Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Структурно програмирање

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Коисмение.Штозначиме.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК Дискурзивно едукативна програма во рамки на наградата ДЕНЕС

ПР објави во медиуми

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

YEARS. Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот. Од Претседателот д-р Ѓорге Иванов

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Смислата на учењето на класичните јазици денес

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Редни броеви (или песни со посвета)

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

Обука за менаџирање на стрес на работно место

РАЗЛИЧНАТА УПОТРЕБЛИВОСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ПРОЕКТОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО : ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

Жените и културното гето: балкански перспективи

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

YEARS. 25 години од донесување на "Конвенцијата за правата на детето" Д-р Срѓан Керим OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

УЧЕСНИЦИ МЕНТОРКА: Анастасија Пандиловска. Весна Стојанова-Богоевска. Дејан Џолев

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

НОВИТЕ МЕДИУМИ И ОТСУСТВОТО НА КОРПОРАЛНОСТА:

Бенјамин Штајн ПЛАТНО

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА ГРИЖИТЕ. Христијанска Црква Оаза во Република Македонија

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Семејството и заедницата

Методи на финансиска анализа

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

ЛИТЕРАТУРНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО СОВРЕМЕН КОНТЕКСТ

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Таков сум - каков што сум: Не безгрешен, туку грешен, Гладен, страден, безутешен. Таков сум - како што сум, Немирен и смирен, недопирен,

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Преглед на државите во Западна Африка

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Проф. д-р Снежана Ставрева Веселиновска 1. Апстакт. Клучни зборови: реформи, ученици, нови типови на ученици, технологија, училишта.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО НАУКА ВО СВЕТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Margina #19-20 [1995] okno.mk 1

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

СТРАТЕГИЈА СО АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ СКОПЈЕ, Р. МАКЕДОНИЈА,

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

Dear Parents/Guardians,

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Transcription:

Ме боли (за) Струга Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

2

Издавач: Здружение за развој и активизам Аква Струга За издавачот: Благоја Грчески, претседател Автор: Јаков Попоски Наслов: Ме боли (за) Струга Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија. Финансиски поддржано од: Ставовите на авторот изразени во оваа публикација припаѓаат на авторот и издавачот и не нужно ги одразуваат ставовите на финансиерот. Струга, април 2018 3

Наместо вовед...што ако не постоеја браќата Миладиновци?... што ако нив не ги болеше за Струга?...што ако Струга немаше езеро и река?...дали на некој ќе го болеше за Струга ако немаше езеро и река?...што е култура?...дали некој го боли за културата?... или сеедно и да нема култура - ние пак ќе сме културни?... колку е културата важна за нагонот на спознавање и постигнување зрелост или има поголема среќа од таквата, а тоа е онаа која доаѓа со рамнодушноста?...дали сме толку заглавени во жив песок што културата е последно нешто за што би се фатиле за спас?...за што се фатија браќата Миладиновци кога заглавија во жив песок? 4

Ме боли (за) Струга Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија. 1. Констатирање на очигледното Денот почнува од очигледното, а тоа во случајов е она што не постои, што го нема, што е скоро заборавено, избришано од колективната меморија на оние кои денес се живи. Очигледното денес е она што не го гледаме, а сепак неизмерно постои како податок, како мерлива единица, како болка. Не постои култура во Струга. Да, очигледно не постои културен план, програма, публика и простор. Во една таква реалност останува да се обидеме да се сетиме на она што некогаш било. Како што дисконтинуитетот го сопрел создавањето, така го сопрел и сеќавањето и познавањето на она што може да се нарече културен живот во Струга. Па затоа креирањето на сликата за она што некогаш било е една сложувалка од фељтони, што пишани, што разговорни, од луѓе кои посведочиле на минатото. Таа слика ни е потребна како основен репер со кој ќе споредуваме она што денес можеме да го спознаеме без да размислуваме. На денешната состојба секако, влијаеше не само свеста, туку и социо-економските (не)прилики кои го затекнаа градот во долгиот период помеѓу транзицијата и травестијата. Сето ова без да се навраќаме на она за кое постојат само преданија и епови, за културната борба и сеењето на семето на писменоста од стружани за стружани, на браќата Миладиновци. 5

За верување е дека секој чул за нив и за нивната романтичарска битка, која завршила славно, но прерано. Она што останало е нивното дело и пред сѐ име, кое станало темел за понатамошната културна еволуција. Кога конечно се поставиле и темелите на општественото уредување, кога најмногу требало да се јави рационален глас на разумот, гласот се чул, јасно и гласно. Умните луѓе кои ја граделе новата, поствоена Македонија, се сетиле дека врзивното ткиво, кое треба прецизно да се инсталира во организмот Струга и истото да може автономно да опстојува е токму културата. И сето тоа започна онака како што му доликува, поетски и нестварно, со собир на македонските писатели и литературни читања во Струга, чествувајќи го јубилејот од издавањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. Ова потоа е препознаено како можност литературното читање да прерасне во поетска традиција и така композицијата од ентузијазам, езотерична природа и политичката волја доведоа до почеток на Струшките вечери на поезијата, најголемата и можеби најважната поетска манифестација во светот. Оттука започнува пишување на историјата. Најголемите поетски великани, од Мостот на Поезијата го испратиле својот глас да патува по Дримот и да стигне до Големата Вода која допира до сите. И како што Струшките вечери на поезијата му беа потребни на градот да го добие оној клучен белег кој ќе го одбележи неговото постоење надвор од природните дарби, така и Струга беше единственото место кое имаше храброст да стане дом на најпрефинетите од сите, поетите. Културата и културните вредности, создаваа содржини, содржините градеа карактери, карактерите формираа 6

колективна свест, свеста даваше значење на постоењето. Градот имаше облик, зрачеше и фрлаше светла, некогаш и далеку. Комформистите ја чуваа традицијата, опевајќи го градот, градското, јадрото и луѓето, низ песни, проза, слика, архитектура, фотографија. Бунтовниците го зачнаа македонскиот андерграунд и создадоа спрега која влече напред, менува, оплеменува, додава вредности кои традицијата не ги познава, но публиката ги препознава. Иако неблагодарно, грев е да не се спомене едно име кое го преврте наопаку она што значеше музика во Југославија. Падот на Византија. Времето и Дримот не застануваат. Ваквото културна констeлација на содржини и креатори, потпомогната од државата, менаџирана од локални дејци стана секундарна воспитно-образовна технологија на општеството кое создаваше генерации. Ако е видлива неминовноста на реката, тогаш течењето на времето се докажува со генерациите кои израснале и се менувале во едно здраво ткиво, тогашна Струга. Оние генерации кои посведочиле на тоа што некогаш било. Тие генерации учествувале, твореле, креирале, учеле, се разминувале и битисувале со култура и нормалност во своето родно место. Токму овие генерации, кои можат да го носат и епитетот среќни, почнале од една нулта позиција и нивната табула раса имала прилика да биде извалкана со различни бои. На овие среќни генерации, општеството им понудило можност за еден комплетен развој од деца во личности, за една нормалност на живеењето, која денес ја препознаваме само во книги, филмови и секако нови медиуми. Под поимот нормалност се подразбираат оние општествени содржини кои би требало да се априорни во еден град. Од основните воздух и 7

