СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Similar documents
University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Март Opinion research & Communications

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ во СКОПЈЕ Економски факултет - Скопје САШО ЌОСЕВ АГРАРНА ПОЛИТИКА

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ТЕХНОЛОГИЈАТА КАКО ФАКТОР НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НИЗ ПРАВЦИТЕ НА ЕКОНОМСКАТА ТЕОРИЈА

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

Преглед на државите во Западна Африка

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

Стратегија за промоција на извозот и препораки зa реорганизирање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот -Инвест Македонија

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Oдржливост на дефицитот на тековната сметка и можноста за. криза на билансот на плаќање во РМ

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

ОДРЖЛИВОСТ НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

НЕРАМНОМЕРНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ ВО ЕРА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

PRESS CLIPING (May 4 th, 10)

KEY WORDS: knowledge, know-how, investment, entrepreneurship, productivity

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ ОД ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ВО ГРЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

МОДЕЛИРАЊЕ И ОЦЕНКА НА ЕКОНОМСКАТА ЕФИКАСНОСТ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ПОЛИТИКАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА POLITIKA PЁR ZHVILLIMIN E BARABARTЁ RAJONAL NЁ MAQEDONI

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА ТЕМА:

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПАЗАР

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ПРОИЗВОД ВО ФАЗАТА НА ВОВЕДУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС. Тамара Јованов Марјанова, Љупче Давчев, Ристе Темјановски

ОБЛИЦИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО РАЗЛИЧНИ ФАЗИ ОД НИВНИОТ РАЗВОЈ

Лов на сенки Динамката на даночната евазија и измама во Македонија

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ Скопје октомври 2014

МЕЃУНАРОДЕН ТУРИСТИЧКИ СООБРАЌАЈ

Универзитет Св. Кирил и Методиј Економски факултет - Скопје. Докторска дисертација

THE IMPACT OF CLIMATIC FACTORS ON THE PERCENTAGE OF THE YOUNG IN THE POPULATION OF BROWN HARE (Lepus europaeus P.) IN VOJVODINA

ГЛОБАЛНАТА ФИНАНСИСКА КРИЗА И ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ ОДГОВОР НА КРИЗАТА

Вид на квалификација Финансиско-сметководствено-банкарска насока Степен Дипломиран економист

Контекст на земјата. Кратка содржина

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ. НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ: Социо-економски ефекти од туризмот во Општина Охрид за период

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЛИЧНА И ПРОИЗВОДНА ПОТРОШУВАЧКА

Светска Банка Партнерство со Република Македонија Слика на програмата на земјата. Април 2014 година

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

ПР објави во медиуми

ПРОЦЕС НА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ (ДИФУЗИЈА НА ИНОВАЦИИ)

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

УЛОГАТА НА Е-МАРКЕТИНГОТ ВО УСЛОВИ НА ПРОМЕНЕТА ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ТЕРИТОРИЈАЛНА РАЗМЕСТЕНОСТ НА БОШЊАЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПРАВУВАЊЕ СО ПОРТФОЛИОТО HA БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ -МАГИСТЕРСКИ ТРУД-

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

КОРПОРАТИВЕН МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Г.Р.Державин - Свети Николе - Р.Македонија З Б О Р Н И К. на научни трудови

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

Елена К. Ангелевска-Скепароска МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД-ОСНОВА ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ЕФЕКТИ.

ЕФЕКТИТЕ ОД ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА НА СВЕТОТ ШТО СЕ МЕНУВА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

РАФОМЕТРИКС. Страна 1 Г О Д И Н А 2, Б Р О Ј 3 ФОКУС

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ - ПРАКТИКУМ

Структурно програмирање

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ПРЕКУ ИНТЕГРИРАНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ ДО ПОДОБРО ПАЗАРНО ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВИНО

ИЗДАВАЧ: УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА - ГЕВГЕЛИЈА ПОКРОВИТЕЛ: Г-ДИН ГЛИГОР ЧАБУЛЕВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент ШТИП. Весна Ефремова

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

БИЗНИС ИНФО СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА ПРОСПЕРИТЕТ ВО ЕВРОПА БИЗНИС ИНФО

ГЛАВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ ВО СФЕРАТА НА ЕКОНОМИЈАТА ВО ПРОГРАМИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2014 год.

