Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

ПР објави во медиуми

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Душица Перишиќ. Dusica Perisic

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Мобилност МК Mobility MK

Структурно програмирање

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Разбирање на проширувањето

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

ЗЕЛС ZELS ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС THE THIRD SESSION OF THE GENERAL ASSEMBLY OF ZELS WAS HELD

бр.02 декември АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЧЛЕНКИ НА МРР НА РМ 2. ELARD 3. АКТИВНОСТИ НА МРР НА РМ ВО ЈАВНИ ДОБРА

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Мобилност МК Mobility MK

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

Биланс на приходи и расходи

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Родово буџетирање.

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Биланс на приходи и расходи

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

Јуни / June ЗАЕДНИЦА НА ЕДОНСКИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ASSOCIATION OF THE UNITS OF LOCAL SELF GOVERNMENT OF

МАКЕДОНИЈА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ МЕХАНИЗМОТ ЗА НЕЗАВИСНО ИЗВЕСТУВАЊЕ (МНИ):

ГЛАСИЛО НАЈДОБРО РАНГИРАНИОТ ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ДОБИ СВОЈА РЕАЛИЗАЦИЈА BEST RANKED PROJECT ON ENERGY EFFICIENCY IMPLEMENTED NEWSLETTER

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

SË BASHKU PËR ARDHMËRINË E KOMUNËS ВКЛУЧИ СЕ NË FORUMET NË BASHKËSI ЗЕЛС ZELS INKUADROHU ВО ФОРУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

СТРАТЕШКА РАМКА Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ЗЕЛС ГЛАСИЛО NEWSLETTER ЈАН. / ФЕВ JAN. / FEB ЗАЕДНИЦА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЗЕЛС

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

СПРЕЧУВАЊЕ НА РАДИКАЛИЗАЦИЈАТА И ИЗРАЗУВАЊЕТО НА ОМРАЗА НА ТЕРЕН

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за 2016 година

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

од имплементирани проекти од програмите АДИ вингинг АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО СТУДИСКИ ПОСЕТИ Tвингинг

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Коисмение.Штозначиме.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Македонија: завршен извештај за

Мобилност МК Mobility MK

Transcription:

1

Форумот Европски перспективи за локална демократија е организиран во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија, координирана од страна на АЛДА (Европската асоцијација за локална демократија) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за европски прашања. (www.bn-mk.org) Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија. Форумот е дел од Академијата за локална демократија програма за градење капацитети на претставници од локалните власти: донесувачи на одлуки, членови на општинските совети и вработени во општините во Македонија. ЕВРОПСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА (АЛДА) Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) е европска организација која работи во областа на доброто локално владеење и граѓанско учество. АЛДА е создадена во 1999 година по иницијатива на Советот на Европа со цел да ја координира мрежата на Агенции за локален развој кои се локални организации воспоставени како промотери на добро локално владеење. Денес АЛДА има клучна улога во полето на локалната демократија, активното граѓанско учество и соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество. Активностите на АЛДА се фокусирани на соработка помеѓу локалните власти и граѓанските организации. АЛДА е мрежа на повеќе од 250 членки (локални и регионални власти и граѓански организации) од 40 земји. Активна е во земји од Европска Унија, Западен Балкан, Кавказот и земјите од источното партнерство како и Северна Африка и Медитеранот. АЛДА има 5 канцеларии, во Брисел, Стразбург, Виченца, Суботица и Скопје. 2

СОДРЖИНА СОДРЖИНА... 3 ВОВЕД... 4 ЗА ФОРУМОТ... 5 ПАНЕЛ ДИСКУСИИ / ДЕБАТИ... 6 ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ... 6 УЛОГАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА... 7 ФОНДОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: АЛАТКИ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ... 8 ЗБРАТИМУВАЊЕ НА ГРАДОВИ И ЕВРОПСКА СОРАБОТКА... 9 ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ЕУ ПЕРСПЕКТИВАТА... 10 ЕУ ФОНДОВИ: СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО ОПШТИНИТЕ... 11 ПРЕЗЕНТАЦИИ НА РАЗЛИЧНИ ЕВРОПСКИ ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ... 13 ИПА И ИПА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА... 13 ХОРИЗОН 2020: РАМКОВНА ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И ИНОВАЦИИ... 15 ЕРАЗМУС +: ЕВРОПСКАТА ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, МЛАДИ И СПОРТ... 16 ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИТЕ 2014/2020... 17 ТРЕНИНГ-СЕСИИ... 18 ИСТРАЖУВАЊЕ КОРИСТЕЊЕ НА ЕУ ФОНДОВИТЕ ОД СТРАНА НА ОПШТИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА. 19 ЗАКЛУЧОЦИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО... 19 ЗАКЛУЧОЦИ... 21 3

