СОДРЖИНА ВОВЕД... 2 1. ВОДИЧ/НАСОКИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ТРАНЗИЦИЈА ВО ISO 9001:2015... 3 1. ВОВЕД... 3 2. ТРАНЗИЦИЈА... 4 2.1. Валидност на сертификати од ISO 9001:2008... 4 3. СПЕЦИФИЧНИ НАСОКИ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ИМААТ ИМПЛЕМЕНТИРАНО СИСТЕМ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО КВАЛИТЕТ СОГЛАСНО ISO 9001:2008... 4 4. НАСОКИ ЗА ТРАНЗИЦИЈА НА АКРЕДИТИРАНИ СЕРТИФИКАТИ ОД ISO 9001:2008 ВО ISO 9001:2015... 5 4.1. Имплементација на транзиција на акредитирани сертификати од ISO 9001:2008 во ISO 9001:2015... 5 4.2. Информации за сертификациони тела... 5 4.3. Процес на транзиција... 5
ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ Информативниот документ на МКД СЕРТИФИКАТ служи како водич за транзиција од ISO 9001:2008 во ISO 9001:2015 (МКС EN ISO 9001:2009 во МКС EN ISO 9001: 2015) и е наменет да ја поддржи конзистентната апликација на барањата согласно стандардите. Сепак, бидејќи се работи за документ за информативни цели, Сертификационите тела за системи за управување кои спроведуваат аудит на корисниците на услуги, немаат никаква обврска да употребуваат начелата од овој документ.
ВОДИЧ/НАСОКИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ТРАНЗИЦИЈА ВО ISO 9001:2015 1. ВОВЕД Oвој документ содржи насоки во врска со процесот на транзиција од ISO 9001:2008 во ISO 9001:2015, а е подготвен од страна на Сертификационото тело МКД СЕРТИФИКАТ и е во согласност со Интернационалниот акредитациски форум (IAF). Воедно, документот служи и за идентификација на активности кои треба да се земат во предвид од страна на заинтересираните странки, и содржи појаснувања во врска со контекстот на ISO 9001:2015. Ревизијата на стандардот носи значајни промени и е биде објавена во септември, 2015 година. Стандардот се базира на Annex SL на ISO Директивите, структура од високо ниво (high-level structure HLS), која служи за стандардизација на подклаузули, oсновниот текст, често употребувани термини, како и основни дефиниции, како би се зголемила компатибилноста и усогласеноста со други ISO стандарди за менаџмент на системи. Главните промени во новата верзија на ISO 9001:2015 стандардот се: 1. Усвојување на HLS како што е утврдено во Annex SL на ISO Директивите, Дел 1. 2. Експлицитни барања за размислување базирано на ризик, како би се поддржало и подобрило разбирањето и апликацијата на пристап кон процесот на транзиција. 3. Помал број на препишани барања. 4. Помал акцент на документацијата. 5. Подобрена апликативност за услуги. 6. Барање во врска со дефинирањето на границите на Системот за менаџмент со квалитет (QMS). 7. Поголем акцент на организацискиот контекст. 8. Поголеми барања за лидерство. 9. Поголем акцент на достигнување на посакуваните исходи за подобрување на задоволството на клиентот. Релевантните заинтересирани странки кои ќе имаат корист од овој Водич се организации сертифицирани и/или корисници на ISO 9001:2008.
2. ТРАНЗИЦИЈА Интернационалниот форум за акредитација (IAF) и ISO Комитетот за оценка на сообразност (ISO Committee on Conformity Assessment CASCO) се согласни за тригодишен период на транзиција, од датумот на издавање на ISO 9001:2015. Резолуцијата на IAF 2013-15 беше усвоена од страна на Генералното собрание на IAF во Сеул, на 23 октомври 2013, одобрувајќи тригодишен период на транзиција во ISO 9001:2015. 2.1. Валидност на сертификати од ISO 9001:2008 ISO 9001:2008 сертификатите нема да бидат валидни по три години од објавувањето на ISO 9001:2015. Датумот на истекување на ISO 9001:2008 стандард издаден за време на периодот на транзиција, мора да одговара со крајот на истекот на транзициониот период од три години (15ти Септември 2015 година). 3. СПЕЦИФИЧНИ НАСОКИ ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНКИ ИНВОЛВИРАНИ ВО СЕРТИФИКАЦИЈА И АКРЕДИТАЦИЈА За која организација и да станува збор, степенот на потребни промени ќе зависи од зрелоста и ефективноста на постоечкиот менаџмент систем, организациската структура и пракса, поради што силно се препорачува анаиза на последиците/проценка на јазот кој ќе настане, со цел реално да се идентификуваат ресурсите и временските импликации. 3.1. Организации кои го користат ISO 9001:2008 На организациите кои го користат ISO 9001:2008 им се препорачува да ги преземат следните активности: 1. Да ги идентификуваат организациските јазови на кои треба да им се обрне внимание за да се исполнат новите барања на стандардот. 2. Да развијат план за имплементација. 3. Да овозможат соодвена обука и свесност за сите странки кои имаат релевантно влијание врз ефективноста на организацијата. 4. Да го обноват постоечкиот Систем за менаџмент на квалитет (QMS), како би ги исполниле ревидираните барања и би обезбедиле доказ за ефективност. 5. Онаму кадешто е применливо, да се поврзат со нивното Сертификациско тело, во врска со договарање на процесот на транзиција.