вода, преку квалитетно образование и здравство, до театар, кино сала, библиотека, галерии, простор за создавање и уживање во музика. Сега кога конечно ги зачнавме овие поими, кои досега беа затскриени зад апстрактноста на поимот култура, јасно е зошто генерациите на нашите татковци и мајки ги нарекуваме среќни. Трите групи на генерации, дедовци, татковци и ние, имаат различна судбина, свест и општествени прилики. Првите граделе. Вторите уживале во благодетите на нормалноста. Третите, ние, страдаме. Ако првите имале највисока свест и визија, а ние сме оние чија нишка со нормалноста е прекината, тогаш вторите имале најниска свест. Не се потрудиле да ги пренесат или модифицираат вредностите следејќи го времето, а во голема мера и го уништиле она што некогаш било. Така доаѓаме до она што е денес. Без да бараме конкретни виновници, кои ако добиеме задача за темелна анализа лесно ќе ги најдеме, само можеме да констатираме. Како дојдовме до тука? И каде сме сега? Најважно од сѐ е што денес, нашите генерации, а и оние малку после нас не знаат што е нормалност. На скалата за нормалност, ние почнуваме неколку скалила зад нултата дефинирана вредност. За секое искачено скалило на таа скала, на човек од Струга во споредба со човек од место со сѐ уште актуелна нормалност, му е потребно многу повеќе време. Како нашите години да се бројат различно. И кога конечно ние ќе дојдеме на нула, останатиот свет е веќе на десеттото скалило од нормалноста. Па како, во ова модерно време, каде еволуцијата е правило, а напредокот само склоп на околности, ние толку многу назадувавме? Каде се киното, театарот, музичката сцена, литературата? Назад во минатото. 8

Назадувањето на свеста одеше паралелно со назадувањето на општеството, а тоа истовремено значеше и економско слабеење до непрепознавање. Неважно дали ова се поврзува конкретно со менувањето на општествените уредувања и политичката состојба која варираше од очајна во катастрофална, резултатот е таков едноставно поради негрижата. Сите оние елементи кои доведоа до развој, потфрлија. Тука пред сѐ е институционалната поддршка, чија неподготвеност и незаинтересираност доведоа до деканденција и уништување на веќе воспоставените пракси на работа и развој. Струга беше детето кое мајката го остави да расте на улица, да учи од законот на посилниот и да се издржува како што умее, отфрлено од мајчината цицка. А Струга, беше само нежно, екстравагантно дете. И не можеше. Тоа водеше кон губење на мотивација од страна на оние кои требаше да спроведуваат култура. И најстрашно почна да ги одвратува креативците од уметноста сѐ повеќе и повеќе. Па така трансформацијата од лулка на културата и субкултурната сцена, со автентично урбан(истичк)о јадро, до кич кралица на турбо фолк, развратот и блудот врз сопствената мрша, беше неминовна. 2. Струга, реалност или илузија? И што сега? Изгубени се свеста, совеста, критичната маса и нормалноста. Денес е многу полесно она што го знаеме за нормалноста да не го аплицираме во реалноста, бидејќи ќе треба долго да набројуваме што немаме. Значи живееме во илузорен, замислен свет, свет без ништо. Но без разлика колку 9

и да изгледа нереално, она што го живееме и сведочиме е нашата реалност. Дедуктивно доаѓаме до заклучокот дека она што некогаш било е само илузија. Преданија на поединци, некогаш и неповрзани, со црни дупки на заборав и црно бели слики без опис, кои не мора да бидат вистина. Па зошто денес ние, неврзаните, би се повикале на тие вредности? Дали вредностите на нормалноста можеби се замките на реалноста? Денес не можеме со сигурност да се повикаме на истите вредности, затоа што не го издржале тестот на еволуцијата и деканденцијата на општеството, а поважно затоа што не сме сигурни во истите. Тие се убави приказни, а недопирливи факти. Но што ако навистина постојат темелни вредности и секој мора да ги спознае во својот животен век? Што ако и денес важат истите вредности само се извајани во малку поинаква форма, бидејќи нели, знаеме дека и тие не се имуни на еволуцијата? Тогаш што останува за нас? Што гледаме денес? Да почнеме од спротивната страна. Од публиката. Публиката како таква не постои. Постојат конзумери, кои се неприкосновени суверени врз својот буџет од пари, време и потрошени мозочни ќелии. Па оттука задачата во оваа реалност денес е значително потешка, отколку почетокот, кога она што некогаш било, имало значење за сите, се градело нешто од пепел. Публиката е дел од заедницата. Заедницата денес е диверзитетна како никогаш порано, а секоја единка од заедницата комуницира со непознат број на предаватели на информации во секунда. За да постои релевантност и видливост, мора да постои еден единствен постулат околу кој ќе гравитираат вредности препознатливи денес, за сите. Или барем за оние кои ќе сакаат да препознаат. Оттука произлегува 10

примарната задача, од множеството на конзумери да ги одбереш оние елементи кои покажуваат својство на публика за културни настани, а со останатите елементи да се започне процес на всадување на културните вредности, за истите да станат потреба. За да ова добие некаква видлива форма потребна е јасна цел и визија, план и програма. Но пред сѐ континуирано бомбардирање со културни политики, сеприсутност, за истите да можат да го надминат прагот на шум, од шундот кој веќе се пласира преку сеприсутниот медиум, воздухот. Доаѓаме до клучното прашање, кој е денес претставник на оваа страна, спроти публиката? Кој е денес носител на вредностите, кој денес ја одобрува културата и ја пушта во промет? Каков е односот на овие чинители со креаторите на култура, односно уметност? Во денешната логичка поставеност на управувачкиот систем, секако јасно е дека сѐ уште главен чинител на култура, продуцент, е институцијата, односно министерството за култура, локално претставено преку неколку периферни институции. Познавајќи ги приликите во Македонија, економската состојба која најчесто е криза, како и нефункционалната децентрализација на сегментите од системот, тоа е среќна околност. Капацитетот и ресурсите на локалните управи да се справуваат со проблеми надвор од есенцијалните е сѐ уште недоволен, за да ја разбере пак суштинската потреба од култура. Така, културата се спроведува преку веќе постечките канали до периферните единици, културните институции, центри за култура, библиотеки и музеи. Но праксата во поновата позната историја, покажала дека овој принцип не функционира и токму неговата ригидност довела до постепено 11

