НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

Биланс на приходи и расходи

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И ГОВОР НА ОМРАЗА

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

\ МАЈХОШЕВ Андон УДК: : (497.7) СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Биланс на приходи и расходи

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет - Кочани

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"-ШТИП

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОРАНЕШНАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Препораки за политика и законодавство за делотворна примена на одредбата за неказнување на жртвите на трговија со луѓе

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

Утврдување на способноста на економските оператори

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

ПРАВНИОТ ОДНОС МЕЃУ ГРАЃАНИНОТ И ДРЖАВАТА ВО ДЕМОКРАТСКО-ПРАВНАТА ДРЖАВА

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БРОШУРА ЗА МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

политичка мисла political thought Медиуми и слобода на изразувањето Media and freedom of expression Година 10, број 38, јуни Скопје 2012

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

BRIEFS MACEDONIA B РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МЕЃУНАРОДНО-ПРАВНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА СЛОБОДАТА НА ВЕРОИСПОВЕД

ПРИРАЧНИК ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ИЗБОРИ

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ПРАВОTO ДА СЕ НАПУШТИ ДРЖАВАТА

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

Структурно програмирање

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

СОВРЕМЕНИ МОДЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТА: ДИЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ

ИЗВЕШТАЈ ВО СЕНКА ЗА ПОГЛАВЈЕ 23. за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската Унија

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз. ПРОЕКТ РЕФОРМА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ -Една изборна единица како најдемократско решение- Скопје, март 2015 година

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

март - јуни 2006 година

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Влијанието на Охридскиот рамковен договор ЕФЕКТИВНО ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

Автор: м-р Маја Котевска Октомври, 2015 година

Transcription:

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО Автор: Асистент м-р Марјан Габеров (Европски универзитет Р.M. Факултет за правни науки) Март, 2015 г. Остварениот степен на независност на правосудниот систем претставува клучен индикатор за достигнатото ниво на владеење на правото и демократијата во една земја. Правосудниот сиситем има пресудна улога во заштитата на човековите права и слободи. Оваа негова улога, посебно се апострофира во меѓународниот сиситем за човекови права. Со оглед на ова големо значење и значајна улога на правосудните институции кои го имаат за животот на граѓаните, од аспект на заштитата на човековите права, круцијална точка и момент за осигурување на оваа заштита имаат независноста на правосудните институции, како и законитите, правичните и ефикасните процедури на заштита. Судовите се појавуваат како краен авторитет во заштитата на човековите права и слободи, како последна брана во одбрана на правдата, со овластување за донесување на конечни одлуки за слободите, правата, обврските и имотот на граѓаните. Во обавувањето на судската функција неопходно е да се обезбедат такви услови кои ќе гарантираат суштинска независност на судовите како институции, потоа индивидуална независност и непристрасност на судиите при одлучувањето во конкретните предмети. Кривично правниот систем има значајна улога во зачуваување на принципот на владеење на правото, а во тој систем јавното обвинителство, како јавна институција, има одлучувачко значење во откривањето и кривичниот прогон на сторителите на кривични дела, како и во меѓународната кривично правна соработка. Почитувањето на човековите права и осигурувањето за владеење на правото, неопходно претпоставуваат постоење на независно и непристрасно јавно обивнителство, како тело

