Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик.

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Структурно програмирање

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Мобилност МК Mobility MK

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Коисмение.Штозначиме.

Мобилност МК Mobility MK

ЗЕЛС ZELS ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС THE THIRD SESSION OF THE GENERAL ASSEMBLY OF ZELS WAS HELD

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Јуни / June ЗАЕДНИЦА НА ЕДОНСКИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ASSOCIATION OF THE UNITS OF LOCAL SELF GOVERNMENT OF

ПР објави во медиуми

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

бр.02 декември АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЧЛЕНКИ НА МРР НА РМ 2. ELARD 3. АКТИВНОСТИ НА МРР НА РМ ВО ЈАВНИ ДОБРА

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

We re. вработување. и кариера. Понуда за соработка

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРОГРАМА ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Извештај за работа на Македонското еколошко друштво за 2011 година

УНАСМ БИЛТЕН. Улогата на УНАСМ во македонското синдикално движење УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА. Електронски информатор

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

ССМ ГО ОДБЕЛЕЖA 7МИ ОКТОМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

SË BASHKU PËR ARDHMËRINË E KOMUNËS ВКЛУЧИ СЕ NË FORUMET NË BASHKËSI ЗЕЛС ZELS INKUADROHU ВО ФОРУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

Душица Перишиќ. Dusica Perisic

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Семејството и заедницата

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

ЗЕЛС ГЛАСИЛО NEWSLETTER ЈАН. / ФЕВ JAN. / FEB ЗАЕДНИЦА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЗЕЛС

Спречување стрес на работното место

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

БИЗНИС ИНФО ЗАКЛУЧОЦИ ОД 5. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ВИЕНА ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ БИЗНИС ИНФО

ГЛАСИЛО НАЈДОБРО РАНГИРАНИОТ ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ДОБИ СВОЈА РЕАЛИЗАЦИЈА BEST RANKED PROJECT ON ENERGY EFFICIENCY IMPLEMENTED NEWSLETTER

Мобилност МК Mobility MK

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Родово буџетирање.

План за безбедна вода и санитација

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Програма за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија - Македонија CCI 2014TC16I5CB006

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Transcription:

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа Септември 23-ти, 2016 Ресторан Галакси, Претор Република Македонија

Учесници на состанокот: Структурата на учесниците на 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни (ГЗС) вклучуваше 20 учесници од регионот Преспа. Состанокот беше организиран и потпомогнат од страна на претставниците на Единицата за управување со проекти (ЕУП), со помош на Претседателот и Заменикпретседателот на ГЗС за прекуграничниот регион Преспа. Целосната листа на учесници со контакти и други детали можат да се најдат во: ANNEX 1: Participants list of 14 th Prespa stakeholder group meeting 23.09.2016 ANNEX 2: PPP_Prespa achievement and results June 2016 September 2016 Програма на состанокот: 14-ти Состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа 10:00 10:30 Пристигнување и добредојде на учесниците 10:30 10:45 Поздравен говор Г-дин Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен Г-дин Науме Ташовски, Заменик претседател на Групата на засегнати страни на прекуграничниот регион Преспа Г-а. Бојана Јовановска, Регионална менаџерка на прекуграничниот регион Преспа 10:45 10:50 Вовед во програмата Г-а Бојана Јовановска, Регионална менаџерка на прекуграничниот регион Преспа 10:50 11:30 Генерални активности поврзани со имплементацијата на АБДА во прекуграничниот регион Преспа (Период јуни 2016 - септември 2016) Видливост и поддршка на активностите во рамки на програмата "Луѓе за луѓе" во прекуграничниот регион Преспа Г-а Етлева Тимо, Регионална координаторка за прекуграничниот регион Преспа 11:30 11:40 Дискусија за ГЗС Оперативниот протокол и правила на работа во прекуграничниот регион Преспа Дискусија и усвојување на Оперативниот протокол и правила на работа