Transcription:

Географски разгледи (44-45) 97-108 (2011) 97 УДК: 330.341.4(497.7) 1991/2006 СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Дејан ИЛИЕВ Институт за географија, ПМФ Гази Баба бб, Скопје, е-mail: d.iliev@hotmail.com ИЗВОД Од 1991 година претстои период на самостоен развој на Република Македонија врз принципите на пазарното стопанисување. Станува збор за период на економска транзиција и структурни реформи во сите делови на општествено-економскиот систем и формирање на нов интегрално пазарен стопански систем. Основна цел на научниот труд е да се утврдат структурните промени и трансформациите во стопанскиот систем на земјата и да се даде посебен акцент на новите структурни насочувања на интегралното пазарно стопанство. Клучни зборови: структурни промени, трансформација, пазарно стопанство. ABSTRACT Since 1991 there has been a period of independent development of the Republic of Macedonia on the principles of the market economy. It is a period of economic transition and structural reforms in all parts of the socio-economic system and the formation of a new integrated market economic system. The main objective of this scientific paper is to identify structural changes and transformations in the economic system of the country and to give special emphasis on the new structural directions of the integrated market economy. Key words: structural change, transformation, market economy. ВОВЕД Досегашниот развој на стопанството во Република Македонија се карактеризира со голема динамичност, но и со нерамномерност во развојот. Развојот на стопанството во периодот до 1980 година се одликуваше со влез на нова технологија и континуирани квалитативни про-

98 Илиев Д.: Структурни промени со трансформација на стопанството... мени во вкупниот систем, така што во овој период беше формиран економскиот потенцијал на земјата, кој во суштина претставуваше основа за идниот општествено-економски живот. Меѓутоа, динамиката и осцилациите на условите за стопанисување во земјата, нефлексибилната стопанска структура, како и нејзината несоодветна организациска поставеност имаа лимитирачко дејство врз развојот на земјата. Така, периодот по 1980 година се одликува со стагнација во развојот на стопанството, односно со намалување на просечните годишни стапки на општествениот производ. Генерално, политиката на стопанскиот развој на земјата во досегашниот период беше концентрирана кон поцелосно и рационално искористување на природните ресурси, но и на човечките ресурси. Структурата на стопанството во досегашниот период се карактеризираше со постојани промени и тоа со пораст на учеството на: индустријата, земјоделството, градежништвото, трговијата и сообраќајот, односно раст на примарниот и на секундарниот сектор. Меѓутоа, целите во развојот кон крајот на 80-тите и 90-тите години се пренасочија кон поинтензивен развој на секундарните и на терцијалните дејности (финансиските услуги, трговијата, угостителството и туризмот и др.). Oсновна карактеристика на развојот во периодот по осамостојувањето на Република Македонија е воведувањето на пазарното стопанство и на сите облици на сопственост. Новиот период во кои навлезе државата се покажа како доста сложен, макотрпен и нестабилен со дисторзии во сите сегменти на стопанскиот систем, што беше случај со повеќето социјалистички земји, кои поминаа низ транзицијата. СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ, ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ И ТЕНДЕНЦИИ НА ИДЕН РАЗВОЈ Основна карактеристика на периодот до 1990 година е тоа што развојот на стопанството во земјата се одвива во услови на договорна економија и различен систем на општествено уредување од оној денес. Државата се јавува како единствен и главен организатор и стимулатор во развојот, така што политиката на развојот на стопанството е ориентирана кон создавање нови објекти во делот на индустријата, развојот на рударството, освојувањето на нови површини во земјоделството и сл. Структурата на стопанството во периодот до 1990 година се одликува со континуирани промени и раст на учеството на индустријата и на земјоделството во вкупниот стопански систем. Според показателите на општествениот производ, најзначајна стопанска гранка во Република Македонија во овој период е индустријата, која учествува со 24,81 % во 1961 година и со 53,70 % во 1990 година. Втора по значење

