-р Софија Грандаковска за изземање од членство во комисијата за оценка на издржаност на тема за докторат од кандидатот м-р Станимир Панајотов. Доц. д-р Софија Грандаковска го образложи поднесеното барање пред присутните членови на Советот при што тие го усвоија барањето и за нов член на комисијата го назначија проф. д-р Бранислав Саркањац. 5. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатот м-р Дејан Георгиевски. Наслов на предлог темата: Евроазиската супранационална

интеграција и нејзините импликации врз меѓународните односи ; Советот едногласно го усвои заедничкиот извештај на комисијата за научната издржаност на темата Евроазиската супранационална интеграција и нејзините импликации врз меѓународните односи, предложена од кандидатот м-р Дејан Георгиевски. Извештајот е потпишан од сите членови на комисијата: - Проф. д-р Звонимир Јанкуловски; - Проф. д-р Јован Донев; - Доц. д-р Јорданка Галева. Советот го назначи проф. д-р Јован Донев за ментор на докторската дисертација под наслов: Евроазиската супранационална интеграција и нејзините импликации врз меѓународните односи. 6. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатката м-р Ана Блажева. Наслов на предлог темата: Меланхолија и политика Меланхолија на маргинализираниот субјект и заедници во Р. Македонија ; Советот едногласно го усвои заедничкиот извештај на комисијата за научната издржаност на темата Меланхолија и политика Меланхолија на маргинализираниот субјект и заедници во Р. Македонија, предложена од кандидатката м-р Ана Блажева. Извештајот е потпишан од сите членови на комисијата: - Проф. д-р Љупчо Ристески; - Проф. д-р Деспина Ангеловска; - Доц. д-р Бошко Караџов. Советот го назначи проф. д-р Љупчо Ристевски за ментор на докторската дисертација под наслов: Меланхолија и политика Меланхолија на маргинализираниот субјект и заедници во Р. Македонија. 7. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатката м-р Мирјана Павловска-Шулајковска. Наслов на предлог темата: Византиската музичка култура на територијата на Македонија во

периодот на националната преродба ; Советот едногласно го усвои заедничкиот извештај на комисијата за научната издржаност на темата Византиската музичка култура на територијата на Македонија во периодот на националната преродба, предложена од кандидатката м-р Мирјана Павловска-Шулајковска. Извештајот е потпишан од сите членови на комисијата: - Проф. д-р Митко Панов; - Проф. д-р Јане Коџабашија; - Доц. д-р Софија Грандаковска. Советот го назначи проф. д-р Јане Коџабашија за ментор на докторската дисертација под наслов: Византиската музичка култура на територијата на Македонија во периодот на националната преродба. 8. Разгледување и усвојување на заедничкиот извештај од Комисијата за оценка на издржаност на темата за Докторат од кандидатот м-р Живко Груевски. Наслов на предлог темата: Улога на Почесните Конзули во ерата на глобализација - потенцијал и перспективи за интензивирано користење на мрежата на Почесни Конзули во дипломатскоконзуларното претставување на Р. Македонија и земјите од регионот ; Советот едногласно го усвои заедничкиот извештај на комисијата за научната издржаност на темата Улога на Почесните Конзули во ерата на глобализација - потенцијал и перспективи за интензивирано користење на мрежата на Почесни Конзули во дипломатско-конзуларното претставување на Р. Македонија и земјите од регионот, предложена од кандидатот м-р Живко Груевски. Извештајот е потпишан од сите членови на комисијата: - Проф. д-р Звонимир Јанкуловски, претседател; - Проф. д-р Јован Донев; - Доц. д-р Александар Колекески. Советот го назначи проф. д-р Звонимир Јанкуловски за ментор на докторската дисертација под наслов: Улога на Почесните Конзули во ерата на глобализација - потенцијал и перспективи за интензивирано користење на мрежата на Почесни Конзули во дипломатско-конзуларното претставување на Р. Македонија и земјите од регионот.