Univerzitetski vesnik

Similar documents
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

univerzitetski vesnik

МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОД (PLM)

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

Март Opinion research & Communications

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

univerzitetski vesnik

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Биланс на приходи и расходи

Univerzitetski vesnik. Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Биланс на приходи и расходи

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

univerzitetski vesnik

К О Н К У Р С. за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Државниот Универзитет во Тетово во учебната 2011/2012 година

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

univerzitetski vesnik

Пол Машки Датум на раѓање 13/10/1986г Националност Македонец. Асистент / Помошник предавач. Систем администратор и помошник сметководител

UNIVERZITETSKI BILTEN

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Економски факултет. Втор циклус студии ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ ПРОЕКТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛTЕТ - СКОПЈЕ. Предлог

Мобилност МК Mobility MK

Коисмение.Штозначиме.

ПР објави во медиуми

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Мобилност МК Mobility MK

Структурно програмирање

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

UNIVERZITETSKI BILTEN

Република Македонија. Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Архитектонски факултет ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

univerzitetski vesnik

ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, КРИТЕРИУМИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И СТУДИРАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

1. ВОВЕД 2. ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ И ИЗВЕДУВАЊЕ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ЕЛАБОРАТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА НА ИНТЕГРИРАНИТЕ ПЕТГОДИШНИ СТУДИИ ОД ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС ПО АРХИТЕКТУРА ИНСТИТУЦИЈА ПРЕДЛАГАЧ:

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

И З В Е Ш Т А Ј 1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

ОСНОВИ НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ФУНДАМЕНТАЛНА КИНЕЗИОЛОГИЈА

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

univerzitetski vesnik

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

ПРАВИЛНИК ЗА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ. Општи одредби

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

UNIVERZITETSKI BILTEN

Мобилност МК Mobility MK

БИЛТЕН, I/32 11 март 2013

UNIVERZITETSKI BILTEN

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

C U R R I C U L U M V I T A E

Градежен факултет градежништво 22

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНД ЗА НАУЧНА ОБЛАСТ МАТЕМАТИКА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Сузана МИОВСКА-СПАСЕВА УДК: :

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ИПА Програма за Прекугранична соработка помеѓу РМакедонија и РГрција

МИ КРО БИ О ЛО ШКИ КРИ ТЕ РИ ЈУ МИ ЗА ХРА НУ

We re. вработување. и кариера. Понуда за соработка

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

15.1. Предавања теоретска настава 30 часови активности

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

За наставата по македонски јазик како втор (немајчин или странски) во Република Македонија и надвор од неа

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК


Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Безбедност и здравје на работа

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Transcription:

Univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје Број 194, септември 2017 G E N E R A C IJ A T A S T U D E N T I 2017/2018 GODINA PRISTAPI V O A K A D E M S K A T A Z A E D N IC A N A U K IM

GENERACIJATA STUDENTI 2017/2018 GODINA PRISTAPI VO AKADEMSKATA ZAEDNICA NA UKIM егувајќи ја повеќедецени- Н ската традиција свечено да ги пречекува новите студенти, Универзитетот Св. Кири л и Методиј во Скопје и оваа година широко ги отвори вратите на а мфитеатрите и предавалните на факултетите и ги одржа првите академски часови со новозапишаната генерација студенти. На 15 септември, ректорот на Универзитетот, проф. д р Никола Јанкуловски, заедно со проректорите: проф. д р Вујица Живковиќ, проректор за настава, проф. д р Владимир Петрушевски, проректор за наука и проф. д р Гордана Јоси фова Неделковска, проректор за меѓународна соработка присуствуваа на првиот академски час на Правниот факул тет Јустинијан Први. Ун и в е р з и т е т с к и весник Уредник на издавачката дејност на УКИМ Проф. д-р Никола Јанкуловски Уредник на изданието Би љ а н а Ф о т и н о в с к а Постојани соработници М-р Марија Ценевска Томислав Башевски Лектор Весна И. Цветановска Техничко уредување Горан Муратовски

На Факултетот за земјоделски на уки и храна, рек торот беше при дружуван од про ректорот за наста ва, проф. Живко виќ. На Архитектонскиот фа Ангелова, проректор за фи култет, во името на ректорот, нансии, инвестиции и развој идните студенти беа поздра на Универзитетот. вени од проф. д р Биљана Првиот академски час на Факултетот за информатички науки и компјутерско инже нерство, во присуство на рек торот и проф. д р Биљана Ангелова, како и на мини стерот за информатичко оп штество и администрација, Дамјан Манчевски, се одржа на 18 септември. Н А О В И Е Ф А К У Л Т Е Т И, Р Е К Т О Р О Т Ј А Н К У Л О В С К И С И М Б О Л И ЧН О И М С Е О Б Р А Т И Н А И Д НИ ТЕ С ТУ Д Е НТИ НА У К И М, С О С Л Е Д НА В А П О Р А К А : Драги студенти бруцоши, Добредојдовте на најстариот, најголемиот и најдобриот универзитет во Република Македонија, Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје! Почитуван декане, Почитувани продекани, професори, асистенти и вработени на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Голема благодарност до секој еден од вас, затоа што денес широко ги отворивте портите на вашата високообразовна институција за да можеме сите заедно да им посакаме топло добредојде 3

на новите и најмладите членови на нашето академско семејство. централен субјект на Универзи- афирмирање во земјава и надвор од неа. тетот. Драги студенти, од денес станувате припадници на едно друго семејство, станувате членови на академското семејство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје најстариот, најголемиот и најдобриот универзитет во Република Македонија. Универзитетот Св. Кирил и Методиј е првиот државен универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи придружни членки, 1 придружна членка друга високообразовна установа и 7 придружни членки други организации. Тој е достоен наследник на епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј и со гордост го носи нивното име. Ни претстои голема заедничка работа во која ќе се соочиме со бројни предизвици. Предизвиците треба да ги прифаќаме како дополнителна мотивација за стекнување на знаења. Само на тој начин ќе оствариме заеднички успех, континуирано ќе го подигнуваме За календарот на активности степенот на ефикасност и ќе го на Универзитетот Св. Кирил и Ме- подобруваме квалитетот во сите тодиј во Скопје, денешниов ден е домени на дејствувањето на Униод исклучително значење затоа верзитетот Св. Кирил и Методиј што секоја година на овој ден УКИМ во Скопје. Само со почитување на станува побогат и помоќен, одно- вредностите и основните принцисно се зајакнува со подмладок, со пи на дејствување ќе продолжиме нова интелектуална сила која во да ја развиваме и унапредуваме себе носи младост, свежина, нови- дејноста на Универзитетот Св. ни, ентузијазам, желба за успех... Кирил и Методиј во функција на општествениот развој и негово Велат дека дефинирањето на целта е стартна позиција на секој успех. Во оваа значајна фаза од вашите животи се определивте да студирате на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, со една цел да добиете образование со проверен и докажан квалитет. Добивањето на препознатливиот индекс на УКИМ е стартната позиција на вашите идни професионални успеси. УКИМ има богата високообразовна понуда. Во неа се вклучени 486 акредитирани студиски програми на прв и втор циклус студии Пред вас е една нова фаза, фаза во која ви претстои голема и напорна работа. Да се припаѓа на УКИМ е чест, но и голема обврска, затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се негуваат на нашиот Универзитет континуирано од неговото основање. Драги студенти, Мојава денешна должност да ве поздравам, да ви посакам искрено и срдечно добредојде на свечениов прв академски час за мене, како ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, претставува и голема чест и привилегија, затоа што вие сте најважен и 4