кое е надлежно за спреоведување на истрагата и прогон на сторителите за сторените кривични дела. 1 Независноста и непристрасноста се препознатливи и битни категории поврзани со судството и важен сегмент во остварувањето на демократијата и владеењето на правото. Главните придобивки од примената на овие принципи, меѓу другото, се остварувањето на општествениот напредок, гаранцијата, остварувањето и заштитата на човековите права и слободи, како и хармонизцијата меѓу луѓето. Секоја држава има обврска да оствари доверба во судскиот систем. Државата треба да го организира својот политички и правен систем на таков начин што независноста и непристрасноста во судството ќе ја поттикнуваат и ќе овозможуваат таа доверба да се реализира. Идејата за независно судство е во функција на две темелни вредности во секое демократско општество, а тоа се: заштита на човекови слободи и права, како битен услов и гаранција за нивно почитување и унапредување, и y владеење на правото преку непристрасна примена на правото без оглед на положбата и својствата на странките. Поради тоа што судовите и судиите како носители на судската власт се чувар на човековите права и слободи и највисок гарант за заштитата на владеењето на правото, во никој случај не може да се говори за почитувањето на овие принципи без притоа да се потенцира неопходноста за независно судство. Основата од која произлегува потребата за независност и непристрасност на судството е формалната и суштинска еднаквост пред законите и еднаквоста на граѓаните пред судовите и трибуналите. Оттука, остварувањето на правото на фер судење претставува основно начело на човековите права без кое сета предвидена судска заштита би била бесцелна. 2 Меѓународни стандарди кои ја гарантираат независноста на судството Голем број на меѓународни документи ја гарантираат независноста на судската власт од законодавната и извршната власт. Без разлика на нивната правна природа, дали се работи за правно обврзувачки документи или документи со советодавен карактер, тие имаат значајна улога во конципирањето и функционирање на правосудниот систем во секоја демократска земја насекаде во светот. Кога зборуваме 1 Mitrović, D. O pravnoj drţavi i drugim pravnim temama, Beograd, 1998 год., стр. 175 2 Камбовски, Владо, Судско право, 2-ри Август, Штип, 2010 год., стр. 25-40

за судската независност, ја имаме во предвид судската власт како посебна гранка на државаната власт во системот кој се базира на принципот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, со што се обезбедува рамнотежа помеѓу овие власти и се исклучува можноста за мешање на една власт во работата на друга. Судската независност е показател за владеење на правото во правно уредените демократски земји, заснована на гаранциите за заштита на човековите права и основните слободи, во согласнсот со прокламираните меѓународни стандарди. Клучни меѓународни документи во кои се содржани принципите кои ја обезбедуваат независноста на судството се: - Основните начела на Обединетите Нации за независност на судството, кои се усвоени од страна на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, во ноември, 1985 година, - Препораката R(94) на Комитетот на министри на Советот на Европа, за независноста, ефикасноста и улогата на судиите во државите членки на Советот, од 13 октомври, 1994 година, - Европската повелба за законот за судии, од 10 јули, 1998 година, - Членот 6 на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, кој пропишува дека секој има право на правично судење, во разумен рок, пред независен и непристрасен суд, основан со закон. Сите наведени документи го прокламираат барањето демократските држави да обезбедат нормално функционирање на судската власт, функционирање кое ќе биде одвоено од останатите гранки на државната власт, законодавната и извршната. Принципот на независност на судскста власт, не е замислен како привилегија на носителите на судиските функции, на судиите, туку како право на граѓаните да ги заштитат своите права. Државите исто така имаат обврска да обезбедат јавното обвинителство да ја извршува својата функција независно, непристрасно и професионално. Во рамките на правосудниот систем, судиите и обвинителите мораат да бидат слободни во извршувањето на своите професионални обврски, без никакво политичко влијание. Притоа, истите мораат да го задржат највисокиот степен на професионално почитување, во согласност со националните и меѓународни правила и етнички стандарди. Значи, судиите и обвинителите имаат клучна улога за остварување на правата на правично судење. Доколку некој од нив не е во можност правилно да ги

