АНАЛИЗА НА КРИМИНАЛНОТО ЗДРУЖУВАЊЕ И ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ОД КАЗНЕНО ПРАВЕН АСПЕКТ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЗА СПЕЦИФИКИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПЕРИОДОТ ГОДИНА

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

Биланс на приходи и расходи

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Биланс на приходи и расходи

Предмет: КРИМИНОЛОГИЈА Тема:,, ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

ПРАВНА АНАЛИЗА НА КОНЦЕПТОТ НА КАЗНЕНОТО ДЕЛО НА ОМРАЗА И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Социо политички и правни аспекти на аболицијата во меѓународната заедница

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

УНИВЕРЗИТЕТ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ БИТОЛА

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ Социјална педагогија

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Структурно програмирање

ВЛИЈАНИЕТО НА ОБЈЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ ВРЗ УТВРДУВАЊЕТО НА НЕПРЕСМЕТЛИВОСТА ВО КАЗНЕНОТО ПРАВО

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ТЕОРЕТСКИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Николче Илиоски 153-II/Б

март - јуни 2006 година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

КРИВИЧНОТО ДЕЛО НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИ ВО МАКЕДОНСКО ПРАВО

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И ГОВОР НА ОМРАЗА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Препораки за политика и законодавство за делотворна примена на одредбата за неказнување на жртвите на трговија со луѓе

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ORGANIZED CRIME AS SECURITY-POLITICAL AND DESTABILIZING FACTOR OF DEVELOPMENT ON SOCIETIES IN TRANSITION (case study-republic of Macedonia)

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КВАЛИФИЦИРАНИ УБИСТВА СПОРЕД НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Тања МИЛОШЕВСКА УДК: : СОРАБОТКА И ФОРМИРАЊЕ СТРАТЕГИСКИ СОЈУЗИ ПОМЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

- Пом. Асс. Олга Ѓуркова Универзитет Гоце Делчев - Штип Правен факултет

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВO. Магистерска работа. Тема: Облигационо право

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА)

СОЦИОЛОГИЈА НА ФИЗИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТОТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ

Безбедност и здравје на работа

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА МАЛОЛЕТНИТЕ ПРЕСТАПНИЦИ (ВЛИЈАНИЕТО НА НОВАТА ОПШТЕСТВЕНА ОДБРАНА; ПОИМ И РАЗГРАНИЧУВАЊЕ ОД ДРУГИ СРОДНИ ПОИМИ; ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ)

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

ЗНАЧЕЊЕ И ПРИМЕНА НА ХАШКАТА КОНВЕНЦИЈА ОД 1954 ГОДИНА. Историски контекст, значење и смисла на конвенцијата

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

Оваа анализа е објавена во рамките на проектот Македонија во дигиталната ера меѓу правата и одговорностите при комуницирањето на интернет

Transcription:

АНАЛИЗА НА КРИМИНАЛНОТО ЗДРУЖУВАЊЕ И ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ОД КАЗНЕНО ПРАВЕН АСПЕКТ Автор: М-р Илија Јованов Септември, 2015 година НАМЕСТО ВОВЕД Темата на овој труд: Анализа на криминалното здружување и злосторничкото здружение од казнено правен аспект ја избрав за обработка во овој труд од причина што станува збор за материја која е многу тесно поврзана со организираниот криминалитет, како најтежок обик на криминалитет, но истовремено се работи и за тема која е релативно нова во казнено правната терминологија и на која досега не ѝ беше посветувано должно внимание. Но, со развојот на светот и унапредувањето на секојдневниот живот на човекот, се јавуваат и понови и пософистицирани форми на криминално однесување. Криминалитетот, како најтежок облик на негативни општествени појави и/или девијации за кои се пропишани и соодветни кривични санкции, завзема нови форми и облици. Задача на казненото право, пак, е да изнајде соодветни начини како ќе се регулира тоа девијантно, односно криминално поведение на одредено лице(а) и да изнајде конкретни санкции за истото. Организираниот криминал не е дефиниран како таков поим во законодавна форма. Задачата за негово дефинирање, за утврдување на причините за настанувањето, за анализа на карактеристиките и појавните облици во кои тој се јавува се препуштени на правната, но и на криминолошката теорија, односно на теоретичарите кои го проучуваат овој глобален феномен. Подолу во овој труд ќе бидат разработени поимите криминалитет, криминално здружение, злосторничко здружение, односот со делата извршени од страна на здружението, претпоставената одговорност за сторените дела и казнената одговорност на соучесниците.