во сите научни области - природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравствoто, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите, на сите циклуси на студии, а со оглед на тоа што осовременувањето на студиските програми е континуиран процес, нивниот број постојано се зголемува. Незапирлив процес на УКИМ е редизајнирањето и осовременувањето на постојните, создавањето нови и атрактивни студиски програми и воведувањето заеднички студиски програми. Во таа насока, УКИМ континуирано ги следи развојните тенденции и потребите на домашниот и меѓународниот пазар на трудот. Високообразовната понуда на УКИМ ја збогатува и големиот број на слободни изборни предмети на универзитетските листи за прв и втор циклус студии. Истражувачката работа се одвива на факултетите и на научните институти кои се во состав на Универзитетот. Воспоставувањето, негувањето и развивањето на меѓународната соработка со реномирани универзитети во странство и меѓународни организации од областа на високото образование и натаму останува трајна определба на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, за што сведочат повеќе од 100 билатерални договори со реномирани странски универзитети на сите континенти и членство во меѓународни универзитетски мрежи и други организации од значење за развојот на образованието, науката и културата. УКИМ, исто така, е интензивно вклучен во процесот на интернационализација и зема активно учество во создавањето на европскиот високообразовен простор за што сведочат бројните потпишани Еразмус+ договори за мобилност на студентите и наставниците со бројни еминентни универзитети во Европа и во све тот. Меѓународната соработка, промовирајќи ја студентската и академската мобилност, континуирано се зајакнува и овозможува признавање на дипломи и студии стекнати во странство, пристап кон студирање и можности за обука на наставниот и научноистражувачкиот кадар, како и конкурентност и компатибилност со европскиот и светскиот академски пазар. Како новина, во оваа академска 2017/2018 година, во рамките на Еразмус+ програмата, УКИМ ќе започне со реализирање на студентска практика, со што на нашите студенти ќе им се даде можност за стажирање во компании низ земјите во ЕУ. Во таа насока, ве охрабрувам да се осмелите и да ги искористите можностите за студентска мобилност и практика кои ви ги нуди нашиот Универзитет. Драги бруцоши, Компетитивните услови на пазарот на знаењето и пазарот на трудот се бескомпромисни, бараат квалитет, одличност и извонредност, не признаваат ниту површност, ниту импровизации. Вашата одлука да студирате на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е правилна, бидејќи УКИМ е познат и признат во светски рамки, а и според најновите податоци, најдобро рангиран универзитет од Република Македонија на светската скала, далеку пред другите универзитети од државата. Резултатите на последното рангирање на истражувачкиот шпански центар Вебометрикс, кои беа објавени во почетокот на месец август о.г., говорат дека најдобар универзитет во Република Македонија останува да биде нашиот Универзитет Св. Кирил и Методиј и дека предничиме многу далеку во однос на сите други универзитети во државава. Дипломите стекнати на УКИМ се препознатливи насекаде, и во европскиот и светскиот високообразовен простор и на меѓународниот пазар на трудот. За квалитетот на УКИМ зборуваат следниве бројки: над 150 000 дипломирани студенти, 10 000 магистри и 4 000 доктори на науки, кои своето образование го стекнале на нашиот Универзитет. УКИМ од основањето до денес има и ќе продолжи да има рамноправен партнерски однос со своите студенти во одлучувањето за значајни прашања од дејноста на Универзитетот. Овој партнерски однос се реализира преку учеството во органите на факултетите и на Универзитетот и во сите други универзитетски активности. Оттаму, драги наши студенти, ве повикувам да го продолжите ова традиционално партнерство и со вашиот младешки ентузијазам и полет преку активна и конструктивна инволвираност во сите сегменти на универзитетското живеење да дадете значаен придонес во натамошното дејствување и иден развој на Универзитетот. Бидете наш партнер, но ако е нужно, бидете и коректив. Исто така, со вашата активна соработка со надлежните државни органи можете да дадете значаен придонес во унапредувањето и на другите сегменти на студентскиот стандард кои не се во надлежност на универзитетите. Велат дека сè што умот може да замисли и да верува, може и да го оствари. Една стара кинеска мудрост вели: Учителот ви ги отвора вратите, но вие морате да учите сами. Ние, наставно-научниот кадар, сме тука да ги отвориме вратите. Да се биде добар студент на УКИМ и да се биде добар стручњак апсолутно не е лесно, бара многу напорна работа, голем труд, многу откажувања... Но знаењата и вештините кои ќе ги стекнете тука се особено значајни затоа што тие ќе ве профи- 5

лираат како експерти во вашата област и ќе ви помогнат да си го заземете заслуженото место во вашата област. За да ја обезбедите вашата иднина, вашата утрешнина, почитувани колеги - сту- денти, работете вредно, соработувајте со вашите професори и посветете им се сериозно и максимално на студиите, зашто само така ќе успеете и со вас ќе се гордеат и вашите родители и ние. На вас сметаме сите, вашите семејства, Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и нашата држава. Благодарам. По повод почетокот на новата академска година, на 18 септември, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во црквата посветена Никола Јанкуловски, проректорите проф. д р Биљана Ангелова и проф. д р Вујица Живковиќ, генералниот секретар м р Марија Маневска, де канот на Православниот богословски факултет на светиот Јован Крстител, отслужи молебен за почеток на новата академска 2017/2018 година. На молитвениот собор присуствуваа митропо литот дебарско кичевски г. Тимотеј, ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф. д р Свети Климент Охридски, проф. д р Ѓоко Ѓор ѓевски, бројни универзитетски професори и други гости, како и студентите од Богословскиот фа култет. Почетокот на новата академска година беше означен со првите декански часови на сите фа култети во рамките на Универзитетот, каде што во своите поздравни обраќања, деканите ги прет ставија факултетите, како и квалитетот и повеќе децениското работење на Универзитетот. Бруцо шите беа поздравени и пречекани од своите дека 6 ни, продекани и идни професори, а на својот прв академски ден ги добија и индексите. Традиционално, и оваа година, во насока на стимулирање на квалитетот и подобрување на студентскиот стандард, со одлука на Универзи тетскиот сенат за доделување 240 стипендии, на секој факултет, на најдобро рангираните 10 кан

дидати на конечните ранг листи на примени кан дидати со положена државна матура, во катего ријата редовни студенти во државна квота, во првиот уписен рок, им се доделува едногодишна стипендија. С ВЕ Ч Е Н П РИ Е М Н А С ТУДЕ Н ТИ Н А ФИ Л О ЗО Ф С КИ О Т ФАКУЛ ТЕ Т, И Н С ТИ ТУТ ЗА БЕ ЗБЕ ДН О С Т, ОДБРАН А И М И Р, Н А С ТУДИ С К АТА П Р О ГРАМ А П О П РИ ВАТН А И КО РП О РАТИ ВН А БЕ ЗБЕ ДН О С Т Н а Филозофскиот факултет во Скопје, на 18.9.2017 година, свечено беше примена првата генерација студенти од новата студиска програма по приватна и корпоративна безбедност. На студентите им се обратија ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф. д р Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет, проф. д р Ратко Дуев, мини стерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и прет седателката на Комората на РМ за приватно обезбеду вање, Верица Милеска Стефановска. Студиската програма на прв циклус студии по при ватна и корпоративна безбедност е резултат на новата општествена реалност и особено од сознанието дека и во Република Македонија има потреба од образување кадри во оваа област. Идејата за воведување на овие академски студии во рамките на Филозофскиот факул тет не произлезе исклучиво поради копирање на свет ските тенденции, туку првенствено поради реалната побарувачка од високообразован и компетентен кадар за приватниот безбедносен сектор во Република Маке донија. Ваквите програми што ги реализираат Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот фа култет во Скопје и, секако, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ја зајакнуваат потребата да се градат партнерски односи со безбедносните институции, со бизнис за едницата итн. Всушност, тоа значи дека само оп штествено активен однос со заемна дијалектика меѓу сите субјекти ќе значи и поголема афирмација на студиите, но и ќе услови поголема афирмација и развој на безбедноста и ќе доведе до акумулација на безбедносниот капитал во државата. Во духот на градење на партнерски односи и сора ботка беше потпишан и Меморандум на соработка помеѓу Филозофскиот факултет и Министерството за внатрешни работи, што претставува уште една потврда за одговорноста на релевантните инсти туции и субјекти да обезбедат соодвет ни решенија за актуелните потреби на студентите за да можат да ги оствару ваат потребните наставни активности, а секако и други форми на соработка за наставниците и студентите. 7