губење на колективната совест и кинење на врските со она што некогаш било, а значело нормалност. Проблемот е повеќеслоен, од човечки фактор, преку лоша државна политика на култура, па до најгорливиот, финансиите. И целата оваа серија на несреќни околности, а некој ќе каже игнорантност од одговорните, доведе до распаѓање на системот од вредности, ерозија на културните содржини, дејци, ентузијасти и статус на непостојаност или непостоење. Министерството не води грижа за своите штитеници, ги остава да се снаоѓаат. Продукцијата и репродукцијата на содржини е сведена на чекање поволни услови (временски од април до септември) или надофрлени проекти, влезени во годишната програма на главниот продуцент затоа што мора, а не затоа што се дел од долгогодишна визија. Ова ја остава дупката помеѓу двата ентитети непополнета. Публиката, односно потенцијалната публика, неанимирана доволно, не бара, затоа што не знае, не е навикната. Таа припаѓа, во голем дел, на оние генерации кои не знаат за она што некогаш било, па тоа што е сега им изгледа правилно, односно реално. Лошата конекција помеѓу централата и периферијата на чинителот, не може да направи слика на минатото, да го покаже во вистинско светло, како потреба и во сегашноста. 3. Крикот на независниот Затоа денес природно е што се јавуваат индивидуални изблици, дискретни вредности на сигналите што пренесуваат култура, кои го поминуваат филтерот на општата безидејност, излегуваат 12

на површина, и нудат значително големи порции на информации од културата, во мали сегменти од времето. Во Струга за среќа има доволни силни изблици, но проблем претставува континуитетот. Овие индивидуални појави на култура, се организирани од индивидуалци или групи формирани со заедничка цел на делување, култура и културно издигнување. Користејќи ја веќе воспоставената категоризација, овие индивидуалци и групи се всушност ентузијастите кои овозможуваат културна содржина и програма, преку сопствени вложувања и продукција, но истовремено тие истите се креаторите, креативната сила на градот, уметниците кои творат и создаваат. За жал, не ретко, тие ја претставуваат и 80-90 проценти од публиката на културните збиднувања. Значењето на овие независни центри на култура (центри како метафизчки, а не физички поим) е од непроценливо значење за заедницата денес, иако тоа е тешко мерливо и често предмет на сомнеж. За жал заедницата, оној значителен процент кој секогаш припаѓа на мнозинството, не се приклучува на овие искрени движења така лесно. Тоа е така бидејќи денес културата не е општествено препознатлива вредност, за сите, како во минатото, па затоа многумина не можат да го препознаат напорот на овие независни центри. И за жал нивната работа, организацијата на настани и програмата во која вложуваат напори да добива на фреквентност, не се нешто со кое се поврзуваат мнозинството млади. Овие генерации млади, се четвртата генерација од нашата поделба и ќе ги наречеме надежни. Тие не стекнуваат навика да се облагородат со нормалноста која априорно ја заслужуваат во светот каде сите треба да имаме еднакви шанси. И нив им прети опасноста на третата генерација, да бидат откинати од она што некогаш било, засекогаш. А за нив ќе биде 13

дури и полесно, тие побезболно ќе го прифатат фактот на новата реалност и скоро никој од нив нема романтичарски да се сеќава на културните вредности, а ќе бидат заборавени и браќата Миладиновци. Затоа неопходно е да се работи, да се форсира и да се креира новата културна вредност. Континуитетот на содржини од културата е иманентен. Независните културни активисти и нивното здружување може да постави нов фронт кој ќе ја оттргне надежната генерација од патот на безумието, несвеста и неспознанието, за истата да не стане изгубена и без суштина. Но за сето тоа да биде препознаено од заедницата и мнозинството потребна е соработка на независната културни работници со културните институции. Вмрежувањето на независната и институационалната култура е неопходно. И тоа не само апстрактно здружување на хартија, туку мора да се согледаат ресурсите кои ги нудат двете страни. Секако, инфраструктурата е на страната на институциите, а слободната креативна мисла е на страната на независната сцена. Со јасна визија за целта и познавање на ресурсите, институционални и независни, може да се започне процесот на ревитализација на културата во Струга. Содржините кои се инкорпорирани во институционалните програми, грубо кажано, се веќе закаржлавени. Но, иако изгледаат како споменици на минатото, сепак само институциите претставуваат простори за реализирање на културата и само тие можат да бидат јадро кое привлекува. Многу обиди за креирање нови, ад-хок простори од многумина ентузијасти и чинители останале само краткотрајни блесоци. 14

Овој процес подразбира силно и безусловно залагање на оние кои имаат знаење и волја да градат култура. Од волунтаризам и занемарување на објективните услови на терен, до волонтирање во функција на општото добро и напредок. Интересен е фактот дека Струга сепак има мала (процентуално стандардна), но константна и конкретна критична маса, која остана имуна на колерата од кичот и игнорантност што ја покоси колективната совест на мнозинството. Оваа група која е и чинител и ентузијаст и публика и креатор, по принципот на комбинации со повторување, успеа во годините кога реалноста стана неподнослива, а она што некогаш било - илузија, да засади еден благороден дискурс кој доколку биде сериозно прифатен и препознаен од институцијата, би значело ренесанса за Струга. Не само за културата, туку за сите општественоантрополошки односи, кои јасно е дека се граничат со надреална комплексност, а можат да се расплетат само преку културно растење и култивизација. Плод на ова се настани кои оддекнале многу подалеку од летната сцена при центарот за култура, која е всушност душата на сите збиднувања. Фестивали за процесирање на култура, филм, концерти, изложби, работилници, дебати. Што би рекле умните, од влакно, ортома прават. Со крпен буџет, борба со донатори и локални врски за спонзори, продуцираат култура. Во следниот период од исклучителна важност, при транзицијата од реалност во илузија, од безумие во совест, од кич во култура, е наградата која Струга и независните ја заслужуваат од Министерството за Култура, спроведена преку институциите. Награда за покажаниот особен интерес, во екстремно тешки услови, како ученик без струја, кој под светлината од газиената ламба ги совладува математичките релации. Таа награда ќе значи земање во прегратка на Струга, 15