1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ КРИМИНАЛИТЕТ Криминалитетот претставува константна и мошне динамична општествено негативна појава која вешто се прилагодува на општествените, економските и социјалните состојби во општеството. Една нормативна дефиниција го смета криминалот за девијантно однесување кое ги крши постоечките норми и културни стандарди кои пропишуваат како нормално треба да се однесуваат луѓето. Криминалитетот, злоделата и злосторствата во потешка форма, се пропратен сателит на човековите општества и меѓународната заедница како целина. Спречувањето и откривањето на истите не е ни малку лесна работа и активност на државите, легалните институции и агенции. Се прават огромни напори на државите и Меѓународната заедница за превенција и справување со најтешките криминални дела, согледани во современи услови, во арсеналот на организираниот криминал, корупцијата, тероризмот и воените злосторства, или злосторства за време на вооружени судири. 1 Проф. д-р Татјана Велкова констатира дека,,криминалитетот е најтешката форма на противправно однесување на човекот која се состои во кршење на законските прописи со кои се заштитени најважните човекови права и слободи (животот и телото, имотот, здравјето, рамноправноста, правото на работа, половите слободи и морал, правото на здрава животна средина), но, исто така и темелните вредности на општественото уредување на секој правен систем (општествено-економскиот и политичкиот систем, економската основа на земјата, јавниот ред, правниот сообраќај, безбедноста, вооружените сили, ратификуваните одредби на меѓународното право). 2 Нејзината разработена и посèопфатна дефиниција е прифатлива за нас. Освен д-р Велкова и други научни работници и правни теоретичари даваат (слични) дефиниции за оваа научна материја (криминалитет). За дефинирање на поимот на криминалитетот во правната литература се сретнуваат дефиниции во поширока и во потесна смисла. Според правната дефиниција во поширока смисла, под криминалитет се подразбира секое противправно поведение (сторување и несторување) за кое според позитивните (важечките) прописи на одредена земја надлежен орган може да изрече (соодветна) санкција. 1 Прирачник Општа дисеминација на меѓународното хуманитарно право во структурите на безбедност, одбрана и здравство, Црвен крст на Република Македонија, Скопје, 2010 година, стр. 10. 2 Велкова, Т., Вовед во криминологија (авторизирани предавања), 2-ри Август С Штип, 2009 година, стр. 10-11. 2

Наспроти поширокото правно определување, правната дефиниција во потесна смисла, поимот на криминалитетот го определува како вкупност од човекови поведенија инкриминирани со позитивното кривично законодавство како кривични дела за кои е пропишана соодветна кривична санкција. Со други зборови, според правната дефиниција во потесна смисла, криминалитетот го сочинуваат сите кривични дела за кои се пропишани кривични санкции согласно со одредбите на Кривичниот законик на Република Македонија. Правните дефиниции на криминалитетот (пошироката и потесната) се прецизни во поглед на определувањето на криминалитетот, бидејќи тргнуваат од законските одредби. Криминалитетот се извршува во општеството и претставува директна последица на општествените состојби и услови во кои секој поединец, но и самите општествени групи постојат и функционираат како дел од системот на општеството. Покрај следењето и проучувањето на криминалитетот како индивидуална појава, таа се следи и проучува и како масовна појава, т.е. како збир од извршените деликти (прекршоци и кривични дела) во секое општество. 2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ Во правната теорија денес постојат многубројни дефиниции за поимот организиран криминал. Самото дефинирање е од особено големо значење за поставување на казнено правната рамка за сите организирани облици на криминалитет кои што постојат во сите општества. Со прецизно законско регулирање ќе се олесни откривањето и разјаснувањето на казненото дело и на неговиот(е) сторител(и), но и ќе се постигне репресивната улога на државниот апарат за санкции, односно казнување на сторителот или сторителите за извршеното казнено дело. Според германскиот автор Christian Pfeiffer, организираниот криминал претставува планско вршење на кривични дела со цел за остварување добивка или моќ, кои се поединечно или заедно многу значајни. Во нив, врз основа на поделбата на трудот, на подолго или неодредено време учествуваат повеќе од двајца извршители: a) користејќи специјализирани занаетски вештини или структури сличи на работодавателите; б) применувајќи насилство или други средства за заплашување; в) во спрега со политиката, медиумите, јавната управа, правосудството или стопанството. 3

