АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Similar documents
Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Март Opinion research & Communications

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Е - МАПАС бр. 10. јули 2014 година. Следете не и на: MAPAS.MK РАБОТЕЊЕТО НА МАПАС ВО 2013 ГОДИНА

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Број ноември 2015, среда година LXXI

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО периодот година

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

ИЗВЕШТАЈ за работењето на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) во 2012 година

МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА, РАЗВОЕН И ФИНАНСИСКИ ПЛАН. на Стопанска банка а.д. Битола за период година. Март, 2015 година

Структурно програмирање

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Програма за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија - Македонија CCI 2014TC16I5CB006

Извештај за транспарентност за 2016 година Deloitte ДОО Скопје

Мобилност МК Mobility MK

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. Доц. Д-р. Бистра Ангеловска

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2013 УНИКА АД Скопје

Мобилност МК Mobility MK

Број јули 2016, четврток година LXXII

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Влада на Република Македонија НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО КОН ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО НППЗ 2003.

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Мобилност МК Mobility MK

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ со состојба година објавен на година

Transcription:

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО 2016 ГОДИНА Скопје, 2017 година

Извештајот е изготвен во согласност со членот 158-п од Законот за супервизија на осигурување и за неговото изготвување Агенцијата за супервизија на осигурување користеше податоци од сопствената евиденција.

СОДРЖИНА 1. ОСНОВАЊЕ И МИСИЈА 4 2. ФИНАНСИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ 5 3. АКТИВНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ 5 3.1. РЕГУЛАТИВА 5 3.2. ЛИЦЕНЦИРАЊЕ 7 3.3. СУПЕРВИЗИЈА 7 4. СОРАБОТКА СО ДОМАШНИ И СО МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ 8 5. ЕДУКАЦИЈА И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ 10 6. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ И ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА 11 7. ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ 13 3

1. ОСНОВАЊЕ И МИСИЈА Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија (во понатамошниот текст АСО ) е самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања, утврдени со Законот за супервизија на осигурувањето и Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Законските надлежности на АСО се однесуваат на: Спроведување на супервизија над друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери и застапниците во осигурувањето, правните лица кои се поврзани со друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување; Донесување подзаконски акти; Одлучување за издавање или одземање дозволи, давање или повлекување согласности, отстранување на незаконитости од спроведените супервизии и други поединечни прашања; како и Изрекување мерки врз друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување и други правни и физички лица врз кои АСО има надлежност да спроведува супервизија. Во рамките на своите овластувања и надлежности, како и преку членството во меѓународни асоцијации од областа на осигурувањето и соработка со други надзорни органи, АСО има за цел да придонесе за зајакнување и поттикнување на развојот на осигурителниот пазар во земјава, создавајќи на тој начин адекватна заштита на правата и интересите на осигурениците и другите корисници на осигурувањето. Улогата на АСО на пазарот на осигурувањето е насочена кон зајакнување на солвентната позиција на друштвата за осигурување, подобрување на начинот на финансиското известување на овие субјекти и унапредување на процесите за корпоративно управување. АСО влијае врз зајакнувањето на нивото на финансиска контрола и поголема финансиска стабилност на земјава, создавајќи на тој начин адекватна заштита на правата и интересите на осигурениците и на корисниците на осигурување. АСО за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. Собранието ги усвојува: финансискиот план на АСО, финансиските извештаи ревидирани од независен овластен ревизор, годишниот извештај за работењето на Агенцијата и годишниот извештај за состојбата и движењата на пазарот на осигурување. Орган на управување на АСО е Советот на експерти, составен од претседател на Советот и 4 члена. Претседателот и четирите членови на Советот на експерти на АСО ги именува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија. Во 2016 година Советот на експерти на АСО беше составен од: д-р Климе Попоски, претседател, Зоран Стојановски, извршен член, Љуљзим Имери, извршен член, Илија Граорковски, неизвршен член, и м-р Александар Петрески, неизвршен член. 4