Г-а Етлева Тимо, Регионална координаторка за прекуграничниот регион Преспа Г-а Бојана Јовановска, Регионална менаџерка на прекуграничниот регион Преспа 11:40 12:00 Кафе Пауза 12:00 12:40 Информативна сесија за резултатите од првиот повик од АБД Грант шемата во рамки на LEIWW програмата и можности за втор повик Г-а Бојана Јовановска, Регионална менаџерка на прекуграничниот регион Преспа Г-дин Дарко Бужаровски, Теренски соработник за прекуграничниот регион Преспа 12:40 13:00 Заклучоци и идни активности 13:00 14:30 Ручек 14:30 Заминување Записник од состанокот Состанокот започна со поздравен говор на г-а Етлева Тимо, Регионален координатор за прекуграничниот регион Преспа, која се заблагодари на домаќинот на 14-тиот состанок Општина Ресен, за топлото гостопримство, како и на сите учесници за нивното присуство и посака плодна соработка со сите засегнати страни. Во име на Општината Ресен се обрати Градоначалникот, г-динот Ѓоко Стрезовски, кој им посака добредојде на учесниците и изрази задоволство за вклученоста на Општина Ресен во вакви важни активности во прекуграничниот регион. Тој ја искажа својата благодарност за плодната соработка во досегашните активности организирани во општина Ресен, во рамки на програмата "Луѓе за луѓе". Исто така, ја нагласи вредноста на овие активности и значајноста на прекуграничната соработка во однос на АБД Грант шемата. Тој заклучи изразувајќи го својот оптимизам и максимална поддршка за идна соработка. Потоа, г-динот Науме Ташовски, Заменик претседател на Групата на засегнати страни на прекуграничниот регион Преспа, им посакаа добредојде на сите учесници и ја нагласи важноста на овие состаноци, посакувајќи плодна соработка со сите засегнати страни. Дополнително, г-а Бојана Јовановска детално ја презентираше програмата на состанокот, фокусирајќи се посебно на секоја сесија, како и на темите кои треба да се дискутираат.

Сесија 1 Генерални активности во врска со имплементацијата на АБДА во прекуграничниот регион Преспа (Јуни 2016 Септември 2016) Видливост и поддршка на Луѓе за луѓе активностите во регионот Преспа Сесијата започна со презентација од страна на г-а Етлева Тимо, Регионален координатор за прекуграничниот регион Преспа, која даде преглед на извршените активности и општите достигнувања од имплементацијата на АБДА за периодот Јуни 2016 Септември 2016 година. Презентацијата се фокусираше на напредокот и деталите за преземените акции во изминатите три месеци, општи достигнувања и информации за консултантската поддршка до заинтересираните страни за подготовка на предлог проекти за различни повици, како и детали за идната организација на активностите во рамки на програмата Луѓе за луѓе во регионот Преспа. Презентацијата беше завршена со отворена дискусија и идеи за идните активности во регионот Преспа. Во текот на отворената дискусија г-динот Науме Ташовски даде генерални информации за организацијата на пред-одобрениот настан во рамки на Луѓе за луѓе програмата - Преспа бизнис форумот. Оваа активност е планирано да биде организирана во партнерство помеѓу општините Пустец, Корча и Ресен, како финализирање на меморандумот за соработка потпишан од страна на општините. Форумот ќе биде голем бизнис настан во прекуграничниот регион Преспа, кој ќе донесе на едно место претставници од локалната самоуправа, бизнис лидери од регионот и други релевантни заинтересирани страни. Агендата на настанот ќе содржи пленарни сесии, презентации засновани на анализа на состојби, отворени дискусии, сугестии и забелешки кои можат да доведат до идна соработка на бизнисите, како и студиска посета на наколку успешни бизниси во регионот. Дополнителни информации беа споделени од страна на г-дин Ариан Мероли за организацијата на настанот Фестивал на виното во Поградец, планиран да се одржи третата недела од декември 2016. Овој настан се организира од страна на Општината Поградец со години и е прераснат во традиција која ги промовира културните вредности, традиции и обичаи во Поградец. Настанот беше првично дискутиран на претходниот состанок на ГЗС во Поградец и на сегашниот состанок беше прзентиран подетално во однос на планираните активности, за кои членовите не ГЗС се согласија. Оттука, беше договорено Општината Поградец да ја прати апликацијата за Фестивалот на виното во согласност со предвидениот рок, за да може да биде поддржана во рамки на програмата Луѓе за луѓе.