отворање на очите и препознавање на големата културноисториска вредност која ја носи градот, струшко и стружани и возобновување на институциите, кои го носат епитетот единствени во Македонија и пошироко. Овој спој на спротивностите и заживување на просторите ќе станат фокална точка за надежните генерации. Ние, неврзаните генарации, со скоро изгубена врска со минатото можеме и мораме да го направиме тоа што го направиле првите, градителите. Не навлеговме во нивното културно битисување, она од минатото, кога се градело. И тие почнале од нула, од реалност што само зборувала за илузија, за онаа на браќата Миладиновци, за романтизмот и просветителите. 4. Златен теснец А каде се денес Струшките вечери на поезијата, како најзначајна културна институција, веројатно во рамките на Република Македонија? Тие значеа почеток, тие беа врвот, но што се денес? Денес се холограм. Проектирана реалност која постои во паралелен универзум, програмирана да се јавува на мостот на поезијата, еднаш на секои 365 дена. Малку е клинкаво и дискутабилно да се каже дека поезијата има публика, но СВП како настан, имаше. Своевиден празник, кога народот се подготвуваше да ги дочека поетите во својот град. Во свадбарски костими и тоалети или пак плажарски кратки пантолони и проѕирни фустани, но сите свечени во лицата, се поредувале од едниот до другиот мост, по левиот и десниот брег на Дримот и слушале поезија. Но денес публика нема. 16

Јазот на времето е толку длабок, колку што е неразбирлива емотивната потиштеност на јапонскиот поет, кој страда по своето куче од минатото (рандом аналогија). Поминува по кејовите по некој, ретко кој застанува, никој не слуша. А нема ни свеченост. Поетите пеат, глаголат и смело се смеат против сите светски неправди, исто како пред 10, 20, 30 и 50 години. Но клинците денес пеат други песни. И затоа овде имаме потреба од надреалност. Традиционалната поезија ќе постои и ќе полни празнини, што човекот ги остава во непринципиелната трка со времето. Основата и темелот, пред сѐ фокусот на поезијата и славењето на поетите ќе остане недопрено и традиционално. Имаме за што да се врземе и истото мора да го искористиме во полза на градот и на сите. Но СВП мора да се издигне над своето постоење и својата астрална проекција да ја распостели низ целиот град, да ја пушти по бреговите на езерото, по бреговите на реката, низ парковите. Мултимедијалност е поимот кој ќе ја надгради поезијата. СВП само треба својата гранитна традиционалност да ја накити со нови содржини. И музиката е поезија. И филмот е поезија. И театарот е поезија. И Струшки вечери на поезијата треба да го краси летото на Струга, а не да става катанец на безгрижноста и да го најави 1ви септември, кој како за белја е меланхоличен. Визијата за Струга треба да вклучува план, програма и финансии, СВП да започнат на 1ви август и да траат до 31ви август. Само така новите клинци, надежните генерации, на крајот на август ќе ја облечат најмангупската комбинација, ќе тргнат спроти течението на Дримот и ќе речат вечерва одам на Мостови. 17

5. Еутаназија или да се најде мајстор за апаратите? Што се случува со просторите кои зјаат со празнина? Низ нивните порти и прозорци многу појасно се гледа минатото, отколку што на платното или на штиците што значат живот се проектира иднината. Овие простори се изградени и проектирани за едно друго време, да можат да го слават и градат она што некогаш било. Денес, нивната мегаломанска појава остава прашалници за целисходноста на истите и дали некогаш тие простори биле исполнети со содржина и публика. Одговорот е дека биле. Дури и ние, неврзаните генерации во својата меморија имаме зачувано слики од полна кино сала, од огласните табли на неколку места низ градот, во чија внатрешност често се менуваа шарени постери кои најавуваа редовни филмски проекции. Но, нивната функционалност експоненцијално опаѓала, следејќи го текот на променливата, културната вредност во Струга. И според законите на термодинамиката, бидејќи телото не добивало нова енергија, телото се оладило и ја оддало целата енергија. И слично како и нашиот универзум, се соочува со топлинска смрт. Денес, инфраструктурата на културата дише на апарати. Тоа е фактичката состојба. Што е следниот чекор кој сме обврзани или барем предизвикани да го преземеме? Дали еутаназијата на објектите ќе не ослободи од спрегите кои нѐ држат врзани, пред сѐ емотивно, и можеби ни го заматуваат погледот? Што би значело тоа? Доколку, хипотетички, државата се откаже од нив, каква би била нашата реакција? Во случај да треба да се пренаменат за сосема друга дејност (општествена?) или пак во најлош случaј да се рушат. Ова прашање само по себе, во нормална држава и ваква фактичка состојба е лесно. Да, одиме 18

напред, градиме нови светови, за новите генерации, старите простори веќе не се потребни. Но, овде е малку потешко да се одговори потврдно. Односно, не за еутаназија, да за мајстор за апаратите и доктори за култура. Разговараме за објекти кои покрај својата улога, носат и едно историски непроценливо значење, од кое не смееме да се откажеме по никоја цена. Објекти кои се поврзуваат токму со почетоците на Струшките вечери на поезијата, домот кој треба да го чува, но и презентира поетското творештво на светот. Истиот објект понатака добива мултимедијален карактер кој по правило треба да ги собира сите културни содржини и работници и да им нуди простор за креација, промоција и ширење на словото на културата. Во контекст на гореизнесеното, без институционална визија и поддршка, сите изблици на независен активизам траат кратко и немаат влијание врз долгорочните процеси на градење здрави генерации врз вистински основи. Токму затоа мора да се најдат најсоодветни начини за оживување на институциите и инфраструктурите, како и нивна реорганизација. И структурна и содржинска. И така произлезе една скорешна идеја, која треба да даде функционалност на еден веќе постоечки простор, а истовремено додадена вредност на квалитетот на живот во Струга. Квартот на културата е идеја која во една целина ги дефинира објектите од културно и историско значење, во и околу Паркот на поезијата. Секако, централно место зазема денешниот Центар за култура, инаку изворно Дом на поезија, единствен во Македонија, како дом на СВП. Истиот денес е 19