У К И М П О Б О ГА Т З А У Ш ТЕ Е Д Н А Г Е Н Е Р А Ц И Ј А С Т УД Е Н Т И К онкурсот за запишување на новата генерација студенти на прв циклус студии во учебната 2017/2018 година беше објавен на 5 јули 2017 година, согласно со квотите утврдени во Одлуката на Владата на Република Македонија. Според Конкурсот, беше предвидено запишување нови студенти на 185 студиски програми од вкупно 199 акредитирани студиски програми на УКИМ. Од Универзитетот беше предложено мирување на 14 студиски програми (седум студиски програми на Факултетот за драмски уметности, две студиски програми за професионални студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, една студиска програма на Природно-математичкиот факултет, студиите по инженерство на животна средина и ресурси и три студиски програми на Филолошкиот факултет Блаже Конески ). Реализацијата на Конкурсот се одвиваше во три уписни рока, во периодот од 17 август до 20 септември оваа година. Согласно со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии, беше предвидено да се запишат 10 818 студенти, од кои 5 865 во државна квота, 3 793 во квотата со кофинансирање на студиите и 1 160 вонредни студенти. На Универзитетот беа навреме извршени сите подготовки за реализација на Конкурсот за запишување студенти, а високообразовната понуда на УКИМ беше презентирана со низа активности - отворени денови, промотивни материјали, средби со средношколците и др., во организација на Универзитетот и на факултетите како носители на студиските програми. Шеста година по ред се реализираше електронско пријавување на кандидатите, така што заинтересираните кандидати имаа можност да пополнат електронска пријава уште пред роковите утврдени во Конкурсот. Начинот на селекција на кандидатите се вршеше во зависност од видот на студиските програми за кои тие конкурираат, и тоа: студиски програми каде што селекцијата на кандидатите се вршеше врз основа на успехот од средното образование и студиски програми со посебни специфичности, каде што селекцијата се вршеше врз основа на успехот од средното образование и со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите. 8 П о завршувањето на трите уписни рока, на факултетите на УКИМ, во сите кате гории, во академската 2017/2018 година, од вкупно пријавени 7 036 кандидати, од кои: 6 941 кандидат државјани на Р Македонија и 95 кан дидати со завршено средно образование во странство (49 странски државјани, 7 држав јани на Р Македонија со завршено средно обра зование во странство и 39 стипендисти на Вла дата на Р Македонија), запишани се 6 243 ре довни и 380 вонредни, односно вкупно 6 623 студенти на прв циклус студии. Прикажани по категории, годинашните бројки се следниве: во државната квота 4 371 редовни во категоријата со кофинансирање на студирањето 1 506 редовни вонредни 380 студенти чие родителско право го врши само еден родител, во државна квота 88 (кои ќе плаќаат половина од износот на уписнина во рамки на државните квоти) студенти чие родителско право го врши само еден родител, во квота со кофинансирање 31 (кои ќе плаќаат половина од износот на уписнина во рамки на квотите за кофинансирање) надвор од квотата по основа на националност 50 Кандидатите странски државјани и кандидатите државјани на Република Македонија кои целокупното средно образование го завршиле во странство, се запишуваа под истите услови и критериуми утврдени во Конкурсот за сите кандидати, надвор од утврдените квоти. Во трите уписни рока беа пријавени и примени 49 кандидати странски државјани, и тоа: 27 од Р Турци

ја, 4 од Р Србија, 3 од Р Косово, 12 од Р Бугарија, 1 од Италија, 1 од Судан и 1 од Сирија. Годинава е запишан еден студент - член на дипломатскиот кор во РМ, и тоа на Медицинскиот факултет. Со Одлука на Владата на РМ, на Универзитетот се запишани и 39 студенти стипендисти на Владата кандидати со завршено високо образование 38 припадници на безбедносните сили 12 студенти запишани под специјални услови (воени инвалиди, деца без родители, лица од домови за напуштени деца до 26 години, приватно средно образование без матура и лица од прв и втор степен инвалидност) 52 49 странски студенти 7 државјани на РМ со завршено средно образование во странство 39 странски студенти стипендисти на Владата на Р Македонија. Новата учебна 2017/2018 година на факул тетите на Универзитетот започна со нова гене рација од 6 623 студенти на прв циклус студии. И годинава, во насока на стимулирање на квалитетот и подобрување на студентскиот стандард, со одлука на Универзитетскиот сенат за доделување 240 стипендии, на секој факул тет, на најдобро рангираните 10 кандидати на конечните ранг листи на примени кандидати со положена државна матура, во категоријата редовни студенти во државна квота, во првиот уписен рок, им се доделува едногодишна сти пендија. кандидати странски државјани од интерес на РМ, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров. Оваа година на УКИМ се запишаа и 7 кандидати државјани на РМ со завршено средно образование во странство. За кандидатите странски државјани кои немаат познавања на македонскиот јазик, Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје организира подготвителна настава за изучување на македонскиот јазик. Подготвителната настава се организира во траење од по три месеци интензивен курс во зимскиот и во летниот семестар и се реализира според посебна програма изготвена од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет Блаже Конески. Во учебната 2017/2018 година, во Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ се пријавени 30 кандидати странски државјани, за следење подготвителна настава за изучување на македонскиот јазик. По успешно завршување на подготвителната настава и полагање на завршниот тест, кандидатите добиваат сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик, издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК), со што стекнуваат право за пријавување за запишување на факултетите на нашиот Универзитет. 1 13 3.. с се ед дн ни иц ца ан на а У Ун ни ив ве ер рз зи ит те ет тс ск ки ио от тс се ен на ат т И ИЗ ЗВ ВР РШ ШЕ ЕН Н И ИЗ ЗБ БО ОР РН НА А Р РЕ ЕД ДО ОВ ВН НИ ИП ПР РО ОФ ФЕ ЕС СО ОР РИ И У ниверзитетскиот сенат на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје одржа седница на 14.9.2017 година, на која разгледа повеќе прашања од делокругот на своите надлежности. Притоа, донесе одлуки за избор во звањето редовен професор, и тоа на: м р Славица Галиќ Петровска, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност, м р Весна Ѓинов ска Илкова, вонреден професор на Факултетот за му зичка уметност, м р Рита Поповиќ, редовен професор на Факултетот за музичка уметност (повторен избор), м р Зорица Каракутовска, редовен професор на Фа култетот за музичка уметност (повторен избор), м р Снежана Димчевска, редовен професор на Факултетот за музичка уметност (повторен избор), д р Аида Ислам, редовен професор на Педагошкиот факултет Св. Кли мент Охридски (повторен избор), д р Ромел Велев, ре довен професор на Факултетот за ветеринарна меди цина (повторен избор), д р Марина Стефова, редовен професор на Природно математичкиот факултет (по вторен избор), д р Љупчо Пејов, редовен професор на Природно математичкиот факултет (повторен избор), д р Гордана Димеска, редовен професор на Природно математичкиот факултет (повторен избор), д р Зоран Поповски, редовен професор на Факултетот за земјо делски науки и храна (повторен избор), д р Весна Ра фајловска, редовен професор на Технолошко металур шкиот факултет (повторен избор) и д р Ирена Папазо ва Анакиева, вонреден професор на Шумарскиот факултет. 9

2 22 20 0.. с се ед дн ни иц ца ан на ар Ре ек кт то ор рс ск ка ат та ау уп пр ра ав ва а О ОД ДЛ ЛУ УК КА АЗ ЗА АП ПР РО ОД ДО ОЛ ЛЖ ЖУ УВ ВА АЊ ЊЕ Е Н НА АД ДО ОГ ГО ОВ ВО ОР РИ ИТ ТЕ Е З ЗА АЛ ЛЕ ЕК КТ ТО ОР РИ ИТ ТЕ Е Р екторската управа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на седницата одржана на 25.9.2017 година, разгледа повеќе актуелни прашања од делокругот на своите надлежности. Притоа, донесе Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за по тврдување на изборот на раководители на студиски програми за трет циклус докторски студии. Исто та ка, донесе Одлука за давање одобрение за изведување настава на Природно математичкиот факултет во Ско пје од страна на визитинг професор, потоа одлуки за давање одобрение за изведување настава од страна на визитинг професор од меѓународно рангиран уни верзитет, и тоа на: Технолошко металуршкиот факул тет и Економскиот факултет, како и Одлука за давање одобрение за изведување настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје од страна на стручњак од практиката. Ректорската управа донесе Одлука за давање одобрение за изведу вање настава на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски и на Шумарскиот факултет од страна на стручњаци од практиката, потоа Одлука за давање одобрение за изведување високообразовна дејност на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски во Скопје од страна на лица избрани во звања на Универ зитетот Гоце Делчев во Штип и на Државниот уни верзитет во Тетово, како и Одлука за давање одобре ние за изведување високообразовна дејност на Еко номскиот факултет во Скопје од страна на лице избра но во звања на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Ректорската управа донесе Одлука за про должување на времетраењето на договорите за врабо тување на лекторите по македонски јазик за учебните 2017/2018 и 2018/2019 година. UKIM POBOGAT ZA U[TE EDNA SORABOTKA SO KOMPANIJATA OKTA AD SKOPJE Н а 19 септември 2017 година, во просториите на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот и компанијата ОКТА АД Скопје. Соработката ќе овозможи стипендирање на 10 сту денти на втор циклус студии на следниве пет факул тети во рамките на Универзитетот: Економскиот фа култет, за студенти на студиската програма по МБА менаџмент Машинскиот факултет, на студиските програми: Индустриско инженерство и менаџмент, Материјали, заварување и конструктивно инженер ство и Одржлива енергија и развој (наставата се изведува на англиски јазик) на Факултетот за елек тротехника и информациски технологии, стипендиите се предвидени за студиските програми: Обновливи извори на енергија и Електроенергетски системи на Технолошко металуршкиот факултет ќе бидат опфате ни студиските програми: Дизајн и менаџмент на тех нолошки процеси и Менаџмент на квалитет, а на Природно математичкиот факултет, студиската про грама по применета хемија. Пред присутните проректори на Универзитетот, деканите од петте факултети, претставниците од ОКТА и медиумите, Меморандумот го потпишаа ректорот на УКИМ, проф. д р Никола Јанкуловски и главниот из вршен директор на компанијата ОКТА АД Скопје, Јанис Геруланос. Нагласувајќи дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка се зајакнува врската помеѓу Универзитетот, бизнис секторот и општество то, ректорот на УКИМ, проф. д р Никола Јанкуловски, исто така додаде:... Уште повеќе нè радува фактот дека иницијативата за доделување на овие стипендии токму на овие факултети потекна од самата компанија. На овој начин, компанијата симболично ги отслика своите потреби и кадровски приоритети. Вака, Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, како најзначаен дел на целокупниот образовен текстотпродолжуванастранабр.14 10