ВОВЕД Процесот на европска интеграција на Република Македонија има значително влијание врз развојот на локалните самоуправи и спроведувањето на процесот на децентрализација. Локалните власти играат многу важна улога во остварувањето на европскиот предизвик, особено во делот на спроведување на европското законодавство и поттикнување на локалниот развој. Тие истовремено претставуваат значаен посредник помеѓу Европската унија и засегнатите страни на локално ниво. Дополнително, општините имаат можност да го поддржат локалниот развој преку користењето на програмите за финансиска помош на Европската унија. Голем дел од европските претпристапните фондови се наменети за помагање и поддршка на локалниот и регионалниот развој. Ваквата финансиска помош има за цел да придонесе во остварување на целите на евроинтегративниот процес на Македонија. Значајната улога која ја имаат локалните власти во овој процес ја наметна потребата од создавање на платформа за да се разменат искуства и да се дисктура за користењето на европските фондови. Во насока на создавање простор за диксусија помеѓу општините, владините институции и граѓанскиот сектор, Европската асоцијација за локална демократија го организираше Форумот Европски перспективи за локалната самоуправа. 4

ЗА ФОРУМОТ Форумот на тема Европски перспективи за локалната самоуправа, се одржа од 29 до 31 март 2017 година во Битола. Главната цел на Форумот беше да се дискутира за процесот на европската интеграција на Република Македонија, користењето на европските фондови, со посебен фокус на улогата на локалната самоуправа и следните цели: Да се подигне свеста за процесот на европска интеграција и меѓународна соработка помеѓу општините; Да се зајакне улогата на локалните власти како важен дел во процесот на европска интеграција; Да се развијат капацитетите на општините за раководење со фондовите од Европската Унија; Да се поттикне вмрежување помеѓу претставниците на локалните власти во Република Македонија. Тридневната програма понуди различни работилници, обуки, презентации и дебати организирани во паралелни сесии: Предавања, дебати и дискусии на темите за европските фондови, улогата на општините во процесот на европската интеграција, користењето на европските фондови, збратимување на градови како можност за европска соработка, територијална организација во земјите во Европската унија итн. Тренинг-сесии за раководење со проекти, финансии, логистика, барање на партнери, мониторинг и евалуација итн. Презентации на програмите за финансиска поддршка на Европската унија: ИПА 2014-2020, ИПА прекугранична соработка, Еразмус +, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020, Креативна Европа итн. На Форумот говорници беа претставници од делегацијата на Европската унија во Република Македонија, националните институции и локалните власти. Тренинг-сесиите беа спроведени од страна на Европската Асоцијација за Локална Демократија АЛДА, експерт и консултант во создавањето и спроведувањето на европски проекти. На Форумот учествуваа над 80 учесници, претставници од општините, министерства, Центрите за регионален развој и граѓански организации. 5

ПАНЕЛ ДИСКУСИИ / ДЕБАТИ ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ Официјалното отворање и водените обраќања на Форумот беа презентирани од: Ширет Елези, Министерка за локална самоуправа Ивана Петровска, Директорка на АЛДА Скопје Во нивните обраќања беше истакната потреба од организирање на ваков Форум за отворено да се дискутира за искуствата и предизвиците на локалните самоуправи во Р. Македонија како и нивната улога во процесот на евроинтеграција. Во своето обраќање Ширет Елези, Министерка за локална самоуправа истакна дека од исклучителна важност е постојано да се јакнат капацитетите на општините и планските региони, како и да се споделат искуствата со цел институциите да ги чујат евентуалните проблеми. Општините имаат голема улога во процесот на ЕУ интеграции на Р. Македонија, бидејќи тие се важна алка за поврзување на граѓаните и локалните чинители. Целта на Министерството за локална самоуправа е во вториот програмски период да покажеме уште поголема подготвеност и искористеност на средствата над 90%. Министерството за локална самоуправа во вториот програмски период ќе биде надлежна над 100 милиони евра колку што изнесува и вкупниот буџет на сите пет програми за прекугранична територијална соработка 45.5 милиони евра со програмата со Грција, 12 милиони евра програмата Македонија со Албанија, 19.5 со Бугарија, 8.5 милиони евра Македонија со Косово, и 40 милиони евра за транснационалната програма на Балкан Медитеран од кои 5 милиони евра се наменети за земјите Македонија и Албанија, истакна, Елези. Директорката на Европската асоцијација за локална демократија АЛДА, Ивана Петровска се осврна на долгогодишното работење на АЛДА во областа на локалниот развој и демократија, и соработките кои ги има АЛДА со надлежните министерства и локални самоуправи. Европските перспективи се сеопфатна тема која ја третираат повеќе институции и организации, а од друга страна децентрализацијата исто така останува една од актуелните теми во Македонија. Но, увидовме дека во последните години, иако овие две теми се многу актуелни, не постојат ниту истражувања, ниту настани, ниту се зборува на тема која може да биде улогата на локалната самоуправа во европските интеграции, изјави Петровска. 6

УЛОГАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Ана Блажеска, Државен секретар на Секретаријатот за европски прашања на Македонија Билјана Цветановска Гугоска, Државен секретар на Министерството за локална самоуправа на Македонија Криспер Фигуероа Мојца, Програмски менаџер во Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Лазар Котески, Градоначалник на Општина Новаци Оваа панел дискусија претставуваше општ преглед на местото на локалната самоуправа во процесот на евроинтеграција и имаше за цел да одговори на прашањата за вклученоста на локалната самоуправа во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија. Панелот беше отворен од страна на Ана Блажеска, државен секретар на Секретаријатот за европски прашања на Р. Македонија потенцирајќи ја потребата од вакви форуми кои ја опфаќаат темата за европската интеграција од перспектива на локалните власти и каде би се посадиле никулците на визионерско и стратешко размислување за улогата на локалната самоуправа во процесот: Во многу аспекти општините имаа клучна улога во процесот на европски интеграции и од тука произлегува нивната обврска, должност и право да бидат вклучени повеќе во овој процес. Јакнењето на капацитетите на општините би требало да се направи на еден системски начин со долгорочен фокус и посеопфатно планирање. За Билјана Цветановска Гугоска, државен секретар на Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија, улогата на локалната самоуправа треба да биде прикажана преку призмата на повеќеслојното владеење и креирањето на интерактивни политики, преку вмрежување и заедничко пристапување на локалните самоуправи, истакнувајќи дека од исклучителна важност за локалната самоуправа и за зголемувањето на нејзиниот импакт врз креирањето и имплементирањето на политиките на Eвропската унија е да се вметне принципот на почитување на правото на локалната самоуправа во утврдување на нејзината траекторија на движење односно во утврдување на иднината на нејзините граѓани. Претставникот на делегацијата на Европската Унија во Р. Македонија, Криспер Фигуероа Мојца, се надоврза на презентациите на претходните говорители во однос на европските политики и перспективи, потенцирајќи дека општините треба да ги користат предностите на меѓуопштинските соработки, и да се насочат кон приватно-јавни партнерства со цел остварување на нивните приоритети. 7

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котески ги претстави успешните проекти на општината и улогата која тие ја имаат во унапредувањето на локалниот развој на руралните средини истакнувајќи: Целта на овој форум е сите заедно да продискутираме за процесот на европска интеграција на Република Македонија, меѓусебно да си размениме знаења и искуства, да проговориме за дадените можности и степенот на користењето на европските фондови со посебен осврт на улогата на општините односно локалната самоуправа во целиот овој процес. Општина Новаци е една од ретките рурални општини во државата која може да се пофали со солидно искуство во имплементацијата на европски проекти. Досега имаме реализирано три проекти од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013 година. ФОНДОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: АЛАТКИ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ Н.Е. г. Кристиан Тимоние, Амбасадор на Република Франција во Македонија Дидие Дубуасет, Претседател на ЛАГ Виши Оверњ Франција Емилија Героска, Директорка на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Илмиасан Даути, Советник за децентрализација и локален развој, УНДП Оваа сесија беше посветена на споделување искуства и добри практики и примери од спроведувањето на ИПА проекти, меѓугранична соработка и други европски програми со цел да се поддржи локалниот развој. За локалниот развој од клучно значење е меѓусебната соработка помеѓу институциите, локалните власти граѓанските организации. Различните профили на говорителите овозможија да се претстават различни примери и искуства за спроведување на европски програми на локално и регионално ниво во Македонија и во Франција. Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Н.Е. Тимоние изјави Македонија се разбира дека може да го даде својот придонес, но и да ги ползува сите средства кои се на располагање преку ЕУ и кои можат да помогнат во унапредување на единиците на локалната самоуправа. За да може да се има пристап до тие фондови потребно е да има вистинско планирање, но искористено со огромно знаење и затоа тука е неопходна целокупната билатерална помош која ќе и помогне на Македонија да ги искористи тие европски фондови. Таа соработка со едниците на локалната самоуправа и Франција беа многу присутни особено последните години, со локалната самопурава на Нормандија каде што имаше голем проекти. Дидие Дубуасет - Претседател на ЛАГ (Локална Акциона Група) Виши Оверњ од Франција, го претстави акцискиот план LEADER 2014 2020 кој се спроведува во областа Виши Оверњ и изрази интерес за поддржување на соработки со заинтересирани 8

