УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВO. Магистерска работа. Тема: Облигационо право

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП Правен факултет Кочани Правосудна насока. Наталија Иванова ОБВРСКИТЕ НА КУПУВАЧОТ ВО ДОМАШНОТО И ВО МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО. I. Податоци за раководителот на предметната програма и предметните наставници

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет. Магистерски труд на тема: Одговорноста на гарантот според Македонското право и судска практика

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

УНИВЕРЗИТЕТ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ БИТОЛА

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Николче Илиоски 153-II/Б

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО-НАУЧНАТА ОБЛАСТ ГРАЃАНСКО ПРАВО НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Структурно програмирање

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Садирет Речи. Односи меѓу родители и деца во правниот систем на Република. Македонија

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

INTELLECTUAL PROPERTY

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Утврдување на способноста на економските оператори

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

д-р. Андон Мајхошев УЛОГАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ ВО КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ЗА СПЕЦИФИКИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПЕРИОДОТ ГОДИНА

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ ИСТРАЖУВАЊА. Клучни зборови: истражување, проучување, видови истражувања

Социо политички и правни аспекти на аболицијата во меѓународната заедница

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Преглед на државите во Западна Африка

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет Прилеп

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Коисмение.Штозначиме.

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

НЕРАМНОМЕРНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ ВО ЕРА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

ПРАВНА АНАЛИЗА НА КОНЦЕПТОТ НА КАЗНЕНОТО ДЕЛО НА ОМРАЗА И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

ВЛИЈАНИЕТО НА ОБЈЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ ВРЗ УТВРДУВАЊЕТО НА НЕПРЕСМЕТЛИВОСТА ВО КАЗНЕНОТО ПРАВО

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Transcription:

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВO Магистерска работа Тема: Облигационо право Склучување и престанок на облигациони односи Ментор: Саша Дукоски Изработил: Дејан Мицковски индекс : 78 II Кичево, 2017 1

Ментор: Доц. д-р Саша Дукоски Членови на комисија: 1. Прпф. д-р / Дпц. д-р Име Презиме, 2. Прпф. д-р / Дпц. д-р Име Презиме, НАУЧНА ОБЛАСТ: Облигационо право 2

ИЗЈАВА од кандидатот Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував позитивните законски прописи на Република Македонија од областа на облигационото право и не користев реченици или делови од трудови на други автори без да ги почитувам методолошките стандарди и соодветниот стил на цитирање. Изјавата ја давам под полна морална, материјална и кривична одговорност. изјавил: Дејан Мицковски 3

Склучување и престанок на облигациони односи Трудот со наслов Склучување и престанок на облигациони односи претставува една сеопфатна анализа на облигационите односи во рамките на националното и меѓународното облигационо право. Направена е компаративна анализа на законската регуллатива на националното законодавство со правото на ЕУ. Согледани се сите состојби на облигационото право во Република Македонија, исто така направен е значаен осврт на Законот за облигациони односи на Република Македонија како sui generalis, како и другите прописи кои што ги регулираат облигационите односи, вклучувајќи ги и договорите за меѓународна размена. Спроведеното истражување претатвува сеопфатна слика за законската и инстутуционална поставеност на овој систем и неговата практична примена. Клучни зборови: Облигациони односи, договори, штета, материјална штета, нематеријална штета, субјекти на облигационото право, принципи на облигационото право 4

Conclusion and termination of obligatory relations This project named Conclusion and termination of obligatory relations " represents a comprehensive analysis of obligatory relations within the framework of national and international obligations. A comparative analysis of the legislation of the national legislation with the legislations of EU has been made. All the obligations of the obligatory law in the Republic of Macedonia have been examined, as well as a significant overview of the Law on Obligations of the Republic of Macedonia as sui generalis, as well as other regulations that regulate obligatory relations, including international exchange agreements. The conducted research unveils a comprehensive picture of the legal and institutional setting of this system and its practical application. Key words : Obligatory relations, agreements, demage, material demage, intangible demage, subjects of obligatory law, principles of obligatory law 5

ВОВЕД...10 I. Поим, дефинирање и поделба на облигационите односи... 11 1.Дефинирање на облигационото право... 11 2.Видови на облигациони односи....17 2.1.Видови на облигациони односи со оглед на начинот на нивна заштита.....17 2.2.Видови облигациони односи со оглед на степенот на правна уредност...17 2.3.Видови облигациони односи со оглед на правните факти... 18 2.4.Видови облигациони односи со оглед на нивните страни... 18 2.5.Видови облигациони односи со оглед на видот на дејствието (објектот)...19 2.6.Видови облигациони односи со оглед на нивната содржина.....20 II. Принципи и функции на современото договорно право....21 1.Фундаментални принципи на облигационото право.....24 1.1.Слобода на договарањето... 24 1.2.Слобода на избор на договорните страни.....24 1.3.Слобода на дефенирање на содржината на договорот.... 25 2.Функции на облигационото право..... 26 2.1. Економска анализа на правото...... 26 2.2.Нео институционално движење.......27 2.3.Политичка функција на облигационото право.. 27 2.4.Антрополошката функција на правото. 28 6

III. Метод на регулирање на основните принципи на облигациото право.....30 1.Регулирање на договорите според колизионите норми.31 1.1.Содржина на договорот....32 1.2.Форма на договорот....32 IV.Субјекти на облигационите договори... 35 1.Неспособноста да се склучи договор првенствено има за цел заштита на способното лице....41 1.1.Неспособноста на малолетниците.....41 1.2.Неспособност за одредени возрасни лица 41 1.3.Злоупотребана согласност, измана 42 2.Основи на делектнатаодговорност...43 2.1.Грешка..43 2.2.Ризик....44 2.3.Гаранција....44 2.4.Солидарноста...45 2.5.Претпазливост.45 V.Застапување....46 1.Договор за трговскозастапување.48 VI. Договори....51 1.Видови договори.....51 1.1.Договор за продажба... 54 1.2.Примерок од договор за продажба на недвижност...60 1.3.Договор за посредување....62 7