Географски разгледи (44-45) 97-108 (2011) 99 стопанска дејност е земјоделството, која во структурата на општествениот производ учествува со 32,13 % во 1961 година и со 16,89 % во 1990 година. Овде треба да се потенцира и фактот дека земјоделството во 1961 година е главна гранка во стопанскиот развој на земјата, но во наредниот период го губи приматот на сметка на индустријата, која добива третман на дејност од првостепено значење во стопанскиот развој на државата. Трета по важност стопанска дејност во структурата на стопанскиот систем во поглед на учеството во општествениот производ е трговијата, која процентуално е застапена со 16,78 % во 1961 година и со 11,61 % во 1990 година. Табела 1: Структура на стопанството по дејности во РМ, во %. Дејности 1961 1971 1981 1990 индустрија и рударство 24,81 33,75 42,98 53,70 земјоделство и рибарство 32,13 22,39 16,89 16,28 шумарство 1,53 0,81 0,69 0,84 водостопанство 0,48 0,53 0,52 0,62 градежништво 9,23 11,18 9,35 4,62 сообраќај и врски 6,51 6,94 5,64 5,65 трговија 16,78 18,09 17,10 11,61 угостителство и туризам 2,05 1,60 1,78 1,33 занаетчиство и лични услуги (произ.) 2,81 2,40 2,32 2,03 станбено-комунална дејност (произ.) 0,56 0,62 0,70 0,63 други производни дејности 3,10 1,69 2,03 2,68 Вкупно стопанство 100,00 100,00 100,00 100,00 Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија, Статистички годишник на Република Македонија 1995 година. Градежништвото во структурата на стопанството учествува со 9,23 % во 1961 година и со 4,62 % во 1990 година, а сообраќајот со 6,51 % во 1961 година и со 5,65 % во 1990 година. Останатите стопански дејности имаат помало учество и значење во стопанскиот развој на земјата и нивното учество се движи во рамките до 3 % во општествениот производ на Република Македонија.

100 Илиев Д.: Структурни промени со трансформација на стопанството... 60 50 40 30 20 10 0 1961 1990 индустрија и рударство земјоделство и рибарство шумарство водостопанство градежништво сообраќај и врски трговија угостителство и туризам занаетчиство и лични услуги станбено-комунална дејност други производни дејности Графикон 1: Структура на стопанството на Република Македонија до 1990 година, во %. Генерално, по формираните предуслови за стопански развој на земјата во 60-тите години, во одделни стопански гранки беше присутен висок раст, кој траеше до 80-тите години (средногодишната стапка на општествениот производ во периодот 1961-1965 година била 8,4 %, додека во периодот 1981-1985 година изнесувала само 0,6 %) кога се јавила дестабилизација во динамиката на развојот и одредено структурно насочување. Така, главна одлика на целиот овој период е нагласеното фаворизирање на индустријата како приоритетна гранка во стопанскиот равој на земјата, како мерка за поинтензивен развој и побрз излез од неразвиеноста, што се гледа и од нејзиното големо учество во општествениот производ, на сметка на останатите стопански активности кај кои е присутно намалување, што во целост генерира несинхронизиран стопански развој. Но, и покрај тоа, кога е во прашање периодот до 1990 година треба да се нагласи дека стопанството се наоѓало во постојан пораст, производствениот потенцијал интензивно се ширел и се карактеризирал со значајни структурни промени. Порастот на македонското стопанство е последица на големите инвестициски вложувања во неговата структура и на изградбата на нови стопански објекти, особено во делот на индустрискиот сектор. Табела 2: Структура на стопанството по дејности во РМ, во %. Дејности 1991 1995 индустрија и рударство 49,82 36,02 земјоделство и рибарство 21,26 13,75 шумарство 0,95 0,75 водостопанство 0,74 0,64