Во текот на 2016 година АСО активно работеше на реализација на законски утврдените функции, како од аспект на унапредување на регулативата, издавање и одземање дозволи, согласности и лиценци, така и од аспект на супервизија на сите учесници во работењето на пазарот на осигурување во Република Македонија. Советот на експерти работи на седници и донесува одлуки со мнозинство гласови од вкупниот број членови. Во текот на 2016 година Советот на експерти на АСО одржа 28 седници. 2. ФИНАНСИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ Во согласност со Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата ( Службен весник на Република Македонија бр. 147/09, 149/09, 154/09, 20/12, 130/13 и 01/15), работењето на АСО се финансира со надоместоци што ги наплатува од друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и другите лица врз кои АСО спроведува супервизија. Советот на експерти на седницата одржана на 29 декември 2016 година го донесе финансискиот план на АСО за 2017 година и истиот го достави до Собранието на Република Македонија заради усвојување. 3. АКТИВНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ Во согласност со приоритетите поставени за 2016 година, АСО донесе подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за супервизија на осигурување, изрекуваше супервизорски мерки врз основа на спроведени теренски и вонтеренски контроли, носеше одлуки од доменот на лиценцирањето, организира циклус на едукација и испити за осигурителни застапници и брокери, како и бројни акти и активности со цел поддршка на работата и зајакнување на внатрешните капацитети на АСО. 3.1. Регулатива Во текот на 2016 година се донесени десет подзаконски акти кои уредуваат измени и дополнувања на претходно донесени подзаконски акти, кои произлегуваат од Законот за супервизија на осигурување ( Службен весник на Република Македонија бр.27/02, 79/07, 88/08, 67/10, 44/11, 188/13, 43/14, 112/14, 153/15, 192/15 и 23/16). Измените на шест подзаконски акти се направени во насока на ослободување на друштвата за осигурување од обврската за хартиено доставување на потребниот извештај, односно се задолжуваат истата да ја доставуваат електронски во форма пропишана од АСО. Тоа се: - Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи и детална содржина на годишниот извештај за работењето на друштвата за осигурување и/или реосигурување ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16); 5

- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за видовите и описот на ставки што ќе се земат предвид при пресметка на капиталот на друштво за осигурување и/или реосигурување ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16); - Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за соодветноста на реосигурителното покритие, методот за пресметка на износот на максимално покритие на друштвото за осигурување во табелата за максимално покритиe и методот за пресметување на максимална можна штета ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16); - Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за методот за вреднување на ставките од билансот на состојба и изготвување на деловните биланси ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16); - Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за методот за пресметка на коефициентот на ликвидност и минималната ликвидност ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16); и - Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за пресметка на потребното ниво на маргина на солвентност на друштвата за осигурување и/или реосигурување ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16). Во Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за видови и карактеристики на средствата кои ги покриваат техничките резерви и средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и детално пласирање и ограничување на тие вложувања и нивно вреднување ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16) покрај ослободувањето од обврската на друштвата да го доставуваат извештајот во хартиена форма, додаден е и рок за известување на АСО, доколку дојде до намалување на кредитниот рејтинг на издавачот или на хартијата од вредност под дозволеното ниво. Во Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на извештаите кои друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и банките ги поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување и крајните рокови и начини на поднесување на истите ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16) покрај ослободувањето од обврската на друштвата да го доставуваат извештајот во хартиена форма, се менува и Упатството за пополнување на обрасците, каде се наведуваат и банките како субјекти кои ги пополнуваат ОДЗ1 обрасците и додадени се примери за пополнување на обрасците ОДЗ1 и ОБД1. Во Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на дополнителните финансиски извештаи на друштвата за осигурување и/или реосигурување ( Службен весник на Република Македонија бр. 61/16) покрај ослободувањето од обврската на друштвата да го доставуваат извештајот во хартиена форма, извршено е усогласување на рокот за доставување на годишните дополнителни извештаи согласно член 120 став (2) од Законот за супервизија на осигурување. Исто така, во Упатството за пополнување на извештајот за вложувања кои не ги покриваат техничките и/или математичката резерва, променет е извештајот на кој е прикажан износот кој се зема предвид при пополнување на извештајот. 6