1.4. Договор за застапување.....63 1.5.Договор за размена....65 1.6. Договор за налог....65 1.7. Договор за складирање....66 1.8.Договор за заем.....66 1.9.Договор за дар...68 1.10.Договор за закуп..69 1.11.Договор за послуга.71 1.12.Договор за депозит..72 1.13.Договор за дело....73 1.14.Договор за налог..74 1.15.Договор за ортаклак (договор за заедница)...76 1.16.Договор за доживотна издршка..78 1.17.Договор за шпедиција..80 1.18.Договор за контрола на стоки и услуги.82 1.19.Договор за пренос на стоки и лица.83 1.20. Договор за лизинг....86 1.21.Договор за факторинг....88 1.22.Договор за лиценца..90 1.23.1.Предметот, времето на траење на лиценцата, обемот на лиценцата, назначување дали лиценцата е исклучителна, висина на надоместокот за отстапеното користење на правото, ако надоместокот е договорен.....90 2. Видови договори во меѓународниот промет.....92 2.1.Меѓународен договор за продажба на стока... 93 2.2.Договор за меѓународна продажба на инвестии...98 8

2.3.Меѓународен договор за купупродажба на енергија....99 3.Основи за зајакнувања на побарувањата..100 3.1.Договор за пишманлак..100 3.2.Гарант..100 3.3.Капар 100 3.4.Договорна казна......101 3.5.Oтстапница и аванс. 101 3.6.Право на задржување (Ретенција) 101 3.7.Затезна камата. 102 3.8. Заложно право 102 3.9.Хипотека..103 3.10.Престанок на заложно право...103 4.Престанок на договорите..104 5.Работовотство без налог... 106 6. Стекнување без основа.....107 VII.Поим на отштетното право и неговото место во правниот систем..108 1.Значење на поимот граѓанско - правна одговорност за штета и неговиот однос со оштетното право....111 2.Развојот на отштетното право во рамки на римското право.....113 3.Видови штета.....118 3.1.Материјална и нематеријална штета.. 120 3.2.Предвидлива и непредвидлива штета..121 3.3.Надоместлива штета....124 VIII. Заклучок...125 IX. Истражување...127 X. Користена литература... 143 9

Вовед Граѓанското право како објективно право представува систем на норми со кои се уредуваат општествените односи кои се израз на стоковно парични односиво најшироката смисла на зборот, познати како имотни односи, а кои настануваат меѓу физичките лица, граѓаните, од една страна и меѓу физичките и правните лица од друга страна. 1 Правниот систем на граѓанското право, како збир на норми кои го сочинуваат објективното граѓанско право, а тие норми во него се поврзани систематски и тоа од најниско, најосновно ниво во граѓанско правни норми, потоа граѓанско-правни установи, односно граѓанско правни институти, потоа различни граѓанско правни гранки и на крајот како највисока категорија во правото, а тоа е граѓанско правната област односно граѓанското право. 2 Граѓанското право е збир на повеќе правни установи, односно групи на установи, кои регулираат ист вид на општествени односи, односно нивен дел врз основа на исти начела. Бројот на правните гранки не е статична категорија и е во корелација со развојот на целокупното право и бројот на различни општествени односи што се регулираат. Основни граѓанско-правни гранки кои го сочинуваат граѓанското право се: стварно, облигационо и наследно право, и тие представуваат системи на норми со кои се уредуваат одредени самостојни целини на општествените односи кои имаат имотен карактер. Облигационото право представува збир на правни правила со кои се уредуваат општествените односи во кои едната страна доверителот има право да бара од другата страна должникот нешто да стори, а оваа е должна тоа да го изврши. Според ова облигационото право е представува т.н динамиката на граѓанското право. Облигационото право како гранка на правото која влегува во ссоставот на граѓанското право, исто така пограј општиот дел има и два посебни дела. Општо познато е дака општиот дел на облигационото право за предмет ги има основите обврските облигациите. Има два посебни делови и тоа: првиот е договорното право, како систем нна норми со кои се уредуваат општествените односи кои имаат имотен карактер, а настануваат договорно, т.е со согласност на изјавите на воља, согласно принципот на 1 Р. Живкпвска, Општ дел на граданскптп правп, Скппје 2006. 2 Др Ристп Речкпски Граданскп правп прв дел, Охрид 2011, страна 12. 10

слобода на договарањето. Вториот посебен дел е правото настанато врз основа на причинета штета, како систем на норми со кои се уредуваат општествените односи кои имаат имотен карактер, а кои настануваат врз основа на причинета штета. 3 3 Др Ристп Речкпски Граданскп правп прв дел, Охрид 2011, страна 14 и страна 15. 11

I. ПОИМ, ДЕФИНИРАЊЕ И ПОДЕЛБА НА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ 1.Дефинирање на облигационото право Облигационото право се дефенира во зависност од неговото значење: - Облигационото право како објективно право, - Облигационото право како субјективно право, - Облигационото право како наука. Облигационото право е дел од граѓанското право. Тоа како дел од ова право, како и другите видови права, може да биде разгледано од повеќе аспекти. Од нив посебно значајни се три и тоа: 1) облигационо право како објективно право; 2) облигационо право како субјективно право; 3) облигационо право како наука (теорија). Објективното облигационо право може да се дефенира како збир од правни норми со кои се регулираат општествено-економските односи од доменот на прометот на стоки и вршењето на стоковни услуги. Со други зборови, тоа го регулира оној дел од стоковно паричните односи, сфатени како економска категорија, кој ја чини нивната динамика. Ова, всушност, значи дака ја уредуваат прометливоста на правата и обврските од облигационите односи односно прометливоста на добрата, стоките и услугите од имотот на едно во имотот на друго лице. Наспроти ова, стварното (објективно) право, правно го уредува другиот дел од стоковно-паричните односи- делот кој се јавува како нивна статика или, поинаку речено, како нивна мирувачка состојба. Оттука, облигационото правно гледано преку стоковнопаричните односи како негова основа, се јавува како регулатор на економскиот промет кој, правно регулиран станува правен промет. Стварното право, пак гледано низ призмата на овие односи, се јавува како регулатор на сопственоста како економска категорија, која со чинот на нејзиното уредување се преобразува во право на сопственост. Сопственоста и прометот како економски однос, земени во својата целост (како статика и динамика) правно уредени се јавуваат како граѓанско правен однос. Одделно, пак, сопственоста се јавува како сопственосно-правен однос, односно право на сопственост, а прометот како облигационо-правен однос чии правни инструменти се договорите. Покрај прометните 12