чинители од Македонија. Тој ја истакна важноста на локалните акциони групи во спроведување на европски проекти преку соединување на различни чинители за исти цели за територијален развој. Емилија Героска- Директорка на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги претстави проектите кои ги спроведува Центарот со поддршка на европските фондови. Пелагонискиот регион е еден од водечките во однос на спроведување на европски проекти и неговите жители сведочат за бенефитите од овие проекти: обновени патишта и плоштади, купени нови возила за гаснење пожар, обновена зоолошка градина итн. Героска истакнува дека најголемата придобивка од спроведување на европски проекти е всушност создавањето на долгорочен човечки капитал за спроведување на капитални проекти и создавање на долгорочни врски не само со соседните земји туку и на локално ниво. Центарот за развој на Пелагонискиот регион не само што аплицира за европски фондови но исто така им помага на општините во подготовката на апликации и спроведувањето на проекти. Илмиасан Даути, Советник за децентрализација и локален развој во Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) ја истакна важноста на меѓуопштинската соработка и позитивните резултати за локалниот развој од ваквата соработка. И ги претстави наодите од спроведеното истражување Анализа на постоечките практики и тековните политики на меѓуопштинската соработка со препораки за натамошно унапредување на меѓуопштинската соработка ЗБРАТИМУВАЊЕ НА ГРАДОВИ И ЕВРОПСКА СОРАБОТКА Ан Лемоан, Кординатор на програмата за соработка Нормандија Македонија Јадранка Стефковска, Советник за локален економски развој, Општина Велес Гоце Љубиновски, Директор, Центарот за одржилв развој на заедницата од Дебар Ана Дита, Oдговорна за развој на проекти во АЛДА Збратимување на градови и европската соработка се две алатки со чија помош локалните власти можат да го поттикнат локалниот развој благодарејќи на меѓународните размени. Збратимувањето на градови е исто така алатка за развој на долготрајни односи помеѓу локалните власти во Европа. Програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија, веќе 10 години активно поттикнува збратимувања на градови од двете територии со цел јакнење на локалниот развој. Лемоан ги претстави придобивките од ваквиот начин на соработка за општинската администрација и за локалното население. Нејзината презентација беше поткрепена со два примери на успечна соработката во рамки на оваа програма помеѓу Велес и Шербур и Иф и Дебар. 9

Соработката помеѓу Велес и Шербур постои повеќе години и активна е на повеќе полиња, каде особено место зазема размената помеѓу гимназиите од двата града, истакна Јадранка Стефкова, преку неколку примери и фотографии. Љубиновски зборуваше за успешноста на активностите на збратимените градови Иф и Дебар преку вклучување на граѓанските организации. Оваа соработка помеѓу два града претставува позитивен пример за вклучување на сите чинители на локално ниво во насока на развивање и активно учество во локалниот живот. Панел дискусијата беше затворена со кратка презентација на Европската асоцијација за локална демократија АЛДА од страна на Ана Дита. Таа истакна дека за остварување на локалните и европските перспективи многу е битно сите чинители заедно да растат и да се развиваат, а тоа е возможно само преку соработка и поддршка. АЛДА продолжува активно да работи во насока на промовирање на доброто локално владеење и локалната демократија. ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ЕУ ПЕРСПЕКТИВАТА Елена Петкановска, Министерство за локална самоуправа Себастиан Ботро-Бонтер, Амбасада на Република Франција во Македонија Територијалната организација за ЕУ перспективата беше претставена преку примерот на реформата за децентрализација во Франција и програмата за одржлив локален развој и децентрализација во Р.Македонија. Процесот на децентрализација е константен процес кој ги следи постојаните текови на општествена и политичка еволуција. Оттука моделите на владеење и административно организирање трпат постојани промени и треба да се адаптираат на глобалните текови. Елена Петкановска, од Министерството за локална самоуправа ја презентираше Програмата за одржлив локален развој и децентрализација во Р. Македонија 2015-2020. Одржливниот локален развој е сеопфатна тема која засега голем број на институции и чинители на повеќе нивоа: централно, регионално и локално. Затоа, пристапот кон децентрализацијата и локалниот развој треба да биде кохерентен и партиципативен. Петкановска ги претстави новите правци во реформите на локалната самоуправа во Р.Македонија преку користењето на територијалниот пристап, и нагласи локалните власти треба да се зајакнат за да бидат рамноправен партнер во едно повеќеслојно владеење во однос на централната власт бидејќи тие се основните двигатели на развојот. 10

Реформата на процесот на децентрализација во Франција, нејзините предизвици и перспективи беше претставена од страна на аташето за соработка со француската амбасада во Скопје, г. Ботро-Бонтер., преку хронолошки приказ на француската територијална организација и нејзината комплексна структура на децентрализација. Франција е земја со сложен систем и неколкустепен систем на децентрализација. Франција административно е поделена на општини, департмани и региони а дополнително постојат форми на меѓуопштинска соработка како т.н. агломерации, заедница на општини или области. Во 2015 година Франција започна реформа во територијалната организација со која се обединија некои региони и моментално наместо 22 има 13 региони. Исто така, се предвидува целосно префрлање на надлежностите на департманите кон општините и регионите. Целта е да се зајакнат одредени територијални единици, да се намали бројот на администрацијата и да се обезбеди ефикасност на децентрализираниот систем. Презентацијата беше завршена со заклучокот во време на брутална и несигурна глобализација имаме потреба од силна централна власт, но истовремено ние како граѓани очекуваме поголемо учество во процесите на донесување на одлуки и дијалог. Преку процесот на децентрализација би можеле да ја решиме оваа дилема. Во дебатата која следеше, се вклучија и другите учесници и беше посочено дека е неопходно механизми за соработка помеѓу сите институции и локалните власти. ЕУ ФОНДОВИ: СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО ОПШТИНИТЕ Елизабета Марковска Спасеноска, SMS консалтинг Елизабета Буова, Секретаријат за европски прашања Милена Димитровска, Фондација ПРЕДА Ивана Петровска, Директорка на АЛДА Скопје Презентација и дебата за структурните промени потребни за прилагодување на општините кон програмите на финансирање на Европската унија: мониторинг и евалуација на влијанието, мотивацијата на вработените, внатрешната организација - врз основа на наодите од истражувањата. Елизабета Буова од Секретаријатот за европски прашања ја претстави работата на Центарот за обуки. Центарот за обуки е составен дел на Секретаријатот за европски прашања и негова основна цел е зајакнување на капацитетите на институциите за прашања поврзани со европската интеграција. Центарот располага со група на експертиобучувачи од државната администрација. Центарот за обуки спроведува Анализа за потреба од обуки и врз основа на тоа прави годишна програма за обуки. Од минатата година Центарот за обуки се посветува на обуки за општините и центрите за регионален развој. Истражувањето на АЛДА покажа дека конктинуирано и систематизирано јакнење на капацитетите за менаџирање на ЕУ фондови е неопходно за вработените во општините. 11