NOVI SAD DOMA}IN NA VA@EN OBRAZOVEN NASTAN В о рамките на меѓународната платформа за со работка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (уште попозната како 16+1), Универ зитетот во Нови Сад беше домаќин на четвртата сред ба на Конзорциумот на високообразовни институции од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа и петтиот образовен дијалог на министрите за образо вание од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа, кои се одржаа на 22, односно на 21 септември соодветно. Двете конференции беа посветени на сора ботката и активностите за заедничко создавање, а покровител на средбите беше Владата на Р Србија. На овој значаен настан земаа учество ректорот на УКИМ, проф. д р Никола Јанкуловски и проректор ката за финансии, инвестиции и развој, проф. д р Би љана Ангелова. Интегрално во ова издание на Универзитетски весник ја пренесуваме Повелбата на Конзорциумот на високообразовни институции од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа, донесена на овој настан. ПОВЕЛБА НА КОНЗОРЦИУМОТ НА ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ ОД КИНА И ОД ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА 1. ОПШТИ НАЧЕЛА 1.1 Конзорциумот на високообразовни институции од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа (скратено англ. CCHEIC) е непрофитна организација која ги обединува високообразовните институции од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа (скратено англ. CEECs) на волонтерска основа. 1.2 Конзорциумот ќе функционира следејќи ги принципите на Повелбата, во рамките на ограничувањата на меѓународните закони, како и законските регулативи на Кина и земјите од Централна и Источна Европа. 1.3 Основањето на Конзорциумот беше иницирано заеднички од страна на 32 земји учеснички на вториот дијалог за образовна политика меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, кој се одржа во Тијанџин, Кина, на 22 септември 2014 година. 1.4 Членките ги задржуваат своите права и независност како правни единки. 1.5 Работни јазици на Конзорциумот се кинески и англиски. 1.6 Секретаријатот во Кина е сместен во Кинеската образовна асоцијација за меѓународна размена (160 FuxingmenNeiDajie, Yifi Convention Centre, 100031Пекинг). Првиот секретаријат на CEECs, на основа на ротација, ќе биде на Универзитетот во Софија, Бугарија. 1.7 Конзорциумот не ги презема заедничките обврски на неговите членки. 11

2. МИСИЈА И ГЛАВНИ ЗАДАЧИ 2.1 Мисија Да го следи принципот на заедничко почитување, еднаквост, заедничка полза, со цел создавање основа за партнерства, истакнување на иницијативата на земјите членки, консолидирање и споделување на ресурси и продлабочување на образовната размена и соработка меѓу Кина и земјите од Централна и од Источна Европа, за да се поттикне развој во областа на образованието и да се зацврсти основата за постојан општествен, економски и културен развој во регионот, со силна поддршка на луѓето. 2.2 Главни задачи 2.2.1. Да се поттикне споделувањето информации. Со цел олеснување на соработката, ќе биде основана платформа за споделување информации и ресурси меѓу членките. 2.2.2. Да се охрабри заедничкото признавање на академски дипломи и кредити. Институциите членки ќе промовираат заедничко признавање на академските дипломи меѓу владите на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Да се поттикнат институциите членки на меѓусебно признавање на академските кредити. 2.2.3. Да се промовира размена на академски кадар. Да се потттикнат членките да аплицираат за владини стипендии, како и да се воведат универзитетски стипендии. Да се поттикнат краткорочни и долгорочни размени на раководни лица, административен и факултетски кадар, како и размена и заеднички програми за студенти, со цел поддржување на таленти со глобална визија. 2.2.4. Да организира размена на посети на делегации. Да ги поттикне членките и делегациите на размена на делегации, одржување заеднички академски форуми и семинари, како и да имаат важна улога во културата, уметноста и пошироко, исто така, поттикнувајќи слични активности во овие области. 2.2.5. Да го потпомогнат заедничкото научно истражување и заеднички да работат на клучните предизвици. Да ги поттикнат членовите да градат силни и прагматични партнерства на универзитетско ниво за академска размена, научноистражувачка соработка и примена на иновација. 2.2.6. Да спроведуваат државни и регионални истражувања и студии. Да ги поттикнуваат членовите да основаат државни и регионал12 ни центри, со цел продлабочување на заедничкото разбирање за различните култури и општества. 2.2.7. Да поддржуваат продлабочена соработка во областа на науката и истражувањето и во други области. 3. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА КОНЗОРЦИУМОТ 3.1. Согласно со тековните закони и регулативи, Конзорциумот има право да раководи релевантни и важни бизнис-активности. 3.1.1. Да ги застапува интересите на неговите членки во агенциите за примена на законите во Кина и во земјите од Централна и Источна Европа. 3.1.2. Да присуствува на активностите на други организации, вклучувајќи и активности организирани од национални, меѓународни и невладини организации. 3.2. Должности на Конзорциумот 3.2.1. Да ги застапува и штити правата и интересите на членките согласно со Повелбата. 3.2.2. Да им обезбедува услуги на членовите согласно со целите и мисијата на Конзорциумот, пропишани и во оваа Повелба. 4. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОВИТЕ 4.1. Членките се приклучуваат на Конзорциумот на волонтерска основа. Освен ако поинаку не е пропишано, членките можат да ги вршат своите акитвности со целосна автономија и економска независност и волонтерски да се ангажираат во различен вид билатерални и мултилатерални размени. 4.2. Конзорциумот е отворен за високообразовните институции во Кина и за земјите од Централна и Источна Европа, кои се согласни со одредбите во Повелбата, нејзината мисија и задачи. 4.3. Права 4.3.1. Да имаат право на глас и на избор. 4.3.2. Да организираат размена и соработка со другите членки и универзитети, научни институции, меѓународни организации и други компании. 4.3.3. Да го подобруваат и прошируваат делокругот на работа преку користење информации, научноистражувачки и наставни ресурси, општествени и културни врски и системи кои ги поседува Конзорциумот.

4.3.4. Да присуствуваат на академски конференции, изложби, напредни обуки и други активности организирани од страна на Конзорциумот. 4.3.5. Да ја олеснат имплементацијата на работни програми и активности на Конзорциумот. 4.4. Членките треба да ги исполнат следниве обврски: 4.4.1. Да ги исполнуваат обврските согласно со одредбите во Повелбата. 4.4.2. Активно да ја имплементираат работата на Конзорциумот, како и да ја зајакнат соработката меѓу членките. 4.4.3. Да ги достават сите потребни податоци и информации кои му се потребни на Конзорциумот, вклучително, но и не ограничувајќи се на имиња на последни претставници, контакт-лица и контакт-информации. 4.4.4. Да осигураат дека нема да бидат обелоденети информации, што би штетело на правата и интересите на Конзорциумот и неговите членови. 4.4.5. Да имплементираат одлуки усвоени на Генералното собрани на членките на Конзорциумот (во понатамошниот текст: Генерално собрание). 4.5. Ако некоја членка не успее да ги исполни обврските или ако ги прекрши одредбите од Повелбата и законите и регулативите на земјите членки, членството ќе ѝ биде одземено согласно со одлука на Генералното собрание. 5. РАКОВОДНО ТЕЛО НА КОНЗОРЦИУМОТ 5.1. Административно тело на Конзорциумот е Секретаријатот, со локации во Кина и во земјите од Централна и Источна Европа. Кинескиот секретаријат е лоциран во Кинеската образовна асоцијација за меѓународна размена. Секретаријатот во земјите од Централна и Источна Европа се бира од страна на универзитетите членки на секои две години. 5.2. Двата секретаријата треба повремено да заседаваат, да разменуваат начела, практики и информации, да дизајнираат и да промовираат програми за соработка и акциони планови, како и да канат нови институции членки. 6. МЕХАНИЗАМ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА НОВИ ЧЛЕНКИ 6.1. Високообразовната институција кандидат, за член на Конзорциумот, доставува апликација до Конзорциумот. 6.2. Апликантите треба да ги исполнат следниве критериуми: 6.2.1. Мора да бидат високообразовни институции со независен правен статус и да бидат формално регистрирани со министерствата за образование во матичните држави. 6.2.2. Мора да биде согласна и да ги почитува одредбите од Повелбата. 6.3. Доколку апликантите ги исполнат горенаведените критериуми, секретаријатите ќе ги номинираат директно да ги примат за формални членки по разгледување на апликациите. 6.4. Доколку некоја од членките не зема учество во активностите организирани од страна на Конзорциумот во текот на две последователни години, ќе ѝ биде одземено членството откако така ќе изгласа Генералното собрание на Конзорциумот. 7. ПРАВЕН И ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ НА КОНЗОРЦИУМОТ Конзорциумот не поседува материјални добра и имоти, ниту пак е правен ентитет. 8. ДОКУМЕНТИ НА КОНЗОРЦИУМОТ 8.1. Секретаријатот на Конзорциумот располага со следниве документи: 8.1.1. Важни документи во врска со основањето на Конзорциумот. 8.1.2. Записници од состаноците на Генералното собрание на Конзорциумот, важни одлуки и одредби. 8.1.3. Документи од внатрешното раководење на Конзорциумот. 8.2. Документите на Конзорциумот се на македонски и на англиски јазик. Документите на двата јазика ја имаат истата правна важност. 9. ПРОЦЕДУРИ ЗА ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕ И РАСПАЃАЊЕ НА КОНЗОРЦИУМОТ 9.1. Конзорциумот може да биде преструктуриран во согласност со одлуки на Генералното собрание на Конзорциумот, како и судски одлуки. 9.2. Процесот на распаѓање ќе го води комисија назначена од страна на Генералното собрание. 9.3. Комисијата ќе ги има следниве надлежности: 13