односи објективното облигационо право регулира и други односи какви што се односите што настануваат со причинување на штета, стекнување без основа, работодавство без налог, еднострани изјави на воља и сл, кои вака регулирани од него се појавуваат како посебни видови облигацони, какви што се и договорите. Објективното облигационо право, сфатено во горната смисла посебно го карактеризира моделот со кој се врши регулирањето на облигационите односи. 4 Станува збор за таканаречениот граѓанско правен модел на регулирање, познат усте како модел на координација. Карактеристики на овој модел се: еднаквоста на страните, слободната иницијатива, преносливоста (прометливоста) на субјективните имотни права и обврски, имотната санкција. Променливоста на овој метод на регулирање е условена од природата на односите, што со него правно се регулираат, а тоа, како што веќе беше речено, се стоковно-паричните односи. Тие односи во нивниот статичен дел (сопственоста) претпочитаат поседувачот (владетелот) на објектот мирно и напречено да го остварува неговото користење и располагање, а во динамичниот дел (прометот) објектот да го пренесува од себе на некое друго лице. Статусот на поседувачот на објектот во сферата на економските односи, со правно уредување на тие односи, од владетелскиот (мирно и непречено да се владее и користи објектот) се трансформира во сопственички. Тоа практично значи дека досегашниот владетел, сега станува сопственик на објектот врз кој стекнува две одделни правни овластувања: право на користење и право на располагање. Последново проектирано (пренесено) на теренот на прометните односи се јавува како право на договарање. Од ова станива видливо дека за да може одреден субјект, на правен план, да биде еднаков и рамноправен со другите во поглед на своето право на користење, односно располагање со објектот кој е предмет на неговото право на сопственост, тој пред тоа требало да е поседува сопственоста врз тој објект како економска категорија ( да владее со објектот, да го користи и да располага). Натаму можноста да се владее, да се користи и да се располага со објектот на правен терен ја наложува слободната иницијатива (автономија на вољите) на поседувачот во поглед на овој објект. Тоа, со други зборови, значи дека на субјектот му е оставено сам да одлучува дали објектот ќе гп држи и користи сам или, пак, со него ќе располага. Располагањето како посебен сегмент на облигационото право, 4 Овпј текст вп целпст е преземен пд книгата пблигаципнп правп кпја е ппдгптвил: Дпц. Др. Ристп Речкпски, 2010 гпд. 13

особено во неговиот договорен дел се јавува како слобода на договарањето. Преносливоста, пак, на субјективните права и обврски врз објектот, произлегува од самиот објект како економско добро. Овде се мисли на тоа што ова добро постои независно од неговиот поседувач (одвоено е од неговата личност) и како такво овозможува да биде пренесувано од него на кој било друг правен субјект (циркулација на економското добро). 5 Можноста за циркулација на економското добро, правно изразена, се јавува како можност за преносливост на субјективните права и обврски кои постојат врз тој објект. Тесно поврзана со карактерот на стоковни-паричните обврски е и последната карактеристика на методот на координација имотната санкција. Таа, имајќи за цел да овозможи отстранување на штетните последици произлезени од неизвршувањето или неправилното извршување на облигационите односи, кои се од имотна природа, е насочена код имотот на субјектот кој што го повредил облигациониот однос, а не врз самата личност на тој субјект, како што е случајот со казненото право. Гледано преку ваквата санкција, ова натаму значи дека одговорноста во облигационото право оди преку имотот, а не преку личноста на субјектите како страни во облигационите односи. Но, тоа не значи дека од секогаш било така. Тргнувајќи од условеноста и зависноста на облигационото право од стоковно паричните односи, како посебен вид општествени односи, тоа, како нормативен систем за уредување на овие односи, ќе биде онолку нужно и присутно во дадено време и во дадена општествена средина, колку што овие односи ќе постигнат одредено ниво на развој. Оттука, историски гледано, неговата амплитуда е релативно менлива. Субјективното облигационо право за разлика од објективното не се јавува како регулатор на облигационите односи, туку право кое произлегува од овие односи. Тоа, за неговиот носител, настанува во моментот на настанување на облигациониот однос помеѓу него и другата страна на тој однос. На пример, ако некој со своето дејствие на другата страна причини штета, меѓу него и лицето на кого му е причинета штетата настанува облигационен однос со причинување на штета. Во то однос, за оштетениот настанува право да бара сторителот на штетата (штетникот) истата да ја надомести. Оштетениот овде е страната на доверителот, а штетникот страната на должникот. Оштетениот како доверител е носител на правото од тој однос, а штетникот 5 Овпј текст вп целпст е преземен пд книгата пблигаципнп правп кпја е ппдгптвил: Дпц. Др. Ристп Речкпски, 2010 гпд. 14

како должник е носител на обврската. Правото и обврската земени заедно е сочинуваат содржината на облигациониот однос. Од ова станува видливо дека содржината на облигациониот однос е сочинета од два дела право и обврска. При ваква состојба, правото земено без обврска е само едниот дел од содржината на облигациониот однос. 6 Оттука во правната теорија и ќе сретнеме дека субјективното облигационо право не е ништо друго, туку представува дел од содржината на облигациониот однос. Ова право, како дел од содржината на облигациониот однос, по својата суштина, представува правно заштитена можност на доверителот да бара од должникот да го даде, стори, не стори или трпи она што е предмет на облигациониот однос. Тоа значи дека субјективното облигационо право својата сила ја црпи од објективното облигационо право. Тоа, всушност, е правната рамка во која субјективното облигационо право настанува, постои и се реализира, а во случај на негова повреда и се штити. Кога станува збор за субјективното облигационо право или поширока за субјективните облигациони права воопшто, заслужува да се укаже на фактот дека тие, гледани од теоретски аспект, денес се неспорна категорија. Облигационото право како правна наука (теорија) се занива со теоретска обработка и проучување на објективното облигационо право, со посебен акцент на облигационите односи регулирани со тоа право; на субјективното облигационо право; како и на правната практика создадена со примена на објективното облигационо право. Таа, како и објективното облигационо право, представува дел од граѓанско-правната наука која се занумава со обработка и проучување на целината на граѓанско правни феномени (општите прашања, заеднички за посебни делови на граѓанското право). На самиот крај од излагањето за поимот и видовите на облигационото право, останува сосема кратко да се запраме, уште на потеклото на неговото иманување. Од историјата на римското право е познато дека зборот облигационо својот корен го наоѓа во латинскиот јазик. Тој е изведен од глаголот Obligare што значи врзува, 7 односно обврзува. 8 Он него, натаму, е 6 Текстпт пд пваа страна е преземен вп целпст пд книгата пблигаципнп правп кпја е ппдгптвил: Дпц. Др. Ристп Речкпски, 2010 гпд. 7 Сппред ппределени сведпштва, Римјаните ги врзувале свпите дплжници сп јаже за дрвп се дпдека не гп вратат дплгпт. Наскпрп се увиделп дека, бидејќи безрабптни и врзани, тие на мпжат да гп вратат дплгпт, па напдале други начини да ги пбрзат за тпа. Иакп практиката е напуштена, терминпт пстанал да се применува. 8 Овпј текст вп целпст е преземен пд книгата пблигаципнп правп кпја е ппдгптвил: Дпц. Др. Ристп Речкпски, 2010 гпд. 15