извршува своите задачи, владеењето на правото и правото на фер судење се сериозно загрозени. Основните начела на Обединетите нации за независност на судството Принципите и основните начела нужно бараат судиите, индивидуално и колективно, да ги почитуваат судските функции и да се стремат кон тоа да ја зајакнат и да ја одржуваат довербата во судскиот систем и предвидуваат судиите со целосна власт да дејствуваат, ослободени од притисоци и закани, соодветно платени и опремени за извршување на нивните должности. Иако овој сет од стандарди не е правно обврзувачки, тој нуди модели за државите кои се охрабруваат да ги инкорпорираат стандардите во нивните национални устави и да ги внесат во националното право. Многу земји формално ги усвоија принципите и редовно ги известуваат ОН за напредокот и проблемите со кои се соочуваат, а понекогаш бараат помош во насока на обуки и правна едукација или за мониторинг на постапките. Овие начела за независно судсво на Обединетите нации се категоризирани во неколку групи кои уредуваат различни области кои се однесуваат на следното: 3 - Независност на судството (Државата, преку уставот и законите, гарантира независност на судството. Должност на сите владини и други органи и институции е да ја почитуваат независноста на судствотот и да се грижат за неа. Судството ги одлучува предметите непристрасно, врз основа на факти и во согласност со закон, без никакви ограничувања, влијанија, притисок, закани и пречки. Судството е надлежно за сите прашања од судската природа и има исклучива надлежност да одлучува дали некое прашање кое се поднесува до судот на одлучување спаѓа во судската надлежност, како што е дефинирано со закон. Не смее да постојат никакви непримерни и непрописни мешања во процесот на судење, како што ни одлуките на судовите не смеат да бидат подложени на измени. Ова начело не се однесува на испитување на уставноста или на ублажување или замена на судските санкции од страна на надлежните органи, во согласност со законот. Секој има право да му суди редовен суд или трибунал преку пропишани законски 3 Основни начела за независноста на судството на Обединетите нации усвоени од Седмиот конгрес на Обединетите нации за превенција на криминалот и постапување со престапниците и одобрени со резолуциите на Генералното собрание 40/32 од 29.11.1985 и 40/146 од 13.12.1985 година.

постапки. Нема да се основаат трибунали кои не постапуваат по прописно воспоставените правила на правната постапка и кои би ја замениле надлежноста на редовните судови и судските трибунали. Начелото на независност на судството го овластува судството и бара од него да обезбеди судските постапки да се одвиваат правично и да се почитуваат правата на странките. Должност на секоја држава е да обезбеди соодветни средства и да му овозможи на судството правилно да ја обавува својата функција). - Слобода на изразување и здружување (Во согласност со Универзалната декларација за човековите права, судиите, како и другите граѓани, имаат право на слобода на изразување, на вероисповед, здружување и собир; при тоа, во уживањето на овие права судиите ќе се однесуваат со целосна почит и зачувување на достоинството на службата и непристрасноста и независноста на судството. Судиите се слободни да основаат и да пристапуваат кон здруженија на судии или на други организации со цел застапување на своите интереси, унапредување на стручното усовршување и заштита на судската независност). - Квалификации, избор и обуки (Лицата кои се избираат за судии мора да бидат личности од интегритет и способност, со соодветна обука и образование. Секоја постапка за избор на судии мора да обезбеди судиите да не бидат избрани од неправилни причини. При изборот на судиите не смее да постои никаква дискриминација на лицата по основ на раса, боја, пол, вероисповед, политичко или друго мислење, национално или етничко потекло, имот, раѓање или статус, освен условот кандидатот за судија да има државјанство на земјата во која се избира, кој нема да се смета за дискриминаторски). - Услови и постојаност на мандатот (Должината на судскиот мандат, независноста на судиите, безбедноста, одговарачкиот надомест, условите на функцијата, висината на пензијата и староста потребна како услов за заминување во пензија ќе се гарантира на соодветен начин со закон. На судиите, било именувани или избрани, ќе им се гарантира постојаност на функцијата со стекнување услови за пензија или додека не истече нивниот мандат, таму каде што таков постои. Унапредувањето на судиите, таму каде што таков систем постои, мора да се заснова на објективни критериуми засновани на способност, интегритет и искуство. Распределбата на