4. НАСОКИ ЗА ТРАНЗИЦИЈА 4.1. Имплементација на транзиција на акредитирани сертификати од ISO 9001:2008 во ISO 9001:2015 Овој документ е наменет за напредни активности при планирањето и усвојувањето на новите барања. Активности за евалуација преземени од сертификациските тела можат да се земат предвид во формалниот процес на транзиција. Секоја прерана евалуација мора да биде предмет на ре-евалуација и целосно да се верифицира пред да се изврши транзиција во ISO 9001:2015. 4.2. Информации за Сертификациски тела Акредитирани сертификати за ISO 9001:2015 и/или негови национални еквиваленти можат да се издадат само тогаш кога самото Сертификациско тело ќе биде акредитирано да овозможи сертификација кон новиот стандард, и откако организацијата демонстрирала сообразност со ISO 9001:2015. Сертификациското тело треба да изврши аудит за секој клиент за ISO 9001:2015. Во согласност со договорот со сертифицираните организации, сертификациските тела можат да ги извршат активностите за транзиција за време на рутински надзор, аудит за ресертификација, или пак специјален аудит. Онаму каде транзициските аудити се поклопуваат со редовно закажан надзор или ресертификација (прогресивен или постепен пристап), најчесто е потребно дополнително време, како би се обезбедило покритие за сите активности во врска со постоечките и новите стандарди. Сертификационите тела можат да издадат сертификат за ISO 9001:2008, односно МКС EN ISO 9001:2015 со максимална валидност до 15-ти септември 2018 година 4.3 Процес на транзиција СТСУ МКД СЕРТИФИКАТ ќе го соопштат распоредот за транзиција на своите клиенти, колку што е можно порано.
Најчесто на воведниот и завршниот состанок од вториот надзорен аудит на секој клиент ќ е му бидат соопштени потребните информации во врска со транзицијата. Клиентот заедно со аудиторите на СТСУ МКД СЕРТИФИКАТ ќе развијат план за транзиција и ќе се договорат за понатамошните активности а во врска со: 1. Обука и верификација/доказ за компетентност на интерните аудитори и останатите вработени. 2. Планирање на аудит за усогласеност со ISO 9001:2008 за време на процесот на транзиција. На пример, дали транзицијата ќе се изврши за време на една посета, или ќе се користи пристап во фази. 3. Начинот на кој на СТСУ МКД СЕРТИФИКАТ ќе обезбедат континуирана сообразност со ISO 9001:2015 за своите клиенти за време на процесот на транзиција. 4. Активностите кои треба да се преземат во однос на клиенти кои не успеале да го завршат процесот на транзиција три години по објавувањето на ISO 9001:2015. На пример, нивото на аудит кое ќе биде потребно за да се обнови сертификатот. Сертификационото тело МКД СЕРТИФИКАТ треба да обезбеди: 1. Сите проблеми кои бараат активности од клиентот во насока на усогласување со новите барања треба да бидат јасно идентификувани и документирани како неусогласености. 2. Единствено кога сите преостанати проблеми ќе бидат соодветно отстранети и ќе биде демонстрирана ефективноста на менаџмент системот, аудиторите можат да препорачаат сертификација за објавениот ISO 9001:2015 стандард. 3. Потребно е да бидат достапни записи кои ќе служат како доказ дека сите претходни неусогласености биле наведени и соодветни мерки за усогласување се препорачани, пред да се издаде препорака за одобрување на транзиција во ISO 9001:2015. 4. Сертификациското тело треба да обезбеди доказ дека евалуацијата на усогласеноста на клиентот со новите барања за време на фазата на транзиција, не пречи на тековното усогласување на клиентот со стандардот ISO 9001:2008. 5. Онаму каде активностите за евалуација биле спроведени, потребно е да се спроведе преглед од страна на донесувач на одлука, како би се обезбедила сигурност дека таа активност е земена предвид при процесот на одлучување. Дополнителни информации: За дополнителни информации може да ги контактирате одговорните лица од СТСУ МКД СЕРТФИКАТ и да се посети web-страната: http://www.amcert.mk