изведен зборот, obligatio што може да се преведе како обврска или долг (долгување). Потпирајќи се врз овие изрази кои тежиштето го ставаат врз обврските на облигационите односи, некои афтори облигационото право го насловуваат како обрзно право, односно обрзително право. Тоа особено го сретнуваме кај афторите од српско-хрватско јазично подрачја. Вториот збор право од изразот облигационо право е од словенско потекло. Овој израз земен сам е генерички поим со кој се означува правото во општо како општествена појава, односно како нормативен систем за уредување на општествените односи, во дадено државно-правна организациска заедница. 9 9 Овпј текст вп целпст е преземен пд книгата пблигаципнп правп кпја е ппдгптвил: Дпц. Др. Ристп Речкпски, 2010 гпд. 16

2.Видови на облигациони односи 2.1.Видови на облигациони односи со оглед на начинот на нивна заштита Облигационите односи со оглед на начинот на нивна заштита може да ги поделиме на: правно заштитени облигации познати уште како цивилни облигации и на натурални облигации кои може да ги сретнеме уште и како природни облигации или морални облигации. Карактеристично за цивилните облигации е тоа што секогаш се проследени со присилна судска заштита. Тоа значи дека, ако должникот не ја изврши својата обврска доброволно, доверителот во тој случај своето право ќе може да го оствари присилен пат или истото да го супституира со надомест на штета. Натуралните облигации во римското право почнуваат да бидат прифаќани под влијание на гршките филозофи (Сократ, Платон, Аристотел), и од нив произлезената тоерија за природното право. Но, на нивната појава влијае и развојот на стоковно паричните односи и врз таа основа стоковно паричниот промет. 2.2.Видови облигациони односи со оглед на степенот на правна уредност Според степенот на правна уредност постојат два вида на облигациони односи и тоа именувани и неименувани облигациони односи. Именувани облигациони односи се оние кои се правно уредени од страна на законодавецот кои и го определува нивното именување (договор за продажба, договор за размена, договор за дар, заем, закуп, послуга, облигационен однос со причинување на штета, стекнување без основ и работоводство без налог ). Постојат облигации кои се правно неуредени (неименувани облигации). Тие останувајќи правно неуредени истовремено остануваат во своето практично постоење без да бидат на формално ниво именувани поединечно. Отсуство на правната уреденост кај нив доаѓа од повеќе причини. Во редот на овие би ги навеле: нивната нетипичност, 17

поретка присутност во практика, нивната нестандардизираност во поглед на појавените форми и тн. 2.3.Видови облигациони односи со оглед на правните факти При настанувањето на било кој правен однос покрај страните и објектот секогаш е потребно и постоење на одреден правен факт. Тука спаѓаат: согласност на вољите, причинување на штета, стекнување бел основа, работоводство без налог и еднострана изјава на воља. согласноста на вољите како правен факт доведува до настанување на договорите како облигациони односи и тука спаѓаат сите поединечни договори (продажба, размена, дар и тн). Причинување на штета како правен факт доведува до настанување на облигационите односи со причинување штета и тука спашаат сите облигациони односи настанати помеѓу штетникот и оштетениот. Стекнувањето без основа како правен факт доведува до настанување облигациони односи стекнување без правен основ ( тука спаѓаат повеќе видови на односи како што се на пример плаќање на недолгуваното односите кај кој основот постоел подоцна отпаднал и сл). Работовотство без налог доводува до настанување на облигационите односи за неповикано вршење на туѓи работи. Еднострана изјава на вожа како правен вакт доведува до настанување на еднострано облигационо правна дела ( хартии од вредност, јавно ветување на награда и сл.). 2.4.Видови облигациони односи со оглед на нивните страни Тука постои поделба на: 1 Облигациони односи со прости и сложени страни 2 Двострани и повеќе страни облигациони односи 3 Лични и нелични облигациони односи 18

Со прости страни се оние облигациони односи кај кои секоја од страните е сочинета од по едно лице. Со сложени страни се оние облигациони односи кај кои двете страни се сочинети со повеќе лица. Двострани облигациони односи се оние кои имаат само две страни односно кои настануваат само помеѓу две страни. Повеќестрани облигациони односи се кои имаат најмалку три страни, пример договор за ортаклак. Лични се оние облигациони односи од кои произлегуваат права и обврски кои нераскинливо се поврзани со нивните страни. Нелични се оние облигациони односи кои не се нераскинливо поврзани со неговите страни. 2.5.Видови облигациони односи со оглед на видот на дејствието (објектот) Тука постои поделба на: - активни и пасивни облигациони односи - деливи и неделиви облигациони односи - парични и непарични облигациони односи - алтернативни, факултативни и кумулативни облигациони односи - индивидуализирани и генерички Активни се оние облигациони односи чии предмет се состои во некоја активност а тоа значи во некое давање или сторување. Пасивно се оние облигациони односи чии предмет се состои во некоја пасивност а тоа значи во некое несторување или трпење. Деливи се оние облигациони односи кај кои предметот на обврската е делив и поради тоа можно е исполнувањето на тие односи да се врши во делови. Неделиви се оние Облигациони односи чии предмет е неделив и поради тоа не постои можност исполнувањето да се изврши во делови. Парични облигациони односи се оние односи чие предмет се состои во давање на одредена сума на пари. Непарични се оние облигациони односи чии предмет се состои во некое друго давање или во друг вид на дејствие. Алтернативни се оние облигациони односи кои за невното настанување имаат најмалку два предмети, а во времето на исполнувањето во зависност од тоа кој го врши изборот некои од нив престануваат да бидат тоа. Факултативни се оние облигациони односи кај 19