делумно функционален. Идејата е да се врати седиштето на Струшките вечери на поезијата во рамки на Центарот за култура. Истовремено да се преуреди изложбен простор со експонати и книги од лауреатите и добитниците на Златен Венец и тоа да биде отворено за посетители. Просторот нуди можност за преуредување и изградба на мала кино/театарска сала, која за разлика од постоечката ќе функционира преку целата година и преку редовниот репертоар на настани ќе пружи и самоодржливост. Бидејќи зборуваме за Центар за култура, токму тоа е просторот кој треба да се отвори и за независната култура и заедно да почне да се креира новиот поредок. Соработката денес постои и се остварува непречено, но очигледно не е доволно. Не е доволно затоа што прво инфраструктурата е во лоша состојба и министерството има обврска да ја обнови. И второ, затоа што независната култура се гледа како туѓо тело. Токму овој проблем мора да се надмине и недостатокот на соодветен кадар (кој е својствен за повеќето центри низ Македонија), треба да се надополни со младите креативци и уметници. Оваа спрега ќе го заживее повторно просторот и ќе му донесе топлина, односно енергија, која е одлика на уметноста. Колку повеќе уметност, толку повеќе живот. На крај финансиските обврски од соработката, секако еден од најгорливите проблеми, се решаваат со договор и добра волја. Добра анализа би ја вратила редовната кино програма, која со правилна селекција може да нуди филмска едукација преку филмската историја, преку различни серијали и од светските кинематографии, комбинирани со новитетите од светот на филмот и секако неизбежно прикажување на сите македонски филмови и филмови од македонска продукција. Дополнителните простории мора да обезбедат простор за 20

работилници, кои ќе станат второ, неформално школо за идните генерации од областа на литературата, ликовната уметност, музиката и филмот. Простор за продолжување на работата на аматерската театарска група. И секако веќе постоечките содржини. Само со ваков план, монструозните објекти на постмодерната би ги привлекле младите и би ги извадиле надвор од рутината на секојдневието. Душа има, само треба да се разбуди. Втор објект од Квартот на културата во Струга е старото училиште кое го носи името на браќата Миладиновци и кое претставува објект со историско значење, како поради тоа што повеќе од 100 години е место каде што своето образование го започнале илјадници стружани, од сите националности и вери, туку и поради архитектонската вредност на истото. Со селењето на основното училиште во нова зграда, се отвора можност старото школо да стане дом на НУ Др. Никола Незлобински. Музејот, со својата природно-научна поставка е еден уникат на Југоисточна Европа и заслужува да биде сместен во зграда со музејска вредност. Ова е уште повеќе итно и важно, затоа што зградата каде што сега се чуваат музејските експонати е во распаѓање. Третиот објект е исто така историски објект, а тоа старото вечерно училиште, познатата Радничка школа, која со својата архитектура сигурно важи за еден од највпечатливите објекти во градот, а локацијата само додава на вредноста. Моментално оваа зграда е седиште на неколку административни единици. А нејзината заштита, реставрирање и реновирање е неопходна час поскоро. Тука, би се преселила библиотеката, но би се отворил простор и за читална. 21

Леснотијата на постоењето на овој Културен кварт е сеприсутна поради тоа што објектите постојат, со сиот свој габарит, потенцијал и историска вредност. Примарна секако е заштитата на истите, како објекти од културно наследство. Министерството за култура мора да го препознае овој порив, произлезен повторно од независната сцена, во соработка со локалните инситуции и да му даде приоритетна важност. Резултатот од сето ова е една уникатна целина, мултимедијален кварт, на истекот на реката Црн Дрим, онаму каде што впрочем е природно да се раѓа култура. На крај прашањето, дали за развој, раѓање и процесирање на културата се неопходни вакви инфраструктурни потези? Дали на културата не ѝ е доволна само слободата, за да може да процути? Нашата пракса, струшката покажала дека не е доволна. Кога институциите функционирале, функционирала и свеста, свеста го градела општеството, општеството било структуирано по сите стандарди. Еден од нив и културата. Кога институциите почнале да деградираат од причини спомнати повеќепати, културата станала исклучок и се одметнала во визбите и гаражите. 6. Што е попрво, културата или свеста? Покрај онаа стандардизирана култура која влегува во законски норми на дефинирање, постои и културата на езерото. Езерото е природен споменик, односно музеј од непроценлива вредност. Она што езерото го нуди преку своите експонати е толку уникатно, што човештвото никогаш не може да го реплицира и репродуцира. Дури и ако еден ден се соочиме со 22

океанот од Соларис и за некое чудо, во нечиј мозок токму езерото е скриената желба, дури ни тогаш нема да биде онакво какво што го креирала природата. За езерото и екологијата, за еко системот и митологијата може да се зборува многу. Поради парадоксите на модерното живеење, а последица на загубената совест, денес успеавме да го демистифицираме езерото до мера тоа да стане нешто кое постои само по себе, но за нас, за нашите хирови и лукративни цели. Па така, наместо да го оставиме слободно да дише, ние го загушивме со нашиот простотилук, игнорантност и недостаток на естетска вредност. Токму она кое импонира во негативна смисла на зборот е недостатокот на онаа примордијална естетика која човекот ја гаи паралелно со еволуцијата. Ова е видливо токму во поимањето на луѓето денес како урбанистички и партерно да се пристапи на просторот околу самиот брег на езерото. Невкусот и безобразлукот се одраз на нељубов и немање никаков однос со езерото. Па наместо сите ние, кои сме се родиле тука да уживаме во ремек делото на Земјината архитектура, ние мора да се задоволиме со ѕиркање низ комерцијалните објекти на човекот, кој со генетска модификација му инсталира чирови на перфектно здравиот организам. И ќе дојдеме до точка од која нема враќање, а тоа ќе значи дека причината поради која Струга е атрактивна, а ние сме останале тука да се бориме, твориме или уништуваме, полека ќе постане невидлива. Езерото и неговиот еко систем ќе станат смрдлива бара, на која се накотиле човечки паразити. Езерото ќе не исфрли од себе како антитела. Но, за жал може да биде доцна и за него. 23