предметите на судиите во рамки на судот на кој му припаѓаат е предмет на внатрешната судска администрација.) - Професионална тајна и имунитет (Судиите мора да бидат обврзани со професионална тајна во поглед на разгледувањето на предметите и на доверливите информации стекнати за време на обавувањето на должноста надвор од јавните расправи и истите не се под обврска да сведочат по тие прашања. Не задирајќи во правилата на дисциплинската одговорност или на кое било право на жалба или надомест на штета од државата, во согласност со националното законодавство, судиите мора да уживаат личен имунитет од граѓанска одговорност во парниците за надомест на штета за несоодветни постапки или за грешки во вршењето на судиската функција.) - Дисциплински санкции, сусензии и разрешување (По тужба или приговор против судиите за нивното професионално постапување мора да се постапува брзо и правично, во соодветна постапка. Судијата има право на правично судење. Испитувањето во почетната фаза се врши без присуство на јавноста, освен доколку судијата не побара да биде поинаку. Судиите можат да се суспендираат или да се разрешат само поради неспособност или однесување кое ги прави недостојни да ја обавуваат својата должност. Сите дисциплински посапки, постапките на суспензија или на разрешување мора да бидат уредени во согласност со утврдените стандарди на судско постапување. Сите одлуки за дисциплинските постапки, постапките за суспрензија или за разрешување мора да бидат подложени на независно испитување. Ова начело не мора да се применува на одлуките на највисокиот суд, како ни на одлуките на законодавните тела при отповикување на високи државни функционери или во слични постапки.)

Судска независност Незавиосноста на судијата претставува клучен атрибут на правната држава, и истата подразбира независност од било која власт при вршењето на правдата низ процесот на донесување на одлуки во законски предвидените постапки, а сето тоа на основа на процена на фактите и примена на правото. Независноста на судијата е неопходна претпоставка за правично судење. Потребата за правично судење пред независен и непристрасен суд се нагласува и потенцира во сите меѓународни документи за човековите права. Обврска на државите е да преку уставот и законите ја гарантираат независноста на судството со доследна примена на начелото на владеење на правото и начелото за поделба на власта на законодавна, извршна и судска. 4 Во овој контекст, независноста се однесува и на судијата поединец, но и не правосудните институции во целина. Основните начела на Обединетите нации за независноста на судството даваат неопходни насоки во поглед на дефинирање на судската независност. Начелото на поделба на власта е основна претпоставка за постоење на независен и непристрасен правосуден сиситем, а независноста на правосудството е неопходен услов без кој не можеме да зборуваме за владеење на правото. Спрема начелото на поделабата на власта на извршна, законодавна и судска, претставуваат три одвоени и меѓусебно независни гранки на државната власт. Оваа меѓусебна независност на различните делови на државната власт значи дека не се дозволени ситуации во кои едната власт задира во надлежностите и прерогативите на останатите власти. Независноста и непристрасноста, иако се блиско поврзани, истражуваат два различни коцепти, па така секој од овие два концепти има свое посебно значење. Поимот, независност, се однесува на односнот помеѓу судиите и институциите на власта, и истата подразбира автономија на одреден судија да без никакви надворешни влијание да разреши одреден случај, со примена на законите врз основа на утврдените факти. 4 Alijević, M. Naĉelo nezavisnosti sudstva prema relevantnim medzunarodnim dokumentima, Pravna misao, broj 1-2, Sarajevo, 2009 год., стр. 79

Влијание врз независноста на судството Желбата за политичка инструментализација на судството е неминовна карактеристика за секоја власт, во сите општества, па исклучок не може да биде ни власта во Република Македонија. Секогаш, носителите на политичката моќ и влијание, а посебно претензиите на извршната власт, биле и секогаш се насочени кон тоа да судството го држат под своја контрола, погодно за да можат во секој момент да го ефектуираат таквото влијание. Извршната власт и партиите и покрај декларативните заложби за независно судство, секогаш се склони да вршат непримерни упади во функционирањето на судската власт и во донесувањето на одлуките од страна на судиите. Каква би била таа извршна власт која не би сакала судството да го држи под постојана зависност. Ова е онаа видлива надворешна контрола кога се прави обид истата да се легализира и која се огледа преку предлагањето на законите кои се однесуваат на судството. 5 Покрај извршната власт, желба за контрола врз судството имаат и политичките партии кои се на власт, како и претставниците на бизнис секторот близок до власта. Меѓутоа, многу поопасни се притисоците и интервенциите што доаѓаат од претставниците на судството внатрешните притисоци и влијанија. Овде се мисли на притисоците од претседателите на судовите, судиите од повисоките судови, колеги судии, и администрацијата. Овие притисоци се многу посуптилни бидејќи не се експонирани и се неприметни за јавноста. Во одбрана од разноразните притисоци и влијанија многу е важно чуството на објективна независност на судиите. Имено, независноста на судијата како личност треба да му обезбеди и гарантира отпорност и заштита од секаков облик на притисок и влијание врз неговата работа и одлучување. Судијата како личност треба да се избори за својата независност која може да биде обидена или вршена од претседателот на Врховниот суд, од претседателите на повисоките судови, од претседателот на судот во кој работи судијата, од колегите, од организацијата на работа во судот, распределбата на предметите, администрацијата, годишниот распоред и слично. Овие се оние видливи влијанија врз работата на судијата посебно врз исходот на неговата одлука. Меѓутоа, многу поопасни се прикриените влијанија што се вршат врз судијата. Причините за ваквите влијанија може да ги бараме кај самиот судија во неговата нестручност, поводливоста, 5 Mikeš, M., Političko pravne pretpostavke nezavisnosti sudstva, Atlantik, Banja Luka, 2002 год., стр. 25