кои е можно, по воља на една страна наместо дејствието што е предмет на тие односи да дојде друго дејствие. Кумулативни облигациони односи се таков вид на односи кај кои има два или повеќе различни предмети што должникот треба да ги предаде сите од нив. За облигационен однос кај кој е точно определен неговиот предмет и оттука сосема извесен негобвиот идентитет велиме дека е индивидуализиран облигационен однос. Генеричките облигациони односи ги карактеризира тоа што тие за свој предмет имаат ствари чии идентитет не е докрај извесен. 2.6.Видови облигациони односи со оглед на нивната содржина Со оглед на нивната содржина облигационите односи може да бидат: - еднострано и двострано обврзувачки односи, - едноставни и сложени облигациони односи, - моментални, трајни и последователни Еднострано обврзувачки се оние облигациони односи од кои заедната страна произлегува најмалку едно субјективно право а за другата страна најмалку една обврска. Двострано обврзувачки односи се оние односи од кои истовремено и за едната и за другата страна од односот, произлегуваат и права и обврски. Едноставни се оние облигациони односи чија содржина е сочинуваат права и обврски кои произлегуваат само од еден единствен однос. Сложени облигациони односи чија содржина е сочинуваат права и обврски кои произлегуваат од повеќе разнородни облигациони односи кои се обединети во еден сложен однос. Моментални се оние облигациони односи чија содржина се остварува истовремено со нивното полноважно настанување. Трајни се оние облигациони односи чија содржина се остварува во еден подолг период. Последователни (сукцесивни) се оние облигациони односи чија содржина се остварува постапно во повеќе тоќно определени временски интервали 10. 10 Ристп Речкпски, Облигаципнп правп 2011-2012, страни 139-166. 20

II. ПРИНЦИПИ И ФУНКЦИИ НА СОВРЕМЕНОТО ДОГОВОРНО ПРАВО Поаѓајќи од тоа кодификацијата и харминизацијата на правото е неминовно поврзана со севкупна постапка за прилагодување на националните законодавства преку воспоствавување на рамка прифатливи заеднички принципи и правила во сферата на Договорното право. Со кодификацијата и усвојувањето на ѕедначени правила кои ќе се применуваат во сферата на регулирањето на договорите во исто време се отстрануваат бариерите што се јавуваат како пречка за несметано одвивање на транскациите, со што се збогатува и правната доктрина. Глобализацијата, масовното производство, развиената дистрибуција потрошувачката на голем број производи и услуги, од своја страна наметнуваат битно ограничување на двата аспекти на слободата на договарањето и скоро ја маргинализираат можноста од склучување на договори во околности на индивидуално преговарање. 11 Дел од начелата донесени од страна на Оле- Ландовата комисија, имаат слични или идентични правни супститути во националното законодавство на Република Македонија, поточно во Законот за облигациони односи. Такви се: начелото на чесност и совесност, 12 слободата на договарањето, односно слободата на уредувањето на облигационите односи, 13 извршувањето на обврските на начин како е договорено, односно според ЗОО должност за исполнување на обврските. 1415 Европската Унија како организација која ги опфаќа најголемиот дел од државите на овој простор, битно настојува да воспостави систем за рамномерен раст, како на национално така и на вкупно ниво, слободен проток на стоката и капиталот, заеднички пазар со релативно дефенирани услови за конкуренција. Правото на Европската Унија всушност е збир на правни норми 11 Ппвеќе вп: Tenreiro, the Integration of Directive 93/13 into the national Legal Systems, Conclusion. 12 Чл. 5 Закпн за пблигавипни пднпси. Чл. РМ.. 18/2001. 13 Чл. 3 Закпн за пблигаципни пднпси. Сл. РМ.. 18/2001. Укинат сп пдлуката на Уставнипт суд на РМ, У.бр67/02, Сл РМ. 59/2002 14 Чл 10 Закпн за пблигаципни пднпси. Сл. РМ.. 18/2001 15 Саша Дукпски, Облигаципнп правп Дпгпвпри и надпмест на штета, Кичевп, 2015. 21

со кои се регулира меѓусебниот однос во кои стапуваат физичките и правните лица. Заради ваквото нешто една од битните цели кои пред себе си ги постави Европската Унија е хармонизацијата ен граѓанското, а во тој дел се разбира и на Договорното право како негов битен сегмент. 16 Глобализацијата, масовното производство, развиената дистрибуција, потрошувачката на голем број производи и услуги, од своја страна наметнуваат битно ограничување на двата аспекта на слободата на договарањето и скоро ја маргинализираат можноста од склучување на договори во околности на индивидуално преговарање. 17 18 Во последниве децении се појави потреба од засебно регулирање на различните видови пред се специфични трговски договори, кои заради светските процеси и европската доктрина со која се регулираше областа на договорното право, наметнаа потреба од прифаќање нови и поинакви стандарди на социјалната правда од оние кои се карактреристични за класичното договорно право. Всушност современото договорно право се раззвива во судирот помеѓу потребата од либерализација и воведување присилни норми кои не се карактреристични на односите што ги регулира областа на приватното право. Во вакви околности националните права можат да ги решаваат настанатите проблеми од колизија на нормите во договорното право единствено на начин во кој правилата кои се наметнуваат од страна на Европската Унија, на еден задоволителен и хармоничен начин да се вградат во постојните национални законодавства. Но понекогаш тоа не е во целост восможно, заради што потребата од задржување на кохерентен состав на приватното право во целина е возможен само со преземање корените реформи во таа сфера. 19 За да се надминат ваквите проблеми Комисијата за европско договорно право ги изработи Начелата на европското договорно право познати уште и како Оле Ландови 16 Саша Дукпски, Облигаципнп правп, дпгпвпри и надпмест на штета, Кичевп 2015 гпдина, страна, 30. 17 Ппвеќе вп: Tenreiro, The Integration of Directive 93/13 into the National Legal Systems, Conclusion. 18 Саша Дукпски, Облигаципнп правп, дпгпвпри и надпмест на штета, Кичевп 2015 гпдина, страни, 30, 31. 19 Ппдетална анализа на пвпј прпцес вп: SCHULTE-NOLKE, H,, The New German Law of Obligations: an Introduction, German law Archiva, http: // www.iuscomp.otg/gla/; SCHLECHTRIEM, P., The German Act to Medernize the Law of Obligations in the Context of Common Principles and Structures of the law of Obligations in Europe, German Law Archive, (2002) Oxford U Comparative L Forum 2 at ouclf. Iuscomp.org. 22