За хрватскиот автор Ж. Сачиќ, пак, организираниот криминал опфаќа систематски подготвувани, со поделба на трудот, плански и професионално извршени кривични дела, кои можат да ги извршат најмалку три поврзани соизвршители, здружени во криминално здружение, чија цел е стекнување и золемување на финансиската корист и општествената моќ, со трајно, тајно и заедничко делување на членовите, без почитување на меѓународните граници, со користење на насилство, заплаување или корупција за осигурување на својот илегален опстанок, односно развојот на криминалната дејност. Според словенечкиот теоретичар Б. Добовшек:,,организираниот криминалитет е на претприемачки начин спроведена дејност на злосторничкото здружение, коешто користи насилство или корупција за стекнување на имотна корист или стекнување општествена моќ. Еден од најеминентните и најафирмираните правни теоретичари во Република Македонија, академик проф. д-р Владо Камбовски организираниот криминал го дефинира како,,извршување на кривични дела од страна на злосторнички здруженија заради остварување на профит и/или постигнување на моќ, со употреба на насилство, или со користење на посебната положба во општеството, со намалување на ризикот преку вклучување во легалните економски, политички и други активности, како и однапред направен систем за заштита од гонење. 3 Истиот автор, како што и самиот вели,,,по десетгодишно проучување на феноменот на организираниот криминал, би ја проширил со додавање на следниве елементи во нејзиниот втор дел: (покрај употребата на насилство) употребата на друга сила или притисок, користење на корупција, инволвирање на легалните економки и политички активности и влијание врз политиката, бизнисот, медиумите и судството заради полесно отварување профит и моќ и заштита од казнено гонење. 4 Проф. д-р Владо Камбовски дава дефиниција на средно ниво на генерализација. Неговата дефиниција за поимот организиран криминал е најприфатлива за нас. Причините за тоа се: сèопфатноста на неговата дефиниција, вклучувањето на елементите кои се од суштинско значење за постоењето и на самиот поим организиран криминал како таков, но и широкиот прием на оваа дефиниција во (казнено) правната теорија и практика. 3 Камбовски, В., Правна држава и организиран криминал, Правен факултет Јустинијан Прави, Скопје, 1996, стр. 8-9. 4 Види: Камбовски, В., Организиран криминал, Скопје, 2005, стр. 49. 4

3. КРИМИНАЛНОТО ЗДРУЖУВАЊЕ КАКО САМОСТОЈНО ДЕЛО Разработувајќи го криминалното здружување како самостојно дело ќе се водиме, освен од постоечката правна литература, која ја разработува оваа проблематика и согласно соодветните законски прописи, односно Кривичниот законик на Република Македонија и Законот за кривичната постапка. Во Кривичниот законик на Република Македонија 5 се предвидени две инкриминации на самото здружување на повеќе лица заради извршување казнено дело: договор за извршување казнено дело и злосторничко здружување. Договорот за извршување на кривично дело е инкриминиран како право дело на подготвување, односно се казнува (согласно чл. 393 став 1 од Кривичниот Законик) тој што ќе се договори со друг да изврши казнено дело за кое може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ставот 2 (од истиот член) предвидува дека со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе се согласи на извршување кривично дело за кое е пропишана казна затвор од четири години или потешка казна. Кај ова дело, наречено уште и комплот, се работи за случај на нужно соучесништво, односно делото не постои ако барем меѓу двајца не е постигнат договор за извршување на конкретно дело. Обидот за таков договор, во вид на предлог што доаѓа од едно лице и што не е прифатен од друг, законот не го казнува. Ако дојде до извршување на делото што е предмет на договорот, извршителите нема да се казнат и за претходниот договор, зашто меѓу претходниот договор и извршеното дело постои привиден законски стек (супсидијаритет). 6 Втората инкриминација на злосторничко здружување, се состои во создавање на здружение на три или повеќе лица за извршување на повеќе тешки дела. За разлика од договорот за извршување казнено дело, создавањето и членувањето во злосторничко здружение е самостојно дело на подготвување. Прво, како минимум е потребно не две (како кај договорот), туку три лица, кои се договараат за извршување не на едно (договор), туку на повеќе, честопати и однапред неопределен број дела. Ако дојде до извршување на договореното дело, кај договорот сторителите не се казнуваат и за самиот договор. Наспроти тоа, ако во рамките на дејствувањето на здружението е извршено едно или повече дела, но не се сите за кои е тоа формирано, сторителите се 5 Камбовски, В., Кривичен законик: интегрален текст: предговор, кратки објаснувања и регистар на поими, Службен весник на Република Македонија, Скопје, 2009 година. 6 Види: Камбовски, В., Организиран криминал, Скопје, 2005, стр. 166. 5