сервилноста, предрасудите, самопочинетоста, чуството на долг кон некој авторитет и слично. 6 Со прифаќањето на било каков притисок или влијание, судијата сам си ја нарушува својата независност и воедно со својата одлука го крши и законот. Индирекните или суптилни притисоци врз работата на судовите и судиите многу често има од страна на институциите или нивни претставници. Врз работата на судовите и судиите често имаат влијанија изјавите кои доаѓаат од високи функционери на извршната власт, кои изјави кај судиите може да предизвикаат и забуна и несигурност во нивната работа и одлучување. Треба да се каже дека сите вакви влијанија и интервенции повеќе или најчесто се вршат врз судиите кои работат во кривичните оддели и посебно врз оние судии кои судат предмети од коруптивна природа. Доаѓањето на власт на една партија скоро секогаш се рефлектира со поведување на кривични постапки против партиските неистомисленици. Ова е само потврда дека кога нешто се случува во државата, а не и одговара на власта тогаш испливуваат на виделина некои афери големи криминали за да се сврти вниманието на граѓаните на друга страна. Доколку судството некритички се впушта во прифаќање на ваквиот суптилен притисок, тоа нешто ќе биде и е на штета на независноста на судството, а во краен случај и на штета на самите граѓани. Секако дека ваквите притисоци и влијанија врз судството и судиите можат да бидат спречени како од претседателите на судовите така и од самите судии секако само доколку се тие јаки личности и со изразен личен субјективитет и интигритет. 6 Анализа на независнсота на судството во Република Македонија перцепција, потешкотии и предизвици, Институт за човекови права, 2013 год. стр. 113-125

Користена литература: 1) Камбовски, Владо, Судско право, 2-ри Август, Штип, 2010 год., 2) Alijević, M. Naĉelo nezavisnosti sudstva prema relevantnim medzunarodnim dokumentima,pravna misao, broj 1-2, Sarajevo, 2009 год., 3) Mikeš, M., Političko pravne pretpostavke nezavisnosti sudstva, Atlantik, Banja Luka, 2002 год., 4) Mitrović, D. O pravnoj drţavi i drugim pravnim temama, Beograd, 1998 год., стр. 175 5) Основни начела за независноста на судството на Обединетите нации усвоени од Седмиот конгрес на Обединетите нации за превенција на криминалот и постапување со престапниците и одобрени со резолуциите на Генералното собрание 40/32 од 29.11.1985 и 40/146 од 13.12.1985 година, 6) Анализа на независнсота на судството во Република Македонија перцепција, потешкотии и предизвици, Институт за човекови права, 2013 год.

You are free: Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported to Share - to copy, distribute and transmit the work Under the following conditions: Attribution. You must attribute the work in the manner specified by the author or licensor (but not in any way that suggests that they endorse you or your use of the work). Noncommercial. You may not use this work for commercial purposes. No Derivative Works. You may not alter, transform, or build upon this work. For any reuse or distribution, you must make clear to others the license terms of this work. The best way to do this is with a link to this web page. Any of the above conditions can be waived if you get permission from the copyright holder. Nothing in this license impairs or restricts the author s moral rights. The document was created by CC PDF Converter