Географски разгледи (44-45) 97-108 (2011) 101 градежништво 4,08 7,77 сообраќај и врски 5,01 7,32 трговија 11,06 23,03 угостителство и туризам 1,25 1,91 занаетчиство и лични услуги (произ. дел) 2,30 1,97 станбено комунална дејност (произ. дел) 0,71 1,70 други производни дејности 2,80 5,12 Вкупно стопанство 100,00 100,00 Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија, Статистички годишник на Република Македонија 1995 и 1997 година. Стопанскиот развој во земјата по 1991 година, се одвива врз принципите на пазарното стопанисување. Во овој период главна стопанска активност во стопанството на Република Македонија останува индустријата, која во општествениот производ учествува со 49,82 % во 1991 година и со 36,02 % во 1995 година. Но, од процентуалната застапеност може да се забележи тренд на опаѓање на индустријата, што е последица на општествено-економските транзициони реформи, на падот на вкупната економија (економскиот развој до 1995 година се карактеризираше со негативни економски стапки, каде реалната стапка на БДП во 1991 година изнесуваше -6,2 %, додека во 1995 година -1,1 %) и намалување на акумулативната моќ на стопанството. Друга значајна карактеристика за овој период е тоа што земјоделството го губи приматот во стопанството како дејност која по индустријата го имаше најголемото значење во неговиот развој, на сметка на трговијата, која е дисперзирана речиси во сите населени места во земјата и која учествува со 23,03 % во структурата на стопанството. Од претходната табела може да се забележи дека во периодот 1991-1995 година постои тренд на опаѓање на примарниот и секундарниот сектор, а од друга страна постепен пораст на останатите стопански активности: трговијата, сообраќајот, градежништвото, угостителството и туризмот и др. Периодот по 2001 година е период на стабилизација и пораст на македонското стопанство, на негова поголема либерализација и отвореност кон светските пазари итн. Тоа на државата и донесе поголема економска и инвестициска активност, што може да се забележи од динамичниот пораст на бруто-домашниот производ (БДП) од -4,5 % во 2001 година до 4,8 % во 2008 година. Во вакви услови се присутни структурните промени и трансформации во стопанството, каде се намалува доминантното учество на индустријата и земјоделството во структурата на стопанството, а од друга страна се зголемува учеството на услужните дејности, што во суштина претставува модел на развој и

102 Илиев Д.: Структурни промени со трансформација на стопанството... структурни насочувања низ кои поминале и со кои се карактеризираат високо развиените земји со пазарно стопанство. Табела 3: Учество на стопанските дејности во бруто-домашниот производ. 2000 2006 Дејности БДП во БДП во во % во % мил. ден. мил. ден. земјоделство, лов, риб. и шум. 23 770 10,05 33 597 10,81 индустрија и рударство 53 163 22,49 62 663 20,15 градежништво 13 361 5,65 17 803 5,73 трговија 25 402 10,75 43 707 14,06 хотели и ресторани 3 463 1,46 4 753 1,53 сообраќај, складирање и врски 21 261 8,99 26 494 8,52 финансиско посредување 7 342 3,11 10 027 3,22 вкупно 147 762 62,51 199 044 64,02 бруто домашен производ 236 389 100,00 310 915 100,00 Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија, Статистички годишник на Република Македонија 2002 и 2008 година. Придонесот за растот на стопанството во периодот од 2000 до 2006 година е распределен во повеќе сектори од домашното стопанство. Така, со најголем придонес во растот на бруто-домашниот производ се одликува индустријата и рударството и тоа со учество од 22,49 % во 2000 година и од 20,15 % во 2006 година. Индустријата во периодот по 2001 година и понатаму останува водечка гранка во стопанството на земјата, меѓутоа нејзиното учество и придонес во растот на стопанството е намалено драстично во однос на 1990 година. Причината за намалената генеративна улога на индустријата врз стопанството лежи во стагнантните тенденции во производството, неповолната производна структура и технолошката заостанатост, нерентабилното работење и големите загуби, малите извозни резултати на сметка на нагласената увозна зависност итн.