казнуваат и за сторените дела и за самото создавање или пристапување кон злосторничкото здружение. 7 4. ПОИМ ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ Под поимот злосторничко здружение,,се подразбира заедничко извршување на казненото дело од страна на најмалку три лица: организаторот и уште најмалку две лица, што се здружиле за вршење казнени дела. 8 Како организатор треба да се третира, не само оној кој што го создал сдружението, туку и оној што од него ја презел и ја продолжил активноста на содавање и раководење со здружението, неговото одржување во мобилност, приклучувањето на нови припадници итн. Припадник, односно член на здружението е тој што го прифатил планот на организаторот и се приклучил кон заедничкиот криминален потфат. Пристапувањето не мора да биде изречно или формално, туку и молкумно, со преземање дејствија што значат помагање на дејствувањето на здружението: така, на пример некој едноставно се приклучил кон бандата што започнала да оперира, или го ставил на располагање своето возило итн. Кај некој здруженија како што е заверата, бандата или друго здружение за вршење дела против државата пристапувањето може да има дури и формален карактер: Полагање заклетва, примање оружје и униформи, добивање формален распоред во некоја формација од типот на паравојска (како т.н. ОНА ). За казнување на припадникот на здружението е доволен чинот на неговото пристапување, неговата согласност да работи за, или во негово име. Не е потребно членот на здружението да преземе и некои други дејствија на помагање, или да изврши некое дело што е опфатено со планот на здружението. Од друга страна, наспроти изразувањето на припадноста кон здружението со кое било активно дејствије, не е доволно обичното солидаризирање, или пасивниот став на лицето кон активноста на здружението. 9 Кривичниот законик употребува различни поими за злосторничко здружение, и тоа: заговор, група, банда, мрежа, служба или друго здружение.,,заговор е тајно здружение за вршење на превратни дела против државата. Група е здружение што има за цел вршење на поблиску определени дела, со пделба на улогите на нејзините членови. Банда е здружение создадено за вршење, според бројот и местото, времето и 7 Исто, стр. 166. 8 Види: Камбовски, В., Организиран криминал, Скопје, 2005, стр. 169. 9 Исто, стр. 170. 6

начинот неопределени дела, што се одликува со цврсти односи на внатрешна хиерархија и мобилност. Мрежа е здружение за извршување на определени дела, организирана според правилата на интензивни деловни контакти и врски. Служба е организација вклучена во поширок институционализиран апарат на друга држава или организација. 10 Кривичниот законик на Република Македонија предвидува пет инкриминации на злосторничко здружување: Терористичка организација (согласно член 394-а) Здружување заради непријателска дејност (член 324) Злосторничко здружување (согласно член 394) Организирање на група за извршување на геноцид и воени злосторства (член 416-а) Организирање на група за извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти (член 418-а и 418-б) Кривичното дело злосторничко здружување има карактер на општо дело, односно се казнува создавањето група или банда што има за цел вршење казнени дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна (казната за организаторот е затвор од една до пет години), како и припаѓањето, членувањето во групата или бандата (казната е затвор од три месеци до три години). Ако има за цел групата или бандата вршење казнени дела за кои може да се изрече казна затвор од најмалку осум години, организаторот се казнува со затвор најмалку четири години, а припадникот со затвор од една до пет години. Законот пропишува облигаторно ослободување од казна за припадникот на групата или бандата што ќе ја открие неа пред да стори некое казнено дело во нејзин состав или за неа. Се работи за привилегирано третирање на стварното каење, со кое се стимулира поеикасното откривање на организираната криминална активност во нејзината најрана фаза. 11 10 Zlataric B., i Damashka M., Rjecnik krivicnog prava i postupka, Zagreb, 1966. 11 Види: Kамбовски, В., Организиран криминал, Скопје, 2005. 7