начела 20. Овие начела се основа на европското договорно право и се разбира новиот европски граѓански законик. Oсновните цели на Оле ландовите начела се: 21 овозможување на договорните страни да по одредени прашања зе своето договорно право користат неутрален пристап на правните правила, односно да се исклучи можноста од примена на националното право само на една страна, овозможување на арбитражно решавање на споровите кои произлегуваат од договорот, да послужат како основа на Нацрт Европски законик за договорите, како и за донесување европски законик за приватното право, олеснување на меѓусебното тргување, внатре во Европската Унија, зајакнување на единствениот европски пазар, премостување на разликите помеѓу civil law и common law правните системи. Дел од начелата донесени од страна на Оле-Ландовата комисија, имаат слични или идентични правни институти во националното законодавство на Република Македонија, поточно во законот за Облигациони односи. Начелото на чесност и совесност 22, Слобода на договарање, односно слобода на уредување на облигационите односи 23, извршување на обврските на начин како е договорено, односно според ЗОО должност за исполнување на обврските 24. Начелата на европското договорно право представуваат најсложен и меѓународно најреспектиран проект насочен кон хармобизација на европското договорно право. Истите представуваат основа за новото европско приватно право 25. Заради ваквото нешто во последно време се појави нов термин кој се почесто се користи со современата правна доктрина, а тоа е Европеизација на приватното право 26. 27 20 Начела на еврппскптп дпгпвпрнп правп (Principles of European Contract Law PECL) израбптени се пд страна на ппсебна кпмисија фпрмирана вп 1970 г. Од страна на кпмисијата за еврппскп дпгпвпрнп правп (CECL). Вп 1998 се пбјавени првипт и втприпт дел на начелата, а вп 2002 г. Третипт дел. 21 Ппвеќе за пва вп: Lando, O.-Beale, H,: Principles of European contract Law, Parts I and II,Kluwer Law int., 2000.str.95.-97. 22 Чл 5 Закпн за Облигаципни пднпси. Св РМ.. 18/2001. 23 Чл3 Закпн за Облигаципни пднпси Сл. РМ.. 18/2001. Укинат сп пдлука на Уставнипт суд на РМ, У. бр 67/02, Сл, РМ59/2002. 24 Чл 10, Закпн за Облигаципни пднпси. Сл РМ.. 18/2001. 25 Zimmerman, R. (2004). Nacala evropskog prava mederna manifestacija stare I moguca osnova za novu osnovu evropske pravne doctrine privatnog prava. Pravo I preivreda, 41 (9-12), 35-74. 26 Christian Jeorges, On the Legitimacy of Europeanising Private law, Jus Comune Lectures on European Private Law, February 2003. 23

1.Фундаментални принципи на облигационото право Покрај општиот принцип на правда, договорот е предмет на принципот на: - слобода, - на обврзувачка сила - и на добра воља. - 1.1.Слобода на договарањето Слободата на договарањето може да биде како позитивна или негативна: слобода да се склучи договор или не. Со договорот обврските доброволно се превземаат и секој моеже да избере да го склучи или да не го склучи договорот. Сепак постојат ограничувања на оваа слобода. Најпрво постојат забранети договори. Може да се вклучи меѓу многубројните примери, оној на граѓанскиот пакт за солидарност, односно договорот меѓу партнерите за живот во заеедница, чие што склучување е забрането меѓу одредени лица, без разлика дили тие имаат едни со други врска во сродство која што се смета за особено блиска, или тие се веќе обврзани со договор за брак или друг договор за живот во заедница. Исто така па дури и повеќе постојат наметнати договори. За практикување одредени активности се смета задолжително да се извади полиса за осигурување (на пример возење на автомобил). Слично на тоа сега се смета за задолжително да се склучи договор за PARE (план за обезбедување помош при враќање на вработувањето) за да добијат надоместоци во случај на невработеност. 1.2.Слобода на избор на договорните страни Слободата на договарање е вклучува можноста слободно да се избере договорната страна. Врховниот суд има можност да потсети и прецизира дека оваа 27 Саша Дукпски, Облигаципнп правп, дпгпвпри и надпмест на штета, Кичевп 2015 гпдина, страни,31,32,33,34. 24

слобода го подразбира правото да не се мотивира изборот на таквата договорна страна за разлика од друга, па дури и да не се откриваат критериумите според кои што овој избор се остварува. Уставниот совет, исто така ја потврди уставната вредност, на принципот на слобода на избор на своите соработници, коишто произлегува од слободата да се преземаат обврски. 28 Сепак постојат ограничувања на оваа слобода на избор. Слободниот избор не смее да стане незаконска дискриминација, заснована на тоа што правото забранува и потоа се отвора право на поправка. Слично на тоа заштитата на потрошувачите оправдува зошто се забранува одбивањето да се продаде или изврши услуга. 1.3.Слобода на дефенирање на содржината на договорот Слободата на договарањето исто така вклучува и повторно во принцип можност за утврдување на содржината на предложениот договор поточно само по себе да се задржат условите на неговиот анганжман. Странките можат слободно да се согласат за сите видови анганжани или клаузули и судиите мора да ги следат прецизните индикации на страните кои што секогаш може да измислуваат нови клаузули согласно она што им одговара. Договорната страна може на пример слободно да ја утврди цената што ја бара другата страна, сепак под услов да не дојде до злоупотребување предизвикано од страна на однесување спротивно на добрата воља. Во принцип оваа слобода се среќава со ограничување во однос на нужното почитување на јавниот ред и морал. Не можат да бидат вклучени во договорот одредби кои што се спротивни на одредени принципи оценети како фундаментални поточно нужни за добриот поредок и моралот во општреството, под казна ништовност, па дури и пресуда на оштета за оние кои што реализирале лажен договорен анганжман. 29 28 Одлука сп бр.88-244 УС јули 1988. 29 Муриел Фарб Маоан, Облигаципнп правп 1- Дпгпвпри и еднпстрана пбврска, страни 51-53. 25