Во Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за статистичките осигурителни стандарди на друштвата за осигурување и/или реосигурување ( Службен весник на Република Македонија бр. 22/16), покрај ослободувањето од обврската на друштвата да го доставуваат извештајот во хартиена форма, се воведуваат нови статистички обрасци, а во таа насока се врши и соодветна промена/дополнување во Упатството за пополнување на статистичките осигурителни стандарди. 3.2. Лиценцирање Во доменот на лиценцирањето, АСО во 2016 година издаде: 3 дозволи за основање осигурително брокерско друштво; 1 дозвола за основање друштво за застапување; 2 дозволи за воведување нова класа на осигурување; 1 дозвола за овластен актуар; 20 согласности за вршење функција член на орган на управување; 10 согласности за измена на Статут на друштво за осигурување; 15 согласности за друштва за ревизија на финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи на друштвата за осигурување; 1 согласност за стекнување квалификувано учество во друштво за осигурување; 3 согласности за стекнување квалификувано учество во осигурително брокерско друштво; 1 согласност за измена на назив на друштво за осигурување; 2 согласности за измена на седиште; 150 лиценци за застапници во осигурувањето; и 33 лиценци за осигурителни брокери. Во 2016 година се издадени 33 лиценци за осигурителни брокери, со што вкупниот број на лиценцирани осигурителни брокери на 31.12.2016 година изнесуваше 469. Во текот на 2016 година беа одржани 2 обуки за осигурителни брокери, а вкупниот број на лица кои ги посетувале обуките е 105. Како составен дел на спроведените обуки во текот на годината беа организирани 12 испити на кои 55 лица го положиле испитот. Исто така, во текот на 2016 година се издадени вкупно 150 лиценци за застапник во осигурувањето, а одземени се 27 лиценци, со што вкупниот број на лиценцирани застапници во осигурувањето на 31.12.2016 година изнесуваше 1.065. Низ процесот на едукација поминале 368 лица, организирани во 2 обуки за застапници во осигурувањето. Како составен дел на спроведените обуки беа организирани и 12 испити на кои 220 лица го положиле испитот. 3.3. Супервизија АСО спроведува супервизија на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и Националното биро за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување, Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и другите релевантни прописи. Исто така, АСО има надлежност да спроведува супервизија на физичките лица кои вршат осигурително брокерски работи и работи на застапување во осигурувањето. 7

АСО ја спроведува супервизијата преку: перманентна вонтеренска супервизија на работењето на друштвата за осигурување и другите осигурителни субјекти преку прибирање, анализирање и верифицирање на доставените извештаи и информации, како и преку теренска (целосна или делумна) супервизија на работењето на осигурителните субјекти. Во делот на супервизијата, согласно усвоениот годишен План за супервизија, АСО спроведува теренска супервизија на работењето на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување. Целта на теренската супервизија е оценување на сигурноста, стабилноста, ризичноста и усогласеноста на работењето на субјектите. Во текот на 2016 година, АСО спроведе 14 делумни и 1 вонредна теренска супервизија кај друштвата за осигурување, 1 теренска супервизија кај осигурително брокерско друштво, 1 теренска супервизија на друштво за застапување, како и 1 теренска супервизија кај други правни лица, субјекти. Врз основа на спроведените теренски супервизии, АСО издаде 63 наредби за отстранување на незаконитостите. Во текот на 2016 година, АСО спроведуваше редовна вонтеренска супервизија заснована на известувања на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување во осигурувањето. Заклучно со првиот квартал субјектите на супервизија доставуваа предвидени известувања во хартиена и електронска форма, а започнувајќи од вториот квартал известувањата се доставуваат единствено по електронски пат преку софтверската апликациска платформа - АСО портал, со цел поедноставување на начинот на прибирање, чување и обработка на податоци од субјектите на пазарот на осигурување. Во текот на 2016 година АСО изрече 2 наредби за отстранување на незаконитости од спроведена вонтеренска супервизија. За утврдените прекршоци, овластените лица на АСО, во рамките на своите овластувања, на сторителот на прекршокот му нудат посредување и постигнување согласност, со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последиците од прекршокот. Постапката за посредување во АСО се води пред Комисија за посредување, составена од вработени лица во АСО, именувани од Советот на експерти. Во 2016 година Комисијата за посредување при АСО спроведе постапка за посредување за 16 прекршоци, така што беа постигнати 16 спогодби за плаќање глоба. За прекршоците утврдени во Законот за супервизија на осигурување, АСО води прекршочна постапка и изрекува прекршочна санкција. Прекршочната постапка пред Прекршочниот орган ја води Комисијата за одлучување по прекршок, формирана од вработени лица во АСО, именувани од Советот на експерти. Комисијата за одлучување по прекршок на АСО во 2016 година немаше добиено ниту едно барање за спроведување прекршочна постапка. 4. СОРАБОТКА СО ДОМАШНИ И СО МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ Еден од главните приоритети на АСО за 2016 година е продолжување на интензивната соработка со домашните регулаторни органи и други надлежни институции, како и со супервизорски тела и 8