9.3.1. Да ги доврши преостанатите активности на Конзорциумот. 9.3.2. Да информира за распаѓањето на Конзорциумот преку медиумите. 9.4. По распаѓањето на Конзорциумот, документите трајно ќе ги чува Кинеската образовна асоцијација за меѓународна размена. со законите во Кина и законите во шеснаесетте држави од Централна и Источна Европа и согласно со друга важна документација формулирана од страна на Конзорциумот. Повелбата ќе стапи во сила на денот на усвојувањето од страна на Генералното собрание на Конзорциумот. 10.2. Сите прашања кои не се покриени со оваа Повелба ќе бидат разгледани и дополнети на Генералното собрание на членките на Конзорциумот. 10. ДРУГИ ОДРЕДБИ 10.1. Сите прашања кои не се покриени во Повелбата, ќе се разгледуваат строго во согласност продолжениеодстранабр.10 систем во Републиката, како витален центар за создавање висококвалитетни стручни кадри, ќе продолжи да ги исполнува високите стандарди за создавање високостручни кадри со цел нивно вклучување на пазарот на трудот и истовремено ќе ги следи и потребите на стопанството. Во своето обраќање, пак, директорот на компани јата ОКТА АД Скопје, г. Јанис Геруланос, ја нагласи целта на оваа соработка создавање кадри, спремни да носат важни стратешки одлуки. Потпишувањето на Меморандумот значи продол жување на повеќегодишната соработка меѓу Универ зитетот и ОКТА, преку реализирање на редовната про грама за практиканти, како и поддршката од страна на компанијата на различните активности поврзани со унапредување на наставно образовните процеси. Образованието е суштината за напредокот на една заедница, а ефектите и резултатите од градењето висококвалификувани кадри се видливи на подолг временски период. Целта и заедничката визија за оваа соработка е да се изградат кадри кои ќе бидат спремни да носат важни стратешки одлуки и ќе ја претставуваат движечката сила за развојот на земјава. Во ОКТА постојано вложувавме во образование, истражување и иновации, затоа со доделувањето на овие 10 стипендии очекуваме дека ќе иницираме нови научноистражувачки проекти кои ќе имаат позитивни ефекти во различни сфери важни за целата заедница. УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ ОБЈАВУВА КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за летниот семестар во академската 2017/2018 година Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот Св. Кирил и Методиј распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ. За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии. Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр. Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни дена). Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите (види листа на Еразмус+договори). 14

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ: Сите документи за аплицирање се достапни на интернет страницата на Универзитетот www.ukim.edu.mk >меѓународна соработка > ЕРАЗМУС+ или интернет страницата на факултетот: пополнет формулар за пријавување (Student Application Form) договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/еразмус координаторот и согласно со компатибилноста на студиската програма, со факултетот во странство (30 ЕКТС) уверение за положени испити на македонски јазик и превод на англиски јазик најмалку една препорака (на англиски јазик) уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици уверение за редовен студент запишан семестар/година (на македонски јазик) кратка биографија (Europass model). Висината на стипендијата за студентите изнесува 450 500 евра месечно, во зависност од земјата во која се престојува (види листа на интернет страницата на Универзитетот). Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МОБИЛНОСТ НА НАСТАВЕН КАДАР: мобилност за наставeн ангажман (teaching): (Staff Application Form) (Staff Mobility Agreement for Teaching) покана (Letter of invitation) од страна на универзитетот домаќин кратка биографија (Europass model). мобилност за обука (training): (Staff Application Form) (Staff Mobility Agreement for Training) покана (Letter of invitation) од страна на универзитетот домаќин кратка биографија (Europass model). Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академски успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата и мотивација. 15

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија. Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус координаторот во три примероци на факултетот каде што студираат најдоцна до 5 октомври 2017. (Еден примерок за Еразмус+ координаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ.) Види листа на Еразмус координатори по факултети.) Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 10 октомври 2017. ДОГОВОР за научно-образовна соработка меѓу УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и НАЦИОНАЛНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ МОСКОВСКИ ИНСТИТУТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА Раководени од желбата за развивање и продлабочување на пријателските врски меѓу народите на двете земји, како и следејќи ја желбата и заедничкиот интерес за продолжување на меѓууниверзитетската соработка, двата универзитета изразуваат согласност за реализирање на размена во областа на образованието, науката и културата. Член 1 Соработката меѓу двата универзитета ќе се одвива во рамките на областите застапени на двата универзитета. Член 2 За успешна реализација на Договорот, двата универзитета се согласуваат соработката да се реализира преку следниве форми на размена, во зависност од расположливите финансиски средства и со согласност на релевантните институции во соработката: изработка на заеднички научноистражувачки проекти; размена на наставен кадар; размена на студенти; организирање заеднички научноистражувачки конференции и работилници; размена на публикации, универзитетски изданија и книги, како и соработка во областа на комуникациските мрежи. 16 Член 3 Универзитетот домаќин обезбедува соодветни услови за студирање и научноистражувачка работа за учесниците во размената. Патните трошоци и трошоците за престој ги покрива универзитетот/факултетот што ги предлага учесниците во размената. Член 4 Двата универзитета заеднички ќе аплицираат до соодветните меѓународни институции и организации со цел обезбедување средства и грантови во областите во кои е воспоставена соработка. Член 5 Факултетите можат да воспоставуваат билатерална соработка така што реализацијата ќе се остварува непосредно на факултетите, според сопствени работни програми договорени меѓу соодветните факултети на двата универзитета, со претходно обезбедени средства.