Создавањето и пристапувањето кон терористичка организација е предвидено во член 394-а од Кривичниот законик на Република Македонија. Ова претставува специјален вид на претходното дело (злосторничко здружување) што се состои од: создавање на група, банда или друга злосторничка организација за извршување на таксативно наброени насилнички дела (убиство, телесно повредување итн.), со цел за создавање на чувство на несигурност или страв кај граѓаните или за загрозување на уставниот поредок на земјата или на интересите на меѓународна организација или на странска држава (организаторот се казнува со казна најмалку осум години, а припадникот на организацијата со затвор од четири до десет години. И овде, за делотворно каење на организаторот е предвидена поблага казна и можност за ослободување, додека за припадникот на организацијата е предвидено облигаторно ослободување од казна. 12 Кај здружувањето заради непријателска дејност (предвидено во член 324 од Кривичниот законик) се казнува создавањето заговор, банда, група или друго здружение на лица заради вршење таксативно наброени дела против државата (казната за организаторот е затвор од една до десет години), како и членувањето во такво здружение (казната е затвор од шест месеци до пет години). Законот и тука содржи две одредби со кои го привилегира стварното каење: организаторот што со откривање на здружението или на друг начин ќе го спречи извршувањето на планираните дела се казнува поблаго (со затвор од три месеци до три години), а може и да се ослободи од казна; 13 со ставот 4 од истиот член се дава можност на припадник на здружението пред да се приклучи во неговиот состав или да се определи за некое казнено дело предвидено во ставот 1, ако го открие здружението да биде ослободен од казна. 14 Кривичното дело организирање група за извршување геноцид и воени злосторства е предвидено со член 416-а од Кривичниот законик на Република Македонија. Кај ова кривично дело се казнува тој што организира група заради извршување на овие дела (казната за организаторот е затвор најмалку осум години), како и членувањето во таква група (казната е затвор најмалку четири години). Припадникот на групата што ќе ја открие неа пред да стори казнено дело во нејзиниот состав или за неа се ослободува од казна. 15 12 Исто, стр. 167-168. 13 Исто, стр. 167-168. 14 Буџакоски, С., Казнено право (општ дел), Охрид, 2008, стр. 217. 15 Види: Камбовски, В., Организиран криминал, Скопје, 2005. 8

Кај кривичното дело организирање на група за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти (од член 418-а) се казнува организаторот (затвор од најмалку осум години) и припадникот на групата (затвор најмалку една година). Делотворното каење 16 го привилегира само припадникот со облигаторно ослободување од казна. Македонското казнено законодавство познава и специјални дела на организирање на злосторничко здружение. Овде спаѓаат делата на: организирање мрежа на препродавачи или на посредници за промет со наркотични дроги (член 215); организирање мрежа на препродавачи или посредници кај делото недозволена трговија (член 277); организирање банда, група или друго здружение за криумчарење (член 278). Како потежок облик на основните дела се казнува само организирањето, а не и членувањето во злосторничко здружение: припадникот на злосторничкото здружение се казнува само за некое конкретно дело во чиешто извршување учествувал. 17 5. ОДНОС СО ДЕЛАТА ИЗВРШЕНИ ОД СТРАНА НА ЗДРУЖЕНИЕТО Создавањето злосторничко здружение претставува опасно подготвително дејствие за извршување повеќе дела содржани во планот на здружението, така што извршувањето едно или неколку не го исцрпува целокупниот криминален потенцијал на здружението. Во тој случај, имено, останува криминалниот потенцијал на здружението, останува организирањето како подготвитело дејствие за делата што не се извршени, а се содржани во злосторничкиот план. Не постои, според тоа, привиден, законски, туку вистински стек 18 меѓу создавањето злосторничко здружение и извршените дела. Криминалниот потенцијал на здружувањето може да биде консумиран единствено во случај на извршување на сите планирани дела. 19 Како посебни дела каде што активноста на организаторот е насочена кон организирање на конкретна криминална актовност со учество на повеќе лица, се кривичните дела: организирање отпор (согласно член 378 од КЗ); организирање вооружен бунт (согласно член 312 од КЗ) и организирање бунт на лица лишени од слобода (согласно член 370 од КЗ). 16 Види: Буџакоски, С., Казнено право (општ дел), Охрид, 2008, стр. 216-218. 17 Види: Камбовски, В., Организиран криминал, Скопје, 2005, стр. 168. 18 Види: Буџакоски, С., Казнено право (општ дел), Охрид, 2008, стр. 219-238. 19 Види: Камбовски, В., Организиран криминал, Скопје, 2005, стр. 170-171. 9