Елизабета Марковска Спасеноска од СМС консалтинг зборуваше за Интегриран систем на планирање, следење и оценка. Потребно е секоја институција да биде фокусирана кон резултати. За тоа е важен интегрираниот пристап на стратешко планирање на ниво на општината. Истражувањето на АЛДА покажа дека спроведувањето на европските проекти е комплексно и често опфаќа повеќе области а со тоа и одделенија во самата општина: финансии, јавни набавки, животна средина итн. Затоа, внатрешната организација на општината треба да биде адаптирана за да може да одговори на потребите на европските проекти. Исто така, европските програми на кои општината аплицира треба да бидат во согласост со стратешките цели на самата територија. Милена Димитровска од Фондацијата ПРЕДА го претстави своето истражување на тема мотивирање на лицата кои работат на европски проекти. Таа истакна дека најважните фактори за мотивирање на лицата се добивање еден вид на награда за вложениот труд, независно дали се работи за парична или друг вид на награда. Истражувањето на АЛДА покажа дека мотивацијата е една од главните проблеми кај вработените во општините за аплицирање и спроведување на ЕУ проекти. Всушност, вработените во општините кои се задолжени за ЕУ проекти најчесто се задолжени за многу прашања и оваа обврска им е дополнителна. Бидејќи не добиваат никаква финансиска или морална сатисфакција од раководење со тие европски проекти, многу е потешко да бидат мотивирани да работат како промотори на ЕУ проекти во нивната општина. 12

ПРЕЗЕНТАЦИИ НА РАЗЛИЧНИ ЕВРОПСКИ ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ИПА И ИПА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА Охридеја Каљошевска, Секретаријат за европски прашања Софче Зафировска, Секретаријат за европски прашања Нита Крлиу, Министерство за локална самоуправа Гоце Толевски, Заеднички технички секретаријат на прекуграничната соработка Албанија Македонија Со оваа презентација беше опфатена програмата на Инструмент за претпристапна помош ИПА за периодот 2014/2020: заедно со нејзините приоритети, повици за проекти, и модалитети. Претставниците на Секретаријатот за европски преашања, Орхидеја Каљошевска и Софче Зафировска ги повикаа претставниците на општините и граѓанските организации поактивно да се вклучат во аплицирањето за ИПА фондовите и да ги следат сите повици поврзани со оваа програма. Општа презентација на европските програми достапни за општините, како и презентација на моменталната состојба на ИПА прекуграничната соработка, беше направена од страна на Нита Крлиу од Министерството за локална самоуправа. Таа ја претстави организацијата, предвидени повици и досегашните искуства. Крлиу ги потенцираше напорите на Министерството и на Владата на Р. Македонија во насока на поедноставување на условите и критериумите, пред се финансиски, со цел поголема достапност на овие фондови до заедниците на локалната самоуправа и граѓанските организации кои работат во делот на локален развој. 13

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е финансиски механизам на Европската Унија за поддршка на земјите аспиранти за членство во ЕУ. Првата етапа на ИПА I го опфати периодот 2007-2013 година и се состоеше од 5 компоненти: 1) Транзициска помош и институционална надградба, 2) Прекугранична соработка, 3) Регионален развој, 4) Развој на човечки ресурси и 5) Рурален развој. За програмскиот период од 2014-2020 година ИПА II ги заменува компонентите со секторски пристап. Република Македонија е корисник на ИПА фондовите и во двата програмски периоди. Секретаријатот за европски прашања е координатор на ИПА во Р. Македонија. За повеќе информации: www.sep.gov.mk. Прекуграничната соработка е дел од ИПА инструментот и во двата програмски периоди. Во моментов Р. Македонија има 4 активни програми за прекугранична соработка: со Грција, Бугарија, Албанија и Косово. Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Србија ќе биде отворена во 2017 година. Во рамките на програмите за прекугранична соработка, голем број на општини, јавни институции и граѓански организации можат да аплицираат за финансиски средства за соработка со партнери од овие соседни земји. Во програмскиот период 2007-2013 година, искористеноста на средствата за прекугранична соработка беше на високо ниво. За повеќе информации: www.mls.gov.mk. 14