Географски разгледи (44-45) 97-108 (2011) 103 25 20 15 10 5 0 2000 2006 земјоделство, лов, рибарство и шумарство индустрија и рударство градежништво трговија хотели и ресторани сообраќај, складирање и врски финансиско посредување Графикон 2: Учество на стопанските дејности во бруто-домашниот производ на Република Македонија, 2000-2006, во %. Новиот пазарен систем на стопанисување дава нови можности за различни форми на организираност на индустрискиот сектор, со пазарна ориентација и конкурентност на: капиталот, трудот, знаењето и сл. Табела 4: Основни показатели за развојот на индустријата. Извоз на Увоз на Инвес- Додадена Средства на Год. индуст. индуст. тиции вредност вработените производи производи 1991¹ 40 636 451 271³ 222 267 19 577 763 17 676 836 2001² 8 906 50 940 36 771 73 785 84 030 2006² 12 951 62 662 33 457 108 959 178 444 Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија, Статистички годишник на Република Македонија 1995, 2005 и 2008 година; ¹ податоците се пресметани во илјади денари; ² податоците се пресметани во милиони денари; ³ податокот се однесува за општествениот производ во илјади денари. Индустрискиот сектор се претпоставува дека и понатаму ќе претставува еден од главните генератори на стопанскиот развој на Република Македонија, но за таа цел неопходна ќе биде ревитализација на постоечките капацитети со воведување на нови технологии, сопственичко преструктуирање со зголемено учество на приватниот сектор и изедначување на сите форми на сопственост, промена на производствената структура со зголемено учество на извозно ориентираните гранки итн. Трговијата како стопанска гранка има придонес втор по значење во растот на вкупното стопанство на земјата, поточно оваа дејност учес-

104 Илиев Д.: Структурни промени со трансформација на стопанството... твува со 10,75 % во 2000 година и со 14,06 % во 2006 година во вкупниот бруто-домашен производ. Табела 5: Основни показатели за развојот на трговијата на мало и големо. Трговија на мало Трговија на големо Год. работници продавници промет во мил. денари работници промет во мил. денари 1991 33 525 11 984 411 10 856 446 1995 24 333 9 463 31 682 9 855 38 395 2001 16 727 7 788 45 976 7 687 69 903 2006 19 512 6 416 71 543 8 936 99 830 Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија, Статистички годишник на Република Македонија, 2007 година; Развојот на оваа стопанска дејност претставува еден од најзначајните делови на стопанскиот систем. Нејзиниот развој зависи од растот и од динамиката на вкупното стопанство, а посебно од делот на производството. Развојот на трговијата е условен и е во директна корелација со развојот на пазарот и со неговата организација, со развојот на сообраќајната инфраструктура и модернизацијата на сообраќајот и сл. Економската транзиција и имплементацијата на новиот интегрален пазарен систем во Република Македонија, предизвикаа голема конкуренција во сферата на трговското дејствување, така што во овој период се забележува зголемување на бројот на трговските претпријатија и тоа со поголемо и доминантно учество на приватните претпријатија. Меѓутоа, ако ја земеме и предвид постојната состојба на трговските претпријатија во кои е присутен широк спектар на дејности и активности, се претпоставува дека во периодот што следи, поради големата конкуренција во оваа сфера, е реално да се очекува специјализација на трговските претпријатија и нивно окрупнување. Во идните развојни правци на трговијата, како гранка од стопанскиот систем на земјата, е неопходно, исто така, да се искористат искуствата од високо развиените земји и нивниот начин на развој и на организација на оваа дејност во насока на зголемување на бројот на малите и на средните претпријатија со нивна порамномерна просторна дисперзија, намалувањето на трговските фирми на големо и развој на кооперацијата и специјализацијата, трговијата како извор на нови вработувања и намалување на невработеноста во земјата и сл. Во поглед на придонесот кон вкупниот бруто-домашен производ на земјата, земјоделството (заедно со ловот, риболовот и шумарството) се декларира како трета стопанска дејност. Нејзиното учество се движи од 10,05 % во 2000 година до 10,81 % во 2006 година.