2.Функции на облигационото право 2.1. Економска анализа на правото Екомоската анализа на правото, првично представува американско научно движење кон крајот на 1950 година. Ова движење инспирирано од нео-класичното и либералното движење, беше спроведено на почетокот од страна на економистите 30, на кои што постепено се приклучија правниците. Оттогаш па наваму доаѓа до настанување на импресивен број статии, списанија 31 и книги најпрво во САД а потоа и во другите земји. Иако новите економски анализи денес се порписутни, движењето за економската анализа на правото (Economics Analusis of Law), е повеќе насочена кон анализата на позитивното право, останува особено проширена и во голема мера е доминантна кај англо американските правници. Првата школа беше воведена од страна на Richard Posher 32, чие што прво дело насловено Economic Analysis of Law, беше објавена за прв пат во 1972 година и редовно печатено уште од тогаш. Економската анализа на правото се интересира за ефикасноста на правилата од областа на правото. Таа проучува како едно правило од областа на правото го насочува однесувањето на поединците и како тоа ги постигнува своите цели без да биде заобиколено од страна на самите поединци. 30 Гплем дел пд нив ја дпбиле Нпбелпвата награда ппради нивната рабпта: Gery Becker, Roland Coase, па дури и Freidrich Yon Hayek. 31 Juornal of law and Economic, пбјавен при Универзитетпт вп Чикагп, Jurnal of legal Studies, пд кпи штп вп рамките на првипт, вп свпјствп на редактпр се ппјавил Richard Poshen, или le Jurnal of Law, Economics and Organization. Објавен вп 1985 при Универзитетпт вп Јајл. 32 Richard A Posner, roden vo 1939 гпдина предава десет гпдини на универзитетпт вп Чикагп, кпј штп беше и кпј штп пстанува седиште на екпнпмската анализа на правптп. Вп 1981 тпј беше именуван вп председател на еден апелаципнен суд вп САД (7-ми пкруг), сп кпј штп председателствува пд 1993 дп 2000. 26

2.2.Нео институционално движење Институционалното движење беше иницирано во почетокот на 20 век во САД, првенствено од страна на тројца афтори: Jonh Rogers Commons ( правник), Thorstein Veblen (економист) и Wesley Clair Mitchell (статистичар). Движењето е оттогаш оттелотворено од страна на Oliver E. Williamson и сега се нарекува неоинституционализам. Се нарекува така бидејќи тоа е продолжување на американската институционална школа од почетокот на 20 век и која што исто така беше заинтересирана за прашањето на институциите сфатени во широка смисла начините на организирање на економските активности. Ова движење е со цел да се раскине врската со неокласичниот корпус и особено со традиционалните претпоставки на Hommo economicus како совршено рационален и информиран агент и со методолошкиот индивидуализам. Во реалноста поединците не ги имаат сите информации и нивната рационалност е ограничена, тие имаат посложени однесувања од оние опишани од страна на класичната теорија. Клучното прашање е она да се утврди како во овој конткекс најдобро да се управува координацијата меѓу поединците односно како да се прилагодат нивните индивидуални одлуки. Во споредба со класичната макроекономија која што се фокусирање првенствено на пазарот овие автори во центарот на нивната анализа ги ставаат организациите, широко дефенирани како и договорите, бидејќи се работи за анализирање на трансакциите и размената. Компамијата сега е замислена како начин на координиорање на различни работи. 2.3.Политичка функција на облигационото право Правото во целина како и облигационото право со сигурност играат политичка улога. Тие имаат за цел да управуваат со односите на моќ односите на принуда и законот ќе одлучи во поголема или помала мера за повторно урамнотежување на овие 27

односи и дури и да ги заштити посебните општествени класи (вработените, потрошувачите, закупниците). Политичкото читање на правото вклучувајќи го и облигационото право е доста честа појава во рамките на САД реалистичкото движење во 1930-тите и 1940-тите години веќе инсистира на тоа дека судиите чекор назад во поглед на ригидноста на правилата и да се фокусираат повеќе во практичните размислувања и резултатите од нивните одлуки на пример наместо да се фокусираат на техничките услови при склучувањето договор тие треба да се запрашаат околу моќта на секоја страна во рамките на преговорите за нивниот квалитет за предметот итн. Политичката анализа е обновена во 1970 година од страна на Critical Legal Studies, кое што настанало при Универзитетот Харвард во САД. 33 За приврзаниците на ова движење облигационото право служи за да се зајакне индивидуализмот. Судиите навистина требас да се прашуваат за потребата од размена за нееднаквоста меѓу странките или за вистинскиот капацитет меѓу страните кои што треба да ја дадат својата согласност надвор од малкуте правила во случај на непреченост. 2.4.Антрополошката функција на правото Облигационото право исто така има антрополошка функција 34. Во рамки на други култури обврската или должноста произлегува главно од заземеното место, во рамките на семејството или во рамките на градот. 35 Во нашите западни култури договорот е важен извор на обврските и поради тоа и на врските меѓу луѓето. Всушност во рамките на нашите култури не станува збор за врската која што е важна во рамките на договорот во смисла на одржувањето односи со другата страна туку за размената која што се врши со договорот на тој начин би можело во рамките на правото да се бара договорната страна што е исплатена да го обезбеди она што е 33 Види кпнкретнп D. Kennedy, Freedom and Constrtaint in Adjudication: A Critical Phenomenology, Journal of Legal Education, т. 36, 1986, реиздаденп вп D. Kennedy, Legal Reasoning: Collected Essaus, the Davies Group. 34 Сппред фпрмулата на Alian Supoit: Homo Juridicus. Essai sur lafantion anthropologique du droit, Seuil, 2005, Points Essais 2009. 35 Види на тпј начин за Јаппнија, делптп на Ruth Benedict, le chrysantheme etre sabre, Fe 00., 1946, ппнатаму истражуваоетп пд страна на Picquier, кпјштп ги истражува кпнкретнп пбврските вп рамките на фамилијата или vis a vis императпрпт. 28

договорено дури и ако извршувањето на договорот ќе резултира со тоа што ќе го стави во драматична ситуација. 36 36 Муриел Фарб Маоан, Облигаципнп правп 1- Дпгпвпри и еднпстрана пбврска, страни 89-98. 29

III. МЕТОД НА РЕГУЛИРАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ОБЛИГАЦИОНОТО ПРАВО Една од основните карактреристики на граѓанското право е Методот на регулирање на основните принципи. Граѓанско правниот метод на координација го сочинуваат четири основни принципи: - Слободна иницијатива, - Еднаквост на странките, - Преносливост, - Имотна санкција. Покрај овие основни принципи, во граѓанското право, заради потребата од целосно уредување на граѓанско правните односи во граѓанско правниот метод се појавуваат и следните дополнителни принципи: - Правичност, - Правна сигурност, - Совесност и чесност, - Јавност, - Легалитет. Во засновањето на двостраните договори, учесниците тргнуваат од начелото на еднаква вредност на заемните давања. Секој е должен да се воздрижи од постапка со која може на друг да му предизвика штета. 37 37 Саша Дукпски, Облигаципнп правп, дпгпвпри и надпмест на штета, Кичевп 2015 гпдина, страни, 26, 27, 28. 30