Во однос на пред-одобрената активноста од програмата Луѓе за луѓе - Фестивал на јаболкото, беше објавено дека настанот ќе биде организиран во партнерство помеѓу НВО Агринет, Општина Ресен и Општина Корча на 2-ри октомври, 2016 во селото Дворан, Корча, Албанија. Сите заинтересирани страни беа поканети активно да учествуваат на настанот. Во однос на идните активности, претседателот на НВО Музичка младина, г-дин Љупчо Крстевски, предложи организирање на работилница за вмрежување на заинтересирани субјекти во однос на управување со отпад, теренска презентација и размена на искуства помеѓу заинтересираните страни во прекуграничниот регион. Дополнително, од страна на Директоратот за земјоделство во регионот Корча беше предложено, како можен настан, организирање на заедничка работилница и студиска посета за размена на искуства во однос на воспоставување и работа на замјоделските задруги во регионот на Преспа. Исто така, Денот на преспанската риба беше предложенa како уште една потенцијална активност која би можела да биде поддржана со програмата Луѓе за луѓе од страна на општина Ресен. Беше заклучено ЕУП да соработува со засегнатите страни за понатамошен развој на проекти/идеи и организирање на предложените потенцијални активности кои би можеле да бидат поддржани со програмата Луѓе за луѓе. Дополнително, Раководителот на проектниот сектор во Општината Поградец и Советникот за ЛЕД на Општина Ресен ја нагласија важноста на прекуграничната соработка во однос на прекуграничниот биосферен резерват за сливот Охрид Преспа за регионот Преспа. Во текот на дискусијата, беше предложено групата на засегнати страни да иницираат состаноци со цел да се реактивираат структурите во регионот, со што би се придонело за одржлив развој на прекуграничниот регион. Презентацијата, исто така, вклучи и информации во однос на отворањето на првиот повик за предлози во рамки на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2014-2020, како и датумите и локациите на планираните инфо сесии за повикот во регионот Преспа. Беше заклучено ЕУП и SWG да продолжат да служат како информативни точки каде што членовите на Групата (ГЗС) ќе ги добијат потребните информации за нови повици за предлог проекти и програми. Официјалната активна вебстраница и Фејсбук страницата за прекуграничниот регион Преспа ќе бидат обновени со релевантни информации, со цел да се зголеми видливоста на работата на Групата на засегнати страни. Засегнатите страни, исто така, треба да испратат релевантни информации до ЕУП, со цел да се прошири и зголеми свеста за спроведените акции и активности во регионот. ЕУП ќе продолжи со поддршката на подготовка на апликации за различни повици за проектни предлози и ќе обезбеди можни партнери за активните програми во регионот како што се IPA CBC и други активни повици за проектни предлози, нагласувајќи го отворениот прв повик за предлози во рамки на ИПА 2

Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2014-2020. Исто така, ЕУП ќе продолжи со мапирање и олеснување на вмрежувањето помеѓу јавните и приватни лица кои се заинтересирани да аплицираат на овој повик и на други различни повици. Сесија 2 Дискусија и усвојување на Оперативниот протокол и правила на работа на Групата на засегнати страни Во рамки на оваа сесија, г-а Бојана Јовановска накратко ги претстави сите промени направени во овој документ, како што беше предложено од страна на Групата на последниот состанок - 13-ти состанок на Групата на засегнати страни. Како што претходно беше договорено, ЕУП ги инкорпорираше финалните сугестии во Протоколот и го сподели документот со засегнатите страни за понатамошни сугестии. Во рамки на отворената дискусија беше објавено дека до ЕПУ немало пристигнати коментари или сугестии. Во согласност со процедурите за одобрување на Оперативниот протокол и правила на работа во прекуграничниот регион Преспа, сите засегнати страни се согласија за направените промени и официјално го усвоија документот. Сесија 3 Информативна сесија за резултатите од првиот повик на АБД Грант шема во рамките на LEIWW програмата и можности за втор повик Сесијата започна со презентацијата на г-дин Дарко Бужаровски, Теренски соработник за прекуграничниот регион Преспа. Презентацијата даде преглед на генералните достигнувања на првиот повик на АБД Грант шемата во сите четири региони, особено во прекуграничниот регион Преспа. Во однос на информациите за досегашниот процес на евалуација, беше кажано дека постои можност за отворање на втор повик на Грант шемата за регионите Преспа и Шара. Во тој контекст, ќе се подготвуваат теренски активности, како што се состаноци и активности за поголема видливост, партнерски состаноци и инфо денови. Дополнително, ЕУП активно ќе ги организира овие теренски активности во блиска соработка со засегнатите страни, со цел да поддржи и охрабри апликации од можни потенцијални апликанти во прекуграничниот регион. Во текот на отворената беше нагласена важноста и можностите со отворањето на нов повик на АБД Грант шемата. Исто така, беше нагласено дека, во споредба регионите Дрина-Тара и Дрина-Сава, малиот број на апликации во