ХОРИЗОН 2020: РАМКОВНА ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И ИНОВАЦИИ Марко Боариа, раководител на секторот за финансирање и развој на проекти во АЛДА Марина Николовска - Министерството за образование Оваа сесија претставуваше можност да се презентира програмата ХОРИЗОН 2020, раководена од министерството за образование, и можностите за вклучување на локалните самоуправи во оваа програма. Марина Николовска, одговорна за програмата ХОРИЗОН 2020 во Министерството за образование, ги претстави правилата и условите за учество на повиците и користење на средставата од оваа програма. Г. Боариа, го претстави искуството на АЛДА во учество и спроведување на проекти во рамки на ХОРИЗОН 2020 и нејзините добри практики на европско ниво. Хоризон 2020 е рамковна програма на Европската унија за истражување и иновација. Оваа програма е продолжување на 7мата Рамковна програма. Со вкупен буџет од 80 милјарди евра за периодот 2014-2020 година, оваа програма една од најголемите и најзначајните програми на ЕУ. Во програмата учествуваат универзитети, истражувачки центри, тинк-тенкови, граѓански организации, локални власти и приватни компании. Целта е да се поттикне економски развој преку иновација и истражување. Неколку македонски универзитети и истражувачки центри се дел од оваа програма. Од локалните власти, само Град Скопје зел учество во неколку проекти финансирани од оваа програма. Во Македонија, институција која е надлежна за оваа програма е Министерството за образование и наука. За повеќе информации: https://ec.europa.eu/programmes/horizon20 20. 15

ЕРАЗМУС +: ЕВРОПСКАТА ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, МЛАДИ И СПОРТ Александар Богојевски, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Новица Костојчиноски, Советник за јавни набавки во општина Вевчани Ана Дита, Одговорна за развој на проекти во АЛДА На оваа сесија Александар Богојевски ја претстави програмата Еразмус плус со фокус на можностите кои ги нуди оваа програма за општините во Македонија. Ана Дита преку прашања-одговори се осврна на практичниот дел на аплицирање за грант во програмата Еразмус плус. Новица Костојчиновски од Општина Вевчани ги илустрира придобивките од програмата Еразмус плус преку конкретен пример за соработка на млади лица. Општина Вевчани има учествувано два пати во програмата Млади во акција која и претходеше на програмата Еразмус плус. Проектите на Општина Вевчани се однесуваа на младински размени со Општината Ерменвил од Нормандија. Во рамките на овие младински размени, млади лица од Вевчани патуваа во Франција а потоа беа домаќини на нивните пријатели од Ерменвил. Размените беа на тема морето и планината и младите имаа прилика да се запознаат подобро со француската култура. Исто така, програмата овозможи формирање и опремување на Младинскиот центар во рамките на Општината. Всушност, Општина Вевчани е единствена општина од Македонија која беше дел од во оваа програма а резултатите беа видливи во цела заедница. Еразмус плус е програма за млади, обука и образование на Европската унија. Целта е да се зголеми мобилноста на млади, студенти, професори, волонтери, младински работници во рамките на ЕУ и пошироко притоа промовирајќи ги европските вредности и доживотното образование. Во програмата имаат право на учество: универзитети, училишта, образовни институции, граѓански организации, центри за обука, приватни компании итн. Оваа програма е веќе добро позната и користена во Македонија. Националната агенција за европски програми и мобилност е институцијата одговорна за оваа програма во Р. Македонија. За повеќе информации: www.na.org.mk. 16

ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИТЕ 2014/2020 Марко Боариа, раководител на секторот за финансирање и развој на проекти во АЛДА Горан Митевски, раководител на сектор Општина Куманово Оваа презентација беше можност учесниците да се запознаат со програмата Европа за граѓаните 2014/2020, распоредот на повици, начините и модалитетите на аплицирање. Презентацијата беше направена од страна на Марко Боариа од АЛДА која е водечка организација во Европа во спроведување на проекти во рамките на програмата Европа за граѓаните. Од друга страна, Горан Митевски, претстави конкретен пример на проект во рамките на оваа вропска програма спроведен од општина Куманово во партнерство во АЛДА. Тој истакна дека ваквите проекти се од огромно значење за локалниот развој и отворање на општините на европско ниво. Вклучувањето во вакви проекти не само како носители на проекти, туку и како партнери има големи бенефиции за развојот и јакнење на општинските капацитети, како и за јакнење на капацитетите и отворање кон светот на локалното население. Учесниците на презентацијата покажаа интерес за за оваа европска програма. Нивните прашања особено беа насочени во делот како до наоѓање европски партнери и кој вид на идеи за проекти најчесто се финансираат. Во таа насока, беа поделени во две групи и сами успешно создадоа предлози за проекти. Европа за граѓаните е програма на Европската унија која е најинтересна за локалните власти. Целта на програмата е да се промовираат европските вредности, да се поттикне граѓанското учество, да се подигне свеста за заедничко европско минато. Општините се едни од најважните носители на проекти во рамките на оваа програма преку две мерки: збратимување на градови и мрежа на градови. Со овие две мерки општините од Македонија би можеле да ги финансираат своите активности за соработка со нивните збратимени општини од ЕУ и Балканскиот регон. Исто така, можат да развиваат тематски размени со други градови во разни области: екологија, животна средина, култура итн. Неколку општини од Македонија веќе учествувале во оваа програма, на пример Новаци, Аеродром, Куманово итн. За повеќе информации: http://eacea.ec.europa.eu/europe-forcitizens_en 17