1.Регулирање на договорите според колизионите норми Автономијата на вољата на странките во деловното работење е таа која ќе определи кое право странките ќе го применуваат и според кое ќе ги решаваат нивните права и обврски. Под колизиони норми се подразбираат оние норми со кои се определува од кои правни системи на соодветни држави ќе се применува на некој меѓународно-трговски однос. Овие норми се нарекуваат колизиони норми бидејќи определуваат кое право ќе се применува кога постои колизија меѓу повеќе права. Материјалните норми на секоја држава го сочинуваат најзиниот правен поредок, а колизионите норми му припаѓаат на меѓународното приватно право. Материјалното приватно право се дефенира како збир на правни прописи кои определуваат кои од приватните поредоци на разните подрачја со кои некои животни односи имаат врска, ќе се применуваат на тој однос. 38 Колизионите норми имаат два елементи: категории на врзување и точки на врзување. Категории на врзување има повеќе и тие се групирани според материјата и тоа: облигациони односи, семејни односи, лични односи и слично, Точките на врзување се битни бидејќи колизионите норми се донесуваат за утврдување на правото кое ќе се применува само на правниот однос со доминантен елемент на страност. При донесување на тие норми се поаѓа од околности кои се карактеристични и определиво битни за тие односи. Според повеќето национални права може да се примени едно од договорените права, но тоа да се однесува само на содржината на договорот, а не и на договорот во целина. Според ова способноста на странките се цени според lex nacionalis ( право на државата чии државјани се странките во договорот ), по lex domicilii ( според законот каде што странките имаат престојувалиште ), формата на договорот се цени според locus regit actum ( местото каде е склучен договорот ), класификацијата се цени според lex fori ( законот на државата пред чии суд се распрева спорниот однос ). 38 А Никплпвски, С Плавшиќ : Медунарпднп стппанскп правп. Скппје 1994. 31

1.1.Содржина на договорот При утврдување на колизионите норми за содржината на договорот во повеќето национални права се применува правното правило lex loci contraktus, закон на правото на местото на склучување на договорот, а во пооделни земји и институтот lex loci solutionsзакон на местото на исполнување на договорот. 1.2.Форма на договорот За формата на договори за тргуваше најчесто во сите законодавства се применува колизионата норма Locus regit actum каде што е склучен договорот. Во услови кога постои согласност на вољите на договорните страни за примена на колизионите норми во меѓународното тргување, ваквата примена може да се ограничи или во целост оневозможи во следните случаи - Доколку примената на странското право е спротивно на јавниот поредок, - Доколку со примената на странското право се изигрува заобиколува домашното позитивно законодавство, Во вакви околлности надлежниот суд нема да го примени странското право туку во спорниот однос ќе постапува и носи одлука според институтот Lex fori (закон на судот) Меѓународното приватно право има воспоставено определени правила кои ги регулираат граѓанско-правните односи, а истите се во функција на Меѓународното трговско право. Националните прописи представуваат пречка во размената, на еден облигационо-правен однос со странски елемент ја прикажува сета сложеност. Основен метод по кој правилата на Меѓународното приватно право го решаваат судирот на законите и правосудството е методот на точки на поврзување на правниот однос. Точките на поврзување се групираат на: Лични и статусни односи каде како точка на поврзување се јавува државјанството или припадноста на физичкото односно правното лице, стварно правниот однос кој како точка на поврзување е местото на наоѓање на 32

стварта, договорните односи каде како точка на поврзување преземање или извршување на обврската. се јавува местото на Точката на поврзување за еден правен поредок преку субјектот на правниот однос е неговото државјанство или домицилот. Државјанството е лична јавна врска помеѓу едно физичко лице и определена држава, врз однова на што добива најширок статус во истата, односно нему му се правно достапни сите граѓански, политички, економски и социјални права. Домицилот е територијалната врска помеѓу едно лице и државата. Тој се дефенира како центар на животните односи на одредена индивидуа во определена држава. Трговец и трговија се подразбира различно во секое национално право. способноста за вршење трговија и статусот на трговецот се цени во рамките на правниот поредок каде субјектот ја остварува трговската активност. Критериуми за определување на припадноста на правниот субјект се: местото на основање, државјанството на членовите на правниот субјект, седиште на правниот субјект, контролата врз правниот субјект. Местото на основање на правниот субјект е она место или држава каде тоа е запишано во соодветниот регистар. Ваквото нешто е прифатено во Англосаксонското право. Според критериумите на државјанството на членовите на правниот субјект се определува најмалку 51% од нив или нивниот капитал да се припадници на иста држава. Седиште на правниот субјект е средината во кое тоа ја остварува својата активност за што е регистрирано, но може да се определува и според местото каде се наоѓа управата. Наоѓањето на предметот секогаш е точна и видлива категорија која се утврдува на објективен начин. Со него се обезбедува сигурност на трансакциите заради укнижување на истите во соодветни регистри и книги, за недвижноста е заинтересирана секоја земја и таа не пропушта да нема јурисдикција врз правниот однос. 33

Реален статус на недвижностите кога за недвижноста е надлежен законот и судот на земјата каде што се наоѓа и е определен со: Mоментот кога настанал правниот основ ( момент на склучување на договор и случно), моментот кога се врши пренесување на правата, момент гока се врши предавање на предметот на договорот. Реалниот статус на средствата за превоз е определен со припадноста на државата под чија заштита и суверенитет се (бродови, воздухоплови и железнички вагони). Друмскиот собраќај е изземен од овие стандарди. Разликуваме критериуми кои ја определуваат формата и содржината на договорот: Под форма на договорот се подразбира начинот на кој може да се постигне согласност на вољата на договорните страни за склучување на конкретен договор. Според меѓународното право договорите во меѓународната трговија се регулираат според законот на местото каде што е склучен договорот правило locus regit actum, Определување на закон кој ја регулира содржината на договорот. Постојат околности кога странките сами го определиле соодветниот закон ( автономија на вољите). Кога странките не го определиле соодветниот закон? Вољата најчесто се определува доколку странките во правниот однос договориле надлежен суд, арбитража која работи според одредени правни правила, ако се спомнати институти или институции кои упатуваат на определено право, кој типските и формуларни договори за правен однос. 39 39 Саша Дукпски, Облигаципнп правп, Дпгпвпри и надпмест на штета, Кичевп 2015 гпдина, страни 37, 38,39,40,41. 34