институции од странство. Врз основа на воспоставената соработка и потпишаните меморандуми за соработка се вршеше редовна размена на информации и податоци со цел споделување на искуства и грижа за стабилноста на осигурителниот сектор. Соработката со домашните регулаторни тела од финанскиот сектор, беше во насока на идентификација на значајни системски ризици во финансискиот сектор, меѓусекторско прелевање на ризици, како и заеднички иницијативи за унапредување на финансиската стабилност. АСО на редовна основа учествуваше во изготвувањето на годишниот извештај за финансиска стабилност на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) преку доставување на податоци за секторот на осигурување. Исто така, АСО на покана на НБРМ и Министерството за финансии учествуваше на редовна средба со домашните регулатори на финансискиот систем во Република Македонија. Во 2016 година, се потпишаа 2 меморандуми за соработка со домашни институции, и тоа со: Стопанската комора на Македонија; и Организацијата на потрошувачите на Македонија. Стопанската комора на Македонија претставува значаен партнер на АСО и поради тоа се официјализира соработката со потпишување на Меморандум за соработка, со цел да се унапредат заедничките деловни активности преку организирање на проекти, стручни семинари и работилници. Исто така, меморандумот предвидува организирање заеднички прес-конференции, едукативни настани, изработка на информативни прирачници и брошури во насока на понатамошно развивање на осигурителниот сектор. Меморандумот со организацијата на потрошувачи предвидува поблиска соработка во доменот на заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги. Преку реализација на проекти и активности институциите планираат значително да придонесат во јакнење на јавната свест за потребата од правилно информирање на потрошувачите во доменот на осигурување и исто така, подигнување на општествената одговорност на друштвата за осигурување и другите субјекти на пазарот на осигурување во Република Македонија. Во рамки на активностите за хармонизација на домашното законодавство со тоа на ЕУ, освен со редовна подготовка на статусни извештаи, АСО со свои претставници учествуваше и во работењето на дванаесеттиот состанок на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција и на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика, составен дел на Комитетот за стабилизација и асоцијација (КСА), на кои беа презентирани достигнувањата во секторот на осигурувањето во Република Македонија, во делот на остварување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија. АСО како редовен член на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS), учествуваше и во работењето на работните групи на ова тело со цел промоција на ефективна и глобално конзистентна супервизија на осигурителната индустрија. Активностите на АСО се состоеја во учество преку истражувачки студии и семинари во организација на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори. На покана на Комисијата за финансиска супервизија од Полска (KNF), како координатор за регионот Централна и Источна Европа и Јужен Кавказ, за прв пат се организираше работна средба со претставници од земјите од регионот, со цел да се идентификуваат регионалните потреби за обуки и техничка помош, како и координирање и 9

преземање на активности за развој на стратегија за имплементација на целите на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори. Исто така, претставник на АСО учествуваше во работата на Супервизорскиот форум на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори- работно тело формирано во 2011 година, чија цел е да ја зајакне ефикасноста на супервизијата на осигурувањето и да се поттикне изедначување на супервизорските практики. Со цел промовирање на регионалната соработка, претставници на АСО учествуваа на две редовни средби на Иницијативата за супервизија на осигурувањето на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE), чија цел е размена на искуства во делот на спроведување супервизија на друштвата за осигурување, како и хармонизирање на законската и подзаконската регулатива во областа на осигурувањето. На покана на регулаторните тела на земјите-членки на ЕУ, претставници на АСО учествуваа и во работата на шест супервизорски колеџи кај регулаторните институции во три земји-членки на ЕУ, и тоа: во Австрија, Бугарија и Словенија. Супервизорските колеџи ги организираат регулаторните тела на ЕУ, согласно со насоките на Европското тело за осигурување и пензиски фондови (EIOPA), со цел подобар надзор на осигурителните групации кои се присутни во повеќе земји-членки на ЕУ и земји кои се во различна фаза во пристапните процеси во ЕУ. Супервизорските колеџи претставуваат одлична можност за размена на искуства и заедничка примена на методологија. Во минатата година, се потпиша меморандум за соработка со Народната банка на Словачка која претставува регулаторно и супервизорско тело на осигурителната индустрија во Словачка. 5. ЕДУКАЦИЈА И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ Во насока на ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, АСО континуирано вложува во зајакнување на човечките ресурси преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените. Во насока на едукација и стручно усовршување на вработените од АСО, се реализираа посети на семинари, конференции и работилници во организација на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS), Европското надзорно тело за пензиски фондови и друштва за осигурување (EIOPA),, Торонто центар- глобален лидер за едукација на финансиска супервизија, Тренинг центарот на Виенскиот институт (JVI), Европската актуарска академија (EAA), Институтот за финансиска стабилност (FSI). Воспоставената соработка на АСО и Централната банка на Холандија (De Nederlandsche Bank- DNB) продолжи и во 2016 година. Во таа насока, беше реализирана обука со цел да се пренесат знаења и искуства во делот на спроведување супервизија на реосигурителните активности на друштвата за осигурување. На обуката, од страна на експертите од DNB, беа презентирани видовите на реосигурителни продукти, улогата на регулативата и супервизијата, како и начинот на спроведување супервизија на реосигурителните активности. Во рамки на соработката со Македонското актуарско здружение Актуар претставници на АСО учествуваа на семинар на тема проверка на адекватноста на обврските (Liability Adequacy Test- LAT) наменет за стручни лица од областа на осигурувањето и финансиите. Целта на семинарот 10