Кај овие дела, организаторот дејствува како поттикнувач на негативните ставови на учесниците во криминалната активност. Феноменот на колективното извршување на казненото дело добива свој казненоправен израз и низ посебното третирање на делата извршени од страна на група. На колективното извршување на делото може, но не мора да му претходи организирање на групата за вршење повеќе дела. За квалификацијата на извршување на делото,,во состав на група е нужно, сепак, постоење на два елементи: субјективен, а тоа е договор за заедничко дејствување во група (на две или повеќе лица), и објективен, што се состои во преземање некое дејство во времето на дејствувањето на групата. Притоа, делото е извршен во група и кога некој од членовите на групата не е физички присутен, но се наоѓа во непосредна близина на местото на неговото извршување станува особено опасен. 20 6. ПРЕТПОСТАВЕНА ОДГОВОРНОСТ ЗА СТОРЕНИТЕ ДЕЛА Кога станува збор за казнувањето на злосторничкото здружување, македонското казнено право доследно го применува и почитува начелото на индивидуална и на субјективна одговорност. Односно, сторителот одговара за самото создавање или за членување во злосторничко здружение, кога тоа е инкриминирано како самостојно казнено дело, како и з аоние казнени дела, сторени од страна на здружението, во чиешто извршување чилно учествувал. 7. КАЗНЕНА ОДГОВОРНОСТ НА СОУЧЕСНИЦИТЕ Казнената одговорност на соучесникот се потпира на пресметливоста и вината како кај извршителот на казнено дело, бидејќи не постојат посебни правила. Сторителот одговара за делото кое го извршил со умисла, а небрежност само кога законот тоа го предвидел. Соучесниците одговараат ако делото го извршат со умисла, а секој соучесник одговара самостојно и лично и не зависи од одговорноста на сторителот, ниту од одговорноста на останатите соучесници. Одговорноста на соучесниците се базира на два принципи: секој одговара во границите на својата умисла и во границите на она што е остварено. 21 20 Исто, стр. 172. 21 Пошироко види: Камбовски, В., Казнено право (општ дел), Култура, Скопје, 2004, стр. 735-744. 10

ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА Можеме да заклучиме дека криминалитетот е најтешката форма на противправно однесување на човекот која се состои во кршење на законските прописи со кои се заштитени најважните човекови права и слободи (животот и телото, имотот, здравјето, рамноправноста, правото на работа, половите слободи и морал, правото на здрава животна средина), но, исто така и темелните вредности на општественото уредување на секој правен систем (општествено - економскиот и политичкиот систем, економската основа на земјата, јавниот ред, правниот сообраќај, безбедноста, вооружените сили, ратификуваните одредби на меѓународното право). Од дескриптивната анализа на поимот организиран криминал, увидовме дека овој феномен претставува извршување на кривични дела од страна на злосторнички здруженија заради остварување на профит и/или постигнување на моќ, со употреба на насилство, употребата на друга сила или притисок, користење на корупција, инволвирање на легалните економки и политички активности и влијание врз политиката, бизнисот, медиумите и судството заради полесно отварување профит и моќ и заштита од казнено гонење, или со користење на посебната положба во општеството, со намалување на ризикот преку вклучување во легалните економски, политички и други активности, како и однапред направен систем за заштита од гонење. Во Кривичниот законик на Република Македонија се предвидени две инкриминации на самото здружување на повеќе лица заради извршување казнено дело, и тоа: договор за извршување казнено дело и злосторничко здружување. Договорот за извршување на кривично дело е инкриминиран како право дело на подготвување, односно се казнува тој што ќе се договори со друг да изврши казнено дело за кое може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ставот 2 (од истиот член) предвидува дека со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе се согласи на извршување кривично дело за кое е пропишана казна затвор од четири години или потешка казна. Втората инкриминација на злосторничко здружување, се состои во создавање на здружение на три или повеќе лица за извршување на повеќе тешки дела. За разлика од договорот за извршување казнено дело, создавањето и членувањето во злосторничко здружение е самостојно дело на подготвување. Прво, како минимум е потребно не две (како кај договорот), туку три лица, кои се договараат за извршување не на едно (договор), туку на повеќе, честопати и однапред неопределен број дела. Ако дојде до извршување на 11