Географски разгледи (44-45) 97-108 (2011) 105 Табела 6: Основни показатели за развојот на земјоделството. Година 1991 2001 2007 вкупно обработлива површ. во илјади (ha) 664 612 526 работници во земјоделски прет. и задруги 28 443 11 509 3 961 инвестиции во милиони денари 3 654¹ 1 067 1 917³ извоз на земјоделски произ. во 000,000 451 976² 4 801 8 565 увоз на земјоделски произ. во 000,000 1 794 525² 3 427 5 124 трактори (вкупно) 45 781 63 280 67 520 условни грла на добиток во илјади 325 274 289 Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија, Статистички годишник на Република Македонија 1995, 2005 и 2008 година; ¹ Инвестициите се пресметани во илјади денари; ² Извозот и увозот е пресметан во илјади денари; ³ Инвестициите во милиони денари се однесуваат за 2006 година. Денес, покрај добрите климатски и временски услови, значаен фактор кој дополнително придонесува за заживување на земјоделството како стопанска активност во Република Македонија се и субвенциите кои државата ги доделува за развојот на земјоделското производство. Субвенционирањето и гарантираните откупни цени спрема меѓународните стандарди во иднина би можеле да придонесат за пристоен доход за земјоделските производители. Аграрната политика во периодот што следи треба да биде насочена кон обезбедување на постабилен социјален и економски статус на земјоделските производители, пораст на извозот на земјоделските производи, задоволување на домашната побарувачка за земјоделски производи итн. Состојбата во земјоделството може исто така значително да се подобри и со користење на предпристапните фондови за рурален развој. Останатите стопански дејности се одликуваат со помал придонес во развојот на стопанството во однос на претходните, но кај нив за разлика од минатиот период, се бележи поголема динамика во развојот и зголемување на учеството и придонесот во денешното стопанство. Така, градежништвото во структурата на бруто-домашниот производ учествува од 5,65 % во 2000 година до 5,73 % во 2006 година, сообраќајот со 8,99 % во 2000 и со 8,52 % во 2006 година, финансиското посредување со 3,11 % во 2000 година и со 3,22 % во 2006 година, секторот хотели и ресторани со 1,46 % во 2000 година и со 1,53 % во 2006 година итн. Од претходната алализа може да се констатира дека во Република Македонија е присутен тренд на зголемување на учеството и придонесот на услужните дејности во рамките на стопанскиот систем. Во

106 Илиев Д.: Структурни промени со трансформација на стопанството... суштина, степенот на развој на услужниот сектор зависи и е во најтесна корелација со достигнатото ниво на општествено-економскиот развој на земјата. Ако се направи компарација со високо развиените земји и притоа ако се земе предвид нивото на развиеност на Република Македонија може да се заклучи дека учеството и придонесот на услужните дејности во вкупниот бруто-домашен производ на земјата е на задоволително ниво. Но, сепак делот на услужните дејности сè уште ја немаат главната улога во апсорбирањето и вработувањето на работната сила, процес кој е препознатлив и претставува главна карактеристика на високо развиените земји. Земајќи ги предвид достигнувањата на одредени услужни дејности во стопанскиот развој на земјата, развојната политика во периодот што следи треба да биде концентрирана кон креирање на поволни услови за побрз и покавлитетен развој на услужните дејности и тоа преку процес на создавање на услови за непречено функционирање на пазарот, преку конкуренцијата и слободниот влез и излез во дејностите од овој сектор, преку поттикнување на развојот на малите и средните претпријатија и сл. Генерално, периодот по 1991 година во развојот на Република Македонија се карактеризира со намалено учество на индустријата и земјоделството во стопанскиот развој на земјата, на сметка на зголеменото учество на останатите стопански и услужни дејности: трговијата, сообраќајот, финансиското посредување, градежништвото и туризмот. Ваквите промени укажуваат на првични тенденции на преструктуирање на стопанството во Република Македонија. Ваквиот тренд и динамика на развојот во суштина претставува напуштање на поранешниот модел на развој на земјата во кој индустријата се декларираше како приоритетна дејност во стопанскиот развој на државата и премин кон модел на развој со давање на приоритет во развојот на услужните дејности, односно процес на трансформација и развој на земјата низ кои поминале високо развиените земји (на пример, во Франција аграрниот сектор учествува со 2,1 %, индустрискиот сектор со 19 %, а сервисниот (услужен) сектор со 78,9 % од бруто-домашниот производ на земјата во 2009 година). Трансформациите во стопанството во Република Македонија, освен тоа што се карактеристични за секторската структура и за производството, тие исто така се присутни и во сопственичката структура на стопанството, а таквите процеси почнаа да се реализираат уште пред осамостојувањето на државата, а тие се интензивираа во периодот на самостоен развој на земјата. Таквите трансформативни процеси се одвиваа на два начина од кои едниот со приватизација на општествените претпријатија, а другиот со формирање на нови приватни претпријатија. Па затоа, се вели дека производното од една страна и сопственич-