Член 6 Секој член од овој Договор може да биде изменет или отповикан по консултации и претходна заемна согласност од страна на двата универзитета. Член 7 Договорот се склучува за период од 4 (четири) години, со можност за продолжување, освен ако не се побара раскинување од страна на едниот или другиот универзитет во форма на писмено известување шест месеци пред истекувањето на Договорот. Член 8 Договорот се потпишува во 2 (два) еднакви примерока на англиски јазик, по 1 (еден) примерок за секој универзитет. Го потпишуваме овој Договор мотивирани од духот и принципите на академската размена и заемното разбирање и почитување. Јули 2017 УНИВЕРЗИТЕТ С В. КИРИ Л ВО Р И М ЕТОДИЈ С КОПЈЕ Е К Т О Р Н АЦИОНАЛЕН ИСТРАЖУВАЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ - М ОСКОВСКИ ИНСТИТУТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА Р Е К Т О Р На 1 2 јули 201 7 година, во Трст, Италија, беше одржан самит на лидерите на земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, чија основна цел беше на учесниците да им се даде можност отворено да дискутираат за можностите за унапредување и зајакнување на регионалната соработка, како и олеснување на процесот на интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. За таа цел, на маргините на овој самит беше одржан Младински форум на кој учествуваа земјите од ЕУ и Западен Балкан, кој претставува платформа за размена на мислења и идеи со цел подобрување на повеќе аспекти од животот на младите, како што се: студирањето, мобилноста, инклузивноста, претприемаштвото и поголемата вклученост на младите во општеството. Заедничките цели и заложби на учесниците на Форумот беа преточени во декларација која беше потпишана од повеќе од шеесет универзитети учесници на Форумот, меѓу кои и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. D E K LA RA C I J A O D T RS T Потписниците веруваат дека: имаат доволно моќ да го подобрат и унапредат процесот на демократизацијата, културата на дискутирањето и толеранцијата. Тие придоне суваат за зајакнување на европската интегра ција во интерес на Југоисточна Европа и на ЕУ имаат клучна улога во поддршката на граѓан ското општество. Со сè поширокиот спектар на образовни активности, тие ги охрабруваат младите генерации да бидат иновативни, да го развиваат критичкото размислување, да стек нуваат трансверзални вештини како глобални граѓани и да стекнуваат компетенции во демо кратската практика во голема мера придонесуваат и влијаат врз личната и општата благосостојба, како и врз пазарот на трудот, независно дали се работи за јавниот, приватниот или невладиниот сектор. Дополнително, потписниците се обврзуваат: да ја промовираат регионалната соработка преку: мобилност на студенти, наставен и административен кадар заеднички програми летни и зимски школи трансфер на знаења и најдобри практики да ја промовираат релевантноста на ЕУ стратегијата за инклузивност. Како резултат на тоа, потписниците се залагаат за две конкретни акции наменети исклучиво за Југо источна Европа, креирани врз основа на начелото за позитивна акција и поинтензивен фокус на земјите кои не се членки на ЕУ. 1. Програмата Еразмус+ посебно наменета за овој регион Дополнително на постојните финансиски алатки и програмата Еразмус+, владите учес нички во Берлинскиот процес треба целосно да го поддржат воведувањето на посебни фон 17

дови наменети за стимулирање на регионал ната соработка, особено во доменот на висо кото образование, заедничките истражувања и докторските програми. Воведувањето на Еразмус+ програма за регио нална соработка наменета за Југоисточна Европа е од исклучителна важност не само за олеснување на тековните мобилности кои се одвиваат на релација Исток Запад, туку и за соработка во рамките на регионот на Југоис точна Европа. Ваквата двојна димензија на соработката ќе биде значајна за унапредување на заемната соработка, знаењата и поддршка та во исто време, ќе биде од особено значење за воведување на нови методологии чија крај на цел би било да се добијат висококвалитетни докторски програми со меѓународно признае ни дипломи и соодветна инфраструктура. Двојната мобилност на ниво на ЕУ и на регио нално ниво ќе има дополнителни позитивни ефекти врз имплементацијата на процесот за заедничко признавање на дипломите и семес трите во областа на високото образование. Секаде каде што оваа цел не е постигната, про цесите ќе бидат интензивирани со цел да се отвори прашањето за признавање на заеднич ките дипломи. макрорегион) и универзитетите од земјите учеснички во Берлинскиот процес. Во исто време, целта е да се зајакне кохезијата меѓу универзитетските мрежи, како и кохези јата меѓу мрежите и градовите и компаниите. На овој начин ќе се поттикнат заеднички ак тивности за доживотно учење на далечина и поинтензивна интердисциплинарна ефектив ност помеѓу природните, општествените и ху манистичките науки. Овие активности можат да бидат клучни за успешниот придонес на високото образование кон развојот на општествениот и културниот дијалог, социјалната инклузија и кохезија. Ова ќе биде од особена важност за зачувување на идеите на основачите на ЕУ и ќе поттикне об разование на нови генерации кои ќе бидат мо дерни, демократски и општествено одговорни. Како заклучок, потписниците се залагаат за: стратегија за интензивна регионална соработ ка во која ќе бидат вклучени универзитетите воведување на посебна Еразмус+ програма специјално наменета за земјите учеснички во Берлинскиот процес поддршка на програмите кои поттикнуваат повеќенасочно вмрежување на универзитети те од регионот. Потписниците го споделуваат истото уверување за значајноста на нивната улога како мостови за транснационален дијалог, соработка и мир, преку промоција на високото образование, истражувањето и поширокиот општествен ангажман. 2. Програми кои го поддржуваат повеќенасо чното вмрежување на универзитетите Согласно со претходниот пристап, инвести циите во програми кои поттикнуваат вмрежу вање меѓу универзитетите ќе ги зајакнат мож ностите за соработка во рамките на Југоисточ на Европа. Ова подеднакво важи и за соработ ката во рамките на Униадрион (се однесува на Јадранско јонскиот макрорегион), Дунавската ректорска конференција DRC (се однесува на високообразовните институции од Дунавскиот Универзитет Св. Кирил и Методиј Проф. д р Никола Јанкуловски Ректор 7.8.2017 година ДОГОВОР за меѓународна соработка меѓу УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САЛЕНТО, ИТАЛИЈА Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија, претставуван од ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, постапувајќи во согласност со Статутот и Универзитетот во Саленто, Италија, претставуван од ректорот, проф. д-р Винченцо Зара, постапувајќи во согласност со Статутот и ценејќи дека: универзитетите претставуваат центар на националните научни истражувања; нивна главна задача е да спроведуваат и да промовираат ширење на научните знаења; во интерес на универзитетите е да воспостават долготрајни врски на соработка и културна размена; 18

се согласни за следново: ЧЛЕН 1 Реализација на Договорот 1.1. Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија и Универзитетот во Саленто, Италија (во понатамошниот текст: договорни универзитети), склучуваат договор за соработка врз основа на начелото за еднаквост и заемни придобивки. Иако не ја отфрлаат можноста во иднина заеднички да идентификуваат и да вклучат и други области, договорните универзитети ја дефинираа следнава област: хуманистички науки. 1.2. Со цел реализирање на целите претставени во првата точка од овој член, соработката ќе се одвива преку следниве форми на размена: размена на истражувачи, наставен и административен кадар и студенти во согласност со регулативите на секоја од земјите; размена на информации и научни публикации; заеднички публикации од заемен интерес за двете договорни страни; организирање на меѓународни конференции, студиски средби, семинари и курсеви на теми предвидени со Договорот; размена на наставен кадар на кратки академски престои; размена на студенти; размена на искуства во областа на универзитетското менаџирање и организација на подготвителни посети и обуки, како и обуки на наставен и административен кадар; програми чија цел е издавање заеднички дипломи признаени од двата универзитета, кои се компатибилни со постојните национални закони, регулативи и норми на секој од договорните универзитети, во согласност со одредбите на овој Договор; воведување на мастер студии на I или II ниво или други курсеви за постдипломска специјализација преку издавање на заедничка диплома која е во согласност со националните норми и договорени процедури, што треба да биде уредено преку посебен извршен документ; воспоставување заеднички истражувачки и/или иновациски проекти во области од заеднички интерес за двете договорни страни. ЧЛЕН 2 Академска мобилност 2.1. Следниве одредби се однесуваат на мобилноста на студентите на додипломски и постдипломски студии: Студентите на додипломски, постдипломски или докторски студии на универзитетот домаќин ќе бидат ослободени од плаќање на школарината, бидејќи таа е веќе уплатена на нивниот матичен универзитет (освен во случаи кога тоа е поинаку пропишано со Договорот). Договорните универзитети однапред ќе постигнат согласност околу студиската програма (или програмата за истражување доколку се работи за студент на докторски студии), притоа обврзувајќи се дека на своите студенти ќе им признаат сè што реализирале за време на нивниот студиски престој во странство. На крајот на студискиот престој, универзитетот домаќин на студентот ќе му издаде соодветна потврда во која ќе бидат наведени активностите што студентот ги извршил за време на студискиот престој, предметите кои ги следел и испитите кои ги положил. Универзитетот домаќин на сите студенти на размена ќе им понуди советодавна и академска помош кои ќе им бидат достапни од моментот на нивното запишување, па сè до крајот на нивниот студиски престој. Универзитетот домаќин на студентите ќе им ги стави на располагање информациите што се однесуваат на достапните предмети и услуги. Студентот самостојно ги покрива сите лични трошоци, вклучително и патните трошоци, трошоците за сместување и здравствените трошоци. Универзитетот домаќин ќе им даде насоки и помош на студентите во врска со сместувањето, но тој не е одговорен да им обезбеди сместување на студентите. Во однос на мобилноста на студентите кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, студентите се обврзани самостојно да обезбедат визи и друга документација неопходни за непречено учество во размената. 19