беше да и овозможи на пошироката јавност запознавање со поимот и суштината на методологијата за LAT, начините и обврските за спроведување на LAT, како и користа од спроведување LAT. Крајната цел беше учесниците да се стекнат со знаења кои ќе им овозможат адекватно разбирање на резултатите од LAT анализите спроведени од страна на актуарите - што е неопходен услов за правилно носење одлуки поврзани со работата на друштвата за осигурување. АСО, во соработка со Светска Банка и Европското Тело за Осигурување и Пензиски Фондови (EIOPA), на 6 и 7 октомври 2016 година организираа работилница на тема Ризично базирана супервизија (Risk Based Supervision Workshop) во Охрид, на која учествуваа 65 претставници од супервизорски регулаторни тела од 22 европски земји. За првпат ваков вид на настан е организиран во соработка со регулаторен орган од земја која не е членка на Европска Унија. Презентери и панелисти беа истакнати експерти од Светска банка, ЕIOPA и различни супервизорски регулатори од Европа. Целта на работилницата беше учесниците да се запознаат со начинот на спроведување ризично базирана супервизија, што е задолжително барање согласно Директивата Солвентност 2. На работилницата беа организирани панел дискусии на различни теми од областа на супервизијата на осигурување, како на пример: процесот на супервизија согласно директивата Солвентност 2, корпоративно управување, супервизорски колеџи. Исто така, на работилницата беа презентирани искуствата на регулатори од Европската унија и регулатори од земји кои не се членки на ЕУ во врска со спроведување на супервизија врз основа на ризици, како и идните предизвици за осигурителниот сектор во регионот. 6. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ И ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА Основна цел и главен приоритет во дејствувањето на АСО е постигнување високо ниво на заштита на потрошувачите. Во оваа насока, во текот на 2016 година, АСО ги продолжи активностите за едукација на граѓаните и правните лица за значењето и улогата на осигурувањето, информирање за правата и обврските на осигурениците кои произлегуваат од различни продукти на осигурување, како и редовно постапување по основ на поднесените претставки. Во текот на 2016 година, се одржуваа прес-конференции со цел јавноста да биде информирана за движењата на осигурителниот сектор после секој квартал. Членовите на Советот на експерти, како и вработените, учествуваа како гости на покана на телевизиски и радио медиуми со цел граѓаните да бидат информирани за улогата на АСО, како и за предностите и придобивките кои ги нуди осигурувањето. Исто така се реализираа голем број на интервјуа во печатени и електронски домашни и меѓународни медиуми. Во сегментот на едукацијата, АСО континуирано ги промовираше и дистрибуираше на разни целни групи информативните материјали кои во годините наназад ги продуцираше. Тоа се: прирачник за пазарот на осигурувањето, прирачник,,како функционира осигурувањето, флаер за осигурување на живот, флаер за осигурување на имот, флаер за патничко осигурување, флаер за автоодговорност и едукативната игра,,помалку ризик, повеќе забава. Како дел од реализираните активности во овој домен, во март 2016 година, АСО издаде Брошура за осигурување во земјоделството која има за цел да го промовира купувањето полиси за земјоделско осигурување, како ефикасен начин за заштита на земјоделските производи од ризици 11

