Обука за менаџирање на стрес на работно место Обуката за стрес се спроведува преку 27 часа теоретски дел -обука (спроведена во 6 сесии, секоја во траење од 4, 5 часа), и една индивидуална средба за поддршка (туторијал) со секој учесник посебно, на која ќе има простор да се даде дополнителна индивидуална поддршка во разјаснување на концептите од обуката и индивидуалниот развој кој е неопходен за надминување на стресот. Дополнително во склоп на програмата предвидени се и теренски задачи, кои ќе го надополнат искуственото учење. I ДЕФИНИРАЊЕ НА СТРЕС Дефинирање на стрес (4,5 ч.) Цел: Учесниците станат свесни за ефектите кои ги предизвикува стресот во секојдневието Дефинирање на стрес. Основна дефиниција на стрес (периодичен, хроничен, акутен стрес), како се манифестира на нас. Позитивен стрес. Дефинирање; како влијае на нас; важноста на стресот во самореалилзација и креативност; Како стресот влијае на нашето здравје? Лачење на хормон, скриени резерви, болести и сл. general adaptation syndrome; баланс; Како се открива коренот на стрес? Реакции на стрес (емоционални, физички и сл.) Индивидуално дефинирање на ниво на стрес на учесник. Колку се свесни за нивото на свест на физичко, емоционално ниво? Кои симптоми ги имаат, или сл. (прашалници и сл.) Претставување на личен стрес дневник Овој сет на предавања ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со стресот генерално, односно да станат свесни дека стресот е неизбежен дел од нашето секојдневие и е состојба во која секој може да се најде. Се очекува дека ваквиот пристап ќе им овозможи понатаму во обуката посоодветно да го идентификуваат стресот на различни нивоа, првенствено на работа. Според тоа преставува основа за стресот врз која ќе се идентификуваат конкретните предизвикувачи на стрес и ќе се совладуваат техники за справување со стрес.
Поспецифично учесниците ќе се запознаат со различните аспекти на стресот, прво со неговото негативно влијание на балансот на телото кое се случува доколку не се менаџира соодветно, но потоа и со позитивен стрес како еден од основните мотиватори за напредок на една индивидуа. Учесниците преку интерактивни презентации и дискусии подетално ќе се запознаат со видови на стрес, кога се јавува стрес и што му се случува на организмот во состојба на стрес, како стресот влијае на здравјето, што е general adaptation syndrome, што е еустрес и зошто е добар. Истовремено учесниците ќе научат да препознаваат симптоми на стрес на лично ниво како прв чекор во процесот на негово менаџирање (справување). По добивањето на објективна престава за оваа состојба учесниците ќе направат првична анализа за нивното ниво на стрес кое ќе биде основа за понатамошно себеспознавање и совладување на техники за справување со стрес. Дефинирање на организациски стрес- (4,5ч) Цел: Да се дефинира и идентификува стресот на работно место и главните аспекти кои придонесуваат кон тоа; Стресори на работно место Промени на работно место; На овој сет на предавања учесниците ќе имаат можност подетално да го разгледаат стресот во специфичен контекст- на работно место. Ќе имаат можност да идентификуваат главни стресори на работно место (вообичаени и индивидуални), што ќе им овозможи да станат свесни за потенцијалната закана за личен дисбаланс, а истовремено ќе се поттикнат да размислат дали изворот на стрес е од објективна или субјективна природа; ќе направат анализа на нивното професионално опкружување и ќе им бидат презентирани различните вредностите и промените како едни од главните причинители на стрес. Акцентот ќе се стави на оспособување на учесниците да станат свесни за сопствените непроменливи вредности и приоритети тргајќи од фактот дека луѓето кои имаат поголемо ниво на свесност за сопствените потреби полесно се справуваат со ситуации во кои истите се предизвикуваат. II СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС Справување со стрес на работно место (9 ч.) Цел: Учесниците да ја согледаат важноста од ефективната комуникација во справување со стресот на работно место и професионалниот напредок; учесниците да совладаат техники за воспостаување на ефективна комуникација;
Блок 1 (5ч): Комуникациски вештини на работно место (модел на комуникација; фидбек; активно слушање) Блок 2: (5ч) Јас пораки Асертивност Чувства и однесување Еден од главните предизвикувачи на стрес на работно место е неефективна комуникација која многу пати доведува до недорабирања и конфликти. Од друга страна ефективната комуникација остава простор секој вработен да ги максимизира своите потенцијали преку воспоставување на здрава и конструктивна комуникација со колегите. Затоа на овој сет на предавања предвидено е вработените да се запознаат со клучните компоненти на ефективна комуникација како што се активно слушање, модел на комуницирање (како се случува комуникација и што може да ја прекине), давање/примање на фидбек (техника која ќе им овозможи да го подобрат својот перформанс и комуникацијата со колегите), како и да научат која е