ЧЛЕН 3 Планирање на активностите 3.1. Договорните универзитети се обврзани да одобрат годишни програми. Гореспоменатите универзитети се одговорни да ги претстават договорените активности пред националните или меѓународните органи со цел аплицирање за финансиски средства за проекти од заеднички интерес за двете страни. Програмите, проектите и Договорот за соработка можат да станат составен дел од некоја идна културна конвенција помеѓу двете земји, а истовремено можат и да станат дел од меѓународните програми за академска размена. ЧЛЕН 4 Имплементирање на активностите 4.1. Секоја од договорните страни ќе подготви посебна програма со заеднички активности кои ќе бидат приложени кон овој Договор. У К ИМ И С Л О В А Ч К А Т А А М Б А С А Д А В О Р М ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА МИКРОГРАНТ У ниверзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Амбасадата на Република Словачка во Скопје, на 12 септември 2017 година, потпишаа Договор за микрогрант. Со потпишувањето на овој Договор, ам басадорот на Република Словачка, Н.Е. Мартин Безак, го предаде следниов микрогрант: во износ од 10.000 евра до Институтот за социо лошки и политичко правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Микрогрантот ќе го преземе директорот на Ин ститутот. Микрогрантот е наменет за купување на опрема во просториите на Институтот, кои беа 20 Секој од универзитетите ќе номинира координатор, кој како институционален претставник ќе го координира одвивањето на активностите. 4.2. На крајот на секоја година, секоја од договорните страни е обврзана да презентира извештај за спроведените активности, а во исто време и да изготви план за следната година. За таа цел, универзитетите ќе номинираат лица одговорни за имплементирање на планираните активности и координирање на активностите за наредната година. 4.3. Координаторот на активностите, како претставник на секој од универзитетите, ќе го координира имплементирањето и спроведувањето на Договорот во име на наставните и административните тела на двата договорни универзитета. 4.4. Координаторот на активностите е должен пред Одделението за меѓународна соработка, или друга еквивалентна структура во организацијата на договорниот универзитет, да го презентира извештајот за имплементираните погодени од катастрофалниот пожар на 21 април 2017 година, за снабдување со мебел, компјутер ска техника и климатизација. Амбасадорот на Словачка во Македонија, Н.Е. г. Мартин Безак, истакна дека овој микрогрант е дел од словачката развојна помош наменета за хуманитарни цели. Ректорот на УКИМ, проф. д р Никола Јанкуловски, во оваа пригода, изразувајќи ја големата благодарност на УКИМ по повод овој хуман и солидарен гест, рече: Денес, се наоѓаме тука по друг повод, еден немил настан за нас, кој исто така се случи на 21 април о.г. Имено, на сите ви е познато дека тогаш во пожар беа уништени дел од работните простории и опрема на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Но, ете, нашиот искрен и докажан пријател повторно ја покажува својата големина и во неволја ни ја подава својата рака. Со денешното потпишување на Меморандумот, на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања му се доделува микрогрант во износ од 10.000 евра. На мената на овие средства е за создавање нови работ ни услови и набавка на неопходната техничка опре ма во вид на компјутери, печатачи, проектори, столчиња за студентите, клима уреди и др. Велат дека вистинските пријатели се препозна ваат во несреќа, во зло. Горд сум што Словачката амбасада е вистински пријател на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и на Република Македонија! Микрогрантот во име на Институтот го презеде директорката проф. д р Мирјана Борота Поповска.

можност за негово продолжување, доколку одговорните органи на двата универзитета постигнат заемна согласност. 5.2. Секоја од страните може да одлучи да го раскине Договорот доколку најмалку три месеци пред истекот на Договорот ја извести другата договорна страна, во писмена форма, преку препорачана пошта со белешка за прием на пратката. Во ваков случај, и двете страни гарантираат дека сите започнати активности ќе бидат уредно завршени. 5.3. Овој Договор за меѓународна универзитетска соработка се потпишува во два оригинални примерока на англиски јазик. активности, како и извештајот за академските активности кои се планирани за следната година. ЧЛЕН 5 Одобрување 5.1. Овој Договор за меѓународна универзитетска соработка е одобрен согласно со законите и внатрешните регулативи на секој од договорните универзитети и ќе стапи во сила на денот на неговото потпишување. Договорот се склучува за период од три години, со Септември 2017 УНИВЕРЗИТЕТ С В. КИРИ Л ВО И УНИВЕРЗИТЕТ М ЕТОДИЈ С АЛЕНТО П роф. д-р Винченцо Зара П роф. д-р Никола Јанкуловски Р ВО С КОПЈЕ Р Е К Т О Р Е К Т О Р ПРОТОКОЛАРНА ПОСЕТА НА Д Р АХМЕТ ДАВУТОГЛУ В о рамките на посетата на Правниот факултет Ју стинијан Први, д р Ахмет Давутоглу, doctor honoris causa на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и поранешен премиер и министер за надворешни работи во Владата на Р Турција, оствари протоколарна средба со ректорот на УКИМ, проф. д р Никола Јанкуловски. Д р Давутоглу го посети УКИМ придружуван од пове ќечлена делегација, а на средбата присуствуваа прорек торите на УКИМ и делегација од Правниот факултет во чиј состав беа деканот проф. д р Горан Коевски и проде канот за наука и меѓународна соработка, доц. д р Ирена Рајчиновска Пандева. На средбата беа разменети идеи и предлози за можните форми за проширување на актуелната об разовна, научна и културна соработка помеѓу УКИМ и универзитетите во Р Турција. Д р Ахмет Давутоглу, пред наставно научниот и помошниот кадар и сту дентите на Правниот факултет Јустинијан Први, одржа пригодно предавање на тема: The Future of National and Global (Dis)order, Exclusive Populism versus inclusive Global Governance. 21

INSTITUTOT KONFUCIJ'' PRI '' UNIVERZITETOT SV. KIRIL '' I METODIJ'' VO SKOPJE JA ODBELE@A ^ETIRIGODI{NINATA OD OSNOVAWETO Н а 4 септември о.г. се одбележа четиригодишни ната од основањето на Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје со пригодна свеченост и програма. Свеченоста се одржа во Центарот за конференции и студии во НУБ Св. Климент Охридски во Скопје. На свеченоста, на присутните им се об рати ректорот на Уни верзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, проф. д р Никола Јан куловски, кој, воедно, е и претседател на Уп равниот одбор на Ин ститутот Конфуциј. Во своето обраќање, тој даде осврт за досе гашната успешна ра бота на Институтот и реализираните наста ни и настава. Воедно, тој го најави, за месец октомври, во Охрид, одржувањето на меѓународната академска конфе ренција за инцијативата Еден појас еден пат, од носно Новиот пат на свилата. Оваа иницијатива, која кинескиот претседател Ши Џинпинг ја промовираше точно пред четири години, има за цел промовирање на 22 блиска соработка и поддржување на развојот на зем јите по рутата на старите патишта на свилата. Ректорот упати честитки за годишнината и посочи дека во ид нина Институтот Конфуциј ќе продолжи активно да работи на зацврстување и развивање на нови сора ботки, унапредување и проширување на наставата по кинески јазик, организирањето на поголеми и побога ти културни настани и манифестации. На честитките за поната мошна успешна работа на Институтот се придружи и министерот советник на Ам басадата на НР Кина во Р Ма кедонија, г. Мао Чингвен. Тој истакна дека со својата рабо та и активностите за промо вирање на кинескиот јазик и кинеската култура, Институ тот Конфуциј дава значаен придонес кон развивањето на соработката и пријателството помеѓу Кина и Македонија и унапредувањето на економ ската и трговската соработка. На свеченоста присуствуваа проректорите на УКИМ и многубројни гости, пријатели на Институтот Конфуциј. Оваа свеченост беше особено значајна затоа што беше последната активност во која уче ствувше досегашниот кинески директор проф. Денг Шиџонг. Ректорот Јанкуловски, во име на Универзитетот Св. Ки рил и Методиј во Ско пје, му се заблагодари на проф. д р Денг Ши џонг за неговата пре дана работа во измина