кои се поврзани со временските услови, природните катастрофи, штетниците и болестите. Во брошурата на едноставен начин се објаснети основните поими на осигурувањето во земјоделството, со посебна разработка на осигурувањето на посеви и плодови, индексното осигурување на очекуван принос од посеви и плодови и осигурувањето добиток, заедно со примери за опфатот на ризиците и премијата за осигурување. Исто така, во брошурата се објаснети предвидените мерки за поддршка на осигурувањето од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година, во која е предвидена мерка за субвенционирање на дел од премијата за осигурување, како дополнителна поддршка за развој на земјоделството од страна на државата и Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година, донесена од Владата на Република Македонија во која е предвидена мерка за субвенционирање на премиите за осигурување со цел развој на земјоделските задруги. Исто така, во март 2016 година во Македонија се одржа Глобална недела на пари, организирана од Координационото тело за финансиска едукација 1 кое активно се вклучи и го одбележи овој светски настан креиран и поддржан од Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (ИНФЕ). Целта на оваа манифестација е истакнување на значењето на континуираната финансиска едукација на децата и младите, со цел да станат свесни за нивните финансиски права и обврски, како и да се запознаат со финансиските услуги и производи. Преку низа каравански активности, претставници на АСО реализираа предавања во кои на едноставен јазик беа презентирани основните поими и целите на осигурувањето и управувањето со ризици, како и улогата на супервизијата на осигурителниот пазар. На 1 ноември 2016 година АСО го одбележа Денот на осигурувањето со одржување на прес конференција за медиумите. Во истата прилика, трудот со наслов Управување со правни ризици во друштвата за осигурување на г. Ивица Медарски, беше прогласен за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година. На заедничка иницијатива на Министерството за финансии, АСО и НБРМ беше објавен конкурс за деца и млади од основното и средното образование на темите штедење и осигурување со наслов И јас знам да штедам и Што за мене значи осигурувањето на домот и семејството. На конкурсот пристигнаа 402 творби, а најдобрите 15 добија дипломи и парични награди. На 44 ученици и седум училишта им се доделија пофалници. Во насока на заштита на правата на осигурениците, АСО постапуваше по предмети доставени од осигуреници, корисници на осигурување и трети оштетени лица, кои не биле задоволни од постапувањето на друштвата за осигурување. Во текот на 2016 година се поднесени 131 претставки, при што: - 101 претставки се решени; - 22 претставки се без основа за постапување; и - 8 претставки биле во процес на решавање на 31.12.2016 година. 1 Во Координационото тело за финансиска едукација покрај АСО членуваат и Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. 12

7. ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ Во почетокот на март 2016 година започна спроведувањето на твининг проектот Понатамошно усогласување со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции (MK 12 IPA FI 01 15), чија цел е усогласување со Европската Унија во делот на осигурувањето и зголемување на пазарните активности на пазарот на осигурување, односно понатамошно приближување на регулаторните системи (законодавството и неговото спроведување) со цел интегрирање во внатрешниот пазар во времето на пристапување кон ЕУ. Проектот заеднички го спроведуваат Министерството за финансии и АСО со твининг партнерот, Генерален директорат за осигурување и пензии од Шпанија. Крајни резултати кои се очекуваат од имплементација на овој проект се: - Подготовка на нов Закон за осигурување во согласност со Директивата 2009/138/EC (Солвентност 2) и подготовка на нови подзаконски акти кои ќе произлезат од тоа, - Зајакнување на капацитетите на Министерството за финансии и АСО во поглед на донесената нова законска и подзаконска регулатива, и - Зголемување на свесноста за заштита на потрошувачите. Проектот ќе се спроведува во период од 18 месеци во текот на 2016 и 2017 година. Во насока на зајакнување на корпоративното управување во осигурителниот сектор во Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување во 2016 година со помош на Меѓународната финансиска корпорација- ИФЦ (International Finance Corporation) и Македонски институт на директори- МИОД спроведе евалуација на секое друштво за осигурување. Имено, матрицата за финансиски институции на ИФЦ беше прилагодена за друштвата за осигурување во Македонија, согласно претходно изработениот Прирачник за добри пракси во корпоративното управување во друштвата за осигурување (АСО, 2014 година). Евалуацијата на нивото на корпоративното управување во секое друштво, беше спроведено во април 2016 година преку интервјуа со релевантни претставници на друштвото, а следејќи ги прашањата и областите во матрицата, како и увид во клучните документи. Сите друштва добија оценка за нивото на корпоративното управување, како и препораки како да продолжат да се развиваат во оваа сфера. Дополнително, во јуни 2016 година се спроведе и обука за корпоративното управување за осигурителните друштва. Број 02-369/4 Скопје 23.6.2017 година АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ Претседател на Советот на експерти, Климе Попоски 13