договореното дело, кај договорот сторителите не се казнуваат и за самиот договор. Наспроти тоа, ако во рамките на дејствувањето на здружението е извршено едно или повече дела, но не се сите за кои е тоа формирано, сторителите се казнуваат и за сторените дела и за самото создавање или пристапување кон злосторничкото здружение. Создавањето злосторничко здружение претставува опасно подготвително дејствие за извршување повеќе дела содржани во планот на здружението, така што извршувањето едно или неколку не го исцрпува целокупниот криминален потенцијал на здружението. Во тој случај, имено, останува криминалниот потенцијал на здружението, останува организирањето како подготвитело дејствие за делата што не се извршени, а се содржани во злосторничкиот план. Не постои, според тоа, привиден, законски, туку вистински стек меѓу создавањето злосторничко здружение и извршените дела. Криминалниот потенцијал на здружувањето може да биде консумиран единствено во случај на извршување на сите планирани дела. Кога станува збор за казнување на злосторничкото здружување, македонското казнено право доследно го применува и почитува начелото на индивидуална и на субјективна одговорност. Односно, сторителот одговара за самото создавање или за членување во злосторничко здружение, кога тоа е инкриминирано како самостојно казнено дело, како и з аоние казнени дела, сторени од страна на здружението, во чиешто извршување чилно учествувал. Казнената одговорност на соучесникот се потпира на пресметливоста и вината како кај извршителот на казнено дело, бидејќи не постојат посебни правила. Сторителот одговара за делото кое го извршил со умисла, а небрежност само кога законот тоа го предвидел. Соучесниците одговараат ако делото го извршат со умисла, а секој соучесник одговара самостојно и лично и не зависи од одговорноста на сторителот, ниту од одговорноста на останатите соучесници. Одговорноста на соучесниците се базира на два принципи: секој одговара во границите на својата умисла и во границите на она што е остварено. 12

БИБЛИОГРАФИЈА: Буџакоски, С., Казнено право (општ дел), Охрид, 2008 година; Камбовски, В., Правна држава и организиран криминал, Правен факултет Јустинијан Први, Скопје, 1996 година; Камбовски, В., Казнено право (општ дел), Култура, Скопје, 2004 година; Камбовски, В., Организиран Криминал, Скопје, 2005 година; Камбовски, В., Кривичен законик: интегрален текст: предговор, кратки објаснувања и регистар на поими, Службен весник на Република Македонија, Скопје, 2009 година; Велкова, Т., Вовед во криминологија (авторизирани предавања), 2-ри Август С Штип, 2009 година; Zlataric B., i Damashka M., Rjecnik krivicnog prava i postupka, Zagreb, 1966; Прирачник Општа дисеминација на меѓународното хуманитарно право во структурите на безбедност, одбрана и здравство, Црвен крст на Република Македонија, Скопје, 2010 година. 13

You are free: Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported to Share - to copy, distribute and transmit the work Under the following conditions: Attribution. You must attribute the work in the manner specified by the author or licensor (but not in any way that suggests that they endorse you or your use of the work). Noncommercial. You may not use this work for commercial purposes. No Derivative Works. You may not alter, transform, or build upon this work. For any reuse or distribution, you must make clear to others the license terms of this work. The best way to do this is with a link to this web page. Any of the above conditions can be waived if you get permission from the copyright holder. Nothing in this license impairs or restricts the author s moral rights. The document was created by CC PDF Converter