Нашето езеро можеби не е директно поврзано со културата, но е директно поврзано со културната свест на народот. И наместо да ја ползуваме неговата уникатна структура, условите и својствата кои ги има, ние ја ползуваме само комерцијалната можност која се пружа, на најпримитивен можен начин. И природно доаѓа едно апсурдно решение, кое стои на работ меѓу утопијата и дистопијата. Хипотезата е следна. Поради глупоста на човекот, денес во во езерото може да уживаме само преку комерцијалните објекти кои узурпираат или имаат намера, значителен процент од брегот околу езерото. И поради тоа, тие кои имаат доволно пари, можат да си купат повеќе време и подобро место за глетка и уживање, од она кое припаѓа на сите. Па доколку мнозинството од народот осиромаши доволно многу, да не може да си дозволи да купи ниту половина час седенка покрај езерото, можни се две решенија. Првото е газдите да останат без клиентела за да обезбедат рентабилност и самите да ги повлечат чировите сраснати на брегот. Второто е, ако газдите и покрај загубата на мнозинството сиромашни, можат да опстојуваат од малиот процент богати, тогаш мнозинството преку ефектот на забрането јаболко, да крене глас и да си го побара јавното добро назад, кај сите. Оваа утопистичко/апокалиптична мерка е потешкиот пат. Има ли полесен? Кратко, има. Но сето ова е поврзано со свеста на народот. А свеста е поврзана со културата и култивизацијата на човекот. Кога нашиот универзум ќе стане поширок од потребата да ги задоволиме само сопствените, моментални хедонистички барања, тогаш и ќе го видиме езерото. Колку побрзо создадеме континуитет, толку побрзо ќе му помогнеме на езерото да се 24

спаси од нас луѓето. За пак, во него да уживаме ние, луѓето. Злобен круг, а за да излезеш од него треба да размислуваш. 7. Надежта не е ништо ново Да живееш во Струга е како да мораш да гледаш како истекува песокта низ тесното грло на песочен часовник и потоа да го свртиш наопаку и да гледаш пак од почеток. Балонот со кој сме опкружени ја чува енергијата внатре и таа вечно кружи и трансформира, но никогаш не се губи. И добрата и лошата. Да си сведок како полека исчезнува живиот свет од Струга, е како да се гледаш себеси мртов во огледало. Се надеваш дека креативната маса ќе се возбуди сама од себе и ќе ти понуди нормалност. Но освен неоснована надеж, ништо друго и не постои во оваа наша изнемоштена реалност. И на крајот не ти останува ништо друго туку ти да создадеш нормалност, за која потоа подготвен си и да платиш за да уживаш во истата. Така некако, онаа независна, креативна и критична маса, за која се зборуваше погоре, реши да си го оплемени своето битисување во градот кој стана непрепознатлив. И така, на традиционалното, но и на она кое полека тонеше во нефункционалност, му додаде вредност. Исплива на површина дел од онаа бунтовност која беше спрега на Струга од минатото. Се изместија оските на рамнотежа. И кога новото време фрли сенка и некој вешто сакаше да го скрие сонцето од нас, некој реши да запали шкорче. Кога го видоа него, уште неколкумина побараа ќибрит. И секој од нив запали по еден мал оган. И од 25

сенките се појавија нивните ликови. Во таа општа темнина беше лесно да се најдат и препознаат меѓу себе малите искри на надеж. Потоа од малите огнови кои трепереа на секое најмало движење, решија да направат поголем, да ги спојат во еден. Денес гори оган што фрла светлина доволна за сите кои сакаат, да се доберат и стоплат. Затоа што уметноста е топла и светла. Се родија неколку настани, кои од неформално здружување и дружење, прераснаа во фестивали. Начинот на нивна организација е сам по себе приказна за документарен филм. Секогаш постојат проблеми со финансии и одржливост. И прашањата кој и како треба да ги финансира сите обиди за процесирање култура. Секако, слободата за изразување е дотолку поголема, колку што е финансиската независност поголема. Но, фактите јасно говорат дека има разлика меѓу создавањето и процесирањето култура. И токму за второто, стана јасно, како што одминува времето, дека мора да се најде издржан финансиски конструкт, кој ќе овозможи континуиран развој на свеста. Овие независни обиди, кои прераснаа во вредност мора да се забележат како исклучително важни при процесот на ренесанса. Младешкиот прогрес и модерниот дух ги прави актуелни со времето и предизвиците, а истовремено достапни за секој ненамерен и љубопитен посетител. Содржините знаат да предизвикаат силна реакција, да заскокоткаат теми од интерес, да отворат нови видици, но најмногу од сѐ овозможуваат култура за сите. И затоа денес овие фестивали се неопходност. Без нив летото како да нема смисла. Како да се последниот браник на суштината на Струга, како да сме толку блиску да го пречекориме прагот на темнината и да зачекориме во светлина. Таму каде што има 26

нормалност. И затоа фузијата на оваа бунтовност и имагинација со формалната култура, колку и да звучи кукавички, денес е непоходно. За да не се случи креативниот набој да биде протеран на маргините во илегала, за несфатените и различните. И ова не е никаков преседан, можеби и така треба да биде. Некомформизмот секогаш го знаеме дека е далеку од центарот на вниманието. Но, едно големо НО, ние немаме формална, редовна, секојдневна културна програма. Како ќе се случи оваа фузија, останува да покаже времето, но постојат примери за успешност. Еден од нив е секако Младинскиот Културен Центар во Скопје. Соработка од интерес за сите. Државата и министерството мора да го препознаат моментот на олеснување на задачата, која во суштина им припаѓа нив. Да креираат здрави мозоци и прогресивна мисла. Согледувајќи ги олеснителните околности за себе, министерството треба само да го финансира моделот кој ќе ја заврши работата. Надоврзување на традиционално силниот фестивал СВП, со младите фестивали кои ги допираат останатите уметности и исполнување на празнината која постои во нашите животи. Така она по што Струга е препознатлива, ќе добие печат и темел од државата. Поинаку не може. 8. Виртуелниот свет, гласник на реалноста Еволуција, прогрес, технологија. Движење кон бесконечност. Нови движења, нови умови, нови бунтови, свои борби. Живееме во диво време, кое не познава статус кво. Живееме и 27

во лажливо време. На новите медиуми со кои сме преокупирани гледаме сѐ, патуваме секаде, слушаме, доживуваме, човек ќе помисли дека глобализацијата ни ја носи на дланка нормалноста. Но покрај лажливоста, во сето тоа што го добиваме како содржина, има вистина. Дека некаде се случува нешто, дека постојат вредности, дека има свест. Дека естетиката е жива во човечкиот род. Дека нормалноста е присутна. Сега, она што некогаш било го гледаме, можеби далеку од нас, но можеме да го споредиме со нашето опкружување и ова ја претставува вредноста на новиот свет. Ние или барем тие што сакаат, се свесни дека нешто овде не е во ред и не чини. Жалењето е дотолку поголемо. Денес не мора да измислуваме ништо ако не сме способни. Сѐ е смислено. Ние можеме само да ги копираме сликите кои ги доживуваме низ светот врз нашата грда ништожност. Токму новите медиуми се еден нов прозорец за обраќање. Простор за регрутирање на публика од множеството конзумери. Прилика која може да се искористи за полесно и поефективно да се покажат вредностите и да се депиктираат маните, ненормалностите и несвеста која владее. Овие нови форми на комуницирање се еден од начините како да се плесне културата на сите во лице. Никогаш полесно не се споделува текст, слика, песна или видео. Ретко кој уметник, бунтовник или филозоф имал можност своите први идеи да ги претстави пред толкава публика. Од новите форми би издвоил два интересни феномени, кои заземаат свое место во Струга, секако како дел од една глобалност која постои одамна. И двете би ги сместил во 28