регионот Преспа е исто така поврзан со разликите во економските и историски состојби во регионите. Исто така, беа дадени конкретни сугестии во однос на недостатокот на партнерства, како резултат на проблемите со сместувачкиот капацитет, недостаток на транспорт во регионот и потребите за вмрежување, со цел да се зголемат капацитетите. Членовите на ГЗС беа охрабрени да равиваат проекти/идеи и да бидат во контакт со ЕУП во случај да имаат потреба од понатамошна поддршка. На крајот од дискусијата беше заклучено ЕУП да продолжи да изнаоѓа, прибира и придонесе да се развијат активности и идеи кои можат да бидат поддржани со АБД Грант шемата. Сесија 4 Заклучоци и идни активности Во последната сесија беа донесени следниве заклучоци: ЕПУ за регионот Преспа и SWG ќе служат како информативни точки каде што членовите на Групата (ГЗС) ќе ги добијат потребните информации за нови програми и повици за доставување на предлог проекти. Исто така, ќе продолжат да ја поддржуваат подготовката на апликации за различни повици за предлози и да овозможуваат потенцијални партнерства за активните повици во рамки на IPA CBC програмите и други отворени повици, особено во однос на првиот повик за предлози во рамки на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2014-2020; Официјалната активна веб-страница, Фејсбук страницата за прекуграничниот регион Преспа и новата официјална страница за АБДА ќе бидат обновени со релевантни информации, со цел да се зголеми видливоста на работата на Групата. Засегнатите страни треба, исто така, да испраќаат релевантни информации до ЕУП со цел да се дисеминираат информациите и да се зголеми свеста за спроведените активности и активности во рамките на регионот; ЕУП ќе продолжи да ја поддржува координацијата на потенцијалните активности (Преспа бизнис форум, Фестивал на виното и Регионална работилница за промоција на Преспанскиот прекуграничен регион како туристичка дестинација) и други настани кои би моќеле да бидат поддржани преку програмата Луѓе за луѓе; Беше објавено дека настанот Фестивал на јаболкото ќе биде организиран во партнерство помеѓу НВО Агринет, Општина Ресен и Општина Корча на 2-ри октомври, 2016 во селото Дворан во Корча,

Албанија. Сите заинтересирани страни беа поканети активно да учествуваат на настанот. ЕУП ќе развие дополнителни активности со општините Ресен и Корча, со цел да ја поддржи организацијата на активноста Преспа бизнис форум во рамки на програмата Луѓе за луѓе. Исто така, ЕУП во соработка со членовите на ГЗС ќе мапира, собира и развива дополнителни активности и идеи кои би можеле да бидат поддржани со Грант шемата или со програмата Луѓе за луѓе во прекуграничниот регион Преспа; ЕУП во соработка со заинтересираните страни ќе поддржи иницијативи за состаноци со цел да се реактивираат структурите за прекуграничниот биосферен резерват за сливот Охрид-Преспа, со што би се придонело за одржлив развој на прекуграничниот регион; Оперативниот протокол и правила на работа на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа беше официјално усвоен; Можностите за нов втор повик за AБД Грант шемата во рамките на LEIWW програмата ќе создаде одлична можност за регионот Преспа да ги покаже своите потенцијали, а исто така ќе придонесе за подобрување на интегрираниот економски развој на регионот Преспа; ЕУП активно ќе организира активности за видливост и теренски активности во блиска соработка со засегнатите страни, со цел да поддржи и охрабри апликацииод можни потенцијални апликанти во прекуграничниот регион; ЕУП ќе продолжи да собира и развива активности и идеи кои би можеле да бидат поддржани си АБД Грант шемата; Заинтересираните страни ќе бидат информирани и поканети да учествуваат на Инфо деновите и теренските активности за видливост на АБД Грант шемата. Подготвено од: Етлева Тимо Регионална координаторка за Прекуграничниот регион Преспа