тите четири години и му врачи подарок со македонски мотиви како спомен за успешната соработка, поса кувајќи му успех во идните проекти. Свеченоста беше проследена со пригодна програма подготвена од наставниците и курсистите на Институ тот Конфуциј. Веселата програма беше заокружена со изведбите на естрадната уметница Сузана Спасов ска, која е најпознатиот и најпреданиот возрасен кур сист на Институтот. Таа испеа емотивен дует со проф. Денг Шиџонг, кој му даде на целиот настан и емотивен призвук. Проф. Денг се прости со кратко обраќање во кое им се заблагодари на ректорот, проректорите, вработени те, наставниците и сите со кои соработувал во измина тите години. На крајот му посака успешна работа на новиот кинески директор проф. д р Лијао Веј, кој, исто така, имаше кратко обраќање. SVETSKIOT DEN NA INSTITUTITE KONFUCIJ'' '' PO ^ETVRTI PAT SE ODBELE@A VO SKOPJE Н а 28 септември о.г., Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, по четврти пат, го одбележа Светскиот ден на институтите Конфуциј, кој е всушност и роденденот на големиот мудрец Конфуциј. На одбележувањето, кое се одржа во холот на НУБ Св. Климент Охридски во Скопје, присуствуваа ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, проф. д р Никола Јанкуловски, проректорите проф. д р Биљана Ангело ва, проф. д р Гордана Јосифова Неделковска и проф. д р Вујица Живковиќ, како и директорката на НУБ Св. Климент Охридски, г ѓа Сенка Наумовска, бројни гости, ученици и студенти кои со своето присуство ја искажаа поддршката за работата на Институтот и ак тивностите кои ги спроведува. Публиката со внимание го проследи обраќањето на кинескиот директор проф. д р Лијао Веј и танцот ин спириран од традиционалната кинеска мелодија Дол га ноќ, во кореографија на Леонина Пекеска Корнети, а во изведба на Елена Ристевска, што беше проследено со отворени часови по кинески јазик, како и претста вувања на кинеската калиграфија, церемонијата за чај, уметничкото сечење на хартија и кинескиот шах. Во духот на учењата на древниот кинески мудрец, наставниците од Институтот се потрудија на присут ните забавачиња, ученици и студенти на одбележува њето на Светскиот ден на институтите Конфуциј на интересен и интерактивен начин да им ги претстават и доближат кинескиот јазик и култура. Церемонијата за чај, калиграфијата, изработката на фигури од хар тија и кинескиот шах ги заинтригираа средношколци те и студентите, додека забавачињата разиграно и весело учеа и извикуваа кинески зборови на отворени от час. Студентите од Економскиот факултет, во придруж ба на проф. д р Весна Буцевска, активно се интереси раа за сите прикажани аспекти на кинеската култура и перспективноста на изучувањето на кинескиот јазик. Учениците, пак, од СУ Јосип Броз Тито, кои за прв пат присуствуваа на одбележувањето на Светскиот ден, со голема љубопитност и особен интерес се распрашу ваа за кинескиот јазик и калиграфијата. Најголемиот џагор дојде од веселите забавачиња од ЈОУДГ Снежа на, кои се забавуваа учејќи кинески и сите ги шарми раа со своето примерно однесување. Дружењето и за познавањето со кинеската култура заврши на големо задоволство на присутните со дегустација на кинески специјалитети. 23

О ОД ДБ БЕ ЕЛ ЛЕ ЕЖ ЖА АН НА А 7 70 0--Г ГО ОД ДИ ИШ ШН НИ ИН НА АТ ТА А О ОД Д П ПО ОЧ ЧЕ ЕТ ТО ОК КО ОТ Т Н НА А И ИЗ ЗУ УЧ ЧУ УВ ВА АЊ ЊЕ ЕТ ТО О Н НА А Р РУ УС СК КИ ИО ОТ Т Ј ЈА АЗ ЗИ ИК К В ВО О Н а 27 септември во просториите на Ректо ратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје свечено беше отворена Меѓу народната научна конференција со наслов Руски от јазик, литература и култура во Република Ма кедонија минато, сегашност и иднина, посве тена на 70 годишнината од почетокот на изучу вањето на рускиот јазик во Македонија. На свеченото отворање со поздравен говор се обратија директорот на Рускиот центар, проф. д р Велимир Стојковски, деканот на Филолошкиот факултет Блаже Конески, проф. д р Анета Ду чевска, ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф. д р Никола Јанкуловски, в.д. ам басадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Константин Берсенев, и заменик министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски. Директорот на Фондот Руски мир, В. Кочин, по ради спреченост да при суствува на настанот се обрати до учесниците на Конференцијата со по здравно писмо. На Конференцијата, академик проф. д р Милан Ѓурчинов настапи со пре давање за творештвото на 24 М МА АК КЕ ЕД ДО ОН НИ ИЈ ЈА А А.П. Чехов. Проф. д р Мишел Павловски им рас кажа на учесниците за дејноста на Всеволод Ме јерхољд, а д р Емил Ниами претстави преглед на најновите руски речници. Свеченото отворање на Конференцијата завр ши со презентација на монографијата на проф. д р Нина Чундева, Русизмите во македонскиот јазик, која е резултат на долгогодишна научна работа, а исто така на работата на Рускиот центар кој го подготви издавањето на монографијата. Во текот на три дена посветени на Конферен цијата се работеше во три секции: лингвистичка секција, секција за литература и култура и секција по методика. На Конференцијата земаа учество учесници од Македонија, Русија и други земји со реферати посветени на заемните врски помеѓу Македонија и Русија.

Ф и ло ло ш к и фа к у лт е т Б ла ж е К о н е с к и п р и У К ИМ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ, ИНСТИТУТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ОДБРАНА И МИР KNI@EVNA RABOTILNICA ZA DOKTORANDI PO ITALIJANISTIKA Ирина Талевска К атедрата за италијански јазик и книжев ност при Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје, со финансиска поддршка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Министер ството за образование и наука и Филолошкиот факултет Блаже Конески, организираше дво дневна Работилница за млади истражувачи на тема: Геокритика и геопоетика во италијанска та книжевност на 20 век (Geocritica e geopoetica nella letteratura italiana del Novecento). На работилницата, која се одржа на 16 и 17 септември во Конгресниот центар при Универзи тетот Св. Кирил и Методиј во Охрид, земаа уче ство шест предавачи и дваесет докторски канди дати од универзитетите во Скопје, Штип, Бари, Падова, Рим и Љубљана. Работилницата успешно ја оствари својата цел да обедини млади истра жувачи од различни страни на Европа за да ги споделат своите истражувања и да се вклучат во активна дискусија низ која ќе дојдат до нови за клучоци кои би им помогнале во понатамошниот истражувачки процес. Се предвидува излагањата на предавачите и истражувањата на докторандите презентирани на работилницата да бидат објавени во зборник на трудови. И ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО БЕЛГРАД ME\UNARODNA NAU^NA KONFERENCIJA BALKANOT POME\U ZAPADOT I ISTOKOT: STARI I/ILI NOVI BEZBEDNOSNI PREDIZVICI (5 7 СЕПТЕМВРИ 2017, ОХРИД) И нститутот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје, во коорганизација со Факултетот за безбедност од Универзитетот во Белград, организираше годи шна Меѓународна научна конференција која се одржа од 5 до 7 септември 2017 година во Охрид. Оваа Конференција беше посветена на многу актуелна и значајна тема, која претставува со лидна основа за продлабочена анализа на новите безбедносни предизвици со кои се соочуваат државите од Балканот. Работниот наслов: БАЛКАНОТ ПОМЕЃУ ЗА ПАДОТ И ИСТОКОТ: СТАРИ И/ИЛИ НОВИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ претставуваше идеја на едно место да собереме научни работ ници од поширокиот регион на Балканот (Хрват ска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија), но и од повеќе земји од светот (Шпанија, Данска, Унгарија, Словачка, Египет, Мароко, Турција, Италија и Велика Британија). 25

На Конференцијата учествуваа 110 автори и коавтори од земјата и од странство, кои преку релевантен научен пристап и истражување ги презентираа своите трудови во десет организи рани панели. Дел од презентираните трудови беа објавени во специјалниот број на меѓународното научно списание Безбедносни дијалози. Целта на Конференцијата произлезе како ре КРИЗАТА ВО ЕУ И ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕЗБЕДНОСТ НА БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И БЕЗБЕДНОСТ КРИЗАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК И ИМПЛИКАЦИИТЕ ВРЗ БЕЗБЕДНОСТА НА БАЛКАНОТ МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И БАЛКАНОТ НОВИОТ ПАТ НА СВИЛАТА ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ШИРЕЊЕТО НА НАТО НА БАЛКАНОТ ПРИВАТИЗАЦИЈА НА БЕЗБЕДНОСТА ВО БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ зултат на академскиот предизвик за споделување на сознанијата и истражувачките резултати за повеќе сензитивни прашања, тесно поврзани со безбедносните предизвици и импликациите врз безбедноста на државите од Балканот. Во широката лепеза на можни теми за кои се дискутираше на Конференцијата, издвојуваме само неколку кои ги сметаме за централни: КРИЗАТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЗЕМЈИТЕ НА БАЛКАНОТ. Подготвил Доц. д-р Тања Милошевска, Инст итут за безбедност, одбрана и м ир при Филозофскиот факултет во Скопје БАЛКАНОТ ВО НОВАТА КОНСТЕЛАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ ИМПЛИКАЦИИТЕ НА НОВАТА СТУДЕНА ВОЈНА ВРЗ БАЛКАНОТ БАЛКАНОТ И БЕГАЛСКАТА КРИЗА 26