виртуелноста, затоа што така ги согледуваме споредувајќи ги со традиционалноста. Првата виртуелност е електронската музика. Без да навлегуваме многу длабоко, денес веројатно електронската музика е единственото глобално движење на кое се врзуваат младите од целиот свет. Тоа е новиот бран на кој се возат бунтовниците, кој споделува една иста мисла, преку електронските битови кои се шират низ атмосферата, надминувајќи ги сите физички и апстрактни препреки. Бранови кои ништо не може да ги распрсне. Не разговараме за вкусови. Но оваа виртуелност веќе е реалност. Последниот музички стил кој вака, планетарно влијаеше на многу процеси беше гранџот и нескротливата сцена од Сиетл, САД. И овде не е важен само квалитетот, туку влијанието кое го има и секако квантитетот. Електронската музика секако не почнува сега. Но во последните неколку години, добива на признание и станува популарна на планетарно ниво. Струга за среќа не остана имуна на тоа. Независни продуценти го носат кремот на електронската музика овде. Ако знаеме дека тоа денес е дел од светската култура, тогаш можеме да кажеме дека во овој сегмент му пркосиме на изветеното секојдневие. Иако ова не е дел од примарната култура и образование, сепак присуството на важни имиња, на народ и проток на луѓе ќе раздвижи многу застоени води. Втората виртуелност е филмот. Затоа што филмот е сѐ, само не реалност. Седмата уметност како никогаш претходно не добила ваква прилика да се искаже во Струга. Кои се можностите и каде би оделе? Секако, кога зборуваме за филм, прво мислиме на кино култура. Да, онаа која Струга одамна ја нема. И постојат начини како тоа да се промени. Како да ја вратиме навиката на 29

одење во кино, како една социјализација која полека исчезнува. Секако, со редовен репертоар. Смислена програма, која ќе опфаќа филмска историја, модерни блокбастери и секако македонска кинематографија, во секаква форма. Понудата ќе ги привлече луѓето да го напуштат секојдневието и да излезат од просторите во кои се затворени од немајкаде. И тука се аплицира една убава мисла, која навистина добива на значење токму во Струга, каде што живееме различни, а сепак исто апатични. Филмот не бира публика, публиката избира филм. Да, филмот, она парче откинато од време-просторот е за сите да можат да избегаат од својата реалност и да влезат во илузијата. А обратното, ако постои понуда, публиката сама ќе одлучи кој филм ќе го гледа. И во таа публика ќе нѐ има секакви, различни по многу кодекси на општеството. Но ние на крај ќе се поврземе без да има потреба од оправдувањае, затоа што сме избрале да бидеме полиени со истата емоција на филмот. Истовремено, се јавува една друга, уште поинтересна, утопистичка можност поврзана со филмот. Дали Струга може да стане градот каде што ќе се продуцираат филмови, или филмски град? Интересно, како што пред повеќе од 50 години писатели се собрале и од Струга направиле поетски центар, денес судбината во исто време спои неколку филмски работници, кои својата иднина ја гледаат во Струга. Приказната започнува со првиот филмски фестивал организиран и одржан во Струга. Од неговиот развиток ќе зависи колку филмските работници од Македонија и регионот ќе бидат привлечени, тука да творат, создаваат, продуцираат. Но ако Струга некогаш успеа да ги измами најпрефинетите и најкаприциозните, зошто да не веруваме дека денес и ова може да се оствари? Филмска 30

индустрија во Струга. Зошто да не станеме првиот филмски град во Македонија? Зошто да не станеме центарот на уметностите? Сите имаат свои белези, ете Струга ќе ја има уметноста. Во сите форми и големини. Многу зошто, малку одговори, но да живееш покрај Дримот и да не сонуваш е невозможно. 9. Вреди ли? Што е повредно од животот? Животот вреден за раскажување. Така некако би размислувал секој кој некогаш на лист хартија раскажал приказна. Сега, стоејќи на оваа точка во сегашноста, со ретроспектива на минатото и поглед во иднината, ќе се запрашаме вреди ли? Нихилизмот и искуството велат дека денес во Струга сѐ е веќе залудно. Откинати од островот со убави работи, долго пловиме во непознати води. Тука реалноста е дистописка. Дишеме некаков различен воздух од оној што го учевме во учебниците по хемија. Пиеме некаква чудна, вкусна вода. Ги нормираме и нормализираме преседаните, кичот и игнорантноста. Овде да си несвесен е пиетет, овде да си нечестив е дигнитет. Овде сѐ е наопаку. Овде сѐ е гнило. И хартијата и штиците и платното и ние. Овде некој ќе праша дали може да го свртиме Дримот да тече наназад, а друг ќе каже може за доволно пари и провизија. И што од сето ова? Треба ли да се откажеме? Па ова прашање толку често станува актуелно и си го поставиле многумина пред нас. А одговорот е лесен. 31

Можеби овој текст е пишуван на масата каде што се состанале поетите и решиле дека токму Струга ќе биде мостот на кој ќе се сретнат душите на сите народи од светот, репрезентирани од нивната поетска реч. Решиле и го направиле тоа. Од оваа просторија, каде сега можеби се пишува овој текст и која денес чува само спомени, ја извадиле поезијата надвор, ѝ изградиле храм и во храмот запалиле оган за вечно да гори и живее убавината. Можеби токму на оваа маса бил даден зборот за одбележување на 100 годишнината на Зборникот на струшките браќа Константин и Димитрие Миладинови, а тоа значело ново раѓање на континуитетот на македонската литература и култура, токму во Струга. И сега не знам дали тие вешти прсти од минатото го пишуваат ова, но еве почнува да се оцртуваат контурите на непокорот и она кое претставува завет за нас, неврзаните генерации. Додека ја има светлината ја има Струга, напиша Петре Бакевски во предговорот на книгата Поетска Струга од Јован Стрезовски. И кога многумина претходно, како и ние денес, ќе се запрашаат дали Струга ќе опстане, дали ќе воскресне струшката свест, дали надежните генерации ќе научат што е нормалност, дале ќе опстанат Струшките вечери на поезијата и воопшто, ќе има ли култура, ќе има ли град, вода и луѓе како оние за кои пишува нашиот Димче Дурац, Петре Бакевски ќе одговори Зарем ќе се изменат сонцето и водите! Зарем ќе исчезнат јазиците! Зарем некоја невидлива сила ќе ја згасне светлината! Струга чудесно опстојуваше и уште почудесно ќе продолжи да опстојува!, а Димитрие Дурацовски ќе додаде И во најстрашните преобразби на еден град сепак можат да се насетат пулсирања карактеристични и единствени само за тој 32