предноста на асертивната комуникација наспрема агресивната и пасивната комуникација, кои често предизвикуваат конфликт. Предвидено е да се стави акцент на искуствено учење, односно се очекува површно презентирање на темите, со цел учесникот да се заинтригира самиот да предизвика учење преку пактични примери и различни вежби. По овој сет од предавања се очекува учесниците да ги совладаат основните техники на ефективно комуницирање, да се поттикнат да ги согледаат бенефитите од истите, како и да ги подобрат нивните комуникациски вештини. Субјективен стрес (4,5 ч.) Цел: Учеснците да согледаат како самодовербата и личната перцепција влијаат на созадавањето и справувањето на/со стрес на работно место; Учесниците да станат свесни за нивното ниво на самодоверба и начинот на кој ги перцепираат нештата; Врската помеѓу самопочитта и намалувањето на стрес; Да ја согледаат врската меѓу личната перцепција и стрес. Перцепција; Snowball Effect of Thinking; negative self talk; Воспотавување на баланс во животот (личен живот- работа) Избегнување на стрес што не може да се избегне (4,5ч)
Цел: Учесниците да научат како ефективно да се справуваат со стрес што не може да се избегне преку самомотивирање избегнување на дополнително иритирање: менаџирање на време и приоритизирање; Да идентификуваат каде трошат време (преку проценка или преку мерење) делегирање на задачи (менаџмент); барање на сатисфакција; TL/TS Себемотивација. Презентација на техники за себемотивација (30 мин.) На ова предавање учесниците ќе се оспособат со техники за справување со стрес во ситуации кога тој е неизбежен. Учесниците ќе се поттикнат да размислат за нивното однесување во такви ситуации и ќе им се претстават ситуации кои најчесто предизвикуваат дополнително иритирање и со тоа го зголемуваат нивото на стрес- лошо планирање на задачи и време; неспособност да се постават приоротети и немоќ да се најде сатисфакција во работата. Ќе им се презентираат конкретни техники како да се справат со вакви ситуации и како да се мотивираат во стресни ситуации. Се очекува дека учесниците ќе стекнат практични вештини за справување со дополнителните иритирања и дека ќе станат способни во иднина успешно да ги надминуваат ваквите ситуации. ЗАДАЧИ: Стрес дневник Стрес инвентар Обзервации Во текот на обуката од учесниците ќе се побара да водат стрес дневник кој ќе ги поттикне да се анализираат себеси во секојдневните стресни ситуации. Ваквиот пристап ќе овозможи полесно да ја поврзуваат теоријата со праксата и ќе им остави простор да отворат некои прашања за време на обуката со што ќе се отворат можности за поголемо учење. Истовремено ќе ги поттикне учесниците активно да ги следат изворите на стрес и нивните реакции со што ТУТОРИЈАЛИ: Со секој учесник ќе се одржат по два туторијала, во траење од 30 мин. Целта на туторијалите е да се остави простор за поголема рефлексија, тргнувајќи од тоа дека справувањето со стес не може да се случи се додека индивидуата самата не одлучи да го направи тоа. Првиот туторијал е по втората сесија,откако учесникот ќе се навикне на начинот на работа и ќе се запознае со
рефлексија. Преку овој туторијал секој учесник ќе треба да се поттикне на рефлективно размислување, кое е клучно за успех на обуката. Вториот туторијал е по последната сесија и целта е да се заокружи процесот и да се даде дополнителна поддршка на учесникот доколку е потребна. Се претпоставува дека во оваа фаза учесниците ќе имаат развиено пообјективен пристап кон себе и својата околина, па ќе се остави простор за подетална себеанализа и усвојување на конкретни механизими за справување со стрес. ЛИТЕРАТУРА: 1. Handbook of multicultural perspectives of stress and coping, edited by Paul T. P. Wong, Lilian Chui Jan Wong (http://books.google.mk/books?hl=en&lr=&id=ibklb5m7kfkc&oi=fnd&pg=pr5&dq=values+and+stress+at+work+scho larly+articles&ots=r5efnkv4hu&sig=qigi-yceha7kovlks_duezmosss&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false) 2. Stress management for life 3rd ed.: A Research-Based Experiential Approach By Michael Olpin, Margie Hessonhttp://books.google.mk/books?id=snmX7mzDzqQC&printsec=frontcover&dq=stress+management&hl=en&sa=X&e i=jvpbudmte8hsoa6fgaac&redir_esc=y 3. The everything stress management book (za change и за самодверба и стрес), By Eve Adamson http://books.google.mk/books?id=hqoqhxl2rh0c&printsec=frontcover&dq=stress+management&hl=en&sa=x &ei=3brludhdbindswak0ocabq&redir_esc=y#v=onepage&q=stress%20management&f=false 4. Managing interruptions Productivity skills (PDF kniga) 5. Negotiating your workload (PDF kniga) 6. Individual differences and occupational stress perceived: a Croatian survey (PDF document) 7. A Qualitative Study of Work-Related Stress Among Male Staffin Hong Kong s Social Welfare Sector (PDF document) 8. Workplace and Personal Stress (PDF document) 9. The Culture Work- Health model (PDF document) 10. Communications and Stress Management (PDF document) Да се дополни со литература за асертивност и самодоверба