Географски разгледи (44-45) 97-108 (2011) 107 кото преструктуирање од друга страна, се двата клучни трансформативни процеси на транзицијата на стопанството во Република Македонија. ЗАКЛУЧОК Основна карактеристика на досегашниот вкупен развој на стопанството во Република Македонија е постојаното опаѓање на учеството на примарниот сектор со истовремено зголемување на учеството на секундарниот и на терцијалниот сектор особено кон крајот на 80-тите и 90-тите години на XX век. Периодот по 1991 година, а посебно периодот по 2001 година се карактеризира со намалено учество на индустријата и на земјоделството во стопанската структура на земјата, на сметка на останатите пред сè услужни дејности (трговијата, сообраќајот, финансиското посредување, туризмот и др.), состојба што укажува на започнат процес на преструктуирање на стопанството на земјата. Трансформативните процеси на стопанството во Република Македонија во наредниот период е потребно да бидат насочени кон приспособување и модернизација на индустирскиот и на аграрниот сектор, но и кон поинтензивен и покавалитетен развој на услужниот сектор. Па така, Република Македонија, според својата територијална и демографска големина, својот стопански развој во периодот што следи треба да го насочи кон одржлив развој на индустрискиот и на аграрниот сектор, а од друга страна кон подинамичен раст и развој на услужните дејности. Ако се земе предвид постојната состојба, расположливите ресурси и фактори, насоките и претпоставките за идниот стопански развој, се мисли дека во идниот развоен период ќе дојде до оживување на производството и пораст на учеството на услужните дејности, така што ќе се создадат услови за еден постабилен и поперманентен стопански развој со зголемено ниво на негова модернизација. ЛИТЕРАТУРА ДЗСРМ, Државен завод за статистика на Република Македонија (1995, 1997, 2002, 2005, 2007, 2008): Статистички годишник на Република Македонијa, Скопје; Илиев Д. (2007): Проценка на просторниот капацитет на Струмичко радовишката Котлина за одржлив развој на стопанските активности, магистерски труд (ракопис), Природно математички факултет, Институт за географија, Скопје; Илиев Д. (2010): Туризмот во функција на интегралниот развој на Република Македонија, докторска дисертација (ракопис), Природно математички факултет, Институт за географија, Скопје;

108 Илиев Д.: Структурни промени со трансформација на стопанството... МАНУ, Македонска академија на науките и уметностите (1997): Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија развој и модернизација, Скопје; Министерство за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина (1998): Просторен план на Република Македонија Нацрт план, Скопје; МЖСПП, Министерство за животна средина и просторно планирање (2004): Просторен план на Република Македонија, Скопје. STRUCTURAL CHANGES AND TRANSFORMATIONS OF THE ECONOMIC SYSTEM IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA Dejan ILIEV SUMMARY The main feature of the current overall development of the economy in Macedonia is steadily declining share of the primary sector while increasing the share of secondary and tertiary sector, especially towards the end of the 80s and 90s of the XX century. The period after 1991, especially the period after 2001 is characterized by a reduced share of industry and agriculture in the economic structure of the country at the expense of other primarily service sectors (trade, transport, financial intermediation, tourism, etc.), a condition that indicates an ongoing process of restructuring the economy of the country. In the future, transformative processes of the economy in the Republic of Macedonia need to be directed at adaptation and modernization of the industry and agrarian sector, but also to a more intensive and more dynamic development of the service sector. Thus, the Republic of Macedonia under its territorial and demographic size, its economic development in the period ahead should focus on sustainable development of industry and agriculture sector, on the other hand, on the dynamic growth and development of service industries. If we take into account the current situation, available resources and factors, the guidelines and assumptions about future economic development, it seems that in the future the development period will come to revival of the production and increase the share of services, so as to create conditions for a more stable and more permanent economic development by increasing its level of modernization.