ТРЕНИНГ-СЕСИИ Ана Дита, одговорна за развој на проекти во АЛДА Марко Боариа, раководител на секторот за финансирање и развој на проекти во АЛДА Тренинг сесиите се одвиваа паралено со презентациите и дебатите и беа наменети за учесниците заинтересирани за раководење со проектен циклус, креирање на логична рамка за проект, и изработка на буџет за проекти. Тренинг сесиите беа спроведени од професионални обучувачи од АЛДА, Ана Дита и Марко Боариа. Двајцата имаат долгогодишно искуство во полето на раководење и пишување проекти. За време на обуките посебен акцент беше ставен на практичните делови од раководење со проектен циклус, техниките за креирање на логична рамка за аплицирање за европски проекти, и на основите за изработка на буџет за европски проекти. Исто така беа појаснети очекувањата, предизвиците и кретериумите на повиците за проекти на Европската Унија. 18

ИСТРАЖУВАЊЕ КОРИСТЕЊЕ НА ЕУ ФОНДОВИТЕ ОД СТРАНА НА ОПШТИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Ивана Петровска, директорка на АЛДА Скопје Анализи и заклучоци од истражувањето спроведено од АЛДА Скопје, во рамките на програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија. Истражувањето дава општа слика за користењето на ЕУ фондовите од страна на општините како и нивните капацитети за управување со европски проекти. ЗАКЛУЧОЦИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО Општините во Република Македонија се корисници на различни европски фондови и програми. Во програмскиот период 2007-2013, општините реализирале проекти во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 1), пред сè во втората компонента Прекугранична соработка, како и во дел од Програмите на Унијата: ФП7, Европа за граѓаните, Прогрес, Млади во акција, Доживотно учење и Европа за граѓаните. Во програмскиот период 2014-2020 година за општините се достапни средства во рамки на секторот Регионална и територијална соработка на ИПА 2, како и следните Програми на Унијата: Хоризонт 2020, Косме, Програма за вработување и социјални иновации, Креативна Европа, Еразмус Плус, Живот плус и Европа за граѓаните. Целта на ова истражување е да даде објективна анализа на користењето на европските фондови од страна на општините, односно да ги проучи клучните предизвици со кои се соочуваат општините при аплицирањето и спроведувањето европски проекти, и да предложи мерки за поголемо вклучување и поквалитетно искористување на европските програми од страна на општините во Република Македонија. За таа цел беше спроведена анкета преку прашалник доставен до сите општини и беа реализирани интервјуа со повеќе општини и други релевантни чинители кои соработуваат со општините во контекст на европските фондови. Преку одговорите беа идентификувани повеќе аспекти поврзани со начинот на кој општините учествуваат во европски проекти и истите беа систематизирани во две категории - капацитетите на општините за европски фондови и соработка во рамки на ЕУ проекти. Под капацитети на општините се разгледуваат прашања поврзани со: внатрешната организација на општините и кадарот за аплицирање и спроведување ЕУ проекти со кој тие располагаат; административните капацитети на општините за аплицирање за европски проекти, степенот на информираност и можностите за стручно усовршување и обука; капацитетите за управување со европски проекти и користењето надворешна помош, односно консултантски услуги; 19