град, за одредено место импулси, струења и зрачења својствени само за тоа место, детерминирани од Духот на местото. Па зошто ние сега да се откажеме? Да се откажеш е најлесно, да заминеш и да не гледаш можеби потешко, но да заборавиш и да се откинеш од вековната нишка на своето, на духовното е ѓаволски невозможно. Духот на местото ќе живее се додека има светлина, тече Дримот и постои барем еден човек сето тоа да го посведочи. Духот на Струга живее во таа мала, но цврста критична маса, која нема ниедна причина да се откаже. Генерациите на нашите дедовци градеа. Генерациите на нашите татковци потфрлија. Нашите генерации ќе страдаат. Идните генерации нека живеат. Ако ние се потрудиме доволно, ако ние не се откажеме, ако ние градиме. Само така ќе ги вратиме трите постулати неопходни за живот, чист воздух, многу вода и нормалност. Утре е доцна. Вчера е одамна. Да почнеме денес. 10. Авангарда Ние во Струга денес сме авангарда затоа што немаме ништо. Ние сите сме авангарда, која буквално имајќи ништо, сепак опстојува и на некој начин е привлечна за тие внатре, а интересна за тие надвор. Ако некогаш за авангарда се сметале луѓе или дела на уметноста кои на некој начин отскокнувале од нормативите, затоа што според одредени критериуми содржеле некоја додадена вредност, ние денес, луѓето и самиот град Струга, како добро изработено дело, може да се 33

сметаме за авагарда затоа што немаме апсолутно ништо. Тоа денес нѐ прави различни од она на кое се навикнува човекот, специјални и на некој начин, нашата празнина во културносоциолошкиот наратив, всушност е нашата додадена вредност. Па ние не можеме да исчезнеме, затоа што колку повеќе немаме, толку е поголемо гравитационото поле кое се создава околу нас и привлекува кон себе. Внимание, невнимание, луѓе, нелуѓе, мафијаши и битанги. Но, вистинската авангарда е осудена на краткотраен блесок, затоа што е наменета за публика која сака да се возбуди со брзорастечка функција и да достигне кулминација, а потоа брзо се доведува во состојба на релаксација и заборава, очекувајќи новa возбуда. Нас не ни треба таква публика, а богами ниту таква култура. Струга очајно има потреба од култура за сите. Од првиот глас во фонетиката, за оние кои никогаш не гукнале. Од почеток, од елементарно образование за културата, за вредностите, за она што некогаш било. Тоа е токму она кое фали во секојдневието, кое е неопходност, чувство за припадност. Чувство за естетика, за убавото, за препознавање на грдото и неприфаќање на расипаното. To whom it may concern e фраза во англискиот јазик, која често се користи во пишаната официјална комуникација, кога испраќачот не бира специфично до кого се обраќа, туку го испраќа писмото до оној кој треба да го добие и да постапи, односно одговори по истото. Нашиот случај е сличен, само кога оваа фраза би ја превеле или искористиле во македонскиот јазик, би рекле дека ова писание не е наменето за никој, освен за оние кои треба или мора да го разберат. 34

Институциите кон кои ја пружаме раката, односно единствениот продуцент денес, е министерството за култура. Тоа е нашата мајка од која бараме заштита. Ние не можеме да чекориме сами. Нашите нозе со кои грабавме со големи чекори напред се артрофирани. Нашите очи со кои гледавме далеку, денес се затворени. Нашите усти од кои надалеку се слушаше глас, се зашиени. А уште сме деца, неспособни сами да се спротистават на суровоста на неспознанието, несвеста, нечовечноста кои се кријат зад секој валкан агол од нашето опкружување. Па затоа, нашата мајка наместо да нѐ отфрли, наместо да се ослободи од нас и да нѐ остави на посвојување, на прагот од непознат дом, зад кој можеби се крие вештерката која јаде деца, бараме да нѐ земе силно во прегратка. Потоа, со мајчинска нега и просветителска методологија заедно да почнеме повторно да ги учиме првите чекори. За да дојде време за децентрализација и деинституционализација, потребна е систематизација. За да има некомформизам, треба да има комформизам. За да има панкерски бунт, треба прво да постои културен естаблишмент. На сите чинители во процесот култура треба да им биде јасно дека не е лесно. Процесот на градење култура, која ќе создава генерации, кои ќе создаваат инклузивно и нормално општество е долг, макотрпен и системски. Дрвото станува плодородно многу години после планираното. Но ако не сега, државата, односно министерството за култура ќе ги пропушти сите возови за возобновување на нормалното, за ренесанса на свеста и будење на она што некогаш било, а што значело многу. Македонската култура, струшката култура се уништуваше кога системски, кога неплански, но континуирано. За истата 35

повторно да почне да постои, да излезе од рамките на денешната непосакувана авангардност, ќе треба многу подолг континуитет на градење, соработка со независната културна сцена и многу енергија. Стратегијата на институционалната страна кога е во прашање Струга, во изминативе години се заснова на максимата тука е, не бега. Некогаш не знаеле, но во сите овие години небитисување култура, најчесто не сакале. Без разлика на вистината од минатото, важно е дека денес спроти себе, институционалната култура има независна сцена која нуди креативна мисла и културна енергија која може да ги разбуди заспаните џинови на транзицијата. Ако нѐ почнеме денес, на Струга ѝ се заканува културолошка хаварија и геноцид на здраворазумот кој за жал со текот на времето избледува. После 10 години ќе ја затекнеме како еден организам кој ќе почне самиот себеси да се јаде одвнатре, полн со комерцијални споменици, без луѓе и суштина. Ќе ја има и големата бара, покрај која сонцето ќе заоѓа, а Струга ќе умира. 36