предизвиците со кои се соочуваат општините при аплицирањето и спроведувањето европски проекти, пред сè процедурите, обезбедувањето сопствени средства за кофинансирање, наоѓањето партнери и јазичната бариера. Во делот соработка на општините во рамки на ЕУ проекти се разгледува: поширокиот контекст на европска интеграција и учеството на општините како важен чинител во тој процес; учеството на општините во процесот на координација и планирање на европските фондови кој го водат централните власти; соработката помеѓу општините и соработката со различни партнери како што се граѓански организации, јавни установи, приватен сектор итн; перцепцијата на општините за придобивките од спроведувањето европски проекти. Истражувањето резултира со низа наоди кои ги утврдуваат слабостите во процесот на користење европски фондови и формулира соодветни препораки за нивно надминување, и тоа: Општините не се целосно вклучени во процесот на европска интеграција. Потребно е да се направи детален преглед на нивните надлежности во процесот и да се создадат услови за зајакната и институционализирана интеракција со другите чинители од областа на евроинтеграциите, како што се централните власти и европските институции. Иако постои општа позитивна перцепција за потребата од спроведување европски проекти, и на техничко и на политичко ниво, потребно е дополнително да се промовираат придобивките од европските проекти, особено оние кои не се конкретни и видливи како инфраструктура, набавки и слично. Општините се отворени за проектна соработка со партнери како што се други општини, граѓански организации, универзитети и компании од земјата и странство. Сепак, потребно е да се развие долгорочен пристап кон градењето партнерства и да се поттикне користењето на различни механизми како што се меѓуопштинска соработка, членство во европски мрежи, збратимување, учество на различни настани и форуми итн. Општините веќе имаат изградено капацитети за аплицирање и спроведување европски проекти. Сепак, постои потреба да се развие системски пристап кон процесот на јакнење на административните капацитети кој ќе опфати планирање на стручното усовршување и обука, соодветна внатрешна организација, политика на задржување на кадар и јакнење на свесноста за улогата на службениците и организациските единици кои работат на ЕУ фондови во рамки на општините. Постојат системски предизвици за општините при аплицирањето и спроведувањето европски проекти за кои е потребно да се развијат нови решенија преку дијалог со националните и европските власти. Во тој процес потребно е да се зајакне улогата на институциите и организациите чијашто мисија е застапување на интересите на општините на национално и европско ниво. 20

ЗАКЛУЧОЦИ Форумот Европски перспективи за локалната самоуправа е прва средба од ваков вид во Македонија. Беа организирани 6 панел дискусии, 4 презентации и 4 тренинг сесии на кои збор зедоа 30 говорители, експерти во овие области а учествуваа повеќе од 80 учесници од општини, министерства, институции и граѓански организации. На Форумот беа донесени следните заклучоци: Процесот на европска интеграција е клучен процес за развој на политиките во Република Македонија. Општините се значајни чинители кои имаат широк дијапазон на надлежности и спроведуваат голем дел од обврските на државата за влез во ЕУ. Затоа, треба да биде истакната значајната улога на локалните власти во процесот на евроинтеграции. Како важни чинители во процесот за евроинтеграции, општините треба да добијат соодветно место и поголема вклученост во целиот процес: дискусија за законодавство, спроведување на европски закони, планирање на програмите на ЕУ, мониторинг и евалуација на ЕУ програмите итн. Преку пристапот на повеќеслојно владеење (multilevel governance), потребно е зголемување на импактот на локалните власти во имплементирањето на политиките на ЕУ притоа почитувајќи го правото на локалната самоуправа во утврдување на иднината на нејзините граѓани. Европските фондови претставуваат алатка на општините за остварување на нивните надлежности за подобар живот на граѓаните притоа подготвувајќи се за влез во Европската унија. Со цел да се подобри апсорпцијата на европски средства кај општините во Р. Македонија потребен е сеопфатен пристап за нивно вклучување во планирање на средствата, континуирано јакнење на нивните капацитети и воведување на долгорочни системски промени во самите општини. Поради недостаток на капацитети кај општините за спроведување на комплексни проекти од европски размери, општините можат да се потпрат на придобивките на различните форми на здружување: меѓуопштинска соработка и Центрите за регионален развој. По принципот на територијален пристап, се препорачува општините да остваруваат соработка со различни територијални чинители (јавни установи, граѓански организации, приватен сектор) за развој на европски проекти. Само преку вклучување на сите засегнати страни на локално ниво (multistakeholder approach) може да се придонесе за долгорочен европски развој. Спроведувањето на европски проекти овозможува директни бенефиции за граѓаните. Покрај тоа, спроведувањето на ЕУ проекти значи исто така постојано унапредување на работењето на општините, јакнење на капацитетите на лицата вклучени во проектите и создавање на т.н. невидлив капитал кој долгорочно носи придобивки за општината. Mеѓународната соработка на општините со своите соседи, на регионално и европско ниво го олеснува вклучувањето на општините во европски проекти. Децентрализираната соработка е форма на размена на искуства на локалните 21

власти со други европски земји со што не само што се јакнат капацитетите туку и се развиваат нови идеи за територијален развој. Вмрежувањето на општините овозможува подобро застапување на нивните интереси на национално и европско ниво. Здружени, општините можат полесно да ги застапуваат своите интереси во европските политики да ја истакнат својата важност во процесот на европски интеграции. Потребно е системски пристап со долгорочен фокус во однос на јакнењето на капацитите на општините за нивно поголемо учество во процесот на европските интеграции како и реализирање на европски програми. Важно е да се инвестира во развој на човечки ресурси во рамките на општините врз основа на остварени анализи и истражувања за моменталната состојба, потребите и приоритетите. Одржување на форуми, дебати, обуки и средби на кои се дискутираат прашањата за европска интеграција, децентрализација и локален развој се од голема важност за подигнување на свеста на централните и локалните власти за потребата за вклучување на сите чинители во овие процеси како и развој на иновативни идеи за територијален развој со европска перспектива. 22